Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

IMG-1adc7eb5efbf5ee5a304b77cf4bfe50a-V

Кошаркарски турнир „Спорт клуб“ во Кисела Вода

Со поддршка од Општина Кисела Вода, во недела во организација на КК „Ангели“ и ТВ „Спорт клуб“ во спортската сала „Независна Македонија“ ќе се одржи кошаркарски турнир за деца родени 2007 година и помали.Натпреварите ќе се играат по следниот распоред:10:00 КК Пантер Скопје – КК Крива Паланка11:00 КК Кисела Вода  – КК Куманово12:00 КК Пантер Скопје – КК Ангели13:00 КК Гостивар – КК Крива Паланка14:00 КК Академија ФМП – КК Куманово15:00 КК Ангели – КК Крива Паланка16:00 КК Академија ФМП – КК Кисела ВодаФиналните натпревари ќе се одиграт со почеток во 17 и 18 часот.КК „Ангели“ од Кисела Вода на турнирот ќе се натпреварува со уште една своја екипа, КК „Кисела Вода“.На меѓународниот турнир „Спорт клуб“ силите на теренот ќе ги одмерат 32 екипи од Северна Македонија. Останатите натпревари од турнирот ќе се играат во Кавадарци и Струмица.

Спорт | пред 6 години

priznanie

Охридски Unique Resort & Spa доби признание за најуспешен хотел во категорија СПА

Охридскиот хотел Unique Resort & Spa доби признание за најуспешен хотел во категорија СПА на денешната церемонија по повод Светскиот ден на туризмот, oрганизирана од страна на Министерството за економија.Светскиот ден на туризмот се одржува секоја година на 27 септември, основан 1980 година од Генералното собрание при Обединетите Нации и Светската туристичка организација (UNWTO). Оваа година, во согласност со сеопфатниот фокус на UNWTO, на вештини, образование и работни места, Светскиот ден на туризмот ќе биде на тема „Туризам и работни места: подобра иднина за сите“. Генералното собрание при Обединетите Нации и Светската туристичка организација (UNWTO), одлучи оваа година официјалната прослава да се одржи во Њу Делхи, Индија.Туризмот денес е третата најголема извозна индустрија во светот, факт кој секако треба да го добие потребното внимание и во нашата земја. Улогата на туризмот во креирањето работни места честопати е потценета и покрај фактот дека туризмот создава 10% од светските работни места. Согласно насоките на Светската туристичка организација потребни се нови политики за да се искористи потенцијалот на туризмот за да се создадат повеќе и подобри работни места, особено за жените и младите. Исто така, потребни се нови политики за да се рефлектираат и да се инкорпорираат тековните достигнувања во технологијата. Политиките и активностите треба да бидат насочени кон решавање на тековната неусогласеност помеѓу туристичките вештини што се изучуваат и оние на кои им се потребни на работодавачите. Се проценува дека едно работно место во основниот туристички сектор создава околу еднo и пол дополнителни или индиректни работни места во економијата поврзана со туризмот. Микро, малите и средни претпријатија сега се најголемите создавачи на работни места во туризмот.Само минатата година, 1.4 милјарди патници ги преминале меѓународните граници во една година. Според предвидувањата на Светската туристичка организација до 2030 година, оваа 1,4 милијарди ќе стане 1,8 милијарди. (Крај)извор: ОхридПрес фото: Unique Resort & Spa

Македонија | пред 6 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Честитка од претседателот Џафери до Бошњачката заедница

Честитка од претседателот Џафери до Бошњачката заедницаПочитувани сограѓани, припадници на Бошњачката заедница,Дозволете од свое лично име, и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, искрено да Ви го честитам 28-ми Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.Ви посакувам, како на овој ден, така и секој ден, да се гордеете со вашето потекло, да ги раскажувате и да ги негувате бошњачките обичаи и традиции и секогаш сплотени со вашите најблиски, да постигнувате успеси и напредок, но пред сѐ ви посакувам добро здравје и семејна благосостојба.Оваа држава ја сочинуваат и прават единствена сите заедници, и бошњаците како заедница се значаен дел кој секојдневно придонесува со својата уникатност во сите сфери од општествениот живот. Дозволете оваа убава празнична прилика да ја искористам да Ви искажам искрени желби за заеднички да го градиме нашето секојдневие, да придонесеме нашата држава да биде пример за просперитет, успех и добар живот.Драги пријатели, дозволете уште еднаш да Ви го честитам  празникот и да посакам да се слави многу години!Со почит,            м-r Talat Xhaferi

Македонија | пред 6 години

bebe

Бебињата и во праисторијата имале цуцли, шишиња и играчки

Меѓународен тим археолози пронајдоа ќерамички предмети во детски гробници во Германија. Во три сада имало и остатоци од животинско млеко – од крави, кози и овци. Најстариот од тие садови датира од бронзената ера, т.е. е направен пред повеќе од 7.000 години.Биомолекуларниот археолог Џули Дан од Универзитетот на Бристол во Велика Британија смета дека овде се работи за своевидни бебешки шишиња за хранење. Тие биле доволно мали за бебето да ги држи и имале тесно грло, налик цуцла.Останатите ќерамички предмети, пак, имале облик на животински глави со долги уши, рогови и други украсни додатоци.– Тие се неверојатно интересни. Тоа би значело дека праисториските луѓе знаеле дека освен да ги нахранат своите деца, истовремено треба и да ги забавуваат, слично како и со денешните кадифени играчки, смета коавторот на истражувањето, археологот Катарина Ребај-Солсбери од Австриската академија на науките.Проф. Дан истакнува дека ова покажува и како и колку тие древни луѓе се грижеле за своите малечки.– Предметите сведочат за креативност и смисла за забава, црти за кои не сме многу склони да им ги припишуваме на нашите предци, додава Ребај-Солсбери.

Магазин | пред 6 години

Alter-ego

Голема журка вечерва во Парк

Вечерва на Школка во Парк најголема средношколска журка. Непознатите музичари од скопските средни училишта вечерва на едно место! Со почеток во 19.30 часот, на Школка во Градскиот парк, ќе се претстават десет имиња од скопската андерграунд сцена!Забавата ќе трае до доцна, а ќе настапат Alter Ego, The moonage, MyLaw x Young Dadi, Хајка, Samal, Џанкис Манкис, The Golden 4, Александар Топличански...Овој хепенинг е дел од проектот ЕУ – ДА, во организација на ЦРД Алтер, а со поддршка од Град Скопје.Проектот беше спроведен во четири скопски гимназии, и содржеше часови и дебати за ЕУ, како и квиз на знаење за Европската унија. Победник на квизот беа учениците од гимназијата Раде Јовчевски Корчагин.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Шахпаска: Реновирани повеќе оддели и клиники, остануваме посветени на унапредување на здравството

Владата предводена од СДСМ останува посветена на развој и унапредување на здравствената заштита и вистинска грижа за  граѓаните и лекарите. Водени од целта да обезбедиме поквалитетно здравство, повеќе клиники и оддели во здравствените установи добија значително подобрени услови за работа, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ.Во декември 2018 година, ги пуштивме во употреба реновираните хируршки сали на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ. Направена е комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди. Целото реновирање изнесуваше над 30 милиони денари, најголем дел од средствата преку Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство и околу 1.5 милиони денари од донации.Отворен и пуштен во употреба е и новиот Ургентен центар во Општата болница во Куманово, кој обезбедува здравствена заштита за околу 200.000 граѓани од кумановскиот регион.Реновирани се и одделенијата за дигестивна хирургија, Универзитетската Клиника за хематологија каде целосно е  реновиран Одделот за трансплантација, Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија и одделот за интензивно лекување на Универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје.Вакциналниот пункт во поликлиника Чаир е комплетно реновиран и доопремен согласно  стандардите и упатствата на Светската здравствена организација. Во наредниот период ќе се реновираат и останатите вакцинални пунктови при Здравствен дом Скопје.Реновирана е Службата за Итна медицинска помош во Битола и Службата за Итна медицинска помош во Здравствениот дом во Велес. Во итната медицинска служба во Велес изграден е лифт со цел пристапност на лицата со инвалидитет во оваа здравствена установа.Завршена е првата фаза од реконструкцијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје . Третиот кат каде се сместени одделенијата за детска хирургија и пластична хирургија е целосно реновиран, а  во моментов се реновираат првиот и вториот кат.80% од градежните зафати од реконструкцијата во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид  се завршени.Со оваа реконструкција, Охрид  добива современ регионален центар од областа на ортопедија и трауматологија а ќе се отворат и пет нови оперативни сали, со амбулантско-болнички и стационарен дел, по сите европски стандарди. Со тоа драстично ќе се намалат  листите на чекање,и ќе се обезбеди современ и брз третман на итните ортопедско-трауматолошки и неврохируршки случаи.Паралелно се одвиваат и активности од поголем обем како градењето на новата Клиничка болница во Штип, што е во процес.Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме на обезбедување на квалитетно здравство и достојни услови за работа. Активностите за реновирање продолжуваат и во периодот кој следува  во кој ќе бидат опфатени уште 34 јавни здравствени установи во државата.За нас зборот важи. Се грижиме за сите граѓани, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

race-dete

Секој ден го носи на раце 15-годишниот син со ретка болест по скали до втор кат за да стигне до физиотерапевт

Ване Петридов (45) од Неготино мора секој ден на раце да го носи својот 15-годишниот син Василие до вториот кат на зградата за да стигне до физиотерапевтот и да ги направи вежбите кои му ја олеснуваат Душеновата мускулна дистрофија од која боледува.-Зошто зградата нема лифт?, е честото прашање на Василие, кое му го поставува на неговиот татко Ване, кога го гледа како се мачи по скалите со него, објави МИА.-Оти зградите во Неготино се ниски, е вообичаениот одговор на Ване. А тој го моли Бога да издржи до втори кат за случајно да не му се лизне синот од раце и да се повреди.-Понекогаш нема осветлување па морам да користам светилка од мобилен кога се искачувам, вели Ване. И така речиси 10 години откако му е дијагностицирана ретката болест на Василие.Болеста се јавува кај едно од 33.000 родени машки децаА кога се родил Василие воопшто не оддавал впечаток дека по пет години ќе биде токму тоа едно од 33.000 родени машки деца, кај кое се појавува оваа ретка болест. Женските деца ја немаат, но тие може да се носители на болеста.-Развојот на Василие до неговата петта година е нормален и без некои посериозни здравствени проблеми. Во овој период со наполнети пет години ги забележавме првите симптоми,  но не знаевме дека се работи за сериозно ретко заболување. Почна тешко да ги качува скалите во нашиот дом. Додека се шетавме, често се случуваше да падне. Секогаш сакаше некој од нас, дали јас или мајка му Весна, да не држи за рака за негова подобра сигурност. Трчаше некако тромо и движењето, односно одот, почна да му биде на прсти. Влегувањето во автомобилот исто така му беше отежнато. Сето оваа не наведе да направиме педијатриски преглед. Воопшто не претпоставувавме дека е нешто сериозно. Мислевме дека ќе бидат потребни некои вежби или исхрана и друго, се присетува таткото Ване.Кога лекарот во Скопје им кажал дека се работи за мускулна дистрофија, родителите на Василие се замислиле оти првпат слушнале за болеста. Проблеми како Василие имал и синот на сестрата на Весна, Давид, и тие им кажале на родителите на што се сомнева лекарот и дека можеби и нивниот син има таква болест. Кога стигнале дома почнале да читаат на Интернет за мускулна дистрофија.-Тоа што го читавме не шокира. Не верувавме на своите очи, се убедувавме дека ништо од сето тоа не е вистина. Видовме дека болеста има многу типови од кој најзастапен и најсериозен е Душен. Едноставно око не склопив, ниту мојата сопруга Весна. Се раздени дојде 8 часот и сите се упативме во клиниката. Таму само се потврдија мислењата на доктор Зафировски и што е најтрагично не само за мојот син Василие туку и за Давид, синот на сестрата на мојата сопруга. Несреќниот момент во нашето семејство се удвои. Се чувствував празно. Сите планови, идеи, замисли, намери, исчезнаа. Низ глава ми се вртеше зошто баш нас. Дали нешто згрешив. Што и како понатаму. Милион прашалници и еден сосема друг правец на животот од тој момент, раскажува Ване.Во периодот што следел направиле низа генетски испитувања за утврдување на типот на болеста.-Се молев да биде блага варијанта, но тој ја има Душеновата мускулна дистрофија на екзон 44, вели Ване, кој напоменува дека оваа болест се пренесува од мајката.-Василие почна да се бори со својата немоќ. Токму тогаш  почнуваше да се школува. Требаше да расте. Да ги запознае своите другарчиња. Но, тоа не беше така. Како преку ноќ да почна да ја губи силата. Јас и мојата сопруга почнавме да бидеме присутни до него речиси цело време. Бевме и се уште сме му неопходни во секојдневието. Му требаме секаде, објаснува Ване.Центар на внимание во нивниот живот станал само Василие, иако имаат уште еден помал син Наќе. На Василие му е потребна постојана помош од родителите. Од подготовки за спиење, миење, ставање в кревет, местење на позиција и во текот на ноќта превртување за да се смени неговата лежечка положба. Сопругата на Ване е задолжена за синот во раните утрински часови, потоа, тој доаѓа од работа за да го облече, среди, да му даде да јаде.-Потоа седам заедно со него во неговата соба на бирото на кое е компјутерот, неговата главна забава. Тука  му помагам со појадокот разговараме за одредени теми. Кога ќе почне со некоја компјутерска игра јас повторно имам малку време да се посветам на мојата работа со што не се одвојувам од телефонот независно што се задржувам уште сосема малку .Честопати знам да дојдам до дома, да му пишам или да се јавам за да прашам дали е се во ред, раскажува Ване, кој поради синот работи со скратено работно време како диспечер во такси компанија.Лицата како Василие не се прифатени од околинатаИ помладиот брат на Василие е вклучен околу помошта за брат му. Ване секој ден го носи синот кај неговиот физиотерапевт.-Често знаеме да се повозиме со автомобилот и тоа му причинува задоволство затоа што многупати кога се движиме со неговото помагало низ градот, Василие се нервира оти тротоарите се често зафатени со автомобили.Овие лица можеби ја имаат слабоста во мускулите но нивниот  интелигентен развој не заостанува во однос на нивните врсници.-Свесни се за пропуштената шанса на живот и немоќта и зависноста од друг уште од рана возраст. Не сакаше до последен момент да даде или покаже  каква било слабост и цело време зборуваше дека нозете, дека еден ден ќе му бидат во ред. Се боревме и се движевме со наши методи до негови неполни 12 години потоа мораше да се соочиме со моментот кога треба да се користи инвалидска количка, се присетува Ване.Лицата како Василие не се прифатени од околината, смета татко му. Тој копнее за да се сретне или да го поканат неговите врсници во град, но тоа се случува многу ретко, еднаш во неколку месеци. Многу пријатели кои ги имале Ване и Весна сега ги немаат.Ване не е задоволен и како државата се грижи за овие лица. Шест месеци чекале Василие да добие помагало за движење. За среќа директорот на училиштето направил пристапна рампа.-Од државата имаме многу мала помош. Јас моментално работам во приватна фирма со скратено работно време од 20 часа неделно за да можам да се посветам на него. Остатокот од платата за другите 20 часа , до лани 5.000 денари, а оваа година околу 7.000 денари месечно ни ги дава Министерството за труд и социјала, вели Ване. Неговата сопруга е наставник по одделенска настава, која на своите 40 години се уште нема решение за неопределено време, туку постојано е на замена.-Таа е мајка на дете со посебни потреби, вработена веќе седум година во образованието со договор за замена на определено време и секогаш во различно училиште и место, заменувајќи некоја одредена наставничка која користи некој вид боледување или по некој друг основ е отсутна од работа. Ќе напоменам дека ние време за политика. Нашето време е време кое треба да се посветиме на нашиот син кој навистина има потреба од тоа и другиот син на кој сепак му треба внимание и воспитување, објаснува Ване.Восхитувачки резултати од третман со матични клетки по метода на доктор Гарјаев од МоскваОсвен препораките од класичната медицина, родителите на Василие се обидуваат неговата состојба да ја подобрат и на друг начин.-Сме пробале многу нешта. Користевме ајурведа медицина која се заснова на лекови добиени по природен пат од билки и растенија по стари индиски рецепти. Сме вовеле посебен режим на исхрана. Сме биле во 2017 година на семинар во Женева каде се задржавме четири дена и имавме можност да се запознаеме со моќта на позитивната мисла и надежта како верување за да се надмине состојбата. Во 2018 година на 7 март направивме прв третман со матични клетки по метода на доктор Гарјаев од Москва и резултатите беа навистина восхитувачки.  Потоа направивме следен на септември  2018 година по истата метода на Гарјаев и трет третман оваа година во јули во Киев, Украина, исто со матични клетки. Во моментот фокусот ни е насочен кон студија наречена КРИСПР која ветува многу во поглед на генетска терапија. Често посетуваме доктор психолог во Скопје, вели Ване.Тој вели дека нема да застане и ќе работи да го подобри квалитетот на живот на овие лица. А оваа година, со други засегнати, формирале и Здружение за Душен мускулна дистрофија, на кое тој е претседател.Месецот септември е месец на болните од Душенова мускулна дистрофија, 7 Септември е Меѓународен ден посветен на овие лица. Но, на овие лица не треба да се присетуваме само на денот кога им е посветен туку општеството треба да стори се да им го олесни барем малку нивниот и онака тежок живот.Ирена Радовановиќ/МИА

Македонија | пред 6 години

Foto-1-6

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грција во Македонија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма од страна на Димитрис Јанакакис, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Грција во Република Северна Македонија.Изразувајќи задоволство од отворањето на ново поглавје во односите меѓу двете држави со значителен потенцијал за нивно натамошно збогатување и унапредување, претседателот Пендаровски истакна дека овој чекор се должи, пред сè, на посветеноста на двете држави кон градењето добрососедска политика заснована врз принципите на меѓусебна доверба и транспарентност.„Договорот од Преспа создава големи можности за постојано и значително унапредување на соработката на сите полиња и изградба на партнерски однос како што доликува на две соседни земји што споделуваат евроатлантски вредности“, рече претседателот Пендаровски, истакнувајќи дека нашата земја во духот на добрососедството е подготвена за натамошна посветена и суштинска соработка со Република Грција, што е од интерес за граѓаните на двете земји и нивната благосостојба.Претседателот Пендаровски изрази очекување дека фокусот на понатамошната соработка ќе биде во унапредувањето на, веќе, добрата економска состојба.„Во таа насока особен приоритет треба да има реализацијата на конкретните регионални проекти за подобрување на железничкото, патното и енергетското поврзување, комуникациите, туризмот, економската размена, протокот на луѓе, идеи и на сите оние области предвидени во Акцискиот план за збогатување и унапредување на економската соработка што го потпишаа премиерите на двете земји“, рече Претседателот.Заблагодарувајќи се за топлото добредојде, амбасадорот Јанакакис истакна дека е почестен што е назначен за прв амбасадор на Република Грција во Република Северна Македонија и рече дека, од 2016 година, откако ја вршел должноста шеф на грчката канцеларија за врски во Скопје, е потпишан Договорот од Преспа, ратификуван и стапен на сила, што доведе Грција да го поддржи пристапувањето на Северна Македонија во НАТО и во ЕУ, нагласи Амбасадорот и додаде дека неговото целосно и навремено спроведување е од витално значење за односите меѓу двете земји.Имајќи предвид дека настапи нова ера, рече амбасадорот Јанакакис, соработката и синергијата меѓу нашите две држави сега можат и мораат да бидат дополнително засилени во сите области од заемен интерес, а со Договорот од Преспа и усвоениот Акциски план, поставена е широка рамка за соработка во многубројни области во кои веќе се потпишани и низа договори и меморандуми за разбирање.Грчкиот амбасадор изјави дека заеднички интерес на двете земји е и демократската стабилност и безбедноста на регионот, безбедноста и сигурноста на нивните граници, како и просперитетот и развојот на регионот.Претседателот Пендаровски на новоименуваниот амбасадор му посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Македонија | пред 6 години

IMG-d5ea923ea3be27756dae411c5eb331c2-V

Европскиот ден на јазиците одбележан во ООУ „ Невена Георгиева - Дуња“ во Кисела Вода

По повод Европскиот ден на јазиците, вчера во Кисела Вода во ООУ „ Невена Георгиева - Дуња“ се одржа манифестација со богата програма.Учениците од второ до деветто одделение пред големиот број присутни во холот на училиштето се претставија  со лични творби и рецитации на поеми од познати поети.  Децата настанот го збогатија и со изведби на песни на македонски, француски, англиски, руски, украински и српски јазик.Програмата на манифестацијата ја подготвија наставниците по македонски, англиски и француски јазик.

Скопје | пред 6 години

revizor

Две години заглавен изборот на првиот човек на Државниот завод за ревизија, денешната седница повторно одложена

Блокада му се заканува на Државниот завод за ревизија. Речиси две години Собранието не може да ја заврши постапката за избор. Мандатот на државниот ревизор истече во декември 2017-та. Оттогаш со институцијата што се смета за чувар на јавните пари раководи заменикот Насер Адеми, а на 4-ти октомври истекува и неговиот мандат. Доколку Собранието не избере нов ревизор, нема кој да ги потпишува ревизорските извештаи, годишните програми за работа, ниту пак платите за вработените и институцијата од наредниот петок ќе биде во целосна блокада.Пратениците  на владејачкото мнозинство, СДСМ и ДУИ се уште не постигнале договор за прв човек на Државниот завод за ревизија.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Велешанец и малолетно дете од Кавадарци каснати од кучиња скитници

На 26.09.2019 околу 12.30 часот во СВР Велес, Р.А.(33) од Велес пријавил дека на ул.„Наце Димов“ бил каснат од куче скитник за рака и нога. На 26.09.2019 во Полициската станица во Кавадарци, Ѓ.С.(36) од Кавадарци пријавил дека на 25.09.2019 околу 18.00 часот на крстосница од улиците „Браќа Џунови“ и „Браќа Хаџи – Тефови“ неговото малолетно дете било каснато од куче скитник на левата нога.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

СВР санкционира несовесни возачи но и пешаци

Во текот на 26.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 36 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 26 возачи, од кои: четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 22 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 20 возила, од кои две возила бидејќи биле технички неисправни и 18 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шест возачи поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, двајца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, пет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и девет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се 13 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издаден е 91 мандатен платен налог и 82 возила се подигнати со специјално возило „пајак". 

Скопје | пред 6 години

stop-policija

СВР Битола вршеше контрола за брзина, еве што затекна ...

Полициски службеници од СВР Битола на 26.09.2019 извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека осум возачи управувале возило без возачка дозвола, три возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 33 возачи, 18 возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возила. За сите неправилности издадени се соодветни казни.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Судар помеѓу „југо корал“ и „тојота“, едно лице со тешки повреди пренесено во болница

На 26.09.2019 во 10.25 часот на крстосница од регионален пат Куманово - Свети Николе се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо корал“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(73) и патничко возило „тојота“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(57), двајцата од с.Тромеѓа, кумановско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.П. од возилото „тојота“ и била пренесена во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобиле возачот С.М. и сопатничката М.Д. и биле пренесени во болницата во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведен косовски државјанин – немал валидни документи за лична идентификација

На 26.09.2019 во 09.20 часот во Полициската станица Центар бил приведен И.Џ.(33) од Косово, поради немање на валидни документи за лична идентификација. По преземени мерки било костатирано дека И.Џ. по илегален пат влегол во Р.С.Македонија. Тој бил предаден на полициски службеници во Прифатниот центар за странци Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен косовски државјанин поради „фалсификување“ на сериски број на патничко возило„фолксваген голф“

На 26.09.2019 во 12.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен З.А.(22) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување“ на сериски број на патничко возило„фолксваген голф“ со косовски национални ознаки. З.А. бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

tabanovce

Фалсифукувал сериски број од „јагуар“, приведен на „Табановце“

На 26.09.2019 во 11.50 часот на Граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен П.С.(23) од Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување“  на сериски број на патничко возило „јагуар“. П.С. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведен косовски државјанин, сакал граница да премиене со македонска патна исправа

На 25.09.2019 во 22.00 часот на Граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен A.Г.(31) од Косово, поради тоа што при контрола приложил македонска патна исправа на име Р.А.(25) од Скопје. А.Г. бил предаден на полициски службеници во Прифатниот центар за странци Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

zelen-karton

Приведен турчин на „Деве Баир“, сакал да премине со фалсификуван зелен картон

На 26.09.2019 во 13.10 часот на Граничен премин „Деве Баир“ од слобода бил лишен M.K.(60) од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ – зелена карта. М.К. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во два автомобили пронајдени 17 лица мигранти од Бангладеш

На 26.09.2019, полициски службеници од СВР Струмица и Регионалниот центар за гранични работи Исток, на регионалниот пат Валандово - Струмица, на влезот во Струмица, кај месноста „Куклишка раскрсница“, запреле патничко возило „сеат алтеа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(29) од с.Никуштак, патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(21) од Скопје и патничко возило „ауди А6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. Х.(25) од Скопје. При преглед во возилата биле пронајдени 17 лица мигранти од Бангладеш. Возачите и мигрантите биле приведени во СВР Струмица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 6 години

heroin-111

Приведен скопјанец, еве зошто ...

На 27.09.2019 полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија при СВР Скопје го привеле С.Д.(57) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во с.Јурумлери, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и вага со остатоци од прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

urivanje-2

Општина Охрид: Викендов ќе вршиме контроли за да видиме дали угостителите сами ќе ги урнат платформите

Општина Охрид викендов ќе ги контролира угостителските објекти „Момир и „Ликвид“ чии тераси денеска требаше да им бидат отстранети. Оттаму велат дека добиле известување од правните субјекти, со најава дека сами ќе си урнат дивоизградените платформи, па затоа, градежните работници се повлекле. Дали најавата ќе се реализира, велат дека ќе проверуваат и за време на викендов. „Сами побараа да си ги урнат платформите. Ние како Општина ќе вршиме контроли и за време на викедов, а доколку и натаму не се рушат платформите, нашите работници ќе пристапат кон уривање“, велат од Општина Охрид за „Скопје1.мк“. Отстранувањето на објектите на кејот од Охридското Езеро следува откако претходно кафе-барот „Аквариус“ сами ја урнаа нивната дивоизградена платформа. радоначалникот Константин Георгиевски побара од останатите угостители кои имаат дивоградби да го следат овој пример, но никој од нив не сметаше дека летните тераси претставуваат проблем за УНЕСКО статусот на Охрид. По ова, градот се впушти во акција и веќе втора недела се руши во Охрид.

Македонија | пред 6 години

tatko-boki

На таткото од Боки 13 ќе му се суди за физички напад

На таткото од Боки 13  - Миле Јовановски, официјалниот сопственик на 1ТВ  ќе му се суди за напад на свештеникот Виктор Стојчев. Првото судско рочиште е закажано за 21 октомври во Кривичниот суд, кога Јовановски ќе треба да седне на обвинителна клупа, каде што ќе му се суди за кривичното дело „Тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 од Кривичниот Законик, објави Фокус. 

Македонија | пред 6 години

Subvencii-za-cistenje-odjaci

Општина Аеродром ги надоместува трошоците за чистење оџаци

Општина Аеродром го продолжува  доделувањето субвенции како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.Денеска е објавен Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за чистење оџаци.  Жителите што ќе реализираат чистење оџак во тековната 2019 година најдоцна до денот на траење на Јавниот повик заклучно со 11 октомври 2019 година, Општината ќе им надомести дел од трошоците направени при чистење оџаци, во висина од 1.000 денари по домаќинство.Јавниот повик ќе трае 15 календарски дена од денот на објавувањето – од 27 септември 2019 година, заклучно со 11 октомври 2019 година, и ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.Потребни документи за аплицирање:1. Барање за надоместок (барањето може да се подигне во Општина Аеродром или од веб-страницата на Општина Аеродром http://www.aerodrom.gov.mk/vest/2257);Доказ за жителство на Општина Аеродром;Фотокопија од важечка лична карта или пасош на барателот; Фотокопија од трансакциска сметка/ жиро-сметка;Доказ за правен субјект. Тековна состојба не постара од 6 месеци;Оригинал потврда за реализирано чистење оџак потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот (Потврдата за извршената услуга треба да биде издадена: За физички лица на адреса на која барателот живее, односно истата адреса на живеење што е запишана во личната карта. За правните лица на адреса на деловниот објект на правниот субјект за кој се однесува тековната состојба.);Оригинал фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности).Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за чистење оџаци“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

Скопје | пред 6 години

6

Рекордна посетеност на првиот фестивалски ден на Skopje Wine Expo

Винскиот фестивал под покровителство на град Скопје, вчеравечер забележа рекордна посетеност на првиот фестивалски ден.  Голем број на граѓани го посетија „Skopje Wine Expo” и уживаа во дегустација на сортни македонски вина, вински коктели и гурмански деликатеси. Посетителите на плоштадот „Мајка Тереза“уживаа со Brass Brothers, дуетите на Блага и Ефто, како и во оперската арија која ја отпеа доајенот на македонската музика. Крајот од вечерта беше резервиран за српскиот поп бенд Тропико.Денеска на фестивалот, под мотото „One Love” настапуваат: Либеро бенд, Графа, Криско, Нокаут, Слаткаристика и Дј Оки Доки.  „Skopje Wine Expo”започнува во 18:00, со „after work” забава, а влезот за посетителите е бесплатен.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања