Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

BITIKI0

Битиќи: Со пакетот економски мерки опфатени се сите, вклучително и оние што претрпеа загуби во март

Со двата пакети мерки за помош во економијата што ги обезбеди Владата, опфатени се сите стопански субјекти кои претрпеа одредени загуби и во март, објасни Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ, во денешното гостување на емисијата „Детектор“, на телевизијата Сител.„ За месец март не се изоставени компаниите коишо беа директно погодени и со Уредба на Владата мораа да престанат да работат. Со првиот сет на мерки беа директно таргетирани тие што беа на удар на кризата. Обезбеди се кредити,  обезбедено е субвенционирање на приходи,  ослободување од плаќање на аконтации од данок на добивка и други даноци“, објасни Битиќи.Тој нагласи дека сите други компании, надвор од четирите најпогодени сектори во март, може имале одредени импликации во март, но тие се незначителни и тоа се гледа и од приходната страна во Буџетот.„Во јавноста зборуваме само за директно вбризгување на пари, 200 милиони директни пари што ќе се вбризгаат во реалниот сектор. Но, мора да ги земеме предвид и сите даночни олеснувања, како и субвенционирањето на придонеси, по што  ќе дојдеме до многу поголема сума на средства како помош за стопанството“, нагласи Битиќи.Тој додаде дека ги слушаат барањата на стопанството, по што не се исклучува можноста одредени мерки да се дополнат, но и да има нови.Осврнувајќи се невработеноста Битиќи истакна дека бројот на граѓаните што останале без работа во овој период е незначителен.Според последните податоци на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија без работа останале 2.500 лица, односно 0,25% од вкупниот број на вработените. Оваа бројка е незначителна и е карактеристична за нормални услови за работа, а не за време на криза, нагласи Битиќи.фото: Детектор

Македонија | пред 6 години

SLAVESKI0

Славески: Претпријатијата на кои Владата нема да помогне, утре веќе ќе ги видиме затвopeни

Професорот и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески денес гостуваше во емисија „Детектор“, каде што упати жестоки критики кон Владата за мерките за помош на претпријатијата кои што се погодени од економската криза како резултат на корона вирусот.Славески потенцираше дека мерките се недоволни, задоцнети и изоставуваат голем број на претпријатија во државата. Оние претпријатија на кои што денес државата нема да им помогне, по завршувањето на кризата ќе ги видиме затворени, а тоа ќе значи дека илјадници македонски граѓани ќе останат без работа.„Мислам дека мерките се прво задоцнети, во неколку наврати ние укажавме на тоа дека се недоречени, необјаснети затоа што граѓаните и фирмите не можеа да се најдат себе си во очекуваната помош. А, во економијата, психологијата, особено социјалната е многу битна, односно очекувањата“, појасни Славески.„Ние ги имаме првите знаци на опаѓање на економската активност во одделни сектори дури од крајот на февруари, не март. Да не зборуваме за состојбата по 13 март кога со одлука на Влада заради заштита на здравјето на граѓаните и стопирање на ширењето на заразата со новиот коронавирус се затворени цели дејности, угостителството, туризмот, транспорт. Значи месец март не може да се пропушти без никаква поддршка“, нагласи Славески.Славески додаде дека она што партијата ВМРО-ДПМНЕ го промовираше во јавноста е дека помошта во висина од минималната плата е недоволна, требаше да се оди со поддршка во висина од 50 проценти од минималната бруто плата што се сведува на 70 до 80 проценти од нето платата.фото: Детектор

Македонија | пред 6 години

nevreme-pehcevo

(ФОТО) Големо невреме во Пехчево, откорнати дрва и покриви

Силно невреме во Пехчево. На социјалните мрежи се објавуваат фотографии од голема штета која истото ја предизвикало. Откорнати дрва и покриви ... Граѓаните пишуваат дека невремето сеуште трае...Од силината на ветрот како што информираат жителите откорнат е стариот чемпрес, додека паднати дрвја има и во дворот на старата амбуланта во Пехчево.Ветрот оштетил и неколку автомобили како и неколку гаражи, шупи и други импровизирани дрвени објекти во дворовите на луѓето.На одредени места во близина на куќи забележани се паднати тополови и оревови дрвја.Од УХМР за Скопје 1 информираат дека за овој регион имало и најава за засилен ветар. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2868799803215055&set=pcb.2868801423214893&type=3&theaterфото: ФБа

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Детектор анкета: Над 20% од вработените граѓани останале без своето работно место поради корона кризата

Секој петти вработен граѓанин во Македонија останал без своето работно место како последицана економската криза предизвикана од епидемијата на корона, покажува најновото истражувањена јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.Според него, 12,1% од вкупниот број на граѓани велат дека го загубиле работното место или пакдобиле привремен отказ или суспензија поради кризата со корона вирусот. 33,4% велат дека одатна работа исто како и пред кризата. 10,7% од граѓаните поради корона вирусот работат од дома,додека 2,5% немаат некои промени во статусот бидејќи и претходно работеле од дома.Останатите нешто над 40% се невработени и пензионери. Кога тие ќе се исклучат одистражувањето, анкетата покажува дека 20,6% од анкетираните вработени граѓани останале безработното место, додека 56,9% се уште одат на работа како и претходно. 18,2% од вработенитеанкетирани граѓани работат од дома, а за 4,3% вработени граѓани нема никакви промени бидејќитие и пред кризата си работеле од дома.Две третини од граѓаните или 66% сметаат дека државата треба да покрие дел од загубите надомашните приватни компании предизвикани од кризата, додека 12,3% сметаат дека државата нетреба од буџетски средства да ги покрива загубите.79,1% од анкетираните сметаат дека државата треба да покрие дел од загубите на најпогоденитекомпании, додека само 5,6% не се согласуваат со тоа.Кога станува збор за помош и на домашните и на странските компании, поддршка даваат 54,5% од анкетираните а 21,7% се против.70,6% од граѓаните или нешто над две третини се на ставот дека државата треба да ги компензираи оние кои биле привремено или вработени како хонорарци а останале без работа како резултатна корона кризата, додека 8,9% се против.Најголем дел од граѓаните велат дека покрај за своето здравје, економската криза е тоа за штонајмногу се грижат во овој период. Ваков став имаат 38,8% од анкетираните. 15,3% стравуваат одколапс на здравствениот систем а 10,7% од недостаток на храна, лекови и други стоки, додека5,6% стравуваат од губењето на работното место.Анализирано според возрасната структура, за економската криза најголема е загриженоста кајанкетираните кои имаат меѓу 40 и 49 години. Дури 48,6% од нив велат дека покрај можноста да сезаразат, најмногу се плашат од економската криза. Граѓаните кои се помлади но и постари од оваа група велат дека се нешто помалку загрижени за економијата.Најмалку за економијата се грижат најстарите. Само 27,1% од анкетираните над 60 години велатдека економската криза е најголемиот проблем ако се исклучи можноста да се заразите совирусот.39,1% од младите до 29 години велат дека најмногу ги загрижува економската криза покрајздравствената. Ваков став имаат 44,8% од граѓаните меѓу 30 и 39 години и 36,6% од оние кои се навозраст од 50 до 59 години.Анализирано според местото на живеење, најголема загриженост за економската криза има воисточниот регион каде 48,2% од граѓаните велат дека покрај можноста да се заразат најмногу сеплашат од економската криза. Овој процент паѓа на 45,6% во скопскиот и 43,2% во полошкиотрегион.Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувањаСкопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март сомаргина на грешка од плус-минус 3%

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Уште колку заболени и починати треба од коронавирусот, за да видиме домашно единство меѓу Заев и Мицкоски

Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ најостро ги осудува секојдневните кавги за кризата меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски.Во соопштението тие пишуваат:Устите на Заев и Мицкоски се полни со грижа за здравјето на народот. Но, во реалноста гледаме препукувања за се и сешто меѓу Мицкоски и Заев. Ова е стара практика на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога земјата е во некаква криза - воена, политичка, безбедносна, еве сега и здравствена,  да се расправаат наместо да покажат единство во елиминирањето на последиците од оваа здравствена криза.Зоран Заев и Христијан Мицкоски не можат да разберат дека домашното единство во кризата е најсилната брана. Заев и Мицкоски не можат да разберат дека здравјето на луѓето не трпи политички калкулации.Едно е јасно, сега е потребно домашно единство, дотолку повеќе, здравстените власти во земјата кажуваат дека влегуваме во пикот на заразата, се очекува врвот во наредните 2 до 3 недели.Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ ги прашува Зоран Заев и Христијан Мицкоски, ако сите заболени и починати од коронавирусот не се доволно за сплотеност, тогаш, што уште треба да се случи за да видиме домашно единство на Заев и Мицкоски во битката со коронавирусот.Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија„ на конкретен начин покажува дека е на страната на народот. Впрочем, Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија„ има високо активна улога во кризата со секојдневно промовирање на мерки од интерес за народот и државата.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 6 години

klinika

Почина мајката на сопругата на претседателот, посмртно и е земен брис за корона

На Клиниката за пулмологија во Скопје почина мајката на сопругата на претседателот Стево Пендаровски - Елизабета Ѓоргиевска. Посмртно и бил земен брис, со цел да се провери дали била заболена од коронавирусот. Резултатите од тестот треба да бидат готови во текот на утрешниот ден.„Таа починала денес. Имала тешка општа здравствена состојба. Посмртно е земен брис, но генерално, досега немала наод за присуство на Ковид-19. Резултатите ги очекуваме, штом ги добиеме, ќе информираме“, велат од кабинетот на Пендаровски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

06032020_VRSM_Filipce_pres

Филипче: „8 Септември“ во Скопје и болницата во Битола, стануваат центри за за прифаќање болни од ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека болницата „8 Септември“ која до сега се користеше за заболени од корона вирус, но имаа потреба од други здравствени услуги, од денеска функционира како болница за прифаќање заразени од ковид-19. Во оваа болница како што кажа минситерот на распологање има 110 кревети.Покрај „8 Септември“ министерот најави дека и болницата во Битола станува регионален центар за прифаќање заболени од ковид-19, како и  тоа дека мобилната болница може да се стави во функција.Министерот на денешната прес конференција информираше дека во земјава заболени се и 52 здравствени работници, од кои 34 во болнички услови.ИнакуЗа 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица.Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:Скопје – 235Куманово -114Дебар – 49Штип-19Прилеп –33Тетово – 29Струга – 24Велес – 10Битола – 6Охрид – 3Кавадарци –2Гостивар – 4Гевглелија – 4Струмица – 2Крива Паланка- 2Радовиш -3Крушево – 2Кочани – 14фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Од следната недела ќе биде активирана апликација за следење на луѓето кои имале контакт со заболени

Од следната недела ќе биде активирана нaјавената апликација за следење на граѓаните кои имале контакт со заболено лице. Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски информира дека со неа ќе гарантира безбедност на личните податоци на граѓаните кои самите ќе треба да ја симнат на своите мобилни телефони.„Апликацијата ќе ги чува личните податоци на граѓаните до одреден временски период и тие ќе се следат во наредните 14 дена. Во случај некој да се заразил ќе му бидат барани апликациските броеви. Ова е неинвазивна метода, ние помогнавме во технолошкиот дел. Доколку граѓаните не ја симнат апликацијата, нема да има ефект. Ваквата апликација во Сингапур дала многу добри резултати, а ние сме една од ретките земји во Европа која ќе ја користи. Не треба да има стравување за податоците бидејќи старите податоци по 14 дена се бришат“, изјави Манчевски на брифинг со новинарите кој се одржа во Владата преку видео врска.Тој објасни дека  доколку некој се зарази, тогаш преку неговиот број може да се најде секој кој бил во близина со заразениот во последните 14 дена.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

ЖИВО министерот за здравство Венко Филипче - За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица.Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:Скопје – 235Куманово -114Дебар – 49Штип-19Прилеп –33Тетово – 29Струга – 24Велес – 10Битола – 6Охрид – 3Кавадарци –2Гостивар – 4Гевглелија – 4Струмица – 2Крива Паланка- 2Радовиш -3Крушево – 2Кочани – 14Во продолжение во Живо министерот за здравство Венко Филипче https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/662181937941360/?v=662181937941360&notif_id=1586093356454311&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

petar_bogoyeski

Богојески: Зошто толкава омраза од страна на поддржувачите на СДСМ 1 и СДСМ 2, дозволете да искажеме различен предлог од оној на Заев или на Мицкоски, за справување со економската криза!

СДСМ 1 и СДСМ 2Воопшто не е во ред да се шири толкава омраза на ФБ, од страна на поддржувачите на господин Заев (СДСМ 1) и на господин Мицкоски (СДСМ 2)!Мора да постои и опозиција!!!Дозволете да постојат и дејствуваат граѓани, кои не сакаме да бидеме дел од СДСМ формацијата! Ние воопшто не оспоруваме на никого да си има сопствено политичко убедување! Но не прифаќаме на нас да ни се оспорува правото на наше убедување, напиша на својот ФБ профил лидерот на „Македонски концепт“, Петар Богојески.Богојески во продолжение на својата објава на Фб пишува:Доколку верувате дека Мицкоски ќе го врати името и старото знаме на Македонија, слободно да си гласате за него!Доколку верувате дека Заев ќе донесе правда во земјава, слободно да си гласате за него!Но дозволете ние кои знаеме дека нема да се случи ниту едното, ниту другото, да направиме граѓанска политичка понуда, која е различна од веќе виденото во последниве 30 години!Во ова време, невреме, им даваме полна поддршка на сите лекари и медицински персонал, вклучително и на МЗ Филипче, без разлика на нивната политичка определба! Сите тие работат заедно, за доброто на секој од нас!Но во исто време, дозволете да искажеме различен предлог од оној на Заев или на Мицкоски, за справување со економската криза! Не е штета ако ние имаме подобри решенија, истите да ги предложиме! Не е болка за умирање, на СДСМ 1 и 2, па до тој степен да се шири омраза и нетрпеливост!Време е за толеранција, солидарност и конструктивни предлози / критика, начин како сите заедно да го надминеме овој предизвик, напиша Богојески на ФБ.#останидома#останибезбеденhttps://www.facebook.com/1949361315345812/photos/a.1950984378516839/2594543487494255/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

hristijan-mickoski-pres-1-e1581876719693

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен

Оваа вонредна состојба и оваа епидемија не е политика, не е политички натпревар, не е анкети, не е избори и не е партиски интерес. Оваа епидемија е загрозување на здравјето и животите на граѓаните, нивната сигурност и нивната економска и социјална егзистенција. Политиката сега не е цел сама за себе, политиката сега мора да има само две цели: спасување животи и економска шанса за преживување од кризата, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.И тука можам да кажам дека жалам за тесноградоста на Владата спрема укажувањата на стручната јавност и нашите апели. Во делот на здравството сите гледаме што се случува, нема да анализирам бројки, туку замолувам да тестираат многу, многу повеќе луѓе.  Експертите велат дека така ќе спасиме повеќе животи.Во делот на економијата, каде што со право се чувствуваме поискусни, со експертиза од претходни успешни економски политики и третирање на економски кризи, но и со човечкиот капацитет кој го имаме во нашата партија, сакам да и порачам на Владата: доста со политика и инает. Престанете со политика и не правете политика од се и сешто.Ве молам послушајте што ние, професорите, синдикатите и коморите ви говориме.Веќе кажавме дека досегашните мерки на Владата се задоцнети, нецелосни, нефер спрема сите компании и граѓани, во одредена мера збунувачки и нема да го дадат посакуваниот, а и возможен ефект.Пред неколку денови сам се понудив да појдам во Владата и да ја дадам нашата стручна анализа и нашите предлози. И ќе ви кажам зошто ова го понудив затоа што гледам дека и треба помош на власта и гледам дека не само што има недостаток на искрена волја, туку тие и не ги разбираат работите што треба да ги преземат за да ја спасат економијата.Навистина жалам што никој не најде доволно одговорност кај себе за да ја потисне непотребната политичка ароганција и да сослуша што ние предлагаме. А, знаеме повеќе, имаме повеќе луѓе од оваа област и имаме далеку поуспешно искуство од сите други. И ова не е време на суети.Токму затоа пред неколку дена најавивме дека ќе поднесеме уредба со законска сила со која ќе овозможиме компаниите да добијат помош од државата во висина од 50 проценти на бруто трошоците за плата по вработен, односно највеќе до 27 илјади по вработен или последно исплатената просечна нето месечна плата за декември месец 2019-та година. И оваа помош не да важи само за месеците април и мај и да биде исплатена во месеците мај и јуни, туку да важи за месеците март, април и мај. И ваквите предлози се она што ние можеме да го направиме во овој момент од позиција на опозиција во државата. Да се понудиме искрено да ја подадеме нашата рака.Но воедно чувствувам и должност да соопштам дека иако уредбата беше прописно доставена преку нашиот министер, технички министер за внатрешни работи г. Наќе Чулев. Техничкиот премиер Оливер Спасовски не ни дозволил да биде ставена на дневен ред на влада за да биде разгледана и да се отвори дискусија за истата. Со тоа владата ги лишува од директна помош компаниите и вработените за субвенција до 50 проценти за бруто плата по вработен или парична помош најмногу до 27 илјади денари по вработен. Со тоа директно за месеците март, април и мај во стопанството државата ќе инјектираше повеќе од 350 милиони евра.Уште еднаш повикувам на трезвеност и да се прифати оваа мерка која сама по себе нема да биде доволна свесни сме за тоа, но во значителна мерка ќе помогне. Во тој контекст сметам дека е исклучително важно во овој момент да се преземат неколку работи. И тоа:Првата која што ја говориме и ја повторуваме веќе извесен период, а тоа е средствата кои што работодавачите за вработените ги уплаќаат во вториот задолжителен пензиски фонд, започнувајќи од први април да ги уплаќаат во првиот задолжителен државен пензиски фонд. И на тој начин да обезбедат сигурна и надежна исплата на пензиите. И да обезбедат ликвидноста на првиот задолжителен државен пензиски фонд. А, потоа во некои подобри времиња истите тие средства да ги вратат во вториот задолжителен приватен пензиски фонд, се разбира зголемени со стапката на принос која што е еднаква на каматата на загубените парични средства. Тоа е она кое што го предлагаме веќе подолго време и тоа е она кое што како ВМРО-ДПМНЕ го презентираме пред македонската јавност. Тоа веќе го направија неколку држави, а во периодот кој што следува ќе го направат и другите држави, и тоа е начин како да се справиме со оваа криза. Тоа е една од алатките на справување со оваа економска криза.Втората е многу значајна реформа, благајничките записи кои што се стерилизирани во Народната банка, под итно дел од нив ако не и сите да бидат пренесени и државата да ги запише во хартии во вредност или државни записи. И на тој начин да овозможи директна инјекција од максимум 25 милијарди денари за македонското стопанство. Тоа е вториот предлог кој што веќе подолго време го предлагаме. Потоа нека продолжи државата преку министерството за финансии да бара надвор од можностите на нашата држава пари за да ги амортизира штетите од пандемијата во економијата. Нека бара и во Светска банка, ќе бараме и во ММФ и кај други комерцијални банки и заемодаватели. Но сега и веднаш, Ве замолувам сега и веднаш да дадеме инјекција за македонското стопанство. Да спасиме што е можно повеќе работни места но вистински да спасиме, не декларативно онака како што политички вие го велите. Верувајте не само што нема да успеете да спасите туку ќе се бројат илјадниците луѓе кои што ќе останат без работа. Не го оставајте македонското стопанство два месеци на милост и немилост,а потоа да зборува оној кој што ќе преживее.Трето интензивирање на капиталните инвестиции. Робусно реализирање на капиталните инвестиции, масовно реализирање на капиталните инвестиции. Против економска криза се бориме со многу работа. Со двојно повеќе работа од тоа што сме го правеле пред кризата. Со многу повеќе реализирани капитални инвестиции, двојно повеќе реализирани капитални инвестиции од тоа што било пред кризата.И за денешниот прес четвртата работа која што ви ја предлагам е веднаш да се отвори дискусија и дебата со  претходните заемодаватели и комерцијални банки кои што веќе имаат некаков аранжман со нашата држава и министерството за финансии, да направат репрограма наместо тоа што треба оваа година да го вратиме, да го вратиме следната година или годината потоа.Тоа го прави вистинска влада и тоа го прават вистински луѓе кои што знаат да работат под притисок во овака тешки моменти.Оставете ги суетите. Надминете ја таа примитивност. Ве замолувам послушајте ова што ви го говори опозицијата. Тоа е она што му треба на стопанството за да опстане во овие тешки моменти.Во втората половина на месец јуни можеби се ќе биде поинаку. Во втората половина на месец јуни стопанството ќе има шанса тоа што останало во кондиција да го надомести пропуштеното во овие неколку месеци.Затоа ве замолувам за брза, одлучна и робусна акција, да му се помогне на реалниот сектор за месеците март, април и мај. И на тој начин да спасиме што е можно повеќе луѓе.Не смееме да дозволиме, повторувам не смееме да дозволиме богатите од оваа криза да станат побогати, а сиромашните уште посиромашни.Апелирам да се преземат овие чекори. Нека баталат политиканство се работи за човечки судбини, нека ги надминат сопствените суети, никој не им ги спори. Ова нека бидат нивни предлози.Нашите граѓани мора да се чувствуваат сигурни и да знаат дека државата има капацитети да се справи со оваа состојба. Не смееме да влеземе во кругот на панични детски реакции на некој случајно и по грешка најдени на функција министри и нивниот шеф Зорам Заев. Со тоа тие покажаа дека не знаат како да се справат.Но ако оваа состојба не тангира сите и сите мораме да се вложиме да ја надминеме, тогаш ние го правиме нашиот дел, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

infektivna_klinika-610x400

Почина маж од струшко Лабуништа на Инфективната клиника во Скопје, 15 заболени со корона во тешка состојба

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 72 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни, соопшти министерот Венко Филипче.Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.

Македонија | пред 6 години

27032020_Filipce_Pres_1

Нови 72 заболени, најмногу од Куманово, па потоа од Скопје

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица.Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.

Македонија | пред 6 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Пендаровски: Применуваниот концепт дава резултати и спречува геометриска прогресија, порадикални мерки само ако има таква проценка

Ова е најсериозниот предизвик не само за нас, туку и за светот по Втората светска војна, затоа што пандемијата одамна излезе од здравствениот сектор и почна да ја притиска глобалната економија, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за Фактор, додавајќи дека фразата „ние сме дел од светот“ овојпат е потполно точна и во географска и во суштинска смисла, а нашата единствена шанса да ја пребродиме кризата е само во сојуз со останатите, особено со земјите-членки на НАТО и на Европската УнијаГлобални зарази, вели тој, имало и порано, но тие никогаш не ги погодиле и најсиромашните и најбогатите земји во светот во исто време, така што, практично, „немате дел од планетата од каде што може да побарате помош“. Отежнителна околност, потенцира, е што нема лек за болеста, а дури и најоптимистичките сценарија за пронаоѓање и примена на вакцина шпекулираат со крајот на годината.Претседателот Пендаровски истакнува дека евентуално воведување порадикални мерки ќе се случи само ако постои таква проценка од надлежните органи, според кои, како што вели, досега применуваниот концепт дава резултати и спречува геометриска прогресија.„Прогресијата во бројот на инфицирани и починати се случува практично секаде во светот, дури и во Вухан се зборува за втор бран. Но, споредбено со регионот и со европските земји, ние сме далеку од најзагрозената група на држави. Како што беше констатирано и на последниот Совет за безбедност, во однос на рестриктивните мерки ние бевме меѓу првите во Европа кои во тој дел реагираа на време и со воведување на вонредната состојба и со полицискиот час. Евентуалното воведување на порадикални мерки ќе се случи само ако постои таква проценка од надлежните органи, според кои, досега применуваниот концепт дава резултати и спречува геометриска прогресија“, истакнува претседателот.Во интервјуто претседателот зборува и за помошта од ЕУ и НАТО, како и за зачленувњето на нашата земја во НАТО Алијансата и почетокот на преговорите за членство во ЕУ.„Жал ми е што еден чин како што е зачленувањето во НАТО кое без дилеми е во ранг на референдумот за независност од 1991 година или зачленувањето во ООН во 1993 година, заради актуалната криза не можевме да го одбележиме како што доликува. Инаку, јас посебно емотивно го доживувам сето тоа, затоа што речиси 20 години работам на проблематика поврзана со нашите евро-атлантски интеграции, почнувајќи од советувањето на двајца македонски претседатели за прашања од надворешната политика и безбедноста, се до последната моја административна позиција – национален координатор за НАТО. Многу ми е жал што некои од луѓето со кои заедно работевме за истата кауза повеќе не се меѓу нас, како претседателот Борис Трајковски, кој навистина направи многу на тој план“, истакнува Пендаровски во интервјуто.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Janevski

Јаневски: Сите треба да бидеме обединети во нашите дела на хуманост, почит и разбирање

Генералниот секретар на ДОМ и директор на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски преку својот ФБ профил повика на обединување во нашите дела на хуманост, почит и разбирање .https://www.facebook.com/zelenapartija/photos/a.457900320895795/3073670969318704/?type=3&theaterфото: ФБ

Македонија | пред 6 години

DSC_0008-1

Во земјава 164 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие (04/05.04.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не се придржуво до мерките за самоизолација.По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 164 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 122, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kumanovo-1

14 прекршувања на ограничувањето на движење во Куманово

Во периодот од 21 часот на 03.04,2020 (петок) до 07 часот на 05.04.2020 (недела) на подрачјето на Куманово регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење. Превземени се мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци. Ограничувањето на движењето на територија на Куманово продолжува до 05 часот на 06.04.2020 (понеделник). Апелираме до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење, а непочитувањето ќе биде санкционирано согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Филипче: Само со добра дисциплина, здравствениот систем може да го издржи ударот

Само таму каде што има добра дисциплина, здравствениот систем може да го издржи овој удар. Не постои здравствен систем во светот којшто ова може да го издржи сам - на теретот на рамењата само на здравствените работници, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/224195615360182/?epa=SEARCH_BOX

Македонија | пред 6 години

Kavadarcanec-Pepi

Кавадарчанец почина од корона вирусот во САД, позитивни се и неговата сопруга и ќерка, се собира помош

Кавадарчанецот Пепи Тодорчев, кој со семејството долги наназад живееше во Чикаго, САД, пред два дена починал од корона вирус, а негови пријатели започнаа донаторска акција, со цел финансиски да се помогне на неговите најблиски. Тодорчев (58) зад себе ја остави сопругата и три деца. Негови блиски од Кавадарци за ,,Фокус” откриваат дека и сопругата, како и едно од децата исто така се позитивни на вирусот.Во тек е донаторска акција, со цел финансиски да се помогне на неговите најблиски.Собраните средства ќе и помогнат на фамилијата на Пепи да ги покрие погребалните трошоци, медицински трошоци, кирија, храна и месечни сметки, бидејќи тој беше единствениот вработен во семејството.До денес, собрани се над 40.000 долари, а крајна цел на донаторската акција е сумата од 75.000 долари.Сите кои сакаат да донираат можат тоа да го сторат преку следниот линк:https://www.gofundme.com/f/in-loving-memory-of-pepi-todorcev?utm_source=facebook&fbclid=IwAR2Z12RatOMSvIoO6od_4Mss5w_hPzMd2TdaCbqgR0t94qSXDkXt8faGTfk

Слајдер | пред 6 години

Нема фотографија

Денеска облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои доцна попладне ќе престануваат.Ќе дува засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува повремено засилен ветер од североисточен ветер И со температура до 12 степени.Од утре следува период на стабилно и сончево време со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат во пораст.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

testovi

Македонија - втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители

Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители. Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.Министерот додаде:Ова е одличен резултат, не само за бројката на тестови, туку и за целокупниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните резултати и кластерите на заболени. Во моментов располагаме со 4.500 тестови, а резервите секојдневно се надополнуваат. Ја очекуваме донацијата и од 20.000 китови за тестирање - кои се доволни за потребите според вкупниот број на население во земјава, напиша министерот на ФБ.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2354644904842529/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

655-402-bebe

Почина четиримесечно бебе во Кочани

Четиримесечно бебе починало во кочанската болница, и покрај обидите на лекарите на да го спасат. Случајот со бебето го пријавиле во полиција од болницата од Кочани.Прв пат на преглед го однеле на 29-ти март. Докторите им рекле дека бебенцето има болки во грлото и секрет во носот и им препишале терапија со сируп. По ова и од бебето и од мајката биле  земени брисеви за тестирање за КОВИД-19, при што уште додека биле во болница усно им кажале дека немаат коронавирус, но тие сè уште не добиле официјални резултати за смртта на четиримесечното бебе, кое почина на 2 април, вчера известија од СВР Штип.По наредба на Основното јавно обвинителство била извршена обдукција, по што телото им било предадено на родителите.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Prihrana

(ФОТО) Прихрана на елените во репроцентарот во склоп на НП Галичица

Денеска се вршеше прихрана на елените во репроцентарот во склоп на НП Галичица.Инаку, Националниот Парк Галичица неодамна објави дека ги враќа елените на Галичица, објавувајќи фотографии од пристигнувањето на првите елени на ГаличицаОваа активност е дел од поголем проект за подобрување со управувањето на Националниот парк Галичица преку заштита, конзервација на биолошката разновидност и спроведување на мониторинг. Проектот траеше 12 месеци и е финансиран од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, што ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3145258655493630&set=pcb.3145260038826825&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

korona

Вработена во Поликлиниката Чаир позитивна на коронавирус

Вработена во Поликлиниката Чаир е заболена од коронавирус и веднаш е ставена во изолација, по што е извршена дезинфекција на објектот,  потврди денеска директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски.Со овој случај бројот на заболени во Здравствен дом Скопје со коронавирус се заразени вкупно четворица вработени.– Во Здравствен дом Скопје дијагностицирани се позитивни тестови на четири лица и тоа телефонистка од Поликлиниката Чаир, медицинска сестра од Поликлиниката Ченто, возач на Итната медицинска помош, како и медицинска сестра од Домашната посета. За сите овие лица е одреден домашна изолација и земена е епидемиолошка анкета, рече д-р Исјановски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-virus

ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за смртта на починатиот велешки пациент

Според информациите добиени од Општата болница во Велес, Министерството за здравство инфомира дека во вторникот - 31.03.2020 година околу 16:00 часот од страна на дежурниот лекар на инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Велес бил прегледан пациент на 78 годишна возраст - донесен како итен случај со возило на Итната медицинска помош, бидејќи имал претходно закажан термин од матичен лекар во 19:20 часот.Пациентот бил болен 4/5 дена пред прегледот со покачена телесна температура и кашлица со искашлување на секрет, лекуван од матичен лекар со антибиотик - парацетамол и витамини. Роднините негирале епидемиолошка поврзаност со контакти сомнителни или заболени од корона вирусна инфекција. На денот на прегледот фамилијата забележала кај пациентот розеникав по боја искашлок и побарале да му биде земен брис од страна на епидемиолошката служба и да биде прегледан неколку часови порано од веќе закажаниот термин.Во моментот на преглед, пациентот бил без температура, во стабилна општа состојба со бронхитичен наод на бели дробови, поради што му е ординирана антибиотска терапија, бронходилататорна, експекторанс, витамини и даден совет за домашна изолација, како и контрола на резултатот од земениот брис. Се било уредно евидентирано - со документација, а проценка на докторот е според симптоматологијата како да постапи. Земена е епидемиолошка анамнеза и од неговата ќерка.Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во однос на причината за смртта на велешкиот пациент.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања