Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

noz-ubistvo-napad

Истрага за убиство во Скопје, притвор за синот кој го уби својот татко

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Осомничениот 24-годишник, на 12 април околу 23 часот, при вршење семејно насилство во семејниот дом, го лишил од живот сопствениот татко. Имено, по вербална расправија поради претходно нарушени семејни односи, осомничениот му се приближил на својот татко и му задал повеќе убодни рани со нож во пределот на раката, главата и вратот. Оштетениот успеал да се оттргне и се упатил кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кој бил во непосредна близина на неговото живеалиште, за да му биде укажана лекарска помош. Но поради обилно крварење како последица на повредите, тој починал пред влезот на Клиничкиот центар.Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор​.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Macele

Го Сечеле со жилет и нож, а на раните му ставале сол и парфем за да изнудат пари - Поднесено обвинение за две лица од Битола

Основното јавно обвинителство Битола денеска поднесе Обвинителен акт против двајца битолчани кои во периодот од 13.12.2019 до 15.12.2019 заедно договорени, како соизвршители,  со намера за себе да прибават противправна имотна корист,  сториле по едно кривично дело „Изнуда“ од член 258 став 2 во врска со став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Еден од обвинетите се товари и за сторено кривично дело „Лажно пријавување кривично дело“ од член 366 став 4 во врска со став 3 во врска со став 1  од Кривичниот законик.Обвинетите го држеле оштетениот затворен во стан во Скопје каде со употреба на сила го соблекле гол од половина нагоре, го тепале со тупаници по главата и телото, го удирале со тапиот дел од чекан и со метална шипка по главата, го пресекле со нож на левата рака и со жилет по грбот, по што му ставале сол и парфем на раните. Обвинетите на жртвата и нанеле тешки телесни повреди изразени како нагмечување, скршеници и крвна подлиеност во пределот на главата и телото. Обвинетите воспоставиле со родителите на жртвата телефонска комуникација од телефонот на оштетениот, а потоа и видео повик за време на кој повторно го тепале видно повредениот оштетен. Тие ги присилиле родителите на оштетениот на штета на својот имот да им дадат паричен износ од 1600 евра, како прв дел од вкупно 40 000 евра. Мајката на оштетениот ги донела побараните парични средства во Скопје и како што и било кажано, ги оставила во паркираното возило на нејзиниот син.Со поднесениот Обвинителен акт, Основното јавно обвинителство Битола,  еден од обвинетите го товари и за лажно пријавување на кривично дело, бидејќи на 15.12.2019 година, во 21:00 часот во просториите на СВР Битола, обвинетиот откако бил предупреден на последиците од лажно пријавување на кривично дело, лажно пријавил дека спрема него како оштетен е сторено кривично дело „Разбојништво“ и кривично дело „Противправно лишување од слобода“, за кои гонењето се презема по службена должност. Тој  навел дека помеѓу 12.12.2019 година и 15.12.2019 година бил жртва на двете кривични дела извршени наводно од првообвинетиот и уште две лица, иако знаел дека такви кривични дела не биле сторени спрема него, туку дека во периодот од 12.12.2019 година до 15.12.2019 година во наведениот стан во Скопје, самиот тој заедно со првообвинетиот учествувал во извршување на кривично дело „изнуда“ спрема вистински оштетеното лице.Јавниот обвинител кој постапува во предметот до судот денеска достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор, сметајќи дека доколку обвинетите се на слобода ќе имаат непречена можност да го попречуваат водењето на кривичната постапка и утврдувањето на фактичката состојба со влијание врз сведоците, дека постои можност да го повторат кривичното дело, како и да се дадат во бегство.​​фото: Minghui.org 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Спасовски: Голема благодарност до УСАИД и УНИЦЕФ за нивната помош во напорите на државата да одговори на КОВИД-19

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска го посети дистрибутивниот центар на Црвениот крст во Момин Поток за да се одбележи партнерството и поддршката со УНИЦЕФ и УСАИД во борбата против вирусот КОВИД-19.Во прилог на оваа соопштение Ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Спасовски:Глобалната здравствено-економска криза влијае посебно на семејствата кои живеат во супстандардни услови, кои се меѓу најзагрозените. Предизвиците растат а со тоа и бројот на лица, вклучително и деца, на кои им е неопходна заштита и сместување.Согласно препораките на Владата за превенција и спречување на ширење на короновирусот, обезбедени се маски и гелови за дезинфекција за семејствата кои живеат во супстандардни услови и семејствата во ризик.Сакам да ја изразам мојата, и благодарноста на Владата, во име на народот на Северна Македонија, до УСАИД и УНИЦЕФ за нивната помош во напорите на државата да одговори на КОВИД-19. Посебно признание сакам да изразам до сите волонтери на Црвениот крст, коишто се максимално посветени и вклучени во справувањето со оваа здравствена криза.За семејствата кои живеат во супстандардни услови подготвени се пакети со хигиенски и заштитни средства и тие ќе се дистрибуираат во соработка со тимовите на Црвен крст.Се грижиме за оние кои се најранливи, полесно да ги пребродат предизвиците.Но најважно од се е, во овие исклучително сложени околности, сите да ги почитуваме препораките да останеме дома и на минимум да ги сведеме социјалните контакти.Ако сакаме да излеземе како победници во оваа битка, многу е важно да ги прифатиме и спроведуваме мерките за претпазливост како што е физичката дистанца, да ги сведеме контактите на најнеопходните, и да го оневозможиме пренесувањето на вирусот.

Македонија | пред 6 години

direkcija-3

Заврши кризната состојба во Дебар и Центар Жупа

Минатиот викенд, 11-12.04.2020, заврши кризната состојба на териториите на општините Дебар и Центар Жупа. На денешната седница Владата на Република Северна Македонија, по предлог на Главниот координативен кризен штаб, реши да се укинат сите дополнителни мерки предвидени за територијата на споменатите две општини кои беа на сила спрема акцискиот план подготвен на самиот ден, 13.03.2020, на стапување на сила на кризната состојба, прогласена за времетраење од 30 дена.Од денешен ден за Дебар и Центар Жупа на сила се само мерките кои важат за територијата на целата држава.-         Од епидемиолошки аспект, воведувањето на кризната состојба придонесе во последните 10 дена, да немаме нови случаи на заразени лица со коронавирус. Досегашниот биланс, се надеваме конечен, е следен :Од 49 потврдени пациенти со КОВИД-19 – 16 се излечени, 4 починати, за 8 се чекаат резултатите од второто тестирање, 29 пациенти се на домашно лекување.-         Медицинските лица, како локалните, така и тие дојдени на испомош од другите делови на државата ја заслужуваат најголемата благодарност и пофалба за се што направиле и прават за граѓаните на Дебар и Центар Жупа.-         Јавно би ги пофалил локалните власти предводени од градоначалникот на град Дебар, Хекуран Дука, инаку по професија доктор, кои, во тесна соработка со подрачните единици на централните институции, цело време беа максимално ангажирани за ефикасно справување со ситуацијата. Преку Општинскиот кризен штаб и максималната поддршка на  постојаниот штаб на подрачната единица на Центарот за управување со кризи, секојдневно бевме информирани за се што се случуваше.-         ЦУК секојдневно, преку учество на состаноците на ГККШ, ги пренесуваше сите барања кои беа доставени од кризното подрачје, и можам да констатирам дека на 95 отсто од барањата, (документирано преку дневните извештаи), беше одговорено и постапено.Благодарност и до припадниците на МВР, Армијата на РСМ, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, невладините хуманитарни организации и сите други за нивниот голем придонес за надминување на кризната состојба.Најголема честитка заслужуваат граѓаните на Дебар и Центар Жупа кои максимално се придржуваа до сите мерки донесени од страна на институциите на системот. Нивното трпение и високата граѓанска свест, придонесоа да имаме релативно и компаративно мал број на заразени и починати.Најтешкото го поминавме во Дебар и Жупа, да се надеваме и работиме да што поскоро го поминеме во целата држава, преку дисциплина и висока граѓанска свест.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Презентирана апликацијата СтопКорона!

Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за здравство, денеска ја презентираа апликацијата СтопКорона! Станува збор за мобилна апликација изработена според најдобрите светски практики во справување со коронавирусот, наменета за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица. Апликацијата е донација од „Некстсенс“ за Министерството за здравство, која има за цел мобилизирање на заедницата во заедничкото дејствување за детекција на ширењето на КОВИД-19, како поддршка на здравствените работници во справувањето со кризата.Како што истакна министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, при изработка на оваа апликација најважно ни беше да гарантираме безбедност и заштита на податоците, да биде едноставна за користење и апликацијата да им помогне на епидемиолозите во процесот на анкетирање на лица кои се позитивни на КОВИД-19.„Одговорно тврдиме дека апликацијата гарантира целосна заштита на приватноста. Таа во никој случај НЕ ги следи контактите, не користи локација, ниту име и презиме на оние кои ја користат апликацијата. Функционира со анонимизирани кодови (шифри) кои се генерираат за секоја апликација со нејзиното активирање. Единствен податок што го бара апликацијата е мобилниот број на корисникот. Корисникот е потребно доброволно да го внесе својот мобилен број за да ја активира апликацијата (го потврдува својот број со внес на СМС код пратен на тој број). Овој податок се евидентира на безбеден сервер на Минстерството за здравство. Ниту еден друг корисник нема пристап до мобилните броеви, ниту пак некаде се чува податок за сопственикот на бројот.Дополнително, функционира на доброволна база, односно единствено во случај кога корисник на апликацијата ќе добие резултати дека е позитивен на КОВИД-19,  може доброволно да ги прати податоците од својата апликација до Министерството за здравство “, информираше министерот Манчевски.За граѓаните дополнително да бидат сигурни дека можат да веруваат на апликацијата, во наредните неколку денови тим на експерти од оваа област ќе имаат пристап до сорс кодот на апликацијата, по што ќе дадат и свој став за начинот на којшто функционира СтопКорона.Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче изрази благодарност до министерот Манчевски и неговиот тим и компанијата „Некстсенс“ кои интензивно во изминатиот период работеа на изготвување на оваа апликација.„Апликација којашто значајно ќе ја олесни работата на епидемиолозите во утврдување на примарните, односно секундарните контакти на заразените лица. Ние сме во фаза во која го очекуваме пикот на бројот на заболени, фаза во која се уште идентификуваме активно заболени лица и сите нивни примарни контакти ги ставаме во самоизолација. Тоа е еден од начините да се спречи ширењето на инфекцијата, а оваа апликација значајно ќе ја олесни работата на епидемиолозите заради тоа што на некој начин ќе ја замени работата на прашалникот по којшто работат и со оваа алатка многу лесно може да се стигне до примарните контакти“, изјави министерот Филипче.Директорот на „Некстсенс“, Васко Кроневски информираше за процесот на изработка на оваа апликација.„Во знак на поддршка на заедницата и на напорите што Министерството за здравство, Министерството за информатичко општество и администрација и Владата ги прават за справување со оваа вонредна состојба, со огромен ентузијазам, во исклучително краток период ја осмисливме и реализираме мобилната апликација СтопКорона, изработивме веб страна за информирање на јавноста и позадински систем за здравствените работници за спречување на ланецот на ширење преку брза идентификација на потенцијално заразени лица. СтопКорана е мобилна апликација изработена според најдобрите светски практики во справување со коронавирусот, водејќи сметка за целосна заштита на приватноста на корисниците на апликацијата“, рече Кроневски.Апликацијата од денеска е достапна за сите граѓани на мобилни апликации за iOS и Android.Во само еден ден, апликацијата ја инсталираа повеќе од 5.000 граѓани.

Македонија | пред 6 години

13042020_VRSM_Sredba_1

Спасовски: Благодарност за донацијата од еден милион хируршки маски од Чешка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, придружуван од заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со Мирослав Томан, амбасадорот на Чешката Република во нашата држава.На средбата, премиерот Спасовски, изрази благодарност во негово име, во име на Владата и на граѓаните на нашата земја, за донацијата од Чешка, од еден милион хируршки маски, донесена пред три дена, на 10-ти април 2020 година, нагласувајќи дека таа ги одразува одличните пријателски односи меѓу двете држави.„Оваа конкретна голема помош од Чешка што се реализираше брзо и навремено е исклучителен гест на пријателство и соработка и потврда дека односите меѓу Република Северна Македонија и Чешката Република се на највисоко ниво. Во вакви околности со какви што е соочен светот, секоја помош е добредојдена. Чешката Република, како за време на мигрантската криза, кога пружи меѓу најголемите поддршки на нашата држава и сега ги покажува пријателството и солидарноста на дело. Посебно ја почитуваме поддршката што доаѓа и од ЕУ и од НАТО земјите членки. Само заедно можеме да ја надминеме пандемијата со којашто се справува светот“, рече премиерот Спасовски.На состанокот се пренесени поздрави од чешкиот премиер Андреј Бабиш и од министерот за надворешни работи на Чешка, Томаш Петричек, кои се заложиле донацијата кон нашата земја да биде испорачана во најкус можен рок, на што премиерот Спасовски упати возвратни поздрави и благодарност.На состанокот се споделени искуства за пренамена на производства на компании, во двете држави, со цел обезбедување на потребната опрема за здравствените работници, полицијата, пожарникарите, службите за интервенција во државите, како и други искуства во справувањето со здравствено-економската криза.Беше заеднички констатирано дека е од голема важност почитувањето на потребните мерки и донесените владини одлуки од страна на граѓаните, чие што одговорно однесување е значајно во надминувањето на кризата.Споделени се и честитки за велигденските празници во државите, со верба дека светот, заедно и солидарно ќе ја премости пандемијата и ќе се врати на тековните активности во време во кое што кризата ќе биде надмината.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

1.579 јавувања за една недела во контакт центарот за економските мерки

На телефонскиот број 02/324-8040,  којшто од минатиот понеделник функционира како контакт (телефонски) центар на Владата на Република Северна Македонија и кој е наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските мерки на Владата, за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, во периодот од една недела, односно од 6-ти до 11-ти април регистрирани се вкупно 1.579 јавувања. Контакт центарот е обезбеден од МАСИТ како донација од компанијата Ассеко СЕЕ Македонија.Постои голем интерес за користење на владините економски мерки кај компаниите и граѓаните, притоа, најчесто поставувани прашања (96%), од вкупниот број прашања се следните:-можноста за користење на финансиска поддршка за исплата на минимална плата за работниците;- можности за граѓаните во случај на невработеност и отпуштање од работа;- кредитирањето преку Развојна банка на Република Северна Македонија;- постапка за издавање дозволи за движење на вработени за време на полициски час.На прашањата кои пристигнуваат во контакт центарот, одговараат стручни лица, а одговорите може да се добијат на македонски и на албански јазик. Кол центарот работи од 8:00 до 17:00  часот од понеделник до петок, а во сабота од 9:00 до 14:00 часот. Со цел да се одговори на што поголем број повици контакт центарот од денеска работи со зголемен капацитет.Со цел навремена и детална информираност на компаниите и граѓаните за економските мерки на Владата на Република Северна Македонија, а во согласност со интересот за поединечните мерки, подготвен е и документ во кој се содржани одговори на најчесто поставуваните 25 прашања во изминатиот период.За да пристапите на документот со одговори на најчесто поставуваните прашања кликнете на следниот линк.

Македонија | пред 6 години

dobre-mitrev

Митрев: Се препознавате ли сега претседателе на ОК-ВМРО-ДПМНЕ-Могила?

Од неофицијални извори добив информација која верувам дека МВР во текот на денешниот ден уредно ќе ја објави во својот билтен, дека претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ- Могила, Оливер Ристески, на 11.4 2020 година, за време на полициски час, бил фатен како краде дрва. Оваа информација ја прифаќам како големо разочарување, бидејќи актот сепак е извршен од лице кое има висока функција во редовите на опозициската партија ДПМНЕ, и верувам дека има следбеници кои го почитуваат и му веруваат, истакна Добре Митрев, носител на ИЕ4- ГДУ, во изјавата до медиумите дадена вчера.Се поставува прашањето, ако еден претседател на ОК на една општина направил ваков кривичен, срамен и недозволив акт, каков пример им дава на своите слебеници и на каков начин има план да ја води својата општина, доколку дојде до некаква функција? Дали за ваквиот тип на луѓе ќе важи правото и законот како и за обичните кои не се претседатели или водачи на одредени партии и движења? Дали партијата ВМРО-ДПМНЕ планира да преземе било какви чекори и да го исчисти својот срам во општина Могила?Се наоѓаме во многу специфично време , време кога се бориме сите заедно против опасниот вирус Ковид-19. Владата донесе законска уредба за полициски час, каде што почнува од 10.04 2020 година и трае до 13.04 2020. Според ова претседателот на ОК- ВМРО-ДПМНЕ-МОГИЛА, Оливер Ристески, не ја испочитувал ниту законската уредба за полицискиот час! Криминал, непослушност, несериозност во високите редови на ДПМНЕ! Ова е нешто на што граѓаните треба да обрнат големо внимание и да бидат претпазливи на кого ќе го дадат својот глас на следните избори. Замислете само во опозициско време, претседател се дрзнал да краде дрва, како би било во позициско? Се надевам дека одговорните институции ќе го решат овој случај и соодветно ќе одговорат на криминалот кој е направен.13.4 2020 годинаВо прилог на моето соопштение од 12.4 2020 година ви го испраќам следниот линк од Министерството за внатрешни работи како потврда: https://mvr.gov.mk/dneven-bilten/1828?fbclid=IwAR01XjDaRlxLgYCx6jSOh9eVei4nWl2p0gIWxHRaBOWicKb7Ew89mRlZWbs Г. Ристески вие предизвикан од мојот статус во коментари ми го опишавте вашиот живот како земјоделец кој ниту беше спомнат во мојот текст, ниту апсолутно беше цел на моето соопштение. Ми се заканивте со клевета. Јас сега прашувам. До кога ќе манипулирате со народот? Дали мислите дека начинот на кој што сакавте да ја извртите работата уште пали кај народот? И покрај тоа што пробавте бесрамно да лажете дури и да ми се заканите за кое јас ви одговорив дека ќе се извинам ако не е така, вие упорно до крај се трудите да се наметнете како жртва. А жртва не сте. Повелете линк од Министерството за внатрешни работи. Се препознавате ли сега претседателе на ОК-ВМРО-ДПМНЕ-Могила? И ве молам поштедете ме од оцрнување на вашето семејство. Тоа никаде не е спомнато. Се работи за тоа дека сте претседател а ве приведува полиција, истакна Добре Митрев, носител на ИЕ4- ГДУ. фото: ГДУ      

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Петрески до МПЦ: Отворете ги Црквите за Велигден кои не биле затворени ни во турско

Претседателот на Општинскот комитет на Единствена Македонија Прилеп, Звонко Петрески, на денешната прес конференција упати порака до Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија. Изјавата ви ја пренесуваме во целост:-Единствена Македонија како и секогаш кога македонскиот народ е во опасност, така и во време на наметнат хаос и страв, нема да го остави македонскиот народ незаштитен, посебно кога се работи за духовните вредности, кои се стожерот за опстанок, на нас, Македонците во Македонската Православна Црква.Со член 19 од Уставот на Република Македонија се гарантира слободата на вероисповеста. Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата.До Синодот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија!Нели ви е срам што до сега не се дрзнавте да издејствувате слобода на православната исповед загарантирана со уставот за православниот македонски народ???Зошто дозволивте преќутно народот да биде во незаконска забрана за одржување на редовните литурии, спиете ли во некој зимски сон, во пред торжественото салвославие, на најголемиот христијански празник ,,Христовото Воскресение,,???Каде сте да се произнесете со ваш став за тоа зошто ни ги затвораат православните храмови, зошто ни забрануваат да го славословуваме БОГА по нашите православни храмови, зошто молчите и клечите на колена пред оние што ги донесуваат овие без божнички закони со кои ни се забранува загарантираното уставно право од членот 16 од Уставот на Република Македонија, и со кој ни се укинува торжественото Богославие, на литургии и прославувањето на најголемиот наш христијански празник Велигден, кој за воља на вистината ниту во турско не било забрането да се прославува.Каде сте да дадете ваш придонес, да се изборите пред овој ненароден режим , кој, ако не кренеме глас, Ние, Македонците, ќе ни го забрани и правото на дишење на воздух...Со секоја почит кон вас како синод на МПЦ, но, Единствена Македонија ви порачува, да во најбрз можен рок, излезете со известие и јавно се произнесете за состојбата во која се наоѓа Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија.Која е вистинската причина што после два милениума да се забранува славењето на најголемиот христијански празник ,,Христовото Воскресение“. Јавно да кажете, дали сте со било што уценувани да молчите за сето ова и дали ќе се изборите да по примерот на Бугарската православна црква која ги отвора вратите на црквите за Велигден, и ние Македонците во своја држава и оваа година како и сите досега претходните, во нашите храмови да го прославиме Велигден како што доликува, Претседателот на Општинскот комитет на Единствена Македонија Прилеп, Звонко Петрески. фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 6 години

korona-denes

26 нови случаи на Ковид 19, три лица оздравеа, а четири починаа

Во изминатото деноноќие се потврдени 26 нови случаи на Ковид 19 и со ова бројот на заболени во земјата се искачи на 854 дијагностицирани пациенти.По градови:-Скопје - 4-Куманово – 11-Прилеп – 3,-Тетово - 4-Велес – 2-Кочани - 1-Пробиштип - 1Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2361827267457626/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

grobista-1

(ФОТО) Скршени 62 надгробни плочи на гробиштата „Камник“

Вандалски чин во петокот се случил на гробиштата „Камник“ со кои стопанисува Акционерското друштво за погребни и придружни дејности „Бутел“. Непознати лица скршиле 62 надгробни спомен-плочи.Како што информираат од АД „Бутел“, спомениците се комплетно скршени. – Сторителите оделе од гроб на гроб и со тврд предмет, најверојатно со чекан, ги кршеле вертикалните спомен-плочи и при паѓањето на парчињата се оштетени и хоризонталните плочи долу. Дел од мермерните парчиња помалку оштетиле и други – објаснуваат за весникот ВЕЧЕР од АД „Бутел“.фото: ФБ Дарко Димитриески  

Скопје | пред 6 години

skopje-8

Од петок до вторник во каратин, нови мерки од Владата

Претседателот на македонската влада, Оливер Спасовски на својот фејсбук информираше дека на денешната владина седница донеле одлука за ограничувањата на движењето за период којшто ни претстои, вклучително и велигденските празници.„За време на викендот, вклучително и понеделник, од петок 17 април во 16 часот, до вторник 21 април во 05 часот, се забранува движењето за сите граѓани.Останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.Дополнително, од четврток 16 април 16 часот, до вторник 21 април 05 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава“, напиша Спасовски.„За лицата над 67-годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 21 април, за овие граѓани има целосна забрана.За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 21 април, за овие лица има целосна забрана.Останува активна забраната за движење на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено“, напиша Спасовски.

Македонија | пред 6 години

koronavirus-bolnica

Нови 26 случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1, соопштува Министерството за здравство.Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица.Според местото на живеење, досега се регистрирани во: Скопје – 316 Куманово – 211 Дебар – 49 Штип-27 Прилеп –75 Тетово – 37 Струга – 43 Велес – 32 Битола –9 Охрид –4 Кавадарци – 3 Гостивар –8 Гевглелија – 4 Струмица – 2 Крива Паланка-3 Радовиш – 4 Крушево – 3 Кочани – 22 Пробиштип – 2Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку ИЈЗ – 317, преку Ветеринарен ф-тет -13, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.552 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 6 години

infektivna_klinika-610x400

Починаа четири пациенти на Инфективната клиника од коронавирус

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти – 79-годишна пациентка од Скопје, пациент од Велес на 58-годишна возраст, пациент од Прилеп на 67 години и уште еден 63-годишен пациент од Скопје.Денеска во Штип се регистрирани тројца оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1, соопштува Министерството за здравство.Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица.Според местото на живеење, досега се регистрирани во: Скопје – 316 Куманово – 211 Дебар – 49 Штип-27 Прилеп –75 Тетово – 37 Струга – 43 Велес – 32 Битола –9 Охрид –4 Кавадарци – 3 Гостивар –8 Гевглелија – 4 Струмица – 2 Крива Паланка-3 Радовиш – 4 Крушево – 3 Кочани – 22 Пробиштип – 2Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку ИЈЗ – 317, преку Ветеринарен ф-тет -13, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.552 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 6 години

zarko

Охриѓани до Караџоски: Не е време за хуманост, туку за спречување на заразата

Не е време за хуманост, туку за спречување на заразата, му порачаа дел од охриѓани на епидемиологот од Институтот за јавно здравје, Жарко Караџовски, откако тој вчера порача дека не е хумано, ни коректно, ниту епидемиолошки издржано барањето на Општина Охрид да се забрани влез и излез за жители од други градови. Жителите на Охрид, но и околните туристички места преку коментари на социјалните мрежи изразија револт кон ставот на Караџовски. „Дали е нормален Караџоски? И по првиот случај во државата излезе и кажа дека не може да се затворат границите, протокот на пари мора да течел. Па дали си нормален ти Караџоски, како сега сите граници се затворени? Италија како се штити, регионите се затвораат за други жители за да немаат заразени лица. Слободно нека го затворат Охрид дури е со време!“, е еден од коментарите на социјалните мрежи, објави А1 ОН.Охриѓани и покрај ставот на докторот Караџовски, не отстапуваат од барањето Охрид да биде затворен за време на велигденските празници, бидејќи, тридневниот карантин нема да ги спречи жителите на другите градови да отидат во Охрид. Некои од нив бараат Караџовски повеќе да не ја извршува функцијата на која е поставен.„Абе браво, во Охрид има само четири случаи, па имаме полициски час поради други градови и држави. Хумано е да доаѓаат непрегледани во Охрид? Ти имаш грам ум?“, стои во еден коментар, а друг пак, вели: „Кажи нешто за тоа што сите сме затворени по домовите, или имаш стан/викендичка во Охрид и те боли сега? Обичниот народ може да биде затворен, а олигарсите не. Нив коронка ништо не им може“. Текстот во целост на: А1ОН

Македонија | пред 6 години

culev

Министерот Чулев им се заблагодари на граѓаните за почитувањето на полицискиот час

Согласно одлуките на Владата, викендов на територијата на целата држава се спроведе ограничувањето на движењето кое заврши денес во 05 часот. Во таа насока уште еднаш упатувам благодарност до оние граѓани кои се свесни за предизвикот со кој се соочуваме сите и ги почитуваат одлуките на Владата за забрана на движењето и препораките за социјално дистанцирање, напиша на својот ФБ профил министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, по однос на забраната за движење евидентирано е дека:✅ На ниво на целата држава 172 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Најголемиот дел од нив се на подрачјето на СВР Скопје и се лица на возраст од 18 до 67 години.✅ Според статистичките податоци 253 лица потпишале изјави за самоизолација.✅ Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.https://www.facebook.com/NakjeChulev/photos/a.116423386551131/149076389952497/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

nbrm-narodna-banka

Седница на КОМП: Намален понудениот износ на благајнички записи

Денес се одржа седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (КОМП) на која беше одлучено да се намали износот на благајничките записи кои банките можат да ги запишат кај централната банка, при задржување на основната каматна стапка на непроменето ниво. На седницата беа разгледани најновите показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.Притоа беше одлучено на аукцијата којшто ќе се одржи на 15 април 2020 година понудата на благајнички записи да се намали за 8.000 милиони денари во однос на достасаниот износ. Следствено, на аукцијата ќе бидат понудени 17.000 милиони денари, по непроменета каматна стапка од 1,75%. Средствата ослободени со намалената понуда кај благајничките записи се очекува да придонесат за натамошна поддршка на македонската економија преку одржување на кредитните текови и на кредитниот циклус од страна на банкарскиот систем. Ваквите мерки следуваат по намалувањето на основната каматна стапка, регулаторните измени со коишто се обезбедува поголема флексибилност и им се остава поголем простор на банките да се фокусираат на процесот на кредитирање, како и на измените кај задолжителната резерва со коишто се ослободува дополнителна ликвидност и се дава поддршка на кредитирањето на најпогодените сектори во економијата. Обезбедувањето на дополнителна ликвидност е особено важно, имајќи ја предвид специфичноста на шокот и мерките коишто се преземаат за негово сузбивање.По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во два наврати оваа година, на оваа седница беше одлучено таа да се задржи на нивото од 1,75%. Појавата на новата вирусна инфекција ковид-19, како неочекуван надворешен шок, се очекува привремено неповолно да се одрази и врз глобалната и врз домашната економија. Во вакви околности, а во услови на солидни девизни резерви и ниска инфлација, монетарната политика на Народната банка од почетокот на годината го задржа прилагодливиот карактер, при што основната каматна стапка беше намалена за вкупно 0,5 процентни поени и се сведе на нивото од 1,75%. Со оглед на веќе извршеното олабавување на монетарната политика, на оваа седница на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, како соодветно на тековните економски и финансиски услови.На седницата беа разгледани и движењата на меѓународните финансиски пазари, коишто се одликуваа со исклучително висока променливост и насоченост на инвеститорите кон безбедни вложувања. Следствено, забележан е изразен пад на цените на акциите со истовремено зголемување на цените на безбедните инструменти на историски највисоки нивоа. Валутниот пар евро/САД-долар има значително променливи движења, а падот на цената на нафтата продолжи, во услови на висока глобална понуда на овој енергент при намалување на побарувачката. Со цел да се поддржи економската активност во условите коишто се поврзани со вонредните мерки за справување со коронавирусот, заради коишто на глобално ниво има прекин на синџирите на понуда, застој во трговијата и предизвици во функционирањето на повеќето економски дејности, централните банки на најголемите економии пристапија кон значително олабавување на монетарните политики, а владите кон зголемување на фискалниот поттик.Комитетот ги разгледа и најновите економски показатели во домашната економија. Последно расположливите податоци упатуваат на стабилни текови, но неизвесноста од идните макроекономски ефекти од пандемијата на ковид-19 е голема. Расположливите високофреквентни податоци за економската активност за периодот јануари-февруари 2020 година засега упатуваат на продолжување на растот на економијата и во првиот квартал од годината, но ризиците за следниот период се неповолни. Во однос на инфлациските движења, заклучно со крајот на март, просечната годишна стапка на раст на потрошувачките цени изнесува 0,6%, што и натаму е пониско остварување во однос на октомвриската проекција. Нивото на девизните резерви и натаму се одржува во сигурната зона, при што остварувањата во првото тримесечје од оваа година, генерално се во согласност со очекувањата. Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за март покажуваат натамошен годишен раст и на депозитите и на кредитите, без поголеми отстапувања од проекцијата за првиот квартал од годината.И покрај засега стабилните текови, појавата на новата вирусна инфекција, како неочекуван надворешен шок, се очекува да се одрази врз домашната економија во повеќе сегменти, што ќе значи и поголемо отстапување од октомвриските проекции. Влошувањето на глобалното окружување и мерките преземени за спречување на ширењето на вирусот, ќе доведат до влошување на деловната активност кај дел од економските дејности и ќе влијаат врз очекувањата на економските субјекти за следниот период. Сепак, се оценува дека овие отстапувања не се предизвикани од поместувања во економските фундаменти и засега се очекува да бидат од привремен карактер.Народната банка останува доследна на успешното спроведување на своите цели – одржување на стабилни цени, стабилен девизен курс и одржување на финансиската стабилност, притоа давајќи поддршка на реалниот сектор преку обезбедување поволни финансиски услови. Како и досега, се продолжува со внимателно следење на развојот на настаните, како и на потенцијалните ризици од окружувањето и на нивните ефекти врз домашната економија, заради соодветна и навремена реакција преку приспособување на политиките и преземање на други, дополнителни мерки, доколку тоа е потребно. 

Македонија | пред 6 години

smet

Попова до Шилегов: Доста позираш, кривично треба да одговараш што го труеш Скопје со дивата депонија Вардариште

Додека цело Скопје се справува со заразна пандемија, Шилегов го труе градот со смет, кој градот го фрла на дивата депонија зад мене. Овде смет оставаат возилата на градската комунална хигиена, истакна Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.Значи наместо да се грижи за сметот, градот Скопје прави смет.Фотографиите кои ги објавивме во текот на вчерашниот ден, а и во секојдневието, покажуваат дека оваа дива депонија е преполна со луѓе кои собираат железо и друг отпаден материјал, а и присуство на мали дечиња, што преставува потресна глетка и тажна реалност за градот Скопје.Шилегов создава еколошка бомба со фрлањето смет на дивата депонија со која го загрозува здравјето на илјадници Скопјани.Поважен му е пи-арот од решавањето на проблемите.Шилегов сака да се молчи за овој проблем и вистинските проблеми ги става под тепих.Но тој е должен да одговори како дозволил возила на комунална хигиена да оставаат смет сред Скопје на дива депонија.Наместо да чисти депонии, Шилегов создава депонии. Наместо враќање на сјајот на Скопје, Шилегов ги враќа депониите.Има ли Инспекторат за заштита на животната средина во оваа држава?Го повикуваме и заспаното Министерство за животна средина да реагира, истакна Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје, истакна Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

Македонија | пред 6 години

ohrid-111

(ВИДЕО) Колони возила низ центарот на Охрид, еве како изгледа градот во моментов

Охриѓани максимално ги почитуваа мерките и препораките за време на долгиот викенд полициски час. Но денеска сликата од раните утрински часови крајно спротивна. Автомобили, гружви низ центарот на Охрид. Граѓаните велат дека со оглед на тоа што денеска полицискиот час почнува од 16 часот, мораат да завршат обврски, но и да набават намирници.Еве како изгледа Охрид во моментов...

Македонија | пред 6 години

gjubre-3

(ФОТО) Скопје веќе трет ден се гуши во смет

Контејнерите ширум Скопје преполни со смет, веќе со денови нема кој да ги испразни. Откако скопски комуналец соопшти дека нивните вработени немаат дозовли за излегување во полициски час, веќе трети ден, ѓубрето се трупа на сите страни, а се шири и одвратна миризба.Фотографиите се од скопски Карпош, каде сметот е буквално насекаде, од тревникот, до патеката за велосипеди. Сметот не е собран ниту по куќите во населбите и непознато е кога ќе се собере. Скопјани реагираат, велат дека освен короната, ќе ги покоси и некоја зараза.„Нека си најдат решение. Не е дозволиво волку смет да се трупа тука. Јас ѓубрето ќе си го вратам дома, бидејќи не сакам да бидам несовесен и да го оставам во тревникот. Препоплно е, гледате. Наместо од коронавирус, ќе се испозаразме од ѓубрево“, вели жител на Карпош кој го затекнавме близу отпадот.Засега непонато е кога комуналното претпријатие ќе го собере отпадот. Претходно, отпадот во делот на Ѓорче Петров, Карпош и Центар се собираше доцна навечер.фото: Скопје 1

Скопје | пред 6 години

skopje-3

На ниво на целата држава  172 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени 134 лица

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (12/13.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава  172 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така според статистичките податоци не се издадени решенија за изолација, а 253 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Додека сите се борат против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ се бори против здравствениот систем

Додека сите институции, здравствени работници, државни службеници, вработени во полицијата и војската, сите се борат против коронавирусот, само ВМРО-ДПМНЕ стои отстрана и тера политикантство и популизам.  Деструктивноста, лажните вести што секојдневно се пласираат од белиот дворец се опасни по здравјето на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.Во ова време кога целиот свет се справува со заканите од коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ на дело го покажува сето свое лицемерие.Последен доказ за тоа се неоснованите напади од страна на Игор НиколовКолку Игор Николов е загрижен за здравството најдобро покажува тоа што тој ја напуштил позицијата во Клиниката за нефрологија и станал економски промотор во Франција без никакво искуство во областа на економијата и маркетингот.Зошто Игор Николов по само неколку месеци ангажман како раководител на Одделот за трансплатација на Клиниката за нефрологија, наместо да му помага на јавното здравство, ја напуштил оваа функција за да со целото свое семејство замине за ПаризКолкава количина на заштитна опрема можеле да се набават со парите кои се потрошиле за Николов и за престојот на целото негово семејство во Париз? Колку и какви инвестиции донесе Николов додека се шетал по Франција пратен од неговиот шеф Никола Груевски?Таквото несериозно, лицемерно и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ го ценат граѓаните, кои многу добро знаат кој работи за заштита на нивното здравје, а кој очајно се обидува да профитира во време на сериозна здравствена состојба, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Во услови на криза наместо владата да им помага на граѓаните и семејствата таа ги оптоварува со трошоци

Владата повторно планира да зема од сиромашните за да го покрива расипништвото и неспособноста на функционерите на Зоран Заев. На СДСМ не им е доволно што ги оставија граѓаните и компаниите на цедило во време на пандемија сега дополнително сакаат да удрат по и онака празните џебови со покачување од 2 денари на акцизата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Стопанството е на помошни апарати, работниците се соочуваат со отпуштања, на државата и се заканува економска рецесија, а во такви услови власта реши дополнително да ги оптовари граѓаните со нови давачки. Ваквата мерка ќе се одрази на патниот транспорт и зголемување на цените што ќе резултира со намалување и на онака уништените семејни буџети. Така еден повратен билет Скопје - Берово кој чини 730  ќе се порасне над 800 денари, што значи во просек покачување од 70 денари.Во услови на криза наместо владата да им помага на граѓаните и семејствата таа ги оптоварува со трошоци. Истото ќе се случува и со другите меѓуградски релации и ваквото покачување ќе го почувствуваат сите граѓани и компании. Власта единствено носи мерки за да им земе пари на граѓаните и да го полни буџетот кој СДСМ го испразни. Македонија со ваква власт единствено ја чека хаос и рецесија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

DSC_0113

Побарани казни за 17 прекршители на полицискиот час во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите во периодот од 10 до 12 април, за време на пандемија на опасна заразна болест COVID-19, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување односно Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за движење.Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Битола му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

skopje-8

Тринаесет лица обвинети за непочитување на здравствените прописи во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе осум предлози за издавање казнени налози против вкупно 13 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење.Јавното обвинителство на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на сите обвинети да им изрече парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања