Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

protest-pazar

Нови протести, револтираните пазарџии пред собрание

Новиот закон со кој се бара од пазарџиите да обезбедат лиценци и им се забранува на пензионерите да продаваат на пазарите, ги крена на нозе пазарџиите. Тие утрово излегоа на протест пред Собрание. Протестираат затое што им се забранува да продаваат на пазарите и поради обврските и зголемените давачки кои им се наложуваат.За потесетување со новиот закон лиценцата за тезгите чини 3600 денари, а за втора тезга, продавачите треба да платат дополнителни 2400 денари.За дел од нив, како што посочуваат, пазарот им е единствена егзистенција. Тие бараат да се одложи или да се повлече законот.

Скопје | пред 7 години

centar-za-kultura

Зоран Пејкоски е нов в.д директор на Центарот за Култура во Охрид

Досегашниот в.д директор на центарот за култура Григор Прличев, Стрезо Стаматоски денеска е разрешен од оваа функција. Со потпис на министерот за култура Асаф Адеми, за директор на оваа установа е именуван е Зоран Пејкоски, малку познат на јавноста инаку член на комисијата за култура од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

gradnik-ortopedski

За првпат се обезбедени бесплатни ортопедски градници

За првпат се обезбедени бесплатни ортопедски градници, за жените што се оперирани од рак на дојка и имаат потреба од градник.„Жени, ве информирам дека во функција е процедурата за добивање бесплатен градник, еднаш годишно во соработка со ФЗОМ“, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Министерот ја објасна и процедурата за добивање на овој градник:- Потребна е пoтврдa oд мaтичен која се заверува зaверувa вo ФЗO;- Сo пoтврдaтa, градникот може да се купи во специјализирана продавница, сочувајте ја фискaлнa сметка и земете и сметкo-пoтврдa;- Сo oвие дoкументи и сo кoпијa oд трaнсaкцискa сметкa во ФЗOМ ќе пополните бaрaње зa рефундирaње нa средствaтa;- Фoндoт рефундира сума 1,266 денари од градник.Акo мaтичниот лекaр не јa знaе шифрaтa кoјa требa дa јa пишувa нa издaденaтa пoтврдa тaa е: 75-02 OРТOПЕТСКИ ГРАДНИК СO ЏЕБОВИ ЗА НOСЕЊЕ НА ВЕШТАЧКА ДOЈКАИсто така, за првпат обезбедивме и психолошка поддршка на пациентите, која е една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите. Правиме сѐ, пациентите подобро и побрзо да го надминат овој тежок период.

Македонија | пред 7 години

osvetena-voda

Како и зошто се употребува осветената вода

Осветената вода е образ на Божјата благодат: Таа ги очистува луѓето од духовните нечистотии, ги осветува и укрепува во подвигот на спасението во Бога. До неа првично се докоснуваме во Светото Крштение, кога при извршувањето на таинството, трипати биваме потопувани во купелот, наполнет со света вода.За Богојавление, секој православен христијанин носи дома сад со света вода, ја чува грижливо како голема светиња, причестувајќи се со неа, особено во време на болести и при секоја немоќ.Богојавленската вода, како и Светата Причест, верните ја пијат/употребуваат на гладно. „Осветената вода – како што пишувал светителот Димитриј Херсонски – има сила за осветување на душите и телата на сите што се ползуваат со неа“. Таа, примана со вера и молитва, ги лекува нашите телесни болести.Светата вода го гаси пламенот на страстите, ги изгонува злите духови – еве зошто со света вода се попрскува секое живеалиште и секој предмет што се осветува.Препоодобниот Серафим, после исповедта секогаш на поклониците им давал да пијат света богојавленска вода.Преподобниот Амвросиј на еден смртно болен човек му испратил шише со света вода – и неизлечивата болест, за чудење на лекарите, ја снемало.Старецот еросхимонах Серафим Вирицки секогаш советувал да се попрскуваат производите и самата храна со Јорданската (богојавленската) вода која, според неговите зборови, „самата осветува сè“. Кога некој тешко боледувал, старецот Серафим благословувал да се зема по една лажица осветена вода на секој час. Старецот говорел дека нема посилни лекарства од светата вода и осветеното масло.Свети Јован Шангајски советувал: „Секој треба да има дома богојавленска вода доволна за целата година и да се ползува со неа во секоја потреба: во случај на болест, тргнување на пат, кога некој е вознемирен, учениците пред испити итн. Луѓето што пијат по малку света вода секој ден, пред јадење, прават добро. Таа ги укрепува силите на нашата душа – ако тоа се прави со молитва и набожност, без да се очекуваат механички резултати од тоа“.

Магазин | пред 7 години

otec-arsenie

Отец Арсеније Јовановиќ открива зошто се добива и како се лечи депресијата

Отец Арсеније Јовановиќ - монарх во манастирот Острог, стоматолог по професија, но пред се харизматична личност, писател, успешен сликар, православен учител, ментор, проповедник, православен психолог, филозоф, кој на специфичен начин држи духовни проповеди, така што практично се исповедува пред присутниот аудиториум.Тој во едно свое интервју се осврна на најраспространетата болест на современото општество – депресијата и ја откри причината зошто оваа пандемија не запира. Тајната според него е во една работа!– Зошто луѓето на Запад се премногу дебели? Бидејќи нивната душа е бескрајно гладна, а телото им е сито. Тие јадат за да го утолат гладот, не физичкиот, туку духовниот, а тој не може да се утоли со „фаст фуд“ (брза храна).Причината за таква состојба е, според отец Арсениј, недостаток на љубов.– Нема љубов. Општеството ги оддалечува родителите од дома, преоптоварени се, немаат време за децата. Ние сме воспитувани без љубов. Затоа имаме епидемија на ментални болести. Од полесни, како анксиозност, страв и депресија, до најтешки состојби. Сето тоа потекнува од уништувањето на една жена која губи две од нејзините најмоќни оружја: женственост и грациозност. Губење на контакт со Бог и она што Бог и го дал, таа се натпреварува со мажот. Децата растат во оваа средина и кога мајката ќе ја изгуби таа женска црта, тогаш и девојките, нивните ќерки, стануваат уште полоши. Машките деца почнуваат да ги мразат мајките кои не ги воспитале да ги сакаат жените, а тоа создава атмосфера на насилство во кое мажите ги малтретираат жените и децата. Се губи секоја мерка, вели отец Арсеније.Отец Арсеније објаснува како самите си правиме пекол.– Самите создаваме пеколот. Бог не создаде пекол, ние го создаваме. Со автодеструктивен живот, лоши мисли и дела ја уништуваме душата, срцето, умот, кој соочувањето со божественото, нематеријалната светлина по смртта ја доживува како тортура и пеколот. Како што болниот се крие од сонце, така и на болната душа и пречи светлината на Божествената љубов со која се соочува по смртта на телото, вели отец Арсеније.

Магазин | пред 7 години

ojo-1

Обид за убиство во Батинци , пукано кон автомобил

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО.Делото за кое се товари обвинетиот го извршил во соизвршителство со уште еден осомничен за кого истражната постапка беше прекината затоа што тој е недостапен на органите на прогонот и по кого е распишана потерница, како и со уште едно непознато лице.„Тројцата на 22.10.2018 година во село Батинци со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице. Додека оштетениот се движел по улицата со блиндирано патничко моторно возило БМВ 750 со германски регистарски таблици, тие пукале кон него со две автоматски пушки – калашникови и со пиштол. Оштетениот застанал со возилото, а кога осомничените му се доближиле со оружјето во рацете, тој го ставил возилото во движење и избегал.Ценејќи дека се уште постојат основите заради кои на обвинетиот првично му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на оваа мерка.“ стои во соопштението

пред 7 години

ncionalna-strategija-transport

Презентирана националната трнспортна стратегија 2018-2030

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески одржа прес-конференција на која ја презентираше Националната Транспортна Стратегија 2018-2030.Националната Транспортна Стратегија е документ со кој се дефинираат јасни насоки за инвестициони планирања во инфраструктурата и развој на целокупниот транспортен систем во Република Македонија.Стратегијата содржи имплементационен план во кој се опфатени 104 активности со проценет буџет од околу 4,2 милијарди евра, планирани да отпочнат со реализација до 2030 година.Во своето обраќање, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески истакна дека крајната цел на Националната стратегија е да развие хармонизиран транспортен сектор што е меѓународно компатибилен и интегриран во европскиот систем на транспортни мрежи, кој ќе го стимулира економскиот и социјалниот развој на земјата, ја зачувува животната средина и ги обезбедува потребите на идните генерации.Инаку национална транспортна стратегија е изготвена врз база на детална анализа на состојбите во целокупнио транспорт и овозможува проценка на најдобрите решенија и дефинирање на транспортните цели на Владата за постигнување на високо ниво на одржливост и ефикасност во националниот транспортен сектор.Со Стратегијата е предвидено да се постигнат 4 главни цели:1. Зајакнување на Интеграцијата во ЕУ и промовирање на регионална соработка преку завршување на патната и железничката мрежа на Пан-Европските Коридори и европските рути.2. Подобрување на економската одржливост на национално ниво заради повисоко рангирање на земјата со Индексот на логистички перформанси на Светска банка.3. Воведување на „зелена мобилност“ и логистика, фокусирана на еколошка ефикасност на транспортниот сектор преку намалување на емисиите стакленички гасови од транспортот за 15,1% во 2025 година и за 18,6% во 2030 година, споредено со претходните нивоа.4. Воспоставување на сигурен и безбеден транспортен систем во сите видови на транспорт преку намалување на бројот на смртни случаи на патиштата до 50% до 2030 година.Во рамките на оваа цел планирано е завршување и модернизација на патните и железничките Коридори 8 и 10, како и Рута 6, 8 и Рута 10 и тоа:- Модернизација на Коридор 10, Дозавршување на автопатот Кичево-Охрид, Изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево, Модернизација на автопатот од Скопје до Гостивар, Изградба на автопатот од Скопје до Блаце, Изградба на ниво на автопат делницата од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир, Надградба на регионалниот пат Куманово-Страцин, Надградба на автопатска делница Струга-Ќафасан, Завршување на Коридор 10Д преку изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, изградба на ниво на автопат од Прилеп до Битола и изградба на нов експресен пат од Битола до Меџитлија, Изградба на ниво на автопат од Струмица до границата со Бугарија, Воведување на електронска патарина на Коридор 10 и Коридор 8, Изградба на пругата од Куманово до границата со Бугарија (трите делници), Изградба на пруга до Кичево до граница со Албанија за да го комплетираме цел Коридор 8. Реконструкција на пругата од Скопје до граница со Косово, Преземање на активности за изгардба на пруга од Скопје до аеродорм Скопје, Оваа цел вклучува и финализирање на Усогласувањето на домашната транспортна легислтива со Европското законодавство.„Сакам да потенцирам дека ова е Документ што ги дефинира стратешките политики во развој на транспортниот систем во земјава. Проектитет што се опфатени во Стратегијата ќе се реализираат согласно приоритетите на Владата“ истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Зоран Крстески: “Со што се храниш, таков стануваш“ - Каде одиме?

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.прессЗа да доживееме среќа, постигнеме успех и оствариме мир, неопходно е да утврдиме кон какви вредности се движиме и што правиме за да го оствариме тоа што го посакуваме. Прашањето не се однесува само на индивидуалниот пат кон среќата, мирот и успехот, туку и на колективната определба овие категории да станат концепт на живеење, во кој општествениот напредок наместо да биде наша илузија, конечно ќе стане долгоочекувана реалност.Не може да постои среќно, напредно и успешно општество, ако во него не егзистираат самосвесни, позитивни, одговорни, верни на должноста и работно ангажирани поединци. Кога секој влече на своја страна и не води сметка за колективниот напредок, тогаш нема основа да се надеваме дека нештата ќе тргнат кон подобро, а среќата, мирот и успехот ќе станат наше секојдневие. Причините за индивидуалната и колективна стагнација можеме да ги бараме на различни страни и во разни нешта, но едно е сигурно – секој ќе го добие тоа што го заслужува, некој порано, а друг подоцна ќе се соочи со последиците од своето дејствување.Ако не сакаме животот да ни помине во постојана борба, неизвесност и исчекување на хармонијата и позитивните вредности, ќе мора повеќе да работиме на самите себе, духовно и интелектуално да се воздигнеме и да создадеме предуслови за градење праведно, здраво и напредно општество. Затоа, секој од нас треба да си ги постави прашањата:Каде одам; какви вредности негувам; за што се застапувам; колку придонесувам за самиот себе и за другите; дали ја извршувам својата професионална должност или гледам од се да искористам; кому служам и за какви центри одработувам; какви морални начела практикувам; дали зрачам со љубов и уживам во малите радости на животот; што ме прави среќен, смирен и опуштен итн.Решението никогаш нема да го пронајдеме ако наместо добрите примери, наши идоли станат алчните и негативни личности; ако прифатиме дека сите се исти и веруваме дека секој ќе краде, лаже и искористува кога ќе добие можност за тоа; ако размислуваме дека е нормално да изневеруваш, да правиш прељуби и да уживаш во ниските страсти на телото; ако сметаме дека не е битна благосостојбата на народот и напредокот на државата, туку најбитно е да исцрпиме се што можеме од колективните добра и да ги обезбедиме поколенијата со неброени вреќи нечесно заработени пари; ако профитот го ставиме над се, без оглед дали поради тоа ќе страда здравјето на децата, на повозрасните, односно на консументите и пациентите; ако дозволиме да продолжи атмосферското и културолошко загадување и ширење на реата на невкусот, шундот и декаденцијата како стил на нормално живеење; ако ја деградираме здравата клетка на семејството и ја уништиме вредноста на чистиот образ, моралот и сочувството. Сите овие нешта не туркаат кон провалијата на опстојувањето, бидејќи не умееме да застанеме и кажеме стоп на личниот и колективен синдром на себеуништувањето.Главното прашање е каде тоа ние одиме и кон какви вредности се движиме, ако притоа го загубиме мирот во душата, го изопачиме чувството за сродност и хуманост и се оддалечиме од духовната и национална посебност?Аристотел има кажано дека среќата, мирот и хармонијата им припаѓаат на оние кои се задоволни сами од себе. Дали ние сме задоволни таму каде што сме, што преземаме да ги промениме нештата и колку вложуваме во личниот развој, духовната вредност и моралот на личноста? Одговорот може да биде поразителен за многумина, кои вредноста ја наоѓаат во ниските побуди, површните цели и тесните интереси.Трчајќи по разни телесни и материјални задоволства, сите ние како да заборавивме на вистинскиот миг на среќата, мирот и хармонијата. Нервозното темпо на живеење, борбата за преживување, егзистенцијалната неизвесност и погрешната вредностна ориентација: “Ако не му припаѓаш на естаблишментот, не си материјално реализиран, високо позициониран или под партиска заштита – ти си никој и ништо”, сериозно го загрозија духовниот мир на луѓето. Овие наметнати правила на игра создадоа армија фрустрирани поединци, кои стануваат се понесреќни, растроени и зависни од водството на економските експлоататори и политички моќници.Врз сите нас катадневно се надвиснати големи очекувања, а мали реализации, кои заедно со зависноста од надворешните фактори предизвикаа чувство на изневереност, незадоволство, губење на внатрешниот мир и сигурноста на животот.Наместо да се радуваат што постојат и ја имаат можноста на достоинствен и позитивен начин да ја креираат својата судбина, најголемиот број од луѓето се понагласено го чувствуваат товарот на животот врз своите плеќи, незнаејќи каде да се свртат, кон што да тргнат и за што да се одлучат. Подјармени, заборавени и оставени на милост и немилост на разните моќници, кои со години им го определуваат степенот на слобода и квалитетот на животот, многумина почнаа се подлабоко да тонат во бездната на духовната неосвестеност, замаеност и подвоеност.Кога не умееме да се избориме за дигнитетот на својата личност и да го подигнеме гласот против неправдите и ударите на негативците, тогаш интелигибилните сили на универзумот ќе дигнат раце од нас и нема да ни помогнат кога тоа ќе ни биде најпотребно. Во народните умотворби е запишано: “Ако самиот не си помогнеш, ни Бог нема да ти помогне”.Секој од нас треба да си даде шанса самиот на себе, доколку сака и среќата да му даде шанса – животот да го подигне кон повисоките стадиуми на постоењето. Вака, испадна дека сите ние го добиваме тоа што го заслужуваме. Дали ќе добиеме повеќе, зависи и од подготвеноста духовно да прогледаме и направиме се што е потребно работите да тргнат кон позитивниот правец на животот. Концептот на среќата за секого е индивидуална категорија – таа зависи од неговата способност да ги забележи и негува позитивните можности на постоењето. Некои поединци, кои се опсесивно водени од волјата за моќ, славата, ниските страсти, егото и парите како да заборавија на најсуштинската вредност – душата, без која животот станува празен, бесмислен и духовно непостоечки.Бездушноста е патоказ кој води кон суровото, алчно, неморално и себедеградирачко постоење. Да се уништува вредното, да се негира моралното, да се заборава на човечкото претставува пат кон ништожното и влез во темното.Добро е самите да одлучуваме за својата животна определба, зашто на тој начин и лично ќе ја сносиме одговорноста за постапките кои ги спроведуваме. Лошо е кога некои други ќе ни определат како да размислуваме, постапуваме и живееме, без притоа да умеат самите да се водат и себекреираат низ благородните патеки на животот.Кога од неукиот бараме совет; од изгубениот очекуваме водство; од материјално заслепениот чекаме духовно да не просветли и да ни го покаже патот кон мирот, среќата и хармонијата, тогаш или премногу ќе се изначекаме или никогаш нема да успееме да се извлечеме од амбисот во кој се наоѓаме.Судбината е таква, каква што ние со својот ум, дух и душа ја создаваме. Кога доброволно дозволуваме умот да ни го исперат манипулантите; духот да ни го затупат неосвестените; душата да ни ја загадат нечестивите, и сето тоа поради лични цели и себични побуди, тогаш треба да се запрашаме себеси: Дали ние заслужуваме подобра судбина од таа што ја имаме?Каква ни е енергијата, таков ни е и изборот и состојбата на животот. Кога изборот е негативна енергија, себичност, алчност, лага и неморал, тогаш каква може да ни биде перспективата. Германскиот филозоф Јохан Фихте има кажано:“Со што се храниш, таков стануваш“. Ако се храниме со негативното, го практикуваме неморалното, го живееме лажното и му се предаваме на нечестивото, тогаш не треба да се чудиме што на колективен план се побрзо тонеме кон ништожното.Да се немаме себеси е знак дека не можеме позитивно да се поврземе и со другите. Кога не сме во хармонична симбиоза со другите, тогаш загубено и осамено талкаме низ опустошените оази на животот. Тогаш мислиме дека постоиме, а всушност не постоиме, туку вегетираме или глумиме постоење. Херман Хесе има кажано: “Секој човек има само една вистинска цел – да го најде патот до себе си и до сопствената судбина и неа да ја живее целосно и решително.Се друго би било само божемно постоење, обид за избегнување, враќање на идеалите на широките маси, едноумието и стравот од сопствената суштина”.Значи, време е да ја преземеме судбината во своите раце, да го најдеме патот до себе, да го подигнеме духот и да сфатиме дека човекот не е пуст остров доволен на самиот себе. Тој е социјално битие кое е должно да создаде мир со себеси, да изгради среќа во семејството и да поттикне хармоничен напредок во општеството.Промената е чин на мигот – таа никогаш не доаѓа од случајноста, туку од напорното и посветено работење. Кога размислуваме за среќата, вложуваме во вредноста, се насочуваме кон љубовта, тогаш мирот и радоста ќе станат наша судбина и единствена вистина за која вреди да постоиме.Заклучокот е дека во животот три нешта се најзначајни – да бидеме вљубени, среќни и духовно реализирани. Тоа ќе го постигнеме, ако знаеме каде одиме, со кого се дружиме, колку вредиме и какви вредностни начела градиме за самите себеси, за семејството на кое му припаѓаме и за општеството во кое живееме.

Коментари | пред 7 години

htrrrr

Професорот Кекеновски го оспори законот за јазици на Уставен суд

Универзитетскиот професор Јове Кекеновски денеска до Уставниот суд поднесе Иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазиците кој беше објавен во Службен весник без потпис од претседателот Горѓе Иванов.Според него при носењето на законот, биле прекршени деловничките процедури.„Една година откако е донесен Законот за јазици поттикнува лавина реакции и на опозицијата и на експертската јавност кои сметаат дека овој закон за двојазичност е противуставен и неприменлив и ќе создаде дополнителни поделби во македонското општество по сите основи“, вели професорот.

пред 7 години

polski-turisti-1

Полски туристи се капеа во Охридското Езеро два дена пред Водици

Полски туристи кои престојуваат во Охрид деновиве, не одолеаја на убавото Охридско Езеро и вчера попладне се искапија во ладната езерска вода на градското пристаниште. Водата во Охридското Езеро според последните мерења е над 6 степени, а на воздухот околу 3-4 степени.Инаку Охрид е веќе подготвен за најголемата црковно верска манифестација Богојавление - Водици, која ќе се одржи утре.фото: Алберта Гули ФБ 17.01.2019 г.

Македонија | пред 7 години

svr-ohrid

Полиција интервенирала во тепачка помеѓу Охриѓани

Утрово во 03 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Д.А(26) од Охрид и Д.И.(26) од охридското село Горно Лакочереј. Во обид да преземе законски мерки за спречување на нарушувањето, интервенирал униформиран полициски службеник од полициската станица Охрид, но притоа, бил физички нападнат од Д.И. Истиот е приведен и по консултација со Јавен обвинител е лишен од слобода.По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, против учесниците во нарушувањето и сторителот на физичкиот напад, ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

bliniranje-automobila

Од блиндирано возило во Словенија исчезнаа милион евра

Од блиндиран автомобил на словeнечката Агенција за обезбедување од Цеље, кон крајот на декември биле украдени милион евра. Полицијата сѐуште трага по крадците.Како што објавуваат словенските медиуми, двајца вработени од озбезбедувањето го оставиле возилото без надзор, во дворот на Агенцијата, на чекајќи ги нивните колеги од следната смена да ја преземат испораката.За тоа време од автомобилот биле одземени околу милион евра во готовина.Се претпоставува дека крадците имале инсајдерски информации кои им помогнале во кражбата, а се верува и дека знаеле каде стои клучот од возилото.

Свет | пред 7 години

mvr1

За Водици посебен режим на сообраќај

Во пресрет на верскиот празник Водици (19.01.2019 година), сообраќајната полиција при СВР-Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.Така, на 19.01.2019 година во периодот од 10,00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип Втори“ до булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Кеј 13-ти Ноември“ до булеварот „Кочо Рацин“.Во општината Ѓорче Петров од 10,00 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по булеварот „Партизански Одреди“, десно по улицата „Ѓорче Петров“, лево по улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Демир Трајко“ и лево по улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.Во општина Аеродром од 10,00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 7 години

mreza

„Стандард“: Европа минатата недела се соочила со крах на електродистрибутивната мрежа

Европската електродистрибутивна мрежа минатата недела се нашла на работ на крах, поради што постоела опасност десетици милиони домаќинства во Европа да останат без електрична енергија, тврди виенскиот весник „Стандард“, објави МИА.Според весникот, фреквенцијата на струјата во европската мрежа минатиот четврток околу 21 часот паднала на 49,8 херци, што е близу до нивото кога треба да се активираат заштитните механизми.Толку ниска фреквенција на струјата е измерена пред 12 години во Франција, кога превентивно од мрежата беа исклучени 10 милиони домаќинства.„Стандард“ наведува дека овој пат преземените превентивни мерки дале резултат и не дошло до прекин на напојувањето со струја.Австрискиот експерт Херберт Сауруг во изјава за весникот наведува дека овој „инцидент“ бил последица на сплет на околности.Според него, некои електроцентрали понекогаш прерано се исклучлуваат од мрежата, додека други преспоро се вклучуваат, како резултат на што доаѓа до послабо снабдување и пад на фреквенцијата на струјата. Минатата недела од системот испаднала и една голема електрана во Шпанија, што дополнитело ја усложнило целата состојба.Електричната енергија не може да се складира, поради што нема можност за „уфрлање струја од резерви“ при зголемена поторшувачка или намалено производство.Фреквенцијата на струјата во електричната мрежа во Европа изнесува 50 херци и таа мора да се одржува на тоа ниво за нормално снабдување.Доколку дојде до оптоварување на системот, поради зголемена поторшувачка или испад од мрежата на поголеми електрани, генераторите работат поспоро и фреквенцијата се намалува. Во таков случај потребна е брза реакција, бидејќи во спортивно може да дојде до крах на мрежата.Според Сауруг, при најмало отстапување од стандарната фреквенција, потребна е итна реакција, бидејќи нејзиното намалување не оди линеарно, туку експоненцијално и за само неколку секунди.извор: МИА

Свет | пред 7 години

branitel-1

Општина Прилеп ќе го реши проблемот со неплатен долг за електрична енергија на бранителот Драган Спасески

Градоначалникот Илија Јованоски, Националниот координатор за воени и полициски ветерани Стојанче Ангелов, Советник за одбрана на претседателот на Владата на РМ Драган Василески, Претседателот на Здружението на резервни воени обврзници, учесници во настаните 2001/2002 година Рубин Секулоски, Директорката на Здравствен дом Оливера Аџиоска и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Живко Силјаноски, денеска го посетија домот на бранителот Драган Спасески, кој што пет години живее без струја и со бројни социјални и здравствени проблеми.Градоначалникот Јованоски, по разговорот со бранителот Спасески и неговата сопруга, истакна дека ќе бидат преземени сите мерки во негова и и во надлежност на Општина Прилеп, со цел да се решат најгорливите проблеми на Спасески и на неговото семејство. Градоначалникот потенцираше дека Општина Прилеп ќе се заложи да се реши проблемот со повеќегодишниот неплатен долг за електрична енергија, којшто во моментов изнесува 91.843 денари, и ќе му биде исплатена парична помош.Националниот координатор за прашања поврзани со воено-полициските бранители Стојанче Ангелов, за време на посетата истакна дека државата, преку соодветните здравствени и социјални институции ќе ја исполни својата обврска да се грижи за бранителите од 2001 година како што е Драган Спасески, како и на сите останати во решавањето на нивните проблеми и за стекнување на правата коишто им следуваат.Директорката на Здравствен дом Оливера Аџиоска, со екипа од Службата за домашно лекување, определи соодветна терапија и предложи хоспитализација на Драган Спасески, после која тој редовно ќе биде посетуван од екипите на службата за домашно лекување.

Македонија | пред 7 години

svr

Осум сообраќајни незгоди во Скопје за 24 часа

Во текот на изминатиот ден (17.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои три сообраќaјни незгоди со телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 81 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 13 возачи од кои: 12 возачи поради тоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и осум возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, девет возачи поради непоседување зимска опрема, шест возачи поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 100 мандатни платни налози и 79 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

mvr

Сообраќајни несреќи во Кратовско и Скопје

На 17.01.2019 година во 09.15 часот во село Кетеново, кратовско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(40) од Скопје и автобус „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(25) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Љ.И.(57) од Скопје, сопатник во патничкото возило, додека Д. К.(83) од Скопје и Г.Ј.(24) од Скопје, исто така, сопатници во патничкото возило, се здобиле со телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата „Св.Наум“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кратово.На 17.01.2019 година во 15.45 часот на крстосницата од булевар „АСНОМ“ и улица „Февруарски Поход“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.А.(47) од Скопје и патничко возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(19) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото „Сеат Ибица“ и М.С.(20) од Скопје, сопатничка во истото возило. На повредените им била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 7 години

reka-kola

Кавадарчанец излетал од патот и со автомобилот паднал во реката

На 17.01.2019 година во 20.30 часот на улица „Страшо Пинџур“ во село Ваташа, кавадаречко, патнички автомобил „Југо“ со битолски регистарски таблици, управуван од Е.Б.(40) од Кавадарци, излетал од патот и паднал во реката. Притоа, со повреди се здобил возачот, на кого му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кавадарци.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Македонскиот бугараш Димитров со писмото до Грција и официјално потврди дека нема Македонци

„Маските на марионетската власт во Скопје паднаа. Со писмото на македонскиот бугараш Никола Димитров до грчкото министерство за надворешни работи во кое пишува дека нема македонска националност, всушност се потврдија стравувањата дека владата на Заев брише се што е македонско.Со писмото Димитров и официјално потврди дека со Договорот за промена на името се бришат името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ оти според писмото нема македонска етничка група а кое писмо грчкиот премиер Ципрас го прочита и во грчкиот парламент при гласањето за доверба на неговата влада која со тенко мнозинство од 151 пратеник од 300-члениот грчки парламент доби доверба токму со писмо-доказ од Димитров дека Македонци повеќе не постојат.Излезе на виделина големата лага на триото Заев, Димитров и Шеќеринска кои велеа во секоја прилика дека македонскиот идентитет со договорот за промена на името е зајакнат и бетониран.Од друга страна се потврди сето она што во изминатата година го велеше Единствена Македонија дека договорот за промена на името е пишуван според терминологијата на меѓународото право каде зборот „nationality„ според меѓународното право означува државјанство а не означува националност во етничка смисла, не е исто со зборот „етнички„ (ethnicity) а кое нешто вешто го криеше марионетската влада на Заев дека со дговорот се бришат Македонците во национална и етничка смисла“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Македонија | пред 7 години

lavina

Тројца загинати, седум исчезнати лица - лавина на Хималаите

Тројца загинаа, а седуммина се водат како исчезнати во лавина која се случи на планинскиот премин на Хималаите во делот на Кашмир под индиска контрола.Трите тела се пронајдени, а спасувачките полициски тимови и војската ги бараат останатите исчезнати.Лавината паднала на преминот Кардунг Ла во оддалечената област Ладак и потрупала десет луѓе, вели цивилниот администратор Басир Кан.

Свет | пред 7 години

grip

Интитут за јавно здравје: Најмногу заболени од грип во Куманово, а најмалку во Дебар

Во текот на 2-ра недела од 2019 година (07.01-13.01.2019), во Република Македонија пријавен е 281 (I=13,6/100.000) новозаболен на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, што е зголемување за 43,4% во споредба со минатата недела.Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 34,3% споредено со 2-ра недела од минатата сезона (n=428), а во однос на бројот за 2-ра недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 8 сезони) постои намалување од 80,4% .Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=35,07/100.000). Активноста на вирусот на грип е под сезонското ниво, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.Како и во текот на сите претходни недели од почетокот на сезоната, така и во 2-ра недела, најголем број заболени (n=198; 70,5%) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 26,7/100.000 жители е регистрирана кај лицата од возрасната група од 0-4 години.Оваа недела пријавени се заболени лица од 20 извештајни единици, а во 12 извештајни единици бројот на пријавени заболени лица е над 10. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Куманово (n=39), а највисока инциденца (I=104,5/100.000) е регистрирана во ПЕ Дебар .

Македонија | пред 7 години

mile-janakieski

Јанакиевски пред почетокот на денешното рочиште го праша пријателот на Груевски:„Јадеше гулаш, а?“

Пред почетокот на денешното рочиште на судењето за насилството пред Општина Центар, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, му постави прашање на пријателот на Никола Груевски, Александар Трајковски,  дали јадел гулаш?„Јадеше гулаш, а?“, го праша Јанакиески. Трајковски му одговори:„Јадев, зашто да не јадам. Има дана за мегдана“, по што останатите обвинети кои чекаа да почне рочиштето во чекалницата се изнасмеаја.На денешното рочиште за овој предмет треба да бидат изведени материјални докази на Обвинителството, меѓу кои и две аудиоснимки на СЈО.

Македонија | пред 7 години

ohrid-vodici-1

Охрид подготвен за Водици, од Црвен крст апелираат капачите да внимаваат-темепратурата на водата е 6.5 степени

Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност.Денес, од 19-23 чaсот, на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“, медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“.Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во вода со температура од 6.5 oC., потенцираат од Црвен крст.Традиционалната крводарителска акција „Водици 2019“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19-ти јануари, сабота, од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.Ги покануваме нашите сограѓани и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот во соработка со Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци, велат од Црвен крст.За настанот на осветувањето на водата во Охридското езеро и скокање по крстот на Градското пристаниште во Охрид на 19.01.2019 (сабота), Црвен крст Охрид ќе се грижи за безбедноста на капачите во вода и сите посетители на настанот со 4 тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште, 2 тима на спасители на вода во два спасителни чамци и 4 нуркачки тимови, како и со 7 медицински тимови за укажување прва помош со едно амбулантско возило, помогнати со медицински тим на Итната медицинска помош со амбулантско возило.На денот на рибарите на 20-ти јануари, недела, тимовите за логистика на Црвен крст Охрид ќе распределат дел од рибината чорба во семејствата со социјален ризик во Охрид како и на лица со хендикеп и стари лица кои не се во можност да присуствуваат на овој настан.

Македонија | пред 7 години

parking-oh

Во Охрид бесплатен паркинг за Водици

ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека на ден 19. 01 2019 година (сабота) јавниот градски паркинг со кој стопанисува претпријатието ќе биде бесплатен за сите нејзини корисници.Во духот на овој празник ЈП Билјанини Извори ја донесе оваа одлука како почит кон една од најголемите и најмасовни црковно - народни манифестација „ Богојавление - Водици“ .ЈП Билјанини Извори им го честита празникот на сите православни верници !

Македонија | пред 7 години

mtv-1

Состојбата во МРТВ е алармантна, а никој не презема ништо - вработените се качуваат по 19 ката пешки

Зградата на Македонската радио телевизија е во катастрофална состојба. Неодржувањето на инвентарот, низата катастрофи, како и поплавите уште еднаш го отвораат прашањето кој го доведе овој објект во ваква состојба?Вработените сведочат дека не работат ниту лифтовите, па така, оние кои се сместени на 19 кат, мора пешки да се качуваат и симнуваат. Фотографиите кои ги доби „Скопје 1“ покажуваат дека состојбата во МРТВ е алармантна, а никој не презема ништо. Лифтовите, не работат веќе подолг временски период, иако се неопходни, никој нема намера да ги поправи.Пред една недела, во градата на МРТВ, каде се сместени повеќе државни институции, се случи и поплава, водата се исцрпуваше од лифтовите и просториите, биле поставени и вреќи со песок. Од тој момент, зградата е оставена во уште позапуштена состојба.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања