Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

pecat-pasos

Во Грција неможе само со печат во пасошот – мора да пополните и бело ливче

Примената на штембилот кој го содржи името Северна Македонија и кој треба да се втиснува во македонските пасоши не функционира на граничниот премин Евзони меѓу македонско- грчката граница. Екипа на ТВ Телма која утринава се обиде да ја помине границата кон Грција јави дека печат со новото име на државата кој се втиснува во пасошите – не функционира.Од грчка страна и понатаму се бара пополнување на белите ливчиња, јави Телма.А што ќе се допише на белото ливче штом ја премините границата?

Македонија | пред 7 години

2658817F-5FEA-41E5-B626-ADC9BE0894B3

Мицкоски: Јас го земам бајракот со секој еден од вас и ви велам- ќе победиме

На Македонија и е потребна надеж, светлина, демонстрација на тоа дека може поинаку, и дека не е се загубено, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на конвенцијата во Струга каде се избира партиски кандидат за претседател на државата за претстојните избори што ќе се одржат на 21 април, годинава.-Јас го земам бајракот, со сите еден од вас, подеднакво како и вас, до вас и со вас, и ви велам, ќе победиме. Ве гледам во очи и ви велам, ќе победиме! Ќе ги донесеме промените кои се потребни, а Македонија ќе ја сочуваме. Ќе донесеме подобро утре, со план и со стратегија, со срце и со длабок разум, за нашата земја, рече Мицкоски и додаде:„Македонија повеќе нема време за губење, и нема повеќе причини за залудно трошење на уште животи за да чекаме да дојде подобро. Тоа мора да биде сега. И имаме огромна причина за сето ова, имаме огромен мотив за нашата борба. Нејзиното име го изговараме со огромна почит и емоција која доаѓа од нашето срце и која допира и до нашите корени, нашите дедовци и прадедовци,  она што сме,  збор кој и во 21-от век ни создава немири. Но ние ќе опстоиме за Македонија! За Македонија! За честита Македонија!“.

Македонија | пред 7 години

vmro-1

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе избере претседателски кандидат

ВМРО-ДПМНЕ денеска на конвенција во Струга ќе избере претседателски кандидат од деветмината кои се пријавија на огласот.Изборот ќе го направат вкупно 551 делегат пријавени на партискиот конгрес.Кандидатите меѓу кои ќе избираат се:Влатко Ѓорчев, правник, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на  Извршен Комитет  на ВМРО-ДПМНЕ.Гордана Силјановска Давкова, редовен професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем.Никита Шекутковски, Доктор на математички науки и редовен професор на Природно математичкиот факултет во Скопје, член на Институтот за математика.Ѓорѓи Манасков, машински инженер и Претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија.Васко Костов, фармацевтски техничар.Илија Димовски, професор во пензија на Шумарски факултет при УКИМ  во Скопје.Филип Петровски, Д-р на политички науки и поранешен директор на Државниот Архив на Република Македонија.Горан Ангелов, правник, поранешен градоначалник на општина Виница во два мандати и Претседател на ЗЕЛС во еден мандат.Сашо Кутлешовски, Д-р по земјоделски науки.

Македонија | пред 7 години

mile-zecevic

„Пелистерка“ го предложила Миле Зечевиќ, за член на Надзорен одбор во Стопанска Банка Битола

„Пелистерка“ преку Македонската берза објави дека предлага Миле Зечевиќ, надорешен соработник за адвокатски услуги на премиерот Зоран Заев да стане член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола објави порталот ИРЛ.МК.Порталот пишува дека адвокатот и советникот на премиерот, Зечевиќ ќе биде предложен на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола на наредното Собрание на акционери што ќе се одржи на 13 март. Зечевиќ за оваа функција со мандат од четири години.Миле Зечевиќ работи како адвокат и е долгогодишен член на раководството на СДСМ. Беше директор на УБК, шеф на изборниот штаб на партијата на последните локални избори во 2017 година. А, со доаѓањето на СДСМ на власт, премиерот Зоран Заев го именуваше за негов надворешен советник за адвокатски услуги.Освен Зечевиќ, други предлози на „Пелистерка“ се Дејан Панделески, Иванчо Велјановски, Александра Радевска, Илија Тозија и Игор Камбовски.Како член на Надзорен одбор Миле Зечевиќ ќе добива по 50.000 денари месечен паушал и ќе носи одлуки заедно со Панделески и Тозија.Текстот во целост на ИРЛ.МК

Македонија | пред 7 години

uvid-2

Сопственикот за ТВ 24: Морално се чувствуваме одговорни за она што се случи

Морално се чувствуваме одговорни за она што се случи, вели во интервју за ТВ 24 Дурмиш Белили, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, чиј автобус излета од патот Скопје- Тетово кај Ласкарци, при што загинаа 14 патници, а 37 се повредени.Белули вели дека веднаш по несреќата, одговорно лице за возниот парк во компанијата стапило во контакт со возачот, кој како што вели бил свесен и одговорил дека ја изгубил контролата. На повторното прашање, дали ја изгубил контролата врз автобусот, тој одговорил дека самиот ја изгубил контролата.-Веројатно станува збор за неговата здравствена состојба. Автобусот се движел 200-300 метри и нема трага на кочење, нема реакција на возачот, вели Белули за ТВ24.

Македонија | пред 7 години

uvid-2

Техничкиот преглед на автобусите од „Дурмо турс“, се вршел во АМ здружение Гостивар - сопственост на истите газди

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед на возилата. Компанијата ги праќала автобусите во Авто – мото здружение Гостивар кое е во сопственост на истите газди.Според Државниот инспекторат за транспорт и врски велат дека компанијата уредно поседувала 4 лиценци за превоз, 2 за внатрешен и 2 за надворешен транспорт. Овие лиценци имаат рок на траење од 5 години, а техничките прегледи се вршеле два пати годишно.Основното јавно обвинителство Скопје кое ја води истрагата за оваа несреќа нареди со вештачење да се провери техничката исправност на автобусот.Во несреќата која се случи завчера загинаа 14 луѓе, над 30 се повредени од кои десетина потешко.

Македонија | пред 7 години

vinica-policija

Синот на командирот пијан се забил во полициската станица во Виница

Веќе шест дена нема никаква официјална информација за непотврдените информации дека командирот на полициската станица во Виница сторил сѐ да ја сокрие сообраќајната несреќа предизвикана од неговиот син кој бил во алкохолизирана состојба. Официјално од МВР за МКД.мк велат дека за овој случај била испратена внатрешна контрола и дека за наодите од контролата навремено ќе инфомрираат. И така е веќе четири дена, објави република.мк.Во билтенот на МВР на 9 февруари немаше таква информација.Додека внатрешната контрола безмалку една недела го испитува случајот, неофицијално станува збор за сообраќајка која се случила ноќта меѓу 8 и 9 февруари кога синот на командирот на полициската станица во Виница во алкохолизирана состојба со возило „Ауди а6“, удрил во зградата на полициската станица и оштетил други две возила.Таткото бил веднаш повикан по што не дозволил да се направи увид, да се пополни записник, да се информира МВР.Извор:republika.mk

Македонија | пред 7 години

filipce-cair

Од повредените пациенти 28 се на клиника, 5 мина критично, девојка може да остане без нога

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска ги  посети повредените во трагичната автобуска несреќа, Десетмина од повредените, се во тешка здравствена состојба, а двајца во критична. Министерот изјави дека од 28 повредени, шест ќе бидат пуштени на домашно лекување.– Четворицата пациенти кои се сместени во КАРИЛ се во тешка состојба. Овие пациенти имаат сериозни повреди кои зафаќаат повеќе системи на човековото тело. Кај една млада пациентка на возраст од 20-тина години ќе се прави хирушка интервенција. Конзилиум сега се одлучува како ќе продолжи третманот на нејзината нога која тешко повредена и згмечена и постои можност да и биде ампутирана. Останатите пациенти имаат повреди на локомоторниот систем, на градниот кош и на стомакот, вели министерот за здравство Филипче, кој денеска ги посети повредените пациенти.Според директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов, заради влошување на состојбата синоќа оперирани биле 15-годишното момче и 40-годишен пациент. Според директорт во моментов тие се стабилна состојба и се во Одделот за реанимација.истакна дека двајцата пациенти кои беа пренесени од Одделот за интензивно лекување, 15-годишното момче и 40-годишниот пациенти синоќа заради влошување на состојбата и губење на крв биле внесени во оперативниот протокол.    

Македонија | пред 7 години

sutka-zatvor

Осуденик избегал од истражниот затвор во Шутка

Осуденик на возраст од 34 години вчера избегал од истражниот затвор во Шутка. Информацијата за бегството на затвореникот ја потврдија и од МВР и директорот на истражниот затвор во Шутка.Според информации од затворот се работи за осудено лице со либерален третман кој престојувал во полуотвореното одделение и бил ангажиран во затворската кантина. Издржувал казна затвор од три години за нелегална продажба на петарди. Од казната му останувале уште 10 месеци. 

пред 7 години

Нема фотографија

Демонтиран и украден дел од фонтаната на плоштадот Магнолија

Во текот на вчерашниот ден, во раните утрински часови во битолската полиција било пријавено дека три малолетни лица оштетуваат дел од фонтаната на плоштадот Магнолија. По брзата реакција на полицијата, сторителите избегале од местото во различни правци. Од страна на припадниците на полицијата во близина на фонтаната, во паркот кај Градскиот часовник, е пронајдена едната украдена бакарна лента од бордурата на штитот на фонтаната во должина од четири метри.[caption id="attachment_27065" align="alignnone" width="992"] dav[/caption]Општина Битола уште еднаш упатува апел до жителите на градот, да не ги оштетуваат јавните придобивки кои им служат на сите граѓани, а истовремено претставуваат слика и белег на Битола за секојдневните посетили. Воедно, општината ги поздравува пријавителите на вакви настани и ги охрабрува истото да го прават и во иднина, со што би се спречиле или намалиле штетите од ваквите девијантни појави на несовесните граѓани.Голема благодарност општината упатува и до припадниците на СВР Битола, кои веднаш реагирале и не дозволиле штетата да биде уште поголема, како и за постојаната взаемна соработка со цел да се сочуваат јавните добра и придобивки за сите граѓани.

Македонија | пред 7 години

ubistvo-viena

И пукал во глава, па се самоубил – причина љубомора

(52) Жељко Б, државјанин на Босна и Херцеговина, синоќа, на улица во Виена, ја застрелал во глава поранешната девојка, Виолета Ј.(48), која има српско потекло.Како што пренесува австриски „Нaute“, Србинката е во кома и многу е веројатно никогаш да не се разбуди.Според полицијата, мотовот за злосторството е љубомора бидејќи парот раскинал, а девојката имала ново момче. Виолета работела како келнерка во „Кафе Ребека“, каде нејзиниот поранешен се појавил, нарачал пијалок и според очевидците, бил смирен и не правел проблеми.Но, кога нејзината смена завршила, околу 21 часот, Виолета го напуштила локалот, а тој ја следел. По кратка расправија на улицата, Жељко извадил пиштол и пукал во главата на жената, а потоа се самоубил.Според медиумите кога ја видел како паѓа, го свртел пиштолот кон себеси. Минувачите повикале брза помош.Според австриските власти  овој инциденет е злосторство од страст. Појаснуваат дека ова е осмо злосторство од страст од почетокот на годинава. 

Свет | пред 7 години

sud

Завршни зборови за „27 април“: Трајковски во Собранието влегол од радозналост

 На денешното рочиште за предметот „27 април“ на СЈО, повторно се даваа завршни зборови од дел од адвокатите на обвинетите во процесот.Обвинетиот Влатко Трајковски во Собранието на 27 април 2017 влегол од  радозналост, а не за да стори кривично дело, а пратениците и новинарите ги прскал со ПП апарат бидејќи бил исплашен и депресивно растроен,  рече адвокатката Билјана Стојановиќ во завршните зборови на денешното судско рочиште за „крвавиот четврток“.Според неа, за невиноста на Трајковски говореле и сведоците, а еден од нив посочил и дека помагал на една повредена пратеничка во нејзиното извлекување од Собранието.Адвокатката Стојановиќ рече дека Трајковски бил бранител од 2001 година и поради тоа имал депресивно растројство, при што не можел да ги контролира своите емоции и во Собранието со ПП апарат ги испрскал неколку пратеници, свесен дека со тоа нема да ги повреди.Таа од Судот побара ослободиделна пресуда за Трајковски, бидејќи, според неа, доказите на обвинителството не покажале дека тој го сторил кривичното дело.И адвокатката на обвинетиот Никола Митревски – Кољо, Маја Дојчиновска пред Судот истакна дека тој во Собранието влегол без фантомка и оти не превземал никакви дејствија.По изнесување завршни зборови од адвокатите на сите 17 обвинети во овој случај, можност да дадат завршни зборови ќе имаат и самите обвинети.Судскиот процес почна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок. 

пред 7 години

133474234-105843-207971

Градежни работи од граничниот премин Долно Блаце - Хани Елезит сообраќајот во прекин

Ве известуваме дека заради изведување градежни работи сообраќајот на магистралниот пат од граничниот премин Долно Блаце - Хани Елезит кон Приштина ќе биде во прекин, почнувајки од денеска 15.02 (петок) до 22.02 (петок) во периодот од 08.00-11.00 и од 13.00 - 15,30 часот.

Македонија | пред 7 години

daniela

Ни трага ни глас од Даниела – семејството моли за помош

Сеуште нема никаква трага за Исчезнатото лице (40) Даниела Пецевска од скопско Драчево ја нема веќе 4 дена. Исчезна во понеделникот и од тогаш и` се губи секаква трага.Доколку имате некаква информација исконтактирајте го семејството на телефонскиот број: 076-360-309. Последен пат била забележана во реонот на скопски Аеродром.Инаку Даниела е медицинската сестра. Таа во понеделникот тргнала за на работа по што и се губи секаков траг.Кога излегла од дома, таа била облечена во црна подолга јакна, црни пантолони, тегет кратки чизми, под јакната носела црвен џемпер на раскопчување. Висока е околу 165 сантиметри, и има црна коса и зелени очи. Даниела е мајка на три деца, од кои две се малолетни. 

Македонија | пред 7 години

pecat-pasos

Во пасошите печат како доказ дека се патни исправи на Република Северна Македонија

Од вчера пасошите на РМ се ставаат печати, како доказ дека се патни исправи на Република Северна Македонија.Во наредните 5 години сите граѓани треба да добијат пасоши на Република Северна Македонија. Важечките патни исправи ќе можат да се користат до 2024 година, но во нив ќе се става печат со кој на македонски, англиски и француски се објаснува дека „пасошот е сопственост на Република Северна Македонија".Менувањето на стариот пасош со нов е на сметка на секој граѓанин посебно. 

Македонија | пред 7 години

wikipedia1

(ФОТО) Северна Република Македонија и на Википедија, а Иванов сеуште е претседател на Р Македонија

Новото име Република Северна Македонија почна да го користи и глобалната интернет енциклопедија Википедија.Во информациите за земјава на Википедија на англиски, на француски, на грчки и на повеќе други светски јазици веќе е наведено дека новото име на државата е Република Северна МакедонијаВо текстот се наведува дека смената на името следува по постигнување на на Преспанскиот договор потпишан од министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас.Инаку во земјава Владата експресного замено името Република Македонија со Република Северна Македонија.Во моментов само претседателот Иванов, според официјалниот сајт е претседател на Р Македонија?

Македонија | пред 7 години

elon-mask

Колку чини билет за Марс?

Преселувањето на Марс еден ден може да чини помалку од 100.000 долари, вели Илон Маск, а враќањето би можело да биде бесплатно, доколку не ви се допадне животот таму, објави Факултети.мк. Милијардерот, кој е основач на неколку компании, вклучувајќи ја и приватната вселенска компанија „Спејс екс“, се надева дека еден ден ќе ги однесе граѓаните на Црвената Планета, со надеж дека би можеле да живеат таму, објави факултети.мк.Според него, патувањето ќе биде релативно евтино, иако делумно зависи од тоа колку луѓето навистина сакаат да одат. На прашање на „Твитер“ колку би чинело патувањето до Марс, тој изјави дека ќе биде толку евтино што многу луѓе лесно би се преселиле на Марс.Многу зависи од обемот, но уверен сум дека преселувањето на Марс (повратниот билет е бесплатен) еден ден ќе чини помалку од 500.000 долари, а можеби дури и под 100.000 долари. Доволно ниско за повеќето луѓе од напредните економии да го продадат својот дом на Земјата и да се преселат на Марс, ако сакаат - напиша тој.Текстот во целост на Факултети.мк

Магазин | пред 7 години

n7Zk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpNN01EQV8vNDdiYWVmN2NjMWFmOGUxZTljNmM3YmMyYTIzN2E1ZmEuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) Што затекнаа новинарите во куќата на серискиот убиец од Босна?

Босанските медиуми објавија видео од куќата на серискиот убиец Един Гачиќ кој сееше страв во Босна.Инаку Гачиќ на 4. февруари брутално го уби Суад Султаниќ, а на 9. февруари уби и полицаец, после што избега. Един беше ликвидиран  по неколку дневна потрега по него, откако полицијата открила каде се крие, тој почнал да пука на нив, а во престрелката бил повреден и еден специјалец.Се покажа дека Един Гачиќ, поради своите религиозни убедувања и националност, бил жртва на тортура на почетокот на војната во Бања Лука. Индекс.хр пишува дека токму тоа се причините поради кои Гачиќ е „малтретиран“ и „прогонуван“ и оти прогонот на несрпско население и уривањето на верските објекти во градот на Врбас значително влијале на неговата радикализација. Тогаш тој имал 18 години. Со неговата мајка Сифета во 1994 година побегнал во Хрватска, но на крајот на војната, во 1995 година се приклучил на одредот на војската на БиХ „Ел Муџахид“.Загрижуваат изјавите на експертите кои  предупредуваат дека БиХ е полна со луѓе како Гачиќ.

Свет | пред 7 години

kurumi

Во куќа во тетовско пронајдени куршуми

На 14.02.2019 година во периодот од 13.30 до 15.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски  службеници извршиле претрес во домот на К.Н.(64) во село Глоѓи, тетовско. При претресот биле пронајдени и одземени 185 куршуми за пиштол калибар 7,62 милиметри и 40, исто така, куршуми за пиштол, калибар 6,35 милиметри, за кои К.Н. не поседувал соодветна документација. К.Н. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

rektor-UKIM

Ректорот Никола Јанкуловски изрази сочувство за трагичната смрт на четворицата студенти од УКИМ

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски изрази сочувство за трагичната смрт на четворица студенти од УКИМ кои загинаа во автобуска несреќа – Павле Костоски од Правниот факултет, кој магистрирал пред три месеци, Онур Садику од Медицинскиот факултет, Бејза Узеири од Архитектонскиот факултет и Јовица Трпевски од Електротехничкиот факултет.–Длабоко сум потресен од трагичната сообраќајна несреќа во која настрадаа наши граѓани. УКИМ изразува најдлабоко сочувство кон семејствата на загинатите. Особено болно за академската заедница на УКИМ е загубата на четирите студенти од овој Универзитет, наведува Јанкуловски.Во дописот тој се оградува и од изјавата на професорката од Правниот факултет Билјана Ванковска бидејќи, како што вели,  во врска со нејзината изјава вчера во медиумите и на социјалните мрежи бил повикуван и споменуван УКИМ. Притоа додава и дека Скопскиот универзитет  секогаш ја поддржувал слободата и правото на секој професор и студент слободно да мисли и да го изразува своето мислење.

Македонија | пред 7 години

darij

Словенечки пратеник украл сендвич – вели направив „социјален експеримент“, подоцна платив

Пратеник во словенечкиот парламент поднесе оставка откако украл сендвич во продавница во Љубљана, велејќи дека го направил тоа бидејќи бил игнориран од вработените.Дариј Крајчич им кажал на медиумите дека бил изнервиран од тоа што „го третирале како воздух“ и затоа решил да го стави на тест обезбедувањето на супермаркетот. Кражбата поминала незабележано, но членот на владејачката партија Листата на Марјан Шарец (ЛМС) подоцна се вратил и го платил сендвичот. Крајчич се извини за својот, како што го нарече, „социјален експеримент“.Мислам дека стоев три минути без некој да ме послужи. Тројца вработени си зборуваа меѓусебе, па решив да го тестирам нивното внимание. Никој не тргна по мене, ниту ми свика, изјави поранешниот професор. Неговите колеги прво со смеење ја примиле приказната, за потоа неговата акција да биде осудена од партијата.

Свет | пред 7 години

vlatko

Ѓорчев на ФБ: Од понеделник тргнуваме заедно да ги поразиме Заев и СДСМ

Пратеникот Владимир Ѓорчев, кој до својата матична партија поднесе кандидатура за претседател и очекува истата да биде поддржана во сабота на партиската конвенција во Струга, не запира со состаноци по месните комитети. На својот фејсбук профил во денот ги објавува сите средби кои ги остварил и на кои на членството им ја претставил својата програма.Во еден од своите постови Ѓорчев пишува: Три важни работи:Прво, имам бесконечна доверба во членството и делагатите на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Се надевам дека ќе бидам избран за кандидат.Секој резултат ќе го почитувам. Секој претседателски кандидат избран на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја има мојата целосна поддршка.Од понеделник тргнуваме заедно да ги поразиме Заев и СДСМ.Второ, Христијан Мицкоски има мојата целосна поддршка како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Изминативе 15 месеци, сега во моментов и понатаму стојам зад неговата напорна работа во овие тешки околности за државата и ВМРО-ДПМНЕ.Во следните месеци и години треба да се насочиме кон штетните политики на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е најсилна како обединета и сплотена структура.Христијан Мицкоски е нашиот кандидат за премиер на следните парламентарни изботи, а потоа мандатар и претседател на Владата на Република Македонија.Трето, како претседател на Република Македонија, после првиот ден со Мицкоски како премиер, ќе иницирам повторно основање на тимовите за странски инвестиции.Ќе го вратиме времето кога во Македонија се отвораа фабрики и погони секој месец. Како претседател, подготвен сум со идниот премиер Мицкоски заедно да појдеме низ целиот свет за да привлечеме нови инвеститори и да се отвораат нови работни места.Да расте стандардот и да ги задржиме младите. Заеднички и сплотено ќе се бориме за подобра Македонија.Да победиме заедно. За Македонија. 🇲🇰, напиша Ѓорчев на ФБ.https://www.facebook.com/VladimirGjorcev/photos/a.810767102284086/2459768900717223/?type=3&theater 

Македонија | пред 7 години

makedonija-forbs

И годинава Македонија на листата „30 под 30” листата на Forbes за 2019 година

Макеоднија и оваа година има свои претставници на листата 30 under 30“ за Европа во категоријата „Социјални претприемачи“ на Frobes. Листата беше објавена на 12 февруари, со отворање на Лондонската Берза магазинот Forbes ја објави листата „30 под 30” за 2019 година за Европа. Наши претставници се Аријана и Бојан Коскарови основачи на моделот за иновативно неформално образование „Creative Hub“.Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.Покрај  Аријана и Бојан Коскарови, оваа година на листата се најдоа и актерот Даниел Ретклиф (познат по улогата во „Хари Потер“), фудбалерот на Атлетико Мадрид Антони Гризман, наследникот на гигантот „Луј Витон“, Антоан Арно и многу други.

Македонија | пред 7 години

sreteniegospodovo

Денеска е Сретение Господово

Празникот Сретение е еден од 12 големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла. Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец. На овој старец преку ангел му било кажано дека нема да умре дури не го види ветениот Помазаник, Месијата. На неговото чекање доаѓа крај 40 дена по раѓањето на Исус Христос. Според Мојсеевиот закон, во тој ден секое првородено машко дете се носело во eрусалимскиот храм. На тој ден, во храмот, се случила средбата на свети Симеон и Богочовекот Исус Христос, и тоа е првата средба лице в лице на човекот со Бога. Длабоката смисла на овој празник се состои токму во таа оттогаш отворена можност за општење со наднебесниот Бог лице в лице.Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Сретение Господово, што секогаш се празнува 40 дена по Рождество Христово. 

Македонија | пред 7 години

mandarini

АХВ: Во Македонија нема небезбедни мандарини

Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација дека на пазарот на нашата земја се пласирани небезбедни мандарини, вклучително и мандарини кои се увезуваат од Република Турција. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли и на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во земјава, вклучително и на увозот на мандарини од Република Турција.Во рамки на контролите при увоз и на овој тип овошје, по потреба, се земаат мостри за лабораториско испитување, вклучително и за евентуално утврдување на присуство на пестицидот поради кој била изречена забраната за увоз на мандарини по потекло од Република Турција во Република Српска.Пратки со посоченото цитрусно овошје од Турција во земјава, лабораториски се тестирани во месец декември 2018 година, а во фаза на лабораториско тестирање се и мострите кои инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство ги земаа овој месец. Во испитаните мостри во декември 2018 година, не се утврдени отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за цитрусното овошје. Досегашните, со години извршени испитувања на безбедноста на цитрусното овошје, покажуваат резултати во граници на дозволеното поради што не се изречени ниту забрани за увоз.Минатата година во земјава биле увезени повеќе од 8.6 милиони килограми мандарини, најмногу од Турција и соседна Грција, велат од агенцијата за храна и ветеринарство. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања