Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

MOV_4678.00_00_01_19.Still001

Мицкоски: Заканите од кумановската група се уште еден обид јавноста се дефокусира од сите овие злодела

Мицкоски се потпиша на кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова и одговраше на новинарски прашања.Прашање од новинар: Како го коментирате писмото што е објавено во весникот Лајм каде се праќаат закани од кумановската група до вашите поранешни функционери?Одговор на Христијан Мицкоски: Како можам да го коментирам освен да кажам дека тоа е уште еден обид да јавноста се дефокусира од сите овие злодела кои ги прави оваа криминална непотистичка и насилничка власт луѓето претпоставувам се обидуваат од внатре да му слугуваат на деспотот Заев притоа надевајќи се гледајќи каква е реалноста дека он може да измени закони доколку тоа му е неопходно на него и на тие околу него претпоставувам бараат определена милост од деспотот Заев за да може што побрзо да излезат од таму или нешто друго да се случи. Инаку како човек грозоморно и монструозно е да воопшто коментираме едни такви изјави од луѓе кои што се соочуваат со затворска казна која што е резултат на она што тие го сторија за време на кумановските настани односно на местото Диво Насеље. Обично кукавици преку фејсбук се закануваат по луѓе и по политичари и по граѓани еве како сакате земете, а притоа се обидуваат да му слугуваат на владетелот за да добијат што помала казна. Сте сториле нешто има да одговарате.Прашање од новинар: Рековте дека нема да гласате за реформските закони и во процесот Жан Моне, доколку не се поддржи вашиот предлог за Јавен обвинител. Што доколку власта тоа не го дозволи и не ги ослободи, мислам, овие за кои се бара одземање на имунитетот за пратениците?Одговор на Христијан Мицкоски: Јас и во мојата изјава кажав дека, денеска Македонија како правна држава функционира по принципот, дајте ми човек ќе му смислам обвинение. Отприлика на тоа се сведува правото, и одприлика на тоа се сведува обвинителството и судството во Република Македонија. Ние како политичка партија нема да поддржиме ниту еден производ кој што ќе произлезе од оваа криминална непотистичка и насилничка Влада, предводена од деспотот Заев, се до оној момент додека не видиме дека од спротивната страна навистина постои добра волја и чесна намера, да Македонија се врати на вистинската патека. А тоа е, да биде повторно правна држава каде што ќе владее правото. Првиот чекор е, еве овој. А тоа е, да се поддржи кандидатот на опозицијата за нов Јавен обвинител во Република Македонија. Има уште неколку чекори, кои што, доколку Зоран Заев нареди, јас сум убеден дека Јавниот обвинител веднаш ќе ислугува и ќе ги испорача, a тоа е, најпрвин да ди разгледаат евидентираните недоследности и неправилности кои што се случуваа за време на референдумот на 30-ти септември 2018-та година. Каде што се кршеа светски рекорди, каде што законот на физика беше мало дете, кога луѓето успеваа да гласаат за 2,4 секунди, дури и Усаим Бод можеше да им позавиди на луѓето. Каде што имавме излезеност, на некои избирачки места, поголема од 98% иако во минатото, ако ги анализирате изборните циклуси, ќе видите дека таму излезеноста не надминала педесетина проценти.Еве му два хинта од наша страна каде што он навистина може да докаже дека ова е правна држава дека навистина постои честитост да ги изведе пред лицето на правдата сите оние сторители на тие недела и на тој начин практично на нас како опозиција ќе ни ги одземе аргументите и ние навистина ќе се повлечеме. Но јас не верувам дека он ќе се охрабри ќе се осмели бидејќи тие слуги тоа го прават за да му слугуваат и за да може на нечесен начин да го крадат гласот на народот и гласот на граѓаните. Oо ние на следните претседателски избори ќе сториме се да повторно не се случи. Tака да еве долгата приказна на кратко има еден начин тоа е да го поддржи предлогот на опозицијата за нов јавен обвинител и вториот е да ги изведе пред лицето на правдата и да ја добијат заслужената правдина за сите недела оние лица кои што безмилосно и брутално ги полнеа кутиите за време на референдумот каде што повторно ќе кажам луѓе гласаа за неверојатни 2,4 секунди и излезеноста беше 90 %.Јас навистина сум вчудоневиден како е можно до ден денешен после неколку месеци никој да не се охрабри да го постави ова прашање и на јавното обвинителство и на министерката за правда и неправда и на претседателот на Владата деспотот Зоран Заев. Ако ние треба да живееме во држава каде што мракот и темнината ќе ја задушат критичката мисла одбивам и ќе се борам во првите редови да тоа замине во историјата. Првиот чекор граѓаните можат да го направат на 21 април подржувајќи ја масовно професорката Гордана Силјановска Давкова за името на правото и правдината да се вратат повторно во Република Македонија и да се спасиме од деспотизмот кој што за жал денеска масовно зафаќа размери во Република Македонија. Ајде сите заедно да го подржиме овој предлог во името на правото и правдината во името на честита Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

MOV_4678.00_00_01_19.Still001

Мицкоски се потпиша на кандидатурата на Силјановска Давкова и рече, сигурен сум во победата

Како граѓанин денес, овде во подрачната единица на Министерството за правда во Општина Карпош дојдов да се потпишам на кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова и на тој начин практично да ја изразам мојата недвосмислена поддршка пред се како колега, како граѓанин на Република Македонија и како претседател на најголемата политичка партија во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ.Сведоци сме на секојдневно, перманентно кршење на правото и правдината и еден од условите да повторно Македонија заличи на правна држава, на демократска држава е токму победата на претстојните претседателски избори кои што ќе се случат, првиот круг на 21 април, вториот круг на 5 мај.Јас сум силно убеден дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со професорката Гордана Силјановска Давкова, но и со граѓаните на Република Македонија ќе извојува убедлива победа над она кое што ќе го кандитира деспотот Заев заедно со СДСМ и групата која што е собрана околу него и практично од тој ден започнува враќањето на правото и правдината во Република Македонија.Гледате имаме една актуелна политичка ситуација каде што правната држава во Македонија функционира по принципот „дајте ми човек, ќе креирам обвинение“, тоа се случува изминатите неколку дена. Граѓаните на Република Македонија, ние како политичка партија комплетно ја имаме загубено довербата во правната држава, ја имаме загубено довербата во обвинителството, ја имаме загубено довербата во судството. И доколку еве апелирам од овдека владејачкото мнозинство навистина верува во честитоста на обвинителството и навистина верува во независноста на судството редно е да го исполни барем едно од ветувањата во нивната изборна програма за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а тоа е Јавен обвинител на предлог на опозицијата.Ја користам оваа прилика да го повикам Зоран Заев и Владата на Република Македонија да се охрабрат, да се осмелат и да потврдат навистина дека тоа што го говорат дека немаат замешателство во одлуките на обвинителството и во одлуките на судството да го потврдат со тоа што ќе го поддржат предлогот на опозицијата за Јавен обвинител. На тој начин ќе покажат уште еднаш дека веруваат во чесни, фер и правични претседателски избори кои што следуваат како што рековме на 21 април и на 5 мај.А јас ја користам оваа прилика овдека од Карпош да ги повикам граѓаните масовно да се придружат и да го поддржат кандидатот Гордана Силјановска Давкова да ги повикам на 21 април масовно да излезат и да гласаат за кандидатот, Гордана Силјановска Давкова и на тој начин да отпочнеме да пишуваме заеднички, една нова истотија за Република Македонија и за граќаните во Република Македонија.Ајде сите заедно да ја вратиме Република Македонија онаму каде што и е местото, да владее правото, повторно да ја поставиме правната држава, повторно да ги вратиме успесите на планот на економијата. А не, пљачката и криминалот кои што се за жал денеска секојдневие во Република Македонија. Да го исчистиме деспотизмот и да си ја вратиме Република Македонија на граѓаните.Првиот чекор, граѓани на Република Македонија, имате шанса и можност да го направите токму на 21 април. Од тогаш почнува падот на деспотот и на онаа мала група која што се уште го поддржува. Време е да заминат на темната страна на историјата, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

kostadinov-za-mickoski

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски да го повика својот братучед од ЕЛЕМ и сите свои роднини да се повлечат од работните места

СДСМ е против партизација и против непотизам. Одлучни сме и заедно со граѓаните се бориме да ги промениме работите во нашето општество, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.Партизацијата која што со децении беше пракса во Македонија, конечно е на колена. Благодарение на јавноста и благодарение на свеста и интегритетот кои постојат во нашата партија.Не се сите исти.Членови на семејствата на претставници на СДСМ преземаа морални чекори на повлекувања од своите работни места на свои и покрај тоа што со своето вработување не прекршиле ниту една процедура, не загрозиле ничие право и ги исполниле сите критериуми по мерит системот.Поради морални и етички причини од работните места веќе се повлекоа: мојата мајка, дедото на пратеникот Кирацовски, синот на пратеникот Мисовски, братот и сопругот на пратеничката Стојчевска.Тоа е интегритет. Заедно го менуваме општеството, се случуваат процеси кои не биле возможни во минатото.Ајде сега да видиме дали колкав е интегритетот на Мицкоски и неговите од ВМРО-ДПМНЕ. Ајде да видиме што има да каже партијата која го рашири непотизмот до невидени размери. Од овде, од пред центарот на непотизмот и симболот на криминално владеење, го повикуваме Христијан Мицкоски да ги повика своите роднини и роднините на своите сопартијци да се повлечат од работните места кои им биле обезбедени поради нивно влијание.Граѓаните многу добро знаат дека Мицкоски во минатото раководеше со АД ЕЛЕМ. Токму во ЕЛЕМ-турс е вработен Горан Манасиевски, прв братучед на Христијан Мицкоски. Покрај братучедот на Мицкоски, во ЕЛЕМ турс работа добил и Никола Шајновски, сопруг на личната партиска секретарка на Мицкоски, но и Косана Мазнева, која е дел од неговиот партиски кабинет.Сопругата на Хрстијан Мицкоски пак е вработена во гимназијата Орце Николов во Скопје. Дури и самиот Мицкоски е пример за непотизам со тоа што бил асистент кај својот татко на Машинскиот факултет, Иван Мицкоски.Има едни кои ја слушаат јавноста и реагираат. И има други кои се кријат во партиските палати, натрупале проблеми во државата и немаат грам чесност и морал.Очекуваме Мицкоски да ги повика сите свои роднини, како и сите роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои работните места ги добиле поради влијанието на нивните блиски, да се повлечат од работните места.Ајде Мицкоски, расплети го чворот од вработувања кои си ги создал околу тебе. Се друго е политикантство, неискрен, неодговорен и несериозен однос на опозициската партија кон граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ ја преполни државната администрација, ајде нека почне повлекувањето, во име на борбата против непотизмот во нашата земја, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Македонија | пред 7 години

vencanici-3

(ФОТО) Се отвори 9-от по ред „Саем за венчавки“

Од 22 до 24 февруари во х.Александар Палас се одржува саемот за венчавки. Голем дел идни невести и младоженци пред кои е големата венчавка, вчера беа на отворањето на 9-от по ред Саем .На свеченото отварање со ревија на познатите во венчаници, додека денес и утре (сабота и недела) ќе имаме можност да видиме неколку индивидуални модни ревии, на наши креатори но и нови колекции на познати светски брендови ќе се представат кај нас оваа година.Домќин и водител оваа година е Александра Илиевска од кулинарското шоу „Брза Кујна“, а во венчаници имавме можност да ги видиме : Милена Антовска, Јана Бурческа, Зои Блаж, Сања Барби Цинцева, како и Викторија Лоба. фото: Лејла Ибраимоска

Магазин | пред 7 години

janusev

(ВИДЕО) Јанушев одговара на новинарски прашања: СДСМ се соочува со очајно слабиот рејтинг

Игор Јанушев се потпиша за поддршка на Гордана Силјановска Дафкова за Претседател на РМ и при тоа одговори на неколку новинарски прашања. Во продолжение одговорите на Јанушев.Прашање новинар: Господине Јанушев во 46 градови во државава веќе започна давањето поддршка на списокот за кандидатурата на професор Гордана Силјановска Давкова. Вие сте во Велес и дојдовте да го направите она што најголемиот број од членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ очекувано ќе го направат денес.Одговор: Да точно така, денес сум во Велес, туку што го дадов мојот потпис за поддршка на кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова. Апелирам до сите оние кои што се залагаат за правда и право, за сите оние што сакаат вистинско обединување во Република Македонија, за сите оние кои што сакаат да ги победиме овие црнила да ја дадат својата поддршка за победничкиот кандидат на претстојните претседателски избори.Прашање новинар: Како ги коментирате последните случувања на политичката сцена, меѓутоа и надвор и сите оние непопуларни настани што имавме можност деновиве да ги видиме? На неколку наврати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ веќе го коментираше тоа на прес конференција, меѓутоа и после тоа повторно истата песнаОдговор: Со сите овие работи кои што се случуваат во овие две години, со целиот криминал, корупција, непотизам, незнаење што го прави СДСМ соочени со очајно слабиот рејтинг, соочени со се уште немањето на соодветен кандидат со кој што ќе се спротивстават на професорката Силјановска, ова се веројатно потези во очај со кои што сакаат само да ја дефокусираат јавноста. Меѓутоа не се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за своите, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи вакво однесување и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи. Народот ќе ги казни и ќе одговараат сите кои што го прават ова на било кој граѓанин на Република Македонија и за целиот криминал кој што во изминативе две години го прават.Прашање новинар: Каква кампања планирате и каква очекувате?Одговор: Во однос на кампањата засега ќе ги задржиме информациите, се уште работиме на тоа како ќе настапиме, дали тоа ќе биде добро познатиот и класичен пристап во однос на организација и на митинзи и на презентација на програмите, или сепак ќе воведеме нешто ново. Сепак имаме цел месец до почетокот на кампањата, така да ќе имаме прилика сите да се увериме во она што сега го кажувам.Прашање новинар: Како ја коментирате тезата се поприсутна во јавноста односно во одредени средини дека може да се случи после двата круга Талат Џафери да остане како вд претседател и да ги потпише сите оние документи потребни во рамките на онаа платформа ако може така да се каже планирана од позицијата?Одговор: Уште еден обид на власта за дефокус и за тргање на вниманието од нашиот претседателски кандидат професорката Силјановска. Меѓутоа треба да се соочиме со реалноста, а таа е следна. Во првиот круг на избори не е потребен цензус така да и со 100.000 или 200.000 излезени гласачи не менува ништо, од друга страна и во случај и на неуспешни избори Талат Џафери останува вд претседател на државата, од друга страна во рок од неколку месеци ќе треба да се организираат нови претседателски избори, не гледам зошто или кој би бил методот на некој начин на присила односно да се присили власта да даде предвремени парламентарни избори после неколку месеци, а не го стори тоа во моментот. Така да тезите во однос на бојкот и слично воопшто не држат и не се добри во овој момент во македонското општество со сите овие работи кои што се случуваат. Единствен начин да се спротивставиме и да покажеме пркос е да излеземе да го поддржиме кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи е најдобриот кандидат и со тоа да ги победиме и Заев и сите овие криминогени активности кои што ги прават.Прашање новинар: Сосема за крај бидејќи се наоѓате во Велес, која е пораката до велешани во текот на денешниот ден со оглед на тоа што рокот истекува во 19 часот?Одговор: јас би ги повикал сите велешани, сите граѓани на Република Македонија да излезат и да го дадат својот потпис со тоа да поддржат конечно градење на правната држава и на правото и да поддржат кандидат кој што ќе се залага за доследна примена и на Уставот и на законите.

Македонија | пред 7 години

bitola-pomos-1

Со Шведска помош до нови иновативни проекти во општина Битола

Делегација од Шведска, предводена од професорот на Кралскиот институт за технологија во Стокхолм Нелсон Сомерфелд, ја посети Општина Битола и оствари средба со градоначалничката м-р Наташа Петровска.Професорот Сомерфелд го предводи проектот кој во иднина треба да и донесе нови современи технолошки услови на Клиничката болница во Битола. Станува збор за хибриден систем за греење, ладење и вентилација, кој ќе претставува комбинирана технолошка иновација. Проектот е веќе дел од програмата за работа на Кралскиот институт во Стокхолм, при што е завршен првиот дел, кој содржи три можни решенија. Од нив ќе се избере најдоброто решение за Клиничка болница, по што ќе следува подготовка на техничката документација и проект за изнаоѓање средства од инвеститори и странски фондови. Како дел од делегацијата, на средбата присуствуваше и Марија Русенгрен, битолчанка која живее во Шведска. Таа досега во повеќе наврати донирала и помогнала во многу институции во градот Битола, а беше иницијатор и за реализација на овој проект.Градоначалничката Петровска се заблагодари на помошта од страна на гостите од Шведска, при тоа поздравувајќи ја иницијативата за воведување на иновативните технологии. Петровска посочи и дека во иднина може да се продлабочи соработката на Кралскиот институт со Техничкиот факултет од Битола, кој може од стручен аспект да биде вклучен во реализацијата на овој, но и на други проекти во градот. Општина Битола го помага овој проект преку вклучувањето на инженерот Горан Неделков, вработен во општината, задолжен за реализација на проектот.Претставниците од Клиничка болница Битола, предводени од директорот д-р Зоран Лазаров, ја истакнаа важноста од реализирањето на овој проект, со што во болницата ќе биде целосно комплетиран системот за греење, ладење и вентилација.

Македонија | пред 7 години

kolev

Колев од Рим: Заев и Мицкоски го рушат меѓународниот авторитет на македонците

За жал морам да констатирам дека политичките игри и препукувања помеѓу премиерот Заев и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, влијаат негативно на меѓународниот углед на нашата земја, истакна претседатеот наГраѓанско Демократска Унија- ГДУ, Петар Колев.За време на мојот разговор со ко-претседателот на ЕCR проф. Лагутко и европратеникот Ангел Џамбазки тие изразија загриженост околу случувањата во истражниот затвор Шутка, каде беа нападнати поранешните министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Стигнавме до заклучок дека институциите треба да бидат оставени да си ја завршат работата по случајот, без никакво политичко влијание и виновните да ја понесат својата одговорност.За мене најголем проблем во настанатата ситуација е фактот дека со такви немили настани и нивното погрешно менаџирање од страна на Заев како премиер и Мицкоски како лидер на најголемата опозициска партија, се руши меѓународниот углед на македонските институции. Тоа не смее да се случува бидејќи ниту едно политичко поентирање не е доволно вредно за да се стави под знак прашалник авторитетот на нашата земја и секако почнувањето на преговорите за членство во Европската Унија, вели Колев.

Македонија | пред 7 години

soobrakajna-nesreka

Утрово „БМВ“ излетало од патот и се превртело на покривот во Кнежевска река - има повредени

На 23.02.2019 година во 00.50 часот на крстосницата од регионалниот пат Куманово- Свети Николе и исклучок од автопатот во изградба Штип-Миладиновци, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(26) од Скопје, излетало од патот и се превртело на покривот во Кнежевска река. Притоа, со тешки телесни повреди е здобиле сопатниците П.Ј.(25) од Скопје, А.М.(21) од Куманово и Х.И.(20) од Скопје. Со возила на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата во Штип, по што П.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, а останатите биле задржани на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Македонија | пред 7 години

uapsen

Приведен Гостиварец баран со Меѓународна потерница од Република Србија

На 22.02.2019 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле претрес во дом и други простории сопственост на В.А. од село Железна Река, каде моментално престојувал неговиот син М.А.(43) од Република Србија. При претресот, биле пронајдени и одземени околу 500 грама марихуана. Претходно, на 21.02.2019 година М.А. бил лишен од слобода откако при личен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, по извршени проверки било потврдено дека М.А. се бара со Меѓународна потерница од Република Србија за издржување казна затвор од осум и три години. М.А. бил приведен во Полициска станица Гостивар, а судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 денови. На 22.02.2019 година, по преземени мерки и активности, во населба Млаки 2 во Гостивар полициски службеници ги лишиле од слобода З.Х.(33) од Тетово, Л.С.(27) од село Милетино, тетовско, М.З.(1973) од с.Мала Речица, тетовско и С.Н.(25) од Тетово, кои биле со патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.Х.. При преглед на возилото и лицата, кај З.Х. била пронајдена кеса со околу 500 грама марихуана. Лицата биле задржани во Полициската станица Гостивар, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 7 години

zelen-karton

Турски државјанин лишен од слобода поради „Фалсифување на исправа- зелена карта“

На 22.02.2019 година во 12.10 часот на Граничен премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа- зелена карта“, од слобода бил лишен Д.Т.(37) од Република Турција, кој управувал товарно возило „Даф“ и полуприколка „Fruehauf“ со турски национални ознаки. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајна несреќа, почина едно лице

На 22.02.2019 година околу 11.30 часот на крстосница од улиците „Нов живот“ и „Клисурска“ во Скопје непознато патничко возило, управувано од непознат возач, удрило во пешакот Т.С.(72) од Скопје. Од ударот Т.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде што во 15.30 часот била констатирана смрт.Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено во институтот за судска медицина на обдукција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

taravari-123

Градоначалникот Таравари ги одликуваа тие што спасуваа животи во автобуската несреќа

Делегација на Месната заедница на село Ласкарце предводена од престедателот Самет Мисини, денеска ја посетија општина Гостивар, за да на градоначалникот Арбен Таравари и на граѓаните на Гостивар им изразат сочувство за загинатите и желби за брзо оздравување на преживеаните од трагедијата од 13 февруари.“Постојано ги броиме жртвите, но понекогаш забораваме дека таа трагедија ја преживеаја 38 други лица, и сето тоа, пред се благодарение на придонесот на овие луѓе, кои дојдоа денес тука кај нас да ни изразат сочувстви и благодарение на нивните соселани, кои со сите сили им излегова во пресрет и успеаја да спасат многу животи. Секако, Гостивар им должи на овие луѓе почит и вечна благодарност”, изтакна Таравари.Тој информираше дека утре во 13:00 часот ќе го посети местото на настанот, при што ќе се сретне и со жителите на ова село херој, ќе им се заблагодари и ќе побара предлози од нив за некој инфраструктурен проект којшто Општина Гостивар, во рамки на можностите ќе може да го реализира како донација.“Преку овој проект, би сакал ние како гостиварци да ги зајакнеме односите со жителите на Ласкарце, секогаш да се сеќаваме на овие херои и ова да послужи како пример за хуманост и солидарност”, подвлече градоначалникот Арбен Таравари.“Не може со зборови да се опише ужасот што го видовме ние кои први истрчавме за да помогнеме. Ние како народ сме хѐумани луѓе и помагаме во тешки моменти. Како претседател на месната заедница, им се заблагодарувам на моите соселани што толку брзо се мобилизираа и организирани со сите можни средства да помогнат колку што е можно повеќе луѓе да спасат”, истакна претседателот на МЗ Ласкарце, село Самет Мисини.Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во знак на почит и благодарност, на претседателот на МЗ Ласкарце, Самет Мисини му додели Благодарница.

Македонија | пред 7 години

pehcevo-1

Пехчево, дишите ли?

О2 иницијатива н својот фејсбук пофил, објави дел од загадувачите во Пехчево. Тие напишаа:Вака загадува секојдневно дрвно индустрискиот комбинат во Пехчево. Од групата на "мали загадувачи", нема Б-еколошка дозвола, само одобрен елаборат за заштита на животната средина.Добро, инспекција ИМА во Пехчево? Општина Пехчево? Некој да провери како таа инспекција работи има во државава? Или никој не е надлежен?Јани Макрадули План за чист воздух овој загадувач мора да постави филтри во најбрз можен рок и да се вметне во Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 год. Вакво загадување не смее да се дозволи да продолжи.

Македонија | пред 7 години

mirjana-najcevska

Најчевска на ФБ: ДУИ е крлеж кој се закачува на секоја владејачка структура во последниве 18 години

ДУИ е крлеж кој се закачува на секоја владејачка структура во последниве 18 години, напиша на својот фејсбук профил професоркта Мирјана Најчевска.Таа во својата објава на ФБ пишува:Крлежот не е опасен заради тоа што ја цица крвта, опасен е заради заразите кои ги носи со себе а кои можат да завршат со тешко оштетување на организмот и смрт.ДУИ во ниту еден момент не се спротистави на неправото, на корупцијата, на непотизмот, на непрофесионалноста. Напротив, тие се носители на неправо, на корупција, на непотизам и на непрофесионалност. Не заради тоа што се партија на етничките Албанци туку заради тоа што се партија која си нашла супер начин како етно-национализмот да го искористи за уништување на секоја вистинска вредност на демократското општество.Се додека не се распадне или не се реформира од корен ДУИ немаме шанси да излеземе од ќенефот.Разлетаните орли се само еден од начините на кои се свртува вниманието на Албанците во државата од суштинските проблеми кои ги мачат.Втор начин на кој ДУИ ја купува власта е поддршката на ситниот криминал со што ги врзува луѓето за себе. Неплаќањето данок, неплаќањето струја, сивата економија, дивоградбите, непрофесионалните кадри запослени на најнесоодветни места ... не се поддршка на албанското население туку се се ланци со кои се создаваат верни следбеници и соучесници во криминализирањето на власта.Трет начин е ширењето страв и недоверба кон се што не е албанско и уверување на луѓето дека се сигурни само доколку се во стадо со што атакува на еден од столбовите на демократијата: слободниот граѓанин.Четврт начин е заплашувањето и рекетот како алатки на секоја мафијашка организација. Докажувањето на ова е исклучително тешко во услови кога се на власт и кога најголем дел од Албанците веруваат дека нема институција која ќе ги заштити доколку се побунат.Единствена шанса да се спасиме од дуевизмот е Албанците да најдат храброст и да се спротистават на она што им се случува.Јас во секој момент би помогнала вакво нешто.Гадна работа ова крлеживе, посебно ако не се отстранат на време, пишува Најчевска на ФБ.https://www.facebook.com/1078364301/posts/10215054131401548?sfns=mo

Македонија | пред 7 години

osmani-1

Осмни: Не очекувајте дека нашите семејства ќе не чекаат нас да ги завршиме политичките кариери за тие да се вработат

Вицепремиерот Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија 24 објаснуваше што значи непотизам.-Непотизам е искористување на својата политичка моќ за вработување роднина која не ги исполнува критериумите. Непотизам не значи вработување на било кој од фамилијата. Тоа нема логика. Сите функционери имаат роднини. Јас имам 100 братучеди од прво и второ колено. Дали тоа значи дека во наредните години никој од нив не треба да се вработи? Има девијации, да, тие треба да се испитаат, но тоа да не биде лов на вештерки и правење шоу. Не очекувајте дека нашите семејства ќе не чекаат нас да ги завршиме нашите политички кариери за тие да продолжат со нивните кариери. Ако Антикорупциска утврди дека се прекршени законските норми и креитериуми при некое вработување, тогаш тие ќе се повлечат по силата на законот, а не по етички норми, рече Османи.Извор: fokus.mk

Македонија | пред 7 години

bokser

Ранет познат српски боксер -се влечел на тротоар за да се спаси

Насилствот царува во Србија. По веста дека вчера дека генералниот секретар на Авто мото сојуз на Србија, Предраг Ѓурѓев, со пет куршуми го уби неговиот шеф и претседателот на сојузот, Марко Бутулија.Бутулија, нов инциднт. Синоќа пукано во познат боксер.38-годишниот Мане М. е ранет вечерва околу 21. часот.Бил ранет со два куршуми во грбот, а по настанот се влечел на тротоар за да се спаси.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Реакција ВМРО ДПМНЕ: Ако вработувате свои роднини плата ќе расте, а огромниот број на граѓани ќе осиромашува

Ако продолжи врхушката од СДСМ да вработува свои роднини во администрација за дебели хонорари просечната плата ќе расте, а огромниот број на граѓани ќе осиромашува. Граѓаните многу добро ги чувствуваат по својот џеб погрешните политики на овој криминален картел на власт.Впрочем дека се работи за статистичка гимнастика и нереален раст на плати говори и фактот што власта го укина условот за раст на пензиите кој беше поврзан со растот на просечната плата. Да постоеше навистина реално растење на платите и повеќе пари во македонската економија тогаш немаше да биде проблем и пензиите да растат со пропорционалното растење на платите. Но реалноста е дека преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата.Лагите на СДСМ се провидни и граѓаните веќе ги имаат разоткриени. За ова ќе бидат казнети на избори и со тоа ќе почне демонтирањето на криминалниот картел на власт и деспотот Заев, стои во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Растот на просечната плата од 8,1 отсто е најголем раст во последните девет години, економијата се движи во добар правец

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ продолжувааат да даваат реални, видливи резултати што ја движат економијата и обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.Растот на просечната плата во декември 2018 од 8,1 отсто е најголем раст на просечната плата во последните девет години.Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во декември 2018 година изнесувала 25.784 што се речиси 2.000 денари повеќе отколку во 2017 година кога таа изнесувала 23 850 денари.Ако во 2017 година растот на платите се базираше на подигнувањето на минималната плата, во 2018 година воочлив е ефектот на зголемување на продуктивноста на фирмите, како и отворањето на новите и добро платени работни места.Трендот на зголемувањето на платите продолжува и оваа година и тоа во сите сектори. Се одвојуваат повеќе средства за активните мерки за вработување, за поддршка на домашните и странски инвестиции.Со водењето на добри економски политики, како и трендот на раст на платите се постигнува целта се повеќе пари да завршуваат кај граѓаните, во семејствата со крајна цел просечната плата до крајот на следната година да изнесува 500 евра.Со членството во НАТО сојузот и напредокот во евроинтеграциите се очекува дополнително интезивирање на економскиот раст, зголемување на инвестициите, раст на платите, повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Македонска реалност - Немој да бараш да се вратам во Македонија

По не знам кој пат го завршувам разговорот на Скајп со моите со нивното фамозно прашање „Кога ќе се вратиш тука?”Немам повратен одговор, го избегнувам прашањето и се трудам да не одговорам, не сакам, не затоа што не можам, туку знам дека мојот одговор нема да им се допадне. Во главата само си помислувам „За што да се вратам?”Во земјата каде имаш професори кои се помалку те инспирираат, каде што најчесто подлизурковци, со третокласно знаење стануваат искомплексирани асистенти, кои потоа своите фрустрации ќе ги истураат врз студентите.Каде секој втор збор е мито, каде секој гледа да стигне до диплома и да фати врски за вработување. Каде што образовниот систем продуцира полуписмени студенти кои подоцна ќе бидат причина за катастрофални грешки?Каде да се вратам, каде што ќе работиш како стока од утро до мрак, за без пари, богатејќи го ненаситниот газда кој ќе ти ги додели сите позиции од шофер, до бебиситер, преку шопинг асистент на неговата сопруга, кои секако не влегуваат во твојот работен опис, а притоа нема да добиеш ни трошка почит?Таму каде што треба да си го продадам гласот, да си го дадам задникот на закуп под кирија и да играм по ноти кои не ми се мили на увото. Таму каде што нема воопшто да го ценат мојот морал, интегритет, мојот квалитет и моите вредности, таму каде што ќе ме претворат во едно безлично, бесчувствително суштество кое ќе стане дел од една корумпирана елита која не носи ништо ново?Каде да се вратам, каде што самохрани мајки се бркаат од работа само затоа што не се гласачи на една партија, каде што студентските легла се полни со деца на големци, а оние кои со социјална помош пуштаат деца да учат ги отпишуваат затоа што становите им се прескапи.Онаму каде што интелектуалната елита краде од народот, а студентите се оставени со сиромашни оброци, да гладуваат по студентски домови, додека да стигнат до она што го сонуваат. Каде да се вратам, во тие кучешки услови, сите би сакале поинаку, но каков избор имаме. Не дека е подобро, туку тоа е поевтино. Се жртвуваме себеси, само за да поминеме поефтино. Нели е тоа трагично?Таму каде што ако бидеш храбар и го кажеш она што го мислиш, а тоа е поразлично од толпата ќе бидеш јавно обвинет и исплукан поради своите верувања. Каде што секој знае се од сите области и треска со рацете на слави по масата, за да се истакне да биде виден од другите. Каде што повишен тон од некој на позиција се цени повеќе од делата на оној паметниот кој се ќе сработи во тишина?Каде да се вратам, каде што веќе луѓето немаат мотивација, половина од нив заради тоа што немаат да јадат леб, а половина поради тоа што веќе кренале раце по сите неправди на кои биле сведоци. Каде што се трошат пари за глупости, а умираат деца од примитивни болести?Каде да се вратам?Престанав да се борам со ветерници, застанав да исправам криви Дрини. Мене срцето ми се кине што мора да биде вака, но ние нормалните, оние колку што останавме не можеме да го искорениме неморалот и алчноста за моќ и пари, тоа безредие кое владее во таа нивна шефовска хиерархија. Колку и да ми недостигате, кога ќе стигнам таму и повторно ќе се соочам, кога ќе видам ништо не се променило ми доаѓа само да ве прегрнам и да го фатам патот за назад.Овде можеби не цветаат рози и не врнат пари од небото, но барем има некаков ред. Правилен начин по кој се живее еден живот, а ако нешто сакав во животот, тоа беше секоја единка да има достоен живот. Нешто што кај нас со текот на времето, за жал стана луксуз.Извор: Црно бело

Коментари | пред 7 години

kumanovska-grupa-divo-naselje

Република.мк: Кумановската група до Груевски, Ахмети, Мијалков и Јанкулоска -Ќе ве следиме до крајот на светот

Кумановската група преку нивните роднини испрати реакција до весникот Лајм. Во оваа реакција уште еднаш е наведена хронологијата на настаните во Куманово, а се објаснува и случајот во кој беа нaпaднaти поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Исто така се испраќа и ocтpa порака до Никола Груевски, Сашо Мијалков, Али Ахмети и Гордана Јанкуловска дека „ќе ги следат до крајот на светот со Kaнонот на Лек Дукаѓини”. Во реакцијата се вели дека покрај Ахмети на оваа „листа“ има уште тројца претставници на ДУИ, како и 9 лица од ВМРО-ДПМНЕ, објави република.мк.„Само ако ги соберат главните на 12-те семејства и да дојдат тука да пaднaт на кoлeнa и да се зaкoлнaт дека не направиле пpeдaвcтвo, може да им пpocтимe”, се вели меѓу другото во реакцијата. Во продолжение весникот Лајм ја пренесува целосната реакција на Кумановската група:Во име на Кумановската групаПрвично, сакаме уште еднаш да ја разјасниме целта на нашето доаѓање, бидејќи не oбвинувaaт со разни видови лажни oбвинeниja. Ние не дојдовме за пари, ниту за бенефиции. Ние дојдовме за да ја реализираме националната цел и поради нереализирањето на Охридскиот договор. Дојдовме и пaднaвмe во cтaпицaтa на пpeдaвcтвoтo на злитe луѓе. Bojувaњeто заврши како што заврши. Ни беше ветено дека ОБСЕ ќе нè прими и се пpeдaдoвмe. Во спротивно никогаш немаше да се пpeдaдeме. Можеби сите ќе нè убиеја, но немаше да се пpeдaдeмe.Но, пpeдaвcтвoтo се случи. Нè мaлтpeтиpaa и ни убja четворица другари откако се пpeдaдoвмe и никој не oдгoвapaше за тие работи. Во пpecтpeлкитe беа убeини шест членови на групата, а четворица други беа убeини откако се пpeдaдoвмe. Ова никогаш нема да го простиме. Ако не убиеја во пpecтpeлкитe, никому ништо, бидејќи ние имавме opужje и тие имаа opужje. Но, eгзeкуциjaтa со пpeдaвcтвo не ја пpocтувaмe.Што се однесува на Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, Кумановската група ги поддржува Лирим Красниќи и Есат Кафеѓоли. Овојпат ги пpeтeпaвмe затоа што нè иcпpoвoциpaa. Следниот пат кога ќе ни пaднaт в раце, ќе ги пpeтeпaмe и без да нè пpoвoциpaaт. Тие беа на власт кога ние бевме убвaни и мaлтpeтиpaни. Не зaбopaвaмe.Текстот во целост на република.мк

Македонија | пред 7 години

siljanoska-12

(ВИДЕО) Силјаноска побара подршка за кандидатурата за претседател, но и самослик (selfie)

Кандидатката за Претседател на Македонија од ВМРО ДПМНЕ, откако побара поддржувачите да ја оверат кандидатурата и со потписи во подрачните единици на ДИК, побара и докази од потпишувачите:,,Утрово ве повикувам сите да се упатите до подрачните единици на Државната изборна комисија и да се потпишете на мојата кандидатура. Со цел да го почнеме процесот на обединување за право и правда за Македонија! Штом се потпишете ве замолувам да направите самослик (selfie) и да го постирате со хаштаг“-напиша Гордана Силјановска Давкова на својот ФБ профил.,,Време е – без разлика на партиската, етничката, половата, социјална и старосната структура – да се обединиме и да ја вратиме Македонија во нормала“-вели Силјановска.https://www.facebook.com/gordana.siljanovska.71/videos/vb.100033839222511/116799732791334/?type=2&video_source=user_video_tab

Македонија | пред 7 години

prespav4sez3

„Преспав“ добива нова сезона, а Талат награда за најдобар млад актер

Популарниот домашен ситком “Преспав” продолжува со нови авантури во нова сезона. Ќе се снима нова, четвртта сезона од серијата која стана една од омилените телевизиски програми во секој дом, пишува ТВ Пакет.Јелена, Талат, Ула, Коста, Марио, Тони и нови ликови ќе продолжат да бидат дел од вашето секојдневие и следната телевизиска сезона во новите епизоди на “Преспав”. Во меѓувреме, серијата се репризира на првиот канал на МТВ, а глумците станаа атракција секаде каде што ќе се појават. Па така, највпечатливиот Талат од Џепчиште освои статуетка за најдобар млад актер на овогодишното издание на “Златна Буба Мара на популарноста”.

Магазин | пред 7 години

tabla-severna-2

МНР со прирачник не учи како правилно да го користиме новото име на државата

Со оглед на неодамнешната промена на официјалното име на Северна Македонија, би сакале да ви обезбедиме водич за пишување за нашата земја во согласност со Преспанскиот договор. Ве молиме да ги користите следниве термини, се вели во прирачникот на МНР за странските медиуми:-Официјалното име на државата: ,,Република Северна Македонија”; Кратко име: ,,Северна Македонија”.Државјанство (државјанство): македонско / државјанин на Република Северна Македонија.Официјален јазик: ,,македонски јазик”.Земја-меѓународен код: МК и МКД.Придавката ,,македонски” треба да се користи кога се поврзува со етничкиот и културниот идентитет на народот, нашиот јазик, историја, култура, наследство, територија и други атрибути. Ваквите термини во овој контекст се разликуваат од оние што се користат и се поврзани со регионот на Македонија во Грција.Точни примери: македонскиот етнички идентитет, македонски јазик, македонска култура, македонска територија, македонски народ, македонска историја, македонски планини, македонска литература, македонската кирилица, македонска храна, македонските цркви итн.Неточни: Други придавки, вклучувајќи ги и ,,северномакедонски”, ,,северно- македонска”, ,,с. македонски“ не треба да се користат.Во прирачникот се дава појаснување и за употребата на придавката во однос на државата, нејзините органи, јавни и приватни институции и се што е поврзано со државата, основано согласно закон и финансирано од државата за активности во странство. Придавката тука треба да гласи „од Република Северна Македонија“ или од „Северна Македонија“.Точни примери за државата, нејзините официјални органи и други јавни субјекти: Влада на Република Северна Македонија; Претседател на Република Северна Македонија; Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија; Министер за одбрана на Република Северна Македонија; Општина Охрид во Северна Македонија; Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” од Северна Македонија.Неточни: Други придавки, вклучувајќи ги и „северно македонски“, „македонски“, „с. македонски“ и „северномакедонски“ , не треба да се користат во сите горенаведени случаи.Може активно да се користи и придавката ,,македонски”.Точни примери: македонска економија; Здравствениот сектор на Република Северна Македонија; македонска уметност; македонска музика; македонско земјоделство; македонска архитектура; Прехранбената индустрија на Северна Македонија итн.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Со СДСМ на власт Македонија стана единствената држава во Европа каде се затвораат и тепаат политички неистомисленици

Со СДСМ на власт Македонија стана единствената држава во Европа каде се затвораат и тепаат политички неистомисленици. Тепањето на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески е уште еден обид на власта да креира страв кај граѓаните во обид да го избегнат неминовниот пораз на изборите.Оставката на директорот на Истражниот затвор во Скопје е само блед обид за избегнување одговорност на нарачателите на линчот врз Ристовски и Јанакиески.Целиот случај не смее да се заташка на овој начин, а одговорните мора веднаш да бидат изведени пред лицето на правдата. Јавноста мора да знае кој го нарача обидот за линч и зошто тепањето не било на време спречено.Зоран Заев и Рената Дескоска да не бегаат од одговорност и да си поднесат оставки. Само така ќе се спроведе независна истрага која ќе резултира и со кривична одговорност за нарачателите.Недозволиво е за една земја која претендира да биде член на Европската Унија да затвора и тепа политички неистомисленици. Со ваквиот чин власта ја враќа Македонија во црните времиња на комунизмот и едноумието и ја става во рангот на тоталитарни режими како Северна Кореја.Лагите и клеветите на СДСМ не можат да го скријат фактот дека во притвор беа претепани двајца поранешни министри, а власта не направи апсолутно ништо за тоа да го спречи.Политичкиот прогон и насилството во Република Македонија станаа секојдневие. Граѓаните повеќе не се безбедни и се исплашени дека може да ги снајде истото доколку го кренат својот глас против власта.Оваа хајка против неистомислениците мора да заврши. Граѓаните ќе ги казнат СДСМ и Заев на претседателските избори, а тоа резултира со неминовни предвремени избори кога повторно ќе бидат поразени и СДСМ ќе замине на црната страна на историјата а правната држава и демократијата ќе се вратат во Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

sanacija-sahta-2

Известување за градежни работо во Скопје, кратки сообраќајни прекини

Град Скопје ги известува граѓаните дека утре (24.02.2019 година, недела) на повеќе локации ќе се извршува градежни зафати поради што сообраќајот ќе се одвива согласно променет привремен сообраќаен режим.На булеварот „Борис Трајковски“, кај влезот на поранешната фабрика Стаклара, како и на регионалниот пат „Јадранска магистрала“, кај натпатникот кон Визбегово, екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ ќе поставуваат портални семафори за знаци со променлива содржина.Градежните работи ќе се изведуваат во временски период од 7:30 до 12:30 часот, а сообраќајот ќе се одвива со кратки прекини.Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања