Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

korona-1

(ВИДЕО) Поради вакви луѓе, се плаќа со живот: Нема коронавирус, тој што се маскира ако го фати пролив не може да се откопча

Во текот на емисијата „Црвена линија“, еден од гледачите кои се вклучи во програма посочи дека нема коронавирус, односно тврдеше дека се е измислица.„Какви вируси, какви бакрачи, тој што се маскира ако го фати пролив не може да се откопча“, вели гледачот.Зошто го објавуваме ова? Бидејќи поради вакви поединци, патат цели нации ширум светот. Многу веројатно е дека истото ова лице, ќе излезе и ќе шета, ќе остварува контакти и нема да почитува препораки.Која е нашата цел?Доколку го познавате, посочете му и објаснете му каква е состојбата со пандемијата, покажете му ги страшните снимки од Италија, но и фотографиите од Инфективната клиника од каде вадат мртви тела во сандаци. Земјата не е рамна, време е тоа да се сфати, исто како и тоа дека со состојбата со коронавирусот е мошне сериозна и мора да се превенира!https://www.facebook.com/landovk/videos/2747779538665792/фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Levica-logo

Левица: На милионерите од Влада лесно им е да се подсмеваат со маката на отпуштените работници

Сведоци сме дека секојдневно по стотици работници, па и повеќе се пуштаат дома и остануваат без приходи. Само во угостителството проценките се дека од почетокот на кризата околу 60% од работниците се отпуштени, значи околу 16.000 нови луѓе се без работа! Најголем дел од економските активности се во прекин, а има и најави дека мерките ќе се заоструваат уште повеќе. И додека трае целата оваа ситуација од Владата во соопштение после вчерашната седница на срамен и дрзок начин арогантно наведуваат дека, „некој што останал без работа денес во една фирма можеби после два дена ќе се вработи на друго место, и тоа не е губење работа”, се вели во соопштението од Левица.Од Левица прашуваме, на кое тоа „друго место” ќе се вработат отпуштените работници кога најголем дел од економијата е во прекин? Сите индиции се дека така и ќе остане во догледно време. Дали од Владата мислат дека народот не разбира што се случува!? Лесно им е на милионерите од Влада да се подсмеваат со маката на обичниот човек. Новопечената милионерка, Министерката за труд и социјалана политика, Мила Царовска, во ситуација кога се случува социјален колапс и би требало најмногу да се фати за работа, таа се изгуби од јавноста и единствено може да ја видиме на сликите од седниците на Владата со телефонот во рака.Десетици илјади луѓе веќе ги имаат изгубено работните места и тој број во наредниот период само ќе се зголемува. Иако повеќепати Левица гласно бараше мерки за заштита на најсиромашните и работниците, Владата не само што не покажа слух, туку сега и со одвратна надменост го третира обичниот човек како да е глупав. Само за неколку недели во претходниот период, откако трае кризата, Левица процесираше над 50 различни случаи од фирми од кадешто работници останале без работа и сите случаи беа пријавени во Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен Инспекторат, а на дел од овие луѓе и понатаму дирекно им помага преку финансирање на кривични тужби против алчните газди! Ја предупредуваме Владата дека, оваа политика нема да им помине, и ако нешто итно не се превземе, после кризата наместо со избори, може да се соочи со генерален штрајк, бидејќи гневот на работниците штотуку ќе се излевам се вели во соопштението од Левица.фото: Архива   

Македонија | пред 6 години

turcija-5

Пендаровски - Ердоган: Солидарност и сојузништво за справувањето со коронавирусот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.За време на разговорот, претседателот Пендаровски, во име на граѓаните на Република Северна Македонија и во свое лично име, изрази благодарност до претседателот Ердоган за медицинската опрема, во скафандери, маски и тестови којашто пристигна од Турција, додавајќи дека сојузништвото и солидарноста меѓу државите се важни во овие тешки денови кога на глобално ниво заеднички се справуваат со епидемијата на COVID-19.Истовремено, претседателот Пендаровски изрази солидарност и поддршка за Турција во напорите за справување со COVID-19 со оглед на тоа дека Турција е меѓу десетте најпогодени земји со близу 40 000 инфицирани и над 800 починати лица. Во тој контекст упати сочувство за починатите и посака скорешно закрепнување на заболените со COVID-19. Во врска со состојбата во земјава во справувањето со епидемијата на COVID-19 и отстранувањето на последиците од истата, претседателот Пендаровски го информираше претседателот Ердоган дека ситуацијата е стабилна, меѓу останатото и заради фактот дека Северна Македонија меѓу првите земји во регионот ги започна активностите за справување со пандемијата. Во овој контекст, претседателот Пендаровски додаде дека државата се подготвува за предизвиците со кои се очекува да се соочи економијата по надминувањето на пандемијата, потенцирајќи ја притоа важноста на силните економски врски меѓу двете држави.Двајцата претседатели изразија задоволство од одличните билатерални односи, а претседателот Пендаровски му се заблагодари на претседателот Ердоган за долгорочната и значајна поддршка од страна на Турција за остварување на една од нашите стратешки цели – членството во НАТО, каде досегашното партнерство ќе продолжи во нов контекст меѓу две членки на Алијансата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Двајца непочитувачи на здравствените прописи во Охрид ќе платат по 2000 евра

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Предлог за издавање казнен налог против 43-годишен жител на Скопје со престојувалиште во Охрид заради продолжено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 13 март на граничниот премин Табановце допатувал од Република Австрија, веднаш заминал во неговиот стан во Охрид и иако знаел дека е должен да се самоизолира, истиот ден се јавил во кабелски оператор и побарал да во станот во кој престојувал да му монтираат кабелска телевизија и интернет. Притоа остварил личен контакт со тројца вработени во кабелскиот оператор, кои ги повикал и ги примил во просторијата во која престојувал, без да ги извести дека е во задолжителна самоизолација и без да носи заштитна маска и ракавици.Јавното обвинителство предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.Исто така, охридското обвинителство поднесе Предлог за издавање казнен налог против уште едно лице кое на 29 март не постапило согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија.Обвинетиот  бил затекнат надвор од домот за време на полицискиот час со што сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.И за овој обвинет, обвинителството на Основниот суд Охрид м у предложи да изрече парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Македонија | пред 6 години

09042020_-CI_Tanasoski_pres-konferencija-2

Танасоски: Покрај тешките услови извозот во периодот јануари-март 2020 година е поголем за околу 210 милиони евра

„Царинската управа заедно со сите органи и Министерства во Владата на Република Северна Македонија, прават исклучителни напори за одржување на економската активност и поддршка на извозот“, рече директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски на денешната прес-конференција на која информираше за конкретните мерки во областа на прекуграничната трговија.Според податоците на Царинската управа за надворешно-трговската размена, вкупната вредност на извозот во периодот јануари-март 2020 година изнесува 86,77 милијарди денари или 1,41 милијарди евра, што е поголемо за околу 210 милиони евра во однос на 2019 година. Вкупната количина на извезени стоки изнесува 702.650 тони.„Покрај исклучително тешките услови, извозот на свеж зеленчук во март 2020 година е поголем за околу 3.000 тони во однос на 2019 година, додека кај вредноста се бележи благо намалување. Во март 2020 година изнесувал 290 милиони денари или околу 4,7 милиони евра. Што се однесува на извозот на свежото овошје, во март 2020 година е поголем за околу 1 милион евра во однос на 2019 година. Извозот на свежо овошје во март 2020 година изнесувал околу 3,7 милиони евра или околу 9.126 тони“, објасни директорот Танасоски.Тој истакна дека во рамки на своите надлежности и овластувања, Царинската управа на членките на Советодавното тело, пред се, коморските здруженија, транспортните здруженија како АМЕРИТ и МАКАМТРАНС, постојано доставува информации поврзани со прашања поврзани со увозот и извозот на стоки и прекуграничното движење на стоките.„Во таа насока, ние постојано се трудиме овие информации да бидат достапни до јавноста преку соодветните интернет страници и преку социјалните медиуми постојано го ажурираме Упатството за царински прашања поврзани со вонредната состојба КОВИД-19“, рече директорот Танасоски и додаде дека во рамки на македонското претседателство се Поткомитетот за царини и потекло на стоки во рамки на ЦЕФТА покрената е иницијатива за воспоставување на т.н., зелени коридори, каде сите земји членки на ЦЕФТА се обврзани да обезбедат 24 часовна работа на граничните премини за извоз и увоз на стоки во рамки на ЦЕФТА регионот, како и на клучните гранични премини со Европската Унија, со приоритет за минување на свежите земјоделски и прехранбени производи, лековите и медицинската опрема.Како резултат на воведувањето на дигиталната царина и безхартиената царинска околина со воведувањето на новиот софтвер од 01.04.2020 година царинската постапка за извоз е целосно без хартија.„Тоа практично значи дека секој извозник покрај тоа што не треба да поднесува царинска декларација за извоз, не е потребно да ги поднесува и придружните царински документи, како фактура, ЦМР. На овој начин, придобивките од модернизацијата на царинското работење и дигитализацијата, покрај олеснување на трговијата, во ова кризно време придонесуваат и за што поголемо избегнување на физичкиот контакт помеѓу економските оператори и царината“, објасни директорот Танасоски.Покрај редовните царински постапки, поедноставните царински постапки на компаниите им овозможуваат можност за царинење на стоките во период од 24 часа. Така, и покрај силното ограничување во однос на движењето преку овие царински постапки, Царинската управа и Владата на Република Северна Македонија обезбедија во овој период да не постојат никакви сериозни нарушувања во поглед на снабдувањето со стоките.Со цел да се олесни работата на економските оператори, Царинската управа по службена должност го продолжи рокот на важење до 30.09.2020 година, на сите одобренија за поедноставени царински постапки што истекуваат до 31.05.2020 година. Ова значи дека истите се применуваат под услови и критериуми под кои биле издадени, при што компаниите не е потребно да вадат низа пропратни документи од разни институции со цел да ги добијат одобренијата.За време на траење на полицискиот час, со исполнување на одредени услови (како меѓународен транзитен документ Т1 или извозен придружен документ EXMK), дозволено е движењето на стоки во транзитна постапка и поедноставена постапка на извоз и увоз.Владата на Република Северна Македонија објави низа одлуки за укинување на царински давачки за увоз на потрошен медицински материјал, лекови и суровини за производство на медицинска опрема. Исто така, донесена е одлука за укинување на царина за замрзнато свинско месо заради стимулирање на домашното производство. Одлуките ќе се применуваат заклучно со завршување на траење на вонредната состојба.Со член 238 од Царинскиот Закон е регулирано дека на барање на економскиот оператор, царинскиот орган може да одобри одложување на плаќањето на износот на давачките којшто треба ги плати засегнатото лице, за стока декларирана за царинска постапка која вклучува обврска за плаќање на таквите давачки. Така да, секој економски оператор што увезува стока може да побара одложување на плаќање на царинските давачки (царина, ДДВ и акциза) во рок од 30 дена.На основа на известување од деловните банки, Царинската управа по службена должност го продолжи рокот на важење на банкарските гаранции до 30.09.2020 година. По службена должност се продолжи рокот на важење на одобренија за одложено плаќање на увозни давачки, за сите иматели за кои рокот на важење на гаранцијата е продолжен по службена должност.Со оглед на зголемената побарувачка на етил алкохол како основно средство за дезинфекција во борба против КОВИД-19, Царинската управа донесе мерки за поедноставување на постапката на реиздавање на одобренијата за повластени корисници на етил алкохол на установите од јавното и приватното здравство како и на компаниите кои произведуваат средства за дезинфекција.„Во насока на олеснување на условите за работење на компаниите при набавка и дистрибуција на алкохол за медицински цели за изработка на лекови и средства за дезинфекција, донесена е Уредба со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба со која е обезбедено продолжување на рокот за поднесување на гаранцијата за обезбедување на плаќањето на акцизниот долг“, подвлече директорот Танасоски и на крај им се заблагодари на сите царински службеници кои се на граничната линија и на сите учесници во царинската постапка, превозниците и царинските застапници, што секојдневно надвор од нивните домови се грижат за одржување на економската активност, движењето на стоките и извозот на нашите производи.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

08.04.2020-dezinfeckija-javni-povrsini-1

(ФОТО) Во Скопје и денеска се дезинфицираа јадвните простори

За да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот и да се подигне нивото на јавната хигиена, екипите на Град Скопје по вторпат спроведуваат голема акција за миење и дезинфекција на јавните површини во Скопје.Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска ги мијат и дезинфицираат јавните површини во паркот „Ибни Пајко“. Во текот на вчерашниот ден, пак, рачно и со посебна опрема беа исчистени и дезинфицирани патеките, клупите, павилјоните, дрвените мостови, детските реквизити и справите за вежбање во трите дела на Градскиот парк, во парковите во Чаир и Ѓорче Петров, во парковите „Македонија“ и „Жена Борец“ и во Рајскиот парк во Аеродром. Повторно беше извршена дезинфекција на јавните површини и во СРЦ „Сарај“, во паркот на природата „Гази Баба“ и во парк-шумата „Водно“.Скопските пожарникари вчера извршија целосна дезинфекција на јавните површини на кејот на Вардар. Се чистеа и патеките и урбаната опрема.Во истовреме, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ вршеа рачно миење и дезинфекција на плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“. На градските улици и булевари, пак, се вршеше машинско миење и дезинфекција на коловозите.Значајно е да се нагласи дека во текот на изминатиов период ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно спроведува машинско миење со автоцистерни и дезинфекција на поголемите улици и булевари во сите скопски општини, како и рачно миење и дезинфекција на најфреквентните јавни површини во централното градско подрачје - плоштадот „Македонија“, Камениот мост, мостот „Гоце Делчев“, улицата Македонија, плоштадот „Филип Втори“ и Старата скопска чаршија. Постојано се дезинфицираат и садовите за собирање отпад поставени на територијата на градот Скопје - подземните и надземните контејнери и нивната микролокација.фото: Град Скопје 

Скопје | пред 6 години

Pres-K.Kostadinov

Костадинов: Економските мерки на Владата спасуваат 250.000 работни места, одобрени се првите бескаматни кредити за 136 компании

Надлежните институции, државата, граѓаните, сите ние се бориме секојдневно со невидливиот непријател, за заштита на најважното здравјето на граѓаните. Паралелно со мерките за заштита на здравјето, се преземаат мерки во надминување на последиците врз економијата предизвикани од глобалната пандемија на коронавирусот, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.Започна реализација на големиот пакет првични економски мерки во вредност од 200 милиони евра. Се бориме за спас на секое работно место, за секој работник, да обезбедиме приход за секој човек.Одобрени се и првите бескаматни кредити од страна на Развојната банка, за 136 компании со 1.737 вработени.Поради големиот интерес за оваа мерка, Развојната банка веќе го зголеми буџетот и обезбеди дополнителни 8 милиони евра кои им се ставени на располагање на микро, малите и средните претпријатија.Државата создаде услови, фирмите да покажат одговорност и солидарност, преку користење на мерките за помош и поддршка, да ги задржат сите вработени.Со мерките кои веќе се усвоени и за кои има соодветни Уредби со законска сила, државата спасува 250.000 работни места и помага на 35.000 фирми. Да ги спасиме работните места и да обезбедиме приход за секој човек.Со овие мерки, фирмите погодени од кризата, односно секој работник од државата добива по  14.500 денари, плата за месеците април и мај.Мерката значи идентична помош и за занаетчиите, самостојните дејности, спортските работници.Покрај оваа мерка фирмите можат да изберат помош за покривање на 50 отсто од трошоците за придонеси на секој вработен.За граѓаните обезбедени се сериозни финансиски олеснувања, се одложува наплатата на кредити, наплата на закуп на социјалните станови, а извршните дејствија од страна на извршителите се стопирани.Паралелно се кратат непродуктивните трошоци, но и се намалуваат платите на избраните и именувани функционери, затоа што сега е време за солидарност и меѓусебно помагање.Мерките што се преземаат опфаќаат помош за 250.000 работни места и 35.000 компании. Во духот на солидарноста помагаме на оние кои се погодени од кризата и не дозволуваме никој да не остане без приход во овие тешки времиња.Со сето она што го презедовме досега, создадовме систем кој работи за граѓаните и нивните интереси. Од -1,8% за само 2,5 години економијата порасна на +3,6% и на нозе ја дочекува оваа економска криза.Во ваква ситуација важно е ширењето лажни вести и неоснована паника од страна на опозицијата да престане, тоа е на штета на граѓаните и нивното здравје. Време е за солидарност и заедничко делување.Продолжуваме заедно со граѓаните, со стопанството да создаваме мерки и политики што за еднаква помош за сите. За нас, секој е важен, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

soob3

(ФОТО) Сообраќајна несреќа во Охрид, се судрија камион и автомобил

Сообраќајна несреќа се случи денеска околу 12 часот и 30 мин на улицата 15 Корпус во Охрид. Во несреќата учествуваа патнички автомобил и товарно возило.„Во несреќата предизвикана е мала материјална штета без посериони последици по здравјето на возачите“, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Македонија | пред 6 години

venko

(ВИДЕО) Филипче: Почина притвореник во „Шутка“, по обдукцијата е утврдено дека бил позитивен на коронавирусот

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека еден затвореник во затворот Шутка починал од срцен удар, но посмртно, при обдукцијата бил направен тест и е утврдено дека бил позитивен. Сега се утврдува со кои лица тој бил во контакт, со цел да се спречи ширењето на епидемијата, во затворот.-Има еден притвореник во „Шутка“ кој починал од срцев удар, но по обдукцијата е утврдено дека бил позитивен на коронавирусот. Од Домот за стари лица во Битола има еден штитеник кој болнички згрижен и тој е позитивен на Ковид-19. Во двете институции се дадени насоки за темелно чистење на просториите, рече министерот.Денеска во Министерство за здравство истакна дека се отвараат понудите за набавката на респираторните машини и во тек се постапки за набавка на реагенси и заштишта опрема, истакна министерот.-Денеска ја објавивме и листата на донатори, а на сметката на која се собираат донации има 60 милиони денари, истакна Филипче.https://www.facebook.com/VladaMK/videos/275245070156328/?v=275245070156328&notif_id=1586437168545113&notif_t=live_video фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

venko

(ВИДЕО) Филипче: Дваесет пациенти се со потешка клиничка слика, од кои седум критично и се приклучени на респиратори

На Инфективната клиника во Скопје денеска се примени нови пет пациенти, со што вкупниот број на пациенти на клиниката е 68. Дваесет се со потешка клиничка слика, од кои седум критично и се приклучени на респиратори. Во болницата „8 Септември“, сместени се 25 пациенти, а во Битола четворица, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.Министетрот информираше дека на Клиниката се примени и мајка и четиримесечно бебе од Кочани, заболени од Ковид 19, со блага анемија. Министерот потенцираше дека  бебето е во стабилна состојба и дише нормално, но послаба му е и крвната слика. За него се грижат педијатри.Инаку, од вкупниот број заболени од корона во Македонија, неполни 7% се млади лица до 19 години. Регистрирани се 19 случаи до 9-годишна возраст и 22 случаја на пациенти од 10 до 19 години.Во изминатото деноноќие се потврдени 46 нови случаи на Ковид 19. Со ова бројката на дијагностицирани случаи во државата е 663 лица.Новопотврдените случаи се во градовите: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.Во изминатото деноноќие направени се 341 тест. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19.https://www.facebook.com/VladaMK/videos/275245070156328/?v=275245070156328&notif_id=1586437168545113&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

w_55947488

Расте бројот на заболени од коронавирус, најмногу во Скопја па потоа Куманово

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови во Скопје – 12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово – 1, Струга – 2, Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица.Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 273 Куманово – 143 Дебар – 49 Штип-20 Прилеп –46 Тетово – 30 Струга – 30 Велес – 18 Битола –8 Охрид –3 Кавадарци – 3 Гостивар –4 Гевглелија – 4 Струмица – 2 Крива Паланка-3 Радовиш – 4 Крушево – 3 Кочани – 19 Пробиштип – 1Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ-194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19.

Македонија | пред 6 години

lisici

Уапсен скопјанец за агресивно однесување кон полицијата за време на полициски час

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера, 48-годишниот Ј.К. од село Волково, скопско, вчера бил уапсен во скопско Ново Село во 18:40 часот.-Мажот е уапсен тоа што немал со себе документ за идентификација ни дозвола за движење, а исто така, се однесувал агресивно кон полициските службеници кои вршеле службени дејства, информираат од МВР.По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

minister-za-obrazovanie-arbr-ademi_22

Адеми: Најважно е да се обезбеди двонасочна комуникација меѓу наставникот и ученикот,

Предизвиците во реализирањето на онлајн-наставата се надминуваат со секоја донесена мерка, а предизвици има и кога таа се реализира во нормални услови. Најважно е да се обезбеди двонасочна комуникација меѓу наставникот и ученикот, а информациите  за тоа се охрабрувачи, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми.Тој потсети на преземените мерки за да се продолжи воспитно-образовниот процес во училиштата откако на 11 март беше прекината класичната настава – најпрво со „ТВ Училницата“ на МРТ и препорачаните бесплатни апликации и платформи за учење од дома, националната дигитална платформа Едуино и најновата мерка – решение на проблемот за децата од социјално загрозени семејства на кои со донацијата од „Телеком“ им е обезбеден бесплатен мобилен интернет за да пристапат на платформите за учење.– Нудиме учење од дома, каде што секој наставник е должен да држи двонасочна комуникација со ученикот, па на крај може и да го оценува. Нудиме и национална платформа за далечинско учење – снимени се видеолекции од нашите активни наставници…На 33 000 деца кои имаат статус на ученик, но кои потекнуваат од социјално загрозени семејства одлучивме да им доделиме картички со 10 гигабајти интернет секој месец, бесплатно, изјави министерот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

dafina

Стојаноска: Македонија на дното на листите според проценката за закрепнување од корона вирусот

Состојбата со корона вирусот наметнува многу прашања, но и дилеми. И, наместо соодветно и навремено справување со ситуацијата, гледаме само задоцнети мерки. А, од самиот почеток, уште кога се појави првиот случај на корона вирусот во Македонија, кон крајот на февруари, ВМРО-ДПМНЕ излезе со конкретни мерки кои требаше да се преземат. Предложените мерки се презедоа, но со многу доцнење. А, за тоа цената е висока. Има жртви, а економијата тоне, истакна Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ .Македонија се наоѓа на дното на листите, според проценката за закрепнување од корона вирусот.Меѓународната ФМ Глобал ја направи можеби првата проценка за тоа, како може да изгледа закрепнувањето на државите, откако вирусот ќе се повлече. Едноставно, процени кои се државите што ќе може полесно да дишат.Анализирани се и има оценки за 130 земји. На врвот на листата се Данска и Норвешка или тие најбрзо ќе закрепнат.Македонија е на дното. Таа се наоѓа на 100-тата позиција. Пред нас се сите земји во регионот, Хрватска е на 37-то место, Словенија на 42-то, Србија на 63-то и Босна и Херцеговина на 70-то место.За појаснување, која земја како ќе закрепнува, се земаат предвид фактори како: политичка стабилност, корпоративно управување, ризик на животната средина, логистика на синџирот на снабдување и транспарентност.Стигна првата потврда за она што го говори ВМРО-ДПМНЕ: дека ако не се преземат соодветни мерки и навремено, последиците ќе се големи. Сите во регионот економски ќе закрепуваат побрзо од нас. Свестете се, кај нас тешкото допрва претстои.Деновиве сме сведоци и на несоодветен одговор и за медицинските теми.И додека министерот за здравство, Венко Филипче вели дека дел од пациентите треба и може да се лекуваат во домашни услови, има случаи кога тие починуваат на пат до болница.Филипче вели дека има доволно тестирања и резултати навреме, но има случаи кога пациенти умираат чекајќи резултати.На забелешките пак дека прашањата од епидемиолошката анкета веќе се несоодветни, затоа што вирусот сега се пренесува локално, Филипче вели соодветни се.И да, додека медицинските работници молат за помош, молат за соодветна и доволно опрема, министерот Филипче на средбата во Куманово секако, со соодветна маска. За останатите доволна е онаа хируршката маска која не штити доволно или е ефикасна кратко време, само час до два најмногу.Медицинскиот кадар е десеткуван. Главниот удар допрва се очекува. Сега е време да се заштитат медицинските работници.Сега е време да се преземат соодветни мерки за економијата. Македонија се наоѓа на дното на листите според проценката за закрепнување од корона вирусот.Нема време за чекање!Доста доцневте со мерките! Ако треба помош, ВМРО-ДПМНЕ е тука, истакна Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ .фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

Foto-4

(ВИДЕО) Пендаровски ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје.За време на посетата претседателот Пендаровски беше запознаен со работата на лабораторијата, во која се вршат испитувања за присуство на вирусот КОВИД-19. Претседателот Пендаровски оддаде признание за макотрпната работа на докторите и медицинско-техничкиот персонал, кои по појавата на вирусот работат со засилено темпо и се изложени на висок ризик во својата работа и им честиташе за тимската и пожртвувана работа и за нивниот придонес во справувањето со последиците од ширењето на вирусот КОВИД – 19.„Овде сум лично да ви ја искажам огромната благодарност во името на сите наши граѓани за се ова што го правите. Охрабрува вашата професионалност и одговорност, посветеноста и смиреноста со која секојдневно ги извршувате вашите обврски. Ви порачувам да се чувате, секој поединечно, и како тим и како семејство“, им порача претседателот Пендаровски на вработените.Вработените во Лабораторијата, поделени во три тима, по систем на ротација на секои три часа, обработуваат од 50 до 70 примероци.Претседателот Пендаровски ја истакна потребата да се овозможи непречена работа на лабораторијата, која има важна улога во детектирањето и спречувањето на ширењето на вирусот.За време на посетата претседателот Пендаровски повика на доследно почитување на препораките од надлежните институции со цел справување со последиците од ширењето на вирусот КОВИД-19.фото: Кабинет на претседател

Македонија | пред 6 години

brza-pomos-2

Тешко повреден малолетник во Скопје

Утрово во полициска станица било пријавено дека во попладневните часови на 7 април на улицата Македонско-косовска бригада автомобил „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак.Според пријавата, возилото било управувано од 30-годишник од Скопје, a oд ударот малолетникот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

redzepi

Сулејман Реџепи се закани: Не дај Боже ако ги повлечеме нашите повици за пандемијата

Поглаварот на Исламската верска заедница, реисот Сулејман Реџепи упати закана до вицепремиерот Бујар Османи и до Владата дека ќе ги повлечат повиците за заштита од пандемијата ако на ИВЗ не и дадат помош, објави ФОКУС.мк.Фокус пак пренесува објава на „Газета лајм“.– Ќе пуштиме пак барање, ако не ни одговорат знаеме како да ги потсетиме. Зошто не дај Боже ако ги повлечеме нашите повици за пандемијата, рекол Реџепи.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kumanovo

(ВИДЕО) (ВИДЕО) Пожар во стан во зграда во Куманово

Се запали стан во зграда на улица „Трета македонска бригада“ во Куманово, непосредно пред полицискиот час. Снимката од запалениот стан и интервенцијата на противпожарните екипи почна да се шири на социјалните мрежи, а чадот можеше да се забележи од сите страни на Куманово.https://www.facebook.com/goran.gorgievski.714/videos/1611917602293437/Куманово е еден од најпогодените градови, односно има голем број на заразени и починати од новиот вирус Ковид 19.видео: ФБ

Македонија | пред 6 години

turcija-6

(ФОТО) На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и 1.000 дијагностички теста.Донацијата им беше предадена на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и на заменик-началникот на Генералштабот, Азим Нуредин.„Во овие тешки времиња кога светот е соочен со исклучително тежок предизвик за јавното здравје и справување со последиците од пандемијата на Ковид-19, подавањето рака меѓу земјите дава надеж дека заедно побргу ќе бидат надминати. Високо ја цениме и сме благодарни за несебичната поддршка со медицинска и заштитна опрема што денес ни пристигна од пријателска Турција“, рече Димитров.„Со ваква перцепција на работите, Република Турција испраќа медицински материјал во земјите од светот со цел справување со епидемијата. Се разбира, нашите народи со векови живееле заедно на Балканот и во Македонија, која е во срцето на Балканот, и секојпат го задржала своето место во срцето на Турција и турскиот народ. Ние ги уважуваме поимите братство и пријателство и сè што е во тој дух. Медицинската опрема што стигна денес во Скопје заедно со себе носи љубов, пријателство и поздрави од почитуваниот претседател и турскиот народ и посакувам да придонесе во заздравувањето на раните на македонскиот народ“, истакна турскиот амбасадор, Хасан Мехмет Секизќок.  

Македонија | пред 6 години

06042020_DSZI_inspekciski-nadzor_3

Донирана опрема, добра и финансиски средства за Министерството за здравство за справување со коронавирусот

Министерството за здравство изразува голема благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат поддршка во напорите на здравствените институции за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата.  Особена благодарност упатуваме за потврдените донации од Европска Унија во вредност од 4 милиони евра и на САД кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари за справување со коронавирусот.Донациите во опрема и добра за Министерството за здравство вклучуваат медицинска опрема за потребите на Инфективната клиника, Клиниката за детски болести, Клиника за неврохирургија, КАРИЛ, како и за други здравствени институции и тоа: апарати за механичка вентилација, рентген апарати, бронхоскоп, респиратори, инфузиомати, ЕКГ апарати, дефибрилатори, аспиратори за сукција, пациент монитори за инвазивно мерење притисок, батерии за рентген апарати, апарати за лабораторија, кислородни маски, пулсоксиметри, китови за тест корона, апарати за прочистување на воздух, значителна количина заштитни наочари, визири, скафандери, маски, потребни лекови и медикаменти, потрошен материјал, како и немедицинска опрема и други потреби пред се на Инфективната клиника – возила, машини за перење, сушење, бојлери за топла вода, кревети, фолија за маневарска болница, пешкири, постелнини, козметички производи, вода, софтверска апликација.Дел од материјалите и апаратите се веќе пристигнати, а дел се нарачани од донаторите и во текот на наредната недела се очекува пристигнат во Инфективната клиника и на другите локации според потребата.Покрај донациите во опрема и добра, на наменската сметка на Министерството за здравство за донации до сега пристигнати се средства во висина од 59.300.000 денари.Благодарност упатуваме за поддршката во вид на донации од страна на  Германската, Кинеската, Швајцарската и Американската Амбасада, за донациите од Турција и Чешка пристигнати преку СЕП, потоа ИГМ Трејд, Алкалоид АД Скопје, ЕВН Македонија, Државна видеолотарија на Македонија, Стопанска Банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Тутнска банка, АТС Груп, Тотал ТВ, Аутомотив Груп, Аутомобиле СК, Филип Морис, Макпетрол АД Скопје, Атлантик Груп, Цементарница Усје, ОКТА, Гранд експорт ДООЕЛ, Битолска млекара, Адинг, СиТ Македонија, Горска вода, Некстсенс, Еуропоинт, Моцарт обложувалници, Агенција за аудио-визуелни медиумски услуги, КИБС, Агенција за разузнавање, Новонордиск, Шпаркасе и Охридска банка, Кронберг и Шуберт, Сава Осигурување, ЕМК ДООЕЛ Мали хидроелектрани,  Ваурон, Леов, Рамстор, Лукоил, Реплек, Тотал инженеринг, Антхура Кочани, Илинден АД Струга, Генерал електрик, БиМек, Санофи, Авицена, Лек Скопје ДООЕЛ, Рош Македонија, Еурофарм, Теди компани, Фитофарм, Мак медика, Витаминка Прилеп, Макпрогрес, Скопстер, Макаус, Лајфвоч, Тинекс, Линеа, Ротари клуб, Алансер, Град Скопје, општина Студеничани, Дени Интернационал, Хриливел Скопје, Фас Вас Васко, Здружение на возачи Охрид, ЦВО Брокер Охрид, Адвокат Иван Симоновски, ИмагеПР, Кара констракшн, Порд машинопроект, Аптив, Етерна, Зобек Мининг, 360 степени, Златекс, Медарско здружение Матица, Гицко, индивидуалните донатори, но и сите оние поединци и компании кои донираат директно во другите здравствени установи и за различните групи на население.Листата на донатори која е објавена овде ги вклучува донаторите кои директно контактирале со Министерството за здравство и имаат потпишано договор за донација, односно имаат веќе донирано добра или средства. Голем број на компании пројавија интерес за донација и истите ќе бидат објавени по реализацијата на донацијата, односно по потпишувањето на договор за донација.За сите поединци или компании кои се заинтересирани да донираат заштитна опрема, медицинска опрема или медицински помагала или материјали, како и било какви други средства, добра и услуги кои се потребни за справување со коронавирусот (2019-nCov), тоа може да го направат во директна соработка со одговорните од Министерството за здравство. Конкретни инструкции за постапката за донација може да се добијат со контактирање на одговорното лице на е-маил адресата: sandra.velovska@zdravstvo.gov.mk.Наменските сметки за донација на Министерството за здравство може да се најдат на http://zdravstvo.gov.mk/ministerstvoto-za-zdravstvo-otvori-posebni-smetki-za-donacii-mozhe-da-se-doniraat-parichni-sredstva-no-i-oprema-soglasno-listata-na-prioriteti-na-ministerstvoto/фото: Архива

Македонија | пред 6 години

biljanini

(ФОТО) Се дезинфицираат влезовите, ходничните и скалишните простории на станбените згради на подрачјето на Општина Охрид

⚠️Согласно препораките за превенција од Ковид 19 и оперативните мерки на Кризниот штаб на Општина Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска започнаа реализација на интензивни активности за дезинфекција на влезовите, ходничните и скалишните простории на станбените згради на подрачјето на Општина Охрид.Во рамки на денешната акција, утрово се изврши дезинфекција на зградите во населбата „Билјанини Извори“.➡️Активностите за дезинфекција ќе продолжат интезивно и во останатите станбени комплекси на територијата на општината, Објави на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.575728399699434/575728106366130/?type=3&theaterФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 6 години

sonce

Сончево со слабдо умерен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени.Како што соопшти УХМР, следува период на сончево и топло време со пораст на дневните температури.Од сабота ќе има извесно зголемување на облачноста, а од почетокот на идната седмица ќе има услови за локален дожд.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Hrana

(ФОТО) Дирекцијата за заштита и спасување покрај редовните активности ги нахрани и бездомните кучиња

Припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување кои се распоредени на пунктот Бошков мост, со помош на здруженија за заштита на животните, денес, однесоа храна за животните. Дирекцијата за заштита и спасување покрај редовните активности за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот се грижи и за заштитата на животинскиот свет,стои во објавата на официјалниот сајт на дирекцијата за заштита и спасување.https://www.facebook.com/direkcijazazastitaispasuvanje/photos/pcb.1951240581667876/1951233645001903/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

skopje-1

(ВИДЕО) Празни улици, отворени аптеки и полиција на пунктови - атмосферата во Скопје додека трае полицискиот час

Скоро празни улици со полиција, по некое такси возило и жители кои се враќаат дома. Ваква е сликата во Скопје денеска, на првиот ден од полицискиот час кој ќе трае 13 часот. Познатиот дух на Скопје со гужви се изгуби од 15 часот, кога сите жители се одеа во своите домови, пред почетокот на рестрикцијата за движење.Екипата на „Скопје 1“ беше низ улиците на главниот град. На булеварот „Партизански одреди“ наидовме на една полициска контрола близу местото познато како Симпо, во Кисела Вода контрола не дочека после местото викано рампа, во Аеродром имаше на неколку места, додека пак, кај Железничката станица имаше на раскрсницата кај амбулантата „Пролеќе“. Сите дуќани се затворени, а работат само угостителските објекти кои вршат достава, аптеките, бензиските пумпи.Погледнете дел од атмосферата низ Скопје:   автор: Татјана Маленкова

Скопје | пред 6 години

DSC_0113

Полицајците приправници се активирани во редовите на МВР

Владата денеска ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за внатрешни работи за време на вонредна состојба со која приправничкиот испит за полицајците приправници и за вработените со статус приправници се смета за положен.На овој начин припадниците на МВР добиваат засилување од 544 полицајци и 100-тина инспектори кои ќе се распоредат на работни места во Министерството за внатрешни работи, и кои со целосни овластувања ќе можат да постапуваат.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања