Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

dvoglav-orel1-e1455479808998

Двоглавиот орел – потекло и значење

Реакции во јавноста деновиве предизвикуваат фотографии и јавни истапувања на политичари Албанци кои со рацете го покажуваат знакот на двоглав орел. Тие што го покажуваат тврдат дека е без негативна конотација и оти е само знак на идентификација со нивната национална припадност. За оние што им пречи, пак, тоа е јавно и провокативно искажување на националистички и големодржавни претензии.Двоглавиот орел во различни варијации денес е симбол содржан на државните знамиња или на грбовите на повеќе земји: Албанија, Србија, Русија, Црна Гора, едноглав орел има и на знамињата на Австрија, Германија, Полска, Чешка, Романија… Се среќава и на многу христијански обележја особено на териториите што во минатотото биле под власт на Византиската империја.Потеклото на симболот што денеска најчесто се користи, сепак, датира многу подлабоко во историјата.Двоглавиот орел, според историчарите и хералдичарите, е древен соларен симбол. Најстариот познат двоглав орел се појавува на цилиндричен печат на сумерскиот град Лагаш околу 2500 пр.н.е. Потоа се јавува во древните цивилизаци на Хититите од Анатолија.Во словенската митологија орелот е божја птица, владетел на небесниот простор и заштитник од градоносните облаци. Орелот се јавува и во исламската традиција, каде што црниот стандард на Мухамед бил познат „знамето на орелот“ (иако тоа не прикажува орел, туку е целото црно).На овие простори двоглавиот орел се јавува како византиски амблем, симбол на моќта на „вселенското царство“ од времето на династијата Комнен. Ја претставува двојната власт на царот – световната и духовната, но и византиската царска надмоќ над Истокот и Западот. Едната глава го претставува Источното, а другата Западното Римско царство. Од Византија двоглавиот орел се проширува низ земјите кои биле под нејзино влијание, станувајќи многу застапен хералдички мотив и на државните и на црковнте власти. Двоглавиот орел денес е и еден од најпрепознатливите симболи на православието и како таков е присутен на многу сакрални предмети по црквите. Двоглавиот орел е симбол и на Вселенскиот патријарх во Цариград и се користи во црквите и манастирите под негова јурисдикција, како и на Света Гора, монашката република на Атос.Ромејски грбСпоред преданието неговите корени потекнуваат уште од самите почетоци на првото христијанско царство – Ромејското. Имено, кога светиот цар Константин Велики (306-337) ја обединил разединетата Римска империја и станал единствен нејзин господар, го вовел двоглавиот орел како симбол на единството – две глави (Истокот и Западот) во едно тело. Од времето на ромејскиот василевс (владаетел) Исак Комнен (1057-1059) двоглавиот орел се користи и како декоративен мотив на царскиот двор и на церемонијалните одежди на членови од царската фамилија. Овој знак го добива и своето друго значение – го симболизирал единството помеѓу црквата и државата, што делувала по принципот на симфонија, согласие помеѓу духовната и световната сфера во христијанското општество.По заземањето на Константинопол од страна на Латините (1204 г.), двоглавиот орел продолжил да се користи од земјите наследнички на Ромејското царство – Епир, Никеја и Трапезунт. Никејските владетели го користеле како ознака за источните и западните владенија на некогашната пространа империја, а кои владенија, сакале повторно да ги освојат. Со возобновувањето на Ромејското царство (1261 г.), со константинополскиот трон завладејува династијата на Палеолозите. Под влијание на западната хералдика, оваа царска фамилија го направила двоглавиот орел свој официјален грб, но тој се поистоветувал не само со династијата, туку и со целото царство. Притоа, орелот на Палеолозите бил со златно-жолта боја на порфирна позадина (тоа биле бои кои ја означувале царската власт). На средината од орелот била изобразена симпилема (династички монограм), а канџите на орелот биле слободни. Надвор од царската фамилија се употребувал црн орел на златна заднина (орелот бил црн – како сенка на владетелскиот златен орел).Во подоцнежните векови се појавиле неколку различни изобразенија на двоглавиот орел. Има претстави во кои орелот држи сфера со крст (како ознака на православната екумена) во едната од канџите и меч (симбол за победа и правда) во другата. Се среќаваат и претстави во кои орелот држи скиптар и крст, два меча, или пак, меч и сфера.Двоглавиот орел од Византија се раширил и во другите земји што духовно и културно се надградувале, црпејќи од неа. Русија го презела двоглавиот орел во времето на Великиот кнез Иван III (1462-1505). Откако кнезот Иван се оженил со византиската принцеза Софија Палеолог, се прогласил себе си за легитимен наследник на ромејските цареви. Московскиот двор бил преуреден по углед на византискиот царски двор; многу работи биле преземени од Византија, вклучително и двоглавиот орел.И Хабзбуршката монархија го прифатила двоглавиот орел од Ромејското царство, а тука се уште и Бугарија (го користела во врмето на царот Иван Александар (1331-1371)), Србија, Црна Гора.Ѓорѓи Кастриот, пак, во неговата борба против Османлиите, го зел двоглавиот орел како симбол на православната Византија и го направил свое востаничко знаме. Подоцна, тоа знаме, модифицирано и прилагодено за новосоздадената албанска држава, станало и официјално знаме на Албанија.Но, не биле само световните власти кои го преземале двоглавиот орел како државно обележје. Византија била теократска православна монархија, со устројство што претсавувало мирски (земски) образ на небесната хиерархија. Световното и духовното биле тесно поврзани и се надополнувале едно со друго. Оттаму, и двоглавиот орел се јавува како симбол на тоа двојство, но истовремено и на нивното единство. Па, затоа, тој нашироко се користи и во православната црква ширум светот, како еден од симболите на православието и православната држава. И црквите во Македонија не се исклучок од тоа. Кај нас, тукуречи, и да нема постара црква во која не се сретнува двоглавиот орел. Таква појава се и двата орли од Бигорскиот манастир. Тие денес се наоѓаат прилепени однадвор, на северо-западниот дел од северниот ѕид на манастирската црква.Oвие двоглави орли се изобразени во плиток рељеф на две мермерни плочи со правилна шестоаголна форма. И во двата на средината е извајана годината 1795. Наоколу на плочите стојат натписи во кои се споменуваат имињата на ктиторите на црквата: игуменот Тарасиј, архиѓаконот Стефан и папуџијата Велјан. Првобитно овие плочи се наоѓале внатре, во црквата – едната, во амвонот под големото кубе, а другата, под малата купола. Служеле за да ја означат годината на изградба или доградба на црквата (станува збор за постарата црквичка на чие место, подоцна, во времето на игуменот Митрофан, била изградена денешната голема црква). Обичај било кога ќе се изгради некоја црква, годината на изградба да биде впишана во плоча со двоглав орел. Овој симбол се користел од почит кон традиционално наследство на Ромејското царство. Ваквата постапка била практикувана при изградбата на повеќето храмови, без разлика во кое време и под чија јурисдикција биле изградени.Двоглавиот орел во АлбанијаНа територијата на Албанија двоглавиот орел се појавува во 15 век како симбол на семејството Кастриот, Јован – Ѓон Кастриот и Ѓерѓ – Ѓорѓи Скендербег. Амблем двоглав орел со шестокрака ѕвезда меѓу главите се гледа од печатот на документ испратен од Ѓорги (Ѓерѓ) Кастриот Скендербег до папата Пиј II во 1459 година.Црвеното знаме со двоглав црн орел како албански национален симбол почнува да го употребува Призренската лига во 1878 година. Како државно знаме, на предлог на Исмаил Ќемал, се воведува со декларацијата за независност донесена во Валона на 28 ноемри во 1912 година. Во времето на социјализмот и Енвер Хоџа, на државното знаме имаше петокрака, но по падот на комунистичкиот режим, Република Албанија во 1992 година ја острани, а го остави само двоглавиот орел.Во МакедонијаНа територијата на Македонија орелот се среќава на монети со Аминта трети во 4 век пне., потоа од времето на владењето на Римската империја. Орелот го има и на парите што ги ковал деспот Углеша, братот на кралот Волкашин, ктиторот на Марков манастир, а од 14 век станува чест мотив во црквите и манастирите. Двоглавиот орел станува и редовен дел од накитот на женската носија, обично како тока на која се поврзани низите со пари, но сепак најчестата употреба како симбол во Македонија е преку традицијата на православната црква.Двоглавиот орелот денес е симбол на две зедници во Македонија – на албанската и на српската. Во 2005 е донесен Законот за знамињата на заедниците во РМ со кој се дозволува употреба на знамињата кои тие ги избрале како симбол на својата заедница. Со законските дополнувања од 2011, знамињата на заедниците се истакнуваат заедно со државното знаме кое мора да е за третина поголемо од она на заедниците. Албанците и Србите во Македонија како свои симболи ги имаат избрано знамињата на Албанија односно на Србија.Извор: МИА/Македонско хералдичко здружение/Бигорски манастир

Македонија | пред 7 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Заедно со претседателските треба да се одржат и предвремени парламентарни избори

Министерката за правда, Рената Дескоска, смета дека заедно со претседателските треба да се одржат и предвремени парламентарни избори. Таа е прв владин функционер што отворено се залага за ваква опција по барањето што го упати ВМРО-ДПМНЕ.„Јас искрено мислам дека треба да има, но тоа е прашање на крај на политичка одлука и анализа во рамките на органите, но јас ќе ја застапувам страната дека треба да се оди на парламентарни избори, заради тоа што одредени политики коишто реално ги промовиравме во изминатиот период и одредени прашања којшто ќе треба да ги решаваме, би било добро да бидеме со, на некој начин, почисти позиции во рамки на парламентот“ – рече Дескоска во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

Македонија | пред 7 години

htrrrr

Кекеновски: Указ со фуснота досега немало во нашата уставно-правна пракса

Во уставно правната пракса на Република Македонија како пред осамостојувањето така и по нашето осамостојување не е влезен во сила ниту еден закон кој не го содржи потписот на претседателот на Републиката. А објавување на закон со фус нота досега не е забележано во уставно-правната пракса на нашата држава, ја појаснува својата иницијатива пред Уставниот суд професорот Јове Кекеновски.Во своето дообјаснување професорот Кекеновски вели:„Две клучни прашања на поднесената Иницијатива за оцена на уставност на Законот за јазици.1. Дали е логично и правно издржано Законот за јазици да се носи со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија (согласно амандман Х став 2), а во содржината на самиот Закон да се третираат прашања кои се регулираат со 2/3 од вкупниот број пратеници или прашања кои се регулираат со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство?2. Дали е дозволено со Законот за јазици кој е донесен 69 од вкупно 120 гласа да се проширува содржината односно рамката на амандманот V на Уставот на Република Македонија?На пример, во амандаманот XXV став 3 на Уставот на РМ се вели дека „видовите, надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и составот на судовите, како и ПОСТАПКАТА ПРЕД НИВ, се уредуваат со закон, што се донесува со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници”. Во Законот за јазици, употребата на јазиците во судската постапка (мошне важен дел, сегмент на постапката), како и постапките пред другите државни органи (на пример пред обвинителството) да се регулира со Закон кој е усвоен со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија (во конкретниот случај 69 од вкупно 120 гласови).Или да речеме за прашањата од локалната самоуправа кои се регулираат со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство (амандман XVI), сегементи од локалната самоуправа (во овој случај употребата на јазиците и други прашања) да се регулираат со Закон за јазици кој е усвоен со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија (во конкретниот случај 69 од вкупно 120 гласови).Или поконкретно, дали е нормално и правно издржано амандманот V кој се изменува и дополнува со 2/3 мнозинство од вкупниот број пратеници во кое мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија (согласно амандман XVIII), неговата содржина односно неговите рамки да се прошируваат со Закон за јазици кој е усвоен со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија (во конкретниот случај 69 од вкупно 120 пратеници).На крајот, за да еден закон биде уставно издржан истиот мора да ги содржи сите формални правни елементи кои го чинат прописот да биде уставен. Во уставно-правната пракса на Република Македонија како пред осамостојувањето така и по нашето осамостојување не е влезен во сила ниту еден закон кој не го содржи потписот на претседателот на Републиката.Само во неколку случаи (5-6) каде имало такви обиди истите никогаш не влегле во сила, а наместо нив се донесувале нови закони во нова законодавна процедура.Во одделни други случаи Уставниот суд редовно ги поништувал ваквите закони, поништувајќи ги дури и указите за нивно прогласување во ситуации кога тие укази биле потпишувани само од преседателот на Собранието на РМ односно кога претседателот на Собранието се потпишувал наместо претседателот на Републиката.А објавување на закон со фус нота досега не е забележано во уставно правната пракса на нашата држава!За другите наводи во Иницијативата нема потреба дополнително да дообјаснувам. Ќе си каже Уставниот суд во деновиве кои ни претстојат“, напиша на својот фејсбук профил Кекеновски.

Македонија | пред 7 години

clipboard01-620x350-1

Мицкоски за време на Водици зборува за промената на име, идентитет и други проблеми

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати честитка до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.Неговата честитка ја пренесуваме во целост: Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, да го честитам големиот христијански празник, Богојавление – Водици.Славејќи го Исусовото крштевање го прославуваме нашето духовното раѓање и почеток на човековото живеење во верата и богоугодниот пат. Со празнување на овој свет ден и празник се продолжува негувањето на нашата традиција и се потврдува нашата верба и почитување на традиционалните вредности кои се дел од нашето општество и дел од секој граѓанин.Мирот, среќата,  радоста, здравјето, добрината, хуманоста да надвладеат на овој ден и во текот на целата година кај секој граѓанин. Заедно да се стремиме да ја постигнеме нашата конечна цел за поуспешна Република Македонија во која ќе живеат задоволни граѓани. Овој ден да е поттик да го сочуваме она што го имаме, нашата татковина, нашето име, јазик, култура и идентитет, а со тоа да го зацврстиме единството и да продолжиме да си помагаме и да ги унапредуваме вредностите кои се предност на нашето општество.Денес нашата држава се соочува со тешки предизвици, со променето име, идентитет, со менување на карактерот на државата, со погазено достоинство, со економска сиромаштија. Сето ова мора да се смени. Поразите да бидат заменети со победи, исправени и обединети да ги смениме работите.Во духот на овој голем празник да го поттикнеме најдоброто од нас и искрено да  си посакаме во нашите срца да се всели мирот и  разбирањето.Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!БОГ СЕ ЈАВИ! НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!

Македонија | пред 7 години

prasanja-zaev-angusev

Заев за Водици посакува за се очистиме од гревовите на алчноста и омразата

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по повод верскиот празник Богојавление – Водици, упати писмо со честитки до Г.Г. Стефан, Архиепископ на Македонската православна црка – Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, и до сите православни верници во Република Македонија во кое упатува желби големиот христијански празник на сите да им донесе изобилство од радост, здравје и успеси.„Празникот Богојавление - Водици повикува да се очистиме од гревовите на алчноста, од гревовите на гневот и омразата.Со крштевањето во осветените води, празникот не повикува да ја прифатиме духовната зрелост, да си простиме, и смирено и со љубов да си посакаме добра волја како влог за подобро утре.Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици“, се вели во писмото со честитки на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев по повод празникот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Синоќа Скопје прв во светот - по загаденост

Главниот град на Македонија, Скопје синоќа беше прв во светски рамки, по загаденост. Индексот на загадување во Скопје беше 430, а веднаш зад македонската метропола на неславната листа се најдоа градови од Индија, Пакистан, Бангладеш и Косово.Специјализираната интернет страница за следење на воздухот  „Ер вижуал“ рангирањето го врши според збирните податоци од мерните станици.Мерните станици во Скопје измерија ПМ 10 честички над 700 микрограми на метар кубен. Во скопски Ѓорче Петров синоќа во 23 часот омаше 641 mg/m3, тоа е 12 пати над дозволеното.Во скопско Црниче имаше 454 микрограм на метар кубен, во Центар 412, а во Карпош 700.

Скопје | пред 7 години

ivanov

Иванов за Водици: Бог да ни даде сила пред сите искушенија

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите православни верници.„Дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, на ценетото свештенство, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, да Ви упатам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици.Славејќи го крштевањето на Господ Исус Христос, го прославуваме нашето духовно раѓање и ја потврдуваме нашата вера. Со осветувањето на водите и објавата на Божјиот лик се осветува човековото живеење во верата и богоугодниот пат.На овој голем ден треба да ги зацврстиме основите на нашето верување, да го зацврстиме нашето единство, да се почитуваме, да си помагаме, да продолжиме по патот на успехот и просперитетот на нашата татковина.И годинава на Водици, да се помолиме Бог да ни даде сила да истраеме пред искушенијата и надеж за подобро утре.Нека Бог ги чуе нашите молитви и во домовите на сите верници нека владее хармонија, разбирање и љубов, бидејќи само сплотени и единствени ќе успееме да чекориме по божјиот пат“, пишува во честитката на претседателот Иванов.

Македонија | пред 7 години

vodiciqqqq

ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Богојавление – Водици на градското пристаниште

За сите кои не можат да присуствуваат на овој голем христијански празник, следете директниот видео пренос од Водици Охрид 2019.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/540846689734302/

Македонија | пред 7 години

vodici1

Православните христијани го празнуваат Богојавление (Водици)

Православните христијани денеска го празнуваат големиот празник Водици или Богојавление. На овој ден, традиционално во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода - река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот.Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера.Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.На овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството.Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.Со овој празник завршуваат не само дванаесетте „некрстени денови“ туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други празници.Традиционално на овој ден во повеќе градови верниците ќе скокаат во водата по крстот. Најмасовно се очекува да биде во Охрид, каде манифестацијата ќе започне во 09.00 часот изутрина.

Македонија | пред 7 години

pistol-vperen

Во престрелка во Кочани, рането едно лице и пренесено во ургентниот центар во Скопје

Во вооружена престрелка во Кочани рането e едно лице. Според полицијата во кратка вербална расправија Драганчо Стоименов, викан Дацо Белски пукал и го повредил Драган Здравев. Инцидентот се случил во кафе барот Аква во Кочани, попладнево околу 17 часот.Веднаш по истрелите Стоименов избегал. Здравев со возило на итна медицинска помош е пренесен во кочанската болница, а од таму во скопскиот ургентен центар.Повредениот не е во животна опасност, но има две прострелни рани во пределот на ’рбетот и лактот. Драганчо Стоименов на јавноста е познат и како телохранител на екс директорот на ДБК, а во случајот детонатор се јави во улога на оштетен и сведок. Пред 5 години, во престрелка во Скопје беше ранет со огнено оружје од Александар Василевски Нинџа.Од СВР Штип информираат дека полицијата интензивно трага по него.

Македонија | пред 7 години

prodi-Ohrid-1

(ФОТО) Светската награда за хуманизам врачена на Романо Проди

Во предвечерието на големиот христијански празник, Богојавление – Водици, во куќата на „Уранија“ в.д. градоначалникот Константин Георгиески, ја врачи светската награда за хуманизам на овогодинешниот добитник, Романо Проди, екс премиер на Италија и претседател на Европската комисија.Навистина е големо задоволството да се биде дел од оваа престижна манифестација, која Светот го носи во Охрид, токму во предвечерието на големиот Христијански празник, Богојавление – Водици. Особено сум среќен што Охрид, онака и како што заслужува , е центар на Академијата за хуманизам. Токму онака како што доликува за еден ваков свет град. Уште поголемо е задоволството кога си опкружен со успешни луѓе, секој во својата област, кои имаат заеднички интерес, а тоа е хуманизмот како универзална вредност која не препознава ниедна граница, бариера или поделба, истакна Георгиески.Пригодни беседи за добитникот, одржаа Јордан Плевнеш и Рикардо Бризи, професор на Универзитетот од Болоња. Свечениот чин на доделување се одржа пред бројна публика.Претходно овогодинешниот добитник на наградата господинот Проди, заедно со претседателката на Советот на општина Охрид, направија прошетка низ стариот дел посетувајќи неколку културно - историски знаменитости на градот.

Македонија | пред 7 години

bil-gejts

Бил Гејтс чека во ред пред сендвичара во Сиетл, за да купи бургер

Животот е еднаков за сите. Ситниците го прават живото убав. Потврда за ова е фотографијата која се појави на социјалните мрежи. На неа се гледа како еден од најбогатите луѓе во светот Бил Гејтс , чека во ред на улица пред сендвичара во Сиетл, за да купи бургер. Фотографијата ја објави Мајк Галос, поранешен вработен во компанијата „Мајкрософт“.На својот пост Галос напиша:https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10161428070235341&set=a.10151919638300341&type=3&theater-Кога вредиш околу 100.000.000.000 долари, ја водиш најголемата хуманитарна организација во историјата на светот и чекаш во ред за бургер, помфрит и Кола во „Дикс“ како и сите ние... Вака се однесуваат богатите луѓе, за разлика од позерот со златна школка во Белата куќа - напиша Галос под фотографијата која е споделена 15.000 пати. напиша Мајк Галос, поранешен вработен во компанијата „Мајкрософт“, објави фотографија на која може да се види како Бил Гејтс чека во ред за бургер пред сендвичарница во Сиетл.

Магазин | пред 7 години

jane-cento-1

Командири го нападнале Јане Ченто: Десетмина старешини од зaтвopoт „Шутка“ го тeпaлe Јане Ченто!

Во телефонски разговор со новинарот Миленко Неделковски, кој беше објавен во неговата емисија, Јане Ченто, внук на народниот херој Методија Андонов – Ченто сведочеше за напад кој врз него го извршиле вработени во „Шутка“, објави Инфомакс.мк.Во телефонски разговор со новинарот Миленко Неделковски, кој беше објавен во неговата емисија, Јане Ченто, внук на народниот херој Методија Андонов – Ченто сведочеше за напад кој врз него го извршиле вработени во „Шутка“.„Дојдоа на пpeтpec, на контрола и ме нaпaднaa едно 10-тина командири. Ме прашуваа кој ми ги носи телефоните, и кога им кажав дека тие ми ги носат телефоните за по 200-300 евра, заедно со директорот и Жарко заповедникот и Сашо заповедникот. Ни ги носат тие лично телефоните на зaтвopeницитe овде по 200-300 евра, а после влегуваат по ќелии и ни ги земаат телефоните.“ – сведочи од зaтвop Јане Ченто.https://www.facebook.com/MilenkoNedelkovskiDnevnik/posts/2560928920590782Тој додава дека не им се плaши, и ќе дојде денот кога ќе паднат од власт.„Не ви се плaшaм на никој! Ќе пaднeтe еден ден. Македонци сме и Македонија ќе остане ова. Не ќeлиja да ми смените, не во caмицa да ме ставите 15 дена, што сакате можете да направие, не ви се пpeдaвaм.“ – рече Јане Ченто во телефонсиот разговор со новинарот Миленко Неделковски.На крајот, тој им порача на граѓаните да не се плашат и да излезат на улица. Време е, вели Ченто, да му покажеме на светот кои сме и што сме!

пред 7 години

vrabotuvanje

Министерството за финансии објави оглас, вработува медицинска сестра, дефектолог, педагог

Министерството за финансии имало потреба од Виша медицинска сестра, дефектолог, педагог. Платата во зависност од работното место се движи од 8588 денари до 25. 023 денари.„Конкретното работно место е предвидено за детската градинка во рамки на министерството. Градинката е формирана согласно „Законот за заштита на децата“ , работните места се регулирани и во Законот и во „Правилникот за стандарди и нормативи за вршење на дејност на установите за деца“. Во истиот е наведена потребата од ангажирање на медицинско лице, како стручен соработник во градинките. Во правилникот е наведено дека за градинките со мал капацитет овие соработници е предвидено да работат со половина работно време, односно 20 часа неделно, како што е предвидено во огласот.“се вели во допсиот од финансии.Од таму посочуваат дека и дефектологот и педагогог се за потребите на градинката.На истиот оглас се бараат и советници, помлади соработници и други профили. Според огласот на министерството ќе работат на определено време за период од пет години.Инаку огласи за вработувања во моментов има во повеќе државни институции. Меѓу нив се Царинската управа, ДИК, УХМР, Министертво за правда за надворешни, Државен архив, агенција за вработување.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Скопјанец доби кривична поради загрозување на сигурноста на пратениците во Собранието

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство- Скопје презеде мерки и активности поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук од страна на И.Ј. (49) од Скопје, со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Препораки до граѓаните за заштита од загадувањето на воздухот

По добиеното соопштение од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот за информирање каде вредноста на ПМ10 честичките во воздухот над 100 µg/m3 во текот на два последователни дена на минимум две мерни станици во Скопје, градоначалникот на Град Скопје ги објавува следниве препораки до граѓаните:• да се избегнува користењето на возила, колку што е можно, а ако се користат возила, повеќе лица да се организираат да се возат во едно возило;• да се користи јавниот превоз;• рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено;• за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал;• да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци;• печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот;• редовно да се чистат оџаците;• да се одложат сите активности на отворено;• да се почитува забраната за дотур на роба во централното градско подрачје во периодот согласно со издадените одобренија од Градот Скопје.Овие препораки градоначалникот на Град Скопје ги објавува во согласност со Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран ПРАГОТ НА ИНФОРМИРАЊЕ на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 100 µg/m3 во текот на два последователни дена на минимум две мерни станици во Град Скопје) и добиеното соопштение за надминување на прагот на информирање од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Министерството за здравство потпиша договор за имплементација на иновации во здравството

Во Виена, Република Австрија, денеска беше потпишан заеднички договор за имплементација на австриските искуства во областа на иновации во медицината меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија.Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека со овој договор Министерството за здравство се приближува кон европските практики и искуства.-Имавме можност со Министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија да потпишеме договор, кој ќе претставува основа за развој на модерни и иновативни технологии во медицината и приближување на нашата земја кон најдобрите практики од Европската Унија, изјави министерот Филипче.

Македонија | пред 7 години

morbili

Од морбили 75 заболени, најмногу деца до четири години

Информираме дека заклучно со вчерашниот ден (17.01.2019) во епидемијата од морбили (мали сипаници) се пријавени вкупно 75 случаи со симптоми на мали сипаници, а за 65 од нив е добиена лабораториска потврда. Возраста на заболените се движи од 8 месеци до 42 години. Најголем број од заболените припаѓаат на возрасната група од 1 до  4 години, а пет деца се на возраст до една година. Во возрасната група над 20 години се заболени 18 лица (27,7%). Во однос на полот, 34 случаи (52,3%) се женски лица.Според вакциналниот статус, 55 лица, односно 84,6% од заболените се невакцинирани  или со непознат вакцинален статус. Од невакцинираните деца, пак, 5 деца се на  возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација, согласно Календарот за имунизација.Од вкупниот број заболени, 42 случаи (64,6%) биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, од кои 73,8% на возраст од 1 до 4 години. Кај 15 од нив (23,1%) се регистирани компликации, од кои најголем број, односно 12 (80%) се кај деца на возраст до 4 години.За потсетување, во декември 2018 година беше прогласена епидемија на морибили на територијата на населба Радишани, општина Бутел со седум случаи на мали сипаници. Заради појава на зголемен број заболени лица од различни делови на Скопје, на 02.01.2019 пријавена е епидемија на територијата на град Скопје. Епидемијата се прошири на територијата на сите општини на град Скопје, досега најголем број (32,3%) на случаи се регистрирани од општина Аеродром.По прогласување на епидемија на територија на град Скопје, екипи на Центар за јавно здравје-Скопје и Здравствен дом-Скопје извршија увид во сите вакцинални пунктови.Согласно последните податоци, доставени од Здравствен дом-Скопје беше утврдено дека од 41.189 деца на возраст од 1 до 5 години, невакцинирани се 12.437 или 30% од децата кои подлежат за вакцинација, додека од вкупно 63.815 училишни деца на возраст до 14 години во град Скопје - невакцинирани се 3.924 деца (6.1%). Најголем број на невакцинирани деца се од  прво одделение, односно 1.532 од вкупно 7.494 првоодделенци (20%).Во текот на втората недела од 2019 се вакцинирани 817 деца на возраст до 14 години од кои од 92% се на возраст до 5 години. Инаку, вкупно од почетокот на епидемијата до 13.01.2019 се вакцинирани вкупно 2.925 деца.

Македонија | пред 7 години

15

Министерот Бектеши ги посети компаниите во Полошкиот регион

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ги посети компаниите од Полошкиот регион. Бектеши се сретна со управата на компанијата „Везе Шари“ во тетовското село Требош како една успешна компанија во Македонија која бележи раст на производството и извозот секоја година.– Нашите мерки за помош на компаниите имаат за цел зголемување на нивното производство, нивната конкурентност на пазарите во регионот и пошироко, а со тоа и зголемување на вработувањата. При денешната посета на „Везе Шари“ од управата ме запознаа со нивните идни планови за зголемување на капацитетите. Мерките за подршка на иновативноста, конкурентноста и претприемништвото беа спроведени во текот на 2018 година и резултатите покажуваат дека со нив ќе продолжиме и во оваа година како наша потврда дека покрај странските инвеститори ние ќе продолжиме со силна подршка и на домашните производители и компании – рече Бектеши.Сопственикот на „Везе Шари“ Арбен Абдурахмани, рече дека денешната средба со министерот Бектеши била коректна и во ова прилика размениле идеи и искуства, како и што да се направи подобро во иднина за поуспешни резултати.– Соработката со Министерството е на високо ниво и никогаш оттаму не недостасувала подршка за нашите планови. Очекуваме дека со ваква соработка ќе продолжиме и понатаму особено околу законското решение за биогасните централи ако се знае дека ние имаме ваков капацитет и за што е потребно донесување на подзаконски акти за подобро регулирае и на оваа област на нашето делување – рече Абдурахмани.Во рамките на денешната псоета на тетовско, министерот Бектеши со соработниците ги посети и се сретна со управите на компаниите Авто – Цем и Металекс во Тетово. За време на разговорот со сопствениците на овие компании се нагласи недостигот на нов кадар за овие профили, додека министерот Бетекши ги информираше сопствениците на овие компании дека тој како министер, но и како влада се заинтересирани да најдат најдобри механизми за решавање на овој проблем.

Македонија | пред 7 години

IMG_7364

Меркел: Дигитализацијата ќе го олесни земјоделското производство преку пристап до повеќе информации

Во рамки на саемот за земјоделство и храна „Зелена недела, што се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствуваше на  Глобалниот Форум за храна и земјоделство (GFFA). Оваа година темата на форумот е „Земјоделството се дигитализира – Паметни решенија за идното земјоделство“. На денешниот состанок, на оваа тема на меѓународните министри за земјоделство им се обрати германската канцеларка Ангела Меркел заедно со министерката за храна и земјоделство на Сојузна Република Германија, Julia Klöckner.Пред министрите од 70 земји во светот Меркел зборуваше за значењето на дигитализацијата за иднината на земјоделството.Меркел истакна дека земјоделството има долга традиција и многу важно место во економиите на сите земји. Сите земјоделци се соочуваат со заеднички проблеми како што се климатските промени, трговската размена и пласманот на земјоделските производи, но со помош на дигитализацијата се олеснува нивната работа и се овозможува пристап до повеќе и попрецизни информации.Според проценките на Обединетите нации до 2050 година треба да се произведува 70% повеќе храна за потребите на светот.„Со помош на дигитализацијата во делот на маркетингот и прехранбената индустрија можеме подобро да ја користиме храната, за помалку да се фрла и да се хранат повеќе луѓе. Ова е само еден од проблемите со кои ќе треба заеднички да се соочиме, а дигитализацијата може многу да помогне во овој процес. Нема единствено решение за сите проблеми, проблемите варираат, но решенијата треба да ги вклучуваат интересите и на малите и на големите земјоделски стопанства, како и способноста за регенерација на природата, односно грижата за животната средина“, порача канцеларка Меркел.Глобалниот форум за храна и земјоделство е меѓународна конференција која се фокусира на централните прашања за иднината на светската индустрија за храна и земјоделство. Ова е уникатна можност за претставниците од политиката, бизнис секторот, науката и граѓанското општество од целиот свет да споделуваат идеи и подобро да ги разберат темите од земјоделската политика. Форумот се одржува во рамки на најголемиот светски саем за храна и земјоделство „Зелена Недела“ во Берлин, организиран од Министерството за храна и земјоделство на Сојузна Република Германија.

Македонија | пред 7 години

spektra

Мерко како во 2011, тогаш рече „Господ го даде, господ ќе го крени“, поради ова над 90 граѓани завршија со скршеници

Струга руши рекорди во замрзнати, лизгави и неисчистени улици. Досега во струшката болница завршиле околу 90 граѓани поради скршеници. Стружани се револтирани на неажурноста на локалните власти, велат ништо не е исчистено, а голем дел од повредените најавуваат и тужби против општината.Дознаваме дека Јавното Комунално претпријатие на терен работи со 30 луѓе, две сопствени и уште четири возила од надворешен оператор. Граѓаните сметаат дека тоа е недоволно да се исчисти снегот и велат дека им преостанува само да се молат да се стопли времето за снегот и мразот сами да се стопат.Да потсетиме во Струга градоначалник е Рамиз Мерко. Кога станува збор за проблем со снег Мерко во неговиот претходен градоначалнички мандат во 2011 год, беше јасен и категоричен, тогаш Мерко рече: „Господ го даде, господ ќе го крени“.фото: ТВ Спектра

Македонија | пред 7 години

praga

Маж се запали на плоштадот во Прага

Маж се самозапали денеска на Вацлавскиот плоштад во Прага. Мажот има 30 отсто изгореници по телото и префрлен е во болница. Според првични информации на локални медиуми, тој бил роден во 1964 година. Околу 15 часот се полеал со запаллива течност на плоштадот и се запалил. Не се знае какви му биле мотивите.

Свет | пред 7 години

Tanja-Karakamiseva

Каракамишева во полициска станица: Нема да ме замолчите, ќе се видиме пред лицето на правдата

Професорката Тања Каракамишева Јовановска преку својот профил на Фејсбук информираше дека била повикана во полициска станица поради поднесена пријава од Хелсиншки комитет.„Само што излегов од полициска станица Центар.Вчера тројца полицајци ги вознемирија моите малолетни деца носејќи ми покана дома да се јавам денес во 11 часот во станица "под сомнение дека сум сторила кривично дело од чл.394-г од КЗ, Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем".Пријавена сум од Хелсиншки комитет по чл. 319 од КЗ "за Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа, објаснува Каракамишева. Таа додава дека фејсбук статусот за кој е под сомнение се однесувал за мигрантите.„И јасно е се!Политичкиот прогон го пуштаат на максимум.Хелсиншки, дежурни бранители на власта, ќе се видиме пред лицето на правдата!Вие ќе се срамите од своите постапки, јас ќе останам на страната на вистината и правото!Нема да ме замолчите! Нема да ме заплашитеБорбата почна, нема враќање!“, стои во објавата на Каракамишева.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Саше Политико и сопругата меѓусебно се нападнале со нож

Саше Политико и неговата сопруга меѓусебно се пријавиле за семејно насилство кое се случило средата во вечерните часови.Првата пријава во полиција била од сопственикот на порталот С.И. кој кажал дека сопругата го нападнала со нож, неколку часа подоцна се јавила и неговата сопруга која го пријавила С.И. дека физички ја нападнал употребувајќи нож.„На 16.01.2019 година во СВР-Скопје околу 23,07 часот С.И.(38) пријавил дека физички бил нападнат од сопругата М.Л.И.(25), која употребила и нож, во стан во Скопје. На 17.01.2019 околу 02 часот М.Л.И. пријавила дека била физички нападната од С.И., кој употребил и нож во стан во Скопје. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Македонија | пред 7 години

grdanoski-vodici-2

Охрид ќе го реши проблемот со кучиња скитници - стационарот е готов, се чека дозволата од АХВ

Општина Охрид го изгради долгоочекуваниот стационар за кучиња скитници, се чека уште дозволата за работа што ја издава Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).Директорот на ЈП Охридски Комуналец, Љупчо Грданоски појаснува дека стационарот е изграден, набавени се две возила за транспорт на животните, вработен е и шинтер во ЈП „Охридски комуналец“.Стационарот е со капацитет за третман на 30 кучиња дневно.– До АХВ доставено е соодветно барање од наша страна така што веруваме дека веднаш откако ќе ја добиеме дозволата ќе се реши проблемот со бездомните кучиња во градот. Проблемот е дотоколку поголем што во неколку наврати добиваме дојави од правни и физички лица дека со возила од други градови се носат десетици кучиња, рече Грданоски.Како проблем тој посочи на практиката на несовесни граѓани кои ги оставаат на улица своите дотогашни домашни миленичиња, за кои повеќе не се грижат.Што се однесува на појавите на носење кучиња од други населени места во Охрид, Грданоски истакна дека за тоа се известени надлежните служби, како и оти се преземаат активности за спречување таква практика во иднина.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања