Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

zemjodelstvo

МЗШВ: Правила за движење на земјоделците во време на забрана за движење

Во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата на Република Северна Македонија, а којашто стапува во сила од денеска (среда 08.04.2020), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците:-Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.-Земјоделците пак чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата каде што им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе се спроведува како и досега, преку испраќање на податоци до Подрачните единици на МЗШВ. Сите досега издадени дозволи, продолжуваат да важат до крајот на вонредната состојба.НАПОМЕНА:• Строгo се забранува издавање на дозволи за движење на земјоделци кои имаат навршено и над 67 години. Тие треба телефонски да се јават во Подрачната единица на МЗШВ и да пријават еден помлад член со кој се во роднинска врска (син, ќерка, зет, снаа, внук) и на тоа лице ќе му биде издадена дозвола за движење.• Право на движење има само еден член на земјоделско стопанство.• Барањата за дозвола се доставуваат по телефон или на е-маил до подрачната единица на МЗШВ, од понеделник до четврток, најдоцна до 12 часот. Готовите дозволи се принтаат од страна на вработените во подрачната единица и им се даваат на земјоделците.• Издадените дозволи за движење на земјоделците, важат до крајот на вонредната состојба.• Право на издавање на дозвола имаат само евидентираните земјоделци во Единствениот регистар на МЗШВ.• Фирмите чија дејност е поврзана со земјоделско производство имаат право самите да издаваат потврди за движење на своите вработени.Ги повикуваме земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата, и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел заеднички да придонесеме во справувањето со коронависрусот во нашата држава. фото: Архива

Македонија | пред 6 години

vmro_np

ВМРО-Народна партија смета дека почетокот на полицискиот час од 16:00 часот е многу рестриктивен период за кој не знаеме какви ефекти ќе донесе

ВМРО-Народна партија во принцип ги поддржува заложбите за порестриктивни мерки во борбата со корона вирусот - КОВИД-19, но во исто време и го задржува правото да бидеме критични за што поуспешно справување и остварување на заедничката цел, се вели во соопштението од ВМРО НП.Сметаме дека одлуката за уште порестриктивен полициски час кој ќе почнува од 16:00 часот си има одредени слабости:Прво, во контекст на борбата, скратувајќи го времето на граѓаните да можат да ги извршуваат своите елементарни обврски (банка, маректи, аптека) се создаваат поголеми метежи, а на тој начин се отвора поголема опасност од ширење на заразата.Второ, економскиот, а воедно и општествениот живот во државата каде времето е многу нерационално избрано, така што за огромен број на работни луѓе ќе мора да се кратат смени и работното време, а да не зборуваме каков удар ќе биде тоа за земјоделците и сточарите чија работа воопшто не зависи од работно време.За жал мораме да констатираме дека и покрај досегашните рестриктивни мерки, какви-такви, автобусите на јавните превозници но и халите на фабриките се преполни со луѓе и работници.Затоа ВМРО-Народна партија смета дека почетокот на полицискиот час од 16:00 часот е многу рестриктивен период за кој не знаеме какви ефекти ќе донесе но дека сигурно ќе може да го наруши основниот економски ритам на животот.ВМРО-Народна партија ја обновува својата идеја дека е подобро да запре функционирањето на целата држава во рок од две недели со работа, па ако треба истата мерка да се продолжи за една недела тотален карантин, со што сигурно би имало поголем ефект отколку сегашната рестриктивна мерка, се вели во соопштението од ВМРО НП.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Сообраќајна несреќа на патот Неготино-Кавадарци

Сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Неготино-Кавадарци, во месноста „Маренски уши".– Напред комбе кое носи долги метални профили. Одзади друго возило кое удрило во првото, а профилите ја пробиле шофершајбната на второто возило. Одзади патничко моторно возило удрило во второто возило, појаснува случаен минувач за МИА.Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски ја потврди сообраќајката. За МИА рече дека не може да каже повеќе детали, оти во тек е увидот на лице место.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Овој ден ја потврдува почитта на Ромската заедница и нивната култура

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ се огласи со честитка по повод  8-ми април Светскиот ден на Ромите . Во леститката се вели:Дозволете ми, во мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на ромската етничка заедница, да им го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април.Овој ден ја потврдува почитта на Ромската заедница и нивната култура. Почитувањето на културните вредности и меѓусебното разбирање кои се наша одлика за интегрирање на сите етнички заедници.ВМРО-ДПМНЕ како во минатото така и во иднина ќе се залага за унапредување на политичката, културната и социо-економски позиција на Ромите во општество. Потребна е ефикасна инклузија на Ромите во Република Македонија за да се надминат предизвиците со кои тие се соочуваат.Државата мора да се вложи себе си многу повеќе во поддршка на граѓаните.Во овие тешки моменти за нашата земја посакувам добро здравје, надминување на предизвиците и подобар живот за Ромите и за сите граѓани на Република Македонија.Нека Ви е честит 8 април - Меѓународниот ден на Ромите!фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

DSC_0020-1

Во последните 24 часа 35 лица  не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (7/8.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека текот на изминатите 24 часа  на ниво на целата држава  35 лица  не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така според статистичките податоци на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.  При извршените контроли од страна на полициските службеници евидентирани се 2 (две) лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.             .фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

w_55952187

Кардиолошки препораки за намалување на ризикот и заштита на пациентите со срцеви заболувања

Кардиолозите советуваат дека срцевите заболувања го зголемуваат ризикот при пандемија на КОВИД 19 и токму навремените информации и препораките се силно оружје за срцевите болни, кои треба да се запознаени дека имаат зголемен ризик за да можат да се заштитат и да го намалат тој ризик од инфекција на дишните патишта со новиот коронавирус. Од тоа што досега се знае, поголемиот број инфицирани, односно кај 80 проценти, инфекцијата ќе помине како лесно заболување со лекување во домашни услови. Кај останатите 20-тина проценти ќе биде неоходно хоспитализирање поради пневмонија и кај два до пет проценти ќе биде потребно интензивно лекување и асистирана вентилација.Практични кардиолошки препораки:- Доколку кардиолошки болен се сомнева дека е заболен и ги има следните симптоми: покачена телесна температура, кашлање, тешко дишење, главоболка или болка во грлото, општа премаленост, потребно е телефонски да се јави кај својот матичен лекар, притоа да ги наведе сите досегашни кардиоваскуларни дијагнози, лекувања и престој во кардиолошка болница, да ги наведе сите лекови кои ги користи, за да овозможи подобра проценка од матичниот лекар за натамошно постапување. Потребно е препораката од матичниот лекар да се почитува во целост.- Доколку кардиолошки болен има симптоми од типот на силна остра градна болка, која трае повеќе од пет минути и не се смирува со земање на досегашните лекови, потребно е веднаш да се консултира со матичниот лекар кој ќе го упати како понатаму да постапи.- Повеќето пациенти нема да имаат тешка клиничка слика, дури и да имаат КОВИД 19, но редовното користење на лековите и запознавањето на медицинскиот персонал, кој се грижи за болниот со досегашните лекови е од исклучителна важност.- Секој пациент кој се лекува поради покачен крвен притисок, потребно е да го следи притисокот со самомерење и запишување на измерената вредност, и по телефон да се консултира со својот матичен лекар, доколку притисокот надминува 150/100 и да се зголеми дозата од лековите, кои дотогаш редовно се користеле, а доколку и покрај тоа притисокот не се регулира консултирајте се за преглед во ординација.- Стресот и стравот од неизвесноста во овие вондредни услови, како и постоењето штетни навики можат да влијаат врз крвниот притисок. Во некои случаи, добар човечки и лекарски совет за здрава храна и здрави навики, можат да смират дел од вознемиреноста и да ја ублажат состојбата во која сите се наоѓаме.- Пациентите кои имаат долготрајна, хронична терапија заради ангина пекторис или корорнарна артериска болест, треба да продолжат со земање на лековите, без разлика дали имаат сиптоми на инфекција или не. Повеќето пациенти нема да имаат тешка клиничка слика дури и да имаат КОВИД 19, но неопходно е редовното користење на лековите и давање точна и детална информација на медицинскиот персонал за досегашната терапија.- Земањето на лековите и почитувањето на досегашните препораки од лекарот можат да го намалат ризикот од комппликации при оваа стресна вонредна состојба, како и ризикот од белодробна инфекција. Кај пациентите каде е направена реваскуларизација, на пример, доколку имаат стент или бај пас постои ризик од компликации при вирусна инфекција на дишните патишта. Стентирањето или бај пасот значително го намалува тој ризик, доколку пациентот дотогаш се чувствувал добро. Важно е редовно земање на лековите и да ги запознае лекарите кои се грижат за него со дотогашните состојби.- Терапијата со статини кај кардиоваскуларните болни е неоходно да се продолжи во препорачаната доза за да се спречи и стабилизира коронарната и васкуларната болест. Постојат докази дека земањето статини ги намалува ризиците за кардиоваскуларни компликации поврзани со КОВИД 19 кај срцеви болни кај кои се развила вирусната инфекција. Статините делуваат имуностабилизирачки и го стабилизираат внатрешниот слој на крвните садови, а поради тоа влијаат врз превенција на кардиоваскуларните настани.- Кардиолозите препорачуваат да се одложи секој претходно закажан преглед за коронарен стрес-тест, ехо на срцето, холтер, коронарографија, техничка контрола на импантиран пејс-мејкер или друга направа, поради заштита на пациентите и спречување на ширење на инфекцијата со коронавирусот. Потребно е да се одложи секој тест или процедура или консултација што нема директно да влијае врз кардиолошката состојба.- Не се препорачува хоспитално лекување и коронарографија кај пациенти без акутно срцево страдање со кардио-ризик, кој го надминува ризикот од инфекција во време на пандемија.- Пациентите кои имаат силни потешкотии и градни болки, како и силно срцево чукање, потребно е да се јават со досегашните ЕКГ и резултати од тестови и со досегашните медицински документи за консултација кај својот матичен лекар, со цел да се процени неопходноста од натамошно постапување.Секој кардио-пациент треба да дојде со маска, со најмногу еден роднина во придружба, кој исто така треба да носи маска. Заштитната хируршка маска на лицето спречува и ја штити околината на пациентите дојдени на преглед од ширење на евентуална инфекција. Носењето на вашата маска при преглед, го заштитува медицинскиот персонал кој треба да ви помогне за вашата срцева мака. Носењето заштитна маска при преглед е во насока на препораките на Светската здравствена организација.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

slika

Газди за почит, покрај многуте откази за вработените во угостителството, има и такви кои последниот денар ќе го делат со вработените

Наспроти угостителите кои излегоа на прес-конференција, каде освен проблемите, кажаа дека си ги отпуштиле вработените, има и нивни колеги со спротивни примери. Тие пишуваат дека си го ценат и почитуваат тимот кој работи за нив. Токму овие вториве, треба да ги запаметиме и да им вратиме во иста мера, по кризата со коронавирусот.Еден од угостителите кој во време на криза нема да отпушта вработени е Горан Блажевски, сопственик на „Мал алтан“, како и Сашко Митовски сопственик на етно гостилница „Воденица Три“ и кафе „Селект“.Блажески преку социјалните мрежи упати порака дека и по цена да пропадне неговата фирма, тој вработените ги задржи на работа.„Јас Горан Блажевски, сопственик на ‘Мал алтан’, моите вработени не ги отпуштам и по цена да пропадне фирмата. Јас луѓето ги ценам, а посебно бидејќи знам акко е да нема и така да, ако треба да делам на пола, моите вработени ќе имаат поддршка од мене и мојата фамилија“, пишува Блажевски.Митовски, ја упати истата порака, потенцирајќи дека тој и неговиот брат знаат што значи во животот да се нема, но и дека кога ним им било најтешко, вработените биле со нив.„Јас и мојот брат како сопственици на Etno Gostilnica Vodenica Tri и Select Caffe донесовме одлука дека во периодот што следи нема да отпуштиме ниту еден вработен по цена на тоа дури и фирмата да ни пропадне. Прво ние знаеме што значи во животот да се нема. Второ, ние никогаш неможеме и нема да заборавиме дека на нас кога ни беше најтешко во животот и кога некој се обидуваше да не сотре со милион препреки, вработените секогаш беа тука за нас и ни даваа целосна подршка со нивниот ведар дух и ентузијазам,впрочем по нешто што сме и надалеку препознатливи. Трето бидејќи нашата фирма е повеќе од една големо семејство ние одлучивме дека и последниот денар што го имаме ќе го поделиме со нашите вработени.Во животот ние се соочивме со многу предизвици, имавме безброј падови и успеси. Ќе успееме и сега“, пишува Митовски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Нема ден да нема жалби за отпуштањата од работните места и беспарицата која го снајде народот

Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните  „Вашите проблеми, заеднички решенија – Ја сакам Македонија“, до партијата секојдневно пристигнуваат десетици сугестии, предлози и проблеми со кои се соочуваат граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Илјадници граѓани нема да земат плата за март, месец во кој буџетот и економијата се уште „блескаше“, па владата не успеа и покрај предупредувањата да обезбеди мерки и заштита за граѓаните кои сега останаа без работа.Нема ден да нема жалби за отпуштањата од работните места и беспарицата која го снајде народот. Отпуштањата во угостителството ќе се зголемуваат секој ден, малите бизниси плати не можат да се исплатат ни за март, ниту пак можат да ги користат мерките на владата без дополнително да се задолжат. Неспособноста и безидејноста на владата само вчера ја чинеше економијата најмалку 15.000 отпуштања, илјадници семејства до крајот на кризата не ќе можат да се прехранат.Граѓаните во своите сугестии предложуваат на отпуштените вработени да им се најде решение или времен ангажман додека трае кризата, за да можат да земат барем минимална плата. Владата мора итно да најде решение за овие луѓе кои ќе бидат на работ на егзистенција во следниот период.Дел од малите текстилни фабрики кои се пред затворање, да го преориентираат своето производство и да произведуваат заштитни маски, скафандери и слична заштитна опрема, предложува жител на Скопје. За ова, истите да добијат државна помош и субвенции за придонеси, со што ќе се задржат работните места, а полицијата, армијата и здравствените работници би ја добиле неопходната заштитна опрема.Заради рестрикциите на движењето секојдневно редовите пред маркетите и банкоматите се се поголеми, гужви и турканици има на секој чекор. Жителите на поголемите градови велат дека надлежните институции мора да го решат овој проблем, не само вината да ја префрлаат на граѓаните кои не сакаат да го зголемуваат ризикот за корона вирусот со присуство во толпите.Ги повикуваме граѓаните предлозите и сугестиите и натаму да продолжат да ги проследуваат по пат на електронска пошта до zaednicki.resenija@vmro-dpmne.org.mk.ВМРО-ДПМНЕ продолжува со овој начин на комуникација и нудење на заеднички решенија, затоа што ја сакаме Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

banka

„Охридска Банка“ – дел од „Шпаркасе“ по медиумскиот притисок ги отвори сите филијали

Утрово сликата пред филијалата на „Охридска Банка“ – дел од „Шпаркасе“ сосема различна од таа која ја објавивме вчера. Банката под медиумскиот притисок кој го извршија порталите „Охрид 1“ и „Скопје 1“.По медиумските објави во текот на вчерашниот ден банката презеде исправни чекори и ги отвори сите шалтери во централната филијала, а од утрово работат шалтерите и на филијалата кај „Мини Маркет“.Во меѓувреме инбоксот на нашите Фејсбук страни е преполн со пораки од граѓани на Охрид кои потврдуваат дека немаат картички, додека банакта вчера соопшти дека не е точно дека картички не биле доставени до корисниците на услуги.БАНКАТА НЕМА ДОСТАВЕНО КАРТИЧКИ НА ПЕНЗИОНЕРИ НО И НА ВРАБОТЕНИ ВО ОХРИДОхридска Банка преку СМС пораки пред околу еден месец ги известила своите коминтенти дека нема да може обновените картички да ги подигаат во експозитурите на банката и дека истите банката ќе им ги испрати по пошта. Но најголем дел од граѓаните немаат добиено картички по пошта и единствено што им преостануваше беше да чекаат со часови и денови во огромниот ред пред филијалата во центар, за да подигнат пари. Најголем дел од тие граѓани се пензионери, но вчера во редакцијата на „Охрид 1“ и „Скопје 1“ се јавија десетици вработени во фирми од Охрид кои исто така останале без обновени картички бидејќи  „Охридска Банка“ – дел од „Шпаркасе“  не ги доставува картичките веќе еден месец до граѓаните. Ситуацијата стана дотолку полоша бидејќи од денес се на сила порестриктивни мерки , а викендот не очекува и карантин од 61 час.БАНКАТА ДОСТАВИЛА КАРТИЧКА КАЈ МАЈКАТА НА СОПСТВЕНИКОТ НА „Охрид 1“ и „Скопје 1“Вработени во  „Охридска Банка“ – дел од „Шпаркасе“  вчера дваесетина минути од како пиар службата на банката била контактирана од нашиот медиум, пристигнале во домот на мајката на сопственикот на нашата медиумска куќа и лично и ја врачиле картичката. За оваа посета постојат и видео снимки од надзорните камери на куќата каде живее мајката на сопственикот на порталите.Веднаш по ова, нашата редакција ги испрати следното прашање до  „Охридска Банка“ – дел од „Шпаркасе“  :„Дали  „Охридска Банка“ – дел од „Шпаркасе“  на ден 7 април вршела достава на картички по домовите на граѓани на Охрид ?“ , но од банката до објавата на овој текст немаат дадено одговор на ова прашање, па останува нејасно дали банката се погрижила за своите клиенти или ова е изолиран случај на понудена сосема непотребна привилегија само на една пензионерка од Охрид ( случајно мајка на сопственикот на медиумот кој ја притисна банката да се грижи за своите коминтенти ) додека другите чекаа редови со денови.Останува да видиме кога „Охридска Банка“ – дел од „Шпаркасе“ ќе ги достави картичките до пензионерите кои ги чека 61 часовен карантин.ВАКА Е ДЕНЕС ПРЕД ОХРИДСКА БАНКА :

Македонија | пред 6 години

market

Скопјанец кој требало да биде во изолација, отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во земјава.Како што информираат од обвинителството, обвинетиот на 17 март, при влез на граничниот премин Табановце, потпишал изјава дека ќе се самоизолира во период од 14 дена, бидејќи претходно престојувал во земја рангирана како ризична за ширење на Ковид-19.Но, тој не постапил според прописите, па на 25 март излегол од својот дом и бил во маркет.Скопјанецот се товари дека сторил кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.Јавниот обвинител му предложи на Судот на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 2.500 евра во денарска противвредност.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

seizmograf-zemljotres-620x350

Утрово земјотрес во Албанија, почувствуван и кај нас

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, утринава 08.04.2020 година во 06 часот и 30 минути, регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 155 km југозападно од Скопје во соседна Република Албанија, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча.Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда M L 3.7, а беше почувствуван и во нашава земја особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република  Северна  Македонија.Почитувани сограѓани,Како претседател на Република Северна Македонија, задоволство ми е да ја упатам мојата честитка по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите, ден на почетоците на ромското движење во кое уште од 1971 година на Првиот светски ромски конгрес е потврдено дека Ромите имаат свое знаме, химна, јазик, култура и официјално се нарекуваат Роми.  Со оваа честитка би сакал да ја искажам мојата почит за вашиот придонес во градењето и во зачувувањето на нашата татковина како дел од армијата, полицијата, образовните институции, здравствените институции, бизнисот и економијата, правото и правдата, администрацијата, дипломатијата, политиката, граѓанскиот сектор. Како и досега, сите заедно сме дел од секојдневната борба да обезбедиме достоинствен и квалитетен живот на сите во Република Северна Македонија без разлика на родовата, етничката, религиската, политичката или некоја друга припадност.Почитувани,Не само денеска, туку и сите останати денови во годината, како држава не смееме да заборавиме на предизвиците и потребите на Ромите и на сите останати граѓани во нашето мултикултурно општество. Сите заедно имаме голема обврска да ја подобриме интеграцијата на Ромите, да создадеме општество во кое дискриминацијата и говорот на омраза ќе останат во минатото и ќе ги почитуваме човековите права на сите граѓани на нашата татковина. Отворено ја давам мојата поддршка за амбиент во кој сите креатори на политики, институциите и граѓаните, ќе покажат проактивност за решавање на проблемите со коишто се соочувате и сите заедно ќе ја исполниме нашата обврска и максимално ќе ги искористиме нашите капацитети и надлежности во овој поглед.Столб на нашата стабилност, развој и просперитет, како мултиетничко општество е тоа што заедно сме во оваа борба и заедно ја градиме патеката за остварување на еднакви права и должности пред законот за сите граѓани подеднакво. Нека ни е честит 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите!Bahtalo о 8. April sa e Romenge!фото: Архива

Македонија | пред 6 години

goranco-2

Градоначалник од Македонија заразен со коронавирус

Корона вирусот земасе поголем замав. Прв градоначалник во земјава кој е позитивен на корона вирусот е Горанчо Крстев, градоначалникот на општина Чешиново-Облешево.На својот профил, лекарката Јасмина Ајтовска денеска напиша:-Почитувани сограѓани на општина Чешиново-Облешево…секој од Вас кој последните 10 дена бил во контакт со Градоначалникот или со некој од вработените на општината…да се јави кај својот матичен лекар за понатамошни инструкции и лична заштита. Да не се создава паника…Заболени од коронавирусот нема, но има позитивни од општинската зграда кои се без симптоми! Со почит, д-р Јасминка Ајтовска.„Точно е дека на 23.март бев кај сега починатиот бербер, но до 1.април никој не знаеше дека тој е заболен од коронавирус. Кај него не само јас, туку биле многу други муштерии и во следните денови. Уште дента кога дознавме, закажавме тестирање во ‘Аџибадем Систина’ каде што јас и мојата сопруга бевме негативни. На 6.март направивме уште едно тестирање во ‘Жан Митрев’ и на тој тест излеговме позитивни“ – вели градоначалникот Крстев за Инфомакс.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mobilen-telefon

Владата ја усвои апликацијата “StopKorona! - мобилна апликација за справување со КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои информацијата за StopKorona! - мобилна апликација справување со КОВИД-19”, и го овласти Министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за донација помеѓу Друштво за информатичка технологија Некстсенс ДОО како Давател на донацијата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија како примател на донацијата.Користењето на оваа мобилна апликација е на доброволна основа од страна на граѓаните на Република Северна Македонија, а деталите за апликацијата ќе бидат презентирани на прес конференција од страна на министерот за здравство и министерот за информатичко општество и администрација.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

45-Годишен скопјанец почина од коронавирус на пат кон болницата „8 Септември“

Четириесет и петгодишен пациент од Скопје заболен од коронавирус починал на пат кон болницата „8 Септември“.Според информација од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во дополнителниот извештај, кој е испратен попладнево, пациентот од Скопје бил тестиран и потврден позитивен на Ковид-19 преку Ветеринарен факултет, се наведува во соопштение на Владата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-1

Турција ќе ни донира помош за справување со епидемијата

Во рамките на борбата со Ковид-19, од страна на Република Турција на Република Северна Македонија ќе ѝ биде доделена помош од медицински материјали.Авионот на Турските воени сили, кој го носи здравствениот материјал, ќе слета на Меѓународниот аеродром „Скопје“ в среда, 8 април 2020 година, во 14.25 часот. Предавањето на здравствениот материјал ќе се изврши од страна на амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок, се вели во соопштението.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

filipce

Филипче: Според најновите студии од странство, дури до 90 отсто од пациентите кои се ставени на апарати за дишење завршуваат фатално

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека неколку нови истражувања покажуваат дека респираторната машина не им помага на пациентите кои се со тешка клиничка слика со корона вирус.Последните нови студии од странство покажуваат дека дури до 90 отсто од пациентите кои се ставени на апарати за дишење завршуваат фатално, изјави Филипче во „Топ-тема“.Инаку според информациите на министерот бројот на пациенти со сезонски грип скокнал за 89-90 проценти. Филипче вели дека може да се испита дали е некои имале коронавирус.Ги анализиравме бројките на сезонски грип, во просек се 20 000, оваа година се 37 000, скоро 80 или 90 проценти повеќе заболени. Материјалите се анализирале во присуство на други вируси предизвикувачи на сезонскиот грип и тие може дополнително да се тестираат да се види дали некој од тие пациенти бил заболен од коронавирусот, рече Филипче.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

DSC_0008-1

Поведена постапка за три лица кои го прекршиле полицискиот час во Гостивар

Гостиварското обвинителство денеска поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица кои не постапиле според здравствените прописи и со тоа го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите во одделни кривично правни настани се движеле пеш или со возило за време на полицискиот час во Гостивар, односно за време на важење на забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија.За стореното крвично дело, надлежниот обвинител од судот побара на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ugostiteli

Угостителите нема да ги користат мерките на владата, велат одјавени се 15.000 работници

Околу 15.000 работници од угостителството се веќе одјавени од работа. Тоа е 60% од сите вработени во овој сектор. Угостителите велат дека веќе не бараат помош од Владата затоа што според нив тие мерки што им се понудени не им се од корист и дополнително ќе ги задолжат.„Сакаме да и соопштиме на Владата дека угостителскиот сектор односно субјектите кои ги застапуваме нема да ги користат најавените мерки и дека средствата можат да ги насочат директно кон сите оние кои остануваат без работа или во сектори кои што мислат дека ќе постигнат ефект. Веќе е почнат процесот на одјавување и по наши информации 60% низ цела Македонија се одјавени вработените. Преземаме чекори за намалување на загубите и трошоците кои секојдневно се генерираат. Еден од тие чекори е и во состојба кога институциите не ни помогнаа да се грижиме за лицата вработени во овој сектор, сега ќе дозволиме директно за нив да им покаже грижа државата,“изјави Мартин Ангеловски,Групација за угостителство при ССК.Ангеловски додаде дека субвенциите за плата од 14.500 денари, според најавите нема да можат да ги користат оние кои користат друга субвенција како таа за зголемување на платите во стопанството.Инаку Угостителскиот сектор брои 29 000 вработени. Според официјалните статистики, на ниво на држава регистрирани се 6 000 угостителски објекти.

Македонија | пред 6 години

07042020_MIOA_MON_Pres_3

30.000 деца од семејства во социјален ризик добија бесплатен интернет за следење на онлајн настава

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска потпиша договор со директорот на Македонски телеком Никола Љушев, за донација на мобилен интернет за далечинско учење за 30.000 основци и средношколци од семејства во социјален ризик, кои ќе добијат 10 GB интернет месечно.Како што истакна министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, со овој договор, се овозможува наставата во основните и средните училишта, која денеска е организирана преку учење од дома, да е достапна за сите.„Имајќи предвид дека има ученици кои немаат интернет пристап за следење на наставата преку далечинско учење, се наметна потребата да им помогнеме. Интернетот ќе биде наменет за овозможување на пристап до платформите за учење, согласно насоките и мерките од Министерството за образование и наука. На овој начин не оставаме ниедно дете. На сите им обезбедуваме интернет за да може да ја следат наставата. Ова се вонредни времиња и потребна е вонредна помош“, истакна министерот Манчевски.Како што рече тој, особена  сега е важна солидарноста на сите чинители во општеството. И особено сега е важна дигиталната трансформација. Зошто само на тој начин е возможно да се испорачуваат сите услуги и сите граѓани да имаат пристап до нив.Министерот за образование и наука Арбер Адеми, потсети дека наставата во основните и средните училишта продолжи да се организира преку далечинско учење, односно учење од дома и  истата се смета за формална. Тоа значи дека учебната година не е прекината и ќе продолжи да се реализира до целосно завршување во предвидените законски рокови.„Согласно податоците кои ги добивме од Министерството за труд и социјална политика  вкупно 30.000 ученици кај нас, потекнуваат од социјално загрозени семејства. Денес, на сите нив им го олеснуваме вклучувањето во следењето на наставата преку интернет. Потпишуваме договор со Македонски телеком и на овие ученици ќе им обезбедиме пристап до платформите за учење и успешно завршување на учебната година преку далечинско учење“, истакна Адеми.Според Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски телеком, еден од најголемите приоритети во вонредната ситуација е да се обезбеди непречено образование за децата, а соработката на надлежните институции и бизнис секторот е клучна.„Еден од најголемите приоритети во вонредната ситуација е непречено образование на децата. Ние имаме обврска не само да обезбедиме силна и стабилна интернет врска, туку и да придонесеме кон еднакви услови за учење за сите деца. Инклузијата на ранливите категории во дигиталниот свет е обврска на сите, особено сега, кога единствениот пат по кој се движиме е онлајн“, рече Љушев.Дистрибуцијата на картичките до  социјално загрозените семејства кои имаат деца во основно и средно училиште ќе ја спроведува  Министерството за труд и социјална политика.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

Foto-1

Пендаровски-Столтенберг: Со здружени сили за справување со пандемијата со коронавирусот

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска, 7 април, оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски му се заблагодари на генералниот секретар за топлото и искреното добредојде за Северна Македонија во НАТО, подвлекувајќи дека членството во најголемата безбедносна алијанса за нас е поттик за натамошен развој и значен придонес кон стабилноста, безбедноста и просперитетот на сегашните и идните генерации.Претседателот Пендаровски го информираше генералниот секретар Столтенберг за состојбата со спречување и справување со последиците од пандемијата на COVID-19 во Северна Македонија и активностите кои се преземаат од страна на надлежните институции. Соговорниците разговараа за активностите кои НАТО ги презема со цел оваа здравствена криза да не премине во безбедносна, осврнувајќи се притоа на се поприсутните дезинформации и начините за справување со истите. Покрај ова, соговорниците изразија задоволство од фактот дека НАТО дава поддршка на своите земји-членки во логистичка и транспортна поддршка за транспорт на медицинска опрема, која е неопходна кај земјите членки, медицински персонал, како и употреба на иновативни технологии за креирање на медицинска опрема.Во таа насока претседателот информираше дека повеќе земји-членки на НАТО веќе дадоа помош на Северна Македонија, поткрепувајќи го во пракса сојузништвото во справувањето со глобална криза како пандемијата на COVID-19. Северна Македонија е исто така дел од здружениот информативен систем на НАТО, преку, Центарот за управување со кризи, кој е дел од програмата на НАТО наречена „Next generation incident system” која служи за подобра размена на информации и подобра соработка меѓу институциите во земјава.[caption id="attachment_88119" align="alignnone" width="1464"] NATO Secretary General Jens Stoltenberg[/caption]На крајот, соговорниците договорија засилена комуникација помеѓу надлежните институции во претстојниот период како и размена на информации во делот на справувањето со пандемијата со COVID-19 и организираните кампањи за ширење лажни вести. Заеднички беше констатирана  потребата од здружување на силите и нагласена солидарност меѓу сојузниците со цел успешно справување со кризата која има не само здравствена, туку и социјална и економска димензија. фото: Кабинет на претседател 

Македонија | пред 6 години

guzva

(ВИДЕО) Тензично пред банките, навредливи зборови меѓу клиентите кои чекаат со саати

Телевизија 24 денеска објави интересна видео сторија за гужвите кои луѓето го направија пред банките во поголемите градови. Екипата на телевизијата на терен посетила неколку експозитури на банки, а граѓаните велат дека никој не им кажува зошто по толку време се чека додека тензијата расте.– Погледни ме ма, погледни колку луѓе чекаат тука, а ти си дремеш тука без срам и очи.Со овие зборови една госпоѓа и се обрати на друга која чекаше пред банка. На ова доби одговор: Гитла!Па следуваше повратен коментар: На кој мори ти гитла сељанко една, да не те гледам!

Македонија | пред 6 години

Filipce-1

(ВИДЕО) Влошена е состојбата на родилката од Куманово, бебето негативно на КОВИД 19

Влошена е состојбата на родилката од Куманово заразена со Ковид 19,истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.„Таа се уште е респираторно самостојна, меѓутоа е со значително полоша клиничка слика“, рече министерот.Филипче потенцираше дека родилката која има 27 години се породи на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје и дека бебето е негативно на  корона вирусот.Минситерот на денешната прес конференција кажа дека на клиниката за дигестивна хирургија во Скопје, едно лице од техничкиот персонал, кажал дека има заболени во неговото семејство, не потврдени за коронавирусот. Утре сите ќе бидат тестирани, како и неговите колеги. истакна Филипче.Филипче на денешната прес конференција ја кажа и состојбата во земјава со корона вирус.-Имаме пет починати пацинети на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.На Инфективната клиника во изминавие 24 часа се примени 4 пациенти, во моментов се хоспитализирани вкупно 67 пациенти, од кои 6 се на машина за дишење, 12 се со потешка клиничка слика, има влошување на клиничката слика на родилката од Куманово, таа се уште е респираторно независна, но значајно потешка клиничка слика, интензивно се прати нејзината состојба- рече Филипче.Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3. https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/238932343966767/?v=238932343966767&notif_id=1586271442496173&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

penzioneri

„Охридска Банка“ утре ги отвора сите благајни во „Централа“ и „Мини Маркет“

По објавата на „Охрид 1“ и „Скопје 1“ за редовите пензионери кои чекаат пред банките да подигнат средства на шалтер само од .н. главна зграда на „Охридска Банка“ затоа што не работат експозитурите на банката низ градот и дека поголем дел од пензионерите немаат добиено обновени картички кои им се истечени, прес службата на банката објави дека утре привремено ќе ги отвори и останатите експозиртури.Во соопштението испратено до нашиот медиум банката демантира дека не биле доставени обновените картички, а се даваат одредени ставови и на прашањата кои ги испративме до банката.Соопштението е испратено  во PDF формат, па истото заради тоа го објавуваме скенирано.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Важно известување од кризниот штаб на општина Охрид!!!

Од денешниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, во согласност со  мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за ограничено движење, беа донесени следните заклучоци:Се упатува известување до сите маркети и економски оператори на територијата на Општина Охрид кои се регистрирани за он-лајн продажба, дека ќе може да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на Полицискиот час во текот на викендот. Истите задолжително мора да испратат барање до Кризниот штаб на Општина Охрид на следната електронска адреса krizen.stab@ohrid.gov.mk најдоцна до утре (среда) до 12 часот. Ќе биде дозволено движење на максимум 5 вработени лица (доставувачи) од маркет, кои треба да имаат соодветна заштитна опрема.Се упатува известување до сите Аптеки на територијата на општината кои ќе работат за време на Полицискиот час за време на викендот, задолжително да ги испратат потребните податоци на електронска адреса krizen.stab@ohrid.gov.mk најдоцна до утре (среда) до 12 часот. Ова е потребно за навремена координација со мобилните тимови на Општина Охрид и Охридскиот Црвен крст и СВР Охрид.Се упатува апел до филијалите и експозитурите на сите банки кои работата на територијата на Општина Охрид да обезбедат редарски мерки за клиентите кои чекаат на шалтерите и пред влезовите на банките, како и за банкоматите кои се наоѓаат пред објектите на банките.Се упатува препорака до маркетите да вршат задолжителна дезинфекција на објектите во утринските часови, пред почетокот на работното време.Се упатува известување до сите граѓани на Охрид кои имаат потреба од движење за итни и неодложни потреби за време на траењето на Полицискиот час за време на викендот да испратат барање до СВР Охрид до утре (среда) до 12 часот.Кризниот штаб на Општина Охрид упати барање до Кризниот штаб на Владата на Република Северна Македонија да изнајде решение за редуцирање или ограничување на движењето на граѓаните од Охрид кон Струга и обратно, со цел поголема заштита и превенција на граѓаните.БАРАЊЕ ЗА ДОЗВОЛА ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС БАРАЊЕ ЗА ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања