Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

kosta

(ВИДЕО) Георгиески за дивоградбите во Охрид: Деликанта е средината, јас да одам да рушам, утре ќе ме убие некој

Тема на денешната емисија „Стадион – Парадокс“ , беше „Охрид со бизнисите на Нефи Усеини влезе во извештајот на ЕК во делот на корупцијата“. На оваа тема отворено во емисијата проговорија градачалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, советник од советот на општина Охрид, претставник од антикорупциска комисја како и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.Градоначалникот георгиески истакна дека бесправно изградени објекти се околу 16.000, но потенцираше дека не мора да значи дека сите се бесправно изградени објекети, затоа што некои од нив се доста стари и не биле впишани во катастарските книги.Според извештаите на невладиниот сектор, најкритични точки во локалната самоуправа за корупција се градоначалниците, инспекторите и раководителите на сектори.„Тие се тие, кои носат одлуки, раководните функции но спрегата на урбаната мафија и нелегални комбинации кои што се прават, најчесто е со службите. Откако ќе се завршат работите, целиот предмет кога ќе дојде на потпис кај градоначалникот предметот е чист, само да се верификува одобрението“, вели Георгиевски.Многу пати ние сме разговарале на оваа тема, за проблемот во Охрид кој трае години наназад, меѓутоа сега дојде време да се решава, вели Георгиевски. Тој потенцира дека нема законска можност во моментов да се одземе ингеренцијата на извршување на општината.„Немаме проблем во инспекциските служби, како општина имаме постапено и донесени се акти, решенија за рушење и заклучоци за отстранување. Проблем имаме во извршувањето, не во инспекцискиот надзор. Проблемот не е во локалните врски, проблемот е во тоа што проблемот е премногу сложен и деликатен во мал град како Охрид. Па може да дојде до закани, притисоци кога ќе треба да се отстрануваат. Деликанта е средината, јас да одам да рушам, утре ќе ме убие некој“, изјави во „Стадион“ на Канал 77, градоначалникот на општина Охрид, Константин Геогриески.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Филипче: Ги зголемуваме капацитетите на Инфективната клиника - болницата ќе биде функционална од текот на следата недела

Ги зголемуваме капацитетите на Инфективната клиника за згрижување на пациентите заболени од КОВИД-19. Голема благодарност до сите што учествуваа во подигнување на мобилната болница која има капацитет до 130 кревети. Работата ја завршивме во рекордно време, а болницата ќе биде функционална од текот на следата недела, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/pcb.2348640425442977/2348639125443107/?type=3&theaterфото: ФБ Венко Филипче 

Македонија | пред 6 години

vlada-zname-nato

Економскиот совет го разгледа дополнителниот пакет мерки за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор

Економскиот совет, кој работи на иницијатива на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, денеска го одржа вториот состанок на кој го разгледаа дополнителниот пакетот мерки кој го предлага владата за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор од блокадата на реалниот сектор што го предизвика коронавирусот.На состанокот учествуваа и заменикот на претседателот во Владата задолжен за европски прашања и за координација на меѓународната помош, Бујар Османи, министерката за финансии, Нина Ангеловска, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, техничката заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, како и генералната гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска.Членовите на економскиот совет, со претставници од стопанството и финансискиот сектор од коронавирусот, во кое учествуваат претставници на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија (МАНУ), на претставници на универзитетските заедници, на деловната заедница, како и претставници на стопанските комори и на опозицијата, на состанокот ги дадоа своите мислења и понудија дополнителни укажувања, насоките и препораки, како и нови предлози за да се креира ефикасен пакет за да се спречи драматично влијание и штети во економскиот и финансискиот сектор, како и врз стандардот на граѓаните.Премиерот Спасовски на крајот од состанокот се заблагодари за укажувањата, препораките и новите предлози, и истакна дека Владата останува отворена и за дополнителни укажувања до затворањето на пакетот економски мерки кои ќе бидат донесени на една од првите наредни седници.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

snezana-miloseska

(ВИДЕО) Проф. д-р Снежана К. Милошеска: Ситуацијата е тешка, но исто така решлива… знаеме како до излез од економската криза

Синхронизација, а не лицитација на економски  мерки. Ситуацијата е тешка, но исто така решлива… знаеме како до излез од економската криза, вели Проф. д-р Снежана К. Милошеска од „Македонски концепт“.Професорката Милошеска во своето видео обраќање додава:Не е време за критики и меѓусебни обвинувања. Сега е потребна експертиза и конкретни решенија.Во услови на целосна безидејност и беспредметна лицитација на економски мерки од страна на политичките субјекти, Македонски концепт посветено работеше и детектираше три фактори, кои влијаат на промените на економската состојба, а тоа се:– пандемијата;– членството во НАТО;– почеток на пристапни преговори со ЕУ.Во таа насока, простор за паника нема, напротив потребно е:– синхронизирање на економските и фискални мерки, во однос на трите причинители на економско дисбалансирање;– мобилизација на сите научни, образовни и искуствени капацитети, кои во краток период ќе понудат решение и излез од кризата.Секој да помогне, онаму каде што е најпотребен, вели Проф. д-р. Снежана К. Милошеска.фото: Македонски концепт

Македонија | пред 6 години

struja

Талевски: да се воведе ефтина тарифа за струја од 13 до 17 часот, ЕВН има силна обврска да помогне – еве ги причините

Претседателот на Унија на ветерани на ВМРО 1990, Милан Талевски, кое е дел од Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија, на денешната прес конференција во име на Коалицијата промовираше уште една мерка од Пакетот мерки на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“.Талевски побара да се пропише ефтина тарифа за потрошувачите на електрична енергија во периодот од 13:00 до 17:00 часот, со цел да се олесни животот на народот во услови на здравствена криза со коронавирусот. Талевски ги образложи детално аргументите за оправданоста на оваа мерка и притоа побара мерката да важи во мај, јуни и јули како би можело ЕВН во арпил да ги припреми броилата. ЕВН има силна обврска да помогне во кризата оти своевремно кога ја доби Електродистрибуција му беа пренесени сите фактурирани а ненаплатени сметки од граѓаните што беше прилично голем профит и добивка за ЕВН - потенцираше Талевски.видео: Единствена Македонија

Македонија | пред 6 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Конвертори покажуваат највисока девaлвација на денарот досега, НБРМ покажува дека вредноста е непроменета

На повеќе интернет сајтови чија специјалност е конвертирање на валути, денеска може да се забележи најразличен износ за конветирање од евра во денари. Според сервисот “гугл”, денарот доживува девaлвација од 62,48 денари, додека пак според официјален сајт од Европската Унија (Exchange rate (InforEuro) денарот изнесува 61,5, за март 2020.Други конвертори пак, покажуваат дека има голема  девалвација на денорот која достигнува до 63,65 денари.Такви сајтови се “xe.com” и “transferwise.com”. Според Народна банка, денарот е 61,6950 со дата 28.03.2020 ѓто значи дека има сосема благо намалување на интервалутната вредност на денарот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

velo-markovski

(ВИДЕО) Доктор Вело Марковски со интересна анализа за корон авирусот, за начинот на кој се пренесува и опасностите кои ни ги носи, каде згрешија Италија и Кина?

Познатиот македонски вирусолог Доктор Вело Марковски - инфектолог , професор на медицинскиот факултет при универзитетот Гоце Делчев во Штип , поранешен директор на инфективната клиника во Скопје, дава многу интересна анализа за корон авирусот, за начинот на кој се пренесува и опасностите кои ни ги носи.Тој тврди дека лекарите прават грешка во пристапот на заболените од корона вирус, а како доказ ги споменува Кина и Италија, каде како што вели респираторите повеќе згасиле, него што спасиле животи.Дел од разговорот со д-р Вело Маркоски може да погледнете во продолжение. фото: PRT SC

Македонија | пред 6 години

culev-2

(ВИДЕО) Чулев: Полицијата извршила 32374 контроли за тоа дали се почитува дадената изјава за самоизолација, од кои во последните 24 часа извршени се 4007 контроли

Прес конференција на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. Изјавата на министерот ви ја пренесуваме во целост:Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, на денешната прес конференција ги соопшти податоците за почитувањето на мерката за ограничување на движењето на граѓаните која започна да се применува од 22 март, податоците за лицата во изолација и информации за постапувањето на полициските службеници во изминатиот период.Министерот се заблагодари и на медиумските куќи и новинарите затоа што информациите и вестите поврзани со оваа пандемија во изминатиот период професионално и етички се пренесувани од нивна страна, како и редовното следење на работата на Министерството за внатрешни работи, а кое што дава придонес во подигнување на свеста кај граѓаните и поддршка на полициските службеници.Така во своето обраќање министерот истакна дека,, За споментатиот период мерката за ограничување на движењето не ја почитувале вкупно 502 граѓани, од кои најголем број се лица на возраст од 18-67 години и тоа 459, додека на возраст до 18 години вкупно се 26 се лица и над 67 години се вкупно 18 лица.Воедно од страна на Министерството за внатрешни работи преземени се мерки и активности кон лицата кои не ја почитувале мерката за ограничување на движењето при што вкупно до сега приведени се 199 лица, од кои 14 се лица на возраст до 18 години, истакна министерот Чулев.Министерот додаде:Воедно од страна на Министерството за внатрешни работи преземени се мерки и активности кон лицата кои не ја почитувале мерката за ограничување на движењето при што вкупно до сега приведени се 199 лица, од кои 14 се лица на возраст до 18 години.При тоа министерот истакна дека „Во последните 24 часа, 94 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето на граѓаните, при што приведени се 37 граѓанин, од кои 7 лица се на возраст до 18 години “Исто така од воведување на мерката за ограничување на движењето на граѓаните до денес опоменати се вкупно 136 лица, а до Основното јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи поднесени се вкупно 123 кривична пријава и 12 известувања, со кои се опфатени 158 сторител за вкупно 144 кривични дела, од кои најголемиот дел се поднесени по член 206 од Кривичниот законик.Во изминатиот период издадени се вкупно 1620 решенија за изолација, од кои во последните 24 часа издадени се 90 решенија за самоизолација, извршени се 5597 контроли на решенијата за самоизолација од кои 816 во последните 24 часа, при што за истакнување е дека во последните 24 часа не е констатирано ниту едно непочитување на решенијата за самоизолацијапотпишани се вкупно 9025 изјави за самоизолација, од кои 99 изјави во последните 24 часаВоедно од полициските службеници извршени се 32374 контроли за тоа дали се почитува дадената изјава за самоизолација, од кои во последните 24 часа извршени се 4007 контроли, при што е констатирано дека 3 лица не ја почитувале изјавата за самоизолација и за истите ќе бидат преземени соодветни мерки.„Во однос на донесените решенија за изолација и изјавите за самоизолација до сега поднесени се вкупно 123 кривични пријави, од кои 5 се во последните 24 часа и најголемиот дел од кривичните пријави се поднесени за кривични дела по член 206 од кривичниот закон, а 19 кривични пријави се по член 205 од Кривичниот законик.“ - истакна министерот за внатрешни работи во неговото обраќањеВоедно веќе е функционална апликација која е наменета за полициските службеници, а преку кои вршат проверка на дозволите за движење за време на траење на мерката, а кои се се издадени од страна на Министерството за информатичко општество и администрација а во координација со нив во следниот период се преземаат активности со цел дополнување на системот со дозволите кои се издадени во изминатиот период.Изготвен е оперативен план чиј што работен наслов е „Армијата  во поддршка на полицијата“ така што соработката со армијата до овој момент е беспрекорна и се одвива без никакви проблеми. Преземањето на обврските од страна на армијата се одвива во неколку фази и до овој момент е завршена првата фаза која опфаќа преземање на обврската за обезбедување на дел од зелениот појас на границата, затворите Скопје и Идризово, објектот на Владата и Собранието и дел од објектите кои се користат како државен карантин, односно Хотелот Десарет во Охрид, Детското одмаралиште во Демир Капија, хотелот Фламинго, Хотелот Ибис во Тафталиџе, а во следниоит период оваа листа ќе биде надополнета и со други објекти. Министерството за внатрешни има отстапено дел од своите сместувачки капацитети за потребите на армијата.Во однос на информациите поврзани со лицата кои преку хуманитарни конвои се враќаат во нашата држава, вчера од Малме и Загреб вратени се вкупно 290 патници, а во текот на денешниот дена се очекувааат уште два авиони со патници од Љубљана и Минхен така што во моментов вкупно 1082 граѓани се сместени во државен карантин. Во моментов вкупно 19 објекти се приспособени за оваа намена, а распоредот за сместување на граѓаните го прави Генералниот секретаријат за Владата. Полициските службеници преземаат мерки за обезбедување на транспортот и внатрешно и надворешно обзбедување на објектите.Надлежните институции во моментов преземаат мерки за приспособување на објектите кои ќе бидат наменети за граѓаните кои нема да ги почитуваат мерките за изолација и самоизолација и кои согласно одлуките на Владата ќе бидат сместени во карантин на сопствена сметка. Исто така полициската станица „Гази Баба“ е утврдена како локација каде ќе се спроведуваат лицата кои се заразени од корона вирусот, а ќе се јават како сторители на кривични дела.„Врз основа на сево ова претходно споменато дозволете ми да заклучам и како министер за внатрешни работи и да истакнам дека донесените мерки и препораките на владата се почитуваат од страна на граѓаните на територијата на целата држава, тие се совесни и свесни за комплексноста на состојбата во која се наоѓаме и за важноста за почитување на мерките во овој исклучителен период за сите нас.Министерството за внатрешни работи, односно полициските службеници заедно со припадниците на армијата со силна помош и поддршка од граѓаните ги преземаат сите неопходни активности со цел да обезбедат соодветно спроведување на мерките и активностите и гарантирање на безбедноста, здарвјето и животот на граѓаните.„Истакна во министерот во обраќањето, а воедно апелирајќи до сите граѓани, во овој специфичен период цврсто да се придржуваат до мерките и одлуките кои се донесени од страна на Владата, истакна министерот Чулев.фото и видео: МВР

Македонија | пред 6 години

DSC_0113

94 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето, МВР приведе 44 лица

Во текот на изминатото деноноќие (27/28.03.) на територијата на државата вкупно 94 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето, при што полициските службеници привеле 44 лица, 10 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО.Во текот на вчерашниот ден на 90 лица им се издадени решенија за изолација, додека 99 лица потпишале изјави за самоизолација.Исто така, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека три лица во самоизолација не ја почитувале оваа мерка, односно не биле пронајдени во својот дом.По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 253 контроли и во шест случаи констатирано е непочитување на мерките.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sabota

За 24 часа 22 нови случаи на корона вирус во земјава, почина жена во Струга позитивна на корона

Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), Битола (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 241 лице.Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:- Скопје- 143- Дебар – 45 од кои 2 починати- Куманово – 20 од кои 1 починат- Штип - 8- Прилеп - 8- Тетово- 4- Охрид- 3- Велес - 3- Струга – 3 од кои 1 починат- Кавадарци - 2- Гостивар - 1- Битола – 1Утрово почина една пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга. Таа и нејзиниот сопруг се дијагностицирани позитивни на коронавирус во текот на вчерашниот ден. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.Според епидемилошката анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 Март) биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација.Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден.Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница.Заради ова, Министерството најавува целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст во овој случај.Во текот на вчерашниот ден направено е тестрирање на персоналот на Клинката за кардиологија, сите тестови се негативни на Ковид-19, објави министерот за здравство Венко Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2348600052113681/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

mickoski-1

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

Прес конференција на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Изјавата на Мицкоски ви ја пренесуваме во целост:Има ли некој кој верува дека денес е Македонија на прав пат?Дупката во буџетот постојано се поместува, од 1 милијарда и 200 милиони евра за која Заев збореше до пред некој ден, вчера велат дека стана 2 милијарди па ќе слушнете и 3 милијарди евра.Јас сум сериозно загрижен дека државава е пред прагот на најголемата економска криза од нејзиното осамостојување до денес.Светот е сериозно погоден од здравствена криза, но Македонија има уште еден голем проблем повеќе, тоа е економската криза. И не се знае што е полошо во вакви моменти, пандемијата со корона или неспособноста, бавноста и неодлучноста на Владата да се справи со економската криза. А кризата значи беспарица, отпуштања, руинирана економија, голема сиромаштија.Три години предупредував за лошите индикатори во економијата. Бев оквалификуван како популист, како човек кој залутал во политиката и не знае економија, па ќе се дрзне еден неуспешен премиер дури да дели часови по економија. Со исмевање гледаа на оние кои укажуваа дека ни се случува крах и слепа улица потоа. А денес, веќе ниту со медиумска поддршка не можат да ја сокрија рецесијата и кризата која ни се удира од глава, и ни велат треба да стиснеме заби, истакна Мицкоски.Тој додаде:Тие се причинителите, ама сите ние треба да живееме со последиците на нивното незнаење.Целта на оваа прес конференција не е трката по политички поени. Податоците до кој дојдов го вклучуваат црвениот аларм. Државата и економијата се лизга од раце. Постојано сум во комуникација со бизнис фелата, со професори, економисти, стопанственици. Без исклучок велат дека состојбите се алармантни.И ова не го говорам од политички и  политикански побуди, туку фактографски со бројки. А тие се немилосрдни. Таа дупка која што тврдат дека е 1 милијарда и 200 милиони евра не е случајно направена. Она што владата нема да го признае, а сега јасно се гледа од податоците, е дека ние сме биле во сериозна финансиска криза дури и пред почетокот на кризата со корона вирусот. Тоа е така затоа што Владата целиот буџет недомаќински го концентрирала кон слевање на пари за изборен поткуп за изборите кој беа димензионирани во месец април. Поради партиски интереси се пристапило кон кревање на расходите во буџетот, без за тоа да има покритие. Се креваа плати за да се корумпираат целни групи, се делеле бонуси, повишоци, вработувања на државна сметка, енормно се зголемува бројот на договорни вработувања, а нема за жал раст кој што сето тоа може да го издржи и да  го покрие. Поради изборите  и изборниот поткуп, што би рекол народот ги пуштиле нозете многу повеќе од тоа што ни е долга чергата.За првите два месеци е направен буџетски дефицит, замислете од цели 70 милиони евра. Во месец јануари милијарда и 200 милиони денари, додека пак во месец февруари таа бројка надминува 3 милијарди денари или околу 50тина милиони евра. Значи потрошиле 50тина милиони евра повеќе отколку што собрале во буџетот. За тоа време направено е ново задолжување од 250 милиони евра и ли некаде околу 15 милијарди денари. За волја на вистината околу 9 ипол милијарди се обврски кои што треба да сервисираат евро обврзница издадена во минатото, но, затоа пак останатите 4 милијарди 300 милиони денари се практично обврски кои што ги создала оваа влада во месеците јануари и февруари и таа мала ликвидност која што постоела во буџетот ја потрошиле предизборно со една цел а тоа е обид за поткуп на различни целни групи.Не се мислело за до крајот на годината, бидејќи изборите им биле пред и над се. Ова не го зборувам затоа што сакам да водам политиканство туку едноставно сите оние кои што следат и пратат економија можат Извештајот за реализација на Буџетот во месеците јануари и февруари да го најдат на страницата на министерството за финансии. Недомаќинското работење доведе до лоша кондиција на буџетот. И таа е уште полоша со финансиската криза предизвикана од корона пандемијата.Да преминам на суштината и најважното за денес. Во ваква една ситуација видливо е дека владата нема стратегија, ниту одржлив план. И не е ова време кога политички треба да се пресметуваме или докажуваме. На народот му е преку глава од обвинувања и политиканство, на народот му треба сигурност и здравје. Да е сигурен дека се има план и му требаат луѓе на кои што може да им верува.Како лидер на ВМРО-ДПМНЕ за мене е јасно дека на владата и треба помош, исто како и на државата. И јас подавам рака за да помогнам. И сум силно убеден дека она што го предлагаме и овие предлози кои ги нудиме е излезот од оваа криза. Затоа подготвен сум ако треба да дојдам во влада и да ги образложам, да ги одбранам решенијата, да споредиме и да се извлечеме од оваа криза, а да го аплицираме она што е најдобро за Македонија и за нејзини граѓани.Еве го начинот на кој што владата може да дојде до 1 милијарда 200 милиони евра без кратење на плати, удирање по бизнисот и работниците. И тоа ќе го соопштам во три чекори.Покрај веќе она задолжување кое што како процедура е отпочнато, а владата бара 400 милиони евра како заемобанките и заемодавателите и останати околу 200 милиони од ММФ и Светската банка која што доколку успешно се реализираат средствата би биле достапни за бизнисот и за граѓаните некаде во првата половина на месец мај. Вториот чекор кој што всушност треба да биде и прв чекор е веднаш благајничките записиа кои што стерелизираат од прилика 25 милијарди и 200 милиони денари средства ликвидност на банките во Народната банка веднаш да бидат откажани за месеците кои што следат и наместо тие благајнички записи да бидат запишани државни хартии од вредност кои што ќе ги издаде министерството за финансии и ќе имаат рок од еден месец и така секој месец тие ќе се обновуваат и продолжуваат.Вториот чекор кој што го нудиме а голем број европски држави, пред се тука мислам на Балтичките држави кои што во времето на финансиската криза во 2008 и 2009 година, потоа државите од Централна Европа, како што е Полска, Унгарија го направија во услови на криза а тоа е средствата кои што беа уплаќани во вториот задолжителен приватен пензиски фонд со уредба на владата да бидат пренаменети и наместо во вториот задолжителен приватен пензиски фонд да бидат од први април да бидат уплаќани во државниот задолжителен пензиски фонд. На тој начин ќе се обезбедат дополнителни 10 милијарди денари кои што ќе гарантираат стабилна, сигурна и навремена исплата на пензиите на пензионерите. Еве начин како да обезбедиме дополнителни 35, 36 милијарди денари заедно со оние  600 милиони евра кои што веќе тргнавме во потрага во обезбедување во Светот, ќе значи сигурно, надежно и безбедно пребродување на оваа пред се здравствена, а потоа и економска криза.Тоа е планот 1 милијарда и 200 милиони евра кои што веднаш владата може да го реализира. Повторувам веднаш без одлагање, бидејќи свесни сме и ние и сведоци сме дека се што во минатото ВМРО-ДПМНЕ и јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ предложивме беше на прво одбиено, за да 15 – 20 дена потоа беше аплицирано, за жал задоцнето и ефектите од таквата апликација изостанаа.Затоа стојам овде и ве предупредувам, аплицирајте го ова за веднаш да излеземе од оваа финансиска криза. Благајничките записи заменете ги со државни хартии од вредност и оние средства кои што требаа да се уплаќаат во вториот задолжителен приватен пензиски фонд да бидат со уредба со сила на закон на владата пренаменети во средства кои што ќе се уплаќаат во првиот задолжителен  државен пензиски фонд.Сосема на крај сакам да упатам три пораки. Првата е до неспособните министри во владата на СДСМ, немојте да кревате паника, немојте да ја плашите администрацијата, затоа што ефектите од тој страв кој што вештачки и артифицијално го наметнувате дека ќе немало средства за плата на администрацијата, може да доведе до паника, а паниката може да предизвика несогледливи, негативни ефекти врз нашата македонска економија. Доколку вие не сте како карактери подготвени да се справите и да работите под притисок, напуштете ги местата и оставете им на луѓе кои што се подготвени да работат под притисок и знаат како да се справат со предизвиците.Втората порака е кон администрацијата, сите оние кои што ве убедуваат дека урамниловката е решение, јас стојам пред вас и ви велам, не тоа не е решение. Се консултирав и со мојот стратешки соработник професорот Хозе Караско кој што предава на кралскиот универзитет во Мадрид Шпанија и споделивме искуства. Таков случај воопшто не постои, ниту во Европа, ниту во Светото. Но, сакам да бидам искрен како што впрочем секогаш сум бил искрен со вас, кратење мора да има, тоа кратење во месец март според нашите анализи ќе биде до 10проценти, а потоа од месец за месец ќе го анализираме и врз основа на тие анализи ќе носиме заклучоци и ќе предлагаме до владата. Но ве уверувам сето она кое денеска заеднички ќе го скратиме ќе ви биде во подобри времиња вратено. Верувајте затоа што ВМРО-ДПМНЕ, јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ имам единствена цел сите заеднички да ја победиме оваа пандемија, а потоа сите заеднички да ја победиме економската криза и да излеземе сите заедно сплотени и обединети како победници од целата работа.Трета работа која што исто така сакам да ја упатам до пензионерите, а тоа е доколку се аплицира овој предлог кој што ВМРО-ДПМНЕ го предлага и тие 10 милијарди денари кои што беа предвидени да се слеат во вториот задолжителен приватен пензиски столб, се слеат во првиот задолжителен државен пензиски столб ќе има пензија за сите. Ќе има пензија навреме без доцнење и во времето на кризата.Конечно на крај сакам да упатам порака до бизнисот и сакам да упатам порака до владата. Ви ја подавам оваа рака за да седнеме и да разговараме. Едно е битката да се санираат последиците од пандемијата но и од економската криза, а онаа позначајната и поважната битка е како во услови на ваква пандемија и како во услови на ваква економска криза да го раздвижиме стопанството да може да создава производ, да може да создава додадена вредност за да ја одржиме економијата онолку колку што можеме за да веднаш после првиот ден откако ќе престане оваа криза и здравствена и финансиска го достигнеме максимумот и зошто да  не и повеќе од тој максимум.Она што како ВМРО-ДПМНЕ во периодот планираме да го спроведеме подготвени сме навремено да ја информираме и јавноста но и оние самобендисани министри во владата на Македонија, истакна Мицкоски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Levica-logo

Левица: Дали директорот на ЈСП врши притисоци врз вработените?

Деновиве до Левица пристигна анонимна пријава од вработени во ЈСП Скопје кои се под притисоци и закани од директорот Кристијан Чушков. Како што велат тие, Директорот на ЈСП со закани за отказ и притисоци врз раководителите ги бара сите вработени да го прекинат својот одмор и веднаш да се вратат на работа во време на ваква ситуација.  Дел од вработените, исплашени од ситуацијата со вирусот, со одобрение на раководителите на сектори и одделенија, решиле да користат законски годишен одмор и да седат дома, се вели во соопштението до Левица.Воедно, тие лица што немале стар одмор за 2019 година и веќе го искористиле претходно, поради што го користат новиот законски одмор за 2020 година, ќе добиеле отказ по налог на директорот Чушков. Дополнително, работниците кои го искористиле одморот од 2019 година веќе се вратени на работа, со објаснение дека не смее да го користат законскиот одмор кој им следи додека не се укине јавниот превоз или додека не се надмине вонредната ситуација.Јавните претпријатија мора да се организираат ефикасно во услови на вонредна состојба, при што во ниту еден случај не смее да биде загрозено здравјето на работникот, или истиот да подлежи под притисоци.Истовремено ја информираме јавноста дека и овој случај е пријавен до надлежните институции и очекуваме истите да реагираат веднаш и непристрасно да ја констатираат фактичката состојба. Доколку се утврдат неправилности во работењето на директорот Чушков, мора истиот да понесе одговорност. Воедно ги повикуваме и охрабруваме работниците да ги пријават сите кршења на работничките права, закани и притисоци со што соодветно би можеле да реагираме, се вели во соопштението до Левица.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

elizabeta

(ФОТО) Сопругата на претседателот - Елизабета Ѓоргиевска волонтира вo Црвен крст

Сопругата на претседателот Стево Пендровски - Елизабета Ѓоргиевска помага во тешките моменти за граѓаните кои се справуваат со пандемијата од корона вирус. Одговара на телефонска линија за помош.-Во овие тешки моменти важно е сите да помогнеме во рамки на своите можности и да си дадеме поддршка.Црвениот крст на град Скопје преку своите волонтери помага на различни ранливи категории.Заедно со Ивона одговаравме на телефонската линија за помош.Старите и изнемоштените лица на кои им е потребна психо-социјална поддршка можат да се јават на телефонскиот број: 075/352-246, а сите останати на 071/379-119, напиша Ѓоргиевска на својот ФБ профил.#СедиДомаhttps://www.facebook.com/elizabeta.gjorgievska/posts/10219863051920743

Македонија | пред 6 години

Andrea-Ugrinoska-27-03-2020

Угриноска назначена за претседавач на Комитет за млади при Совет на Европа

Андреа Угриноска, претседателката на Советот за Човекови Права на ЛДП, е избрана за претседавач на советодавниот Комитет за млади при Советот на Европа, кој е дел од институционалниот систем на со управување на младинската политика на најстарата паневропска институција - заштитник на демократијата и човековите права на континентот.„Од се срце и честитам на Андреа и ѝ посакувам успех. Нејзиниот избор одлично се вклопува во серијалот на добри вести од НАТО, ЕУ а еве сега и од Советот на Европа. Горди сме на квалитетниот кадар кој доживува меѓународни признанија и придонесува за угледот на нашата татковина”, изјави Горан Милевски, претседател на ЛДП.„Тешко е да се остане позитивен и да се прослави овој успех во вакви тешки времиња. Сепак, чувстувам оргомна чест и благодарност за можноста да влијаам на општеството во времиња кога верувам дека тоа е најмногу потребно”, вели Андреа Угриноска по нејзиниот избор.Андреа Угриноска е од Скопје, моментално живее и работи во Лондон каде претходно беше Извршна Директорка на Светската Федерација на Либерална Младина - IFLRY, чиј е полноправен член Либерално-демократската младина. Пред заминувањето во Лондон, Андреа беше во Управниот одбор на Националниот Младински Совет на Македонија (НМСМ).фото: ЛДП

Македонија | пред 6 години

mak-nato-4

Грчко МНР: Добредојде за нашите соседи во НАТО семејството

Министерството за надворешни работи на Грција упати честитки за нашето членство во НАТО.„Ѝ честитаме на Република Северна Македонија за нејзиното членство во НАТО како 30-ти член на Алијансата“, се наведува во честитката упатена преку профилот на грчкото МНР на „Твитер“.https://twitter.com/GreeceMFA/status/1243604023569244160?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1243604023569244160&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fmakedonija%2F%25d0%25b3%25d1%2580%25d1%2586%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25be-%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b8%25d0%25b5%25d0%25bc%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25be%2Fфото: Твитер

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Градоначалникот на Велес, негативен на Ковид-19

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, на својот Фејсбук профил објави дека тој е негативен на Ковид-19. Освен градоначалникот негативни се резултатите од тестовите и на неговата сопруга д-р Билјана Коцевска како и на нивните деца. напиша Коцевски.Драги фб пријателки и пријатели, Ве известувам дека според резултатите од земените примероци за корона вирусот и јас и членовите на моето семејство се негативни. Ви благодарам за вниманието, грижата и за големата поддршка. Посакувам и резултатите на сите други да бидат негативни. Вам и на Вашите најмили ви посакувам добро здравје. Ќе помине и ова. Чувајте се. Со почит, напиша Коцевски на ФБ.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

91452133_297138931258986_7219049918097260544_n

ГДУ: Радикални мерки за борба против Корона вирусот

Во светски рамки, како основнo оружје во оваа битка со опасниот вирус Ковид-19 се покажале масовното тестирање како и изолацијата-карантинот, се вели во соопштението од ГДУ. Од партијата во продолжение предлагаат:Затоа предлагаме:Зголемување на бројот на тестирани граѓани, вложување на целиот државен капацитет за зголемување на можностите за тестирање на граѓаните, особено во населените места каде што има регистрирано случаеви на Ковид-19. Тестирањето, пробите за тестирање да бидат земени од мобилни тимови по преценка на здравствените работници.Изолирање во карантин со уште построги мерки за контрола на секој заразен, соодветно лекување.Секој кој ќе влезе во државата да биде тестиран и во карантин, согласно мерките кои важат и сега.Контролни пунктови пред населените места, особено во оние населени места каде што нема регистрирани случаеви на Ковид-19. На пунктовите да се земаат проби за тестови на секој кој влегува во населеното место, да се врши анкета и да се собираат податоци за неговата состојба како и причините за патувањето и неговите евентуални контакти. Да се дезинфицира возилото, но и патниците во него, како и на секој да му се даде заштитна маска, ракавици и друга заштитна опрема.Искрено сме растревожени од хаосот кој владее во реториката помеѓу политичките субјекти во Македонија. За наша огромна жал, и во овие тешки моменти, не успеавме како општество и држава да го впрегнеме целиот капацитет и знаење, со цел да се справиме со предизвикот пред нас. Многу малку слушаме конкретни предлози за справување со кризата, особено во насока на безбедноста и здравјето на граѓаните. Имаме длабока убеденост дека економските интереси, како и економските последици од пандемијата, успеаја да го изместат фокусот од основниот приоритет во моментот, а тоа е здравјето на граѓаните.Без здрави луѓе, кои ќе произведуваат и ќе бидат потрошувачи, невозможно е да ја санираме или воопшто да ја развиваме економијата.Затоа ние од Граѓанско Демократската Унија-ГДУ ќе останеме лојални на нашето разбирање дека сега не е моментот за политичко препукување, туку е момент во кој сите кои имаат конкретни идеи, знаење и капацитет, се должни да го впрегнат во оваа тешка битка.Предлагаме радикални мерки за борба против Корона вирусот, со јасна цел како приоритет а имено здравјето на нашите сограѓани. Бидејќи сме мала земја овие предлог- мерки ќе може да се спроведат брзо и ефикасно и за не повеќе од месец дена ќе успееме да ја изолираме епидемијата, а здравите наши сограѓани во меѓувреме ќе можат да продолжат со работа.Така ќе го заштитиме населението, но ќе ги намалиме и лошите реперкусии врз економијата, се вели во соопштението од ГДУ.фото: ГДУ

Македонија | пред 6 години

koronavirus

IRL.MK: Другата страна на приказната за КОВИД-19 тестовите

Секој граѓанин што јавува симптоми на настинка, прво на што помислува е тестирање за КОВИД-19. Но, брзорастечката пандемија остави многу од државите без доволно тестови за детектирање на вирусот, а приоритет им се дава само на ризичните граѓани. Некаде недостасуваат и реагенси, дури и во побогатите западноеврпски држави како Белгија. На 16 март кинеската влада соопшти дека тие во нивните лаборатории измислиле ефикасен брз тест преку примерок од крв којшто дава резултати за 10 минути, чини евтино и лесно може да се произведе и дистрибуира, објави irl.mk.Колегите од IRL.MK објавуваат дека набрзо потоа, почна инвазија од продукција на овие тестови, а глобалната фармација брзо и стратешки ја искористи пандемијата и дополнително влеа недоверба во институциите. Овие тестови се рекламираат и преку пиар соопштенија во кои што приватните фирми се ставаат во улога на спонзори на општеството, имплицирајќи дека ако не можат владите, можат тие. Во многу држави овие тестови ги нарачуват и самите влади. Но, податоците за точноста и намената на овие тестови, според многу експерти се манипулативни. Истовремено, институциите не се заинтересирани да го спроведат владеењето на правото во време на вонредна состојба и во најмала рака да не дозволат злоупотреби врз населението во име на профитот.Манипулативна реклама на тестови за КОВИД-19Тестовите во „Систина“ почнаа да се прават денеска, а веќе се закажани сите термини до 5 април. Така одговорија оттаму кога новинарите на ИРЛ се јавија да закажат тест. Цената на тестот е 1200 денари, односно за 300 денари поевтина од другите две приватни лаборатории „Жан Митрев“ и „Биотек“ кои вршат тестирања за Ковид-19. Тестовите се набавени од фирма од Холандија, а дневно имаат капацитет за 300 теста.„Тестот кој се користи е високопрецизен брз хроматографски тест за детекција на IgG и IgM антителата кои се создаваат од коронавирусот (COVID-19). Комбинираната употреба на IgG и IgM тестот може ефикасно да детектира присуство на вирусната инфекција или претходен контакт со вирусната инфекција преку имунолошкиот статус на телото. Точноста на тестот е 92.9% , a доколку подобро се информирате, попрецизни  резултати се добиваат на тестовите кои се вршат преку земање на примерок од крв во споредба со тестовите каде што примерокот се зема преку брис, особено во случаите кога тоа пациентите треба да го направат сами“, одговорија од „Аџибаден Систина“ на прашањата на ИРЛ. Тестовите во Институт за јавно здравје, „Жан Митрев“ и „Биотек“ се прават преку брис и со нив се детектира дали лицето е заболено од коронавирус.  Овие тестови се нарекуваат молекурални тестови. Тестовите во „Систина“ се прават преку крв и преку нив се откриваат само антитела на вирусот, со што пациентот може да дознае дали бил претходно заболен од Ковид-19 и во многу ретки случаи дека во моментот има вирус. Тоа на денешната прес конференција го објасни и министерот Венко Филипче.„Рапид тестовите не се дијагностички тестови”, вели министерот за здравство Венко Филипче. Во превод, тие не го детектираат вирусот, туку присуството на антитела во крвта.Текстот во целост на:  irl.mk.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Летното сметање на времето почнува од 2 по полноќ

Од 2 часот после полноќ започнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот.Летното сметање на времето завршува на 25 октомври во 3 часот по полноќ.Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот во земјите од Европската унија. Предлогот беше усвоен од страна на Европскиот парламент, но сепак секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

EH-1

Македонија и светот денеска во едночасовен еколошки мрак!

Денеска, Часот на планетата Земја ќе се солидаризира со милионите граѓани ширум светот и низ овие кризни времиња ќе испрати порака за да слушне гласот на индивидуалците!Како што акцијата ќе патува низ часовните зони, милиони луѓе ширум светот преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час ќе испратат порака за спас на планетата Земја, заеднички да ги промениме климатските промени, но и да ги освестиме луѓето за проблемот поврзан со намалување на биодиверзитетот!Во моменти кога целиот свет се обединува во борба против уништувањето, без разлика дали се тоа смртоносни вируси, или пак климатските промени, Часот на планетата Земја ги повикува своите поддржувачи виртуелно да се приклучат кон акцијата оваа година и да ги исклучат светилките во своите домови.„Сочувствуваме со фамилиите на оние кои ги загубија животите од вирусот Ковид-19 и мислите ни се со илјадниците болни ширум светот. Во овој момент на криза, мора да се обединиме повеќе од било кога за да ја загарантираме нашата иднина и иднината на нашата планета. Сега е време на солидарност и време да одговориме на предизвиците покреативно. Ве повикуваме на обединување во едночасовниот мрак за да испратиме порака за посигурна, почиста и поздрава иднина за нас и идните генерации!“ – вели Марко Ломбертини, извршен директор на Светскиот фонд за природа.Бидете сигурни да го споделите вашето искуство со нас користејќи го хаштагот #EarthHourMK! Исто така, означете нè @EarthHourMK на Instagram, @EarthHourMK на Facebook и @EarthHourMK на Твитер за да можеме лесно да ги споделиме вашите објави и приказни!На повикот за солидарност и обединување се одзваа голем број на пејачи и инфлуенсери од македонската естрада, кои го прифатија нашиот еколошки предизвик на заедничка „онлајн“ дружба оваа сабота – да седиме дома и заеднички да ги исклучиме светилките во 20:30 часот.Ги повикуваме граѓаните и сите наши поддржувачи да ни се приклучат на едноипол часовниот спектакл на нашиот инстаграм профил @earthhourmk, каде што ќе имаме можност заеднички да уживаме во настапите во мрак на нашите „Некст тајм“, ДНК, Антонија Гиговска, Иван Јованов, Огнен Здравковски, Теа Трајковска, а исто така ќе можеме да поразговараме и за климатските промени со Ване Марковски, Ирена Спировска, Татјана Алексиќ и многу други.„Инстаграм Лајв“ сесијата ќе започне во 20 часот, додека светилките ќе ги исклучиме во 20:30 часот.Инаку, во минатата деценија, Часот на планетата Земја инспирираше глобално учество во критични иницијативи за природата, климата и животната средина, помагајќи во кревање на свеста за проблемите со кои се соочува нашата планета. Изминатите години, движењето помогна во создавање на 3,5 милиони хектари заштитена морска област во Аргентина, шума од 2.700 хектари во Уганда и помогна да се донесе нова законска регулатива за заштита на морињата и шумите во Русија. Минатата година, WWF-Еквадор се заложи за закон за забрана за употреба на пластични кеси, други пластични еднократни производи и производи од стиропор во главниот град, додека пак WWF-Индонезија иницираше засадување на 20.000 садници од мангрови во 13 градови.Оваа година, Часот на планетата Земја ќе се одржи на 28 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата. 

Македонија | пред 6 години

vmro_np

ВМРО НП: Ги повикува министрите во Владата на Македонија редовно да си ги плаќаат обврските и долговите кон фирмите

ВМРО-Народна партија во отсуство на сеуште дефинирани мерки за економска помош, ги повикува министрите во Владата на Македонија редовно да си ги плаќаат обврските и долговите кон фирмите, на тој начин ќе овозможат базичниот принцип на економијата да не застане, е вели во соопштението од ВМРО НП.Плаќањето на веќе договорените и извршените работи од страна на фирмите ќе овозможи фирмите да ги исплатат платите кон вработените и повторно преку плаќање на даноци да ги вратат парите назад во буџетот.Во таа насока посебно го повикуваме министерството за финансии кое треба перманентно да ги координира министерствата и да врши дополнителен притисок за исплата на веќе пристигнатите обврски, се вели во соопштението од ВМРО НП.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

hotel

Влада: Државните карантини се безбедни и строго контролирани, нашите државјани сместени таму не се закана за никого

Владата на Република Северна Македонија апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани кои се најдоа во странски земји се по највисоки здравствени стандарди. Станува збор за обезбеден капацитет од 2104 легла во моментов во целата држава, во 19 сместувачки објекти, а од нив пополнети до сега се 1082 легла.Граѓаните сместени во државните карантински објекти не се закана за никого, а објектите ги обезбедуваат полицијата и војската. Ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не смее да ја напушти сопствената соба, ниту објектот, а секој кат од секој сместувачки објект е строго контролиран и обезбеден од војската и полицијата. За секој од нив е направена епидемиолошка анкета и определен е соодветен режим во карантинскиот објект кој е целосно безбеден и строго контролиран и надгледуван. Нема ниту најмал простор за загриженост, а најмалку за паника, обезбедени се највисоки здравствени стандарди и протоколи.Сите мерки што се преземени, за утврдување на локацијата и објектите за карантин, се направени исклучиво согласно препораките на Светската здравствена организација и врз сериозни и стручни анализи и проценки.Во таа насока, целосно ја поддржуваме Општина Битола која повика на состојбата на солидарност, човечност, колективност какви што граѓаните на Битола секогаш покажувале. Наша заедничка мисија нека биде граѓаните сместени во објектот предвиден за државен карантин да ги поминат во мир 14-те денови во изолација, бидејќи тие не се таму по сопствена волја, туку исклучиво заради строгото спроведување на мерките кои се преземаат во нашата земја и во целиот свет за справување со пандемијата.Ова е време на солидарност. На секој граѓанин ќе му биде пружена соодветна помош од стручните здравствени работници.Тоа е одговорно однесување. Тоа е силен отпор против заканата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Bolnica

(ФОТО) Се поставува монтажна болница во кругот на Инфективна клиника

Се подигнува монтажна болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Со оваа болница клиниката се штити од преоптовареност, а даваме можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита на населението од коронавирус, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.Министерот дополнува:Деновиве се спроведе вистинска акција со големи човечки напори и одлична меѓуинституционална соработка. Голема благодарност до сите што учествуваа во овој процес!Со помош на Армијата и нејзината механизација, екипите на ЈП „Улици и патишта“ и инженерите од Проектната единица при Министерството за здравство во рекорден рок го подготвија теренот и овозможија пристап до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за брзо справување со коронавирусот.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/pcb.2348152032158483/2348151072158579/?type=3&theaterфото: ФБ Венко Филипче

Македонија | пред 6 години

rakavici

(ВИДЕО) Жан Митрев на 24 вести во студиото зборува да не се носат ракавици дека со ракавици е пострашно, а пред него во студиото беше Мукаетов со ракавици

Гостувајќи на Телевизија 24  македонскиот кардиохирург Жан Митрев кажа дека заштитни ракавици не треба да се носат бидејќи со нив се прави повеќе штета од колку што се штитиме. Ова Митрев го кажа веднаш од како пред него во истото студио со ракавици на рацете гостуваше Живко Мукаетов директорот на македоскиот фармацевстски гигант „Алкалоид“.Докторот Жан Митрев е неспорен авторитет на нашата медицина, Мукаетов е директор на неспорен гигант во нашата фармација ( па логично е да е советуван од неспорни аворитети на тоа поле ) , телевизијата каде гостуваа е неспорно објективна и сега стои прашањето: Што да правиме ? !https://www.facebook.com/111220626921688/videos/785448742274977/?v=785448742274977

Македонија | пред 6 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Денарот е и ќе остане стабилен – нема промени на нивото на неговиот девизен курс

Имајќи предвид дека во некои медиуми и на социјалните мрежи има објави во коишто се коментираат девизни курсеви на онлајн-платформи, би сакале да укажеме дека овие онлајн-платформи не се релевантен извор за следење на вредноста на денарот. Објавите на овие онлајн-платформи не произлегуваат од реално тргување со валути. Единствен релевантен извор на информации според којшто населението и фирмите може да го следат девизниот курс на домашната валута е курсната листа што ние како централна банка ја објавуваме на нашата веб-страница –www.nbrm.mk. Таа ги отсликува цените на валутите од реалните тргувања на домашниот девизен пазар. На курсната листа којашто е во важност и во моментов, средниот курс на еврото во денари изнесува 61,69 денари.Апелираме на совесно и одговорно информирање и проверка на вистинитоста на изворите на информации. Секое произволно толкување на информациите во врска со домашната валута може да креира негативни ефекти за нашата економија. Апелираме онлајн-платформите да не се користат како релевантен извор на информации и нивното прикажување на виртуелни пресметковни курсеви да не се смета за релевантен податок. Овие платформи не ја прикажуваат вредноста по која странските валути се купуваат на домашниот пазар, односно кај банките и менувачниците.Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво. Во повеќе наврати истакнавме дека располагаме со низа инструменти со коишто гарантираме дека девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен. Потсетуваме дека девизните резерви коишто се клучни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута се на високо ниво, и тоа двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година.         Граѓаните треба да бидат спокојни. Стабилноста на курсот била, е и ќе остане наш приоритет. Ние гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен! фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања