Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Filipce-3

(ВИДЕО) Филипче: Доколку знаевме дека членовите на кризниот штаб во Куманово се тестирани и чекаат резултати, инаку ќе постапевме

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва на прес-конференција од својот дом изјави дека денеска од Инфективната клиника заминале 5 оздравени пациенти. Тој кажа дека оздравени се уште 18 луѓе кои се лекувале во домашни услови. Министерот потенцираше дека во изминативе 24 часа починал човек на возраст од 50 години од околината на Струга.„Бројот на заболени не треба да изненадува, ова е бројката на пациенти која ја очекуваме, имајќи в предвид дека одиме кон пикот“, рече Филипче.Министерот потенцираше дека не биле инфромирани дека дел од членовите на Кризниот штаб на Куманово, вклучително и градоначалникот, чекале резулатите за корона вирус.-Ние немавме информации дека на дел од Кризниот штаб им биле земени брисеви и се чекаат резултати. Да го знаевме тоа, поинаку ќе постапевме. Сепак, знаејќи дека одиме во таков регион, сите носевме маски. А, зошто не сме биле известени, одговорот треба да го барате од присутните таму, рече Филипче.-По анкетата спроведена од епидемиолозите констатиравме дека мали се шансите да се заразиме со корона вирус, сите кои присуствувавме вчера во Куманово, со оглед на тоа што носевме заштитни маски и ракавици, но овие денови ќе работам од дома – рече Филипче.Филипче додаде дека тестирани се десетина трудници кои се на Гинеколошко акушерската клиника, и тие се негативни.За притвореникот во затворот во Шутка кој почина, министерот изјави дека тестот бил негативен.https://www.facebook.com/VladaMK/videos/581960339083836/?v=581980725748464&notif_id=1587060845119646&notif_t=live_videoфото: PRTSC

Македонија | пред 6 години

Timotej

(ВИДЕО) г. Тимотеј: Бог е секаде каде ние го носиме во нашите души и срца, бог не е само во црквата

Годинава Воскресението Христово да се пречека и празнува со најблиските во домашната црква – во семејството, апелираат од Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).  Тие апелираат во целост верниците да ги почитуваат препорачаните мерки и утврдените насоки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.  Ваков апел упатува и митрополитот на дебарско кичевската епархија г. Тимотеј. Владиката во интервју за Скопје 1 вели:-Повеќе пати упатувавме апел до македонскиот православен верник преку соопштенија дека оваа година Велигден ќе го прославиме во специфилни прилики  бидејќи се наметнува заштита на животот на граѓаните и свештенството. Ние не сме лекари и токму затоа ги прифаќаме советите и препораките на стручните служби. Се наоѓаме во ризична ситуација и токму поради тоа како архиереј  на МПЦ упатувам апел воскресението верниците  да го дочекаат во своите домови оваа година. Бог е секаде каде ние го носиме во нашите души и срца, ум, постапки. Бог не е само во црквата, ако велиме дека е само таму тогаш сите треба да бидеме во Ерусалим каде што и воскреснал“, вели владиката Тимотеј.Владиката додава дека богуслужбите ќе продолжат, но свештенството и монаштвото кое е избрано од народот е задолжено да се моли и кога црквите се полни и кога се полупразни и празни.-Ние постојано се молиме за сите луѓе. Овој Велигден верниците ќе бидат отсутни оправдано, вели Тимотеј.На прашањето за благодетниот оган, Владиката вели:-Јас не сум голем присталица за благодетен оган, секоја свеќа е божја благодет. Годинава ќе изостане погребението,  кога на симболичен начин се шета телото на Исус Христос. Овој чин  вообичаено се прави попладне во време кога има забрана за движење, но обредот свештенството ќе го изврши во црквите, истакна Владиката Тимотеј.Православните верници традиционално на втор ден Велигден вообичеено одат да ги посетат гробовите на блиските.  На ова прашање Владиката вели:-Тое не е препорака на црквата. Велигден пред се значи победа над смртта. Исус ги скршил портите на Адот и ги извадил сите души. Доколку некој сака да ги посети гробовите на блиските тоа е индивидуална работа, според нас тоа не е задушница за да се посетуваат гробови.Светла седмица не е за да се оди на гробишта туку за да се радуваме, истакнува Владиката.По најдолгиот викенд во кој граѓаните имаат забрана за движење, прв ден кога ќе можат да излезат од своите домови е вторник. Владиката Тимотеј вели дека вторник неможе да ја замени недела и токму поради тоа не очекува дека ќе има наплив на верници во црквите на овој ден.-Доколку има наплив на верници ние ќе советуваме и аплелираме до верниците да се почитуваат препораките за сите затворени простори кои ги донесе Владата. Ние рековме црквите неможе да ги затвориме, и неможе да бидат затворени, јас не сум многу оптимист дека вторник ќа ја замени недела. Може да имаме поголема посета, но не така масовно. Оваа година верниците да го прослават во домашна атмосфера, апелира Владиката Тимотеј.фото: Скопје 1

Македонија | пред 6 години

zaev

Заев: Негативен е и вториот тест за коронавирус што ми беше направен

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на „Фејсбук“ објави дека и вториот тест за коронавирус му е негативен.-Денеска, согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест за присуство на коронавирусот кој исто како и првиот тест е негативен. Им благодарам на сите за поддршката и во исто време упатувам поддршка со желба за брзо оздравување на градоначалникот на Куманово Димитриевски и на сите граѓани кои се справуваат со вирусот.Се надевам дека премиерот и министрите ќе имаат негативни тестови.Овој вирус покажа дека е непредвидлив и дека е сериозна закана по здравјето на секој од нас.Затоа делуваме брзо, но многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките.Да останеме дома, да внимаваме многу повеќе на нашата хигиена, да држиме дистанца од 2 метри - #2м, да се заштитиме а со тоа да ги заштитиме и другите.Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот.Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме оваа битка против невидливиот непријател, напиша зев на ФБ.https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158522303577932

Македонија | пред 6 години

korona-1

Потврдени 107 нови случаи на Ковид 19 – вкупно во земјата 1081 дијагностицирани пациенти

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација.Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а  денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.Во изминатите 24 часа се потврдени  107 нови случаи на Ковид-19:Скопје – 28Куманово -44Дебар – 2Штип – 1Прилеп – 11Тетово – 5Струга – 1Велес -4Битола – 6Кавадарци -1Гостивар – 2Кочани -1Кичево -1.Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:Скопје – 367Куманово - 306Дебар – 51Штип-32Прилеп –100Тетово – 48Струга – 50Велес – 40Битола –15Охрид –7Кавадарци - 4Гостивар –12Гевглелија – 4Струмица – 2Крива Паланка-4Радовиш - 4Крушево – 3Кочани – 26Пробиштип – 2Кичево – 2Неготино -2Во изминатото деноноќие направени се 660  теста. Преку ИЈЗ –468 , преку Ветеринарен ф-тет - 21, Авицена –22 , Биотек – 23 и Филип Втори (Жан Митрев) – 126. Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на Ковид -19.На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти.  18 пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38  пациенти со Ковид-19. Во потешка состојба се 8 пациенти, а на респираторна машина 6.Во Битола се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти.Во болницата во Штип се лекуваат 8 пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Protest

По пријава на работници, приведен бугарски државјанин директор на фирма во Тетово

Работниците на „Тетекс јарн лимитед“ во Тетово, кои утринава одржаа јавен протест пред фабриката, информираат дека по нивниот протест и пријава до полицијата приведен е еден претставник на компанијата со седиште во Бугарија. Тие ја повикале полицијата сомневајќи се дека лицето сака да наштети на имотот што е останат во фабричките погони.Ние повикавме полиција сомневајќи се дека дел од раководството од фирмата од Бугарија сака да ја земе произведената волница и машините и да ги продава. Приведен е Петар И. директорот на фирмата, сопственик на Тетекс Јарн, чие главно седиште е во Бугарија, инфомираат работниците.Од СВР Тетово потврдија дека е приведен државјанин на Бугарија, но поради нелегален престој.Полициски службеници на СВР Тетово во Тетово го лишиле од слобода П.И.(56) од Република Бугарија, кој непријавено престојувал на подрачјето и кому во јануари годинава му истекла важноста на неговата лична карта за странци. Бугарскиот државјанин задржан е во Полициската станица Тетово и во текот на денов ќе биде предаден на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка, информираат од СВР Тетово.фото: vesnik.com

Македонија | пред 6 години

Foto-3

Пендаровски: Куманово треба да се изолира како што беше Дебар

Владата во следните 24 часа треба да одлучи какви мерки ќе се воведат во Куманово и дали ќе се примени истиот модел како во Дебар, посочува претседателот Стево Пендаровски, според кого, ситуацијата во Куманово е многу лоша.„Ситуацијата во Куманово е лоша. Трендовите се негативни, сосема независно од последните вести поврзани со градоначалникот. Таму една од најголемите тешкотии предизвикува фактот што има приличен број, сразмерно со другите општини, заразени здравствени работници во главната болница“, посочи Пендаровски.Тој смета дека треба да се применат истите методи како во Дебар, каде што беше прогласена кризна состојба и карантин.„По реферирањето на надлежните министри и дискусијата, беше заклучено дека сите ресурси на државата се насочени кон справување со пандемијата на коронавирусот. Ситуацијата во Куманово се усложнува, таму се распоредени дополнителни човечки ресурси. Мојот став за Куманово е дека таму ќе треба да се примени моделот од Дебар и Центар Жупа. Со оглед на бројот на жители, претставува потенцијална опасност за ширење на вирусот“, објасни Пендаровски.Претседателот рече дека Скопје ќе биде предмет на засилен мониторинг и анализи кога е во прашање коронавирусот, а воедно дека и ефективно се спроведуваат насоките од СЗО.фото: Кабинет на претседател

Македонија | пред 6 години

crkva-1024x683

САС на МПЦ-ОА: Воскресението Христово да се пречека и празнува со најблиските во домашната црква – во семејството

Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) преку соопштение повторно упатува апел и уште еднаш грижливо се обраќа до клирот и народот со повик во целост да се почитуваат препорачаните мерки и утврдените насоки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.Во вонредните услови на пандемија, кога грижата за здравјето на ближниот е исклучително важна, Синодот повикува ова Воскресение Христово да се пречека и празнува со најблиските во домашната црква – во семејството. На овој Велигден храм нека бидат нашите срца во кои ќе воскресне Христос! На воскресните свети Литургии свештенослужителите ќе се молат за сите. Вие, пак, коишто од оправдани причини ќе отсуствувате, од вашите домови смирено и достоинствено изразувајте ја вашата вера и со радост придружете се во пеењето на воскресната химна: „Христос воскресна од мртвите…" Сите да ги почитуваме најдобронамерните препораки на надлежните за доброто на сите! Воскреснатиот Христос нека ја исцели секоја човечка немоќ, а воскресенската радост нека ни биде постојана!, стои во соопштението од Канцеларијата на САС на МПЦ-ОА.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-1

Три докторки од Пулмологија заразени со коронавирус

Три докторки од Универзитетската клиника за пулмологија се позитивни на коронавирус. Две од нив досега немаат симптоми, додека едната има гастроинтестинални симптоми. Со трите новопотврдени досега седум здравствени работници од Клиниката се позитивни на коронавирусот, потврди за МИА директорот на таа јавна здравствена установа, Дејан Докиќ.Посочи дека докторките од 30 март се во домашна изолација и вчера им било направено тестирање кое покажало дека се позитивни.– На 21 април (вторник) ќе им биде направено уште едно тестирање. Првозаразената наша вработена е медицинска сестра од Куманово, која со вирусот се заразила во местото каде живее. Најверојатно дека докторките и другите медицински лица меѓусебно се инфицирале, можеби додека јаделе заедно во кујната, рече д-р Докиќ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

maski-1

Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид, обезбеди заштитна опрема за новинарите

Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид, на новинарите и медиумските работници, кои се членови на Регионалното здружение на новинари на Македонија од Охрид, Струга, Кичево и Дебар, но и на оние кои не членуваат во ЗНМ, им подарува заштитна опрема од вкупно 100 повеќенаменски заштитни маски и 100 заштитни ракавици.„Покрај здравствените работници, полицајците и војниците, на кои им сме благодарни за огромниот ангажман во борбата против невидливиот непријател- Корона вирусот, новинарите, се луѓето кои од почеток на пандемијата, постојано се на терен, до првата борбена линија во борбата против вирусот Ковид- 19. Новинарите, извршувајќи ги професионалните обврски на полето на информирање на граѓаните, секојдневно се во непосредни контакти со други лица, меѓу нив и лица од можни ризични категории, бараат изјави од нив, престојуваат на различни места и објекти и се изложени на ризик од заразата. Преку информирањето, делуваат кон заштита на јавното здравје и јавниот интерес за подигнување на свеста кај јавноста за превенција и доследна примена на препорачаните мерки за заштита и справување со Корона вирусот“, се вели во соопштението од ИПА Охрид.Сметаме дека новинарите и медиумските работници, треба да бидат маскимално заштитени, и во својата работа треба да се придржуваат до безбдносните протоколи и препораки на надлежните институции. Веруваме дека со оваа скромна донација, барем малку ќе придонесеме за подобро опремување на новинарите и медиумските работници со заштитни маски и заштитни ракавици кои им се неопходни на терен и ќе се зголеми степенот на безбедност во нивната работа и во зачувувањето на нивното здравје. SERVO PER AMIKECO-Служиме преку пријателство

Македонија | пред 6 години

Pendarovski

(ВИДЕО) Пендаровски: Уште 30 дена вонредна состојба

Советот за безбедност на денешниот состанок донесе нова одлука со која на предлог на Владата се прогласува вонредна состојба за уште 30 дена.– Постојната вонредна состојба завршува денеска, а поради истекот на рокот од 30 дена за кој беше утврдена, и нема да биде формално правно продолжена, бидејќи за тоа нема уставно-правен основ. Затоа јас денеска врз основа на нов образложен предлог од Владата, а во ситуацијата кога Собранието не работи ќе донесам нова одлука за утврдување на постоење на вонредна ситуација за период од 30 дена на целата теритоерија на државата. Но, ова решение не ја намалува подгооввроста на сите релевантни политички фактори во државата јасно и јавно да ги кажат своите ставови по ова прашање зсатоа што на средината на мај ќе ги имаме истите правни дилеми пред себе, изјава претседателот Стево Пендаровскки во обраќањето по седницата на Советот.Тој ги пренесе и реакциите на многу граѓани до него во однос на мерката за ограничување на движењето со над 80 часа, практично целосна забрана за движење на целата територија што се предвидува за празникот.– Ние во моментов спаѓаме во групата на земји со најригидни мерки во оваа смисла во Европа. Не само мене но и на огромниот број граѓани им е јасна логиката и оправданоста за донесување на оваа мерка, но најдрастичните мерки треба да се применуваат по исклучок и во некој разумен рок, рече Пендаровски, посочувајчи оти се повеќе од тоа ќе биде контрапродуктивна и може ќе ги реши проблемите во здравството но ќе предизвика проблеми во некои други области.Ваков ист став Пендаровски има и за затворањето на стопанските субјекти и ја охрабри Владата по празникот да го дефинира оланот за фазно постепено враќање на економската активност во нормала.– Јасно е дека не само ние, туку целиот свет ќе мора да нмаучи да живее со вирусот подог временски период а во меѓувреме ќе мора да изнајдеме моделатите животот со сите неопходни рестрикции и превентивни мерки да родолжи да функционира, рече Пендаровски, додавајќи дека Совгетот за безбедност ќе продолжи да ја следи состојбата и ќе заседава кога за тоа ќе се јави потреба.https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/160494178606338/?notif_id=1587040125884957&notif_t=live_videoфото: Архива

Македонија | пред 6 години

3.1.

Бачев до Кеј Бејли Хачинсон: Злонамерно влијание има во Македонија, ама од НАТО, а не од Русија и Кина

-„ Слушнав нешто од амбасадорката на САД во НАТО, Кејт Бејли Хачинсон на видео брифингот за новинарите во Вашингтон дека НАТО формира тимови за борба со хибридни закани во Македонија поради некаков голем замав на лажни вести и дезинформации во Македонија од страна на Русија и Кина. Според Хачинсон, Македонија дури била и посебна цел на кампања на дезинформации организирани од Русија и тоа се случувало одамна уште кога Македонија побарала да стане членка на НАТО а продолжиле и по приемот на земјата во Алијансата, истакна претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев.Со жалење морам да констатирам дека Кејт Бејли Хачинсон ги испомешала работите, бидејќи зборува за погрешна адреса оти злонамерното влијание во Македонија не доаѓа од Русија и Кина, туку од НАТО. Русија и Кина не го доведуваат во прашање територијалниот интегритет, суверенитет и унитарноста на Македонија, името и идентитетот на македонскиот народ, а рускиот претседател Путин на отворена сцена изјави дека писменоста доаѓа од Македонија.НАТО во спрега со марионетската власт во Скопје, насилно ја внесе земјата во Алијансата наспроти референдумската волја на народот од 30 септември 2018. Која дрскост од Кејт Бејли Хачинсон, среде Вашингтон збрува за некаква хибридна закана од Русија и Кина а најголемата закана за Македонија е токму НАТО, кој,  не ги почитува современите цивилизаторски вредности во однос на македонскиот народ и македонската држава оти насилно и со уцени бришат цел еден народ од светската мапа на нации, нешто што е недозволиво и забрането со меѓународното право. Оставам на секој нормален човек да изгради сопствено лично убедување, кој има злонамерно и дестабилизирачко влијание во Македонија - НАТО или Русија и Кина“ - потенцираше Бачев во реакцијата на вчерашната изјава на Кејт Бејли Хачинсон, истакна претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 6 години

samoizolacija

Спасовски, Османи, Филипче, Адеми, Милошев од денеска во самоизолација

По информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на КОВИД-19, а кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово,  ја информираме јавноста дека премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев кои присуствуваа на состанокот, во моментов одат во домашна изолација.На состанокот во Куманово сите функционери во Владата ги почитуваа протоколите за заштита и носеа заштитна опрема.Во овој момент се прават епидемиолошки проценки во Куманово од страна на локалниот Центар за јавно здравје и се анализираат контактите на градоначалникот Димитриевски. Во текот на денот ќе се утврди колку и кои лица ќе треба да останат во 14-дневна изолација. Во Скопје започнаа анкетите од Институтот за јавно здравје со сите членови во Владата кои беа присутни на состанокот, по што ќе биде дадена епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување.Владата на Република Северна Македонија беше подготвена за сите сценарија, вклучително и за ваква ситуација. Работата на Владата продолжува да се одвива непречено преку дигиталните алатки за комуникација и за одржување состаноци. И во услови на изолација продолжува редовната комуникација и координацијата на сите процеси во државата и управувањето со кризата со коронавирусот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Filipce-2

Министерот Филипче од денеска ќе биде во домашна изолација

Министерството за здравство информира дека, по информација дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово на кој присуствуваше и Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче, е позитивен на Ковид-19, министерот Филипче од денеска ќе биде во домашна изолација.За време на состанокот, министерот Филипче ги почитуваше сите протоколи за заштита и носеше соодветна заштитна опрема, исто како и останатите присутни. Во текот на денот епидемиолозите од Институтот за јавно здравје ќе направат епидемиолошки анкети со министерот Филипче и со сите други функционери во Владата кои вчера беа присутни на состанокот. До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување Филипче ќе остане во изолација.Работата на Министерството за здравство продолжува да се одвива непречено, а министерот Филипче и од изолација останува во редовна комуникација со Комисијата за заразни болести и сите останати инволвирани во овој процес и продолжува да ги координира сите процеси во справување со кризата.Како и досега, Министерството за здравство редовно и навремено ќе информира за состојбата со коронавирусот во земјата, а прес-конференциите на министерот Филипче ќе се одвиваат преку достапните онлајн платформи за оваа намена. Во текот на денот ќе се воспостави техничка можност за ова за да нема застој во информирањето.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Nikoloski2

Николоски: Итно да се прогласи кризна состојба во Куманово и Прилеп, заради надмудрувања во СДСМ не смеат да страдаат граѓаните

Борбата против корона вирусот за власта значи декор, прес конференции и надмудрување. За народот значи губење на здравјето, борба и страв за своите животи. Овие безмалку два месеци гледаме серија на пропусти, недозволени грешки, а Владата делува дезориентирано и загубено.      Тие се посветени само на создавање на привид дека се работи нешто, а во суштина не се работи ништо. А најтешко е кога не се учи на грешките, и тоа се повторува како фарса, но таа фарса овој пат многу чини, чини човечки животи, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Куманово е тешко погодено од корона вирусот. Таму гледаме многу политика, многу партиски и внатрепартиски препукувања, а малку сериозни чекори. Предлагаме итно да се донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Куманово  и бараме заради  терање политика и надмудрување во рамките на СДСМ  да не страдаат граѓаните.Итно донесување на одлука за прогласување на кризна состојба во Куманово со цел да канализира борбата со коронавирусот и да почне да се решава овој проблем. Тоа треба да се направи уште денес.Второто големо жариште кое се отвора е Прилеп. И оваа прес конференција помеѓу другото, сакам са споделам и одредени информации кои што се поврзани со Прилеп затоа што веќе се доцни со реакцијата, но барам барем целосно да не се промаши ситуацијата затоа што ако денес не се дејствува ми е страв дека ќе предоцна.Оставете ја на страна политиката, подзапрете малку и со поткупот со брашно, шеќер и останати производи кои се делат по куќи, запрете ги и вашите внатрешни меѓупартиски препукувња, и посветете се кон народот. А таму ќе видите сериозно незадоволство, задоцнети мерки и огромен потенцијал за ширење на вирусот.Во Прилеп имаме огромна прогресија на вирусот. Владата и Венко Филипче не тестираат доволно. Тоа е сериозен проблем кој не може да го реши ниту полицискиот час. Денес залудно е тестирање во Прилеп на дваесетина сомнителни случаи, кога други 40 чекаат на ред да бидат тестирани. Секој ден поминат без детектирање на заболените, значи ново заболени кои министерството не ги бележи, а за жал бројката постојано се зголемува.Нашите информации се дека за жал во Прилеп бројката на заболени е далеку поголема од онаа која што е евидентирана. На тие луѓе им треба соодветен третман, на тие луѓе им треба помош  и им треба лекување. На тие луѓе треба да им се помогне за да се спасат човечки животи. Тоа не се прави затоа што не се тестира доволно.И знам дека од министерството ќе излезат со некакви бројки статистики со кои ќе не убедуваат дека се тестира доволно. Вие седете со вашите бројки, а јас ќе го слушам народот, а народот кажува дека не се тестира доволно. А во бројките државава исто како и во економските мерки покажуваат дека сериозно паѓаме надолу во сите листи во споредба со сите останати земји не од Европа, туку од регионот, а за Европа не сакам ни да зборувам.Во однос на Прилеп потешките случаи се префрлаат во Скопје каде што за жал исто така има лимитирани капацитети, но тоа пренесување на тешко болните кажува дека Прилеп се бори со недостиг на капацитети за справување со корона вирусот.Апелирам веднаш Прилепската болница да добие респиратори, апелирам веднаш да се направи тестирање на целокупниот медицински персонал, апелирам веднаш да добијат соодветна опрема. Здравствените работници се нашите херои. Тие мора да се заштитени за да можат да помагаат и да се изборат со вирусот. Мора да добијат соодветна заштитна опрема како и услови за работа, за да можат да помогнат на оние на коишто во моментов се најпотребни.Загрижувачки е и фактот што Битолската клиничка болница е во опасност, откако се потврди дека еден пациент заболен од коронавирусот лежи во Битолската болница. За резултат се чекало дури пет дена. Што само ги потврдува нашите предупредувања  дека за резултати од тестовите се чека помеѓу 5 и 7 дена што е недозволиво долго време. Тоа чекање доведува во опасност многу човечки животи, тоа чекање може да исфрли цели здравствени системи надвор од фукнција и дополнително да загрози човечки животи.За ова чекање и доцнење на резултати од тестовите, како и недоволно тестирање, одговорност мора да има сега и веднаш. Не смее да се повтори случај како Битолската клиничка болница, не смеат да се повторуваат случаи како во Прилеп и во Куманово.Предлагаме Владата веднаш да прогласи кризна состојба и во Прилеп, за да се стави под контрола ширењето на вирусот. Така ќе се зголеми контролата и директно ќе се влијае на намалување на ширењето на вирусот и ќе се спасат човечки животи.Веднаш денес прогласување на кризна состојба во Куманово, и веднаш денес прогласување на кризна состојба во Прилеп.Ова можеби на некои од власта ќе им звучи панично, на некои може ќе им звучи забавно, но реалноста е дека се губи контрола во овие два македонски градови. Затоа е потребно идно дејствување.Не е време за политика и политиканство, време е за дејствување и време е за спасување на човечки животи. Тоа е она што е најважно во овој момент и затоа апелираме сериозно да се посвети внимание на овие два македонски градови како два најголеми жаришта во моментов во Македонија, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

NP-galicica

МЗШВ: Од утре се воведува забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 06:00 до 20:00 часот

Поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  по барање на ЈП „Национални шуми“, воведува  забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 06:00 до 20:00 часот. Забраната започнува да важи од 17.04.2020 (петок) година и ќе трае се до нејзино отповикување.Оваа забрана не важи за вработените во ЈП “Национални шуми“ и за субјектите кои вршат шумскокултурни активности на површините со кои стопанисува ЈП “Национални шуми, како и за лицата кои што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.Исто така, се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор.За непочитување на одредбите од Законот за ловството  се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП “Национални шуми” кои вршат дејност заштита, Министерството за внатрешни работи и  Шумската Полиција.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Struga-prazna

Уште пет предлози за казнени налози поднесени во Струга

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Четворица од обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Во одделни кривично правни настани полициски службеници констатирале дека тие го прекршиле полицискиот час и без да поседуваат дозвола се движеле на различни локации во и околу Струга.Петтиот обвинет, пак, 20-годишен скопјанец, се вратил од странство со хуманитарен лет организиран од Владата и по пристигнувањето му бил одреден задолжителен државен карантин во хотелот „Дрим“ во Струга. Но, на 6 април неколкупати излегол од собата и бил затекнат од полициски службеници. Откако полицајците го предупредиле дека не смее да ја напушта собата, тој им возвратил недолично и со висок тон, па полициските службеници интервенирале и го вратиле во собата.Надлежниот јавен обвинител за сите обвинети му предложи на Судот да определи парични казни од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

bitola

Казни за прекршување на полицискиот час во Битола, двајца ги злоупотребиле дозволите за движење

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе пет предлози за издавање на казнени налози, сите поради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите не се придржувале кон мерките за ограничување на движењето, па иако не поседувале соодветни дозволи за движење, биле затекнати надвор од нивните домови за време на полицискиот час.Притоа, двајца од обвинетите минатиот викенд се движеле надвор од своите домови за време на полицискиот час, а при контрола на полициските службеници им презентирале дозволи за движење издадени од работодавачите. По извршените проверки било утврдено дека дозволите се злоупотребени, бидејќи издадените дозволи не содржеле овластување за движење на обвинетите лица во временскиот период и на подрачјата каде биле затекнати.Јавното обвинителство предложи на сите петмина обвинети да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да биде определена во износ од 20 евра во денарска противвредност​.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

bezoska-1

Гувернерката на Народната банка на состанок со директорката на ММФ

Во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светската банка коишто годинава се одвиваат електронски, се одржа состанок воден од директорката на ММФ, Кристилина Георгиева, на кој најновите проекции на ММФ беа презентирани од страна на директорот на Одделот за Европа, Пол Томсен.  За дискутанти на состанокот беа поканети гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерите на централните банки на Руската Федерација и Хрватска, Елвира Набиулина и Борис Вујчиќ.Во дискусијата, акцент беше ставен на ефектите од пандемијата на ковид-19 врз европските економии, како и на економските политики коишто се спроведуваат и на клучните предизвици што произлегуваат од новонастанатите околности. Притоа, Ангеловска-Бежоска ги потенцираше макроекономските политики што се преземаат кај нас и во другите земји од регионот, акцентирајќи го предизвикот за обезбедување финансиски средства со цел спроведување на мерките на  фискална политика со коишто треба да се ублажат негативните ефекти врз економијата заради состојбата со вирусот ковид-19.Гувернерката нагласи дека во услови на помалку развиени домашни финансиски пазари, економиите од нашиот регион имаат поизразена потреба од надворешно финансирање. Имајќи предвид дека корона-кризата доведе до затегнување на меѓународните приватни финансиски пазари, таа одделно се осврна и на потребата од поголема поддршка од ММФ и од другите меѓународни финансиски институции, како и на потребата од поддршка од европските институции.Како член на Надзорниот одбор на Виенската иницијатива, претставувајќи ги шесте земји од Југоисточна Европа коишто сѐ уште не се членки на Европската Унија, Ангеловска-Бежоска активно учествува и во дискусиите за координиран пристап во совладувањето на предизвиците со коишто се соочуваат земјите од нашиот регион во овој период. Меѓу другото, решенијата за коишто се дискутира вклучуваат и иницирање засилена финансиска поддршка од изворите на Европската Унија.  Во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, гувернерката на Народната банка ќе учествува и на состанокот на Конституенцата во којашто членува нашата земја.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

maksim

НАЈНОВА ВЕСТ: Градоначалникот на Куманово заразен од коронавирус, вчера имаше средба со Спасовски

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на социјалните мрежи објави дека е позитивен на коронавирусот. Тој вели дека сега ги добил резултатите. Вчера, Димитриевски беше на прес-конференција со премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот Бујар Омсани. Потоа, сите заедно присуствуваа на состанокот на кризиниот штаб.„Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги соѓраѓани помеѓу кои сум и јас. Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против оваа заедничко зло, знам дека ќе го победиме, убеден сум во тоа, ве молам за воздржаност, нема простор за паника, барам од вас дисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца“, посочува Димитриевски.Тој повкува граѓаните да ги почитуваат мерките.„Ве молам, од душа и срце ве молам, почитувајте ги мерките, избегнувајте ги блиските контакти, здравјето ни е најбитно, така ќе победиме сите. Нема простор за паника, ОШЗС ќе продолжи со својата работа во борба против Короната по препораките на епидемиолозите и стручните лица. Чувајте ми се и мислете и на себе и на своите најблиски, мислете на сите околу вас, јас останувам со вас до конечна победа“, пишува Димитриевски.

Македонија | пред 6 години

ohrid1

Поведена постапка за четири лица во Струга

Обвинетите,  во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тие не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час, без дозвола, пеш или со возила  се движеле низ градот и околината.За  обвинетите, Основното јавно обвинителство Струга со предлозите за издавање казнени налози побара од Судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, со предлог да ја определи висината на дневните глоби за едно лице од по 30 евра во денарска противвредност, за друг обвинет од по 40 евра во денарска противвредност, а за двајца од обвинетите од по  50 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

luduvanje

(ВИДЕО) Лудување на скопскиот плоштад, со автомобил дрифтале сред полициски час

На социјалните мрежи се објави видео на кое се гледа како некој„мангуп“ го искористил полицискиот час кога нема никој по сообраќајниците за да лудува во центраот на Скопје.Погледнете го видеото... https://www.facebook.com/gasiinter.net/videos/2725315017692473/?v=2725315017692473

Македонија | пред 6 години

3

Илиески: Пандемијата ги смени навиките на домашните миленици, а со тоа им предизвика и стрес

Домашните миленици се зависни од луѓето, а  сопствениците навремено треба на своите "мали пријатели" да им овозможат да ги задоволат потребите во време на пандемија, вели проф. д-р Влатко Илиески од Факултетот за Ветеринарна медицина – Скопје.Според него секојдневната рутина на домашниот миленик е прекината, членовите на семејството во текот на целиот ден се дома, тоа претставува нешто ново за миленикот. Кај одредени кучиња кои живеат во станови се појавува страв од казна од сопственикот доколку се принудени да уринираат и дефецираат во затворен простор, тераса или тоалет, или одбиваат, затоа што се научени тоа да го прават на зелени површини, во парк, некаде надвор.- Препорачувам до сите сопственици дека треба како и до сега навремено да ги хранат, да ги шетаат, да играат со своите миленици, но доколку се во самоизолација да побараат помош од други лица, се со цел новонастанатата состојба да не предизвика стрес кај животните, додава проф д-р Илиески.Според неговото стручно мислење, тој направи листа на 5 работи за кои сопствениците треба да ги имаат на ум и да ги практикуваат за своите миленици, а тоа се следните:1. Обезбедување на доволно храна, лекови и други производи за нега. Да продолжат да ги хранат и да ги шетаат по претходно вообичаен распоред, како и постепено да им променат рута и сатница согласно препораките на надлежните.2. Во затворен простор, сопствениците треба да иницираат игри за да се обезбеди адекватна физичка активност за милениците. На пример, миленичињата да “бркаат“ ласерски покажувачи, да бараат скриени предмети, како и да се направи куќиште за милениците во станот.3. Сопствениците доколку се во замоизолација треба да обезбедаат друго лице кое ќе може да се грижи за домашниот миленик.4, Да го ограничат контактот со домашниот миленик доколку сопствениците се со симптоми на Ковид-19, а не се во можност да обезбедат некој друг да се грижи за нивниот миленик. Да не го допираат но, ако мора, да се измијат рацете и пред и откако ќе го допрат миленикот.5. Да го контактираат матичниот доктор по ветеринарна медицина и до го известат за новонастанатата ситуацијата доколку домашниот миленик има потреба од итен ветеринарно-медицински третман. 

Македонија | пред 6 години

skopje-7

Во Скопје побарани парични казни за 22 лица заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе казнени налози против 22 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите, во одделни кривично-правни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.Обвинителството за сите обвинети му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на износ од 20 евра во денарска противвредност​.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

pulmunalni

Совети и препораки за пациенти со пулмонални заболувања во услови на пандемија со КОВИД-19

Во услови кога на глобално ниво е прогласена пандемија поради рапидно ширење на вирусот SARS-COV-2, Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија упатува стручни препораки за лицата со хронични белодробни заболувања, кои спаѓаат во групата болни со висок ризик за разивање потешка клиничка слика на COVID-19 и имаат зголемен ризик од несакани последици и фатален исход.Во овој период посебно внимателни треба да се лицата со со: астма, хронична опструктивна белодробна болест-ХОББ, цистична фиброза, хронични интерстициелни болести, хронични болести на пулмоналната циркулација, болните со екстремна дебелина, проследена со хиповентилациски синдром, лицата на имуносупресивна/имуномодулаторна терапија, како и болните со малигни болести на белите дробови и плеврата).- Превентивни меркиБолните со хронични белодробни заболувања строго да се придржуваат кон препораките на надлежните органи за самоизолација, избегнување непотребни контакти со други лица, дури и доколку тие во моментот не манифестиираат симптоми на настинка или болест. Ова се однесува и на членовите на фамилијата и пријателите, особено ако тие редовно одат на работа, набавки и слично.Одржување лична хигиена, често миење (или дезинфекција) на рацете, особено пред јадење и веднаш по  кашлање.Болните со хронични белодробни болести често имаат хронична кашлица и се потенцијален здравствен ризик за својата околина, поради што е неопходно да користат марамчиња за една употреба при кашлање, кои веднаш ќе ги фрлат во пластична ќеса и ќе ги дезинфицираат или измијат рацете. Лицето кое ќе ги исфрла отпадните материи од болниот (ќеса со употребени марамчиња, пластични предменти за една употреба и слично), треба да ги затвори во друга ќеса и да ги депонира во контејнерите за отпадоци. При манипулација со нив, задолжително да се носат ракавици за една употреба, кои ќе се фрлат веднаш по употребата и рацете да се дезинфицираат/измијат со сапун.Потребно е болните да имаат свој прибор за лична хигиена, крпи, садови, кои ќе бидат адекватно означени, за да не се мешаат со истите од другите членови на фамилијата.Потребна е и дезинфекција на површините во домот со алкохол или со средства за дезинфеција на база на алкохолБолните да не прекинуваат со употреба на веќе препишаната редовна терапија за контрола на нивната болест. За таа цел, овозможено е матичните лекари да ја препишат терапијата врз основа на претходно издадени извештаи од специјалист/супспецијалист за да се спречи беспотребно движење на болните во здравствените установи.Во редовната исхрана да се воведат состојки кои содржат антиоксиданси, бета-каротен и витамин Ц (шумско овошје, моркови, агруми), редовно спиење и одмор, како и физички вежби во рамките на можноста (зависно од степенот на ограниченост поради основната болест)- Постапка при влошување на тегобите од хроничната болестВо случај на појава на зачестена или поинтензивна кашлица, зголемување на количината или промена на бојата и густината на искашлокот, влошување на заморот или појава на нови тегоби, како на пример, покачена температура, болка, крвав искашлок,  препорачуваме болниот веднаш да стапи во контакт со својот матичен доктор. Во услови на оваа вонредна состојба, матичните доктори ќе обезбедат најбрза и воедно и најадекватна првична помош на болниот и претставуваат централната карика која го поврзува болниот со останатите нивои на здравствена заштита.Доколку состојбата на болниот е многу тешка, односно по процена на матичниот доктор, треба да се контактира итната медицинска служба или службите на секундарната здраствена заштита (интернисти, пулмоалерголози, Центрите за астма и ХОББ на ниво на здравствени домови и регионални болници, ГОБ „8-ми Септември“).Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија останува на располагање на сите болни за кои матичниот доктор, секундарната здравствена заштита или итната служба ќе проценат дека имаат потреба од терциерна здравствена заштита.При секој контакт со медицинско лице во домашни услови или при посета на здравствените установи (преглед од доктор, земање лабораториски и микробиолошки примероци, контакт со домашна посета, итна медицинска помош и слично), болниот задолжително да носи маска, која ги покрива носот и устата, марамчиња за една употреба и средство за дезинфекција на рацете!Доколку болниот има честа и продуктивна кашлица, се препорачува носење заштитна маска и при контакт со членовите на фамилијата, односно лицата со кои живее или е во иста просторија и во непосреден контакт.Фото: News-Medical 

Македонија | пред 6 години

i8jodyr6titvlyoeydvt

(ВИДЕО) Фрчкоски: Да се оданочат банките и крупниот бизнис по 30 отсто од профитот

Ризик власта да биде злоупотребена секогаш постои, сообено во ваква состојба, Собранието  мора да се свика, а владата да внимава со ограничувањето на праваат и слободите на граѓаните – порача во вечерашното отворено студио 24 професорот Љубомир Фрчкоски.Тој порача дека по ова пандемија владата може да создае социјално општество. И порача на владата да не се плаши да го чепне крупниот капитал и банките. И да им земе и по 30% од профитот за борбата со коронавирусот како владата во Полска.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања