Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

ris-vo-jasen-3

(ФОТО) Рисови има и надвор од Маврово, успешно обележале млад мажјак во резерватот „Јасен“

Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со вработените од резерватот „Јасен“ на крајот на февруари со ГПС-околувратник успешно обележале млад мажјак од загрозениот вид балкански рис.„За присуството на балкански рис во Јасен имавме податоци подолго време, но досега немавме среќа да поставиме ГПС-околувратник на рис. Ова е првиот рис што ќе го следиме надвор од Маврово и околината како подрачје каде што досега имаме потврда дека се размножува рисот. Се надеваме дека оваа единка ќе ни даде интересни информации за неговото хранење и движење во Јасен“, изјави Диме Меловски од МЕД.Тој додава дека рисот бил обележан од страна на тројца членови на тимот на МЕД со поддршка на еден ловочувар од „Јасен“ и двајца стажанти од Германија и Франција.Обележувањето на овој рис е дел од сесијата за поставување фотозамки, која покажала и присуство на уште една единка на рис, како и присуство на лисици, куни, јазовци, елени, срни, диви кози, диви мачки, волци и мечки.Активностите за воспоставување мониторинг на рисот во „Јасен“ се спроведуваат во рамките на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ во соработка со тимот на заштитеното подрачје, кој е финансиски поддржан од Европската Унија, а спроведен од УНДП со поддршка на Министерството за животна средина.извор: Макфакс

Македонија | пред 5 години

01032021_PVRSM_Zaev_rekonstrukcija_Univerzalna-3-1

(ВИДЕО) Универзална сала ќе ја задржи постоечката форма со внатрешна реорганизација на просторот со нови современи материјали за фасада

„Универзална ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и понатаму да служи во колективната меморија како симбол на солидарноста“, изјави премиерот Зоран Заев на настанот по повод презентацијата на проектот за реконструкцијата на Универзална сала - Скопје. Премиерот Заев, заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, денеска го најавија почетокот на реконструкција на Универзалната сала, за чија цел се промовира проектот изработен од архитектот Бујар Муча. Градежните работи треба да започнат во мај годинава.„Универзална сала, во времето кога е изградена, ја пренесе пораката до постземјотресно Скопје дека животот мора да продолжи. Денес, во услови на светска пандемија, кога започнуваме со нејзината обнова Универзална повторно ја носи истата порака дека животот мора да продолжи. И уште еднаш солидарноста доаѓа до израз. Архитектот Муча и неговото архитектонско биро „Мегарон“, на Град Скопје и на скопјани им го отстапија идејниот проект за реконструкција на Универзална сала како донација. Град Скопје ја прифати донацијата и откако ќе заврши тендерот за изведувачките работи се предвидува почеток на реконструкцијата на 1 мај. Со повторното отворање на вратите на Универзална, кои 5 и пол години се затворени, ќе се создадат сите услови да се отворат и портите на Скопје со претензија во 2028 година со гордост да ја понесе титулата европска престолнина на културата“, изјави Заев и додаде дека Владата секогаш ќе биде инспирирана од проекти кои се од непосреден интерес и придобивка за граѓаните.Градоначалникот Шилегов искажа голема благодарност во Владата која одвои 120 милиони денари средства од Буџетот за реализација на овој проект кој има огромно значење за скопската и македонската култура.„Универзална сала беше омилена културна институција на многу скопјани, а за многу деца, тоа е местото на првиот концерт или културен настан, а за мене тоа е доволна причина и мотив повторно да ги отвориме нејзините врати за посетителите“, рече Шилегов.Согласно проектантските насоки, Универзална сала ќе ја задржи постоечката форма со внатрешна реорганизација на просторот со нови современи материјали за фасада, а самиот објект ќе биде енергетски ефикасен.Владата продолжува со поддршка на капиталните проекти на општините. Во текот на минатата 2020 година, преку ребаланс на Буџетот поддржани се вкупно 19 капитални инвестициски проекти во општини ширум земјава во вредност од 244 милиони денари или 4 милиони евра. За следната година во Министерството за култура се алоцирани 217.000.000 денари за продолжување на изградбата на Турскиот театар во Скопје, за втората фаза на театарот и библиотека во Тетово, како и за завршните работи на театарот во Струмица.видео: Влада

Македонија | пред 5 години

korona-test

Денеска 234 нови случaи на Ковид 19 и починати 7 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 99, Прилеп – 26, Кавадарци – 19, Куманово – 17, Струмица – 15, Неготино – 9, Тетово и Кочани – по 7, Гостивар – 6, Штип и Велес – по 5, Охрид и Гевгелија – по 4, Струга – 3, Виница – 2, Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип – по 1.Регистрирани се 274 оздравени пациенти од:Скопје – 138, Кавадарци – 33, Неготино – 19, Велес – 10, Крива Паланка и Ресен – по 8, Штип – 7, Куманово – 6, Тетово, Битола, Струмица, Делчево и Кратово – по 5, Гостивар, Гевгелија, Свети Николе и Валандово – по 3, Кочани, Кичево и Пробиштип – по 2, Берово и Богданци – по 1.Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (68г – странец хоспитализиран во Скопје, 86г), 2 пациенти од Крушево (71г,71г), и по еден пациент од Тетово (62г), Прилеп (85г) и Пробиштип (71г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.Направени се 1.208 тестови преку: ИЈЗ-309, ЦЈЗ Скопје-58, Авицена-0, Биотек-161, Жан Митрев (Филип Втори)-152, Систина-257, Лаор–0, МАНУ-0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, ИБЗД Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 269, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројката на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а бројот на активни случаи изнесува 8.369.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 45070, активни 3719Куманово 5605, активни 290Тетово 5471, активни 292Прилеп 5431, активни 658Гостивар 3795, активни 154Штип 3665, активни 121Велес 3459, активни 257Битола 3441, активни 181Кавадарци 3405, активни 604Охрид 3257, активни 440Струмица 2728, активни 185Струга 2417, активни 190Кочани 1829, активни 74Кичево 1778, активни 70Неготино 1253, активни 217Гевгелија 1224, активни 186Свети Николе 1109, активни 23Крива Паланка 837, активни 83Ресен 813, активни 61Дебар 795, активни 44Радовиш 744, активни 25Делчево 745, активни 185Берово 643, активни 25Пробиштип 545, активни 24Виница 523, активни 25Валандово 368, активни 27Крушево 284, активни 71Кратово 277, активни 29Богданци 275, активни 46Демир Хисар 266, активни 15Македонски Брод 252, активни 7Демир Капија 242, активни 32Македонска Каменица 193, активни 3Пехчево 186, активни 4Дојран 95, активни 2фото: Архива

Македонија | пред 5 години

protets-ohrid

Жителите на „Јане Сандански“ ја поддржуваат реконструкцијата на улицата, тие се против реакциите на Охрид SOS

Жителите на „Јане Сандански“ ја поддржуваат најавената реконструкција на улицата. Тие со граѓански собир  денеска изразија незадоволство од реакциите на граѓанската асоцијација „Охрид СОС“ и барањето да се стопира проектот за реконструкција на улицата. Велат дека веќе 30 години го чекаат овој проект и не знаат кому му одговара ова да се стопира. Додаваат дека најголем проблем им е водоводната и канализациона мрежа, стара повеќе од пет децении.– Ние овој проект го бараме веќе 30 години. Не се работи само за обновување на дрворедот, бараме реконструкција на водоводна мрежа, тротоарите да се нивелираат, да има велосипедска патека. Добро е што конечно ќе се реализира овој проект. Улицата што е бренд за Охрид жалосно е да се гледа во оваа состојба, рече Илија Џепароски, жител на улицата.По однос на сечењето на дрвата велат дека секојдневно се соочуваат со наткренатите тротоари од излезените корења, што им претсавуваат проблем во движењето особено на повозрасните, лицата со посебни потреби и мајките со деца. Апелираат да се засадат нови, но со коренов систем кој нема да бида површински.– Има многу проблеми, а најголем е водоводната инсталација градена некаде 56/57-ма година. На секој втор месец има по некоја пукнатина, се прават штети, има дел од жителите кои имаат тужено и ги имаат добиено делата. Да се смени водовод и канализација, тротоарите да се направат, а за дрвата, ќе се зададат нови, со подлабок корен, овие прават голем проблем, коренот им е површински па подигнат е тротоарот. Треба да се одберат дрва на кои коренот ќе оди надолу, вели Јове Јованоски, еден од постарите жители на оваа улица.Се жалат дека при поголеми врнежи од дожд водата им влегува во дворовите и уште еднаш потенцираа дека жално е да се стопира нешто убаво што се сака да се направи.Инаку, утринава започна сечењето и отстранување на дрворедот на улицата „Јане Сандански“ како дел од најавените подготвителни активности за комплетна реконструкција на една од поважните сообраќајни артерии на градот и промена на водоводната азбестна линија. Ќе се реконструира потегот од крстосницата со булеварот „Туристичка“ до кружниот тек кај Болнички комплекс.   

Македонија | пред 5 години

benzine

Нови повисоки цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95% во однос на одлуката од минатата недела.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1 денар по литар и ќе изнесуваат: за ЕУРОСУПЕР БС-95 65,50 денaри, за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 56 денaри, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 45 денари за литар.Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за еден и пол денар, и од полноќ ќе изнесува 67,50 денари.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 35,396 денари.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

manu

Заев: Преспанскиот договор е закон - МАНУ мора да го промени името

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на промоцијата на новиот изглед на Универзалната сала во Скопје, околу „одбивањето на МАНУ за вметнување Северна Македонија во името“, нагласи дека Преспанскиот договор мора да се почитува.– Преспанскиот договор е закон. Неговата ратификацијата е направена во Собранието и тој е закон, а законот мора да се почитува. Кога од МАНУ побараа да ги повлечеме измените на законот, ние ги повлековме без да прашаме зошто, додаде Заев.Тој нагласи дека согласно Преспанскиот договор имаме законски рокови кои мора да се почитуваат и сите институции финансирани од државата мора да го променат своето име, а МАНУ, како што додаде, е една од тие институции.– Најдено е многу убаво решение во разговор и договор со Грција и верувам дека ќе се најде решение и за оваа работа. Законот мора да се почитува и овде, додаде Заев.Извор/фото:Агенции

Македонија | пред 5 години

aerodrom-skopje-2

ОЈО поднесе обвинителни предлози и против тројца државјани за лажни ПЦР тестови на скопскиот аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителни предлози и против тројца државјани на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите, на пасошка контрола при излез од државава, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од една лабораторија во Скопје. Потврдите ги прикажувале како вистински, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведената лабораторија и дека не поседуваат серитфикат за негативен ПЦР тест.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Mickoski-111

Мицкоски и врати на Радмила: Можевте да набавите и вакцини, ама не набавивте!

Срам немате. Можеше и да набавите вакцини, ама не набавивте. Вие сте срам за државата. Оставки веднаш, напиша претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на Радмила Шекеринска коха денеска истакна дека целта на Владата е час поскоро да обезбеди функционална вакцина.Со исклучок на САД и Обединетото кралство сите други држави во НАТО се соочуваат со предизвикот како да обезбедат повеќе вакцини и побрзо. И во таа смисла сме дел од светскиот проблем, рече  Шекеринска.фото:PRTSC Христијан Мицкоски

Македонија | пред 5 години

Sednica-na-Sovet-2

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не направи ниту еден проект, нема тунел под Кале, нема нови булевари, само менува имиња на улици, а Заев ќе го кандидира пак

Петре Шилегов нема направено ниту еден проект. Нема тунел под Кале, нема нови булевари, освен булеварите кои што му ги остави Коце Трајановски, само менува имиња на улици, а Заев ќе го кандидира пак.Петре Шилегов е најнеуспешниот градоначалник на Скопје, со самиот факт што за Заев е фаворит, тоа уште еднаш потврдува дека целото работење на Шилегов е по насока на Заев, а тоа е целосна не работа и раздавање на тендери.Шилегов не оствари ниту 10% од неговата изборна програма. Нема никакви резултати од областа на екологијата, борбата против загадувањето и комунална хигиена, се вели во соопштението од советничката група од ВМРО ДПМНЕ од Град Скопје.Во продолжение на соопштението тие додаваат:Скопје за овие 4 години стана еден од најзагадените градови во светот. 4 години Вардариште е дива депонија и проблем за Аеродром и Гази Баба. Диви депонии има на секаде во околината на Скопје и самиот град.Мерните станици на загаденоста на воздухот често покажуваат и по 10 и 20 пати зголемена канцерогеност на воздухот.Шилегов не се грижи за зеленилото. Сведоци сме на исушени дрва и исушена трева.Граѓаните немаат доволно вода за пиење, околу 40.000 жители во Гази Баба, Ѓорче Петров и Шуто Оризари живеат како во среден век.Шилегов нема инфраструктурни проекти. Шилегов вети и не ја направи Универзална сала. Шилегов вети и не направи забавен парк. Шилегов вети и не направи тунел под Кале. Шилегов вети и не направи нови мостови и булевари.Петре Шилегов ќе остане само познат по потрошените 100.000 евра за новогодишна журка, ливадата на плоштад Македонија, продажбата на градска куќа, обезличување на Скопје и како најнекултурен градоначалник на Скопје кој ги навредува сите неистомисленици со многу погрдни зборови.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ljubco

Георгиески се пожали: Чудна работа плукачи колку сакаш!

Чудна работа плукачи колку сакаш! А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме распарчи во јавна дебата. А со задоволство би прифатил и доктор на науки по историја. Па еве ви кукавици отворена понуда за дуел, напиша на својот ФБ профил експремиерот Љупчо Георгиевски.Георгиевски последниве денови е многу актуелен откако на својот ФБ профил напиша дека нуди решение за спорот со Бугарија. Неговото решение наиде на сериозни критики на социјлните мрежи, но и кај политичарите. Дури и владејачката партија СДСМ се огради од ставовите на Георгиески. фото: ФБ Љубчо Георгиески

Македонија | пред 5 години

protest-skopje

И Ивент индустријата побара помош од Владата, денеска протестираат под мотото: Помен – една година тишина!

Асоцијацијата на ивент индустријата – ИВАП излезе на протест пред Владата, под мотото „Помен – една година тишина!“, поради една година од забраната за одржување на јавни настани.Тие не работат веќе една година поради забраната за организирање на јавни настани, а на мирниот протест побараа неповратна помош од Владата, поточнo поддршка сo која се опфатени и ноќните клубови.Како што изјави Маја Бабиќ, претседател на Асоцијацијата на ивент-индустријата (ИВАП), која го организира протестот, компаниите од оваа дејност бараат помош во неповратни грантови, како што добија ноќните клубови, за да може, додека се затворени, да опстанат многуте уметници, продуценти и други работници што ја опслужуваат оваа дејност.„Процените се дека падот на приходите во ивент-индустријата се повеќе од 50 отсто, што значи дека во догледно време ќе треба да ставиме клуч на врата. Цела година не работиме и не сме препознаени од власта, односно препознаени сме на еден чуден начин. Треба да седнеме да разговараме веднаш за спас на ивент-индустријата. Донесоа мерки, кои не се разбирливи за нас, а ние треба да опстанеме. Над 40 компании се загрижени, рентал-фирми за опрема, видео и аудиопродукции, компании за осветление, бина, звучници и други. Ние секогаш сме гласни во нашата работа, но не сакаме овој пат да бидеме такви, сакаме на тивок начин да го решиме проблемот“, изјави Маја Бабиќ од ИВАП.Од Асоцијацијата наведуваат дека зголемениот број на случаи деновиве ги загрижува бидејќи тоа значидека уште долго нема да можат да почнат со работа.„Како одговорни граѓани и компании, сметаме дека е неумесно да бараме да одржуваме јавни настани при ваква состојба. Ние не правиме тајни настани, не ги прекршуваме законите и прописите и не и создаваме проблеми на пазарната инспекција. Затоа, сметаме дека немаме друг избор освен Владата да изнајде начин и да му помогне на овој сектор“, велат од ИВАП.Во последниот пакет мерки, додаваат од таму, Владата објави дека се наменети средства за секторот за организација на настани, но моделот кој го предложила ниту некому му е јасен ниту, пак, има најава кога би можел да се реализира.„За жал изведувачките уметности, музиката и јавните настани се вториот најголем губитник од Ковид пандемијата во Европа и светот, според последното истражување на европската агенција EY Consulting, веднаш зад авио транспортот и според истражувањата, закрепнувањето на оваа важна општествена гранка мора да биде сериозно поддржано и помогнато од локалните влади“, велат од ИВАП.фото: Skopje 1

Македонија | пред 5 години

vakcini

Лош ПР: Е така, вакцинирани сте само перцепцијата е погрешна!

Е така... Вакцинирани сте само перцепцијата е погрешна, напиша на својот ФБ профил Божидар Божиновски. фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

01032021_PVRSM_Zaev_rekonstrukcija_Univerzalna-3

Заев: Одвоивме 120 милиони денари за реконструкција на Универзална сала

„Универзална ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и понатаму да служи во колективната меморија како симбол на солидарноста“, изјави премиерот Зоран Заев на настанот по повод презентацијата на проектот за реконструкцијата на Универзална сала - Скопје. Премиерот Заев, заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, денеска го најавија почетокот на реконструкција на Универзалната сала, за чија цел се промовира проектот изработен од архитектот Бујар Муча. Градежните работи треба да започнат во мај годинава.„Универзална сала, во времето кога е изградена, ја пренесе пораката до постземјотресно Скопје дека животот мора да продолжи. Денес, во услови на светска пандемија, кога започнуваме со нејзината обнова Универзална повторно ја носи истата порака дека животот мора да продолжи. И уште еднаш солидарноста доаѓа до израз. Архитектот Муча и неговото архитектонско биро „Мегарон“, на Град Скопје и на скопјани им го отстапија идејниот проект за реконструкција на Универзална сала како донација. Град Скопје ја прифати донацијата и откако ќе заврши тендерот за изведувачките работи се предвидува почеток на реконструкцијата на 1 мај. Со повторното отворање на вратите на Универзална, кои 5 и пол години се затворени, ќе се создадат сите услови да се отворат и портите на Скопје со претензија во 2028 година со гордост да ја понесе титулата европска престолнина на културата“, изјави Заев и додаде дека Владата секогаш ќе биде инспирирана од проекти кои се од непосреден интерес и придобивка за граѓаните.Градоначалникот Шилегов искажа голема благодарност во Владата која одвои 120 милиони денари средства од Буџетот за реализација на овој проект кој има огромно значење за скопската и македонската култура.„Универзална сала беше омилена културна институција на многу скопјани, а за многу деца, тоа е местото на првиот концерт или културен настан, а за мене тоа е доволна причина и мотив повторно да ги отвориме нејзините врати за посетителите“, рече Шилегов.Согласно проектантските насоки, Универзална сала ќе ја задржи постоечката форма со внатрешна реорганизација на просторот со нови современи материјали за фасада, а самиот објект ќе биде енергетски ефикасен.Владата продолжува со поддршка на капиталните проекти на општините. Во текот на минатата 2020 година, преку ребаланс на Буџетот поддржани се вкупно 19 капитални инвестициски проекти во општини ширум земјава во вредност од 244 милиони денари или 4 милиони евра. За следната година во Министерството за култура се алоцирани 217.000.000 денари за продолжување на изградбата на Турскиот театар во Скопје, за втората фаза на театарот и библиотека во Тетово, како и за завршните работи на театарот во Струмица.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Pesacki-premin1

Во Горно Лисиче наскоро ќе биде поставена нова сообраќајна сигнализација

Општина Аеродром периодов активно работи на реализација на барањата на жителите на Горно Лисиче за измени во сообраќајната сигнализација.Имено, тие неодамна одржаа средба со градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, на која побараа измена на сообраќајната сигнализација во нивната населба, со цел да се постават повеќе технички средства за забавување на сообраќајот на улиците „Горно Лисиче“, „Лисец“, „Божин Николов“ и „Горноврановска“, како и нова вертикална и хоризонтална сигнализација.Општина Аеродром веднаш излезе во пресрет на нивните барања и изготви проектна техничка документација, која доби одобрение и од Град Скопје, но од Министерството за внатрешни работи имаше забелешки. Општина Аеродром постапи по забелешките на Министеарството за внатрешни работи, од кадешто се очекува позитивен одговор, бидејќи се прифатени сите сугестии.Штом го добиеме одговорот веднаш ќе пристапиме кон реализација на проектот, а жителите на Горно Лисиче во најскоро време ќе ја добијат бараната сигнализација.Општина Аеродром изминатите години интензивно работи на подобрување на безбедноста во сообраќајот и секаде каде што има можност врши интервенција на сигнализацијата, за што сведочат и средствата за забавување на сообраќајот пред основните училишта.фото: Општина Аеродром

Скопје | пред 5 години

maricic-2-1

Маричиќ призна дека знаел за можното бегство на Мијалков пред Спасовски: Било кажано како чаршиски муабет, не чувствувам одговорност

Министерот за правда, Бојан Маричиќ призна дека имал средба со обвинител во петокот, два дена пред да биде распишана потерница по Сашо Мијалков и еден ден пред министерот Оливер Спасовски да биде алармиран дека ексдиректорот на УБК можеби спрема бегство. Маричиќ вели дека информацијата за можно бегство му била претставена како чаршиски муабет и посочил дека треба да се провери. Не го откри обвинителот со кого неформално седел во петокот попладнето. Прашан за одговорност, Маричиќ вели дека не чувствува бидејќи немало што тој да направи.„Не верувам дека сум првиот човек, но веројатно дека сум првиот член на Владата. Се работи за една неформална средба која ја имав во петокот вечер со еден обвинител, кога ми беше претставено дека постои гласина, дури како чаршиски муабет беше означено, дека е можно такво нешто. Јас како човек кој што води сериозна институција укажав на обвинителот дека треба да се проверат гласините. Бидејќи не ми беше соопштен изворот на информации, тоа беше зачувано како податок кој не ми е достапен ниту пак ми го кажа обвинителот, замолив да се проверат тие наводи. Па, доколку има основа, доколку се потврдат гласините, Обвинителството да ги преземе мерките. Министерството за правда нема под себе ниту Обвинителство, ниту полиција за да направи било што, туку само можам да пренесам информација. Замолив да се проверат гласините и ако се повеќе од тоа, да се преземат мерки. Колку што знам веќе наредното утре, обвинителката Русковска сама се јавила и кажала кај Спасовски и обвинителот и веќе тргнала постапката. Не знам што би можел да направам повеќе во тој момент. Впрочем, бегството се случи во неделата вечер, тогаш имаше доволно време да се преземат мерки. Не чувствувам никаква одговорност“, рече Маричиќ.Инаку премиерот Зоран Заев го откри министерот Маричиќ дека прв од Владата знаел за можното бегство на Мијалков. Првпат ваква информација беше соопштена во јавност од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вторникот, на еден час пред Мијалков да се појави. Спасовски рече дека не знаел само тој дека Мијалков спрема бегство, туку дека во петокот обвинителите ја имале информација и ја пренеле и на друг министер.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sputnik

Заев за авансот за кинеските вакцини: Парите се тука на истата сметка, денови се во прашање кога ќе стигнат вакцините

Премиерот Зоран Заев очекува вели дека очекува овие денови да има информација кога ќе почне утоварот на вакцините од Кина за Македонија. Откако Министерството за здравство го повлече авансот за кинеските вакцини, Заев денеска вели дека тоа е направено додека да се добие одговор од кинеското Министерство за надворешни работи.„Авансот е пуштен како дел од процедурата. Парите се тука, на истата сметка на Министерството за здравство. Не можеме да дозволиме пари да останат да „лежат“, затоа го повлековме авансот додека добиеме одговор. Денес очекуваме одговор на МНР на Кина за да ја продолжиме постапката. Денови се во прашање кога ќе стигнат вакцините. Не можеме да кажеме точен датум кога ќе стигнат. Никаде во светот никој не може да каже оти има надостаток“, рече Заев  одговарајќи на новинарски прашања по промовирање на проектот за реконструкција на Универзалната сала.Премиерот потсети дека има и втора постапка за набавка на уште 200 илјади дози од кинеската вакцина, а како што соопшти, формализирани се и документите за набавка на руската вакцина „Спутник“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Prijavi-Lihva2

МВР ќе ги гони лихварите, граѓаните може да пријавуваат анонимно

Министерството за внатрешни работи во изминатиот период отвори неколку оперативни акции со крајна цел зголемување на севкупната безбедност на граѓаните.Меѓу другите, отпочната е и оперативна акција која има за крајна цел сузбивање на незаконската појава на позајмување на парични средства за несразмерна имотна корист (многу висока камата), позната како лихварство.Кривичниот законик лихварството го дефинира на следниот начин (член 260).:(1) „Тој што за услугата што му ја прави на некое лице прима или договара за себе или за друг несразмерна имотна корист искористувајќи ја неговата тешка имотна состојба, тешките станбени прилики, нуждата, недоволно искуство или лекомисленоста, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години .(2) Со казната од став 1 ќе се казни и што неовластено се занимава со давање пари или други потрошни предмети на заем со договор и притоа договара несразмерна имотна корист.Граѓаните можат да пријават ЛИХВАРСТВО на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 и тоа анонимно, односно да споделат корисни информации поврзани со санкционирање на ова кривично дело.фото: МВР

Македонија | пред 5 години

01-03-2021-Petrovska

(ВИДЕО) Започна пописот, паѓаат во вода обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Законот бил лош и неевропски, вели Петровска

Денеска започнува попишувањето на одделни категории на лица онака како што е предвидено во методологијата.  По скоро 19 години, државата спроведува попис согласно сите меѓународни стандарди и пракси на Евростат и Обединетите Нации. Од денеска ќе се попишуваат лицата кои за време на пописот се наоѓаат во странство, во служба на Армијата, во казнено- поправни и воспитно-поправни установи, лицата кои се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на нашата земја и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив, како и бездомните лица, истакна пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска.Петровска на денешната прес конференција додаде:Истовремено, од денеска па до 21 април ќе се спроведе и самопопишување на дијаспората кое ќе се одвива електронски, преку веб страницата на Државниот завод за статистика.Пописот е најважната и најголемата статистичка операција со која ќе се обезбедат податоци кои ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики кои обезбедуваат економски раст и развој, искоренување на сиромаштијата, зголемување на еднаквоста меѓу граѓаните, рамномерен регионален раст и поголема заштита на животната средина.Веќе се усвоени и здравствените протоколи што значи дека процесот на попишување ќе се спроведе со максимална заштита на здравјето на граѓаните и на попишувачите.Законот за попис и методологијата за негово спроведување се во согласност сите меѓународни стандарди кои се практикуваат низ целиот свет и тоа е потврдено и од Евростат.Паѓаат во вода обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Законот бил лош и неевропски, дека методологијата не била соодветна и слично.Собирањето на потписи за наводно одложување на пописот е само лош и неумесен партиски маркетинг.Апелираме, граѓаните да не подлегнуваат под лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и активно да се вклучат во пописот.Со учеството во пописот секој граѓанин ќе даде свој личен придонес кон подобра иднина за сите нас.Тоа е наша обврска кон државата, но и кон нас самите и кон нашата иднина.видео: СДСМ.

Македонија | пред 5 години

posta.jpg

Од денеска граѓаните може да плаќаат сметки и во „Македонска пошта“

Во одделни подружници на Македонска пошта од денес граѓаните повторно можат да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово. Функцинирањето на платниот промет во Пошта, кој беше во неколкумесечен прекин, во првата недела од март ќе биде достапен во повеќе избрани подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на март услугата ќе биде достапна и во сите останати единици на Пошта. Со ова граѓаните веќе нема да мораат, како во изминативе месеци, да одат во некоја банка за да ги извршат овој вид плаќања, туку тоа ќе можат да го направат во најблиската пошта.Платниот промет на Македонска пошта отсега ќе се одвива преку Халкбанк АД Скопје, која беше избрана за партнер на Пошта, а која, согласно потпишаниот договор имаше обрска до 1 март да го имплементира системот за наплата за Македонска пошта.Македонска пошта до пред некој месец имаше исклучително важно место во платниот промет во земјава, односно, преку над 300 филијали колку ги има Пошта се одвиваше над 25% од вкупниот платен промет во земјава. Од Македонска пошта очекуваат дека за брзо време ќе се вратат на оваа позиција што ќе придонесе и за финансиско зајакнување на преторијатието.„Пошта во соработка со Халкбанк обезбедува можност за плаќање на сметки, како и вршење на други финансиски трансакции со најниска провизија и тоа во повеќе од 300 точки низ државата. Голем број граѓани и компании изминатиов период апелираа да ја обновиме оваа услуга бидејќи постојат многу места низ целата земја каде нашите шалтери се единствената физичка опција за вршење на трансакции од платниот промет. И токму ова претставува голема одговорност и обврска која повторно ја преземаме. Убеден сум дека ова партнерство со Халкбанка, односно враќањето на платниот промет на листата на наши услуги ќе придонесе за одредено финансиско стабилизирање на Пошта. Истовремено очекуваме тоа да ни овозможи да започнеме да инвестираме во дигитализација на услугите, како и да воведеме платформа за е-трговија која ќе нè направи многу поконкурентни и во чекор со промените во начинот на вршење на поштенските услуги ширум светот“, изјави Јани Макрадули, генерален директор на Македонска пошта.Плаќањето во готово преку шалтерите на Пошта и натаму ќе биде со особено поволни провизии. Односно 35 денари за плаќање на сметки и други режиски трошоци, додека висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа.„Со стартот на работата на платниот промет Халканк АД Скопје не само што ја исполни преземената обврска во рок од два месеци да го имплементира системот за готовински плаќања, туку и покажа дека е сериозен партнер кој во иднина, заедно со Македонска пошта ќе настојува на граѓаните да им пружи одлична услуга. Свесни сме дека платниот промет во Пошта е многу важен за граѓаните, не само затоа што е наједноставен и најевтин начин за готовински плаќања, туку и од причина што за жителите на многу населени места е и единствен начин за плаќање сметки, обврски кон државата, уплата на средства и слично. Токму затоа и настојуваме во најкус рок да го имплементираме системот за да може да профункционира платниот промет. Еден од приоритетите во работењето на Халкбанк е пружање одлична услуга и одлично корисничко искуство во што, веруваме дека за брзо време ќе се уверат и корисниците на банкарски услуги на Македонски пошти“, изјавија од Халкбанк АД Скопје.Според најавите, во скоро време коминтентите на Халкбанк на шалтерите на Пошта ќе можат да вршат и директни плаќања од своите сметки, а ќе бидат овозможени и други банкарски, дополнителни услуги кои освен за коминтентите на Халкбанк, ќе бидат достапни и за сите кои ги користат услугите на Пошта.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

apasiev

Левица: Осудени и амнестирани криминалци ги распродаваат националните интереси!

Амнестираниот Владо Бучковски, кој од позиција на министер за одбрана, докажано (и осудено) немаше дилема да тргува со воени делови во време на воена криза, деновиве ги надградува националните понижувања, кои секојдневно ги приредува неговата матична партија. Овој докажан криминалец, кому тесна специјалност му е распродажбата на националните интереси, „успешно“ си ја завршува задачата за која е испратен во Софија, како специјален претставник на Македонија, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на соопштението од партијата додаваат:Имено, Бучковски најави дека во согласност со усвоената Методологија во спорот со Бугарија, од која јавноста е целосно исклучена, ќе се иницира промена на учебниците не само по Историја, туку и по Географија и Македонски јазик и литература. Овие промени не се мотивирани од желба за поквалитетни знаења, ниту од желба за унапредување на образованието - туку единствено од шовинистичките политики на бугарските власти!Во име на некаков си непостоечки дух на европски вредности, бидејќи останатите европски држави ја чуваат историјата и националниот идентитет, тој најавува усогласени текстови и заедничко чествување (за македонскиот народ таквото чествување ќе биде ништо друго освен сквернавење!) на личностите и настаните од заедничката историја - концепт кој го промовира Бугарија и со кој се разорува националното ткиво врз кое е изградена Македонија, токму против територијалните претензии на соседните држави.Од изјавата на Бучковски е јасно дека, Владата на чело со премиер амнестиран од затворска казна, веќе прифатила дека македонскиот народ и јазик постојат од 1944 година.Со оглед на тоа што бугарската страна во повеќе наврати јасно и гласно објасни што подразбираат под „заедничка историја“, очекувано е дека трговците на власт го продале и Илинденското востание, како Народноослободителната војна, која почнала во 1941 година.Уште поскандалозно е што овие најави доаѓаат откако министерката Мила Царовска, на средба со Артан Груби, најави измени на учебниците по Географија, без никаква транспарентност, консултација со експерти, или инволвираност на јавноста. Со ваквата распродажба, македонскиот народ ги губи сите права да се идентификува себе си како посебен народ, како и правото на државност, а Македонија се сведува на парче земја, територија без идентитет и интегритет, велат од Левица.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

maricic

Бојан Маричиќ е министерот кој неформално знаел дека Сашо Мијалков може да избега, вели Заев

Премиерот Зоран Заев денеска го кажа името на министерот кој неформално знаел дека Мијалков планира да бега.„Министерот за правда, Бојан Маричиќ е министерот на кого обвинител му кажал дека Сашо Мијалков може да избега“, истакна ЗаевСепак, Заев вели дека во редовите на Владата не се испитува одговорност.  ЈО е тоа што ги прави истрагите. Имотот на Мијалков сигурно е систематизиран во сите постапки кои веќе се поднесени. Еден дел се во ‘Трезор’, ‘Тортура’, изборите во Струмица. ЈО сигурно има направено класифицирање на имотот на Мијалков. ЈО е примател на информацијата за можно бегство. Покрај министерот за внатрешни работи, информацијата била кажана и на министерот за правда. Тоа бил неформален разговор. Ние во нашите редови не испитуваме одговорност бидејќи можеме да бидеме пристрасни меѓу себе. ЈО е независен дел на работењето на системот, за да ни покаже каде би имало пропусти, ако ги имало“, рече Заев.Тој и натаму уверува дека одговорност за бегството на Мијалков, ќе има.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

zaev5

Заев: За Шилегов имам само пофални зборови, тој е мој фаворит за градночалничката позиција во Скопје на локалните избори

Премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ истакна дека градоначалникот Петре Шилегов е негов фаворит, но додаде дека сепак изборот на кандидатите за градоначалник ќе го направат граѓаните.-За Шилегов имам само пофални зборови. Тој е мој фаворит, го немам ни прашано дали ќе се кандидира, но за мене е фаворит.  Нашите постапки за избор на кандидати се во летото, јуни, јули, август, крај на септември е кампања. Секако, ќе дадам поддршка на секој успешен градоначалник, вкчлучително и на Шилегов, истакна премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, дали СДСМ ќе ја поддржи кандидатурата на актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов на претстојните локални избори. фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Sajber-bezbednost-5G

ЕУ ја зацрта шемата за сертификација на сајбер безбедноста за 5G

Шемата за сертификација на сајбер безбедноста за 5G мрежите низ ЕУ ќе биде воведена ширум европскиот блок, во обид да се поправат техничките ранливости на мобилните комуникации од следната генерација, соопшти Европската комисија.Овој потег доаѓа како дел од законот за сајбер безбедност на ЕУ усвоен во 2019 година, што се обидува да ги охрабри играчите на пазарот да ја зајакнат безбедноста на нивните поврзани уреди, со цел да се постигне ЕУ-сертификација. Сајбер агенцијата на блокот, ENISA доби задача да ги исполни стандардите потребни да се квалификува за сертификатот.Сајбер безбедноста на 5G мрежите веќе долго време е во мислите на политичарите на терен, бидејќи ЕУ се обидува да воспостави заеднички пристап во врска со безбедноста на мрежите од следната генерација, поради различната загриженост околу операторите од трети земји.Во јануари минатата година, Комисијата го претстави својот 5G Toolbox, во кој земјите од ЕУ имаа задача да го проценат профилот на ризик кај телекомуникациските провајдери, со цел да се применат ограничувања за оние оператори, за кои се смета дека се високоризични.Извештајот за напредокот на плановите во јули минатата година, ги притисна земјите-членки да постигнат „итен напредок“ во ублажувањето на ризиците за 5G телекомуникациските мрежи, предизвикани од одредени високоризични снабдувачи.Објавата за воспоставување на шемата за сертификација на сајбер безбедноста за 5G, доаѓа во момент кога ЕУ се обидува да ги приближи земјите-членки во однос на прашањето на телекомуникациската безбедност.Во јануари, Европскиот суд за ревизори објави дека земјите на ЕУ „напредуваат со различно темпо“ во однос на 5G безбедносните протоколи, воведени од Европската комисија како дел од минатогодишниот пакет на алатки.„Земјите-членки развија и почнаа со спроведување на неопходните безбедносни мерки за ублажување на ризиците“, истакна Паоло Пеше од Европскиот суд за ревизори, говорејќи за време на покренувањето на едногодишната истрага за безбедносните стандарди на теренот.„Но, според досега собраните информации, се чини дека земјите-членки напредуваат со различно темпо додека ја спроведуваме оваа мерка“.Во меѓувреме, шефот на Комисијата за внатрешен пазар, Тиери Бретон во соопштение истакна дека новата рамка за сертификација може да ги приближи земјите на ЕУ во поглед на 5G безбедноста.„Безбедноста е основата на ширењето на 5G технологијата. Сертификацијата ширум ЕУ, во комбинација со другите видови мерки во 5G Toolbox на ЕУ, ги поддржува нашите напори да ја оптимизираме 5G безбедноста и да ги закрпиме техничките ранливости“, рече тој.„Поради тоа, важно е земјите-членки да постигнат понатамошен напредок во спроведувањето на пакетот алатки“.Од своја страна, кинескиот производител Huawei, кој претходно беше причина за загриженост во некои држави-членки, вклучувајќи ја неодамна и Шведска, ги поздрави овие информации.„Европската шема за сертифицирање на сајбер безбедноста е столб за безбедни 5G операции во Европа“, изјави портпаролот на компанијата за Euractiv. „Веруваме дека оваа објава е позитивен чекор, бидејќи 5G во Европа е од пресудно значење за продолжување на еластичното дигитално општество“. извор: Element PR and Corporate Communication

Магазин | пред 5 години

titanik

Одложено судењето за „Титаник“, судијата во изолација

Поради изолација на судијата Огнен Ставрев, кој имал контакти со лица позитивни на коронавирус, рочиште за предметот „Титаник“, кое беше закажано за денеска, е одложено за 17 март.Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

446 лица се вработиле во јавното здравство за време на пандемијата

Министерството за здравство информира дека минатата година реализирани се 446 нови вработувања во јавно-здравствени установи низ државата. Од почетокот 2020 година 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време.„Вложувањата во човечки капитал во здравството не застанаа дури ни во време на пандемија. Пандемијата покажа колку се значајни здравствените работници, тие се столбот на нашето здравство. Со нови вработувања и зголемувањата на платите создаваме услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја. Се залагаме за подобрување на условите во кои истите работат и ги слушаме нивните потреби. Отворени сме за соработка со младите како никогаш досега."- истакнува министерот Филипче.Во изминатите 3 години, повеќе од 5000 согласности се дадени за вработување во јавно-здравствените установи и за првпат се платени приватните специјализанти во висина од просечна плата на општ лекар со што тие се изедначуваат со статусот на нивните колеги.Во месец септември 2018 година, на 19.123 вработени во јавно-здравствените установи им се зголеми основицата за плата за 5%. Во јануари 2019 година, следеше дополнително зголемување на платите на здравствените работници, доктори, медицински сестри, болничари, техничари. 5% за медицинските сестри, 8% на медицинските сестри на Клиниките и 10% за докторите специјалисти.Во септември 2019 година, за 5% е зголемена платата на администрацијата во здравството. Од февруари 2020 година, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, додека пак на медицинските сестри за 10%. Кумулативно, заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%.фото: МЗ

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања