Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

urivanje-1

(ФОТО и ВИДЕО) Започна акцијата за рушење дивоградби во Охрид, полицијата ја блокира улицата во Стар Град

Полицијата со комбе ја блокира улицата во Стар Град. Утрово зопочна акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид. Се уриваат градбите на првата линија до Езерото.Инаку градоначалнккот Константин Георгиески е прв градоначалник до сега кој се осмели да урни дивоградба ! Во 2004 година дивоградби вбо Охрид уриваше централната власт.Ако општината постапувала така како што постапивме ние на секоја активност на дива градба да се пристапи кон отстранување по основ на решение, ќе немавме проблем со бесправно изградени објекти, истакна градоначалникот.-Отстранувањето на бесправно изградените објекти е процедура која во рамки на општина Охрид била изоставувана години наназад и соодветно не се санкционирале бесправните градби. Тоа е причината поради која во Охрид имаме толку бесправни градби. За секоја активна дива градба треба да се пристапи за отстранување по однос на решението. Тоа отсега ќе биде вообичаена пракса и за секоја дива градба ќе се постапува соодветно, вели Георгиески.Постапувањето со бесправно изградените објекти не се само активностите на терен. За да дојдеме до работа на терен, потребни ни се исцрпувања на сите правни процедури. Можеме да постапуваме само кај тие објекти кои се со правосилни заклучоци за отстранување. Има објекти кои се со решенија за отстранување, кои се обжалени на суд, а дел од нив се со поднесени барања за легализација. Значи за сите тие објeкти кои се под одредена друга постапка не можеме да постапуваме.Јавноста треба да разбере дека ова е проблем кој е напластуван години наназад. Последен пат отстранување на дивоизградени објекти имаше во 2003-2004 година. Оттогаш до денес, во Охрид не е срушено ниту едно столпче. Ние не можеме да го разрешиме овој проблем во три дена, ова е битка која ќе трае неколку години.Имаме поддршка и координација со централната власт во однос на овие активности. Ценам дека работите се значајно поместени од мртва точка и дека треба сфаќањата целокупно да се променат. Конечно овде мора да почне да се почитува правото и законот, истакна градоначалникот Георгиески.Тој најави дека на 30-ти септември 2019 година ќе биде дел од државната делегација која ќе патува во Париз, Франција, во седиштето на УНЕСКО, каде што ќе се презентира првиот извештај за напредок по однос на препораките од последната сесија на Коминтетот на светско и природно наследство. 

Македонија | пред 6 години

27092019_PVRSM_Zaev_Plenarna_sesija_Generalno_Sobranie_ON_2

Заев на пленарната сесија на Генералното собрание на ОН: Продолжуваме да работиме со сите засегнати во денешниов фрагментиран свет, дејствуваме во сопствените земји за подобар свет за сите нас

Претседателот на Владата на Република Северна МакедонијаЗоран Заев имаше свое обраќање на пленарната сесија на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.На почетокот тој се обрати на македонски јазик, и како што рече, за прв откако нашата земја е членка на организацијата, говори како шеф на делегацијата на Владата на Република Северна Македонија. Веднаш додаде дека тоа е резултат на Спогодбата од Преспа, со што се реши 27- годишната разлика со Грција за името на земјата како прашање што имаше сериозни негативни и регионални и мултилатерални импликации и ја оддалечи земјата од нејзиниот напредок во евро-атлантските интеграции.„Денес имаме само придонеси од решената разлика. Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик, а за државјанство: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Сега имаме исклучително добри односи со Грција, и со тоа придонесовме да зајакне регионалната стабилност и да се поттикне развојот на Западен Балкан“, говореше на македонски јазик премиерот Заев на говорницата во ОН, и додаде дека Спогодбата од Преспа, заедно со Договорот за пријателство со Бугарија, го забрза нашето интегрирање во НАТО и ги отстрани најголемите пречки за наша интеграција во ЕУ.„Сакам овде да подвлечам дека сме благодарни на ОН за целата поддршка, што најмногу се виде преку 20-годишната посветена и неуморна работа на Метју Нимиц, Специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, кој работеше со нас на изнаоѓање на решението. Веруваме дека Спогодбата од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот и дека е корисен пример за многу други отворени прашања“, потенцираше Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев.Во продолжението на своето обраќање пред претставниците на државите и народите од светот, премиерот Заев нагласи дека годинашното Генерално собрание повторно повикува на обединување на нациите во борбата за мир, демократија, човекови права, владеењето на правото и одржлив развој.„Светот е на крстопат и затоа потребна ни е посилна Организација на Обединетите нации, која ќе застане зад сите и ќе испорача резултати за сите. И никого да не остави зад себе. Во свет обременет со несигурност потребен е меѓународен поредок заснован на правила, делотворен мултилатерализам“, порача премиерот Заев од говорницата на ОН во Њујорк.Осврнувајќи се на една од централните теми на ова собрание – климатските промени, премиерот Заев потенцираше дека е неопходна реализацијата на заклучоците од Парискиот договор и да го препознаеме и прифатиме влијанието на климатските промени како закана за безбедноста и стабилноста во светот и разорните последици од овие промени врз човештвото.„Национално дефинираните придонеси се клучни за да се забрзаат активностите во однос на климатските промени. Северна Македонија ги зголеми националните придонеси според Парискиот договор, а истите се инкорпорирани како цели во нашите национални закони и политики“, рече Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев.Премиерот Заев нагласи дека спроведувањето на Агендата 2030 и Целите за одржлив развој се од централно значење за постигнување на вистинска промена и градење на одржлива иднина за сите, особено во елиминирањето на сиромаштијата, нееднаквоста, негативното влијание на климатските промени, и дека  Владата на Северна Македонија целосно се залага за спроведување на Агендата 2030 што произлегува од националните стратешки документи и локалните планови.Како земја активен партнер на меѓународните коалиции против тероризмот, рече премиерот Заев, Владата на Северна Македонија ќе продолжи да придонесува кон мултилатералните  напори за борба против тероризмот, како и во справувањето со уште еден современ предизвик - масовните миграции.„Веќе со години сме на првата линија на фронтот и имаме искуство од прва рака во однос на влијанието на миграциите. Кризата со миграциите исто така предупредува дека не може да работиме сами во изолација. Траењето на миграциската криза покажува дека не може да го стиснеме копчето за пауза. Треба да ги здружиме нашите напори и со стратешка визија, механизми за соработка и инцијативи треба да ги решиме причинителите за миграциската криза, да ги издвоиме позитивните аспекти од миграциските текови и кризата да ја претвориме во можност. Како и во изминатиот период, ние активно ќе соработуваме во овој процес“, подвлече на оваа тема премиерот Заев.Тој истакна дека здружен, мултилатерален настап е неопходен и кога станува збор за лажните информации и дезинформациите, заедно со целно-насочените кампањи кои  се закана и го поткопуваат глобалното демократско владеење, истовремено ставајќи ја на испит отпорноста на демократските општества во целиот свет.Премиерот Заев во завршницата на своето обраќање нагласи дека унапредувањето и заштитата на човековите права, демократијата и владеењето на правото остануваат темелни столбови на вредностите и дејствувањето на Обединетите нации, и дека широко распространетата неказнивост и отсуството на отчетност, нè потсетуваат дека сè уште има многу да се работи на ова поле и тоа на национално, регионално и глобално ниво.„Република Северна Македонија и натаму цврсто го поддржува мултилатерализмот. Ќе продолжиме да работиме со сите засегнати страни во денешниов фрагментиран свет. Ова е наш заеднички свет. Заложбите кои ги преземаме на Генералното собрание на Обединетите нации се пренесуваат низ целиот свет. Сепак, нашето дејствување во сопствените земји е она што ја обезбедува заштитата на човековите права и добросостојбата секој поединец. Со нашите дела да ги оправдаме нашите заложби за подобар свет за сите нас“, потенцираше во своето обраќање Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заевна пленарната сесија на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. 

Македонија | пред 6 години

bundestag

Бундестагот со големо мнозинство поддржа почеток на преговорите со Македонија и Албанија

Германскиот Бундестаг вечерва со 476 гласа за, 122 против и 16 воздржани потврди дека Македонија ги исполнува условите да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија. На седницата во Бундестагот присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања , Бујар Османи , кој беше поздравен од пратениците.Според пратеникот од владејачката ЦДУ /ЦСУ , Петер Бејер , младите луѓе од Северна Македонија и Албанија треба да живеат во средина каде ќе бидат применувани европските стандарди и ќе имаат позитивна перцепција за ЕУ .За Албанија, за која исто така е одобрен почеток на преговори, „за" гласаа 395 пратеници во Бундестагот,, 188 беа против и 16 воздржани.

Македонија | пред 6 години

1R4A1271

Димковски и Чучи: Усогласување на фито-контролите на готови производи и поголема флексибилност за извоз и увоз на добиток

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со државниот секретар на МЗШВ, Нефрус Челику,  денеска во Тирана, Република Албанија, одржаа работен состанок со албанскиот министер за земјоделство и рурален развој Блери Чучи. На состанокот, министрите разговараа за започнатите заеднички проекти како и за унапредување на  трговската размена и можностите за дополнителна билатерална соработка.На состанокот се заклучи дека нема проблеми во однос на протокот на растителни пратки на граничните премини помеѓу двете држави којшто се  одвива според утврдената постапка согласно националните прописи на двете земји.Како идни области за соработка министерите ги посочија размената на  националните прописи и усогласување на листи на штетни организми, растенија, растителни производи, взаемно признавање на лабораториските анализи од акредитирани/овластени фитосанитарни лаборатории, усогласување на фито-контролите на готови производи и поголема флексибилност во делот на извоз и увоз на добиток.Воедно, се заклучи дека е потребна            изработка на планови за итни мерки во случаи на откривање на карантински штетни организми и размена на искуства, информации и знаења помеѓу надлежните органи од фитосанитарната област на двете страни. Министерот Димковски, на состанокот посочи дека доколку е согласна албанската страна може да се иницира подготовка на Спогодба помеѓу надлежните служби од двете земји за фитосанитарна соработка како и подготовка за отворање на Оne stop shop терминал на граничниот премин Ќафасан.Министрите Димковски и Чучи се договорија да се интензивира соработката на формираната работна група од двете министерства и заеднички да се работи на системска контрола од двете држави во самото менаџирање со рибниот фонд во Охридското и Преспанското езеро.Инаку, на почетокот на месец март 2019 година беше инициран пилот проект во рамките на  CEFTA, чијашто цел беше следење на инспекциските процедури на граничните премини помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија при што беа избрани пет видови на земјоделски производи кои најчесто се предмет на трговија помеѓу двете држави. Проектот е проширен и за другите земји членки на CEFTA и документот е во финална фаза. По неговото усогласување, истиот ќе се одобри од страна на сите земји членки на CEFTA.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Со одлука на советот барокната градска куќа оди на продажба

На денешната 41 седница на Советот на Град Скопје, по предлог на градоначалникот Петре Шилегов се стави на гласање и се изгласа одлуката за продажба на барокната Градска куќа на кејот на реката Вардар.-Денешнава седница ја отвораме со оваа точка затоа што во меѓувреме  успеавме да го завршиме објектот којшто беше започнат можеби пред една декада. Објектот којшто е изграден од Градот, откако е дојдено новото раководство на градската администрација,  во неговото завршување имаме вложено 3,2 милиони евра. Ова докажува дека ниту имало намера, ниту тенденција да не се заврши неговата изградба - изјави Шилегов.Тој додаде дека се правени напори објектот да се стави во функција, но по сите направени анализи за капацитетот на изградениот објект е заклучено дека само 3 петтини од вкупниот број на вработени би можеле да се сместат во него, односно само 352 вработени.Исо така, тој го посочи и фактот дека е крајно нефункционална внатрешноста на објектот заради неговата форма.-Локацијата на градската куќа за мене е многу несреќно избрана, бидејќи народски кажано таа е отпат и тргната е на страна од главната градска инфраструктура, а за да дојдете до неа имате слаба конекција со јавниот транспорт. И мислам дека градската куќа треба да се наоѓа на многу посоодветна локација како што и го личи главниот град и како што е стандард секаде во светот - истакна Шилегов.Тој изрази жалење што советниците од опозицијата ја напуштиле седницата и не можеле да ја чујат неговата идеја да се формира комисија во која би членувале советници, односно да бидат вклучени сите како Совет. Таа комисија да биде задолжена за продажбата, но и за евентуалното купување на некој друг објект на многу посоодветна и подостапна локација за граѓаните на Скопје.-Сепак, би сакал да имаме надзор од Советот во целиов процес, бидејќи сакаме тој да биде јавен и транспарентен затоа што немаме што да криеме. Продажбата ќе оди со аукција, преку системот на ЗЕЛС и ќе биде видлива за сите - рече Шилегов.     

Скопје | пред 6 години

Foto-2-1-1

Пендаровски се сретна со Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими полковник Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски со НАТО во Скопје. На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во Република Северна Македонија, како и за соработката на државата со НАТО, а во контекст на аспирациите за членство во Алијансата. Претседателот Пендаровски на средбата истакна дека со полноправното членство на Северна Македонија во НАТО ќе биде заокружена една од главните стратешки определби на државата, што ќе придонесе за нејзиниот севкупен развој, и позитивно ќе се одрази за стабилноста и просперитетот на регионот. Претседателот Пендаровски изрази очекување за скорешно завршување на ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО од страна на земјите-членки, со што Република Северна Македонија ќе стане 30-та членка на најуспешната воено-политичка Алијанса. Претседателот Пендаровски ја истакна улогата на Канцеларијата за врски со НАТО во Скопје во процесот на пристапување на Северна Македонија во НАТО и исполнувањето на критериумите и стандардите за полноправното членство. Во август годинава, за време на централната свеченост по повод одбележувањето на Денот на Армијата на Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски ја одликуваше Канцеларијата за врски со НАТО во Скопје, со Орден за воени заслуги за континуирана поддршка и помош на Република Северна Македонија во процесот на пристапување и исполнување на критериумите и стандардите за остварување на полноправното членство во НАТО.

Македонија | пред 6 години

IMG_20190926_113035-e1569499820264

Константин Георгиески е прв градоначалник до сега кој се осмели да урни дивоградба !

По 30тина години, во кои сите негови претходници мудро одбегнаа да допрат во најголемиот проблем, младиот Константин Георгиевски е првиот градоначалник на Охрид кој се зафати со најголемиот проблем на градот - ДИВОГРАДБИТЕ.Ако општината постапувала така како што постапивме ние на секоја активност на дива градба да се пристапи кон отстранување по основ на решение, ќе немавме проблем со бесправно изградени објекти. Градоначалникот Константин Георгиески рушењето на дивоградбата на улицата „Марко Нестороски“ рече дека е процедура која години наназад заостанувала во општината, да се санкционираат такви девијантни појави на бесправна градба. Тој потенцира дека додека е градоначалник ќе биде востановена праксата секоја нова дива градба да заврши како таа куќа. Сопствениците сега добиле 20 дена сами да ја отстранат дивоградбата, во спротивно повторно ќе постапат општинските служби.Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески денес на барање на новинарите даде изјава во врска со акцијата за остранување на дивоизградени објекти на подрачјето на општината, во согласност со законските процедури и Акцискиот план за постапување по препораките од последната сесија на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.-Отстранувањето на бесправно изградените објекти е процедура која во рамки на општина Охрид била изоставувана години наназад и соодветно не се санкционирале бесправните градби. Тоа е причината поради која во Охрид имаме толку бесправни градби. За секоја активна дива градба треба да се пристапи за отстранување по однос на решението. Тоа отсега ќе биде вообичаена пракса и за секоја дива градба ќе се постапува соодветно.Постапувањето со бесправно изградените објекти не се само активностите на терен. За да дојдеме до работа на терен, потребни ни се исцрпувања на сите правни процедури. Можеме да постапуваме само кај тие објекти кои се со правосилни заклучоци за отстранување. Има објекти кои се со решенија за отстранување, кои се обжалени на суд, а дел од нив се со поднесени барања за легализација. Значи за сите тие објeкти кои се под одредена друга постапка не можеме да постапуваме.Секојдневно се доставуваат известувања за извршување по однос на решенијата за отстранување. Дел од сопствениците на бесправно изградени објекти кои добија известувања дојдоа во општината и изразија волја и желба сами да ги остранат објектите. Доколку не постапат во одредениот рок, ќе постапи општината.Јавноста треба да разбере дека ова е проблем кој е напластуван години наназад. Последен пат отстранување на дивоизградени објекти имаше во 2003-2004 година. Оттогаш до денес, во Охрид не е срушено ниту едно столпче. Ние не можеме да го разрешиме овој проблем во три дена, ова е битка која ќе трае неколку години.Имаме поддршка и координација со централната власт во однос на овие активности. Ценам дека работите се значајно поместени од мртва точка и дека треба сфаќањата целокупно да се променат. Конечно овде мора да почне да се почитува правото и законот, истакна градоначалникот Георгиески.Тој најави дека на 30-ти септември 2019 година ќе биде дел од државната делегација која ќе патува во Париз, Франција, во седиштето на УНЕСКО, каде што ќе се презентира првиот извештај за напредок по однос на препораките од последната сесија на Коминтетот на светско и природно наследство.

Македонија | пред 6 години

LISICI-I-MIKROFON

Ивона Талевска му подари лисици на обвинителот Јовески

Спречување на слободата на говорот и поттикнување самоцензура или новинарска активност која значи попречување и компромитирање на судска истрага која не може така лесно да се оправда со јавниот интерес. Дали обвинителството треба да ги гони оние што објавиле документи или личноста која имала пристап до службени тајни и ги изнела и ги дала на медиум­?Дел од колегите новинари денеска се собраа пред зградата на Обвинителството на кејот на Вардар на протест за поддршка на новинарот на Инфомакс, Александар Митовски.На протестот повика Македонската асоцијација на новинари (МАН) откако обвинителството поднесе обвинителен предлог против новинарот поради објавување на записник од исказ за случајот „Рекет“.„Овој протест на МАН е под мотото ‘На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со апсење и прогон и обвиненија’, и тоа сакаме да го порачаме. Додека го одржуваме овој протест пред ОЈО, во просториите на ‘Нетпрес’ се врши претрес за објавена истражувачка сторија. Тоа се методите на ОЈО. Се водат над 60 истраги, предистраги и процеси против медиуми и новинари кои не се блиски на актуелната владејачка структура. Тоа го правеше СЈО, сега го прави ОЈО. Ова мора да запре“, рече претседателката на МАН, Ивона Талевска.

Македонија | пред 6 години

thumbs_b_c_a6b96e848efb18c26bb1f93af2e65d67-800x449

Иво Котевски нема да кажува како било договрено апсењето на Љубе Бошкоски

Поранешниот портпарол на МВР, Иво Котевски, не се појави на денешното рочиште за случајот Тортура за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, каде беше повикан да сведочи за настанот.Обвинителот Љубомир Лапе го повлече од листата на сведоци за случајот. Причина плус за одложување на рочиштето е и отсуството поради болест на еден од обвинетите во случајот.Во „Тортура” првообвинет е ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешниот прв човек на единицата „Алфа” Ивица Антевски – Пуки заедно со уште петмина припадници на единицата.Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Македонија | пред 6 години

zaev-micotakis-1

Мицотакис до Заев: Немаше да го потпишам Договорот од Преспа

Шефот на грчката Влада Кирјакос Мицотакис на вчерашната средба со премиерот Зоран Заев во Њујорк, рекол дека тој лично немало да го потпише Договорот од Преспа, но додал дека по ратификацијата, договорот веќе е дел од меѓународното право и Грција мора да го почитува, брифираат владини извори во Атина за грчките медиуми.Како што jави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис воедно ја повторил неговата позиција дека како лидер на опозицијата направил сѐ за да не се потпише договорот, а за време на средбата во Њујорк го повикал неговиот колега „да не постојат доцнења што се поврзани со аспектите на договорот, особено во прашањето со трговските ознаки”.Според истите информации, премиерот Заев ја изразил волјата на неговата Влада да нема доцнења, стремејќи се кон брзо спроведување на сите отворени прашања што се поврзуваат со интегративниот процес на земјата во ЕУ.

Македонија | пред 6 години

24092019_PVRSM_Zaev_sredba_grcki-premier_Micotakis_5-960x616

(ВИДЕО) „Здраво јас сум Зоран, драго ми е што се среќаваме“

Грчките медиуми објавија дел разговорот што го водеа премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Кирјакос Мицотакис за време на нивната прва средба во Њујорк.З.З. Здраво јас сум Зоран, драго ми е што се среќаваме.К.М . И мене ми е задоволствоЗ.З. Да, конечноК.М. Како сте ?З.З. Добро сум …К.М. (Кон Османи) Здаво, како сте ?К.М. (До Димитров) Министере, задоволство ми е… 

Слајдер | пред 6 години

pendarovski

Пендаровски за Гоце Делчев: И сега за да земеме бугарски пасош, се пишуваме Бугари, без разлика дали е тоа точно

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за Сител запрашан за можноста да се постигне договор за тоа чив е Гоце Делчев рече дека тоа е неспорно. Според него, Делчев е еден од темелите на македонската државност кој се борел за автономна и самостојна Македонија.– Еве ви еден практичен пример. Денес, јас или вие ако бараме бугарско државјанство мора да се пишеме, не само ние туку и сите наши предци дека се Бугари, дали е точно тоа или не меѓутоа за да добиете бугарско државјанство во 2019 вие мора да се пишете за Бугарин. И сега сакате да ме убедите дека во тој историски контекст, повторувам и инсистирам на тоа, во тој историски контекст 1900 – 1901 година дека Гоце Делчев можел да се пише Македонец? Такви биле околностите во тој период, рече Пендаровски во интервјуто за Сител.Пендаровски вели дека е неспорна каузата за која се борел Делчев и бара тоа двете страни да го констатираат.– Неспорно е дека тој е еден од темелите на македонската државност. Што е спорно околу тоа?, рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

lekari-715x420

Кардиолог ставал стентови и на здрави пациенти за да дојде до плата од 28.000 евра

Бугарскиот кардиолог кој доби плата од над 28.000 евра мое да остане без лиценца. Ставал стентови и на здрави пациенти.Одземањето на лиценцата за работа е најтешката казна која може да му ја изрече Бугарската лекарска комора, доколку Комисијата за етика ги потврди информациите кои во јавноста ги изнесе Телевизија Нова.Додека трае истрагата, кардиологот е времено суспендиран од страна на Обласната болница во Пазарџик.Скандалот излезе во јавноста, по информацијата дека д-р петар Лазов за еден месец примил плата од 28.500 евра, односно 57.000 лева.Ова иницирало вонредна контрола од страна на министерството за здравство и внатрешна проверка во болницата, по што е утврдено дека лекарот стентирал и здрави пациенти.

Магазин | пред 6 години

woman-crying

„Па што ако имам 41 година и немам ни партнер ни деца? Кои сте вие да ми се смеете за тоа?“

Во продолжение ви го пренесуваме исповедот на Ивана В. од Нови Сад која за прв пат се почувствува како обележана поради тоа што нема сопствено семејство.Имам 41 година и сум слободна жена. Многу нешта сум постигнала во животот, а во последните 15 години имам свој бизнис и многу сум среќна поради тоа. Генерално не страдам од егзистенцијални кризи на идентитетот бидејќи не сум се омажила и не сум родила деца, иако околината врши притисок на мене….Верувајте ми, силно.Меѓутоа, неодамна се најдов на еден роденден кај пријателка која ја познавам веќе 20 години. Таму беше и еден заеднички пријател кој отсекогаш ми се допаѓал, но ништо не се случило меѓу нас. Дојде на роденден со двете деца и прв пат ме виде по многу години и ме поздрави, седна покрај мене и започна да ја врти бурмата, па после неколку минути иронично ме праша – да видиме кој е твојот статус, по што почна иронично да се смее.Прв пат во животот се почувствував исмеана што не сум мажена и што немам деца. Неговата насмевка го имаше оној ироничен потсмев „па, нормално дека си останала сама“. Никогаш не ми се случило такво нешто и се почувствував обележано од сите погледи од страна на присутните.Можеби претерувам, но да бевте таму и да видевте како тоа изгледаше, сигурна сум дека би се сложиле со мене.Не разбирам зошто слободните жени се мета на потсмев бидејќи не се омажиле и тоа дури од блиската околина. Мојата пријателка се правеше дека не слушна, а нејзиниот сопруг се обидуваше што подобро да наслушне што ми зборуваат.Се почувствав дека како цела просторија да гледа во мене, а бидејќи бев во туѓа куќа и не можев да одговорам онака како што сакав.Него повеќе не сакам да го видам, па секако следеше и непријатното известување до пријателката повеќе да не ме спојува со него и да не ме повикува на потенцијални заеднички излегувања.Она што на мене не ми е јасно е зошто сум дозволила оваа ситуација да ме повреди и дали можеби проблемот е во мене?, се прашува Ивана во својата исповед.Сигурни сме дека многумина од вас се нашле во иста ваква ситуација, слободно отворете ја душата и раскажете ни…

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Во новата УБК се вработувале послушните наместо способните

Собраниската Комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност утре ќе ја има првата седница на која ќе расправа за првите четири недели од постоењето на новоформираното разузнавачко тело. Агенцијата, иако функционира од први септември, сè уште се нема доекипирано. Бројот на вработени таму се чува како државна тајна, но се шпекулира дека во објектот кај поранешната „Македонија табак“ место добиле околу 300 припадници на сега непостоечката Управа за безбедност и контраразузнавање, објави „Независен весник“.Тие успеале да ја поминат безбедносната контрола и да го добијат потребниот сертификат, задоволувајќи ги високите критериуми што се заострени пред извесниот влез на земјава во НАТО. Но другата половина од кадрите на бившата УБК не добија зелено светло. За нив, согласно договорот во парламентот и изгласаниот закон, ќе се најде место во некој од другите сектори на Министерството за внатрешни работи. Управата за безбедност и контраразузнавање беше дел од МВР, додека новото тело е самостоен орган.

Македонија | пред 6 години

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Очекувајте натпросечни температури за септември - метеоролозите најавуваат затоплување

Под периферно влијание на циклонот Роберт уште денеска ќе имаме променливо време со повремени врнежи од дожд од локален карактер. Не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.Попоски веќе од утре под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, најавува постабилно и посончево време, а за време на викендот температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и иситите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.Истите ќе бидат над просекот за крајот на месец септември. Сепак наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени додека во Беровскиот регион истата се очекува да се спушти и до околу 5 степени а ќе има услови по одделни котлини и за сосдавање на услови за појава на утринска магла.Од сега гледано нова значителна промена на времето и нов циклонски систем треба да очекуваме некаде околу средината на следната недела.

Македонија | пред 6 години

tomislav-kezaroski

Кежаровски: Мене ме апсеше режим, сега има процедура

Спречување на слободата на говорот и поттикнување самоцензура или новинарска активност која значи попречување и компромитирање на судска истрага која не може така лесно да се оправда со јавниот интерес. Дали обвинителството треба да ги гони оние што објавиле документи или личноста која имала пристап до службени тајни и ги изнела и ги дала на медиум­?Вакви и слични дилеми се отворија во јавноста откако обвинителството поднесе обвинителен предлог против новинарот на порталот „Инфомакс“, Александар Митовски, за кривично дело оддавање службена тајна. Во поглед, пак, на околностите на кои овој записник е излезен и како е предаден на обвинетиот новинар за да биде објавен, обвинителството најави дека ќе поведе кривична постапка, ама ако утврди кој е кртот и ако за тоа обезбеди докази.Исказот на Камчев кој осамна на „Инфомакс“, а кој го дал во Обвинителството за тоа како, наводно, бил уценуван од Бојан Јовановски и Зоран Милески уште од септември 2018 до април 2019 беше придружен со новинарски текст во кој се цитираат и други детали кои ги нема во објавениот документ. Меѓу другото, се посочува дека во рекетот бил вмешан и премиерот Зоран Заев, а тоа, наводно, јасно се гледало и од исказите на останатите оштетени и сведоци. Она што најмногу загрижувало, како што се додава, е исказот на Камчев во кој, наводно, се вели дека премиерот наместо да ги изведе пред лицето на правдата, ги предупредил Зоран Милески и Боки Јовановски дека Камчев ги пријавил за рекет. Притоа се споменуваат и неколку други високи функционери, судии и адвокати за наводна вмешаност во скандалот.Во колумна насловена „Кој и зошто се обидува да ја искомпромитира истрагата за аферата ‘Рекет’“ новинарот кој ја откри аферата, Бранко Героски, укажа и на фактот дека објавувањето на овој материјал од истрагата и неговата (зло)употреба најверојатно е проблематично од правен аспект, до степен што јавниот интерес сепак нема да може така лесно да ги оправда активностите на новинарите што би значеле попречување и компромитирање на истрагата.„Оттаму, без оглед на фактот што интензивно пишувам за аферата ‘Рекет’ веќе долго време, јас лично не би си дозволил да објавам ваков документ. Тоа, пак, не ја оправдува хистеричната најава на тужби за новинарите, од страна на премиерот Зоран Заев, од министерката Радмила Шекеринска, од Фросина Ременски и од другите“, пишува Героски.Професорката Снежана Трпевска посочува дека во кодексот на новинари не се обрнува внимание на оваа проблематика. „Новинарите мора да имаат слобода во својата работа, но тие имаат и обврска да ги почитуваат професионалните стандарди. Треба да се биде особено претпазлив во вакви случаи кога можете да и наштетите на истрагата па и да доведете одредени лица инволвирани во неа во животно загрозувачка позиција“, вели Трпевска.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

47975286_101

Кавгата за брендот „Македонија“ премина од политиката на бизнисот

Ознаката „Македонија“ како земја на потекло на производите отвори нов конфликт меѓу Атина и Скопје. Претставници на економиите на двете земји сега мора да вежбаат прагматичност.Околу пазарот Капани во центарот на Солун се лоцирани локалите за гурмани во градот. Тука ќе ги најдете сите производи на кои се горди Грците- сирење, вино, зачини и прочуената „хелва”, мешавина од сусам, шеќер и мед. Слаткото потекнува од Средниот Исток. Од таму рецептот низ вековите се проширил до денешна Грција и Балканот.Северно од границата, во соседна Северна Македонија десертот се вика „алва” и е составен дел од тамошната кулинарска традиција. Многу луѓе во Грција тоа го доживуваат како конкуренција. Притоа не се работи за здрава конкуренција, туку просто за право на предност врз една култура. 30- годишниот спор за името кој во 2018 беше решен со Преспанскиот договор, создаде длабок јаз меѓу двата народи. „Немаат право да го користат името Македонија за своите производи”, се жали една продавачка во Солун. За неа македонските производи се грчки, иако во случајот со алвата таа не мисли дека има некој проблем. Македонци доаѓале во Грција за од таму да го купуваат специјалитетот. „Тие не знаат како се прави алва.”Се нема доверба во политикатаВо едвај 240 километри оддалеченото Скопје, главниот град на Северна Македонија, може само да се смеат на таквите искази. Секако дека и таму се произведува алва, вели една млада жена, иако грчката варијанта била подобра, како што признава смеејќи се. Сепак, главна грижа за називот на потеклото е друг производ, кој за двете земји е од огромна важност за извозот: виното.„Македонското вино потекнува од Македонија, не од Грција,” се нервира една продавачка во центарот на Скопје. Промената на името на нејзината земја по Преспанскиот договор ја смета за злосторство: „Северна Македонија не постои. Тоа ни е наметнато.” Не мислат сите Македонци толку радикално како неа. Но, и една година по потпишувањето на договорот, луѓето на двете страни од границата не се помирени со новата ситуација. Причината за тоа е длабоката недоверба во политиката.Откако поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас меѓу другото и поради македонското прашање на предвремените избори претрпе изборен пораз, поддршката се намалува и за македонскиот премиер Зоран Заев. Ги привлече Македонците со ветување за европски пасоши и така го рекламираше и Преспанскиот договор. Но, членство во Унијата изгледа тешко предвидливо.Истовремено Северна Македонија ја тресе голем скандал со уцена. Македонската обвинителка Катица Јанева, која требаше да постапува против организиран криминал, сега заради истиот контекст е во истражен притвор. Заев вети дека конечно ќе ја сузбие корупцијата. Меѓу другото и поради тоа многу Македонци во процесот на спроведување на Преспанскиот договор сега се сомневаат дали играле на исправната карта.Повеќе на Дојчевеле

Македонија | пред 6 години

avmu

АВМУ: Обвиненијата против новинари не се во корист на јавниот интерес

И АВМУ денеска реагира на покртенатото обвинение против новинарот Александар Митовски од порталот „Инфомакс“.„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги истакнува дека објавувањето документи со информации од висок јавен интерес е една од суштинските задачи на слободните и независни медиуми затоа што ваквиот јавен надзор гарантира одговорност и транспарентност на политичките и јавните органи“ велат од АВМУ.Медиумите при вршењето на својата работа мора да ги почитуваат професионалните и етичките новинарски стандарди, а инстититуциите да имаат предвид дека покренувањето обвиненија против новинари за објавување информации негативно се одразува на постигнувањето на заедничката цел – заштита на јавниот интерес, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Foto-6

Случајот „Рекет“ е круцијален тест за правниот систем и мора да се реши до крај, смета Пендаровски

Корупцијата е болест на општеството што остава последици врз демократијата и ако не се преземат соодветни мерки таа ги руши нејзините темели, изјави денеска во Собранието, претседателот Стево Пендаровски кој се обрати на пленарната сесија на Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија.– Потребно е системско справување со корупцијата во оваа сфера. Случајот „Рекет“ е круцијален тест за правниот систем и мора да се реши до крај. Не смееме да толерираме странични влијанија. Имаме многу малку предвидени случаи за висока корупција и изречени казни. Тоа значи дека овие случаи на висока корупција биле прикривани – рече Пендаровски.Тој ја охрабри и Антикорупцискста комисија да работи и понатаму.

Македонија | пред 6 години

aracinovo

Ослободени обвинетите од случајот „Арачиново“ за убиството на тројца македонски полицајци

Речиси 19 години подоцна, Апелациониот суд донесе правосилна пресуда за ослободување од обвинение за Рамиз Асани, Муча Бајрами, Емрула Емрулаи и Лирим Динарица, кои се обвинети за убиство на тројца полицајци Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, настан кој се сличил на 11-ти јануари 2000 година на влезот во Арачиново.Лирим Динарица, еден од обвинетите по објавувањето на конечната одлука од страна на Кривичниот суд, изјави дека во нивна одбрана имало десетици сведоци кои изјавиле дека тој и другите обвинети немаат никаква врска со убиството на тројцата полицајци.– Поминавме 18 години во тортура, малтретирање и судски лавиринти и само нашата кожа знае како ни било. Болно е што има многу невини луѓе во нашите затвори, не само во овој случај, туку и во многу други, рече Денарица тогаш. За овој случај, обвинети беа уште шест други лица, меѓу кои и сега починатите Башким Асани и Агим Асани. Обвинетите сега веќе ја добиле ослободителна пресуда поради недостиг на докази, но жалбата на обвинителството до апелациониот суд го врати случајот уште од почеток. Овој пат обвинителството се жалеше, но апелациониот суд ја отфрли нивната жалба и ја потврди нивната невиност.Тројцата полицајци кои беа убиени на 11-ти јануари 2000 година, беа вклучени во акција за пронаоѓање на украдени автомобили при што кон нив беше пукано со автоматско оружје.

Македонија | пред 6 години

POSETA_TURCIJA_25092019-4-e1569408936827

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЕСКИШЕХИР ОД ТУРЦИЈА

Градоначалникот Константин Георгиески, денеска имаше протоколарна средба со Казим Курт, градоначалник на Ескишехир од Турција. На средбата се разговараше за воспоставување поблиски пријателски односи меѓу двата града, која би почнала со потпишување на протокол за соработка.Турските гости се во посета на Охрид организирана од инкаминг туроператорот „ДМЦ Балканс“ која работи на турскиот пазар и пазарите на Индонезија и Малезија.Општина Охрид е збратимена со  Јалова и Сафранболу, а протокол за соработка има потпишано со општината Газиосманпаша од Турција.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still259

(ВИДЕО) Сопствениците на кафани поднеле барање сами да ги уриваат

Сопствениците на угостителски објекти дивоградби вчера официјално побарале од Локалната самоуправа сами да ги урнат платформите во езерото.Тие велат дека на ова се одлучиле бидејќи им било јасно дека ако не го сторат тоа , терасите ќе бидат урнати со полициска асистенција, а трошоците ќе мора да ги платат тие.Влера се отстрануваше платформата од кафетеријата Аквариус, и дивопоставената тераса на кафетеријата Објектив.Како ќе продолжи акцвијата ќе видиме деновиве. 

Македонија | пред 6 години

mickoski-ohrid-rez-1024x692

Ова е првата вест објавена на „Скопје1.мк“: Мицкоски се расплака на сред митинг

Пред точно една година започна со работа порталот „Скопје1.мк“ , а прва беше веста за солзите на лицето на Христијан Мицкоски кој не можеше да ги сокрие емоциите на митинг кој ВМРО ДПМНЕ пред една година го организира во Охрид.Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски видно возбуден и со насолзени очи, стоеше на чело на протестниот марш кој вчера се одржа во Охрид. На видео материјалот кој го сними „Скопје 1“ јасно се гледа дека лидерот на опозицијата тешко ги контролира емоциите.„Ова го доживувам како моја историска улога за која живеам. Јас бев доброволец во Македонската гарда, направив сè сам во животот за моите деца да може да растат во пристојни услови како би можел јас втората половина од мојот живот да ја посветам на татковината“ изјави Христијан Мицкоски за „Скопје 1“, запрашан дали бил понесен од чувства и емоции на маршот во Охрид.Насолзени очи, стегнати тупаници и говор на тело кој открива дека тој доживува бура од чувства и силни емоции можеа да се видат на него, пред да се качи на говорницата и пред да почне да зборува пред неговите поддржувачи.

Македонија | пред 6 години

kamion-i-avtobus

Се преврте автобус во Кочани, патници итно префрлени во болница

Автобус се преврте попладнево околу 15 часот на влезот на Кочани кај хотел „Национал“ и заврши во отвор покрај железничката пруга. Според првичните информации, повредени се шест лица и итно се префрлени во Општата болница во Кочани.Автобусот возел на релацијата Штип – Кочани и во моментот на несреќата немало поголем број патници. Неофицијално, возачот на автобусот се обидел да избегне возило што му го попречило патот, по што поради влажниот коловоз излетал од патот.Увид во несреќата прави истражен судија, а сообраќајната полиција ги пропушта возилата наизменично.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања