Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

poternica

(ФОТО) Напаѓачот на Села се бара со меѓународна потерница

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола Војминовски, МВР објави меѓународна потерница.МВР трага и по избаганите Горан Грујовски и Никола Бошковски на кои им се суди во Грција.

Македонија | пред 7 години

mvr1

МВР: Четири сообраќајни незгоди за 24 часа во Скопје

Во текот на изминатиот ден (16.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно четири сообраќајни незгоди од кои една сообраќaјна незгода со телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 54 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 17 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник.Исто така исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден поради неправилно престигнување, девет возачи поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и 29 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминање коловоз на црвено светло.Во текот на изминатиот ден издадени се 84 мандатни платни налози и 75 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Нови два напади во Скопје од кучиња скитници

На 16.01.2019 година во 17.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.Ц.(50) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 16.30 часот на улица „Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.На 16.01.2019 година во 14.40 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Д.(40) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 08.00 часот на улица „15-ти Корпус“ бил каснат од куче скитник во пределот на ногата.

Скопје | пред 7 години

pozar-1

МВР: Сопственикот на куќата која изгоре - под дејство на алкохол ја попречувал работата на пожарникарите

На 16.01.2019 година околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „3-та Македонска Бригада“ во Скопје избувнал пожар во куќата сопственост на О.Е.(62) од Скопје. Бидејќи сопственикот, кој бил под дејство на алкохол и го нарушувал јавниот ред и мир и им ја попречувал работата на припадниците на Бригадата за противпожарна заштита, бил приведен во Полициската станица Аеродром.Увид на местото ќе се врши во текот на денот.

Скопје | пред 7 години

granata-1

На стариот пат за село Батинци, пронајдена неексплодирана граната

На 16.01.2019 година во 19.45 часот во СВР Скопје, Н.Н.(35) од село Батинци, скопско, пријавил дека на стариот пат за село Батинци, каде што се врши дотур на земјиште, била пронајдена неексплодирана граната (најверојатно од Прва или Втора Светска Војна). Известена е Дирекција за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

pozar-1

Се запали куќа во Скопје - причинета е голема материјална штета

Синоќа се запалила куќа на булевар „Трета македонска бригада“ во Скопје.Противпожарната единица интервенираше на гаснење на пожар, каде биле опожарени 40 квадратни метри, а причинета е материјална штета во висина од еден милион денари.Во гаснење на пожарот интервенирале шест возила и 12 пожарникари.

Скопје | пред 7 години

apasiev

Апасиев: Без потпис од Претседателот, законот е обично бело парче хартија за виткање тегли

Професорот Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил во врска со законот за јазиците напиша дека Законот за двојазичност е обично парче хартија.“Дај бе не им паѓајте на националистичките провокации на ДУИ. Без претседателскиот потпис, т.н. Закон за двојазичност е обично парче хартија во кое можете да си ги виткате теглите од ајвар или зимница. Игнорирајте го! Никого не обврзува. НЕ ВАЖИ.Само жал ми е за дечкото од Службен весник… Ќе нае.е со казна затвор кога ќе падне Тира.иновА за тие шо се праите правници ко Фрчко, еве ви ја Одлуката на Уставен суд од 1998, коа Тито Петковски исто вака се ку.чеше ко сеа Таљат од УЧК и за прв пат у нашата правна историја објави закон без потпис на Глигоров. Ова е втор пат“, напиша Апасиев.

Македонија | пред 7 години

ngBk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWkRBN01EQV8vMmU3NWFhMmY1ZWM3YzVjMTE4YjllZWY0MzIxYTY5M2UuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Хардинај до Путин: Америка и НАТО на Балканот подразбира повеќе мир, стабилност и развој

Во пресрет на посетата на Србија, Рускиот Претседател Владимир Путин, вчера даде интервју за српските медиуми. Тој зборуваше за влијанието на САД на Балканот, за Македонија но и за Косово:“Кога зборуваме за состојбата на Балканот, сериозен дестабилизирачки фактор тука претставува политиката на САД и на одредени западни земји, усмерени кон зацврстување на нивната доминација во регионот. Уште 1999 година, Вашингтон и неговите сојузници, без санкции од Обединетите нации, дваипол месеци ја бомбардираа Југославија и насилно ја одвоија Автономната Покраина Косово.Во 2008 година, Вашингтон и неговите сојузници го подржаа нелегитимното прогласување на косовската независност. Во 2017, наспроти ставот на повеќе од половина од населението, во НАТО беше вовлечена Црна Гора.”Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му одговори на рускиот претседател Владимир Путин, кој за српските медиуми изјави дека САД се дестабилизирачки фактор на Балканот, порачувајќи дека токму Русија е таа која со својата политика му нанесува штети на регионот:– На изјавите на претседателот на Русија, Владимир Путин, дека политиките на САД и западните сојузници се дестабилизирачки фактор на Балканот, ќе одговорам дека Америка и НАТО на Балканот подразбира повеќе мир, стабилност и развој.Активното руско присуство на Балканот го подразбира токму спротивното. Косово доаѓа во мир, напиша Харадинај на својата страница на Фејсбук.

Свет | пред 7 години

012222-620x350

(ВИДЕО) 2-годишно дете падна во бунар длабок повеќе од 100 метри

Припадниците на шпанската служба за вонредни ситуации се обидува да спаси двегодишно дете кое во неделата попладне паднало во длабок бунар.Детето паднало во бунарот додека со семејството шетало на приватен имот во близина на Малага на југот на Шпанија.Спасувачите не можат да влезат во бунарот кој е широк 25 сантиметри, а длабок повеќе од 100 метри, па користат камери во обид да го лоцираат детето.Бунарот бил ископан пред еден месец поради истражувања на вода, но потоа тој не бил покриен ниту заштитен, велат медиумите.Претходно пожарникарите пронашле кесичка со бомбони на длабочина од 75 метри кои детето ги држело во раката.

Свет | пред 7 години

putin

Путин во Белград ќе слета на пладне - покрај рускиот претседател неофицијлно низ Белград ќе шетаат и двајца двојници

Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград, во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу 7.000 полицајци и лица од безбедносните служби ќе се грижат за неговата безбедност во Белград.Неофицијално покрај рускиот претседател и двајца двојници ќе има во главниот град на Србија.Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигнува во Белград. Тој доаѓа во официјална посета на Србија на покана на шефот на српската држава Александар Вучиќ.Според најавите, по свечениот пречек на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, Путин ќе положи венци на Гробиштата на ослободителите на Белград и на Споменикот на црвеноармејците, по што ќе има официјална средба со неговиот домаќин Вучиќ.Путин во белград ќе слета во 12:01 минута. Официјалниот дочек ќе биде пред палатата Србија во 2:45 мин.По разговорите во четири очи меѓу двајцата шефови на држави, ќе се одржи официјална средба меѓу делегациите на двете земји и ќе бидат потпишани повеќе документи за соработка, по што Путин на Вучиќ ќе му го врачи Орденот на Александар Невски.Путин ќе го заврши престојот во Србија со посета на белградскиот храм „Свети Сава“ во 18:00 часот.Детлите за посетата за espreso.rs ги објавил шефот на кабинетот од Кремљ.

Свет | пред 7 години

1547582915446-014-620x350

Бројот на жртвите во нападот во Кенија се зголеми на 21

21 лице е убиено во напад на наоружани напаѓачи во хотелски комплекс во Најроби, Кенија, изјави шефот на полицијата.„На местото на нападот се пронајдени уште 6 тела и еден полицаец кој им подлегнал на повредите“, изјави тој.Нападот на хотелот започнал во вторникот околу 15 часот по локално време со експлозија на паркингот, како и со бомбаш самоубиец во лобито на хотелот, објави полицијата.Околу 20 часот напаѓачите биле убиени, а одговорност за нападот презема исламиштичката група Ал-Шабаб.Главниот инспектор изјави дека 28 лица се ранети и истите се хоспитализирани, но се уште нема информации за нивните повреди.Повеќе од 700 лица се евакуирани за време на нападот.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Животот дојде за оние кои ги испумпуваат буџетски средства

„Борбата на ова генерација е со црнилата кои надвиснаа над Македонија, црнила олицетворени во криминалната и одродена власт на аболицираниот Заев.  Истиот оној Заев кој со 81 глас во Собранието го погази гласот на 2 милиони граѓани, Заев кој го промени името, идентитетот, јазикот и историјата на македонската држава и сопствениот народ. Борбата на генерацијата е со црнилата на Заев,  кој насила ја турка двојазичноста во Македонија и Законот за јазици кој е спротивен на македонскиот Устав.Промената на името и двојазичноста се хипотеки на Заев заради кои доби власт без изборна победа и со погазување на волјата на граѓаните. Заев не им вети на граѓаните променето име на државата, Устав, двојазичност. Заев не им вети црнила на граѓаните, не им вети повисоки давачки кон државата, криминални тендери и грантови, Кацарска судство и Рускоска обвинителство.Животот дојде за малкумина од врхушката на власта и СДСМ, оние кои ги испумпуваат буџетски средства, оние кои се богатат на грбот на македонскиот граѓанин и се одржуваат на власт благодарение на поразите кои и ги нанесуваат на Република Македонија.Предвремените парламентарни избори се единствен начин на кои што македонските граѓани можат да ги поразат црнилата олицетворени во криминалната и одродена власт на чело со аболицираниот Заев. Граѓаните на предвремените парламентарни избори ќе ја донесата зората, ќе ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, поддршка за вистински реформи, проекти, нови работни места, подобар животен стандард за граѓаните, подобро здравство и образование, во Република Македонија“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево со мала облачност, од вторник нови врнежи

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Уреинската температура ќе се движи од -12 до -3 степени, додека дневната од -1 до 8 степени.Во Скопје сончево време со мала облачност и температура од -7 до 4 степени.Во петок и за време на викендот ќе преовладува облачно време со магла по одделни котлини. Во крајните западни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат од вторник.

Македонија | пред 7 години

mnr-logo

МНР ја предаде вербалната нота на грчкиот амбасадор за уставни измени

Македонија синоќа испрати нота до грчкото Министерство за надворешни работи, информирајќи дека ги исполнила сите легислативни услови што се бараат со договорот потпишан помеѓу Скопје и Атина за ставање крај на деценискиот спор околу името .Од македонско МНР посочуваат дека во вербалната нота, грчката страна се информира дека Собранието на РМ на 11 јануари ја усвои oдлуката за прогласување на четирите амандмани на Уставот на Република Македонија и одлуката за прогласување на уставниот закон за спроведување на амандманите со што Македонија го исполнила договореното.

Македонија | пред 7 години

banki-2

Меѓународна криминална група осомничена за кражби во сефови во македонските банки се стекнала со 105.638.858 денари

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка кражба од член 236 и кривично дело – Злосторничко здружување од член 394 од Кривичниот законик.Станува збор за меѓународна криминална група составена од четворица украински државјани и по еден државјанин на Молдавија, Казахстан и на САД. Осомничените во Република Македонија извршиле 19 тешки кражби од граѓански сефови во филијали на Шпаркасе банка и на Централна кооперативна банка во Скопје. Притоа се стекнале со противправна имотна корист од 105.638.858 денари во пари, накит и други вредни предмети.Во периодот од јули до ноември 2017 година, осомничените извршиле закуп на граѓански сефови во различни банки на различни места во Скопје со цел да ги проценат околностите и системот на безбедност во банките. Притоа користеле лажни идентитети и во одреден период секојдневно ги посетувале филијалите во кои имале закупени сефови. Искористувајќи момент без присуство на службено лице, со специјални уреди ја снимале внатрешноста на бравите на сефовите и потоа изработувале клучеви – калаузи за нивно отворање. Одземените вредни предмети од сефовите биле изнесени од Република Македонија, поединечно од секој член на групата, на различни гранични премини и во различни временски периоди. Оваа криминална група на истиот начин извршила тешки кражби и во други земји.До овој момент, еден од осомничените е лишен од слобода во Латвија, додека двајца во Таџикистан. Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, преку меѓународна правна помош испрати барање за прибирање податоци и доказен материјал до надлежните институции во овие земји.

Македонија | пред 7 години

gash1

Африм Гаши на средба со Енвер Хоџај

Претседателот на Движење БЕСА, Африм Гаши, придружуван од Генералниот секретар, Скендер Реџепи – Зејди, денес беа во официјална посета на Владата на Република Косово, каде беа пречекани од страна на Вицепремиерот Енвер Хоџај.„Во текот на оваа средба претседателот на Движење БЕСА, Африм Гаши, го информираше Вицепремиерот Хоџај за најновите настани во земјата, како и за улогата на БЕСА во овој процес, како и за интегративните процеси во земјата, кои заземаат  позитивна насока.Вицепремиерот Енвер Хоџај ја поздрави конструктивната улога на Движењето БЕСА во историските моменти за Македонија, за Албанците кои живеат тука и, воопшто, за регионот.Двете страни се согласија дека ваквите средби ќе продолжат и во иднина“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Slika-od-sostanok-za-sala-Partizan

Богоев: Обновата на Партизан треба да претставува добар пример како запуштените спортски објекти ги враќаме во функција

Општина Карпош иницираше работна средба во врска со салата „Наум Наумовски - Борче“ (Партизан), на која присутвуваа претставници од Владата на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Јавното претпријатие за стопанисување со спортските објекти.Почнуваме иницијатива за спас на салата Партизан и враќање на стариот сјај на овој објект. Ова е заклучокот од денешната средба.Во изминатиов период, целата јавност е сведок на пропаѓањето на овој култен спортски објект, кој во минатото претставуваше епицентар за различни спортови, простор во кој спортувале голем број на наши успешни спортисти, но се користел и за рекреативни цели.Градоначалникот Стефан Богоев уште еднаш ја истакна јасната цел и определба на локалната самоуправа за обнова на објектот.- Обновата на Партизан треба да претставува добар пример и на национално ниво., како запуштените спортски објекти ги враќаме во функција. Постои волја од сите засегнати институции за конечно решавање на проблемот со оваа сала (која е дадена под концесија), но истата секојдневно пропаѓа и се прекршени голем број на одредби од договорот за концесија.Исто така, да нема дилеми, овој простор ќе остане со намена за спорт и рекреација. Нашата цел е навистина да биде во функција на спортот, но да биде достапна и за сите граѓани на Карпош, рече Богоев.Владата на Република Македонија започнува процес на подобрување на инфраструктурата за спорт. Голем број од објектите ќе се дадат во владеење на општините или спортските федерации, посочија владините претставници.Во оваа сала, во минатото се практикувале и голем број на помалку застапени спортови кај нас, како што е: гимнастиката, стрелаштвото, пинг – понгот и сл.Исто така, во претстојниот период Општина Карпош ќе испрати и посебна Информација до Владата на Република Македонија, за моменталната состојба на објектот, целта на локалната самоуправа, проекциите за стопанисување со салата и други потребни детали.

Скопје | пред 7 години

2-4-1

Подгответе го возилото за безбедно возење во зима

Изминативе неколку дена, особено во текот на вечерта и во раните утрински часови, ниските зимски температури го земаат својот „данок“ на возилата и ѝм прават проблем на возачите. Па така, после добро утро, најчестите муабети во овие зимски утра се: ... не ми „запали“ колата, акумулаторот ми „цркна“, откажа електрониката, ми замрзнаа „кочниците“, ми загрева моторот на возилото, не ми работи парното во колата, смрзнав и не можам да ги одмрзнам стаклата, немам зимски гуми и др.Ниските темперaтури значително влијaaт врз техничкaтa испрaвнoст нa вoзилoтo и тoкму зaтoa, особено кога температурите се во длабок минус, неoпхoдна е редовна техничкa прoверкa нa вoзилoтo. Но, и покрај тоа, дел од возачите, поради повеќе неоправдани причини, не прават редовна контрола и редовно одржување на возилото.Најчести изговори за неодговорниот однос кон возилото, во овие зимски услови, се: „Добро е, ама немам време за такви работи“, „Добро е, ама не ми се даваат пари и за тоа“, „Ме мрзи“, „Што и да правиш - џабе е“, „Кога не ти е гаражирано возилото, ништо не помага“, „Автомобилот не е само мој, го вози и брат ми. Нека направи и тој еднаш сервис“, „Така требало да биде“ и многу други.Многу изговори, многу неиздржани оправдувања, а исходот е само еден - проблеми со возилото и небезбедно учество во сообраќајот.Токму затоа, РСБСП со апел: Без изговори и без оправдувња! Направете техничка проверка и подгответе го возилото за безбедно возење во зима. Согласно тоа, РСБСП препорачува:• Проверете и заменете го маслото на моторот. Редовната замена на маслото значи и подобра работа на моторот на возилото, особено во зима и при ниски температури.• Проверете го акумулаторот. Ладното време и ниските температури можат да го испразнат акумулаторот, особено ако паркирате надвор. Задолжително проверете го акумулатотот и доколку е слаб, сменете го на време за да се поштедите од несакани изненадувања.• Проверете го антифризот. Кај поновите возила, антифризот трае до пет, па и повеќе години, но веќе после петтата година задолжително е да се направи сервис и промена. Кај постарите возила, задолжителен е сервис - да се испушти стариот и да се замени со нов антифриз.• Проверете ги бришачите и течноста за бришачи. Основно правило за сигурност и подобра видливост на патот во зимски услови е - здрави бришачи и полн резервоар течност за бришачи што не замрзнува и до -30˚С.• Проверете го притисокот на гумите. Притисокот на воздух во гумите секогаш треба да е соодветен со оној што е внесен во упатството за употреба на возилото. Не е точно тврдењето дека за замрзнат коловоз подобри се „помеки гуми“. Возењето во услови на снег и замрзнати коловози, со несоодветен притисок на воздух во гумите, може да биде опасно.• Проверете ги сопирачките. Сопирачките се секогаш важни за безбедност во сообраќајот, но посебно се важни кога коловозот е лизгав. Проверувајте ги почесто, проверувајте ја и течноста за функционирање на системот за сопирање-глицеринот.• Проверете ги фаровите и светлата. Фаровите (надворешниот стаклен дел) секогаш треба да се чисти, да не се покриени со кал и на нив да нема фатено мраз. Најдобар начин да ги заштитите од снег, од дожд или од вода, е да ги премачкате со восок.• Проверете го парното. Парното е исклучително важно, не само за удобно патување, туку и за одмрзување на стаклата во возилото и за спречување на нивно замаглување.• Исчистете го целиот снег од возилото. Возачите често го чистат само оној дел од возилото што ѝм е најпотребен, односно доволно за да можат да гледаат надвор. Тоа е многу лоша навика бидејќи освен тоа што тие треба да гледаат прегледно надвор од возилото, и другите возачи треба да имаат можност да го видат нивното возило - светлата, трепкачите, стоп светлата итн. Исто така, снежната покривка што останала на возилото, може да се разлета и привремено да го заслепи возачот кој доаѓа од спротивната насока.Зимска опрема. Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема се применува од 15 ноември минатата година и ќе трае до 15 март 2019 година. Доколку сѐ уште не сте обезбедиле соодветна зимска опрема, направете го тоа веднаш. Комплетната зимска опрема за возилото е неопходна за безбедно движење и за успешно справување со несакани ситуации во зима. Покрај задолжителната зимска опрема (зимски гуми или ланци), препорачливо е во возилото секогаш да имате мала лопата, малку песок, стара крпа, метличка за чистење снег од стаклата, спреј за одмрзнување стакла и брави итн.

Македонија | пред 7 години

Capture-11

(ВИДЕО) SoundEdge со нова песна „Не е цела вистина“

SoundEdge ја објавија својата нова песна насловена како „Не е цела вистина“.Оваа песна се појави на последното издание на регионалната компилација Balkan Over The Radar-Black Box на српската издавачка куќа Black Planet Records како единствеn македонски претставник меѓу 29 теми кои се појавуваат на двојното CD.Не е цела вистина е снимена во SoundEdge студио, а мастерирана од DEXY Mastering-Шведска. Авторски е дело на Симеон Спировски, текстот на  Александар Лазаревски, а новост е што за прв пат како вокал се појавува Владо Жаков.

Магазин | пред 7 години

park

ДОМ: Бараме да се направат измени во Законот за просторно и урбанистичко планирање

„ДОМ ја поздравува изработката на зелениот катастар на Град Скопје, што произлезе како обврска од Законот за урбано зеленило. Не случајно ДОМ со години се бореше за носење на овој закон, зашто зелениот катастар и задолжителниот процент зеленило на ниво на град и на градежна парцела се клучни алатки во борбата со аерозагадувањето.Сметаме дека сега треба да следат два нови чекора. Првиот чекор е да се обезбеди достапност на зелениот катастар до јавноста, за да може сите ние како граѓани да ја следиме состојбата со зеленилото. Со ова ќе бидат јавно познати просторите со урбано зеленило кои не смеат да се претвораат во градежно земјиште.Втор чекор е да се направи целосна ревизија на деталните урбанистички планови, зашто бетонирањето на просторот го спречува нормалното проветрување на градот, го задржува смогот помеѓу зградите и опасно го загрозува здравјето и квалитетот на живот на граѓаните.Затоа ДОМ и понатаму бара да се направат измени во Законот за просторно и урбанистичко планирање и негово усогласување со Законот за урбано зеленило, со што ќе се внесе минимумот од 20% зеленило на градежна парцела и 25 метри квадратни зеленило на жител на ниво на град“, се вели во соопштението од ДОМ.

Македонија | пред 7 години

sela

Алијанса за Албанците: Бегството на Војминовски и амнестијата за 27 април, покажува дека затворите се изградени само за албанците

„Дека Македонија станува земја на чуда и дека тука има сé освен правда и владеење на правна држава, говори и бегањето на едниот од напаѓачите на лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, осуден на 13 години затвор за убиство во обид, Никола Војминовски, кој иако осуден за тешко кривично дело му се дозволи да остане во домашен притвор, наводно поради здравствени причини, каде што државните институции и МВР потклекнуваат пред криминалците и корумпираните!Овие бегства, координирани и поддржани од страна на власта СДСМ-ДУИ со помош на МВР и политизираните судови, по Законот за амнестија и бегството на Груевски, ја убиваат и последната надеж во Македонија, дека некогаш ќе може да се врати правдата, и дека криминалот во Македонија не се санкционира, туку честопати се охрабрувана, па дури и се наградува.Празните оправдувања на државните челници кои често се обидуваат да ја префрлат одговорноста еднаш во судовите другпат кај Обвинителството или Министерството за внатрешни работи, станале секојдневен рефрен на СДСМ-ДУИ, и се неоправдливи за граѓаните и за АА.Оваа власт која дозволува бегство на криминалец осуден на 13 години затвор за убиство во обид, не може да ја заштити слободата на никого, бидејќи криминалот и корупцијата длабоко метастазирале во политичкиот менталитет на сите влади, па и на сегашната.Неодамнешното бегство на Никола Војминовски и амнестијата на другите осуденици за 27 април, покажува дека затворите се изградени само за албанците, и осудените македонци или треба да избегаат или да се амнестираат, бидејќи таква била постојаната традиција на правосудниот систем во Македонија, секогаш со два стандарда, еден за Македонците и друг за Албанците.Упатуваме последен повик до Владата на РМ, Министерство за внатрешни работи, судовите и обвинителството, да ја вршат својата работа во согласност со законот, да ги санкционираат сторителите на кривични дела, во спротивно ќе се сметаат како соработници во криминалот и ќе сносат морална и кривична одговорност“, велат од Алијанса за Албанците.

Македонија | пред 7 години

mkd-405787

Митревски: Младите играчи од клупата играа како се да е загубено

Македонија го доживеа вториот пораз на Светското првенство, загубивме од Шпанија со 32:21 одигравме одлично прво полувреме, но по само неколку минути во вториот дел го загубивме мечот.„Одигравме квалитетно прво полувреме, не калкулиравме, заслуживме да водиме 3-4 разлика, но не ги искористивме шансите. Во второто полувреме се случи тоа што се случи, ќе видиме утре дали било тоа за добро или лошо. Утре ни е финале, за пласман во следната фаза. Можевме да бидеме во егал до 59. минута и да изгубевме, тоа ќе беше полошо. Штета, бевме расположени за игра, но тоа е тоа, шпанците успеаа да реализираат. Треба да се спремиме за утре, Исланд имаат млади и добри играчи, ќе биде многу тешко и ќе дадеме се од себе“, изјави Кире Лазаров.„Одигравме многу лошо, имавме многу лесни голови, многу лесно се предадовме. Младите играчи од клупата играа како се да е загубено. Почнавме одлично, добив удар во пределот на слабината, па имав проблем во второто полувреме. Позитивно прво полувреме и очајно второ.Од почетокот кога беше ждрепката за групите, знаевеме дека натпреварот со Исланд ќе биде одлучувачки. Ретко кој игра 60 минути без грешки, има големи падови во текот на уткмицата, но битно е тие грешки да бидат во прав момент, и да го добиеме тој натпревар. Освен за Палмерсон, треба да се премиме добро за сите 16 играчи. Тој натпревар за нас е финале, доколку добиеме ќе биде врвот за ова првеснство, а тоа во втората фаза е само бонус“, изјави Никола Митревски.

Спорт | пред 7 години

cipras

Ципрас „преживеа“ со 151 глас „ЗА“ доби поддршка од парламентот

Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас го преживеа гласањето доверба и со 151 глас „ЗА“ доби поддршка од парламентот. Од пратениците, 148 гласаа „против“, јави дописничката на МИА од Атина.Грчките пратеници вечерва поединечно гласаа за доверба на Владата на Алексис Ципрас.Како што беше очекувано и најавувано, освен 145 пратеници од СИРИЗА, за доверба на владата гласаа четворица независни пратеници и двајца од Независни Грци, односно: министерката за туризам, заменик министерот за земјоделство, кои до неодамна беа дел од Независни Грци, заменик министерката за цивилна за заштита - независен пратеник, пратениците од Независни Грци и сега веќе независниот пратеник, а до завчера член на Река.Сите пратеници од опозициските партии, Нова демократија, Движење на промена, Златна зора, Река, Сојуз на централисти, Комунистичката партија на Грција, гласаа против.Откако Ципрас ја доби довербата од пратениците ќе се пристапи кон Договорот од Преспа и пратениците кои што би гласале за негова ратификација.

Свет | пред 7 години

clipboard01-620x350-1

(ВИДЕО) Мицкоски: Потребни се избори на кои народот ќе одлучи дали е за понижена Северна Македонија или за успешна Македонија

Потребни се предвремени парламентарни избори. Народот да одлучи дали е за понижена Северна Македонија или за напредна и успешна Република Македонија, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил, споделувајќи видео.-Тажно, мачно и црно е денес во Македонија. Тие го сменија името Македонија. Го сменија и македонскиот идентитет. Ги предадоа македонската култура, традиција, спорт и образование. Тажно, мачно и црно е денес во Македонија. Го понижуваат народот. Ги осиромашуваат граѓаните. Ги омаловажуваат хероите. Го менуваат карактерот на македонската држава. Тажно, мачно и црно е денес во Македонија. Денес по водство на Заев, Македонија е поделена, поранлива и послаба. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори. Избори на кои вие, народот ќе одлучите дали сте за понижена Северна Македонија или пак сте за напредна и успешна Република Македонија. Избори на кои ќе ги победиме црнилата. Избори со кои ќе ја донесеме зората. Ова е борба на нашата генерација и затоа изгреј зоро на слободата. Избори за Република Македонија, вели Мицкоски.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/365014424281110/

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Град Скопје го помага планот за чист воздух со инспекциски надзор, зазеленување, загревање и транспорт

Инспекцискиот надзор, зазеленувањето, загревањето на домовите и транспортот се четирите сегменти од Планот за чист воздух што се во надлежност на Град Скопје, а за кои се разговараше на денешниот отворен ден за иницијативи на граѓанските организации на тема „Консултација за Планот за чист воздух за 2019 година и временската рамка за спроведување на истиот“, што се одржа во Владата на Република Македонија.- Ги засиливме инспекциите на сите потенцијални фактори на загадување. Во секторот инспекторат воведовме сменско работење и дежурства кои започнуваат од 6 часот наутро, па до крајот на денот, како и за време на празниците и викендите. Ова предизвика двојно зголемување на казните и опомените, а постигнавме и видливи резултати, значително подобрени во однос на претходните години. Во октомври 2018 година бројот на казните е двојно зголемен во однос на октомври 2017 година. Изречени се околу 220 казни, мандатни казни и налози до извршителите во однос на загадувањето на воздухот и загадувањето на средината. Голем е и бројот на пријави на телефонскиот број 193 на кој се пријавуваат огновите на отворено, а на кој работи тим од социјален работник, пожарникар, полицаец и комунален инспектор кои излегуваат на лице место. Според планот за работа на инспекторите за животна средина на Град Скопје, извршени се по две редовни контроли на сите 40 инсталации кои подлежат на Б–Интегрирана еколошка дозвола, за кои е надлежен Град Скопје. Контролите се интензивирани на градилиштата, со посебен акцент на централното градско подрачје. Се контролираат и другите поголеми градилишта во другите општини, како на територијата на Општина Аеродром каде што се сконцентрирани најголемиот број од градилиштата во моментов. Притоа се контролирани 51 градилиште и врачени се 8 казни и записници за миење на гумите, миење на улиците пред градилиштата и покривање на камионите кои излегуваат од градилиштата со церади – рече денеска Никола Наумоски, раководител на Секторот за поддршка на градоначалникот на Град Скопје.Имајќи предвид дека голем процент од аерозагадувањето доаѓа од затоплувањето на домаќинствата, основањето на АД „Градски енергетски системи“ е најголемиот чекор напред што го презема Градот Скопје за долгорочно решавање на проблемот.- Со преземањето на топловодната мрежа за парно греење, како и со почнувањето на процесот на гасификација на Скопје, граѓаните ќе можат да добијат поевтин енергенс за затоплување дури и од огревното дрво, што на среден рок ќе резултира со значително намалување на загадувањето. Тука би сакал да апелирам до сите надлежни институции од Владата кои се вклучени во процесот, да ги забрзаат активностите околу преземањето на топловодната мрежа, како и активностите поврзани со гасификацијата на Скопје со цел ефектите од основањето на АД ГЕС граѓаните да можат да ги почувствуваат уште во текот на оваа година. Се разбира, продолжуваме и со субвенционирањето на набавката на печки на пелети и инвертери, а започнавме и со субвенционирање на чистењето оџаци во домаќинствата – нагласи Наумоски.Заради исклучително малиот број лиценцирани оџачари во градот, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување Градот Скопје реализираше две обуки за оџачари со цел да се зголеми бројот на стручни лица лиценцирани за вршење на оџачарска дејност во градот. Обучени се 15 нови оџачари.- Преземавме низа конкретни чекори и во делот на транспортот. Што се однесува до нашата иницијатива за налепници за возилата согласно со степенот на загадување, нашиот дел од обврските како институција го завршивме. Очекувам дека во догледно време и другите институции во чија надлежност е овој процес ќе си го завршат својот дел од обврските и дека овој систем наскоро ќе почне да функционира. Обезбедивме средства за 40 еко-автобуси на гас кои очекувам да ги имаме во Скопје кон крајот на оваа, а најдоцна на почетокот на следната година. Стимулираме одржливи форми на транспорт преку субвенционирање велосипеди и електрични тротинети, обезбедување на подобри услови за поголема употреба на електромобилноста, стимулирање на комбинираниот транспорт преку комбинирање на велосипедскиот сообраќај со јавниот транспорт. Посветено работиме на ширењето и подобрувањето на мрежата на велосипедски патеки. Само за една година изградени се и реконструирани нови 12 километри велосипедски и велосипедско-пешачки патеки – рече Наумоски.Градот Скопје работи и на обновувањето и заштитата на постојното, како и на подигнување ново зеленило. За само една година се реконструирани рекордни 129.000 квадратни метри зеленило, а се засадени над 8.000 висококвалитетни повеќегодишни садници на повеќе локации во градот, при што беа засадувани нови и обновувани постојните дрвореди.- Од оваа година Скопје е побогат за неколку нови паркови. Ќе ги издвојам паркот „Ибни Пајко“ кај Македонската филхармонија, паркот во Драчево и паркот кај Архитектонскиот факултет. Го реконструиравме и стариот дел од Градскиот парк, како и Финскиот парк во населбата Ченто, а во напредна фаза е и проектот за зелен покрив на ГТЦ. Градот Скопје во соработка со УНДП влезе во напредна фаза од реализацијата на проектот за Зелен катастар на јавните зелени површини во градот, во рамките на кој досега се попишани 65.844 дрвја и 28.395 грмушки во парковското и во булеварското зеленило. Овој проект е од исклучителна важност за управување со урбаното зеленило, минимизирање на непотребното сечење на дрвјата и уништување на зеленилото при планирањето и изведувањето на идните градежни активности во градот. Со помош на Шумарскиот факултет работиме и на мапирање и ослободување на заробени стебла и корења на дрвјата со градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности – објасни Наумоски.Минатогодишниот буџет за животна средина на Град Скопје беше дотогаш најголемиот буџет издвоен за оваа намена.- За 2019 година, пак, се предвидени 186,2 милиони денари што е 30% зголемување од минатата година, со што се надминува ветувањето на О2 коалицијата и граѓанските здруженија пред изборите од 3,5% од вкупниот буџет посветен на животна средина дадено пред изборите во 2017-та година. Верувам дека ако продолжиме во оваа насока, со заеднички сили на сите надлежни институции, но и на сите граѓани кои можат на директен или индиректен начин да придонесат за намалување на аерозагадувањето, ќе забележиме позитивни промени во квалитетот на воздухот – нагласи Наумоски.На отворениот ден за Планот за чист воздух за 2019 година учествуваа и дебатираа и заменик- министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, Дарко Блинков од Државниот инспекторат за животна средина и Ана Чоловиќ Лешоска од здружението „Еко - свест“. Присутните имаа можност да погледнат презентација на иницијативи од претставници на граѓанските организации во врска со Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања