Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

om-veligden-2020

Бошкоски: Во ова време-невреме, да си помагаме, чуваме најблиските и себеси

Велигденска честитка од Претседател на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Во честитката се вели:-Имам чест и задоволство, од мое лично име и од името на Обединети за Македонија, од се срце на сите верници да им го честитам најголемиот христијански празник, Воскресението Христово – Велигден.Ја славиме победата на доброто над злото, животот над смртта.   Велигден ни носи порака за љубов и разбирање, помагање и поддршка. Тоа е и основата на Христијанството, кое со години му дава дух на македонскиот народ.Да се помолиме за подобри времиња и надминување на сите премежја, какво е и ова со кое се соочуваме. Велигден го славиме кога човештвото се соочува со голема закана.Во ова време-невреме, да си помагаме, чуваме најблиските и себеси. Да останеме разумни и да ги почитуваме препораките. Со тоа ги почитуваме и нашите роднини, пријатели – нашите најблиски.Нека овој празник ви донесе љубов, среќа, разбирање, здравје и благосостојба.Само така ќе не биде како народ, сплотен и нескршлив, се вели во честитката од Претседател на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.фото: Обединети за Македонија

Македонија | пред 6 години

ambasadorka

Видео честитка од Американската амбасадорка: Останете дома, останете на безбедно и останете здрави!

Американската амбасадорка во Скопје Кејт Мари Бернс преку видео порака упати честитка до верниците во земјава по повод велигденските празници. Таа и во оваа порака апелираше граѓаните да останат дома и да бидат здрави.„Во ова време на обнова и надеж со Велигден, Пасха и Рамазан, од моето семејство за вашето Ви посакуваме на сите се најдобро. Останете дома, останете на безбедно и останете здрави! Честит Велигден!Среќен #Велигден!, порачува во својата честитка американската амбасасорка Брнс.https://www.facebook.com/USEmbassySkopje/videos/3243495972330027/?v=3243495972330027

Македонија | пред 6 години

naselba

(ВИДЕО) Дел од Охрид без вода, директорот на ЈП Водовод вели: Ќе работиме се додека жителите не добијат водоснабдување

Кога се потребите на граѓаните во прашање нема празник. Вработените од ЈП Водовод сеуште неуморно работат на отстранување на дефектот во населбата Гоце Делчев“ во Охрид. Тие од утрово заедно со директорот се на терен, каде се соочија со голем проблем затоа што цевката која пукна и го прекина водоснабдувањето на жителите од овој дел на Охрид е под потпорен ѕид.Директорот на ЈП Водовод, Светозар Стефановиќ за Скопје 1 вели:Ќе работиме се додека жителите не добијат вода. Екипите на ЈП Водовод од утрово се на терен но најпрво работвме на детектирање на пукнатата цевка. Откако ја откривме,  дополнителен проблем ни беше што истата е под потпорни ѕидови кои моравме да се рушиме за да се поправи дефектот. Сакам да изразам и голема благодарност до граѓаните поради нивната стрпливост и помош. Ни дадоја приклучок за струја, за да можеме да продолжиме да работиме, вели Стафановиќ.фото: Скопје 1

Македонија | пред 6 години

SOBOREN

(ЖИВО) Воскресение Христово, Велигден Соборен храм Св.Климент Охридски

Воскресение Христово, Велигден Соборен храм Св.Климент Охридски https://www.facebook.com/215955182070069/videos/215748276380158/UzpfSTIxNTk1NTE4MjA3MDA2OTpWSzoyMTU3NDgyNzYzODAxNTg/Превземено од: Religija.mk

Македонија | пред 6 години

kumanovo

Од среда задолжително носење на маски за граѓаните во Куманово, Тетово и Прилеп

Владата на Република Северна Македонија на својата 44-та седница што се одржа денеска, донесе повеќе одлуки, мерки и препораки кои произлегуваат од 30-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, а кои се однесуваат на Куманово, Тетово и Прилеп.Владата го задолжи Аднан Џаферовски, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, со уште двајца членови од Главниот координативен кризен штаб да биде во комуникација со Oпштинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово, поради потребата од негово консолидирање и тековно следење на состојбите и работата на сите надлежни институции на дневна основа во ова подрачје, со цел одржување на функционална и ефективна работа на овој штаб.Од денешната седница произлезе и задолжувањето за сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции кои имаат свои седишта или подрачни единици на подрачјето на Општина Куманово, како и укажувањето на Општина Куманово и јавните претпријатија и другите правни лица основани од Општина Куманово, да ги редуцираат своите капацитети и да воведат посебни мерки за заштита, со цел поголем број на лица да бидат изолирани во овој период.Исклучок од оваа мерка се вработените лица од Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија, од јавните здравствени установи, како и вработените во територијалните противпожарни единици на подрачјето на Општина Куманово.Почнувајќи од 22 април 2020 година (среда), се воведува мерка за забрана за движење на населението на подрачјата на општините Куманово, Тетово и Прилеп, без носење на соодветна заштитна опрема (маска, шал, марама и сл.), надвор од своите домови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници или сл.За оваа цел, се задолжува Министерството за здравство да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила во која правно ќе го нормира ова прашање, начинот на имплементирање, користење, потребната заштитна опрема, како и да се уреди прашањето на минимум задолжителната количина (резерва) што производителите на маски треба да ја имаат за потребите на државните институции. Во уредбата да се предвиди дека обврската за носење на заштитна опрема ќе се применува на територијата на Република Северна Македонија, но по извесен период.Владата одлучи да им се препорача на сите граѓани во Република Северна Македонија, а особено на оние што живеат на подрачјата на општините Куманово, Прилеп и Тетово, согласно одлуките, мерките и препораките на Владата, да го редуцираат излегувањето од своите домови, тоа да го прават само од најнеопходни причини, односно заради одење на своите работни места, како и излегување од својот дом на само еден член од семејството заради купување на намирници и лекови од маркетите и аптеките.Владата го задолжи Министерството за здравство да определи едно лице како точка за комуникација и координација на дневна основа со сите здравствени установи во Општина Куманово (заради потребите на пациентите кои се лекуваат во Општата болница Куманово, нивно трансферирање во друга здравствена установа, организациски работи на здравствените установи и други тековни прашања за време на овој период).Задолжение доби и Министерството за внатрешни работи, во соработка со општинските штабови за заштита и спасување, најдоцна до 21 април 2020 година (вторник), да подготват посебен оперативен план за присуство и дејствување на припадниците на полицијата во подрачјата на општините Куманово, Прилеп и Тетово, преку користење на засилени патроли и засилено присуство на полицијата, користење на мегафонска опрема од полициските возила на јавните места и површини, со цел контрола над почитувањето на одлуките, мерките и препораките донесени од Владата на Република Северна Македонија.Се задолжува Министерство за здравство, дел од донациите на заштитна опрема кои Република Северна Македонија ги има добиено до овој момент, да бидат дадени на здравствените установи во општините Куманово, Прилеп и Тетово.Владата донесе одлука дека од вторник се забранува организиран превоз на патници односно забрана за влез и излез во и од подрачјето на Општина Тетово и сите околни општини.Исклучок од оваа забрана е организираниот превоз што го вршат економските оператори за своите вработени лица до работните места, како и организираниот превоз на вработените лица во Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија, како и вработените во територијалните противпожарни единици во овие општини.Согласно ова, Владата донесе Одлука за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територија на Република Северна Македонија.Се задолжува Министерството за одбрана да определи едно лице кое ќе биде на дневна основа во комуникација со Oпштинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово, со цел одржување на функционална и ефективна работа на овој штаб.Со цел поголемо почитување на мерките и намалување на потребата од воведување нови рестрикции, на оваа седница Владата го задолжи Министерството за правда да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила во која правно ќе се нормира начинот и изрекувањето на мандатни казни (со фотографска документација од местото каде граѓанинот е затекнат), како и висината на истите, кон сите физички и правни лица кои нема да ги почитуваат одлуките, мерките и препораки на Владата на Република Северна Македонија кои се однесуваат на групирање на јавни места и површини на повеќе од две лица (за групирање над 5 лица да се смета за кривично дело и да има кривична одговорност) и за непочитување на минимум потребното растојание од два метри и неносење на заштитна опрема.Владата заклучи да се измени заклучокот под реден број 1 од точка 1 од Извадокот од Нацрт – записникот од Триесет и деветтата седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 16 април и истиот да гласи:- Се задолжува Министерство за финансии, а се препорачува на Народна банка на Република Северна Македонија, во заедничка соработка да ја разгледаат можноста за изнаоѓање начини и подготовка на предлог – уредба со законска сила, во  насока на задолжување на деловните банки во рок од еден месец  да воведат нови финтек апликации со кои значително ќе се намали интеракцијата и бирократските процедури за граѓаните, како и за микро, мали и средни компании.- Се задолжува Министерството за финансии, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација да предвиди конкретни предлог – мерки со кои банките ќе можат да го стимулираат менувањето на навиките на граѓаните, ќе се софистицираат процесите и ќе се преиспита начинот на издавање на документацијата и на самата документација при барањата за кредитирање и исплати (поевтини токени, дигитални идентификација и сл.).Владата го задолжи Министерството за финансии, а се препорачува на Народната банка на Република Северна Македонија во заедничка соработка да го уредат прашањето за деловните банки задолжително да ги поврзат пос терминалите во економските оператори со фискалните каси.Министерството за финансии има задолжение да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила со која правно ќе се нормираат обврските на банките во поглед на обврската за носење на заштитна опрема на вработените лица и начинот на имплементирање, број на лица во објектите согласно квадратурата на објектот, одржување на редот во и пред објектите и др.Се задолжува Министерството за економија да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила со која правно ќе се нормира обврската за носење на заштитна опрема на вработените лица во економските оператори (дуќани, маркети, аптеки и сл.) и начинот на имплементирање, број на лица во објектите согласно квадратурата на објектот и др.Министерството за финансии, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за труд и социјална политика да подготват и до Владата да достават соодветен протокол за вршење на исплатата на пензиите.Владата го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила во која правно ќе нормира обврска на сите телевизии и радија да обезбедат емитување на информативни пораки (подготвени од Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија во врска со КОВИД-19) во времетраење од 2-3 минути на секој час на радио и телевизиските програми.На оваа седница се заклучи да им се препорача на сите вработени лица во органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, како и се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на вработените лица од приватниот сектор да ја преземат (инсталираат) мобилната апликација „Стоп корона!“.За оваа цел, се укажува на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да ги задолжи сите матични лекари на територијата на Република Северна Македонија на своите пациенти да препорачаат преземање (инсталирање) на мобилната апликација „Стоп корона!“Воедно, се задолжува Службата за односи со јавност на Владата на Република Северна Македонија да направи интензивен план за медиумско информирање на оваа мобилна апликација, со цел успешно спроведување и почитување на одлуките, мерките и препораките на Владата.Исто така, Се задолжува Министерството за информатичко општество и администрација да предложи дополнителни стимулативни мерки за лицата кои ќе ја преземат (инсталираат) мобилната апликација „Стоп корона!“.Министерството за информатичко општество и администрација да подготви и за наредната седница на Владата да достави протокол и анализа со која ќе се регулира систем на набавка на прехранбени продукти и лекови, од страна на само еден член од семејство/домаќинство.Владата го задолжи Министерството за здравство да подготви и за наредната седница на Владата да достави предлог – уредба со законска сила која правно ќе се нормира прашањето во однос на воведување на задолжителна самоизолација за сите граѓани кои вршат тестирања за КОВИД-19, најмалку до моментот на добивање на резултатот, согласно епидемиолошката анкета.Во врска со овие заклучоци, одлуки, препораки и мерки, Владата го задолжи Секторот за односи со јавност на Владата на Република Северна Македонија да започне  со засилена и унифицирана медиумска кампања за сите донесени одлуки, мерки и препораки на Владата на Република Северна Македонија во врска со коронавирусот КОВИД-19.На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информација за исплата на пензии за април 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23.04.2020 година.Како заклучок во врска со исплатата на априлските пензии, Владата заклучи да им препорача на деловните банки од петок 24.04.2020 година да обезбедат пензионерите со априлските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.Како дополнителен заклучок им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:- Во понеделник, на 27.04.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;- Во вторник, на 28.04.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;- Во среда, на 29.04.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;- Во четврток, на 30.04.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.На оваа седница Владата ја разгледа информацијата и ја усвои Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за условите и критериумите за репласирање на средствата од компензационите фондови со која се утврдуваат условите за директно кредитирање на деловни субјекти погодени од коронавирусот за репласирање на средствата од компензационите фондови, во насока на обезбедување средства во износ од 492.000.000 денари за директно кредитирање на микро, мали и средни компании чија економска дејност е погодена од коронавирусот, преку Развојната банка на Северна Македонија.Во врска со оваа одлука, Владата ја задолжи Развојната банка на Северна Македонија да објави Јавен повик на кој ќе можат да аплицираат микро, мали и средни компании чија економска дејност е погодена од коронавирусот, во согласност со условите предвидени во Одлуката, и да ги испита можностите за уредување на доставата на документите од Централен Регистар и Управата за јавни приходи за кредитобарателите, во насока на олеснување и/или координација и заедничка комуникација и насочување на кредитобарателите.На денешната седница Владата ја донесе Уредбата со законска сила за формирање на фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД -19Со оваа уредба со законска сила се уредува формирањето,  финансирањето, како и намената на средствата на Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.Средствата собрани во Фондот, ќе се користат за финансиска поддршка на економските мерки за помош и поддршка на микро, малите, средните и големите претпријатија во надминување на економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

svetlecko

(ВИДЕО) Чудна глетка над македонското небо - што се летечките светла на небото?

Светлечки објекти вечерва го надлетуваат небото над Македонија. Објектите личат на ѕвезди, се движат на иста траса на небото, растојанието меѓу нив е идентично и сите според она што може да го види човечкото око се движат со иста брзина и по иста траекторија.Објектите на небото ги забележаа и бројни граѓани на Охрид кои во тој термин шетаа домашни миленици.На видео снимките кои ги објавуваме снимени се над 40 летечки објекти.НАСА деновиве информира дека поркај нашата планета ќе прелетаат неколку метеори.Граѓаните кои ја видоа необичната глетка на социјалните мрежи објавуваат фотографии и видеа. Во дел од твитовите корисниците ги повикуваат сите да го погледнат небото во овие моменти, додека други ја објаснуваат мистеријата преку информации поврзани со метеори и сл…Слична глетка над македонското небо имаше и пред две ноќи, а за ваква појава пишуваат и корисниците на социјалните мрежи ширум светот.Целиот видео материјал снимен вечерва забрзан за пет патиИнаку објаснување за она што деновиве се случува има на сајтот на astronomija.mk.Овие денови добивме неколку пораки со прашања за “чудни“ објекти кои се движат по небото, па тука ќе се обидам да ви ги појаснам мистериите (до колку сте ги имале).Прво е планетата Венера. Овие денови се наоѓа на запад кога ќе се стемни и како заоѓа оди во правец север. Со својот исклучително голем сјај ги збунува луѓето. Венера е после Сонце и месечина нешто најсјајно на небото и може дури да се види дури и во денот ако знаете нејзина точна локација. Во народ е позната како ѕвезда Деница или Вечерница затоа што навестуваат доаѓање на денот или вечерта. Исто така над 50% од пријавувани НЛО се должи на погрешно интерпретирање на набљудување на Венера или просто незнаењето, пишуваат од astronomija.mk. Втори се сателитите, а особено новата класа на телекомуникациски сателити наречени „Старлинк“, од компанијата СпејсИкс (SpaceX). Овие сателити се лансираат по 60 одеднаш, и до сега се лансирани 5 ракети со по 60 сателити. Во план е во иднина да бидат лансирани 12 000 ( и со букви дванаесет илјади) само во првиот налет, а потоа тој број ќе се мултиплицира многукратно, така да можеби во иднина ќе гледате многу повеќе сателити, отколку ѕвезди. Овие сателити одат по небото како некој воз, во ред еден зад друг, и добивме многу повици и пораки со молба да им разјасниме на луѓето што е тоа што го гледаат на небото. Се надевам дека со ова делумно, или целосно, ќе им ја разјасниме мистеријата.Но, не се само овие сателити. На небото се гледаат многу други сателити, и можете да ги познаете по тоа што релативно споро се движат и не трепкаат. Ако трепкаат, тогаш се работи за авион. Еден од најсјајните вештачки сателити е Меѓународната Вселенска Станица (МВС), која кога е блиску до нас има сјај речиси колку Венера.Текстот во целост на: astronomija.mk. фото: Скопје1

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Жител на Виница силувал малолетно девојче

Делчевското Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.Ѓ (25) години од село Лаки, Виничко за сторено кривично дело – силување. Пријавениот, како што е наведено во полицискиот извештај извршил обљуба врз малолетно лице од Делчево.-Кривичното дело го пријавила 29-годишна жителка на Делчево која навела дека К.Ѓ.(25) од с.Лаки, Виничко, извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. К.Ѓ. е лишен од слобода, а за настанот е запознаен Јавен обвинител, кој изготвил кривична пријава, стои во соопштението од МВР.Делото е пријавено на 16 април 2020 во 12.30 часот во Одделение за внатрешни работи Делчево. По изготвената пријава, пријавениот е изведен пред судија по претходна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бачев: Преку Христос божјата љубов победи над божјиот гнев, преку македонскиот народ ќе победи Македонија над странските измеќари кои рушат се што е македонско

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден упати честитка до православните верници во Македонија и дијаспората.„Дозволете ми, во мое лично име и во името на Единстена Македонија на сите православни верници во Македонија и дијаспората, да ви го честитам Воскресението Христово - Велигден и да ви посакам многу радост, среќа и духовен мир. Велигден е денот што му дава значење на нашето создание, нашето постоење и нашата иднина.Велигденското празнување годинава ни доаѓа во тешко време на здравствена криза во која врз основа на сите размислувања и информации власта недозволиво го полудува народот и му втера страв во коски. Во едно помирно време, ќе мора да се даде една анализа, дали ова ситуација со коронавирусот која небаре ни ја наметнаа како апокалиптична, и навистина било така.За разлика од останатиот свет, ние Македонците сме нападнати и со уште еден вирус - политичкиот кој го уништува националниот карактер на Македонците.Здравјето и Татковината немаат цена. Христовата победа над смртта нека ни биде силна инспирација да ја победиме оваа битка со биолошкиот и со политичкиот вирус во Македонија.Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја ослободиме македонската света земја која е окупирана од внатрешни странски измеќари и надворешни сили кои немаат никаква почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава.И со таква увереност, да ја возобновиме нашата татковина Република Македонија како национална држава на македонскот народ со гарантирана положба на малцинствата, почитување на религиозните посебности, а помирувањето во македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата заедничка иднина.Водени од оваа верба, силно веруваме дека во блиска иднина доаѓаат промените во слободна Македонија, а наша должност како Македонци е да ги зачуваме највисоките национални, државни, традиционални и духовни вредности на Македонија и Македонците како библиски народ и света библиска земја.Нека ни е честит големиот празник и нека е за многу години - се вели во честитката на претседателот на Единствена Македонија до православните верници.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 6 години

ilber

Заменик-директорот на кумановската болница, Илбер Исуфи, е позитивен на коронавирус

Заменик директорот на кумановската болница, Илбер Исуфи, на неговиот профил на „Фејсбук“ информираше дека  позитивен на коронавирусот.Тој вели дека резултатот го добил пред неколку дена, а заедно со семејството се чувствуваат добро.-По неколкуте симптоми на коронавирусот, го направив тестот и пред два дена го добив резултатот, кој е позитивен, напиша Исуфи на ФБ.Исуфи им упати порака на граѓаните на Куманово и Општина Липково да останат дома и да не се собираат во групи.

Македонија | пред 6 години

isus

Ликот и телото на Исус пресликани на платното во кое бил замотан по смртта

Торинското платно (италијанскиSindone di Torino , „Свето платно“, „"gia sindóne“,“sacra sindone”) е името за една од најпознатите христијанси реликвии, која претставува ленено парче, на кое може да се препознае втисок на машкото тело. Го добил името по Катедралата Св. Јован Крстител во Торино каде и се чува.Според верувањето на многу верници, платното претставувало прекривање во кој Исус бил завиткан по неговата смрт на крстот. Лемент, како што објавила во нејзината неодамнешна книга за Светото платно вели: За време на реставрацијата и темелното испитување, пронајдени се и траги од натписи на папирус. Беа поставени веднаш до платното. Тие - на арамејски, грчки и латински - тврдат дека Исус е од Назарет. Фреј тврди дека ова е трага од едноставен бирократски документ за погребување или погребување во гробница, објави maskimagazin.faktor.mk.Во 1988 година, анализата на платното со метод на радиокарбон покажа дека староста на платното е од 1262 до 1384 година, но и многу порано.На него се верува дека се наоѓаат траги од крвта но и ликот на Исус.Текстот во целост на: maskimagazin.faktor.mk.

Магазин | пред 6 години

maska

Над пет илјади тестови и десетици илјади маски донација од Кина за земјава

Над пет илјади тестови за ковид-19 и десетици илјади маски и заштитни материјали донира Кина во Македонија, соопшти вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.Тој додаде дека донацијата вчера тргнала од Шангај, преку Истанбул, а денеска треба да стигне во Скопје.Оваа помош, како што најави Османи, веднаш ќе биде распределена кај здравствените установи.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Mickoski

Мицкоски:Други држави веќе применија мерки кои ние ги предлагавме, само Македонија финансиски заглавуваа со опасност од долг од 70% од БДП

Владата се справува многу килаво, неуверливо и без поседување на сериозен концепт кој на граѓаните би им дал чувство на сигурност дека може бидат спокојни. Во целокупниот период на криза поради коронавирусот неодлучноста на владата ги чини граѓаните две работи, првата е здравјето, втората е стандардот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ - Христијан Мицкоски, во интервју за порталот "вечер.мк".Мицкоски потенцира дека владата од сам старт има целосно погрешен пристап, наместо да се стимулира економијата и потрошувачката, таа го притиска стопанството и се губат приходите на вработените. Тој посочува дека се трошат пари од буџетот за нешто што не создава нови пари, а тоа во економијата е најлошо. Владата нема своја анализа за сопствената состојба во државата и нема свои решенија туку задоцнето копира туѓи и презема мерки и политики без да ги има предвид локалните специфики.Мицкоски кажа дека работењето на Филипче е пропратено со ноза скандали, на кои ВМРО-ДПМНЕ реагирала, но откако избувнала кризата заради општото добро и здравје на граѓаните сите политички напади се запрени, но тоа не значи дека истиот треба да биде аболициран за се што направи во минатото, какп потсетување го дава примерот дека Филипче имаше намера да го приватизира јавното здравство, со објаснување дека не се исплати во него да се инвестира и ред други примери.Тој истакна дека реакцијата на власта е бавна и тоа го видовме од случаите со докторката Цаца, случајот во охридската болница, случајот со Куманово итн.Во однос на финансиската состојба, Мицкоски истакнува дека сите држави имаат пандемија, но никој не плаќа толку висока цена кога станува збор за економијата. Тој посочува дека јавниот долг може да стигне и до 70% од БДП и тоа се е поради неспособноста на власта. Државата има потреба од многу пари, а никој не знае кај завршиле тие досега. СДСМ како што вели тој ветуваше помош за илјадници компании, а од наводната помош добија само 136 фирми.Затоа е многу важно владата да ги спроведе мерките кои тој ги предложил, а не вака парцијално како што прави до сега. Какп поткрепа на своите тези ги дава примерите на Естонија, Унгарија, Полска, кои веќе примениле дел од мерките во финансискиот сектор на кои ВМРО-ДПМНЕ апелираше, особено на мерката со префрлање на пари од вториот пензиско столб во буџетот, како итна мерка за доаѓање до свежи пари.Наместо да му помогнат на народот од СДСМ се решија да и помогнат на олигархијата и на неколку тајкунк блиски до нив, заради кои ја покачија акцизата за горивата, со што се покачи цената на горивото на штета на граѓаните, кои годишно ќе губат и по една плата.На крај од интервјуто Мицкоски го честиста Велигден, Христовото воскресение на сите православни верници. И им посакува сплотеност, верба, надеж и среќа.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

page

Тодевска, Лоба, Гиговска, Гарванлиев, Туна добија „седи дома“ обувки од Сатија

Пет македонски пејачи – Антониа Гиговска, Тамара Тодевска, Васил Гарванлиев, Туна и Викторија Лоба, се дел од најновата кампања на компанијата SWithADot. Под мотото „Седи дома“, компанијата која изработува уникатни обувки, им направи необични топлинки на македонските пејачи. Секој пар е со оригинален дизајн, прилагоден на карактерот на секој од нив.„Дизајнот на Тамара е инспириран од поп-арт бидејќи таа е ведра, смела, позитивна жена; дизајнот на Антониа е младешки во камо стил; Туна обожава анимал-принт па затоа се одлучивме за таков стил, а пораката ‘Седи дома’ е напишана на албански јазик; дизајнот на Викторија вклучува гладиоли, нејзиното омилено цвеќе во нејзините две омилени бои; а Васил сам ги нацрта сите елементи што се насликани на неговите обувки и ние само ги пренесовме на нив за да бидат автентични“, раскажа Сатја Грабулоски, дизајнер и сопственик на компанијата.Идејата за реализација на овој проект дошла од американската агенција со која од неодамна соработуваат Сатја и неговиот тим. Во оваа агенција како ексклузивци членуваат Ријана, Дрејк, Тревис Скот и други светски ѕвезди.„Задоволство ни е што во ова време-невреме можеме да направиме една светска кампања во која главната улога ја имаат нашите ѕвезди. Досега ме критикуваа дека работам само со светски ѕвезди, а дека нашите ги занемарувам. Затоа сакам да им се заблагодарам на сите што прифатија да ги искористиме нивните моќни гласови и нивната музика како инспирација за да изработиме ултра ексклузивни дизајни. Тоа се единствените пет пара топлинки од овој тип што постојат на планетата, соработка на нашата компанија со познат шведски бренд, а да ги направиме специјално за нашите пејачи“, вели Грабулоски.Познатиот дизајнер, кој веќе неколку години изтработува патики и чевли со уникатни дизајни за ѕветските ѕвезди, им нацрта патики и на Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Дуа Липа, Стив Аоки, Френч Монтана но и мартинки на Мајли Сајрус. Негови оригинални дизајни носеа и Тимур Дибиров, Борко Ристовски, Андреа Лекиќ, Лука Циндриќ, Горан Пандев, Роберт Левандовски, Јоан Канељас. Во моментов е актуелен со дизајнот за филмската ѕвезда Зендаја.

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Субвенциите за тутун веќе се на банкарските сметки: Информации за корисниците

Субвенциите за тутун веќе се на банкарските сметки на корисниците. Трансакциите се успешно извршени преку Македонскиот интербанкарски платен систем, којшто денес работеше за средствата да им бидат достапни на сите тутунари коишто се приматели на субвенции. Со самото тоа што средствата се исплатени на сметките, тие постојано ќе им бидат на располагање на корисниците. ИНФОРМАЦИИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА СУБВЕНЦИИ КОИШТО ПОСЕДУВААТ ДЕБИТНИ КАРТИЧКИ   Заради заштита на јавното здравје, апелираме, секогаш кога тоа е можно, за плаќање со средства од субвенциите да ги користите дебитните картички и да го избегнувате користењето готовина (кеш). Со тоа ќе го заштитите и сопственото здравје, и здравјето на другите. Истовремено ве известуваме: -      Доколку сепак, веќе имате неодложна потреба дел од добиените средства да подигнете во готовина, тоа ќе можете да го сторите на банкоматите во општината во којашто живеете, веќе во понеделник (20 април), од 16 до 23 часот. Движењето за вас, во тој период ќе биде дозволено за да ја остварите таквата потреба.-      Ако имате потреба средства од субвенциите да користите во готовина, на банкоматите, готовина ќе можете да подигнете и во сиот натамошен период.-      Доколку сега немате итна и неодложна потреба од готовина, потсетуваме дека заради заштита на здравјето, во текот на претстојните денови не мора да посетувате банкомат. Средствата постојано ќе ви бидат достапни за да ги користите во согласност со вашите потреби.-      Максималниот износ на средства којшто ќе можете да го подигнете преку банкомат во текот на 24 часа е еднаков на дневниот лимит за подигнување готовина од вашата дебитна картичка, којшто веќе е договорно утврден со банката чии услуги ги користите.-      За да подигнете готовина од добиените субвенции, потребно е вашата дебитна картичка да е поврзана со конкретната сметка на којашто ви е извршена уплатата. Ве замолуваме, заради заштита на здравјето, доколку сепак имате потреба од подигнување готовина, при посета на банкомат да се придржувате до препораките за самозаштита: -      да сте на соодветна раздалеченост од другите лица коишто чекаат во редот и-      да користите ракавици при употреба на банкоматот.  ИНФОРМАЦИИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА СУБВЕНЦИИ КОИШТО НЕ ПОСЕДУВААТ ДЕБИТНИ КАРТИЧКИ          Ве известуваме дека ако во овој период имате потреба од подигнување готовина од исплатените субвенции, тоа ќе можете да го остварите во експозитурите и филијалите на банките во коишто се вашите сметки, во општините во коишто живеете, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од вашето презиме: -      21 април (вторник) – А, Б, В, Г, Д;-      22 април (среда) – Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К;-      23 април (четврток) – Л, Љ, М, Н, Њ, О, П; Р;-      24 април (петок) – С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш. Заради заштита на јавното здравје, ве замолуваме да го почитувате утврдениот распоред. Истовремено Ве известуваме дека: -      Во периодот од 21 до 24 април, во општините каде што живеат повеќето од вас, со продолжено работно време oд 8 до 17 часот ќе работат филијалите и експозитурите на: o   НЛБ Банка: Прилеп, Битола, Радовиш, Велес, Струмица, Кочани, Кавадарци и Неготино;o   Стопанска банка АД Скопје: Прилеп, Битола, Радовиш и Струмица. Во другите општини, филијалите и експозитурите на сите банки ќе работат според постојното работно време во овој период. -      Во општините во коишто банките ќе работат со продолжено работно време, при посета на филијала или експозитура заради подигнување готовина од исплатени субвенции, за вас, движењето ќе биде овозможено до 18 часот. Потсетуваме дека уплатените средства, на вашите сметки ќе ви бидат на располагање постојано и доколку готовината не ви е итно неопходна, заради заштита на здравјето, во овој период не мора да ги посетувате филијалите и експозитурите на банките. Тоа ќе може да го сторите и натаму, секогаш кога ќе имате потреба од готовина. Истовремено, потсетуваме дека заради заштита на здравјето, соодветно е овие средства да ги користите и со употреба на електронското или мобилното банкарство, преку коишто може да вршите и трансакции/плаќања итн. Со тоа ќе избегнете физичка посета на банките и чекање во ред, и клучно – ќе го заштитите и своето и здравјето на другите. Доколку досега не сте корисник на ваква банкарска услуга, можете веднаш да се обратите до банката во којашто е вашата сметка, преку нејзиниот контакт-центар или другите комуникациски канали и да добиете информации за користење на ваквите услуги, за да не ги посетувате експозитурите и филијалите. Доколку сепак, веќе имате потреба да подигнете готовина од исплатените субвенции, апелираме да го почитуваме распоредот и: -      пред и во објектите на банките да ги почитувате препораките за самозаштита, вклучително и да сте на соодветна раздалеченост од другите лица и-      да ги почитувате насоките од лицата коишто ќе се грижат за редот пред и во објектите.Ние сме во постојана координација со сите релевантни институции, при што заеднички вложуваме максимални напори да се заштити здравјето на секој од вас. Притоа сме во интензивна комуникација и со банките, коишто веќе се подготвуваат за да можат соодветно да го услужат секого од вас, којшто следната недела ќе има потреба од нивните услуги. Веруваме дека координираниот пристап ќе даде успешен резултат, бидејќи и во оваа активност, заеднички приоритет е и заштитата на јавното здравје.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kidnapiranje

Охриѓанецот лажел дека бил киднапиран

Пронајден е охриѓанецот за кој вчера полицијата доби пријава дека е киднапиран.Од МВР известија дека станува збор за лажно пријавување, односно тој самиот ја испратил пораката во која се вели дека киднаперите бараат пари за негово ослободување.„На 17.04.2020 година, во 22.10 часот, СВР Охрид, во координација со полициски службеници од Секторот за општ и насилен криминал во МВР, го пронајде Б.П.(33) од охидската населба Рача. Тој, на 16.04.2020 година во 13.05 часот, на мобилниот број од неговиот брат, испратил порака дека е киднапиран од непознати лица кои, му барале пари за негово ослободување“, велат од МВР.По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување кривично дело.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-1

Потврдени 53 нови случаи на Ковид 19 – вкупно во земјата 1170 дијагностицирани пациенти

Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се се лекуваа во домашни услови.Во изминатите 24 часа потврдени се 53  нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 9, Прилеп – 9, Тетово - 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2, Македонски Брод -2.Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1170. По завршување на епидемилошките анкети, едно претходно потврдено лице во Битола е со жителство во Демир Хисар, а едно во Скопје е со жителство во Куманово и согласно ова последната дистрибуција по градови е:       Скопје – 401       Куманово - 320       Дебар – 51       Штип-32       Прилеп –112       Тетово – 52       Струга – 55       Велес – 55       Битола –17       Охрид –7       Кавадарци - 4       Гостивар –12       Гевгелија – 4       Струмица – 2       Крива Паланка-4       Радовиш - 4       Крушево – 3       Кочани – 26       Пробиштип – 2       Кичево – 2       Неготино -2       Демир Хисар – 1       Македонски Брод -2Во изминатото деноноќие направени се 697 теста. Преку ИЈЗ –493, преку Ветеринарен ф-тет -15 , Авицена –8, Биотек –0  и Филип Втори (Жан Митрев) – 120 и Систина со PCR метода  - 61 . Досега во земјата се направени вкупно  11556 тестирања на Ковид -19.На Инфективната клиника во Скопје, примени се 3 пациенти од Прилеп, Куманово и Скопје во потешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 52, од кои 16 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.Во ГОБ „8 септември“ до утрово се примени 5 нови пациенти, со што во моментов во оваа болница се лекува 41 пациент. На респираторна машина се приклучени 8 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти потврдени и суспектни на вирусот, од нив 3 се на кислородна поддршка. На 5 пациенти (3 на болничко лекување и 2 кои се лекуваат во домашни услови), по првиот негативен тест, вчера  е земен и втор контролен брис. На домашно лекување се следат уште 13 пациенти.Во штипската болница е примена една пациентка и во моментов се хоспитализирани вкупно 9, сите во стабилна состојба. Преку болницата во Штип се следат уште 19 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Filipce-3

Филипче: После бурата доаѓа сонце, кога ќе попуштаат мерките, ќе се работи на дистанца, со внимание

Министерот за здравство Венко Филипче, на видео конференцијата организирана од Владата на тема: „КОВИД-19 Прашања и одговори: ретроспектива – коронавирус МК“, рече дека овие мерки се тешки, но мора да се издржат .„Сакам да им соопштам на граѓаните дека после бурата доаѓа сонце. Јасно е дека после ова ќе се смени целокупниот живот на секој од нас, на сите институции… Кога ќе попуштаат мерките, маркетите, рестораните и кафулињата ќе работат на дистанца, со внимание. Нема да биде исто, но дури сега гледаме дека мерките кои ги воведовме даваат и ќе даваат резултат на среднорочен и долгорочен план“ истакна министерот Филипче.Филипче смета дека здравствените системи ќе мора да се прилагодат на новиот корона вирус, и да постојат институции кои ќе третираат пациенти заболени од ковид-19 во иднина, и други кои ќе ги третираат другите пациенти.– Ќе мора дел од одговорностите да се префрлат на матичните лекари кои ќе ја преземат грижата за пациентите со полесни симптоми, додека другите ќе се сместуваат во болниците – вели Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Наградени трудови за идејно решение за паркот во Карпош - првата награда не се додели

Новиот градски парк што започна да се создава крај реката Вардар во Карпош 4, наскоро ќе започне да го добива својот препознатлив лик. На конкурсот што беше распишан минатиот месец пристигнаа 19 идејни решенија, а мешовитата комисија на Град Скопје и Општина Карпош издвои четири од нив како најкреативни, иако ниеден од трудовите не ја доби првата награда.Четирите наградени трудови (две втори и две трети награди) се издвојуваат по одличните решенија за создавање на ново шеталиште на кејот во Карпош, градски шумски појаси во делови на паркот, цветни алеи, урбана опрема која одговара на просторниот контекст, како и отворени сцени и други програмски содржини.Врз основа на зададените критериуми на конкурс бр.01599/2020 за идејно решение за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за парк во Општина Карпош, дел од Градска Четврт З 01, и тоа:-         Целосно почитување на програмските барања;-         Изводливост и одржливост;-         Инвентивност во пристапот на обликување;-         Економичност на решението;-         Задоволување на сите прописи и нормативни акти за проектирање и хортикултурно уредување на паркови;Оценувачката комисија по деталното разгледување на сите 19 пристигнати трудови заклучи дека ниту еден труд во потполност не ги исполнил зададените критериуми и програмските барања и одлучи да не се додели прва награда односно да се доелат две еднаквовредни втори и две еднаквовредни трети награди.На приложените трудови со шифри Скупи и Ширит им се доделува втора еднаквовредна награда, а на трудовите со шифрите Пинктинк и Ленти им се доделува трета еднаквовредна награда. Наградниот фонд од 10.000 евра ќе биде соодветно поделен помеѓу авторите на четирите решенија.Согласно законските одредби, Град Скопје ќе пристапи кон изработка на основен проект за паркот во чиј процес планира да ги повика на учество и авторите на четирите наградени решенија.  

Скопје | пред 6 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери: На денот кога се слави победата на животот над смртта, Ви посакувам да ја имате сила која ви ја дава верата

Велигденска честитка од Претседателот на Собранието Талат Џафери. Во честитката се вели:-Ми претставува чест, како од свое име така и од име на Собранието на Република Северна Македонија да Ви го честитам големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.Дозволете да Ви упатам искрени честитки за добро здравје, душевен мир и среќа. Ви посакувам празниците да ги поминете во убава празнична и домашна атмосфера, опкружени со своите блиски и сакани исполнети со разбирање и убави мисли. На нашите здравствени работници кои се на првата линија на заштита на нашето здравје, им изразувам благодарност и им честитам на храброста и посветеноста. Почитувани, целиот свет е исправен пред сериозен предизвик кој не потсети сите нас на тоа колку е кревок животот, но и колку е силна желбата за живот на целото човештво. Не соочи со вистината дека сме сите еднакви и дека само сплотеноста може да не направи победници. На овој централен празник на христијанството кој ја слави победата на животот над смртта, Ви посакувам да живеете во духот на празникот и да ја имате сила која ви ја дава верата.Драги граѓани, дозволете уште еднаш да Ви го честитам празникот Воскресение Христово – Велигден и да Ви посакам убави празнични денови поминати во семеен мир и душевен спокој, се вели во честитката од Џафери. фото: Архива

Македонија | пред 6 години

univerzitetska-klinika

Дечињата и родителите на хемато-онколошкото оддение се негативни на Ковид-19

По најавата на Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче дека се прават тестирање на корона-вирус на сите деца кои се хоспитализирани на хемато-онколошкото оддение, како и на нивните родители кои престојуваат со нив за време на лекувањето, Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје информира дека овие рутински тестирања кои се според протоколите за работа поради новонастаната состојба се завршени и  резултатите на децата и родителите  се негативни на Ковид-19.Следно, превентивно ќе се направат и тестови на сите вработени од хемато-онколошкото оддение каде нема заболени или суспектени на вирусот, а по добивањето на резултатите од истите, Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје дополнително ќе информира.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Karantin

(ВИДЕО) Со полициска придружба и во строго контролирани и безбедни услови синоќа пристигна група која ќе биде во карантин во Охридски хотел

Продолжува процесот на репатријација на државјани на Македонија кои се затекнаа во странство.  Синоќа во Охрид со полициска придружба и под строги правила беше донесена нова група, која е сместена во хотелот Климетица.Во денешното соопштение од МВР стои дека за изминатото деноноќие на 219 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.Инаку како и досега, така и за овие наши граѓани е организиран превоз според сите пропишани стандарди и тие ќе поминат 21 ден државен карантин согласно одлуката од 40-та седница на Владата на Република Северна Македонија, која се однесува на прифаќањето на патниците што доаѓаат од високо ризична земја според листата на Светската здравствена организација.Секој македонски граѓанин, кој се враќа во нашата земја со превозот организиран од Владата, има обврска самостојно да го плати авионскиот лет и за веќе утврдената процедура запознаени се сите патници. Сместувањето во државен карантин е во строго контролирани и безбедни услови, без никаков финансиски надомест.Граѓаните од аеродромот во Скопје се превезуваат со безбеден и строго контролиран автобуски превоз.Автобусите се со дезинфицирана внатрешност од страна на сертифицирана компанија, обезбедени со полициска придружба, а возачите се со целосна заштитна опрема и скафандери. За граѓаните има обезбедено закуска и вода.видео: Охрид 1

Македонија | пред 6 години

skopje-8

Во изминатите 24 часа на ниво на целата држава 77 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот 17/18.04.2020, по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава  77 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 46 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 219 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Економските мерки на Влада помагаат на работниците, занаетчиите, но и на оние кои останале без работа, се грижиме за сите

Со цел побрзо и полесно пребродување на здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, Владата презема ефикасни, функционални и навремени мерки, коишто значат поддршка за работниците, за компаниите, за секој човек, се вели во соопштението од СДСМ.Покрај мерката за обезбедување на нето плата, односно финаниска помош од 14.500 денари за секој вработен за месеците април и мај, на работодавачите како алтернатива им се нуди да ја изберат и поддршката за субвенционирање на 50 отсто од придонесите за месеците април, мај и јуни.Еден од условите за користење на оваа мерка е на компаниите кои сакаат да аплицираат приходите да им бидат намалени за најмалку 30% споредбено со просекот за 2019 година, бројот на вработени за месеците април, мај и јуни 2020 година да не биде помал од бројот на вработени со состојба на 31.03.2020 година, како и да не исплатува дивиденди и бонуси од денот на објавување на Уредбата до денот на поднесување на годишна сметка за 2020 година.Мерките подеднакво важат и за занаетчиите. Лице кое врши занаетчиска дејност и е барател на финансиска поддршка треба да поднесе Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства до Управата за јавни приходи.Граѓаните кои се материјално необезбедени, невработени, за користење на мерката со која се предвидува 7000 денари, потребно е во месно надлежниот Центар за социјална заштита да поднесат Барање за право за добивање на гарантирана минимална помош, како и за друго право доколку им следува согласно Законот за социјална заштита и Законот за заштита на децата.Апелираме и охрабруваме да се искористат владините мерки кои помагаат на сите работодавачи, работници и граѓани погодени од коронавирусот.  Само заеднички и со доверба ќе ја пребордиме оваа глобална криза, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информира УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени.ВоСкопје максималната температура ќе достигне 26 степени.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

velika-sabota-2

Денеска е Велика Сабота, денот меѓу смртта и воскресението

Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.Великa Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“.Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал божествената моќ.Велика Сабота е ден на покојот, ден на покојникот, ден на најголемиот покој и на најголемиот покојник. Денот на големиот покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања