Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

monstrum-8

ОЈО побара притвор за тројца учесници во протестите за „Монструм“

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување мерка притвор за три лица за кои е поведена постапка за кривично дело – Учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничените, од кои двајца на возраст од 29 години и еден 22-годишник, на 26 февруари учествувале на јавниот собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот „Монструм“. Притоа тие биле дел од толпа која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица. Имено, осомничените и повеќе други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничените би можеле да се дадат во бегство или да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Претходно за истиот настан Основното јавно обвинителство Скопје веќе поведе постапка за двајца други учесници во протестите.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ahmeti1

Недоразбирања во ДУИ, каде е Ахмети? Се спрема ли за политичка пензија?

„Недоразбирањата меѓу двете крила во ДУИ, предводени од Артан Груби и од Изет Меџити се надминати“. Ваков впечаток сака да остави раководството на партијата, кое за време на викендот цели осум часа „ги пеглаше“ разликите во рамки на седницата на претседателството. Во политичките кругови се очекува внатрепартиската врева да се стиши бидејќи наближуваат локални избори, за кои е потребно единство. Аналитичарите говорат за две можни сценарија, објави Телма.Вториот агол на гледање е поврзан со можноста за заминување на Ахмети во политичка пензија. Иако сите фракции му се лојални, прашање е која би ја задржала неговата обединувачка улога.Текстот во целост на: Телма.

Македонија | пред 5 години

georgieski

Георгиески за А1ОН: Стојам зад моите ставови за Бугаријам за мене не е проблем ако некои политичари покренат иницијатива за мое протерување од државата

Властите во Македонија остро го критикуваа бугарскиот претседател Румен Радев, кој вчера на заеднички состанок ги повика бугарските специјални служби да ги заштитат Бугарите во Македонија. За претседателот Стево Пендаровски и за премиерот Зоран Заев, постапката на Радев е мешање во внатрешни работи. И Пендаровски и Заев ги отфрлија обвинувањата дека одредени граѓани се напаѓани и дискриминирани само затоа што се декларираат како Бугари, како што тврди културниот центар од Битола „Иван Михаилов“, Објави А1ОН.„ Ако сме простиле на Србите кои биле три пати пожестоки окупатори на овие простори, ако сме им простиле во поновата историја на УЧК и седат во Владата не гледам проблем да им простиме и на Бугарите. Аршинот треба да биде ист. Ако не простуваме, не простуваме на никој. Треба да ја смениме перцепцијата и да признаеме дека Бугарија била најголем поддржувач на Македонија во 19 век. Факт е дека секој ранет комита од Македонија одел на лечење во Бугарија. Секој кој бил гонет се криел во Бугарија, 90 проценти од оружјето доаѓало од Бугарија, обуките биле таму во Бугарија. Таа поврзаност Бугарија- Македонија била многу јака, што е проблемот да ја признаеме.Триесет години го зборувам ова. Ако ги утврдевме пријателските места немаше да дојдеме до ова, ако секој политичар градеше по еден чекор, ниту ќе имавме обврски, ниту ќе ја имавме оваа шокова терапија.“, вели Георгиевски во интервју за А1он.На бурните реакции во јавноста откако тој ги изнесе и сега потврди за „А1он“ неговите гледишта, Георгиевски рече дека стои зад нив и не е проблем ако некои политичари покренат иницијатива за негово протерување од државата. Вели дека има три државјанства, покрај македонското и бугарското , но не кажа кое е третото.Не се чувствува повикан дека ја брани бугарската страна и додаде:„Од 1990 година откако се појавил на политичката сцена добивам етикети за кој работиш и што , но никогаш не сум се повел на планот на популизмот. Ако 90 година не сум се откажал од идејата за самостојна Македонија, кога најголемиот број беа за Југославија“ рече Георгиевски. Текстот во целост на:  Објави А1ОН.

Македонија | пред 5 години

sloboden-pecat

Смрдеа од човечки измет се шири околу Универзитетската библиотека

Кој е одговорен за одржувањето на хигиената во и околу објектот во Универзитетската библиотека? Управата на библиотеката за Слободен печат велат дека со години се соочуваат со овој проблем кој го предизвикуваат малолетни престапници, но и возрасни уживатели на опојни дроги кои тука ги задоволуваат своите физиолошки потреби,Оттаму сметаат дека овој проблем би се решил единствено ако се направи ограда, но Националната и Универзитетска библиотека нема финансиски средства за да го реализира тоа.Текстот и видеоглалерија на: Слободен печат

Скопје | пред 5 години

korona-test

Денеска 726 нови случаи на Ковид 19 и починати 7 лица

Во последните 24 часа се направени 3.144 тестирања, а регистрирани се 726 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 367, Прилеп – 53, Куманово – 34, Неготино – 29, Кавадарци – 26, Битола – 25, Охрид – 23, Крива Паланка – 21, Велес – 18, Тетово – 17, Гевгелија – 14, Гостивар – 12, Кочани -10, Штип и Струга – по 9, Пробиштип – 8, Демир Капија – 7, Струмица, Берово, Крушево, Кратово и Демир Хисар – по 5, Кичево – 4, Свети Николе и Ресен – по 3, Делчево, Виница, Валандово и Богданци – по 2, Македонски Брод – 1.Регистрирани се 368 оздравени пациенти од:Скопје – 154, Прилеп – 61, Охрид – 25, Битола – 17, Велес и Струга – по 14, Куманово – 12, Тетово и Гевгелија – по 9, Штип – 7, Гостивар и Струмица – по 6, Делчево – 5, Дебар – 4, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово и Валандово – по 2, Неготино, Крушево, Свети Николе, Богданци и Дојран – по 1.Пријавени се вкупно 7 починати лица.Починати се по 2 пациенти од Скопје (77г,74г) и Кичево (71г, 51г) , и по 1 пациент од Битола (72г), Неготино (67г) и Кавадарци (64г)Шест пациенти се починати во болнички услови, еден пациент во домашни услови.Направени се 3144 тестови преку: ИЈЗ-623, ЦЈЗ Скопје-55, Авицена-233, Биотек-339, Жан Митрев (Филип Втори)-178, Систина-255, лабораторија Лаор–141, МАНУ-0, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-71, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-54, Ремедика-43, лабораторија болница Козле-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.100, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-20, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 526.870 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.746, бројката на оздравени пациенти е 91.875, на починати е 3.151, а бројот на активни случаи изнесува 8.720.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)Скопје 367, активни 3930Куманово 34, активни 312Тетово 17, активни 300Прилеп 53, активни 650Гостивар 12, активни 160Штип 9, активни 123Велес 18, активни 261Битола 25, активни 188Кавадарци 26, активни 629Охрид 23, активни 438Струмица 5, активни 184Струга 9, активни 185Кочани 10, активни 81Кичево 4, активни 69Неготино 29, активни 244Гевгелија 14, активни 191Свети Николе 3, активни 25Крива Паланка 21, активни 102Ресен 3, активни 61Дебар - активни 40Радовиш - активни 22Делчево 2 , активни182Берово 5, активни 30Пробиштип 8, активни 30Виница 2, активни 27Валандово 2, активни 27Крушево 5, активни 75Кратово 5, активни 32Богданци 2, активни 47Демир Хисар 5 , активни20Македонски Брод 1, активни 8Демир Капија 7, активни 39Македонска Каменица - активни 3Пехчево - активни 4Дојран - активни 1Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-test

Шест лица обвинети за прикажување фалсификувани ПЦР тестови за коронавирус

Против шест лица, меѓу кои четворица македонски државјани, една државјанка на Швајцарија и една на Велика Британија, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.При излез од државава, во одделни кривично-правни настани, обвинетите, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје. Потврдите како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории.​Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zaev-4

Заев за планот на Радев: Недозволиво е мешање на туѓа земја во туѓа земја и тоа е декларирано во Договорот за пријателство со Бугарија

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за веќе изнесениот став на бугарскиот претседател,  истакна дека на никого во државата не му се нарушени правата и ист е случајот како што рече и кај граѓаните кои се декларираат како Бугари.„Испраќам силна порака до соседна Бугарија, гледам дека претседателот Радев свикал состанок, да бидеме внимателни заради тоа што секогаш сме знаеле да дадеме одговор за било која нивна загриженост, како што и тие знаеле да дадат одговор на наша загриженост. Да не потпаѓаме под било какви инсинуации или неточни иформации“, рече Заев.Премиерот изрази уверување, дека состанокот кој го свикал бугарскиот претседател Радев е само информативен состанок од кој што, како што рече, би се собрале информации од граѓани кои се со бугарска определба.„Недозволиво е прво мешање на туѓа земја во туѓа земја и тоа е декларирано во Договорот за пријателство и добрососедство и соработка со Бугарија. И во разговорите одиме и понатаму, немешање во малцинства затоа што тоа се решава при Совет на Европа. Но дефинитивно ниту има потреба, ниту треба да дојде до судови“, потенцира Заев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-2-1

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт беше пукано кон полициски службеник.Според деталите што МВР ги објави денеска, на кружниот тек во населбата, лице од возило „фолксваген голф“ пукало кон автомобил „мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р..Притоа полицаецот добил повреди во ногата и се упатил во градската општа „8 Септември” за укажување помош.Околу 19 часот возилото „голф“ било пронајдено, а потоа, поради сомнение дека се сторители на делото, од слобода биле лишени Косовците Б. В. (40) и И. Л.(38).По целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

kambi

Фрајле добија конкуренција, и тоа згодна! КАМБИ сплитски машки состав кој добро пее и уште подобро изгледа

Ако досега Фрајле беа единствениот женски состав во регионот, од пред некое време девојките имаат конкуренција, и тоа машка. Станува збор за сплитскиот состав Камби, кој постои околу една година и веќе во неколку наврати момците докажаа дека имаат сериозни музички планови. Последниот во низата проекти им е темата со наслов „Заљубљен“ со која настапија на хрватската Дора и го имаа едниот од највпечатливите настапи.„Заљубљен“ е вистинска бомба од песна! Тоа е, веројатно, најдоброто нешто кое сме го добиле во рацете. Станува збор за љубовна тема и не е балада, туку е исклучително енергична. Песната е со потписот на Макица (Марија Мирковиќ од Фрајле) и голема благодарност што ни овозможи да ја отпееме“, велат момците од овој состав, односно Сандро, Јошко, Јуре и Лука како водечки вокали, кои веќе снимија и мошне интересно видео.Во темата момците и Марија ја опеваат префинетоста која секоја жена ја носи во себе, па не ни зачудува што стихот „... и мила и самовила...“ веќе го најде патот до срцата на бројните слушателки на овој сплитиски вокален состав, кој е пријатен и за гледање и за слушање.Статичар, кинезиолог, солист во ХНК и техничар лаборант во Институтот за океанографија и рибарство се навидум четворица „обични типови“ кои ги спојува љубовта кон музиката и повеќегласното пеење. За себе велат дека се непоправливи романтичари, а публиката - дека се неверојатен спој и вистинско освежување во светот на клапите во кој дојде до тоа да е навистина невозможно да се разликуваат една од друга затоа што сите имаа сличен репертоар и начин на изведување на концертите. За визуелниот имиџ и не треба да се зборува.Камби постои една година, и можеби заради пандемијата овие момци зад себе немаат многу настапи, но затоа веќе имаат низа соработки со познати хрватски имиња како Гулијано, Нено Белан, Роко Блажевиќ...Секако, тука се и девојките од Фрајле со кои, велат, освен што досега соработувале како автори би сакале да си ги одмерат силите и вокално.„Фрајле се прекрасни дами и врвни музичарки и би ни било чест да соработуваме со нив. Сорабоката со девојките би била сензација, невозможна енергија, бината би експлодирала“, велат момците од кои еден е во спортот, друг во градежништво, трет во театарот... „Што и да ви треба, одговорот е Камби“, се шегуваат.Освен Макица како автор на „Заљубљен“ се потпишува Хрвоје Домазет.

Магазин | пред 5 години

SLIKA

Пристигнаа 22 идејни решенија за проектирање управна зграда на Општина Аеродром

Пристигнаа вкупно 22 идејни решенија за проектирање управна зграда на Општина Аеродром по објавениот анонимен конкурс. Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за трите најдобри идејни решенија за нова општинска зграда, и тоа 300 000, 100 000 и 50 000 денари. Право на учество на конкурсот имаа правни и физички лица од областа на архитектурата, а покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, како и простории за прием на граѓани, во конкурсот се бараше да се предвидат и современи технологии на градење со материјали и решенија што ќе овозможат висок степен на енергетска ефикасност. Со изградбата на општинската зграда ќе се создаде можност за поефикасна соработка со граѓаните и ќе се рационализираат издатоците од буџетот на Општината.фото: Општина Аеродром

Скопје | пред 5 години

zaev33

Согласност со Преспанскиот договор и СДСМ ќе го смени своето име

На следните конгреси на партијата ќе се разговара за промена на името на СДСМ, изјави премиерот Зоран Заев денеска за новинарите.  Претседателот на СДСМ Зоран Заев најавува дека на следниот конгрес на партијата, кој инаку ретко се свикува, тоа ќе се случи.„Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме во согласност со Преспанскиот договор“, рече Заев.Според него, се разгледуваат неколку опции како тоа ќе се изведе, партијата и понатаму ќе се нарекува СДСМ, меѓутоа зад буквите ќе се кријат други зборови.Една од опциите за ново име на партијата била Социјадемократи од Северна Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

20170524092354

Одложено судењето за настаните од 27 април

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието што требаше да се одржи денеска е одложено за 5 март, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје.„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27-ми април 2017 год. кои се случија во Собранието на РСМ, ја информираме јавноста дека денешната расправа се одлага со оглед да е насрочена расправа за предметот К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај село Ласкарци, каде постапува ист судија – член на судечки совет“, се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на Судот.Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-i-DPI-Paunovski-so-ugostiteli-1

Битиќи и Пауновски се сретнаа со претставници на категоризирани ресторани за свадби и прослави и ноќни клубови: Се обидуваме да им помогнеме на сите

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, вчера вечер, остварија средба со претставниците на категоризираните ресторани за свадби и прослави и ноќни клубови, со кои разговараа за предизвиците со кои се соочуваат угостителите, како и за мерките за поддршка на стопанството и граѓаните од Петтиот пакет, за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19.Вицепремиерот Битиќи посочи дека Владата, во услови на пандемија, се обидува да им помогне на сите погодени граѓани и компании, а има детектирано дека угостителството и туризмот, се најпогодените гранки од пандемијата и затоа, во сите пет сета, креирани се мерки со кои токму овие гранки се највеќе поддржани.Со петтиот пакет на мерки, компаниите од овој сектор може да искористат финансиска помош за исплата на плати, бескаматен кредит со грант компонента до 50%, а со Законот за државна гаранција, кој е во собраниска процедура, значително би се помогнало за одржување на ликвидноста на компаниите.Директорот на Државниот пазарен инспекторат Пауновски нагласиja дека здравјето на граѓаните е најважно и дека протоколите кои се предложени од Комисијата за заразни болести и усвоени од Владата, се токму во насока на заштита на јавното здравје. Тој гарантираше дека нема никаква селективност во постапување на инспекторите, ниту интенција при спроведувањето на санкции, за што посочи дека во периодот од речиси една година, од почетокот на пандемијата, вкупно се санкционирани 471 правно лице, за непочитување на протоколите.На состанокот, вицепремиерот Битиќи и директорот Пауновски, повторија дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет, а со претставниците на категоризираните ресторани за свадби се договорија да биде доставен предлог протокол за нивна работа, којшто ќе биде проследен до Комисијата за заразни болести на разгледување.фото: ЗПВРСМ за економски прашања

Македонија | пред 5 години

popis-1

Државен завод за статистика: Не е точно дека апликацијата за попис е пробиена, секоја злоупотреба ќе се казнува

Од Државниот завод за статистика во врска со објавите на некои од медиумите дека наводно Апликацијата е пробиена, кои се неточни и десктруктивни, се вели во соопштението од државниот завод за статистика.Тие во соопштението образложуваат:1. Во врска со внесувањето на податоци преку VPN, односно прикриена IP адреса, самото користење на таква алатка за внес на податоци во Пописот се смета за спротивно на Законот за Попис и Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот 2021, и може да подлежи на санкции, од причина што претставува лажно претставување и лажно давање податоци.2. Со самиот внес на податоците на таков начин, не значи дека тие автоматски влегуваат во резултатите од Пописот, напротив, сите податоци внесени преку апликацијата подлежат на проверка и споредување со претпописната база на податоци, со податоците што ќе се приберат со попишувањето на терен на целата територија на Република Северна Македонија, а сè со цел утврдување на вистинитоста на податоците.3. Секој податок за кој ќе се утврди дека е лажен, нема да биде земен предвид при обработката и воедно тоа ќе претставува кршење на правилата на Пописот и е казниво со Закон.4. До апликацијата може да се пристапи само со IP адреса од странство. Пристапот од Република Северна Македонија е оневозможен, токму поради тоа што Апликацијата е наменета само за државјаните на РСМ кои живеат надвор од РСМ, но секое нарушување на процесот на прибирање податоци е казниво со Законот за Попис, односно:Согласно член 49 од Законот за Попис на населението, „Тој што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да бидат неупотребливи внесените податоци на пописната апликација, ќе се казни со казна затвор од најмалку три години“.5. При регистрацијата на корисникот и при секој внес на податоците од страна на корисникот, во апликацијата автоматски се запишува од која ИП адреса се внесени податоците.6. Апликацијата за самопопишување е во согласност со Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година и Упатството за самопопишување на лицата отсутни во странство, што ги донесува директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС).7. Со пријавувањето на Апликацијата корисникот се регистрира и остава свој ЕМБГ, е-маил адреса, која се верификува со праќање на е-маил за верификација, и телефонски број на корисникот.8. Пред да се запишат податоците за регистрација во Апликацијата, корисникот селектира дека е согласен со Уловите за користење, каде што е наведено следното:„Се согласувам моите лични податоци кои се прибираат преку оваа апликација согласно со член 8 од Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.19/2021година) да бидат обработени од страна на Државниот завод за статистика како контролор на податоците, и дека како агрегирани (збирни податоци ) ќе се користат исклучиво за: креирање на развојни политики, макроекономски планирања, научни и други истражувања и статистички цели (член 2 став 1 од Законот за Попис).Воедно, прибраните податоци ќе бидат заштитени од страна на Државниот завод за статистика преку примена на технички и организациски мерки согласно законските прописи.“9. Собраните податоци преку Апликацијата за самопопишување ќе се споредат со податоците од претпописната база на податоци. Бројот на самопопишани лица преку Апликацијата за самопопишување не значи по автоматизам број на резидентно население на Република Северна Македонија.10. При внесот на адресата, освен улица, не е задолжително полето број и стан, бидејќи во некои населени места - села не постои улица, број и стан.Во врска со јавното објавување на лични податоци во медиумите и на социјалните мрежи, сметаме дека е повреда на личните права заштитени со Законот за заштита на лични податоци, за што Агенцијата треба да постапува, се вели во сооштението од Државниот завод за статистика.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kompjuter

Симовски најави кривична постапка за секој што ќе се обиде да го изманипулира системот за попишување

Системот за попишување е максимално заштитен и не може никој да упадне со лажни податоци, а кривична постапка ќе биде покрената за секој оној што се обидува да го изманипулира системот, односно да се регистрира како дијаспора од својот компјутер во Македонија. Ова за Плусинфо го вели директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, откако утрово неколку програмери укажаа на грешки и слабости во системот, односно предупредија дека со бесплатно инсталирање „VPN“ може секој наш сограѓанин да се попише како да живее во странство, објави plusinfo.mk. – Кривична постапка ќе биде покрената за сите што се обидуваат да приложат лажни податоци во системот. Според член 9 во Законот за попис јасно пишува дека секој оној што ќе уништи, прикрие, оштети или на друг начин ќе стори да бидат неупотребувани внесените податоци во пописната апликација, ќе се казни со затворска казна од најмалку три години. Ги прочитав предупредувањата од програмерите, но можам само да кажам дека лажни податоци во системот не можат да бидат внесени. Некој може да се регистрира и да мисли дека внесол лажни податоци, но всушност самиот систем ќе покаже дека податоците не се веродостојни. Таквите случаи ќе ги регистрираме, бидејќи станува збор за намерен упад во апликацијата – вели Симовски за плусинфо.Тектот во целост на:  plusinfo.mk. 

Македонија | пред 5 години

ginekolog

Гинекологот што ја внел сопругата да оперира во Битола доби намалување на платата за триесет проценти

Намалување на платата за триесет проценти во времетраење од половина година доби гинекологот што ја внел сопругата која немала лиценца за работа во Македонија, за да изврши царски рез утрото на 1 јануари годинава. Тој се вратил на извршување на работните задачи во Клиничката болница во Битола, објави slobodenpecat.mk. Покрај него, намалена плата за 30 проценти добил и колегата со кого ноќта биле на дежурство. За случајот одлучуваше комисија од болницата во Битола и според Законот за здравствена заштита ова е максималната казна што може да се изрече во дисциплинската постапка, откако медиумите објавија дека пациентка во Битола се породила со царски рез од страна на жена која била внесена во операционата сала, а која немала лиценца од Лекарската комора.Текстот во целост на: slobodenpecat.mk. 

Македонија | пред 5 години

popis-1

Програмерка открила голема слабост во системот за самопопишување - успеав да се само-попишам користејќи VPN

Македонска програмерка открила голема слабост во системот за самопопишување. Објавувајќи во Фејсбук групата „Сојузен комитет на програмери на Република Македонија“ таа посочи дека секое лице кое ќе вклучи VPN може да се попише од Македонија, иако оваа апликација е наменета за македонските граѓани во странство, објави press24.mk.-Наидов на грешка во апликацијата за само-попишување наменета за граѓани од дијаспората. Пишувам за да ме исправите ако грешам или да пријавите ако е тоа потребно. Јас која живеам во Македонија, успеав да се само-попишам користејќи VPN. Интернет страната не дозволува да се регистрирате доколку имате македонска IP адреса, но штом инсталирав VPN (бесплатен) веќе немаше ограничувања. Само-попишувањето е не само за дијаспората туку и за секој граѓанин кој во овој период нема да е во Македонија. И така јас одбрав да сум кај нашиот северен сосед, го оставив мојот македонски телефон и без никаков проблем бев регистрирана и го поплнив прашалникот. Не се бараат никакви податоци за адреса од земјата каде што престојувам, а за причина за престој имаше повеќе опции од кои последната беше "Друго" или нешто слично. Ми падна чудно што и во прашалникот кога ја пополнува адресата во Македонија задолжително беше само името на улицата, но не и број, влез, стан, пишува порграмерката.Инаку, VPN е алатка која ја редиректира вашата IP адреса на друго место. Текстот во целост на:  press24.mk.

Македонија | пред 5 години

panovski

Д-р. Пановски вели дека вакцини не се наоѓаат од канцеларија, туку преку долгогодишни врски создадени во професијата

Микробиологот Никола Пановски вели дека вакцини не се наоѓаат од канцеларија, туку преку долгогодишни врски создадени во професијата, приватно и забележа дека Македонија нема амбасадори во периодот на пандемијата во клучни земји.-Имам во телефон од декември 500.000 дози од „Синовакс“ вакцина, предлог договор до македонската влада на која не одговара. Мене тоа на приватниот меил ми го имаат испратено, рече Пановски.Помала доза од британскиот сој на вирусот, посочи тој, е потребна за да предизвика болест.-Тоа што порано го викавме два метри растојание не е доволно во затворен простор. Сега со маски веќе не е сто отсто безбедно, а се смета дека со овој сој не е безбедно на два метри двајца да зборуваат без маски ако едниот е инфициран. Да не зборувам за кашлање и кивање, доволно е зборување, за да достигнат тие аеросоли, што не беше претходно можно, Клиничарите кажуваат дека кај британскиот сој на вирусот поретко се губи чувството за мирис и вкус, поизразена е кашлицата. Многу повеќе се лепи за носот, побрзо продира низ клетките, рече д-р Пановски.Според него, законот треба да се смени, треба да не се носат маски таму каде не може да се пренесе вирусот и да му се олесни на народот.извор: Курир 

Македонија | пред 5 години

44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

Ременски: Русковска можела да направи многу за МВР со откривање на изворот кој и кажал за плановите на Мијалков

Фросина Ременски објави подолг статус на својот Фб профил на социјaлната мрежа ФБ под наслов: Личниот извор на Вилма Русковска  - помагатели на "диверзанската изолација“ на Сашо Мијалков⁉️Деновиве додека чекаме истрагата за бегството на Сашо Мијалков („изолацијата“) да мрдне и јавноста да биде запознаена со информации за овој случај која не мислам дека ќе помине по онаа народната „секое чудо за 3 дена“, ќе ја поткрепам мојата веќе изнесена тези, напиша Ременски на ФБ.Во продолжение ви ја пренесуваме објавата на Ременски во целост:„Истрагата треба да почне и да заврши со ЈО Вилма Русковска која го „детонираше“ системот со „информација од нејзин извор за бегство на Сашо Мијалков на зелена граници кај Куманово“За потсетување наведувам неколку јавно изнесени работи во медиумите од Русковска од 20.02 до 23.02 поврзани со „изворот“ на нејзината информација:„Добив оперативна информација за можно бегство од мој личен извор„⁉️„МВР побара написмено да ја доставам информацијата"„Во известувањето што ми го вратија се повикаа на моето известување“„Јовевски праша колку ми е точна информцијата?„„Се чув со изворот околу пладне и ми кажа од скала од 1 до 10, точноста на информацијата е 7“ ⁉️„Прати порака преку други луѓе дека сака да се пријави исклучиво во ОЈО за ГОКК“⁉️„Откако е дојден беше обезбедуван од истражителите на ОЈО за ГОКК“ ⁉️„Не мислам, зошто ако мислеше ќе избегаше веднаш“ ⁉️„Вие сериозно мислите дека јас ќе ви ги кажам моите извори?„ ⁉️Во ова последното реторичко прашање што си го постави Русковска доцна во вторникот кога нагласи дека „искрено се израдувала што Сашо Мијалков сам се пријавил“, лежи клучот за злоупотребата на службената положба и овластувањата на обвинителката!Секако дека не мислам дека, таа требаше „нејзиниот извор“ да го обелодени пред новинарите пред кои самата се демантираше во се' што кажа два дена претходно, но факт е дека таа била ДОЛЖНА „изворот на нејзината непотврдена информација да го посочи на МВР“ за проценување!☑ Зошто е ова важно Во смисла на полициско постапување по добиена информација од овој калибар, многу е важно да се знае „кој е изворот на информацијата“ за да може да се пристапи кон сложената постапка на „Проценка на веродостојноста на изворот“ и„Проценка на вистинитоста на информацијата“Ова постапка народски кажано би ја превела вака – „Кажи ми кој ти кажува, за да знам колку може да му се верува на кажаното“☑ Првата голема грешка во низата „алибирани грешки“ на Русковска е што:„Во известувањето до МВР таа не го посочила нејзиниот личен извор кој требало да помине низ проценка и оценка за информацијата што со пласира кон јавен обвинител“Со известувањето до МВР без генералии за изворот „таа (неместо изворот) станува пријавител на сомневања за кривично дело бегство“За МВР во смисла на Стандардната оперативна процедура за проценување на информации за криминалистичко-разузнавачки цели „таа е изворот“ (а, не е) кој треба да подлежи на оценка, проценка и да се оценува веродостојноста на нејзината информација. Сосема погрешноКако што кај нас поминува скоро се на „жими мајка“, односно „сите (по дифолт) му веруваат на јавниот обвинител“ и никој не подведува под знак прашалник „што тој ќе изјави и пласира како информација“, така и во овој случај Русковска наместо да го открие нејзиниот личен извор на МВР, таа недозволено станува „извор“, а со тоа и детонатор во минерско-деминерска диверзантска операција во која таа станува и најодговорна алка во ланецот на одговорности!Да да ..., најодговорна е, затоа што јавен обвинител не работи со тајни, прикриени, доверливи извори како што тоа го работи полицијата!☑ Јавниот обвинител не е оперативец, не е таен агент, не е извор или соработник (?!), туку одговорно лице кое работи по Законот за кривична постапка. Овој закон не ги препознава овие поими со кои со јавноста кореспондира Вилма Русковска – „оперативни сознанија“, „мој личен извор“, „скала од 1 до 10“ итн., и за тоа нема никакви логички и законски објаснувања‼☑Јавното обвинителство не прави „Проценки за веродостојноста на изворот на информацијата“. Тоа ги прави полицијата!Тоа е строго пропишана стандардна оперативна процедура (СОП) нешто слично како процедурите „кога хирург влегува во операциона сала“, која завршува со пишување на „Оперативен извештај“ во кој се оценува веродостојноста на изворот, проценка на вистинитоста на информацијата, дозволеноста информацијата да се споделува со други институции, криминалот за кој се информира, лицата кои се спомнуваат во информацијата и сл.Оперативниот извештај треба да ги содржи сите информации, без оглед на фактот дали лицето што ги доставува смета дека се релевантни или не и за тие информации каде што постои можност треба да бидат поткрепени со точни податоци од полициските евиденции.Во полицијата овој процес на проценување се именува како 5х5х5, односно три проценки со по пет описни оценки‼Што можело МВР да направи по информацијата од Вилма Русковска БЕЗ НЕЈЗИНИОТ ИЗВОР Ништо!Што можела Вилма Русковска да направи за МВР со откривање на НЕЈЗИНИОТ ЛИЧЕН ИЗВОР. Многу!☑ Ако Русковска на полицијата го открила „идентитетот на нејзиниот личен извор“ за службено постапување, кој во ниту еден случај на професионално постапување не може да биде „личен извор на јавен обвинител“, полицијата ќе можела да направи „Проценување на веродостојноста на изворот на информацијата“ со пет (5) можни оценки:(1) доверлив извор во сите случаи за кој не постои сомнеж и таа информација најчесто се добива од таен извор кој во минатото се докажал за доверлив во сите случаи од 100% точни информации;(2) доверлив извор во повеќе наврати чиишто информации во минатото во повеќето случаи се покажале како точни и овие информации најчесто се од полицајци, информатори и сл.;(3) понекогаш доверлив е извор кој во минатотот давал информации кои се покажале и како веродостојни и како неверодостојни за што е потребно потврдување на информацијата и преку други активности;(4) недоверлив извор кој во минатото доставил информации кои во сите случаи се покажале како неверодостојни и оваа оценка укажува дека постои сомневање за веродостојноста, вистинитоста и мотивот на самиот извор кој пласира информација; и(5) неможе да се процени изворот од кого се добиени информации, односно најчесто станува збор за анонимни извори.☑Ако јавен обвинител (Русковска) не врши „проценка на веродостојност на извор на информација“, тогаш не може да врши ниту „проценка на вистинитоста на информацијата“!Што можело да направи МВР за оценка на вистинитоста на информацијата, ако ја „оценило на веродостојноста на изворот“ на Русковска Многу!☑„Проценувањето на веродостојноста на информацијата“ го прави лицето кое ја евидентира самата информација врз основа на неговите знаења за околностите за потеклото на информацијата!Во овој случај, Русковска била ДОЛЖНА тоа да го препушти на полицијата преку „проценување на веродостојноста на нејзиниот личен извор“, зошто никој не знае на кои критериуми Русковска „му верува на изворот“ за да алармира и покрене систем за постапување.!Постојат исто така пет (5) оценки за „вистинитоста на информацијата“:(1) сигурност се знае дека е вистина зошто информациите се собрани со примена на технички средства или информации од настан за кој може да посведочи полицаец;(2) изворот е лично запознат, но не полицијата - информацијата најчесто ја даваат информатори;(3) не е лично позната на изворот, но е потврдена од друго лице - оваа информација треба да се потври со други информации за да се утврди веродостојноста пред да се преземат активности;(4) Неможе да се потврди - се означуваат информации кои не можат да бидат проценети или потврдени затоа што се добиени од втора рака и не може да биде потврдена од други разузнавачки извори и треба да се земе со претпазливост; и(5) постои сомнение дека е погрешна - се означува информација за која постои сомневање дека не се вистинити и истата треба да се потврди со информации од „веродостоен извор“ пред да се превземат активности.☑По овие две проценувања (на изворот и на информацијата), по насоките на стандардната оперативна процедура следи „кодирање“ на информацијата, односно означување со кого и за кои цели може да се споделува. И ова кодирање опфаќа пет (5) опции како право и обврска на МВР!Кој ја направи „проценката за веродостојноста на изворот на Вилма“, „вистинитоста на неговата/нејзината информација“ и „мотивите за пласирање на таа информација токму кон Русковска“⁉️Дали некој од МВР барал од Русковска да го открие идентитетот на „нејзиниот личен извор“ за да се процени веродостојноста и вистинитоста на информацијата пласирана кон МВР⁉️Ако не го открила „нејзиниот извор“ на МВР, а била должна, дали во истрагата треба да се цени релацијата на Русковска и „нејзиниот личен извор“, односно дали станува збор за законски заснована релација или пак, можеби станува збор за некои здружени мотиви за пријавување што го детонира и исмејување на системот⁉️Ако Русковска е земена за „извор на непроверената информација“ која таа ја пласира кон МВР без да го открие „нејзиниот личен извор“, дали тогаш МВР имало право преку механизмите за проверка на вистинитоста на информацијата да ја испита Русковска пред да ги преземе другите активности ⁉️Овие се клучните прашања за истрагата и за МВР – патоказот за откривањето на мотивите и начинот на пласирање на информацијата „кај подобниот јавен обвинител Русковска“ и „предавањето во подобното ОЈО за ГОКК на Русковска!Ако се откријат интересни детали за видот на релацијата на обвинителката и „нејзиниот личен извор“, начинот и френкевнцијата на комуникацијата, профилот на самиот извор, професионалниот бекграунд итн., тогаш можеби ќе се одговори на многу прашања‼За преговорите преку трети лица, самопријавувањето на Мијалков и радоста на Вилма утре околу 18.00 часот ...До тогаш нека читаат лекции од социолог со одлични познавања на полициското работење и субкултурното постапувањеПревземено од ФБ Фросина Ременски 

Македонија | пред 5 години

ruskovska-4-skopje1mk-Copy

Русковска излажа: Таа му кажала на Маричиќ во петокот дека Мијалков спрема бегство

Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал е обвинителот со кој министерот за правда, Бојан Маричиќ се сретнал во петокот и од кого дознал дека можно е бегство на Сашо Мијалков, дознава „А1он“.Потврда за информацијата добивме и од Маричиќ, кој кажа дека бил на неформална средба со Русковска. Ова е спротивно на тврдењето на Русковска, која пред шест дена категорично негираше дека во петокот известила член на Владата за индициите за бегство на Мијалков.Министерот Маричиќ за „А1он“ вели дека на средбата со Русковска во петокот се дискутирало за проблемите со кои се соочува Обвинителството од секаков аспект, а информацијата за можно бегство на Мијалков од Русковска, му била кажана како гласина која обвинителката ја слушнала, без да посочи извор.Текстот и ВИДЕО во целост на: „А1он“

Македонија | пред 5 години

11

Поставување на заштитни брани со мрежа на реките од езерското сливно подрачје

Со цел да се заштити животната средина и да се спречи влевањето на најразлични видови на цврст отпад во водите на Охридското Езеро, Општина Охрид започна со поставување на заштитни брани со мрежа на реките од езерското сливно подрачје, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додаде:Ваква брана денеска беше поставена на реката Сушица, а во текот на наредниот период исти заштитни механизами ќе бидат поставени и на останатите речни корита.Работните активности за поставување на браните ги изведуваат екипи на ЈП "Градски гробишта", а средствата се обезбедени од општинскиот буџет. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

pukano

Синот на поранешниот поглавар на ИВЗ е повреден во престрелка во Ѓорче Петров, дознава Слободен печат

Денеска во Скопје околу 16.40 часот е пријавено е дека на кружниот тек во населбата Ѓорче Петров кај црквата Св. Петар и Павле, лице од возило „голф“, пукало кон возило „мерцедес“, во кое бил полицискиот службеник З.Р.Според првичните информации, З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8 Септември” за укажување помош.Слободен печат неофицијално дознава дека се работи за Зеглул Реџепи, синот на поранешниот поглавар на ИВЗ.извор: Слободен печатфото: PRTSC Слободен печат

Скопје | пред 5 години

Pompeja

(ВИДЕО) Добро сочувана кочија со еротски сцени, пронајдена во Помпеја

Кочија со железни елементи и бронзени украси е пронајдена во ископувања северно од Помпеја, надвор од ѕидовите на античкиот град, во близина на штала каде што претходно биле ископани остатоци од три коњи. Пајтонот е пронајден во вилата Цивита Јулијана, северно од Помпеја, а римската елита го користела за свечени прилики. Кочијата има бронзени украси во форма на еротски сцени на мажи и жени.Пред неколку години, на истата локација биле пронајдени остатоци од три коњи, од кои едниот бил сè уште зауздан.Помпеја се наоѓа во подножјето на планината Везув. Во ерупцијата во 79 година н.е., пепел, кал и лава ги покриле населените места и нивните жители, кои биле првпат ископани во 18 век.фото: BBC

Магазин | пред 5 години

pistol

Пукање во Ѓорче Петров - ранет полицаец

Во скопската општина Ѓорче Петров попладнево се случи вооружен инцидент. Имено, како што дознава КУРИР, денес пукано е во полициски службеник.Како што неофицијално дознава КУРИР, ранетото лице е син на поранешен верски лидер во Македонија.Околу 16:40 часот пријавено е дека во Скопје,на кружниот тек во н.Ѓорче Петров кај црквата Св.Петар и Павле, лице од возило „Голф“, пукало кон возило “мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р, дознава КУРИР од МВР.извор:  КУРИР,

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Виновникот за смртта на малиот Алмир мора веднаш во затвор - уважена е жалбата на обвинителството

Основниот суд Куманово ја уважи жалбата на кумановското обвинителство изјавена против решение на судија за извршување на кривични санкции донесено на 19 февруари 2021 година, со кое на осудениот Б.И. од Куманово му се одобри барањето за одлагање на почетокот за извршување на казната затвор.Имено, обвинителството незадоволно од донесеното решение, поднесе Жалба на 22 јануари 2021 година, со која побара кривичниот совет при Основниот суд Куманово да го преиначи решението во насока осудениот веднаш да ја извршува досудената казна. Казната затвор во траење од 4 години, по поднесено обвинение на кумановското обвинителство и судска постапка, на осудениот му беше изречена од Апелациониот суд, а за сторено кривично дело – Тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осудениот го стори кривичното дело на 25 јуни 2016 кога со автомобил му нанесе тешки телесни повреди со смртна последица на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово.Одлучувајќи по поднесената жалба од обвинителството, Основниот суд Куманово донесе Решение со кое го преиначи решението на судијата за извршување на кривични санкции и осудениот го задолжи веднаш по приемот на одлуката да се јави во казнено поправна установа за да започне со издржување на затворската казна.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања