Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

baleski-1024x576-1

ИНТЕРВЈУ со директорот Горан Балевски: Општата болница Охрид е единствена устанува која прима пациенти од различни области

Транспарентно, одговорно, организирано и крајно професионално, директорот на општата болница од Охрид, Горан Балевски , во секое време известува за тековната состојба во Општа болница Охрид и за целосната подготвеност да одговорат на предизвикот со кој се соочуваат.Во интервју за Охрид 1, директорот Балевски вели:-Болницата во моментов функционира најнормално со персонал по протоколи за covid 19 работат сите оддели до еден што беше и наша обврска да ставиме акцент на ихфективна патологија ама да примаме и лекуваме пациенти од други болести.Во продолжение интервјуто со директорот на општа болница Охрид, Горан Балевски.Охрид 1: Директоре, болницата ја превзедовте во период на пандемија. Што затекнавте, дали веќе беа спроведени мерките и препораките на Владата или мораше да изготвите стратегија во целост?д-р.Горан Балевски: Направена е промена во однос на отворање на тријажен центар во рок од 48 часа од моето назначување каде на просторот од кожно одделение кое е префрлено во просториите на очно одделение се врши тријажа прием мерење на температура безконтактно, епидемиолошка анкета и упатување према одделенијата во зависност од клиничката слика.2.Дадена е наредба за прием на сите хитни пациенти без разлика од кои градови доаѓаат односно да нема враќање на пациентите и нивна почетна стабилизација и навремена тријажа и транспорт.3.Максимална заштита на персоналот односно формирање на кризен штаб од сите раководители на оддели плус искусни лекари од хирургија и интерна медицина со цел адекватно и брзо реагирање на сите промени поврзани со SARS COVID 19,и со цел да се заштитат пациентите и персоналот и да немаме кластер на заразени внатре во болницата. Обучен е целиот персонал како се користи заштитната опрема за таа цел за координатор на хирушки блок за контрола поставеност стерилност изработка на протоколи е назначен Др.Аголи Диал, а на интернистички блок Др.Константинов Ѓоко. Дадов наредба да секој пациент кој се прима е потенцијален вирусоносител и при прегледи и операции секој пациент се третира како да е позитивен со махимална заштита на персоналот и секое одделение има изолациони соби. Охрид 1:  Како функционира општата болница во моментов. Има ли доволно медицински кадар, се примаат ли пациенти по одделенијата, се разбира оние приоритетните? И Неизбежно прашање, има ли доволно заштитни средства ?д-р.Горан Балевски: Болницата во моментов функционира најнормално со персонал по протоколи за covid 19 работат сите оддели до еден што беше и наша обврска да ставиме акцент на ихфективна патологија ама да примаме и лекуваме пациенти од други болести. Заштитна опрема беше најголем приоритет до сега болницата подели за секој вработен маски по протоколи за covid  како и заштитни скафандери, со тоа што инфективно одделение има најквалитетна опрема и маски n95 во неограничени количини . Охрид 1: На социјлните мрежи имаше обиди да се наруши угледот на инфективното одделение во Охрид. Се постираа стари снимки, на кои се гледа како пациент чека пред вратите на одделението. Може ли да ни објасните како тече приемот на пациентите во моментов. Во една прилика за нашиот медиум кажавте дека имате и видео надзор кој е вистински доказ дека ниту еден пациент овој период не чека?д-р.Горан Балевски:  Одговорно тврдам дека ни еден пациент не е вратен од кога сум назначен за директор. Пациентите треба да сватат дека за да бидат примени треба да бидат дисциплинирани и да ги остават лекарите и медицинскиот персонал да си ја работат работата како што треба има решение за се, само треба добра кординација дисциплина и совест и од лекарите ама и од пациентите. 40 години Инфективно одделение Охрид е регионален центар за инфективна патологија и без разлика на условите поставеноста и опременоста до сега немало ни една замерка за нивната работа,моменталната состојба никој не може да ја предвиди затоа апелирам за респект и почит за нивната работа, а не закани уцени вреѓања  и едно големо благодарам и од Охриѓани и од Стружани и од целиот регион за нивната работа.Општата болница Охрид е единствена устанува која прима пациенти од различни области хирургија,гинекологија,уво нос и грло,урологија,интерна медицина, неуропсихијатрија, педијатрија, ренген дијагностика, лабараторија, физикална медицина и како најголема здравствена установа во регионот со околу 500 вработени. Како ВД Директор одговорно тврдам дека иако е под константен притисок од јавноста и медиумите сепак е најдобра здравствена организација во регионов. Сите пациенти без разлика каде ќе се упатат мора да поминат низ Охридската болница за една недела низ тријажен центар поминале 600 пациенти.Сите транспорти на пациенти од Covid 19 према Клиниките во Скопје и Према Битола ги прави со сопствени возила и сопствен персонал, прави прегледи на сите карантини низ градот каде одат нашите интернисти, во моментов имаме интернист кој е испратен да помага на Општа болница-Дебар. Охрид 1:  Вие сте дел од кризниот штаб на Општина Охрид. Мерките кои се спроведуваат во Охрид се покажаа доста успешни. Како мерките, така и самосвеста на Охриѓани. Откако е прогласена вонредна состојба во земјава, во Охрид 7 лица беа позитивни на КОВИД – 19.  Охридскиот кризен штаб имаше барање да се забрани влез во Охрид за велигденските празници за лица кои се жители на други општини. Ова барање не беше прифатено од  Владата. Стравувате ли дека бројот на заболени во Охрид ќе се покачи за две недели од сега? д-р.Горан Балевски: Охриѓани се свесен и одговорен народ и гостопримлив и мислам дека ако се следат сите препораки на епидемиолозите се почитуваат сите апели за правилна дистанцирање и заштита би можеле да се справиме со оваа болест, но е многу тешко се да се предвиди, сепак лично сметав дека треба мерките на заштита и изолација од соседните градови  како и за сите туристички места низ државата  заострат и да нема движење меѓу градовите како примерот на Словенија и да се стави махимален акцент на превенција.Охрид 1:  Во моментов во општата болница Охрид има пациенти кои имаат симптоми на КОВИД -19, а се од други општини. Но сеуште не се добиени резултатите од тестовите. Каде се сместуваат сомнителните пациенти во кое одделение, дали е се организирано доколку овие пациенти се позитивни остануваат ли во Охрид доколку се со полесна слика, или се праќаат во реционалниот центар во Битола?д-р.Горан Балевски: Моментално имаме со датум од 17,04,2020  80% сомнителни недокажани пациенти од Струга,еден пациент докажан со лесна клиничка слика е префрлена инфективно одделение при Клиничка болница-Битола кој е од Струшко 20%сомнителни се од Охридскиот регион ама не се докажани.Имаме огромна помош од цел град многу поединци,многу здруженија  многу лекари Охриѓани кои работат во странство  кои ни испраќаат протоколи и сугестии и им благодарам на сите вработени во ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА-Охрид кои се грижат деноноќно за сите нас и за целиот регион.фото: Горан Балевски

Македонија | пред 6 години

bigorski

(ЖИВО) Оплакување на Христа и литија со Плаштаницата

Живо од Бигорски манастир Св Јован Крстителhttps://www.facebook.com/bigorski.manastir/videos/169167817606231/UzpfSTQ3NzYwMTY2MDgwOlZLOjE2OTE2NzgxNzYwNjIzMQ/

Македонија | пред 6 години

dzoksi

(ВИДЕО) Како настанал хитот „На Велигден сум се заљубил“ и како звучи кога секој пее од својот дом?

Како звучи пасната која ја слушаме секој Велигден „На велигден сум се заљубил“ испеана од грлата на авторот и изведувач Џина Папас Џокси и академскиот хор Мирче Ацев. Годинава секој од нив во својот дом, но не пропуштија да не потсетат на овој голем хит. Инаку  Џокси во едно итервју за tocka.com.mk кажа дека Една од главните причини за пасната да се создаде е  неговата баба Уранија.-Главна причина за да ја направам песната е баба ми и нејзината приказна за тоа како нејзиниот татко, мојот прадедо ги враќал два пати стројниците на дедоми, кои упорно ги праќал на Велигден. Потоа ме врзува еден друг момент, во комунизмот немаше одење во цркви за да се кршиме со јајца, туку ние бегавме преку прозор за да не не види таткоми и одевме во црква палевме свеќи и се враќавме назад. Следен момент кој е многу важен, живеев долго во Бол на Брач, скоро 8-9 години, а таму имаат едно континентално место се вика Селца, кај нив има процесија и се случи нешто што јас прв пат во живот го видов. Кај нив процесијата значи да направат колона која изнесуваше тогаш 10 километри, јас влегов со цигара во колоната и една баба дојде ме фати за рака и ми рече: Ти не си од овде, зар не? И ми кажа дека не смее да се пуши во процесија и кога слушна дека сум Македонец ме фати за рака и ме однесе во првиот ред на клупите на католичката црква. Веднаш потоа заминав за Скопје затоа што ме фати први мај, во Скопје 20 дена не излегов од дома. Не беа тоа притисоци, туку имав време и простор да размислам за себе, односно што со себе. Се вратив во Сплит и кога се распадна Југославија ја направив песната и му се јавив на Тоше Поп Симонов, ама тој беше на Крит со неговата жена, и тој го имаше целото студио префрлено таму. Седнав во авион заминав за Крит, кога пристигнав таму, наидов на ситуација во која Тоше и неговата жена беа загрозени од однесувањето на Грците и нивните шеги дека ние не постоиме, дека Македонија како држава не постои и јас седнав ја отсвирив песната им ја вратив жарта во нив и страста, и така ја снимивме првичната верзија на “Велигден сум се заљубил”, раскажа Џокси за tocka.com.mk.фото: prtsc

Македонија | пред 6 години

Filipce-3

Филипче: Сите пациенти од кумановската болница префрлени на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција од неговиот дом кажа дека со оглед на тоа што бројот на вработени во болницата во Куманово е намален поради што голем дел од нив се во самоизолација, сите хоспитализирани од оваа болница се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.Филипче додаде дека во кумановската болница ќе се врши тријажа, односно проценка на здравствената состојба на пациентите, па во комуникација со директорот на Градската болница „8 Септември“, ќе се одлучува дали тие, во зависност од симптомите ќе бидат префрлени во Скопје или ќе останат да се лечат во кумановската болница.-Станува збор за седум лица, а во кумановската болница, како што кажа Филипче, понатаму ќе се прави проценка на здравствената состојба на пациентите, па во комуникација со директорот на Градската болница „8 Септември“, ќе се одлучува дали тие, во зависност од симптомите ќе бидат префрлени во Скопје или ќе останат да се лечат во кумановската болница, истакна Филипче.Филипче нагласи дека на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести било разговарано во однос на барањата на Кризниот штаб за прогласување на 14 дневен карантин во Куманово, но дека конечната одлука ќе биде донесена на утрешната седница на Владата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Filipce-3

Вработена во домот за геријатрија во Ѓорче Петров е позитивна на КОВИД-19, серолошки ќе се тестираат сите згрижени лица

Хигиеничарката во Домот за геријатрија во Ѓорче Петров е позитивна на коронавирусот, направени се епидемиолошки анкети, па дел од нејзините колеги и колешки се ставени во самоизолација, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, додавајќи дека веќе од следната недела ќе се прави серолошко тестирање на сите лица во старечките домови.– Во Домот за геријатрија во Ѓорче Петров има заразена вработена, жената е хигиеничарка во таа установа, а нејзиниот тест за коронавирусот е позитивен. Направена е анкета во однос на контактите со вработените, па дел од колегите и колешките се ставени во самоизолација. Имајќи предвид дека домовите за стари лица се најзагрозени од заразата, оти тие лица се често неподвижни и имаат хронични болести, веќе од следната недела ќе ги тестираме сите лица кои се сместени во старечките домови низ државата – рече Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

policija-1

По пад од балкон животот го изгуби жена на 81 година во Тетово

Жена на 81 година го загубила животот по пад од балкон од зграда во Тетово, соопшти денес СВР Тетово. Немилиот настан се случил вчера околу 11 часот на улицата „Благоја Тоска“.-Во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Благоја Тоска“, во стан сопственост на М.Г.(85) од Тетово, неговата сопруга М.Г.(81), која имала нарушено здравје, додека била сама во станот, излегла на балконот, што се наоѓа на првиот спрат од станбена зграда и паднала од балкон. М.Г. била префрлена во Клинички центар Тетово, каде од здобиените повреди починала, инфомираа од тетовската полиција.Увид на лице место извршиле екипи од СВР Тетово и Министерството за внатрешни работи од Скопје.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Maksim

Димитриевски: Најмалку очекував дека ќе има позитивни тестови на членови на штабот

Со оглед на тоа што првиот тест беше негативен пред две недели, а немавме никакви симптоми, најмалку очекував дека ќе има позитивни тестови од членовите на кризниот штаб, но очигледно големите контакти со луѓе во обид да се разрешат сите проблеми во градот со вирусот КОВИД 19, придонесе пет члена од општинскиот штаб да имаат позитивни тестови и сите тие од различни институции, објави градоначaлникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој вчера соопшти дека е позитивен на коронавирус.Димитриевски на ФБ напиша:- Во ниеден момент не сум дозволил да загрозам нечие здравје со моето однесување. Резултатите од тестовите што по вторпат се прават за целиот Кризен штаб и придружните членови и луѓе ангажирани во ризични подрачја ги чекавме пет дена.Средбата во Куманово со владини претставници не беше остварена на моја покана, туку на барање на Владата. Информацијата дека постојано се прават проверки на здравјето на лицата од општинскиот кризен штаб е јавна и ја знаат сите членови на штабот и институциите на министерството за здравство на локално ниво.Средбата се оствари за дополнително брифирање на владата и елаборација на фактичката состојба на терен поврзана со епидемијата за која укажуваме со недели.Сите присутни носеа маски, освен во момент кога техничкиот премиер Оливер Спасовски и јас дававме изјави за медиумите но државме препорачана дистанца.Со оглед на тоа што првиот тест беше негативен пред две недели, а немавме никакви симптоми, најмалку очекував дека ќе има позитивени тестови од членовите на штабот но очигледно големите контакти со луѓе во обид да се разрешат сите проблеми во градот со вирусот КОВИД 19, придонесе пет члена од општинскиот штаб да имаат позитивни тестови и сите тие од различни институции. Се поставува прашање ако се следат епидемиолошките алгоритми на комисијата за заразни болести како досега не бевме оценети како ризични бидејќи очигледно сме заразени од лице кое веќе имало вирус.- Куманово е град каде има најголем број случаи според број на жители, секој од нас носи одговорност, јас најголема и поради тоа барав од Владата со недели да бидеме изолирани.Истрата нека ја утврди фактичката состојба и евентуалните системски недостатоци, пропусти и одговорност.Не сакам оваа ситуација да прерасне во јавна дебата без потреба, мора да се сконцентрираме и сите заеднички да ги насочиме силите и да ја поразиме епидемијата. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Филипче: Секој што седи дома, секој од вас е херој

Секој што седи дома, секој од вас е херој. Знаеме дека не е лесно, вака им се заблагодари на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче, на сите граѓани кои ги следат препораките за справување со корона вирусот.– Секој што седи дома, секој од вас е херој. Не заборавајте – токму вие давате значаен придонес во борбата со коронавирусот, кој го смени животот на милиони луѓе ширум светот,  Знаеме дека не е лесно. Ви благодариме, објави Филипче на Фејсбук.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

samoizolacija

ДСЗИ во вонреден инспекциски надзор во Куманово по веста дека градоначалникот е позитивен на Ковид-19

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска почнал вонреден инспекциски надзор во Куманово во врска со вчерашните настани, потврди за МИА директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова.Сотирова Бухова кажа дека надзорот трае и дека засега нема што да соопшти.Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вчера соопшти дека е позитивен на коронавирусот, како и повеќе членови на општинскиот кризен штаб. Ден претходно во средба со него и со членовите на општинскиот кризен штаб имаа премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, а Максимовски потоа имаше и изјава за медиумите. По објавувањето на оваа информација Спасовски, филипче, Османи, како и други ченови на владината делагација, но и новинари и сниматели се во самоизолација.Во Куманово бројот на заболени од коронавирусот до денеска е 310, а починаа над десетмина.извор/МИА

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бебето родено во ГАК Бебето родено во ГАК од мајка позитивна на КОВИД-19, нема коронавирус

Бебето родено на 14 април во ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство - Скопје, чија мајка е заразена со коронавирус, е негативно на резултатот за COVID-19, соопштија од ЈЗУ ГАК - Скопје.– Во вторникот вечерта во ГАК беше породена 28-годишна пациентка, за која вчера стигна позитивен резулат од тестот за COVID-19. Пациентката немаше симптоми за коронавирус, беше породена спонтано, но затоа што е од кумановскиот регион, со неа уште од самиот прием на клиниката се постапуваше како со пациентка од ризично подрачје и по сите протоколи, ѝ беше земен брис за COVID-19. Брис од бебето беше земен откако пристигна позитивен резулатат за COVID-19 кај неговата мајка, информираа од ГАК-Скопје.Воедно од таму информираат дека вчера и мајката и бебето биле отпуштени од клиниката во добра здравствена состојба.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бектеши: Задолжителна редарска служба кај сите трговци, за турканици пред маркетите глоби од 500 до 2.000 евра

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше за двете Уредби со законска сила кои што ги донесе Владата на Северна Македонија на последната седница по предлог на Министерството за економија.Уредбите се однесуваат за примена на Законот за трговија и примена на Законот за минерални суровини.Бектеши информираше дека Министерството за економија во изминатиот месец од кога беше прогласена вонредната состојба во државата поради коронавирусот КОВИД- 19, внимателно ја следи состојбата и предлага до Владата Уредби со законска сила со цел заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните од една страна, а од друга страна олеснување на условите за работењето на компаниите во оваа кризна состојба во државата.„На вчерашната седница на Владата беше донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија со која се поставува ред и дисциплина при влез во објектите во кои се врши трговија на мало, продавници, самопослуги, маркети, пекари и за време на траење на вонредната состојба . Според Уредбата сите трговци од денеска се должни да обезбедат  редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди  спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот“, кажа Бектеши.Според Уредбата, како што потенцираше министерот , трговецот е должен да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание од 2 метри при чекање ред на лицата пред и во објектот и тоа пред секоја каса за наплата и пред влезот на објектот.„Секако, доколку не се почитуваат одредбите од оваа Уредба следуваат глоби. За малите и микро трговци, кои што нема да воспостават ред и дисциплина пред нивните објекти е предвидена глоба од 500 до 1.000 евра, додека за средните и големи трговци кои што нема да ги почитуваат одредбите од оваа Уредба со законска сила предвидена е глоба од 1.000 до 2.000 евра“, потенцираше министерот и апелираше до трговците да се придржуваат до насоките и мерките на Владата, а до граѓаните кои што ќе утврдат неправилности да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на Државниот пазарен инспекторат.Министерот Бектеши исто така информираше дека на предлог на Министерството за економија на последната седница на Владата е донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за минерални суровини со која им се излегува во пресрет на концесионерите на минерални суровини да можат непречено да работат за време на вонредната состојба.„Со оваа Уредба роковите за постапките за концесии престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале, и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба. Целта е да се создадат услови за непречено продолжување со работа по завршувањето на вонредната состојба без претходно концесионерите да имаат импликации по доделените концесии заради неможноста за исполнување на конкретни обврски од Законот за минерални суровини“, кажа министерот и потенцираше дека со оваа Уредба не се предвидува одложување на наплатата на концесискиот надоместок, бидејќи истиот се плаќа по продадена експлоатирана количина на минерална суровина и дека обврската за наплата на концесискиот надоместок за користење на просторот истекува на 31-ви декември во тековната година.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

kidnapiranje

Киднапирање во Охрид, го грабнале брат му и му барале пари за да го пуштат

На 16.04.2020 во 13.05 часот во СВР Охрид, И.П.(29) од Охрид пријавил дека од страна на непознати лица со патничко возило „фолксваген голф“ бил грабнат неговиот брат Б.П.(33) од населба Рача – Охрид. Притоа, тој добил порака да даде пари за да биде пуштен брат му. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

novi-slucai

36 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа две лица, а оздравеа 18

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на Ковид-19. По градови:- Скопје-22- Куманово-4- Прилеп-3- Струга-3- Велес-3- Битола-1Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1117.Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години, а денеска во евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен. Пациентот починал пред 3 дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1822571701383188/2365366657103687/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

79234967_1667827986693275_3257373789368877056_n-1-1

Укинат куќниот притвор за Зоран Милески Кичеец

Зоран Милески Кичеец е ослободен од домашен притвор и одлуката на жалаба на пресудата која ја има поднесено до повисокиот Суд ќе ја чека од слобода.Позитивно мислење за пуштање на Милески дала и обвинителката Вилма Рускоска која во изјава за „А1он“ вели дека земени се во предвид семејните околности кои ги има Зоран Милески кој има големо семејство од сопруга и пет деца, неговиот татко починал додека тој бил во притвор, па сега тој како син единец морал да се грижи и за неговата повозрасна мајка.Во судскиот процес за случајот „Рекет“ Милески ја призна вината, со што ја олесни и скрати постапката.Зоран Милески Кичеец до сега не бил осудуван, ниту против него некогаш се водени постапки или истраги. Покрај тоа што е семеен човек, тој е и пасиониран спортист.

Македонија | пред 6 години

Goran

Балевски: Мислам дека добро се справуваме со пандемијата досега, моменталното на Инфективното одделение имаме сомнителни пациенти кои не се докажани

Новиот директор на Општата болница во Охрид, Горан Балевски, вели дека веднаш по неговото назначување дал наредба да се примаат сите пациенти кои ќе побараат помош, откако претходно, неговата колешка Славица Малеска беше разрешена поради тоа што персоналот на Инфективниот оддел вратил 66-годишна стружанка која барала хоспитализација, по што, таа почина. Балевски во интервју за „А1он“ вели дека имаат хоспитализирано пет лица кои се сомнителни, но нема резултати за да се види дали се заразени со коронавирусот.„Мислам дека добро се справуваме со пандемијата досега. Моменталното на Инфективното одделение имаме сомнителни пациенти кои не се докажани. Земени се брисеви. Петте непотврдени случаи се 80% од Струга, 20% од Охрид. Тие се во стабилна здравствена состојба и се следат од вработени на Инфективниот оддел. Случаите кои се докажани дека имаат коронавирус, а се со полесна клиничка слика ги испраќаме во болницата во Битола, а пак, оние со потешка клиничка слика во скопските клиники“, рече Балевски. Директорот Балевски не сакаше да коментира за недостатоците кои ги констатираше ДСЗИ во болницата, за што беше разрешена неговата претходничка. Тој вели дека сега ги изменаџирал сите работи. Инфективното одделение во Охрид има 10 кревети, а бројот на медицински кадар е дуплиран, посочува Балевски.Текстот во целост на: А1ОН

Македонија | пред 6 години

skopje-8

На ниво на целата држава 83 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот 16/17.04.2020, по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава  83 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 56 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 163 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што три лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Уапсена жена од Гостивар, нападнала полицајци и со нож им се заканувала

Вчера во 19.10 часот на наплатната станица Гостивар, приведена била 30-годишната Б.Ј од гостиварското село Стар Балин дол, која била лице со здравствени проблеми и која се однесувала агресивно и на полицајците им се заканувала со нож, наведено е во полицискиот билтен.„Приведена е Б.Ј.(30) од с.Стар Балин дол, гостиварско, која била лице со здравствени проблеми, бидејќи истата се однесувала агресивно и се заканувала со нож дека ќе ги нападне полициските службеници при вршење работи од областа на безбедноста. Набрзо Б.Ј. била пренесена во Психијатриска клиника во Скопје“, соопштуваат од МВР.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Европската Комисија ја потсетува МПЦ дека сите имаат обврска да го заштитат јавното здравје

Европската Комисија (ЕК) во реакција до МИА се осврна на последните случувања со Македонската православна црква (МПЦ) и потсетува дека сите чинители во општеството имаат обврска да го заштитат здравјето на населението, јави дописничката на МИА во Брисел.Портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, потсетува дека сите земји, во ЕУ и во светот, воведуваат вонредни мерки поради глобалната пандемија на КОВИД-19 и дека врвен приоритет овој период е заштитата на јавното здравје на населението.Оваа реакција доаѓа откако МПЦ одби да ги затвори храмовите за време на велигденските празници предизвикувајќи длабока загриженост од можните последици врз здравствениот систем.-Последните неколку недели, земјите членки на ЕУ и земјите ширум светот донесоа вонредни мерки за да се справат во здравствената криза предизвикана од епидемијата на КОВИД-19. Ова се времиња без преседан и националните власти треба да ги имаат потребните алатки на располагање за да делуваат брзо и ефикасно за заштита на јавното здравје на нивното население, изјави Писонеро за МИА.Портпаролката потсетува на пораката упатена од страна на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 31 март годинава.-Секоја вонредна мерка мора да ги почитува темелните принципи и да биде ограничена на она што е неопходно и строго пропорционално, нагласи портпаролката.Вонредните мерки кои се воведуваат во рамките на оваа здравствена криза треба да бидат временски ограничени и под надзор на демократските контролни механизми во општеството, изјави тогаш шефицата на Европската Комисија.фото:Journey Macedonia 

Македонија | пред 6 години

dupka-bitola

(ВИДЕО) На влезовите во Битола се направија корита за дезинфекција на возилата

На влезовите на Битола се направија корита за дезинфекција на возилата кои влегуваат во градот, а на влезовите на пазарите, пак, се поставија сунѓери полни со средства за дезинфекција. Градоначалничката на општина Битола порача дека локалната ќе се продолжи со вакви акции за превенција, но побара и граѓаните да го редуцираат движењето низ градот.

Македонија | пред 6 години

Foto-5

Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со австрискиот претседател Ван дер Белен

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, оствари телефонски разговор со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.За време на разговорот беа разменети информации за состојбите во двете држави, во контекст на справувањето со последиците од ширењето на КОВИД-19.Претседателот Пендаровски го информираше австрискиот претседател за мерките што државните власти ги преземаат во справувањето со пандемијата, вклучувајќи ја и одлуката за повторно прогласување на вонредна состојба во следните 30 дена.Во разговорот претседателот Ван дер Белен пренесе дел од австриските искуства и мерките што државата ги презема во справувањето со ширењето на КОВИД-19.Поздравувајќи ја помошта што дел од компаниите со доминантен австриски капитал во земјата ја дадоа за справување со последиците на пандемијата, како и досегашната помош на ниво на Европската Унија и демонстрираната солидарност со државата, претседателот Пендаровски во разговорот со австрискиот претседател Ван дер Белен ја истакна потребата за сеопфатна помош од страна на Европската Унија за земјите од регионот, за справување со последиците од ширењето на КОВИД-19 на здравствен, економски и социјален план.Претседателот Пендаровски се заблагодари и за јасната австриска поддршка за аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската Унија и истакна дека неодамнешната одлука за почеток на пристапните преговори за членство е заслужено признание за напорите на државата во изминатиот период. Претседателот Пендаровски изрази очекување, во овие вонредни околности, Европската Унија да изнајде модалитети за движење на интегративниот процес напред.фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 6 години

Hristijan-Mickoski-intervju-8-Custom-960x686

Мицкоски: Овие празнични денови посакувам мир и благостојба на сите, за да можеме спокојно да ги победиме тагата, несреќата, сиромаштијата

До поглаварот на Македонската православна црква Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до Синодот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија и до сите православни христијански верници Велигден е денот на радоста и на животот.Вербата во Христовото воскресение е верба во животот и обновувањето.Велигденскиот празник е повеќе од вредно да го поминуваме со нашите семејства, со ближните, и да го честуваме благословот на животот.За да бидеме достојни како луѓе на коишто Бог им го покажа патот за спасение, и во вакви мигови каде нашиот народ се бори со смртоносниот вирус треба да бидеме достојни, мудри и храброста да ја црпиме од борбата на Христа со која тој ја победи смртта.Овие празнични денови посакувам мир и благостојба на сите, во сите семејства да биде духот на вербата, за да можеме спокојно да ги победиме тагата, несреќата, сиромаштијата.Моите мисли во овие празнични денови одат со оние кои во овие мигови ги загубија своите најблиски, како и оние кои секојдневно се соочуваат со предизвикот од овој смртоносен вирус и нив им посакувам сила, закрепнување и здравје. Моите мисли се и со луѓето кои неуморно се во првата линија во борбата против короната, здравствените работници кои даваат надчовечки напори за победа над заразата.Да помислиме и за помалку среќните, на оние кои што останаа без своите работни места во овие тешки мигови за нашата земја, но и на сиромашните и на гладните. Посакувам работите да се подобрат, да се променат, нешто за што заедно ќе се избориме.Да истраеме во оваа борба, како што Исус ги победи сите тешкотии на крстот, тоа да ни биде мотив и да не води низ предизвикот да бидеме подобри како луѓе, во однесувањето спрема другите и кон самите себе.Обновувањето ќе дојде и за него заедно ќе се избориме, и искрено го посакувам тоа за целиот наш народ, да биде среќен и радослив, да продолжи да твори и живее среќно во сопствената татковина Македонија.Велигден е надеж за подобрите денови коишто ќе дојдат, да се соочиме со предизвиците со верба за подобро утро за сите нас.Со радост да го славиме победоносното воскресение, посакувајќи здравје, успеси и среќа.Бог да е со нас.Христос воскресе!Навистина воскресе! 

Македонија | пред 6 години

veliki-petok

Велипеток, најтешкиот ден во годината

Православните христијани денеска го одбележуваат Велики петок, денот на најстрогиот пост, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок. Овој ден е посветен на спомнувањето на осудувањето на с**т, Крстните страдања и заминувањето на Спасителот.Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале”. Оттогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона/клепала, а камбаните не ѕвонат до недела, кога првпат ќе ја огласат радоста на Христовото воскресение.Овој ден е строг пост, односно консумирање на храна која не се пржи на масло. Затоа денеска според правилата не би требало да јадете посен грав, риба, пржен компир… Поголемиот број христијани на денешен ден јадат варен зеленчук и овошје.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

21032020_VRSM_21_sednica_na_Vlada1

Влада: Сите лица со попреченост се изземени од забраната за движење

Владата на Република Северна Македонија на денешната 43-та седница донесе одлука за целосно изземање од забраната за движење за сите лица со попреченост со придружници. За да го остварат ова свое право, за овие лица нема да се издаваат посебни дозволи и доволно ќе биде со себе да имаат медицинска белешка која ќе треба да им се презентира на полициските службеници доколку за тоа се укаже потреба.На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информација за текот на подготовката на Проектот за итно справување со KОВИД-19 во Северна Македонија.Корисници на проектот ќе биде целокупното населението земајќи ја предвид природата на заболувањето, заразените лица, популацијата под ризик, особено старите лица и лицата со хронични болести, медицинскиот персонал, медицинските институции и институциите за тестирање како и јавните здравствени институции ангажирани за справување со КОВИД-19 во Република Северна Македонија. Како корисници ќе се вклучат и лицата кои имаат потреба од ублажување на социјалното влијание (социјална заштита).Владата го задолжи Министерството за финансии да ја подготви и да ја достави до Светска банка Апликацијата за избор на услови за обезбедување на заем од Светска банка за Проектот за итно справување со KОВИД-19.На денешната седница е донесена Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба, со која се утврдува дека при вршење на јавниот превоз на патници, за време на траење на вонредната состојба, превозникот во возилото е должен да го организира превозот со задолжително одржување на растојание од најмалку два метри меѓу патниците и може да има најмногу 50% патници од вкупниот број на седишта, не сметајќи го седиштето на возачот.Уредбата предвидува дека глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице ако врши превоз на патници спротивно од оваа уредба со законска сила, додека глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице-трговец поединец и правно лице ако врши превоз на патници спротивно на член 3-а од оваа уредба со законска сила. На одговорното лице во правниот субјект ќе му се изрече глоба во износ од 150 евра во денарска противвредност, утврдува уредбата.Владата денеска донесе и Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба за поставување на ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија во мало-продавници, самопослуги, маркети, пекари и слично (во понатамошниот текст: објекти), за време на траење на вонредната состојба.Согласно оваа Уредба трговецот е должен да обезбеди редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот.Уредбата определува дека трговецот е должен да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот. Ознаките се поставуваат на растојание од два метри и тоа пред секоја каса за наплата и пред влезот на објектот.На предлог на Министерство за економија, Владата ја донесе Уредбата со законска сила за примена на одредбите од Законот за минерални суровини.Причината за донесување на Уредбата е во насока на одложување на примената на одделни одредби од Законот за минерални суровини за време на траењето на вонредната состојба настаната заради епидемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19, а со цел да се создадат услови за непречено продолжување со работа по завршувањето на вонредната состојба без претходно концесионерите да имаат импликации по доделените концесии заради неможноста за исполнување на конкретни обврски од Законот за минерални суровини.Целта на донесувањето на Предлог Уредбата е пролонгирање на законските рокови предвидени со Законот за минерални суровини, а чие неисполнување може да биде причина за едностран раскин на доделена концесија, како и на одредби за кои обврските кои произлегуваат од истите не можат да се реализираат за време на траењето на вонредната состојба.На денешната седница е донесена и Уредба со законска сила за примена на Закон за донации и за спонзорства во јавните дејности.Донесувањето на оваа уредба е со цел поедноставување и скратување на постапката за евидентирање, отчетност и контрола, во делот на заштита на јавниот интерес, во случај на донации чија цел е поддршка на здравството со цел да се решат состојбите што се предизвикани на територијата на Република Северна Македонија од коронавирусот КОВИД-19.Имено, согласно членот 21 став 1 од Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, на барање за потврдување на јавен интерес поднесено од давателот или примателот на донацијата, Министерството за правда издава решение со кое го потврдува јавниот интерес на дадената донација или спонзорство.Со оваа уредба со законска сила се предлага давање на донација на Министерството за здравство, како примател на донација чија цел е поддршка на здравството со цел да се решат состојбите што се предизвикани на територијата на Република Северна Македонија од коронавирусот КОВИД-19, да се смета за донација од јавен интерес согласно овој закон, за која не се спроведува постапка за потврдување на јавен интерес.Министерството за правда предложи, а Владата донесе Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примената на Законот за извршување за време на вонредната состојба.Донесувањето на оваа уредба е со цел изменување и дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредната состојба („Службен  весник на Република Северна Македонија“ бр.86/20) од 1.04.2020 година со која беше регулирана примената на Законот за извршување во делот на исклучоците за постапувања на извршителите во услови на вонредна состојба.Со предложената уредба со законска сила се создава систем и можност за поединечно ослободување на секоја поединечна сметка на должниците, од страна на извршителите со цел непречено да ги користат во целост средствата од своите плати, пензии, но и секој тип на помош која се одобрува во овие вонредни услови на пандемија на КОВИД -19. Целокупниот процес ќе се одвива електронски во склад со мерките и препораките од заштитните мерки на Владата.Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за примената на Законот за отпис на каматите и репрограмирање на долгови и трошоци на физичките лица.Со заклучок, Владата го задолжи Генералниот секретаријат да ги повика сите државни органи, органите на државната управа, организациите утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје или општините во градот Скопје, како и јавните претпријатија во државна или јавна сопственост, кои се утврдени како доверители во извршните исправи кои се дадени за извршување пред извршителите заклучно со 31.12.2017 година, да ги интензивираат активностите за отпис на каматите и за репрограмирање на долговите согласно законот, со оглед на тоа што рокот за истото истекува на 18.05.2020 година и да ги известат извршителите во законски предвидениот рок за прецизираните барања за извршување.Владата денеска ја донесе и Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на децата за време на вонредна состојба, со цел правото на посебен додаток остварено врз основа на издадените наоди, оцени и мислења од соодветен стручен орган, во кои е препорачан контролен преглед, односно повторен преглед - контрола или рекатегоризација во периодот на траење на вонредната состојба, да се продолжи за време на траење на вонредната состојба, како и два месеци од денот на престанок на вонредната состојба, во услови на секојдневно заострување на мерките на Владата за спречување на ширењето на вирусот во државата (КОВИД-19), што го ограничува нормалното движење на граѓаните и функционирање на реалниот сектор.фото: Архива

пред 6 години

gak

На Клиниката за гинекологија во Скопје се породила кумановка позитивна на COVID-19

Пред два дена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје се породила пациентка за која денеска резултат од тестирање покажал дека е позитивна на коронавирус. Пациентката и за време на приемот и за време на престојот била без симптоми на болеста, но со оглед на тоа што доаѓала од кумановскиот регион била примена и породена во делот за изолација. И мајката и детето се во добра здравствена состојба и се испишани од болницата. Земен е брис и од бебето и се чекаат резултати.-На ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје на 14 април во 20 часот е породена пациентка, за која денеска резулатот од тестот за Ковид-19 покажа дека таа е позитивна на коронавирус. Пациентката е породена спонтано, но затоа што е од кумановскиот регион, со неа уште од самиот прием на клиниката се постапуваше како со пациентка од ризично подрачје и по сите протоколи, и беше земен брис за Ковид-19. Пациентката токму затоа што доаѓа од кризен регион, беше примена и породена во делот за изолација на ГАК, кој е наменет за суспектни и заразени пациентки од Ковид – 19, информираат од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.Пациентката и за време на приемот и во текот на престојот на клиниката била без симптоми за Ковид-19. По денешниот позитивен резултата на родилката, земен e брис и од бебето.Од Клиниката соопштуваат дека и мајката и новороденото женско бебе се во добра здравствена состојба, денеска се испишани од ЈЗУ У ГАК-Скопје и се во својот дом.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-1

Македонија влезе во земјите со висок ризик

Бројката на заразени во нашата земја се искачи на 1081 лица. Денеска новозаболени се 107 лица. Со овие бројки на зболени од КОВИД -19 Македонија влезе во земји со висок ризик од коронавирусот. Во таа група се сите држави кои имаат над 1000 заразени од вирусот.Во изминатите 24 часа се потврдени  107 нови случаи на Ковид-19:Скопје – 28Куманово -44Дебар – 2Штип – 1Прилеп – 11Тетово – 5Струга – 1Велес -4Битола – 6Кавадарци -1Гостивар – 2Кочани -1Кичево -1.Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:Скопје – 367Куманово - 306Дебар – 51Штип-32Прилеп –100Тетово – 48Струга – 50Велес – 40Битола –15Охрид –7Кавадарци - 4Гостивар –12Гевглелија – 4Струмица – 2Крива Паланка-4Радовиш - 4Крушево – 3Кочани – 26Пробиштип – 2Кичево – 2Неготино -2Во изминатото деноноќие направени се 660  теста. Преку ИЈЗ –468 , преку Ветеринарен ф-тет - 21, Авицена –22 , Биотек – 23 и Филип Втори (Жан Митрев) – 126. Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на Ковид -19.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања