Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Levica-logo

Левица: Компанијата “Џојсон Сејфти Системс” масовно брка работници од работа

Деновиве добивме дојави дека во странската инвестиција во Кичево, компанијата “Џојсон Сејфти Системс” (поранешно “Ки Сејфти Системс”) во тек е активно бркање на работници! Имено, истата компанија која 2017 година избрка десетина вработени кои синдикално се организираа, сега добивме информации дека од почетокот на кризата на околу 200 вработени не им се обновени договорите и се отпуштени. Други 200 работници се пуштени дома на платен одмор и стравуваат дека се чека да им завршат договорите за и тие да бидат избркани, се вели во соопштението од Левица.Директорот на Државниот инспекторат на труд, Аљајдин Хавзиу неодамна изјави дека и покрај преку 500 пријави и пет надзори на трудовите инспектори никакви прекршувања не се најдени. Каде е правдата за работниците на „Џојсон Сејфти Системс?” Кого штити државата?Работниците се уплашени за својата егзистенција затоа што уште од почетокот на кризата кружат гласини дека фабриката ќе се затвори и дека вработените ќе бидат оставени сами на себе.Истата таа компанија која доби неброени поволности од државата кои се бројат во милиони евра за да може безобзирно да експлоатира труд на нашата територија, сега ги пакува куферите и ги остава работниците на цедило додека трае пандемија!Ова не смее да се толерира сега кога населението е најранливо и затоа бараме од државата најостри санкции и спречување на затварањето на фабриката, ако е потребно и со присилна национализација, се вели во соопштението од Левица.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

Mickoski-PRESS-2301-2

Мицкоски: Доказите со кои располагам ќе ги доставам до институциите веднаш откако ќе се ослободи судството, а до тогаш бурно ќе реагирам

ФБ статус на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој на социјалната мрежа напиша?-Добро е што мојата преписка со Рашковски, за наводно хуманитарната акција на владата, излезе во јавноста бидејќи граѓаните и целата јавност ќе може да ја направат разликата помеѓу луѓе за кои има сведоштва, докази, изјави и сомневања дека прават криминал на грбот на народот, и луѓе кои тоа им го кажуваат во очи. Во оваа прилика ќе кажам дека за тоа што Драги Рашковски незаконски објавил приватна преписка и што како човек од Владата не го почитува законот, не треба да стравува затоа што нема да го тужам, но за тоа дека за Владата има основани сомневања дека прави криминал со транспортот на луѓе, има нехуман третман и печали од летовите, е за тоа треба да се плашат, затоа што ќе дојде ден да одговараат за таквото воено профитерство. Доказите со кои располагам ќе ги доставам до институциите веднаш откако ќе се ослободи судството и обвинителството од стегите на власта и принципот "трас-трас" воспоставен од Зоран Заев, а до тогаш јас бурно ќе реагирам за секоја информација од која се гледа дека некој се богати на грбот на измачениот народ. Очигледно криминалците остануваат тоа и во редовна, и во вонредна состојба.

Македонија | пред 6 години

makedonski-koncept

(ВИДЕО) Македонски концепт: Во услови на целосна безидејност, детектиравме три фактори, кои влијаат на промените на економската состојба – јавноста ќе ја запознаеме со деталите

Македонски концепт работи на решение на економската криза – СИНХРОНИЗАЦИЈА, А НЕ ЛИЦИТАЦИЈА НА ЕКОНОМСКИ МЕРКИВо соопштението од Македонски концепт се вели:-Сите анализи и информации од стопанството, говорат за фактот дека ситуацијата со економската криза во земјава е тешка, но исто така решлива. Македонската економија функционира во перманентна криза, повеќе од 30 години, како од внатрешни, така и поради надворешни фактори. Во целиот тој период, стекнато е доволно искуство и знаење како до излез од економската криза!Тргнуваќи од тоа претходно искуство и знаење, апелираме на смиреност и водржаност. Неаргументирани критики, лажни вести и меѓусебни обвинувања, воопшто нема да помогнат, ниту на државата, ниту на оние политички субјекти кои се служат со такви методи. Сега се потребни експертиза и конкретни решенија. Македонски концепт си зема обврска да работи само на конкретни решенија, кои доаѓаат од експертизата за економија и јавни финансии на граѓански активисти.Во услови на целосна безидејност и беспредметна лицитација на економски мерки од страна на политичките субјекти, Македонски концепт посветено работеше и детектираше три фактори, кои влијаат на промените на економската состојба, а тоа се:– пандемијата;– членството во НАТО;– почеток на пристапни преговори со ЕУ.Почетно е потребно:– синхронизирање на економските и фискални мерки, во однос на трите причинители на економско дисбалансирање;– мобилизација на сите научни, образовни и искуствени капацитети, кои во краток период ќе понудат решение и излез од кризата.Во текот на утрешниот ден, започнуваме со конкретни активности во таа насока, за што јавноста ќе биде детално запознаена, се вели во соопштението од Македонски концепт.видео: Македоснки концепт

Македонија | пред 6 години

Arsovski-Dimce

Арсовски: Воено профитерство во време на криза - Хуманоста на Владата граѓаните ја плаќаат стотици евра

Денес Владата преку официјално соопштение објави приватни разговори помеѓу Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски. Ова денеска што граѓаните можеа да го прочитаат во медиумите е обид за амнестија на Владата за целиот сомнеж за криминал кој го прави, пропратен со лажни грижи  за граѓаните. Нема хуманитарна акција каде што граѓаните сами си плаќаат, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Незаконското објавување на приватни разговори самото по себе повлекува одговорност пред судовите, но еве јавно изјавуваме да не се вознемирува дека Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да го тужи Драги Рашковски за изнесените разговори во јавност, затоа што добро е граѓаните да знаат дека ние сме единствените кои сме против сомневањата за криминалот и авантата на Владата на Заев и Рашковски и печалењето пари на грбот на граѓаните кои се враќаат во својата татковина.Она кое што сакаме да го потенцираме во јавноста од изнесените пораки е дека постои сериозен сомнеж за криминал, аванта и воено профитерство, дури и во кризни моменти кога се работи за здравјето и безбедноста на нашите граѓани кои се враќаат од секаде од светот во Република Макединија.И да, мораме јавно да потврдиме, секогаш кога ќе има сериозни сомнежи за криминал од страна на Владата, бидејќи се работи за граѓаните и државата, ќе вршиме притисок во рамките на можностите да не се врши грабеж на маката на граѓаните.Изминативе 2 дена имаше стотици сведоштва од граѓани докази кои се вратиле во државава со превоз организиран од Владата, кој се нарекува хуманитарен од страна на владата а не е хуманитарен бидејќи граѓаните сами си го плаќаат превозот и враќањето во државата, сите сведоштва, дел од нив и јавни лица од јавниот живот познати на целата држава кои сведочеа за нечовечките услови со кои се третираат граѓаните на патот од аеродром или од граница до карантин.Со часови чекаат во автобуси, никој не ги пушта во тоалет, не им се носи храна и вода.Други сведоштва велат дека на патниците им било кажувано дека превозот ќе чини многу помалку од што им се наплатил, а им се наплатил многу повеќе од што им било кажано 100тина евра повеќе, по што дел од патниците јавно се побунија на социјалните медиуми.Еден ден се ќе излезе на виделина. И криминалот на маката на граѓаните и авантите кои се земаат со одредени фирми и се што трпат граѓаните на нивниот грб.Тогаш ќе мора да се сноси одговорност, а тоа ќе биде многу набрзо кога канџите ќе бидат тргнати од институциите кои што треба да донесат правда во Република Македонија, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

Vlada-poraki

Влада:Мицкоски да престане да врши притисок врз институциите и да престане помошта за граѓаните кои се враќаат во земјата да ја нарекува „уништување на државата”

Владата на Република Северна Македонија ги информира граѓаните дека опозицијата преку претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  врши притисок врз институциите при што организираните активности за враќање на македонските граѓани во нашата земја и за нивно сместување во државни карантини ги нарекува “уништување на државата”.Имено, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа со директни пораки преку апликацијата Телеграм упати неосновани обвинувања и притисоци врз генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, квалификувајќи ги владините активности како “срамота”, а луѓето кои ги организираат активностите како “лопови” и во исто време клеветејќи за “добивање провизии“ за организацијата на авионскиот и автобускиот превоз.Владата на РСМ, во име отчетноста и отвореноста која секојдневно ја применува во својата јавна комуникација, во целост ја објавува комуникацијата со која Христијан Мицкоски комуницирал со Драги Рашковски, како и сите информации, постапки и договори преку кои се врши организацијата на превозот за нашите граѓани од земјите во странство до Северна Македонија, транспортот од аеродромот до објект/хотел утврден како државен карантин и сместувањето во државниот карантин.Владата го повикува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски внимателно да ги погледне презентираните факти, да престане да врши притисок врз институциите, да престане да шири клевети дека помошта за граѓаните е срамотна и да ги употреби партиските ресурси кои се дел од техничката Влада и кои гласале ЗА ваквата помош за граѓаните, за вистински да помогне на земјата и на народот во овие тешки времиња.Постапката за организација на превозот и државниот карантин на македонските граѓани се одвива согласно одлуки и уредби на Владата изгласани и од министерот за внатрешни работи кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а истата изгледа вака:Летовите од земјите од кои доаѓаат нашите сограѓани до Северна Македонија ги реализира авио компанијата Визер, компанија избрана по критериумот најниска цена, а пријавена на јавните повици на Владата. https://vlada.mk/node/20714 Секој македонски граѓанин кој се враќа во нашата земја со превозот кој го организира Владата има обврска самостојно да го плати авионскиот лет, при што вкупната цена на чартер летот која изнесува околу 32.000 евра се дели со бројот на патници сместени во авионот. За пример, цена на летот од Минхен до Скопје изнесуваше околу 190 евра по патник. (во прилог договорот за организирање авионски превоз меѓу Владата и секој граѓанин кој го користи превозот).Граѓаните кои се враќаат во земјава се контактирани од МНР ден претходно, при што ги добиваат сите информации во врска со превозот и со државниот карантин, вклучително и цената и условите за превозот.При слетување на аеродромот во Скопје, за граѓаните е организиран автобуски превоз од овластен автобуски превозник избран на јавен повик, со автобуси кои ги дезинфицира сертифицирана компанија. Патниците при слетувањето добиваат информација кон кој нумериран автобус треба да се упатат и на која локација со обезбеден државен карантин ќе бидат превезени. Понатаму автобусите се обезбедени со полициска придружба, а возачите се со скафандери и заштитна опрема. На повикот за оператор кој ќе обезбеди автобуски превоз за граѓаните од аеродромот до државните карантини, единствен понудувач беше компанијата “Вардар експрес”, компанија која ги исполни условите да располага со 20 автобуси во ист момент, имајќи предвид дека при слетување на два авиони во исто време, тоа е потребната бројка на превозни средства за вкупниот можен број на патници.Македонските граѓани сместени во државни карантини ги користат капацитетите на објекти/хотели кои се пријавиле на јавниот повик на Владата (https://vlada.mk/node/20642). Станува збор за обезбеден капацитет од 2104 легла во моментов во целата држава, во 19 сместувачки објекти, а од нив пополнети до сега се околу 1.200 легла.Граѓаните сместени во државните карантински објекти не се закана за никого, а објектите ги обезбедуваат полицијата и војската. Ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не смее да ја напушти сопствената соба, ниту објектот, а секој кат од секој сместувачки објект е строго контролиран и обезбеден од војската и полицијата. За секој од нив е направена епидемиолошка анкета и определен е соодветен режим во карантинскиот објект кој е целосно безбеден и строго контролиран и надгледуван.Владата на РСМ ќе продолжи отворено и навремено да ги објавува сите информации поврзани со справувањето со коронавирусот во нашата земја како врвен приоритет, а во исто време апелира до политичките партии да се откажат од дневното политичко профитертство. Истовремено, Владата апелира до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да престане да врши притисок и да клевети, да се вклучи во заедничката национална борба со коронавирусот, да ги достави сите предлози на неговата партија преку претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, а доколку има каков било сомнеж или доказ за каква било злоупотреба, истиот веднаш да го пријави до инститиуциите на македонскиот систем.Владата ги објави пораките од претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.фото: ВЛАДА 

Македонија | пред 6 години

Tase

(ВИДЕО) д-р Таше Трпчевски: Болницата „Плодност“ одлучивме да биде затворена и воопшто да не работи до 13 април

Oбраќањето на прим.д-р Таше Трпчевски, директор на Болница „Плодност“, по однос на заболениот доктор и преземените чекори во болницата. Обраќањето на директорот на Болницата ви го пренесуваме во целост:-Како што веќе знаете, еден од нашите доктори е носител на корона вирусот и за таа цел е ова обраќање до медиумите, за да не се продолжува со шпекулации и ширење невистини.Д-р Христијан Трчевски во изминатиот подолг периот не го напуштил градот, по што следува заклучеок дека го добил вирусот од некој пациент, иако, болницата од првиот ден на алармирањето за корона вирусот, ја зголеми хигиенската постапка во болницата.Неговата совесност и како родител и како доктор, го натера да направи дури два тестови. Од првиот беше негативен, а по неколку дена позитивен на КОВИД 19. Тој е во одлична здравствена состојба.Веднаш, како што носи редот, ги известивме сите надлежни институции, а најбиските на д-р Христијан се во самоизолација. Тоа се случува и со голем дел од персоналот.По увидот на терен и по сите процедури, болницата има дозвола да продолжи со работа. Ние имаме и втор, резервен тим на доктори и медицински сестри, кои веднаш би можеле да ја заменат првата постава на медицинските лица.Но сепак, во името на разумот, на одговорноста која ја носиме и пред се поради здравјето на сите нас, нашите вработени, нашите пациенти, одлучивме болницата да биде затворена и воопшто да не работи до 13 април. Дотогаш, сите во самоизолација ќе поминат период од 15 дека, а во болницата ќе биде направено ново дезинфицирање.Ова е само уште една потврда дека докторите, кои се во служба на своите пациенти, во овој период се едни од најизложените на корона вирусот.Ви посакуваме добро здравје, останете безбедни во своите домови, а болницата, заедно со медицинскиот персонал, по извесен период, повторно ќе биде во функција на нашите пациенти. Ви благодариме на поддршката која што ни ја дадовте во текот на вчерашниот ден и на разбирањето кое го покажавте. И како вели д-р Христијан Трпчевски, да сте ми живи и здрави, за на век.Прим.д-р Таше Трпчевски

Македонија | пред 6 години

bolnica-ohrid

Кој потфрли во Охридската општа болница, раководството или вработените кои не почитувале наредба?

Министерството за здравство најави дека ќе изврши целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст во случајот со смртта на 66-годишната пациентка од околината на Струга.66 годишната стружанка почина вчера од коронавирус. Таа и нејзиниот сопруг биле дијагностицирани позитивни на вирусот во текот на вчерашниот ден. Според информациите на Министерството за здравство, станува збор за пациентката која имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.Од министерството информираа дека заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не била примена во болница.Зет на починатата, Али Теља инаку доктор објаснува дека жената не можела да дише.Министерството за здравство истражува и ќе се бара одговорноста кој потфрли во овој случај.Дознаваме дека директорката на општата болница Охрид, за која денеска министерот најави дека ќе биде разрешена, во петокот издала наредба според која сите вработени во одделот за инфективни заболувања да пружат непрекината здравствена заштита во оддел за инфективни заболувања.  Во наредбата директорката уште навела дека непостапување според оваа наредба, поточно неукажување на медицинска помош од страна на здравствен работник ќе биде санкционирано според кривичниот законик на РСМ.Ова го неметнува прашањето кој потфрли во овој случај, раководството на болницата или вработените во одделението кои одбиле да спроведат наредба?Инаку овој случај стигна и до Основното јавно обвинителство Охрид, кои отворија предмет по допрен глас за смртта на жената на која и било дијагностицирано присуство на вирусот  COVID 19.Кој потфрли и каде е грешката ќе се знае по истрагата. Крајниот збор ќе го кажат органите кои го истражуваат случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

bolnica-ohrid

Филипче утре ќе ја разреши директорката на охридската болница

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека директорката на болницата во Охрид утре ќе биде разрешена, бидејќи пациентката од Струга која почина од коронавирус не била хоспитализирана, .-За вчерашниот случај со починатата од Струга, утре ќе биде разрешена директорката  на Охридската болница. Денеска на увид во болницата е државниот инспекторат да утврди евентуално други одговорни, рече Филипче.Инаку пациентката на 66- годишна возраст од околината на Струга и нејзиниот сопруг биле дијагностицирани позитивни на коронавирус завчера. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.Според епидемиолошката анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 Март) биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација.фото: Охрид

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

Починаа уште две лица од корона вирус, дијагностицирани нови 16 луѓе позитивни на вирусот

Два нови смртни случаи како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, информира министерот за здравство, Венко Филипче.-Еден пациент на 91-годишна возраст кој беше хоспитализиран осум дена и утрово рано пациент на 31-годишна возраст  кој бил на респиратор, и чија клиничка слика беше тешка со уште пофулминантен тек на влошување на состојбата, истакна министерот Филипче. Министерот додаде дека на инфективната клиника примени се тројца пациенти од Скопје и Куманово. Во моментот хоспитализирани се вкупно 49 пациенти, 7 се со потешка клиничка слика, пневмонија, воспаление на белите дробови. Во овој момент нема пациенти кои што се лекуваат на респираторна машина. Стабилна е состојбата на сите други пациенти ширум државата, ристакна министерот Филипче.Инаку во изминатите 24 часа регистирани се 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени во овој момент е 257.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

hotel

Обезбеден е капацитет од 2104 легла во целата држава, во 19 сместувачки објекти, а од нив пополнети до сега се околу 1.200 легла

Постапката за организација на превозот и државниот карантин на македонските граѓани се одвива согласно одлуки и уредби на Владата изгласани и од министерот за внатрешни работи кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а истата изгледа вака:01. Летовите од земјите од кои доаѓаат нашите сограѓани до Северна Македонија ги реализира авио компанијата Визер, компанија избрана по критериумот најниска цена, а пријавена на јавните повици на Владата.https://vlada.mk/node/2071402. Секој македонски граѓанин кој се враќа во нашата земја со превозот кој го организира Владата има обврска самостојно да го плати авионскиот лет, при што вкупната цена на чартер летот која изнесува околу 32.000 евра се дели со бројот на патници сместени во авионот. За пример, цена на летот од Минхен до Скопје изнесуваше околу 190 евра по патник. (во прилог договорот за организирање авионски превоз меѓу Владата и секој граѓанин кој го користи превозот).Граѓаните кои се враќаат во земјава се контактирани од МНР ден претходно, при што ги добиваат сите информации во врска со превозот и со државниот карантин, вклучително и цената и условите за превозот.03. При слетување на аеродромот во Скопје, за граѓаните е организиран автобуски превоз од овластен автобуски превозник избран на јавен повик, со автобуси кои ги дезинфицира сертифицирана компанија. Патниците при слетувањето добиваат информација кон кој нумериран автобус треба да се упатат и на која локација со обезбеден државен карантин ќе бидат превезени. Понатаму автобусите се обезбедени со полициска придружба, а возачите се со скафандери и заштитна опрема. На повикот за оператор кој ќе обезбеди автобуски превоз за граѓаните од аеродромот до државните карантини, единствен понудувач беше компанијата „Вардар експрес”, компанија која ги исполни условите да располага со 20 автобуси во ист момент, имајќи предвид дека при слетување на два авиони во исто време, тоа е потребната бројка на превозни средства за вкупниот можен број на патници.04. Македонските граѓани сместени во државни карантини ги користат капацитетите на објекти/хотели кои се пријавиле на јавниот повик на Владата (https://vlada.mk/node/20642). Станува збор за обезбеден капацитет од 2104 легла во моментов во целата држава, во 19 сместувачки објекти, а од нив пополнети до сега се околу 1.200 легла.Граѓаните сместени во државните карантински објекти не се закана за никого, а објектите ги обезбедуваат полицијата и војската. Ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не смее да ја напушти сопствената соба, ниту објектот, а секој кат од секој сместувачки објект е строго контролиран и обезбеден од војската и полицијата. За секој од нив е направена епидемиолошка анкета и определен е соодветен режим во карантинскиот објект кој е целосно безбеден и строго контролиран и надгледуван.Владата на РСМ ќе продолжи отворено и навремено да ги објавува сите информации поврзани со справувањето со коронавирусот во нашата земја како врвен приоритет, а во исто време апелира до политичките партии да се откажат од дневното политичко профитерство. Истовремено, Владата апелира до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да престане да врши притисок и да клевети, да се вклучи во заедничката национална борба со коронавирусот, да ги достави сите предлози на неговата партија преку претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, а доколку има каков било сомнеж или доказ за каква било злоупотреба, истиот веднаш да го пријави до институциите на македонскиот систем. фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mickoski

ВМРО-ДПМНЕ: Да ги спуштиме штитовите и да соработуваме

Политиката на страна, да ги спуштиме штитовите и да соработуваме се додека државата не застане на здрави нозе. Животот на граѓаните е пред и над се, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.Оттука укажуваат дека земјата се соочува со пандемија од огромни размери предизвикана од коронавирусот и со длабока економска криза која може да трае подолго доколку навремено не се преземат мерки за нејзино стабилизирање.„ВМРО-ДПМНЕ континуирано укажува на грешките, но за Зоран Заев е поважна суетата и личното богатење. Цената на криминалот, корупцијата и неспособноста на Заев, во ваква криза уште поскапо ја плаќаат граѓаните. Република Македонија и македонската економија доживеа вистински колапс. Граѓаните ниту криви, ниту должни ќе мора да го полнат буџетот кој Зоран Заев го испразнил.ВМРО-ДПМНЕ нуди соработка и изнаоѓање решение кое ќе помогне македонската економија да го издржи ударот и да застане на здрави нозе. ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање и нејзините тимови може да се стават во функција доколку владата донесе одлука за таква соработка. Во овие моменти политиката и политиканството треба да се тргнат настрана и да се донесат вистински одлуки кои долгорочно ќе ја стабилизираат економијата. ВМРО-ДПМНЕ е спремно да го образложи планот како да се снабдат доволно средства во буџетот за оваа криза да се помине што е можно побезболно. Владата на Република Македонија е на потег да ја прифати пружената рака на ВМРО-ДПМНЕ и да прифати соработка.„Урамниловката” која неколку пати ја спомена Зоран Заев е пример каков што не е запаметен ниту применет во било која европска држава, ниту пак во светот. Таквиот потег само ќе ја урниса дополнително економијата и ќе го осиромаши народот.ВМРО-ДПМНЕ ќе остане рамо до рамо со граѓаните и ќе се бори за заедничко решение кое ќе помогне во оваа тешка ситуација во која се наоѓа Република Македонија“, додаваат од партијата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

DSC_0020-1

Во изминатото деноноќие 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето

Во текот на изминатото деноноќие (28/29.03.2020) на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето, при што полициските службеници привеле 102 лица, 46 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО.Во текот на вчерашниот ден на 180 лица им се издадени решенија за изолација, додека 98 лица потпишале изјави за самоизолација.Исто така, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека три лица не ги  почитувале овие мерки, односно не биле пронајдени во својот дом.По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 289 контроли и во три случаи е констатирано непочитување на мерките.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

20200329103031

Ангеловска за РСЕ: Ќе се крати на опрема, лиценци, софтвери...

Да го заштитиме секое работно место, секој да има средства за да го преживее и преброди овој период. Да ја заштитиме ликвидноста на буџетот за да ги сервисираме обврските и да ја заштитиме ликвидноста на стопанството кое потоа треба да се рестартира. Ова се целите по кои се раководиме во справувањето со кризата и менаџирањето со буџетот, рече министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за Радио Слободна Европа.Зборувајќи за што би се кратело од буџетот Ангеловска вели дека се што е во функција на справување со кризата, не може да биде предмет на кратење, како здравството и безбедноста. Таа посочува дека треба да се обезбедат средства секој граѓанин да има средства, да тече социјалната заштита и сите да бидат солидарни, реални и самосвесни.-Ако зборуваме за кратење на расходната страна, ќе има кратења на одредени стоки и услуги, одредени капитални услуги кои што се купување на опрема, лиценци, софтвери, значи во едни такви услови сè што суштински и директно не се поврзано со справување со корона-кризата мора и може да биде предмет на кратење. А како и зошто со една единствена цел – да се заштити секое едно работно место, секој да има средства да го преброди овој период, сите да бидеме солидарни, да ја заштитиме пред се ликвидноста на буџетот за да ги сервисираме овие обврски и да ја заштитиме ликвидноста на стопанството коешто потоа треба да се рестартира и да продолжи да ја полни цевката за да може да продолжи да оди и да тече нормално и расходната страна – рече Ангеловска.Таа посочи дека првиот пакет на мерки со кои се нудат бескаматни кредити, субвецнионирање на придонеси и одлагање на плаќање аконтации на данок на добивка грубо чини околу 40 милиони евра:-Зборуваме за околу, грубо кажано, 40 милиони евра и дополнително 50 милиони евра кои што со Македонската банка за обнова и развој ги најавивме дека ќе ги стави во функција на стопанството преку кредити. Сега се утврдуваат условите и се дискутира и со комерцијалните банки за да истите бидат пласирани преку комерцијалните банки, бидејќи се работи за заем од Европската инвестициона банка кој што е склучен. Сега разговараме за промена на условите, за да истиот биде ставен во функција на справување со кризата и помош на ликвидноста на стопанството. Овој втор сет на мерки кој што се изработува, допрвaо ќе излеземе нели со бројките, меѓутоа оваа мерка за поддршка или исплата на минимална плата на погодените сектори и индустрии, во груба проценка, би чинела околу 100 до 120 милиони евра - рече Ангеловска.

Македонија | пред 6 години

dete-siluvanje

Две непознати лица вршеле полови дејствија врз кумановчанец, негова познаничка снимала со мобилен телефон

На 27.03.2020 во 22.53 часот во СВР Куманово, Ј.М. од Куманово пријавил дека околу 19.30 часот, во дом во населба „Карпош“ во Куманово, сопственост на А.И. од Куманово, која била негова познаничка, две непознати лица врз него вршеле полови дејствија, додека А.И. снимала со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

arhimeds

Голем успех на македонските пронаоѓачи во Москва – освоија пехари и златни медали

Во вонредни услови заради Ковид-19 пандемијата, во Москва е одржан меѓународниот саем на пронајдоци Архимед (XXIII Moscow International Salon of Inventions and Innovation Technologies ARCHIMEDES), во периодот 24-27 март 2020 год.Архимед е еден од најреномираните светски саеми за пронајдоци и иновативни технологии, а оваа година на саемот беа поднесени повеќе од 3000 пријави од целиот свет. По извршената селекција од страна на комисијата одобрено е учество на околу 600 високорангирани патентирани пронајдоци, меѓу нив и сите три поднесени од Националната Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија (NAIM).Поради пандемијата беше откажано учеството на повеќе држави, посебно од оние кои се сметаат за ризични, но сепак учествуваа 24 држави, како и 35 региони од Руската Федерација. Националната Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија (NAIM) настапи со патентираните пронајдоци од тројца наши пронаоѓачи и тие беа наградени со повеќе вредни награди:– Проф. Д-р Драги Рашковски за својот патентиран пронајдок „Систем и уреди за контрола на брзината на возилата во сообраќајот со определување на просечната брзина и изрекување на казни" освои: Пехар и Златен медал од стручното жири; Златен медал – специјална награда од сојузот на пронаоѓачи на Севастопол и Специјална награда – Диплома од рускиот Volgatech University.– Тони Велевски за својот патентиран пронајдок „Опрема за редење и нижење на листови од тутун" освои: Златен медал од стручното жири; Златен медал – специјална награда од Сојузот на пронаоѓачи на Севастопол и Специјална награда – Диплома од рускиот Volgatech University.– Саше Јандрески (ученик во II год. од гимназијата „Мирче Ацев" во Прилеп) за својот патентиран пронајдок „Мултифункционален стерилен медицински шприц"освои: Златен медал од стручното жири; Златен медал – специјална награда од Сојузот на пронаоѓачи на Севастопол и Специјална награда – Диплома од рускиот Volgatech University.Ова е трета година по ред со успешен настап на Националната Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија на овој светски саем на пронајдоци и иновативни техологии.Мирко УзелацПретседател на NAIM

Македонија | пред 6 години

Nikola-Gruevski-so-lav-VMRO

Груевски испрати честитки за НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ

Честитки за граѓаните на Македонија за членството во НАТО и одлуката за почеток на преговори за членство во ЕУ. И двете се децениска волја, работа и стремеж на мнозинството граѓани на Македонија и на сите поголеми политички партии. Одамна ги заслуживме, неправедно ни беа ускратени и ова е одлично за Македонија. Ќе помогне многу во иднина. Таму ни е местото.Не толку пандемијата од вирусот, туку начинот на кој беше решена последната препрека создадена од некои наши соседи и последиците од тоа, остава голема горчина заради која, за жал, многу наши граѓани со мешани чувства ја примаат оваа вест, наместо со полна радост и прославувајќи. Но, за тоа многупати сум се изјаснил…За жал, овие добри вести дојдоа во историски тешко време, кога со право постои голема загриженост за здравјето и животите кај граѓаните. Но, светот и Македонија како дел од него ќе го помине и ова. Борбата и истовремено умешноста, е тоа да биде со помалку жртви и штети кои се закануваат да бидат огромни на ниво а можеби и полоши од големата светска криза во 1929 година. И во развиените земји а уште повеќе во Македонија, доцни масовното тестирање. Голем проблем! Чувајте го здравјето и внимавајте на себе.2. Кратење на платитеНајавеното намалување на платите во администрацијата и нивно сведување на минимална плата е избрзано и премногу длабоко. Но, сѐ уште има време за корекции.Јас како министер или премиер менаџирав многу кризи во Македонија, но никогаш не дозволивме намалување на платите, пензиите, субвенциите за земјоделците и социјалните надоместоци. Спротивно, некогаш и растеа во години на криза ако претходно било ветено при што евентуално зголемувањето на платите било пролонгирано неколку месеци.Исто така не дозволивме нарушување на стабилноста на цените и девизниот курс. Ако некогаш се оцени дека неговиот режим треба да се менува, кризите не се баш најдобар период за тоа да почне, ако веќе може да се одбегне.Иако нема увид во состојбата на буџетот и информациите на централната банка кои не се дел од објавените, мислам дека директното кратење на основните приходи на граѓаните или дел од нив, секогаш треба да е последна опција во една земја со низок животен стандард.Претходно на располагање се многу други опции и инструменти, тргнувајќи од кратењето и прекројувањето на буџетот особено во делот на материјалните трошоци, позајмување пари од различни извори во пакет со зголемување на буџетскиот дефицит и многу други за кои пишував минатиот викенд.Секогаш досега кризите сме ги решавале главно со овие два интервенции и со многу реформски чекори и мерки кои им помагаа на компаниите и вработените во приватниот сектор, а само еднаш за време на воениот конфликт во 2001 привремено воведовме данок на финасиски трансакции. Во некои случаи дури и во кризи намалувавме даноци, царини и други давачки кон државата или привремено ги укинувавме, како на пример данокот на добивка за оние кои нема да ја распределат во дивиденда.Дури и ако замислиме дека во некои услови и некогаш би морало да се повлече потег со платите, преголемо е ова кратење, сведувајќи ги на минимална плата, макар и за два месеца. Се чини како да советувал некој кој во економијата гледа само бројки, а не и реален живот на луѓе, а заборавил и на ефектите од намалувањето на потрошувачката која и онака е во слободен пад.Ако пандемијата и кризата потрае подолго, оваа мерка, со вакво силно спуштање на платите е неодржлива на подолг рок. Ако пак заврши брзо (мај/јуни), тогаш е непотребна и избрзана, односно може да се замени со други мерки.Јас го разбирам концептот на солидарноста и тоа може да е неизбежен концепт во многу полоши услови од овие и во кратења со помали размери од овие. Треба добро да се размисли.3. Купувајте македонски производиСпотот именуван како “Кројачот” беше вториот спот од кампањата “Купувајте домашни производи” есента 1999 година. Ако со првиот сакавме да потсетиме дека Македонија имала и има квалитетни и на широко барани производи, веќе со вториот сакавме да потсетиме на користа од давањето предност при пазарењето на домашниот производ кога е тоа можно и со тоа да извршиме влијание на свеста на граѓаните на таа димензија од кампањата.Спотот го изработи McCann Erickson Skopje во соработка и поддршка од McCann Erickson од Белград во тоа време водена од Срѓан Шапер (поранешен член на групата Идоли), компанија и менаџер кои во целина ја водеа и менаџираа кампањата. Кампањата даде резултат и граѓаните тогаш почнаа да ги менуваат навиките, а купувањето домашни производи растеше.4. Актуелната економска криза во светот, Америка, Европа, мерки, перспективи, проекции…Во светската економија се одвиваат тектонски пореметувања од економската криза и драматичниот пад на еконимиите предизвикани главно од вирусот Корона.Америка предводена од претседателот Трамп која со одлично дизајнирани политики достигна екстремно ниска стапка на невработеност од 3,5% минатата недела се соочи со најголемо во историјата пријавување на нови невработени кои ја загубиле работата и бараат државна помош: 3,3 милиони луѓе се пријавија за невработени кои бараат помош во само една недела. Досега рекордот бил околу 650 илјади во една недела во 1982 година.Оваа криза се заканува сериозно да ја зголеми невработеноста во светската економска локомотива и пошироко, а министерот за финансии на САД Стивен Мнучин не ја исклучи можноста невработеноста во САД да достигне и до 20% . Според некои економисти може да се случи црно сценарио, во април без работа да останат 40 милиони луѓе во САД.Претседателот Трамп превзема енергични мерки со вбризгување на досега незабележани 2 илјади милијарди долари (два трилиони), двојно од првичната најава. Од нив ќе се исплатат по 1.200 долари на најголем дел од граѓаните, а значаен дел ќе оди за помош на невработените чија бројка рапидно расте.Во ЕУ дојде до поделба околу начинот на справување со кризата. Од една страна Франција, Шпанија, Италија, Грција и уште неколку бараат издавање на евро обврзници (Корона обврзници) без ограничувања и трошоци со кои би се финансирале погодените и финансиски по нестабилни земји.Но Германија, Холандија, Австрија и други економски постабилни не се согласуваат и предлагаат т.н. ESM (European Stability Mechanism) во висина од 410 милијарди евра, ограничени до 2% од БДП на секоја погодена земја и додатни услови. Макрон веќе јавно реагира со изјави.Германија посебно за нејзината економија, веќе почетно најавените 550 милиони евра државна интервенција ги претвори во 750 за неколку дена со отвореност за зголемување. Индексите на берзите во САД за три недели паднаа за 30%, што се случуваше и порано во големите кризи но во еден подолг период од две-три години. Потоа откако се објави новиот пакет мерки на владата пораснаа за околу 11%, што укажува на голема нестабилност на финансиските пазари.Постојат разни предвидувања за тоа како ќе се движи кризата и кои ќе се трендовите, тргнувајќи според некои од буквата V, според други буквата U, според трети буквата L (пад па економската активност по која би следела депресија), а според некои може да биде како буквата I, вертикална линија која прикажува пропаѓање на финасиските пазари и реалната економија.Нуриел Рубини, оној економист кој две години однапред ја предвиде светската финансиска криза во 2008г. и заради што го нарекуваат “Др. Пропаст”, веќе неколку години говори за преголемото задолжување особено на корпорациите како можност за нова криза.За сегашната ситуација смета дека сите елементи на агрегатната побарувачка-потрошувачка, потрошувачка на капиталот и извоз, се во незапамтен слободен пад и дека најдобро сценарио би било падот да биде подрастичен од оној во 2008 година, но краткорочен со позитивен раст во четвртиот квартал, за што предуслов е брзо сузбивање на вирусот со мерките кои ги превзема Кина, во САД, Европа и другите погодени економии.И второ, креаторите на монетарната економија кои за помалку од еден месец направија повеќе отколку за три години во кризата во 2008 година, би морале да продолжат со спроведување на сите можни неконвенционални мерки за сузбивање на кризата. Тоа значи нулта каматна или негативна каматна стапка, квантитативно попуштање, односно вбризгување евтини пари и други мерки со цел помош на економијата, а владите да обезбедат голем буџетски стимул, вклучувајќи и т.н. “фрлање пари од хеликоптер” (кованица на Милтон Фридман), што значи директно насочување на средства за домаќинствата со неконвенционални методи. Тој сугерира на побогатите земји, буџетскиот дефицит од 2-3 отсто да го зголемат на 10% или повеќе, бидејќи единствено централните банки имаат можност да спречат колапс на приватниот сектор и интервенциите финансирани со дефицит да се монетизираат, бидејќи ако тоа се прави преку стандардниот владин долг, односно издавање државни обврзници, тогаш тоа би водело кон раст на каматните стапки и инфлација. Но со обѕир дека здравствените системи во развиените земји се слаби за да се запре пандемијата, а сегашниот фискален стимул не е ниту доволно брз, ниту обемен, тој не е оптимист дека ова сценарио ќе се оствари и повеќе шанси дава на нова “голема депресија”, поголема од првата во 1929 година.Дополнителен проблем е падот на цената на нафтата на 25 долари и очекувањата да падне на 10 долари (како во 1998 г.), и пополнетоста на складовите за нејзино складирање, кое дотолку е сериозно што веројатно наскоро ќе се складира по танкерите, што пак во уште потешка ситуација ќе ги донесе земјите големи произведувачи како Саудиска Арабија, Канада, Русија, САД и други.Некои економисти имаат по оптимистични прогнози, како на пример шефот на федералните резерви на САД (ја има улогата на Народната банка/централна банка), кој смета дека првите два квартали ќе има сериозен пад на економијата, а во втората половина опоравување со раст во последниот квартал.Некои големи корпорации како Голдман Сакс, Џи Пи Морган и Морган Стенли предвидуваат пад на американскиот бруто општествен производ во првиот квартал од 7% на годишно ниво, додека во третиот дури помеѓу 24% и 30%.Како ќе биде во голема мерка ќе зависи од тоа кога вирусот ќе биде победен и дали ако биде победен, дали брзо следната есен нема да мутира и да ги уништи сите дотогашни напори во битката со него, од кого веќе во САД заболеа над 100 илјади луѓе.Претседателот Трамп потпишувајки ги синоќа Законите за поддршка на економијата кои ги усвоија конгресот и сенатот (таму не беа суспендирани нивните “парламенти”), а со еден од тие акти се воведува правото да им наложи на приватните компании да произведуваат тоа што е потребно за националната одбрана (во случајот на Џенерал Електрик ќе му се наложи пренамена на производството и правење респиратори), даде оптимистичка изјава преку Твитер:“Ги собравме целата сила на владата и општеството да оствариме победа над вирусот. Заедно ќе истраеме, ќе надвладееме и ќе победиме”.5. Искуствата од Јужна АмерикаМинатиот викенд објавив еден дел од мојот докторски труд кој дава осврт на искуствата од тековите на различните видови на капитал особено во услови на економски кризи.Тогаш фокусот беше на четири азиски економии: Кина, Индија, Малезија и Јужна Кореја.Денес, се разбира само за оние кои ги интересира оваа тематика, искуствата на три држави од ЈУЖНА АМЕРИКА: Аргентина, Бразил и Мексико.Искуствата се огромни лекции а некои и експерименти. “Жешки” се, како и аргентинското “Tango”, бразилската “Samba” па и мексиканското “ Јаrabe Tapatio”. Има што да се научи од тие искуства.Возбудлив извадок од 12 страни од книгата “Искуства за иднинатаhttps://www.facebook.com/notes/nikola-gruevski/%D0%BF%D0%BE-%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC-%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%B8%D1%82%D1%83%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8-%D0%B0%D1%80%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-/10157210815724226/фото: ФБ Никола Груевски

Македонија | пред 6 години

ojo

Обвинителството ќе ја истражува смртта на жената од Струга

Основното јавно обвинителство Охрид по информациите во јавноста, отвори предмет по допрен глас за смртта на лице од Струга, жена на возраст од 66 години на која и било дијагностицирано присуство на вирусот  COVID 19.Според првичните информации, поради нагло влошената здравствена состојба кај сега починатата пациентка, матичниот лекар  препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница. Но  пациентката и покрај упатувањето, не е примена во болницата.Обвинителството ќе преземе дејствија во насока на расчистување на причинско последичната поврзаност и за утврдување на фактите за евентуално постоење на кривична одговорност.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

dragan-danilovski-1

Доктор Даниловски контра доктор Митрев: Луѓе кои се лаици за епидемиологија, немаат право да шекулираат

Епидемиологот и поранешен министер за здравство, доктор Драган Даниловски, во изјава и опширно излагање за Мета, ги поби советите на врвниот кардиохирург доктор Жан Митрев, меѓу кои и оној, како превенција од коронавирусот да се прават инхалации.Како што неодамна изјави министерот за здравство, Венко Филипче, доктор Даниловски е стручно лице од областа на епидемиологијата, со кого што министерот се консултира во ситуацијата со коронавирусот. Како што објави Мета, Даниловски повикал на сериозност во ова време кое човештвото за првпат го живее.– Се наоѓаме во еден страшен предизвик. Ние буквално се наоѓаме во т.н. воена состојба, во која не смееме да направине ниедна грешка. Најмала грешка може да не` чини судбина на цел народ. Можеме да се соочиме со италијанско или шпанско сценарио, а внимавајте, тоа се држави и системи кои се далеку помоќни од една наша мала Македонија. Ние немаме право да згрешиме. Ние мораме да бидеме дисциплинирани како никој на планетава. Зборувам за опстанок, зборувам за геноцидни случувања во непосредна иднина. Затоа, од луѓе кои се лаици за епидемиологија, независно во чие име и презиме се персонифицирани, ќе кажам дека немаат право да шекулираат, злоупотребувајќи ја несреќата на народот. А граѓаните, апелирам да отворат четири очи кога некого слушаат – изјавува Даниловски за Мета.Според Даниловски, луѓето треба да го прават единствено она што го препорачува Светската здравствена организација (СЗО) – само она што се вика социјална дистанца, оддалечување едни од други, несобирање во групи, изолирање, посебно сега, кога најновите сознанија укажуваат на тоа дека вирусот останува во воздухот три часа. Тој потенцира дека секој доктор е нормално да има општи познавања. И кардиологот е доктор, но сепак, вели, луѓето во вакви времиња треба да умеат да ги филтрираат информациите и советите кои им се нудат.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

samir

Самир Љума од „Медена земја“, се врати од Германија и ќе биде во државен карантин, но како е по патот ....

Самир Љума, еден од снимателите на македонскиот документарен филм „Медена земја“ ќе биде 14 дена во државен карантин. Тој на социјалната мрежа фејсбук предмалку напиша:-20:45 Автобус број 10. Нема информации у која насока не возат. Шоферот штотоку информираше дека ако имаме шишенце со вода ќе дозволел да се пуши во автобус. Се расправам со патници ќе ме тепаат што се бунам дека не смее да се пуши во автобус.21:05ч Информација дека наводно ќе бидеме сместени во Охрид. Луѓето бараат вода и храна, а уште не сме тргнале од аеродром Скопје. (ќе биде ко вицот "лелел колку сум жеедеееен)21:40 сеуште сме во затворен автобус. После инцидентот помеѓу мене и дел од патниците состојбата е смирена. фото: ФБ Самир Љума 

Македонија | пред 6 години

danilovski

Д-р Даниловски контра изјавите на д-р Жан Митрев за Ковид 19

Деновиве јавноста имаше можност да слушне излагања на врвни доктори кои не се епидемиолози или инфектолози, а кои им препорачуваа на граѓаните меѓудругото, како превентива од вирусот ковид-19, да се инхалираат со било што, па и со алкохолни пијалоци зашто така се намалувала можноста за развој на вирусот во белите дробови.По ваквите советувања наменети за граѓаните, „Мета.мк“ побара одговори и појаснувања во однос на овие препораки од експерти во областа на епидемиологијата. Разговаравме со епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, со цел јавноста да биде точно информирана, да знае што се случува во организмот и чии совети треба да ги применува во оваа ера на корона вирус која ја живее светот.Проф. Даниловски е дециден – со оглед на тоа дека се наоѓаме во една ситуација на страшен предизвик и во која не ни е дозволена ниту една грешка, многу е важно да внимаваме што читаме, чии совети слушаме и какви препораки применуваме.– Кога ќе се воспостави инфекција, кога ќе се оствари контакт со вирусот, тој навлегува низ респираторната слузокожа на носот и во ждрелото и се врзува со т.н. АЦЕ2 рецептори (тоа се ензими кои ги има во клетките во носот и во ждрелото и во белите дробови, бубрезите и цревата и во срцето). Вирусот влегува во носот или во ждрелото, а може да влезе и во очната слузокожа. Ако вирусот се врзе за АЦЕ2 рецепторите во слузокожата на носот и во ждрелото, вие можете каква сакате вода да пиете, жешка или ладна или да правите гаргара со сода бикарбона. Нема сила која може да го извлече од внатрешноста на клетките во кои тој пенетрирал, се врзал за тие рецептори. И ништо живо оттаму не го трга – објаснува проф. Даниловски.Потоа, вирусот си го следи својот пат. Се спушта надолу низ респираторниот систем и размножувајќи се, освојува сѐ повеќе клетки. Сето ова се случува во периодот на инкубацијата.– Ако е инкубацијата пократка, толку поголема количина вируси навлегле на самиот почеток кога се случила инфекцијата. Во зависност од тоа колкава колична вируси влегле во почетокот, толкав е и нивниот напредок надолу кон долните дишни патишта преку душникот, сε додека не дојдат до алвеолите во белите дробови (и не само таму туку и во бубрезите, срцето, цревата). Сепак, доминантен орган каде има најмногу АЦЕ2 рецептори се белите дробови, таму најмногу вируси се собираат и затоа манифестациите се белодробни. Затоа, примарно се манифестира како пневмонија, а сите други симптоми се секундарни – продолжува професорот.Во белите дробови, вели тој, може да се случи воспаление кое некогаш знае да биде толку многу изразено, а се вика цитокинска бура. Со други зборови, се работи за воспаление кое не е нормално, туку е хиперсензитивна реакција која буквално го растура белодробието.– Ако е точно, а е точно, дека вирусот кога ќе влезе во горните респираторни патишта си има своја патогенеза, која зависи од почетната инфективна доза и од тоа зависи брзината на развојот на настаните, тогаш, никакви интервенции однадвор со ладење или греење, со дишење или недишење на ладен воздух, нема да помогнат. Затоа, ова објаснување ми изгледа многу наивно и е на многу ниско ниво на експликација. Никакви интервенции не можат да го сопрат напредувањето на вирусот. Мит е да мислите дека ако пиете топол чај, односно ако ви е жешка устата, ќе го убиете вирусот – вели професорот.Тој повикува на сериозност во ова време кое човештвото за првпат го живее.– Се наоѓаме во еден страшен предизвик. Ние буквално се наоѓаме во т.н. воена состојба, во која не смееме да направине ниедна грешка. Најмала грешка може да не` чини судбина на цел народ. Можеме да се соочиме со италијанско или шпанско сценарио, а внимавајте, тоа се држави и системи кои се далеку помоќни од една наша мала Македонија. Ние немаме право да згрешиме. Ние мораме да бидеме дисциплинирани како никој на планетава. Зборувам за опстанок, зборувам за геноцидни случувања во непосредна иднина. Затоа, од луѓе кои се лаици за епидемиологија, независно во чие име и презиме се персонифицирани, ќе кажам дека немаат право да шекулираат, злоупотребувајќи ја несреќата на народот. А граѓаните, апелирам да отворат четири очи кога некого слушаат – нагласува Даниловски.Според него, луѓето треба да го прават единствено она што го препорачува Светската здравствена организација (СЗО) – само она што се вика социјална дистанца, оддалечување едни од други, несобирање во групи, изолирање, посебно сега, кога најновите сознанија укажуваат на тоа дека вирусот останува во воздухот три часа.– Некој ќе рече дека имунолошкиот систем треба да се јакне. Но, сите се подеднакво осетливи на инфекцијата. И кај спортист и кај старец, инфекцијата ќе се случи. Вирусот не простува. Сепак, од кондицијата на организмот, дали е помлад или постар зависи каква ќе биде клиничката слика. Таа ќе биде полесна за оние со посилен имунолошки систем. Најновите сознанија за ковид-19 говорат дека сепак вирусот се шири и аерогено, а не само по контактен пат, што ја објаснува филмската брзина на неговото ширење – додава Даниловски.Тој потенцира дека секој доктор е нормално да има општи познавања. И кардиологот е доктор, но сепак, вели, луѓето во вакви времиња треба да умеат да ги филтрираат информациите и советите кои им се нудат.– Слушајте ги исклучиво оние на кои тоа им е работа. Сите совети и препораки на епидемиолозите се преточени во препораките кои се наоѓаат на веб-страницата на Министерството за здравство, како и на Институт за јавно здравје. Сето друго, е оставено на совеста на граѓанинот, дали ќе слуша совет да прави гаргара со сода бикарбона или да се инхалира со топла вода – завршува професорот.Извор: Мета.мк

Слајдер | пред 6 години

Filipce-1

(ФОТО)Фризерка од Прилеп од коса направи портрет на Венко Филипче

Фризерка од Прилеп, Светлана Зуљамоска-Гроздановска, во време на пандемијата на коронавирусот, од коса го изработи ликот на министерот за здравство, Венко Филипче.„На човекот кој во овие тешки денови за сите нас е дежурен херој, му направив потрет од коса и му благодарам од срце“, напиша Светлана, а сликите ги објави на својот „Фејсбук“.Ова не е прво вакво дело на фризерката. Таа досега направи портрети со ликот на Тоше Проески, медената Атиџе, Кире Лазаров, Новак Ѓоковиќ, Кристијано Роналдо и многу други.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3045783678805292&set=pcb.3045784268805233&type=3&theaterфото: ФБ

Магазин | пред 6 години

koronavirus

Зет на починатата стружанка: Не можеше да дише, но преку прозор ни рекоа да дојдеме само кога ќе има позитивен тест

Не можеше да дише, но преку прозор ни рекоа да дојдеме само кога ќе има позитивен тест на корона, тврди Али Теља за ТВ Телма кој е зет на починатата жена од Струга.66 годишната Немљуне Ибраими во четвртокот била однесена во болницара во Охрид со приоритетен упат од нејзиниот матичен лекар, објави ТВ Телма.Но според нејзиниот зет, таму им рекле дека ќе ја примат само кога ќе ги видат резултатите од позитивниот тест.Извор: Телма 

Македонија | пред 6 години

5g-internet

МИОА: Северна Македонија нема пуштено во употреба 5Г мрежа

Од Министерството за информатичко општество и администрација ги демантираа информациите дека деновиве во Македонија се прават тестирања за 5Г мрежа.– Владата на Република Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација, најодговорно тврдат дека во нашата држава нема пуштено во употреба 5Г мрежа. Дополнително, ги информираме граѓаните дека надлежните институции немаат спроведено постапка за доделување на фрекфенции за 5Г мрежа. Од тука сите грижи за ефектите од 5Г мрежата врз здравјето на граѓаните се неосновани. Информациите кои се појавија во јавноста, дека деновиве се прават тестирања се неточни, соопштија од МИОА.Од Министерството наведоа дека во нашата држава до сега се направени само две тестирања и тоа, едно во 2018та година во органичени и строго контролирани лабараториски услови, и второ тестирање во 2019та година, на ограничен простор.– Ги повикуваме сите извори на лажни вести, да престанат со објавување на дезинформации кои имаат единствена цел да создаваат недоверба и паника кај граѓаните. Исто така, апелираме сите граѓани внимателно да бираат од каде се информираат и да ги проверуваат изворите на информации, апелираа од МИОА.Од Министерството истакнаа дека лажните вести имаат непроценлива штета, особено во вонредни ситуации како што е оваа со корона вирусот и кај нас и во светот.– Одговорноста е на сите нас да придонесеме кон намалување на ризиците. Тоа може да го направиме само ако сме доволно и точно информирани, од релевантни и проверени извори, нагласија од МИОА.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

apteka-kvoti-lekovi

Ограбени две скопски аптеки, крадецот на вработените им се заканил со нож

Во текот на вчерашниот ден на идентичен начин биле ограбени две скопски аптеки.Првиот грабеж се случил во аптека во трговски центар на булеварот „Партизански одреди“, а вториот на булеварот „Јане Сандански“.Во двата случаи, непознато лице со закана со нож одзело пари од вработените, информира МВР.Се преземаат мерки за расчистување на настаните.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

doktor-1

Исповед на доктор, првиот КОВИД-19 случај во Битола: Читам најразлични коментари, ги ширите вашите негативни коментари побрзо и од корона вирусот

Единствениот случај на заболен од корона во Битола е доктор Христијан Трпчески, кој наиде на доза негативни и злонамерни коментари од неговите сограѓани.Тој во фејсбук статус сподели детали од тоа како се чувствувал, кои биле неговите симптоми, како дознал, до како и што треба да направите ако вие се најдете во таа ситуација.Тој решил да сподели статус бидејќи како што вели самиот „ме издвојувате од заедницата и ме предавате на милост или божји суд“, а покрај тоа вели:Почитувани Битолчани, мои сограѓани.Ми фрлифте анатема за корона вирусот, ме издвојувате од заедницата и ме предавате на милост или божји суд .Читам најразлични коментари од исмејување, цинизам, па дури и непристојности. Ги ширите вашите негативни коментари побрзо и од корона вирусот, а некои и дури како да чувствуваат задоволство.Ќе ви раскажам што всушност се случи, како поука за секого и пример како да се однесувате ако се посомневате дека сте го добиле овој вирус. Нормално во епидемиолошката анкета треба ретроградно да го вратите филмот со кој сте контактирале, кај сте биле, со кого сте се задржале повеќе од 15 минути итн.Во последните 60 дена знам дека мојата релација на движење била Болница „Плодност“- дома и обратно (едната од другата раздалечени најмногу 300метри) и никаде на друго место.Тоа значи дека вирусот е добиен од некоја пациентка која била на преглед и покрај почитувањето на сите епидемиолошки мерки во нашата болница (дезинфекција на раце, носење маски и визири и да не зборувам за нон стоп бришењето на подовите и другите површини со дезинфекциони средства).Патем да споменам дека последните 3 недели значајно ги редуциравме прегледите интервенциите и операциите (освен хитните) но не и раѓањата. Се правеше строга контрола на пациентките, влегуваа без придружба на влезот, задолжително вршеа дезинфекција на рацете а на подот за дезинфекција на чевли е поставен специјален бришач со хемиски средства ,без никаква посета на стационираните пациентки.Во еден ваков амбиент некој асимптоматски носител може да го пренесол вирусот и не постои начин како да се одбраните, а кога ќе го добиете наместо да се браните од вирусот кога ви е најтешко, Вие се браните од коментарите на сите оние кои се завидливи и злонамерни.Пред 6 дена во неделата почувствував малаксалост и мал напад на треска кој траеше 30 мин .Имав температура 38. Ја купирав со Парацетамол. Наредниот ден утрото инсистирав да ми се направи тест за присуство на корнона вирус. Тестот беше направен и беше негативен. Наредниот ден трет по ред, повторно добив температура 38.5 со трески малаксалост и болки во мускулите, истите поминаа со парацетмол и траеја 1 час. Ден четврти бев во одлична здравствена состојба без трески и температура но останав во домашен карантин. Петтиот ден добив температура 37.5 без трески без кашлица, со чувство на слабост на организмот(типична грипозна состојба). Тоа траеше само половина час. Чувството дека мора да исклучам евентуално постоење на корона вирус ме натера да одам во Филип Втори каде ми е земен брис од нос и грло кога се покажа дек сум корона позитивен. На шестиот ден немав никакви симптоми и тегоби. Сега доаѓам и до заклучокот дека ако не инсистирав на второто тестирање за КОВИД19 (а имав оправдување дека имав негативен тест), ќе поминеше како грип.Од сево ова почитувани сограѓани извлечете заклучок: Колкава била мојата совест за да спасам многу луѓе и пациенти со кои би се среќавал во текот на денот. Мој совет за сите Вас - со оглед на тоа дека болеста има 4 клинички слики (лесна средна тешка и најтешка) при најмал сомнеж за добивање на овој вирус, бидете упорни, тестирајте се, за да исклучите негово постоење. Само така ќе спасите многу животи. Јас се тестирав и покрај тоа што ми е лекарска обврска да спасувам животи, спасив многу животи на поинков начин.Направете го и Вие тоа. Ќе бидете херои. Да ми сте здрви и живи за „на век“.https://www.facebook.com/hristijan.tycoon/posts/10220306625203054

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања