Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

bezoska-1

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем има капацитет да испорача поддршка за населението и компаниите, денарот е и ќе остане стабилен

„Нашиот банкарски систем останува здрав и стабилен. Тој има капацитет да се справи со шоковите коишто ги предизвикува состојбата со коронавирусот.“ – истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за телевизијата 24. Последните расположливи податоци коишто датираат од почетокот на оваа година, како што посочи таа, потврдуваат висока капитализираност, висока ликвидност и висок квалитет на активата со којашто располага системот.„Адекватноста на капиталот е околу 17% - ниво коешто е повисоко од 2008 година кога економијата се соочи со голем шок. Учеството на ликвидната во вкупната актива е 27%, што исто така е повисоко во споредба со периодот пред глобалната економска криза. Квалитетот на активата на банките, којшто е значајна детерминанта на кредитната активност, е многу солиден. Тоа јасно се согледува преку нивото на нефункционални кредити коешто во моментот е околу 4,8% од вкупните кредитни изложености. Сето ова укажува дека нашиот банкарски систем има солиден капацитет со којшто може да ја испорача потребната поддршка за населението и корпоративниот сектор.“ – кажа Ангеловска-Бежоска.Во интервјуто, гувернерката говореше и за мерките коишто во текот на изминатите недели ги презеде Народната банка, при што одделно се задржа и на регулаторните измени со коишто се овозможува олеснување на финансискиот товар на кредитокорисниците. Како што посочи, пред да бидат донесени измените, беа спроведени и бројни анализи и стрес-тестови, за детално да се процени капацитетот на банкарскиот систем. „Истовремено се води грижа за одржувањето на финансиската стабилност и за овозможување поддршка на корпоративниот сектор и на населението.“ – истакна Ангеловска-Бежоска.Со намалувањето на каматната стапка на благајничките записи, како што нагласи гувернерката, дополнително се олеснуваат финансиските услови под кои кредитите се одобруваат и на претпријатијата, и на населението. „Во насока на поддршка на кредитната активност е и активирањето на нестандардната мерка насочена кон секторите од македонската економија коишто ќе бидат најпогодени од корона-кризата – кредитирањето на овие сектори го стимулираме со тоа што износот на кредитите ќе биде одбиен од основицата за пресметување на задолжителната резерва на банките.“ – напомена таа.Во интервјуто, Ангеловска-Бежоска потсети дека денарот е и ќе остане стабилен и дека нема да има промени на нивото на неговиот девизен курс. „Монетарната стратегија на одржување фиксен курс на домашната валута во однос на еврото е оптимална за нашата економија и токму девизниот курс овозможува одржување ниска и стабилна инфлација во нашата економија, а со тоа и испорачување макроекономска и финансиска стабилност.“ – рече таа.„Со години наназад, нашата централна банка одржува високо ниво на девизни резерви, што е гаранција за стабилноста на девизниот курс на домашната валута. Во моментов, како што и веќе соопштивме, нивото на резервите е нешто над три милијарди евра. Според сите меѓународни показатели, ова ниво упатува на адекватност на резервите и на капацитет за справување со било какви шокови во нашата економија.“ – укажа гувернерката, при што посети дека во 2008 година, кога економијата доживеа неочекувани шокови, нивото на резервите беше значајно пониско.Во завршницата на интервјуто, Ангеловска-Бежоска посочи дека Народната банка веќе активно работи на најновите макроекономски проекции, при што се имаат предвид сите очекувани ефекти од новонастанатата ситуација со пандемијата на ковид-19, како врз домашната економија, така и врз надворешното окружување. фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Levica-logo

Левица: Градоначалникот на Охрид да собере храброст да ја врши работата за која е избран

Несреќната изјава на градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Георгиески, дадена вчера во емисијата “Стадион” на “Канал 77” дека “ако утрe проба да ги руши дивоградбите во Охрид можеби некој ќе го убие”, најпластично ја илустрира импотентноста и немоќта на владејачката партија пред урбаната мафија предводена од нивниот коалиционен партнер ДУИ, се вели во соопштението од Левица.Во сред пандемија, кога се соочуваме со можеби најголемата криза во последните 30 години од Бихаќка уште сега сигнализираат дека статусот на Охрид во УНЕСКО е спремен да се жртвува на олтарот на голата желба за власт и профит интересите на нивниот коалиционен партнер – ДУИ. Имено, узурпацијата на Охридското крајбрежје продолжува и сега, при што пред неколку дена објавивме дека само на неколку метри од спорниот објект на советникот Нефи Усеини забрзано се гради нов цврст објект, во време кога беснее епидемија.Потребно е градоначалникот Константин Георгиески да “собере храброст” и да си ја врши работата за која е избран и да ги почитува правниот поредок на Република Македонија. Ако се чувствува неспособен да си ја извршува функцијата, тогаш не ни требало ни да се кандидира на избори и веднаш после завршувањето на кризата треба да си поднесе оставка. Ваквото терање политика “се по старо” и одржување на статус-квото, покрај тоа што веќе е непожелно кај народот, истото и прави дополнителен товар за Охриѓани. Заедно ќе ја пребродиме кризата со корона вирусот Ковид-19 и заедно ќе ја пребродиме и кризата СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ која ја тресе Македонија последните три децении, се вели во соопштението од Левица.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

cveke

Цвеќарите бараат помош од владата

Ние, здружените производители на сезонско саксиско цвеќе, режано цвеќе и саден материјал од повеќе региони во земјата, би сакале да Ве информираме за загрижувачката состојба во нашиот земјоделски сектор.Заради експанзијата на вирусот Ковид-19, мерките кои се на сила и неможноста на граѓаните (клиентите) да дојдат донашите производи, се соочуваме со финансиска катастрофа и со опасност од целосен колапс. Принудени сме да отпочнеме со уништување на пролет-лето реколтата, бидејќи не постои опција да пласираме и да продаваме цвеќе, се вели во соопштението од производители на цвеќе.За да биде појасно, оваа алтернативна земјоделска гранка брои десетици компании, стотици вработени, огромни вложувања во опрема и инфраструктура, се развива континуирано од осамостојувањето на државата, а во споредба со другите земјоделски гранки изложена е и на највисоки оданочувања.По интензивни  консултации со постојаната потсекторската група на производители на цвеќе и украсни растенија формирана при МЗШВ, а во интерес на нашиот опстанок и егзистенцијата на стотици вработени во овој сектор, со цел намалување на штетните економски последициод Ковид-19, предложивме сет на мерки со кои бараме итна и конкретна реакција од министерстото за земјоделство, министерството за економија, министерството за финансии, Владата и кризниот штаб.Истовремено би апелирале граѓаните и оваа сезона да продолжат со купување на нашите производи. Тоа е исклучително важно во оваа криза, бидејќи секој купен производ е значаен придонес и директна поддршка на земјоделците од оваа гранка.Уверени сме дека во надминување на предизвиците со коишто се соочува нашиот сектор ќе наидеме на поддршка од медиумите, се вели во соопштението од производители на цвеќе.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

327745-vecherva-vo-vila-vodno-kje-zasedava-sovetot-za-bezbednost

Денеска седница на Советот за безбедност

Денеска во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче, министерката за финансии, Нина Ангеловска и министерот за економија, Крешник Бектеши.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ подава рака за санирање на последиците од пандемијата и економската криза

ВМРО-ДПМНЕ подава рака за санирање на последиците од пандемијата и економската криза.       Повеќе од јасно е дека СДСМ и Заев не знаат и не можат да се снајдат во целата ситуација во која се наоѓа државата поради корона вирусот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Дупката во буџетот постојано се поместува. Една милијарда и 200 милиони евра за кои Заев зборуваше до пред некој ден, за неколку дена станаа преку 2 милијарди евра.Повеќе од јасно е дека оваа влада нема ниту стратегија, ниту план, а за тоа ВМРО-ДПМНЕ веќе три години предупредуваше.Решението не е во удирањето по џеб на работниците кои и сега едвај преживуваат.ВМРО-ДПМНЕ нуди помош на владата,  а исто така и на државата кое се состои од неколку  чекори.Првиот чекор е  благајничките записи од околу 25 милијарди и 200 милиони денари, веднаш да бидат откажани за месеците кои што следат и наместо тие благајнички записи да бидат запишани државни хартии од вредност кои што ќе ги издаде министерството за финансии и ќе имаат рок од еден месец и така секој месец тие ќе се обновуваат и продолжуваат.Вториот чекор е средствата кои што беа уплаќани во вториот задолжителен приватен пензиски фонд со уредба на владата да бидат пренаменети и наместо во вториот задолжителен приватен пензиски фонд од први април да бидат уплаќани во државниот задолжителен пензиски фонд. На тој начин ќе се обезбедат 10 милијарди денари кои што ќе гарантираат стабилна, сигурна и навремена исплата на пензиите на пензионерите.ВМРО-ДПМНЕ подава рака да се санираат сите последици од пандемијата и од економската криза во која се наоѓа државата. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е во овие услови да се крене стопанството и да може да се одржи економијата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

infektivno

Инфективното одделение Охрид: Согласно алгоритмите на МЗ - Инфективното одделение не исполнува услови да се третираат тешки пациенти

По скандалозниот настан со пациентката од Струга која почина, а не беше примена во Општата болница во Охрид, се огласија и од Инфективното одделение Охрид.Дописот кој го испратија го објавуваме во целост:-Во врска со починатиот пациент од село Татеши - Струга , како и наводите во медиумите дадени од страна на директорката на ЈЗУ Охрид,Инфективното одделение Охрид, се произнесува за следното: За пациентот прв пат се добија информации од страна на Епидемиологот кој преку телефонски контакт со матичен лекар од Струга, добил инфомација дека пациентот кој бил во самоизлоација повремено кашлала и има температура, па затоа и бил закжан брис на грло преку мој термин за 26.03.2020 година во Болницата во Струга.Од страна на Министерството за здравство имаме добиено алгоритми за работа со пациенти, кои што нашето одделение ги почитува во целост. Бидејќи се работело за пациент кој бил во контакт со потврден случај од Дебар за Covid – 19 и во овој случај постапено е во целост согласно алгоритамот за постапување со ваков вид на пациенти и е побарано да биде извршено тестирање од чиишто резултати ќе зависи понатамошнотото постапување. До нас, до денешен ден не е доставен за пациентот упат, ниту во електронска ниту пак во хартиена форма, која информација може да се провери на ситемот од Мој термин (дали до наша страна е креиран упат) додека на истиот ден од Болницата во Струга од интерно одделение со брза помош ни се пратени две пациентки со уредно креиран упат со пропратна документација кој понатака, согласно алгоритмот на Министерството за здравство, беа препратени до Клиника за инфективни болести Скопје.Да појаснеме дека согласно алгоритмите на Министерството за здравство Инфективното одделение во Охрид не исполнува услови да се третираат тешки пациенти, односно пациенти со компликации, ова од причина што не поседуваме нити медицински помагала и апарати, нити пак соодветен персонал. Истите треба да се препратат до Клиниката во Скопје. Имајки предвид дека пациентката била во Болницата во Струга на 26.03.2020 година, за да и биде земен брис од Регионалниот центар за брисеви – Струга поминала низ дел од Здравствениот дом во Струга, а контактирала и со медицинскиот персонал, па може да се заклучи дека истата била во стабилна состојба, дошла во придружба на нејзиниот сопруг и заедно се вратиле, ова од причина што доколку пациентката била во критична состојба или самата ќе побарала помош или пак од страна на медицинскиот персонал во Струга немала да биде пуштена, односно би била задржана во болничките простории или пак упатена до инфективното одделение.Во моментот кога пациентот дојде до нашиот оддел во придружба со други лица беше исто така во добра општа состојба и самата одеше. Истакнуваме дека истата беше донесена со приватно возило а не со возило на Брза Помош, нити пак со придружба на возило од МВР имајки во предвид дека била особа во самоизолација, изложувајки и други лица на ризик да бидат заболени со Covid 19 вирусот. Бидејќи истата не поседуваше упат, ни во хартиена форрма, ни во електронска форма, согласно алгоритамот за постапување со пациенти од ваков тип, на истата и беше укажано дека ќе мора да ги причека резултатите од тестот па потоа да биде постапено согласно резултатите. На ден 26.03.2020 година, предпладне е земен брис од пациентката, а во попладневните часови на истата и се влошила состојбата, и од страна на нејзиниот матичен лекар била известена дека требало да дојде на нашиот оддел, меѓутоа нема креирано ниту електронски ниту пак рачен упат. На 27.03.2020 година пациентката воопшто не се јави во нашето одделение.Воедно укажуваме дека во тој момент на одделените веќе имаше лежечки пациенти со друга етиологија кој што не беа одстранети, а воедно при нашето одделение нема услови за третирање пациенти коитшо имаат потешка клиничка слика од Covid – 19 односно одделението има само еден влез, и за персонал и за пациенти, па се поставува прашањето кој ќе беше ризикот по останатите пациенти кои не боледуваат од Covid 19 и кој ќе беше ризикот по вработените, а како најважно чија ќе беше одговорноста доколку вирусот се проширеше по останатите болни и персоналот, имајки предвид дека во таков случај Инфективното одделение во Охрид ќе ги имаше прекршено препораките и алгоритмите на Министерството за здравство и кои ќе беа последиците и колкав кластер на новозаболени ќе имавме на оваа територија. Од наша страна за состојбата на одделението неколку кратно е реагирано до Управата на Општа Болница Охрид, како и до самото ресорно Министерство во однос на недостигот на кадар и опрема, меѓутоа до денешен ден од страна на надлежните органи не се дадени никакви напаствија за постапување со пациентите ниту пак е испратен дополнителен кадар или опрема за справување со ваквата состојба.Воедно известуваме дека инфективното одделение во Охрид, редовно постапува со сите пациенти кај кои постои сомнение или пак е е утврдена зараза со Covid 19, како и со сите останаи пациенти. Во изминативе денови пристигнаа неколку пациенти од Струга и околината со брза помош, како и еден пациент со приватно возило, а имајки ја предвид нивната здравствена состојба во моментот, сите беа прегледани а потешките препратени во Клиниката во Скопје.За крај во целост ги демантираме наводите на поранешната директорка на ЈЗУ Охрид дадени во медиумите на ден 30.03.2020 година во врска со тоа дека а е утврдено прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент кој побарал здравствена заштита, а се однесува на здравствен работник во Инфективното одделение кој бил на работа во времето кога пациентката е донесена на преглед, како и тоа дека за пациентката од страна на матичниот лекар бил издаден упат на 25-ти март, ова од причина што до доставувањето на ова известување до медиумите од наша страна, инспекциски надзор во нашето одделение се уште не е извршен, а овие наводи е невозможно да се потврдат или отфрлат без да се утврди дали во нашиот систем постои упат или не и дали тој упат се однесувал на земање на брис или пак за лекување на инфективното одделение, како и ред други работи.По однос на наредбата од страна на директорот ја известуваме јавноста дека истата се почитува во целост од моментот на нејзиниот прием од наша страна . По однос на немањето на минимални технички услови и соодветни простории до директорката е реагирано во неколку наврати, меѓутоа повратен одговор немаме добиено, за што навремено се известени и Министерството за здравство и Министерот, се вели во дописот од Инфективното одделение од Охрид.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Tase

Дали д-р Христијан Трпчевски имаше или немаше корона вирус, останува отворено прашање, за кое медицината треба да одговори?

Во изминативе денови, навистина се соочувавме со страв, неизвесност и голема одговорност. По позитивниот резултат на д-р Христијан Трчевски, без двоумење, за доброто на сите нас и на нашите пациенти, одлучивме сите да заминеме во домашна самоизолација и да ни бидат земени врисеви за испитување, објави прим. д-р Таше Трпчевски на официјалната ФБ страна на болницата Плодност, Битола.Во продолжение на објавата пишува:Во домот живееме како петточлено семејство, јас со мојата сопруга Гордана, синот Христијан, снаата Емилија и малото бебе. Сите петмина, вклучувајќи го и бебето, бевме тестирани од корона вирусот. На д-р Христијан Трпчевски, во само 6 дена, тоа му беше трето тестирање.За радост на целото семејство, сите пет резултати кои пристигнаа вечерва, а беа земени во саботата, се НЕГАТИВНИ и сите сме во добро здравје.Минатиот понеделник, пред една недела, кај д-р Христијан Трпчевски, тестот беше негативен. Во петокот позитивен, а во саботата, кога сите се тестиравме, повторно негативен. Дали д-р Христијан Трпчевски имаше или немаше корона вирус, останува отворено прашање, за кое медицината треба да одговори. Иако фамилијарно сите сме лекари, немаме одговор на оваа состојба.Ја споделуваме оваа радост со Вас, но и покрај негативните резултати, нашето семејство ќе остане во самоизолација. Секако и Болница „Плодност“ ќе биде подолнително третирана со дезинфициенти и отворена на 13 април.Им се заблагодаруцаме на сите кои не поддржаа во овите тешки моменти. Исто така, им се заблагодаруваме на епидемиолошкиот и инффектолошкиот дим на лекари од Битола, на чело со д-р Тони Коњановски, кои се грижеа максимално и ни даава поддрша и совети по неколку пати дневно.Останете во добро здравје, седете дома и имајте позитивна мисла, се вели во објавата на прим. д-р Таше Трпчевски.https://www.facebook.com/BolnicaPlodnost/photos/a.238898252843040/2980413565358148/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

28022020_VRSM_12_Sednica_na_Vlada1

Вработените лица кои одат на работа со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со тешка или умерена интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на...

Владата на Република Северна Македонија на својата 31-ва седница го разгледа барањето на Министерството за труд и социјална политика и донесе заклучок со која се задолжуваат сите органи на државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, вработените  лица во овие институции кои одат на работа со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со тешка или умерена интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работните активности.Владата им препорача на единиците на локалната самоуправа, како и на јавните претпријатија основани од општините овие лица и во овие институции да бидат ослободени од должноста на доаѓаат на работното мести и од работните активности.Истата мерка Владата им препорачува да ја применуваат и компаниите од приватниот сектор.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

hranilki-1

(ФОТО)Општина Бутел постави хранилки за бездомни кучиња на 12 локации

Во овие тешки времиња, кога многумина внимаваат за своја безбедност и своето здравје, надвор остануваат многу гладни бездомни кучиња кои секојдневно страдаат. Имено, Општина Бутел заедно со АМОС ШЕЛТЕР, започна иницијатива да им помогнеме на гладните и бездомни кучиња. Денеска беа поставени 12 уреди за хранење на локации што ги предложија граѓани кои секојдневно ги хранат животните во Бутел. АМОС ШЕЛТЕР во соработка со Општина Бутел, секојдневно ќе врши достава на храна за бездомните кучиња на сите 12 локации која ќе им послужи да ги надминат овие тешки времиња, каде што фрекфенцијата на луѓето е намалена а поголем дел од рестораните се затворени. Во овој момент има доволно храна, но во иднина секој што сака да ги нахрани кучињата ќе може храната да ја остави во садовите кои се наоѓаат на сите фрекфентни локации во наслебите на општината. Ова ќе биде една од многуте вакви иницијативи во иднина каде ќе се обидеме да им помогнеме на што е можно повеќе бездомни животни.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10216534600696751&set=pcb.10216534601736777&type=3&theaterфото: ФБ Велимир Смилевски

Скопје | пред 6 години

kucinja

Владата донесе измени-миленичињата ќе може да се шетаат за викенд од 20:00 до 20:30 часот, но најмногу 100 метри од домот

Сопствениците на домашни миленици ќе имаат дозвола за време на викендите да ги шетаат милениците половина час од 20 до 20:30 часот, одлучи Владата. Тие нема да смеат да се оддалечат од живеалиштето повеќе од 100 метри и да се групираат со други лица.-На денешната седница донесовме измени на уредбата за ограничено движење за да им се излезе во пресрет на домашните миленици – за време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање, соопшти техничкиот премиер на Твитер, Оливер Спасовски.Оваа измена доаѓа по реакциите на сопствениците на домашни миленици на мерките за забрана за движење кои ги донесе Владата за да се запре заразата од ширење на корона вирус за викенди која се спроведува од 16:00 до 05:00 часот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

slavjanka

Петровска: МВР ќе побара казна, притвор и затвор за несовесни поединци, кои загрозуваат туѓи животи

Заменик министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска на денешната заедничка прес конференција со минситерот за здравство Венко филипче рече дека утре ќе поднесе кривична пријава за Ф.К. кој на Табановце влегол во земјата на почетокот од март и иако требало да биде во самоизолација, за што своерачно потпишал, истиот тоа не го сторил, со што го прекршил Кривичниот законик.-Неодговорните и несовесни поединци, кои, загрозуваат туѓи животи, нема да бидат поштедени и за нив МВР ќе побара казна, притвор, па и затвор, изјави Петровска.Министерката додаде дека веќе е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство против Ф.К.„МВР ќе ги истражи и сите сопственици на фирми, кои поседуваат ноќни дозволи за работа. Доколку се утврдат неправилности, сопствениците ќе одговараат кривично пред институциите. Нема да дозволиме неодговорни и несовесни поединци да ги изигруваат институциите, напротив, тие луѓе набрзо ќе го добијат одговорот од истите институции“, изјави Славјанка Петровска.фото: Prtsc

Македонија | пред 6 години

06032020_VRSM_Filipce_pres

Филипче: Располагаме со сосема доволен број на тестови за корона вирус

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека Македонија располага со сосема доволен број на тестови за корона вирус.-20.000 теста како донација веќе се на пат кон нашата земја, освен тестовите со коишто и сега располагаме и 5.000 тестови донација од една приватна наша лабораторија којашто ќе се вклучи во системот на изработка на анализите, на брисевите земени од пунктовите ширум државата, рече Филипче.Министерот потенцираше дека од денеска работи уште еден пункт за тестирање во Скопје, во поликлиниката во Чаир, а од среда, пак, ќе почне да работи тој во Млин Балкан. Филипче истакна дека капацитетот на тестирање во Скопје ќе биде двојно поголем.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

06032020_VRSM_Filipce_pres

(ВИДЕО) Филипче: Осум вработени во Заводот за рехабилитација се заразени со ковид-19

Добрата вест е денеска што од клиниката за инфектовни болести се испишани излекувани 9 пациенти. Истите се испартени на домашно лекување со добра клиничка слика. За жал има уште една смртен случај 79 годишен пациент од Дебар. Инаку денеска се потврдени 26 случаи. По градови во Дебар 1,Скопје 19, Куманово 3 и Крива Паланка тројца. Досега вкупно потврдени во земјава сега изнесува 285 лица.  Вкупно заразени се 285 пациенти – рече министерот.истакна предмалку на денешната прес конференција Венко Филипче.Минситерот додаде дека има почината пациентка и во општата болница Струга која имала хронична респираторна болест, но не дијагностицирана со КОВИД 19 вирусот. По смртта е земен брис а резултатаите се очекуваат.Минситерот истакна дека поради пропустот на Општата болница во Охрид, разрешена е старата директорка а на нејзино место назначен  е нов директор во болницата а тоа е  хирургот Горан Балевски.Министерот на денешната прес конференција истакна  дека Заводот за рехабилитација во Козле во следниот период нема да работи откако тестовите на 8 медицински лица покажале позитивни наоди на  ковид-19.Како што кажа тој, позитивни на коронавирус се и двајца пациенти од тоа одделение, а денеска се тестирале уште 16 пациенти хоспитализирани во Заводот.„Сите пациенти на кои ќе им биде потребна ваква форма на терапија ќе се упатуваат во болницата „8 Септември“,  истакна министерот Филипче. https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/954731544958131/?v=954731544958131&notif_id=1585477767063023&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

Damjan-Mancevski1

Бројот на вработени во јавниот сектор за 2019 година изнесувал 132.900 лица

Бројот на вработени во јавниот сектор за 2019 година изнесувал 132.900, распределени во 1.324 институции.Од нив 20.169 вработени во МВР, во Армијата, во Агенцијата за разузнавање, во Агенцијата за национална безбедност и во Управата са финансиска полиција. Преку агенциите за привремени вработувања во институциите од јавниот сектор работно биле ангажирани 3.222 лица и не влегуваат и вкупната бројка на вработени јавниот сектор.За ова денеска информираше министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој рече дека извештајот го објавува согласно законската обврска. Тој појасни дека податоците од безбедносните служби неможат да бидат детално обработени поради безбедносни причини.– Бројот на вработени во органите на државната власт во 2019 година изнесувал 16.522 лица, наспроти вкупната бројка, како што рековме 132.900. Тоа значи дека со статус на јавна администрација се овие 16.522 лица. Ова е со други зборови централната власт. Анализата на бројот на вработени во вкупниот јавен сектор по дејност покажува дека најголем процент се во дејноста, образование, односно 32 процента, здравство 18 проценти и во Управата каде што се 15 проценти, истакна Манчевски.Министерот информираше дека бројот на вработени во јавниот сектор во 2019 година за разлика од 2018 е зголемен за 832 лица, односно за 0,6 проценти каде се зголемува бројот на висококвалификуван кадар.– Поточно во однос на 2018 година зголемен е бројот на вработени со високо образование за 932 лица, за 229 магистри и за 23 доктори на науки. Најголемиот број на новите вработувања во 2019 година биле во дејноста здравство. На ниво на сите органи во состав на министерствата како основа на јавната администрација споредено со 2018 година вкупниот број на вработени е намален за 72 лица. Ова значи дека новите вработувања се прават согласно потребите на институциите по сектори каде што е најпотребно и се вработуваат лица кои се со високо образование и во служба на сите граѓани, истакна Манчецски.Министерот информираше дека во акционерските друштва во целосна државна сопственост вкупно се вработени 8.800 лица, од кои 8.545 на неопределено време, 83 на определено и 182 преку агенциите за привремени вработувања, кој број е намален во однос на 2018 година. Овој број на вработени, појасни Манчевски, не влегува во анализите од јавниот сектор. Извор: МИА

Македонија | пред 6 години

30032020_VRSM_NATO_postavuvanje_na_makedonsko_zname-1

СДСМ: Ја исполнивме нашата стратешка цел, станавме дел од најмоќниот безбедносен сојуз во светот

Македонското знаме, од денеска, заедно со знамињата на останатите 29 членки на Алијансата, се вее пред седиштето на НАТО во Брисел. Ова е историски момент за сите наши граѓани. Во овие тешки моменти, кога се соочуваме со пандемија од коронавирусот, како држава, како граѓани имаме причина да бидеме горди, се вели во соопштението од СДСМ.Ја исполнивме нашата стратешка цел, поставена уште во далечната 1991 година. Станавме дел од најмоќниот безбедносен сојуз во светот.Како држава поминавме тежок и трнлив пат, се соочивме со низа препреки и предизвици.Но, со одговорните и успешни политики што ги спроведе СДСМ и претседателот Зоран Заев, успеавме.Обезбедена е нашата иднина, загарантиран е територијалниот интегритет и суверенитет на Северна Македонија, а тоа значи сигурни и безбедни граници и мир во државата.Пред нас е да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот, а потоа продолжуваме уште позасилено со европската агенда, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zname-nase-nato

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија и им го честита членството во НАТО

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија и им го честита членството во НАТО, што преставува остварување на нашата стратешка определба и е резултат на исполнети реформи и вложен макотрпен труд на многу генерации претходно, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.НАТО преставува нашиот заеднички бедем и организација каде Македонија може да ги реализира нејзините стратешки интереси.Реалноста е дека македонските граѓани денес се чуствуваат понижени и обесправени, со огромна потреба од промени кои ќе донесат стабилна иднина, реформи и нов политички израз кој ќе значи промена на сликата за криминал, растечка корупција и воспоставување на политика на принципи и вредности.ВМРО-ДПМНЕ како партија чиј фундамент е слободата, правдата и принципите ќе продолжиме да работиме и да се бориме за овие цели. Нашиот сон и нашата кауза за слободна и напредна Република Македонија е она на кое што се обврзуваме, а тоа значи дека нашата борба продолжува, затоа што Македонија го заслужува, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

14

Единствена Македонија: Тажно и опасно, денес власта ја стави Армијата на погрешна страна на историјата како топовско месо на НАТО

Денеска е тажен и опасен ден со официјалното приклучување на Македонија во НАТО, спротивно на волјата на поголем дел од македонскиот народ и државјаните на Република Македонија. Да потсетиме, на референдумот на 30 септември 2018 народот кажа дека не сака членство во НАТО и ЕУ и промена на името. Но, марионетската власт во Скопје купена и инсталирана од странски центар најгрубо ја погази волјата на народот дека не сака во геноцидните евроатлански организации кои бришат цел еден македонски народ од светската мапа на нации, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Со денешниот ден македонската војска се става на погрешна страна на историјата, бидејќи, македонските војници сега ќе се користат како топовско месо, а територијата на Македонија како НАТО-база во интерес на генцоидните проекти на НАТО со кои се рушат држави и народи во светот.Но, ако е за утеха, војниците на Армијата на Републка Македонија да бидат спокојни. Доаѓа ново време, време на новата легална власт на Единстевна Македонија која ќе ја спречи оваа налудничава идеја на марионетската влада во Скопје и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели.Единствена Македонија ветува дека ќе ја придвижи Република Македонија кон меѓународни организации согласно волјата на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 6 години

doktor-2

Струмички доктор на „Фејсбук“ се фалеше дека мисли на пациентите, а во пракса не отиде да анкетира граѓани вратени од Германија

Докторот Гоце Христов од струмичката болница кој пред 15 дена преку фотографија се пофали дека тој работи и мисли на пациентите, односно е дека е на нивно располагање, одбил да направи интернистичка анкета на граѓаните кои вчера пристигнаа од Германија и се сместени во струмичкото село Банско каде ќе бидат 15 дена во карантин.Христов на социјалните мрежи го критикува здравствениот систем, велејќи дека болницата во која работи има само 4 интернисти кои се грижат за 150.000 луѓе. Но, и покрај ваквата критика, тој вчера на директорот на струмичката болница, Наќе Гогов му објаснил дека има приватни обврски, како и дека користи мерка од Владата, па не може да ја заврши задачата. Наместо него, анкетите ги правеле докторката Цветанка Тушева и специјалист интернист Методиј Иванов.„А1он“ исконтактира со докторот Христов, кој одговори на повикот, но не сакаше да каже зошто одбил да ја направи интернистичката анкета иако јавно се пофали дека е на располагање на граѓаните. Прашан дали е партиски активист или приврзаник на ВМРО-ДПМНЕ, тој кажа дека е на работа и има обврски, по што го прекина повикот.Текстот во целост на: А1ОН

Македонија | пред 6 години

infektivno-2

Малеска Стојадиновиќ преку соопштение објаснува: Сите раководители беа задолжени да обезбедат соба за изолација за сместување на лица заразени со коронавирус

Поради споменување на моето име како и името на институцијата ЈЗУ Општа болница-Охрид во изминативе два дена чувстувам одговорност да ја информирам јавноста за досегашното работење на болницата и раководниот тим од денот на донесување на мерките и препораките од Владата за спречување на шитењето на коронавирусот, се вели во соопштенито од директорката на Општата болница Охрид, Славица Малеска Стојадиновиќ.Поради најавата за нејзино разрешување Стојадиновиќ во продолжение на соопштението додава:Општата болница Охрид и раководниот тим од денот на донесувањето на мерките во врска со состојбата настаната со епидемијата на коронавирусот и препораките на Владата за спречување на вирусот има подржано повеќе состаноци со Комисијата за интерхоспитални инфкеции во состав од епидемиолог и спец. инфектолог по што се донесени повеќе заклучоци и изготвени протоколи за постапување на сите оддели и одделенија во склоп на болницата.Исто така сите раководители се задолжени да обезбедат соба за изолација за сместување на лица за кои постои сомнеж дека се заразени со коронавирус. Инфективното одделение при болницата, како одделение кое згрижува пациенти со инфективна патологија, доби протокол за постапување со лица заболени од коронавирус од страна ма Министерството за здравство и беше обезбедена неопходна опрема за лична заштита на персоналот која одговара на работните задачи кои се зивршуваат во дадениот момент.Од моја страна како директор на Општа болница Охрид покрај спроведените горенаведени мерки е изготвена писмена наредба во која се наредува на раководителот и вработеите на инфективното одделение непрекинато да укажуваат здравствена заштита на сите лица кои ќе се обратат за лекарска помош. Во врска со објавените наводи во одредени медиуми за непостапувањето односно непружањето на здравствената заштита од страна на специјалистите на инфективното одделение од наша страна најостро го осудуваме секое непостапување согласно Законот за здравствена заштита, се вели во соопштението од Општа болница Охрид.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

cair

(ВИДЕО) Полициски час во Чаир, дали не виделе колку часот или ....

На социјалните мрежи се појави видео од скопската населба Чаир за време на полицискиот час во земјава. Според снимката може да се забележи како полициско возило се движи по една уличка на која има голем број на луѓе, кои откако го видоа веднаш побрзаа да влезат во своите домови.Под видеото има многу коментари. Погледнете со што се соочила полицијата за време на полициски час во Чаир.https://www.facebook.com/fari.utd/videos/10157996982361341/фото: ФБ

Скопје | пред 6 години

zname-nase-nato

(ВИДЕО) Македонското знаме подигнато пред седиштето на НАТО

Македонското знаме подигнато пред седиштето на НАТО, откако земјата стана и официјално 30-та земја членка на Алијансата Церемонијата помина без медиуми, а на неа се обрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.„30 знамиња ќе се веат пред НАТО. Ова е историски момент за Северна Македонија и доаѓа после години на посветеност и заложба за реформите. Приклучувањето на Алијансата е важно за Северна Македонија, за стабилноста на западниот Балкан и за меѓународниот мир и  безбедност. Во времиња како ова пријателите и сојузниците се најважни, а Северна Македонија ги има најдобрите пријатели и сојузници. Посилни сме заедно. Добредојдовте во НАТО!“, истакна  Столтенберг.https://twitter.com/jensstoltenberg/status/1244611900203204608?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1244611900203204608&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fmakedonija%2Fpolitika%2Fmakedonskoto-zname-se-razvea-pred-sedishteto-na-nato-vo-briselКревањето на знамето го следеше и македонската Влада по што кусо обраќање имаше премиерот Оливер Спасовски.„Знамето на Република Северна Македонија се развиори пред седиштето на НАТО. Во последните три години донесовме големи одлуки со кои станавме подобра држава и подобро општество. Еве ја и наградата. Држава која ќе остане искрен и добар сосед, сојузник на кој секогаш ќе можат да сметаат. Наша должност е да им оддадеме признание на сите кои ни помогнаа. Ова посебно се однесува на претходниот претседател на Владата, Зоран Заев, на нашите пријатели САД. Од денеска ние сме НАТО“, рече Спасовски.видео: Влада

Македонија | пред 6 години

korona-hrvatska

26 нови случаи на коронавирус во земјава, почина 1 пациент, 9 пациенти се излекувани

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.Денеска од  Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19  имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома.Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата.Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

30032020_IS_pres-konferencija-2

Филиповска-Грашкоска: Спроведени 7.633 надзори, над шеесетина трговци ја намалија зголемената цена на лимоните

Во периодот од 23-27 март годинава шест Инспекторати спроведоа вкупно 7.633 надзори во различни сектори низ цела држава со цел да се гарантира почитување на мерките и препораките на Владата за заштита од КОВИД-19.Претседателката на Инспекцискиот совет,  Магдалена Филиповска-Грашкоска, денеска на прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од спроведените инспекциски надзори.„Во периодот од овие четири дена инспекторите од Државниот пазарен инспекторат засилено работеа на терен и извршија вкупно 5.155 надзори. При тоа се затворени вкупно 22 угостителски објект во Скопје, Куманово, Гостивар и Тетово. Државниот пазарен инспекторат покрај контролите на угостителските објекти и на трговците со одлука на Влада е задолжен да ги контролира и замрзнатите цени на одредени производи. За периодот од 23-27 март овој инспекторат во соработка со инспектори од Управата за јавни приходи направија вкупно 928 надзори на цените. Во периодот од овие 4 дена кај над шеесетина трговци е утврдено покачување претежно на цената на лимоните и истите по укажувањето ги вратија старите цени од 11 март. Истовремено по излегување на терен од страна на инспекторите е констатирано и дека има голем број неосновани пријави за зголемени цени на лимони кај одредени трговци. Со оглед на тоа дека располагаме со ограничен број на инспектори замолуваме пријавувањето да се прави само кога навистина има реални непочитувања на владините мерки“, рече Филиповска-Грашкоска.Претседателката на Инспекцискиот Совет истакна дека Државниот инспекторат за труд во периодот од 23-27 март реализираше вкупно 748 контроли при што се донесени 13 решенија и 48 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата. Трудовиот инспекторат констатира дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораки за заштита на вработените од КОВИД-19.Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од овие 4 дена изврши вкупно 246 надзори.„Во овој период од издадени се вкупно 2.774 дозволи за влез на професионални возачи на товарни возила во Република Северна Македонија. Овие дозволи се потребни за непречено снабдување на државата со неопходните стоки, но под посебниот протоколарен режим при патувањето и при влезот во земјата донесен од страна на Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Констатирано е дека возачите се придржуваат на пропишаните препораки за заштита од КОВИД 19“, рече Филиповска-Грашкоска.Претседателката на Инспекцискиот совет рече дека Агенцијата за храна и ветеринарство во периодот од 23-27 март спроведе вкупно 367 надзори.„Изречени се 19 казнени мерки едукации поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна од овластени институции. Работа на вработени без здравствен преглед за санитарна книшка при што вработените се веднаш отстранети од објектот како и не водење на записи за добра хигиенска пракса(ДХП). Исто така издадени се 4 решенија на месарници и маркети за констатирана лоша општа хигиенска состојба и е состојба и е наредено веднаш спроведување на дезинфекција, дератизација и дезинсекција“, рече Филиповска-Грашкоска.Државниот инспекторат за транспорт во периодот од 23-27 март направи вкупно 183 надзори. При тоа констатира дека меѓуопштинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран, односно неговиот интензитет е намален за околу 90%. Забележан е случај на прекршување на препораките на Владата за намалување на капацитетот на превоз за 50%. Поточно еден авто-превозник не ги почитуваше препораките за преполување на бројот на патници при превоз, и преземени се соодветни мерки. Меѓународниот линиски превоз на патници е во целосен прекин и нема постојан престој на граничните премини.„МАЛМЕД во периодот од 19-22 март изврши вкупно 36 надзори. Нема специфични отстапувања, секторот ги почитува препораките, се одржува ред во аптеките, се дозволува влез на ограничен број на лица во аптеките. Цените се согласно препораките и одлуките на Владата. Инспекторите ја следат состојбата секојдневно. МАЛМЕД ги поканува граѓаните и сами да пријават неправилности доколку наидат на невообичаени практики“, рече Филиповска-Грашкоска.Инспекциските служби продолжуваат интензивно со сите свои капацитети да работат на терен.„Уште еднаш порачуваме дека секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран, без исклучок. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат. Повикувам на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас“, апелираше Филиповска-Грашкоска.„Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 9.658 надзори во периодот од овие 4 дена и продолжува со истата динамика на контролирање. При тоа се затворени вкупни 21 угостителски објект во Скопје, Куманово, Битола, Кочани, Гостивар и Струга. Овој инспекторат покрај контролите на угостителските објекти и на трговците со одлука на Влада е задолжен да ги контролира и замрзнатите цени на одредени производи. За периодот од 19-22 март Државниот пазарен инспекторат направил вкупно 869 надзори на цените на производите . При тоа кај одредени трговци од малопродажба е констатирано промени на цени, но веднаш се задолжени да постапат по одлуката и истите ги вратиле старите цени од 11 март“, рече Филиповска-Грашкоска.Филиповска-Грашкосока истакна дека во периодот од 19-22 март Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вкупно 111 надзори. Во овој период од 4 дена издадени се вкупно 5.130 дозволи за влез на професионални возачи на товарни возила во Република Северна Македонија.„Овие дозволи се потребни за непречено снабдување на државата со неопходните стоки, но под посебниот протоколарен режим при патувањето и при влезот во земјата донесен од страна на Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Констатирано е дека возачите се придржуваат на пропишаните препораки за заштита од КОВИД 19“, рече Филиповска-Грашкосока.Претседателката на инспекцискиот совет посочи дека Државниот инспекторат за труд во периодот од 19-22 март спровел вкупно 463 контроли при што се донесени 11 решенија и 20 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата. Трудовиот инспекторат од вчера ги интензивираше посетите на производствените погони коишто добија препораки за заштита на вработените од КОВИД-19.„Со цел навремено да се вршат контролите и да се проверат што е можно поголем број на субјекти, Управата за јавни приходи ги стави на располагање сопствените капацитети и ресурси на Државниот пазарен инспекторат“, рече Филиповска-Грашкосока.Агенцијата за храна и ветеринарство во периодот од 19-22 март спроведе 189 надзори. При тоа во два објекти констатирана е работа на лица без санитарни прегледи, неправилно означување и неводење записи. Во три објекти констатирани се неправилности во однос на општата хигиенска состојба во објектите, а во 8 месарници констатирани се неправилно декларирање на месото, несоодветен термички режим на чување на месото.Државниот инспекторат за транспорт којшто истото така ги има зајакнато контролите на терен, констатира дека нема промена кај меѓуопштинскиот сообраќај, односно истиот се одвива со намален интензитет од 68-80% , а меѓународниот линиски превоз на патници е во целосен прекин.МАЛМЕД (Агенцијата за лекови) во периодот од 19-22 март изврши вкупно 9 надзори. Од овие надзори би ги издвоила следењето на доставата на подлоги за брис од Институт за јавно здравје Скопје до инфектологот во ЈЗУ Општа болница Дебар и доставата на лекови во овие две општини.„Инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат интензивно да работат на терен. Порачувам дека секој, без исклучок кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат. Повикувам на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас“, рече Филиповска-Грашкосока.На прес-конференцијата присуствуваа и директорите на државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, на државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова, на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Висаре Риза, на Државниот инспекторат за труд, Аљадин Хавзиу, на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини и на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.Со цел да се гарантира целосно почитување на мерките и препораките на Владата за заштита од ширење на коронавирусот инспекторите продолжуваат со интензивни надзори на терен.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

Arsovski-Dimce

Арсовски: Договорите покажуваат енормно висока цена, за лет до Загреб, споредено со Минхен, Малта, воено профитерство

Невидено е до сега и нечуено, хуманитарните акции кои ги организира било која Влада во светот да бидат платени и на терет на оние кои што им се даваат. Откако се испофали целата Влада на СДСМ дека со хуманитарни летови ќе ги врати граѓаните од светот кои се заглавени поради корона вирусот, почнавме да гледаме и почнавме да слушаме сведоштва од патниците, дека секој хуманитарен лет и секоја една хуманитарна карта сами си ја плаќаат граѓаните по стотици евра. Многу повисоко што чинат од реалните цени, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Очигледно за овој хуман гест некој од Владата треба да добие соодветна награда.Да се навратиме на цените за авиопревозниците.Очигледна е нервозата на Рашковски и целата Влада во врска со обелоденувањето на вистината за висината и цените на чартер летовите кои што се актуелни сега. Еве ќе земеме за пример цени за само 3 дестинации од каде се враќаат македонските граѓани во Скопје.Цената на чартер летот од Малта до Скопје чини 25.000 евра по авион.Цената на чартер летот од Минхен до Скопје чини 32.000 евра по чартер авион.А пак, цената на летот од Загреб кој што е најблиску до Скопје чини цели 42.500 евра по чартер авион.Едноставен пример, нема човек што не знае, а патувал со авион дека лет во еден правец од Загреб до Скопје чини само 100-тина евра. Авион со 180 патници, какви што впрочем има компанијата Визер и за секој еден патник картата да чини 100 евра колку што отсекогаш чинела, целиот чартер авион би требало да чини околу 18.000 евра.Каде е останатата разлика од 24.500 евра конкретно за летот од Загреб до Скопје? Класично воено профитерство и печалење на грбот на граѓаните.Пропратено со нехумано третирање и нехуман однос кон патниците кои сами си ги плаќаат трошоците за целото патување.Од сите страни гледаме сведоштва за нехумано третирање, каде што со часови патниците чекаат во автобуси, без храна, без вода, без дозвола да одат во тоалет. Откако ќе пристигнат во хотелите наменети за карантини, во една соба, на брачни кревети се сместуваат по двајца луѓе кои прв пат се гледаат. Не знаат дали едниот или другиот има симптоми на корона вирусот.Која е поентата да имаш карантин ако сместуваш во една соба по повеќе луѓе?Најважно во моментов за нас сите, за граѓаните е да помине оваа криза и да се сочува здравјето на граѓаните најдобро што може. Дури потоа се ќе излезе на виделина и целиот сомнеж за криминал ќе биде посебна тема за разговор каде што целиот сомнеж ќе се префрли во правосудните институции откако ќе ги тргнат канџите Заеви, истакна истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

bolnica-Struga

Жена починала на интерното одделение во Струга, се испитува дали причината е корона вирус

Една жена од Лабуништа ,  вчера попладнето починала на интерното одделение во Струга. Се  уште се испитува дали причината е КОВИД 19, односно посмортем е земен брис кој е на анализа, изјави за Телма заменик министерот за здравство Арменд Аслани.Тој додаде дека  таа веќе лежела на интерната клиника во Струга со други здрвствени проблеми, но се појавиле проблеми со респираторните органи, по што починала.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања