Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

infektivno-2

Утврдено прекршување од страна на дежурниот лекар во случајот со починатата стружанка

Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврдил прекршување кај дежурниот здравствен работник од охридската болница во случајот со починатата стружанка од коронавирус, соопшти директорката на инспекторатот, Иринка Сотирова на денешната прес конференција.Сотирова потенцираше дека вонреден инспекциски надзор кој почнал вчера сеуште трае.–  Инспекцискиот надзор се уште трае, но од досега добиените информации утврдено е прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент, се однесува на здравствен работник кој бил дежурен во времето кога пациентката е донесена на преглед. Точно е дека матичниот доктор има издадено упат. За сите други прашања ќе одговорам и ќе го информирам министерот во извештајот што ќе биде подготвен денеска затоа што се уште се земаат изјави од сите оние кои работеле тој или следниот ден на Инфективната болница во Охрид, истакна  Сотирова.По обелденувањето на овој случај, министерот за здравство Венко Филипче најави разрешување на директорката на Охридската болница, а предмет за овој случај  отвори и Јавното обвинителство.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

tramp

Трамп: Ако бројот на мртви биде под 100 000, ќе завршиме добра работа

Ако успееме да го задржиме бројот на мртви од коронавирусот под 100 000 тоа ќе значи дека е направена добра работа, изјавил американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа, јавува „Гардијан“.На прес-конференција во Белата куќа Трамп рече дека неговата администрација ги намалила претходните процени за евентуална смртност во САД од ковид-19 од претходните 2,2 милиони, и процени дека, ако Соединетите Американски Држави успеат да го ограничат тој број на 100.000, тоа би значело одлично сработена работа.Препораките за социјално дистанцирање поврзани со пандемијата, кои беа воведени на две недели и требаше да завршат следната недела, тој ги продолжи до 30 април.„Соединетите Држави ги прошируваат упатствата до 30 април за да запре ширењето на коронавирусот. Ништо не е полошо од предвременото прогласување победа“, рече Трамп.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

DSC_0008-1

Странец се шетал во Тетово за време на полициски час

Странски државјанин е откриен на улица на подрачјето на Тетово, за време на полицискиот час, инфомираат од СВР Тетово. Според тетовска полиција се работи за 43-годишник од Република Албанија, а покрај него најдени се уште три лица како го прекршуваат ограничувањето на движењето низ Тетово.- Во периодот 29/30 март од 7 до 7 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, четири лица ја прекршиле одлуката за ограничено движење. Сите се лишени од слобода и задржани за целосно расчистување и документирање на случаите, по што ќе им се изготват соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.Од воведувањето на полицискиот час во Тетовско регистрирани се вкупни 56 случаи на прекршување ограничувањето на движењето.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

avtobus-1

Денеска со два лета од Виена и Базел пристигнуваат 360 наши сограѓани, еве каде ќе бидат сместени

Владата на Република Северна Македонија подготви безбеден и строго контролиран автобуски превоз за нашите сограѓани кои ни пристигнуваат денеска со летовите од Виена и Базел.За 180 патници од летот од Виена во 13:55 часот, обезбедуваме транспорт со автобуси со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, до хотелите „Дрим“ во Струга и „ЕСМ Славија“ во Попова Шапка, каде граѓаните ќе престојуваат следните 14 дена во задолжителен државен карантин.Согласно протоколите за државни карантини, 180 наши граѓани кои денеска пристигнуваат со летот од Базел во 20:25 часот, со автобуси ќе се упатат во хотелите „ЕСМ - Попова Шапка“, „Алпина“ во Маврово и „Цар Самоил“ во Банско, каде ќе поминат 14 дена во изолација.На нашите сограѓани во државен карантин им посакуваме здравје и што полесно да го поминат карантинот, а до сите останати сограѓани апелираме да ги следат мерките за заштита и да останат во своите домови.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

РКЕ: Поскапува дизелот, бензините поевтини

Регулаторната комисија за енергетика објави дека од вечерва на полноќ бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1 денар за литар и ќе изнесува 48,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе поевтини за 1,5 денар на изнесува 50,5 денари за литар.Цените на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари на 46 и 35 денари за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,153 денари и ќе изнесува 18,891 денари за килограм.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

DSC_0008-1

Казни за непочитување на здравствените прописи во Скопје

Против две лица Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози заради сторени кривични дела – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Првиот обвинет, на 18 март, на граничниот премин Деве Баир, враќајќи се од Бугарија, потпишал изјава дека ќе се самоизолира во траење од 14 дена во неговиот дом во Крушопек. Но, не постапил според прописите и наредбите на Владата со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID-19. На 19 март, при полициска контрола, 42-годишниот обвинет не бил затекнат во неговиот дом.Вториот обвинет, пак, на 24 март во 23:50 часот не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, па со патничко моторно возило Фолксваген голф се движел по локалниот пат од Кондово кон Сарај. При обид да биде контролиран од страна на полициски службеници, обвинетиот 29-годишник, не застанал и продолжил да се движи.Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на двајцата обвинети да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Agim-nuhiu

Нухиу: Петмина вработени во МВР заразени со коронавирус

Вирусот Ковид-19 почна да напаѓа и во Министерството за внатрешни работи.Потврдено дека имаме позитивни 5 вработени во полицијата, додека во Полициската станица "Петровец" постои реален ризик, Напиша на својот ФБ профил заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на својот Фејсбук профил.Тој ги повикуваме вработените во полицијата за поголемо внимание во соочувањето со настанатата состојба!https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2880830205337291&set=a.775004605919872&type=3&theaterФото: ФБ Агим Нухиу

Македонија | пред 6 години

lisici

Уапсен радовишанец кој побегнал од струмичкиот затвор

Радовишанец на возраст од 24 години по кој била распишана потерница поради бегство од срумичкиот затвор, бил пронајден и уапсен во текот на вчерашниот ден.Како што информираат од МВР, на 29 март во 16:30 часот, полицајци од полициската станица Радовиш го уапсиле 24-годишниот Ф.Ј.Во вечерните часови уапсениот бил предаден во струмичкиот затвор, за отслужување на неговата казна.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

doktorka

Српска докторка: Пред мојата врата имам бришач натопен во вода и варикина, така вирусот не го внесувам дома

Постојат многу прашања поврзани со коронавирусот чиј одговор го бараме, а на дел од нив одговори српската докторка Ивана Милошевиќ, заменичка директорка на Клиниката за инфективни болести во Белград.-Водам сметка да не влегувам дома во работите со кои сум била на работа, доколку е тоа можно, секако. Не одам по одделението во капут, секако постои униформа. Она што го преземав е пред мојата врата да има бришач и раствор, комбинација од вода и варикина. Доаѓам од болница и не треба така да влезам дома, рекла докторката во интервју за српска телевизија.А, колку вирусот може да се задржи на амбалажа? Што да се прави со ќесите донесени од набавка? – прашала водителката.-Се однесувам исто како и претходно. Кога ќе се вратам од продавница, ги ставам ќесите на свое место, ги мијам рацете. Нема таа амбалажа да ја ставате во уста. И да има вирус на неа, суштината е во хигиенските мерки, но пред се во редовната хигиена на рацете. Ако вирусот се најде на рацете, ние нема да се разболиме ако не го внесеме во рспираторниот тракт или конјуктивитот, рекла докторката.

Слајдер | пред 6 години

licna-karta

Од денеска личните карти и возачките дозволи ќе бидат доставувани на домашна адреса

Личните карти и возачките дозволи од денеска ќе има можност да се достават на домашна адреса на граѓаните. Ова не важи и за пасошите за кои е потребно да се остави отпечаток на прст при подигање на документот.Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев најави дека од денеска ќе биде сменет правилникот за да се овозможи оваа услуга.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pendrecki

„Охридско лето“ по повод смртта на маестро Кшиштоф Пендерецки „Охридско лето“ по повод смртта на маестро Кшиштоф Пендерецки

Светски познатиот полски композитор Кшиштоф Пендерецки почина на 86 години, по долга и тешка болест.Неговата смрт не е поврзана со коронавирусот.– Иако личноста која се грижеше за него беше позитивна на коронавирусот, резултатот од неговиот тест беше негативен, изјави неговата ќерка Беата.Пендерецки е најмногу познат по делото „Тужбалица“, посветено на жртвите од Хирошима, и „Пасија по Лука“.Тој е познат по музиката што ја компонираше за филмови, како што се „Егзорцист“ на Фриткин, „Сјаење“ на Кјубрик, „Диви во срцето“ и „Внатрешна империја“ на Линч, „Катин“ на Вајда…Добитник е четири греми награди, последната во 2016 година.Фестивалот „Охридско лето“ се огласи по повод смртта на светски познатиот полски композитор и диригент Кшиштоф Пендерецки.-Светот на уметноста се збогува со еден од најголемите светски уметници на денешницата. Славниот Пендерецки е еден од најголемите уметници кои настапиле на фестивалската сцена на „Охридско лето“. Легенда која ќе остане запишана во фестивалската историја на најславните уметници со кои Охридско лето го изгради својот голем успех. Токму неговото име е едно од оние великани со кои годинава ќе се одбележат 60 години успешно постоење на фестивалот, стои во соопштението од Фестивалот. Маестро Пендерецки на „Охридско лето“ настапи во 2013 година, а неговиот концерт беше оценет како збиднување со исклучителни уметнички вредности, реализација на фестивалскиот концепт во Охрид да дојдат и настапуваат најзвучните имиња од светската класична музичка. -Вечно ќе му бидеме благодарни на овој музички гениј за неговиот неповторлив настап на 53-то издание на Охридско лето, во годината кога кога низ целиот свет се реализираа концерти токму по повод јубилејните 80 години од неговото раѓање. Токму затоа неговиот настап даде посебен белег на „Охридско лето“, но и придонесе за светска афирмација на нашата држава, стои во соопштението. Во богатиот творечки опус Пендерецки најпознати дела се „Тужбалица“, посветено на жртвите од Хирошима, оперите „Луденските ѓаволи“ и „Убу Рекс“, вокалните композиции „Страста по Лука“ и „Полски Реквием“. Дел од неговото творештво е и филмската музика, меѓу кои за „Егзорцист“ на Фриткин, „Сјаење“ на Кјубрик, „Диви во срцето“ и „Внатрешна империја“ на Линч, „Катин“ на Вајда… Тој ја компонираше и музиката за отворањето на 29-те Олимписки игри во Пекинг во 2008 година. Добитник е четири греми награди, последната во 2016 година. Концертот на Пендерецки со Македонската филхармонија одржан на Охридско лето е прогласен за „музички настан“ во државава за 2013 година.фото: In4s 

Магазин | пред 6 години

DSC_0008-1

МВР: Забраната за движење на ниво на цела држава изминатото деноноќие не ја почитувале 242 лица

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (29/30.03.) на територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 112 лица потпишале изјави за самоизолација. Oд страна на полициски службеници извршени се  контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице, во самоизолација, не било затекнато во својот дом.По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 242 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 95 лица, опоменати се 37 лица, а за останатите се изготвени записници.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

120190520_075956

Времето денеска сончево со облачност, попладне дожд

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од  -1  до 5 степени, а дневната темпертура ќе се движи од 9 до 19 степени.Најстудено ќе биде во северозападниот дел, додека најтопло во крајните јужни делови со температура од 5 до 19.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

dzip

ПСС спасила возач кој учествувал на трка со Off-Road мотори

Денес во 12:15 ч. оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид прими повик од страна на група возачи на планински Off-Road мотори, кои побараа помош за член од групата, кој доживеал несреќа и се стекнал со сериозни повреди на левата натколеница. Местото на несреќата беше лоцирано со помош на GPS координати, по што беше мобилизирана три члена екипа од ПСС, која веднаш се упати на терен. По околу 30 минути Off-Road возење, групата беше лоцирана. И покрај лошите теренски услови, повредениот беше целосно имобилизиран и транспортиран безбедно до специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид, на понатамошен третман. Акцијата заврши во 14:30 ч. со безбедно враќање на тимот во центарот на Планинската Спасителна Служба.Поради вонредната состојба, која владее во државата, предизвикана од пандемијата со корона вирусот, тимот на ПСС применуваше дополнителни заштитни мерки за време на интервенцијата, а ја користиме оваа прилика, уште еднаш да апелираме до сите љубители на планината, да се воздржат од авантури и да останат дома, заштитувајќи го своето здравје, но и здравјето на останатите служби, кои делуваат во ургентни ситуации. За да не се повторуваме, во продолжение го споделуваме линкот од апелот кој го објавивме на 25.03.2020 година.Планинската Спасителна Служба е секогаш подготвена да помогне во случај на несреќа, но во овие тешки моменти за човештвото, Ве повикуваме да ОСТАНЕТЕ ДОМА, со што Вие ќе ни помогнете нам.Со надеж за брзо надминување на кризата и заеднички планински дружби,извор: Планинска Спасителна Служба при Црвен крст Охрид

Македонија | пред 6 години

zoran

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Позитивна вест

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс.Силата на човековиот дух се преиспитува во најтешките животни ситуации. Кога доминираат маките, тешкотиите и опасностите, клучно е да владееме со самите себеси и да нè дозволиме стравот, немирот и паниката да го опфатат нашето битие. Самосвеста, дисциплинираноста и одговорноста се исклучително значајни категории на однесување кои можат да ни помогнат да се извлечеме од кризата.Од состојбата на нашиот ум зависи како ќе им пристапиме на заканите и дали со својата неодговорност и неразумност ќе придонесеме да се интензивираат опасностите. Подлегнувањето на стравот и убеденоста дека нема да се пронајде решение за тешкотиите уште повеќе ќе ги наталожи проблемите и ќе создаде несигурност и тензија во односите. Од друга страна, поединецот кој верува во себеси и шири позитивна енергија многу побрзо излегува од кризата и наоѓа решенија за проблемите.Врз структурирањето на позитивниот дух на човекот влијаат многу фактори, но најкарактеристични сè: зрелоста на личноста, оптимизмот, самодовербата, рационалниот пристап, поддршката од блиските и убеденоста дека на крајот сè ќе биде добро. За да се чувствуваме позитивно со самите себеси потребно е да бидеме психофизички здрави, свесни за сопствените вредности и слабости и способни да направиме разлика помеѓу нештата што се добри или лоши за нашата личност.Смислата, поттикот, вербата и надежта се категориите кои го будат човековиот дух, го јакнат имунитетот и даваат сила да се издржи кога е најтешко. Кога однапред се предаваме и не веруваме дека ќе успееме, тогаш и судбината се врти против нас, подготвувајќи нè за вкусување на горчливите плодови на животот.Францускиот философ Рене Декарт има кажано: „Мислам, значи постојам“. Ако сакаме суштински да постоиме неопходно е добро да размислиме за скапоценоста на сопствениот живот, позитивно да се поврземе со другите и со заедничко организирање на силите да ја победиме опасната закана. Кога нè мислиме во насока на афирмативните можности и дозволуваме негативците да го креираат нашето живеење, тогаш последиците ќе бидат поразителни.СЕКОЈ ГО ДАВА ТОА ШТО ГО НОСИ. НЕКОИ НОСАТ ПЕСИМИЗАМ, НЕГАТИВИЗАМ И ДЕФЕТИЗАМ. ДРУГИ ВО СЕБЕСИ НОСАТ ПОЗИТИВНА ВОЛЈА, ВЕРБА И ОПТИМИЗАМ. СИТЕ ТИЕ ЈА ДАВААТ И ПРЕНЕСУВААТ ЕНЕРГИЈАТА ШТО ЈА ПОСЕДУВААТ. ЗОШТО НАШИОТ ЖИВОТ ДА ГО ВОДИМЕ СПОРЕД НЕГАТИВНО ОПРЕДЕЛЕНИТЕ КОГА ПОСТОИ МОЖНОСТ ДА СЕ КРЕИРАМЕ СПОРЕД ПОЗИТИВЦИТЕ И ВО СЕБЕСИ ДА ГО ПРОЈАВИМЕ ДУХОТ НА ПОБЕДНИЦИТЕ? ВО СВЕТИТЕ КНИГИ Е ЗАПИШАНО: „ОДБЕРИ ГО, РАЗВИВАЈ ГО И ШИРИ ГО ПОЗИТИВНОТО, БИДЕЈЌИ САМО ТАКА ЌЕ ЖИВЕЕШ СО ДОБРОТО И БОГ ЌЕ ТИ ПОМАГА ВО БОРБАТА СО ЛОШОТО“.Ако почнеме неселективно да се однесуваме и ментално да се храниме со сè што е присутно на социјалните мрежи и интернет портали, тогаш може да станеме лесен плен на лицата кои шират страв и предизвикуваат негативни вибрации во јавноста. Некои тоа го прават поради профит, други затоа што сакаат да бидат читани, трети бидејќи функционираат според законот на негативната енергија итн. За да го избегнеме влијанието на таквите поединци неопходно е да го проверуваме изворот на информации, да размислуваме аналитички и самосвесно да одлучуваме кој медиум ќе следиме. Добрата информираност е лек за избегнување проблеми, но само ако се темели на вистина, позитивна мотивација и професионален пристап во работењето.Низ историјата провејувале многу ситуации кога во името на профитот и тесните интереси се протуркале многу измами кои ја дисхармонирале и загрозиле психофизичката состојба на луѓето. За некои лица не постојат категориите на одговорност, емпатија, чесност, морал, здравје и правда кога се пред искушение за стекнување разни придобивки и материјални добра. За таквите поединци парите се Бог, а егоизмот, алчноста и нечесноста прагматичен модел на однесување.Во екот на пандемијата (и потенцијалната рецесија) како печурки после дожд ќе никнуваат штетни човечиња кои бараат шанса за стекнување материјална корист со ширење лажни вести и пласирање извртени вистини. Константното акумулирање на негативни информации може дополнително да го наруши здравјето на луѓето и да создаде неизвесност, страв и паника. Ефективноста на нашиот имунитет во голема мера зависи од состојбата на нашиот дух. Кога сме под постојан удар на стресогени фактори, тогаш неминовно го слабееме својот организам и стануваме подложни на разни болести. За да го зајакнеме имунитетот неопходно е да го зацврстиме својот дух и да се дистанцираме од лошото. Тоа подразбира позитивно да размислуваме; да веруваме дека сè ќе биде добро; да ги следиме препораките од надлежните; да се чуваме себеси и да придонесеме за подигнување на колективниот имунитет.Кога владее општото чувство на несигурност, тогаш стравот е најсилен, бидејќи нè знаеме што може да нè снајде и на кого ќе треба да се потпреме. Како што постои колективен имунитет, исто така постои и колективна слабост. Таа е најсилна кога разумот им се подредува на емоциите натопени со страв, немир, паника и неизвесност. Кога архетипот на колективното несвесно е исполнето со песимизам, страв од загуба, лажни вести, лоши информации и подложно да верува во црни сценарија, тогаш какво решение треба да очекуваме и на каков излез може да се надеваме?Нештата неретко најмалку се такви какви што ни изгледаат или какви што другите ни ги претставуваат. Некои лица се создадени во сè да го бараат негативното, така што секое потпаѓање под нивно влијание може сериозно да ги оптовари нашите емоции и да ни создаде непотребен страв, немир и паника.Опасностите никогаш не треба да ги игнорираме и да манифестираме пасивност и рамнодушност во соочувањето со проблемите. Свеста за ситуацијата во која се наоѓаме е клучен фактор за пронаоѓање на патот за излез од кризата.Но, исто така е катастрофално ако подлегнеме на лажни вести и црни сценарија и дозволиме во нашето битие да се вметнат стравот, апатијата и безнадежноста. Треба да знаеме дека некои лица заработуваат од програмирање на човековиот ум со лажни вести и негативни информации. Овие алчни и неодговорни поединци дополнително го разгоруваат внатрешното чувство на страв и несигурност кај луѓето и придонесуваат да се зголеми надворешниот ефект на паника и безнадежност.Што треба да направиме за да ги избегнеме лажните вести кои создаваат страв и паника?Да бидеме селективни во акумулирање на надворешни информации;да размислиме за изворот на вести и да го провериме датумот на објавата. Често се случува бајати новости или изјави да се пласираат како актуелна вест со цел придобивање повеќе кликнувања на објавата. Најважно е да станеме свесни за опасноста, но не и ментално да се парализираме и тотално да се изместиме на психофизички план. Треба да бидеме најголема поддршка на самите себе и да не потпаѓаме под влијание на црни сценарија. Постојат лоши луѓе и групации кои немаат никакви обѕири кон туѓите болки и страдања, бидејќи нивната клучна цел е да заработат, искористат и изманипулираат. Во тој контекст се и зборовите на актерот Денсел Вашингтон: „Постојано сме под удар на одредени медиуми за кои не е најбитна вистината, туку опцијата први да ја пренесат информацијата“. Заклучокот е дека треба да бидеме исклучително внимателни од какви извори се информираме и кому ќе веруваме.Позитивната вест е импулсот што и е потребен на нашата личност. Време е самите себеси да си ја дадеме. Тоа значи – со визија, цел и смисла да гледаме на своето постоење; со верба, надеж и љубов да го креираме своето размислување; со победнички дух, оптимизам и ментална сила да се разбудиме и да почнеме вистински да го живееме секој миг што го поседуваме.

Магазин | пред 6 години

vuhan

Фејми Даут од „Медена земја“снима документарец во Вухан, еве што порача во видео обраќањето

Еден од двајцата директори на фотографија на македонскиот документарец „Медена земја“, Фејми Даут е во Вухан, Кина, од каде почна епидемијата со коронавирусот.Тоа го потврди за „Само Прашај“ доловувајќи ја атмосферата за тоа каков е животот во местото каде се појави Ковид-19. Град е затворен од 28 јануари, а дури денеска делумно се ослободи од строгите рестрикции.Во видео јавувањето камерманот го опишува Вухан како град на духови под изолација на кинески начин: со задолжителни маски и ракавици, танцувања на отворено за да се подигнува духот и чување на сопственото и здравјето на другите.Со филмската екипата се единствените странци во деветмилионскиот град кој е затворен од 28 јануари.фото:prtsc

Македонија | пред 6 години

dragan-danilovski-1

Крена ли експерт паника за корона вирусот, па се обиде да ја смири ситуацијата

Драган Даниловски, поранешен министер за здравство, вчеравечер прво објави дека „вирусот се одржува во воздухот дури три часа, значи се шири и аерогено (низ воздухот)“, за по извесно време да сфати дека згрешил, да го избрише постот на „Фејсбук“ и да порача – „успокојте се, спектакуларната вест дека вирусот опстојува во воздухот три часа не е точна“, објави 360stepeni.mk.Професорот Даниловски вели дека станува збор за „случаен превид“, иако и при првата панична објава тој ја имаше споделено оригиналната верзија на научната студија, за која во вториот пост наведува дека погрешно ја толкувал.Со назнаката „ВАЖНО!!!“, Даниловски првично објави:„Вирусот се одржува во воздухот 3 часа! Значи, се шири и аерогено (низ воздухот)! Досега се сметаше дека тоа е малку веројатно. Ова најново сознание, од една страна, ја објаснува ‘филмската’ брзина со која се рашири низ светот, а од друга страна, значи итно менување на стратегијата за лична заштита! Веќе не знаете кој поминал пред вас по улица. И дали, можеби, нема да поминете низ облак од вируси, кои си лебдат во воздух цели три часа. Особено ако времето не е ветровито…“Даниловски  по извесно време објави нова информација држејќи се до научната студија за која тврдеше дека ги открива новите сознанија.„Успокојте се! Спектакуларната вест дека вирусот опстојува 3 часа во воздухот не е точна! Се работеше за случаен превид, па според тоа и погрешно толкување на наодите на експерименталната студија за стабилност на SARS-CoV-2 во аеросоли и на површини, при разгледување на студијата. Извинување за ненамерно предизвиканата паника!!! Согласно студијата, вирусот опстојува 3 часа во аеросоли, во експериментални, лабораториски услови. Ама не би можело тие наоди да се пресликаат на реални клинички услови. Понатаму, аеросоли не се формираат при кашлање, кивање, гласно говорење, туку само при одредени клинички процедури, како што се ендотрахеална интубација, бронхоскопија, отворена сукција, администрација на небулизирана терапија, мануелна вентилација пред интубација итн. (видете цитат подолу). Значи, досега не е докажано постоење на аероген пренос за SARS-CoV-2! И понатаму остануваат препорачаните мерки на СЗО.“Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

Македонија | пред 6 години

gdu

ГДУ: Повеќе од јасно е дека кај моменталната локална власт нема ни смелост, а нема ни решение за безредието и беззаконието

Повеќе од јасно е дека кај моменталната локална власт нема ни смелост, а нема ни решение за безредието и беззаконието. И ова не е јасно од сега откако и самиот градоначалник го потврдува тоа, впрочем тоа е јасно уште од март 2019 година кога имаше решение за рушење. Жално е тоа што првиот човек во градот Охрид т.е „таткото на градот“, ќе каже дека му се „врзани рацете“ и дека се плаши. Барем признава дека не може, а и не сака да преземе нешто.Повеќе од јасно е дека партиската агенда треба да се пополни и да се бараат списоци од 20+ и 30+ за добиените работни места. Тоа е таа агенда за собирање на гласови и останување на власт и профитирање од истата.Зошто никој не се занимава со угостителите кои не исплатиле плата за февруари? Зошто никој не се занимава со таканаречените позајмници од угостителите каде им се дава сега минимална плата и истата ќе им биде одбиена во екот на летото? Зошто никој не ги штити загрозените семејства? Дали некој ќе се позанимава со обичните граѓани? Или само ќе се бараат субвенции за големците и тајкуните кои на сметка на истите граѓани го направиле тој капитал?Срамно е и лицемерно ДПМНЕ да зборува за УНЕСКО и за дивоградби, кога истите тие од 2013 до 2017 имаа апсолутна власт, но сепак дозволија безредие и беззаконие. Кога ќе се спомене УНЕСКО треба да се затворат по штабовите и да не излегуваат додека не заврши таа тема, а не да глумат загрижени, бидејќи делата го покажуваат спротивното.Тука мораме да го споменеме и првиот човек на ДПМНЕ во Охрид, кој зборува за партиски вработувања, а заборавил дека беше директор и многу добро знаеме како вработувал партиски послушници. Но очигледно тој мисли дека дека тоа поминало и сѐ се заборавило. Заборавил како беше натрупана администрацијата?! За негова жал, ние не можеме да заборавиме! Заборавил како се вработуваа преку шумското илјадници луѓе и распоредувани по партиска агенда? Лицемерието е чудо, а пак дебелата фотелја е добар предизвик.И за крај од името на ГДУ и од нашите сограѓани, ве замолуваме барем во овај кризен момент да го изоставите вашето лицемерие и да се воздржите од партиската агенда. Време е нешто паметно да направите и да му помогнете на овој мачен народ, кој го крадете 30 години наизменично.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Детектор анкета: Граѓаните задоволни од мерките – 40% очекуваат да се заразат со корона вирусот

Над 40% од граѓаните очекуваат да се заразат со вирусот COVID-19 покажува најновото  истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политичкиистражувања Скопје.Според него, 10,2% од граѓаните велат дека најверојатно ќе се заразат со вирусот а 21% декаможеби ќе се заразат. 24,1% од анкетираните мислат дека веројатно нема да се заразат со коронавирусот додека 12,1% се сигурни дека нема да се заразат.37,9% од анкетираните сметаат дека во следните неколку недели состојбата со кризата со коронавирусот ќе се влоши, 31,6% очекуваат подобрување додека 13,5% не очекуваат некакви промени.64,4% од анкетираните сметаат дека македонските лекари се способни соодветно да годијагностицираат и лекуваат корона вирусот додека 14,3% се убедени во спротивното.42,8% сметаат дека македонското здравство има доволно ресурси за да се справи со кризатадодека 34,2% сметаат дека ресурсите не се доволни.Висока поддршка ужива министерот за здравство Венко Филипче. Анкетата на Детектор покажува дека 82% се задоволни од неговата работа во однос на кризата со корона вирусот, додека 11% велат дека не се.Огромна е поддршката која граѓаните ја даваат на мерките кои надлежните ги спроведуваат занадминување на кризата со корона вирусот. Над 90% од анкетираните даваат поддршка намерките за забрана на јавни собири, затворање на угостителските објекти, училиштата иаеродромите како и затворање на границите. На 90% е поддршката и за одложување на изборитеа над 87% за казнување на оние кои не ги почитуваат мерките за изолација и за забраната задвижење од еден во друг град. Најмала поддршка меѓу овие мерки има полицискиот час, носепак, дури 74,8% од граѓаните даваат поддршка за тоа.60,7% од анкетираните сметаат дека мерките се соодветни, 20,6% се на став дека тие не седоволни додека 12,6% сметаат дека мерките на надлежните за справување со епидемијата накорона се престроги.79,2% од анкетираните велат дека се задоволни од работата на надлежните во однос на кризатасо вирусот, додека 14% велат дека не се.Во однос на земјите од регионот, мнозинство од граѓаните во Детектор велат дека Македонија сесправува на ист начин. Таков став имаат 43% од анкетираните. 28,4% сметаат дека земјава сесправува подобро од соседните земји додека 11,2% сметаат дека таа се справува полошо.66,9% од анкетираните велат дека се задоволни од информациите околу состојбата со кризата коиги добиваат од медиумите. 21,2% велат дека се делумно задоволни а 7,5% не се задоволни одначинот на кој известуваат медиумите.50,7% сметаат дека граѓаните генерално се придржуваат до препораката за често миење нарацете, 25,7% се на ставот дека оваа препорака донекаде се почитува а 12,9% сметаат дека таа несе почитува.Над една третина или 35,6% од анкетираните велат дека граѓаните генерално се придржуваат одпрепораката да не излегуваат од дома ако не се чувствуваат добро. 25,1% сметаат дека оваапрепорака само донекаде се почитува додека 22,8% сметаат дека препораката не се почитува.34,9% сметаат дека граѓаните се придржуваат до препораките за избегнување на физичкиконтакти, 28,9% се на ставот дека тоа го прават донекаде, додека 24,8% сметаат дека оваапрепорака на се почитува.Близу третина од граѓаните или 30,6% сметаат дека генерално се почитува препораката да не сеизлегува од дома без потреба. 29,3% се на ставот дека оваа препорака делумно се почитувадодека 29,4% се на ставот дека препораката да не се излегува од дома без потреба не се почитува.29,1% од анкетираните граѓани велат дека граѓаните генерално се придржуваат до препораките заносење маски и ракавици надвор од својот дом, 31,3% сметаат дека оваа препорака донекаде сепочитува а 27,8% сметаат дека не се почитува.Граѓаните велат дека не се почитуваат препораките за одговорно пазарење. 39,2% оданкетираните имаат ваков став. 26% сметаат дека оваа препорака се почитува а24,2% сметаат дека таа се почитува но само донекаде.Мнозинството граѓани велат дека се многу загрижени околу состојбата со корона вирусот. 38%велат дека се премногу загрижени, 34,% велат дека се многу загрижени а донекаде загрижени се21%. Само 3,9% велат дека се малку загрижени а само 2,3% изјавиле дека воопшто не ги загрижува состојбата со корона вирусот. Најголем дел од граѓаните или 38,8% најмногу се плашат од економската криза кој ја предизвикува вирусот.15,3% се најзагрижени за евентуален колапс на здравствениот систем, 10,7% поради моженнедостаток на храна, лекови и други стоки, додека 5,6% се загрижени да не го изгубат своетоработно место.37,8% сметаат дека поради кризата ќе има недостаток на болнички кревети, додека 33,4% неочекуваат ваков проблем.Над половина од анкетираните или 50,4% сметаат дека нема да дојде до недостаток на храна илекови поради корона вирусот додека од таква опасност стравуваат 32,6% од анкетираните.Најголемиот дел од граѓаните или 28,7% сметаат дека корона вирусот ќе престане да се шири заеден до три месеци. Поголеми оптимисти се 25,1% од анкетираните кои велат дека вирусот ќепрестане за се шири за една недела до месец дена. 12,2% очекуваат крај на кризата во периодмеѓу три и шест месеци. 8,1% сметаат дека ширењето на вирусот ќе престане за најмногу еднанедела додека 5,1% очекуваат да имаме проблеми повеќе од 6 месеци.43,1% од анкетираните очекуваат Македонија да добие помош од Европската Унија засправување со кризата со корона вирусот, додека 27,4% не очекуваат помош.Слични се бројките и кога станува збор за очекувањата за помош од НАТО алијансата. 44,4% оданкетираните очекуваат помош од НАТО за справување со корона вирусот додека 27,1% неочекуваат алијансата да помогне.Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувањаСкопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март сомаргина на грешка од плус-минус 3%.фото: Детектор

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Директорката на охридската болница со став за разрешувањето од Филипче

Директорката на охридската болница, Славица Малеска во изјава за „А1он“ вели дека не гледа вина кај неа за случувањата со стружанката која почина од коронавирус, а чии роднини тврдеа дека била одбиена да биде примена во инфективното одделение. Таа вели дека за нејзиното разрешување кое го најави министерот за здравство, Венко Филипче, дознала од медиумите.„Подготвуваме известување до министерството, иако не беше побарано од нас. Изјавата од раководителот на Инфективното одделение исто така е во Министерството за здравство. Нека се произнесе министерот, би сакала тоа да излезе од негова уста. Јас не гледам вина кај мене. Не ми е доставено известување од началникот на инфективното одделение за тоа дека пациентка била одбиена да биде примена. За случајот првпат слушнав откако излезе во порталите“, вели Малеска за „А1он“.Текстот во целост на: А1 Он

Македонија | пред 6 години

avtobus-1

(ФОТО) Филипче: Подготвени се осумте автобуси со кои ги пречекуваме и превезуваме нашите сограѓани кои ни пристигаат од Берлин

Подготвени се осумте автобуси со кои ги пречекуваме и превезуваме нашите сограѓани кои ни пристигаат од Берлин со летот во 17:00 часот. Со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, обезбедуваме транспорт до хотелот Цар Самуил во Струмица, каде ќе бидат во следните 14 дена во задолжителен државен карантин. Го штитиме колективното здравје и здравјето на секој граѓанин, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.Се работи за наши граѓани кои се враќааат во својата земја од различни страни на светот. Во вакви моменти секој се чуствува најбезбедно дома, меѓу своите најблиски. Овој модел мораме да го поддржиме, за доброто на сите. Им благодариме на сите колеги по институциите кои деноноќно и посветено работат на безбедно враќање на нашите граѓани дома, напиша Филипче на ФБ.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/pcb.2349476735359346/2349470525359967/?type=3&theaterфото: ФБ Бенко Филипче

Македонија | пред 6 години

29032020_Filipce_Pres_2

Филипче: Ова се времиња и ситуации во коишто не треба никој да биде стигматизиран, државниот карантин е модел којшто го штити колективното здравје

Министерството за здравстсво апелира до граѓаните да не се стигматизираат и осудуваат луѓето кои се сместуваат во државен карантин.Се работи за наши граѓани кои се враќааат во својата земја од различни страни на светот. Во вакви моменти секој се чуствува најбезбедно дома, меѓу своите најблиски.Денеска, на редовната прес конференција, Министерот за здравство, Доц. Д-р. Венко Филипче упати порака до сите граѓани дека ова се времиња и ситуации во коишто не треба никој да биде стигматизиран, ниту заболените, ниту луѓето коишто се во карантин. Луѓето во карантин се здрави луѓе, наши роднини и пријатели, а ова е модел којшто го штити колективното здравје и здравјето на секој граѓанин.„Овој модел мораме да го поддржиме, за доброто на сите. Ова се луѓе кои ги сместуваме во сосем добри, солидни услови и сите се прегледани. Постои процедура којашто се следи, начин како се постапува со луѓето коишто се сместуваат во карантините. Сите овие луѓе се прегледани од интернист и од епидемиолог, а досега нема ниту еден заболен од болеста од Ковид -19 вирусот“, изјави министерот Филипче.Неколку лица кои имаа симптоми на болест, се тестирани и истите се негативни, а кај нив е дијагностицирана настинка. Тие се исто така во рамките на тој карантин, но настрана од сите останати лица.Државниот карантин е задолжителен за сите наши граѓани кои се враќаат во земјата и истиот се спроведува се додека не завршат 14 дена, односно инкубациoниот период на Ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

29032020_Filipce_Pres_1

Филипче: Влегуваме во најтешката фаза, секој еден да се однесува одговорно

Министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференција информираше за состојбата со коронавирусот во земјата.Во однос на бројката на новозаболени, во текот на прес- конференцијата на министерот доц. д-р. Филипче, Институтот за јавно здравје потврди уште два позитивни пациенти, кои ќе бидат регистрирани во денешната дневна статистика на Институтот.Согласно ова, во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Штип – 6, Скопје – 3, Велес – 3, Струга- 2, Струмица- 1, Дебар- 1, Тетово – 1, Гевгелија- 1.Министерот Филипче информираше дека починале две лица од коронавирус на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.„Сакам да изразам сочувство до семејствата на пациентот на 91 годишна возраст - кој беше хоспитализиран осум дена и утрово пациент на 31 годишна возраст - чија клиничка слика беше тешка со уште пофулминантен тек на влошување на состојбата, интубиран- поставен на респираторна машина во текот на вчерашниот ден попладнето. Стануваше збор за најтешката можна форма на клиничка манифестација на оваа болест “, изјави министерот за здравство.На Инфективната Клиника се примени тројца пациенти од Скопје и Куманово. Во моментот се хоспитализирани вкупно 49 пациенти, седум се со потешка клиничка слика - пневмонија на белите дробови, но овој момент нема пациенти коишто се лекуваат на респираторна машина. Стабилна е состојбата на другите пациенти ширум државата.„Двајца од пациентите на Клиниката тука во Скопје веќе имаат и втор негативен тест, а за уште пет други, второто тестирање се планира во текот на утрешниот ден. За период од два до три дена потенцијално ќе може седум пациенти да бидат пуштени на домашно лекување. По стигнувањето на тестовите и после повторната евалуација на нивната клиничка состојба без разлика на тоа што два теста може да се негативни ќе биде одлучено како ќе продолжи лекувањето за што ќе информираме веднаш после евалуацијата, прегледот односно тестирањата“, посочи министерот Филипче.Во однос на случајот со вчера починатата пациентка од Струшко која не била хоспитализирана според информациите, на инфективното одделение во Охридската болница, министерот информираше дека утре директорката ќе биде разрешена и ќе биде поставен нов директор.„Денеска на увид се инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за утврдување на улогата и одговорноста на сите други вклучени во целиот овој процес и согласно информациите ќе се одлучува и понатаму - согласно одговорноста на луѓето вклучени во сето ова во целиот овој случај“, изјави министерот Филипче и упати апел до институциите целосно да ја спроведат постапката.„Следнава недела се отвораат уште два пункта за тестирање во Скопје и уште дополнителни по еден, согласно големината на здравствениот дом или болницата, односно два пункта во другите градови во државата. Новите пунктови во Скопје ќе бидат во Поликлиниката „Чаир“ - веќе од утре, а до крајот на неделата и во Поликлиниката „Млин Балкан“. Системот на закажување во Скопје, како и во другите пунктови ширум државата, како надополнување на сегашните 14 пунктови коишто работат во рамките на центрите за јавно здравје, ќе бидат во здравствените домови со истиот систем на пријавување преку матичните лекари. Сметаме дека тоа е идеалниот систем заради тоа што мора да се направи епидемиолошка анкета, евалуација на здравствената состојба, податоците и согласно тоа да се направи тестирањето“, информираше министерот Филипче.Тој додаде дека Комисијата од Министерството за здравство го заврши увидот во сите освен една, приватни институции, во двете приватни болници – „Жан Митрев’’ и „Систина“, во лабораторијата „Авицена“, во текот на утрешниот ден во лабораторијата „Биотек“, врз основа на тоа што ќе се направи план за искористување и на тие капацитети, а ФЗО работи на наоѓање на модел на соработка. Спремен е системот за мобилни тестови, кој ќе почне од следните денови во Скопје.„Во текот на вчерашниот ден, информиравме дека после интензивна соработка со Министерството за одбрана и Градот Скопје, веќе е спремна подлогата до Клиниката за инфективни болести каде што ќе се постави модуларната мобилна болница од страна на Армијата и таа ќе биде со капацитет од околу 130 кревети, што значи дека капацитетот на Инфективната Клиника практично ќе се дуплира. Ќе биде соодветно опремена и со кревети и со тушеви, тоалети и со сува врска до Клиниката. На тој начин ќе ја искористиме експертизата на луѓето, лекарите, медицинските сестри коишто работат тука, со соодветни смени, со соодветно дополнување од останатиот персонал од останатите Клиники, коишто се во фаза да излезат во пресрет во било кое време да ја поддржат работата на докторите, односно медицинските сестри на Инфективната клиника“, појасни министерот Филипче.Според него, ова надополнување е идеалниот начин за евентуално третирање на поголем број на пациенти доколку се изнуди потреба, покрај веќе постојниот модел согласно искуствата во повеќе Европски земји - здравствени системи кои имаат слични некои карактеристики на нашиот, а тоа е системот на домашно лекување.„Сакам да изразам и благодарност до сите коишто до овој момент донираа на Министерството за здравство, медицински материјали, парични средства. Ние за таа цел отворивме донациска сметка, а со согласност од донаторите во следните неколку денови ќе ја објавиме и листата на донатори“, истакна министерот Филипче.Филипче упати апел дека во овие времиња и ситуации никој не треба да биде стигматизиран, ниту заболените, а уште помалку луѓето кои се во карантин, заради тоа што тоа се здрави луѓе и тоа е механизам - модел којшто не штити сите нас.„Тој модел мораме да го поддржиме за доброто на сите. Тие се луѓе сместени во сосем добри, солидни услови, сите се прегледани. Тие наши сограѓани не претставуваат никаква опасност ниту за непосредната околина, ниту за градовите во којшто се сместени затоа што се тоа целосно здрави луѓе коишто мора да го поминат овој период од 14 дена во самоизолација“, додаде министерот Филипче.Тој истакна дека вчера дијагностицираниот пациент во болницата „8 Септември“ сега е префрлен на Клиниката за Инфективни болести, со што во „8 Септември“ нема хоспитализиран пациент позитивен на Ковид-19.Филипче информираше дека системот е целосно спремен да прими пациент на третман од друга здравствена услуга доколку е позитивен на коронавирус,  а сè  уште има повеќе од доволен капацитет, повеќе од половина кревети на Клиниката за инфективни болести.„Од утре започнува со работа и Клиниката за кожни болести. Во текот на денот денеска во еден дел и утре сите тестови ќе бидат готови од Заводот за рехабилитација во Козле, после што ќе продолжи во соодветна форма работата на Заводот. Ќе информираме во која точно форма во текот на утрешниот ден или вторник и најверојатно дека ќе стане за систем во којшто ќе функционираат само амбулантите“, потенцираше министерот Филипче, кој упати порака кон граѓаните дека пандемијата не стивнува и бројката постојано расте.„Вирусот не заобиколи ниту една една земја, не ја заобиколи ниту нашата. Пред нешто повеќе од еден месец како беше регистриран првиот позитивен случај и од тогаш до денес бројката на потврдени случаи постојано расте. Добро е што бројот на случаи се зголемува линеарно, а не експоненцијално - што значи дека секој ден имаме приближно еднакво зголемување  а тоа му дава шанса на нашиот систем за одржливост - можност соодветно да ги прими, да ги амортизира сите пациенти без притоа да бидат оптоварени нашите капацитети. Сакам да упатам јасна порака дека влегуваме во вториот месец од борбата со оваа пандемија која целосно го промени животот, донесе страв и несигурност. Пред нас е најтешкиот период - период во кој бројот на заболени ќе расте во светот, ќе расте и кај нас. Ни претстои период за жал во кој ќе расте и бројот на починати, за ова сите мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и еден млад човек којшто почина. Ова е доказ дека вирусот не штеди никој - никој не е имун ниту е заштитен од него. Сите оние кои досега можеби не беа убедени во опасноста од вирусот и од оваа болест, сега верувам дека им е целосно јасно дека ова е многу сериозна закана. Навистина мораме ние сериозно да се однесуваме кон неа, нема да биде лесно. Затоа сакам да упатам апел сите да ги почитуваат препораките, да не се шири паника, да се однесуваме максимално претпазливо и одговорно заради тоа што ова зависи од секој успех оваа борба зависи од секој еден од нас“, изјави министерот Филипче.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

АА: ДУИ, дури и во вонредна состојба, шири лаги за партиски интереси!

Почитувајќи ја целосно чувствителноста на ситуацијата останувајќи надвор од политиката, не значи дека ќе премолчиме на лагите што ги објавува ДУИ! Срамно е за заменик министерот на ДУИ во Министерството за внатрешни работи, г. Агим Нухиу кој ја користи вонредната ситуацијата за да шири дезинформации за вработувањето на албански полицајци, кои несомнено се под законски загарантираниот процент, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.Според заменик министерот Нухиу, биле ангажирани 130 млади албански полицајци, но тоа воопшто не е вистина бидејќи од вкупно 532 кандидати, 114 од нив се изјасниле за албанци. Кога велиме дека се изјасниле, според најновата практика често се подразбира дека Македонците се претставени како Албанци само за да се добие едно работно место што е обезбедено за Албанец, што значи дека дури и 114-те прогласени Албанци не значи дека се сите Албанци. .Наместо дезинформација, заменик министерот Нухиу е подобро да се посвети да го зголеми бројот на Албанците во Министерството за внатрешни работи, а исто така да работи повеќе на надминување на состојбата со коронавирусот, наместо да се занимава со ниските политики во оваа ситуација, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски да престане да ги истура своте фрустрации врз граѓаните и врз здравствениот систем

Цела нација се бори со опасен вирус, само Мицкоски се бори за партиски профит. Тој уште еднаш покажа дека го интересираат само лични и партиски интереси, дека воопшто не го интересира здравјето на граѓаните, нивното враќање во татковината, не го интересира како вработените во институциите се справуваат со кризата, не му е важно колкава е пожртвуваноста кај нив, се вели во соопштението од СДСМ.Мицкоски е заинтересиран само за неговата фотелја во раскошната палата на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски не сака да чуе ништо за здравјето на македонските граѓани.Мицкоски треба да се засрами неговото однесување е ниско и неодговорно. Ниту еден политичар од самостојноста досега не се однесувал вака во време на криза. Во ниту една земја опозицијата во овие времиња не тера теснопартиска политика. Само ВМРО-ДПМНЕ секој ден продолжува со партиски препукувања и обвинувања, без ниту еден факт или доказ за изнесените клевети.Граѓаните, јавноста, го ценат ваквото однесување на Мицкоски кој се профилира како главен антидржавен и антинароден протагонист.Кога веќе не е способен да помогне, Мицкоски да престане да ги напаѓа институциите, да престане да ги истура своите фрустрации, да престане со очајните обиди да профитира во време на општа здравствена криза.Мицкоски, ова е борба за здравје и живот, а не борба за твојот политички опстанок, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања