Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

Нема фотографија

22 сообраќајки за време на викендот во Скопје

Две лица се тешко, а девет полесно повредени во вкупно 22 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 11 сообраќајки била причинета материјална штета.Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Санкционирани се 194 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 15 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, седум возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, 10 возачи за не поседување зимска опрема во возилата, 20 возачи за не носење сигурносен појас и 44 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Санкционирани се и 15 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и осум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.Затекнати се 229 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило пајак се отстранети 154 возила.Од сообраќај се исклучени 30 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 29 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, четворица возачи почетници, како и 30 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

Скопје | пред 7 години

3-3

Заев заедно со својата сопруга присуствуваа на отворањето на Европските младински олимписки игри во Сараево

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со својата сопруга Зорица Заева присуствуваа на церемонијата на отворање на Европските младински олимписки игри во Сараево, Босна и Херцеговина.Нашата држава на овој фестивал ја претставуваат Ана – Марија Зафировска и Никола Петковски. Обајцата на 12-ти февруари ќе се натпреваруваат во дисциплината „крос кантри“. За нив учеството на Европските младински олимписки игри е прво интернационално искуство и одлична можност за подготовка за претстојните олимписки игри во 2022 година.Премиерот Заев искажувајќи ја поддршката за овие двајца млади луѓе, рече дека за една земја нема поголем амбасадор од спортот.„Ја користам приликата да ги споделам чувствата, прекрасни овде на отворањето на Европските младински олимписки игри или Европски младински олимписки фестивал, којшто по повод 35 години од Олимписките игри, Сараево ’84 и познатиот Вучко се отвораат денеска овде.Навистина чувството е прекрасно. Мене ме потсетува на оние 10 години кога ги имав, кога буквално цела Југославија, цела Европа и верувам целиот свет беше фокусиран со очите широко отворени кон Сараево ’84 година. А имав денеска прилика и да ги видам чувствата на премиерот Денис Звиздиќ, којшто лично бил пред 35 години овде на отворањето на Олимписките игри во Сараево.Настанот е прекрасен. Навистина ја испрати и пораката на спортот и тоа што спортот може да го направи, единството, обединувањето, презентирањето на сите земји, младите категории и младинците коишто доаѓаат после нас,Верувам дека овие олимписки игри уште еднаш ќе помогнат на целиот Балкан, на целиот регион овде да се движи напред, кон европските вредности“, изјави Заев.

Македонија | пред 7 години

777-620x350

(ВИДЕО) Момче неколку минути висеше на жичара во Босна и Херцеговина

Момче неколку минути висеше на жичара во Босна и Херцеговина.Драмата започнала кога детето се закачило со скиите на жичарата. Тој не успеал да се симне на време па ските му се заплеткале. Работниците ја застанале жичарата и му ги извадиле скиите со цел да му помогнат.https://www.facebook.com/CrnaHronikaBiHofficial/videos/324492664851756/

Свет | пред 7 години

Rucna-Bomba-kasikara-granata-620x350

Маж загина откако активирал бомба во стан

Непознат маж загина од експлозија на бомба во населбата Варберг на југот на Стокхолм, соопшти полицијата.Според локалните медиуми тој активирал бомба во стан.Полицијата соопшти дека во тек е истрага за причината за експлозијата.

Свет | пред 7 години

zvono

Украдено бронзено ѕвоно тешко 150 килограми

Крадци на Халкидики украле бронзено ѕвоно тешко 150 килограми од црквара Свети Рафаил во Касандра, објави денес грчката полиција.Полицајците кои ја воделе истрагата идентификувале пет осомничени кои биле на возраст од 17 до 30 години. Исто така тие откриле и дел од планот кој крадците го однеле во серијата кражби на викендици на тоа подрачје.Од полицијата велат дека е известен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Свет | пред 7 години

45073250_2463164207057415_3720842988725731328_n

(ВИДЕО) Cyrillic ја промовираа новата песна “Доволни”

Македонското електронско дуо Cyrillic деновиве ја промовираа нивната нова песна “Доволни” во соработка со пеачката Валери Димовска (Valery).“Доволни” е следбеник на нивниот голем хит “Во Тебе Се Гледам” кој што е во соработка со Дина Јашари (Dina), која е текстописец на новата песна и автор на музиката заедно со Cyrillic, а аранжманот е на Cyrillic.Песната е снимена во студиото на Иван Јованов (Iwayo), со кој што Cyrillic соработуваа на нивните два претходни синглови “Feel Like” и “Right Here”.Како што велат Cyrillic: - “Тимот што победува, не се менува.”За преубавите кадри и целата приказна е заслужен режисерот Христијан Конески, кој што живее и твори во Сиднеј - Австралија каде што е и сниман видео записот.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Денес врнежи од дожд и ветер до 80 километри на час, од утре снег

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, преку денот со засилен јужен ветер особено во западните делови, каде ќе достигнува брзина и до 80км/час. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд кои на места ќе бидат и поројни. Преку ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни во западните и северните делови каде на повисоките места ќе преминуваат во снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен. Температурата ќе се движи од 7 до 16 степени.Во Скопје слично време со температура од -1 до 13 степени.Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и во местата над 600 м.н.в. Под влијание на многу студен бран од север од утре следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег.

Македонија | пред 7 години

Rabota-na-pat

Градежни активности на обиколница од Хиподром до Стенковец, внимателно возење

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.Градежни активности ќе се изведуваат на обиколница односно на делот од Хиподром до Стенковец во времетраење од денес понеделник 11.02.2019 до 13.02.2019 (среда).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Без струја денес дел од Кисела Вода и Студеничани

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека денес поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат:-во време од 08,30 – 14,00 часот, дел од корисниците од ул. „Христо Татарчев“ улици со броеви 14, 16 и 18 (општина Кисела Вода)-во време од 09,00 – 15,00 часот, дел од корисниците од село Батинци – м.в. Ќупријан и ул. 1 (општина Студеничани)

Скопје | пред 7 години

10022019_PVRM_Mladinski_Olimpiski_Igri_Saraevo-2

(ВИДЕО) Заев се сретна со претставниците на Европските младински олимписки игри во Сараево

Пред почетокот на Европските младински олимписки игри во Сараево денеска премиерот Заев се сретна со Ана Марија Зафировска и Никола Петковски, македонските претставници на овој фестивал.Обајцата ќе се натпреваруваат во дисциплината „крос кантри“, а овој настап за нив ќе биде прво меѓународно искуство.Премиерот Заев посакувајќи им среќа и успех ја посочи поддршката од сите граѓани на Република Северна Македонија.„Успехот во спортот носи голема радост и секако е најголем амбасадор на една земја“, додаде премиерот Заев.

Македонија | пред 7 години

sliki-Berlin-minister-1

Адеми оствари средби со раководствата на „Еуримаж“ и на „Европскиот филмски маркет“

Министерот за култура Асаф Адеми, за време на својот престој во Берлин, во рамките на интернационалниот Берлински филмски фестивал оствари неколку работни средби со значајни претставници на врвни институции од областа на филмската индустрија.Имено, во текот на денов (10 февруари) министерот Адеми се сретна со Кетрин Траутман, претседателка на „Еуримаж“, и со Роберто Ола, извршен директор на „Еуримаж“. На средбата, на која присуствуваше и Горјан Тозија, директор на Агенцијата за филм на РМ, министерот за култура го потенцираше огромното значење за Република Македонија и за македонската кинематографија што македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се наоѓа во официјална конкуренција на фестивал од А-категорија, особено што овој филм беше поддржан токму на Генералното собрание на Бордот на директорите на „Еуримаж“, што се одржа во Скопје во 2017 година.Министерот Адеми на средбата го изрази своето задоволство од досегашната високопрофесионална соработка со Република Македонија како земја членка на Еуримаж и искажа уверување дека и во иднина македонската кинематографија ќе продолжи да ги следи европските стратегии во филмската дејност и да создава квалитетни европски копродукции.Република Македонија од 2003 година е членка на „Еуроимаж“ – фонд при Советот на Европа чија цел е промовирање на европската филмска индустрија преку поттикнување на производство и дистрибуција на филмови и поттикнување копродукции меѓу филмските професионалци.За време на посетата на Берлинскиот филмски фестивал, министерот за култура Адеми денеска се сретна и со Матис Воутер Нол, директор на Европскиот филмски маркет, кој е еден од трите најголеми филмски маркети во светот. На средбата стана збор за досегашната соработка на Агенцијата за филм на Република Македонија со Европскиот филмски маркет. Беше нагласено дека Агенцијата за филм секоја година е присутна на Маркетот со различни активности за промоција на македонската кинематографија, како и со проекции на македонски филмови. Министерот за култура Адеми го запозна својот соговорник дека Република Македонија и оваа година има проекции на Маркетот и изрази уверување дека најновите македонски филмови ќе имаат голема посетеност. На средбата беше истакната заинтересираноста за продлабочување на соработката преку заложбите и Република Македонија да има свој штанд на Маркетот каде што  Агенцијата за филм ќе има можност да ја претстави тековната македонска филмска продукција, како и можностите за снимање филмови во Република Македонија. Министерот Адеми истакна дека присуството на нашата кинематографија на Европскиот филмски маркет е од големо значење бидејќи потврдува дека се вложува во авторите и во филмската индустрија.

Македонија | пред 7 години

Boki-13-Bojan-Jovanovski

Мајката на Боки 13 вработена во Влада?!

 Јасмина Јованоска, дипломиран правник се вработила во Комисија за слободен пристап до информации од јавен карактер при Владата.Во јавноста се пласираа информации дека се работи за мајката на Бојан Јованоски, директор на 1 ТВ. Таа претходно подолго време работела во Министерството за труд и социјала.

Македонија | пред 7 години

evrovizija

Бугарија нема да учествува на Евровизија, поради финансиски причини

Бугарија нема да учествува оваа година на Евровизија поради финансиски причини. Ова го соопштил бугарскиот национален сервис БНТ, може да се види на официјалниот сајт на Евровизија.Со тага ви соопштуваме дека Бугарија нема да учествува на Евровизија. Оваа одлука се базира на финансиски причини, бидејќи, според менаџментот на сервисот, трошоците на проектот далеку ги надминуваат финансиските капацитети на БНТ – се вели во соопштението.

Магазин | пред 7 години

marihuana

Рација во дискотеки во Урошевац - пронајдени и запленети над 220 килограми марихуана

Пет лица се уапсени, во рации во неколку барови во Урошевац, соопштија косовската полиција и Обвинителството во градот.При рацијата биле пронајдени и запленети 220 килограми опојни супстанции, за која се сомнева дека потекнува од Албанија.Акцијата се спровела по неколкумесечна истрага.Уапсените лица, три од Албанија и две од Косово, кои се сомничат дека припаѓаат на добро организирана група и се обвинети за кривично дело неовластено купување, поседување, дистрибуција и продажба на опојни дроги и психотропни супстанции.Се претпоставува дека запленетата количина марихуана била наменета за дистрибуција надвор од Косово.

Свет | пред 7 години

gruevski-2

Груевски: Ниту еден министер од СДСМ немаше да остане слободен ако сакавме да апсиме

Во врска со четворица поранешни министри и заменици за земјоделие кои беа приведени Груевски изјави дека тие не може да знаат се бидејќи министерството има договор со илјадници земјоделци.„Слушнав дека се уапсени заради тоа што некои земјоделци не ја плаќале кирија за земјиштето. Не знам зошто не им ја наплатат. Зошто ги става министрите во затвор? Министерството има договор со илјадници земјоделци, и не може министерот да знае се.Кога дојдвме во владата, ако сакавме да апсиме немаше ниту еден министер СДСМ да остане слободен. Зошто да апсите некој кој не знае за нешто, тоа се огронми министерства не можат тие да знаат за се“, изјави Груевски.

Македонија | пред 7 години

1-12

Груевски: Димитров сам се понуди да биде партиски човек, а јас да го поставам за министер

Во интервју за Инфомакс, поранешниот премиер Никола Груевски изјави дека Никола Димитров сам се понудил да биде поставен за министер.„Не би рекол дека Димитров има десничарска идеологија. Тој никогаш не бил член на ВМРО-ДПМНЕ. Се понуди за функција во периодот кога Милошоски поднесе оставка. Тој дојде во мојата канцеларија и кажа дека е подготвен да облече партиски дрес доколку ја добие позицијата министер за надворешни работи. Сериозно размислив и ја донесов одлуката на таа позиција да го поставам Никола Поповски. Тој никогаш немаше партиска книшка. Димитров е извонредна личност за влегување под кожа, за правење лице, вистински мајстор за ткава работа“, изјави Груевски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Христијан Мицкоски направи драма

Партискиот лидер Христијан Мицкоски во видео на својот Фејсбук повика на избори поради, како што вели, економската катастрофа во која тоне земјава.Економијата тоне.Владата ништо не работи и само повторува лаги.Македонија оди во погрешна насока.Покрај национална ни претстои и економска катастрофа, затоа потребни се избори.Народот да одлучи. Избори, напиша Мицковски.Нека изгрее зората на слободата. Видео-спотот во траење од неколку минути објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/2035733386502438/

Македонија | пред 7 години

struja

Поранешен вработен во ЕВН си ја отвори душата: Откривме над 100 кражби на струја, - ни наредија да не ги пријавиме

“2013 кога работев у ЕВН бев 60 дена во реон Арачиново, пластичарска и Бит пазар у Скопје. Шо да ви кажам анархија како на ниедно место, струја никаде не се плаќа, кражби на струја а загубите 65%, напиша на својот фејсбук профил бивш вработен во ЕВН.Во продолжение, тој објаснува:Требаше да дислоцираме броила надвор од куките. Им беше обеќано на албанците дека ако дозволат дислокација 2 години нема да им исклучуваат струја за застарени сметки.При Работата открив преку 100 кражби на струја, но не смеевме да ги пријавиме зошто така ни беше наредено, само дислокација другото да не не интересирало. Они како шо знам пак си терале по исто до 2015. Пробаат да им исклучат албанците струја во тие реони, а тие им кршат сите надворешни ормари.ЕВН бара од државата помош за да им обезбеди да стопанисуваат бидејки државата е должна тоа да го обезбеди. И од немоќ државата и дава на ЕВН 14% признаени загуби низ водови, кои у нормалниот свет се 8%. Таа разлика од 6% ЕВН си ја користи а у исто време пак се насобираат за наплата сметки и таа си ги фактурира и лежат како ненаплатени долгови. 6% плаќаат Елем и Мепсо, односно ние граѓаните, па сега вие донесете заклучоци.”Нешто што го знаеме сите, освен Владините коалиции … т.е. знаат ама...https://www.facebook.com/boris.kaeski/posts/10156704559780196

Македонија | пред 7 години

zemjotres

Земјотрес со јачина од 4,8 степени го погоди Иран

Земјотрес со јачина од 4,8 степени денеска ја погоди југозападната иранска покраина Кузестан, јави иранската агенција Мер.Медиумите во регионот јавуваат дека земјотресот бил појак и е почувствуван и во околните земји.Сеизмолошкиот центар на Геофизичкиот институт во Техеран соопшти дека земјотресот е почувствуван во градот Изех во Кузестан околу еден часот по полноќ по локално време, а епицентарот бил на длабочина од 15 километри.Иранската агенција наведува дека засега нема податоци за евентуални жртви или штета.Весникот „Калиџ тајмс“ од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), повикувајќи се на Националниот центар за метеорологија, објави дека земјотрес со јачина од пет степени, во попладневните часови, го погоди  јужен Иран и дека се почувствувал и во северните делови на ОАЕ.

Свет | пред 7 години

51733870_383795752178621_507196879872720896_n

(ФОТО) Првата табла со ново име ќе се постави на ГП Богородица

Таблата на која е испишано Северна Македонија е на граничниот премин Богородица. Се очекува истата да биде поставена во текот на утрешниот ден.Официјална Атина очекува уште утре Скопје да почне со исполнување на обврските да ги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име.Фото: 24 инфо 

Македонија | пред 7 години

n7Zk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpNN01EQV8vNDdiYWVmN2NjMWFmOGUxZTljNmM3YmMyYTIzN2E1ZmEuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Во Босна серискиот убиец на слобода, предупредување до граѓаните да не излегуваат од дома

Обвинителството во Сараево отвори истрага против Един Гачиќ поради сомнение дека извршил тешко убиство, потврди портпаролот Азра Бавчиќ.Един и понатаму е најбараното лице во Босна и Херцеговина, а потрагата по него е проширена на територијата на целата држава.Тој е осомничен за убиството на Сауд Султаниќ во местото Подорашац кај Коњиц кое било извршено во понеделникот. Исто така тој во полицаецот Махир Бегиќ, кој обезбедувал објект на Федералната управа на полицијата (FUP) во местото Сиходол во Тарчин, истрелал повеќе куршуми од засега непознато оружје, пренесуваат српските медиумиГачиќ кон крајот на војната во БиХ убил соборец од единициата ел-Муџахид на Армијата на БиХ, позната по бруталните егзекуции и отсекувањата на глави по што е осуден на осумгодишната затворска казна. Би помилуван во 2000 година од тогашниот претседател на Федерацијата БиХ, Ејуп Ганиќ од Партијата на демократска акција (SDA) и му ја намалил казната затвор за една година.Откако излегол од затвор во 2002 година ја убил мајка си во Зеница, и во 2003 година е осуден на 20 години затвор. По издржувањето на две третини од казната е пуштен од затворот во Бихаќ. Управата на тамошниот затвор предупредила дека Гачиќ, за кого се тврди дека боледува од шизофренично нарушување, би можел да изврши убиства, но властите го игнорирале ова предупредување. 

Свет | пред 7 години

zlatko_origjanski_croatia_top_50_98

Ориѓански: Рита Ора, Бебе Реџа, Дуа Липа пукаат низ цела планета, а ние се занимаваме со доделените средства за театарчето во Зајас

Некогашниот член на групата „Анастасија“, гитаристот Златко Ориѓански се произнесе со свој став околу целосната ситуација со распределбата на финансии од Министерството за култура за проекти.„Рита Ора, Бебе Реџа, Дуа Липа пукаат низ цела планета, а ние се занимаваме со доделените средства за театарчето во Зајас, дали ќе тераме пајдушко или шота. Тоа е тој провинцијализам од кој никако да се ослободиме. Грешни мерки, тесна слика за светот, локално делување, разединеите и поделени, совршена подлога за создавање селски наместо светски производи. Вложувајте пари во нешто кое ќе роди светска вредност, направете некоја светска серија, филм, музика. Не туку фрлајте пари во некој Тале или Ајет оти многу сака да глуми пред мајка му. Аман од тој ваш локал патриотизам, сељачизам, 21 век е денес, отворен пазар и натпревар“, напиша Ориѓански на својот профил на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

Filip-Petrovski-TV-Nova

Филип Петровски кандидат за претседател од Единствена Македонија

Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса, денес, недела, 10 февруари одржа седница во врска со утврдувањето на кандидат и настап на партијата на претстојните избори за претседател на Република Македонија.Централниот комитет на Единствена Македонија како членка на „Македонија-Блокира„ донесе едногласна одлука да го подржи Филип Петровски на претстојните избори како кандидат за претседател на „Македонија-Блокира“.Единствена Македонија застанува зад кандидатурата на Петровски водејќи се единствено од македонските национални и државни интереси да се порази злото во Македонија кое има свое име. Злото се вика марионетска власт Зоран Заев купена и контролирана од странски центар.Филип Петровски е кандидатот кој во моментот може да го победи кандидатот на марионетската власт на Заев бидејќи ужива народна подршка на широка основа како од членството на ВМРО-ДПМНЕ така и од големата коалиција „Македонија-Блокира„ во која членуваат 84 организации - партии и здруженија од земјата и дијаспората. Практично, Филип Петровски е кандидат на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните.Централниот комитет на Единствена Македонија изразува целосна подготвеност за учество на партијата и на предвремени парламентарни избори во секое време кога и да се одржат.

Македонија | пред 7 години

noz-ubistvo-napad

Ја убил својата девојка бидејќи не сакала да премине во ислам

Илегален имигрант (30) осуден е на доживотен затвор поради убиство на неговата 17-годишна девојка бидејќи како што вели одбила да премине во ислам.Идентификуван како Ахмед С. од Авганистан, прогласен е за виновен во судот во Флензбург во Германија.Неговата поранешна девојка била избодена четиринаесет пати бидејќи ја раскинала врската.Ахмед и неговата девојка биле во врска две години, но тој постојано се обдувал да ја контролира. Во февруари минатата година таа го оставила кога одбила да премине во ислам и да носи фереџе, велат од обвинителстово.“Тој пристигнал во Германија во 2015 година. 

Свет | пред 7 години

protest-pazar

Пазарџиите ќе стават клуч на зелените пазари, најавуваат генерален штрајк?

Пазарџиите најавуваат генерален штрајк, објави ТВ Сител. Иако примената на новиот Закон се одложи за една година, тие не отстапуваат од своето барање за негово целосно укинување и ја искажаа можноста да ја блокираат работата на зелените пазари низ целата држава.Од Владата информираат дека ги слушнале аргументите и барањата на пазарџиите на заедничката средба што ја остварија пред неколку дена.И од Министерството за економија потврдија дека последната средба завршила со позитивен резултат. Одлуката да се одложи примената на законот за една година е донесена токму со таа цел, преку заеднички преговори во меѓувреме да се изготви подобрено решение на задоволство на сите засегнати страни.Новите законски измени предизвикаа револт кај пазарџиите бидејќи им се наметнува дополнителна давачка во висина од 60 евра на годишно ниво, а пензионерите и вработените немаат право да поседуваат тезга.Текстот вo целост на ТВ Сител

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања