Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

korona-1

Драстично зголемен бројот на заболени од коронавирус за еден ден 68 лица позитивни на КОВИД - 19

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 15, Куманово – 18, Прилеп -14, Тетово -2, Струга – 10, Велес – 6, Битола -1, Гостивар -1 и Кочани -1.Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:       Скопје – 312       Куманово - 200       Дебар – 49       Штип-27       Прилеп –72       Тетово – 33       Струга – 43       Велес – 30       Битола –9       Охрид –4       Кавадарци - 3       Гостивар –8       Гевглелија – 4       Струмица – 2       Крива Паланка-3       Радовиш - 4       Крушево – 3       Кочани – 21       Пробиштип - 1Во изминатото деноноќие направени се 404 теста. Преку ИЈЗ – 300, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.057 тестирања на Ковид -19.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина.Во „8 септември“, примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина.Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Пациентите се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика.Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

krazbi

Во Скопје две лица уапсени за кражба

Во текот на полицискиот час на 11 април, скопската полиција во два одделни случаи уапсилa лица за кои постои сомнение дека сториле кривично дело тешка кражба.Во првиот случај, во утринските часови на вчерашниот ден, полициски службеници на подрачјето на Чаир, за време на забраната за движење, уапсиле 21-годишна скопјанка, затоа што при извршен преглед кај неа биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело тешка кражба.Во попладневните часови, пак, при полициска патрола на булеварот „Филип Втори Македонски“, уапсен бил 41-годишник од селото Кучевиште, кај кого исто така биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се украдени.По документирање на двата случаја, против уапсените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

skopje-2

На ниво на целата држава 138 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (11/12.04.), по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 138 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 121 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така, според статистичките податоци на 77 лица им се издадени решенија за изолација, а 335 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

skopje-5

Лицата со попреченост не треба да вадат дозвола за движење, со себе да носат наод

На актуелни прашања за социјалните мерки што ги донесе Владата на Република Северна Македонија, во рамки на серијата информативни видеосесии „КОВИД-19, прашања и одговори“, вчера одговараа заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка, Санела Шкријељ.„Викендов важи 61-часовна забрана за движење, но лицата со попреченост можат во сабота и недела од 11:00 до 13:00 часот да бидат надвор, со придружник а во работните денови од 19:00 до 20:00 часот. Владата одговори на барањата на лицата со попреченост затоа што за нив движењето е терапевтска активност“, рече Шкријељ, објаснувајќи дека тие не треба да вадат дозвола за движење, туку со себе треба да имаат наод или решение кое ја докажува попреченоста.Заменик министерот Бајрактар разјасни што наложува Уредбата за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во делот на одморите.„Работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус КОВИД-19, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, треба да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот. Што се однесува на годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус КОВИД-19, треба да го искористат до 30 јуни 2020 година“, рече Бајрактар, потсетувајќи дека годишниот одмор е календарска категорија и треба да се користи, по правило, во годината за којашто се однесува. Секој работник кој е во работен однос најмалку шест месеци во претходната година, со право на годишен одмор не се стекнува на 1 јули, туку на 1 јануари.Бајрактар посочи дека одредбите за користење на одморот се однесуваат за вработените опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус КОВИД-19, и не важат за работниците кои всушност би работеле и од дома, односно од далечина. Затоа и Уредбата вели "...согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот". Уредбата има за цел да биде во корист на одржување на работата и работните процеси, секако таму каде што е можно, а онаму каде што не е, состојбата да не предизвика дополнителни трошоци за работодавачите.За работниците во јавниот сектор донесена е посебна уредба согласно која оние работници кои се работно ангажирани за времетраење на времените мерки, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година може да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и врз основа на одобрение на раководното лице на институцијата. Заменик министерот Бајрактар објасни дека на оние вработени во јавниот сектор кои се ослободени од работа, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година ќе им се смета за искористен. Исклучок се работниците во Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана и Армијата, јавните здравствени установи, царинските службеници, единиците за противпожарна територијална заштита, во инспекциските служби, како и лицата што работат во старечките домови, и за нив важи дека неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година и делот од годишниот одмор за 2020 година, кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 31 декември 2020 година.Дополнителната заменик министерка Шкријељ укажа дека сите мерки кои ги имплементира Министерството за труд и социјална политика, и пред состојбата со коронавирусот и посебно сега, се насочени кон ранливите групи.„Ние го прилагодуваме целиот систем на социјална заштита да овозможи брз влез на сите домаќинства кои останале без приходи. Корисниците на гарантирана минимална помош, околу 30.000 лица, ќе добијат и дополнителна исплата на енергетски додаток од 1.000 денари во април и мај, инаку законски тоа право се исплаќа од октомври до март. Во услови кога сите потенцираме колку е битна хигиената, за семејствата што живеат во супстандардни услови, од почетокот на времените мерки, министерството испорача над 600 пакети со хигиенски продукти. Со УНИЦЕФ обезбедуваме и втора тура хигиенски пакети за помош. Постојано работиме со нашите партнери, со Црвен крст и преку Центрите за социјална работа за да им помогнеме на најранливите семејства. Заедно со УНДП воспоставивме сервис кој е насочен кон лицата со попреченост и старите лица, да им помогне во секојдневното функционирање, во 27 општини“, рече Шкријељ.Благодарејќи на меморандумот потпишан помеѓу Министерството за образование и наука, Министерството за информатичко општество и администрација и Македонски Телеком 30.000 деца од семејства со социјален ризик, ќе можат да користат бесплатен интернет за следење на онлајн настава. Дистрибуцијата на картичките ќе се организира преку центрите за социјална работа.Шкријељ одговарајќи на прашањето што да прават секундарните родители кои не живеат со децата, затоа што мајките не им дозволуваат да ги гледаат децата а како причина ја наведуваат заштита на детето од вирусот, потсети дека во Законот за семејство не постои поделба на родителите на секундарен и примарен родител, бидејќи двајцата родители се должни совесно и одговорно да ги извршуваат родителските права и обврски и да се грижат за заштита на здравјето на децата.Најважно, според Шкријељ, во услови на пандемија на коронавирусот, е родителите да го прилагодат движењето на децата согласно препораките на Владата за постапување во услови на вонредна состојба и воведениот полициски час.„Она што го препорачуваме е родителите да се договорат за начинот на одржување на контактите на децата со родителот со кого не живеат, а притоа децата да не бидат изложени на опасностите кои со себе ги носи оваа пандемија“, рече Шкријељ, дообјаснувајќи дека центрите за социјална работа како надлежни органи им се на располагање на родителите за обезбедување на неопходната стручна и советодавна поддршка при договарање на начинот на одржување на односите меѓу родителите и децата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заев до верниците: Значењето на Велигден охрабрува, повторно да победи животот

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на сите христијански верници, кои го слават Велигден по Грегоријанскиот календар им го честита големиот празник Воскресение Христово – Велигден.„Во мое име и во име на СДСМ Ви го честитам големиот празник Велигден!Посакувам светлиот празник да го поминете во спокој и мир, со добро здравје.Симболот на воскресението Христово, победата на животот над смртта и жртвувањето за општото добро нека бидат дополнителен мотив да се соочиме со предизвиците кои се пред нас и да успееме.Значењето на Велигден охрабрува, заедно да се избориме против невидливиот непријател и повторно да победи животот.Останете дома, заштитете се себеси и своите најблиски.Животот ја победи смртта, Христос воскресе.“ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

retki

За пациентите со ретки болести обезбедена и предадена е терапијата за 3 месеци

Министерството за здравство информира дека обезбедени и предадени се таблетарните лекарства за лицата со ретки болести кои се заведени во електронскиот регистар за ретки болести за месеците април, мај и јуни.Оваа група на пациенти се обезбедени со неопходната терапија за периодот којшто следува. Оние пациенти кои примаат ампуларна терапија е обезбеден сигурен и изолиран пристап до соодветните Клиники. Со ова, пациентите се заштитени од посета на Клиниките и можен ризик од зараза со КОВИД - 19 во периодот кој следува.Воедно со почетокот на коронавирусот во земјава, направена е дистрибуција до сите јавно-здравствени устаноиви кои лекуваат пациенти со ретки болести. Во моментов нема недостаток од ниту еден лек, а пациентите имаат подигнато терапија за 2-3 месеци. За најголемиот дел од лековите во Клиниките има лекови до јуни 2020 година.Заклучно со март 2020 година, во Регистарот се регистрирани 530 лица со ретка болест. Од нив над 150 лица се со Цистична фиброза за кои се обезбедува терапија преку Фондот за здравствено осигурување.Во однос на бројот на пациенти кои се на терапија во 2015 со програмата биле опфатени околу 96 пациенти, во 2018 околу 140 пациенти, во 2019 околу 170 пациенти, а во 2020 со програмата ќе бидат опфатени над 185 пациенти + 150 со Цистична фиброза.Преку Програмата за лекување на ретки болести во 2020 година ќе бидат набавени вкупно 35 лекови за пациентите со ретки болести (3 нови лекови и тоа: за идиопатска пулмонална хипертензија (како трет избор на лек за оваа болест), за хередитарен ангиоедем (како трет избор на лек за оваа болест), и еден нов лек за терапија на Гоше (и за оваа болест веќе ќе има избор од 4 лека за лекување на овие пациенти).Од 2017 година до денес, во програмата се воведени вкупно 9 нови Орфан лекови и тоа :-2 нови лека за терапија на Гоше (како втор избор на лек за оваа болест),-1 нов лек (таблетарна терапија) за пациентите со Гоше,-1 нов лек за терапија на лица со ФАП – фамилијарна амилоидна полиневропатија,-1 нов лек еден за терапија на апаластична анемија,-1 нов лек за терапија на пациентите со Дг. Пулмонална фиброза за 8 пациенти,-1 нов лек Спинраза за пациентите со Спинална мускулна атрофуја (СМА),-1 нов лек за идиопатска пулмонална хипертензија (како трет избор на лек за оваа болест),-1 нов лек за идиопатска пулмонална хипертензија (како трет избор на лек за оваа болест),-1 нов лек за хередитарен ангиоедем (како трет избор на лек за оваа болест).Со програмата за 2019 година, за првпат беше обезбедена е терапија и за пациентите со ајзенменгер синдром, кој дотогаш терапијата пациентите ја набавуваа приватно. Истовремено, обезбедена беше и терапија со лекот босентан за децата со вродена срцева мана и пулмонална хипертензија, кои родителите претходно мораа приватно да го купуваат.

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Сите што го празнуват Велигден да го почувствувате и да го живеете воскресението на животот во своите домови

Честитка од претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски до До Скопскиот Бискуп и Апостолски Егзарх, д-р Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар. Во честитката се вели:-Денеска се празнува спасението, кога Бог му подари на човека неискажливо ослободување од секаква тага и несреќа. Народот не залудно го нарекува Велигден, денот кога животот ја победува смртта.Посакувам овој ден и овој празник за католичките верници, да им донесе мир и благосостојба во своите семејства. Да се радуваат, затоа што доброто секогаш триумфира, а правдата ја победува неправдата. Во вакви времиња на предизвици, искушенија и несигурност им посакувам на верниците спокој и внатрешна радост, да се помолат за сите души и страдалници коишто бараат помош од Бога. Како што Бог ја победи смртта, така нека ни даде храброст да ги победиме сите тешкотии и да ја почуствуваме убавината на животот. Бог нека не води да ги победиме сите премрежија и оваа зараза која демне човештвото. Заедно обединети и истрајни ќе победиме.Посакувам здравје за болните, воедно во моите мисли се и докторите, здравствените работници, и сите оние кои се во првата линија против заразната  пандемија. Но исто така не можам, а да не ги споменам и оние кои за жал ги чуствуваат директно економските последици од кризата и останаа без работа. Посакувам побрзо застанување на нозе и економска стабилизација и сигурност.Сите што го празнуват Велигден да го почувствувате и да го живеете воскресението на животот во своите домови и овој голем, Велигден да го празнуваме довека сложни, здрави и среќни.Христос воскресна! Навистина воскресна! Честит празник и за многу години!фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

120190420_222432

ВМРО ДПМНЕ: 10% од заболените од Ковид 19 се доктори - Филипче да обезбеди фонд за набавка на заштитна опрема

СДСМ ги остави лекарите и целокупниот медицински персонал голораки во ек на пандемија од заразен вирус. Заштитна опрема нема. Доказ за тоа е и фактот дека над 10% од заразените или над 80 лица се лекари. Доколку имале соодветна заштитна опрема, тие нема да биле заразени, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Недостасуваат скафандери, визири, заштитни маски, ракавици, средства за дезинфекција.ВМРО-ДПМНЕ предложи да се обезбеди заштитна опрема за болниците ширум државата, преку формирање на фонд од 10 милиони евра за производство во македонските текстилни фабрики, мерка со која ќе се обезбеди плата за вработените во текстиланата индустрија, но и ќе се обезбедат висококвалитетни заштитни материјали.Очигледно СДСМ не може да излезе од матрицата на суетност и надменост и затоа и овој предлог го игнорира на штета на лекарите, медицинските лица, текстилната индустрија и нивните вработени, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Talat

(ВИДЕО) Вежби за убав ден со Талат

Дритон Вејсели или познат како рецепционерот Талат од „Преспав“, во ТВ училница на МТВ презентира Вежби за убав ден.Погледнете како вежба Талат ...

Магазин | пред 6 години

12042020_PVRSM_Spasovski_chestitka_Veligden

Спасовски: Во мирот и спокојството на домот да го поминеме празникот со кој ја славиме победата над смртта и да излеземе посилни и подобри

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, во писмо до монсињор д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх на Католичката црква во нашата земја, нему и на верниците од католичката вероисповед им го честиташе големиот христијански празник Велигден.Премиерот Спасовски во писмото вели дека годинава еден од најсветлите празници го славиме во изолација како подвиг на секој од нас пред искушенијата кои на светско ниво ги донесе пандемијата на коронавирусот КОВИД-19.„Овој празник го означува крајот на патувањето низ страдањата Христови“, пишува премиерот Спасовски до верниците на Католичката црква по повод Велигден, „од нас годинава се очекува да понесеме саможртва за доброто на сите овие денови да ги славиме во изолација за да се заштитиме себеси и ближните. Во мирот и спокојството на домот да ја победиме смртта и да преминеме во нова иднина“.„Со воскреснувањето на Исус Христос, се случи нешто навистина ново, нешто што ја промени состојбата на човештвото и светот и стана сила на надеж за победа над сите човечки ситуации на страдање и неправда“, се вели во честитката на Спасовски по повод празникот Воскресение Христово - Велигден.„Годинава се соочуваме со непознат и моќен непријател, кој ги искушува нашиот и животите на нашите блиски. Но, уверен сум дека од празникот со кој ја славиме победата над смртта сите ќе излеземе посилни и подобри “, пишува премиерот Спасовски.„Христос воскресна! Навистина воскресна! Останете дома!“, пишува во честитката претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски до монсињор д-р Киро Стојанов  и до сите верници на Римокатоличката Црква по повод Велигден.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

doktor

Д-р Стојан Бајрактаров: Да бидеме свесни и чувствителни на потребите за ментално здравје на сите оние за кои се грижиме

Фб статус на министерот за здравство Венко Филипче:„Разрешувањето на оваа криза да ја насочиме кон подобрување на нашето ментално здравје, преиспитување на нашите морални норми и воспоставување на похумани и етички принципи на социјалните односи. Да бидеме свесни и чувствителни на потребите за ментално здравје на сите оние за кои се грижиме“, порачува Д-р Стојан Бајрактаров, директор на Универзитетската Клиника за психијатрија.https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/3103324836365910/

Македонија | пред 6 години

tv

Владата одлучи како да се користи одморот и ланскиот но и годинешниот

Неискористениот дел од годишниот одмор за 2019 (стар одмор) наместо до крајот на јуни, поради вонредната состојба, треба да се искористи до крајот на мај (31 мај 2020). Со Уредба од Владата, лицата што се опфатени со мерките од Ковид-19, првиот дел односно две едноподруго работни недели од новиот годишен одмор, за 2020 година, треба да го искористат до 30 јуни 2020 година.-Лицата опфатени со овие мерки се бремените жени, хроничните болни, родители со деца до 10 години, кои не можат да вршат работа од дома и затоа работодавците на фирмите за овие лица треба да овозможат да го искористат и ланскиот одмор и дел од годинашниот одмор од 2020 година, рече заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар во информативната видеосесија на Владата за прашања од социјалната заштита.За луѓе што се работно активни, рече заменик-министерот, ако не можат да стигнат  да го користат новиот одмор од две недели во 2020, согласно со  Законот за работни односи, можат да го искористат до наредната година, 30 јуни 2021.Уредбата за одморите за вработените во компаниите е донесена од Министерството за труд и социјална политика, а за јавниот сектор – од Министерството за информатичко општество и администрација.-Таму е, исто така, уредено за лицата што не можат да вршат работа, кои се опфатени со мерките од КОВИД-19 – бремени жени, хронично болни и родители на деца до 10 години, за нив се смета дека одморот за 2019 е веќе искористен. За луѓето што се активни и работат од дома, за нив исто важи како и за приватниот сектор – старот одмор за 2019 ќе може да го искористат до крајот на мај 2020, рече Бајрактар.Во јавниот сектор оваа Уредба, посочи тој, не важи за припадници на Армијата, полицијата, јавните здравствени установи, министерствата за одбрана, здравство и за внатрешни работи, царинските и инспекциските служби, Територијаната противпожарна ззаштита и за луѓето кои рабтат 24 часа во домови за стари лица.-Тие ќе може да го искористат одморот од 2019 и дел (две недели) од одморот за 2020 година до крајот на годинава, 31 декември 2020, рече Бајрактар, нагласувајќи дека одморот се утрвдува согласно со потребите на работниот процес и со одобрение на работодавецот кој ги организира работата и одморот на вработените.(МИА)

Македонија | пред 6 години

Pozarna-1

(ФОТО) За време на полицискиот час запален е летниковец во парк шумата Гази Баба

За време на полицискиот час запален е летниковец во парк шумата Гази Баба. Пожарот го забележале нашите градски инспектори кои правеле рутинска контрола со помош на дрон.Со брзата реакција на Пожарна Скопје не се дозволи пожарот да се прошири и направи поголема штета, имајќи ја предвид околината.https://www.facebook.com/CityofSkopje/photos/pcb.3021582427887949/3021579947888197/?type=3&theaterфото: ФБ

Скопје | пред 6 години

skopje

ВИДЕО: Центарот празен, скопјани на прозори и тераси прават журки!

Најдолго ограничување на движење одкако е прогласена вонредна состојба во земјава. 61 час граѓаните треба да седат во своите домови. За овој период секој си наоѓа различна разонода. Но, вниманието ни го привлекоја Скопјани кои си направија журка пуштајќи гласна музика а им се придужија и соседите. На ул Македонија во Скопје беше забавно. Погледнете ...https://www.facebook.com/trajkovskasm/videos/10158320563864629/  

Скопје | пред 6 години

Mickoski

Мицкоски: Владата оди кон долг од над 65% од БДП, итно е потребен е втор пакет на мерки за стимулирање на растот

Дозволете ми најпрвин да ја искористам оваа можност да ви посакам многу здравје Вам и на вашите семејства, на сите оние кои се инфицирани од Ковид-19 вирусот побрзо закрепнување, а да ја искористам можноста и да се заблагодарам на медицинските работници, на припадниците на МВР  и на Армијата за сето она кое што го прават за македонските граѓани и за Македонија, истакна во своето видео обраќање Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Денеска е вториот ден од мојата лична самоизолација, се чувствувам одлично, и здравствено и физички. Денот го искористив за анализа на веста којашто пристигна во раните утрински часови, а тоа е дека ММФ и додели заем на Македонија во рведност од 176 милиони евра, средства коишто треба да бидат наменети за поддршка на здрравствениот сектор и макроекономската стабилност на државата.ВМРО-ДПМНЕ активно преку техничкиот заменик министер во министерството за финансии учествуваше во изготвување и поддршка на апликацијата пред ММФ.Истовремено ја користамм оваа прилика да го потенцирам и говорот на директорот на ММФ, Кристалина Герогиева која што истакна дека светот денеска се соочува со можеби најголемиот предизвик после втората светска војна, дека кризата која што во моментов се случува е иста или можеби поизразена од кризата која што била во времето на големата депресија.Доколку на почетокот од годината предвиделе дека 160 држави ќе имаат раст на БДП денеска ситуацијата е дијаметрално спротивна и предвидуваат дека дури 170 држави ќе имаат намалување на БДП. Притоа истакна дека врз основа на информациите со кои што располага очекува некаде пандемијата да заврши во првата половина од оваа година,а потоа постепено да почне нормализирање на состојбата до крајот на 2020 година каде што очекува исклучително голема депресија во светот за да постепеното закрепнување се случи некаде 2021 година.Имајќи го во предвид кажаното, но имајќи ги и во предвид макроекономските политики на нашата влада и задолжувањата во периодот којшто следи, но истовремено имајќи ја во предвид информацијата на Меѓународниот монетарен фонд дека наместо згоемување на БДП за 3,8 проценти до ниво од 12 милијарди евра ќе имаме намалување од 4 % до ниво од 11 милијарди евра или нешто помалку од тоа, намалување на приходната страна во буџетот. Можам да истакнам дека ни претстои навистина предизвикувачки период, но не само сега во оваа 2020 година, туку и годините коишто следат после 2020 година, бидејќи се очекува кога сето ова ќе се анализира и емпириски ќе се докаже, да имаме зголемување на бруто домашниот долг некаде околу 65 до 68, а можеби и до 70% од нивото на бруто домашниот производ, што навистина претставува исклучително голема бројка и историски најголема од осамостојувањето до денес.Токму поради овие причини е исклчучително важно да имаме робусна и хируршки прецизна акција кон стопанството во насока на поддршка, за да ги оддржиме компаниите и бизнисите живи и да ги одржиме вработените во рамките на тие компании. За да можат веднаш по стабилизање, односно веднаш после совладување на здравствената пандемија предизвикана од Ковид 19 вирусот да започне онаа економска стабилизација на Македонија.Она што изминатиов период владата го превзема се чекори коишто се недоволни во насока на ова коешто јас го зборувам, и во насока на тоа што го зборува ВМРО-ДПМНЕ и е содржано би рекол во говорот на  Кристалина Ѓеоргиева. Потребна е прецизна и робусна акција во насока на поддршка на стопанството. Она коешто беше прв бран сет на мерки коишто ги донесе владата, навистина не беа доволни и беа критикувани не само од нас како најголема политичка партија и опозиција во моментов, туку и од бизнис заедницата. Она што можеби е добро во овој момент што го гледаме е што оваа би рекол надмена политика на СДСМ и владата да не слушаат никого, гледаат дека не води никаде и полека постепено под притисок на јавноста и под притисок на опозицијата, почнуваат да водат една нова поинаква политика наречена „пиши-бриши“ политика. Во која смисла „пиши-бриши“ политика, уредбата којашто првенствено беше донесена на секоја следна наредна седница под притисок на јавноста, стопанството, опозицијата и граѓаните претрпува определени измени. Последната верзија којашто денеска ја имаме при рака е дека практично работодавачите не се обврзани да ги задржат вработените до септември, туку таа обврска трае два месеца помалку, а тоа е до јули.И оние рестриктивни мерки на компании кои можат и не можат да ја користат поддршката од Владата е проширена, односно дел од тие рестриктивни мерки се избришани и сега поголем опфат и погололем број на компании кои што можат да ги користат овие поволности, евентуално кои што би ги додела Владата.  Тоа се сите оние компании трговец поединец каде што се опфатени и занаетчиите кои што гледаме дека сериозно негодуваа изминатиов период на сетот мерки кои ги предложи Владата. Она кое што како порака би сакал во овој момент да го истакнам до Владата е да ја напуштат онаа би рекол надмена политика, примитивна политика, нека  нека почнат да слушат тоа што го говори опозицијата, тоа што го говори стопанството,тоа што го говорат граѓаните и нема да мора да водат пиши-бриши политика, односно уредбите кои што ги носат уште неколку пати во една седница да ги менуваат.Овој пат е потребно веднаш да седнеме и да размислуваме за втор сет на мерки што би било после јули, затоа што сега во овој момент сите оние политики во насока на поддршка на стопанствотот и компаниите кои што завршуваат со јули потребно е да бидат проширени, надградени после јули затоа што негативните ефекти од пандемијата предизвикана од Ковид 19 вирусот се очекува тогаш да кулминираат не само во Македонија, туку и насекаде во Светот.Затоа е потребно сега навремено да се донесе нов втор сет на мерки кои што би биле таканаречен процес на after care, после јули месец 2020 година и на тој начин да го одржиме живот стопанството и на тој начин да ја одржиме жива макроекономската стабилност.ВМРО-ДПМНЕ во период кој што следува ќе продолжи активно да нуди решенија, ќе продолжи активно да нуди политики и во самата влада преку претставници кои што учевствуваат таму, но и ќе ја запознава јавноста. Останува на владата дали ќе продолжи да се однесува примитивно и надмено како што се однесуваше до сега, па потоа со пиши-бриши методата да ги менува уредбата која што сама ги носи или дел од тие политики и мерки кои што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ ги прифати веднаш на самиот почеток пред да биде понатаму доцна.Сосема на крај би сакал на сите граѓани да Ви посакам добро здравје, да ги почитуваме препораките кои што ги препорачува Светската здравствена организација, истовремено да останеме дома во периодот на ограничено движење на граѓаните, а ние да продолжиме активно да работиме на справување со последиците предизвикани од паднедимија која што е резултат на Ковид 19 вирусот, истакна во своето видео обраќање Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.фото и видео ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

maz

(ВИДЕО) Maж се полил со бензин и се самозапалил во гаража во Прилеп

Maж се потурил со бензин и се самозапалил во гаража на куќа на улицата “Никола Карев” во Прилеп. Настанот се случил нешто после 17:00 часот, пишува Маркукуле.Според информациите од очевидци кои биле сведоци на целиот настан, човекот починал на лице место.Повеќе информации во текот на денот.

Македонија | пред 6 години

bolnica-Struga

Докторка и 6 медицински сестри од Струга во задолжителен карантин

Медицинска сестра од интерното одделение во Струга е позитивна на Ковид-19. Тоа го покажале резултатите од брисот кој бил земен на трети април, но резултатите пристиглале на деветти. Медицинската сестра која е прв инфициран здравствен работник од струшко, претходно била во контакт со некоја од првите заразени пациентки кои лежеле на нивното одделение, објави Сител.После добиениот резултат од тестот кој е извршен кај медицинската сестра, која е изолирана од први април во домашна изолација, од моја страна е повикана докторката од епидемиолошката служба. Таа го анкетираше целиот медицински персонал кој бил во контакт со медицинската сестра и по нејзиниот извештај, исклучени се шест медицински сестри и една докторка во домашна изолација. Другиот персонал според нејзината анкета е со низок ризик и тие продолжуваат со работа. Направена е веднаш дезинфекција на целиот оддел, вели директорот на општата болница во Струга, Мухамед Асани.Извор: СИТЕЛ

Македонија | пред 6 години

ohrid

(ВИДЕО) Како беше во Охрид и Струга во време на 61 часовниот „карантин“

Викенд полициски час. 61 час граѓаните се во самоизолација. Оваа забрана за движење за прв пат се донесува во земјава со цел превенција од ширење на корона вирусот. Дозволено е движење на повеќе категории на граѓани, со претходна најава и добивање дозвола. И граѓаните кои имаат домашни миленици ќе имаат прилика три пати во текот на денот да излегуваат надвор со милениците, но само 100 метри од своето живеалиште.Екипата на „Скопје 1“ и „Охрид 1“ денеска прошета по охридските и струшките улици и улички. Посебно радува фактот што граѓаните максимално ги почитуваат мерките и препораките на Владата. Сообраќаниците празни. Се слуша само крикот на птиците, лаежот на бездомните кучиња и по некој автомобил и тоа од МВР, итна помош или регистрираните правни субјекти кои вршат достава на храна и лекови. Екипите на СВР Охрид максимално успешно си ја извршуваат својата работа.Контролни пунктови низ градот и на самиот излез. Вработените од СВР максимално професионално го застануваат секој автомобил и проверуваат дали има дозвола за движење. Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна, се вели во извештајот од СВР Охрид. Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 10.04. до 07.00 часот на 11.04.2020 годинa, четири лица во Кичево не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, кражби и сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација. Регистрирани се четири нови лица со решение за изолација и извршени се 24 контроли на лицата кои веќе се во изолација (Охрид-12, Струга-9 и Кичево-3). Евидентирани се 69 нови лица во самоизолација, (Охрид-10, Струга-42, Кичево-7, Дебар-10) и извршени се 287 контроли врз овие лица (Охрид-7, Струга-211, Кичево-3 и Дебар-66). На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 503 лицa што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 202, Струга- 301), кои се сместени во четири сместувачки објекти. Полициските службеници извршија 42 контроли на угостителски објекти. Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, се вели во дневниот извештај од СВР Охрид. Охрид не го личи вака. Празно, тивко… но ќе се издржи. Ваква мерка ќе има и следниот викенд кога се празнуваат Велигденските празници. Посебна благодарност до здравствените работници, МВР и секако Владата кои навремено ги превзедоја сите неопходни мерки за да се спречи ширењето на КОВИД 19 во земјава. Наше е само да издржиме. Колку сме посамодисциплинирани толку побрзо ќе се вратиме во нормалниот животен тек. А до тогаш.. Останете дома… По завршувањето на вонредната состојба, верувајте сонцето посилно ќе ве грее, воздухот ќе биде почист и многу повеќе ќе се цениме се што не опкружува…ВИДЕО:фото и видео: Скопје 1

Македонија | пред 6 години

otkaz

Работниците да не потпишуваат спогодбен отказ од работа за да можат да користат парична помош во случај на невработеност

Серијата информативни видеосесии со наслов „КОВИД-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелни прашања поврзани со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 во земјата, денеска продолжи со прашања и одговори за социјалните мерки што ги донесе  Владата на Република Северна Македонија.На видеосесијата заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ појаснија детали поврзани со конкретните уредби кои се однесуваат на корисниците на социјална заштита, лицата од неформалната економија и тие кои останале без приходи.Работниците не треба да прифаќаат какво било условување од работодавачите поврзано со исплата на плата. Со вториот сет мерки за справување со економските последици на кризата предизвикана од коронавирусот, предвидена е директната помош од 14.500 денари за месеците април и мај, за исплата на вработените во фирмите погодени од кризата. Како алтернатива на оваа мерка, компаниите можат да изберат да ја користат мерката за покривање на 50 отсто од придонесите на платите на своите вработени. Заменик министерот Бајрактар посочи дека во случај кога газдата ги условува работниците дека ќе им ја исплати утврдената плата за април и мај но, само ако потпишат спогодбен отказ, она што треба да го направат работниците е да пријават во Државен пазарен инспекторат.Од аспект на заштита на работниците, многу е важно работниците да не потпишуваат спогодбен отказ од работа, нагласи Бајрактар. Ако има спогодбен престанок на работен однос, на лицето не му следува паричен надоместок и со тоа работникот се доведува во состојба ем без плата ем без можност да оствари паричен надоместок преку Агенцијата за вработување. Затоа, на работодавачите им се препорачува, во овој период, доколку немаат друга можност и се принудени да го отпуштат работникот, тоа нека го направат преку технолошки вишок.Бајрактар, додаде дека секое лице кое не е вработено, доколку сака да биде евидентирано како невработено лице, треба да се пријави во Агенцијата за вработување на РСМ, односно во центарот за вработување според местото на живеење. Невработените лица, кои согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност ќе се стекнат со право на паричен надоместок,  остваруваат и право на здравствена заштита,  а останатите невработени лица за остварување право на здравствена заштита треба да се обратат до Фондот за здравствено осигурување.Што се однесува пак до тоа кому му следува паричен надоместок а за кого е наменета гарантирана минимална помош, Бајрактар рече дека граѓаните кои останале без работа имаат право на паричен надоместок во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци, доколку претходно биле во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Надоместокот се исплатува согласно годините работен стаж. Граѓаните треба да го поднесат барањето до Центарот за вработување во местото каде живеат.За оние работници што останале без работа а немале стаж од 9 месеци, или биле дел од неформалната економија, за нивните домаќинство е предвидена гарантирана минимална помош (ГМП). Со новата уредба со законска сила,  за добивање минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано од последниот месец, наместо досегашните три месеци, укажа Бајрактар.Поврзано со платеното отсуство од работа на еден родител на дете до 10 години или активно 4. одделение, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ одговори дека постапката е за регулирање на отсуството е едноставна. Со потврда дека детето редовно посетува градинката или училиште и лична писмена изјава на родителот дека тој ќе се грижи за детето.„Сметаме дека и во јавниот и во приватниот сектор оваа мерка се имплементира без посебни потешкотии. Секаде каде има прекршување, ги упатуваме работниците да се обратат до Државниот инспекторат за труд“, посочи Шкријељ.Родителите можат и наизменично да ја користат мерката за ослободување од работа на еден родител на дете до 10 годишна возраст.Освен лична писмена изјава која родителите треба да ја достават до секторите за човечки ресурси во компаниите каде работат, по завршувањето на времените мерки треба да доставите и потврда издадена од градинките/училиштата соодветно за периодите кој родител кога ја користи мерката.За мајките чие породилно отсуство истекува од 18-ти март, Владата донесе мерка за пролонгирање на платеното отсуство од работа, се до истекот на траење на времените мерки. Продолжувањето на породилното отсуство се регулира преку Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

obdukcija

Се истражува случајот со велешанката, се вклучуваат повеќе институции

По наодот дека починатата велешанка е позитивна на коронавирус, која со својот син беше пронајдена мртва пред два дена, Министерството ја проширува истрагата во која се вклучуваат повеќе институции.Денес во Институтот за јавно здравје се прави уште една анализа на материјалот кој е земен од трахеата за да се потврди позитивниот резултат на коронавирус.Што се однесува до останатите првични информации за случајот, засега се знае само дека жената била сигурно почината повеќе од една недела.Резултатите од обдукцијата, кои ќе бидат готови во текот на следната  недела, треба да откријат во кој период таа починала. Информациите кои вчера ги пренесоа дел од медиумите дека биле починати повеќе од еден месец не се точни и се чекаат конечните анализи.Во истрагата на овој случај се вклучуваат експерти од судска медицина, МАНУ и тимот на епидемилозите од Институтот за јавно здравје. За случајот ќе биде известена и Светската здравствена организација која доколку има потреба ќе се вклучи со поддршка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Во семејна куќа во Неготино татко си го пронашол мртов својот син

Тело на починат 33 годишен маж било пронајдено во неговиот дом во Демир Капија. Вчера околу 13.40 часот во Полициска станица Неготино било пријавено дека З.Б. го пронашол починат неговиот син Ф.Б.(33), во семејната куќа на ул.„Радњанска“ во Демир Капија.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Одделение за внатрешни работи Неготино и лекар од здравствена установа, каде првично бил пријавен случајот.По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција на Институт за судска медицина Скопје.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Скандал е за време на кризата власта да финансира од буџетот дури три албански универзитети

Во ова тешко време со коронавирусот кое досега одзеде 30 животи, а преку 100.000 луѓе останаа без работа, владата на СДСМ и Зоран Заев се расфрлаат со буџетски пари за финансирање на албанските универзитети во Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Пред два дена, власта на СДСМ му додели буџетски пари на Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово. Но, власта од буџетот исто така ги финансира и Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот „Мајка Тереза“.Потсетуваме, своевремено албанското малцинство во државата бараше еден, а  марионетските власти во Скопје низ годините им дадоа дури три универзитети на албанците финансирани од народни пари од буџетот.Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ најостро ја осудува оваа неприродна и недозволива состојба во која дури три државни универзитети на албанското малцинство се луксузираат врз грбот на македонските државни обврзници. Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ ќе го преиспита ваквото работење, одговорност мора да има, се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

06042020_DSZI_inspekciski-nadzor_4

Заштитна опрема за здравствените работници има доволно, во тек е набавка на дополнителни количини

Министерството за здравство најостро ги осудува паушалните обвинувањата изнесени од страна на г. Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ за недостаток на заштитна опрема за медицинските лица во здравствените установи со кои се шири непотребна паника без изнесени факти.Министерството за здравство повторно информира дека опрема има доволно во резервите на Министерството кои се доставуваат на редовна основа по барање на секоја здравствена установа.Заради проверка на користењето на заштитната опрема од страна на Министерството за здравство беше инициран и инспекциски надзор кој е спроведен од 30-ти март до 5-ти април во 79 јавно-здравствени установи и во 12 во приватни установи. Направен е увид во однос на опременоста, количината на заштитни маски, ракавици, капи, мантили за еднократна употреба, визири и калјачи,  сè  што се користи за пристап кон пациенти на соодветно ниво на здравствена заштита. Констатирани се доволни количини, како и средства за дезинфекција на работни површини и дезинфициенци за раце.При инспекциските надзори од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат не се констатирани неправилности по однос на користење на личната заштитна опрема од страна на здравствениот персонал.Дополнително на опремата која ја има Министерството за здравство, добиени се донации во заштитна опрема и тоа во големи количини – повеќе од 1 милион парчиња заштитна опрема од различен вид.Дополнително во тек е набавка за дополнување на овие количини за што е распишана покана за јавна набавка објавена на веб страницата на Министерството за здравство и тоа за: 12.000 маски N95 или сличен стандард, 20.000 скафандери, 500.000 хируршки маски, 5.000 визири и 1.200 гумени скафандери.Здравството и здравствените работници се клучниот столб во државата и го носат најголемиот товар за да му помогнат на населението, и токму затоа треба да внимаваат и на себе, а Министерството за здравство обезбедува заштитна опрема за јавно здравствените установи и продолжува да го прави тоа во континуитет. Министерството обезбеди заштитна опрема и за матичните лекари кои ги вклучи во системот на детекција и следење на пациенти заболени од коронавирус.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

viber_image_2020-04-11_12-54-46

(ФОТО) Министерот Чулев во посета на полициските службеници од СВР Велес

Министерот Чулев денес ги посети полициските службеници од СВР Велес кои се ангажирани во спроведувањето на мерките на Владата поврзани со ограничувањето на движењето, но и полициските службеници кои ги обезбедуваат објектите што се наменети за лицата кои се сместени државен карантин.На територијата на СВР Велес во изминатиот период, односно од воведување на полицискиот час, констатирано e дека вкупно 123 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, а од нив 5 се лица на возраст до 18 години. Од страна на Секторот за внатрешни работи во Велес до Основното јавно обвинителство поднесени се вкупно 72 кривични пријави и 2 известувања за вкупно 85 лица.На подрачјето кое го опфаќа Секторот на внатрешни работи Велес издадени се вкупно 79 решенија за изолација и пополнети се 971 изјава за самоизолација. Од страна на полициските службеници констатирани се 12 прекршувања на изјавите за самоизолација и поднесени се соодветни пријави до јавното обвинителство.  На територијата на СВР Велес во моментов има три објекти во кои се спроведуваат лицата кои се сместени во државен карантин и во нив заклучно со денес сместени се вкупно 131 лице, од кои на 84 лица веќе им завршила мерката карантин.Во рамки на посетата, министерот Чулев потенцираше дека од страна на Министерството за внатрешни работи завршена е постапката за набавка на соодветна заштитна опрема и средства која вклучително со опремата што е добиена од донација е ставена на целосно располагање на полициските службеници, при што апелираше до нив истата соодветно и редовно да ја употребуваат при извршување на секојдневните работни задачи и обврски, а со тоа да дадат и сопствен придонес и грижа за своето здравје.„Здравјето и животот на полициските службеници е од исклучителна важност за мене како министер, но и за целото раководство на Министерството за внатрешни работи. Во таа насока во континутитет ги преземаме сите мерки со кои гарантираме највисоко ниво на заштита на сите вработени“, потенцираше Чулев.Со цел обезбедување соодветна заштитна, во завршна фаза на изготвување е пишан протокол во кој соодветно е пропишано нивото на опрема и заштита кои ќе треба полициските службеници да ги имаат во зависност од типот и видот на работните задачи кои тие ги извршуваат.фото: МВР

Македонија | пред 6 години

Korona-tabela

49 нови случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа регистрирани во земјава

Во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на Ковид-19. По градови:- Скопје 13- Куманово 14- Штип 6- Прилеп 8- Велес 6- Гостивар 1- Кочани 1.Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 760 лица. Во изминатото деноноќие направени се 586 теста, а досега во земјата се направени 7.653 тестирања на Ковид-19. Двајца пациенти од Куманово и Прилеп починаа од коронавирус.Во изминатото деноноќие на Клиниката се примени 3 пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 68, од кои 15 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.Во болницата „8 септември“ се примени 8 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 потврдени и сомнителни на коронавирус. Од нив, 9 се со потешка клиничка слика, а 6 пациенти се на респираторна машина.Во болницата во Битола се хоспитализирани вкупно 5 пациенти, еден пациент повремено на кислородна поддршка, а другите стабилни. На домашно лекување преку оваа болница се следат 7 пациенти кои се во добра општа состојба.Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти потврдени и сомнителни на коронавирус, а уште 13 се следат на домашно лекување. Освен една пациентка кај која има влошување на состојбата, сите останати пациенти се стабилни.жhttps://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2360196950953991/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања