Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Pendarovski

(ВИДЕО) Пендаровски не размислува вонредната состојба да се замени со кризна

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго ќе трае епидемијата.  Засега нема продолжување на вонредната состојба, одлучил Советот за безбедност . До завршувањето на 14 април, ќе се одржи уште еден состанок, по што ќе се разгледаат сите параметри и ќе се донесе дефинитивна одлука. Нема да има замена ниту на вонредната со кризна состојба.Пендаровски истакна дека ги поддржува мерките на владата за намалување на платата на функционерите. Тој кажа дека е подготвен е и сосема да се откаже од платата, доколку владата го побара тоа.Советот заклучи дека ситуацијата останува сложена, а сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а тоа е колку долго ќе трае пандемијата. При тоа едногласно беше заклучено дека досега имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби, стриктно спроведување на препораките на СЗО и со мали исклучоци имаме навистина одговорно однесување на граѓаните, рече Пендаровски.„Советот заклучи дека ситуацијата останува сложена. Сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а тоа е колку долго ќе трае епидемијата. Притоа, едногласно беше заклучено дека досега имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби. Имаме стриктно спроведување на препораките од СЗО и со мали исклучоци имаме навистина одговорно однесување на нашите граѓани“, рече Пендаровски.Тој додава дека затворањето на границите и ограниченoто движење е проблем за економијата.Претседателот ги повика сите граѓани да ги почитуваат мерките, да останат смирени, рационални, одговорни и солидарни, за со заеднички напори да се победи епидемијата.Видео: Кабинет на Претседател 

Македонија | пред 6 години

Kosta-12

Костадинов: Не им се заблагодарувајте на банките

Коста Костадинов, портпаролот на СДСМ, им порача на граѓаните да не им се заблагодаруваат на деловните банки доколку тие им овозможат да не ги плаќаат ратите и каматите во наредниот кризен период. Тој на ФБ напиша:- Не се заблагодарувајте на банките, поздравете го потегот што некои од нив донирале, но заблагодарете си себеси што сте дел од системот на кредитирање и допринесувате вие лично во оваа криза.А после кризата...Банките би требало да нудат редовно, многу поефтини кредити на граѓаните, согласно прикажаните добивки...Е тогаш ќе се заблагодариме.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

Филипче: Засега нема потреба од поригорозни мерки, рано е за прогнози за замирањето на вирусот корона и кај нас

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека сегашните мерки кои се донесени се доволни, но дека во секојдневна комуникација со Комисијата за заразни болести, ќе се шират ако има потреба.На новинарско прашање за тоа  ако пикот се очекува на крајот на април,кога треба да очекуваме расплет и стабилизација во државава, ако во светски рамки Вухан веќе најави завршување на епидемијата, Филипче истакна:Сега е тешко да се предвиди дали во Кина некои градови или региони може да очекуваат и втор пик, има проценки дека заразата во Вухан може и да расте. Бројот на пациентите кои здравствениот систем може да го изржи ги чекаме студиите во однос на анализата на антитела дали може да се создаде колективен имунитет до појавување на вакцината во светски рамки за да можеме да изведеме заклучоци и прогнози за замирањето на вирусот корона и кај нас.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

filipce-2

(ВИДЕО) Филипче: Нови 44 заболени од корона вирусот, починале две лица од Куманово и Дебар

Министерот за здрaвство Венко Филипче на прес конференција ги презентираше најновите информации поврзани со Пандемијата на коронавирус .Во земјава потврдени се вкупно 44 новозаболени во последното деноноќие . Вкупната бројка во моментов на заболени изнесува 329 заболени. Од нив, најмногу има во Скопје. Вкупно 3518 тестови биле направени досега , соопшти министерот Филипче.Министерот соопшти дека двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар, починаа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 .–Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања, се наведува во инфорамцијата.„На клиниката за Инфективни болести се лекуваат 54 пациенти, 4-ца пациенти се критични, а 20 имаат потреба само од кислородна маска, останатите се со лесна клиничка слика без потреба од поддршка за дишењето.Со ова вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од вирусот во Македонија се искачи на 9. Досега се излекувани 12 лица.Во однос на прашањето кое што беше поставено вчера за пациентот кој почина на 31. година во анамнезата и документите на клиниката не стои дека докажал на тоа дека имал претходни заболувања, иако дознавме дека кај специјалистите кај коишто правел анализа укажал дека имал други проблеми“, кажа Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/677323936373289/?v=677323936373289&notif_id=1585666641264139&notif_t=live_videoфото: Архива

Македонија | пред 6 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Гостиварското обвинителство денеска обвини девет лица

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнен налог против девет лица за сторено кривично дело  – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Во одделни кривично правни настани, обвинетите  на 29.03.2020 година за време на полицискиот час со возила се движеле низ градот и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија.Надлежен јавен обвинител му предложи на Основниот суд во Гостивар да изрече парична казна за секој од обвинетите во висина од по 100 дневни глоби.​Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

LDPlogo-620x360

ЛДП: Владините мерки производ на демократска дебата, на ред е солидарноста на крупниот капитал

Во однос на вториот пакет на економски мерки кои ги најави Владата за ублажување на последиците од кризата предизвикана од Ковид-19, Либерално-демократската партија го поздравува пакетот економски мерки кој го усвои Владата, истакнувајќи ја важноста дека истите произлегуваат од демократската дебата која Македонија покажа дека може да ја води и во кризни моменти, се вели во соопштението од ЛДП.Добро е што Владата ги послуша сите оние кои говореа јавно и во рамките на владините тела дека мора да се усвојат балансирани мерки со кои ќе се поддржат граѓаните но и малите и средни бизниси со цел полесно надминување на кризата.Воедно ЛДП ги повикува големите и моќни компании како и оние кои можат да ја покажат општествената солидарност да го поддржат Фондот кој го направи Владата за надминување на кризата со Ковид-19.Во очекување на понатамошни мерки кои Владата ќе ги објавува зависно од развојот на настаните, ЛДП ја повторува важноста за континуиран придонес на сите чинители во општеството за почитување на мерките, но и за конструктивен пристап во доставувањето на предлози за заедничко надминување на кризата која не засега сите поединечно и како нација во целина.ЛДП ќе продолжи така да се однесува во рамките на Владата, се вели во соопштението од ЛДП.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

31032020_Spasovski_Pres_7

Владата го донесе вториот пакет економски мерки за справување со кризата за да се сочуваат колку што може повеќе работните места

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата 32-ра седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за сите мерки опфатени во овој втор сет мерки беа соопштение на прес-конференција на која говореше претседателот на Владата Оливер Спасовски, и на која учествуваа и  заменичката на претседателот и задолжена за координација на економските ресори Мила Царовска, министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, и заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.Обраќање на премиерот Спасовски на прес-конференцијата на која го презентираше комплетниот пакет економски мерки, ви го пренесуваме во целост:Коронавирусот драматично го промени животот во нашата земја. Сето тоа што го препознававме како нормално во јавниот живот, во социјалната интеракција и комуникација, сега е на тест. Како никогаш до сега.Светот ја преживува најголемата закана после Втората светска војна. Коронавирусот многу бргу ги премина националните граници и сега огромното мнозинство од државите и жителите на планетата се соочени со фатални и со тешки последици по нивното здравје.Оваа ситуација не соочи сите нас со многу прашања и грижи.Презедовме многу сериозни и драстични мерки. Некои од нив, како воведувањето на вонредната состојба и ограничувањата на движењето, беа резултат на тешки, но неминовни одлуки.Ваквите мерки дадоа резултати. Имаме линеарно ширење на вирусот и во голема мерка јасна претстава за шемата според која се шири.Сега е најважно максимално да се успори ширењето на вирусот. Да се развлече неговиот интензитет во месецот што е пред нас за да им дадеме оптимални услови за работа на нашите пожртвувани здравствени работници да ги згрижат нашите сограѓани кои што се заразени или ќе се заразат со коронавирусот.Голем број од нашите граѓани не одат на работа, нашите деца не одат во градинките, на училиште, на факултетите. Со првите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, мораше да биде прекинато работењето на голем број мали и средни претпријатија.Ова е нашиот паралелен фронт. Фронтот на кој ќе му се спротивставиме на коронавирусот за да го ублажиме економскиот удар.Фронт кој го отвораме за да обезбедиме функционирање на буџетот во секое сценарио на кризна економска состојба, за да обезбедиме ликвидност и финансиска инјекција за стопанството преку мерки за помош на работниците и стопанството, и да се сочуваат колку што може повеќе работните места на граѓаните.На денешната седница на Владата го донесовме вториот пакет, втор сет економски мерки за справување со кризата.Ова се економски мерки дизајнирани во широка консултација и суштинска дебата со членовите на Економскиот совет формиран токму за оваа цел, како и низ разговорите што ги имавме со деловната заедница преку стопанските комори, и низ одделните разговори со нашите врвни економски познавачи од академската сфера и со угледните и успешните стопанственици од реалниот сектор.Со мерката број 1 што денеска е утврдена на седницата на Владата се предвидува финансиска поддршка за правните субјекти од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19.Предмет на оваа финансиска поддршка е исплатата на платите на работниците кај работодавачот-барател на финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник, сразмерно на остварените ефективни часови поминати на работа.● Со мерката се поддржува ликвидноста на работодавачите од приватниот сектор, односно се намалуваат нивните трошоци за плати во функција на заштитата на работните места на работниците во услови на криза.●             Со цел спроведување на мерката ќе биде отворена Владина Програма за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19.●             Работодавачите, правни субјекти од приватниот сектор самостојно ќе ја исплатат платата на редовен начин преку алатката „Месечна пресметка за интегрирана наплата“ на Управата за јавни приходи.●             Работодавачите од приватниот сектор баратели на финансиска поддршка ќе треба да исполнат неколку услови за да ја користат мерката:●             Да не исплаќаат дивиденди на сопствениците; како и бонуси, годишни награди, награди за деловна успешност и сл. на вработените и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот.●             Да имаат најмалку 30% намалување на приходите споредено со просекот од минатата година, односно сезонскиот просек за работодавачите кои вршат сезонска дејност.●             За месецот за кој се бара финансиска поддршка, просекот на делот на највисоките нето плати на 10% од бројот на вработените кај работодавачот-барател на финансиска поддршка, да не надминува износ од 120.000 денари месечно по вработен.●             Дополнително:○             Финансиската поддршка не се однесува на оние вработени кои за месеците декември 2019 година, јануари и февруари 2020 година примиле нето плата повисока од 39.900 денари.Работодавачите што ќе добијат финансиска поддршка од оваа мерка имаат обврска истиот број на вработени што го имале во моментот на аплицирање да го задржат заклучно со месец септември 2020 година.●             Добиената финансиска поддршка нема да ја враќаат работодавачи што искажале загуба за 2020 година. За останатите враќањето е лимитирано до износ од 50% од добивката пред оданочување зголемена за оданочивите расходи.Оваа мерка ги опфаќа и медиумските правни субјекти од приватниот сектор, под истите услови.За самостојните вршители на должност, односно сите занаетчии како автомеханичари, фризерки, бербери и други, да имаат пристап до оваа мерка, ќе биде донесена дополнителна уредба.Субвенционирање на 50% придонеси на плата:За погодените компании воведуваме 50% субвенција на придонеси. Оваа мерка е алтернатива со нето плата.Критериумите за користење на двете мерки ќе бидат објавени во дополнителна уредба.Мерка 2 - Помош за спортиститеЗа сите спортски работници вработени во спортските здруженија, владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај.Мерка 3 - Помош за уметницитеЗа 141 самостоен уметник ќе биде обезбедена минимална плата за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.Мерка 4 - Месечна плата (паричен надоместок) за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникотЗа граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа паричен надомест секој месец во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и член 68 од овој закон, според кој граѓаните кои останале без работа ќе остварат надомест преку Агенцијата за вработување согласно нивните години работен стаж.На пример: За 5 години стаж, 4 месеци надомест, или за 24 години стаж - 12 месеци надомест.Мерка 5 - Сите избрани и именувани функционери ќе примаат минимална плата од 14.500 ден во април и мај 2020 годинаСите избрани и именувани функционери на државно и на локално ниво ќе земат минимална нето плата (сметано од декември 2019) од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година.Тоа значи: Претседателите на државата, на Собранието и на Владата, сите министри, заменици министри, државни секретари, директори на државни институции, пратеници, градоначалници, и сите останати избрани и именувани лица.Одредбите од оваа уредба не се однесуваат на именуваните лица согласно закон во јавните здравствени установи.Мерка 6 - Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции нема да примаат надомест за времетраење на кризатаПретседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции од извршната и локалната власт, како и претседатели и членови на советите на општините, и претседатели и членови на комисии формирани од извршната и локалната власт кои се истовремено некаде вработени, нема да земаат никаков надоместок додека трае кризата. Одлуката ќе важи додека Владата не донесе одлука за престанок на истата.Оваа мерка не се однесува за лицата што се невработени, и за кои овој им е единствен приход.Мерка 7 - Грижа за лицата во неформалната економија - Надомест од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економијаЗа оние лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија овозможуваме брз влез во системот на социјална заштита за месец април и мај. Тие ќе добијат просечно по 7.000 денари по домаќинство.Проценетиот опфат со новите мерки изнесува околу 20.000 нови домаќинства од неформална економија и 30.000 постоечки корисници.Мерка 8 - Се запира Законот за извршување до крајот на јуниСе суспендира односно запира законот за извршување до крајот на јуни. Извршителите ќе бидат должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија.Работодавците на должниците и носителите на платен промет се должни да запрат со постапување по издадени налози од страна на извршителите до крајот на јуни. Ова нема да важи само во случаи кога веќе парите се легнати на сметка на извршителите и тие ќе можат да ги префрлат парите на доверителите и во случаи кога се работи за алиментација за дете кон самохрани родители.Остварувањето на оваа мерката е веќе во тек.Мерка 9 - Одложување на кредитите кај банкитеНародната Банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) ја промени Одлуката за методологијата за управување со кредитен ризик со цел донесување на посебни одредби заради ублажување на последиците од вирусот Ковид-19.Со цел полесно спроведување на активностите донесени со Одлуката, а кои се однесуваат на преземање на активности од страна на банките за одложувањето на отплатите, репрограмирањето и договарањето помеѓу банките и нивните клиенти во услови на криза од вирусот Ковид-19,  Министерството за финансии и НБРМ во соработка со Македонската банкарска асоцијација подготвија Уредба за начинот на промена на договорни услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците, во која се дефинира начинот на спроведување на промените, која беше усвоена од Владина седница одржана на 26.03.2020 година.Со оваа уредба се овозможува банките на лесен и едноставен начин да ги одложат кредитите на своите клиенти без потпишување на анекси и без одење на шалтер и во физичките локации на банките.Банките на правните лица ќе им понудат поповолни услови како пролонгирање на отплатите, репрограм, грејс период, поповолна каматна стапка и слично, додека кај физичките лица банките ќе ги одложат отплатите на ратите на 3 до 6 месеци.Секоја банка ќе ја донесе одлуката на своите надзорни одобри и ќе ги извести своите клиенти.И оваа мерка е веќе во реализација.Мерка 10 - Намалување на ратата и репрограмирање на кредитите кај финансиските друштва и лизинг компаниитеОваа мерка предвидува кредитите на физичките лица да се репрограмираат со намалување на ратите во следните три месеци за 70% од ратата и со продолжување на рокот за отплата за најмалку 90 дена од доспевањето.За кредитите кај правните лица ќе се одлучува индивидуално со предлагање на најсоодветни поволности  согласно потребите на компаниите.  Нови договори за кредити да се одобруваат со 3 месеци грејс период. Законската затезна камата која до сега изнесуваше 51%, сега се намалува на 31%, додека останатите трошоци кои друштвата ги наплаќаат се ограничуваат на 20% од одобрениот кредит.Мерка 11 – Да се одложи плаќањето закуп за корисниците на социјалните становиПлаќањето на закуп на социјалните станови ќе се одложи за сите корисници, а исто така ќе се одложи плаќањето закуп и за граѓаните, додека за фирмите ќе се донесе посебна уредба за ова прашање.Мерка 12 - Дополнителни бескаматни кредити за фирмите од нови 8 милиони евраРазвојната банка на Северна Македонија, покрај 5,7 милиони ќе пушти и дополнителни 8 милиони бескаматни кредити зa микро, мали и средни претпријатија кои може да го земе компанијата во зависност од бројот на вработени.Максималниот износ на кредитот кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисок од 5.535.000 денари, односно 90.000 евра, а минималниот износ на кредитот не може да биде понизок од 184.500 денари, односно 3.000 евра.Кредитите ќе се одобруваат со рок на отплата до 3 години со вклучен грејс период од 12 месеци со намена за обртни средства. Отплатата на кредитот од страна на кредитокорисникот ќе се врши во квартални отплати.Кредитите се бескаматни и без трошоци за администрирање. Кредитите ќе бидат обезбедени со меница – авалирана од еден од сопствениците на кредитокорисникот, во форма на нотарски акт и со извршна клаузула.Мерка 13 - 50 милиони евра евтини кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија пласирани преку комерцијалните банки за заштита на ликвидноста на компаниитеВо рамки на тековниот договор за заем помеѓу Развојната Банка на Република Северна Македонија и Европската инвестициона банка, се овозможува користење на поволни кредити наменети за мали и средни претпријатија.Примарна цел на оваа кредитна линија е обезбедување на свеж капитал за поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз. Развојна банка ја пласира оваа кредитна линија преку деловните банки до крајните корисници, односно до мали и средни претпријатија и компании со средна пазарна капитализација.Во рамки на овој договор, Развојната Банка има можност за повлекување на неискористен дел од кредитната линија во износ од околу 50 милиони евра, со ниска каматна стапка, согласно доставени барања од страна на деловните банки. Со цел надминување на проблемите кои произлегуваат од новонастанатата состојба со појава на вирусот COVID-19 кој директно го погодува работењето на малите и средните претпријатија, државата презема мерка со која ќе ја субвенционира каматната стапка  на Развојната Банка кон ЕИБ,  како и административниот трошок од 0,5% кој Развојната банка ќе го пресметува кон деловните банки преку кои ќе се пласираат средствата од оваа кредитна линија.Со оваа мерка, Развојната Банка на Република Северна Македонија ќе  понуди каматна стапка од 0% на деловните банки кои  пак за оваа линија ќе одат со пониски маргини и ќе може за кредитите да нудат каматни стапки од околу 1.5%.Мерка 14 - Се забранува отворање на стечајна постапкаЗа време на кризата и 6 месеци по кризата се забранува отворање на стечајни постапки.Оваа мерка е веќе донесена.Мерка 15 - Задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор (за 2020) година, односно задолжително доискоростување на годишниот одмор од минатата година заклучно со мај 2020 година, кој ќе се одобрува од работодавачот.Мерка 16 - Формирање на солидарен COVID-19 фондВо Владата ќе биде отворена посебна наменска сметка за примање на донации од правни и физички лица кои ќе имаат можност и волја да донираат средства кои ќе се користат за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот.Ги повикувам сите правни и физички лица да бидат солидарни и да го помогнат овој солидарен фонд.Мерка 17 – Намалување на авторски хонорариЛицата кои по било кој основ се ангажирани преку авторски хонорари од страна на државните институции, кои се истовремено некаде вработени, ќе им се исплаќа 50% помал хонорар од договорот кој го имаат потпишано. Оваа мерка нема да се применува доколку лицето е невработено и примањата од авторскиот договор му се единствени примања.Почитувани граѓани на Република Северна Македонија,Коронавирусот удри по она што е наша глобална и заедничка карактеристика на која бевме толку горди и која во суштина му донесе на светот многу придобивки – меѓусебната поврзаност на светот. Заканата со која се соочуваме ни покажува колку сме ранливи и колку многу сме зависни од однесувањето на едни кон други. Нo, со самото тоа, сосема е јасно дека и одговорот на оваа закана е да останеме заедно во битката против оваа опасност.Мои сограѓани, целината е секогаш поголема од збирот на нејзините делови.Ова треба да го имаме на ум кога ги гледаме мерките, без разлика дали се тоа овие економски мерки кои ги носиме или мерките за спречување на ширење на коронавирусот.Ако останеме заедно и ако делуваме заедно, од оваа неволја ќе излеземе посилни.Затоа апелирам уште еднаш и уште посилно - да се придржуваме до правилата и препораките.Владата на Република Северна Македонија, како и до сега, ќе остане постојано алармирана и ќе го следи спроведувањето на сите мерки. Ќе ги одмеруваме резултатите на дневна основа. Ќе ги зацврстуваме процесите што даваат резултати и ќе ги прифаќаме сите добронамерни укажувања да направиме нешто подобро.Апсолутно сум убеден дека ќе ја совладаме оваа ситуација, истакна Спаовски.

Македонија | пред 6 години

bacev

(ВИДЕО) Бачев: Заев лаже за датум за ЕУ и помош од 70 милиони евра и за милијарди од ЕУ во изминатите 30 години - еве ги фактите

Прес конференција претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев. Тој во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија истакна:Во ова тешко време на здравствена катастрофа со коронавирусот, власта на СДСМ и Зоран Заев најбезобзирно водат вистинска специјална војна со која го замајуваат народот со геноцидната организација НАТО и со наводниот старт на преговори со Европската унија, истакна истакна Јанко Бачев.СДСМ и Зоран Заев три дена го лажат народот, за старт на некакви преговри и добиена помош од 70 милиони евра од ЕУ. Меѓутоа, тоа не е ништо ново. Зоран Заев штом отвори уста, лаже. Во овој случај најмалку од две причини:Прво, го повикувам Заев да го каже датумот, народот не гледа датум за старт на преговори со ЕУ. Формулацијата од европските бирократи од Брисел дека ЕУ ќе започне преговори со Република Северна Македонија е толку воопштена што никој жив не може да ја каже нејзината прецизна содржина, а прашање е дали некогаш ќе има преговори во услови кога ЕУ се распаѓа.Второ, го повикувам Заев да го покаже изводот од буџетската сметка каде се легнати 70 милиони евра од ЕУ. Нема ниту 7, а не пак 70 милиони евра. Тие од ЕУ не дадоа една заштитна маска а камоли 70 милиони евра. Се разбира, не мора мене да ми верувате, ама еве Заев нека го покаже изводот од буџетската сметка каде се пуштени 70 милиони евра. Во краен случај, тоа се јавни пари, не се државна тајна. Меѓутоа, ова е една голема лага.Ова со наводните силни пари кои ги дава ЕУ е веќе стара приказна во изминатите 30 години. Меѓутоа, во реалноста состојбата е обратна.Во 1990 година кога се срушија социјалистичките држави, богатите држави од запад практично воспоставија ново неоколонијално ропство спрема земјите од Источна Европа, во тој контекст и спрема Македонија и земјите од регионот. Во едни такви околности во изминатите 30 години ЕУ од Македонија и земјите во регионот има извлечено силни милијарди.На пример, поучен е случајот со Бугарија членка на ЕУ. Таму пред три години излегоа едни научни показатели дека богатите држави од ЕУ од Бугарија во изминатите десетина години имаат извлечено 25 милијарди евра, а во форма на донации назад имаат повратено околу 12 милијарди евра. Од Македонија, досега, во изминатите 30 години се извлечени околу 5 милијарди евра а во форма на донации се вратени назад околу 400 милиони евра и тие им служат во наменската кампања на ЕУ да го замајуваат народот или народски кажано да му ги замачкуваат очите. Па така, од време на време ќе слушнеме како ЕУ изградила некој селски пат, школо, амбуланта, а еден дел од тие пари им служат за купување на домашните политичари-марионети кои потоа верно им служат.Далеку од паметот е да се мисли дека има на запад некои луди германци, холанѓани, швеѓани кои ќе го полнат буџетот на ЕУ за да тие истураат тука силни милијарди во Македонија оти ептен се потресени да не направат среќни и весели. Ова е надвор од секаква човечка логика.Досега наведеното што го кажувам за лажните пари од ЕУ, да го илустрирам со неколку примери да не излезе дека ова е гола реторика. Ќе наведам примери од официјални државни органи во Македонија.На пример, на 24 септември 2015 ЕУ бомбастично објави дека и доделува на Македонија, внимавајте добро, 700 милиони евра за справување со мигрантите. Нешто покасно, на 14 март 2016, ЕУ дополни дека на Македонија и  доделува уште 50 милиони евра за справување со мигрантите. Меѓутоа, истиот ден дојде одговорот за оваа голема лага на ЕУ, и тоа не од било каде туку од најкомпетентно место - од кај претседателот на државата, тогаш Ѓорге Иванов кој рече дека ЕУ не доделила ниту цент помош за Македонија за проблемот со бегалците.Или друг пример, во контекст на војната во 2001 година. Истите актери од ЕУ преку т.н. Пакт за стабилност тогаш бомбастично најавија донаторска конференција од која очекуваат 200 милиони долари за Македонија, како награда, како што го нарекуваа тогашното храбро македонско раководство кое го склучи капитулантскиот рамковен договор. Но на крај, тогашниот премиер Љубчо Георгиевски и тогашниот министер за финансии Никола Груевски кажаа дека од донациите остана само ветувањата, не доделија од ЕУ ниту цент. Дури, уште во тоа време Георгиевски и Груевски кажаа дека овие од ЕУ всушност и се мајтапат со нив, бидејќи, како што рече Груевски првично им рекле донации а сега им нуделе кредитни линии со што само се зголемува задолженоста на земјата.Или друг пример. Јоханес Хан на 7 февруари 2018 бомбастично изјави дека ЕУ ќе додели над една милијарди евра за Западен Балкан за да се подготват за влез во ЕУ. Одлично. Убаво за слушање. Ќе ни дале една милијарда евра за да се подготвиме за влез во ЕУ. Меѓутоа, Хан си замина од функцијата, му истече мандатот, од парите ништо. Тогаш Хан уште рече: од 2007 до 2017 ЕУ вложила, внимавајте добро, 9 милијарди евра во Западен Балкан донации. Се разбира, во реалноста едно големо ништо. Во 2018 од ЕУ рекоа дека се доделени уште над 1 милијарди евра. На крајот на таа истата 2018 година, поточно на 18 декември, ЕУ обајви дека и дава на Македонија 70 милиони евра, и во таа прилика уште кажа дека до 2020 дополнителни 250 милиони евра за модернизација. Одлично, значи ќе не модернизирале. Меѓутоа, еве ја дојде 2020 година, од парите ниту цент.И да не редам повеќе примери, гледате почитувани, многу милијарди ветувања, а во реланоста - Тишина. Едно големо ништо. Ни пари, ни бутур.Но, мора да признаеме дека ЕУ има фантастична тактика. Бомбастично најавуваат силни милијарди кои убаво звучат за народот и ветувањата ги прикажуваат како парите да се веќе стигнати иако тоа останува само голема лага и ветувања. А домашните марионети во Македонија мора да молчат и да го лажат народот оти се под целосна контрола на странците. Впрочем, како што спомнав, со тие пари што ги враќаат во еден дел назад, всушност ги купуваат домашните политичари. Сите ние сме сведоци во изминатите 30 години, гледате нашите политичари влегуваат во власта како најголеми голтари а кога ќе им истече мандатот излегуваат како најголеми капиталисти.Да се навратам на почетокот за наводниот старт на преговори со ЕУ и наводните 70 милиони евра, а во средата Заев при гостувањето на една анционалан телевизија, мислам дека беше ТВ Сител, дури уште кажа дека влегуваат нови 2 милијарди евра од страна на ЕУ. Меѓутоа, ова голема лага од Заев посебно од ЕУ дека ни доделуваат пари, во моментот е од најмалку две причини: прво, очајно се обидуваат да му помогнат на Заев пред изборите и второ, ЕУ е свесна дека ја губи битката со Русија и Кина во регионот, народот се повеќе иднината ја гледа со државите како Русија и Кина и затоа пуштаат вакви убави приказни со истурање на милијарди евра во Македонија.За крај, почитувани браќа Македонци и сестри Македонки, почитувани државјани на Република МакедонијаНе наседнувајте на лажната пропаганда на Заев и европските бирократи од Брисел. Дури, Македонија и утре да стане членка на ЕУ пак ќе си биде исто. Доколку сами не си ја средиме внатре државата со чесни и честити политичари, бидете уверени дека никој од надвор нема да не направи држава со добар стандард.Да не дозволиме и на овие избори вакви белосветски политички и дипломатски битанги од Брисел и домашни измамници  како Заев да не прелажат, бидејќи, тогаш со голема жал ќе мора да си признаеме, до нас е,  до народот е.Едно треба да ни е јасно. Ако ја сакаме Македонија, нашата држава, нашата татковина, народот нема повеќе право на грешка на изборите, истакна Јанко Бачев.

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Германски центар за вирусологија: Короната не останува ни во воздух ни на овошје и зеленчук!

Центарот за вирусологија во Бон, кој работи во рамките на клиниката,  им ги соопшти на граѓаните првите резултати од истражувањето на вирусот, за да можат најдобро да ја проценат ситуацијата.Студијата спроведена од лекари во овој Центар откри дека коронавирусот не останува во воздухот, значи дека не може да се вдишува, не останува на овошје, зеленчук, леб, но дека главниот пат на пренесување е инфекција со капки. Ова може да се случи преку директен контакт со некоја личност, а честопати и преку контакт со рацете, ако потоа следува контакт на заразеното лице со носот, лицето.Носењето маски и раквици е индивидуална работа, но нема потреба од тоа, исто така, ако одржувате доволно растојание и ако редовно ги миете рацете при пристигнувањето.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-hrvatska

Корона вирусот мутира, засега има осум типа кои кружат на планетава

Новиот коронавирус мутира како и останатите вируси и засега има осум типа кои кружат на планетава, тврдат експертите, а добрата вест е дека мутациите не се смртоносни, вели Тревор Бедфорд, чиј портал NextStrain го следи геномот на вирусот со помош на примероци од целиот свет.Експертите го секвенционираат геномот на коронавирусот и откриваат видови што се појавиле, откако вирусот минатата година прв пат премина од животните на човекот во кинескиот град Вухан.Нивните трудови покажуваат дека висурот мигрира и се дели во слични, но и во нови поттипови, пишува американското списание „Ју-ес-еј тудеј“.„На прашањето дали вирусот генетски се менува, одговорот е апсолутно да. Прашање е дали се случила некоја промена која ја одредува насоката на движење на болеста или преносот или другите работи што се важни за луѓето,“ вели епидемиологот од „Харвард“, Марк Липсич.Новите типови се незначително променети и нема разлика во смртноста, истакнуваат експертите.„Вообичаената стапка на мутирање (околу две месечно) е сосем вообичаена за вирусите. Грипот обично има ист број мутации, понекогаш и повеќе,“ истакна Бредфорд.извор: Макфакс

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Највисоки бројки: 44 новозаболени и 2 починати во Македонија

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Куманово- 23, Скопје – 11, Тетово - 4, Битола- 3, Струга – 2 и Прилеп - 1.Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:•       Скопје- 175•       Дебар - 47•       Куманово - 47•       Штип- 14•       Тетово - 10•       Прилеп - 10•       Струга - 7•       Велес - 6•       Битола - 4•       Охрид - 3•       Кавадарци - 2•       Гостивар - 1•       Крива Паланка - 1•       Струмица - 1•       Гевгелија - 1Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.

Македонија | пред 6 години

om-barame-odgovornost

ОМ: МВР да открие кој ја уништи плочата на војводата Тома Давидов

На 15.03 група граѓани од Охрид поставија спомен-плоча близу Оздолени,  Охридско во чест на големиот војвода на ВМРО - Тома Давидов. За жал, плочата траеше само две недели. Таа беше уништена од вандали. Уништувањето на плочата на војводата Тома Давидов е чин на вандализам  и непочитување на сопствената историја, се вели во соопштението од Обрдинети за Македонија.Тие додаваат:Обединети за Македонија не може, а да не реагира на вакво ништење нанашата историја.Затоа, упатуваме апел до Министерството за внатрешни работи да го  расчисти случајот и да ги пронајде уништувачите за да одговараат пред  Законот.Никој нема право да уништува нешто што е потсетник на нашата борба за  ослободување.фото: Обединети за Македонија

Македонија | пред 6 години

Naum-IZJAVA-1410-2

Стоилковски: Дескоска да даде пример сите министри и функционери целосно да се откажат од платата и да заштедат над 5 милиони евра

Цела недела измина, а нема ниту збор од министрите и функционерите на Зоран Заев за предлогот тие целосно да се откажат од платите во овие тешки месеци и да одработат бесплатно за државата и за граѓаните, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Нема ниту збор од Оливер Спасовски за откажување од неговите 88.000 денари плата, ниту Шекеринска нема никаков збор за откажување од нето-платата од над 80.000 денари, Мила Царовска за нето плата над 73.000 денари, нема ниту збор од Рената Тренеска Дескоска дека се откажула од платата од над 73.000 денари и дека би работела про боно, Никола Димитров не кажува дали воопшто ќе поработи без платата од над 72.000 денари, или Дамјан Манчевски од над 70.000 денари плата и така натаму. Сите 26 министри молчат дали би се откажале од платите од 70 до 90 илјади денари!Нема ниту збор од државните функционери на СДСМ како Николче Тасевски, зетот на Рената Тренеска Дескоска дека целосно ќе се откаже од својот месечна плата од 188.000 денари, или три илјади евра, и ќе поработи про боно во овие тешки моменти. Нема ниту збор од функционери на СДСМ дека се откажуваат од платите и хонорарите во име на справувањето со кризата, со пандемијата и економската криза која што ја донесе.Дополнително, нема ниту збор дека министрите и функционерите се откажуваат целосно од привилегиите кои што одат со функцијата, како што се службени возила, телефони и репрезентации кои што ги прават и ги плаќаат со народни пари.Доколку министрите, заменик министри, директорите и членовите на управните и надзорните одбори работат без пари, и се откажат од своите плати, про боно, со тоа ќе се заштедат најмалку два ипол милиони евра месечно. Тоа вкупно би заштедело над пет милиони евра во државната каса за два месеци.Наместо демагогии, лицемерство и празни прес конференции, СДСМ и нејзините функционери нека започнат со личен пример, за почеток Дескоска, Спасовски, Шекеринска, Димитров нека се огласат дека се откажуваат од примањата и репрезентациите, а потоа нивниот пример нека го следат и другите заменик министри, директори и членови на управните и надзорните одбори од редовите на СДСМ кои што земаат пари од народниот буџет, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

Vladimir-Taleski

Владимир Талески осуден на 8 години затвор во „Траспортер“

Екс градоначлникот на Битола, Владимир Талески е осуден на осум години затвор. Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска судијката Добрила Кацарска ја изрече првостепената пресуда за случајот „Транспортер“, кој го покрена СЈО против Талески, и уште 20 лица.Предметот се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.Покрај талевски и останатите 20 обвинети со денешната пресуда се прогласени за виновни. Меѓу нив се раководител на сектор во Општина Битола во времето на мандатот на Талевски, поранешни директори на училишта и управители на фирми. Дел од нив добија затворски казни, дел условни.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

DSC_0031

(ФОТО) Донација од кинеската полиција за вработените во Министерството за внатрешни работи

Во рамки на повеќедецениската и извонредно добра билатерална соработка со кинеската полиција, a на претходно барање и остварена комуникација од страна на министерот Чулев, денеска преку амбасадата на Народна Република Кина во Скопје добивме донација во медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на нашите вработени кои што како што е познато заедно со здравствените работници се на првата линија во справувањето со актуелната епидемиолошка состојба предизвикана од т.н. корона вирус “Ковид 19“.Овој денешен чин  е уште еден показател за важноста и значењето  на поддршката и пред се солидарноста меѓу државите особено кога се во прашање заканите кои  глобални импликации, и чии што последици можат да бидат погубни , доколку не се реагира соодветно, благовремено и бескомпромисно.Во свое и во име на Министерството за внатрешни работи министерот Чулев изрази благодарностна пријателите од НР Кина за оваа хумана и за нас потребна донација со надеж дека и во периодот што претстои ке можеме да се потпреме едни на други во насока на глобално надминување на оваа пандемија.фото: МВР

Македонија | пред 6 години

31032020_Sredba_VRSM_3

Спасовски се сретна со претставници на Економско социјалниот совет, гранковите синдикати на ССМ и Организацијата на работодавачи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски присуствуваше и се обрати на редовната седница на Економско социјалниот совет составен од претставници на гранковите синдикати, членки на ССМ и на Организацијата на работодавачи, а во којшто Совет членуваат заменичката на претседателот на Владата, задолжена за економски прашања, Мила Царовска, претседателот на Економско социјалниот совет Ѓонул Бајрактар, заменик министер за труд и социјална политика,  дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкриељ.На состанокот е разговарано за актуелните предизвици во економијата, предизвикани од здравствената криза и за можните решенија за нивно надминување согласно постоечките можности.На средбата е поздравена инклузивноста на премиерот и на Владата, кои прават широки консултации со цел заштита на здравјето на граѓаните, како и на нивната егзистенција и за одржувањето на функционалноста на економијата.Констатирано е заеднички дека секој во државата треба да направи што е можно повеќе за да се преброди овој кризен период, што би значело пред се здравствена и егзистенцијална заштита на граѓаните, работниците, фирмите.„Врвен приоритет, како Влада, ни е здравјето и животот на граѓаните и на основа на тоа ги моделираме мерките што ги преземаме. Јасно е дека има и ќе има импликации по економијата, но донесовме еден, сега ќе следува и втор сет економски мерки, коишто, заедно со мерките во заштитата на здравјето на граѓаните, имаат за цел максимално можно обезбедување на граѓаните и од двата аспекта во овие моменти. Нема да дозволиме политичко профитерство. Носиме и ќе носиме внимателни, но храбри и праведни одлуки. Важно е да имаме единство и сплотеност на што повикувам, за да излеземе со што помалку последици и како граѓани и како држава од оваа специфична ситуација во којашто се најде нашата земја, како и целиот свет“, рече премиерот Спасовски.На состанокот беа сослушани проблемите со коишто се соочуваат работниците и фирмите и беше изразена заедничка определба за тесна соработка и меѓусебна поддршка и во иднина за сите натамошни чекори коишто ќе треба да се преземат.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

corona-virus-outbreak

Министерството за здравство отвори посебни сметки за донации

Министерството за здравство им се заблагодарува на сите кои досега со донаци во парични средства и добра дадоа поддршка во напорите на институциите за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата. Со оглед на бројните прашања и интересот за донации, министерството има отворено наменски донациски сметки.  За директна финансиска помош во парични донации за набавка на стоки, добра и услуги кои се потребни заради заштита на населението на Република Северна Македонија од коронавирусот средствата може да се уплатуваат на:Во денари:Сметка бр. 1900100434 785 K2;Депонент на: НБРМ;Приходна шифра бр. 744311;Програма бр. 10;Цел на дознака: „финасиска помош – КОВИД19“.Во американски долари:Correspondent bank details:CITIBANK NA NEW YORKAddress: 111 WALL STREET NEW YORKNY 10043SWIFT BIC:  CITI US 33Bank details:NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAAddress: Bl. “Kuzman Josifovski Pitu” br. 11000 SkopjeRepublic of North MacedoniaSWIFT: NBRM MK 2XFinal beneficiary:IBAN: MK07100701000006669Name: Ministerstvo za zdravstvoDetails of payment (:70):Во Евра:Correspondent bank details:DEUTSCHE BUNDESTBANK ZENTRALEAddress:Wilhelm Epstein Strasse 14,Frankfurt am MainGERMANYSWIFT BIC: MARK DE FFBank details:NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAAddress: Bl. “Kuzman Josifovski Pitu” br. 11000 SkopjeRepublic of North MacedoniaSWIFT BIC: NBRM MK 2XFinal beneficiary:IBAN: MK07100701000006669Name: Ministerstvo za zdravstvoDetails of payment:За сите поединци или компании кои се заинтересирани да донираат заштитна опрема, медицинска опрема или медицински помагала или материјали,  како и било какви други средства,  добра и услуги кои се потребни за справување со коронавирусот (2019-nCov), тоа може да го направат во директна соработка со одговорните од Министерството за здравство.За таа цел, Министерството за здравство има изработено листа на приоритети за набавки која може да се побара преку е-маил адресата на одговорното лице: sandra.velovska@zdravstvo.gov.mk . Тука можат да се добијат конкретни инструкции за постапката за донација.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Парична казна од 1000 евра за непочитување на здравствените прописи во Дебар

Основното јавно обвинителство Дебар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.На 29 март, обвинетиот 27-годишен жител на Дебар не се придржувал до прописите и наредбите со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19. Имено, непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија, тој се движел во близина на зградата на Општина Дебар за време на полицискиот час.Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд Дебар  да му изрече парична казна на обвинетиот. Постапувајќи по ваквиот предлог, Судот го огласи за виновен и на обвинетиот му е изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба е определена на 10 евра во денарска противвредност​.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

paridenari1

Регулаторна комисија: Додека трае кризата да нема исклучувања поради неплатени сметки

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги информира дека останува во сила препораката до компаниите кои што се вршители на енергетски дејности, како и до јавните претпријатија што се даватели на водни услуги поради состојбата со пандемијата Ковит 19 да се воздржат од исклучување на граѓаните од соодветните системи за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и вода поради неплатени сметки додека трае вонредната состојба.„Практично со ова известување сакам да им соопштам на граѓаните да бидат сигурни дека нема да има исклучување од струја, парно и вода додека вонредната состојба е на сила. Во исто време сакам да изразам благодарност до компаниите и јавните претпријатија чие работење е под надлежност на РКЕ кои веднаш позитивно одговорија на препораката и во овој периодот покажуваат солидарност и општествена одговорност кон потрошувачите“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е во разговори со компаниите да се изнајде најдобар модел за плаќање на сметките за режиски трошоци за март, април и мај се со цел да не им бидат на товар на потрошувачите.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

maska

СЗО: Не носете маска ако не сте заразени со коронавирус

Светската здравствена организација препорачува луѓето да не носат маски за лице, освен ако не се заболени од „Ковид-19“ или во случај да се грижат за некој кој е болен, објави Си-Ен-Ен.Од СЗО велат дека маските треба да ги носат оние кои се заразени или оние кои се во близок контакт со нив.Пораките се разликуваат од земја до земја. Генералниот хирург на САД ја молеше јавноста во февруари да престане да купува маски, додека земји како Јужна Кореја и Јапонија ги дистрибуираа во јавноста. Неодамна Чешка и Словачка дури ги направија задолжителни.Сепак, од СЗО не ги критикуваат земјите што советуваат носење маски. Но, во исто време, потенцира дека маските најчесто се злоупотребуваат, и како резултат на тоа нема да ги понудат предвидените заштити.На пример, носењето маска може да обезбеди погрешно чувство за безбедност, велат експертите, што доведува до тоа некои да станат помалку претпазливи во поважните мерки за хигиена, како што е миењето на рацете. Дополнително, отстранувањето на маска за да не го покрива повеќе носот или допирањето на надворешната страна на маската може да ја направи помалку ефикасна.Клучно е да запаметиме, велат службените лица на СЗО, е дека коронавирусот се шири преку капки, а не преку воздушен пренос.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

filipce-2

Филипче: Охрабрува линеарниот раст на заболени

Според министерот за здравство Венко Филипче, зголемувањето на бројката на заразени е очекувана, но добро е, вели тој, што бројот на случаи се зголемува линеарно што значи дека здравствениот систем има капацитет да ги прими сите пациенти.-Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува. Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот. Пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките, напишпа министерот на социјалната мрежа ФБ.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2351071931866493/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Парична казна за две лица од Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Предлог за издавање казнен налог против две лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите  на 25.03.2020 година за време на полицискиот час со возило се движеле низ градот и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија.За стореното кривично дело, јавен обвинител на Основниот суд во Куманово му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од по 50 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 20 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

titanik-3

По 3 и пол години затвор за обвинетите во „Титаник 3“

Паднаа првите пресуди против функционери од ДУИ за уништување на изборен материјал.Кривичниот суд изрече по три години и шест месеци затворска казна за обвинетите во Титаник 3 Ејуп Аљими и Исмет Гури. Пратеникот од ДУИ во распуштениот собраниски состав Ејуп Аљими денеска не дојде да ја слушне пресудата на скопска единица, објави Алсат М.Судот ги прогласи за виновни Аљими и Гури дека уништувале изборни материјали на локалните избори во 2013 година во Чаир. Тие ги преправале точните резултати на гласовите, па така за ДУИ конечните резултати растеле, на ДПА и на ВМРО ДПМНЕ се намалувале. Овие резултати биле пратени во Државната изборна комисија со цел да станат конечни, но не им успеало.Извор: Алсат Мфото: Алсат М

Македонија | пред 6 години

korona-hrvatska

Секој матичен лекар кој преку „Мој Термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19, доколку е позитивен точно ги знае насоките за негово следење

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар кој преку „Мој Термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19 ги добива резултатите на пациентот и доколку на пациентот му се одреди домашно лекување точно ги знае насоките за негово следење.За пациент на домашно лекување, матичниот лекар постапува по претходно утврден и усвоен протокол на стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.Согласно истиот, матичниот лекар има обврска да го контактира пациентот два пати во текот на денот, да го известува системот Мој Термин, кој потоа во форма на електронскиот извештај го испраќа во Министерството за здравство и до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.За потсетување, Министерството за здравство вклучи близу 1200 матични лекари во системот на детекција и следење на пациентите со коронавирус.Граѓаните кои имаат симптоми типични за Ковид-19, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, треба да се јават телефонски кај нивниот матичен лекар, а не да одат во ординација. Матичните лекари преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да бидат тестирани. Тестирањето го закажува матичниот лекар, преку системот „Мој термин“ со точно време и место за тестирањето.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

rodenden

(ВИДЕО) Роденденско изненадување за Пармаковска, во карантин

Писателката Фросина Пармаковска веќе неколку дена се наоѓа во државен карантин во хотелот „Ибис“ во Скопје, поради тоа што, како што кажа за Плусинфо, изминатиов период го поминала во Софија, Бугарија.Но, токму денешниот ден ќе го памети засекогаш. По повод нејзиниот роденден, вработените во хотелот ѝ приредија роденденско изненадување.– Навистина бев изненадена кога ги видов вработените во хотелот како стојат пред мојата врата и ми ја пеат роденденската песна. Најпрво не можев да сфатам што се случува и како воопшто знаат дека ми е роденден, но потоа ми кажаа дека датумот го прочитале во мојот пасош. Среќна сум! – вели Пармаковска за Плусинфо.Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА., а видеото ќе го пронајдете во самите коментари под фотографијата.Извор: Плусинфофото: Плусинфо

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања