Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

mvr1

Билтен МВР: 24 часа Скопје

Еден пешак е потешко повреден, а четворица полесно во четири сообраќајни незгоди што се случиле во Скопје во изминатите 24 часа.Вкупниот број на сообраќајки регистрирани изминатото деноноќие е осум, а во четири од нив е причинета материјална штета. Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај тројца возачи кои биле под дејство на алкохол, четвроица кои возеле пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и еден возач почетник. Од сообраќај се исклучени и шест нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.Изминатото деноноќие се евидентирани и 37 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, шест возачи кои не носеле сигурносен појас и осум возачи кои зборувале на мобилен телефон.За непрописно паркирање се издадени 99 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 80 возила. 

Скопје | пред 7 години

turcija-2

Уапсени четири лица поради уривањето на станбена зграда во Истанбул

Турските власти приведоа четири лица поради уривањето на станбена зграда во Истанбул, при што загинаа 21 лице.Осомничените се проект-менаџерот Сузан Чаир, шефот на надзор на изградбата на зградата Угур Мисирлиоглу, градежниот инспектор Арзу Келеш Боран и инженерот Осман Мисирлиоглу. Тие се обвинети за „убиство од небрежност“.Во населбата Картал, во азискиот дел на Истанбул, пред две седмици се урна осумкатница, додека во неа имало 30 станари, од вкупно 43. Причината за уривањето сè уште не е позната.

Свет | пред 7 години

bigorski

Молитви во Бигорскиот манастир за душите на загинатите во автобуската несреќа

По повод трагичната сообраќајна несреќа што се случи кај селото Ласкарци, Бигорскиот манастир го изразува своето длабоко сочувство кон семејствата на жртвите, молејќи се за покој на нивните души.-Нека милостивиот Бог снисходливо погледне на нив и нека ги прими во Своето Царство, а на нивните најблиски нека им испрати утеха и сили, за полесно да ја поднесат оваа за нив голема болка. Вечен им спомен!,- стои во сочувството објавено на веб сајтот на ова македоско древно светлиште.Нашите молитви, стои понатаму, се упатен кон Бога за брзо закрепнување на повредените и што поскоро враќање во нивните домови меѓу своите најмили.

Македонија | пред 7 години

sekerinska_nato_5-1

(ВИДЕО) Шекеринска од Брисел: НАТО е сојуз на држави со исти вредности кои се поддржуваат и во тешки и во добри моменти

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во изјавата по денешните сесии на министерскиот состанок во НАТО изрази длабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во синоќешната несреќа на патот Скопје - Тетово и ги пренесе изразите на сочувство од учесниците на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата.„Од генералниот секретар на НАТО, преку високата европска претставничка Могерини, до моите колеги министри за одбрана од САД, Германија, Словенија, Холандија и Грција - сите уште на самиот почеток на нашите средби ги упатија истите зборови на сочувство и огромно жалење за изгубените животи. Тоа покажува дека НАТО не е само воен сојуз, туку сојуз на држави кои споделуваат исти вредности, држави кои се заедно во тешки и во добри моменти“, рече министерката Шекеринска денеска по двата состаноци на Северноатлантскиот совет во Брисел, во однос на вчерашната трагична автобуска несреќа кај Карпалак.Во однос на денешните министерски состаноци, Шекеринска истакна дека ова е вистинска прилика да се види која е разликата од тоа дали земјата учествува или не на состаноците на Алијансата.„Наместо како досега кога за нашата држава се разговараше на состаноци на кои што наши министри не присуствуваа, сега ние имавме прилика да го кажеме нашиот став за тоа што се случува во светот, за тоа какви треба да бидат операциите и акциите на НАТО и за тоа кои политики и на Балканот и во Европа ќе нè донесат до зголемена безбедност и зголемен просперитет“, рече министерката.Шекеринска потенцираше дека нашите припадници продолжуваат со придонесот во Авганистан, но и со поддршката на мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, ЕУФОР- АЛТЕА, како и со мисијата на Обединетите Нации во Либан.„Ние покажавме дека имаме луѓе, дека имаме Армија и капацитети на кои што земјите-членки на НАТО можат да се потпрат и сега е моментот тоа да го материјализираме и со членство во Алијансата. Побарав и од моите колеги министри за одбрана да лобираат за побрз процес на ратификација на пристапниот протокол, за нашата држава да може да ги ужива сите привилегии на полноправно членство. Ова е шанса за сите нас, ова е шанса еден чекор плус во обезбедувањето на целосна безбедност и просперитет за сите наши граѓани“, заклучи министерката.Денеска завршува првата сесија на Северноатлантскиот совет на министри за одбрана на земјите-членки на НАТО. На состанокот, како и на билатералните средби со генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг, и со министрите за одбрана на Грција, на Турција, на Канада, на Велика Британија, на Белгија и на Бугарија, министерката Шекеринска доби честитки за заземеното место во НАТО како и за покажаната храброст и лидерство. 

Македонија | пред 7 години

vrapciste

(ВИДЕО) Владина делегација на комеморативната седница во Општина Врапчиште за загинатите од сообраќајната несреќа

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ја предводеше владината делегација и заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денеска присуствуваа на Комеморативна седница во Општина Врапчиште. Седницата се одржа за загинатите во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи во близина на село Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово.„Примете искрено сочувство за загинатите од име на Владата и од мое лично име. Нека почиваат во мир. Длабоко сочувствуваме со вашата болка и голема загуба. Земјата е во тага, ова е голема трагедија за целата наша држава. Ќе направиме сѐ што e можно, да ги поддржиме сите семејства на загинатите сограѓани. Грижата нема да ги замени тагата и болката, но поддршката е потребна за да продолжите понатаму. Тоа е почит кон починатите и наша заложба да ви помогнеме вам, нивните семејства“, им порача Николовски на семејствата на загинатите.Во тешката и трагична сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Тетово загинаа 14 лица, а седум од повредените се во тешка состојба.„Посакуваме брзо опоравување на повредените. Нашите мисли се со нив. Се надевам дека што поскоро ќе се вратат кај своите семејства“, додаде Николовски.Двајца од починатите и тројца од повредените во сообраќајната несреќа се од Општина Врапчиште.„Со жалост ја примив веста за трагичниот настан што се случи вчера. Дел од патниците се и граѓани од нашата општина. На повредените им посакувам здравје, а на фамилиите на загинатите им пренесувам сочувство од мое име, од име општинската администрација, од Советот и сите граѓани на Општина Врапчиште“, порача градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани.  

Македонија | пред 7 години

dzukanovic

Ѓукановиќ: Немам намера да поднесам оставка

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за Црногорските медиуми кажа дека нема намера да поднесе оставка, иако, како што кажа, еден дел од црногорската јавност во моментов тоа го сака.Ѓукановиќ, во последно време е на удар на тешки обвинувања од страна на некогашниот пријател, советник и соработник, претседателот на Атлас групата Душко Кнежевиќ.Според Црногорскиот претседател аферата Атлас има две цели, од кои првата е Кнежевиќ да се заштити од очигледната кривична одговорнос, а втората, како што тври, и поважна цел е обидот аферата да се стави во функција на вознемирување на јавноста и предизвикување улични протести, односно смена на власта на улица.Инаку  црногорската полиција денеска го уапси Ж.П. (49) од Андријевица поради сомнеж дека под фотографијата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на „Фејсбук” објавил коментар со заканувачка содржина.– Ж.П. на неговиот „Фејсбук” профил синоќа објави фотографија на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ со заканувачки коментар за неговиот живот, се вели во соопштението.  

Свет | пред 7 години

spasovski

МВР покрана пет постапки за говор на омраза по тешката сообраќајна несреќа

Покренати се пет постапки за говор на омраза по тешката сообраќајка на автопатот Скопје - Тетово, информираат од МВР.Поднесени се пет пријави за говор на омраза до јавните обвинителства во Скопје, Струмица и Куманово и се работи на откривање на други профили на социјалните мрежи од кои се шират говори на омраза.– Тоа е чувство на човечки пораз, лично, чувствувам дека како луѓе неможеме да се издигнеме пред се, дека сакаме да се почитуваме меѓу себе, туку напротив, можеби политичките, верските и националните поделби ги ставаме пред човечкиот живот што е нешто најсвето. Таков говор на омраза апсолутно ме прави понижен и поразен кога доаѓа дури од универзитетски професор, рече Спасовски, во интервју за 1 ТВ.Инаку во интервју министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека  очекува утре да има првични сознанија околу истрагата за  автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај село Ласкарци, во која загинаа 14 лица, а 37 лица беа повредени.Спасовски кажа дека синоќа се извршил разговор во полициска станица со возачот на автобусот.

Македонија | пред 7 години

patarina1

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози, АМСМ препупредува внимателно има и одрони

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози во западниот дел, додека на останатите патни правци коловозите се претежно суви.Интензитетот на сообраќај надвор од градски средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државава.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

vreme-15.02

Денеска во земјава , променливо облачно време

Денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно со повремен локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец, особено во североисточните и западните делови од земјава.Времето утре, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Македонија | пред 7 години

nesreka-prvi-momenti

(ВИДЕО) АКО.МК ги објави првите моменти по несреќата, возачот лежи исфрлен на улицата

Сведоци на големата трагедија во селото Ласкарци, кога вчера автобус на претпријатието Дурмо-турс од Гостивар излета од автопатот и падна во бездна, по што се преврте, ги снимиле првите моменти по несреќата, а видеото го објави порталот АКО.МК.https://streamable.com/3rpny?fbclid=IwAR193VbzSz0qVn2IW-890r5JlUWLP3OEPBsX6GWhdKv4fv5WYl2iBuS2Dm4Луѓето кои се нашле случајно на местото на несреќата, најпрво не сфатиле што се случило, па тргнале да видат од каде доаѓа чадот и што е тоа што паднало крај нив со силен трескот. Одејќи кон местото на трагедијата, наишле на човек ако лежи на асфалтот, потоа дознале дека е тоа возачот на автобусот.Текстот во целост на:  АКО.МК

Македонија | пред 7 години

ubid-3

Патник тврди: Се блокираше воланот на автобусот

Воланот на автобусот се блокирал, а некој од патниците се обидувал да му помогне да го задржи правецот, дознава 24 Инфо од местото на несреќата. Таму утрово се врати еден од патниците на автобусот на „Дурмо турс“, откако вчера поминал со полесни повреди.Според него, најмногу настрадале патниците кои биле во задниот дел од автобусот и нив не им имало спас.– Не знам што се случи. Бев на третото седиштето и станав кога почнал да се тресе автобусот. Мислев дека на возачот му се слошило, но беше добар и се обидуваше да го исправи автобусотот откако изгуби контрола, но му се блокиралше воланот. Се се случи многу брзо, се обидов да му помогнам и заедно го вртевме воланот, но не успеавме. Кога сфатив дека е доцна само се фатив за нешто за да летнам и тоа беше се, раскажа патникот Бејтула Муриу вработен во Министерството за економија за “Лидер.мк”.

Македонија | пред 7 години

ubid-3

ОЈО: Заврши увидот на местото на тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи денеска во 13.15 минути го заврши увидот на лице место на тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на патниот правец Скопје-Тетово, во која 14 лица го загубија животот, а повеќемина се повредени.Интензивно се работи на утврдување на сите детали кои можат да ги откријат причините за несреќата. Со оглед на тежината на самиот настан и обемот на истражни дејствија кои ќе се преземат во претходна постапка во постапувањето по овој предмет е вклучен и втор јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ кој преминувајќи преку двете сообраќајни ленти излета од автопатот и се преврте во близина на стариот пат е подигнат од местото на несреќата и по наредба на јавниот обвинител врз него ќе се врши детално техничко вештачење од страна на Mашинскиот факултет во Скопје. Заради правилно утврдување на фактите, денеска на местото на несреќата беше присутна и екипа на Mашинскиот факултет која ги направи првите проверки на исправноста на возилото. Од досегашните сознанија утврдено е дека автобусот бил набавен во 2001 година, а последен пат бил регистриран во јануари 2019 година. По наредба на јавниот обвинител, Машинскиот факултет ќе изготви писмен вешт наод и мислење.На лице место со јавниот обвинител денеска беше присутна и екипа на Бирото за судски вештачења, од каде треба да биде изготвен писмен вешт наод и мислење за причините на сообраќајната незгода.Надлежниот јавен обвинител ќе ја побара целокупната документација од компанијата „Дурмо турс“ во врска со дозволите за јавен превоз кои ги поседува, одржувањето на возилата, бројот на патници и продадени карти во автобусот кој сообраќал на релацијата Скопје-Тетово, како и податоци во врска со работното време и релациите кои ги поминал возачот на критичниот ден.Возачот кој управувал со автобусот е хоспитализиран и се здобил со телесни повреди. Веднаш по несреќата јавниот обвинител имаше првичен разговор со него и притоа тој не даде релевантни податоци за целиот настан. Јавниот обвинител усно е известен дека анализата на примероци на крв и урина покажала дека во моментот на несреќата кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, лекови или психотропни супстанции. Со барање на листинзи од мобилен оператор ќе се утврдува дали возачот во моментот на несреќата користел мобилен телефон.На Институтот за судска медицина, по наредба на јавниот обвинител извршена е обдукцијата на 13 од починатите лица, додека за едно лице обдукцијата е во тек. Од страна на увидните екипи на Министерството за внатрешни работи по завршениот увид до Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат доставени записниците за увид, скицата, фото документацијата и други обезбедени материјални докази.По приемот на овие докази, по доставување на обдукциските протоколи, медицинската документација за повредите на другите патници, извештаите за наредените вештачења, по испитување на возачот, на патниците во автобусот и на очевидци на настанот, како и по обезбедувањето на целокупната релевантна документација, во зависност од утврдените факти, обвинителството ќе донесе јавнообвинителска одлука.

Македонија | пред 7 години

mancevski

Македонија и Косово заедно ќе работат на развој на дигитализацијата во двете земји

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за иновации и претприемништво на Р. Косово, Бесим Бечај денеска оствари ја работна средба на којшто разговараа за идните заеднички активности од областа на развојот на информатичкото општество, иновациите и претприемништвото.„Темите за коишто разговаравме се унапредување на нашата регионална соработка пред се во делот на конкретните аспекти коишто ќе влијаат на животот на граѓаните. Она што сите го знаете е дека имаме сериозен напредок и конкретен план за укинување на цените за роаминг помеѓу граѓаните од земјите на Западен Балкан, но и кон Европската Унија заклучно со 2021 година.Вториот проект за којшто разговаравме е нашиот предлог во Скопје да се формира регионален центар за обуки за сајбер безбедност  за сите вработени во јавните институции од земји од Западен Балкан, за што имаме целосна поддршка од нашите пријатели од Косово“, информираше министерот Манчевски.Како што истакна тој МИОА ја прифаќа иницијатива на министерот Бечај за формирање на регионален облак (cloude) за земјите Северна Македонија, Косово и Албанија каде ќе може да се врши истражување и развој и еден вид соработка меѓу научно технолошките центри и паркови на регионално ниво.Министерот Бечај информираше за последната средба со Еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел, каде се разговарало за отворените европски фондови кои регионално Северна Македонија и Косово можат да ги искористат.„Со комесарката Габриел разговаравме за дигиталните вештини, за облакот за регионални истражувања и развој, како и за многу други области од нашиот интерес, се стремиме кон добивање европски фондови и се надевам дека во таа насока ќе можеме да оствариме понатамошна соработка со министерот на Р. Македонија. Исто така, сакам уште еднаш да изразам поддршка за проектите коишто се во план, вклучително и за регионалниот центар за сајбер безбедност“, рече министерот Бечај.На работниот состанок се зборуваше и за можната соработка во полето на развој на паметни градови. Двете држави можат заедно да формираат добар пазар за развој на дигитални вештини, подигнување на компетитивноста и искористување на човечките ресурси.

Македонија | пред 7 години

drva-1

Жител од Гостивар заработи кривична -извршил бесправна сеча на дабови дрвја

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Џ.(40) од село Долна Бањица, гостиварско за сторени кривични дела ,,пустошење на шума“ и ,,кражба“. Во текот на октомври 2018 година во атар на село Церово, од парцели сопственост на Р.Македонија, пријавениот извршил бесправна сеча на дабови дрва, со што предизвикал материјална штета од околу 70,000 денари на Буџетот на ЈП “Македонски шуми”.

Македонија | пред 7 години

kurumi

Во автомобил пронајдени куршуми - поднесена кривична пријава

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи, поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје против лицето М.Ц.(36), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривичното дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик на РМ. Имено, на 28-и минатиот месец на улица "2ра Македонска Бригада" е сопрено возило управувано од пријавениот и при преглед кај истиот се пронајдени куршуми.

Скопје | пред 7 години

javni-nabavki

Кривична пријава за директорот на ОУ„Кочо Рацин“ Кратово - без јавен оглас спровел тендерска постапка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против Ј.Д.(57) од Кратово за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 14.01.2013 до 20.11.2017 пријавениот, како директор на основното училиште „Кочо Рацин“ Кратово, спротивно на Законото за јавни набавки, односно без јавен оглас и спроведена тендерска постапка, набавувал производи од повеќе фирми од Пробиштип, Кратово, Куманово и Скопје, со што истите се стекнале со противправна имотна корист од 1.034.885 денари на штета на буџетот на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Каменуван патнички воз на релација Скопје – Кичево

На железничката пруга помеѓу Сарај и Кондово, вчера, попладне, бил каменуван патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево при што нема повредени лица.Како што соопшти МВР, во инцидентот што се случил во 17.45 часот, е скршено прозорско стакло.

Македонија | пред 7 години

aaaaaaaa

Најголем број од жртвите се млади: Идентификувани 14 загинати во трагедијата кај Ласкарци

Зоран Давидоски, Јовица Трпевски, Ајден Исмаили, Реметула Абдурахими, Онур Садику, Бобан Аврамоски, Бесим Камбери, Есад Емрули, Трпана Јовановска и Павле Костовски се меѓу 14-мина загинати во автобуската несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Тетово.Ајден Исмаили, од Гостивар, кој работел како туристички водичЗоран Давидоски (1981), вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 бил раководител на Секторот за сообраќај.Раметула Абдурахими, работел во администрација во СкопјеЈовица Трпевски, 27 години, кошаркар на КК ГостиварОнур Садику, 19 годишeн студент на Mедицинскиот факултет во Скопје, чие семејство живее и работи во хрватскиот град ПоречБесим Камбери, од гостиварското село од Сенокос, вработен во СкопјеБобан Аврамовски, студент на Факултетот за дизајн и мултимедија на ФОНПавле Костовски, вработен во Организација на потрошувачи на МакедонијаТрпана Јаневска, од ГостиварВалдете Хамити (1989) од ДебрештеЕсад Емрули од ГостиварБејза Узеири од БањицаБесим Фетаи од ВрапчиштеДејан Ристоски, вработен во Народна БанкаПричините за несреќата се уште се утврдуваат.Директорот на Институтот за судска медицина, Алексaндар Станков за МИА изјави дека е завршена е обдукцијата на телата на 13 патници, а за два часа се очекува да заврши и обдукцијата, која е во тек, и на уште едно тело.

Македонија | пред 7 години

ubid-3

Нема алкохол и дрога во крвта на возачот на автобусот

Надлежниот јавен обвинител од скопското Обвинителство заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи информира дека во 13.15 минути го завршил увидот на местото на тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на патниот правец Скопје-Тетово, во која 14 лица го загубија животот, а повеќемина се повредени. Поради тежината на настанот и обемот на истражни дејства, во овој предмет е вклучен и втор јавен обвинител.„Автобусот на компанијата 'Дурмо турс', кој преминувајќи преку двете сообраќајни ленти, излета од автопатот и се преврте во близина на стариот пат, е подигнат од местото на несреќата и по наредба на јавниот обвинител врз него ќе се врши детаљно техничко вештачење од страна на Mашинскиот факултет во Скопје. Заради правилно утврдување на фактите, денеска на местото на несреќата беше присутна и екипа на Mашинскиот факултет, која ги направи првите проверки на исправноста на возилото. Од досегашните сознанија утврдено е дека автобусот бил набавен во 2001 година, а последен пат бил регистриран во јануари 2019 година. По наредба на јавниот обвинител, Машинскиот факултет ќе изготви писмен вешт наод и мислење“, соопшти Обвинителството.На самото место со јавниот обвинител била присутна и екипа на Бирото за судски вештачења, од каде што треба да бидат изготвени писмен вешт наод и мислење за причините на сообраќајната незгода.Од Обвинителството информираа дека јавниот обвинител ќе ја побара целокупната документација од компанијата „Дурмо турс“ за дозволите за јавен превоз што ги поседува, одржувањето на возилата, бројот на патници и продадени билети во автобусот што сообраќал на релацијата Скопје-Тетово, како и податоци во врска со работното време и релациите што ги поминал возачот на критичниот ден.Обвинителството соопшти дека возачот што управувал со автобусот е хоспитализиран поради телесни повреди. „Веднаш по несреќата, јавниот обвинител имаше првичен разговор со него и притоа тој не даде релевантни податоци за целиот настан. Јавниот обвинител усно е известен дека анализата на примероци на крв и урина покажала дека во моментот на несреќата кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, лекови или психотропни супстанции. Со барање листинзи од мобилен оператор ќе се утврдува дали возачот во моментот на несреќата користел мобилен телефон“, соопштија од Обвинителството.На Институтот за судска медицина, по наредба на јавниот обвинител, извршена е обдукцијата на 13 од починатите лица, а за едно лице обдукцијата е во тек. Од екипите на MВР, по завршениот увид, до скопското Обвинителство ќе бидат доставени записниците за увид, скицата, фотодокументацијата и други обезбедени материјални докази.Во зависност од утврдените факти Обвинителството ќе донесе јавнообвинителска одлука.

Македонија | пред 7 години

Gjorge-Ivanov1

Претседателот Иванов упати сочувство до семејствата на загинатите патници

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати сочувство до семејствата на загинатите патници во трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово.Почитувани,Со длабоко жалење и тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје - Тетово.Во овие тажни мигови дозволете да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници. Моите мисли се со нив. На повредените им посакувам што побрзо закрепнување.д-р Ѓорге Иванов

Македонија | пред 7 години

traka-crna

Идентификувани 14 те загинати во автобуската несреќа

Во трагичната сообраќајна несреќа што вчера се случи кај селото Ласкарци загинаа 14 лица, сите се од Гостивар или околните села.1. Ајден Исмаили, од Гостивар, кој работел како туристички водич,2. Зоран Давидоски (1981), вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 бил раководител на Секторот за сообраќај.3. Раметула Абдурахими, работел во администрација во Скопје,4. Јовица Трпевски, 27 години, кошаркар на КК Гостивар5. Онур Садику, 19 годишeн студент на Mедицинскиот факултет во Скопје,6. Бесим Камбери, од гостиварското село од Сенокос, вработен во Скопје7. Бобан Аврамовски, студент на Факултетот за дизајн и мултимедија на ФОН8. Павле Костовски, вработен во Организација на потрошувачи на Македонија9. Трпана Јаневска, од Гостивар10. Валдете Хамити (1989) од Дебреште11. Есад Емрули од Гостивар12. Бејза Узеири од Бањица13. Бесим Фетаи од Врапчиште14. Дејан Ристовски, вработен во Народна БанкаПричините за несреќата се уште се утврдуваат.

Македонија | пред 7 години

Zemon

Илија Максимовски на ФБ: МВР Веднаш да го приведе Рубин Земон!!!

Колку сака нека биде пратеник,советник на Заев,лидер на политичка партија и професор,. . . за изјавата дека има информации според кои несреќата кај Ласкарци е терористички акт нарачан и организиран од странство Рубин Земон,ако веќе не е досега приведен, мора ВЕДНАШ да биде приведен и подложен на полициска обработка за неговата поврзаност со несреќата во која загинаа, засега 14 лица, напиша на ФБ новинарот Илија Максимовски.Тој во својот пост додава:Пратеничкиот имунитет не е никаква пречка за приведувањето и безбедносна антитерористичка обработка на Земон, особено што истрагата за несреќата е во тек а доколку има и малку вистина во тоа дека се работи за тероризам, се поставува прашањето дали може да се случат и други „ несреќи „ ?П.С. Лично сметам дека Рубин Земон, иако е пратеник, советник на Премиерот Заев, професор на сомнителен факултет, . . . е будала и политички шарлатан и уште една катастрофална грешка на Зоран Заев и Владата, но, тоа не го штити од законска постапка. Самото објавување на содржина дека : Земон : „ Неколку мои пријатели од странство не ја исклучуваат можноста за саботажа на автобусот нарачана од странство! Бидејќи некои анти-НАТО дежурни опинион мејкери одма започнаа со палење на страстите, не треба да се исклучува и таа можност! Да бидеме сите претпазливи сега кога на Македонија и тргна на подобро, на некои сили тоа баш и не им одговара„ - е кривично дело според КЗ.https://www.facebook.com/ilija.maksimovski.16/posts/1183395551816201Инаку Максимовски реагира на постот на ФБ на пратеникот Рубин Земон, во кој тој напиша дека постои можност вчерашната автобуска несреќа, во која официјално загинаа 15 лица, а неколкумина се борат за живот, да е нарачана од странство.Според него треба да бидеме претпазливи сега кога на Македонија и тргна на подобро, бидејќи можно било на некои сили тоа да не им одговара.– Неколку мои пријатели од странство не ја исклучуваат можноста за саботажа на автобусот нарачана од странство! Бидејќи некои анти-НАТО дежурни опинион мејкери одма започнаа со палење на страстите, не треба да се исклучува и таа можност! Да бидеме сите претпазливи сега кога на Македонија и тргна на подобро, на некои сили тоа баш и не им одговара.Се извинувам за оваа мала дигресија во нашата колективната тага, но можеби не е лошо да бидеме и малку “будни” и внимателни! – напиша пратеникот.

Македонија | пред 7 години

crven-krst

30.000 денари од Црвениот крст на РМ за семејствата на загинатите

Црвениот крст на Република Македонија уште еднаш длабоко сочувствува со семејствата на загинатите и повредени граѓани во трагичниот настан од автобуската несреќа која се случи на 13 февруари 2019 година на автопатот Скопје – Тетово.Во овие тешки моменти на загуба на најблиските, во знак на солидарност и хуман гест, на семејствата на загинатите граѓани Црвениот крст на Република Македонија ќе им додели парична помош во висина од 30.000,00 денари по семејство.Црвениот крст на Република Македонија остварувајќи ја својата хуманитарна мисија ќе продолжи и понатаму со помош и поддршка за семејствата на загинатите и повредени граѓани, велат од Црвен крст.

Македонија | пред 7 години

pavle

ОПМ: Нашиот драг и почитуван колега Павле Костоски го загуби својот живот во трагичната несреќа

Со голема тага соопштуваме дека нашиот драг и почитуван колега Павле Костоски го загуби својот живот во трагичната несреќа на 13.02.2019. Нашите мисли се со семејствата на починатите. Нека им е вечна слава!, објавија од Организацијата на портошувачи на Македонија на својот фејсбук профил.https://www.facebook.com/organizacijanapotrosuvacitenamakedonija/photos/a.1531710563710170/2212147505666469/?type=3&theater

Македонија | пред 7 години

ambasada-sad

Бејли на Твитер: Длабоко сме во тага поради трагичната загуба на животи

Амбасадорот Џес Бејли на Твитер објави фотографија од знамето пред Амбасадата на САД кое е на половина копје поради загинатите во вчерашната автобуска несреќа.„Длабоко сме во тага поради трагичната загуба на животи на автопатот Скопје-Тетово. Од името на Американската амбасада, упатуваме искрено сочувство до семејствата на загинатите и до жителите на Гостивар. Нашите мисли и молитви се со повредените за нивно брзо опоравување, напиша амбасадорот Бејли на Твитер.https://twitter.com/AmbBaily/status/1095985030504112128?fbclid=IwAR34cgkX9dEukWE8mV_2ABsDde-j3hmNsGFZxBKrsZ3LTC4KdHVtl0EWf4Y

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања