Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

izjava-zaev.Still346

Богојески: Да ја ослободиме Македонија од МАФИЈАШКОТО РОПСТВО

Лидерот на „Македонски концепт“ Петар Богојески во интервју за „Скопје 1“ вели дека Македонија мора да се ослободи од како што рече „мафијашкото ропство“ во кое се наоѓа. Тој одговарајќи на повеќе прашања напоменува дека мафијата ги контролира како што рече сестрите близначки СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Зборувајќи за актуелниот  естаблишмент на ВМРО ДПМНЕ Богојески го користи зборот „палатисти“.„Сон на секој болен човек е да оздрави. Во ВМРО ДПМНЕ здравјето го гледаат само преку власта. Често кога опишував поведението на господинот Мицкоски веле дека во ВМРО ДПМНЕ  е по онаа „газ за власт“,  а од друга страна мафијата наметнува сериозно влијание и сериозни задачи им дава на палатистите и тие не се во можност да заздрават.“Богојески ја критукува Владата на Македонија во која се СДСМ и ВМРО ДПМНЕ која според него не се снаоѓа добро со решавањето на економските проблеми предизвикани од кризата со „Ковид 19“ , а мерките ги оцени како популистички.„Владата е во небрано бидејќи е измеќар на мафијата. Знете дека оваа држава и овој народ е под ропство на мафијата, а бидејќи владата е управува државата со самото тоа мафијата преку неа ги спроведува своите политики. Од една страна притиска олигархијата и банкарите, а од друга страна граѓаните. Затоа Владата неможе да донесе соодветни мерки. Оваа влада која е на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ кои се сестри близначки и сами по себе се управувани од ист мафијашки центар за жал нема да донесе брз излез од економската криза. “Богојески кажа дека банките ја злоупотребуваат оваа криза и од неа профитираат и повика на либерализација на банкарскиот сектор, што е и услов за интеграција во ЕУ.За честитката на Никола Груевски за членството во НАТО и ЕУ, Богојески кажа дека секој има право да се покае и дека го разбира чинот на каење на Груевски.ВИДЕО:Богојески жестоко против Заев за банките  

Македонија | пред 6 години

Petar-bogojeski

Богојески жестоко против Заев за банките

Заев во емисијата „Само вистина“ изјави дека европска вредност е да не се допираат и притискаат банките. Петар Богојески од „Македонски концепт“ одговори, не господине Заев, не е европска вредност да го штитите монополот на банките во земјава. Напротив, европска вредност е итна либерализација на банкарскиот сектор. Банките што ги наброивте дека Македонија им бара заем, треба да влезат во Македонија, а не да комуницираме со нив преку посредништво на домашниот банкарски монопол. Без одлагање, итна либерализација на банкарскиот сектор!

Македонија | пред 6 години

ZaevKanal5

Заев: Имаме капацитет и ресурси да ја пребродиме оваа криза

Република Северна Македонија има капацитет и ресурси да ја надмине здравствената, но и економската криза што ја наметна коронавирусот, оцени претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешното гостување на емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5„Можеме да издржиме и ќе издржиме. Не е исто да сте Словенија, Германија, но имаме наши ресурси и капацитет кои ги управуваме и ќе издржиме“, порача Заев.Тој нагласи дека е важно граѓаните да ги почитуваат препораките и институциите, и добро е што, како што рече тој, граѓаните во поголем дел ги почитуваат овие препораки.„ Апелирам да ги почитуваме институциите и препораките, со тоа го штитиме нашето здравје и здравјето на сите околу нас. Колку повеќе бидеме солидарни и водиме грижа едни за други, ги почитуваме институциите, препораките што стигнуваат од експертите толку  полесно ќе пребродиме“, додаде Заев.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

korona

Резултатот на бебето родено од мајка позитивна на вирусот е НЕГАТИВЕН

Министерството за здравство информира дека е негативен на Ковид-19 резултатот на бебето родено на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје од мајка позитивна на вирусот.Пациентката позитивна на вирусот роди живо машко новороденче кое е недоносено и се наоѓа на интезнивната нега на Клиниката за гинекологија и акушерство.На 31 март, неговата мајка поради отежнато дишење со намалена сатурација, беше веднаш префрлена и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, од каде информираат дека нејзината состојба е стабилна.Родилката од Куманово е на возраст од 27 години. Таа беше спроведена и породена во изолација, заради фактот што истата како суспектна на Ковид-19 и упатна дијагноза која укажува на намалената плодова вода била најавена и испратена на Клиниката преку својот матичен лекар. При приемот, на пациентката освен комплетната лабораторија, веднаш и е земен брис за Ковид- 19.На Клиниката за гинекологија и акушерство со пациентката е постапено по сите протоколи за прием на суспектен или заразен пациент како во однос на нега и третман, така и во однос на адекватна заштита на персоналот и изолација на пациентот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mojsej

Почина братот на поранешниот претседателот Борис Трајковски

По долго боледување почина Мојсеј Трајковски, братот на поранешниот претседател Борис Трајковски.Мојсеј, исто како и неговиот брат, им беше познат на струмичани како човек кој силно ја љубеше Македонија и човек кaј кого добрината и љубезноста беа во нераскинлива врска.Нека почива во мир.

Македонија | пред 6 години

seljak

ВИДЕО: Поголема мизерија од оваа, Струмица не доживеала

Во вонредна состојба во земјава, во време кога граѓаните следејќи ги препораките на Владата седат во своите домови во самоизолација со цел да се заштитат од корона вирусот, во Струмица се појави мангуп кој верувале или не мисли дека може да направи се и тоа на јавна површина, поточно на сред сообраќајница.Се чини дека короната ќе се излечи, сељачизмот НЕ! Видеото е снимено во Струмица.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/243044410081644/?v=243044410081644

Македонија | пред 6 години

tatko

(ВИДЕО) Татко на еден од осомничените од Штип: Имам само еден син, ама закопа ме више!

Твит на денот: “Имам само еден син, ама закопа ме више!” – татко на еден од осомничените од Штипhttps://twitter.com/FurkanSaliu/status/1245722503974137856?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1245722503974137856&ref_url=https%3A%2F%2Fgragjanskizbor.mk%2Fglasot-na-javnosta%2Fvideo-tvit-na-denot-imam-samo-eden-sin-ama-zakopa-me-vishe-tatko-na-eden-od-osomnichenite-od-shtip%2F

Македонија | пред 6 години

filipce-2

Доктор во психијатриската болница во Демир Хисар позитивен на коронавирус

Во Психијатриската болница во Демир Хисар, доктор психијатар кој работел во болницата е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче.„Станува збор за психијатар кој е асимптоматски, но имал позитивна семејна епидемиолошка анамнеза. Тестот е позитивен, а со оглед дека бил во контакт со колегите во болницата, преку Центарот за јавно здравје во Прилеп направени се епидемиолошки анкети и е дадена препорака за самоизолација на психијатрите, истакна на денешта прес конференција минситерот Венко Филипче.Министерот изјави дека заедно со психијатрите од Скопје ја реорганизирале работата на болницата и до завршување на самоизолацијата на вработените ќе се ангажираат други доктори од Битола и Прилеп, а по потреба ќе бидат вклучени и психијатри од Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

PRESS-poraki-02

Владата објави централна веб страница koronavirus.gov.mk за сите информации за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија објави нова централна веб-страница за сите официјални информации поврзани со справувањето со коронавирусот на којашто ќе се објавуваат мерките, препораките и вестите од институциите.Адресата на новата владина „Коронавирус МК” веб-страница е koronavirus.gov.mk, на која граѓаните ќе можат да се информираат за сите апели, совети, препораки и забрани со цел спречување на ширењето на вирусот, како и за медицински насоки во случај да почувствуваат симптоми, но и како да обезбедат психолошка поддршка во време на самоизолација. На веб-страницата постои и секција за економските мерки, на која ќе бидат објавувани сите уредби за начините на искористување на мерките од страна на фирмите и работниците, со цел спасување на работните места во државата.Веб-страницата „Коронавирус МК” е придружена и од мобилни апликации (за Android и iOS) за поедноставен пристап, преку кои редовно ќе се испраќаат нотификации до граѓаните кои на својот смарт-телефон ќе ја инсталираат оваа апликација, поврзани со дневните апели на Владата за почитување на мерките, најави за прес-конференции, потсетувања за активните мерки и забрани и други информации во корист за граѓаните. Апликациите ќе можат да се преземат од www.koronavirus.gov.mk/app.Под името Коронавирус МК / Koronavirus MK, Владата отвори и Фејсбук, Инстаграм и Твитер страници на социјалните мрежи, кои се достапни на следните линкови:www.facebook.com/koronavirus.gov.mkwww.instagram.com/koronavirus.gov.mkwww.twitter.com/KoronavirusMK

Македонија | пред 6 години

Arsovski-Dimce

Арсовски: Владата денес повторнo ги манипулира компаниите со новите мерки

Со внимание ја анализиравме мерката на владата која беше навестена уште пред две недели за помош на бизнисите со минимална плата. Она што можеме да го соопштиме е дека мерката која помпезно беше најавувана е недоволна и преставува измама и привид дека нешто се помага во ситуација кога нема да преставува помош за компаниите. Впрочем тоа го говорат и самите менаџменти и сопственици на компаниите, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Мерката е рестриктивна, и е далеку од доволна за помош за компаниите за да ги задржат сите вработени на своите работни места. Жалиме што владата остана глува на барањата на стопанството, како што впрочем е ситуацијата и за се останато.Еве сега да објасниме зошто мерката која што денеска владата ја најави не  е недоволна.Оливер Спасовски денес им порача на компаниите дека никој нема да им ги покрие загубите за месец март. Со мерката не се покриваат трошоците и загубите направени во месец март, бидејќи истата се однесува единствено на април и мај. Владата доцни дури 20 дена со оваа мерка и свесно ја промовираат на 2 април. Но загубите на компаниите се остварени и сеуште седат и никој не ги споменува загубите за месец март.Второ, само мал број на компании ќе го искористат полниот износ од 14.500 денари, затоа што мерката се врзува со бројот на работните часови на вработените, односно ефективни работни часови како што ги говорат. Ова веќе го обзнанивме, ова го знаат и компаниите, но Владата се уште не го демантираше.Имајќи предвид дека вонредната состојба ќе трае до средината на месец април, а најверојатно како што стојат за жал ќе биде продолжено уште за еден месец, дури до средината на мај и повеќе имајќи ги предвид анализите и искуствата од другите држави кои дури сега го достигнуваат пикот на кризата со Ковид 19. Тоа значи дека вработените ќе имаат нула ефективни работни часови во месец април, а сепак најверојатно и во месец мај, што уште повеќе ја продлабочува кризата, загубата и пропаста на компаниите, стопанството и економијата во Република Македонија. Или поедноставно за да разберат вработените во приватниот сектор и граѓаните, тоа значи дека компаниите за кои што работат овие вработени со нула ефективни работни часови во месец април не ќе можат  воопшто да ја користат оваа поддршка од 14.500 денари. Истото ова може да се случи и за месец мај, кој најверојатно повторно ќе се наоѓаме како држава а и компаниите во истата ситуација како и во месец април.Трето, Зоран Заев прво ги убедуваше сите дека „Економијата блеска, а резултатите се за поклонување“. Ги охрабри компаниите да имаат развојни планови, а сега оваа мерка нема да важи за компаниите кои исплатиле награди и девиденда на своите вработени во периодот кој Зоран Заев го оценува дека ние како економија и држава сме блескале.Четврто, треба да се знае дека сите оние компании кои што веќе се корисници на мерките преку  Агенцијата за вработување нема да можат да ги искористат овие 14.500 денари. Со што дополнително се крати кругот на корисници на мерката. Значи, сите оние мали компании кои сеуште се во развој со по неколку вработени, со овие мерки на Владата се осудени на пропаст.Петто, дадена е опција или 14.500 за минимална плата или половина средства за придонесите. Со оваа опција ќе се помогне вистински само на оние со најголеми приходи во државата и со најголеми плати, а ништо за оние кои навистина им треба помош во реалниот сектор.Затоа предложивме до Владата субвенционирањето за одржување на ликвидноста преку исплатата на бруто плата на работниците во компаниите за месеците март, април и мај 2020 година во износ од најмногу 50% од месечната бруто плата по работник.Висината на месечната субвенција по работник може да изнесува максимум до висината на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година. Односно предлагаме државата да ги помогне компаниите со пакет мерки од 26.800 денари.Ова денеска што го зборуваше Оливер Спасовски и што го предложи како мерка до компаниите и стопанството не е доволно за спречување катаклизма во економијата. Ова е само пи-ар мамка на владата за да се прикрие реалната ситуација од која што владата нема начин како да излезе и не знае како да излезе за да им помогне на компаниите и која што ситуација воопшто не е во моментот и нема да биде понатаму поволна за стопанството,истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 6 години

120190520_075559

Владата денеска ќе свети сино по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам

Светот денеска го одбележува 2 Април, Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам, и во знак на поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушувања, денеска светот се бои во сино. На овој Меѓународен ден порачуваме дека различностите не поврзуваат и дека општеството можеме да го направиме за сите.Владата на Република Северна Македонија дава континуирана поддршка на лицата со аутизам и нивните родители и семејства, и во таа насока, на годинешниот 2-ри април се придружува на останатите земји и својата зграда ќе ја осветли во сина боја.И покрај хуманитарната криза предизвикана од коронавирус COVID-19 со која во моментот се справува и нашата земја, Владата, заедно со сите партнери и граѓани, преку овој симболичен гест упатува порака дека продолжува неуморно да обезбедува услови за здрава и напредна иднина за сите граѓани, како и поддршка до сите ранливи категории.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

devojka-pretepana

ЦИВИЛ изразува згрозеност и упатува најостра осуда за бруталниот чин, повикува на нула толеранција за насилството

На социјалните мрежи се појави крајно вознемирувачко видео кое го пренесоа и медиумите, во кое се документира вербална и физичка тортура врз девојка од Штип. Во видеото што го снимиле самите насилници се гледа како тие ја напаѓаат прво вербално, а потоа и брутално ја претепуваат, ја удираат во пределот на лицето, ѝ ја корнат косата, ја туркаат на бетонскиот под и крвнички ја тепаат со тупаници и клоци.ЦИВИЛ изразува крајна згрозеност и упатува најостра осуда за овој брутален чин на насилство. Органите на прогонот реагираа брзо по објавата на овој грозоморен чин, но реакцијата не смее да застане на тоа ниво. ЦИВИЛ бара од сите релевантни институции веднаш да ги преземат сите мерки за санкционирање и превенција на вакво безумно насилство. Организацијата повикува да се воведе принцип на нула толеранција за насилството врз жените и девојките и секаков вид на сурово и нечовечко постапување врз било кого.Овој монструозен пример на физичко изживување и тортура врз оваа жртва е симптом на сѐ уште присутното родово базирано насилство во нашата држава. Во многу случаи, насилството останува непријавено и несанкционирано. Досегашната практика на неказнивост на сторителите, која беше посебно карактеристична за времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити, дополнително ги обесхрабрува жртвите да го пријават насилството во полиција и да побараат заштита поради страв од одмазда и недоверба во институциите. Тоа беше време кога, преку јавните настапи, политиките и практиките, вклучително преку образовниот систем, медиумите и културата се промовираа и пропагираа вредности со кои се деградираат човековите права и слободи во целост, а особено улогата и позицијата на жените во семејството и општеството. Тоа беше време на охрабрување, поттикнување и заштита на насилниците.Во време на криза и кризна состојба како оваа од здравствен карактер со која се соочуваме во моментов, многу фактори придонесуваат да се зголемат ризиците и ранливоста на граѓанките и граѓаните, особено на жените. Тоа не смее да се дозволи!Ништо повеќе не смее да биде изговор за непостапување на институциите на системот. Таквата пракса треба да остане во мрачното минато, за да може да се повратат и профункционираат демократските и професионалните капацитети на институциите, да се практикуваат, негуваат и бескомпромисно спроведуваат универзалните, европските и темелните вредности на човековите права, без каква било дискриминација.ЦИВИЛ апелира да не се споделува видеото на социјалните мрежи, а медиумите при известувањето за случајот да ги преземат сите мерки за заштита на идентитетот, достоинството и личноста на жртвата, која мора да биде заштитена и од понатамошна стигматизација.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona

Штипјанец се тестирал за коронавирус и без да ги чека резултатите отишол на гости

Штипското Основно јавно обвинителство побара казна за жител на овој град, кој по направен тест на коронавирус, го напуштил домот и отишол на гости.Обвинетиот не ги почитувал мерките и препораките на надлежните институции бидејќи по земањето брис за утврдување присуство на Ковид-19, бил предупреден дека треба да остане во самоизолација сè до добивање на резултатите од тестот.Но, наместо да седи во својот дом, обвинетиот излегол и отишол на посета кај друг штипјанец.Тој се товари дека сторил кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.Обвинителството му предложи на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Cvetan-Tripunovski

Трипуновски со апел за исплата на заостанатите плати на работниците во ЈП Македонски шуми

Околу 3000 вработени во ЈП Македонски Шуми, два месеци се без плата и платени придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Тоа се речеси 3000 семејства на кои им е загрозена егзистенцијата. Во ек на светска пандемија, покачени трошоци за живот и општ хаос 3000 наши сограѓани се соочуваат со мака како да го преживеат месецот, тоа се луѓе со кредити, со разни други давачки, на некој од нив ова им е единствен приход за живеачка, напиша на својот ФБ профил дополнителниот заменик министер за замјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.Министерот во продолжение на својата објава додава:Да не се исплати плата за два месеци е крајно неодговонорно, нехумано и недомаќинско работење од страна на менаџерскиот тим на ЈП Македонски Шуми.Каде се парите за плата на овие луѓе!? Доколку нема зошто се примаат нови и се штанцаат нови огласи за партиски вработувања!? Доколку има, каде завршиле и зошто не им се исплатени на работниците!?3000 семејства не смее да останат без егзистенција. Платите на вработените во ЈП Македонски Шуми мора да се исплатат, напиша Трипуновски на ФБ. 

Македонија | пред 6 години

02042020_PVRSM_pres-konferencija-1

Спасовски: Државата спасува работни места, 14.500 денари месечно по вработен за април и мај

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска одржа прес-конференција на која информираше за Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, за Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, и за Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, заради исплата на финансиска помош за месеците април и мај 2020 година, што вчера и денеска беа усвоени на седниците на Владата.Обраќањето на претседателот на Владата Спасовски на прес-конференцијата ви го пренесуваме во целост:Владата на Република Северна Македонија завчера го донесе вториот пакет економски мерки за справување со економските последици со кои граѓаните и стопанството се соочуваат како резултат на вирусот COVID-19.Со овој втор пакет мерки, Владата е одлучна во спроведувањето директна помош и поддршка кои ќе имаат влијае да ја помогнат реалната економија, секое семејство, секое домаќинство, секој поединец одделно, а со тоа и секоја фирма која е погодена од кризата.Ова се мерки кои ги помагаат сите кои се погодени од кризата. За секоја категорија стопански субјекти, за сите наши граѓани, креирани се мерки според принципот на економска солидарност и баланс на потребите и можностите.Главната мерка од економскиот пакет e директната помош од 14.500 денари месечно за секој вработен, за месеците април и мај, од сите фирми погодени од кризата. Со оваа мерка, државата ги спасува работните места на граѓаните.За оваа мерка, донесовме Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, со што и практично стапуваат во сила сите одредби за сеопфатна директна финансиска поддршка на работодавачите.Ова е директна мерка за зачувување на работните места и за олеснување на континуитетот на работните процеси.Дури 87 отсто од компаниите се подобни да аплицираат за овие мерки, ќе бидат опфатени околу 250.000 работни места и околу 35.000 компании. Сумата што ќе ја добие секој работник, за двата месеци, април и мај, изнесува 29.000 денари, скоро 500 евра, односно по 14.500 денари месечно.За да биде појасно, оваа уредба под поимот „Работодавач од приватниот сектор“ го опфаќа секое претпријатие од приватниот сектор кое вработува работници врз основа на договор за вработување, секое правно лице кое вработува работници врз основа на договор за вработување и работодавачите кои преку приватни агенции за вработување, ангажираат работници за извршување работни задачи.Со оваа мерка ќе се врши исплата на финансиски средства на сметка на работодавачот-барател на финансиска поддршка за исплата на платите на работниците за месеците април и мај 2020 година, во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник.Поточно, ова значи дека доколку работник бил ангажиран за полно работно време, ќе му биде исплатен целиот предвиден износ согласно оваа мерка односно – 14.500 денари, а доколку бил ангажиран со скратено работно време, ќе му биде исплатен сразмерен износ.Работодавачот-барател на финансиска поддршка поднесува Барање за финансиска поддршка за исплатата на платите на работниците до Управата за јавни приходи, која е задолжена веднаш да ги утврди формата и содржината на обрасците за Барањето за финансиска поддршка.Барањето се поднесува преку системот е-даноци на Управата за јавни приходи до 5-ти во месецот, за претходниот месец. Комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето.Сите информации за тоа кои компании ќе имаат право на користење на придобивките од оваа мерка, како и оние кои не се опфатени со оваа финансиска поддршка, ќе бидат наведени во Уредбата што ќе биде објавена во рок од еден ден во Службен Весник, како и на веб страницата на Владата.Во Член 5 од оваа Уредба е утврден и начинот за аплицирање за стекнување на правото за финансиска поддршка преку алатката „Месечна пресметка за интегрирана наплата“ на Управата за јавни приходи преку посебна шифра за оваа намена.По обработката на апликацијата, Управата за јавни приходи ќе го информира работодавачот-барател на финансиска поддршка за вкупниот износ на финансиската поддршка што ќе биде исплатена за соодветниот месец, и за тоа ќе ја извести Владата на Република Северна Македонија за работодавачите кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на платите.Износот на финансиска поддршка согласно оваа Уредба, ќе се исплатува до 13-ти во месецот, за претходниот месец.Уредбата утврдува дека работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати има обврска да ги врати добиените финансиски средства во целост, заедно со камата за јавни давачки, доколку по извршена контрола од страна на Управата за јавни приходи или од страна на Државниот инспекторат за труд, се утврди дека работодавачот не ги исполнил условите за стекнување право за користење на оваа мерка.За времетраење на финансиската поддршка согласно со оваа Уредба и четири месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец септември 2020 година), работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати има обврска да го задржи истиот број на вработени што го имал за месецот за кој побарал финансиска поддршка за исплата на платите, намален за бројот на вработени заради пензионирање или смрт на работник.Бројот на вработени што работодавачот корисник на финансиска поддршка треба да го задржи ги вклучува вработените на неопределено време, вработените на определено време и вработените со работно време пократко од полното работно време.Согласно оваа Уредба работодавачите кои ќе го искористат правото на финансиска поддршка за исплата на плати, имаат обврска примените финансиски средства ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија.Деталите за оваа обврска се опишани во Уредбата.Како алтернатива на оваа мерка, компаниите можат за изберат да ја користат мерката за покривање на 50 отсто од придонесите на платите на своите вработени.Тоа значи, дека работодавачите можат да се одлучат да изберат финансиска поддршка за покривање на половина од придонесите за своите вработени, наместо 14.500 месечно нето плата по вработен за месеците април и мај.За таа цел ја донесовме Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба.Уредбата се предлага како економска мерка со која што ќе се даде финансиска поддршка за сервисирање на обврските за исплата на придонесите за задолжително социјално осигурување, а поради намалената ликвидност кај бизнисите поради состојбата со коронавирусот.Со Уредбата се предвидува за секој вработен осигуреник, за месеците април и мај 2020 година да се субвенционираат придонесите за задолжително социјално осигурување во висина од 50 отсто. При тоа, пресметаната сума не може да биде повисока од 50 отсто од придонесите за задолжително социјално осигурување пресметани на просечната бруто плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавена за јануари 2020 година.Во Уредбата се наведени условите што треба да бидат исполнети за користење на оваа мерка.Со мерката се очекува да бидат опфатени околу 20 отсто од осигурениците, односно околу 53.000 осигуреници за што се потребни 284.345.000 денари месечно, односно 568.690.000 за субвенционирање на придонесите за месец април и мај 2020 година.Сакам да напоменам уште еднаш дека оваа мерка е алтернатива на мерката за финансиска поддршка за исплата на платите во висина од 14.500 денари за месеците април и мај.Не можат да се користат двете мерки, туку само една по избор. Значи, за секој работник е обезбедена или плата од 14.500 денари месечно или покривање на 50 отсто од придонесите.Кога ги најавивме мерките рековме дека никој нема да биде изоставен!Владата воведува економски мерки за секој еден погоден од кризата. Државата интервенира за спас на секое загрозено работно место.Затоа, денеска ја донесовме и Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, заради исплата на финансиска помош за месеците април и мај 2020 година.Оваа уредба е за нашите сограѓани занаетчии и вршители на самостојни дејности кои исто така ги чувствуваат последиците.Финансиската поддршка на физичко лице кое врши самостојна дејност опфатени со оваа Уредба ќе се спроведува преку Владина Програма за финансиска поддршка со исплата на финансиски средства на трансакциска сметка преку која физичкото лице - барател на финансиска поддршка за исплата на финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година.Финансиската поддршка е исплата на финансиски средства за  месеците април и мај 2020 година, во износ најмногу до 14.500 денари месечно.И за оваа мерка сите услови за стекнување право на користење на поволностите, ќе бидат објавени во Уредбата што ќе се публикува во Службен Весник и на веб страницата на Владата.Со овие Уредби ја ставаме во функција мерката за спас на работните места на македонските граѓани. Ги помагаме работниците, фирмите, стопанството, ја помагаме директно економијата.14.500 денари месечно, за април и мај, за секој вработен, од секоја фирма загрозена од кризата. Тоа се вкупно 29.000 денари по вработен за два месеци, за зачувување на работното место, за 250.000 вработени.За сите наредни уредби за останатите економски мерки ќе известуваме одделно и сеопфатно и ќе одговараме на сите ваши прашања.Владата останува максимално посветена на остварувањето на функционален буџет за секое сценарио на кризна економска состојба.Нашата првенствена обврска и должност е да обезбедиме ликвидност и финансиска поддршка за стопанството преку мерки за помош на работниците и стопанството.Да се сочуваат работните места на граѓаните, колку може повеќе, истакна премиерот Оливер Спасовски.

Македонија | пред 6 години

Bolnica

Филипче: Мобилната болница е поствена, искрено се надевам дека нема да ни треба

Во посета на новата монтажна болница во близина на скопската Инфективна клиника денеска беа министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и првиот човек во здравството Венко Филипче.Мобилната болница за прием на заразени со коронавирус ќе биде пуштена следната недела и во неа има 130 кревети и соодветни услови, тоалети, тушеви. Сметавме дека ова место е најдобро за да биде сместена мобилната болница затоа што е во близина на Инфективната клиника. Искрено се надеваме дека нема да има потреба да ја користиме болницата“, истакна министерот за здравство  Венко Филипче.Министерот се заблагодари на Министерството за одбрана, на вицепремиерката и министерка Шекеринска, и на градоначалникот Шилегов, што експресно прво се расчисти просторот, каде беа бараките на поранешниот студентски дом „Медицинар“, кои Град Скопје ги урна и го уреди просторот.фото: ФБ Петре Шилегов 

Македонија | пред 6 години

DSC_0051

Чулев денес оствари работна средба со Росана Дуџак, Резидентен координатор на ОН

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денес оствари работна средба со г-ѓа Росана Дуџак, Резидентен координатор на ОН.На средбата Чулев ја истакна исклучителната соработка на Министерството за внатрешни работи со Организацијата на Обединетите Нации, во чии рамки непречено се одвива и соработката со соодветните Канцеларии на ОН во Скопје, кои преку заеднички проекти вршат поддршка на Министерството и полицијата.На состанок стана збор и за можностите за давање поддршка во справувањето со пандемијата од страна на Светската здравствена организација, како и конкретните барања во таа насока упатени до Канцелариите на УНХЦР, УНОДЦ, УНДП, УНИЦЕФ, ОБСЕ и ИОМ, важни за непречена работа на припадниците на МВР вклучени во справувањето со вирусот COVID19.Чулев ирази благодарност за заложбите на Агенциите на Обединетите нации за поддршка на државата, со цел заеднички и одлучен одговор на пандемијата предизвикана од COVID-19.

Македонија | пред 6 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Кусогледаноста на власта ја спречува Македонија, Естонија ја решава кризата со пари од вториот пензиски столб, мерка за која апелиравме

За жал, кусогледоста на економскиот тим на Владата, дополнет со Спасовски и Зоран Заев попречува да се види шансата која стои преку искористување на средствата од пензискиот фонд, а кој за македонската економија ќе значат дополнителни 200 милиони евра, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Но, тоа не е случај естонскиот премиер и влада, кој ја презема истата мерка којашто и ја предлагав на Владата пред една недела, а тоа е да се искористат парите од вториот пензиски фонд без да се доведат во било каков ризик средствата на осигурениците.Оваа мерка не беше добра за Заев и Спасовски, но е одлична за естонскиот премиер. Или свесно не сакаат да ги преземат мерките кои се добри затоа што е во прашање суетата, или не се разбираат во економија.Но, што и да е од двеве причини, едно е јасно дека сето ова се удира врз грбот на македонските граѓани.Истата мерка според Асошијетед прес ќе ја имплементираат и други европски држави, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

test

Потврдени 30 нови случаи позитивни на КОВИД- 19, во земјава вкупно заболени 384 лица

Потврдени 30 нови случаи позитивни на КОВИД- 19Вкупната бројка на  дијагностицирани изнесува 384 лицаМинистерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува  384 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:       Скопје - 195       Куманово – 62       Дебар – 47       Штип – 15       Прилеп – 21       Тетово -13       Струга – 9       Велес – 6       Битола – 4       Охрид – 3       Кавадарци – 2       Гостивар – 1       Гевгелија – 2       Струмица- 1       Крива Паланка – 2       Кочани – 1Во изминатото дено-ноќие направени се 342 теста, од кои: преку ИЈЗ – 177, преку Ветеринарен факултет – 20, преку Авицена – 21, преку Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 100.Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

devojka-pretepana

ОЈО поведе постапка за двајцата насилници од Штип кои тепаа девојка

Основното јавно обвинителство во Штип отвори предмет по допрен глас откако на социјалните мрежи и медиумите беа објавен видео записи во кои се гледа насилство извршено над едно лице.Во насока на обезбедување услови за непречено водење на натамошната постапка и расчистување на кривично правниот предмет преку прибирање на материјални и вербални докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип издаде насоки и наредби до надлежните институции за пронаоѓање на сторителите и нивно приведување во полициска станица.Обвинителството во континуитет презема дејствија со цел сторителите да ги изведе пред лицето на правдата.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

devojka-pretepana

Приведени се двете момчиња кои тепаат девојче

Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, министерот Наќе Чулев соопшти дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата кои се препознаваат на видеото и истите се лишени од слобода за понатамошно постапување.За конкретниот настан и преземените мерки известено е Основното јавно обвинителство.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

devojka-pretepana

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Момчиња претепаа девојка во Штип

Вознемирувачко видео се појави на социјалните медиуми, на кое се гледа како момчиња брутално напаѓаат и тепаат девојка која ја обвинуваат дека излажала дека е бремена. На видеото се слушаат силни удари, а жрвтата со лелеци ги моли напаѓачите да престанат, објави Слободен печат.Според личноста која го споделила видеото во група на фејсбук, станува збор за две момчиња од Штип, а воедно го открива и нивниот идентет.Текстот во целост на: Слободен печат

Македонија | пред 6 години

90611434_23844356281330237_3542715714114682880_n.png

ГДУ: Повторно апелираме, 30 дена колективен одмор додека не е доцна!

На вчерашната прес-конференција, Драгица Николоска, директор на Центарот за јавно здравје-Прилеп, изјави дека 59 годишна жена вработена во текстилна фабрика, во која работат уште 200 други работници е позитивна на вирусот Ковид-19. Исто така директорката изјави дека текстилната фабриката е целосно затворена и дека работниците се наоѓаат во самоизолација, се вели во соопштението од ГДУ.На 22 март, апелиравме преку соопштение да се затворат конфекциите и другите производствени капацитети каде е невозможно да се реорганизира процесот на производство и да се почитуваат мерките за безбедност и работниците да се пуштат на 30 дневен колективен одмор. Сето ова со цел да се спречи ширењето на вирусот, имајќи во предвид дека во производствените хали работат многу луѓе без да имаат безбедна дистанца еден помеѓу друг и исто така соодветна опрема за заштита. Тука секако доаѓа и фактот дека истите тие луѓе користат заеднички транспорт а тоа може да предизвика дополнителна опасност од ширење на вирусот.ГДУ повторно настојува и апелира веднаш да се затворат сите производствени капацитети особено конфекциите и на работниците да им се даде 30 дневен колективен одмор.Очекуваме ова да биде дел од вонредните мерки донесени од Владата во договор со сопствениците на компаниите и доколку има прекршување на овој договор да следат строги казнени мерки. Се работи за животот, здравјето и безбедноста на илјадници работници како и на нивните семејства. Колку побрзо ќе се донесе мерката за колективен одмор, толку поголема е веројатноста да се спречи наглото ширење на вирусот, се вели во соопштението од ГДУ.фото: ГДУ 

Македонија | пред 6 години

policija-ohrid

Скопјанец позитивен на корона вирус, се шетал во Охрид, бил и во простории на еден оператор

Четириесет и четиригодишниот Д.А. од Скопје заработи кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информира СВР Охрид.Тој на 13 март се вратил од Австрија и потпишал изјава за самоизолација, која ја прекршил на 20 март и во Скопје се упатил во болничка установа со цел да изврши тест за коронавирус.По медицинскиот наод дека е позитивен, тој, самоиницијативно, не почитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во неговиот стан во Охрид.Притоа, непречено се движел без заштитна маска и ракавици, а на 23 март бил во службените простории на еден оператор по што, во станот примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

voz

Товарен воз се излизга од шините, откако удрил во одрон од камења

Товарен воз утрово околу 6 часот и 40 минути се излигал од шините. Возот сообраќал на релација Гевгелија-Трубарево. Несреќата се случила меѓу станиците Миравци и Клисура, кога возот удрил во одрон од камењаЖелезничкиот сообраќај меѓу Гевгелија и Велес е во прекин .Полицијата врши увид на местото на несреќата.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања