Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

soobrakajna-nesreka

Сообраќајни несреќи во Виница, Македонска Каменица, Струшко, има повредени

На 23.02.2019 година во 04.28 часот на ул.„Индустриска“ во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд фиеста“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Д.(58) од Виница и товарно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка „Кроне“ со винички регистарски ознаки,, управувано од Д.З.(24) од село Трсино, виничко. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Кочани, од каде биле препратени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница.На 23.02.2019 година во 12.30 часот на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани, кај место викано „Кантурски рид“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат добло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(61) од Штип и патничко возило „Југо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(49) од село Дулица-Македонска Каменица. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Југо“ и бил пренесен во болницата во Штип. Извршен е увид.На 23.02.2019 година во 16.20 часот на локалниот пат во населба Теферич во Струга, Ф.Б.(39) од село Шум, струшко, управувајќи патничко возило „Опел астра“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник од село Шум и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Арсовски: Пратеникот Атанасов си ги вработил братучедите и кумата

Повеќе од две недели државата ја тресе најголемиот скандал на непотизам во Република Македонија предизвикан од СДСМ. Заразата со епидемијата на непотизам се шири многу полошо од што можевме сите да замислиме, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.„Две недели граѓаните без страв и со гнев кон СДСМ и власта ни ја откриваат најголемата мрежа на партизација на државната администрација и тоа со најблиските роднини на највисоките државни функционери на власта кои потекнуваат од редовите на СДСМ.Денес ќе ви презентирам нови 4 случаеви од СДСМ заразени со оваа епидемија, а изворот на зараза се двајца пратеници од редовите на СДСМ, кои ги заразиле односно вработиле нивните роднини.Верувале или не и пратеникот Сашко Атанасов од Василево не останал покус во однос на своите колеги. Откако е пратеник си ги вработил своите блиски братучеди Ѓорѓи Иванов како наставник по англиски во ОУ Гоце Делчев и Зоран Атанасов исто така како наставник по физичко во истото училиште Гоце Делчев во Општина Василево. Додека пак, третиот што го вработил, односно третата е кој ако не неговата кума која што пратеникот ја вработил во општината во Василево.Не заостанува и неговата колешка од Тетово, Татјана Лалчевска која што е пратеник од редовите на СДСМ. Таа замислете ја вработила својата ќерка во детската градинка Младост.Кои се критериумите според кој овие роднини на овие пратеници се вработени?Ова нема крај. Ова навистина нема крај. Обичниот народ трпи за сметка на функционерите на СДСМ.Секакво лажно морализирање, секаков лажен морал, а лажен е затоа што СДСМ викаат дека дел од роднините на Мира Дизел си дале откази, а дел не, самото тоа ни покажува дека нив воопшто не им е гајле за граѓаните и единствено се грижат да ги вработат своите роднини на убави места со високи плати.Единствената причина за тоа е поразот на изборите кои следат и сега брзаат да си ги вработат сите свои роднини. Само поразот на СДСМ на изборите кои што следат е лекот за оваа епидемија на непотизам која ја шират, на сметка на обичните граѓани“, изјави Арсовски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Физичка пресметка во Ресен, едно лице со убодни рани од нож

На 23.02.2019 година околу 21.00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во ресторан на ул.„Јосиф Јосифовски“ во Ресен настанала физичка пресметка помеѓу Б.О.(21), Л.А.(46), Т.Р.(33), од една страна и Р.Д.(51), од друга страна, сите од Република Албанија, кои работеле во Ресен.Според пријавата, во еден момент тие излегле надвор пред објектот, каде Р.Д. на Л.А. со нож му нанел убодни рани, а на Т.Р. расекотина. Полициски службеници веднаш по пријавата излегле на местото на настанот.На лицата им била укажана медицинска помош во болницата во Битола, а потоа Б.О., Т.Р. и Р.Д. биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Ресен, а Л.А. бил задржан на лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Eksplozija-u-Damasku-Sirija-2-620x350

Мина разнесе автобус: Загинаа 24 цивили во Сирија

Најмалку 24 цивили загинаа во западната сириска провинција Хама кога автобус преминал преку мина која експлодирала. Агенцијата Сана извести дека станува збор за мина која е оставена од страна на ИСИС. Експлозијата се случила во близина на градот Саламијех.Таквите инциденти во Сирија не се ретки, кога напуштаат наслеби пред сириската војска, поставуваат експлозивни направи, а некои ги поставуваат и во станбени згради. 

Свет | пред 7 години

mvr1

Ноќва во Скопје МВР спроведе зајакната акциска контрола, откриени низа прекршоци

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 23/24.02.2019 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.Од страна на полициски службеници контролирани се 159 возачи, a кај 26 утврдено е присуство на алкохол. Откриени се и 51 останати прекршоци.Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената спроведена е акциска контрола на 23.02.2019 година во периодот од 06.00 до 22.00 часот, при што констатирано е дека 69 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени се мандатни платни налози.Исто така, констатирани се и 46 останати прекршоци, за кои се издадени 29 мандатни платни налози и 17 прекршочни платни налози. На 23/24.02.2019 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот на подрачјето на Скопје со специјално возило пајак се подигнати 27 возила кои биле непрописно паркирани, во најголем дел на улиците „Димитрија Чуповски“ и „Јордан Мијалков“.

Скопје | пред 7 години

tutun20prilep-2

Финишира откупот на тутунот, откупени 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 241,3 денари

„Откупот на тутунот од реколтата 2018-та е при крај и досега се откупени 90% од договорените количини. Заклучно со 22 февруари откупени се околу 25 милиони килограми, со просечна цена од 241,34 денари по килограм. Од страна на откупните претпријатија на тутунопроизводителите досега им се исплатени над 5 милијарди денари, односно високи 96% од откупените количини тутун. Законскиот рок за завршување на откупот е 15-ти март.Во годинешната реколта се засеани 14.802 хектари со тутун, а склучени се 34.104 договори со 9 откупни претпријатија. Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пријавија 23.430 издадени евидентни листови. Вкупната договорена количина за откуп изнесува над 29.000 тони тутун, а откупот завршува на 15 март. Споредено со реколтата 2017, за новото производство на тутун се издадени 57 евидентни листови повеќе од лани, и се склучени над 4.700 повеќе догвори. Годинава има и зголемување на засадените површини со тутун, и тоа за 387 хектари.За зголемениот интерес големо влијание имаше високата откупна цена на тутунот од реколтата 2017 која изнесуваше 217,60 денари за килограм, како и новиот модел на зголемени субвенции според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.Новата производствена реколта ќе стартува според постоечкиот Закон за тутун и тутунски производи, односно и оваа година ќе се издаваат евидентните листови односно т.н „бели картони“.Новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи е во собраниска процедура, и новото законско решение предвидува укинување на евидентните листови или т.н „бели картони“, процес кој ќе започне да се применува од 2020 година. Со оваа законска одредба МЗШВ значајно ќе ги намали административните процедури за тутунарите на начин што, тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија. Исто така Предлог Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи се проширува опфатот на уредувањето во однос на постоечкиот Закон за тутун и тутунски производи со три нови глави во кои се предлагаат одредби за уредување на сродните тутунски производи и тоа:несогорливи производи од тутун, електронски цигари и растителни (билни) производи за пушење. Производителите и увозниците кои ставаат во промет електронски цигари и/или контејнери за еднократно или повеќекратно полнење, поднесуваат барање за пуштање во промет до  Министерството за здравство, за што добиваат одобрение. Производителите и увозниците на несогорливи производи од тутун должни се да достават известување до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за сите несогорливи производи од тутун кои што имаат намера да ги стават во промет.Одредбите од законот кои се однесуваат на поимите дефинирани за несогорлив тутун и електронска цигара ќе бидат употребени за определување на надоместок согласно Законот за акцизите од 1 јули 2019 година.Новите законски одредби ќе овозможат транспарентност во врска со содржината на договорите кои треба јавно да се објават најдоцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот и на локалната веб страната на откупувачот. Воедно, ќе се создаде можност за дополнително отворање на откупни пунктови во текот на откупот, како и други придобивки за подобрување на квалитетот на услугите и задоволството  на тутунопроизводителите, откупувачите, производителите на тутунски и сродни производи, потрошувачите и бизнис заедницата од работењето на тутунското стопанство. Истовремено, овој закон предвидува понатамошно усогласување со европските директиви и најдобри примери од ЕУ во контекст на прилагодување кон европските стандарди“, велат од МЗШВ.

Македонија | пред 7 години

taksi

МВР за починатиот таксист

На 23.02.2019 година во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Кузман Јосифовски Питу“,на семафорите кај железничката станица, на лентата за вртење лево, во такси возило „Фиат линеа“ со скопски регистарски ознаки, починал такси возачот М.П.(58) од Скопје.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

Скопје | пред 7 години

marihuana2

Во домот на жител на село Челопек, пронајдени дигитална вага и околу 500 грама марихуана

На 23.02.2019 година во периодот од 13.15 до 14.00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории кај лицето З.Х.(33) од село Челопек, тетовско. При претресот биле пронајдени и одземени една дигитална вага и околу 500 грама марихуана, како и други предмети со остатоци од марихуана. Лицето било приведено и задржано во полициска станица еден ден претходно бидејќи при личен преглед и преглед на возило во кое бил, исто така, полициски службеници пронашле марихуана. По целосно документирање на случајот против З.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

princeza-rima-620x350

Саудиска Арабија за прв пат именуваше жена за амбасадор

Саудиска Арабија го повлече својот досегашен амбасадор во Вашингтон и на негово место ја именуваше Рем бинт Бандер, прва Саудијка која ќе ја врши амбасадорската функција во историјата на монархијата.Именувањето на Бандер за амбасадорка во САД, следи по напорите на Ријад да ги намали затегнатите односи со западните сојузници, поради убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул, за кое се претпоставува дека одговорен е престолонаследникот Мохамед бин Салман.Неговиот помлад брат, принцот Калин бин Салман, беше амбасадор во Вашингтон од 2017 година. Принцот Мохамед, кој ја контролира поголем дел од Владата во земјата, ја извршува должноста министер за одбрана од 2015 година, кога неговиот татко дојде на власт. 

Свет | пред 7 години

vmro_dpmne

Реакција ВМРО ДПМНЕ: Наместо да ја манипулираат и замајуваат јавноста време е СДСМ за понесат одговорност

СДСМ се обидуваат да ја замајуваат јавноста со лаги и манипулации со цел да се оттргне вниманието од бесрамниот непотизам кој што се случува кај врхушката на СДСМ, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.Секој ден јавноста дознава за нови случаи кад што функционери од власта си ги вработуваат мајки, сестри, браќа и други роднини во државни институции управи, за големи хонорари повисоки од просечната плата која што ја земаат граѓаните.Како е возможно токму овие роднини на функционерите во услови кога има толку голем број на невработени особено млади да бидат или единствени кандидати или најдобри кандидати за тоа работно место.СДСМ наместо да ја убедува јавноста дека изминативе две години ВМРО- ДПМНЕ е на власт, треба да побара оставка не само од вработените преку непотизам, туку и од нивните функционери кои влијаеле за тоа работно место.ВМРО-ДПМНЕ не ги вработи синот на Мира Дизел, сестрата на Асаф Адеми, ќерката на Талат Џафери, синовите на Грчев и Фрчкоски, а ниту блиските на градоначалниците на Прилеп, Берово, Неготино и уште стотици такви примери.Наместо да ја манипулираат и замајуваат јавноста време е СДСМ за понесат одговорност за непотизмот кој што се шири како епидемија во нивните редови, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

andre-koncert

(ВИДЕО) Андре Риу подготвен за концерот во Македонија, ја засвири „Македонско девојче“

Андре Риу, со видео порака до македонската публика го најави својот концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 6-ти јуни. 4 месеци пред концертот тој со својот оркестар покажа дека ја вежбаат песната „Македонско девојче“.„Мојот фантастичен оркестар и јас сме особено почестени што прв пат доаѓаме во вашата убава земја Македонија. Затоа ќе ви го отсвириме ова. Се гледаме на концертот“, порача Риу.

Магазин | пред 7 години

tepacka1

Во меѓусебна тепачка во Ресен, четири лица со тешки повреди се хоспитализирани

Четири лица се тешко повредени во синоќешната физичка пресметка која се случила во Ресен пред една кафана. Инцидентот се случил на раскрсницата која води од центарот на градот кон селото Јанковец. Во него учествувале четири лица кои се примени во болница со тешки повреди, од кои тројца со убоди од остар предмет, а друг потешко со повреди на главата.Сите четири лица се албански државјани.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски да не молчи туку да ги повика роднините од ЕЛЕМ турс и јавната администрација да се повлечат од работните места

Борбата против партизацијата на државните институции и царувањето на непотизмот кои што со децении беа пракса која што ја спроведуваше ВМРО-ДПМНЕ продолжува, се вели во соопштението од СДСМ.СДСМ заедно со граѓаните работи во насока конечно да се променат работите во нашето општество и се случуваат процеси кои не биле возможни во минатото.Поради морални и етички причини од работните места веќе се повлекоа членови на семејствата на претставници на СДСМ.Тие што ги преполнија државните институции со партиски кадри и роднини, ВМРО-ДПМЕН, молчат.Наместо да молчи Христијан Хидро Мицкоски да ги повика роднините вработени во државни компании и јавната администрација од морални причини.Мицкоски да го повика неговиот прв братучед Горан Манасиевски да се повлече од ЕЛЕМ турс. Граѓаните знаат дека Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ а во оваа компанија вработени се и сопругот на неговата лична партиска секретарка но и Косана Мазнева, која е дел од неговиот партиски кабинет.Вистинско олицетворение на хидро непотизмот.Не изостанува ниту вработувањето на неговата сопруга во гимназијата Орце Николов во Скопје. Но , вистински пример за класичен непотизам е самиот Мицкоски , уште во времето кога беше асистент на својот татко на Машинскиот факултет.Христијан Мицкоски време е да ги повика своите роднини и роднините на своите сопартијци да се повлечат од работните места кои им биле обезбедени за време на 11 години расипничко владеење.Ако Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ сакаат борба против непотизмот треба да започнат од своите редови, нека почне повлекувањето, во име на борбата против непотизмот во нашата земја, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Непостапувањето на власта и замижувањето пред јавните закани отвора сомнеж за нарачателите на обидот за линч на поранешните министри

Зоран Заев за Кумановската група обвинета за убиство на 8 полицајци во Диво Насеље ветуваше амнестија и меѓународна истрага наведени во Тиранската платформа, велат од ВМРО ДПМНЕ.Членови на Кумановската група непречени од никого сега се закануваат, вршат тортура и линчуваат политички неистомисленици на Зоран Заев.Непостапувањето на власта и замижувањето пред јавните закани отвора директен сомнеж за нарачателите на обидот за линч на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.Политичка и кривична одговорност за нарачателите и за тие кои не сторија ништо за да се спречи тепањето на Ристовски и Јанакиески мора да има.Одговорните за овој скандалозен акт мора да бидат изведени пред лицето на правдата Случајот не смее да се заташка со бледи обиди за избегнување на одговорност. Зоран Заев и Рената Десоска мора веднаш да поднесат оставка за да може да се спроведе истрага која ќе резултира со одговорност на вистинските нарачатели.СДСМ апсолутно никако не може да избега од фактот дека беше дозволено да бидат претепани поранешни министри и политички неистомисленици на Зоран Заев. Ваквиот случај е невиден срам за земја која себе се нарекува демократска и претендира да биде дел од европското семејство.СДСМ свесни дека немаат поддршка од граѓаните на Република Македонија почнаа да креираат страв во обид да го избегнат неминовниот пораз на изборите.Откако е СДСМ на власт сведоци сме на секојдневен политички прогон на неистомислениците. Луѓе се затвораат и малтретираат само заради тоа што не се согласуваат со погрешните политики на власта.Ваквото насилие од страна на власта мора веднаш да заврши. Граѓаните повеќе не се чувствуваат безбедни дури ни во своите домови. Затоа народот ќе го казни СДСМ и Зоран Заев на претседателските избори, а потоа и на предвремените парламентарни избори со што повторно ќе се вратат правната држава и демократијата во Република Македонија, се вели во соопштението од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

kontejneri

Запалени контејнери во Радишани

Несовесни граѓани во текот на ноќта запалиле два пластични контејнери во населбата Радишани  кои целосно изгореле заедно со одтпадот во нив.Од град Скопје апелираат до граѓаните да престанат со несовесното однесување и уништување на опремата на ЈП „Комунална хигиена“.Со овие постапки се нанесува финансиска штета, но и се создаваат проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот.

Скопје | пред 7 години

taksi

Таксист пронајден мртов во Скопје

Таксист вечерва е пронајден мртов под Железничката станица во Скопје. Случајот во полиција во 18.30 часот го пријавил случаен минувач кој го приметил неподвижниот возач на семафорите кај Железничка станица.По увидот е констатирано дека починатиот немал траги на насилство, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.Станува збор за 58-годишно лице.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Зоран Крстевски: Дали зависноста, поистоветувањето и опсесивната емоционална врзаност за одредени лица?

Пишува Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој за vecer.press Дали зависноста, поистоветувањето и опсесивната емоционална врзаност за одредени лица и ситуации може да создаде штета за духовната состојба на нашата личност?За стабилноста и интегритетот на нашата личност е мошне ризично целосно да зависиме од другите луѓе, да ја загубиме самостојноста и да станеме подредени на туѓите влијанија. Секој зрел и самосвесен човек треба да ја гради својата посебност, да ја развива самовредноста и да не дозволи другиот да го води и креира според сопствените погледи и потреби. Кога сме доведени во ситуација нашата судбина да зависи од добрата волја, способноста и одлуката на надворешните фактори, тогаш сме како птица без крилја, која немо исчекува каков ќе биде исходот од наметнатата ситуација. Такви моменти има кога се соочуваме со сериозни здравствени, финансиски, професионални, семејни и други егзистенцијални проблеми, како и со граничните ситуации на животот, кога преовладува прашањето: Да се биде или не.Добро е да бидеме отворени за конструктивни совети и да соработуваме со лицата кои не опкружуваат, но не треба премногу да зависиме од нивните влијанија, како и од нештата произлезени од минатото.Некои поединци не преземаат одлуки доколку не се консултираат со другите луѓе, така што постојано бараат совети или оправдувања за своите постапки. Да се префрли одговорноста врз родителот, партнерот, пријателот, колегата, психијатарот или советникот е знак за незрело, несигурно и лабилно однесување.Суштината на зрелиот и самосвесен поединец е да се потпира на самиот себе, да верува во сопствените вредности, да го гради интегритетот на личноста и да го развива карактерот врз начелата на одговорноста, самостојноста и позитивниот пристап кон животот. Тоа не значи дека не треба да примаме корисен совет, да иницираме консултација со добронамерни личности и да го сослушаме мислењето на другите, напротив, тоа е мошне битно и препорачливо за развојот на нашата личност. Но, ако ги фаворизираме согледбите на другите, манифестираме малодушност, несигурност и зависност, тогаш максимално ќе ги намалиме шансите за напредок и за духовно воздигнување на својата личност.Може да замислиме што ќе се случи со одредено општество, семејство или индивидуа, доколку ги загубат уздите на себевладеење и себеконтролирање, дозволувајќи некои странски емисари, надворешни фактори или туѓи влијанија да им определуваат како да живеат и размислуваат и какви вредности да негуваат.За духот на човекот е поразително доколку тотално ја загуби самоконтролата и манифестира зависност од алкохолот, цигарите, наркотиците, седативите, коцкањето, ниските страсти, храната и разните задоволства. Во такви ситуации, наместо да биде субјект, поединецот нужно станува објект, кој не умеејќи да се справи со зависноста, инстинктивно им се предава на пороците и нагонските сили на телото. Патолошката врзаност за родителот и тоталната зависност од партнерот, исто така покажуваат дека се работи за сериозна криза на идентитетот и за незрело однесување, кое неизбежно ќе предизвика големи емоционални страдања и проблеми во животот.Да бидеме во мир со себе, да умееме да ги контролираме ниските побуди на телото, да владееме со сопствениот дух и да не им подлегнуваме на негативните емоции е показател дека сме станале зрели, одговорни и самостојни личности, кои се способни да се справат и со најтешките искушенија на судбината.Во градењето на својот животен пат, најмалку што треба да направиме е да се поистоветуваме или споредуваме со кои било личности, зашто секој човек има свои вредности, слабости и судбински патеки што лично треба да ги осознае и изоди во текот на своето постоење. Наша задача е да го пронајдеме посебното во самите себе, да го осветлиме и развиваме на најдобар можен начин.Не треба да се споредуваме со никого на светот, зашто ако се споредуваме, тоа значи дека се навредуваме самите себеси и не веруваме во сопствената оригиналност и посебност. Треба да знаеме дека секој си е посебен на свој начин и поседува свои вредности, таленти и доблести, кои е неопходно што повеќе да ги осознава, развива и усовршува.Зависничкиот однос, опсесивното врзување и поистоветување со другиот може сериозно да ја загрози нашата личност и да не доведе во ситуација на бесперспективност, несигурност и нереализираност. Тоа најчесто се случува откога ќе ја загубиме поддршката на која цело време сме се надевале и потпирале. Добро е емоционално да се врзуваме за лицата кои позитивно не мотивираат и стимулираат, но уште подобро е да бидеме независни, со силен дух и решителни во бранењето на сопствените права и вредности. Целта е да владееме со своите постапки, бидејќи “поединецот кој е постојано подложен на туѓо влијание е мртов човек”, напишал Тома Аквински.Во Новиот завет се наведени зборовите на Исус Христос дека кога ќе дојде моментот треба да ги напуштиме своите родители и да тргнеме кон божјиот пат и духовната вистина. Поуката асоцира дека не е корисно за развојот на нашиот дух ако дозволиме родителите, партнерот, општествениот фактор или другите луѓе константно да ни наметнуваат какви треба да бидеме и што треба да правиме.Тогаш не се работи за автономен, туку за хетерономен (наметнат) морал, кој не произлегува од нас самите, туку од туѓите правила на однесување. Суштината се наоѓа во решеноста да го креираме тоа што сакаме да бидеме, но исклучиво низ начелата на етиката, вредноста и добродетелта.Позитивната определба, секогаш раѓа позитивни плодови.Во будизмот се смета дека опсесивното врзување за надворешните нешта е мошне штетно и опасно, зашто предметите може да исчезнат, славата и успехот да избледат, а другите луѓе да не остават. И што ќе правиме тогаш?Сите ние посакуваме блиските кои го напуштиле овој свет и убавите настани од минатото повторно да бидат присутни во нашиот живот, но како да ги вратиме саканите и да направиме нештата да бидат, какви што некогаш биле. Тоа е невозможно! Затоа најреално и најкорисно е да се врзуваме за вредностите на сопствената личност и да се ориентираме кон сé што не мотивира да одиме напред, создавајќи го мирот во душата и среќата во актуелниот миг од своето постоење.Заслепеноста од авторитети и некритичкото потпирање на туѓите влијанија се мошне опасни за самовредноста и интегритетот на нашата личност.Полтронството, кодошењето, безрбетништвото и улизувањето се негативни карактерни појави, кои создаваат лоша слика за самиот поединец, но и за напредокот на колективот, посебно ако таквите некадарни личности заземат видни општествени функции. Тие се како притаен паразит, кој бавно, но сигурно ги загрозува сите витални институционални клетки на државата. Детекцијата на таквите лицемерни индивидуи е спас за заедницата и можност едуцираните, независни и квалитетни поединци да дојдат до израз. За жал, со својата полтронска способност на упикување и одработување, многу често се случува одредени лигавци да се пробијат на значајни раководни функции и со својата неспособност, лажна подобност и неодговорност да го уништат напредокот на институцијата, компанијата или државата.Некои луѓе присутни во нашата непосредна околина споделуваат позитивна, додека други предизвикуваат негативна енергија.Поткажувачите, улизувачите и полтроните, иако најчесто се претставуваат како добронамерни и насмеани личности, носат во себе голема горчина, гнев и отпор кон поуспешните и поспособните и скоро секогаш зрачат со негативна енергија.Лекот е навреме да ги забележиме и да се дистанцираме од нивното ментално и енергетско влијание, зашто тие се луѓе кои од се сакаат да придобијат, а со ништо добро да не возвратат. Најлошото нешто кое може да си го направиме на самите себе е со таквите индивидуи да оствариме блиска интимна релација и да се доведеме во ситауција да зависиме од нивната одлука, внимание и влијание.Нема поголема мудрост од способноста автономно да владееме со сопствената судбина и самите да одлучуваме за животните патеки што сакаме да ги изодиме во текот на своето постоење. За да го постигнеме тоа, неопходно е да се заштитиме од поединците кои се обидуваат да ја загосподарат нашата личност, да се дистанцираме од негативците и да не дозволиме нивната енергија, страв, малодушност и несигурност да станат наша судбина.Постојат луѓе кои се иритираат од туѓата среќа – дружењето со таквите персони е лоша одлука која може скапо да не чини во текот на животот.Изборот секогаш треба да ни бидат ведрината, радоста, позитивната енергија, решителноста, самостојноста и храброста, без оглед дали некому тоа ќе му се допадне или со завист ќе гледа на таквата наша состојба. Ние не живееме поради одоброволувањето на јавноста и задоволувањето на туѓите желби и потреби, туку за да бидеме среќни со самите себеси и исполнети од чувството дека со своите постапки не ги прекршуваме моралните закони и не им наштетуваме на другите.Заклучокот е дека колку повеќе владееме со сопствените нагони, копнежи и зависности, толку помалку ќе бидеме под удар на надворешните фактори и дистанцирани од негативните вибрации на лошите луѓе и неповолните животни ситуации.извор: vecer.press

Магазин | пред 7 години

gordana-siljanovska

(ВИДЕО) Силјноска Давкова ги собра потребните 10 илјади потписи- „Од срце ви благодарам“, рече преку ФБ

Откако за само неколку часа професорката Гордана Силјановска Давкова ги собра потребните 10 илјади потписи од граѓани за кандидатурата на претстојните претседателски избори, таа преку својот Фејсбук профил изрази благодарност до граѓаните.https://www.facebook.com/gordana.siljanovska.71/videos/117181956086445/

Македонија | пред 7 години

naum-za-linc

(ВИДЕО) Стоилковски: Кривична и политичка oдговорност за обидот за линч на поранешните министри мора да има

Одговорност за обидот за линч на поранешните министри Јанакиески и Ристовски мора да има. И кривична и политичка. Одговорност за лажењето и прикривањето на обидот за линч мора да има. Мора кривично да одговараат и сторителите и тие кои што дозволија ова да се случи, а пред се оние кои го инспирираа и го нарачаа линчот. Оставката на директорот на истражниот затвор е само гол популизам во обид да се забошоти скандалот и да се амнестира деспотот Зоран Заев и неговиот извршител Рената Треневска Десковска, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Почитувани,Кога поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков беше притворен, во јавноста веднаш беа пуштени негови фотографии за тој да биде понижен и жигосан. Одговорност немаше од надлежните. Во истражниот затвор Скопје беа нападнати и Јане Ченто, Коста Делов и Кире Ѓорѓиевски. Одговорност немаше.Повеќе од очигледно е дека насилството во истражниот затвор не е случајно, туку е нарачано и организирано. Во дворот на затворот камерите работат, а три дена како веќе нема никакви детали околу обидот за линч на Јанакиески и Ристовски. Зарем некој верува дека послушниците на деспотот Заев немаше да лиферуваат некоја снимка доколку имаше барем 1% вистина во манипулациите со кои што се обидуваат да го излажат народот. Ни сами не веруваат во лагите дека Мицкоски и Груевски стоеле зад обидот за линч. Ни сами не веруваат во лагите дека Јанакиески или Ристовски ги нападнале осудените од Диво Насеље, само заради некаква вербална расправија. Да беше така, досега ќе гледавме нови спектакуларни снимки од апсења и снимки од малтретирање, но за жал гледаме само обиди да се забошоти истрагата, исто како што исчезнаа снимките од пајакот што ја нападна полицајката.Почитувани,Последните закани од кумановската група и нереагирањето на власта, покажува дека станува збор за спрега преку која што деспотот Заев сака политички да се одмаздува кон неистомислениците. Отворено се поставува прашањето дали е ова враќање на долгот од страна на куменовската група за селфито на Заев и Оливер Спасовски во Диво Насеље и поддршката што ја даваа тој и Оливер Спасовски ?После сите овие случувања, станува јасно дека во истражниот затвор веќе никој не е безбеден и затоа бараме судот да ги преиспита мерките и за Спиро Ристовски и за поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски и за поранешниот заменик министер за земјоделие Христијан Делев и за сите останати кои политички се притворени.Почитувани,Министерката за Правда Рената Треневска Десковска и Директорот на Управата за извршување на санкции мора да си поднесат оставки веднаш за да се овозможи професионална и независна истрага.Македонија никогаш нема да биде дел од демократска Европа со вакво деспотско владеење на Зоран Заев. Време е Заев да си замине да излезе од власта и да ја ослободи Македонија. Доколку нема храброст самиот да го стори тоа, ќе го види одговорот на народот прво на претстојните Претседателски, а потоа и на предвремените парламентарни избори каде што жестоко ќе биде поразен Зоран Заев и “заевизмот” со што се владее во Република Македонија, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Силјановска му се поклони на Груевизмот и на дело го применува, изборот на кандидатката на Мицкоски е фарса

Се потврди она што јавноста веќе добро го знае, дека изборот на кандидатката на Мицкоски е обична фарса, тој самиот ја избра.Соочен со изгубената поддршка од граѓаните но и внатре од своите сопартијци и пратеничката група Мицкоски ги принудува членовите на ВМРО-ДПМНЕ да собираат потписи. Бидејќи очигледно немаат доверба ниту во сопствените членови Мицкоски и Силјановска бараат од нив да потврдат дека се попишале со самосослк или т.н. селфи.Тоа е вообичаениот начин на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски за идентификација, односно лоцирање на оние членови кои постапуваат спротивно на наредбата на партискиот шеф.Толку од професорката од Правниот факултет и наводната борба за владеење на правото. Силјановкска му се поклони на Груевизмот и на дело започна да го применува меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ.На граѓаните и на Република Северна Македонија не им е потребен уште еден партиски послушник, не им е потрбен нов Иванов, фикус или кактус, туку вистински претседател кој ќе ги застапува интересите на сите граѓани.Силјановска и Мицкоски бадијала ги принудуваат членовите на ВМРО-ДПМНЕ, ги чека пораз на претсеадтелските избори, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

arsovski-za-mak-brod

Арсовски: Жариштето на епидемијата од непотизам го запали црвениот аларм и во Македонски Брод

Да потсетиме дека братот пратеничката на СДСМ Анета Димовска Симеска од позиција стоматолог во приватна здравствена ординација е именуван за директор на здравствениот дом. Но тоа не е се’, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Имено братот на Анета Димовска Симеска кој е и директор на здравствениот дом во Македонски Брод Жарко Симевски распишал оглас за вработување. Дали е точно дека на тој оглас сам себе се пријавил и се вработил, па за да биде иронијата уште поголема добил и специјализација, а неговата стоматолошка ординација од претходно кај што работел станува концесионер на просториите на истиот здравствен дом кај што тој самиот е директор.Ова е истовремено и непотизам но и сериозен сомнеж за злоупотреба на службена должност на еден директор во случајов Жарко Симевски. Во Брод ова не е единствен случај. Непотизам има во случаите и со вработувањата на синот и внукот на градоначалникот на Македонски Брод Живко Силјановски кои се вработиле во Македонски шуми каде што директор е Слободан Вељановски од редовите на СДСМ. Во истото претпријатие се вработил и синот на директорот на претпријатието Бојан Вељановски, како и братот на командирот на полициската станица и синот на бившиот пратеник на СДСМ од Македонски Брод, Борче Ангелкоски. Иако има одлука на трудов инспекторат за ваквите вработувања едека се незаконски, сепак тие повторно се на работа.Зарем во општина како Македонски Брод кај што има огромен број на млади луѓе кои немаат работа и си заминуваат од градот, токму децата и блиските на функционерите од СДСМ да бидат вработени на огласи. Животот очигледно дојде само за нив.Епидемијата од непотизам не престанува и покрај лажното морализирање на власта. Лекот е изборен пораз на власта кој ќе го демонтира деспотот Заев од оваа власт, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Прашање од новинар – реакција на прес конференцијата на Костадин КостадиновПред два часа прес конференција одржа портпаролот на СДСМ при што рече дека од морални и етички причини лицата блиските од функционери на власта поднеле оставка меѓутоа тоа го очекува и од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кои што во негово време вработувал во АД ЕЛЕМ?Одговор на Димче Арсовски: Видете смешни се сите оние обиди да се дефокусира од темата каде што луѓе кои што се две години на власт во државава од редовите на СДСМ си ги вработуваат своите роднини. Со последниве случувања сакаат да не убедат дека ВМРО-ДПМНЕ е во моментов на власт и ВМРО-ДПМНЕ во моментов ги вработува синот на Мира Стојчевска и сите останати роднини така да сите обвинувања со кој што пробуваат да дефокусираат се премногу смешни. Треба да си ја сносат и моралната но и секоја останата одговорност за сите овие работи бидејќи како што гледате денеска и во пресот наведов и во многу други случаеви наназад. Има полни раце работа можеби и за обвинителството и за антикорупциската каде што на незаконски начин се вработувани луѓе. Така и денеска во случајот со вработувањето во шумското, така да сите оние обиди за дефокус се и повеќе од смешни и не можат да ја убедат јавноста дека во моментов ВМРО-ДПМНЕ ги вработува сите овие луѓе од СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

bura-split

ВИДЕО: Најголема брзина на ветер измерена во Сплит -бурата носи се пред себе

Во Сплит ноќеска дувала најјаката бура во историјата на метероролошките мерења на Марјан. Биле забележани удари од 176 km/h (48,9 m/s), што е и најголема брзина на ветер измерена во Сплит.Меѓу многуте видеа кои се објавени на кои се гледа како бурата носи се пед себе има и едно ново видео на кое се гледа како ветер носи жена по пат. 

Свет | пред 7 години

racen-frlac

Тетовчанец пронашол рачен ракетен фрлач

На 22.02.2019 година околу 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека покрај локалниот пат за село Селце, на место викано Црн камен“, Н.Ф.(44) од Тетово пронашол рачен ракетен фрлач.Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за ракетен фрлач РБП 64 мм М 80 од СФРЈ. Рачниот фрлач бил подигнат од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предаден за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

falsifikt-evra

Со фалсификувани 100 евра купил две штеки цигари

На 22.02.2019 година во 18.30 часот во Полициското одделение Ранковце, Д.В.(36) од Крива Паланка пријавил дека на 21.02.2019 година во 18.45 часот во продавница во село Ранковце непознато лице пуштило во оптек банкнота од 100 евра, за која се сомнева дека е фалификат. Лицето купило две штеки цигари за 1800 денари и му бил вратен кусур од 4300 денари. Со потврда за привремено одземени предмети банкнотата била одземена за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

UaYct-

Кај Клишта пронајдени четири најлонски вреќи со марихуана

На 22.02.2019 година околу 20.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“, при обиколка, кај одводeн канал на брегот на Охридското во село Калишта пронашле четири најлонски вреќи со околу 50 килограми марихуана.Пронајдените вреќи биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања