Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

Ljubomir-Cuculovski

Цуцуловски: Не се согласувам дека Македонскиот народ е мирен и плашлив

Професорот Љубомир Цуцуловски на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека не се согласува со мислењето дека македонскиот народ е мирен и плашлив, и како што вели убеден е дека македонскиот народ и македонската држава ќе опстанат“НЕ МОЖАМ… Не можам да се согласам со мислењето, кое упорно се потура, дека македонскиот народ бил мирен, плашлив народ, бидејќи не соодвествува на фактите. Најмасовниот протест на работниците во СФРЈ беше протестот на железарците во 1987 година.Толку масовен и толку одлучен протест на бедните, на пролетерите/работниците пред тоа, како и по тоа, не беше забележан во СФРЈ.Во 1991 година македонскиот народ, наспроти нечии очекувања, масовно гласаше за независна и суверена Република Македонија. Во 2001 година, после режираниот пад на Арачиново, влезе во Собранието.Истото го стори 2017 година, после своевидниот политички удар, извршен во Републичкото Собрание, проследен со пеење на туѓа химна и непочитување на легислативата.Велат дека бил разединет народ, дека ниту еден друг народ немал толку предавници, како што имал македонскиот народ. Сепак, го немал Петен, како што го имаа Французите, ниту Квислинг, како што го имаа Норвежаните.Ги имаа партизаните. Го немаа (барем досега) ниту Хитлер, ниту Мусолини, кои, борејќи се „за“ својот народ, го доведоа до пропаст германскиот и италијанскиот народ. Не доживееја (барем досега) меѓусебна граѓанска војна како Хрватите (партизани и усташи), како Србите (партизани и четници), ниту имаа граѓанска војна како во Грција (1946-1949) меѓусебно поделена на антифашистичка/комунистичка и монархофашистичка.Макар што до 1994/45 година Македонците немаа своја држава, сепак ја задржаа својата историја, својата традиција, својот фолклор, својот јазик, својата музика.Затоа, убеден сум дека, и покрај сè, македонскиот народ и македонската држава ќе опстанат. Историјата е полна со падови, меѓутоа и со издигања, колку тоа и да не го сакале светските Креатори и нивните креатури.П.С. Досега не сум видел „интелектуалци“, кои толку многу го потценувале и исмејувале „сопствениот“ народ”, напиша Цуцуловски на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

lozovo-5

Првите инфо денови од ИПАРД Програмата започнаа од Велес и Лозово

Покрај двете работилници кои се одржаа во Струмица и Тетово, денес од Велес и Лозово започна бранот на инфо денови во склоп на едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014–2020. Утре, 17.01.2019, четврток, ќе бидат организирани и инфо денови во големата сала на општина Штип и Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш. По одржување на овие инфо денови едукативната кампања на ИПАРД Програмата 2014-2020 продолжува со инфо денови, работилници и форуми низ целата територија на Република Македонија.Во Велес присуствуваше и заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, Авдуљ Селам - Селами, кој порача „Чест и задоволство е денеска овде во Вардарскиот дел на земјава да се објаснат можностите кои ги нуди ИПАРД програмата. Овој крај е еден од позначајните за домашното земјоделство, но и за преработувачката индустрија, затоа многу е важно навреме да ги знаете сите правила и процедури кои треба да се запазат за да ги искористите средствата кои ни се на располагање преку ИПАРД програмата. Во моментов со Мерките 1 и 3, на располагање се 25 милиони евра.“. Тој додаде дека е врвен приоритет да се искористат што повеќе средства од ИПАРД 2 програмата со што на домашното стопанство ќе му се овозможи со европските средства да се создадат производи со додадена вредност, кои ќе бидат конкурентни, а тоа ќе обезбеди поголем економски раст.Претставниците од Одделението за програмирање и проценка при Телото за управување со ИПАРД од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја презентираа Мерка 1: Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства од ИПАРД можностите за македонското земјоделство и руралниот развој. Додека, претставниците од Секторот за одобрување на проекти при Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој ги потенцираа деталите од постапката за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Македонија | пред 7 години

6b14dbe4-97ff-47d0-815c-6ab448afce8e

Планот за реорганизација е одобрен, Фени излегува од стечај

„Апелациониот суд Скопје со Решение ТСЖ. бр.2741/18 го потврди Решението на Основен суд Велес со кое се одобрува Планот за реорганизација на стечајниот должник Друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги ФЕНИ ИНДУСТРИ АД Кавадарци - во стечај.Одобрувањето на планот за реорганизација на Фени Индустри, создаден и поднесен од ГСОЛ / Еуроникел е правосилно и претставува извршна исправа согласно одредбите од Законот за стечај.Ова значи дека Фени конечно излегува од стечај и дека сега има нов сопственик, ГСОЛ/ Еуроникел, а после сите превирања оваа одлука најголемо значење има за вработените, фирмите кои соработуваат со Фени и целиот кавадаречки регион.Во изминатава година и половина Фени индустри помина низ стечај кој ќе остане како пример за најуспешниот стечаен процес спроведен во земјава. Начинот на кој беше водена стечајната постапка, со реорганизација наместо ликвидација, брзината со која беа обесштетени доверителите како и искористената можност за рестартирање на производниот процес со цел Фени да биде оперативен на минимално технолошко ниво, е доказ дека законот за стечај и неговото спроведување дава позитивни резултати.И покрај многуте обиди да се стави сомнеж на исправноста на процесот за решавање на судбината на Комбинатот, последната и конечна одлука на Судот докажува дека не се констатирани никакви неправилности, а стечајната постапка на Фени беше регуларно и транспарентно спроведена, за да резултира со потврден план за реорганизација и сигурна иднина за Фени и сите засегнати страни од неговото работење.Не помалку важно е да се напомене дека новиот сопственик на Фени, ГСОЛ е глобална компанија која со вложените приближно 90 милиони евра во Фени во изминатава година, е еден од најголемите инвеститори во државата. И вака спроведениот стечаен процес испраќа позитивна порака и кон странската бизнис заедница, постоечки и идни, потенцијални инвеститори дека институциите на системот работат во полза на правото и во насока на унапредување на економските перспективи на земјата.Фени скоро една година работи и произведува, но сега ќе го започне и својот инвестициски циклус со што повторно ќе го достигне својот некогашен сјај и значење за македонската економија“, се вели во соопштението на од ГСОЛ/Еуроникел.

Македонија | пред 7 години

Capture-10

(ВИДЕО) Калеска: Македонија ќе добие силна и независна инстритуција за борба против корупцијата

Македонија ќе добие силна и независна инстритуција за борба против корупцијата по европски стандарди. Пратеничката група на СДСМ и коалицијата остана доследна во одбраната на европските стандарди за воспоставување ефикасни механизми за спречување и борба против корупцијата, изјави Снежана Калеска Ванчева на денешната прес-конференција.„Од 40 амандмани кои беа доставени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најдовме согласност за 20 амандмани коишто се во функција на зајакнување на текстот на одредени одредби и истите заеднички ги поднесовме.СДСМ од почетокот остана доследна за зајакнување и проширена надлежност на Државната комисија за спречување на корупција, и од оваа заложба не отстапивме.Прашањата за директен увид во сметките на носителите на јавни функции, е затворено.ДКСК ќе има право до директен пристап до банкарските сметки, но и во над 60 други бази на податоци.Не се дозволи воспоставување на паралелен систем, односно орган коишто беше предлог од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, преку барањето за формирање на национален совет.Македонија создава институција која никогаш повеќе нема да дозволи да се повторат криминалите од минатата власт“, изјави Калеска.

Македонија | пред 7 години

nikola-begalecot-37rzk3eaefze5m638bherk

Избега еден од напаѓачите на Села, распишана е меѓународна потерница

Никола Војминовски, кој беше осуден на 13 години затвор поради обид за убиство на Зијадин Села на 27 април во Собранието, е во бегство, велат од Кривичниот суд.„Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со обвинетиот Н.В. осуден со неправосилна пресуда во предметот со К.бр 1893/17, ја информираме јавноста дека надлежната полициска станица која врши надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор која му е определена на обвинетиот со решение на судот во мај 2018 година, а продолжена до правосилноста на пресудата, во јули 2018 година, при изрекување на првостепената пресуда, а по предлог на надлежниот Јавен обвинител ,  го извести судот дека обвинетиот не се придржувал до определената мерка.По добиеното известување, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое на обвинетиот му се определува мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, а воедно издадена е и наредба за распишување интерна и меѓународна потерница“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Ane-Laskoska-1

Лашкоска: Денес се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ не го блокираше формирањето на антикорупциска комисија

ВМРО-ДПМНЕ 9 месеци апелираше дека е потребно итно формирање на антикорупциска комисија во Република Македонија. Денес се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ ниту го блокираше носењето на антикорупциската комисија, ниту бегаше од нејзино формирање како што тврдеше СДСМ, вели Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.„Драго ни е што владејачкото мнозинство го послуша нашиот апел и беа земени во предвид нашите амандмани се со цел да се донесе што е можно поквалитетен закон за формирање на Државна комисија за спречување на корупција и судир на интереси.Како што и претходно кажавме, како опозиција нашите амандмани беа од суштинско значење кои драстично го променија текстот на законот.Задоволни сме што владејачкото мнозинство конечно сфати дека на Република Македонија и е потребна квалитетна и пред се професионална антикорупциска комисија што ќе работи сериозно и без било какви политички влијанија. Со што сите манипулации, изјави на претставниците од владејачкото мнозинство кои што беа изнесувани овие денови паднаа во вода.Прифаќањето на амандманите е показател дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да блокира вакви битни процеси туку пред се има еден сериозен пристап да дејствува за подобрување на сите процеси кои се одвиваат во нашето општество.Сигурна сум дека после ова Република Македонија ќе добие професионална Државна комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси, комисија која што ќе ги задоволува европските вредности и истовремено ќе го покаже својот квалитет.Повторувам ВМРО-ДПМНЕ ни имало намера, ни има намера да блокира вакви важни закони во Република Македонија. Напротив има намера да донесе и придонесе во носење на што е можно поквалитетни законски решенија. И морам да кажам дека искрено се надевам оти ќе биде формирана силна антикорупциска комисија која ќе се избори во корупцијата во нашата држава, која ќе се спротивстави и ќе ги реши секојдневните корупциски скандали на актуелната власт во Република Македонија“, изјави Лашкоска.

Македонија | пред 7 години

1515338483160-1444-620x350

Во Србија „падна“ Лото добивка од 6 милиони евра

Во вчерашното извлекување во играта на среќа Лото во Србија, извлечена е седумка која на среќниот добитник му донесе награда вредна 6 милиони евраДобивката замина во рацете на среќниот играч кој ливчето го уплатил во Суботица.Среќната комбинација беше составена од овие броеви 1, 3, 7, 10, 19, 20 и 30.

Свет | пред 7 години

IMG_2545

ЦУК, АРМ и Црвен Крст доставија храна и неопходни средства во селата кои се отсечени поради снегот

Центарот за управување со кризи (ЦУК), во координација со АРМ, со припадници на Црвениот Крст на Република Македонија, денеска презедоа акција, со хеликоптер на Армијата, преку која доставени се прехранбени продукти и други неопходни средства што им се потребни на жителите на селата Танушевци, Брест и Малино Маало.„Екипите на тимовите што ги координираше ЦУК до овие населени места кои се отсечени заради обилните снежни врнежи пристигнаа со хеликоптер на АРМ и остварија контакти со населението и заради утврдување на нивните потреби од здравствени интервенции.Во оваа акција учествуваа и стручни лица од ЕВН Македонија заради проверка на далекуводот, за санирање на проблемите со електричната енергија“, велат од Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

brtazil-620x350

(ВИДЕО) Гром погоди фудбалер на Бразил, а натпреварот продолжи како ништо да не се случило

Средбата помеѓу Agva Santa – Atletiko Mineiro, се играше на големо невреме, a громовите не беа доволна причина за судијата да го прекине натпреварот.На почетокот на второто полувреме гром удри на теренот при што го повреди играчот Енрике.На фудбалерот му беше укажана помош, а по неколку минути натпреварот продолжи како ништо да не се случило.

Спорт | пред 7 години

Ohrid

Нова директна авиолинија од Малме до прекрасната викенд дестинација, Охрид - Македонија

Новата директна авиолинија на „Визер“ кон Охрид во медитеранскиот регион, ова е совршена дестинација за викенди. Градот, една од најпопуларните локации во Македонија, се наоѓа на Охридското Езеро, кое ги поврзува Албанија и Македонија. Тоа е нешто повеќе од еден час со автомобил од Охрид до Грција, објави swedavia.com."Добро е веста дека „Визер“воспоставува уште една директна рута од аеродромот Малме. Охрид има потенцијал да стане популарна викенд дестинација за семејствата во регионот Сканиен. Поврзувањето со воздухот го олеснува патувањето за околу 20.000 жители кои имаат македонски корени, кои сега имаат погоден начин да ги посетат пријателите и семејството ", вели Петер Веиндхадл , директор на аеродромот на аеродромот Малме.„Визер“ја воспостави својата прва воздушна врска до аеродромот Малме во 2004 година и сега нуди дванаесет директни патишта, вклучувајќи ја и новата рута до Виена, која ќе биде лансирана во февруари. Авиокомпанијата веќе нуди услуга меѓу Сканија и Скопје, главниот град на Македонија, со четири неделни заминувања, стои во објавата на swedavia.com.Инаку Визер од Македонија ќе лета на 8 нови авиолинии. Од Скопскиот аеродром од март ќе се лета кон Баден Баден и Бремен Германија, а од Охрид до Милано и Малме. Од јули пак од Охрид ќе стартуваат линиите кон Мемингем и Дортумнд, а од Скопје кон Ларнака на Кипар и кон Турку во Финска. Билетите ќе се продаваат по цени што ќе почнуваат од 1164 денари или 20 евра.Договорот со Визер беше потпишан вчера. За субвенционирање на летовите на Визер ќе му се исплатат 5 милиони евра за период од 2019 до 2022 година.

Македонија | пред 7 години

nikoloski

Николоски: Вице Заев ме тужи за нарушена чест и углед , а по мојата изјава чувствувал вознемиреност, главоболки

Вице Заев ме тужи за нарушена чест и углед, а не се појави на подготвителното рочиште и прати свој адвокат.Јас решив да се бранам сам затоа што сметам дека немам потреба од адвокати и правна помош затоа што тужбата е класичен „нон-сенс“ и е исклучително политички притисок, ова денеска пред Основниот суд Скопје 1 го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.-Вице Заев ме тужи за нарушен чест и углед затоа што сум кажал дека „про НАТО и про ЕУ вредности не се наместени тендери, бизниси за членови на фамилијата и братот на премиерот кој што станува главен бизнис фактор во државата“, во телефонско јавување во еден медиум и сум кажал дека „и во Брисел и во Вашингтон, тоа не се про Западни, про НАТО и про европски вредности“. Ова е причината зашто го малтретираме судот, зашто се трошат средства, зашто се одзема и вашето време и моето време, но очигледно пораката е друга, пораката на главниот бизнис фактор во државава е до сите бизнисмени во државава да размислат дека ако може главниот бизнис фактор во државава да го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вториот човек на опозицијата, што може да им се случи на нив, потенцираше Николоски.Тој додава дека верува во правниот систем на државата и на следното главно рочиште ќе ги видите и доказите кои што ги имам приложено и соодветно на тоа очекувам судот да го отфрли ова барање, односно да не ја прифати тужбата.-Во однос на притисоците од власта повикувам да престанат, ова е една лоша практика која не смее да продолжи да се случува. Сакам да ја потсетам јавноста дека поради ваквите чести случувања во координација и на власта и опозицијата пред неколку години се донесоа измени на законот за клевета, кој што ја опишува слободата на изразување во кој што јасно ставивме граници со цел за да вакви „нос-сенс и глупави“, нема друг збор пријави не се случуваат, но за жал од СДСМ решаваат тоа да не го почитуваат, додаде Николоски.На новинарско прашање Николоски вели дека доказите кои што ќе ги приложи пред судот се веќе прикажани во одговорот на тужбана, а поентата е дека тоа што го кажал Николоски е во својство на потпретседател на опозициона политичка партија која што има право да ја напаѓа работата на владата и има право да го искажува своето мислење за начинот на работа на владата.Николоски уште додаде дека Вице Заев од неговата изјава чувствувал вознемиреност, главоболки, потење и црвенило на лицето.Следното рочиште е закажано за 26 февруари во 12:30 часот.

пред 7 години

Нема фотографија

Oбвинет за “27 април” избегал, распишана потерница

Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со обвинетиот Н.В. осуден со неправосилна пресуда во предметот со К.бр 1893/17, ја информираме јавноста дека надлежната полициска станица која врши надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор која му е определена на обвинетиот со решение на судот во мај 2018 година, а продолжена до правосилноста на пресудата, во јули 2018 година, при изрекување на првостепената пресуда, а по предлог на надлежниот Јавен обвинител , го извести судот дека обвинетиот не се придружувал до определената мерка.По добиеното известување, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое на обвинетиот му се определува мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, а воедно издадена е и наредба за распишување интерна и меѓународна потерница.

пред 7 години

next-time

Како звучи „Show must go on“ во изведба на момците од Next Time?

„Обично не ставаме вакви видеа, но овој пат ќе направиме исклучок затоа што Show must go on!!!“, напишаа браќата од Next Time на нивиот профил на социјалната мрежа фејсбук.Уживајте во видеото...https://www.facebook.com/nexttimeband/videos/620624508357936/За браќата близнаци од „Некст Тајм“ е добро познато дека кога е во прашање музиката и кариерата, трпеливо и внимателно избираат што ќе и понудат на публиката, а ваквата девиза им се покажа како успешна.Тие пред два дена објавија дека нивната песна Ја излези Ѓурѓо постигнала 6,000,000 прегледи на Youtube!!!

Магазин | пред 7 години

kosta-vodici1

(ВИДЕО) Георгиески: Дисциплинска комисија ќе ги исконтролира исплатите на штети од земјотресите, сите кои се огрешиле ќе бидат изведени пред лицето на правдата

ВМРО ДПМНЕ денеска побара в.д. Градоначалникот Констатнтин Георгиески на денешната седница да реферира за досегашните преземени мерки и активности во врска со проблемите кои настанаа при исплтата на штетите од земјотресите. Георгиевски пак вели нема што да крие:„Јас формирав дисциплинска комисија на 04.01 таа има законски рок од 20 дена да изготви извештај и до тој законски рок јас нема да коментирам по однос на работата на таа комисија и наодите кои што ќе дојдат од таа комисија . А уште еден доказ дека луѓето јас ги делам на чесни и нечесни , на работници и неработници е тоа што за претседател на таа комисија го поставив Александар Китески истакнат член на ВМРО ДПМНЕ , меѓутоа човек кој исклучително го ценам и почитувам како совесен работник и професиналец во својата струка и ценам дека најдобро и најпрофесинално ќе си ја заврши својата работа како претседател на таа дисциплинска комисија и сите мерки кои што ќе произлезат од заклучокот на таа дисцилинска комисија по однос на тој случај ќе бидат превземени и сите лица кои доколку се огрешиле ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, истакна в.д градоначалникот.На денешната седница инаку в.д градоначалникот ги прифати сите прашања по однос на ова на оваа точка поднесеи од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

struga-mraz

Замрзнаа поплитките делови на Охридското Езеро во Охрид, Струга, Калишта и Радожда

Ниските температури кои ја зафатија земјава , придонесоа за замрзнување на делови од Охридското Езеро на охридското и струшкото крајбрежје.Замрзна крајбрежјето на езерото во близина на „Женска плажа“ во Струга, како и мрзнење и на поплитките делови од езерото кај Калишта, Радожда и во Охрид.Замрзнати делови има и на акумулацијата „Глобочица“. 

Македонија | пред 7 години

putin

Путин: Поради форсираното зачленување на Република Македонија во НАТО , беше покренат и процесот на усвојување на уставните амандмани

Политиката на САД сериозно го дестабилизира Балканот, а Русија ќе продолжи со воено-техничката соработка со Србија, изјави рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на утрешната посета на Белград, во интервјуто за весниците „Политика“ и „Вечерни новости“.Рускиот претседател одговарајќи на прашањето за дестабилирачката улога на Русија на Балканот, според западните политичари, даде оценка и за Македонија, дека постои силен надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО.Кога зборуваме за ситуацијата на Балканот, сериозен дестабилизирачки фактор тука преставува политиката на САД и на некои западни земји, чија цел е зајакнување на нивната доминација во регионот. Уште во 1999 година, силите на НАТО без санкција на ОН два и пол месеци ја бомбардираа Југославија, а потоа насилно ја одделија автономната покраина Косово. Во 2008 година, Вашингтон и неговите сојузници го подржаа нелегитимното прогласување на независноста на Косово. Во 2017 година, и покрај ставот на половина од населението, Црна Гора беше вовлечена во НАТО. Беа исплашени од референдумот за ова прашање и како резултат на тоа, земјата сега минува низ период на политичка нестабилност, вели Путин.Минатата година, наведува рускиот претседател, „поради форсираното зачленување во НАТО на Република Македонија, беше дури покренат и процесот на усвојување на уставните амандмани и промена на името на државата, ревизија на основите на македонскиот национален идентитет“.Путин додал дека била игнорирана волјата на македонските гласачи – референдумот за промена на државното име не успеа, но надворешниот притисок продолжи. Руската Федерација, знаејќи и разбирајќи ја комплексноста на Балканот и историјата на тој регион, секогаш го сметаше за простор за конструктивна соработка. Денес Русија на Балканот има многу пријатели, меѓу кои посебно место го зазема стратешкиот партнер -Србија. Затоа, помагањето и зајакнување на регионалната безбедност и стабилност е нашиот безусловен приоритет, истакна Путин.

Македонија | пред 7 години

prostitucija

Скопјани на 20 и 23 години, принудувале девојче на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови дејства со непознати лица, а за тоа добивале пари. Осомничените се на возраст од 20 и 23 години.„Исплатените пари за услугите што ги давала оштетената ги земале осомничените, а за возврат ѝ обезбедувале престојувалиште и ѝ набавувале опојни дроги“, велат од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.Постапувајќи по кривичните пријави поднесени од страна на Министерството за внатрешни работи, јавниот обвинител издаде наредби за судско-медицинско и невропсихијатриско вештачење на оштетената малолетничка.„Ценејќи дека се исполнети законските услови, обвинителот до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје доставил предлог за определување мерка притвор. Ваквиот предлог судот го прифати, па со решение на двајца осомничени им определи притвор во траење од 30 дена“, додаваат од Обвинителството.Случајот го потврди и Министерството за внатрешни работи.„По добиената информација, Министерството за труд и социјална политика во координација со МВР ги презеде сите неопходни мерки за заштита и психосоцијална поддршка на малолетната жртва на трговија со луѓе. На девојката ѝ се направени сите потребни лекарски прегледи и во моментот е сместенa во соодветна институција“, велат од МВР.

пред 7 години

nbrm

Редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ

На одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.По намалувањето на каматната стапка во декември минатата година, на оваа седница Комитетот оцени дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови, при што одлучи да ја задржи каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,5%. На седницата, исто така, се одлучи понудата на благајнички записи, за аукцијата која ќе се одржи на 16 јануари 2019 година, да се задржи на нивото од 25.000 милиони денари. Општо земено, и на оваа седница Комитетот ги задржа досегашните согледувања за здрави економски основи и стабилни очекувања на економските субјекти, видливи преку поволните движења на девизниот пазар и растот на депозитната база на банките.Споредбата на последните макроекономски показатели со нивната проектирана динамика во рамки на минатогодишниот октомвриски циклус проекции не упатува на позначајни отстапувања во одделните сегменти од економијата. Податоците за економската активност за третото тримесечје од 2018 година покажаа раст на БДП од 3%, што е нешто подобро во однос на очекувањата. Тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот октомври - ноември 2018 година упатуваат на поповолни поместувања во економијата во четвртиот квартал, при забрзан раст на активноста во индустријата и прометот во трговијата, како и висок раст на извршените градежни работи. Со оглед на тоа, податоците укажуваат на постепено закрепнување на економијата.Кога станува збор за промените кај потрошувачките цени, остварената годишна стапка на инфлација од 1,5% за целата 2018 година соодветствува со октомвриската проекција, односно е занемарливо под проектираната стапка од 1,6%. При тековна инфлација нешто пониска од проектираната во октомври минатата година, како и при надворешни влезни претпоставки ревидирани во дивергентни насоки, ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за 2019 година од 2% засега се оценуваат како урамнотежени.Последните податоци за девизните резерви покажуваат нивен натамошен раст, при поволни движења на девизниот пазар и интервенции со нето-откуп на девизи од страна на НБРМ. Растот на девизните резерви во последниот квартал од 2018 година е повисок од очекувањата во рамки на октомвриските проекции, а анализите на показателите за нивната адекватност покажуваат дека тие и натаму се одржуваат во сигурната зона. Според досега расположливите показатели за надворешниот сектор, податоците за надворешнотрговската размена за периодот октомври - ноември 2018 година укажуваат на можност за остварување подобро трговско салдо во однос на очекувањата. Последните расположливи податоци за нето-откупот од менувачко работење, заклучно со првата декада од декември, укажуваат на нето-приливи од приватните трансфери во последниот квартал коишто се во рамки на очекуваните со октомвриската проекција.Прелиминарните монетарни податоци за декември 2018 година покажуваат задржување на континуитетот на раст и на депозитите и на кредитите. Депозитната база продолжи да расте со забрзана месечна динамика, за што најголем придонес имаат депозитите на домаќинствата. На кредитниот пазар, месечниот раст исто така забрзува и е воден од кредитирањето на корпоративниот сектор. На годишна основа, растот на депозитите го надмина проектираниот годишен раст за крајот на 2018 година, додека годишниот раст на кредитирањето е нешто понизок во однос на проектираниот.Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, на домашните пазари на пари не беше забележана поизразена активност, а во услови на понатамошно задржување на поволната ликвидносна позиција на банките. Притоа, во декември, вкупната ликвидност забележа дополнителен раст, главно поради интервенциите на НБРМ на девизниот пазар. НБРМ откупи околу 67 милиони евра во декември, или двојно повеќе споредено со истиот месец претходната година. Во текот на целата 2018 година, НБРМ откупи вкупно 382 милиона евра, што претставува историски највисок откуп во изминатите четиринаесет години.Релативно високиот откуп на девизи во декември, но и во текот на целата 2018 година, беше остварен при поволни движења на сите сегменти на девизниот пазар, при што банките во трансакциите со клиентите остварија нето-откуп на девизи, во услови на пониска нето-продажба на девизи за потребите на компаниите и истовремено повисока понуда на девизи во трансакциите со менувачниците, како сезонски ефект пред новогодишните и божиќните празници.Во текот на декември минатата и во првата половина на јануари оваа година, банките ги неутрализираа краткорочните промени кај денарската ликвидност преку приспособување на пласманите во расположливите депозити преку ноќ кај НБРМ, кои овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата.Минатиот месец, на меѓународните финансиски пазари и натаму продолжија променливите движења, при зголемена одбивност за преземање ризик кај инвеститорите, што услови раст на побарувачката на безбедни финансиски инструменти во еврозоната и САД. Пазарното расположение беше движено од послабите макропоказатели во еврозоната и надолната ревизија на проекциите за економскиот раст и за стапката на инфлација од страна на ЕЦБ. Притоа, инвеститорите ги променија очекувањата во однос на динамиката на нормализирање на монетарната политика на ЕЦБ во текот на оваа година. Исто така, и покрај зголемените очекувања за решавање на трговскиот спор помеѓу САД и Кина, во насока на зголемување на одбивноста за преземање ризик беше и одлуката на ФЕД да ја зголеми референтната каматна стапка донесена на декемврискиот состанок, како и политичката неизвесност во околности на делумно затворање на работењето на американската државна администрација. Во услови на зголемена понуда на нафта и намалени изгледи за глобалниот економски раст, цената на нафтата достигна најниско ниво во последните шестнаесет месеци.Сумарно, на седницата беше заклучено дека од намалувањето на каматната стапка минатиот месец па досега не се забележани поголеми промени во трендовите кај показателите клучни за монетарната политика. Последните макроекономски показатели и оцени не упатуваат на позначајни отстапувања во однос на проектираната динамика, ниту на промени во согледувањата за амбиентот во кој се спроведува монетарната политика. На седницата беше констатирано дека и натаму постојат ризици и од домашното и од надворешното окружување. НБРМ ќе продолжи внимателно да ги следи движењата во економијата, како и потенцијалните ризици, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Скопје | пред 7 години

PS-STRUGA

Стружанец претепал сограѓанин

На 15 јануари во 00.30 часот, во угостителски објект во Струга, лоциран на улицата „Ристо Крле“, нарушен е јавниот ред и мир, пришто, Р.Д.(50) од Струга, се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница. Тој, најнапред вербално а потоа и физички бил нападнат од Б.Д.(50) од Струга, по што веднаш заминал од кафетеријата.По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга, против Б.Д. ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

vodici

Охрид се украсува за „Богојавление Водици“, подготовките на самиот крај

Подготовките за најмасовната црковно – народна манифестација за „Богојавление – Водици“, што општина Охрид ја организира заедно со Дебарско кичевската епархија, се на самиот крај.Финишираат подготовките за големиот христијански празник „Богојавление Водици“. Како и претходните години така и оваа, одбележувањето на празникот ќе биде во знакот на христијанскиот дух, без дополнително организирање на други пропратни забавни манифестации. Јавните претпријатија се активно вклучени во расчистување и уредување на просторот околу Градскиот плоштад, Градското пристаниште и Чаршијата, а од денес започнува и украсувањето на градот, изјави в.д. градоначалникот Константин Георгиески.Претходните денови јавните претпријатија го исчистија снегот околу градското пристаниште, кејот и чаршијата и извршија нивелирање на оштетените делови од подлогата од каде влегуваат капачите, а изминатата недела нуркачите го исчистија дното на езерото каде ќе се спушта Чесниот крст.Претседателот на координативното тело за организирање на празникот „Богојавление – Водици“, Љупчо Грданоски, истакна дека Црвениот крст од Охрид, ќе постави пунктови на кои ќе врши контролни прегледи на капачите и додаде дека во текот на утрешниот ден треба да пристигне и казанот во кој ќе се прави традиционалната рибна чорба за „Денот на рибарите“.Самата прослава на празникот ќе започне со утринска богослужба во сите парохиски цркви, а во 08 часот ќе започне божествената литургија, а во 09 часот и 45 минути ќе тргнат литиите кон градското пристаниште каде што ќе се положи чесниот и животворен крст во водите на Охридското езеро. Централната богослужба и оваа година ќе биде во црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско, каде ќе чиноначалствува неговото правосвештенство митрополитот дебарско – кичевски господин Тимотеј, кажа Илија Ристески, претставник на дебарско – кичевската митрополија.Пријавувањето на капачите започнува од утре во сите парохиски цркви, а на пријавените ќе им следуваат маици и брошури со насоки и програма за самиот празник „Водици“ и „Денот на рибарите“.

пред 7 години

49844959_1023668501174610_1150000209586028544_n

Млади за Македонија: Двојазичноста повторно не повикува на борба

Здружението „Млади за Македонија“, најавуваат нови протести откако во Службен весник беше објавен Законот за употреба на јазиците. Исто така тие објавија фотографија на Фејсбук и соопштија дека стојат зад фарбањето на Министерството за култура во боите на македонското знаме„Борбата е далеку од завршена, а двојазичноста повторно не повикува на борба!Млади за Македонија започна како организација која се бори против наметнување на друг јазик на целата територија на Македонија! Нелегалното објавување на промената на името и двојазичноста е акт на кој мораме да реагираме.Не е време за откажување, време е за нови протести и на масовност против промената на името и двојазичноста.Двојачизноста не смееме да ја дозволиме“, стои во објавата на Фејсбук.https://www.facebook.com/MZMakedonija/photos/a.813114558896673/1023668497841277/?type=3

Македонија | пред 7 години

fijat-canoski

Цановски вели дека уривањето на комплексот „Космос“ е политичко и ќе бара отштета од државата и обвинетите од 40 милиони евра

Бизнисменот Фијат Цановски и сопственикот на комплексот „Космос“, на денешното рочиште за случајот „Т.Н.Т.“ на СЈО, пред судот кажа дека уривањето на комплексот било политичко и дека ќе бара отштета од државата и обвинетите од 40 милиони евра за уривањето на „Космос“. Слуајот „ТНТ“ ги седне на обвинителна клупа и денеска екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на скопска Гази Баба Тони Трајковски.Сепак на нив нема да им се придружи Никола Груевски бидејќи тој во моментов е во Унгарија и таму живее со политички азил.Овој предмет стигна до доказната постапка, а според обвинителите од СЈО кои го водат овој случај се работи за желба за одмазда, по што и градоначалникот на гази Баба сторил кривично дело со користење на службената положба и овластувања и го срушил објектот Космос, сопственост на Фиат Цаноски.Цаноски пак од друга страна најави дека сумата која ќе ја бара за отштета за она што го загуби со уривањето на комплексот изнесува 55 милиони евра.

пред 7 години

micevski

(ВИДЕО) Мицевски: Власта го злоупотреби европското знаменце, донесе неуставен закон, кој во општеството ќе креира правен хаос и конфузија“

„Законот за двојазичност кој беше неуставно и незаконски потпишан од страна на Талат Џафери и објавен во службен весник е на штета на Република Македонија и кохезијата во општеството. Членовите од 1 до 14, како и членовите 16, 17, 22, 23 и 24 се во спротивност со Амандманот V од Уставот на Република Македонија, додека членовите 8, 9, 51, 52, 54 и 108 се во спротивност на Амандманот VIII од Уставот на Република Македонија, тоа беше нотирано од страна на претседателот на државата, но и од други еминентни правници“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.Пратеникот со став дека „Целата процедура низ која власта го туркаше законот за двојазичност е нелегитимна. Власта го злоупотреби европското знаменце и под превезот на реформски закон од значење за нашиот влез во Унијата донесе неуставен закон, кој во општеството ќе креира правен хаос и конфузија“.„Законот за двојазичност е донесен без поширок политички и општествен дијалог. Спротивно на препораките на правната фела и општата јавност власта го истурка законот за двојазичност кој ќе креира целосен паралелизам во сите државни институции, како на централно, така и на локално ниво. Овој закон ќе ги блокира институциите, кои наместо да си работат работата ќе треба да преведуваат и одржуваат двојни архиви, што ќе ја чини државата и граѓаните, време, место, човечки ресурси и пари. Владата која ветуваше живот за сите потроши две години за антидржавни дејанија кои не им носат подобар живот на граѓаните, не носат повеќе пари за живот, ниту подобар стандард во целост. Наместо подобри услови за живот граѓаните добија нови поделби и понижувања“ - рече Мицевски.

Македонија | пред 7 години

marihuana2

Приведени четворица дилери на марихуана

На 15.01.2019 година околу 23.00 часот на улица „Александар Илиќ“ во Дебар, при контрола на патничко моторно возило „Фолксваген Поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(45) од Тетово, полициски службеници пронашле две торби со 20 килограми опојна дрога марихуана. Д.А. е лишен од слобода и приведен во Полициската станица Дебар.Во врска со овој случај на граничниот премин „Блато“ бил приведен K.Х.(41) од Република Албанија, додека на граничниот премин „Ќафасан“ биле приведени И.Е.(33) и Ц.Г.(31), двајцата од Република Албанија. Овие три лица биле предадени и задржани во Полициската станица Дебар. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров во посета на Турција со цел потпишување на Меморандум за соработка

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе оствари работна посета на Република Турција од 16-ти до 18-ти јануари 2019 година, при што, покрај со својот турски колега Мевљут Чавушоглу, предвидено е да има средби и со други високи државни претставници на Турција, како со министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар и средба во Големото народно Собрание на Република Турција.Во фокусот на средбата со министерот Чавушоглу, ќе биде зајакнувањето на севкупните билатерални односи, унапредувањето на заемната соработка, како и размената на  мислења за повеќе актуелни регионални  прашања. Се очекува, министрите Димитров и Чавушоглу да го потпишат Меморандумот за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Република Турција за соработка во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања