Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

pozar-sk-1

(ФОТО) Голем пожар во близина на скопскиот аеродром - пожарникарите и мештаните се борат со огнената стихија

Голем пожар во моментов во близина на скопскиот аеродром, а според неофицијалните информации пожарот е во близина на семејни куќи.Во гаснењето на пожарот учествуваат повеќе возила на противпожарните екипи, а во борбата со огнената стихија се вклучило и месното население.

Скопје | пред 7 години

borci-prilep

Прилепскиот Сојуз на борци ја одбележа 75 годишнината од Февруарскиот поход

Општинската организација на Сојуз на борци на Македонија – Прилеп, во соработка со Општина Прилеп, денеска ја одбележа 75 годишнината од Февруарскиот поход. За таа цел, по врвиците на Февруарскиот поход беше одржан традиционалниот марш, кој оваа година беше реализиран на релацијата Меморијален музеј „11.Октомври“ – Бучало – Бузана чешма – Дунанива – Петров кладенец – Домаќинско чешмиче – Манастир „Св.Димитрија“ во село Селце.Покрај членовите на планинарските друштва од градот, учество на маршот зедоа поголем број граѓани на Прилеп, како и гости од Велес, Демир Хисар, Гостивар и Битола. Претседателот на прилепскиот Сојуз на борци, Круме Соколоски рече дека Богомилскиот, односно Февруарскиот поход практично започнал со формирањето на партизанскиот одред „Мирче Ацев“, во кој најголемиот дел биле прилепчани, додека посебно значење има формирањето на Македонско-косовската бригада во 1943 година.„Формирањето на Народно-ослободителната војска зема замав во 1943 година, со формирањето на повеќе партизански одреди и баталјони. На Кожуф планина се организираат сите покрети за ослободување на Македонија. Таму биле формирани три правци на движење: една група оди кон источна Македонија, према Малешевијата и Беласица, втората група оди кон Тиквешијата, додека третата група тргнала кон прилепскиот и мариовскиот крај. Првата Македонско- косовска бригада поминала повеќе од 300 километри, а таа 1943 година веќе се насетувало дека фашистичките сили ќе бидат поразени. Заради неговото огромно значење, Прилеп секоја година достојно го одбележува овој значаен настан“, истакна Соколоски.Заблагодарувајќи се на поканата да биде дел од одбележувањето на 75 годишнината од Февруарскиот поход, градоначалникот Илија Јованоски напомена дека денешниот ден многу наликува на деновите од пред 75 години.„На вас учесниците сакам да ви укажам благодарност, затоа што денешниов ден наликува на деновите од Февруарскиот поход. Во такви услови, вие се собравте овде, поединци, претставници на планинарските друштва, љубители на планинарењето, да го одбележиме овој јубилеј. Благодарност и до Сојузот на борци, кои најдоа начин достојно да го прослават овој значаен датум. Сакам да истакнам дека и државата, и локалната самоуправа преземаат активности за успешно пристапување кон Северноатлантската алијанса и европската иднина“, потенцираше градоначалникот Јованоски.За сите учесници на годинешниот марш и за гостите, беше организиран ручек во манастирот „Свети Димитрија“ кај с.Селце.

Македонија | пред 7 години

popis

Заев и Ахмети се договорија: Ќе има етничка графа на пописот

Зоран Заев и Али Ахмети се договорија – граѓаните ќе се изјаснат и за етничката припадност на пописот следната година, потврдуваат за тв 24 од двете партии. Неофицијално законот е во финална фаза, според планираното се очекува уште неделава да помине на влада. Предвидено е новото пребојување на населението да ги чини граѓаните 8,5 милиони евра.Дека има договор за најжешкото прашање-етничката графа во 24 анализа и официјално потврди министерот за аминистрација кој беше дел од преговорите. И од ДУИ потврдуваат дека се усогласени клучните позиции. Порачуваат дека етничка графа ќе има, но велат за деталите треба докрај да се прецизира текстот на законот. Од заводот за статистика кој што ќе ги спроведе пописот идната година, а кој што беа вклучени во преговорите не сакаа да откријат детали за законот. Но, кусо велат дека најдоброто во идниот попис е што нема да има пописна комисија која што е политичка, но и дека ќе се користат повеќе регистри и нема да има можност за злоупотреби. Последен пат успешен попис имаше во 2002, по 2011 по низа политички контроверзии и обвинувања беше прекинат неколку дена пред крајот. Тогашниот премиер Никола Груевски обвини за фалсификат, а пописниот материјал беше уништен.

Македонија | пред 7 години

tutun20prilep-2

Финишира откупот на тутунот, откупени 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 214,34 денари

Откупот на тутунот од реколтата 2018-та е при крај и досега се откупени 90% од договорените количини. Заклучно со 22 февруари откупени се околу 25 милиони килограми, со просечна цена од 214,34 денари по килограм. Од страна на откупните претпријатија на тутунопроизводителите досега им се исплатени над 5 милијарди денари, односно високи 96% од откупените количини тутун. Законскиот рок за завршување на откупот е 15-ти март.Во годинешната реколта се засеани 14.802 хектари со тутун, а склучени се 34.104 договори со 9 откупни претпријатија. Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пријавија 23.430 издадени евидентни листови. Вкупната договорена количина за откуп изнесува над 29.000 тони тутун, а откупот завршува на 15 март. Споредено со реколтата 2017, за новото производство на тутун се издадени 57 евидентни листови повеќе од лани, и се склучени над 4.700 повеќе догвори. Годинава има и зголемување на засадените површини со тутун, и тоа за 387 хектари.За зголемениот интерес големо влијание имаше високата откупна цена на тутунот од реколтата 2017 која изнесуваше 217,60 денари за килограм, како и новиот модел на зголемени субвенции според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.Новата производствена реколта ќе стартува според постоечкиот Закон за тутун и тутунски производи, односно и оваа година ќе се издаваат евидентните листови односно т.н „бели картони“.Новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи е во собраниска процедура, и новото законско решение предвидува укинување на евидентните листови или т.н „бели картони“, процес кој ќе започне да се применува од 2020 година. Со оваа законска одредба МЗШВ значајно ќе ги намали административните процедури за тутунарите на начин што, тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија. Исто така Предлог Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи се проширува опфатот на уредувањето во однос на постоечкиот Закон за тутун и тутунски производи со три нови глави во кои се предлагаат одредби за уредување на сродните тутунски производи и тоа:несогорливи производи од тутун, електронски цигари и растителни (билни) производи за пушење. Производителите и увозниците кои ставаат во промет електронски цигари и/или контејнери за еднократно или повеќекратно полнење, поднесуваат барање за пуштање во промет до Министерството за здравство, за што добиваат одобрение. Производителите и увозниците на несогорливи производи од тутун должни се да достават известување до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за сите несогорливи производи од тутун кои што имаат намера да ги стават во промет.Одредбите од законот кои се однесуваат на поимите дефинирани за несогорлив тутун и електронска цигара ќе бидат употребени за определување на надоместок согласно Законот за акцизите од 1 јули 2019 година.Новите законски одредби ќе овозможат транспарентност во врска со содржината на договорите кои треба јавно да се објават најдоцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот и на локалната веб страната на откупувачот. Воедно, ќе се создаде можност за дополнително отворање на откупни пунктови во текот на откупот, како и други придобивки за подобрување на квалитетот на услугите и задоволството на тутунопроизводителите, откупувачите, производителите на тутунски и сродни производи, потрошувачите и бизнис заедницата од работењето на тутунското стопанство. Истовремено, овој закон предвидува понатамошно усогласување со европските директиви и најдобри примери од ЕУ во контекст на прилагодување кон европските стандарди.

Македонија | пред 7 години

1-18

Шекеринска и Тевдовски : Членството во НАТО покрај безбедност, ни носи повеќе домашни и странски инвестиции

Потпретседателката на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска учествуваа на 4-тата трибина со граѓаните „Фер општество – Шанса за сите“, којашто се одржа во Битола.Пред многубројните граѓани тие ги истакнаа мерките и политиките коишто ги презема Владата во насока на обезбедување еднакви можности за сите, како и со крајна цел враќање на парите кај граѓаните на Република Северна Македонија.Министерката Шекеринска истакна дека членството на Северна Македонија во НАТО и започнувањето на преговорите за членство во ЕУ се двата столба врз кои ќе се темелат сите понатамошни политики на Владата.„Преговорите за членството во НАТО и во ЕУ беа голема сенка за земјата и откако ја отстранивме таа сенка сега можеме уште повеќе да се посветиме на работата дома. Свесни сме дека не чека уште потешка работа“, рече министерката Шекеринска.Министерот за финансии Драган Тевдовски се осврна на фактот дека членството на Северна Македонија во НАТО ги охрабрува странските, но и домашните компании да инвестираат во земјата, а тоа како што рече тој, ќе донесе поголем економски раст, поголем извоз и отворање на нови работни места. Истовремено министерот Тевдовски истакна дека во 2018-та година невработеноста во Северна Македонија е на најниско ниво и изнесува 20,8%.„Годинава во Буџетот се предвидени рекордни средства за активни мерки за вработување. Издвоени се 1,1 милијарда денари, што е за 10% повеќе во однос на годинава“, потенцираше министерот Тевдовски. Пред Битолчани министрите ги истакнаа проектите планирани токму за тој регион. До крајот на годината, како што рече министерот за финансии Тевдовски, ќе започне изградбата на пречистителна станица за отпадни води – проект во вредност од 28 милиони евра, како и изградба на канализациони мрежи во должина од 9 километри и реконструкција на постојните канализациони мрежи во должина од 13 километри. На трибината, и граѓаните имаа можност да постават прашање или да изложат одреден личен проблем. Од нивен интерес беше граничниот премин Маркова Нога, за којшто министрите посочија дека преговорите помеѓу двете земји се во завршна фаза и дека неговото отворање ќе значи отворање на вратата кон ЕУ за целиот регион. Истовремено, министерот Тевдовски образложи дека една од главните определби на Владата е да креира политики коишто се во насока на создавање општество еднакво за сите.„Ако до сега имаме образовен и детски додаток којшто опфаќа 6-7 илјади деца, сега новите програми ќе опфаќаат повеќе од 60 илјади деца. Зошто? Зашто државата треба да се грижи за децата, посебно на овие поранливи семејства, да одат како што треба во училиште“, посочи министерот Тевдовски.Во насока на мерките, пак за намалување на загадувањето на воздухот, министерот Тевдовски посочи дека постои проект за ревитализација на РЕК Битола, односно за намалување на прашината. Истакнувајќи дека изминатава година ипол, политиките на Владата на Република Северна Македонија се насочени кон нормализирање на државата, министерката Шекеринска потенцираше дека промените веќе се видливи.„Водиме различна политика, парите на претпријатијата сакаме да ги вложиме во проекти за развој на економијата и за подобрување на животот на граѓаните. Во исто време, медиумите слободно известуваат и не се плашат од власта. Напротив власта се плаши од медиумите. Слободата е нешто за што не разговараме и не преговараме“, рече министерката Шекеринска.„Правиме сé, критериумите при вработувањата да бидат објективни“, додаде министерката Шекеринска и рече дека Владата прави сé да ги привлече, а потоа и да ги задржи подобрите граѓани на соодветните работни места.„Секој пораст на платите значи и пораст на пензиите, како и повеќе пари во Фондот за пензиско осигурување и тоа ни дава шанса да бидеме сигурни во исплатата на пензиите, но и да бидат повисоки“, рече меѓу другото министерката Шекеринска. Во насока на политиките за враќање на парите кон граѓаните, вицепремиерката и министерка за одбрана, Шекеринска посочи само дел од мерките, укинување на радиодифузна такса, како и враќање на евтината дневна тарифа за струја. Само преку овие две мерки, како што заклучи министерката Шекеринска кај граѓаните се вратени 27 милиони евра.„Еден од главните приоритети ни беше да помогнеме секаде каде што треба и каде што можеме“, рече министерот за финансии Драган Тевдовски и додаде дека Владата ќе продолжи да вложува во изградба на инфраструктура за да се овозможат подобри услови за сите.„Ќе продолжиме да правиме притисок и да бараме начини платите да растат, бидејќи така ќе направиме да расте животниот стандард но и луѓето, пред сé, младите да остануваат тука“, заклучи министерот за финансии Драган Тевдовски во завршното обраќање пред граѓаните во Битола.„Политичката цена треба да ја плаќаат политичарите и политичките партии, а политичката цена да не ја плаќа државата, државата треба да профитира. Главните политики за коишто се обврзавме дека ќе ги реализираме, ги реализиравме. Не беше лесно да се реши проблемот на 9.900 стечајни работници, ама 9.900 семејства имаат плус приход. Не беше лесно во 90 илјади семејства, само по основ на зголемување на минималната плата да се зголеми платата. Не беше лесно да се обезбедат 2 илјади денари поголема просечна плата, ама можело“, заклучи вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска на денешната трибина „Фер општество – Шанса за сите“, во Битола.

Македонија | пред 7 години

6-2

Шекеринска: Сакаме да бидеме посиромашна Влада , парите да ги насочиме за побогати граѓани

Потпретседателката на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска на денешната трибина во Битола „Фер општество – Шанса за сите“ одговараше на прашањата на граѓаните на различни теми, од локален но и од национален интерес.Во своето завршно обраќање, министерката Шекеринска образложи дека клучните политики на коишто се обврза Владата на Република Северна Македонија, се реализирани. Притоа ги спомена намалувањето на казните за физичките и правните лица и намалување на трошоците за услугите на извршителите.„Ова ми е прва трибина во последниве 4 години кај што никој не ги спомна извршителите. Факт е сеуште имаме остаток од стариот модел. 16 ставки од извршителските трошоци ги укинавме. Вкупниот трошок во делот на извршителските трошоци, во делот таму каде што сеуште се плаќа го намаливме од 50 до 90%. Не беше лесно, ама можело. Само во претходнава година успеавме за малите и средни претпријатија, најголем дел од казните да ги намалиме за 60%. Кај еден дел, кај граѓаните 70%. Убаво е државата повеќе пари да собира, ама не е убаво ако граѓанинот е сиромашен, државата да се обогатува со тие пари. Не е лесно да се фокусираме на теми коишто значат послабо финансирање на државните трошоци, но поголеми пари кај граѓаните. Ќе ви ветам и во мое лично име и во име на Владата, дека така ќе продолжиме. Сакаме да бидеме посиромашна Влада на побогати граѓани. Затоа политиките на пораст на платите на отворање на подобро платени места ќе ни бидат главна политика“, потенцираше министерката Шекеринска на трибината со граѓаните од Битола „Фер општество – Шанса за сите“.

Македонија | пред 7 години

pistol-vperen

Ограбена обложувалница во Скопје

На 23.02.2019 година околу 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на улица „Коста Новаковиќ“ две непознати лица извршиле разбојништво. Сторителите со закана со пиштол од вработената ги одзеле парите од дневниот промет и побенале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителит и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

tepacka1

Физички напади во Тетово, Скопје, Гостивар, Штип

На 23.02.2019 година во 12.00 часот во СВР Тетово, А.Б.(25) од Тетово пријавил дека во сендвичара на улица „Јане Сандански“ физички бил нападнат од лицата А.А. и С.Н. од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 23.02.2019 година во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Љ.Ц.(54) од село Мирковци, скопско, пријавил дека истиот ден околу 08.00 часот, додека извршувал работни задачи во кругот на поранешен Скопски саем, физички бил нападнат од неколку непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 24.02.2019 година во 00.30 часот во Полициската станица Гостивар, Б.Д.(61) од село Балиндол, гостиварско, пријавил дека на 23.02.2019 година околу 22.30 часот во угостителски објект во Гостивар на улица „Панче Попоски“ физички бил нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 24.02.2019 година во 03.00 часот во Полициската станица Аеродром, Р.Р.(47) од Скопје, пријавил дека на бул. „Јане Сандански“ физички бил нападнат од Б.Б.(19) и Т.А.(19), двајцата од Скопје. Исто така, во Полициската станица Аеродром, во 04.00 часот било пријавено дека во казино на бул. „Јане Сандански“ Р.Р. физички ги нападнал Б.Б. и Т.А. Со трите лица бил извршен разговор и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.На 24.02.2019 година во 01.15 часот во СВР Штип, Т.А.(34) од Штип пријавил дека пред бурекџилница на ул. „Борис Крајгер“ во Штип тој и неговиот другар С.Т. биле физички нападнати од три лица., а еден од нив со остар предмет го удрил Т.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 24.02.2019 година во 00.25 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.Н.(55) од Скопје пријавил дека на 23.02.2019 година околу 23.10 часот пред угостителски објект на улица „Христо Татарчев“ бил физички нападнат од А.К. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 24.02.2019 година во 10.00 часот во Полициската станица Центар, В.К.(55) од Скопје, такси возач, пријавил дека истиот ден во 09.30 часот, додекабил на работното место, физички бил нападнат од лицето Р.Т.(43) од Скопје. Според пријавата, на улица „Народен Фронт“ во неговото возило се качил Р.Т во алкохолизирана состојба и рекол дека нема да плати и го удрил таксиметарот. Откако В.К. му кажал да излезе, Р.Т. физички го нападнал. По документирање на случајот против Р.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 24.02.2019 година во 02.45 часот во Полициската станица Центар, Ј.Р.(35) од Скопје пријавила дека во возило „Фиат пунто“ на паркинг простор на улица „Димитрие Чуповски“ била физички нападнат од лицето Б.Д.(36) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

odzak-zapalen

Пожарникар при интервенција – гаснење пожар паднал од покрив на куќа, се здобил со тешки телесни повреди

На 23.02.2019 година во 19.06 часот во СВР Куманово било пријавено дека С.В.(46) од Куманово, вработен како пожарникар во Територијалната противпожарна единица Куманово, при интервенција – гаснење пожар на запален оџак, паднал од покрив на куќа сопственост на Ф.Ј.(40) од Куманово на ул.„Младен Стојановиќ“ и се здобил со тешки телесни повреди.С.В. бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарска помош, а потоа бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и инспектор од Државен инспекторат за труд.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Две пријави за каснувње од Куче, двете во Ѓорче Петров

На 23.02.2019 година во 18.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.З.(18) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 15.30 часот во населба Даме Груев била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.На 23.02.2019 година во 18.35 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.М.(57) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15.00 часот на улица „Моцартова“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Скопје | пред 7 години

patarina1

31 возач од кои 9 мина вработени во МВР не плаќале надоместок за патарина

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во содејство со сообраќајната полиција и Државниот инспекторат за транспорт на ден 22.02.2019 година во периодот од 15.00 до 18.00 часот на дел од наплатните станици во Република Северна Македонија изврши контрола на возачи кои злоупотребуваат службени легитимации и т.н. флешери со цел одбегнување плаќање на надоместок за патарина.Од извршената контрола констатирано е дека 31 возачи постапиле спротивно на Законот, од кои деветмина возачи се вработени во МВР, 22 возачи на возила се граѓански лица кои одбегнале плаќање на патарина, за што од страна на Државниот инпекторат за транспорт им се изречени глоби во висина од 200 евра. Против полициските службеници кои ги злоупотребиле службените легитимации ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Македонија | пред 7 години

Naum-24-02-2019

(ВИДЕО) Стоилковски: Има засилени отворени закани против членови на ВМРО-ДПМНЕ, кон актуелни и поранешни функционери

Се уште нема никаква реакција од власта по обидот за линч врз поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Се уште нема ништо од истрагата, нема ништо од Управата за извршување санкции, нема ништо од Министерството за правда, нема ништо од Зоран Заев, вели Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Но затоа има засилени отворени закани против членови на ВМРО-ДПМНЕ, се јавија сите таканаречените команданти, терористи од Диво Насеље, закани кон актуелни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.Додека Зоран Заев и Министерката Рената Треневска Десковска мислат дека добро се затскриле и го забошотиле случајот, нарекувајќи го инцидент и со оставка на директорот на затворот Скопје, терористи и криминалци земаат сила да одработат за целите на хунтата во предизборието!Почитувани,Фингираната оставка од директорот на затворот Скопје, е обид на Заев да ги сокрие вистинските намери. Директорот дал оставка ама ги подготвува извештајот. Ниту Управата за санкции ниту министерството за правда ги изнесе фактите и доказите како се случиле два внимание ДВА обиди за линч во кратко време, за убиство на поранешни министри, ниту пак ќе ги прикаже видео материјалите од безбедносните камери!Срамно се кријат фактите и се долева масло на ова со тоа што се наведува дека ова бил инцидент предизвикан од „вербални навреди“ од Ристовски и Јанакиески! Срамота! Нема ниту збор за одговорност за тоа дека во два одвоени случаи во период од два часа се претепани членови на опозицијата.ПочитуваниОбидот за линч не е „инцидент“, туку добро организиран напад! И истата група извршители без никакви стеги и натаму се закануваат по членови на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе биле тепани и убиени! Власта молчи, одговорните молчат, уште и долеваат масло на огнот со нивното нереагирање. Тоа остава простор за и натаму оваа терористичка група и нивните поддржувачи да упатуваат, но и да преземаат акции против ВМРО-ДПМНЕ.Легитимно е прашањето, дали молкот на Заев и на Десковска и на владата во целина намерно поттикнува линч и поттикнува мисла, идеја кај терористичката група дека на овој начин ќе се здобијат со милост и слобода од тероризмот? Дали ова е дел од трговијата по посетата на Диво Насеље ден по трагичната акција во кој што загинаа 8 припадници на македонските безбедносни сили?Почитувани,Состојбата е пресериозна, полицијата и обвинителството МОРА да преземат сериозни истраги. Судот мора да излезе од овој опасен круг. Во прашање се животи на луѓе, животи на функционери, членови на опозицијата. Судиите мора трезвено да погледнат кон целата слика и да ги преиначат одлуките за притвор на веќе притворените Ристовски, Атанасовски, Делев но и сите други политички неистомисленици кои што се жртви на овој политички прогонот од оваа хунта на власт.Судот мора ова да го има предвид и за идните барања за притвор за членовите на опозицијата, а жртви на политичкиот прогон, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

03

Тевдовски од Битола: Невработеноста е на најниско ниво, бројот на вработени е зголемен за повеќе од 28 илјади луѓе

Министерот за финансии на Владата на Република Северна Македонија, Драган Тевдовски денеска пред граѓаните на Битола, во рамки на трибината со нив „Фер општество – Шанса за сите“ ги образложи главните економски политики коишто ги реализира Владата.Посочувајќи дека невработеноста во Република Северна Македонија сега е најниско ниво и дека од Буџетот се издвојуваат значително повеќе средства за активните мерки за вработување, како и за поддршка на фирмите, посочи дека во последните две години бројот на вработени е зголемен за 28.338 лица.„Невработеноста во Македонија е на најниско ниво, или 20,8% во 2018 година. Последните две години бројот на вработени е зголемен за 28.338 лица. Само во општина Битола, согласно евиденцијата на АВРМ, отворени се 3000 нови работни места. Годинава во Буџетот се предвидени рекордни средства за активни мерки за вработување. Издвоени се 1,1 милијарда денари, што е за 10% повеќе во однос на годинава. Доколку, пак, се направи споредба со 2016 година, оваа сума e за двапати повисока, или речиси за трипати повисока во споредба со 2014 година“, рече министерот Тевдовски.Тој посочи дека годинава е буџетирана највисока буџетска поддршка на фирмите досега. Станува збор за речиси 3 милијарди денари, или 40% повеќе во однос на ребалансот за 2018 година. Министерот Тевдовски на граѓанската трибина во Битола истакна дека и преку други мерки и постапки Владата ги поддржува фирмите, што пак придонесува за поттикнување на инвестициите и отворање на нови работни места.„Во 2018 година реализиран е поврат на ДДВ 375,6 милиони евра, или за 19% повеќе во однос на претходната година. Повратот се одвива брзо и неселективно, што влијае на нормално функционирање на фирмите, но и поттикнување на нивнатата инвестициска активност“, рече министерот Тевдовски и дополни дека се преземаат и бројни мерки за подобрување на бизнис климата што се гледа преку најмногу спроведени препораки на ЕУ програмата за економски реформи од земјите во регионот, како и подобрување на рангот на Doing business на 10 место во светот.Министерот за финансии Тевдовски на денешната трибина во Битола рече дека очекува НАТО да ги поттикне инвестициите и економскиот раст, а тоа ќе влијае и на намалување на невработеноста во земјава.„НАТО членството ги охрабрува странските, но и домашните инвестиции. Зголемената стабилност, ја прави земјата поатрактивна за инвеститорите. Пример се нашите соседи Албанија и Бугарија, каде странските инвестиции неколкукратно пораснаа по влезот во НАТО, но и другите членки. Новите инвестиции значат поголем економски раст, поголем извоз и отворање на нови работни места. Искуството на земјите кои станаа членки на НАТО во 2004 покажува дека во просек невработеноста е двојно намалена – ако се споредува период пет години пред и по членството“, заклучи министерот Тевдовски.

Македонија | пред 7 години

7-1-1

Силјаноска на средба со членови на ИК на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатката за Претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Проф-Др.  Гордана Силјаноска Давкова, денес  оствари средба со Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ,  Благица Ласовска како и членови на ИК на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.Професорката Силјаноска Давкова воедно имаше  свое обраќање и на редовната седница на Централниот Комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ каде што присуствуваше и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.  Проф-Др.  Гордана Силјаноска Давкова  имаше можност да ги презентира своите идеи и гледишта  во пресрет на претстојните претседателски избори.Во своето обраќање посочи дека на државата веднаш и се потребни  промени, како и владеење на  правото и демократијата,  кои во моментов  се нарушени од страна на власта. Силјаноска потенцираше дека во име на честитоста на Република Македонија неопходни се почитување на Уставот,  законите и враќање на правната држава.За својата кампања истакна дека ќе ги користи сите демократски средства на водење на изборна кампања, а  на крајот заедно со ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Република Македонија ќе извојува огромна победа на претседателските избори во април и  со тоа ќе се најави крајот на владеењето на СДСМ со државата.

Македонија | пред 7 години

6-2

Шекеринска: Им благодариме на граѓаните за поддршката и разбирањето дека членството во НАТО е брза патека за економски раст 

Потпретседателката на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска им се обрати на граѓаните на Битола на трибината со нив „Фер општество – Шанса за сите“.Потенцирајќи дека во изминатава година Република Северна Македонија поминала низ сериозни внатрешни промени, министерката Шекеринска рече дека за разлика од тогаш кога земјата била доживувана како проблем, сега перцепцијата за Северна Македонија е безбедна земја, којашто е дел од големиот воен сојуз.„НАТО не е само стратешки успех на Република Северна Македонија, туку претставува и брза патека за економски раст на земјата, а тоа ќе донесе бенефит, пред сé, за младите. Членството во НАТО, и ова не е претпоставка, гледано од искуството на другите земји, три кратно ги зголемува странските инвестиции, обезбедува услови за зголемување на работните места, како и раст на платите“, истакна вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.Во оваа насока, министерката за одбрана Шекеринска на трибината со граѓаните во Битола го истакна новиот Закон за спречување на корупцијата, како и формирањето на Државната комисија за спречување на корупцијата, која што нема да замижува и да молчи кога ќе утврди корупција.Покрај членството во НАТО, како што истакна министерката за одбрана Шекеринска, обезбеден е и другиот столб за земјата, односно датум за почеток на преговорите со Европската Унија.„На овој начин сите наши понатамошни политики ќе имаат повеќе смисла. Преговорите за членството во НАТО и во ЕУ беа голема сенка за земјата и откако ја отстранивме таа сенка сега можеме уште повеќе да се посветиме на работата дома. Свесни сме дека не чека уште потешка работа. Но ако за една година успеавме да го постигнеме сето ова, јас верувам дека тоа ќе биде мотивација да продолжиме со засилено темпо“, додаде министерката Шекеринска.Вицепремиерката и министерка за одбрана, Шекеринска посочи само дел од политиките на Владата на Северна Македонија кои придонеле да се вратат парите кај граѓаните, укинување на радиодифузна такса, како и враќање на евтината дневна тарифа за струја. Само преку овие две мерки, како што заклучи министерката Шекеринска кај граѓаните се вратени 27 милиони евра. 

Македонија | пред 7 години

apasiev

Апасиев: Чекај сеа, не сконтав. Грујо у право ли испадна дека у зaтвop им спремале ЛИKBИДАЦИJA

Не стивнуваат коментарите на социјалните мрежи дека по нaпaдот кој го извршија теpopистите од Диво Насеље врз екс министрите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски.Најголем дел од коментарите се дека се потврдува тезата на екс премиерот Никола Груевски дека му се спремала ликвидациja во зaтвopoт во Шутка.Со сличен став е и Димитар Апасиев, Тој на својот фејсбук профил напиша:-Чекај сеа, не сконтав. Грујо у право ли испадна дека у зaтвop им спремале ЛИKBИДАЦИJA, пишува Апасиев на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

screenasdashot1original

Командант Соколи: Тие со маски што не тепаа ќе платат денес или по 100 години

Командант Соколи еден од осудените за случувањата во Диво Насеље, кој во моментот се наоѓа во затворот Шутка, реагираше во врска со инцидентот кој пред неколку дена се случи во затворот, каде што беа претепани двајца партиски функционери.Командант Соколи вели дека за се она што направиле “ќе платат денес или 100 години”, пренесува инфошкип.„Прво сакам да ставам до знаење дека ние не сме кукавици, додека ти со твоите сопартијци не си ништо друго освен едно парче шовенист. Што се однесува на тепањето на вашите сопартијци, поранешните министри на Груевски тие се полоши од оние проститутки, барем тие се обиделе да пружат отпор.Сега, во врска со нашиот случај во јавноста познат како “Диво Насеље“, ние влеговме за правата на нашите сонародници, се случи она што се случи, но ние не сме лоши, се боревме колку што можевме и се предадовме како резултат на гаранциите на ОБСЕ , за коректно однесување од страна на органите на редот во вашата држава.Сега ќе ви ги откриеме причините за конфликтот со вас, шовенисти на ВМРО-ДПМНЕ:1.Груевски со своите соработници извршил егзекуција на 4 лица од нашата група, и за ова ќе плати денес или по 100 години.2. Ние се предадовме со гаранции, тие со маски што не тепаа ќе платат денес или по 100 години.3. За време на транспортот до Судот бевме систематски малтретирани од специјални полициски единици, кои исто така беа командувани од овие политички проститутки на вашата партија.4. Вие осудивте надвор од секој нормален критериум, исто така со одлука на политичките проститутки на вашата партија.И сега, за крај, ние неколку пати сме ви рекле и во судницата, убијте не и можеби ќе се затвори проблемот, зошто инаку овие однесувања што ги спомнав погоре нема да ви ги простиме никогаш, и ако си вмешан и ти, ова важи и за тебе лично. Сами Укшини СОКОЛИ“.

Македонија | пред 7 години

mickoski

СДСМ до Мицкоски: Повикај го својот братучед да се повлече од ЕЛЕМ турс

Од скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ни трага ни глас во врска со партиските вработувања кои беа аспсолутна асоцијација за црното 11 годишно владеење, велат од СДСМ.„Јавноста и граѓаните очекуваат и заслужуваат одговор. Дали Мицксоки има образ и лице да ги повика своите роднини да се повлечат, дали Мицкоски ќе се откаже од бизнисите со хидроцентралите?Ајде Мицкоски, повикај го својот братучед да се повлече од ЕЛЕМ турс. Повикај го и пратеникот Милошовски да одговори како неговата снаа, вујко, братучед и братучедка добиле работа во државни и јавни претпријатија.Време е ВМРО-ДПМНЕ да го расплете јазолот на партиски вработувања со кои ја демонстрираа апсолутната и тоталитарната власт која ја имаа 11 години.Доколку Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжат со молкот само потврдуваат дека се неискрени, неодговорни и несериозни пред граѓаните.Борбата против непотизмот започна и враќање назад нема“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

20190224124824

Командат Малишева до Мицкоски: Ние со нашите пушки ве симнавме од власт вас и вашите руски поддржувачи

Еден од обвинетите за тероризам во судскиот предмет Диво Насеље, Мухамед Красниќи познат под прекарот Командат Малишева, преку својот фејсбук профил упати контроверзна порака до раководството на ВМРО-ДПМНЕ.„Драги пријатели, мојот Фејсбук е хакиран и ми избришале некои статуси, особено последниот. Денес на вестите на Алсат-М дознавме дека Христијан Мицкоски не нарекува кукавици и во служба на Зоран Заев. Сакам да му кажам на Мицкоски дека кукавици се тие, од Груевски па надолу, бидејќи бегаат од одговорноста, кукавици и криминалци сте вие раководството на ВМРО, вие сте и крадци кои ја доведовте државата во оваа ситуација, вие заслужувате затвор не ние. Ние бевме тие кои со нашите пушки ве симнавме од власт вас и вашите руски поддржувачи, а вие се обидовте со сила и терор да ја задржите власта, правејќи досега невиден терор. Е сега вие сте терорист кој ја тероризира демократијата и се спротиставува на гласот на граѓанинот или ние кои го паднавме вашиот режим на чело со најголемиот криминалец и терорист Никола Груевски, дали ние сме тие кои го бранат нашиот народ од вас или вие лие сте криминалци кои го ограбуваат својот народ. Ние сме херои а вие сте кукавица. Ние не сме во служба ниту на Заев ниту на Ахмети, ние и служиме на правдата. А оние твоите колеги ги заслужија тупаниците затоа што не навредија на етничка основа. Ние имаме проблем само со вас од раководството на ВМРО и со вашите соработници. Ние немаме проблем ниту со вашиот народ ниту со другите“, стои во неговиот Фејсбук статус.Инаку тој е познат како еден од водечките лидери за настаните од Диво Насеље, при што беа убиени осум полицајци, а 38 беа повредени. Во дводневната престрелка беа убиени и 10 припадници на групата за која се смета дека ја предводел токму тој.

Македонија | пред 7 години

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров утре во посета на Република Бугарија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, утре ќе престојува во официјална посета на Република Бугарија.На средбата со домаќинот МНР Захариева, ќе бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете пријателски држави, како и за можностите за зајакнување и унапредување на идната соработка во повеќе области од заемен интерес. Во рамките на посетата, предвидено е МНР Димитров да биде примен од претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.Посетата се реализира само неколку дена по ратификацијата на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Македонија | пред 7 години

jabolka

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост, овоштарите и Министерството заеднички ќе дојдат до решение за откупот на јаболка

Антинародното ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше и вршеше уцени и притисоци врз земјоделците, 11 години го потценуваше нивниот труд, а денес како опозиција шири лаги и глуми загриженост, велат од СДСМ.„Наспроти таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со земјоделците и спроведува мерки што го унапредуваат земјоделството.Проблемот за кој денес ВМРО-ДПМНЕ лаже и глуми загриженост, се решава во интерес на јаболкопроизводителите.За таа цел, веќе се одржа состанок во Министерството за земјоделство. шумарство и водостопанство со производителите на јаболка од Преспанскиот регион. Во тек се интензивни консултаци помеѓу Министерството и производителите на јаболка и веќе за неколку денови се очекува изнаоѓање решение со коешто ќе се амортизираат загубите на овоштарите и ќе се реши пласманот.Во меѓувреме, за оваа година, финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка се зголемува од 33.000 на 41.000 денари по хектар, додека за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари, поддршката расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар.Истовремено,  сите овоштари од преспанскиот регион ќе добијат за 15 отсто повисока субвенција за подрачја со ограничени можности, или во апсолутни бројки, субвенцијата ќе биде зголемена од 50.000 на 57.500 денари по хектар.Исто така, со Програмата за 2019 година и трансформирањето на субвенцијата од килограм во единица површина, цената на индустрискојаболко се зголеми двојно.Владата предводена од СДСМ останува посветена на наоѓања решенија за надминување на актуелните состојби и продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат зголемени субвенции, конкурентно производство и повеќе пари кај овоштарите и сите земјоделци“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

lavrov

Лавров: Руската воена полиција може да биде во тампон-зоната меѓу Сирија и Турција

Руската воена полиција може да биде распоредена во тампон-зоната која во моментов се формира на границата меѓу Сирија и Турција, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.– Ние, всушност, имаме искуство со распоредување на руска воена полиција која ги следи договорите за прекин на огнот, безбедносните мерки и де-ескалирачките зони на теренот, рече Лавров во интервју за националната виетнамска телевизија (ВТВ), кинеската телевизија CCTV и Феникс ТВ.– Оваа опција останува на маса и во случајот со оваа копнена зона, рече шефот на руската дипломатија.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на големо создаваат “Мира Дизел систем“ во администрацијата

Фатени на дело во непотизмот Костадин Костадинов и СДСМ сега лажно морализираат и манипулираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Тие наместо мерит систем во администрацијата, на големо создаваат “Мира Дизел систем“ во кој секој ден гледаме како пратеници, министри, заменици министри, директори од власта вработуваат свои блиски роднини во администрацијата за високи плати далеку над просечната плата која ја добиваат граѓаните.Дури и лажното морализирање го претворија во фарса кај што се пазарат - еден да се повлече двајца да останат вработени.Срамота! Како тргнале со манипулациите не би не зачудило Костадинов на следната прес конференција да обвини дека Христијан Мицкоски ги вработил на сила неговата мајка, кумот на Фросина Ременски, синот на Милева Ѓорѓиева, братот на Славица Шуманска или бабите, дедовците, сестрите и фризерките на високите партиски функционери на СДСМ.Лекот за оваа епидемија од непотизам е еден и единствен, пораз на изборите со што ќе отпочне демонтирањето на криминалниот картел на власт и деспотот Заев“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

DSC_3813

Костадинов до Мицкоски: Повикај ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да побараат повлекувања од роднините кои се пикнати по државни компании

Мицкоски втор ден молчи, нема образ ниту одговороност пред граѓаните. Мицкоски не ги повикува роднините во ЕЛЕМ и во администрацијата да се повлечат од работните места кои ги добиле поради близината со него и со ВМРО-ДПМНЕ, изјави Костадин Костадинов од СДСМ.„Молчат оние што ја преполнија администрацијата со партиски и роднински кадри. Ние бараме и наоѓаме решенија за партиска администрација по мерит систем.Не се сите исти.Тие создадоа роднински чворови - цели списоци, илјадници нивни роднини се вработија на државна сметка. Ние ги повикуваме нашите членови на етика и морал и веќе имаме повлекувања од работните места.СДСМ е против партизација и против непотизам. Акцијата тргна, нема назад.Ајде Мицкоски, повикај го твојот прв братучед да се повелече од ЕЛЕМ турс.Повикај ги Мицкоски пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да побараат повлекувања од нивните роднини кои се пикнати по државни компании и во јавната администрација.Повикај ги роднините на пратеникот Антонио Милошоски да се повлечат.Снаата на пратеникот Антонио Милошоски, жена на неговиот брат, Александра Милошоска е вработена во Управата за јавни приходи.Вујкото на Милошоски, Владимир Коруновски евработен во Агенцијата за катастар.Братучедот на Милошоски пак, Станко Коруновски е вработен во Централен Регистар.Првата брачудетка на Милошоски, Елизабета Коруновска директор на основно училиште, а зетот Марјан, е раководител во државната компанија МЕПСО.Фамилијата на Милошоски е класичен пример за непотизам од сериозни размери. Роднински јазли поставени на работни позиции кои се финансираат од парите на граѓаните, од Буџетот на државата.Ајде ВМРО-ДПМНЕ, ајде Мицкоски, имаш ли образ?Повикај да се повлечат твоите роднини и роднините на Антонио Милошоски од морални и етички причини.Ние од СДСМ слушаме јавноста и реагираме. Вие Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ се криете во белиот дворец откако натрупавте проблеми во државата.Време е да почне повлекувањето на роднините, во име на борбата против непотизмот“, вели Костадинов.

Македонија | пред 7 години

dubrovnik

(ВИДЕО) Силен ветер удри човек во ѕид во Дубровник

Ветер подигна човек и го удри во ѕид во хрватскиот град, Дубровник.На Jутјуб се појави видео снимено од невремето во Дубровник на кое се гледа како силниот ветер носи човек.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања