Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

8-mi-septemvri

Болницата „8-ми Септември“ ставена во функција за потребите во справување со ширењето на инфекцијата на КОВИД-19

Капацитетите на Градската општа болница „8-ми Септември“ се ставени во функција за потребите во справување со ширењето на инфекцијата на коронавирусот КОВИД-19.Болницата, која досега беше наменета за пациенти, коишто беа сомнителни или позитивни на коронавирусот, а им беше потребна друга здравствена услуга како интервенција - хируршка или во ангеографска сала или ендоскопска, врз основа на препораките на Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19, во зависност од потребите ќе врши внатрешна прераспределба на материјалните капацитети и персоналот.Во зависност од потребите во Болницата ќе се врши реорганизација на просторот и кадарот, а преку Тријажниот центар се прифаќаат пациентите.Третина од капацитетот на Болницата во моментов е наменет за карантински оддел  со соодветни операциони сали и неопходна опрема за хируршки интервенции на сомнителни на КОВИД-19 пациенти.Врз основа на воспоставени протоколи при приемот во болницата „8-ми Септември“ на лица кои се во животозагрозувачка состојба, тие ќе се третираат како позитивни на КОВИД-19, по што веднаш им се прави потребната интервенција и соодветно ќе бидат згрижени.Пациентите, кои не се во животозагрозувачка состојба, а воедно се третираат како сомнителни на КОВИД-19, ќе бидат изолирани во болницата до добивањето на резултатите на тестот на коронавирусот.Од „8-ми Септември“  наведуваат дека будно ја следат актуелната состојба со ширењето на КОВИД-19 и болницата е подготвена да се организира и соодветно да функционира според потребите на пациентите и дадената ситуација.

Македонија | пред 6 години

osmani-1

Османи: Во Струга и околината 25 заболени од коронавирус и 4 починати

Според последните податоци, во Струга и околината потврдени се 25 случаи на зболени од коронавирус, како и четири смртни случаи – три во Лабуништа и еден во село Татеши, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи при посетата на Струга во својство на координатор на штабовите на локалната самоуправа и Градот Скопје.„Ја следиме одблиску оваа ситуација за да ги согледаме локалните околности во комуникација со општинскиот штаб. Дадовме насока на општините да создаваат и месни штабови во месните заедници, особено во руралните средини. Во секое село да има штаб во кој ќе има и здравствен работник и претседател на месната заедница и локалниот полицаец за да може на најлокално ниво да ги следиме состојбите и да може да одлучуваме“, рече Османи, кој при посетата на Струга беше придружуван од заменик министерот за здравство, директорот на Институтот за јавно здравје и претседателот на Комисијата за заразни болести, а попладнево треба да заминат и во посета на Лабуништа.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

policija-1

Познат идентитетот на мајката и синот кои беа пронајдени мртви во Велес

На 06.04.2020 во СВР Велес било пријавено дека во нивниот дом на ул.„Ѓорги Војтех“ биле пронајдени починати К.М.(79) и В.М.(53), без траги на насилство.Според пријавеното, станува збор за мајка и син, и двајцата со здравствени проблеми, кои последен пат биле видени од соседите во јануари.По наредба на Јавен обвинител телата се предадени на обдукција.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

89942849_2884835951560225_1757922988902055936_n

Додека Филипче зборува за „Ковид 19“ некои дами му предлагаат разни нешта

Минситерот Венко Филипче кој е секојдневно присутен во нашите домови со редовните прес конференции предизвикува и интересни коментари на Фејсбук додека неговите прес конференции се емитуваат во живо.Дамите го повикуваат министерот на заедничко пиење кафе, а некои дури го споредуваат орел или бел лебед.

Актуелно | пред 6 години

Нема фотографија

Починатата мајка на сопругата на Пендаровски немала коронавирус

Кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски, информира дека резултатите од спроведен постхумен тест за коронавирус од мајката на сопругата на претседателот се негативни.„Брисот беше земен посмртно, откако г-ѓа Ѓоргиевска (71) почина вчера на Клиниката за пулмологија во Скопје, како резултат на влошување на општата здравствена состојба предизвикана од хронична болест, поради која повеќе од една година беше со исклучително тешка клиничка слика“, појаснуваат од претседателскиот кабинет.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија до Мицкоски: Срамно е во кризата да бараш пари само за олигарсите, кажи некоја дума и за народот

Единствена Македонија во името на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ изразува загриженост поради штетното однесување на Христијан Мицкоски во кризата со коронавирусот. Устата на Мицкоски секој ден на прес конференции е полна со барање пари и мерки во кризата само за бизнисмените.  Мицкоски е силно загрижен само за бизнисмените во ова тешко време на кризата со коронавирусот.Но, Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ го повикува Христијан Мицкоски да се сети и на народот во оваа здравствена криза. Го охрабруваме Мицоски да каже по некоја дума и мерка за народот.Срамно и жално е за една партија како ВМРО-ДПМНЕ која се декларира за народна,  да бара парите од мерките на владата да одат кај тие што најмногу ги имаат - кај бизнисмените, а не кај народот.Паднаа маските. ВМРО-ДПМНЕ станува партија во интерес на крупниот капитал и олигарсите во Република Македонија. Се разбира, ВМРО-ДПМНЕ има суверено право да ја определува својата ориентација, но, не смееме да заборавиме дека олигарсите во Македонија се всушност најголемите транзициски бандити кои извршија грабеж на општествениот имот кој 50 години го создаваа сите работни луѓе во социјализмот.Мицкоски и должи одговор на јавноста – која е причината во кризата со коронавирусот да бара пари само за олигарсите, а не и за народот, се вели во соопштението од „Единствена Македонија“.фото: Единствена Македонија 

Македонија | пред 6 години

Mikic

18 деца до 9-годишна возраст во земјава заболени од корона вирус

Вкупно 18 деца до деветгодишна возраст се заразени со коронавирус, информираше на денешната прес-конференција епидемиологот Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.-За деца до 9 години имаме 18 деца позитивни на корона вирус. Клиничката слика кај сите е релативно лесна и немало потреба од подолга хоспитализација, рече доктор Микиќ.Епидемиологот Микиќ вели дека има индиции дека населението кое примило БСЖ вакцина, која се дава против туберкулоза, е поотпорно на коронавирусот.„Точно е дека постојат некои претпоставки за тоа дека лицата кои ја примиле БСЖ вакцината, како што е случај со регионот на Балканот, и во Македонија сè уште се дава една доза, се поотпорни на КОВИД-19. Претпоставката е дека како имуномодулатор оваа вакцина можеби делува на зголемување на отпорноста кон КОВИД-19. Ќе потенцирам дека се работи за многу рана фаза од овие испитувања за да можеме да донесеме каков било конкретен заклучок или да ја препорачаме како мерка за масовна употреба. Постојат индиции дека тоа е можеби така, како што се впрочем и третманите кои се користат, но сè уште е далеку од фаза да биде дефинитивен доказ. Верувајте сè што е и малку меродавно, ќе биде преземено и кај нас“, итакна д-р Микиќ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Filipce

(ВИДЕО) Филипче: Во изминатото деноноќие 15 нови заразени, седум излекувани и три починати пациенти

Во изминатите 24 часа регистрирани се 15 новозаболени од корона вирус во Македонија. Со новите пациенти, вкупниот број на заразени во земјава изнесува 570, соопшти министерот Венко Филипче.-Регистрирани се 15 нови случаи. Во Скопје 4, Куманово 8 и по еден во Тетово, Струга и Штип, истакна министерот Филипче.Филипче потенцираше дека седум пациенти се излечени односно покажале негативни резултати на два последователни теста. Станува збор за четворица кои биле хоспитализирани на Инфективната клиника, и три лица од Дебар кои биле на домашно лекување.Во ова деноноќие Филипче, кажа дека битката со корона вирусот ја изгубиле три пациенти.  Станува збор за првиот заразен пациент во Кочани на 40-годишна возраст и за двајца пациенти, на возраст од 69 и 65 години.Само за пациентот на 69-годишна возраст познато е дека имал претходни заболувања – тумор на мозокот.фото: Архива https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/610561826339699/?v=610561826339699&notif_id=1586093356454311&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

oliver

(ВИДЕО) Спасовски: Годинава велигденските и рамазанските празници мораме и ќе ги поминеме дома

Премиерот Оливер Спасовски денеска на прес-конференција соопшти дека е донесена одлука за продолжување на полицискиот час на цела држава. Од 16 часот до 5 часот наредниот ден нема движење.  За време на викендот нема движење од петокот до понеделникот на територија на цела држава. Премиерот го соопшти и построгите мерки за старите над 65 години и за младите до 18 години.„За земјоделските активности дозволиво е движењето во атарот на селата исклучиво за работни потреби“, рече Спасовски.Премиерот потенцираше дека граѓаните ќе мора празниците да ги поминат дома.„Годинава, велигденските и рамазанските празници, како и сите други празници во овој период, мораме и ќе ги поминеме дома. Оваа година верниците своите молитви ќе ги упатиме од дома. Велигденските пораки за победа над смртта да ги упатиме од дома. Истото ќе важи и за рамазанските пораки. Од дома, преку телефон, преку интернет, секој од своето семејство, од својот сопствен дом, а не собрани по роднини и гости. Тоа нема да не направи послаби верници, напротив, тоа ќе ни го зајакне духот зашто сите знаеме дека со тоа спасуваме животи. Нашите живот зависат од однесувањето на сите нас.Никој од нас нема право да загрози туѓ живот. А живот нема да загрозиме само ако останеме дома. Да се здружиме сите и да го запреме вирусот кој му се закани на целото човештво“, рече премиерот Оливер Спасовски.https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/610561826339699/?v=610561826339699&notif_id=1586093356454311&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Угостител и уште три лица се обвинети за непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривиното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Еден од нив е обвинет бидејќи не ги почитувал донесените мерки за заштита од ширење и спречување на заразната болест предизвикана од COVID – 19. Тој како сопственик на угостителски објект во с. Врапчиште бил затекнат во чајџилницата како послужува гости.Тројца од обвинетите се товарат дека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие во одделни кривично правни настани се движеле низ Гостивар и со тие дејствија го сториле кривичното дело.За сите обвинети, гостиварското обвинителство од судот побара да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

06042020_Zaev_Sredba_2

Заев на средба со Петер Сијарто: Помошта што ја добиваме од Унгарија го потврдува пријателството на нашите држави

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер СијартоНа средбата, на која се разговараше за повеќе актуелни теми, како и за мерките на Владите на Северна Македонија и Унгарија за заштита на здравјето на граѓаните и помош за економијата поради коронавирусот, претседателот Заев изрази голема благодарност кон народот и Владата на Унгарија за помошта и поддршката кои ги укажуваат во овие тешки моменти за сите нас, но и во сите овие години континуирано.„Помошта што ја добиваме од Унгарија само го потврдува пријателството на нашите држави и народи“ порача претседателот Заев.Во разговорот заеднички беше заклучено дека оваа посета на министерот Сијарто е охрабрување за сите успеси кои ги постигнавме во изминатите три години како што се членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ и беше изразено заедничко задоволство што дури три од шесте држави од Западен Балкан се веќе членки на НАТО. Тоа ја гарантира стабилноста и безбедноста на целиот регион.Претседателот Заев и Сирајто заеднички се согласија дека е многу важно што дури и во овие тешки моменти ЕУ смогна сили да ја донесе долгоочекуваната одлука за почеток на преговорите за членство со Република Северна Македонија и дека можеме да очекуваме преговорите и практично да започнат до крајот на јуни оваа година.Заев и Сијарто го поздравија ангажманот на комесарот за проширување Оливер Вархеји кој успешно го започна својот мандат со нова методологија за преговори, позитивен извештај за напредокот на нашата држава и со позитивна одлука за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.Двајцата соговорници се согласија дека двете држави како и досега ќе продолжат заедно да работат на справување со предизвиците поврзани со бегалците, а претседателот Заев упати посебна благодарност до министерот Сијарто за работата на унгарските полициски службеници на границата помеѓу Северна Македонија и Грција.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

dsc06

Сијарто: Тука сум на повик на Мицкоски, побара помош

Јас исто така морам да изразам благодарност до Христијан за поканата да дојдам во седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ, нашата сестринска партија тука во Македонија. Причината што сум тука денес е телефонскиот повик кој го добив од Христијан Мицкоски минатата недела, истакна Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Република Унгарија.Повик во кој тој потенцираше дека постои потреба од хуманитарна помош од Унгарија со цел заштита и спречување на ширењето на пандемијата која ни се случува.Поради тоа ние одлучивме да помогнеме на пријателскиот народ во Македонија, поради тоа јас денес донесов 100 илјади маски и 5 илјади заштитни одела да ви помогнам во мерките за заштита.Тоа можеме да си го дозволиме затоа што воздушниот мост помеѓу Унгарија и Народна Република Кина функционира добро и имаме и целосна линија за производство овозможена од Кинезите и сега можеме да започнеме да продуцираме маски самите.Откако ја предадов донацијата на министерот за внатрешни работи, разбрав дека ова ќе им помогне на вашите полициски службеници со тоа што тие ќе бидат побезбедни.Ова е многу важно за нас бидејќи вашите полициски службеници ја штитат вашата Јужна Граница со цел да се справат со проблемот од мигрантската криза.Уживаме многу добра соработка на ова поле со оглед на тоа што 1383 унгарски полициски службеници се дел од  заштитата на јужната граница заедно со вашата полиција.На средбата со вашиот министер за внатрешни работи се договоривме да продолжиме со соработката и да испратиме 30 полициски службеници на јужната граница.И врз основа на вашето денешно барање ќе продолжиме да помагаме со цел преговорите со Европската Унија да започнат што е можно побрзо.Ние Унгарците сме среќни што имаме придонес во успехот во вашите преговори со Европската Унија и што сега имаме унгарски комесар за проширување и можам да кажам конечно комесар на кој што целта навистина му е проширување на Унијата.За крај сакам да кажам дека сум ти многу благодарен Христијан на тебе и на нашата сестринска партија за тоа што побаравте помош од нас и можам да Ве уверам дека нашата поддршка за вас ќе продолжи и во иднина.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

dsc05

Мицкоски: Пријателите се познаваат во неволја, благодарам за помошта од Унгарија, ќе се спасат повеќе животи

Нашиот народ вели пријателите се познаваат по неволја, а Македонија има пријатели. Благодарност до Унгарија и до целиот унгарски народ што во вакви тешки моменти демонстрира хуманост и споделува помош која е добредојдена за оние кои што се во првите линии во борбата против оваа пандемија на корона, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Воедно благодарност и до унгарскиот премиер Орбан и министерот за надворешни работи Петер Сијарто, што ова е прва меѓудржавна посета откако се затворија границите и настана кулминацијата на пандемијата со корона.Во услови на затворени граници ова е официјална посета на земја члена на Европската Унија во овие кризни времиња.Благодарност и за брзата реакција на унгарската влада. Минатата недела остваривме комуникации и соопштивме дека е потребно помош, а денес таа помош се реализира.На средбата со унгарскиот министер за надворешни работи разговаравме за актуелните прашања поврзани со корона пандемијата, разменивме мислења и искуства во справувањето со оваа појава. Да не заборавиме да градиме мостови на пријателство во овие тешки времиња.Можам да соопштам дека загрижувачката состојба со корона вирусот не може да не остави рамнодушни, ниту мене, а ниту пак некој друг.Токму затоа сметам дека е потребно да се покаже хуманост и да се дејствува секој во рамките на своите можности и средства со кои располага.Времето поминато во политиканство и ниски страсти значи пропуштено време да се дејствува и вистински да се помогне. Затоа решив да помогнеме од позиција на опозиција со сите наши сили и онолку колку дозволуваат условите. Не е важно кој побарал помош, важна е помошта. Важно е дека помошта денеска ќе спаси животи, ќе го заштити здравјето на оние кои спасуваат животи.Истовремено ќе продолжам да лобирам, да остварувам контакти во рамките на можностите да барам помош за нашата земја.Благодарност и до вистинските херои кои се борат на дневна основа за нашето заедничко здравје.Сакам да соопштам дека многу брзо како партија преку нашиот технички министер ќе поднесеме и уредба до владата за парична награда за оние кои се вклучени во заштита на здравјето и борбата против короната.Потребна е поддршка и заедничка грижа за хероите. Се надевам дека целата влада ќе ја поддржат иницијативата, ќе донесеме заедничко решение, но уште поважно така заеднички ќе испратиме благодарност до оние кои се вложуваат себеси за сите нас, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

пред 6 години

DSC_0020-1

Поведена постапка за едно лице во Битола

Обвинетиот на 5 април, вo 19:50 часот, во Битола, за време на пандемија прогласена од страна на Генералниот секретар на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест COVID-19 поради што и е утврдено постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија сметано од 18.03.2020 година, не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување.   Oдносно, тој не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија донесена од Владата на Република Северна Македонија па и покрај мерките со кои се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија во деновите сабота и недела во временскиот период од 16:00 часот до 5:00 часот наредниот ден, се движел по улицата „9-та“ каде бил затекнат од страна на полициски службеници од СВР – Битола.За стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, битолското обвинителство на судот му предложи на обвинетиот на му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

DSC_0008-1

Обвинети се осум лица во Велес

Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против 8 лица, кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите во текот на викендот на 28 и 29.03.2020 година постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режин на движење од 21 до 5 часот наредниот ден, на територијата на Република Северна Македонија, донесена од Владата на РСМ. Во наведениот временски период, обвинетите во одделни кривично правни настани, со патнички автомобил или пеш се движеле по улиците на Велес што е констатирано од полициски службеници на СВР Велес.Предложено е на обвинетите да им се изречат парични казни од по 40 дневни глоби во вредност од по 20 евра односно, вкупно по 800 евра во денарска противвредност.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

0

Колев: Светот има пари, но Македонија е пред банкрот!

Никој не сака да го постави прашањето зошто во момент на криза, кога речиси сите баарат кредити и голем дел од нив ќе земат колку што им треба дури и повеќе, Македонија не може да земе толку средства колку што ни се потребни?Да не забораваме дека за институциите кои даваат кредити ова е момент да ги пуштат во оптек сите средства и да имаат камати од истите. Онаа смешна приказна дека немало средства-пари во светот е само едно глупаво оправдување, се вели во соопштението од Петар Колев, претседател на ГДУ.Сигурно има причина за тоа, и тоа е ликвидноста на државата, почитувани сограѓани.Никој нема да даде кредит на некого што не може да го врати. Македонија е толку задолжена што ако земе уште 1,5 или 2 милијарди, нема да биде ликвидна, нема да може да ги врати тоа е вистината.Многу е лицемерно да ги слушате оние кои ја донесоа државата до вакво ниво, најсиромашна држава од поранешна Југославија и најсиромашна земја во Европа, да делат економски лекции. Засрамете се и скријте се некаде, тоа е прашање на домашно воспитување, се вели во соопштението од Колев,фото: ГДУ 

Македонија | пред 6 години

merki

Поригорозни мерки - Од среда полицискиот час ќе почнува од 16 часот

Дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава, за време на работните денови и викендите, со важност од среда, 8.4.2020, од 16 часотВладата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија.Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.Дополнително,За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.Новите ограничувања стапуваат на сила во среда, 8 април 2020 година во 16 часот.За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при шти тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/a.319952798182350/1545006322343652/?type=3&theaterфото: ФБ Оливер Спасовски

Македонија | пред 6 години

NAJNOVA-VEST-KORONAVIRUS

НАЈНОВА ВЕСТ: Се проширува трањето на полицискиот час

Од среда 8 април полицискиот час ќе започнува во 16 часот и ќе завршва во 5 часот наутро, додека во викент полицискиот час нема да завршува и ќе трае од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник. Се очекува ова наскоро да го соопштат властите во текот на денов.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Почна со работа владиниот кол центар за компаниите и граѓаните

Владата на Република Северна Македонија денес го пушти во употреба првиот контакт центар наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Компаниите и физичките лица со јавување на телефонскиот број 02/324-8040 ќе ги добиваат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки поврзани со справување со состојбата со КОВИД -19.На LIVE Call Center - контакт линијата, која што е донација од компанијата Ассеко СЕЕ Македонија ќе одговара стручен тим на македонски и албански јазик. Кол центарот ќе работи од 8:00 до 17:00 часот од понеделник до петок, а во сабота од 9:00 до 14:00 часот.Изминатиот период со цел полесно да се помине кризата предизвикана од коронавирусот Владата на Република Северна Македонија донесе сет економски и други мерки за бизнисот и граѓаните. За начинот и користењето на овие мерки компаниите и граѓаните ќе може да се јавуваат во кол центарот.Како за потсетување, досега се донесени два сета на економски мерки а се во насока на поголема ликвидност на бизнисот и зачувување на работните места.За да сочуваме што поголем број работни места обезбедуваме финансиска поддршка за компаниите и самостојните вршители на дејност:- За исплата на плати за месеците април и мај компаниите ќе добиваат 14.500 денари по вработен.- Овозможено е користење на бескаматни кредити за микро, мали и средни компании.- Воведуваме субвенционирање на 50% од придонесите на плати на вработените.- Обезбедуваме исплата на минимална плата за спортските работници и уметниците.- Обезбедивме финансиска помош за занаетчиите и самостојните вршители на дејност.Ги олеснивме обврските на компаниите и граѓаните за плаќање на долговите и обврските кон државата:- Запрена е работата на извршителите до крајот на јуни.- Создадени се услови за одложување на плаќање на ратите на кредитите за 3 до 6 месеци за што поголемиот дел од банките веќе излегоа со свои понуди.- Ослободување од плаќање на месечни аконтациите за данок на добивка за април, мај и јуни.- Намалување на казнената камата за јавни давачки.- Намалување на законска затезна камата за правни и физички лица.- Ставена е во мирување давачката за ЗАМП.- Се запираат стечајните постапки.За лицата коишто останаа без работа во услови на КОВИД-19 понудени се неколку видови на поддршка:- Согласно законот за вработување и осигурување во случај на невработеност граѓаните кои останале без работа ќе остварат надоместок преку АВРМ согласно нивните години работен стаж.- Го прилагодуваме системот на социјална заштита за брз влез на лицата кои останале без работен ангажман и биле дел од неформалната економија со цел да остварат право на гарантирана минимална помош.За лицата во социјален ризик и корисници на други социјални права донесени се низа мерка:- Обезбедуваме дополнителна исплата на енергетски додаток за април и мај на околу 30.000 корисници.- Продолжува исплата на образованиот додаток за третиот и четвртиот мерен период за учебната 2019/2020 година, без потврда за редовност во училиште.- Продолжени се и роковите за поднесување на барањата за остварување на право на еднократна парична помош за новороденче, и за додатоците за трето и четврто дете.- Ослободување од закуп за социјални станови.Мерки во делот на платен одмор- Продолжено е платеното отсуство од работа поради нега и одгледување на новороденче и посвоено дете се до истек на траењето на времените мерки.- Задолжително користење на годишен одмор во приватен сектор.- Задолжително користење на годишен одмор во јавен сектор.Фондови за помош за КОВИД-19- Формиран е Фонд за туризам за поддршка на туристичките дејности.- Се формира солидарен Фонд за КОВИД-19.Владата продолжува да ја следи состојбата со КОВИД-19 и да носи мерки согласно реалните потреби на компаниите и граѓаните.

Македонија | пред 6 години

06042020_DSZI_inspekciski-nadzor_3

На Клиниката за инфективни болести строго се почитуваат препораките за употреба на лична заштитна опрема од страна на здравствените работници

Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 5 април изврши вонреден инспекциски надзор во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во врска со заклучоците на Главниот координативен кризен штаб за почитување и примена на протоколите и препораките за употреба на лична заштитна опрема (ЛЗО) од страна на здравствените работници при укажување здравствени услуги согласно нивоата на здравствена заштита и ризикот од  КОВИД-19, а со цел спречување на ширење на инфекцијата.При надзорот во Клиниката е констатирано дека строго се почитуваат препораките за употреба на лична заштитна опрема од страна на здравствените работници, како и соодветната организираност и одржување на клиничкиот објект.Во извештајот се посочува дека во Клиниката се хоспитализирани само пациенти со инфекција од КОВИД-19 и во моментот на надзорот има вкупно 77 пациенти, од кои на респиратор се 11 пациенти, но и дека има уште слободни респиратори и болнички легла.При инспекцискиот надзор е констатирано пред влезот кон болничкиот оддел има пулт опремен со дезинфициенси и Лична заштитна опрема (ЛЗО - медицински маски, заштитни маски N95, капи, каљачи, заштитни очила, визири, ракавици, три вида на мантили, скафандери, ПВЦ престилки – сите за еднократна употреба), која се користи во зависност од видот на здравствената услуга што треба да му се укаже на пациентот (преглед, земање брис, интубација, аспирација, аплицирање терапија исл.).Согласно протоколите за употреба на ЛЗО, во зависност од медицинската интервенција и степенот на ризик, испечатени се  протоколи и протоколи во вид на постер се поставени видливо над пултот со ЛЗО.За време на вонредниот инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е утврдено дека пред влезот во филтер зоната кон болничкиот оддел постојано има лице кое проверува како е облечен здравствениот работник пред влез за работа со пациент.Со цел максимално да се заштити медицинскиот персонал, комплетно и соодветно облечениот здравствен работник се задржува најмногу два  часа во болничкиот оддел и пред да излезе во филтер зоната ја соблекува облеката и ја фрла во корпа за медицински отпад, дезинфицира раце, па оди на миење раце согласно протокол.Исто така е утврдено дека  Клиниката располага со адекватна количина на личната заштитна опрема, која се дистрибуира од централен магацин кон одделите на дневно ниво и по изјавите на вработените лица констатирано е дека секогаш имаат ЛЗО соодветно на потребите.Воедно покрај пултот со ЛЗО и во филтер зоната пред излез од болничкиот оддел се наоѓа наменска амбалажа за медицински отпад, а се почитуваат и протоколите за невкрстување на чисто и нечисто на ниво на целиот клинички објект.При извршениот вонреден инспекциски надзор, од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат не се констатирани никакви недостатоци.

Македонија | пред 6 години

06042020_PVRSM_Spasovski_obrakjanje_NATO_online_diskusija-1

(ВИДЕО) Спасовски на on-line дискусијата на тема „Глобалните закани и ризици и македонското членство во НАТО”

Сакам да ја упатам мојата, и благодарноста на Владата, до Факултетот за безбедност и до Амбасадата на Соединетите Американски Држави во нашата земја за организацијата на оваа видео дискусија.Ми претставува посебна чест поканата да бидам дел од ова одбележување на 4 април, Денот на НАТО.Ден кој се одбележува во чест денот кога во 1949 година, 12 земји основачи на Алијансата го потпишаа Северно-атлантскиот договор во Вашингтон.На 27 март, пред точно 7 дена, оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО беше предаден во Стејт Департментот на Америка со што нашата земја стана 30 земја членка на Алијансата.Затоа денеска го одбележуваме Денот на НАТО со посебна гордост. Со полно право.Република Северна Македонија како членка на НАТО, станува полноправен член на семејството на најмоќниот безбедносен и воен сојуз, и синоним за највисоките демократски вредности.Ние сме дел од ова моќно семејство.Како дел од безбедносен штит на најмоќниот воен сојуз во светот, Северна Македонија е фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност, земја во која граѓаните и децата имаат сигурна иднина.Со право можеме да кажеме дека сме дел од глобалните процеси кои не ставаат во редот на сојузниците со кои заеднички ќе се справуваме со сите конвенционални и хибридни закани за сигурноста, безбедноста, и за мирот.Македонските граѓани ја заслужија иднината што е пред нас. Денес НАТО го потврдува тоа.Дозволете да споделам со вас неколку аргументи дека со право ја заслуживме убавата иднина.- Малите земји тешко можат да влијаат врз политиките и одлучувањето на глобално ниво. Единствениот начин да се зголеми влијанието е преку интеграции во наднационални организации.Со зачленување во НАТО и со отворените преговори за членство во ЕУ, по принципот на „еднаков меѓу еднаквите“ и принципот на солидарност „сите за еден - еден за сите“, се стекнавме со можност за влијание и еднакво право во носење на одлуките во оваа организации.- Економскиот раст зависи во голема мера од способноста на земјата да обезбеди одржлив мир и стабилност, односно долгорочната безбедност и политичка стабилност. Членството во НАТО обезбедува поголема безбедност што ја подобрува можноста на земјата да обезбеди политичка и економската стабилност.- Во 2004 година при влезот на Естонија во НАТО растот на БДП во оваа земја изнесувал 6.2 отсто, а веќе следната 2005-та година пораснал на 9.3 отсто, а во 2006 се зголемил на 10.2 отсто.- Во 2004 година при влезот на Латвија во НАТО растот на БДП во оваа земја изнесувал 8.3 отсто, а веќе следната 2005-та година пораснал на 10.6 отсто, а во 2006 се зголемил на 11.8 отсто.- Во Естонија странските директни инвестиции се триплирале благодарение на позитивниот ефект врз економијата што го има членството на земјата во НАТО, од 968.5 милиони евра на 3.1 билиони евра странски инвестиции по зачленувањето во НАТО.- И во нашата земја постигнавме рекордна вредност од 624 милиони евра на странските инвестиции во годината кога беше соопштено дека Северна Македонија го започнува процесот на ратификација на Протоколот за пристапување во членство во НАТО.Безбедноста и стабилноста на земјата се основа за економски раст и развој.За само три години, Владата предводена од СДСМ успеа Северна Македонија од земја што генерираше кризи, да ја трансформира во земја што генерира безбедност. Немаме отворени проблеми со соседите. Ние сме единствени во регионот на Западен Балкан од таа перспектива.Сите достигнувања на планот на остварување на нашето членство во НАТО и на нашиот пат за членство во ЕУ, ја направи нашата земја сигурен, доверлив партнер на сите наши сојузници.Овој генерациски успех на нашата земја ја поттикна и ЕУ да ја поправи својата грешка во однос на нашето отпочнување на преговорите за членство.Преговорите со ЕУ се одобрени и за сите нас дома тоа е поттик уште посилно да ги продолжиме нашите реформи и да си ја направиме земјата уште поубаво место за живеење.Да ја одржиме мотивацијата и силната енергија што не крепеше на патот за членството во НАТО, со иста таква сила и во процесот за членство во ЕУ.Гордоста што огромен дел од граѓаните ја чувствуваат овие денови, е мотивација да продолжиме со одлучност, посветеност и храброст и да го завршиме и нашиот пат до членство во ЕУ.Веруваме дека членството во НАТО ќе помогне и во остварувањето на нашата втора стратешка цел, членство во ЕУ. Свесни сме дека постои блиска комплементарност и соработка меѓу двете организации. Ние ги споделуваме заедничките вредности и сакаме да придонесеме во развојот на таа соработка.Во услови кога современиот свет се соочува со оваа сериозна хуманитарна криза, неопходни се заеднички мерки и градење капацитети. Северна Македонија е одлучна да придонесе за заеднички пристап во соработката со нашите НАТО партнери, и со институциите и агенциите на Европската Унија, во справувањето со заканите од короната.Заедно ќе направиме сè што треба за да го вратиме безбедното секојдневие на граѓаните од нашата земја, и да учествуваме во тоа за граѓаните од регионот и од Европа.Ќе ја вратиме состојбата на просперитетни, безбедни, мирни и слободни општества. Тоа се вредности на земјите членки на НАТО и на Европската Унија.Нема да дозволиме да бидат доведени во прашање пред ниту една закана.фото и видео: Влада

Македонија | пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

Пак поевтинуваат бензините и дизелот!

Цените на бензините од полноќ се намалуваат за половина денар, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се намали за еден денар, односно денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС98 се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 48,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-95, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 50,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денар за литар и ќе изнесува 45,00 ден/лит. Намалување има и кај малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,50 денари/литар и ќе изнесува 33,50 ден/лит.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,921 ден/кг и ќе изнесува 17,970 ден/кг.Од 07.04.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 48,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 50,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 45,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 33,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 17,970 (денари/килограм)фото: Архива

Македонија | пред 6 години

92354816_146800386846764_5290829251115745280_o-1

(ВИДЕО) Министерот за внатрешни работи Чулев на средба со унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска во министерството за внатрешни работи оствари работна средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој со висока делегација на Унгарија е во официјална посета на нашата држава.Во рамки на средбата од страна на унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто  официјално беше предадена донација за министерството за внатрешни работи која се состои од 100.000 маски и 5.000 заштитни едноделни одела.Министерот Чулев изрази благодарност за донацијата која доаѓа во вистински момент за министерството и е наменета за полициските службеници чија улога во справувањето со корона вирусот е од исклучително значење за државата.Тој се заблагодари за учеството на унгарските полициски службеници во заедничките операции на јужната граница, кои со својот професионализам активно учествуваат заедно со македонските  колеги во борбата против илегалната  миграција.Двете страни разменија информации за мерките што се преземаат за справување со пандемијата  и  заеднички се согласија дека поддршката што доаѓа од страна на Унгарија е значајна за нашата земја и истата е потврда на пријателството и добрите односи кои во континуитет ги градат двете земји.фото: МВР

Македонија | пред 6 години

policija-2-1

Мајка и син пронајдени мртви во стан во Велес

Полицијата утрово пронајде две мртви тела во стан на улица 4-ти Јули во Велес, во близина на детската градинка кај Жаба зграда. Од полицијата потврдија дека добиле повик од соседи, кои се пожалиле на ужасна миризба која доаѓала од станот на починатите.Според соседите, најверојатно се работи за мајка и син кои повеќе од еден месец не биле видени од соседите.Јавен обвинител е на терен и врши увид, по што ќе се знае причината и времето на смртта на двајцата велешани.извор: batali.net 

Македонија | пред 6 години

20190703093800

Извлечени 15-те добитници на наградата од по 100.000 денари во МојДДВ #МојаНаграда

Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на март.Ова се добитниците:1. Ванче Василески – Тетово2. Катерина Апостолова – Богданци3. Зорица Илиев – Скопје4. Весна Макашевска – Скопје5. Дејан Ѓошев – Скопје6.Славко Јанковски – Струмица7. Љика Митева – Струмица8.Фадил Угљанин – Прилеп9. Селја Хаџи – Скопје10. Војче Мирчески – Скопје11. Благој Тунџов – Штип12. Фарук Ајрулаху – Скопје13. Виктор Устијаноски – Охрид14. Мише Милановски – Пробиштип15. Деан Андреевски – ПрилепВо првото тримесечје, скенирани се вкупно 49,9 милиони фискални сметки со остварен промет од вкупно 21,9 милијарди денари со вкупен ДДВ од 2,2 милијарди денари.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања