Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

bogorski

Силна порака од Бигорскиот манастир: Вие не примивте дух на ропство, за да бидете во страв

Mонахињите од Бигорски манастир ни испратија силна порака:„Вие не примивте дух на ропство, за да бидете во страв…“ (Рим. 8,15).„Радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани“ (Рим. 12,12).„Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се!“ (Филип. 14,14)https://www.facebook.com/bigorski.manastir/photos/a.172502076080/10158132987841081/?type=3&theaterфото: ФБ Бигорски Манастир Св. Јован Крстител

Македонија | пред 6 години

Mihaela

(ВИДЕО) Михаела од Скопје ја победи короната, пее за медицинските лица и пациентите

Михаела Јаневска од Скопје е едена од 12-те пациенти во земјата кои го победија коронавирусот и се пуштени дома.„Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејќи своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се сè уште во болница. Ова е за вас“ – напиша Михаела.Таа на својот Фејсбук профил сними видео во кое ја пее „Stand By Me“, за да ги охрабри останатите пациенти кои се борат со оваа болест.https://www.facebook.com/MihaelaJanevska/videos/3419701094723625/

Македонија | пред 6 години

bebe-se-doi

Владата разгледува решение  со кое ќе се продолжи продолжи породилното отсуство

Владата разгледува решение  со кое ќе се продолжи продолжи породилното отсуство на мајките чиешто породилно отсуство завршува овој период, а поради мерките за заштита од коронавирусот, не може да обезбедат уверение од градинка, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.Како што кажа министерот, на одлуката ќе ѝ претходат законски измени, а јавноста ќе биде информирана за деталите веднаш по донесувањето на одлуката.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

filipce-2

Филипче: Жената што почина во струшката болница била позитивна на коронавирус

Две жени од Струшко се двата нови смртни случаи во изминатите 24 часа како последица од компликации од корона вирусот, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.  Синоќа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починала 65-годипна жена од Лабуништа, која една недела се наоѓала на клиниката и имала претходни хронични болести: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и зголемена телесна тежина. И пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која посмртно ѝ беше земен брис, е позитивна на ковид-19, истакна министерот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

01042020_VRSM_Angelovska

(ВИДЕО) Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Министерката за финансии, Нина Ангеловска денеска одржа прес-конференција на која информираше за буџетот.Обраќањето на министерката за финансии, Нина Ангеловска, ви го пренесуваме во целост:Транспарентноста во јавните финансии не познава добри и лоши времиња. Тука всушност уште повеќе се гледа и дали некоја Влада води отворени финансии или не. Како што известувавме за буџетот во добри времиња - јавно и транспарентно информираме и во време кога се соочуваме со една од најголемите здравствени кризи која се прелева во економскиот сектор.Изминатите неколку дена се поставуваше прашањето, како тоа се зборува за помала наплата на приходи и обезбедување на ликвидност на буџетот, ако претходно се давале изјави дека буџетот е ликвиден и е во добра кондиција, дека имаме добра наплата на давачките. Со цел да се информира точно јавноста, мора да истакнам дека буџетот е план за наплата на приходи и согласно тоа исплата на расходи.Реализацијата на буџетот годинава започна добро. Економската активност бележеше раст и првите два месеци имавме одлична реализација согласно проекциите, како што и транспарентно и отворено ја информиравме јавноста. Важно е да се истакне дека буџетот или државната каса не е „куп пари” кои ги имаме на почеток на годината, па се распределуваат, туку буџетот е проекција за како ќе се полни државната каса (приходите) и соодветно како ќе се трошат собраните средства (расходите). Ликвидноста на буџетот метафорично може да ја споредиме со проток на вода во една цевка - првите два месеци млазот беше силен, со силен интензитет се полнеше државната каса, а согласно тоа се извршуваа и планираните расходи. Оттука, првите два месеци ликвидноста беше одлична, како и на почетокот на месец март.Наплатата на вкупните приходи во јануари беше за 4,6% и февруари за 4% беше за повисока во однос на минатата година, од кои во јануари порастот на даноците и придонесите е 10.7%, додека во февруари 6.1%. Овие резултати беа во рамки на проекциите за овие месеци. Позитивните движења продолжија во првата половина од март.Преземањето на мерките за заштита од ширење на Covid-19 и ставајќи го здравјето на граѓаните на прво место, делуваше на намалување на економската активност, што очекувано почна да се рефлектира на полнењето на буџетската каса.Почнувајќи од 20 март, односно кога почнуваат да се чувствуваат ефектите од здравствените мерки преземени за спречување на ширење на корона вирусот, се забележува остар пад на даночните приходи од околу 25% на дневно. Ова доведе до пад на вкупните даночни приходи за месец март за 11% во однос на претходната година. Ова се должи на:-       Пад на наплата на ДДВ за месец март за 17%;-       Пад на акцизата за 11%;-       Пад на данокот на добивка за 11% и тоа со предвреме уплатена аконтација од општествено одговорни компании во контекст на помош за коронакризата.Во изминатиот период во Министерството за финансии се изработуваа повеќе сценарија за исходи од коронакризата, односно како истата би влијаела на остварувањата на приходите во буџетот во 2020 година.Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата. Ова се должи на самиот карактер на кризата, затоа и нашите сценарија постојано се обновуваат, па така од секое сценарио имаме повеќе верзии.Во главно, имаме 3 основни сценарија: поволно, неповолно и најнеповолно. Кај сите сценарија најголемиот пад на даноците се очекува во вториот квартал од 40% до 65% во однос на претходната година, додека претпоставките за третиот и четвртиот квартал се разликуваат согласно кога би започнал периодот на економско заздравување и стабилизација.Колкава ќе биде таканаречената „дупка” (деновиве исто така многу зборувана во јавноста) во буџетот односно за колку ќе се зголемат потребите за финансирање зависи од тоа кое од овие сценарија ќе биде реалност.Дупката односно дефицитот е разликата помеѓу приходите и расходите. Проектираните приходи за 2020 се 3.6 милијарди евра, додека расходите 3.9 милијарди евра. Согласно тоа проектираниот дефицит за годинава изнесуваше околу 300 милиони евра (283 поточни). Планот за финансирање беше креиран согласно така испроектираниот буџет со цел да сесервисира овој дефицит и да се отплатат старите долгови.Сега колку ќе бидат поголеми потребите, односно колку ќе биде поголем дефицитот зависи од тоа колку ќе падне наплатата на приходите.Што се однесува до расходната страна и покрај предвидените зголемени потреби за здравствениот сектор, како и економските мерки кои ќе се преземаат со цел амортизирање на ударот врз економијата - сите сценарија предвидуваат речиси целосна реализација на расходната страна во износ, односно истата да остане 3.9 милијарди евра. НО Структурата на расходната страна ќе се промени значајно -со реалокации на буџетските ставки со цел дополнително обезбедување на здравствениот сектор пред се а потоа и реализација на економски мерки со цел намалување/амортизирање на ударот. Ќе има реалокации, пренаменети и кратења на непродуктивни расходи - за истото на денешната Владина седница ќе биде предложена информација.Така:Кај првото сценарио поволното - предвиден е пад од 20% на вкупната приходна страна на консолидиран буџет во однос на планот. Тоа би значело намалување на приходите за околу 700 милиони евра - односно тоа значи дека за исто толку би се зголемил дефицитот и потребите за финансирање.Кај второто сценарио, неповолното падот на буџетските приходи би изнесувал околу 30% со што потребите би се зголемиле за околу 1 милијарда евра.И кај третото најнеповолното доколку приходите паднат 40%, дополнителните потреби би биле околу 1.3 милијарди евра.Важно е да сме подготвени и за најлошото сценарио, а секако да преземаме мерки и да повлекуваме соодветни чекори за да се случи најдоброто. Будното следење, агилноста и флексибилноста на владите се клучни за делување и справување со овој здравствено-економски шок.За секое од овие сценарија подготвуваме и сценарија за финансирање. Непредвидливоста и ранливоста на пазарите на капитал носи голем предизвик и при креирање на овие сценарија.Како што информиравме во тек е постапка за обезбедување на средства од Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и инструментот премостување до обврзница. Постапките се во тек и се очекува до мај да ги обезбедиме овие средства.На крајот би сакала да истакнам - како ќе излеземе од коронакризата зависи од сите нас. Ако сите се однесуваме одговорно и дисциплинирано здравствената криза ќе заврши побрзо, а со тоа и здравствените мерки кои ја оспоруваат и запираат економската активност.Со двата пакета економски мерки имаме за цел да го амортизираме ударот врз стопанството, да ги заштитиме работните места, како и социјалната стабилност во земјава. Преку обезбедување на плата од 14.500 ден. за вработените во погодените компании, обезбедување на 50% од просечна плата за половина година од државата за оние кои останале без работа, како и надоместок од 7000 ден. за семејствата кои немаат приходи или се дел од неформалната економија се задржуваат работните места и социјалната стабилност. Со обезбедување на бескаматни средства и евтини кредити за фирмите се подобрува нивната ликвидност и ќе се настојува да се поттикне економската активност.Како што се развива ситуацијата ќе се преземаат и нови мерки и активности, се со цел максимално да се амортизира ударот од коронакризата врз стопанството и граѓаните.фото и видео: Влада

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: Донесени пакет економски мерки за спас на секое работно место, помош за граѓаните

Донесени се важни одлуки, државата ги спасува работните места на граѓаните и обезбедува приход за секој човек!Преку конкретни мерки за зачувување на секое работно место и директна помош за сите граѓани, за работниците, за стопанството ќе ја надминеме економската криза, која доаѓа како последица од борбата со коронавирусот, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.Владата усвои  втор голем пакет на економски мерки за справување со економската кризата, вреден 200 милиони евра, кои имаат за цел да го ублажат економскиот удар и да им помогнат на граѓаните и работниците.Ги поддржуваме одлуките на Владата и го поздравуваме фактот што усвои голем дел од економските мерки што ги предложивме, но и донесе дополнителни мерки.Со овие мерки, опфатени се граѓаните, работниците, малите и средните претпријатија,  дуќаните, занаетчиите, и оние што се дел од неформалната економија, спортистите, уметниците...- Обезбедуваме финансиска поддршка за исплата на платите на работниците од фирмите погодени од здравствено-економската криза, минимална плата од 14.500 денари  за месеците април и мај за секој работник.- За граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа месечна плата, во висина од 50 проценти од просечната плата на работникот во  последните 24 месеци.- За сите спортски работници вработени во спортските здруженија,  како и за самостојните уметници  обезбедена е минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.- Се грижиме и за лицата во неформалната економија. Обезбедуваме надомест  од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 20.000 нови домаќинства, кои веднаш ќе влезат во системот на социјална заштита, како и 30.000 веќе постоечки корисници.- Во духот на солидарноста и неопходните заштеди сите избрани и именувани функционери на државно и на локално ниво ќе земат минимална нето плата од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година.- Дополнително,  претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции, претседатели и членови на Советите во општините, а кои се вработени нема да примаат надомест за времетраење на кризата.За нас секој граѓанин, секој работник, секое работно место и секоја фирма и компанија се важни, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

Kocani

Во Кочани жена прогласиле за мртва, синот започнал со организација на погреб

Кочанчанецот Благојче Дончев почнал да организира погреб за својата мајка, зато што од болницата му кажале дека починала. Се јавил на блиските роднини и погребен оператор, од каде закажале во црква и испечатиле некролози, но кога тој заедно со операторот дошол да го земе телото, открил дека мајка му е жива и лежи на Интерното одделение, објави 24.мк.Неговата 58-годишна мајка има прележано два мозочни удари и откако повторно и се слошило пред два дена со Брза помош била однесена во кочанската болница. Вели дека оние што му ја соопштиле веста му рекле и кој погребен оператор да го повика, но тој ги одбил и се јавил на  друг.Сопствениците на фирмата за погребни услуги што ги повикал велат дека во оваа битка за починати се делат пари на вработени во болницата кои форсираат одредени оператори. За тоа повеќепати го известиле и раководството на болницата и полицијата.Текстот во целост на: објави 24.мк.  

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

(ВИДЕО) Филипче:Потврдени 25 нови случаи позитивни на Ковид 19, на Инфективна во Скопје почина пациентка од Лабуништа

Министерот за здравство на денешната прес конференција информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина една пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години. Министерот потенцираше дека утрово од болница се испишани пет пациенти.- Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години заболена од коронавирус. Пациентката имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност- рече ФилипчеВчера на Инфективната клиника биле примени 9 лица со што таму сега има вкупно 59 пациенти, од кои 12 се со потешка слика, а петмина се ставени на респиратори, информираше Филипче.Министерот за здравство на денешната прес конференција информираше дека во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1. https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/1062766947432216/?v=1062766947432216&notif_id=1585666641264139&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

Levica-logo

Левица: Дали фирмата „ЕуроБрик” шест месеци не исплатила плата на вработените?

Како партија која ги застапува интересите на трудот, ја известуваме јавноста дека до нас пристигнаа пријави од работници кои што сакаат да останат анонимни. Пријавите  се однесуваат на скандалозно работење на фирмата „ЕуроБрик“ од Велес (поранешно „Киро Ќучук“), се вели во соопштението од Левица.Имено, согласно добиените информации од вработените кои што го пријавија ова несовесно работење, во фирмата „ЕуроБрик“ сивата економија била во подем, поради тоа што вработените кои што работеле во изминатите шест месеци немале потпишано договор за вработување.Освен ова, овие работници за истиот тој период немале добиено плата, ниту пак им биле придонесите.Неколку вработени веќе имаат поведено судски спорови против оваа фирма, но сѐ уште нема епилог од самите постапки. Оваа фирма често била предмет на инспекциски проверки од страна на Трудовиот Инспекторат, УЈП, претставници на Министерството за Екологија (поради тоа што биле големи загадувачи), но ретко кога била санкционирана.Ние, како политички субјект, ваквиот случај го пријавивме до Државниот Инспекторат за Труд, по што очекуваме надлежните институции во најбрз можен рок да ја испитаат целава ситуација и соодветно да постапат. Исто така, правниот тим на Левица стои на располагање на овие работници во рамки на своите можности и капацитети, се вели во соопштението од Левица.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

makedonski-koncept

„Македонски концепт“ со конкретни предлози до Владата: Уредба со законска сила за формирање на национален економски совет

Македонски концепт до Владата на Република С. Македонија достави Предлог Уредба за формирање на Национален економски совет, заради создавање на услови за економско и финансиско стабилизирање на Република Северна Македонија, поради вонредната состојба предизвикана од COVID-19, се вели во соопштението од „Македонски концепт“.Предлагаме Националниот економски совет да има советодавно–консултативна улога во креирање и имплементација на економски стратегии и политики со задача да дава конкретни мерки, предлози, мислења и препораки за надминување на економската криза во државата. На тој начин, наместо лицитација на економски мерки, ќе имаме синхронизација на мерките, врз основа на релевантни влезни податоци и изградени врз научна и искуствена основа.Во Националниот економски совет предлагаме да членуваат: Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Членови на Владата од финансискиот и од економскиот сектор, потоа претставници на МАНУ, Гувернерот на НБРМ, Директор на ДЗС, редовни и вонредни професори по економски науки делегирани од универзитетите во РСМ, Претседателите на стопанските комори во Република Северна Македонија, претставници на невладини организации и други членови делегирани од Владата на Република Северна Македонија.Предлог Уредбата до Владата е доставена по електронска пошта, со цел максимално почитување на мерките и препораките за намалување на ризикот од ширење на COVID-19, се вели во соопштението од „Македонски концепт“.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

paridenari1

Парични казни за пет лица од Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово  поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Првиот обвинет на 19 март пристигнал од Република Хрватска,  земја со среден ризик за ширење на заразната болест COVID-19. При влез во државата потпишал Изјава дека ќе спроведе самоизолација во период од 14 дена во неговиот дом, согласно мерките и препораките за спречување на ширењето на заразната болест.  Но, при извршена контрола од страна на полициски службеници, обвинетиот не бил затекнат во неговиот дом.Три лица се обвинети за непостапување според здравствените прописи, откако не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Обвинетите на 24.03.2020 година, околу 22:15 часот заедно отишле во дом на друго лице од Куманово со кого имале претходни несогласувања. Обвинетите започнале вербална расправија, а потоа и физичка пресметка. Поради нарушување на јавниот ред и мир, биле повикани полициски службеници, кои го констатирале извршеното кривично дело од страна на обвинетите.Заради непостапување согласно забраната за движење на населението на Република Северна Македонија во период од 21 до 5 часот, кумановското обвинителство поднесе Предлог за издавање казнен налог за уште едно лице. Обвинетиот се движел пеш низ градот, со што не постапил според мерките за спречување на појава, рано откривање, спречување на ширење или сузбивање на заразната болест  предизвикана од коронавирусот.За стореното кривично дело, обвинителството на Основниот суд во Куманово му предложи, на секој од обвинетите да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глови, секојаод нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Limoni

Ирфан од Чаир им дава бесплатно зелка, компири и кромид на оние кои немаат

Килограм лимон за 75 денари, а зелка, компири и кромид бесплатно за оние не можат да си дозволат да купат. Со оваа понуда Ирфан Јетиши деновиве ги пречекува своите муштерии во скопски Чаир, пишува Радио МОФ.Наспроти општото покачување на цените кое започна по прогласувањето вонредна состојба поради појавата Ковид-19 во земјата, Јетиши реши да започне своја акција така што најнеопходните зеленчуци и овошја ќе ги продава значително поевтино.Јас верувам дека секоја помош којашто ќе им ја понудиме на нашите луѓе, ќе ни се врати двојно“, вели тој.За неговиот хуман потег се расчу и на социјалните мрежи, добивајќи бројни позитивни коментари.„Сакам да им се заблагодарам на сите што ме поддржуваат за да помогнам на моето општество и со моите можности од позиција на продавач“, вели тој.Јетиши упати апел до сите кои имаат можност да помогнат, да го направат тоа за како што вели „заеднички да ја надминеме оваа ситуација“.фото: ФБ

Скопје | пред 6 години

Ekosal-i-Dezintal

Алкакоид: На пазарот се појавија фалсификати на Ecosal i Dezintal

На пазарот се појавија производи што претставуваат фалсификати на средствата за дезинфекција произведени од „Алкалоид“ – Ecosal® и Dezintal®, кои се воедно и заштитени трговски марки на „Алкалоид“ АД Скопје.-„Aпелираме на внимание, бидејќи фалсификуваните производи не ги исполнуваат стандардите за квалитет, при што би можело да дојде до несакани дејства врз безбедноста и здравјето на купувачите. Исто така, се доведува во прашање и ефикасноста на овие производи од исклучителна важност во актуелната ситуација“, се вели во соопштението на „Алкалоид“.Од компанијата посочуваат и како да се препознаат оригиналните производи за кои гарантираат квалитет и безбедно користење.„На етикетите секогаш стои логото на „Алкалоид“, како и на „Екосал“ и „Дезинтал“ кои се гаранција за оригиналното потекло на производите и за преземените мерки за нивна регистрација во соглчасност со важечките регулативи. Како производител е секогаш назначен „Алкалоид“ што подразбира дека производите се произведуваат и се полнат во контролирани услови. Производот „Екосал“ се полни во пакување од 500 милилитри, со затворање соодветно на типот на производот – антисептик, додека фалсификуваното пакување е од 1.000 милилитри, какво што досега не е пласирано на пазарот од „Алкалоид“. Производите одат со соодветно упатство за употреба за кое гарантираме само доколку се произведени и спакувани во фабричките погони на „Алкалоид“, стои во дописот на фармацевтскиот гигант.фото: Алкалоид

Македонија | пред 6 години

w_55947221

Пациентите со ретки болести ги нема на листа на ослободени од работа и покрај комплексните проблеми со кои се соочуваат

Здружението на граѓани за ретки болести  ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола испрати повеќе дописи до Министерството за Здравство, Министерот за Здравство и Комисијата за ретки болести, барајќи решенија за проблеми со кои се соочуваат пациенти и семејства со ретки болести во моменталната ситуација, и на истите не добивме ниту еден одговор.Ретките болести се комплексни доживотни состојби кои најчесто бараат мултидисциплинарен пристап.  Во регистарот за ретки болести има околу 500 заведени пациенти со над 80 различни дијагнози. Следните наши барања треба да добијат соодветно решение со цел да се заштитат пациентите и смејествата со ретки болести.Ретките болести не се ставени на листа на ослободени од работа. Зошто треба да се ослободени: имаме пациенти на биолошка терапија, на кортико терапија, имаме имунокомпромитирани случаи, имаме пациенти без слезина, имаме пациенти кај кои болеста прави компликации на бели дробови, дишни патишта, срцеви компликации, бубрежни компликации, мускулни проблеми, имаме пациенти кои имаат трансплантирани органи ... Ова се луѓе на кои им треба поголема заштита, ова се луѓе кои се вакцинираат за грип, кои внимаваа и пред да има Корона вирус. Шифрите на дијагнозите кои се ретки не се на листа на Министерство за Здравство и не можат да добијат потврда за ослободување од работа иако им е потребна на дел од нив. Затоа побаравме комисијата за ретки болести да ги разгледа дијагнозите и да одлучи кои од нив треба да се стават на листа на ослободени.Посебна група на ретки се ретки со трансплантирани органи. Многу ретки имаат трансплантирани бубрези, очи, коскена срцевина, црн дроб, срце, бели дробови и други .. Сите пациенти со трансплантирани органи треба да се ослободени, а не само одредени пациенти со одредени органи. Октажувањето и одбивањето на орган е опасно и не смее да се става пациентот во ризик.Има пациенти за кои се купувало терапија од странство, сега нема како да ја набават, знаеме за дел од нив, но сигурно има повеќе. За дел се добиени лекови како донација, но тоа не е решение. Благодарни сме на фармацевтските компании и дистрибутери кои донираат лекови за да ја подобрат ситуатцијата на пациентите и смејствата и бараме Минситерство за здравство да си ја преземе обврската за долготрајно решение.Сибелиум од 5 милиграма за вид на Хемиплегија (алтернатна) добиена во детствоВигабатрин за деца со Вест синдром (ова е ретка болест која не е ставена во регистар, овој лек се набавува преку програма за ретки и се дава на деца со друга болест, побаравме и овие деца да го добиваат преку програма)Каптимер и Калиум цитрат за деца со Цистинурија и Дистална ренална тубуларна ацидозаПотребни се и набавки на Fludocortizon - Astonin H и Хидрокортизол за Адисонова болест и за други болести кои ја користат оваа терапија и ги купувале до сега од странство.Побаравме и родители на деца кои се високоризична група, да бидат ослободени од работа. Родителите одат на работа и ризикот за детето е голем иако е дома, бидејќи родителите не се изолирани дома.Дополнително има родители на деца со ретки болести на кои платите им се намалени на минималец, или на пола плата, или воопшто се отпуштени од работа поради моменталната ситуација. Треба да се заштитат со некоја мерка каде ќе се забрани родителите на деца со ретки да се отпуштаат од работа или да им се намалува плата. Голем дел од родителите на деца со ретки болести и така се задолжени со кредити за да озвоможат се што им е потребно на своите деца за понормален живот.Има и родители на деца со вродени срцеви мани, оперирани или чекаат некаква интервенција и не се ослодобени нивните родители од работа, не можат ни потврда од градинка да имаат бидејќи не им одат децата во градинка.Бараме за пациентите со ретки болести да се воспостави посебна процедура во случај да заболат од COVID 19, поради комплексноста на болеста со која живеат и мултидисциплинарен тим кој е потребен за следење на пациентите.Да се дозволи домашна инфузија за пациенти со ретки болести таму каде што е можно или да се дистрибуира терапијата во градовите во кои живеат во соодветна здравствена установа за да не патуваат на недела, две до Скопје.Како здружение, преку линијата за помош сме цело време достапни за пациентите и семејствата со ретки болести. Споделуваме информации, ги поврзуваме едни со други, наоѓаме доктори за да дадат мстручен совет кога е потребно, преведуваме информации  и многу други работи потребни за пациентите. Поради моменталната ситуација не можеме да сме на терен, но сме достапни на социјални медиуми – Фејсбук, телефон и електорнска пошта.Поради добрите резултати, продолжуваме со давање на бесплатна психолошка помош за лицата со ретки болести и нивните семејства и истата ја прошируваме во други градови во Република Северна Македонија. Листата на психолози и градови во кои работат еобјавена на веб страна www.challenges.mk, и на Фејбсук. Поради ситуацијата истите се достапни на телефон и преку интернет.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Билјана Џинго: Поштар да ги носи пензиите, на јавни места да се постават подвижни тунели за дезинфекција

Билјана Џинго од Извршниот комитет на Единствена Македонија на денешната прес конференција во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ промовираше две нови мерки од Пакетот мерки на Коалицијата.Во ова тешко време на кризата со коронавирусот, Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ има активна улога со секојдневно предлагање мерки од Пакетот мерки на Коалицијата во интерес на народот.Денеска сакаме да предложиме две мерки кои во моментот ги сметаме за неопходни во оваа здравствена криза.Прво, бараме од владата веднаш да донесе Уредба со законска сила за изменување и дополнување на соодветната законската регулатива, со цел, враќање на стариот начин на исплаќање на пензиите на пензионерите во нивните домови од страна на поштарите. Повод за оваа мерка се вчерашните слики кои ги видовме во јавноста како се создаваат големи гужви пред банките при исплата на пензиите. А ваквите гужви пред банките можат да доведат до ширење на заразата со коронавирусот.Второ,  бараме Владата да постави мали подвижни тунели за дезинфекција на фрекфентни места како што се плоштади, маркети, разноразни институции и други места. На тој начин, со поминувањето на луѓето преку овие наменски тунели се врши дезинфекција и уништување на вирусите. Еве, на фотографијата можете да видите како изгледаат овие тунели. На следната фотографија можете да видите како функционираат овие тунели, луѓето поминуваат преку нив и притоа внатре автоматски уреди вршат дезинфекција со соодветна течност.Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ ќе продолжи одговорно да се однесува, во интерес на народот, на неговата заштита и справување со последиците од оваа криза. Сега е најважно здравјето на народот. Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации. Само така ефикасно ќе ги елиминираме несаканите последици.Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ во овие тешки времиња останува до крај на страната на народот во битката за здравјето на луѓето. Битка која сите заедно мора да ја победиме, истакна Џинго.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

w_55952187

МВР: Во текот на изминатото деноноќие на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале  изјава  за самоизолација

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (31.03/01.04) на територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале  изјава  за самоизолација.  Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е  дека во два различни случаи, две лица што биле во самоизолација не се затекнати во  својот дом. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење,    приведени се 17 лица , а за останатите лица се изготвени записници.фото: Арихва   

Македонија | пред 6 години

ginekologija

ТРАГЕДИЈА: Родилка од Охрид и нејзиното бебе починаа на скопска Гинекологија

На 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е примена второротка од Куманово на возраст од 27 години која во 20:15 поради намалена плодова вода и влошена општа состојба е породена со царски рез. Пациентката е спроведена и породена во изолација, заради фактот што истата како суспектна на Ковид-19 и упатна дијагноза која укажува на намалената плодова e најавена и испратена на Клиниката преку својот матичен лекар, информираат од клиниката.Соопштението на Клиниката за гинекологија го објавуваме во продолжениеНа пациентката освен комплетната лабораторија, земен и е и брис за Ковид- 19 чиј што резултат е стигнат вчера попладне во 18.00 часот и истиот е позитивен на вирусот.Пациентката роди живо машко новороденче кое е недоносено и во моментов се наоѓа на интезнивна нега на ГАК. Новороденчето е изолирано  и е во добра општа состојба, не е на машина туку само со кислородна хауба. Денеска на бебето ќе му биде земен брис и направен тест на Ковид-19.Пациентката при приемот е без температура, но во својот исказ посочува дека пред 3 дена имала грозница и се пожалила на сува кашлица. Пациентката укажа на тоа и дека нејзиниот свекор, исто така од Куманово, е позитивен на  Ковид- 19.Со пациентката е постапено по сите протоколи за прием на заразен пациент како во однос на нега и третман, така и во однос на адекватна заштита на персоналот и изолација на пациентот.Вчера  родилката почна да развива потешка клиничката слика, отежнато дишење со намалена сатурација, по што е веднаш префрлена и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.-На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, родилка која вчера попладне е донесена во Скопје со возило на брза помош во фебрилна состојба со мртов плод во стомакот.На жената уште веднаш и е направена целосна лабораторија и земен брис за Ковид-19. Лекарите оперативно го извадија плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Можна причина за фебрилноста е септичната состојба на пациентката, но тестот треба да утврди или отфли присуство на коронавирус.За време на интервенцијата состојбата кај пациентката се влоши при што истата беше интубирана, се пристапи кон целосна реанимација, но за жал во 22.00 е констатирана смрт. Причина за смртта е сепса со масивна тромбемболија, а пациентката ќе биде пратена на обдукација по што ќе има егзактна дијагноза.Се работи за екстремно обезитна пациентка која  во последните 5 месеци воопшто не се ни движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ни потребните гинеколошки контроли.Сега починатата родилка е донесена без претходна најава од матичен лекар и оставена пред влезот на Клиниката. По измерената телесна температура, таа е веднаш спроведена на посебен влез до одделението за изолација.За потсетување, еден дел од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје функционира за родилки супсектни и позитивни на Ковид-19. За таа намена е воспоставен целосен протокол на изолација од влез, патека на движење, посебна родилна сала, бокс и тим. Од Клиниката за гинекологија и акушерство апелираме уште еднаш сите пациентки кои доѓаат на клиниката да се придржуваат кон сите насоки кои се упатуваат од Министерството за здравство во однос на заштитата на сопственото здравје и околината, но исто така се упатува и апел за целосно и вистинито давање на информации при прием со цел адекватно и навремено превземање на адекватни мерки кои се однесуваат на вашето здравје и безбедноста на здравстевниот персонал.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

struja

ЕСМ, МЕПСО и ЕВН да се договорат домаќинствата да имаат 24 часа евтина тарифа за струјата

За време додека ќе трае вонредната состојба, поради коронавирусот, добар и хуман гест е на граѓаните да им се овозможи електрична енергија по ефтина тарифа во текот на 24 часа.Имер Зенку, експерт по Енергетска економија на Тетовскиот универзитет вели дека една ваква одлука ќе биде од голема помош за семејствата без финансиски приходи, со минимални приходи и на оние со средни приходи.Ова може да се постигне преку договор на трите енергетски компании во земјата, за производство ЕСМ, пренос МЕПСО и дистрибуција ЕВН, во соработка со Владата на Македонија. На крајот на краиштата, морална и човечка обврска е на сите, а особено на Владата, да се помогне на  граѓанинот.Сите оние кои ќе трошат електрична енергија над утврдената количина, се смета дека припаѓаат на еден побогат слој и таа енергија природно дека ќе треба да ја платат по скапа тарифа“, вели професорото Имер Зенку.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

DSC_0113

Казни за уште тројца прекршители на полицискиот час во Скопје​

Предлог за издавање казнен налог против уште три лица поднесе Основното јавно обвинителство Скопје вчера попладне. Обвинетите се товарат за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.На 24 и 25 март на различни локации во Скопје тие биле затекнати во непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел спречување и сузбивање на опасната заразна болест COVID-19.Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

korona-hrvatska

Се зголемуваат капацитетите за тестирање на коронавирус - од денеска во функција е пунктот во Поликлиника Млин Балкан

Министерството за здравство инфомира дека од денеска е во функција уште еден пункт за тестирање на коронавирус во Поликлиниката Млин Балкан.Граѓаните на Скопје можат да се тестираат во четирите пункта во: Поликлиниките Јане Сандански, Ченто, Чаир и Млин Балкан. Со ова, двојно е зголемен капацитетот за тестирање во Скопје.Од минатата недела во функција се и пунктовите во градовите: Штип, Тетово, Струмица, Прилеп, Охрид, Куманово, Кочани, Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија и Струга.Граѓаните одат во пункт за тестирање само во точниот термин, закажан преку нивниот матичен лекар, а не директно во пунктот.Граѓаните кои имаат симптоми на КОВИД-19, но и тие без симптоми треба да се јават кај својот матичен лекар и точно и вистинито да одговорат на епидемиолошката анкета. Согласно ова, матичниот лекар врз база на евалуација на здравствената состојба и податоците го спроведува тестирањето, односно укажува на тоа дали кај пациентот е потребно тестирање. Во овој процес, вклучени се близу 1200 матични лекари кои освен за детекција се задолжени и за следење на пациентите.До крајот на неделата почнуваат со работа и други пунктови ширум државата во здравствените домови согласно големината на градот, што всушност значи трикратно зголемување, како што информираше на вчерашната прес-конференција министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.Министерството за здравство апелира до граѓаните да даваат веродостојни и точни информации во епидемиолошката анкета за нивната здравствена состојба, како и да ги почитуваат мерките од надлежните институции за заштита од коронавирусот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

banki

Богојески: Владата, во која учествуваат и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, не е способна да се справи со банкарската олигархија во земјава – Сега е моментот за длабоки реформи!

Петар Богојески – „Македонски концепт“, на својот ФБ профил објави свое гледање на моменталната ситуација со економијата во земјава. Тој својата објава ја наслови „Слободни банки“, а при тоа образложи:Владата, во која учествуваат и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, не е способна да се справи со банкарската олигархија во земјава! Всушност покажува еден неизмерен поданички однос, во услови на вонредна состојба, кога иднината на граѓаните и стопанството е се понеизвесна!Има сериозен простор за подобрување на мерките за превенција на економската криза. Не може сметката да ја платиме граѓаните и компаниите, а банкарите да остваруваат профити на маката на народот и стопанството, напиша Богојески на ФБ и додаде:Сега е моментот за длабоки реформи!Единствено преку либерализација на банкарскиот сектор! Доволно беше да работиме и да живееме само за камати.И во вакво време невреме, пак истите бандити од последниве 30 години, да не доведат до питачки стап! Монополот на една или две банки, е директна причина за осиромашување на граѓаните и компаниите! За опустошување на домашната економија!Како до богати граѓани?Како до стабилна економија?Единствено преку слобода за движење на капиталот/инвестициите. Тоа подразбира целосна либерализација на тековните и капиталните трансакции, која практично значи слобода во одлучување за вложување на средста (штедење, осигурување, купување на хартии од вредност и слично) и земање кредити таму каде што е најповолно за македонските граѓани и фирми, независно – дома или во странство.Со тоа на македонските субјекти ќе им се овозможи пристап до поевтини извори на средства и можност за повисоки приходи од слободните парични средства, а воедно ќе се воспостави вистинска конкуренција на финансиските институции, особено банките кои работат во Македонија.Во услови на континуиран вишок на ликвидност во банките, а недостиг на средства во стопанството во државава, ова може да биде решение за подинамичен раст и развој на Македонија.За нормална држава!Приклучи се, направи промена!Поддржи либерализација на банкарскиот сектор!, напиша Богојески на ФВ #МакедонскиКонцептhttps://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2591358837812720&id=1949361315345812

Македонија | пред 6 години

straza

(ВИДЕО) Снег во Македонија, забрана за товарни моторни возила и на планинскиот премин Стража

Во Македонија денеска под влијание на влажен и студен воздушен бран ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег.Температурите преку денот нема многу да се покачат и ќе се за 8 до 10 степени пониски од денешните. Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места и ќе се формира тенка снежна покривка.Од изутринава пак има забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и на планинскиот премин Стража.Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, Маврово, Кула, Крушево, Крива Паланка – ГП Деве Баир и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека, информира АМСМ.За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.фото: Скопје 1  

Македонија | пред 6 години

rodenden-1

(ФОТО) Во зоолошката градина се славеше роденден за Рипко, Спанко, Очичка и Инспектор Томе

ФБ статус од зоолошката градина:Денеска нашите верверчки го прославија првиот роденден. Пред точно една година, еден хуман човек се јави дека ги пронашол на Водно, мали непрогледани, а ние ги земавме. Со секојдневно хранење по 7 шприца млеко на секои два часа дење ноќе, трите дами и господинот пораснаа ❤️Да сте ни живи и здрави, Happy Birthday 🎂 на Рипко, Спанко, Очичка и Инспектор Томе 😍https://www.facebook.com/ZooSkopje/photos/pcb.1553690211448236/1553689564781634/?type=3&theaterфото: ФБ Зоолошка градина

Магазин | пред 6 години

koronavirus

Родилки од Охрид и Куманово инфицирани со корона, едното бебе починало

Родилки од Куманово и Охрид инфицирани од корона вирус. Двете се пренесени на клиниката во Скопје. Според телевизијата едно од новороденчињата починало. Телевизијата се повикува на извори во здравството. При тоа не прецизира од која од родилките починало бебето.https://www.facebook.com/111220626921688/videos/205117434078675/?v=205117434078675 Извор: Канал 5 

Македонија | пред 6 години

DSC_0022

Поради исцрпеност, Чулев не присуствуваше на Советот за безбедност

На денешната седница на Советот за безбедност не присуствуваше министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.-Не е ништо сериозно. Станува збор за исцрпеност поради динамичните обврски изминатиот период, велат од Кабинетот на Чулев за Фокус.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања