Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

goran-4

77 годишна жена од струшкото село Подгорци почина на инфективното одделение во Охрид

На инфективното одделение во Охрид, денеска починала 77 годишна жена од струшкото село Подгорци. Директорот на општата болница Горан Балевски за Скопје 1 вели дека пациентката вчера била донесена со приватно возило, во лоша здравствена состојба, по што веднаш била хоспитализирана. Таа имала пневмонија и бројни коморбидитети, а до сега се лекувала во домашни услови.Балевски вели дека на пациентката по приемот веднаш и бил земен брис, а истото било направено и по нејзината смрт.-Се очекуваат резултатите, по што ќе може да информираме од што точно таа починала. – вели диракторот Балевски.Др. Балевски вели дека охридската општа болница благодарение на добрата организација, личното залагање на поискусните лекари и големата помош од донатори, во моментов располага со доволни количини заштитна опрема на сите одделенија, благодарение на што непречено се одвива работата на сите оддели, а се прават и неопходните операции.фото: Г Балевски

Македонија | пред 6 години

petar_bogoyeski

Богојески: Нормалните држави не прават сеир со сопствените граѓани, туку дирекно дејствуваат против теророт!

ФБ статус на лидерот на „Македонски концепт“ Петар Богојески.Не е во ред!!!Не е во ред да се исмеваме со сопствените граѓани, кои се жртви на лажни вести и пропаганда! Треба да покажеме емпатија и грижа за нив, да ги заштитиме и да им помогнеме, да научат да разликуваат лага од вистина! Такви жртви има несекаде низ светот, кај сите држави и нации!Нормална држава треба да преземе мерки во таа насока… обука за препознавање на лажна пропаганда… кампања за навремено и вистинско информирање на граѓаните… и најважно од се, конечно санкционирање на т.н. “патриотски медиуми”, мотивирани од странски пари, кои се дирекни соработници и соучесници во овој хибриден тероризам врз нашата држава и нација!Сеење на страв и паника помеѓу населението, е дефиниција за тероризам! Нормалните држави не прават сеир со сопствените граѓани, туку дирекно дејствуваат против теророт! Бидејќи ние не сме нормална држава, а дел од нашите институции се сеуште се под влијание на тие терористички центри, време е за сојузничка интервенција, со цел да си го заштитиме народот!Поради истите овие причини и граѓани, со децении со Македонија владеат бандитите во политиката… на ист начин, користејќи лажна пропаганда!Се исмеваме на вирусот 5 гига… со антената корона… се исмеваме на античките фанариотски комити… се исмеваме на библиска држава… на сеправославно единство… а не гледаме дека од ден на ден, народот го губи спокојот и живее под се поголем стрес и паника!За што постои државата?!?Токму затоа викаме, редно е да направиме НОРМАЛНА ДРЖАВА!!!, напиша Богојески на ФБ.https://www.facebook.com/seir2017/videos/vb.718010678363674/213970926690368/?type=2&theater

Македонија | пред 6 години

donacija-sad

Заштитна медицинска опрема – донација од САД за Северна Македонија

Донација од САД, која се состои од заштитна медицинска опрема за борба против коронавирусот, примија денеска вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче, во присуство на американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.„Исклучително сум задоволна што сум овде со вицепремиерот Османи и министерот Филипче во примопредавањето на оваа донација во името на САД. Оваа асистенција е уште еден начин на кој САД соработува со своите НАТО-сојузници и ЕУ-партнери, да бидат добри соседи и заедно да се справуваат со ковид-19. Материјалот што денеска го предаваме на министерството за здравство е наменет за заштита на медицинските работници кои се на првата линија во борбата со кризата. Сите ние ним им должиме огромна благодарност за нивните напори во спасувањето животи, третманот на болните и спречувањето на натамошното ширење на вирусот“ изјави Кејт Мари Брнз, Амбасадорка на САД во Северна Македонија.„Еве нè денес на лице место каде се предава дел од онаа поголема најавена поддршка од над еден милион долари. Се работи за различна заштитна облека – маски, одела итн., кои се наменети за лекарите, за епидемиолозите и останатите здравствени работници. Оваа опрема им се става на располагање на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, на кои секако им е најпотребна, имајќи предвид дека опремата ќе ја користат медицинските лица кои се првата одбрана на земјата од епидемијата“, истакна Османи, кој воедно изрази и благодарност до САД и до амбасадорката.Министерот за здравство, Венко Филипче, заблагодарувајќи се за донацијата, за која истакна дека во овие моменти е неопходна за справувањето со коронавирусот во земјава, истакна дека истата значајно ќе им помогне на здравствените работници при извршувањето на работните обврски. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Уште еден притвореник почина во Шутка

Почина 23 годишен притвореник од Гостивар во затворот во Шутка. Според МВР, во полиција во 15:05 било пријавено починато лице, и е испратена екипа за увид. Засега нема информации за причините за смртта.Пред само една недела, на 8 април исто така почина притвореник кај кого посмртно беше пронајдено присуство на коронавирусот.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Oliver

Спасовски: Празнувањето на Велигден дома не нѐ прави послаби верници

Сите граѓани и сите чинители во општеството мора да ги почитуваат мерките на Владата, а тие се јасни и недвосмислени, порача на „Фејсбук“ премиерот Оливер Спасовски.Тој истакна дека истите ограничувања остануваат и за велиденските празници и ќе важат за секого.-Потсетувам дека е активна и забраната за групирање на граѓаните во групи поголеми од две лица, на јавни простори. Ова се активните ограничувања, одлуки и мерки и тие остануваат на сила и за време на велигденските празници.Владата не отстапува ниту педа од одлуките и мерките кои се во интерес за заштитата на јавното здравје и во интерес на здравјето на секој граѓанин. Тие важат за секого!Навистина, денес поминуваме низ тешки искушенија и во однос на личните вредности и потреби.За првпат православните верници, наместо во храмовите, ќе треба да ги поминат Велигденските празници во своите домови. Четириесетдневниот велигденски пост ќе го завршиме со личен подвиг во кругот на нашето семејство и во нашите домови. Велигденските пораки за победата над смртта ќе ги упатиме од дома. Преку телефон, преку интернет, секој од своето семејство, од својот сопствен дом, а не собрани по роднини и гости.Тоа нема да нѐ направи послаби верници - напротив, тоа ќе ни го зајакне духот, зашто сите знаеме дека со тоа спасуваме ЖИВОТ.Нашите животи зависат од однесувањето на сите нас – никој од нас нема право да загрози туѓ живот, а живот нема да загрозиме ако останеме дома.Да се здружиме сите и да го запреме вирусот кој му се закани на целото човештво.Народот и државата можат заедно да го спречат ширењето на вирусот, напиша премиерот на ФБ.https://www.facebook.com/o.spasovski/posts/1553284454849172фото: ФБ Оливер Спасовски

Македонија | пред 6 години

poliklinika-drachevo

Маж починал во ходникот на Поликлиниката во Драчево

На 14.04.2020 година во 09:00 часот во Полициска станица Драчево од здравствена установа, сместена во Поликлиника нас.Драчево, било пријавено дека во 08:40 часот кај нив бил донесен Ш.С.(62) од Скопје кому, откако пристигнал во ходникот од установата, му се влошила здравствената состојба, по што починал.Смртта ја констатирал лекар од здравствената установа.По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на семејството.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Pendarovski

Претседателот Пендаровски за утре закажа седница на Советот за безбедност

Утре, 16 април 2020 година, четврток, со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски, ќе присуствуваат и заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања и Национален координатор за странска помош, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче.Претходно од Владата соопштија дека на седница одлучиле да му достават предлог на Претседателот во кој се оценува дека за успешно справување со коронавирусот потребна е вонредна состојба во државата.Вчера претседателот Пендаровски рече дека, со оглед на панедемијата, смета дека ќе има продолжување.На 18 март беше прогласена вонредна состојба на територија на цела држава во траење од 30 дена.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-1

МЗ испрати корегирано соопштението за статистиката на денот

По завршената епидемиолошка анкета, Институтот за јавно здравје информира дека за 2 лица позитивни на Ковид-19, евидентирани во денешниот извештај во Охрид, е утврдено дека се жители на Струга, но истите се тестирани преку пунктот во Охрид.Согласно тоа, земете ја во предвид следнава статистика која се однесува на бројката на новодијагностицирани и нивната дистрибуција по градови:- Скопје 10- Куманово 27- Штип 3- Прилеп 4- Тетово 5- Струга 6- Велес 2- Охрид 3- Гостивар 1- Кочани 3- Неготино 2Досега по градови потврдени случаи на Ковид-19 се регистрирани во:- Скопје 339- Куманово 262- Дебар 49- Штип 31- Прилеп 89- Тетово 43- Струга 49- Велес 36- Битола 9- Охрид 7- Кавадарци 3- Гостивар 10- Гевглелија 4- Струмица 2- Крива Паланка 4- Радовиш 4- Крушево 3- Кочани 25- Пробиштип 2- Кичево 1- Неготино 2фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Protesti

Предложени казни од по 5000 евра за тројца прекршители на полицискиот час во Сингелиќ

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за определување казнен налог против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите на 13 април околу 22 часот, во скопско Сингелиќ биле затекнати надвор од нивните домови, без да поседуваат дозвола за движење, со што ја прекршиле Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на тројцата обвинети да им изрече парични казни од 100 дневни глоби, а висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 50 евра.По насоки на јавниот обвинител, Министерството за внатрешни работи постапува за идентификација на останатите лица кои на 13 април во знак на протест излегоа на улиците на Сингелиќ и го прекршија полицискиот час. Откако МВР ќе го документира целиот кривично-правен настан и ќе поднесе кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје со приоритет ќе постапи согласно Законот за кривична постапка.​​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Филипче и Димитров на видео конференција со ЕУ амбасадорите во земјата

Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче и министерот за надворешни работи Никола Димитров денес присуствуваа на видео конференција со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Северна Македонија, предводена од амбасадорот на делегацијата на ЕУ во земјата, Самуел Жбогар.На видео конференцијата беа разменети информации и мислења за состојбата со вирусот COVID-19 во земјата, како и за можностите за поефикасно сузбивање на кризата преку помошта од ЕУ, но и билатералната соработка со нејзините земји членки.Од македонска страна беше презентирана состојбата со епидемијата кај нас, како и предизвиците со кои се’ уште се соочува нашиот здравствен систем. Министерот Филипче истакна:„Согласно актуелната состојба со коронавирусот во земјата, засега успешно го менаџираме текот на епидемијата. Со линераен раст на ново-потврдени позтивни пациенти на Ковид-19, успеваме да го амортизираме здравствениот систем и да ги оптимизираме болничките капацитети и медицинскиот пероснал. Пикот на епидемијата го очекуваме кон крајот на април, почетокот на мај, мерките и препораките даваат резултат. Во услови кога целиот свет се соочува со кризата, поддршката која ја добиваме од ЕУ и членките е од исклучителна важност и доказ дека заедничкото делување и заемното помагање водат кон побрзо справување со оваа состојба“ – истакна Филипче.Во тој контекст, министерот Димитров ја поздрави одлуката на Европската комисија да ја прифати иницијативата на министрите за надворешни работи од земјите од регионот за укинување на извозните рестрикции за Западниот Балкан за набавка на медицинска заштитна опрема од ЕУ. Се заблагодари за континуираната поддршка што земјата ја добива на повеќе нивоа, како од Унијата, така и од нејзините земји членки.„Солидарноста на ЕУ како дел од нејзиниот координиран глобален одговор на кризата е од витално значење за нас и нашиот регион. Нашиот главен фокус е да ги заштитиме македонските граѓани, како во однос на нивното здравје, така и во поглед на социо-економските последици од пандемијата. Поддршката од „Тимот Европа“ има клучна улога при реализирањето на нашите цели. Благодарни сме што сме дел од тој тим, заеднички работејќи и при успешниот процес на репатријација на македонските, но и на граѓаните од ЕУ.“ –истакна Димитров.Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Северна Македонија ја истакнаа посветеноста на македонските власти при справувањето со коронавирусот, поздравувајќи ја навремената координација и имплементација на мерките. Тие се заблогадарија за транспарентноста и кооперативноста на Владата при информирањето, репатријацијата, безбедноста на сите граѓани во земјата, вклучувајќи ги и странските државјани.фото:МЗ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кризен штаб Охрид: Во текот на изминатите 24 часа, на територијата на Охрид, влегле над 300 моторни возила од други општини

ВАЖНО⚠️Од денешниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, беа донесени следните заклучоци➡️Од утре (четврток) пред сите поголеми маркети на територијата на Општина Охрид од страна на Кризниот штаб ќе бидат поставени редари кои ќе имаат за задача да спроведуваат ред и ограничување на бројот на лица кои влегуваат во маркетите, во согласност со препораките за превенција од Ковид 19.➡️Најголемиот производител на леб и бели печива во Охридскиот регион "Жито Леб" ќе се приклучи во хуманитарната акција за доставување на основни прехранбени намирници до најзагрозените семејства, која беше иницирана од Кризниот штаб на Општина Охрид.Започнувајќи од утре (четврток), секој работен ден во попладневните часови, Мобилните тимови на Општина Охрид и Охридскиот Црвен крст ќе подигнуваат прехранбени пакети од "Жито Леб" и ќе ги доставуваат до најзагрозените и социјално ранливи семејства, по утврден список на Црвен Крст.➡️Беше заклучено дека се потврдија очекувањата, поради која Кризниот штаб на Општина Охрид, побара од Кризниот штаб на Владата на Република Северна Македонија да ја разгледа можноста за воведување на забрана за влез на жители од други општини во Општина Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Општина Охрид при влез и излез од градот, непосредно пред велигденските празници.Според евиденцијата на членовите на Кризниот штаб, во текот на изминатите 24 часа, на територијата на Општина Охрид е регистриран влез на повеќе од 300 моторни возила со регистарски таблички од други општини. Од оваа бројка се исклучуваат возилата кои се од соседните општини на Општина Охрид.Врз основа на оваа состојба и очекувањата дека во текот на следните два дена, оваа бројка ќе биде значително поголема, се упатува⚠️❗АПЕЛ ❗⚠️до сите граѓани кои туристички престојуваат во викенд становите и куќите на територија на градот Охрид и крајбрежните населени места, да се придржуваат до сите препораки за превенција и заштита од Корона вирусот Ковид-19. Се апелира особено да се почитува Полицискиот час, забраната за групни собири и прослави, препораката за држење на соодветно растојание на јавен простор, соодветно депонирање на отпадот и носење на соодветна заштитна опрема.Да бидеме совесни и одговорни! Да го зачуваме сопственото и јавното здравје.#ОхридСедиТдомаhttps://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/579804339291840/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

15042020_IS_pres-konferencija-1

Филиповска-Грашкоска: Затворени 5 угостителски објекти во Скопје, непочитувањето на владините мерки строго се санкционира

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешната редовна прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од инспекциски надзори од повеќе инспекциски служби во надлежност на Советот, за периодот од 9-13 април. Притоа за овие пет дена соопшти Филиповска-Грашкоска од страна на шест инспекторати се направени вкупно 1.319 надзори.„Државниот пазарен инспекторат во периодот од 9-13 април направи 514 контроли од кои еден дел се однесуваат на работењето на угостителските објекти, а останатиот на контроли на замрзнатите цени на одредени производи. Притоа се затворени вкупно 5 угостителски објект сите во Скопје, а од визуелната обиколка низ повеќе градови констатирано е дека угостителите ги почитуваат забраните за работа. Државниот пазарен инспекторат изминатите пет дена интензивно ги контролираше и кафематите на бензинските пумпи и на други локации при што се забранети за употреба 60 кафемати во Скопје, Тетово, Битола и Куманово“, рече Филиповска-Грашкоска.Претседателката на Инспекцискиот совет истакна дека инспекторите од пазарниот инспекторат се постојано на терен и ги контролираат малопродажните и големопродажните објекти. Констатацијата е дека поголемиот дел од трговците ги почитуваат одлуките за смрзнатите цени, а на оние кадешто е забележано зголемување им се наложува да ги вратат цените како на 11 март.Филиповска-Грашкоска рече дека Агенцијата за храна и ветеринарство во периодот од 9 до 13 април спроведе вкупно 162 надзори во повеќе градови низ државата во маркети, угостителски објекти, месарници, производствени објекти, зелени пазари.„Притоа издаде вкупно 2 казнени мерки едукации поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна. Исто така издадени се и вкупно 19 решенија за констатирана лоша општа хигиенска состојба, а изречена е и една глоба за пуштање во промет на производ со поминат рок“, рече Филиповска-Грашкоска.Претседателката Филиповска-Грашкоска истакна дека Државниот инспекторат за труд во периодот од 9-13 април реализираше вкупно 446 контроли при што се донесени 7 решенија и 9 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата. Поголемиот дел од овие надзор се поврзани со постапување по претставки за платено отсуство на родител на дете до 10 години, самохран родител, бремени жени и хронички болни.Трудовиот инспекторат констатира дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на вработените од КОВИД-19.„Државниот инспекторат за транспорт во периодот од 9-13 април направи вкупно 85 надзори. Притоа констатира дека меѓуопштинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран, односно неговиот интензитет е намален за околу 95% и продолжува да се редуцира. Од направените контроли на автобуските станици во неколку градови низ државата е утврдено дека се почитува владината одлука за 50% намален капацитет, односно за преполовен број на патници. Меѓународниот линиски превоз на патници е во целосен прекин и нема постојан престој на граничните премини“, рече Филиповска-Грашкоска.Државниот здравствен и санитарен инспекторат, рече Филиповска-Грашкоска, во периодот од 9-13 април спроведе вкупно 77 надзори. Исто така, во овој период издадени се 179 дозволи на транспортери професионални возачи. Овие дозволи се неопходни за непречено спроведување на транспортот во услови на епидемија од коронавирус.МАЛМЕД во периодот од овие пет дена изврши вкупно 35 контроли. При тоа е констатирано дека нема специфични отстапувања. Секторот ги почитува препораките, се одржува ред во аптеките, се дозволува влез на ограничен број на лица во аптеките, а цените се согласно препораките и одлуките на Владата. Инспекторите на МАЛМЕД продолжуваат да ја следат состојбата секојдневно на терен.„Инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат засилено да работат на терен. Нерегуларностите и непочитувањето на владините мерки и препораки најстрого ќе се санкционираат без исклучоци. Овие мерки се донесени со цел да се сочува јавното здравје и мора да се почитуваат. Апелирам за одговорност од секое правно лице, секој поединец бидејќи само така можеме да се избориме со ширењето на заразата“, рече Филиповска-Грашкоска.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

gaki

ВИДЕО: Полициски час надвор, во гаражите секс, во влезовите собиранки - каде ни е свеста?!

Граѓаните на граѓаните кои живеат во згради станаа места за водење љубов, а влезовите за собиранки на децата од маало. Скопјани се жалат дека надлежните реагираат и се справуваат со групните собирања само површно, додека пак, проблемот е поголем од тоа што изгледа. Тие стравуваат од ширењето на заразите, па велат, во услови кога сите седат дома, ходниците на зградите се полни. Тие доставија и видео материјал до „Скопје1.мк“ на кој се гледаат расфрлани отпадоци, како влажни мараници, хартија, опаковки од храна, кафе, но и чорапи и долен веш.Вознемирени реагираат дека ова не е случај само сега, туку постојано, пријавувано е, но за џабе. Тврдат дека проблемот не е само кај нив, туку во сите околни згради во реонот на Карпош. Но, во услови на пандемијата со коронавирусот и спречувањето на негово ширење, ова е недозволиво, велат жителите на зградата во скопски Карпош 4. Но освен во гаражите, собиранки се прават и во влезовите на зградите во Скопје, но и на спратовите.По воведувањето на полицискиот час, деца и цели друштва се собираат и дружат во влезовите на зградите, каде што не се жители. Станарите забележуваат дека луѓе за време на полицискиот час и пред него, се собираат и на терасите кои ги има на меѓу спратовите. Тие апелираат МВР да ги зголеми контролите и да реагира на ваквите појави.

Македонија | пред 6 години

15042020_DUJP_Lukarevska_pres-konferencija-1

Лукаревска: Компаниите се ослободени од плаќање аконтации за данок на личен доход и за данок на добивка

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска во Медиа центарот на Владата на Република Северна Македонија одржа прес-конференција посветена на Уредбата со законска сила за примена на законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, со којашто се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година, како и Уредбата со која се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година.Во продолжение интегралното обраќање на директорката на УЈП, Сања Лукаревска:„Изминатиов период сите заедно живееме тешко време, соочени со последиците предизвикани од глобалната пандемија од коронавирусот.Во овој момент најважна е помошта од државата со којашто ќе им се помогне на сите кои се директно погодени од оваа криза. На секоја компанија, на секој работник, на секој човек.Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, со којашто се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година, како и Уредба со која се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година.Ослободувањето од плаќање на аконтациите на данок на добивка се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, дејност на туризам или транспорт и други обврзници, кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за справување со КОВИД–19.За да го користат ова право обврзниците треба да ги исполнуваат следните услови:Да не исплатуваат дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, од денот на влегувањето во сила на уредбата со законска сила, до денот на траењето на ослободувањето (15 јуни 2020 година) иДа не го намалат бројот на вработени, сметано од 26.03.2020 година до три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.Обврзниците од останатите дејности правото од ослободување од плаќање на аконтациите на данокот на добивка може да го остварат доколку исполнуваат и еден од следните услови:Вкупните приходи на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40% во однос на истиот период претходната година, илиБројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките, да изнесува најмалку 25% во однос на вкупниот број на вработени во месец февруари 2020 година, илиДаночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).Даночните обврзници, го остваруваат ова право со електронско поднесување на образец Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данок на добивка (образец ДД-ОМА) преку системот e-Даноци на УЈП. Досега во УЈП се поднесени и прифатени вкупно 370 барања.Ослободувањето од плаќање на данокот на личен доход се однесува на обврзниците кои остваруваат доход од вршење на угостителска дејност, туризам и транспорт, но и други даночни обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејност, а имаат претрпено штети во своето работење заради спроведување на мерките за справување со КОВИД-19.Обврзниците кои остваруваат доход од вршење на угостителска дејност, туризам и транспорт не треба го намалат бројот на вработени, сметано од 26.03.2020 година до три месеци по престанувањето на важноста на уредбата, освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработен.Обврзниците од останатите дејности кои имаат претрпено штети во своето работење, треба да исполнат еден од следните услови:-        вкупните приходи на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40% во однос на истиот период претходната година, или-        бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките за КОВИД-19 да изнесува најмалку 25% во однос на вкупниот број на вработени во месец февруари 2020 година, или-        даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).За користење на ослободувањето самовработените лица поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец ДЛД-ОМА) преку системот е-персонален данок на Управата за јавни приходи.Управата за јавни приходи овозможи автоматска обработка на поднесените Барања при што обврзникот добива повратна порака за статусот на Барањето.Барањето се однесува за трите месечни аконтации кумулативно (март, април и мај 2020) така што обврзниците не треба да поднесуваат барање за секоја аконтација посебно. Доколку обврзникот добие порака дека Барањето е комплетно и е прифатено, автоматски се применува ослободување од плаќање на аконтациите на данок за месеците март, април и мај 2020 година.Доколку обврзникот има поднесено комплетно и прифатено барање сите наредно поднесени барања ќе добијат статус на отфрлени.Доколку обврзникот направил грешка при пополнување, поради што барањето е отфрлено, истиот треба да поднесе ново барање.УЈП ве повикува и охрабрува самовработените лица и сите кои ги исполнувате условите од овие Уредби, да поднесете Барања до Управата за јавни приходи и да ја искористите оваа поддршка.Единствената цел на овие мерки е помош и поддршка да се преброди полесно овој тежок период.Во борбата со којашто сме соочени сите, не сте сами. Управата за јавни приходи како институција којашто гради и остварува партнерски однос со компаниите се обврзува на ефикасност и целосна услужност во реализацијата на овие мерки кои значат поддршка за секоја компанија којашто ги трпи последиците од корона кризата.“

Македонија | пред 6 години

93010046_468300563897846_244562150868123648_n

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Зголемен број труења на бездомни животни, но и на кучиња со сопственици

Ги известуваме медиумите и целокупната македонска јавност дека во последниов период, поконкретно по воспоставувањето на построгите мерки за превенција и заштита од Ковид-19 кога стапи на сила полициски час на територијата на целата држава, забележан е зголемен број труења на бездомни животни, но и на кучиња со сопственици, се вели во соопштението од  Здружението за унапредување и заштита на благосостојбата на животните „Дејзи Фемили“ Скопје.Имено, се работи за расфрлање на отровот Метомил или попознат како „Ланате“, на повеќе јавни површини во повеќе реони низ Скопје и околината, за што сведочат и други здруженија и независни активисти, при што настрадаа повеќе здрави единки. На пример, во неделата на 12.04.2020 беше отруено бездомно куче под наша грижа, имаме информации за расфрлан отров во текот на изминатиот викенд во Карпош, Радишани, Ново Лисиче, Козле, Влае, а само пред неколку часа отруено е куче кое пред само една недела беше во непосредна опасност, кога настрада друго куче од истата околина, односно истата група на бездомни, но згрижени животни.Сакаме да потенцираме дека несомнено е дека се работи за извршување на смислени и планирани дејствија, особено ако се земе предвид фактот што во најголем дел се работи за маалски миленици, односно животни под грижа на здруженија, независни активисти и локални жители, кои во својот реон живееле подолго време и со кои не е поврзан ниту регистриран било каков инцидент, односно немил настан како напад и угризување на минувачи. Алармантно и симптоматично е тоа што овие кривични дела се извршуваат со зголемен интензитет во вонредна состојба и при прогласен полициски час на територијата на целата држава, кога се претпоставува и очекува зголемено присуство на чуварите на јавниот ред и мир, а со тоа и зголемена безбедност на граѓаните.Веќе е познато дека отровот „ланате“ е исклучително опасен како за животните, така и за луѓето и животната средина.Иако овојпат е со зголемен интензитет, а фактот што горенаведените примери сите се случија во време на полициски час особено додава на грозоморноста на чинот, сепак овие појави не се ништо ново во Скопје и Македонија и истите се случуваат со години наназад буквално насекаде, на целата територија на државата и до денес немаме сознанија за пронајден и соодветно санкциониран трујач.Од таа причина, бараме од сите надлежни институции и органи на прогонот, а особено од АХВ, МВР и ЈО, итно да постапат по најновите пријави, ревносно да ги истражат труењата и да им посветат зголемено внимание особено со оглед на ситуацијата затоа што се работи за насилни криминалци кои се опасни по луѓето и околината. Бараме и одговор на прашањето: како и покрај сите сознанија и сите инциденти низ годините, продажбата на ваков опасен отров тече непречено и слободно на пазарот, без соодветно евидентирање и контрола на купувачите?Воедно, апелираме до сите совесни граѓани најпрво да внимаваат на себе и на своите домашни и маалски миленици и да се приклучат кон нашите барања и самостојно да го бараат истото од надлежните институции.Однапред благодариме и остануваме на располагање за секакви дополнителни информации,  се вели во соопштението од  Здружението за унапредување и заштита на благосостојбата на животните „Дејзи Фемили“ Скопје.фото: „Дејзи Фемили“ Скопје 

Скопје | пред 6 години

SEMM-22

СЕММ: Загрижени сме поради зачестените случаи на неетичко и непрофесионално известување за КОВИД -19

Советот за етика во медиумите (СЕММ) со загриженост реагира на зачестените случаи на неетичко и непрофесионално известување, а особено на ширењето шпекулации кај одредени медиуми во врска со пандемијата на коронавирусот, што дополнително би можело да влијае врз натамошно зголемување на загриженоста и вознемиреноста кај јавноста заснована на неточни информации и сензационализам.Од моментот на прогласување на вонредната состојба до денес, до Комисијата за жалби при СЕММ се пријавени 27 случаи на непрофесионално и неетичко известување. Од нив, најголем дел (19 жалби или 70 отсто од случаите) се однесуваат на известувањето околу пандемијата на коронавирусот.Прекршување на членот 8 од Кодексот на новинарите, односно сензационалистичко информирање, како и на член 1 кој се однесува на објавувањето точни и проверени информации е утврдено во 32% од пријавените случаи.На уредниците им укажуваме дека сензационалистичкото известување во јавноста нема предност над професионалното и етичкото известување, а медиумите треба да дејствуваат на начин што ги разликува од обични преносители на информации и факти и да ја применат и својата улога како смирувачи на вознемиреноста кај граѓаните со професионално информирање.Јавноста реагира и на обидите за политизирање на кризата околу коронавирусот во медиумите, а во дел од пријавените случаи до СЕММ утврдено е дека новинарите не обезбедуваат професионална дистанца од политичките субјекти, односно се прекршува член 14 од Кодексот на новинари (32%). Медиумите не смеат да бидат искористувани за поделба на луѓето преку различни политички пресметки, а коронавирусот не смее да биде ‘оружјето’ што ќе се користи од кои било политичари, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, за политичко поентирање.Новинарите мораат да внимаваат и на начините на кои ги објавуваат и преземаат агенциските вести и информациите од странски медиуми, особено кога се засноваат на официјално непотврдени информации коишто во одредени случаи се користат како извесен епилог од кризата. Во дел од случаите пријавени до СЕММ уште во самите наслови не се наведува изворот на информацијата, со што се добива впечаток дека се работи за очигледен факт.Позитивна практика е што се зголемува бројот на случаи решени низ медијација, а во оваа насока Комисијата за жалби при СЕММ ја поздравува и подготвеноста на медиумите да се коригираат кога ќе се утврди пропуст во содржината.Истовремено, СЕММ упатува остра осуда на говорот на омраза и дискриминација присутен на социјалните мрежи, а медиумите ги повикуваме да се дистанцираат од натамошно пренесување на таквиот говор или, пак, да учествуваат во неговото професионално разобличување. Притоа, повторуваме дека борбата против говорот на омраза е регулирана со закон, тоа не е само прекршување на Кодексот, туку е и кривично дело и, во такви ситуации, органите на системот се првоповикани да истражат и да санкционираат.СЕММ продолжува да го набљудува начинот на информирање на медиумите, како на оние кои се дел од членството, така и на оние кои сѐ уште не се негови членки и ќе повикуваме на доследно почитување на Кодексот на новинарите како предуслов за професионално известување.фото: СЕММ

Македонија | пред 6 години

korona-1

66 нови случаи на Ковид 19 - вкупно во земјата 974 дијагностицирани пациенти

Министерството за здравство информира дека за пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на Ковид-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот.Согласно конечната потврда за присуство на Ковид-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.Во изминатите 24 часа се потврдени  66 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-10, Куманово-27, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-4, Велес-2, Охрид-5, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува  974 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:       Скопје – 339       Куманово - 262       Дебар – 49       Штип-31       Прилеп –89       Тетово – 43       Струга – 47       Велес – 36       Битола –9       Охрид –9       Кавадарци - 3       Гостивар –10       Гевглелија – 4       Струмица – 2       Крива Паланка-4       Радовиш - 4       Крушево – 3       Кочани – 25       Пробиштип – 2       Кичево – 1       Неготино -2Во изминатото деноноќие направени се 500  теста. Преку ИЈЗ –310 , преку Ветеринарен ф-тет - 24, Авицена –24 , Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118. Досега во земјата се направени вкупно 9762 тестирања на Ковид -19.На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 57, од кои 14 на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација.Во болницата „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хопситализирани 34. На респираторна машина се 6 пациенти, а 8 пациенти се со потешка клиничка слика.Во битолската болница, до утрово се хоспитализрани 5 пациенти, сите се во подобрена состојба и земени се први контролни брисеви кај 3 од пациентите. Денеска пристигнува уште еден пациент од Охрид кој ќе биде лекуван во оваа болница. На домашно лекување се следат 8 пациенти.Во болницата во Штип се лекуваат вкупно 8 пациенти, сите се стабилни а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.Едно лице кое во вчерашната статистика беше евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета е утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

infektivno

Балев за наводното непримање пациенти од Лабуништа: Никој не е вратен, тоа се гледа и од снимките на камерите

Ново видео со вознемирувачка содржина кружи на социјалните мрежи, во кое, роднина на пациент кој е донесен со Брза помош во Охрид, тврди дека чекал саат време за да излезе доктор од Инфективното одделение на Општата болница, за да даде извештај. Во видеото се слуша:„Колку време сте тука вие?“, на што другата страна одговара „Саат време“, по што човекот кој снима вели „Значи истото се случува, во Охрид на инфективно. Еве саат време чекаме тука. Саат време истото се случува, што се случи пред недела дена. На докторот му е малку саат време за да даде извештај“.Видеото е снимено од минатата недела, а е објавено на социјалните мрежи денеска.Директорот на Општата болница во Охрид, Горан Балев, тврди дека никој не е вратен, а тоа може да се докаже и со снимките од надзорните камери. Според него, 70 проценти од пациентите во охридската болница се од струшкиот регион, што е контрадикторно на она што се споделува по социјалните мрежи.„Камерите можат да докажат колку чекал пациентот пред клиниката. Ние работиме по напатстивија. Тврдам дека не чекал еден час. Јас имам информации дека имало закани кон персоналот, викање, иако тие постапувале согласно протокол, но повторувам, никој не чекал повеќе од 20 секунди. Максимално се трудиме, а сите пациенти се истретирани согласно процедурите“, посочува Балев. Тој ги негира тврдењата кои се објавуаат од жителите на Лабуништа дека само пациенти од нивниот крај се враќаат и не се примаат во болницата, бидејќи фактите го зборуваат спротивното, а докази за тоа постојат.фото: Prtcs

Македонија | пред 6 години

Levica-logo

Левица: Дрекселмајер не им исплаќа дневници на работниците

До нас стигна дојава од повеќе работници во странската инвестиција Дрекселмајер дека не им платена по една викенд-дневница од минатиот месец, на име „рецесија“.Тргнувајќи од фактот дека работниците не се сопственици на фабриката, тие немаат обврска да учествуваат во евентуалните загуби на фирмата, па оттука останува нејасно по кој основ им е намалена платата? Ако на 5.000 вработени им скратите по 1.000 денари од плата, тоа е противзаконски стекнат екстра-профит од околу 82.000 ЕУР за само еден месец, се вели во реакцијата до јавноста од „Левица“.   Тие додаваат:Исто така, повеќе работници од Велес се пожалија дека им било кажано веќе да не доаѓаат на работа во блиска иднина, затоа што во општина Велес имало повеќе заразени отколку во Кавадарци. Левица јавно го повикува Државниот трудов инспекторат да ја провери вистинитоста на оваа анонимна пријава и да постапи согласно законските овластувања, а за исходот од постапката благовремено да ја извести јавноста, велат во соопштението од Левица.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pistol_001

Поднесено обвинение за обид за убиство во скопското село Арнакија

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно 22-годишно лице од село Буковиќ, кое се обидело да стори кривично дело – Убиство на миг од член 125 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 30.08.2019 година, на автобуска станица на влезот на селото Арнакија, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад, се обидел да лиши од живот едно лице. Имено, обвинетиот и едно лице-сведок со автомобил застанале на автобуската станица, при што настанала расправија меѓу нив и лице кое стоело на станицата. Тоа лице го повикало оштетениот и му се пожалило дека сакаат да го убијат. Со намера да ги спречи да се пресметаат, оштетениот со палка го удрил обвинетиот во пределот на главата и му нанел раздерно-нагмечна повреда. Повредата кај обвинетото лице генерирала силен афект на страв и краткотрајна промена на свеста и на перцепциите, па тој реагирал импулсивно-нагонски. Притоа, од огнено оружје – пиштол со калибар 6,35 мм кој го носел со себе, испукал кон оштетениот три пати, нанесуваjќи му три прострелни рани. Оштетениот почнал да бега, по што обвинетиот уште неколкупати пукал кон него, но не го погодил.Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, ценејќи дека постои опасност од бегство. Притоа, обвинителот го имаше предвид видот, карактерот и тежината на кривичното дело, начинот на извршување и последиците, висината на запретената казна, како и фактот што обвинетиот по сторување на кривичното дело неколку месеци бил недостапен на органите на прогонот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

skopje-5

Деветнаесет лица во Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје денеска со Основниот кривичен суд Скопје поднесе 18 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 19 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час се движеле на различни локации во градот.Надлежните јавни обвинители за обвинетите предложија да биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.Фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Времето претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната температура од четири до 16 степени.Според најавата на метеоролозите од четврток , па во деновите потоа од југ или поточно од Медитеранот, кон територијата на Македонија како и во поголем дел од Балканскиот Полуостров се очекува да ни дојде осетен и поголем прилив на значително потопол воздух. Што ќе ни донесе поголемо затоплување на времето и пораст на температурите кои ќе имат вистинска пролетна вреднос.Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната од 4 до 16 степени.фото: Архива      

Македонија | пред 6 години

straza

Збрана за товарни возила на Стража и Маврово-Дебар поради снег

На планинскиот превој Стража е воведена забрана за тешки товарни возила од 4.20 часот утринава поради врнежи снег, информираат од АМСМ.Забрана за тешки тобарни возила е уведена од 6.40 часот и на патниот правец од Маврово – Дебар и обратно.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

revmatizam-3

МЗ: Прeпорaки за хронични пациенти со ревматски заболувања

Во услови на пандемија со вирусот COVID-19, хроничните пациенти со ревматски заболувања спаѓаат во групата на  високоризични пациенти. Поконкретно, станува збор за пациенти со некротизирачки васкулопатии, системски еритемски лупус, дерматомиозитис, системска склероза, како и пациенти третирани со биолошка или комбинирана имуномодулаторна терапија.Поради високиот ризик, овие пациенти треба да бидат во домашна самоизолација, а при контакт со други лица да ги преземат препорачаните заштитни мерки и да носат заштитна маска и ракавици.Во однос на здравствената сотојба на основното ревматско заболување, на овие пациенти им се препорачува да консултираат матичен лекар и специјалист ревматолог кој им ја следи состојбата.За сите потребни стручни консултации, пациентите како и нивните матични лекари може да се обратат на Клиниката за ревматологија на контакт телефонот:  02 3 147 110 и на mail-адресата bio.revmatologija@gmail.com. На оваа mail-адреса матичните лекари можат да испраќаат и резултати од извршени анализи и испитувања на пациентите за дополнителна консултација со Клиниката. Тие ќе бидат разгледани од страна на специјалист ревматолог и доколку е потребно ќе биде дадена соодветна дополнителна препорака.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

paridenari1

Влада: Со неприфаќањето на Уредбата на ВМРО-ДПМНЕ за ограничување на придонесите кон вториот столб ја штитиме личната сопственост на 500 илјади осигуреници

Уредбата со законска сила за ограничување на преносот на придонесот за задолжително и капитално финансиско пензиско осигурување којашто на денешната седница ја предложи ВМРО-ДПМНЕ преку својот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев е на штета на осигурениците и од тие причини Владата не ја прифаќа.Со Уредбата е предвидено од април до крајот на 2020 година да не се врши уплата на задолжителниот дел од придонесот за пензиско осигурување на осигурениците во приватните пензиски фондови, а истиот да се компензира на сметките на осигурениците во период од три фискални години, започнувајќи од 2022 година. Како Влада којашто е одговорна кон секој поединец во државата сметаме дека е неодговорно да се манипулира со средствата на граѓаните.За неприфаќањето на уредбата ги даваме следните аргументи:- Средствата за пензиски придонес се сопственост на постојните осигуреници – идни пензионери, и со оваа уредба предложена од ВМРО-ДПМНЕ директно би се засегнала личната сопственост на околу 500 илјади осигуреници.- Исплатата на платите за месец март во април, е веќе во фаза на реализација, а со тоа и преносот на средства на оние осигуреници кои земале плата е реализиран на нивните сопствени сметки во приватните фондови.- Не е прикажана финансиска проекција со која би се презентирал очекуваниот фискален ефект од оваа Уредба врз ликвидноста на Буџетот на Фондот за пензиско осигурување, особено во услови кога се очекува намалена наплата на придонес за пензиско осигурување.- Средствата на осигурениците во приватните пензиски фондови во најголема мера се пласирани во државни хартии од вредност со кои се финансира дефицитот на Буџетот на Република Северна Македонија, а со тоа индиректно е обезбедено и финансирање на дефицитот на Фондот за ПИОМ.- Со оваа уредба на ВМРО-ДПМНЕ времено се дерогира целокупниот пензиски систем, кој и онака е предмет на континуирани реформи во изминатите неколку години со цел целосно расчистување на сите права и обврски како на осигурениците така и на корисниците на пензии.Претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ во своето неодговорно владеење направи целосен колапс на пензискиот систем, којшто сегашната Влада со одговорни реформи го стабилизираше. Успеавме да го намалиме дефицитот за  3,7 милијарди денари, а истовремено да ги зголемиме пензиите.Потсетуваме дека обезбедивме 19 милиони евра со кои ги уплативме придонесите на 12.000 осигуреници во вториот столб. На овие осигуреници неколку години им биле префрлани 0 придонеси од ПИОМ кон приватните друштва како резултат на штетните и неодговорни политики на претходната Влада.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања