Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

dragana-donacija

Момчето кое го фати крстот во Кавадарци собра над 80.000 денари за операција на 15-годишната Драгана

Дарко Недев, момчето кое го фати крстот во Кавадарци заедно со навивачката група Лозари Исток успеаја да соберат нешто повеќе од 81.000 денари кои ќе бидат донирани за 15-годишната Драгана Малкиќ, која има потреба од операција на окото, пишува Фокус.мк.Дарко и навивачката група вчера утрината поставија пункт на градскиот плоштад во Кавадарци, каде сите верници можеа да го целиваат и даруваат крстот. Тие најавија дека средствата што ќе се соберат се наменети за Драгана, на која и е потребна итна операција во странство.

Македонија | пред 7 години

zagaden-vozduh

Бизнис план на Македонија: Извоз на загаден воздух, прдни да земам чист воздух

Корисниците на социјалната мрежа „Твитер“ жестоко реагираат за проблемот кој Македонија го има со загадениот воздух. Тие сметаат дека државата е неспособна да се справи со овој проблем, за дел од нив крив е премиерот Зоран Заев, а за останатите Шилегов. Други пак, се пошегуваа на сметка на Владата.

Коментари | пред 7 години

makraduli

Макрадули најави чист воздух кога Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО, до тогаш граѓаните да се мобилизираат

Заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули ги повикува граѓаните на мобилизација за справување со загадениот воздух. Според него, кога нашата државата ќе влезе во ЕУ и НАТО најголем приоритет ќе треба да биде решавање на овој проблем.„По мое длабоко убедување проблемот со загадениот воздух е најголемиот предизвик на општеството после интеграцијата во НАТО и ЕУ. И откако со исклучителен ангажман на владата, а пред се со напорите на Премиерот Заев се заокружи тој процес, на ред (иако не треба ова да биде дел од некоја листа, туку приоритет број еден) доаѓа борбата за намалување на аерозагадувањето. Затоа владата немаше дилема и одлучи:- за прв пат дефинира посебна владина програма;- за прв пат одвои средства;Јас знам дека не постои влада што сама го решила овој проблем, но знам дека одговорноста е на владата и ние што повеќе сме инволвирани;- Ама знам дека многу граѓански организации и деловни субјекти можат да помогнат;- Но знам и дека планот за чист воздух е кредибилно, базирано на наука решение;- и знам дека ќе донесе резулатат;- знам дека на поединци, особено засегнати од бизнис интереси им смета, ама знам дека јас ќе истрајам на овој план, затоа што тоа е решението кое носи добро за сите;На тој пат, знам ни треба и транспарентност и инклузивност, ама знам и дека ни треба кредибилност и да се обидеме да ги изгбегнеме дезинформациите; само така ќе успееме сите заедно;Знам на пример дека во Прилеп нема мерна станица на Министерството за животна средина. Не ми е пријатно кога ми посакувате канцер за мене и моето семејство ама знам тоа е кога сте јавен функционер и мора да трпите се, ама не можам да разберам интелектуалци, особено новинари кога споделуваат фатаморгански податоци базирани на аматеризам од Али експрес. Јас можеби ќе се разболам, ама тоа не им дава за право на никој да креира хистерија во јавноста. Да, во Македонија има загадување и тоа големо, ама лажните вести не помагаат, туку масовна акција за:- забрана на јагленот како извор за затоплување;- замена на нееколошките греења со еколошки;- еко налепниците за возила;- забрана за палења на стрништа;- повеќе зеленило насекаде, особено во градинките и школите;- повеќе зелени ѕидови и кровови;- регулирање на отпадот;- да го одблокираме градот од зградурини;- повеќе да приклучиме на централно греење;Да нема дилеми, моја е одговорноста, не барам алиби. Ама и знам дека повеќе граѓани и граѓански организации се приклучија на планот отколку што посакаа канцер. Време е да се реши загадувањето. Затоа, Ве замолувам за масовна мобилизација и заедничка борба за спроведување на #ПланЗаЧистВоздух“, пишува Макрадули на социјалните мрежи.

Скопје | пред 7 години

afganistan

12 лица загинаа во напад на воена база во Авганистан

Најмалку 12 лица го загубија животот, а повеќе од 30 се ранети во нападот на талибанските екстремисти на воената база и полицискиот центар за обука на истокот на Авганистан.Во соопштението се наведува дека најголем дел од нив се војници.Нападот се случил во источната авганистанска провинција Мајдан Вардак. 

Свет | пред 7 години

karleusa

Босанскиот фудбалер се огласи по големиот скандал со Карлеуша: „Душко знаеше за нашата афера“

Деновиве главна веста во светот на шоубизинисот е скандалот на Јелена Карлеуша која наводно имала афера со босанскиот фудбалер Огнен Врањеш.Имено, во медиумите се појавија експлицитни фотографии од пејачката, но и пораки од допишувањата со фудбалерот. Јелена ги демантираше овие пишувања истакнувајќи дека не е таа на фотографиите и дека се монтажа.Огнен најпосле се огласи и стави крај на шпекулациите, пренесува „Ало“.„Никогаш не сум бил фан и никој никогаш нема да може така да ме претстави. Душко знаеше за нашата афера, а јас не сакам повеќе да бидам дел од оваа приказна“ вели Огнен за „Ало“.Познатата српска пејачка, Јелена Карлеуша, има богато искуство кога се работи за изборот на мажи. 41 годишната турбо-фолк ѕвезда често ги менуваше партнерите.Во средината деведесеттите години, Јелена беше во врска со еден од водачите на Земунскиот клан Зоран Давидович-Чанда. Чанда беше уб*ен враќајќи се од погреб, а Јелена скршена од болка му посвети песна. 

Магазин | пред 7 години

b2Vk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnprN01EQV8vZTI0N2NkNDc3ZjllYTBjZDA3NTRkM2NhY2VkYWMxYjMuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Се зголемува бројот на загинати лица во експлозијата во Мексико

Бројот на загинати во експлозијата на нафтовод во централно Мексико порасна на 85 лица, аад десетина лица се водат како исчезнати.Властите сметаат дека несреќата се случила кога крадци се обиделе да украдат гориво и ја пробиле цевката, пренесува Ројтерс.Ова е една од најлошите експлозии на нафтовод во Мексико, вели агенцијата.  

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Промена на цената на горивата

Денеска напладне се очекува да ја соопшти новата одлука за цените, кои најверојатно ќе поскапат.Од вторникот на 8 јануари, кога и се креираа актуелните цени до денеска, барел сурова нафта на лондонската берза е поскап за околу 3 долари и повторно е над границата од 60 долари.Во такви услови за очекување е благо зголемување на малопродажните цени, кои не треба да биде изненадување ако се  зголемат за околу денар до денар и половина по литар.При последната одлука малопродажните цени на бензините во Македонија, ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит.Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 43,50 ден/лит.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 2,227ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 25,949 ден/кг.Останува да видиме каква одлука ќе донесе Регулаторната комисија за енергетика денеска.

Македонија | пред 7 години

IMG_8756

Родителите прашуваат: „А, после два дена ќе има чист воздух?“

Поради континуираното загадување на воздухот, како и метеоролошките прогнози за следните денови, Владата на Република Македонија, донесе итна мерка за продолжување на траењето на зимскиот распуст.По ваквата одлука на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство граѓаните на социјалните мрежи коментираа дека оваа мерка нема да го реши проблемот:Александра Рајчина Спасовска пишува:  За децава во градинка што одат не важи, друг воздух дишат они, а и родителите што ги носат.... Поголема глупост после епидемијата немав прочитано ццццАндријана Велкова Воиновска коментира: А после два дена ќе има чист воздух?Жаки Маки Терезиева пишува: Што ви текна во последен момент, а тие што се договараат да ги чуваат нивните деца додека родителите се на работа, не ви е гајле што чудна земја сме.Дијана Миланова коментира: Леле после два дена излегувајте надвор и диште чист воздух, колку што можете.Елизабета Василевска пишува: За два дена ќе се решил порблемот, кои детски глупости и што значи школите ќе бидат функционални без деца само со наставници подобро и тие да не одат на работа за да не се трујат...Анета Крстевска коментира: Ако не се радуваат децата..Само проблем е што саботите ќе ги обработуваат...„Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае во времетраење од два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година. Училиштата ќе бидат во функција, учениците нема да посетуваат настава во наведениот период“, наведуваат од Владата.Во овој период Владата, нагласуваат оттаму, ќе ја следи состојбата врз основа на која, а во координација со Министерството за образование и наука, ќе одлучи околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст.Според временската прогноза и утре времето ќе биде променливо облачно со појава на магла по одделни котлини, и со повремени локални врнежи од дожд и снег. Максималните дневни температури ќе се движат од 1 во Берово, 2 во Маврово, 5 во Скопје, 6 во Охрод до 8 степени во Дојран.Во наредните денови се очекува променливо облачно време со поверемни локални врнежи од дожд на пониските места и снег на повисоките места и планините. Во втората половина од неделата врнежите се очекува да бидат пообилни.Воедно покрај продолжениот распуст, Град Скопје апелираше да се користи јавниот превоз за што донесе одлука тој да биде бесплатен во главниот град додека трае енормното загадување. Од вчера и цените на паркирањето на паркиралиштата на Градски паркинг се двојно зголемени,  а донесена е и одлука за  прекинување и градежните активности на градилиштата под наглежност на  Град Скопје.Државните институции и јавните претпријатија треба да ја намалат до 50 проценти употребата на службени  возила. Државниот инспекторат за животна средина е задолжен да спроведува контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух, со препорака инсталациите со А – ИСКЗ дозвола да го намалат капацитетот на производство до 50 прценти. Оваа мерка нема да важи за инсталациите кои произведуваат топлинска или електрична енергија.Од Министерството за внатрешни работи, пак, Град Скопје побара зачестено да ги контролира издувните гасови на возилата и да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување стоки издадени од Градот Скопје. Од МВР се бара и да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чија крајна дестинација  не е Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница.Извор: Skopjeinfo

Македонија | пред 7 години

dimitrov

Димитров: Во Грција има отпор на Договорот, а ние затоа го нарековме историски

И најжестоките противници на ова историски помирување во догледно време, како што ќе се гледаат резултатите од ова историско приближување ќе го оправдаат овој чекор, порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Сител во врска со Договорот од Преспа, пишува Независен весник.Тој истакна дека внимателно ја следел состојбата во Атина, каде денеска се одржуваа протести против Договорот од Преспа, имал неколку телефонски разговори со различни страни. Нагласи дека бројката од 60 илјади учесници на протестите е драстично помала во однос на оние во февруари кога имало околу 140 илјади граѓани, што значи дека трендот е позитивен.-Овој жесток отпор во Грција, еден од органзаторите го спореди Договорот со национална трагедија, Мицотакис рече дека е национален пораз. Истиот Договор се доживува неразлично како и кај нашата опозиција, тоа покажува каков бил јазот меѓу двете страни и зошто ние и светот тој Договор го нарекуваме историски, рече Димитров.Очекуваме гласањето во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот да се случи кон крајот на следната недела и искрено се надева дека ќе биде поддржан со апсолутно мнозинство.Во врска со уставните измени и напорите за добивање двотретинско мнозинство Димитров нагласува дека делумна амнестија имаше за 27 април. –Факт е дека имаме едно многу поделено општество и дека мора да најдеме начин повеќе да бидеме заедно, но тоа не може да се прави на сметка целосно да се загрози принципот на одговорност оти многу ќе биде тешко сите ние да најдеме волја да одиме напред, ако има општа неказнивност, рече Димитров.Нагласи дека амнестијата за 27 април не допира на нешто на што особено се посветува внимание во ЕУ, а тоа е корупцијата.– Мораме овој период сега од денеска се до денот кога ќе може да се вметнува нашиот напредок во извештајот на ЕК да дадеме се од себе како држава, администрација, општество да создадеме амтосфера дека Македонија е толку цврсто решена да чекори напред што практично ќе биде непријатно да не се влезе во тој консензус меѓу земјите членки, додаде Димитров.На прашњето за можноста со претседателските да се одржат предвремени парламентарни избори Димитров нагласи дека тој по природата на ресорот што го води е уаптен да ја има големата слика во вид.-Од една страна разбирам, на некој начин Владата беше предизвикана од опозицијата да размислува за вонредни парламентарни избори во ситуација кога сите анкети велат дека опозицијата ќе загуби. Втор аргумент може да биде тоа што решивме едно големо прашање и инстиктивно сакаме да си го освежиме легитиметот пред народот, вели Димитров но напоменува дека од друга страна државниот интерес налага овие месеци што претстојат до објавување на извештајот на ЕК да се искористат за тоа, бидејќи и ЕУ се соочува со свои предизвици во периодот што престои.

Македонија | пред 7 години

kanada

Канада во следните три години ќе прими над милион мигранти

Канада во следните три години ќе прими 1.080.000 мигранти, пишува Бусинесс Инсидер.Оваа држава со речиси 37 милиони жители се соочува со проблеми како што се стареењето на населението, пад на наталитетот и следствено, недостиг на работна сила па одлучи да ги отвори границите за жителите на другите земји.– Растот на бројот на мигранти, особено на економските, ќе ни помогне да ја одржиме работната сила, економскиот раст и да ја стимулираме иновацијата, пишува во извештајот на владата.Но треба да се има на ум дека канадската влада не “повикува” секого во нивната татковина. За да се квалификувате за постојан престој во таа земја, мора да имате најмалку една година завршено образование по завршувањето на средното образование, една година работен стаж и течно да зборуваат англиски или француски јазик.Канада минатата година одобри постојан престој за околу 310.000 мигранти, а годинава таа бројка може да се зголеми на 350.000, во 2020 година на 360.000, додека во 2021 година се планира пораст на мигранти во Канада за 370.000 луѓе. Ова значи дека Канада секоја година ќе прима број на мигранти еднаков на еден процент од населението во целата земја, што не е необично за држава во која еден од пет жители е роден надвор од државата.

Свет | пред 7 години

sirija

(ФОТО) Драматично во Сирија: Израел со ракети ги нападна иранските сили, загинаа четири лица

Израелски воени авиони во понеделник наутро извршија напади во Сирија на иранските сили Кудс, огранок на Револуционерната гарда. Сиријците вратија на нападот, а потоа израелци ги гаѓаа одбранбените ракетни состави на сириската војска, објави војската на Израел.Медиумите во Сирија потпирајќи се на извори од војската на Сирија, објавија дека Израел извршил интензивен напад, но сириската одбрана со ракети ги уништила многуте ракети на израелската војска. Нападот во Дамаск траел речиси еден час.Во напад на аеродромот во Дамаск, загинаа четири војници на Сирија, додека шест се ранети, пренесува РИА. Сириската опсерваторија за човекови права објави дека загинати се 11 лица.

Свет | пред 7 години

50514815_328334994438777_5605348490726080512_o

(ФОТО) Градоначалникот на Охрид се соблече и скокна во езеро

Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиевски за „Денот на рибарите“ се искапи во Охридското езеро. Георгиевски влезе со маица, а излезе разголен. Вусшност, тој на овој начин ги испочитува своите сограѓани и заедно со нив, на исти начин, учествуваше на манифестацијата.Тој присуствуваше кај малиот плоштад на „Долна порта“, каде со рибна чорба, пача, вино и греана ракија традиционално охриѓани го прославија „Денот на рибарите“.Присутните на настанот имаа можност да вкусат рибна чорба, подготвена во голем казан за која беа обезбедени 500 килограми риба.Црвениот крст дел од рибната чорба ќе распредели по семејствата со социјален ризик во градот, како и на лица со хендикеп и постари лица кои не се во можност да присуствуваат на овој настан. 

Македонија | пред 7 години

grcija

(ВИДЕО) Шокантни снимки од судирот на полицијата и демонстранти пред грчкиот парламент

Десетици илјади Грци се собраа на протестот против Договорот од Преспа во Атина, со кој се решава 27 години стариот спор помеѓу Грција и Македонија и што се очекува да биде ратифициран во грчкиот парламент во наредните денови.Полицијата во еден момент фрли солзавец, кога демонстрантите се обидоа да пристапат кон скалите пред парламентот, извикувајќи „Македонија е грчка“.Ова беше еден од најголемите протести во Грција во врска со спорот за името со Македонија, но грчките медиуми објавија дека очекуваната бројка од 600.000 луѓе ни оддалеку не беше постигната. Организаторите најавуваа дека од северна Грција ќе пристигнат 3.000 автобуси, но според полицијата, до 14 часот по локално време, околу 300 автобуси влегоа во градот, како и 60 од правецот на Пелопонез.

Свет | пред 7 години

M7Dk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTURRN01EQV8vZDU3OTBjNDdkMTczZWY1OGY2ZTAwNWEyODExYzBhMzIuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) Илир Мета во посета на Црна Гора, низ градот се веат албански знамиња

Претседателот на Албанија Илир Мета денеска престојува во посета на Подгорица, на покана од црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.По тој повод низ градот се веат албански знамиња, велат медиумите.https://www.facebook.com/istorijatcrnegore/videos/361545181063213/Мета ќе се сретне и со претставници на албанските партии во Црна Гора.Ова е втора посета на албанскиот претседател на Црна Гора во последните шест месеци. 

Свет | пред 7 години

drzavjanstva

Според бројот на издадени државјанства, Каракамишева на ФБ ги преброи националностите во државата

-Согласно ажурираните податоци за издадени државјанства, во Македонија има нешто повеќе од 2,4 мил.издадени државјанства, од кои 1.883.612 (72,66%) се декларирале како Македонци, 375.601 (16,7%) – Албанци,2,66% Роми, 3,85% Турци, 1,78% Срби,0,84% Бошњаци,0,48% Власи и 1,03% други.https://www.facebook.com/Karakamisheva/posts/2161714330579125Четиво за оние кои се уште се прават недоветни дека не разбираат и не знаат што се случува на Балканот!, напиша професоркта Тања Каракамишева на својот фејсбук профил.По оваа објава на Каракамишева грст од коментари, од оние кои се сложуваат со неа и ја поддржуваат, до оние кои го тврдат спротивното.

Македонија | пред 7 години

tunel-soobrakajna-nesreka

Скопје: Повредени 34 лица во сообраќајки

Триесет и четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во 16 од вкупно 34 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 18 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.Според податоците на Министерството за внатрешни работи полицијата од сообраќај исклучила 114 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 12 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 35 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и 10 почетници.Од сообраќај биле исклучени и 20 нерегистрирани возила, 115 за не прописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 75 возила.Полицијата санкционирала и 11 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четири возачи кои не даваат првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за не правилно престорјување, четворица за не правилно престигнување, четворица возачи кои не даваат првенство на минување на возила во зона на крстосница, девет за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, 10 за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила и четворица за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.

Скопје | пред 7 години

Piton-768x512

Питон сакаше да изеде момче, го спаси птица со чуден клун

Родителите во оддалечениот австралиски град се разбудија од криковите на 14-годишниот син кого го нападна питон.Влегувајќи во неговата соба, виделе змија долга три метри, која се свитала околу раката на момчето и ги зарила забите во неговата рака, објави телевизијата АБЦ.„Сакаше да му ја изеде раката“, рече мајката на момчето, Ема Џексон.Питоните не се отровни, туку ја дават својата жртва и потоа ја проголтуваат. Тие може да пораснат до 8,5 метри.„Ние се боревме со него, но колку повеќе се обидувавме, толку неговите заби навлегуваа сè подлабоко и подлабоко“, додаде Џексон.Конечно, таа ја зграпчила касичката во облик на птица со чуден клун и ја пикнала во устата на змијата додека таткото ја ослободил раката на момчето.По десет минути, момчето беше спасено.

Магазин | пред 7 години

nikola-sazdovski

Продолжува судењето на обвинетите за убиството на Саздовски

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски.Предметот се наоѓа во доказна постапка и за денеска е предвидено да биде извршена реконструкција на настанот.Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Македонија | пред 7 години

prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

КОД: Операцијата за создавање на „бомбите“ траела речиси три години

Со денови ги изнесувале и експортирале нелегално снимените разговори од 5-тата управа каде биле маркирани телефонските броеви кои треба да се следат, открива КОД.Операцијата за создавање на таканаречените бомби траела речиси три години. Сите тие материјали завршија во СЈО. Но, и после тоа примопредавање на бомбите, во неколку наврати полицијата и СЈО тврдеа дека се најдени бомби кои нелегално ги чувале граѓани.

Македонија | пред 7 години

najstariot-covek-japonec

Почина најстариот човек на светот

Најстариот човек на светот, Масазо Нонака, почина на 113 години, објавија јапонските медиуми. Членови на неговото семејство рекле дека Нонака умрел мирно во сон во својот дом во градот Ашоро.Тој бил роден 25 јули 1905 година, а пораснал во големо семејство кое работело со гостилница. Денеска тој бизнис го води неговата внука. Нонака ја надживеал својата сопруга, како и три од своите пет деца.

Магазин | пред 7 години

aeromexico

(Видео) Мексиканска авиокомпанија со рекламна кампања го исмеа Доналд Трамп

Мексиканската авиокомпанија „Аеромексико“ смисли рекламна кампања со која го исмева американскиот претседател, Доналд Трамп.„Прва дестинација за Мексико е Америка, но прва дестинација за Америка не е Мексико“, почнува рекламата. „Затоа отидовме во еден типичен американски град да видиме дали некој од жителите би сакал да отпатува во Мексико“, продолжува рекламата.https://twitter.com/ksieff/status/1085933954446905351?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1085933954446905351&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fzanimlivosti%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25bc%25d0%25b5%25d0%25ba%25d1%2581%25d0%25b8%25d0%25ba%25d0%25b0%25d0%25bd%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25be%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bc%25d0%25bf%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25be-%25d1%2580%2FИако во САД живеат 325 милиони жители, авиокомпанијата наишла на оние кои никако не планираат да го посетат Мексико. Но кога после критиките за Мексико, луѓето од компанијата ги замолиле учесниците во анкетата да направат ДНК анализа за утврдување на потеклото, се утврдило дека секој од нив имал мексикански гени.Па така, во зависност од процентот добивале попусти на летовите. На пример ако некој е 18 проценти Мексиканец добил 18 отсто попуст.

Магазин | пред 7 години

ljubov-decko-devojka

Истражување: Вистинската причина зошто остануваме во несреќни врски

Според најново истражување, причината поради која остануваме во несреќни врски не е стравот од осаменост.Ако вашата врска полека избледува и се чувствувате несреќно, мора да признаете дека не е лесно да се збогувате со партнерот или партнерката. Психолози од Универзитетот во Јута одлучија да го истражат проблемот. Резултатите покажале дека останувањето во несреќни врски не произлегуваат од стравот од осаменост туку од фактот дека во суштина луѓето се алтруисти.Што се случува? Си замислуваме дека не можеме да напуштиме одредена личност затоа што таа зависи од нас и не може без таа врска. Истражувањето докажува дека колку повеќе другата половина е зависна од нас, толку потешко се одлучуваме да го прекинеме односот. Остануваме во врска затоа што се грижиме за чувствата на другата личност.Во истражувањето учествувале 1 348 луѓе кои биле во романтична врска најмалку 10 недели и 500 кои размислувале за раскинување по најмалку два месеца.„Ако испитаниците сметале дека другата половина е цврсто определена за тој однос, тогаш ретко се одлучувале за раскинување, иако тоа не бил идеален однос“, вели Саманта Џоел, психолог од Универзитетот во Јута.„Ние едноставно не сакаме да ги повредиме нашите партнери и навистина се грижиме за потребите на другите“, додава таа.Но, постоеле сомнежи околу јасното читање на сигналите – некогаш погрешно сметаме дека партнерот или партнерката е зависна од нас. Исто така поминуваме многу време анализирајќи колку ќе биде болно раскинувањето. Се чини и дека раскинувањето е признавање на неуспех и ние едноставно создаваме магичен круг.

Магазин | пред 7 години

vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

ВМРО-ДПМНЕ: За само две години Заев натера повеќе од 70% од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината

Нема крај на понижувањата кои СДСМ му ги сервира на македонскиот народ. Писма, уставни измени, капитулантски договори со кои дел по дел аболицираниот Заев се откажува од се што е македонско, македонското вековно име, јазик, историја, култура. Заев го реализира до крај идентитетскиот атентат врз македонскиот народ, преку менување на уставниот карактер на државата и со Законот за двојазичност, велат од опозициската СДСМ.„Се што кажа Заев, излажа, а се што вети заборави.Заради неговите концесии, спротивно на волјата на повеќе од милион граѓани, со закани и уцени, спроведена е промената на уставното име. Благодарение на истите негови хипотеки и концесии Заев сега спроведува двојазичност на целата територија на Република Македонија.За само две години владеење со Македонија Заев успеа да натера повеќе од 70 проценти од граѓаните да сакаат да ја напуштат својата татковина, своите родни огништа и фамилии.Илјадниците граѓани кои побегнаа како резултат на криминалната и одродената власт предводена од аболицираниот Заев, доколку сега се вратат во државата нема да можат да ја препознаат својата држава. Нема да можат да ја препознаат државата од црнилата во кои е завиена, од црнилата олицетворени во одродената и криминална власт на аболицираниот Заев.Граѓаните ја бараат зората, граѓаните бараат предвремени парламентарни избори на кои ќе го нанесат финалниот пораз на Зоран Заев и СДСМ, избори на кои ќе ги поразат црнилата. Зората ќе дојде, сонце пак ќе ја огрее нашата татковина, Република Македонија“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Aerodrom-620x350-1

(ВИДЕО) Америка блокирана поради снежната бура, откажани 1550 летови

Повеќе од 1550 летови од САД се откажани поради големата снежна бура.Меѓу најтешко погодените аеродроми е меѓународниот аеродром Логан во Бостон, додека од Регионалниот аеродром Манчестер-Бостон во Њу Хемпшит закажано е полетување на само три авиона.https://twitter.com/usatodayvideo/status/1086664120278097921?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1086664120278097921&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3025561-amerika-blokirana-zbog-zimske-oluje-otkazano-1550-letova-udar-i-na-zeleznicki-saobracaj-foto-videoИсто така откажани се сите летови на меѓународниот аеродром во Берлингтон.Снежната бура која ги погоди западот и североистокот на Америка создаде проблеми и кај другите видови транспорт.Американската железничка компанија Амтрак соопшти дека очекува од денес сите возови да проолжат да се движат според распоредот, откако викендов голем дел беа откажани.https://twitter.com/AirportWebcams/status/1087030362776240129?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1087030362776240129&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3025561-amerika-blokirana-zbog-zimske-oluje-otkazano-1550-letova-udar-i-na-zeleznicki-saobracaj-foto-video 

Свет | пред 7 години

Capture-15

Музиката на Галоски поддржана од суперстар диџеите Дејвид Гета и Ники Ромеро!

Не стивнуваат позитивните реакции за музиката на нашиот најистакнат диџеј со светска кариера, диџеј Галоски. Последниот музички новитет е дека една од најголемите глобални музички ѕвезди Дејвид Гета го поддржа неговото најново издание насловено како ‘Shake It Down’.Темата е во соработка со српскиот продуцент Ra5tik и официјално излегува на 15ти февруари преку италианската издавачка куќа Art & Music Recordings.Ова не е првпат име од калиброт на Дејвид Гета да го поддржи нашиот диџеј и продуцент, но е поттврда за големината на нашиот артист. Следната недела веќе е најавена и премиера во радио емисијата на холандскиот супер-стар диџеј и продуцент Ники Ромеро.Инаку ‘Shake it Down’ e првото издание од веќе најавените изданија за 2019та на Галоски, следно издание е на издавачката куќа на Армин ван Бјурен – Армада Мјузик.Галоски последниве неколку години важи за еден од најистакнатите музирачи од земјава и е именуван како едно од најбрзо растечките диџејски имиња од Југо-источна Европа, само минатата година имаше настапи во повеќе од 25 земји ширум светот, вклучувајќи и настап на реномираниот светски Ултра Мјузик фестивал во Сингапур.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања