Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

bacev

Бачев: Приклучувањето на Македонија кон санкциите на ЕУ против Турција може скапо да ја чини Македонија

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев во изјава за јавноста по повод придружувањето на Македонија кон санкциите на ЕУ против Турција рече:-„Почитувани браќа Македонци и сестри МакедонкиПочитувани државјани на Република МакедонијаДеновиве слушаме дека Европската Унија под влијание на Грција и Кипар воведува санкции спрема Република Турција, откако Турција започна со испитувања на наоѓалишта на нафта на дното на морето во слободната зона јужно од КипарВо ова тешко време на кризата со коронавирусот, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, со неверување слушаат дека и Република Македонија се придружува на санкциите на Европската Унија спрема Република Турција.Ова е извонредно погрешен и непромислен потег на владата на Македонија да воведува санкции спрема докажан пријател во изминатите 30 години, како што е Република Турција.Во изминатите 30 години, Република Турција никогаш не го доведе во прашање името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.Да потсетам, Република Турција меѓу првите ја призна Република Македонија со уставното име во 1992 година. Во тие немирни времиња, единствен пријател на Македонија беше Анкара. Тоа не смее да се заборави.Ја користам приликата да потсетам на еден многу интересен момент кој останува вечно врежан во меморијата на македонскиот народ. Имено, во посета на Македонија беше турскиот премиер Сулејман Демирел. Тогашниот турски премиер и тогашниот македонски претседател Киро Глигоров како негов домаќин посетија една од џамиите на Бит Пазар. Веднаш по излегувањето од џамијата во изјава за медиумите турскиот премиер даде изјава од историскоз значење за нас Македонците велејќи дека безбедноста на Република Македонија е грижа и за Република Турција.Преведено ма обичен јазик, ова значи дека Турција ќе се вмеша и ќе ја брани Македонија при евентуален напад од било кого во тоа време. А во тоа време, да не заборавиме, имаше агресивни изјави од соседните држави иако повеќе можеби блефираа за можен напад и поделба на Македонија од соседите.Но, како и да е, Турција јасно застана на страната на Македонија и тоа не само вербално, туку со конкретно ветување дека ќе ја брани Македонија.Единствена Македонија ја прашува марионетската влада во Скопје, дали е свесна во каква авантура влегува со нарушувањето на односите со една високо ценет пријател како што е Турција, бидејќи, уште од сега е јасно дека Турција реципрочно ќе одговори на оваа непријателска провокација со што ќе дојде до нарушување на партнерските односи на политички, економски, трговски, културени и воопшто односите на секаков план.А за наша среќа, како што гледаме ние 30 години со Турција практично имаме одлични односи во сите области.Турскиот и македонскиот народ ги врзува силно пријателство. Затоа, сакам да и порачам на Република Турција и турскиот народ дека ова не е одлука на македонскиот народ, туку ова е одлука на марионетската влада во Скопје под диктат на нејзините ментори од Брисел.Единствена Македонија изразува најсилно незадоволство и осуда на овој во основа длабок непријателски чин спрема Република Турција. Одлуката за санкции против пријателска Турција за Единствена Македонија е неприфатлива и штетна за македонските национални и државни интереси.Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа, официјално ќе упати извинување до Република Турција и до пријателскиот турски народ“ - истакна Бачев.фото и видео: Единствена Македонија    

Македонија | пред 6 години

nbrm-narodna-banka

НБРМ: Зајакната координација за одржување на финансиската стабилност

Финансиските регулатори ја зајакнуваат соработката во следењето на состојбите во финансискиот систем. И во околностите коишто ги наметнува корона-кризата, со максимална посветеност на секој регулатор во рамки на неговите надлежности, координирано ќе се одржува финансиската стабилност. Ова е пораката којашто ја упатија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за финансии, Нина Ангеловска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, Крсте Шајноски, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Максуд Али и директорот на Фондот за осигурување депозити, Борче Хаџиев. Тие склучија нов Меморандум за меѓуинституционална соработка заради одржување на финансиската стабилност, изготвуван во текот на изминатите неколку месеци, во согласност со препораките на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.Меморандумот се склучува со цел преку поголема меѓусебна координираност на регулаторите, и натаму навремено и ефикасно да се идентификуваат системските ризици и навремено и усогласено да се преземаат активности заради спречување и намалување на нивното влијание врз финансискиот систем. Со активностите коишто се предвидени со меморандумот, отпорноста на нашиот финансиски систем на шокови ќе биде дополнително зајакната и надлежните институции со уште поголема подготвеност ќе управуваат со предизвиците за системот.Меѓу другото, согласно со одредбите на меморандумот се унапредува улогата и се проширува составот на Комитетот за финансиска стабилност, по примерот на Европскиот одбор за системски ризици. Досега Комитетот го сочинуваа само претставници на Народната банка и на Министерството за финансии. Отсега, во работата на Комитетот учествуваат сите регулатори на финансискиот систем, а негов национален координатор е гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Во рамки на Комитетот ќе функционираат и два поткомитетa, како оперативни тела – Поткомитет за следење на системските ризици и предлагање макропрудентни мерки и Поткомитет за подготовка за управување со финансиска криза. Заради остварување на поставените цели, давање препораки и преземање соодветни активности, преку Комитетот координирано ќе се следат анализите за состојбите во финансискиот систем, како и регулативата којашто може да има влијание врз финансиската стабилност.Во натамошниот период посветено ќе се работи на зајакнување на макропрудентната рамка, заради што ќе се пристапи и кон унапредување на регулативата, со што едновремено се следат и препораките од Програмата за проценка на финансискиот сектор на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, спроведена во 2017 и 2018 година.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

insulin

МЗ: Препораки за справување со коронавирусот за лицата со дијабетес

Лицата со дијабетес може да имаат тешки симптоми и компликации во тек на инфекцијата со Ковид 19, но доколку дијабетесот е добро контролиран, тогаш ризикот за сериозни компликации е сличен како оној кај општата популација, укажуваат од Универзитетската клиника за ендокринологија.Се препорачува лицата со дијабетес да имаат информации за контакт со нивниот лекар или медицинска сестра, како и навреме да обезбедат соодветни количини лекови и материјали за следење на дијабетесот дома, за да немаат потреба да го напуштаат домот доколку се разболат.Кај лицата со дијабетес кои се заразени со вирусот може да дојде до влошување на гликемиската контрола за време на болеста. Тие треба да ги практикуваат „правилата при болест“ препорачани за каква било стресна состојба со цел да ја подобрат нарушената состојба со дијабетесот. Исто така, треба веднаш да се јават кај нивниот лекар/медицинска сестра за совет за тоа како да го следат нивото на шеќер во крвта, какви прилагодувања можеби ќе треба да направат во нивната терапија или исхрана и да добијат соодветна залиха на лекови (особено инсулин).Освен општите препораки за заштита од вирусот, посебни препораки за лицата со дијабетес во случај на болест се:• Внесувајте доволно течности• Следете го нивото на шеќер во крвта• Следете ја температурата• Ако сте на инсулин, следете ги и кетонските тела• Следете ги препораките на вашиот тим здравствени работнициЗа потсетување, лицата заразени со Ковид 19, може да почувствуваат треска, кашлица, губење на здив (проблеми со дишењето), да се чувствуваат уморни и да имаат болки во мускулите.Според досегашните сознанија 98% од заболените преживуваат, поголемиот дел од случаите (> 80%) се со лесна клиничка слика и покажуваат само минимални симптоми слични на грип и луѓето можат да се опорават во домашни услови. Одреден број случаи (околу 14%) се тешки, а многу малку (околу 5%) може да бидат критични. Некои луѓе немаат никакви симптоми, или имаат само благи симптоми на обична настинка.Кај други пак, СОVID-19 може да доведе до сериозни проблеми, како пневмонија (воспаление на белите дробови) или дури и смрт. Оваа состојба е почеста кај луѓето кои имаат други здравствени проблеми, особено постарите лица, оние со болести на срцето и крвните садови, хронично заболување на белите дробови и зголемен крвен притисок, како и лицата со дијабетес, кои може да имаат тешки симптоми и компликации во тек на инфекцијата со Ковид 19.Но, како што претходно беше посочено, доколку дијабетесот е добро контролиран, ризикот за сериозни компликации е сличен како тој на општата популација. Ако луѓето со дијабетес не го контролираат добро дијабетесот и имаат чести варијации на крвниот шеќер, постои поголем ризик за потешка форма на инфекција со Ковид 19 во споредба со општата популација, бидејќи е ослабната способноста на организмот да се бори со инфекцијата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

w_55952187

МВР: Лицата кои потпишале за изолација и самоизолација се придржуваат до мерките

Во текот на вчерашниот ден (03.04.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 144 лица им се издадени решенија за изолација, а 51 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека сите лица се придржувале до мерките за изолација и самоизолација.По однос на забраната за движење во периодот 03/04.04.2020 евидентирано е дека на ниво на целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ademi

Адеми: Не можам да поддржам намалување на платите во образованието, треба да ги мотивираме

Mинистерот за образование и наука, Арбер Адеми во дебатниот магазин „EU click“ на ТВ21 истакна дека образовниот систем бил критикуван поради тоа што не бил дигитализиран.„Веќе неколку години по ред образовниот систем беше критикуван зошто не се дигитализира, зошто наставниот процес не се одвива онлајн, итн. И во сета ова несреќа ние се обидовме и се обидуваме да ја искористиме како можност и да го дигитализираме образованието но и да поставиме здрава основа за развој на наставата од дистанца, односно од дома. Обезбедивме законска основа при што беа усвоени одредби со законска сила, 3 одредби, за основното, средното и високото образование, со што и правно се овозможи и во овие вонредни околности задолжително да има онлајн настава“, посочи Адеми.„Нашите препораки беа наставниците да бидат креативни, да го дадат својот максимум во видео наставата и во одредени линкови со одреден профил, особено во средното стручно образование, можеби не е реална компензација со тоа што го реализираат самите ученици во практичната настава, но добро е на овој начин да се организираат, да го дадат својот максимум“, истакна министерот за образование и наука Арбер Адеми во „EU click“ на ТВ21.Тоj додаде дека не може да ја поддржи одлуката за намалување на платите во јавниот сектор.„Навистина не можам тоа да го поддржам бидејќи ние треба да ги  мотивираме наставниците, на професорите им се дава дополнителен ангажман, во вакви околности тие се ангажирани дополнително, само за да пренесат знаење на учениците, и доколку им се намалат платите, на ниво на минимална плата, секако дека тоа не допринесува за нивна мотивација“, вели тој.извор: ТВ 21

Македонија | пред 6 години

Pozarna

(ФОТО) Пожарна Скопје порачува: Сeди дома!

Пожарната служба Скопје преку Фејсбук упати порака до граѓаните.„Ние останавме на работа, работиме за вас. Вие пак, останете дома за нас!“Седете дома, спасете живот!“, пишуваат тие.фото: Пожарна Скопје

Скопје | пред 6 години

nastava

off.net: До наставниците кои држат онлајн настава: Забушавајте малку

Ако некогаш треба да се олабавите од високи очекувања и амбициозно спроведување на наставно-научната програма, сега е е тоа. Ниту вашите ученици ви се пред очи па да знаете во каква ситуација се дома, ниту пак вашата лекција е најбитна во вакво време. Го живеат најсреќниот период од животот во услови на карантин, објави off.net.mk.Зошто е пресудно третодделенец баш сега да научи кои се единици на локалната самоуправа?Ако допрва откривате какви сè згодни алатки постојат наоколу за онлајн настава, сопрете тука. Просто, сопрете. Да ви беше тоа битно, ќе го откриевте и порано.- Немојте да верувате дека дома сите ваши ученици имаат совршени услови за следење онлајн настава. Можеби немаат компјутер, принтер, скенер, најбрз интернет.... Ниту се должни да имаат, ниту пак да полагаат некому сметка зошто е тоа така.- Некои од нив пристапуваат на интернет преку нивните мобилни телефони. На пакети со ограничен интернет. Не мора да го потрошат цел интернет за онлајн настава, може да им затреба интернетот за нешто многу поважно.- Не инсистирајте сите да прават тестови во исто време бидејќи не знаете како им е дома. Можеби имаат само еден компјутер или лап-топ, а во закажаното време некој од родителите мора да работи на него.Текстот во целост на: off.net.mk.фото:Bljesak.info 

Македонија | пред 6 години

kumanovo-4

(ФОТО) Кумановци се растрчаа по храна, почнува полицискиот час кој ќе трае до понеделник наутро

Владата на Република Северна Македонија на денешната 34-та седница, донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денеска) до 05:00 часот во понеделник (06.04.2020 година).  Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.По оваа вест граѓаните на Куманово  се растрчаа по продавници да купуваат храна.На социјалните мрежи се шират фотографии од групи граѓани пред продавници, маркети, но има и критики зошто попладнево граѓаните се информирани дека по 21 часот, па до понеделник нема да се движат. Според нив, требало порано во текот на денот да се соопшти веста, за да имаат време да си набават поголема количина на храна.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157835762010306&set=pcb.10157835839445306&type=3&theater 

Македонија | пред 6 години

Kradec

(ВИДЕО) Ограбен кафемат во Струмица за време на полициски час - карадецот има маска

На социјалните мрежи објавена е видео снимка од сигурносни камери на која се гледа како непознат сторител во Струмица среде полициски час краде пари од кафемат. На снимката од втората камера се гледа како крадецот на лицето има маска.https://www.facebook.com/strumicadenes/videos/213827296512726/

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

(ВИДЕО) Филипче: Нови мерки за Куманово - Полицискиот час ќе трае од вечерва во 21 часот до понеделник во 5 часот

46 нови случаи на заболени од корона вирус во земјава. Двајца повозрасни мажи кои имале сериозни здравствени проблеми, починале од коронавирусот. Три пациенти се испишани и одат на домашно лекување, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.Од 46 те новозаболени најмногу се од  Скопје 13, Куманово 23, Дебар 2, еден Прилеп.-Најголем број новозаболени се од Куманово , од кои 11 се на Инфективното одделение на кумановската болница , поради што ќе се пратат лекари од Скопје . Меѓу забволените во Куманово има и медицински лица . Полицискиот час ќе трае од вечерва во 21 часот до понеделник во 5 часот , најави министерот Филипче .https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/585772362015431/?v=585772362015431&notif_id=1585839523045966&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

Ured

Украден уредот за дезинфекција на автомобили на влезот пред Куманово

Несовесни граѓани украле и оштетиле два од трите уреди за автоматска дезинфекција на автомобили, коишто Општина Куманово ги постави на три локации на влезот во градот, заради спречување на ширење на коронавирусот, пренесува „СДК.мк“„Вчера е оштетен уред за прскање на средства за дезинфекција на возилата улица Доне Божинов во населбата Средорек и украден е уред за прскање на локација помеѓу улиците Биљановска и Народна револуција. Апелираме за совесно и одговорно однесување на граѓаните кон уредите кои се користат за дезинфекција на автомобили и на јавно прометни површини. Исто така информираме дека средствата што се користат на пунктовите за дезинфекција на возилата не се штетни ниту за луѓето, ниту за самите автомобили“, информираат од Општинскиот штаб за заштита и спасување, по денешната седница.фото: СДК.МК

Македонија | пред 6 години

pesna

(ВИДЕО) Песна за целиот свет

Маж со песна испрати порака до целиот свет. Тој пее во празна Лондонска подземна железничка станица, но пее за сите. Амбиентот невообичаено тивок. Токму поради тоа јасно треба да ја слушнеме песната наменета за светот . Тој пее за прекрасен свет. Завршува со „What a wonderful world“ ... https://www.facebook.com/iamfearlesssoul/videos/1640653239416825/?v=1640653239416825

Магазин | пред 6 години

meso

Пет решенија на месарници и маркети поради лоша хигиена

Државниот санитарен и здравствен инспекторат за пет дена издал над 1000 дозволи за влез на возачи на товарни возила во државата, а сите тие ги почитувале препораките за заштита од ширење на коронавирусот.Магдалена Филиповска-Грашкоска, претседателка на инспекциски совет посочи дека Агенцијата за лекови не констатирала отстапувања во аптеките. Според неа, Агенцијата за храна и ветеринарство увидело лоша хигиенска состојба во месарници и маркети, додека пак, Државниот инспекторат за труд нема казнето ниту еден работодавач, туку има издадено укажувања.-Државниот санитарен и здравствен инспекторат во овој период изврши 74 надзори. Во овие 5 дена издал и 1019 дозволи за влез на професионални возачи на товарни возила во државата. Уште еднаш напомнувам дека станува збор за дозволи кои се потребни за непречено снабдување на државата со неопходните стоки. Од страна на здравствените и санитарни инспектори констатирано е дека возачите се придржуваат до препишаните препораки од коронавирусот, рече Филиповска-Грашкоска.Од 277 надзори низ повеќе градови, и тоа во маркети, угостителски објекти, месарници, зелени пазари и производствени објекти, најчести казни од Агенцијата за храна и ветеринарство имало поради неспроведени обуки за безбедност со храна, немање на здравствен преглед на вработени во санитарна книшка и лоша хигиена во објектите.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Cvetan-Tripunovski

Трипуновски:Во ек на коронавирус, кога сите држави воведуваат рестриктивни мерки за извоз - нашата влада сака да ја укине забраната за извоз на брашно

Фејсбук објава на Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер во МЗШВ, во врска со укинувањето на извозот на брашно:Во ек на коронавирус, кога сите држави воведуваат рестриктивни мерки за извоз со цел обезбедување доволно храна и други намирници кои се потребни за непреченото функционирање на животот на граѓаните, без тие да ги трпат негативните ефекти како недостаток на намирници и покачени цени, нашата влада сака да ја укине забраната за извоз на брашно. Внимавајте, Македонија не може од сопствено производство на пченица да ги задоволи ниту сопствените потреби за лебно зрно и брашно, а сега во ек на криза сакаме да извезуваме брашно.Нормално е поедини трговци во борба за денар повеќе да сакаат да продаваат надвор, но ненормално е државата тоа да го дозволи. Обврска на владата е да го заштити домашниот пазар.Зошто не смее да се дозволи извоз на брашно:1. Македонија е држава која и сама увезува пченица за задоволување на сопствените потреби. Никој не знае каква ќе биде реколтата годинава, ниту во нашата држава, ниту во светот. Секое зрно е важно.2. Може да се јави забрана за увоз на пченица, со што ќе нема како да се произведе брашно за македонскиот пазар.3. Големиот извоз ќе предизвика намалување на домашните залихи и поскапување на цените.Македонија на прво место❗️

Македонија | пред 6 години

DSC_0108

(ВИДЕО) Донација од Владата на Република Словенија во вредност од 110 илјади евра во заштитна опрема наменета за полициските службеници

Денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје министерот Чулев ја прими донацијата од Владата на Република Словенија за Министерството за внатрешни работи што се состои од  100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра.,,Имајќи го во предвид моментот во која таа доаѓа истата е од исклучително значење за нас. Во оваа прилика сакам пред се во мое, и во име на Министерството за внатрешни работи да се заблагодарам на словенечкиот премиер Јанез Јанша и нашите пријатели од Словенија. Секоја донација и секоја помош е исклучително важна и значајна за Министерството за внатрешни работи и истата ќе ги зајакне и поддржи нашите секојдневни напори за заштита на полициските службеници кои во рамки на своите работни обврски и задачи деноноќно се изложени на ризикот од зараза со корона вирусот,,-  истакна министерот Чулев.Чест ми е што сме прва земја членка на Европската Унија и НАТО што дава билатерална донација за полициските службеници и задоволството од овој факт е навистина големо, истакна амбасадорот на Република Словенија Д-р Милан Јазбец.Министерството за внатрешни работи останува посветено во процесот, првенствено за соодветна контрола на спроведување на мерките и одлуките кои се донесени од страна на Владата, а потоа и во обезбедување на соодветна заштитна опрема за своите вработени, се со цел соодветна превенција од пандемијата со која се соочуваме, додаде Чулев.фото: МВР

Македонија | пред 6 години

devojka-pretepana

Притвор за тепачите на девојката од Штип

Судот определи притвор за тепачите кои малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена, додека Овинителството да донесе одлука дали ќе поднесе обвинение против нив.Момчињата се гонат за кривичното дело насилство. Осудмневниот притвор е максимален што може да се определи за двајцата штипјани, бидејќи за делото за кое се сомничат, превидена е казна затвор до пет години.Осомничените во текот на јануари 2020 година, заедно извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата каде престојувала и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата. Потоа со влечење ја однеле во влез на станбена зграда каде продолжиле со вршење на насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејствија кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв. Притворот за двајцата тепачи е определен по барање на Обвинителството.Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, како и поради постоење на околности кои укажуваат дека осомничените ќе го повторат кривичното дело, обвинителството претходно го достави предлогот за определување притвор за двајцата осомничени.​фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

boki-orce-327783278732-1

Камчев го нападнал Боки 13 пред судот, ги делела полицијата

Полицијата спречила вербалниот конфликт меѓу Јордан Камчев и Бојан Јованоски да прерасне во физичка пресметка , од како претходно Јованоски со повишен тон довикувал навредливи зборови и спомнувал имиња и лични работи поврзани со семејството на Камчев. Информацијата за „Скопје 1“ ја потврдуваат адвокати вклучени во процесот.Инцидентот се случил пред денешното рочиште за случајот „Рекет“ на влезот на Кривичниот суд. Полицијата спречила кавгата да премине во физичка пресметка и не му дозволила на изнервираниот Камчев и физички да се пресмета со Боки 13.По инцидентот Боки 13 на судечкиот судија му се пожалил дека по инцидентот не е во состојба да биде присутен на рочиштето. Сепак рочиштето се одржало.Зад затворени врати сведочеше обвинителката Ленче Ристоска која беше дел од тимот на Јанева во СЈО, а денеска беше повикана во својство на сведок од страна на одбраната на екс шефицата.Одбраната на Јанева побарала јавноста да биде исклучена бидејќи обвинителката Ристоска во сведочењето може да каже деловна тајна.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Мицкоски: Побарав од Јанша помош, денес стигна првиот авион со заштитна опрема за нашата држава, благодарност до пријателите на Македонија

Во вторникот остварив телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и лидер на нашата сестринска партија СДС, Јанез Јанша. Разменивме мислења и информации за актуелната политичка состојба, а пред се се осврнавме на заедничките предизвици со пандемијата на корона вирусот, со кои се соочуваат двете држави, напиша на својот на ФБ профил Христина Мицкоски.Побарав од премиерот Јанша, да помогне Словенија во рамките на своите можности и капацитети. Денес, на скопскиот аеродром пристигна првата помош во заштитни маски и медицински ракавици од земја членка на Европската Унија, Република Словенија.Во таа насока сакам да изразам јавна благодарност до нашиот пријател и пријателот на Македонија - Јанша за помошта и тоашто за брзо време се испорача помош која во овие моменти ќе биде значајна за луѓето кои се во првата линија во борбата против заразната пандемија.Ова е време кога сите вистински треба да ја покажеме солидарноста и хуманоста на дело и на начин на којшто можеме да помогнеме во надминување на оваа тешка криза. Секој според можностите и преку средства со коишто може да придонесе, затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија, напиша Мицкоски на ФБ.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/pcb.1513775312131256/1513775215464599/?type=3&theaterфото: ФБ Христијан Мицкоски 

Македонија | пред 6 години

korona

Денеска 46 нови случаи позитивни на КОВИД- 19, вкупната во земјава има 430 лица - починаа 2 лица

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 се уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома.Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2.Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:Скопје – 208Куманово -85Дебар – 49Штип-15Прилеп – 22Тетово – 15Струга – 9Велес – 8Битола – 4Охрид – 3Кавадарци – 2Гостивар – 2Гевглелија – 4Струмица – 1Крива Паланка- 2Кочани - 1Во изминатото дено-ноќие направени се 389 теста од кои преку ИЈЗ- 222. Преку Ветеринарен факултет – 13, лабораторија Авицена- 22, Биотек – 20 и Филип Втори (Жан Митрев) – 112. Досега во земјата се направени 4.506 тестирања на Ковид-19.Министерството за здравство информира дека меѓу потврдените случаи од Куманово,  има нови потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово, за кои Министерот за здравство Доц. Д-р Венко Филипче дополнително ќе информира на редовната прес конфенција.фото: Архива

пред 6 години

koronavirus-bolnica-2

46 нови случаи на коронавирус во Македонија, има и починати

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 се уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома.Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2.Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:Скопје – 208Куманово -85Дебар – 49Штип-15Прилеп – 22Тетово – 15Струга – 9Велес – 8Битола – 4Охрид – 3Кавадарци – 2Гостивар – 2Гевглелија – 4Струмица – 1Крива Паланка- 2Кочани - 1Во изминатото дено-ноќие направени се 389 теста од кои преку ИЈЗ- 222. Преку Ветеринарен факултет – 13, лабораторија Авицена- 22, Биотек – 20 и Филип Втори (Жан Митрев) – 112. Досега во земјата се направени 4.506 тестирања на Ковид-19.Министерството за здравство информира дека меѓу потврдените случаи од Куманово, има нови потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово, за кои Министерот за здравство Доц. Д-р Венко Филипче дополнително ќе информира на редовната прес конфенција.

Македонија | пред 6 години

tutunski-kombinat

Mенаџерите од ТКП ќе примаат минимална плата, a разликата ќе ја донираат во фондот за солидарност COVID-19

Одбор на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп (ТКП) донесе одлука на целокупниот менаџмент во компанијата за месец април да му биде исплатена минимална плата во висина од 14.500 денари. Според донесената одлука која е во согласност со усвоените економски мерки од страна на Владата за справување со кризата од СОVІD -19, минимална плата ќе добиваат сите извршни членови на Одборот на директори, како и лица со посебни овластувања и одговорности - раководни лица. Ист износ ќе примаат и неизвршните членови на Одборот на директори кои во нормални околности примаат месечен паушал.Со донесената одлука исто така се утвдува  разликата до целосниот износ на плата, односно паричен надоместок за менаџерскиот тим да бидат уплатени на посебната наменска сметка на солидарниот СОVІD -19 фонд кој е формиран од страна на Владата на Република Северна Македонија.Поради настанатата ситуација, а во согласност и со препораките и мерките на Владата за справување и спречување на ширењето на болеста COVID-19, донесена е одлука согласно одредбите од Колективниот договор со Синдикатот на ТКП, дел од вработените, администрација, заради намалување на трошоците во друштвото, да користат платен вонреден одмор. Притоа,  за администрацијата тој ќе биде со траење од еден месец, а за дел од вработените од Погон Тутун ќе трае 20 дена. Во овој период ќе им биде исплаќан надоместок на плата од 80% согласно одредбите Колективниот договор и Законот за работните односи.Тутунскиот комбинат од Прилеп, како акционерско друштво целосно во државна сопственост, за првпат по речиси две децении минатата година ја заврши со добивка од над 39 милиони денари. Како одговорна компанија ТКП ги повикува и останатите компании во државна сопственост во моменти кога е потребна солидарност да го сторат истото.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Мирчевски: Со полициски час за земјоделците во викендите од 16 часот, владата покажа дека политиката не ја разбира мотиката

Претседателката на Унијата на жени на Единствена Македонија, Мирјана Мирчевски, на денешната прес конференција во Битола. во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ промовираше нова мерка од Пакетот мерки на Коалицијата.Како што е познато, минатата недела владата ја измени својата одлука за забрана за движење на целата територија на Република Македонија за време на деновите на викендите.Со овие измени, забраната за движење во деновите на викендот, односно сабота и недела ќе започнува во 16 часот и ќе трае до 05:00 часот, вели Мирјана Мирчевски.За првпат овој режим на забрана за движење од 16 часот беше применет минатиот викенд и веднаш се покажа како проблематичен за една многу важна и бројна популација, а тоа се земјоделците во државата.Полицискиот час од 16 часот во викендите му штети на земјоделството. Ова делува негативно и ги збунува земјоделците. Практично, земјоделците се приморани да си заминуваат од нивите на половина од денот за да стигнат до своите домови во 16 часот кога започнува полицискиот час. Со заминувањето од нивите во 16 часот земјоделците губат дел од денот за обавување на земјоделските работи.Земјоделците немаат работно време и преку цел ден имаат обврски на поле. Земјоделската дејност не трпи застој, потребен е континуитет во текот на целиот ден. Владата на СДСМ со носењето ваква штетна одлука за земјоделците, покажува дека политиката не ја разбира работата на мотиката. А што може да се очекува од една влада која е заглавена во безаконие, криминал и корупција.Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“ бара полицискиот час во викендите за земјоделците да важи од 21 часот. Ова е во интерес на земјоделците и државата.Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија„ на конкретен начин покажува дека секогаш е со народот со секојдневното предлагање на мерки за кризата од Пакетот мерки на Коалицијата.Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ во овие тешки времиња ќе продолжи одговорно да се однесува во интерес и на земјоделците. Имаме мерки до владата и за земјоделцитеКоалицијата „Никогаш северна - само Македонија„ останува до крај на страната на народот и целосно посветени на елиминирањето на последиците од оваа криза, истакна Мирјана Мирчевски.фото и видео: Единствена Македонија

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Телма: 11 лекари позитивни на Ковид- 19 во Ккумановска болница

Новозаразени се 11  здравствени работници од кумановската болница во изминатово деноноќие дознава Телма. Оваа информација ја потврдува и директорката на болницата Снежана Захариева. Тројца од заболените од корона вирусот се од одделението за рендген, тројца од хирургија, една сестра од гинекологија, еден болничар од инфективно и еден специјализант од инфективното одделение.Според информациите на Телма медицинарите од рендген се заболени во болницата каде веќе имаше позитивни случаи на пациенти.Текстот во целост на: Телма.мк

Македонија | пред 6 години

ginekologija

Родилката со коронавирус е во добра здравствена состојба, бебето нема коронавирус и е во стабилна состојба

Директорката на Гинеколошко акушерската клиника во Скопје Викторија Јовановска изјави дека родилката со коронавирус е во добра здравствена состојба и е хоспитализирана на Инфективната клиника, додека бебето, кое беше утврдено дека е негативно на короновирус, е во стабилна здравствена состојба, иако е родено предвреме.– Бебето е негативно на коронавирус. Би сакала да ги смирам трудниците и да апелирам до нив да не ја извртуваат вистината, да не лажат и да не ги прикриваат фактите. Сите сознанија, иако се ограничени, се дека многу малку од трудниците ќе заболат и ќе бидат со лесна форма на болеста. Доколку точно ги кажат своите промени во нивната здравствена состојоба, се тоа што им се случува во нивното семејството или во нивните социјални врски и контакти ќе бидат безбедни и тие и нивните бебиња, рече Јовановска.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Brasno

Се укинува забраната за извоз на брашно

Владата ќе ја укине забраната за увоз и извоз на пченица и брашно, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по оствари работен состанок со претставници од мелничко-пекарската индустрија во земјата.Според Бектеши мелничката индустрија работи одлично во моментов, залихи има и во приватните млинови и во стоковните резерви, а увозот на пченица во целото опкружување е дозволено.Според Бектеши, одлуката за извоз на брашно веќе се подготвува, а се очекува да биде донесена на следната владина седница.-Согласно сите податоци, мелничката индустрија работи одлично во моментов. Се отвора простор да ја измениме одлуката за забрана за извоз на брашното која беше воведена поради вонредната состојба, рече Бектеши.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања