Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

ceska

Чешка ѝ донира на Македонија еден милион заштитни маски

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на национален координатор за распределба на странска помош во земјава, на скопскиот аеродром денес пречека еден милион заштитни маски, донација од Република Чешка, како помош за нашата земја во справувањето со Ковид-19.Османи изрази благодарност до амбасадорот Томан, до Владата на Чешка, но и до целиот чешки народ за оваа поддршка, која доаѓа во вистинско време и за вистинска намена – борба против Ковид-19.„Оваа денешна донација не само што ќе ни помогне поефикасно и поуспешно да се справиме со Ковид-19, туку истата претставува симбол на европската солидарност која нè прави посилни, нè охрабрува дека не само што ќе ги победиме овој коронавирус и оваа епидемија, туку дека ќе излеземе од оваа криза пообединети, посолидарни, со еден збор посилни“, истакна Османи.

Македонија | пред 6 години

goce

Уредникот во „Канал 5“, заболел со коронавирус преку член од неговата фамилија

Уредникот во Канал 5, Гоце Михајлоски, кој е позитивен на коронавирус, при посетата на семејството во Прилеп имал контакт со член кој имал позитивен наод на болеста, соопшти денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Иринка Бухова на прес-конференцијата.Тој во последниот викенд од претходниот месец бил во Прилеп кај неговото семејство, а по три дена, откако се вратил, ги интервјуирал прво лидерот на опозицијата Зоран Заев, а потоа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Споменатото лице е хоспитализирано во ‘8 Септември’ каде е потврден позитивен наод на коронавирусот. Да, во блиска фамилија на споменатото лице има член кој е позитивен, новинарот имал контакт со тој член на неговата фамилија. За детални информации, кој и каде ќе биде ставен во самоизолација, ќе биде донесена одлука откако ќе заврши епидемиолошката анкета која е во тек“, рече Бухова.Од Канал 5  уште соопштија дека Михајлоски двапати се тестирал за коронавирус, при што првиот тест направен во приватна клиника му бил негативен, а првите симптоми се појавиле во неделата, 5 април, па поради малаксаност, замор и главоболка околу 17 часот го напуштил работното место.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

maz-jadenje

(ВИДЕО) Дојде на врата,плачеше,моли за јадење... Му било срам да каже,со денови не бил јаден

ФБ статус:Апелирам до сите граѓани за помош!!Се работи за Славчо Јованов од Велес.Дојде на врата,плачеше,моли за јадење...Му било срам да каже,со денови не бил јаден...Комшија ми е,во иста зграда живееме..Ве молам кој колку може да донира храна и средства за хигиенаСподелувајте!!!!!Да бидеме луѓе, с евели во објавата на социјлната мрежа ФБ. https://www.facebook.com/Roguzarova.g/videos/3219930671353533/UzpfSTEwMDAwMDgzOTU2MzczODpWSzoxNDE3MTEwNDYxODE3Njk3/фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

nurkac

(ФОТО) Луѓето дома, птиците слободни - Големиот Нуркач излезе на пристаниште

Фб статус на Охрид SOS. Покрај лавина негативни, една убава вест ...Намаленото присуство на луѓето периодов предизвика да се забележат и некои досега „невидливи“ животински врсти. На охридското пристаниште деновиве е забележан и Големиот Нуркач (Podiceps cristatus) фатен од камерата на наш член. Лебедите навлегуваат кон чаршијата, а пак други врсти се охрабрени и слободно се чувствуваат по паркови, зелени површини. Во недостиг на градска бучава се слуша поењето на птиците. Во вакви услови можеме да видиме колкав е човечкиот притисок врз нив, врз животната средина и колкав простор им одземаме, се вели во објавата.https://www.facebook.com/OhridSOS/photos/a.1560641884214463/2617092341902740/?type=3&theaterФото: ФБ Охрид SOS

Магазин | пред 6 години

09042020_VRSM_39-ta_sednica

Владата им даде 120.000 евра на факултетите на ИВЗ и МПЦ, од Владата демантираат велат парите се за студиските програми на факултетите

Владата им додели 120.000 евра на Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки. Оваа одлука е објавена во вчерашниот „Службен весник“. На Православниот богословски факултет „Св.Климент Охридски“, му се доделени 4.500.000 денари, додека на Факултетот за исламски науки – Скопје, пак, му се доделени 3.000.000 денари.Од Владата пак демантираат дека е донесена Уредба со која финансиски ќе се помагаат МПЦ и ИВЗ. Тие преку соопштение велат дека не станува збор за финансиска помош за МПЦ и ИВЗ, туку за постара одлука за поддршка за реализација на студиските програми на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Православниот богословски факултет и на Факултетот за исламски науки за 2020 година.„Владата на Република Северна Македонија категорично демантира дека е донесена уредба со која финансиски ќе се помагаат МПЦ и ИВЗ, како што објавија некои медиуми, која како дезинформација се шири и на социјалните мрежи. Вистината е дека Владата на својата 38. седница донесе одлука за одобрување наменски средства на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Православниот богословски факултет ‘Св. Климент Охридски’ – Скопје придружна членка на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, како и на Факултет за исламски науки – Скопје за реализирање на студиските програми на овие три институции за 2020 година.“Инаку МПЦ и ИВЗ вчера беше соопштено дека ќе бараат помош од Владата поради финасиските загуби што ги имаат во периодот на забрана за собири во храмовите.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Пакистанци повредени и ограбени на пат од Лојане кон Ваксинце

Две лица од Пакистан пријавиле дека синоќа на пат од селото Лојане кон селото Ваксинце со употреба на сила им биле одземени пари и мобилен телефон од пет непознати лица од Пакистан.Потоа, како што информираат од МВР, двајцата биле физички нападнати, при што М.Ј. бил повреден со нож, а А.А. со тврд предмет.„М.Ј и А.А. биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мреки за расчистување на случајот“.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

katica-janeva-fatime-fetai

Aнтикорупциска поднесе прекршочни за десет обвинители на СЈО на чело со Катица Јанева

Врз основа на добиени сознанија Антикорупциската комисија отвори предмет по сопствена иницијатива во врска со наводи за сомневање на незаконско постапување на надворешниот соработник за прашања од областа на спортот на претседателот на Владата на РСМ, Даниел Димевски.„Тој во својство на надворешен соработник и управител на правното лице Турд Олимпик ДОО Скопје стекнал својство на закупец на СРЦ Кале, со што во улога на надворешен соработник остварил приватни интереси со што го оштетил буџетот на РСМ“, соопшти ДКСК.Исто така, Државната комисија за спречување на корупцијата оформи предмет по сопствена иницијатива за испитување на нерегистрирани средства за дезинфекција кои се нашле во употреба.Согласно Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси на ДКСК предмет на проверка се анкетните листови Државната комисија за спречување на корупција повела и прекршочна постапка за поголем број обвинители од поранешното СЈО. Во постапката за утврдување на фактичката состојба Државната комисија за спречување на корупцијата прибави податоци од Министерството за финансии од кои констатираше дека поранешните обвинители од СЈО континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за истото по надминување на вредност од 20 просечни плати не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно со член 85 од ЗСКСИ.Тргнувајќи од наведеното ДКСК заклучи да поведе прекршочна постапка заследните лица:Катица ЈаневаФатиме ФетаиЕлизабета ЈосифоскаЛиле СтефановаБурим РустемиГаврил БубевскиСтевчо ДоневТрајче ПеливановАртан АјроЉубомир Лапе.ДКСК информира дека продолжува по нејзиното постапување по  предмет оформен по пријава со наводни за сомневање за незаконски постапувања на Поглаварот на Исламската Верска Заедница.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

policija-1

Кривична пријава против две лица за „измама“ и „фалсификување или уништување деловни книги“

Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје, против лицата: А.Љ.(34) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела „измама“, казниво од член 247, во врска со член 45 и „фалсификување или уништување деловни книги“, по член 280, во врска со член 45 од Кривичниот законик и против Ф.Љ.(35) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“, казниво по член 247, во врска со член 22 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.Првопријавениот А.Љ. во месец ноември 2019 во Централен регистар на Р.С.Македонија регистрирал фирма од Скопје, на која истиот е сопственик и управител, при што во текот на месец декември 2019 оштетил повеќе правни лица со намера за себе да прибави противправна имотна корист. Притоа, тој со умисла и за сметка на фирмата нарачувал и купувал трговска стока, која потоа ја продавал како физичко лице и остварувал имотна корист, a книговодствената документација за извршената купопродажба не ја евидентирал, односно купената стока не ја прикажал во сметководствениот влез и излез.Кривичните дела А.Љ. ги извршил на идентичен начин, со помош на второпријавениот Ф.Љ., негов брат, така што со доведување и одржување во заблуда на управителите на оштетените правни субјекти, пријавените за себе прибавиле противправна имотна корист во вкупен износ од 1.570.389 денари.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО ОБРАЌАЊЕ) Георгиевски: Бараме од Владата да воведе забрана на влез на жители од други општини во Охрид

Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, побара од Кризниот штаб на Владата на Република Северна Македонија да ја разгледа можноста за воведување на забрана за влез на жители од други општини во Општина Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Општина Охрид при влез и излез од градот, истакна во своето видео обраќање градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. Оваа мерка е неопходна непосредно пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели. Барањето се заснова и на фактот што во Охрид и околните крајбрежни населби има голем број на викенд станови и куќи чии сопственици во периодот на Велигденските и првомајските празници, ги користат за одмор и викенд престој. Врз основа на најавите за поволните временски услови кои се очекуваат во текот на наредните две седмици, оваа мерка е навистина неопходна, вели градоначалникот.Оваа мерка значително ќе придонесе и за намалување на ширењето на вирусот и заштита на граѓаните на Охрид, со тоа што ќе се оневозможи и редовна комуникација и фрекфенција на граѓаните од територијата на општина Струга и селата од струшкиот регион каде што бројот на заболени од Ковид 19 секојдневно расте. Ова особено се однесува на градежни работиници кои работат на градежни објекти во Охрид, а потекнуваат од струшкото кризно подрачје.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-1

Потврдени 48 нови случаи на Ковид 19, вкупно во земјата 711 дијагностицирани пациенти

Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања на Ковид -19, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на вирусот. По градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 711 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:       Скопје – 284       Куманово - 168       Дебар – 49       Штип-21       Прилеп –50       Тетово – 31       Струга – 33       Велес – 18       Битола –8       Охрид –4       Кавадарци - 3       Гостивар –6       Гевглелија – 4       Струмица – 2       Крива Паланка-3       Радовиш - 4       Крушево – 3       Кочани – 19       Пробиштип - 1Од 496 тестирање,  преку ИЈЗ се направени 353, преку Ветеринарен факултет –9, Авицена –14 , Биотек –24  и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 7.067  тестирања на Ковид-19.Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани 2 претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга (63г) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој Министерството информираше во текот на вчерачниот ден.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Ohrid-2

Охридскиот кризен штаб бара Владата да забрани влез на жители од други општини во Охрид

⚠️🆕📌Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, побара од Кризниот штаб на Владата на Република Северна Македонија да ја разгледа можноста за воведување на забрана за влез на жители од други општини во Општина Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Општина Охрид при влез и излез од градот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.➡️Оваа мерка е неопходна непосредно пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели. Барањето се заснова и на фактот што во Охрид и околните крајбрежни населби има голем број на викенд станови и куќи чии сопственици во периодот на Велигденските и првомајските празници, ги користат за одмор и викенд престој. Врз основа на најавите за поволните временски услови кои се очекуваат во текот на наредните две седмици, оваа мерка е навистина неопходна.➡️Оваа мерка значително ќе придонесе и за намалување на ширењето на вирусот и заштита на граѓаните на Охрид, со тоа што ќе се оневозможи и редовна комуникација и фрекфенција на граѓаните од територијата на општина Струга и селата од струшкиот регион каде што бројот на заболени од Ковид 19 секојдневно расте. Ова особено се однесува на градежни работиници кои работат на градежни објекти во Охрид, а потекнуваат од струшкото кризно подрачје.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/576430416295899/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Arsovski

(ВИДЕО) Арсовски: СДСМ не смее да ја покачи акцизата - Граѓаните драстично ќе осиромашат

Економската политика на владата тотално ја осиромашува целата држава. Илјадници луѓе веќе остануваат без работа, ги отпуштаат компаниите од своите работни места, а никој не превзема никаква мерка само  за да им помогне и да ги избави од целата ситуација. Во моментов сведоци сме како гледаме дека има предлог од страна на владата да се покачи акцизата на нафтените деривати и горивата за 2 денари. Ова е недопустливо и ова е невидено. Ова е единствената влада во Република Македонија која што во моментов ја имаме, единствената влада  во светот која што наместо да им помага на граѓаните и компаниите во ваква економска криза дополнително ги осиромашува, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Покачувањето на акцизата за два денари ќе значи катастрофално одразување врз стандардот на граѓаните. Тоа ќе значи директно товар на грбот на граѓаните, осиромашување за дури 35 милиони евра годишно.Имавме ситуација кога на почетокот на доаѓањето на СДСМ на власт, владата донесе законска уредба да се покачи акцизата за 3 денари што тоа значеше годишно удирање на грбот на граѓаните за над 48 милиони евра.Во моментов доколку се донесе и ова како предлог од стопанските комори, а прифатено од владата да се покачи акцизата за 2 денари, тоа ќе значи над 35 милиони евра директно врз грбот на граѓаните. Ова ќе значи дополнително и покачување на животниот стандард, ќе значи дополнително покачување на патниот транспорт, ќе значи покачување на транспортот на стоки, ќе значи покачување  на прехранбени продукти и сите други. Целата спирала ќе влијае врз покачување на животниот стандард на граѓаните кои што  дополнително во моментов се осиромашени и не се на своите работни места голем дел од нив, односно секој десетти граѓанин од приватниот сектор е отпуштен од своето работно место.На Република Македонија и на граѓаните во моментов најмалку им треба ова како мерка, дополнително најмалку им треба формирање на нова транзициона елита како во деведесеттите години кога беше целата онаа транзиција во која голем дел од фирмите беа затворени, а граѓаните оставени на улица.  Со оваа мерка дополнително, која ќе влијае врз стотици и стотици мали и средни претпријатија постои можност да се затворат истите и да ги отпуштат своите вработени од работа.Во моментов можам само да истакнам дека ние како ВМРО-ДПМНЕ ја поздравуваме онаа мерка која беше донесена од Владата за помош на луѓето со една плата, односно за месеците април и мај. Но, мораме да потенцираме дека иако ја прифатија мерката предложена од ВМРО-ДПМНЕ истата мерка треба да значи и за месец март што директно ќе значи помош за граѓаните.Наместо оваа влада да помага на граѓаните и компаниите оваа иста влада удира по грбот на граѓаните, наместо да донесе уредба оваа мерка која што ја донесоа во текот на вчерашната седница за граѓаните да им се исплати и за месец март платата, тие наместо тоа сакаа да воведат акциза од два денари која што ќе ги осиромаши уште повеќе. Ова не смее да се донесе како мерка за покачување на акцизата, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

Foto-1-1

Пендаровски-Мишел: Европска солидарност за заедничката битка против КОВИД-19

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.Во разговорот, претседателот Пендаровски се заблагодари за јасната и отворена поддршка од претседателот на Европскиот совет Мишел за одлуката за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија, истакнувајќи дека со таквиот чин Унијата, во вонредни околности, потврдила дека местото на државите од Западниот Балкан е во заедничкото европско семејство.Во овој контекст, претседателот Пендаровски се интересираше за динамиката за подготовка и усвојување на преговарачката рамка за нашата држава и за временската рамка за одржување на првата меѓувладина конференција. Претседателот Пендаровски изрази разбирање за одложувањето на Самитот на лидерите на Европската Унија и на земјите од Западен Балкан кој требаше да се одржи на 7 мај во Загреб, нагласувајќи дека справувањето со ширењето на пандемијата со вирусот Ковид-19 е апсолутен приоритет на сите земји во овие моменти. Сепак, тој изрази надеж дека ќе се задржи темпото на работа и одлучување преку нови технички модалитети како, на пример, видео конференции, а во интерес и на Европската Унија и на државите од западниот Балкан.Соговорниците разменија информации за состојбите во Унијата и кај нас, поврзани со справувањето со последиците од ширењето на КОВИД-19. Претседателот Пендаровски го информираше претседателот на Европскиот совет Мишел за мерките и активностите што надлежните институции ги преземаат во справувањето со последиците од пандемијата, како и очекуваните предизвици со кои земјата ќе се соочува во следниот период справувајќи се со последиците од епидемијата.Претседателот Пендаровски се заблагодари за помошта која Европската Унија ни ја дава преку фондовите на ЕУ како и на билатерално ниво што земји-членки ја донираат во медицинска и заштитна опрема.Беше констатирано дека покрај фактот дека Европската Унија е клучниот трговски и економски партнер на нашата држава, од почетокот на пандемијата, Унијата пружа и значајна финансиска помош. Досегашната поддршка изнесува околу 69 милиони евра од кои 4 милиони за итна поддршка за здравствениот систем, 3 милиони директна буџетска поддршка, 12 милиони за приватниот сектор и 50 милиони евра за помош на економијата, со цел социо-економско закрепнување на земјата поради последиците од епидемијата на коронавирусот.Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски изрази солидарност со најголемите земји-членки на Унијата, кои се и најмногу погодени од пандемијата, и изрази очекување дека со солидарност и тесна соработка на европскиот континент, ќе биде добиена и оваа битка, како и справувањето со предизвиците кои ги носи глобалната здравствена, економска и социјална криза предизвикана од КОВИД-19.фото: Кабинет на претседател

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Скопското обвинителство побара казни за 20 непочитувачи на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 20 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот зкаоник.За 19 обвинети обвинителството поведе постапка затоа што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.Еден од обвинетите не ја почитувал Наредбата за задолжителна самоизолација, донесена како мерка за спречување и сузбивање на заразната болест COVID-19.Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

09042020_VRSM_39-ta_sednica

Се ставаат во мирување сите рокови и отворени повици и од Националната и од ИПАРД програмата

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со која се ставаат во мирување сите рокови и отворени повици и за Националните и за ИПАРД 2 Програмата, соопштија на денешната прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) Николче Бабовски.Целта на донесувањето на Уредбата, е поради тековната вонредна состојба поради пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19, а со цел да се излезе во пресрет на сите корисници на финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.„Овој период, искористете го за подготовка на квалитетни проекти и за производство на домашна храна, а по вонредната состојба, сите заедно да го завршиме и административниот дел, кој сега го ставаме во мирување. Ве охрабрувам сите, во овој период да продолжиме со домашно производство на земјоделски производи и нивни преработки, затоа што само така, можеме заеднички да се справиме со секој предизвик и да овозможиме развој“, изјави министерот Димковски.Согласно донесената Уредба, престануваат да течат и роковите за доставување на барања за финансиска поддршка и по ИПАРД 2 и по Националните програми за време на вонредната состојба, истите ќе продолжат по престанокот на вонредната состојба. Со носењето на оваа Уредба, престанува да тече процесот за поднесување на барањата и за Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ од ИПАРД 2 Програмата.Огласот требаше да биде отворен до 29 - ти април, но, тој рок сега е вон сила. Новиот рок за поднесување на барањата ќе биде дополнително соопштен а истиот ќе зависи од тоа кога би биле тргнати вонредните мерки кои ги носи Владата на РСМ.Директорот на АФПЗРР, Бабовски, појасни дека со ова се дава можност на заинтересираните физички и правни лица кои сакаат да аплицираат а заради вонредната состојба со „КОВИД - 19“ не се во можност да ја приберат потребната документација да можат откако ќе се нормализира целата состојба да ги приберат потребните документи и да ги достават до АФПЗРР до рокот кој ќе биде определен дополнително.„Преку овие сет на мерки обезбедуваме намалување на штетните последици кои би ги имале странките во постапката со губење на одредени права на финансиска поддршка поради неисполнување  на законските рокови за набавка на опремата за која склучиле договори а заради вонредната ситуација и не по нивна вина не се во можност навреме да ги достават документите, или да ги завршат проектите за кои потпишале договори. На овој начин, сакаме да ве растеретиме од бркање на рокови и создавање на дополнителен притисок“, рече директорот Бабовски.Апликантите кои претходно имаат склучено договори со АФПЗРР, за реализација на инвестиции ќе добијат продолжување на роковите кои ќе почнат да течат по завршување на вонредната состојба.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Serene-Seas-Instagram-Post5

Од денеска телефонски линии за психолошка поддршка на полициските службеници и нивните семејства

Министерството за внатрешни работи ги известува своите вработени дека од денеска во функција се пуштени три телефонски линии на кои стручни лица - психолози  вработени во министерството ќе им бидат на располагање за разговор и психолошка поддршка на полициските службеници и нивните семејства во полесно надминување на овие тешки времиња во справувањето со состојбата со коронавирусот  .Телефонските броеви на кои ќе може да се јавуваат полициските службеници се следниве:072/911-704, 072/911-705 и 072/911-706 и истите ќе бидат отворени од 09 до 21 часот во текот на денот, а по потреба и по завршување на овие часови. Отворањето на овие телефонски линии се во насока на заштита на менталното здравје на вработените во министерството, односно на полициските службеници кои секогаш се во првите редови во справување со коронавирусот, лицата кои се во изолација и нивните семејства.Советите и поддршката што ќе ги добијат од психолозите преку телефонската линија имаат за цел  полесно справување со стравот, анксиозноста, паниката, чувството на  беспомошност, тага, опсесивност и  негативни мисли кои се јавуваат во вакви кризни ситуации. Министерството за внатрешни работи во овие тешки времиња за сите нас  упатува порака до  полициските службеници  дека не се оставени сами на себе и дека   раководството ги презема сите потребни мерки за адекватна помош и заштита во моментите кои сите заедно  сплотени полесно ќе ги надминеме.фото: МВР 

Македонија | пред 6 години

DSC_0008-1

За време на ограничувањето на движење не се санкционираат лицата што пријавуваат кривично дело

Министерството за внатрешни работи во врска со барањата што во јавноста беа изнесени од невладини организации, ја известува јавноста дека граѓаните кои сакаат да пријавата кривично дело тоа треба да го сторат на бесплатниот телефонски број 192 или во најблиската полициска станица и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица. Истото важи и за граѓаните на кои поради извршено насилство или друго кривилно дело им е потребна помош во здравствена установа, значи за тоа не е потребна посебна дозвола. Институциите функционираат без исклучоци за заштита на граѓаните и по сите пријави за семејно насилство се постапува координирано со тимовите на центрите за социјална работа.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

Филипче: Заев и Мицкоски во изолација, новинар заболен од Ковид-19 имал интервју со нив

Лидерите на најголемите политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се во изолација откако е утврдено дека имале интервју со новинар кој во меѓувреме добил позитивен тест на коронавирус.Првиот резултат од тестот на Мицкоски бил негативен, а Заев е во Струмица и резултатот ќе се знае во текот на денот.Новинарот од една телевизија кој што е позитивен на тестот за корона Вирус е во Инфективна клиника и е во добра состојба. Тој правел интервју неодамна и со двајцата лидери.Информациите ги сподели со јавноста министерот за здравство Венко Филипче на вонредна прес конференција изутринава.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

VIP

(ВИДЕО) Пред тридневен полициски час А1 исклучи мобилни телефони, се чакаат редови за да се плати

Пред три дневен полициски час А1 ги исклучи мобилните телефони на дел од корисниците на кои им изминал ррокот за плаќање на сметката. Во време кога дури и банките се огласија на повикот на Владата и ги одложија плаќањата на кредитите за шест месеци, мобилниот оператор А1 си стои на своето.До нашата редакција пристигнаа поплаки од граѓани кои велат дека сметката ќе си ја платат но следејќи ги инструкциите на Владата не излегуваат од своите домови, барем во овој период кога е пикот на вирусот.Се обидевме да стапиме во контакт со лицата за медиуми од А1, но сите наши обиди пропаднаа, затоа што се вклучува мобилна секретарка која кажува дека поради мерките на Владата А1 работи со намелен број на оператори и не советува за сите информации да ја користиме мобилната апликација А1.Но, има и постари клиенти на овој оператор кои не знаат како се користи мобилната апликација и не знаат како да плаќаат Online., па поради ова цел викенд кога мора да останат дома тие бе бидат без никаков контакт со блиските.Инаку само да потсетиме дека изминативе денови на радио кружеше реклама од А1  преку која советуваат колку е важно во ова време да се остане во контакт. Ова го советуваат а од друга страна исклучуваат линии.фото: Скопје 1  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Појачани медицински екипи од здравствен дом земаат брисеви од притвореници во Шутка

Министерството за здравство информира дека по сознанието дека во Истражниот затвор во Шутка почина еден притвореник кај кого постмортем е докажано присуство на коронавирус, во текот на вчерашниот ден во истражниот затвор се направени прегледи и земени брисеви од 30 притвореници.Денеска, во истражниот затвор во Шутка се испратени појачани медицински екипи на здравстениот дом кои ќе направат прегледи и ќе земат брисеви од сите кои престојувале во истото одделение со починатиот, а прегледани и тестирани на Ковид -19 ќе бидат и вработените во одделението.За овој случај извести вчера Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче на редовна прес-конференција, по информациите од Истражниот затвор во Шутка за починат притвореник како последица на срцев удар, кој престојувал во оваа институција од 8 март, а за време на престојот немал симптоми на коронавирус.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

infektivna_klinika-610x400

Мајката на четиримесечното бебе од Кочани е негативна на КОВИД-19 - хоспитализирана е со своето бебе кое е позитивно на вирусот и е во стабилна состојба

Министерството за здравство ја известува јавноста дека мајката на четиримесечното бебе од Кочани кое е позитивно на коронавирусот е тестирана на 8 април и нејзиниот резултат е негативен на вирусот.Таа е е хоспитализирана заедно со своето бебе на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.Според информациите добиени од Институтот за јавно здравје, четиримесечното бебе од Кочани беше тестирано на КОВИД-19 на 06.04.2020 година, а резулатите биле готови на 07.04.2020 година.За овој случај, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче соопшти на денешната прес-конференција на која, според податоците добиени од Инфективната клиника информираше дека бебето е во стабилна состојба, без потреба од респираторна поддршка и е под постојан педијатриски надзор.Се чекаат резултатите и за таткото, кој е тестиран на 08.04.2020 година.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

jana

По четири месеци од смртта на Јана Арсовска, стигна пресуда во нејзина полза

Охриѓанката Јана Арсовска која на 12 декември 2019 год почина од редок вид на канцер четири месеци подоцна посхумно ја доби битката со Фондот за здравствено осигурување. Ова значи дека Јана требало да добие надомест од ФЗОМ за лекување во странство. Деталина за овој спор нејзиното семејство ги објасна на ФБ страната „Направи добрина: Донирај НАДЕЖ за ЈАНА“. Објавата ја пренесуваме во целост:-Почитувани пријатели, луѓе кои ја поддржувавте нашата Јана во целиот период на нејзината борба и со реткиот и опасен канцер, но и со канцерот во системот кој не и дозволи да го добие лекувањето во странство кое и следуваше според закон, сакаме да ве информираме дека пред два дена, на 07.04.2020 година ја добивме ПРЕСУДАТА НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД кој Жалбата на Фондот за здравствено осигурување против пресудата на Управниот суд ја одби како неоснована. Односно неколку месеци откако Јаничка повеќе не е меѓу нас, највисокиот суд во Македонија за управни постапки ја потврди одлуката на Управниот суд според која Фондот требаше да го реотвори нејзиниот случај и повторно да одлучува поради повреди во постапката на одлучување.За потсетување,-во декември 2018 конзилиумот од Германија бара ИТНО продолжување на лекувањето на Јана со имунотерапија-во февруари 2019 првостепена комисија од ФЗО ЈА ОДБИВА тврдејќи дека терапијата не била базирана на докази (лага!)-март 2019 второстепена комисија од ФЗО ЈА ОДБИВА тврдејќи дека Јана била дел од медицинска студија (уште поголема лага!!)! *Еве го доказот дека имуното не е „бабина деветина“ туку медицина базирана на докази: https://www.nice.org.uk/guidance/ta538!! **Доказ дека Јана не беше дел од медицинска студија е здравиот разум - ако беше, лекувањето ќе беше бесплатно и немаше до крај на животот да биде без терапијата која и беше ИТНО препишана-во април 2019 Јана ја започна битката пред македонските судови против погрешните решенија на комисиите на ФЗО.-во септември 2019 (после 5 месеци) Управен суд одлучи во корист на Јана, односно го врати нејзиниот предмет на повторно одлучување-Во ФЗО ги молевме да не вложуваат жалба бидејќи само ќе изгубат време на Јана, а секако на суд не може да го добијат случајот бидејќи правдата е на страна на Јана. ФЗО одби да го послуша здравиот разум и медицинска етика, па ВЛОЖИ ЖАЛБА.-Ете го ефектот. Наместо во октомври да не вложеа жалба, да одлучуваа повторно и да ја испратеа Јана на лекување, вложија жалба, во декември Јана не напушти, а денес добивме пресуда дека бевме во право цело време.Ова го пишуваме од две причини.ПРВО, за да се истакне ужасната тромавост на македонските судски институции кои за предмети во кои се работи за живото-загрозувачка состојба односно е потребно ИТНО решавање, ги решаваат по 5 месеци, како да се работи за спор за делба на нива, а не за човечки живот.ВТОРО, да се потенцира нестручноста на СИТЕ кои постапувале во одлучувањето за лекувањето на Јана, па не само што од формално-правен аспект ги повредиле процедурите поради кои и судовите пресудија во наша корист, не само што од етички аспект ги повредија непишаните правила па ја жалеа пресудата на Управниот суд иако беа свесни дека ќе и губат скапоцено време на Јана, туку и АПСОЛУТНО НЕСТРУЧНО одлучуваа во комисиите со лажни погрешни неточни небулозни „заклучоци“ кои беа пречка Јана да добие шанса да продолжи да се бори со реткиот многу опасен канцер.Јана ја нема, но живее во нас и со нас секој ден. Нејзината храброст, цврстина, одлучност, питомост и љубов со кои го живееше целиот живот и со кои ја помина целата борба со ракот, ќе останат и понатаму да сведочат за неа, за сите кои се грижеа за неа и за канцерот во системот кој наместо да им помага на своите граѓани, им го отежнува, кој ненамерно, но некој и свесно и намерно, патот до можноста за излекување.Токму затоа сега, имајќи ги исцрпено сите можности пред македонските судови, ќе ги тужиме сите инволвирани кои одлучувале во случајот на Јана. Неа ја нема и ништо не може да ни ја врати, но тоа ќе го сториме во спомен на нејзината борба и со цел ДА НЕ СЕ ДОЗВОЛИ вакво нешто да се повтори никогаш повеќе во Македонија. Доволно нестручни дилетанти и скандалозно ДОЛГИ процедури им „пресудуваат“ по живот на граѓаните на Македонија.Во спомен и чест на Јана,ве поздравува нејзиното семејство.Чувајте се што повеќе можете во овој период.https://www.facebook.com/donirajzajana/photos/a.123047979070925/235198091189246/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

eleni

(ВИДЕО) Погледнете каква е моменталната состојба на елените во репроцентарот во склоп на НП „Галичица“

ФБ статус на ренџерот и водич во НП Галичица Ѓуро Јовчески. Погледнете каква убавина крие НП Галичица... Почитувани љубители на природата и природните вредности. Поради заинтересираноста на повеќето од вас за тоа каква е моменталната состојба на елените во репроцентарот во склоп на НП. Галичица донесени пред околу 4 месеци а со цел за подобрување на управувањето на планинските екосистеми на пасиштата, со големо задоволство можам да ви кажам дека во текот на вчерашнот ден при нивно хранење од страна на колегата Лазе Узановски како и во повеќе наврати повторно е остварена блиска средба. Во видеото во прилог во 27ма секунда се гледаат сите единки. Истите се третираат и хранат по сите стандарди а и здравје се очекува кон крајот на Мај почеток на Јуни и подмладок. Во склоп репроцентарот и на паркот воспоставен е 24 часовен видео надзор и физичко обезбедување. Одговорно лично тврдам дека никој нема да биде поштеден доколку биде затекнат во противправни дејствија.Јас лично и вработените ќе продолжам да бидам сервис и подршка на сите посетители, туристички работници, рекреативци , месно население и љубители на природата. Се гледаме со господ напред после искушениево, напиша Јовчески на ФБ.https://www.facebook.com/gjuro.jovceski/videos/pcb.3157065427646286/3157061154313380/?type=3&theaterhttps://www.facebook.com/photo.php?fbid=3157060327646796&set=pcb.3157065427646286&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

boki-13-skopje1mk-Copy-2

Дукоски: Притвореникот кој почина се бањал во иста бања со Боки 13, храна им носеле исти командири

По смртта на притвореникот во истражниот затвор “Скопје”, кој беше заразен од корона вирусот, адвокатот Сашко Дуковски јавно прашува како судот планира да го оддржи утрешното рочиште за случајот “Рекет”, бидејќи на тој начин би го загрозил животот на сите кои се вклучени во процесот, објави Фокус.мк.-Притвореникот кој почина бил еден спрат под ќелијата на Бојан Јовановски. Се бањале во иста бања, храна им носеле исти командири и сл. Наместо да биде во изолација, денеска беше донесен на судење. Контактирав со него. Замислете, што ќе се случи доколку е недај боже заболен. Сите што бевме во судницата постои ризик да сме заразени, вели Дуковски, кој истакнува дека утрешното судење мора да биде одложено.Тој вели дека притворениците не треба да се дискриминираат, туку и за нив да се постапи според протокол.Текстот во целост на: Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

09042020_VRSM_39-ta_sednica

Северна Македонија и Европската Комисија ќе потпишат Договор за заедничка набавка на лекови и медицинска опрема

Владата на Република Северна Македонија на денешната 39-та седница ја донесе Одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите, согласно која во Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, во посебниот дел во првата потколона од колоната Расходи на Основен буџет, се врши прераспределба на средства во износ од 6.542.000.000 денари.Целта на предложената Одлука е обезбедување на средства за имплементација на економските мерки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот КОВИД-19.Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана денеска ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од пристапување кон и потпишување на Заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема помеѓу Република Северна Македонија и Европската Комисија, и го задолжи и овласти Министерот за здравство да го потпише и соодветно имплементира Заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема со Европската Комисија.Владата денеска донесе Измена на уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено економската криза заради исплата на плати за април и мај 2020 година, и со овие измени се трга условот управители и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката (а во насока на заштита на микро и малите фирми), и се дополнува со условот дека бројот на вработени треба да се задржи 2 месеци по користење на мерката односно до јули 2020 година.Дополнително, беше појаснето дека на оваа мерка компаниите не може да аплицираат единствено за свои вработени за кои се ослободени од плаќање придонеси и персонален данок преку проектите „Македонија вработува” или доколку се одлучат да ја искористат мерката за субвенционирање на 50% од придонесите во вонредна состојба, која е дел од првиот сет на мерки за справување со кризата.На оваа седница е донесен заклучок за воспоставување на централен механизам за примање, следење и распоредување на сите донации и помош што Република Северна Македонија ги добива, со кој ќе раководи заменик на претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, како Национален координатор за странска помош.Согласно заклучокот, донациите и помошта што ќе бидат примени, ќе се складираат централизирано, на едно место, и ќе се распоредуваат согласно потребите и приоритетите по доставени барања од страна на државните институции.На предлог на Министерството за економија денеска министрите ја разгледаа и донесоа Уредбата за примена на Законот за акредитација за време на вонредна состојба, според која предвидува одложување на роковите за доставување на извештајот за реализираната програма за работа на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија за 2019 година, како и извештајот за работата на Советот за 2019 година и извештајот на Одборот за надзор на материјално-финансиска контрола за 2019 година, за време на траење на вонредната состојба.Важноста на сертификатите за акредитација чиј рок е истечен или ќе истече за време на траење на вонредната состојба и на сертификатите за акредитација, чиј рок ќе истече во период од четири месеци по престанокот на траење на вонредната состојба, согласно оваа Уредба се продолжува до завршување на постапката за ре-акредитација од првото наредно оценување.Телата за оцена на сообразност чиј сертификат за акредитација истекол или ќе истече за време на траење на вонредната состојба сe должни да иницираат постапка за ре-акредитација во рок од 30 дена по престанок на траење на вонредната состојба.Надзорните над исполнување на барањата за акредитација и постапките за ре-акредитација кои требало или треба да се реализираат за време на траење на вонредната состојба се одложуваат за време на траење на вонредната состојба и ќе се реализираат по престанок на траење на вонредната состојба.За време на траење на вонредната состојба може да се завршат постапките за акредитација, ре-акредитација и надзорните оценувања чии оценувања се реализирани и со оцена на потребните документите.Според Уредбата, телата за оцена на сообразност за време на траење на вонредната состојба можат да достават барање и пријава за акредитација и други документи во врска со постапките за акредитација по електронски пат.На денешната 39-та седница беше разгледана и усвоена Уредбата со законска сила за примена на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за време на вонредна состојба, чии одредби ги регулираат роковите за одлучување по барањата за одобрување на финансиска поддршка и исплата на финансиска поддршка, за склучување на договори за финансиска поддршка, намалување на финансиска поддршка поради неисполнување на договорни обврски од договорите за финансиска поддршка, за дополнување или дообјаснување на барањата за финансиска поддршка, за роковите за реализација на инвестициите предмет на договорите за финансиска поддршка, извршувањето на контроли на лице место на договорите за финансиска поддршка, кои истекуваат или ќе истечат за време на траењето на вонредната состојба, да се одложат и да се продолжат за 60 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.Роковите определени во договорите за финансиска поддршка за реализација на инвестицијата, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат да течат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што престанале и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.Согласно оваа Уредба, роковите за доставување на барања за финансиска поддршка определени во јавниот повик за доставување на барања за финансиска поддршка по ИПАРД Програмата 2014-2020, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат да течат по престанок на траењето на вонредната состојба.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања