Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

njtrtr

Денеска е Св. Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите

Денес се празнува Свети маченик Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите.Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана којашто не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст, но остана во споменот на целиот христијански православен свет како поим за младост и доследност на христијанските традиции. Подоцна за свој покровител го зеле градинарите, лозарите и меанџиите.(Именден празнуваат: Трифун, Трајан, Трајанка, Трајко, Трајче…)Светиот маченик Трифун е роден околу 225 година во Кампсада, во малоазиската област Фригија, во близината на градот Апамија. Неговите родители биле христијани и уште рано кај него ја поттикнале љубовта кон Христовата вера. Во детството чувал гуски, но уште тогаш се истакнал со исцелителска способност. Со Божја помош лечел болни од разни болести и од луѓето ги бркал лошите демони. За неговите чуда се раскажувало во целата империја поради што бил викнат во Рим кај царот Гордијан, кого што во тоа време го снашла голема несреќа, бидејќи ќерка му Гордана се разболела од душевна болест и не можел да ја излечи ниту еден лекар во империјата. Во еден момент нечистиот дух од неа проговорил дека никој не може да го избрка освен Трифун. Најпосле, по Божја промисла во Рим пристигнало и младото, 17-годишно момче од Кампсада, коешто за кусо време ја излечило царската ќерка и се стекнало со уште поголема слава. Од царот било дарувано со многу дарови кои на враќање им ги разделило на сиромасите.Свети Трифун со маченичка смрт умрел за време на царот Децие кога бил вршен голем прогон на христијаните. Од обласниот римски царски намесник по име Аквилин бил повикан да дојде во Никеја каде што било седиштето на обласната управа и му било предложено да се откаже од Исус и на римските богови да им принесе жртви. Трифун го одбил тоа поради што бил многу мачен. Бил обесен на дрво и тепан со прачка, потоа бил врзан за опашката од коњот и влечен низ полето, а кога и со тоа не го заплашиле го осудиле да му биде пресечена главата со меч. Но пред да биде извршен тој чин, додека војниците го воделе надвор од градот, Трифун се молел на Бога да му ја земе душата и кога дошле на местото за егзекуција тој ја предал душата пред мечот на џелатот да падне на неговиот врат. Тоа се случило на 14/1 февруари 248 година (според други во 250 година), кога имал само 21 година. Локалните верници го погребале на своите гробишта, но тој им се јавил на сон и посакал да биде погребан во своето село. Оваа желба му била исполнета и подоцна моштите му биле пренесени во неговото родно село.Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи спаѓа и Свети Трифун, празник главно познат по обредното закројување на лозјата. Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници. Во некои краишта на Македонија како што се Охрид и Прилеп празникот е познат и како свети Трипун (или Триун) ‒ пијаница. Како што забележале собирачите на македонските народни умотворби, но и на народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на лозарите и градинарите. Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), поради што луѓето го славеле и во негова чест изведувале многу интересни обичаи.Свети Трифун се празнува на 14 февруари според новиот (или на 1 сечко според стариот) календар. Во повеќе краишта на Македонија на овој ден рано наутро се одело во црквата каде што попот пеел молитва и светел вода. Од оваа вода за која се смета дека со осветувањето е ослободена од сите негативни демони и има лековита моќ, луѓето земале во шишиња и ги прскале лозјата при што го изведувале и обредното закројување.Во скопско, како што забележал М. Кратовалиев, во запис од деветнаесеттиот век, на тој ден по црквите крштевале вода, и од таа вода секој селанин си носел по лозјата заедно со пепел. Во лозјето ќе турел малку од пепелта и ќе полеел од крстената вода. Водата ја поливал за да има бериќет, а пепелта за да „испрхнува“, т.е. да бидат поголеми зрната на гроздовите. Потоа закројувале по неколку лозинки, по што седнувале, се гоштевале и правеле големи веселби.

Македонија | пред 7 години

lozarii

Кавадарци, Неготино и Демир Капија и ги откажуваат сите настани за „Св.Трифун“

Кавадарци ја откажа денешната манифестација по повод Свети Трифун поради тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово.„Ова е голема трагедија за нашата земја. Во овие тешки мигови не се опишува болката која ја предизвика оваа голема несреќа.   Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Кавадарци и граѓаните изразуваат  длабоко сочувство до семејствата на загинатите и брзо заздравување на повредените“, велат од локалната самоуправа. Исто така културно уметничките програми ги откажаа и Демир Капија и Нготино.

Македонија | пред 7 години

foto-1-

Филипче утрово ги посети повредените пациенти од вчерашната сообраќајна несреќа

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово ги посети повредените пациенти од вчерашната страшна сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово.Четири од повредените пациенти во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти во Ургентниот Центар во Скопје сé уште се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Без вода дел од Хиподром и Инџиково

Денес поради изведување на водоводен приклучок ф-250мм во близина на тренинг камп Вардар(населба Хиподром), прекинато водоснабдување ќе имаат на дел од населбите Хиподром и Инџиково.Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Три лица со полесни повреди во три сообраќајки во Скопје

Три лица се полесно повредени во три сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во две сообраќајки е причинета материјална штета.Според билтенот на СВР Скопје, евидентирани се 14 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени седум возачи кои биле под дејство на алкохол, седум возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и четворица возачи почетници.Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај и 14 нерегистрирани возила.На црвено светло поминале осум возачи, 11 користеле мобилен телефон додека возеле, а петмина не носеле сигурносен појас.Изминатото деноноќие издадени се и 99 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 92 возила.Одделението за превенција денеска треба да одржи посебна воспитна мерка – сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани кои во својство на пешаци направиле различни прекршоци.

Скопје | пред 7 години

antonijo-milosovski

Милошоски: Македонија тагува за Јовица, Абаз, Верица, Сафије, да се помолиме никогаш да не се повтори

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски преку социјалните мрежи изрази сочуство до семејствата на загинатите и до неговиот колега од СДСМ кој го загуби синот.„Македонија тагува за Јовица, Абаз, Верица, Сафије! Трагедија однесе животи. Злокобите несреќи не не распознаваат по нација. Заедно да се помолиме и никогаш да не се повтори“ напиша тој.  

Македонија | пред 7 години

nesreka-1

15 загинати од автобуската несреќа, уште едно лице почина ноќеска

Уште едно лице почина ноќеска, со што бројката на загинати од автобуската несреќа која вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Тетово, се искачи на 15 лица.несреќата се случила кога автобус на гостиварската фирма „Дурмо турс“ со преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.На местото на настанот загинаа 7 , а подоцна на тешките повреди им подлегнаа уште 8 патници.Во 12 часот денеска вонредна седница по повод трагичниот настан ќе одржи Општина Гостивар. Се очекува советниците да донесат одлука за прогласување тридневна жалост во знак на почит кон загинатите.Денеска и утре, 14 и 15 февруари, се прогласени за денови на жалост. 

Македонија | пред 7 години

nesreka-3

(ВИДЕО) Сведоштво на еден од патниците: Многу брзо се случи се, додека се освестивме, веќе бевме превртени

Еден од повредените во вчерашната автобуска несреќа, за медиумите раскажа како се случила сообраќајката.„Многу брзо се случи се, наеднаш како да изгуби контрола автобусот, од едната лента во другата и паднавме долу, тоа траеше неколку секунди. Додека се освестиме веќе бевме превртени, во многу лоша состојба се сите. Полн беше автобусот, од работа доаѓавме, тоа е најфреквентната линија, до последно место беше полн автобусот“ сведочи повредениот во изјава за ТВ Клан.https://www.facebook.com/KlanMacedonia/videos/402400457181489/

Македонија | пред 7 години

nesreka-3

Сведок: Со мои раце извадив 4 мртви и 2 повредени од собраќајната несреќа

На социјалната мрежа Твитер, сведок раскажува како со свои раце извадил мртви тела од автобусот кој летна во провалија.„Со мои раце извадив 4 мртви и 2 повредени од собраќајната несреќа во карпалак,во такви моменти не размислуваш дали е Албанец, Македонец, Ром, во такви моменти човек се покажува колку е човек, секоја чест и за селаните на тие села да не беа тие катастрофата ке беше уште поголема.“https://twitter.com/ViktoryyVeb/status/1095750469220216832

Македонија | пред 7 години

filharmonija

Македонска филхармонија го откажа концертот поради сообраќајната несреќа

Концертот „Моја љубов“, кој требаше да се одржи денес е откажан поради трагичната сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје - Тетово.„Почитувани, Македонската филхармонија со жалење и огромна почит кон починатите во трагичната сообраќајна несреќа кај Карпалак и кон нивните семејства го откажува утрешниот концерт „Моја љубов“. Датумот на кој ќе биде одржан концертот ќе биде дополнително објавен. Слава им“, стои во дописот на Македонската филхармонија.

Македонија | пред 7 години

Mickoski-pres

Мицкоски: Сочуство до семејствата на оние кои ги загубија животите

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил изрази сочувство за загинатите во тешката сообраќајка што се случи на патот Скопје – Тетово.„Со длабоко жалење и неверување ја примив страшната вест за автобуската сообраќајна несреќа.Искрено сочуство до семејствата на оние кои ги загубија животите.Нашите молитви се со семејствата на настраданите и повредените од оваа страотна несреќа.ВМРО-ДПМНЕ со своите расположливи капацитети стои на располагање да помогне“, напиша Мицкоски.Длабоко сочувство до семејствата и сите блиски на загинатите сограѓани во автобуската несреќа на патот Скопје – Тетово, изразија и вицепремиерот Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

Македонија | пред 7 години

edi-rama-696x523

Еди Рама: Жал за трагедијата на автобусот, духовно сме покрај сите семејства

По тешката сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје-Тетово, кај село Ласкарци, албанскиот премиер Еди Рама преку својот Твитер профил изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување.„Жал за трагедијата на автобусот во соседната земја Северна Македонија, каде што бројот на жртви и повредени шокираа и вознемирија толку многу семејства. Ние духовно сме покрај сите семејства и целата пријателска земја“, напиша Рама.

Македонија | пред 7 години

avtobus-krov

(ВИДЕО АЛСАТ) Најнова вест: Се преврте автобус нa автопатот Скопје - Тетово

Несреќа на автопатот Скопје - Тетово, кај селото Ласкарци. Гостиварски автобус полн со патници се излизгал, излетал од патот откинувајќи ги еластичните огради и се превртил на кров.https://www.facebook.com/AlsatMTelevision/videos/814386565560342/ Видео АлсатНаскоро повеќе...

Македонија | пред 7 години

49343485_234656194113582_8744810236520431616_n

Сончево со мала облачност, утре локални врнежи од снег

Претпладне времето ќе биде сончево со мала облачност, околу пладне и попладне облачноста ќе се зголемува па ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието. Температурта ќе се движи од -1 до 10 степени.Во Скопје променливо облачно време со температура од -2 до 7 степени.И утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, а ќе има и локални врнежи од снег. Од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајот во западните делови од државата се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози во западниот дел, додека на останатите патни правци коловозите се претежно суви.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 7 години

DSC_0933

Владата ги прогласи 14 и 15 февруари за Денови на жалост

Владата на Република Северна Македонија одржа вонредна седница по трагичната сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје -Тетово во близина на село Ласкарци, на 13 февруари 2019 година.Владата ги прогласи 14 и 15 февруари за Денови на жалост, во сеќавање на нашите сограѓани кои трагично ги загубија животите.На Деновите на жалост, знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.„Тешка ноќ. Полна со неизмерна болка и тага.Немам зборови кои можат да бидат доволна утеха за семејствата на нашите сограѓани кои вечерва трагично ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа.Сочувствуваме со нивните семејства и нивната загуба.Вечерва нашата држава тагува.Ги мобилизиравме сите сили и капацитети да им помогнеме на сите повредени кои се во опасност, колку што може побрзо да ја добијат неопходната помош и да им се вратат на своите најблиски.Вечерва, Владата донесе одлука со која 14 и 15 февруари ги прогласува за денови на жалост. Тоа е утре и задутре.Дозволете да ги соопштиме некои од фактите кои што веруваме дека ќе ги интересираат граѓаните.Автобусот се движел на релација Скопје-Тетово, несреќата е кај село Ласкарци. Неутврдени се причините, истрагата е под раководство на надлежниот обвинител. Денеска е завршена на лице место, продолжува, и веднаш штом ќе заврши ќе бидат соопштени сите факти и детали за причините за случувањето на оваа тешка сообраќајна несреќа.Автобусот поминал директно на спротивната страна, ја поминува спротивната страна, влегува дури и на регионалниот пат, паѓа на регионалниот пат и паѓа и понатаму после регионалниот пат во делот на удолнината.Интервенциите беа брзи на сите институции, вклучително МВР и државните болници, но и сите приватни болници коишто промтно и безпоговорно веднаш ги испратија сите свои ресурси.Вечерва, за жал животите ги загубија 14 наши сограѓани. Седум наши сограѓани починале на лице место на несреќата. 37 лица биле хоспитализирани во болницата 8-ми септември, односно донесени, 6 од тие 37 лица се починати во 8-ми септември. Во Свети Наум Охридски имаме едно починато лице, 2 лица биле пренесени во Тетово и се во добра состојба, едно лице е на домашно лекување од Гостивар, во Мајка Тереза, 8 лица од кои 3 се со сериозни повреди“, изјави премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

nesreka-3

Во сообраќајката загина и син на пратеник од СДСМ

Во трагичната автобуска несреќа која се случи попладнево на патот од Скопје кон Тетово, загина и Јовица Трпевски кој е син на пратеникот Благојче Трпевски од редовите на СДСМ, објави порталот Нова ТВ.Во Институтот за судска медицина се идентификуваат лицата што починаа во тешката сообраќајка кај Карпалак.

Македонија | пред 7 години

nesreka-tetovo

МВР врши увид на местото на несреќата, ќе се работи и во текот на ноќта

До пред малку затвоен за сообраќај беше автопатот Скопје - Тетово, поради трагичната сообраќајна несреќа која се случи попладнево. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека автопатот Скопје - Тетово - Скопје во 20:55 часот е пуштен за сообраќај во двата правци.Инаку увидот на местото на несреќата на патот Скопје-Тетово се уште трае, а ќе продолжи и во текот на ноќта и утре. Истовремено, дадена е наредба за обдукција на загинатите, информираше вечерва портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски.Тој апелира да не се шират шпекулации во врска со причините за несреќата и кажа дека веќе е разговарачно со возачот на автобусот, а по завршување на увидот ќе се знаат повеќе детали.

Македонија | пред 7 години

ljubco_georgievski

ВМРО-Народна партија упати искрено сочувство до семејствата на загинатите патници

ВМРО-Народна партија упатува искрено сочувство до семејствата на загинатите патници од автобусот кој вечерва се преврти покрај автопатот Тетово – Скопје.„Во овие тешки моменти како за нивните роднини и пријатели така и за сите граѓани на Македонија упатуваме апел до сите без разлика на вера, нација и политичка определба да го почитуваат овој траорен ден без ситни потфрлувања и иронични мислења за тоа како и врз база на што се случила несреќата. За тоа ќе се погрижат надлежните институции, а тоа што ние најмалку можеме да го направиме е да сочувствуваме со нашите сограѓани, другари, роднини, а на повредените да им посакаме брзо заздравување.ВМРО-Народна партија упатува голема благодарност до сите надлежни екипи но и луѓето кои несебично излегоа на лице место и помогнаа во извлекувањето на настраданите во вечерашната несреќа“, се вели во партиското соопштение.

Македонија | пред 7 години

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров преку ФБ: Каква трагедија, длабоко сочувство до семејствата и сите блиски на загинатите

Министерот за надворешни работи Никола Димитров преку својот Фејсбук профил испрати сочуство до семејствата на загинатите во тешката сообраќајна нестреќа на автопатот Скопје - Тетово.„Длабоко сочувство до семејствата и сите блиски на загинатите сограѓани во автобуската несреќа на патот Скопје - Тетово. Каква трагедија“, напиша Димитров

Македонија | пред 7 години

nesreka-2

ОJO врши увид на местото на тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје врши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје – Тетово и во која до овој момент 13 лица го загубија животот, а повеќемина се повредени.Според првичните информации од увидот, несреќата се случила попладнево кога автобус на компанијата „Дурмо турс“ со гостиварски регистарски таблици преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите лица, како и за вонреден технички преглед на возилото. Во текот на ноќта местото на несреќата ќе биде обезбедено, а увидот и извлекувањето на автобусот ќе продолжи во текот на утрешниот ден.Возачот на автобусот е повреден и хоспитализиран, а од страна на надлежен јавен обвинител е издадена наредба за анализа на крв и урина.

Македонија | пред 7 години

filipce

Филипче: 13 починати лица во автобуската несреќа на автопатот Скопје - Тетово

Вкупниот број на загинати е 13 лица, истакна предмалку министерот за здравство Венко Филипче.„За жал се случи тешка сообраќајна несреаќа. Веднаш по информацијата се упатив на лице место и јас и тимови од Здравствен Дом, како и од приватните институции „Неуро медика“ и „Систина“. Пациентите се транспортирааа во Скопкските болници.Во болницата 8 ми септември примени се 25 пациенти, 22 се хоспитализирани, 3 пациенти се пуштени на домашно лекување. 4 лица се во одделот за интензивна нега, 2 лица чекаат за хируршка интервенција. Во ургентното одделение 3 лиц се со полесни повреди, а има и една бремена жена, 5 пациенти се во загружувачка состојба, истакна министерот.Искрено жалам изреагиравме веднаш. За исклучително кратко време се даде помош. Се надевам нема да има дополнителни компликации, додаде министерот.Филипче додаде дека се откриват идентитетот на починатите.„Го знаеме на оние кои се примени свесни. Нема деца, но има и луѓи на воздраст околу 25 - 30 год. 7 лица беа починати на лице место, а 5 починаа тука. Почината е пациентката нво старта градска болница“, истакна Флипче.

Македонија | пред 7 години

taravari-1

Таравари: 5 пациенти се во кома центарот, шоферот за среќа е жив, во релативно стабилна состојба

„Шоферот за среќа е жив, во релативно стабилна состојба, се надеваме дека од него ќе добиеме информации за тоа што се случило“, истакна градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.Таравари повтори информации кои предмалку ги даде и министерот Филипче, а тоа се дека околу 5 пациенти се во кома центарот. Од нив 2 се помлади, а тројца на средна возраст. 22 пациенти во релативно стабилна состојба. 5 пациенти се наоѓаат во клиничка болница. Врз сите се превземаат сите медицински активности“, истакна градоначалникот на Гостивар.Тој додаде дека се сретнал и со семеjствата на патниците од автобусот.

Македонија | пред 7 години

nesreka-2

(ОБНОВЕНО)Неофицијално 6 жртви и многу повредени во несреќата на автопатот Скопје - Тетово

Шест патници загинаа во автобуската несреќа на излез од Скопје кон Тетово, според првичните неофицијални информации. Само во болницата „8 Септември“ досега се пренесени 35 повредени.Кон местото на несреќата се пуштени се сите амбулантни возила со кои располагаат државните здравствени установи, а помош понудија и приватните болници.„Примени се 35 пациенти до овој момент. Од нив 4 се мртви и еден во интензивна нега му се прави реанимација. Сите други лице се вон животна опасност“, истакна директорот на градската општа болница 8 септември, Христијан Костов, во изјава за А1 ОН.МК.Директорот за порталот додава дека сите екипи се мобилизирани, операционите сали се подготвени. Болницата е подготвена да ги прими поврденте.Причините за несреќата не се познати. Според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.Патнички автобус со 50-тина патници попладнево околу 17 часот излетал и се превртел од кај село Ласкарци на излезот од Скопје, движејќи се по новиот пат кон село Бојане.

Македонија | пред 7 години

nesreka-3

(ФОТО) Неофицијално две жртви и 30 тина повредени во несреќата на автопатот Скопје - Тетово

Според првичните неофицијални информации во несреќата која се случи попладнево на автопатот Скопје - Тетово, има двајца загинати и над 30 тина повредени кои со возила на брза помош се пренесуваат во болниците во Скопје. На лице место има и противпожарни екипи кои помагаат во извлекување на повредените. Болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.Несреќата се случи во близина на месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово.Министерот Венко Филипче и медицински тимови од Здравствен дом Скопје, приватните болници Неуромедика и Систина се упатиле на местото на несреќата.https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2031785237128499 Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.Наскоро повеќе...

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања