Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Граѓаните не знаат дали утре ќе се прехранат, а Владата на Заев сака да ги покачи и горивата

Не два, туку три денари по литар гориво сакаат Зоран Заев и Нина Ангеловска дополнително да им земат на граѓаните за да ги финансираат партиските вработувања и луксузите од кои не се откажуваат. Заев и СДСМ не ги интересира дали и колку ќе скокнат цените на прехрамбените продукти  по покачувањето на висината на акцизата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Граѓаните гледаат дека владата на СДСМ не може и не знае да се справи со ситуацијата во која се наоѓа Република Македонија поради корона вирусот. Единствено нешто за кое се тие способни е да профитираат од парите на граѓаните.Без никаков срам во оваа тешка ситуација СДСМ успеаја за само четири дена да потрошат 8 милиони денари за репрезентации, услуги во ресторани и патувања.Граѓаните не забораваат дека оваа влада не понуди мерки кои ќе бидат за нивно добро. Мерките кои што ги презентираа за стопанството се несериозни, задоцнети и не се доволни. Тие не значат никаква помош. напротив само продлабочување на тешката ситуација во која се наоѓа Република Македонија.Наместо да понудат пари за стопанството кое се наоѓа во многу тешка ситуација, СДСМ пдлучи да го награди рекетарскотп СЈО и сите роднини на партиските функционери кои таму работат и молчеа за криминалите на Јанева и нејзините соработнички.Граѓаните се исплашени за себе и за животната егзистенција на своите семејства.СДСМ докажува дека единствено се грижат за своите џебови, но не и за иднината на граѓаните.СДСМ мора да ја напушти суетата и да ги прифати конструктивните предлози на ВМРО ДПМНЕ за да помогне на бизнисот, државата и граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

skopje-6

Минатата ноќ 44 лица не ја почитувале забраната за движење, МВР приведе 31

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (14/15.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава  44 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 31 лице,  а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на 110 лица им се издадени решенија за изолација, а 129 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

w_55947221

Бројот на оздравени од КОВИД - 19 во Македонија почна да расте

Македонија денеска ја заврши седмата недела од моментот на откривање на првиот случај на коронавирусот во земјава, на 26 февруари 2020 година. Токму на крајот на таа седма недела, земјата регистрираше и најголем број на смртни случаи во еден ден, како последица на ковид-19, вкупно 6. Но, во исто време, денеска има и најголем број на оздравени пациенти во изминатото деноноќие – 42, објави 360stepeni.mk.Кумулативниот преглед на бројот на смртни случаи, јасно покажува тренд на раст. Првите смртни случаи беа во четвртата недела, вкупно 2. На крајот на петтата недела имаше 9 починати, на крајот на шестата 26 а заклучно со денеска 44.Но, трендот изгледа поинаку ако се пресметаат смртните случаи по недели. Податоците покажуваат дека седмата недела од појавата на болеста има само еден смртен случај повеќе од шестата.Односно, во седумте дена од четвртата недела имаше двајца починати од ковид-19 а во петтата недела имаше уште 7 нови смртни случаи. Во шестата недела бројот порасна на 17, додека во последните седум има 18 починати од ковид-19, објави 360stepeni.mk.Додека е рано да се тврди дали Македонија ја „израмнува“ линијата на починати од ковид-19 на неделно ниво, со одминувањето на времето од појавата на болеста, почна да се зголемува и бројот на излечени пациенти.Кумулативно, до крајот на четврата недела во земјава имаше само еден излекуван. До крајот на петтата недела таа бројка се искачи на 12, на крајот на шестата на 30 за до денеска да има вкупно 86 излечени од ковид-19.Македонија сепак има најмногу смртни случаи на 1 милион жители споредено со земјите од соседството. Според worldometers.info/coronavirus/ просекот е 21 лице, на претпоставена популација од 2,1 милион жители. Најблиску до земјава е Србија, со 11 смртни случаи на 1 милион жители, по што следат Грција, Албанија, Бугарија, Косово.Текстот во целост на: 360stepeni.mk.

Македонија | пред 6 години

Filipce-2

Филипче: Завршена е постапката за набавка на 31 респираторна машина

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната редовна прес-конференција информираше дека има 42 оздравени пациенти со два негативни теста на КОВИД-19 кои се во општа добра состојба.„Од Инфективната клиника заминаа 10 оздравени пациенти, а кај 32 пациенти - 12 во Дебар и 20 во Скопје кои се лекуваа во домашни услови направени се два контролни теста и тие се исто така негативни - што значи дека пациентите се целосно оздравени и се во општо добра состојба. Ова е нешто што навистина ме радува мене лично, здравствените работници директно вклучени во процесот на лекување посебно кога се справуваме со една високо ризична болест, непредвидлива во текот. Во таа смисла секој спасен живот е огромен успех, јас посакувам на секој којшто се соочува со вирусот брзо и лесно да ја надмине оваа состојба и да има лесен тек на болеста и секако добар исход“, потенцираше министерот Филипче.Денеска починаа шест пациенти - четворица на Инфективната Клиника над 60 годишна возраст, двајца од Лабуништа, едно лице од Прилеп и едно од Куманово како и двајца во Градската општа болница „8ми Септември“ од Велес на 67 годишна возраст и од Куманово пациент на 59 годишна возраст.„Во однос на ново регистрираните пациенти, регистрирани се 54 новозаболени. Во Скопје 13, во Куманово 25, во Штип еден пациент, во Прилеп 10, во Тетово еден, во Велес двајца, во Гостивар еден и за прв пат еден потврден случај во Кичево. Со овие денеска потврдени новодијагностицирани пациенти вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја е 908 лица. Досега се починати 44, излекувани се 86 и во моментот активни 778. Вкупно се направени 9262 тестови на коронавирусот. Во изминатите 24 часа направени се 710 теста. Континуирано го зголемуваме капацитетот за тестирање со тоа практично го скратуваме времето на чекање. Сѐ уште трае подготовката на двата нови капацитети во лабораторијата во МАНУ и на Институтот за судска медицина - пациентите на кои постмортем им се зема брис ќе се работат на Институтот за судска медицина, а во лабораторијата во МАНУ пациентите од болниците ширум државата“, соопшти Филипче.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, во моментов има 57 пациенти, од кои седум се на механичка вентилација, 14 се на кислородна поддршка - има доволен број на слободни респираторни машини. Во Градската општа болница „8ми Септември“ има 27 пациенти, од кои шест се на респираторна машина. Во Битола на болничко лекување има пет пациенти. Тие се во добра состојба. Кај тројца пациенти ќе биде земен првиот контролен брис со оглед на времето коешто е поминато од почетокот на болеста. Во болницата во Штип се лекуваат осум пациенти, повеќето се стабилни и еден пациент е со средно-тешка клиничка слика. И во болницата во Битола и во Штип се следат пациентите коишто се на домашно лекување.„Денеска е потврден пациент којшто е вработен во лабораторијата на Универзитетската клиника за детски болести - позитивен на КОВИД-19 вирусот. Случајот е изолиран, епидемиолозите прават анализа. На четворица од единаесет вработени им е препорачана изолација. За време на работата за време на извршување на работните задачи користена е целосна заштитна опрема според протоколот“, информираше министерот.Филипче информираше и за состојбата на најмалите дијагностицирани пациенти на Инфективната клиника, бебето на четири-месечна возраст и детето коешто има две и пол години, кои се стабилни и под постојан надзор на педијатар.На прес-конференцијата, тој посочи дека во рамките на Министерството за здравство согласно уредбата на Владата завршена е постапката за набавка на респираторни машини.Министерот информираше дека од девет економски оператори, два ги задоволуваа условите - во однос на рокот и критериумите. Еден дел од респираторните машини ќе стигнат во следните седум дена, а другите, од вкупно 31, во текот на следните 30 дена.„Со ова, значајно ќе го дополниме капацитетот на респираторни машини во земјава, пред сѐ во институциите кои се предвидени за лекување на овие пациенти со КОВИД-19 вирусот“, рече Филипче.Веќе е направен целосен распоред за активност преку матичните лекари во Дебар и околината на Дебар за начинот на скрининг на пациентите со антитела.„Со оглед на тоа што таму е веќе фаза на епидемијата во којашто немаме новодијагностицирани пациенти сметаме дека ќе биде добар пример за тоа каква е состојбата на населението во смисла на евентуално стекнување на имунитет. И врз основа на тој репрезентативен примерок епидемиолозите ќе прават соодветни анализи и план за понатаму“, потенцираше министерот Филипче.Во текот на вчерашниот ден завршен е увидот од страна на тимот на Институтот за судска медицина во Велес во врска со двете починати лица. Таму се стигнати дополнителни информации коишто ќе бидат земени во предвид кога ќе се прави финалниот извештај, а по изготвувањето ќе бидат презентирани во јавноста - во однос на времето на смртта, по наодот на позитивен брис на КОВИД-19.Министерот Филипче најави дека во текот на утрешниот ден ќе се дискутира за барањето на родителите на деца со аутизам во однос на движењето во наредните денови, имајќи ја во предвид нивната потреба да се движат во различни делови на денот - поради тоа што тоа е чест дел и од нивната терапија. Согласно дискусијата и одлуката, за ова прашање ќе биде информирана јавноста во текот на утрешниот ден.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Влада: Надоместок на плата на работниците, за време на принуден одмор и отсуство од работа поради виша сила

Во врска со интересот на јавноста за надоместоците на работниците на плата, министерството за труд и социјална политика информира дека Законот за работните односи со членот 112 ги дефинира случаите кога на работникот му се исплатува надоместок на плата.Согласно одредбата, работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство, а висината на надоместокот е различен за различни ситуации. Во ставот 10 од член 112 е предвидено, во случај на прекин на работниот процес од деловни причини, работодавачот е должен на работникот да му издаде решение и да му плати 70 проценти од платата и тоа најмногу до три месеци во тековната година.Ова значи дека во услови на намалување на прометот, намалување на обемот на работа, работодавачот има потреба и право на реорганизација на работниот процес со цел да не дојде до отпуштање на вработените, при што дел од вработените можат да ја реализираат работната обврска, а работниците кои не можат да обавуваат работни обврски, или пак е намален обемот на работата кај работодавачот, истите можат да го користат институтот - принуден одмор.Во случај на потреба од користење принуден одмор, работодавачот е должен на работникот да му се издаде соодветно решение, обврска која е предвидена согласно член 112 став 10 од Законот за работните односи, како и да му плати надоместок на плата од 70 проценти од платата за период до три месеци во тековната година.Надоместокот на плата за време на принуден одмор е утврден и во Општиот колективен договор за вработените во приватниот сектор од областа на стопанството (член 32).Со истиот член од Законот за работните односи, член 112, став 7 е превидено ако работникот нема можности да ја врши работата поради виша сила, а за да не настане престанок на работниот однос, работодавачот може да им исплати надоместок во висина од 50 проценти од платата.Во Законот не се пропишани други услови и дефинирање на поимот виша сила.За поимот „виша сила“, во правната литература е познато дека настанува од надворешни влијанија кои не можат да се предвидат, не може да се избегнат или отстранат од страна на работодавачот.Со други зборови, оваа ситуација не зависи од волјата на субјектот на кој настан истиот би можел да влијае.Согласно наведеното, а имајќи ги предвид неколкуте одлуки на Владата на Република Северна Македонија, со кои целосно се забрани работата на правните субјекти во одредени дејности, а заради спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД - 19, потребно е истата ситуација да се смета како виша сила. Во тој случај, за да не престане работниот однос на работниците, работодавачот може да ја користи одредбата од членот 112 став 7 и на работниците за периодот додека не постојат можности за работа (поради одлуките на Владата) да им исплати надоместок во висина од 50 проценти од платата.И во двата случаи на примена на наведените одредби од Законот за работните односи, интерес имаат и работниците и работодавачите. Со тоа работниците ги задржуваат работните места, а работодавачите ќе имаат можност да ги користат мерките на Владата на Република Северна Македонија за различните видови на поддршка под различни услови и критериуми утврдени со соодветните уредби со законска сила.Во ваква ситуација, сите подеднакво, во рамките на нашите можности треба да придонесеме за справување со проблемот, вклучувајќи го и предизвикот за опстанок на пазарот на трудот. фото: Архива

Македонија | пред 6 години

maxresdefault-2

Амди Бајрам: Ми ја ампутираа ногата, но ќе се вратам во политиката

Политичарот Амди Бајрам минатиов период бил подвргнат на оперативен зафат во кој му е ампутирана ендата нога и во моментов е во фаза на закрепнување.„Имав ампутација на едната нога, ама ќе ставам протеза. Во политиката ммислам дека ќе се вратам. Сега ми тртеба малку време да закрепнам, но ќе се вратам. “ - кратко изјави за „Скопје1.мк“ Амди Бајрам.Амди Бајрам на политичката сцена е присутен од 1991 година и до сега бил во коалиција со сите партии на власт.ПОВРЗАНО ВИДЕО: АМДИ БАЈРАМ ШОУ ВО ОХРИД

Македонија | пред 6 години

Ministerstvo-za-zdravstvo-tabla

Седумгодишното дете кое починало на Клиниката за детски болести немало коронавирус

На седумгодишното машко дете кое почина на Универзитетската клиника за детски болести земени му се два бриса за тестирање за коронавирус. Еден брис кога било хоспитализирано детето, а вториот брис кога починало. Двата теста биле негативни на КОВИД-19. Детето немало пневмонија, ниту симптоми за коронавирус. Во однос на вработениот во лабораторијата на Клиниката за детски болести кој е заболен од КОВИД-19, земена му е епидемиолошка анкета, како и од дел од колегите со кои бил во непосреден контакт. Утре ќе се земат и втор дел од анкетите. Тие најверојатно ќе упатат од каде се заразил лаборантот.Седумгодишното дете кое починало на Клиниката за детски болести немало коронавирус, на вработениот лаборант од клиниката кој е заболен од КОВИД-19 земена му е епидемиолошка анкета.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kumanovo

Општинскиот кризен штаб на Куманово бара 24-часовен карантин

Во Општина Куманово денеска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на коронавирусот. Најпрво се бара од владата за издвојување на Општина Куманово и нејзината територија од рамката на општите мерки, кои важат за севкупната територија на државата, со дополнителна 14-дневна, 24-часовна изолација (карантин во посебни услови) кој ќе важи од петок, 17.04.2020, и ќе трае до понеделник, 04.05.2020 година.Под посебни мерки коишто треба да важат во овие услови се:1.Дозволи за движење на лица коишто се професионално ангажирани во институциите и стопанството.2.Пунктови за контролирање на влез и излез во и вон градот, со дополнителна дезинфекција на возила и патници кои влегуваат на територијата на Општина Куманово.3.Превентивни епидемиолошки мерки за дезинфекција на зафатените подрачја во градот, задолжителни за влез и излез на подрачјето на Општина Куманово.4.Обезбедување на транспорт со намирници, енергетски и други потреби на Општина Куманово и институциите кои се вклучени во дејствијата против епидемијата со ковид-19 на територијата на Општина Куманово.5.Непречено обезбедување на амбулантна достава на храна до домаќинствата, во период на карантин и вклучување на поголем број на трговски оператори во постапката со претходно издадена дозвола од ОШЗС.6.Разработување на Одлуката на Владата на РСМ за мерки за земјоделците и сточарите и други стопански субјекти за непречено вршење на активности во период на карантин.7.Обезбедување на дополнителни човечки ресурси во здравството за непречено функционирање на Општа болница – Куманово.8.Зајакнување на капацитетите на епидемиолошката служба со дополнителни човечки ресурси, како одговор на потребите, во зависност од епидемиолошката состојба.9.Дефинирање на начин и постапка на одлагање на комунален отпад на домаќинствата во кои има позитивни случаи на ковид-19.10.Обезбедување на дополнителни количини на лична заштитна опрема на граѓаните на Општина Куманово и воведување мерка за задолжително носење маски и ракавици за сите лица на отворен простор.11.Вклучување на Меѓуопштински центар за социјални работи за активно следење на состојбата на лица со посебни потреби и укажување помош на социјално најранливи семејства во градот со континуирано снабдување со храна, средства за хигиена и заштитна опрема во периодот на карантин12.Воспоставување на континуиран медицински процес и процес на континуирана контрола на нови лица, бегалци влезени или фатени во процес на криумчарење, а се или ќе бидат предмет на сместување во ТПЦ Табановце – Куманово, нивна изолација или евентуален карантин.Оттаму бараат од Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ- Скопје да дадат приоритет на тестовите за сите земени брисeви на територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно благовремено да го информираат ЦЈЗ – Куманово за позитивни и негативни резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со што сметаме дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово.Исто така се апелира до Црвен крст и други хуманитарни и невладини организации и здруженија кои се во соработка и координација со ОШЗС, да диструбуираат дополнителна помош за граѓаните на Општина Куманово за време на карантинот.фото: Big Forest House 

Македонија | пред 6 години

Filipce-2

(ВИДЕО) Филипче: Заразен вработен во лабораторијата на Детска клиника, четворица во изолација

Лаборант од Детската клинка во Скопје е позитивен на коронавирус, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Како што кажа тој, на четворица од вкупно 18 вработени им е одредена мерка изолација.„Случајот е изолиран, епидемиолозите направија анализа, на 4 од 18-те вработени им е препорачана изолација. За време на извршувањето на работните задачи, користена е целосна заштитна опрема, според протоколот“, рече Филипче.Во одговор на новинарско прашање, Филипче истакна дека во моментов неможе да каже дека заразениот имал директен контакт со пациент, од каде го добил вирусот. Тој додаде дека персоналот работи со целосна заштитна опрема во лабораториски услови.https://www.facebook.com/VladaMK/videos/221106085831023/?v=221106085831023&notif_id=1586875364747388&notif_t=live_video 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Обвинето едно лице кое лажно пријави кривично дело во Кавадарци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице кое го сторило кривичното дело – Лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 од Кривичниот законик. За стореното дело, обвинителството му предложи на Основниот суд во Кавадарци, на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 30 евра во денарска противвредност, односно вкупно 3000 евра во денарска противвредност.Обвинетиот на 2 април 2020 година преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, лажно пријавил дека е сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 1 од Кривичниот законик, иако знаел дека тоа не е така. Имено, тој во објавата истакнал дека истиот ден, син на функционер од едно јавно претпријатие од Скопје, за време на полицискиот час е приведен во полициска станица во Кавадарци. Едновремено, обвинетиот во објавата истакнува дека началникот на полициската станица во Кавадарци нема да постапи во предметот. Со тоа обвинетиот иницира Основното јавно обвинителство Кавадарци да отвори предмет по допрен глас и да изврши проверки, со кои утврди дека настанот е заведен истиот ден во книгата за дневни настани  и уредно е поднесена кривична пријава за сторителот до Основното јавно обвинителство Кавадарци.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

drva

Шумската полиција во Штип за 10 дена фати две групи дрвокрадци

Припадниците на шумската полиција деновиве откриле две групи дрвокрадци во близина на Штип, кои за транспорт на огревното дрво користат стари возила без регистерски таблички.Надлежните од Подрачната единица на шумската полиција од Штип до МИА испратија фотографии од двете акции, од кои едната се случила на 3 април во 21 часот за време на полициски час во месноста Суитлак.-Од правец на Струмина чешма кон Штип се заловни две лица, како со патнички моторни возила „лада самара“ и „југо“ превезуваат ореови дрва сечени за огрев во количина од 0.7м/3. Од увидот кој е извршен од страна на шумска полиција Штип е констатирано дека дрвата се нежигосани и за истите не поседувааат документ за превоз. Возилата и дрвата се одземени, а во едно од возилата е пронајдена и моторна пила, со која го сториле прекршокот. Моторната пила е одземена, а на прекршителите им се поднесени соодветни прекршочни пријави пред Основниот суд во Штип, велат од Шумската полиција-Штип.Втората акција е спроведена во близина на селото Никоман. При редовна контрола шумските полицајци затекнале автомобил „лада рива“ и во моментот кога е забележано службеното возило на шумската полиција, лицата се дале во бегство во непознат правец.– По кратка потера, лицата не се пронајдени, а од извршениот увид на лице место констатирано е дека до автомобилот има исечено дабови дрва во количина од 2м/3, а во возилото натоварено 0.7м/3 кои требало да се превезат до Штип. Поради ова одземено е патничко моторно возило и поднесена е пријава за непознати сторители, велат надлежните од Шумската полиција.Тие најавуваат интензивни контроли и во наредниот период и ги предупредуваат граѓаните дека секој што ќе биде фатен во нелегална сеча, ќе биде санкциониран.МИА

Македонија | пред 6 години

Keti-smileska

Пратеничка од Прилеп позитивна на корона вирус

Пратеничката Кети Смилеска од СДСМ, на која и е дијагностициран коронавирусот во изјава за „А1он“ вели дека не знае како се заболела, со оглед дека повеќе од еден месец не излегува од нејзиниот дом во Прилеп.„Не знам како сум инфицирана, цел месец не бев излезена од дома. Комуницирав само со најтесното семејство, а тие засега, немаат симптоми. Земен им е брис и чекаме резултати за нив. Јас по 15 февруари допатував во Прилеп, а од 10 март не сум излезена од дома. Сопругот одеше на работа, но како што кажав, нема никакви симптоми. Јас ги осетив сите симптоми кои ги посочуваат здравствените работници. Имав болки во мускули, грло, осип, а потоа, последната фаза беше тешкото дишење. Благодарност до целиот медицински кадар во прилепската болница“, вели Смилеска за „А1он“.Извор: А1 ОН

Македонија | пред 6 години

14042020_PVRSM_ZPVRM_MVR_poseta_Debar-2

Спасовски, Османи и Чулев го посетија Дебар по укинувањето кризната состојба

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, во придружба на заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, и дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, денеска го посетија Дебар, откако за овој град и за Општината Центар Жупа, вчера беше укината кризната состојба, која беше воведена на 13-ти март заради спречување на ширење на коронавирусот.При посетата, на која присуствуваше и градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, премиерот Спасовски упати порака на охрабрување до жителите на овие две општини, но и до сите граѓани на Република Северна Македонија, и нагласи дека во вакви ситуации се гледа дека знаеме, умееме и можеме да се справиме со овие тешки предизвици.„Граѓаните на Дебар заслужуваат пофалба и признание заради дисциплинираноста и посветеноста во борбата против коронавирусот. И тоа покажува дека само преку посветеност и дисциплина, како и преку лична одговорност на граѓаните можеме да си помогнеме на себеси и на семејствата, да помогнеме генерално на државата“, истакна премиерот Спасовски.Премиерот Спасовски упати благодарност и до здравствените работници кои се најдоа во првите редови во справувањето со оваа криза, како и до припадниците полицијата и армијата, но и на сите припадници на државните и локалните институции за нивниот безрезервен придонес во спроведување на мерките.„Се помина низ тежок период, но ништо сè уште не е завршено. Поминавме период кој можеби беше најтежок за Дебар и за Центар Жупа, меѓутоа во ниту еден момент не смееме да бидеме релаксирани, туку напротив да продолжиме со целосно почитување на мерките и препораките“, нагласи премиерот Спасовски.Вицепремиерот Османи посочи дека дисциплината на граѓаните на Дебар за време на 30-дневната кризна состојба, треба да се земе за пример за начин на кој треба да се справуваме со ова зло.„Во оваа криза имаме три цели. Да го спречиме ширењето на коронавирусот. Да ги излечиме болните. И да ги ублажиме економските последици. А за сите овие Владата има свои планови“, истакна вицепремиерот Османи.Градоначалникот на Дебар, Дука изрази благодарност за поддршката од сите вклучени во овие тешки моменти.При посетата владините претставници изразија сочувство до блиските на починатите, а на заболените од коронавирусот КОВИД-19 им посака брзо закрепнување.Владата на 40-тата седница одржана на 13 април 2020 година констатира дека е завршен периодот на постоење на кризната состојба на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа и дека оваа состојба ги даде очекуваните резултати на здравствен план.Со завршување на постоењето на кризната состојба на овие подрачја, Владата заклучи да продолжат да се спроведуваат постојните одредби од донесените одлуки, заклучоци, мерки и препораки на Владата за време на вонредната состојба на целата територија на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

merko

Мерко: Охриѓани направија неколку гафови, во лоши времиња се познаваат пријателите

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко удри по охриѓани...„Мислам дека охриѓани направија неколку гафови во оваа состојба со соседите тука. Во почетокот не ги примаа пациентите, така што, така и почина првата пациентка. Потоа, повторно на неколку на некој начин, не ги примаа под наводници, не беа одговорни. Ова беше можеби една проба од колегата, односно од кризниот штаб од Охрид што мислам дека е неправедно. Затоа имавме и контра изјава. Во лоши времиња, пријателите се познаваат. Никој не сака да ја искористи оваа ситуација за да штити на друг, треба сите заедно сплотини да работиме за намалување....“, истакна градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.https://www.facebook.com/111220626921688/videos/1645837218921152/?v=1645837218921152фото: Скопје 1

Македонија | пред 6 години

carsija-slika

Влада: Во реставрацијата и санацијата на автентичниот лик на Стара Чаршија се запазени сите процедури за заштита на автентичноста

Во рамките на проектот за Локална и регионална конкурентност (ПЛРК), Општина Чаир аплицираше со под-проектот „Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир“. Сите активности на под-проектот предвидуваат клучни инвестиции во масовна туристичка дестинација со цел зголемување на привлечноста на Старата Чаршија и нејзино промовирање како главна туристичка дестинација во градот за потребите на туристите.Под-проектот предвидува санација на калдрмата на еден дел од главната улица Битпазарска како и конзервација, реставрација и санација на повеќе дуќани кои го нарушуваат автентичниот лик на Стара Чаршија која со закон е прогласена како културно наследство од особено значење „Службен Весник на Република Северна Македонија” бр. 130/08.Една од главните активности на проектот е и реновирање на 39 дуќани лоцирани во Стара Чаршија. Општина Чаир предложи замена на старите излози со нови излози што би го вратиле автентичниот изглед на чаршијата. Фактичката состојба не е поволна затоа што фасадата и излозите на голем број дуќани во туристичката дестинација се дотраени или заменети со излози од ПВЦ материјал или алуминиум. Овие користени материјали ја девалвираат вредноста на автентичната структура на Стара Чаршија и ја менуваат планираната содржина и изглед на чаршијата.Санација на калдрма - со текот на времето настанати се оштетувања на калдрмата на улицата. Оштетувањата се настанати од повеќе фактори: метеоролошки влијанија, моторен сообраќај, недоволен капацитет на каменот и парцијални ископувања на улиците. За таа цел проектот предвидува санација на калдрмата во главната улица (во должина од 200м или вкупно 2240м2). Сите градежни материјали кои се користат за реконструкцијата на излозите на дуќаните и калдрмата во споменичка целина: „Стара Скопска Чаршија“ се автентични и одобрени од стручни лица од НУ Конзерваторски Центар – Скопје и Управата за заштита на културно наследство.Законот за Прогласување на Стара Скопска чаршија за културно наследство од особено значење („Службен Весник на Република Македонија” бр. 130/08) ги уредува клучните аспекти на заштита на споменичката целина и врши идентификација на односното добро, во поглед на неговиот назив, категорија и режим на заштита, и др.Поради овие причини Владата на Република Северна Македонија формираше Национален Совет за ревитализација на Стара чаршија кој изготви и Програма за ревитализација на Стара Скопска Чаршија (ССЧ) која содржи идентификација на сегашна состојба и насоки и мерки за ревитализација на Старата Скопска Чаршија.Една од главните констатации на постојната состојба на Стара Чаршија (стр. 33 од Програмата за ревитализација на Стара Чаршија) точка 1.1.4, сопствениците нестручно интервенираат во екстериерите, ентериерите и во употребата на градежните материјали во објектите и на овој начин го нарушуваат автентичниот изглед на Чаршијата.Донесувањето на Законот за прогласување на Старата Скопска Чаршија за културно наследство во 2008 година претставува вистински чекор и израз на оперативна намера за промена на состојбата во позитивна насока и е од особено значење. Донесувањето на Програмата за ревитализација произлегува од овој закон и треба да претставува документ што треба да ги поттикне активностите во таа насока.Министерството за култура на Република Северна Македонија и Управата за заштита на културно наследство (УЗКН) се одговорни за заштита на неподвижното и движното културно наследство во Република Северна Македонија. Управата за заштита на културно наследство и Национална Установа Конзерваторски Центар – Скопје соработуваат во врска со конзервација и развој на културно наследство, како на пр. надлежност да постапат законски, да изведуваат и да вршат функции во врска со конзервација и пристап до културното наследство.Во согласност со Законот за заштита на Стара Чаршија, член 9, Националната установа - Конзерваторски центар - Скопје е одговорна за преземање на заштитно конзерваторски мерки за секоја активност во Старата Скопска Чаршија. Управа за заштита на културно наследство издава одобрение врз основа на претходно издадени конзерваторски услови од страна на Национална установа Конзерваторски центар - Скопје како дел на техничка документација. Конзерваторските услови содржат текстуална, графички и документарна презентација на заштитените подрачја и обезбедуваат релевантни информации за планирање и регулирање на заштитеното културно подрачје.За потребите на проектот поднесен од Општина Чаир до Локална и регионална конкурентност (ПЛРК) Конзерваторски Центар – Скопје, изготви конзерваторски услови посебно за секој дуќан и за калдрмата. Врз основа на конзерваторските услови изработен е Основен проект за конзервација и реставрација на излозите на дуќаните во Старата скопска чаршија и калдрмата од Општина Чаир, за секој објект поединечно. На истите е извршена стручна контрола од надлежната установа НУ Конзерваторски центар - Скопје. Општина Чаир до Управата достави барање за добивање на Конзерваторско одобрение за конзервација и реставрација на излозите на дуќаните во Старата скопска чаршија, за секој објект поединечно. Врз основа утврдената фактичка состојба по увидот во доставената документација, основниот проект и извештајот за извршена стручна контрола, за исполнетоста на условите, согласно член 87 од Законот за заштита на културното наследство Управата издаде Конзерваторски одобренија за изведување на работите на непосредна заштита на излозите ви Старата скопска чаршијаУправата за заштита на културно наследство по службена должност достави Барање до Национална установа - Конзерваторски центар - Скопје надлежната установа за заштита на културно наследство за определување на Заштитно конзерваторски услови за секој од понудените дуќани и за дел од калдрмата на улица Битпазарска.НУ Конзерваторски центар - Скопје излезе на терен да ја сними постојната (фактичка) состојба и врз база на условите што се пропишани во согласност со Законот за заштита на културното наследство за Старата скопска чаршија определи Заштитно конзерваторски услови за 39 дуќани и за наведената делница на калдрмата што ги достави до УЗКН.Управата по добиените мислења за конзерваторски услови за овие дуќани донесува решение за заштитно конзерваторски услови за секој поединечен објект и го достави до општината. Општина Чаир на овој начин се стекна со право да ја продолжи постапката која подразбира по добиеното Решение за заштитно конзерваторски услови да изработи проект. На изработениот проект, Конзерваторски центар - Скопје изработи Извештај од стручна контрола на проектот, а УЗКН издаде Конзерваторско одобрение за секој дуќан и за калдрмата.Имајќи го предвид погоренаведеното, ве информираме дека се запазени сите процедури за заштита на автентичноста на Старата Скопска Чаршија и градежната активност која се финансира преку Проектот за локална и регионална конкурентност се одвива во согласност со позитивните правни норми за зачувување на автентичноста на Старата Скопска Чаршија.фото: плус инфо

Скопје | пред 6 години

ojo-1

Двајца скопјани обвинети за измама

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица, од кои едното се товари за продолжено кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека другото лице е обвинето за помагање при извршувањето на истото кривично дело.Во периодот од 04.12.2019 до 06.04.2020 година, првообвинетиот со умисла помогнат од второобвинетиот, извршил четири временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, искористувајќи исти прилики и други слични околности.Имено, првообвинетиот со намера да прибави противправна имотна корист, телефонски контактирал управител на правно лице од Неготино и лажно му се претставил како комерцијалист во фирма АЛФИ-И-2019 ДООЕЛ Скопје и навел дека на правното лице му е потребна стока за нов маркет кој набргу треба да биде отворен. Притоа нарачал стока – кoмпресори и пумпи во вкупна вредност од 239 илјади денари. Второобвинетиот ја примил стоката во магацин на Качанички пат и се потпишал на испратницата. Но, лицата кои ја испорачале стоката инсистирале на испратницата-фактура да биде ставен и печат на фирмата, па откако забележале дека печатот и името на фирмата на која гласи фактурата не се совпаѓаат побарале да си ја земат стоката назад, што не им било дозволено.Неколку дена подоцна, првообвинетиот се јавил кај фирма во Скопје и на истиот начин нарачал четири парчиња Вибро игли за бетон и два конвертори со вкупна вредност од 194.606 денари, кои наводно му биле потребни за нов магацин кој треба да се отвори во населба Илинден. Оштетениот побарал претходна гаранција, но обвинетите го уверувале дека станува збор за сериозна фирма и дека исплатата на стоката ќе биде направена за 3-5 дена, по што го поканиле во седиштето на фирмата за да се увери за каква фирма станува збор. Оштетениот го испратил неговиот татко, а двајцата обвинети лично го уверувале во сериозноста на фирмата, по што стоката била испорачана. Второобвинетиот се потпишал на фактурата и уште еднаш лажно ги потврдил податоците на правното лице кое се јавило како купувач.Кон крајот на декември минатата година, првообвинетиот телефонски стапил во контакт со шеф на магацин во третото оштетено правно лице и се претставил како управител на фирма која е заинтересирана за купување акумулатори. Откако биле договорени деталите, лично отишол во магацинот на оштетеното правно лице, ги уверил управителот и шефот на магацинот во сериозноста на неговата фирма и во два дена подигнал акумулатори во вкупна вредност од 285.364 денари.На крајот на март годинава, првообвинетиот телефонски стапил во контакт со управител на правно лице од Кадино и навел дека е заинтересиран за купување генератор, при што била договорена цена од 10.500 евра во денарска противвредност. Истиот ден обвинетиот пристигнал во магацинот на оштетеното правно лице за да ги договори деталите за исплата преку наводна кредитна рамка од една банка. Откако биле договорени деталите, оштетената форма испорачала агрегат во вредност од 645.750 денари. Следните два дена, обвинетиот лично одел во оштетената фирмата и подигал и друга стока вредна 205.669 денари.Надлежниот јавен обвинител побара од Судот за првообвинетиот да биде продолжена претходно определената мерка притвор, а за второобвинетиот – мерката куќен притвор , со цел непречено водење на кривичната постапка.​​фото: Архива

Скопје | пред 6 години

culev

(ВИДЕО) Чулев: Едно од лицата од Ченто се обидело да изврши политички притисок да не биде приведен, петорица побегнале

“Во изминатиот период граѓаните во најголем дел соработуваа со полицијата, ja поддржува и помагаа во извршување на нејзините работни обврски.  Тука би сакал да истакнам дека соработката и поддршката кои ги добивме од страна на граѓаните се од исклучителна важност и дадоа значителен придонес при извршување на работните задачи на полициските службеници“.Ова меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференција во МВР, а посветена на шпекулациите и дезинформациите што се појавија во јавноста по повод вчерашниот настан во скопската населба Ченто каде што беа приведени три лица поради прекршување на забраната за движење во периодот од 21 до 05 часот.Имено министерот Чулев потенцираше дека вчерашниот настан во населбата Ченто говори за однесување кое е спротивно на одлуките и мерките на надлежните институции и дека причините поради коишто сето тоа е сторено, односно политичката позадина, никако не го оправдува ова поведение, и говори за тенденциозно загрозување на здравјето на граѓаните кои живееат во овој дел од градот, а предизвикано меѓудругото и од политички побуди.Притоа министерот Чулев хронолошки се осврна на вчерашните случувања. “Имено, околу 21.10 часот на социјалните мрежи е забележана фотографија од групирани лица на улицата Алија Авдовиќ во населбата Ченто и по добиеното сознание од страна на полициските службеници од СВР Скопје преземени се активности, извршена е контрола за тоа дали конкретните лица не ги почитуваат мерките и одлуките на владата за ограничување на движењето.  Во таа насока при пристигнувањето на полициските службеници на конкретната локација забележена е група од осум лица кои откако ги забележале полициските возила, дел се дале во бегство, а три лица останале на самото место при што од страна на полициските службеници биле лишени од слобода и спроведени во ПС ОН Гази Баба за понатамошно постапување“, истакна министерот Чулев“При лишувањето од слобода едното од лицата се претставило како член на советот на општина Гази Баба од редовите на политичката партија СДСМ со што сакало да изврши притисок врз полициските службеници со цел истиот да не биде лишен од слобода.  Од страна на полициските службеници во ПС ОН Гази Баба извршен е службен разговор и за истото е изготвен соодветен службен материјал врз основа на кој се изготвени и поднесени кривични пријави за сторено кривично дело предвидено и казниво по член 206 од кривичниот законик, меѓу кои и кривична пријава за советникот од редовите на СДСМ“, рече министерот Чулев.Тој потоа истакна дека околу 22 часот добиена е информација за собирање на поголема група луѓе на местото каде што претходно беа лишени од слобода трите лица и чиишто мотив за собирање е лажната информација дека овие лица се физички малтретирани во полициската станица и дека истите се лишени од слобода од своите домови.“Потенцирам дека двете информации не се точни и истото е потврдено во исказите кои ги дале лицата кои биле лишени од слобода каде истите наведуваат дека биле затекнати на улицата Алија Авдовиќ, од каде биле лишени од слобода и спроведени во полициска станица“ категорично истакна министерот Чулев.Во однос на видео записите кои се појавија на социјалните мрежи и на одредени веб портали, а на кои се гледа и слуша дека градоначалникот на општина Гази Баба дава ветување дека тој лично ќе ги ослободи лицата и за истите нема да има поднесок, министерот Чулев потенцираше дека МВР постапува неселективно кон сите граѓани во државата и секаде онаму каде што се прекршени законските одредби и одлуките на владата постапува согласно законите за што говори фактот дека против трите претходно споменати лица се веќе поднесени соодветни кривични пријави до надлежното ОЈО.Покрај ова Чулев нагласи дека по преземањето на потребните службени дејствија од страна на полициските службеници и по целосно документирање на настанот, односно по поднесувањето на соодветните кривични пријави до ОЈО, согласно стандардните оперативни процедури во сите случаи поврзани со прекршување на ограничувањето на движењето, лицата се ослободени по што групата насобрани граѓани си заминале без полициска интервенција.Исто така министерот Чулевпотенцираше дека во насока на целосно расчистување на случајот, МВР и во текот на денев презема активности при што е обезбеден и видео запис за кој се спроведува детална обработка и анализа со цел пронаѓање и идентификација на лицата кои го нарушувале јавниот ред и мир и вршеле кривични дела непочитувајќи ги одлуките на владата. Против истите, како што најави Чулев, дотолку повеќе што за дел од лицата веќе е утврден нивниот идентитет, ќе бидат поднесени кривични пријави, а за оние кои јавно упатуваа повик за непочитување на ограничувањето на движењето по утврдување на нивниот идентитет ќе бидат поднесени две кривични пријави за сторени две кривични дела и тоа потикнување за непочитување на одлуките на владата и за самото непочитување на одлуките на владата.

Македонија | пред 6 години

korona-1

Потврдени 54 нови случаи на Ковид 19 – вкупно во земјата 908 дијагностицирани пациенти

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 септември“ починаа 2 лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г).Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови.Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-13, Куманово -25, Штип -1, Прилеп -10, Тетово -1, Велес -2, Гостивар -1, Кичево -1,Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:       Скопје – 329       Куманово - 236       Дебар – 49       Штип-28       Прилеп –85       Тетово – 38       Струга – 43       Велес – 34       Битола –9       Охрид –4       Кавадарци - 3       Гостивар –9       Гевглелија – 4       Струмица – 2       Крива Паланка-3       Радовиш - 4       Крушево – 3       Кочани – 22       Пробиштип – 2       Кичево - 1Во изминатото деноноќие направени се 710 теста. Преку ИЈЗ – 530, преку Ветеринарен ф-тет -18, Авицена – 20, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118, а во тестирање со pcr метода се вклучи и Систина од каде во денешната бројка влегуваат 2 позитивни теста. Досега во земјата се направени вкупно 9.262 тестирања на Ковид -19.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

NP-galicica

Да се почитува забраната за движење во НП Галичица-ќе се вршат интензивни контроли

Во врска со заклучоците од Четиринаесеттата седница на Владата на Република Северна  Македонија, оддржана на 13 април 2020 година, а во врска со спречување на внесување иширење на Коронавирусот COVID-19, Јавната Установа Национален Парк Галичица ( ЈУНПГ) имсоопштува на граѓаните дека:1. Се забранува движење и групирање на излетничките места, местата за рекреација во Паркот како и во шумите на истот.2. Се забранува движењето во викенд населби во периодот на забраната и посебен режим на движење за престојните Велигденски празници.3. Шумочуварската служба на Паркот во соработка со Министерството за Внатрешни Работи ќе ги интезивира контролите на овие места.4. Шумочуварската служба ќе ја зголеми контролата на влезовите на паркот и за влез со возила како и влезовите за пешачките и велосипедските патеки.Со овие мерки кои ќе ги спроведе ЈУНПГ, а кои произлегуваат како задолжение од Владата наРепублика Северна Македонија во врска со спречување на внесување и ширење наКоронавирусот COVID-19, придонесува за намалување на опасноста од ширење на истиот.Затоа ЈУНПГ ги повикува сите граѓани во Охрид и во државата да се придржуваат кон сите мерки донесени од Владата за што побргу да се совлада ова зло.*СЕДИ ДОМА**БИДИ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНА НЕГАТИВЕН*фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пендаровски-Мета: Регионална соработка за надминување на кризата од КОВИД-19

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.За време на разговорот двајцата претседатели разменија информации за актуелните состојби во двете држави, во контекст на справувањето со последиците од ширењето на КОВИД-19.Претседателот Пендаровски информираше за мерките што надлежните институции во земјава ги преземаат во справувањето со епидемијата и проценките за натамошниот развој на ситуацијата. Претседателот истакна дека фокусот на државите, покрај на справувањето со последиците на здравствен план, треба да биде насочен и кон справувањето со последиците на економски и социјален план.Имајќи ја предвид неодамнешната потврда на земјите-членки на Европската Унија за подготвеноста на Северна Македонија и Албанија за почеток на пристапните преговори за членство, а по откажувањето на Самитот на лидерите на Европската Унија и на земјите од Западен Балкан кој требаше да се одржи на 7 мај во Загреб поради состојбата со ширењето на КОВИД-19, претседателот Пендаровски изрази очекување дека Европската Унија ќе успее да изнајде модалитети за придвижување на процесот, во интерес на двете држави и на самата унија.Соговорниците изразија подготвеност за размена на искуства, координација и поддршка онаму каде што е потребно, во духот на солидарноста и регионалната соработка за справвување со епидемијата, како и за надминување на здравствената и социо-економска криза предизвикана од КОВИД-19.Претседателот Мета упати честитка до претседателот Пендаровски и до сите граѓани за влезот во НАТО.фото: Кабинет на претседател

Македонија | пред 6 години

korona-hrvatska

Шест пациенти со Ковид-19 починаа во последниве 24 часа

Шест пациенти заболени од корона вирус починаа во последниве 24 часа, дознава Алсат. Според информациите, 4 од нив починале во Клиниката за инфективни болести, а 2 во „8 Септември“.Со ова вкупниот број на починати лица со Ковид-19 изнесува 44.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

policija-1

Тешка сообраќајна несреќа -Скопјанец загина

Педесет и осумгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај место викано „Сатеска“.Во несреќата учествувале автомобил „астра“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(32) од село Зајас и „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(58) од Скопје.Во незгодата В.С. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево, каде починал.Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Кичево.Фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Pendarovski

Пендаровски: Шансите се извесни и големи да се прогласат нови 30 дена вонредна состојба

Претседателот Стево Пендаровски смета дека ќе се прогласат нови 30 денови вонредна состојба, со оглед на состојбите до денес. Сепак одлуката ќе се донесе во четврток на состанок на Советот за безбедност кога изминуваат првите 30 денови од прогласувањето на вонредната состојба.-Шансите се извесни и големи да се прогласат нови 30 дена вонредна состојба бидејќи внатрешните состојби кои не ескалираат, но не се значително редуцирани се уште побаруваат ваков тип ангажман од сите надлежни иснтитуции и ваков тип на состојба. Првпат вонредна состојба прогласивме во 30 години независна држава меѓутоа првпат и во светот се случуваат некои работи поврзани со пандемија на вирусот. Така, ако денес ги имам тие информации што се од надлежните институции, ако денес ме прашувате за одлука таа ќе биде во насока да се прогласат нови 30 денови, истакна претседателот Стево Пендаровски од Тетово.Тој ги посети армиските единици во касарната „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово, како и локалниот кризен штаб во општина Тетово.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

skopje-8

Во 24 часа дури 98 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие (13/14.04.) на територијата на Република Северна Македонија на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 140 лица потпишале изјави за самоизолација. Притоа, во рамки на редовните полициски контроли кај лица во изолација и самоизолација не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа, документирано е дека 98 лица не ја почитувале забраната за движење, од нив приведени се 67 лица, а за останатите земени се податоци и ќе следуваат соодветни мерки.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Protesti

МВР објави кои се приведените од Сингелиќ за кои наместо полициски час имаше протести

На 13.04.2020 во 22,00ч. во ПС Гази Баба од страна на полициски службеници биле лишени од слобода В.М. (19) од Арачиново, С.Р. (21) од с.Синѓелиќ и В.В. (30) од ул.„Алија Авдовиќ“ поради основано сомнение за сторено кривично дело  по чл.206 од КЗ на РСМ, односно непочитување на ограничувањето на движење.По лишувањето од слобода  на лицата, на ул.„Алија Авдовиќ“, поголема група граѓани излегле на истата улица во знак на протест.По изготвената соодветна документација, лицата се пуштени од полициската станица, а насобраната група граѓани се разотишла. Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитуваа ограничувањето на движење, информираат од МВР.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања