Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

Нема фотографија

Турски државјанин нападнал гранична полиција

РЦ Југ поднесе кривична пријава против Е.Ш(34) од Р.Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело„напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 26.09.2019 во 22,35 часот Е.Ш. физички нападнал полициска службеничка од Р.Полска дел од мешовит состав на патрола од Граничната полиција при спроведување на редовни работни задачи во реонот на с.Куртамзали,валандовско.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Моторциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 27.09.2019 во 20,00 часот било пријавено дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Л.(57) од Скопје, и моторцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.П.(35) од Скопје. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Изгубила контрола и удрил во метална заштитна ограда, сопатницата тешко повредена

На 27.09.2019 во 14,50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Штип во близина на надвозник за исклучок Кочани М.В.(38) од Скопје управувајќи патничко моторно возило “oпел aнтара“ со скопски регистарски ознаки изгубила контрола над истото и удрила во метална заштитна ограда. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.В.(30) од Скопје која била пренесена во клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип. 

Македонија | пред 6 години

policija-3

Приведени повеќе лица, полицијата во автомобил пронашла марихуана

На 27.09.2019 во 21,40 часот во Полициско одделение Жеровјане биле лишени од слобода Р.А.(21), И.А.(20) и Ч.Б.(19) сите од Тетово кај кои во с.Стенче,тетовско при преглед на патничко моторно возило со тетовски регистарски ознаки управувано од Р.А. во кое како сопатници биле И.А. и Ч.Б., била пронајдена и одземена марихуана.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

На Блаце приведен Косовски државјанин, еве зошто ...

На 27.09.2019 во 16,00 часот на Граничниот премин Долно Блаце од слобода бил лишен Б.Ш.(65) од Р.Косово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела,,фалисификување на исправа’’ и ,,употреба на исправа со невистинита содржина’’ на сериски број на патничкото возило,,голф’’ со косовски национални ознаки. Б.Ш. бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Чаир за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Кај скопјанец пронајдена марихуана и прашкаста материја

На 28.09.2019 во 02,45 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата “Козле“ го лишиле од слобода М.Т.(31) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана и прашкаста материја. Тој бил приведен во Полициската станица Карпош и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

297752-0.Basic-Mickoski

Мицкоски: Бошњачката заедница давала и дава огромен културен и економски придонес во развојот на нашата заедничка татковина

Почитувани припадници на бошњачката заедница во Република Македонија,Од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, ви го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците и ви посакувам добро здравје, среќа, радост и бериќет.Бошњачката заедница преставува нераскинлив дел од македонското мултиетничко општество.Бошњачката заедница, традиција и култура во Република Македонија се длабоко вкоренети во нашето општество и даваат придонес во процесот на негување и зацврстување на меѓусебните односи и културната разноликост која е карактеристика за нашата држава.Бошњачката заедница давала и дава огромен културен и економски придонес во развојот на нашата заедничка татковина.Бошњаците денес како и сите граѓани на Република Маледонија ја живеат тешката реалност, исполнета со корупција, криминал, несигурност и беспарица. Тоа мора да се смени, и заеднички да ја градиме обновата за која мораме да се избориме.Цврсто сум убеден дека во иднина ќе го продолжиме со концептот на почитување на сите заедници во Република Македонија и одржување на стабилно и одржливо мултиетничко општество.Искрено, на сите припадници на бошњачката заедница им посакувам добро расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства.Нека Ви е честит 28 септември - Меѓународниот ден на Бошњаците, се вели во честитката од Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

kardioloski

(ВИДЕО) Охридскиот кардиолошкиот завод се вклучи во глобалната кампања по повод по повод светскиот ден на срцето

Традиционално специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања Св Стефан, во соработка со општина Охрид и црвениот крст и фармацевската компанија Алкалоид , се вклучува во глобалната кампања по повод по повод светскиот ден на срцето. Во продолжение изјавата на др. Фортомарова. 

Македонија | пред 6 години

zaev-121

Заев по повод Меѓународниот ден на Бошњаците: Бошњачката заедница дава огромен културен и економски придонес за развој и просперитет на нашата земја

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во земјата.Премиерот Заев во честитката истакнува:„Денешниот празник- Меѓународниот ден на Бошњаците е ден кога сите ние го славиме нашето заедништво, достојно почитувајќи ги различностите, кои му се потребни на нашето општество.Владата, заедно со сите граѓани посветено го гради и унапредува концептот за развој на едно, еднакво и праведно општество и интеркултурен дијалог, како заедничко богатство, со здружена определба за почитување, толеранција и унапредување на етничките и културните разноликости.Бошњачката заедница дава огромен културен и економски придонес за развој и просперитет на нашата земја, која ги почитува европските и евроатлантските вредности, како темелен принцип за изградба на современа демократска држава.Дозволете, денеска, од име на Владата на Република Северна Македонија и од мое лично име да упатам најискрени честитки по повод 28 септември, посакувајќи да ни траат, заедништвото, почитта и единството, зашто само така можеме да изградиме перспективна иднина за нас и за нашите деца“. 

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Реновирани повеќе клиники и оддели во здравствени установи, унапредување на здравствената заштита и вистинска грижа за лекарите и граѓаните

Владата предводена од СДСМ останува посветена на развој и унапредување на здравствената заштита и вистинска грижа за лекарите и граѓаните.  Водени од целта да обезбедиме поквалитетно здравство, повеќе клиники и оддели во здравствените установи добија значително подобрени услови за работа.  Активностите за реновирање продолжуваат и во периодот кој следува  во кој ќе бидат опфатени уште 34 јавни здравствени установи во државата. Во декември 2018 година, пуштени се во употреба реновираните хируршки сали на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ. Направена е комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди. Целото реновирање изнесуваше над 30 милиони денари, најголем дел од средствата преку Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство и околу 1.5 милиони денари од донации, се вели во соопштението од СДСМ.Отворен и пуштен во употреба е и новиот Ургентен центар во Општата болница во Куманово, кој обезбедува здравствена заштита граѓаните од кумановскиот регион.Реновирани се и одделенијата за дигестивна хирургија, Универзитетската Клиника за хематологија каде целосно беше  реновиран Одделот за трансплантација, Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија и одделот за интензивно лекување на Универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје.Вакциналниот пункт во поликлиника Чаир е комплетно реновиран и доопремен согласно  стандардите и упатствата на Светската здравствена организација. Во наредниот период ќе се реновираат и останатите вакцинални пунктови при Здравствен дом Скопје.Реновирана е Службата за Итна медицинска помош во Битола и Службата за Итна медицинска помош во Здравствениот дом во Велес. Во итната медицинска служба во Велес изграден е лифт со цел пристапност на лицата со инвалидитет во оваа здравствена установа.Завршена е првата фаза од реконструкцијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје . Третиот кат каде се сместени одделенијата за детска хирургија и пластична хирургија е целосно реновиран, а  во моментов се реновираат првиот и вториот кат.80% од градежните зафати од реконструкцијата во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид  се завршени.Паралелно се одвиваат и активности од поголем обем како градењето на новата Клиничка болница во Штип, што е во процес, се вели во соопштението од СДСМ.Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме на обезбедување на квалитетно здравство и достојни услови за работа.За нас зборот важи. Се грижиме за сите граѓани.

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на Бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците. Со особена гордост го празнуваме овој значаен ден водејќи сметка за историјата, културата и за традициите на бошњачкиот етникум кој е нераскинлив дел од нашето мултикултурно општество. Сите ние, поединечно, без разлика на која етничка група или религија припаѓаме сме одговорни да ги негуваме почитта и меѓусебното разбирање, потврдувајќи дека нашата држава и понатаму е пример дека различностите се најголемо богатство. Почитувани припадници на Бошњачката заедница, Република Северна Македонија, како наш заеднички дом, заслужува да биде развиена и модерна европска држава, заедница на среќни граѓани. Затоа ве повикувам како и досега, да продолжиме посветено да градиме општество еднакво за сите и заедно да работиме за подобра и посветла иднина. Тоа си го должиме себеси и на генерациите што следат. Верувам дека заедно можеме да ја оствариме визијата за стабилна и просперитетна Република Северна Македонија. Дозволете, уште еднаш, да ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците и да ви посакам многу здравје, среќа и бериќет.  Стево ПендаровскиПретседател на Република Северна Македонија

Македонија | пред 6 години

milcin

(ВИДЕО) Милчин: „Специјалното јавно обвинителство е измама на векот“

Професорот и поранешен директор на Фондацијата Отворено општество, Владимир Милчин на емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија истакна дека правдава изгледа не живее во Македонија и тој не верува дека не може да се направи толкава операција а да не е замешана политиката.-Тоа што го видов од Меѓународниот сојуз беше во расчекор, а морав да го видам. Тој вели дека е многу чудно и пуштање во домашен притвор на обвинет од случајот „Рекет“.Мислам дека сево ова ќе излезе на површина, не сме ние толку голема земја да има вечни тајни, може нема да биде утре, но прашалниците остануваат. Мислам дека во Македонија доминира разочарувањето, напишав дека надежта е во колапс, но денес мислам дека надежта е мртва, вели Милчин.- Специјалното јавно обвинителство е измама на векот, смета професорот Владимир Милчин.https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/404752656853206/?v=404752656853206

Македонија | пред 6 години

tramp

Контроверзите околу свиркачот продолжуваат - Адвокатите на Белата куќа наредиле да се скрие записот од разговорот

Американскиот претседател Доналд Трамп западна во сериозни проблеми поради објавувањето снимки и транскрипти од неговата комуникација со украинскиот претседател Зеленски. Белата куќа потврди клучен детаљ од жалбата на свиркачот од разузнавачката служба, во која се тврди дека претседателот Доналд Трамп ја злоупотребил моќта на својата функција. Висок официјален претставник на администрацијата призна дека нередактираниот запис од телефонскиот разговор на Трамп на 25 јули со украинскиот претседател Володимир Зеленски по наредба на адвокатите бил преместен во систем за доверливи податоци, кој го одржува Советот за национална безбедност.Инаку свиркачот чија жалба доведе  до истрага за импичмент на претседателот на САД Доналд Трамп  е службеник на ЦИА објави Њујорк Тајмс. Неговиот идентитет се држи во тајност. Според весникот  тој претходно   работел во Белата куќа. Во жалбата упатена до Конгресот, свиракочот го обвинува Трамп  за злоупотреба на власта со цел политичка корист.Обвинувањето го темели на основа на телефонскиот разговор кој Трамп го водел со лидерот на Украина Зеленски на 25 јули а инфромацијата ја добил преку неговиот колега соопшти комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на конгресот. 

Свет | пред 6 години

ramkovski

(ВИДЕО) Велија Рамковски во првата епизода: Духот на А1 вели: Никогаш немав кажано на новинар да не прави некој прилог

Велија Рамковски сериозно размислува на враќање на А1.Тој во наредниот серијал видео обраќања веројатно ќе потсети што беше А1, која е целта на медиумите и веројатно на крајот ќе биде поддршката за старо-новата А1.Сигурен е дека тој тип на медиум , таа отвореност му треба на граѓанинот но и на демократијата. во продолжение емисијата ,Духот на А1-Епизода 1, ’што вчера е емитувана на каналот на Јутјуб и фан страницата на Велија Рамковски, сопственикот на А1 телевизија.

Македонија | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ се што вети пред да дојде на власт погази

Единствената реформа на Владата на Заев  се зголемените даноци коишто ги воведе од 1-ви Јануари 2019 година, па поради тоа голем дел од  претприемачите, стопанствениците својот бизнис го селат во околните држави. Ветуваа зголемени пензии, достоинствен пензионерски живот, а денес пензионерите имаа покачена пензија од нецели 36 денари, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Ветуваа 500 километри автопат, а им требаа речиси три години готовиот автопат којшто го имаа од Миладиновци до Штип да го пуштат во употреба. Од експресниот автопат  од Росоман до Прилеп ни трага ни глас.Инвеститорите си бегаат од Република Македонија, а пример за тоа е изведувачот од шпанската компанија „Рубау“. Тие се спакуваа, ја напуштија и ја тужат Македонија за десетици милиони евра оштета.Ветуваа правда и мир, а нарачките им ги извршуваат обвинители, судии коишто се длабоко со рацете во криминал фатени. Русковска обвинителство го заврши случајот „Рекет“ со само тројца осомничени коишто го направиле сето ова, го осмислиле и прибрале милиони евра. Русковска обвинителство ги заштити функционерите од власта со прикривање на докази.Целокупните политики на криминогената влада се само како да направат за нив и за блиските до нив да им биде добро.Потребна е генерација која што не ветува чуда, генерација која што сака да биде слуга на народот и која што заедно со граѓаните може да покаже дека Македонија можела поинаку и дека Македонија има капацитет за поинаку од ова темнило кое што денеска е секојдневие.Време е да се врати достоинството на Македонија. Потребна е обнова на Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.  

Македонија | пред 6 години

slika-4-2

Мицкоски од Битола: Ќе одговараат арамиите на власт, апсолутна правда мора да има

И тоа нивно плескање кое што ни го кажуваат секојдневно преку оние скапо платени кампањи на социјалните медиуми каде што трошат претпоставувам рекетирани пари бидејќи ги нема никаде на извештаите од Министерствата и институциите тие средства кои што се наменети за спонзорирани објави од страна на раководството на СДСМ. Не ми останува ништо друго освен да заклучам дека тоа е дел од оние рекетирани куфер пари кои што ги собираат ширум Македонија.Па ни ја продаваат онаа теза дека сме блескале, дека во државата било се идеално итн. И еве се надевам од овде од Битола, од местото каде што ја започнуваме оваа наша кампања наречена „Обнова за Македонија“, да ги повикам да се охрабрат, да се осмелат, да се соочат со народот, да излезат помеѓу народот да видат дали навистина блескаме или единствено нешто што блеска се само куфер политиките, арамилукот, срамот кој што и го донесоа на Македонија и граѓаните на Македонија. Да се охрабрат конечно еднашка да излезат од тие дебели, кожни фотелји и да престаната да ги газат оние црвени, дебели, персијански килими и да распишат предвремени избори па да видиме дали политиките на Зоран Заев и СДСМ блескаат или блеска незадоволството на народот, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Тој додаде:Првиот дел за првпат во овие 28 години независност на Македонија ќе се обидеме да имаме интерактивна програма каде што ќе дадеме и ќе понудиме решенија за реалните проблеми на граѓаните, а не оние замислените. Затоа што не секогаш проблемите се решаваат со пари. Туку некогаш се решаваат со многу работа, волја и политики. Тоа беше нашиот главен мотив и нашата инспирација да првиот дел од нашата програма да го напишете токму вие граѓаните на Република Македонија. Денеска сме овде во Битола, па од тука очекуваме да заедно со вас ја напишеме онаа страница или оние страници кои што ќе бидат наменети овде за Битолчани.А, вториот дел, ќе биде оној стратешкиот дел кој што го пишуваме, и ги имаме главните контури, а тоа е оној дел кој што ќе биде наменет за стратешките проекти. Кои што ги работиме заедно со партиските комисии, со голем дел експерти од Македонија, но и од странство, од македонската дијаспора придонесуваат, морам да кажам, несебично. Тука се и телата од партијата, Извршниот, Централниот Комитет, Општинските Комитети, униите на ветерани, униите на жени, униите на млади сили.И практично целта наша не е да добиеме на страници, туку да добиеме на квалитет, но квалитетот да го збогатите вие, со вашите предлози и она што суштински вистински претставува проблем на битолчани во случајов, или на граѓаните на Република Македонија, а ние потоа преку политики дадеме кратки, јасни, концизни одговори на тоа што можеме веднаш да го испорачаме во првите 100 дена, на тоа што можеме да го испорачаме на целиот мандат, на тоа што не можеме да го испорачаме треба чесно и честито да кажеме дека не можеме да го испорачаме заради тие причини, или пак тоа што ни е потребно да го испорачаме во годините што следат. Јас знам дека ова е еден поинаков пристап кој што бил спроведен преку идеи, ние нема да собираме идеи, туку сакаме да ги слушнеме граѓаните и да ги слушнеме и прочитаме проблемите, иако за најголем дел од тие проблеми сме свесни и за најголемиот дел од тие проблеми ги знаеме и ги чувствуваме на нас самите. Но, се надевам дека тоа што ќе го добиеме како навигација од вас, ќе добие соодветно место во нашата програма и ќе добиете соодветен одговор од нас на тие проблеми.Јас сум свесен дека сето ова од страна на нашиот политички противник ќе биде дочекано со реминисценција на минатото, со повикување на ова или со повикување на она итн. Но нашата главна цел е за прв пат во вие 28 години самостојна, суверена, независна држава Република Македонија да заедно со граѓаните направиме нешто со кое што ќе го заслужиме и нашето место во историјата. Ја имаме сите таа можност, бидејќи овие кои што ветија живот пред неколку години, рачунајќи го денешниот ден, ни донесоа срам, понижувања, арамилук, пљачка,  и сето она кое што не требаше да го донесат, не би одел во понатамошни квалификации.Навистина се срамам што денеска е политика и политичка реалност што го предводи владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, но вие сите заедно со нас ќе имате можност во овие месеци пред кампања, а потоа и на изборите повторно ќе кажам и ќе ги замолам овде од Битола, да се охрабрат и да распишат предвремени парламентарни избори да се соочиме со граѓаните, да видиме што всушност имаат да кажат граѓаните за веќе трета година влада од Зоран Заев и СДСМ.Што всушност имаат граѓаните да кажат за неа, веќе речиси  трета година владата во Република Македонија предводена од Зоран Заев и СДСМ. Нема никаде економски параметри коишто ги ветуваа, нема никаде 500 евра просечна плата. Гледаме сите оние коишто ќе ги трошат вашите пари за да ги легализираат црните пари коишто им ги плаќаат на наивните работници во нивните фирми, гледате  вицепремиерот во неговата фабрика просекот плата е 260 евра, просек плата кај новата министерка  за финансии е дури и под таа сума. Гледате какви се просечните плати  во компаниите на кланот Заеви, далеку се 500 евра па затоа се потребни сега по 40 милиони евра  ваши пари да ги легализираме оние црни пари во плико, а кои претпоставувам се дел од рекетот што го прават овие арамии ширум Македонија, им ги даваат на вработените. Тоа е единственото нешто што го испорачаа во економијата , а тоа е како да го покријат сопствениот срам и злодела коишто ги прават преку легализирање на тие пари, а ние да им ги платиме, не они да платат даноци на државата, туку ние да им ги платиме тие пари.Нема 100.000 денари плата за докторите , но затоа гледаме секојдневно  имаме по некој доктор или некој дел од медицинскиот персонал  којшто ја напушта Македонија и се сели надвор, а богами гледам голем дел од нив коишто дневно се дочекани  со по некоја шлаканица, со по некоја тупаница, со по некоја навреда. Ете тоа се реформите  во здравството . Тоа е она што кое кога не крадат и не бараат провизии  слушнавме во аферата „Рекет 2“  се случува во нашето здравство, по некоја тупаница ги пречекува нашите доктори, по некоја шлаканица, по некоја навреда. нашите доктори ги пречекува од страна на луѓето коишто денеска се чувствуваат комотни да тоа го прават и да поминат замислете неказнети. Основната реформа во здравството е практично како да ги испразниме нашите болници  со тоа што нашите лекари, медицинскиот персонал ја напуштаат Македонија и се селат, а она што останува во Македонија и собрало храброст да остане во Македонија да биде почекано со по некоја шлаканица , со по некоја навреда  и секако тука се дебелите провизии од тендерите се разбира тука е пљачката на векот оној неуспешен  тендер којшто се обидоа да го распишат за клиничкиот центар  во Скопје. Се разбира за Битола нема ништо, ниту пак шајка немаат заденото  овдека  во делот на здравството, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Во делот на образованието истовремено би сакал да кажам дека веќе трета година  гледаме како луѓето ја напуштаат  Македонија, пред се младите луѓе, веднаш после високото образование  нема ниту р од реформите коишто ги ветуваат. Немаме универзитети меѓу 500  ниту 1000 според шангајската листа, гледаме дека немаме ниту универзитет меѓу 3.000 според шангајската листа, а ветуваа дека  ќе имаме реформи, ќе имаме  достоинствено образование. Се сеќавате на онаа младинска гаранција, се сеќавате на ветувањата за реновирани студентски домови, па изградба на студентски градови од  сето тоа апсолутно нема ништо веќе трета година по ред.За стопанствениците да не зборувам таму единственото нешто што како реформа го направија е зголемените даноци коишто ги воведоа од 1-ви Јануари 2019 година, па голем дел од  претприемачите, стопанствениците својот бизнис го селат во околните држави, зошто таму наоѓаат поволна  почва за стопанисување наместо во Македонија. Тоа е најизразено во најдоходовниот ИТ сектор, компјутерската технологија. Најголемиот дел од компаниите ја напуштија Македонија и отворија свои компании во  соседните земји.За пензионерите единствената реформа којашто ја спроведоа ќе потсетам  ветуваа многу зголемени пензии, ветуваа достоинствен пензионерски живот. Единствената реформа којашто ја спроведоа е да го нивелираат законот онака како што нив им одговара за исплата на пензиите и како резултат на тоа нивелирање вие имате денеска покачена пензија од цели 36 денари.Во економијата исто така  би сакал да кажам една реформа врз основа на којашто ја  темелеа својата голема лага, а тоа беше „Мој ДДВ“ кога велеа дека ќе ги враќаат парите кај граѓаните, па спомнуваат десетица милиони евра дека ќе врателе кај граѓаните, а видовте дека за еден квартал откако е започната оваа  мерка секој граѓанин  во Република Македонија се офајдил замислете  по дури 1 евро, од тоа коешто успеале они  да му го донесат преку оваа мерка.Ветуваа 500 километри автопат, а им требаше речиси три години како се на власт и оној готов автопат којшто го имаа од Миладиновци до Штип да го пуштат.Ветуваа експресни патишта, а единствениот експресен пат којшто го наследија од Штип до Радовиш бидејќи тоа блиску гравитира до онаму каде што гравитираат компаниите на семејството па тој некако се работи, а додека овој овдека којшто треба да не донесе до Битола, оној експресен автопат  од Росоман до Прилеп ни трага ни глас. Слушнавте дека изведувачот од шпанската  компанија „Рубау“ се спакува, напушти и ја тужи Македонија за десетици милиони евра оштета. Некаде се појавила десет милиони, некаде сто милиони. Еве ќе почекаме министерот за транспорт и врски, Сугарески  или оној Китанов  којшто е директор на јавното претпријатие  за државни патишта да им одговорат на граѓаните каде ги потрошија нивните пари, пари на граѓаните бидејќи ние сме тие коишто  тие кредити, тие патишта еден ден ќе треба да ги вратат и да ги платат, а не они. На нив им е сега комотно во фотелјата, не гледаат дека за неколку месеци од сега ќе треба да се соочат со сите овие злодела и неправди  којшто ги прават и ќе треба да објаснат на друго место зошто ова се случило и кои се причините овие луѓе да ја напуштат Македонија и да бараат оштета  којашто ќе треба сите вие да ја платите. Не треба они да ја плаќаат, туку вие сите да ја плаќате .Е тоа се дел од реформите коишто овие луѓе ги направија во Република Македонија.Понатаму, се обидоа да ни кажуваат дека ќе имало правда за секого, дека немало правда, немало мир итн. Се сеќавате на оние празаични слогани кога шетаа по улицит  ширум Македонија таканаречените припадници на „Шарена револуција“  во тоа време, поддржувачи на Зоран Заев, членовите и активистите на СДСМ ни ветуваа правда, ни ветуваа мир, а видовме што донесоа, донесоа супер судство, донесоа обвинители, судии коишто се длабоко со рацете во криминал и во медот фатени. И замислете крајот на тоа дело ова Русковска обвинителство познато во јавноста како „Рекет 1“ го заврши пред некој ден и замислете само тројца осомничени имаме коишто го направиле сето ова, го осмислиле и прибрале милиони евра. Замислете овие тројца се собрале направиле план и тој план на крај резултирал  со неколку „Луј Витон“ торби коишто биле полни со милиони евра. А, притоа заборавија да го споменат и Кики, заборавија да го споменат и Фрики, заборавија да го споменат и Зоки Поки и останатите коишто пак во оној „Меѓународен Сојуз“ им доделуваат титули како потпретседатели, како членови на Управни Одбори, како велико достоинственици коишто честопати па дури и на гитара им музицираа во кафански веселби итн. Заборавија на нив. Нив ги  нема, тие биле невини.Замислете Бојан Јовановски заедно со оној Зоран Милевски и на крај госпоѓата Катица Јанева којашто требаше да биде столбот на правдата, се тие којшто ова го осмислија, тие се тие коишто ова го спроведоа и тие се тие коишто се виновни. А, сите овие останати коишто овие три години  едвај чекаа по некоја минута  за да се сликаат со нив, да им одпеат по некоја песна на гитара, го видовме поранешниот генерален секретар на СДСМ како веднаш после давањето на исказ во Судот, дека само во една прилика се со господинот Бојан Јовановски излезе на социјалните медиуми слика како овој истиот на гитара му музицира во еден ресторан, во една весела опуштена атмосфера на Бојан Јовановски. Па тој човек првата работа што ја направи во моментот кога излезе од обвинителството  за да даде исказ беше лага. Замислете што тој дал како исказ и замислете која е вистината  која што тие луѓе овдека сакаат да ни ја продадат. Па потоа ќе речат Обвинителството реагирало правда за секого, вината ја лоцираат околу тие луѓе итн, рече Мицкоски.Додека ја лажат јавноста Зоран Заев ќе си ги собере неговите малкумина  послушници бидејќи малкумина останаа и во моменти на безидејност ќе им лиферува една анкета во којашто ќе каже не се грижете  и покрај се ова што направивме добро ни оди, водиме. Видовме вчера анкетите, анкетите ќе ги видите и во периодот којшто следи, но вистинската анкета  никако не сакаат да ја слушнат и да ја видат и да спроведат, а таа анкета најточна е кога ќе се охрабри и кога ќе се соочи со народот, а тоа е на предвремени парламентарни избори.Ете таа анкета тој не сакал да ја види зошто, затоа што сега ќе ни тргнело, економијата одела напред и економските параметри ни оделе во нагорна линија. А, каква е вистината, вистината е јасна, помалку пари имаме во буџетот, затоа што нема кој да плаќа даноци, затоа што на стопанството лошо му оди. Имаме помалку вработени во индустријата, затоа што на индустријата лошо и оди, затоа што индустријата ни е во колапс. Помалку пари има кај граѓаните, затоа помалку тие трошат и затоа помалку данок на додадена вредност собираат од луѓето. Помалку пари имаат во буџетот затоа што немаат приходи, немаат добивка компаниите и неа кој да плаќа данок за таа добивка. Целокупните политики на овие арамии на власт се само како да направат за ним и за блиските до нив како да им биде добро. Токму тоа е причината за ние да тргнеме од сега по улиците, по булеварите, по домовите на нашите сограѓани и да им ја раскажеме нашата приказна која што заедно со нив сакаме да ја пишуваме, во нашата предизборна програма, а потоа тоа што ќе го напишеме и да го спроведеме откако ќе ја добиеме довербата од граѓаните и тоа ќе бидат политики  на идната влада.Оваа генерација нема право на грешка, и оваа генерација Македонци, граѓани на Република Македонија, нема право да погреши затоа што се плашам дека некој следен ќе нема ниту таков луксуз, ниту таква можност за дополнително да греши и да прави експерименти. Овој пат мора одлучно како што во еден Черчилов стих ќе каже „крв поти солзи ќе треба секој од нас да лее“ за да ја обновиме Македонија, да ја направиме достоинствено место за живеење, тоа им го должиме на генерациите пред нас, но тоа им го должиме и на генерациите кои што доаѓаат после нас.Уште еднаш од срце ви благодарам и ве молам дајте и шанса на генерацијата која што не ветува чуда, на генерација која што сака да биде ваш слуга, слуга на народот и која што заедно со вас може да покаже дека Македонија можела поинаку и дека Македонија има капацитет за поинаку од ова темнило кое што денеска е секојдневие.Ви благодарам.  Да сте здрави и живи.   И да ни е богата просперитетна Битола и Република Македонија, рече Мицкоски. 

Македонија | пред 6 години

migranti

Се преврте чамец со мигранти во Егејското Mоре, загинаа седуммина, од кои пет деца

Седум жртви , од кои пет деца и две жени загинаа при потонувањето на брод со мигранти во Егејското море , соопшти денеска грчката крајбрежна стража.Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во морето биле пронајдени седум тела, меѓу кои четиригодишно дете и едно бебе, три деца и две жени, а спасени се 12 лица -пет мажи, три жени, три мали деца до шест години и едно 12-годишно дете.И понатаму продолжува спасувачка акција во која учествуваат бродови на грчката крајбрежна служба, брод и авион на Фронтекс и хеликоптер на грчката воена морнарица.Чамецот во кој имало околу 19 лица утрово, од засега непознати причини, се преврти северно од островот Инусес, што се наоѓа меѓу грчкиот остров Хиос и турското крајбрежје.Стотици мигранти и бегалци загинаа во последните години, обидувајќи се да го преминат Егејското Море во претоварените мали бродови. Повеќе од 50 се удавиле од почетокот на оваа година, објави Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Свет | пред 6 години

Emil-Dimitriev

Собраниската комисија во увид во Агенцијата на национална безбедност

Денеска бевме  во прв надзор над новата агенција за национална безбедност.  Главен фокус  на денешниот надзор беше  трансферот на наредбите  за употреба на  посебнaта истражна мерка, „следење на комуникации“.Во овој дел ги погледнавме  сите наредби од моментот кога започнува новата агенција со работа.Констатиравме една ситуација  којашто треба дополнително  да ја провериме со другите  институции коишто  сметаме дека можеби ќе не доведе до фаза да го информираме јавниот обвинител да биде запознаен со ова состојба.Понатака  ги гледавме наредбите коишто се сега оперативни, ги споредивме со логовите  коишто преку  кои се внесени овие наредби,  и на  еден  начин извршивме увид во  она што значи наследување на последната истражна мерка „следење на комуникации„ и каква е состојбата во моментов  од аспект на следење на комуникации, истакна Емил Димитриев – пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Македонија | пред 6 години

71294168_795156094233759_4736763119718629376_n

Димковски: Со ребалансот на Буџетот се обезбедени 160 милиони денари за исплата на субвенцијата за индустриско јаболко

Со симболично откинување на првото јаболко, денеска во Ресен, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревскии директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски,  го означија почетокот на годинешната берба на јаболка.На традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер 2019“,  заедно со министерот Димковски, присуствуваше  и постојаната претставничка на УНДП во Република Северна Македонија, Нарине Сахакјан.Министерот Димковски, посочи дека министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изминатите две години е во континуирана комуникација со производителите на јаболка од преспанскиот регион, со цел одржување и развој на производството на јаболка.„До крајот на месец октомври сите овоштари кои имаат предадено индустриско јаболко кај регистрирани откупувачи, оваа и дел од минатата година, треба да поднесат барања до Платежната агенција, бидејќи со ребалансот на Буџетот се обезбедени 160 милиони денари за исплата на субвенцијата за индустриско јаболко. Очекувам, оваа година наместо за проблеми да разговараме за подобар квалитет и пласман. Од наша страна работиме на промоција и отворање на нови пазари како Јордан, Иран, Египет.Заеднички да ја постигнеме целта, а тоа е не само да го одржиме туку и да го зголемиме производството , да го промениме сортиментот, да имаме континуирано производство. За тоа ќе помогне и новата стратегија за изградба на откупно-дистрибутивни центри и  за ладилници, со што ќе се придонесе за развој на производството“, изјави министерот Димковски.При тоа, министерот посочи дека во општина Ресен се доставени  2.170 зелени картици за субвенционирано гориво за земјоделска механизација, од кои околу 2.000 овоштари веќе ги имаат подигнато картиците, со коишто имаат можност да точат поевтино гориво за механизацијата, бидејќи 30 отсто од трошоците ги покрива државата. ги подигнале зелените картици.Во рамки на манифестацијата, во општина Ресен, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, организираше трибина на којашто присуствуваа и овоштарите од преспанскиот регион на којашто беа презентирани мерките кои ги презема МЗШВ и состојбите во овоштарството.МЗШВ изминатите две години, континуирано работи и на зголемување на субвенциите за јаболка. Во 2017-та година за 10 отсто се зголемија  субвенциите за овошни насади, линеарно за сите земјоделци, а минатата година лани за 20 отсто се зголемија субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен капаците, а субвенцијата за предадени јаболка се зголеми од 2 на  на 3 денари по килограм.Годинава субвенциите за одржување на насади е повторно зголемена и тоа од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршка расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар. Дополнителни 15% добиваат повисоки субвенции добиваат овоштарите кои имаат насади во подрачја со ограничени можности над 700 метри надморска височина, и или 57.500 денари по хектар.Досега се исплатени 114 милиони денари за интервентната субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка во преработувачки и откупувачки центри до 25-ти декември 2018 година. Оваа интервентна мерка МЗШВ ја донесе со цел да се покријат загубите на овоштарите  поради проблемите коишто се јавија при откупот на јаболка во реколтата 2018-та и да се ублажат последиците од временските непогоди во изминатиот период. Претходно се исплати и основната субвенција за одржување на овошни насади со јаболка во износ од 369 милиони денари.

Македонија | пред 6 години

Foto-3-4

Претседателот Пендаровски го прими директорот на Канцеларијата на Светска банка, Марко Мантованели

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија и Косово, во рамките на регионот на Европа и Централна Азија. На средбата беа разменети мислења за севкупните економски состојби во Северна Македонија и беше изразено задоволство од воспоставениот партнерски однос со Светска банка, којшто како што беше нагласено, во изминатите 26 години има значителен придонес во остварувањето на нашата реформска агенда во повеќе области. Директорот на Канцеларијата на Светска банка, Мантованели, го информираше претседателот Пендаровски за тековните активности на групацијата, како и за целите и проектите коишто произлегуваат од новата четиригодишна рамка за партнерство со Северна Македонија, со која треба да се овозможи поддршка за побрз, сеопфатен и одржлив раст. Претседателот Пендаровски ја нагласи исклучително важната улога на Светска банка во нашиот севкупен економски развој, притоа истакна дека иако земјава бележи позитивен тренд, неопходен е натамошен максимален ангажман од сите домашни релевантни фактори во градењето и одржувањето на политичката стабилност и правната предвидливост, како клучни предуслови за просперитет на Северна Македонија. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја игнорираше опозицијата, ние прифативме амандмани во вредност од 30 милиони денари поднесени од опозицијата

Пратеникот од СДСМ и владечкото мнозинство, Костадин Костадинов, денеска во своето излагање на Комисијата за финансирање и буџет ја истакна очигледната разлика помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.Костадинов се осврна на фактот дека Владата предводена од СДСМ одговорно соработува со сите политички партии, парламентарното мнозиснство прифаќа амандмани на партии кои не се дел од владеачкото мнозинство, што воедно е доказ за демократското однесување на СДСМ.-Разликите помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се повеќе од очигледни. Додека ВМРО-ДПМНЕ беше 11 години на власт, парламентарното мнозинство не прифати ниту еден амандман на опозициска партија, а само досега за Буџетот прифатени се амандмани на опозицијата во вредност од 30 милиони денари што претходно никогаш не се случило – истакна Костадинов.Костадинов потенцираше дека ја разбира нервозата во редовите на ВМРО-ДПМНЕ која нема ниту план ниту програма, но и дека е многу разбирлив фактот што парламентарното мнозинство не може да прифати амандмани во кои опозицијата предлага замена на опашката на бик.

Македонија | пред 6 години

dimsa-1

Арсовски: Да работеше владата на Заев на проекти колку што работи на скандали и афери, Република Македонија навистина ќе блескаше

Да работеше владата на Заев на проекти колку што работи на скандали и афери, Република Македонија навистина ќе блескаше. Вака блеска само криминалот, корупцијата и бизнис интересите на власта. Скандалот кој го објавија медиумите дека фирма блиска на семејството на Заеви добила грант од Фондот за иновации и технолошки развој е уште еден доказ дека народните пари заминуваат речиси по правило во џебовите на функционерите или фирмите на нивни блиски фирми и членови од семејството,  истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Имено фирмата Пауерад од Струмица минатата година добила милионски гранд од Фондот, истиот оној Фонд кој додели грантови и на фирмите на вицепремиерот Анѓушев, пратеникот Локвенец, снаата на советникот Цветанка Ласкова, и десетици други скандалозни случаи. Гореспоменатата фирма од Струмица  не е туку така одбрана. Ако се земе досегашниот модел на додоелување на грантови, постои основан сомнеж дека таа била почестена со средства затоа што во нејзиното сопствеништво удел имала фирма на Заеви, преку нивната фирма Еленица.Впрочем тоа го говорат и документите. Фирмата Пауерад од Струмица до 7 август 2018 година била во косопственот на фирмата на Заеви, а Управител на „Пауерад“ бил Митко Димитровски, член и на управниот одбор на „Еленица“. Оваа фирма ја променила сопственоста во екот на минатогодинешната афера со доделување на грантови и потоа добила милионски грант од Фондот за иновации.Мошне инвентивен начин бил пронајден освен фирмите на најблиските соработници, милиони да завршат и во фирмата која е блиска до семејството Заеви.Оттука прашуваме, дали фирмата Пауерад кога го добила грантот била доволно добро проверена во чија фактичка сопственост била и дали можеби се води и за оваа фирма како и за другите истрага како што беше влезено ОЈО во Фондот за иновации за доделување на грантови? Дали Фондот за иновации не сметал дека е сомнително што една фирма која што го променила сопственичкиот удел во екот на кампањата требало да биде одбиена за грантови?Да потсетиме дека Заев на говорница манипулираше со јавноста дека наводно поради голема етичност фирмите на семејството Заеви не учествувало на конкурски за иновативни грантови. А сега информациите говорат дека оваа фирма која е добитник на грант има историјат кој директно ги врзува Заеви и грантовите на Фондот за иновации.Толку од етиката и моралните лекции кои Заев ги делеше пред граѓаните.Крајно сомнително е тоа што Еленица на Заеви туку така се откажала од сопственоста во фирмата Пауерад од Струмица, преку ноќ се избришале од листата на сопственици, ама затоа фирмата се нашла исто така мистериозно на листата на добитници на државни пари.Да потсетиме дека во тој ек на доделување државни пари преку Фондот за иновации се проневерија можеби преку 10 ипол милиони евра од страна на сите овие луѓе кои што ги споменавме од раководството на СДСМ.Овој скандал е само показател на принципот на работа на Заеви воспоставен уште од времето кога беше Зоран Заев градоначалник на Струмица. Секогаш кога има некој добар бизнис или добра јавна набавка ним блиска фирма да се најде како добитник. Овој скандал со Фирмата Пауерад е врвот на скандалозното работење на Фондот за иновации и технолошки развој.Дополнително Фондот за иновации треба да даде одговор колку пари биле доделени на оваа фрима Пауерад, даде евоалација како биле потрошени, на кој начин и за што биле потрошени. Дополнително да се утврди како може сопственицте на фирмата кои што се сопственици само наоваа фирма да имаат во сопственост Порше Панамера кој што можеби чини и повеќе од 100 тина илјада евра. За тоа треба да даде одговор Фондот за иновации, а дополнително да се поведи истрага за потеклото на имотот на оваа фирма.Повикуваме надлежните институции да го испитаат начинот на кој е избрана оваа фирма и дали има скриено сопствеништво на фамилијата Заеви.Дополнително бараме одговор од ОЈО дали и оваа фирма, односно доделување на овој грант од Фондот за иновации е предмет на истрага од страна на обвинителството со случајот кога влезе за доделување на грантови, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

naum

Стоилковски: Докторите ги тепаат заради негрижа на министерот Филипче

Само во еден ден се случија два физички напади врз доктори. Двајца доктори, еден во Скопје и еден во Тетово денеска се жртви на физичко насилство, на тепање и омаловажување. Уште повеќе, информациите велат дека директор на една од болниците каде се случи напад денеска, не дозволил протест заради физичкиот напад, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Докторите ги тепаат заради негрижа на министерот Филипче.Насилството нападите врз докторите се резултат на дисфунционалност на системот, на нефункционирање на целосно девастираниот здравствен систем на Венко Филипче. Додека му ги тепаат докторите неговото име се слуша за местење тендери и рекетирање на компании. Едноставно, насилството низ болниците е заради нефункционирањето на системот и негрижата на Филипче.Ама Венко Филипче ниту по една мината недела од протестот не можеше да остане да поведе сметка туку мораше да замине во Њујорк! Венко Филипче без срам се појави на протестот на докторите против насилството врз нив и бесрамно си продолжи со својата негрижа!Венко Филипче ниту еднаш не се појави да каже што навистина е преземено за здравството и заштитата на докторите, за достоинството на медицинскиот персонал? Ниту еднаш не излезе  јавно да побара и да соопшти што е преземено од државниот систем против насилниците врз докторите, ниту еднаш не се слушна дали воопшто има некаков процес за насилство врз доктори?А сето насилство се случува токму заради Филипче и целосниот распад на здравствениот систем! Ниту се води грижа за медицинскиот персонал- ги лажеше за повисоки плати и услови, ниту води сметка за пациентите- наместо тоа, се споменува во кривична пријава за лажење на светски здравствен гигант кој што ги подобрува стандардите за пациентите во Република МакедонијаВенко Филипче и Октоподот на власт , растурија готов проект за Клинички Центар со обезбедени пари, за сега уште да нема ниту проект за нов Клинички- само и само заради можност за задоволување на лукративните пориви, можност за тендери, можност за набавки во 4 очи.Почитувани,Каде се сега Филипче, но и Оливер Спасовски како прв на полицијата? Кој да ги заштити докторите? Дали е вистина дека еден од денешните напаѓачи е полициски службеник и дека има обид за забошотување на насилството?Почитувани, ова е под секој праг на толеранција, под секој праг на достоинствен здравствен систем, под секој праг на услови за пациентите и за медицинскиот персонал во Македонија!Насилството мора да сопре веднаш а за тоа се потребни системски промени, прекинување со девастацијата на здравството заради тендери и договори, потребна е системска грижа за пациентите и медицинскиот персонал! Потребно е Венко Филипче да замине од министерската фотелја, потребна е оставка и одговорност, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

irina

ВМРО ДПМНЕ: Бесплатното земјиште и комуналии е врвот на неодговорното и разуздано владеење на Шилегов

Зад продажбата на новата градска куќа од страна на Петре Шилегов се крие основан сомнеж за криминал.  Шилегов новиот купувач на градската куќа ќе го "почасти", гратис земјиште и нула износ на комуналии, истакна Ирена Попова, Советник во Советот на Град Скопје.Еве ги и фактите:- фрапантно е што Шилегов новиот купувач на градската куќа ќе го части со гратис бесплатно земјиште и нула денари комуналии за градот Скопје. Имено градската куќа беше планирана како објект каде ќе биде сместена градската администрација, и за таа цел Градот искористи државно земјиште, а градбата беше ослободена од комуналии. Сега Шилегов ќе го почасти новиот купувач и газда со гратис бесплатно земјиште и комуналии.- Продажбата ќе оди преку негативна електронска аукција што значи дека цената на продажбата може и да паѓа. Значи сумата која е инвестирана ќе биде повисока, од цената по која ќе се продаде, а Скопје ќе бележи загуба.Објаснувањата на Шилегов дека сега се сетил дека градбата е нефункционална се излитен параван зад кои се крие сомнеж за криминални интереси. Ако било тоа така зошто овој градоначалник вложи и инвестираше 3 милиони евра за довршување на објектот. Значи Шилегов според неговите зборови дозволил инвестиција во објект кој за него е нефункционален и тоа изнесува 3 милиони евра.Бесплатното земјиште и комуналии  е врвот на неодговорното и разуздано владеење на Шилегов. Ова е нова бомбона бизнис во кој нашите сомнежи се дека некој значително ќе се офајди.Пред очи на целата јавност се случува разграбување и оштетување на имотот на Скопјани.2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминали и неработа, истакна Ирена Попова, Советник во Советот на Град Скопје.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Шилегов: Со подигнати 600 кубици отпад од стрништата докажавме дека заедно се бориме за чиста животна средина во Скопје

Кампањата на Град Скопје за бесплатно чистење на стрништата се ближи кон крајот и досега бележи одлични резултати. За интересот на граѓаните за оваа активност и за идните чекори што ќе ги преземе Град Скопје за борба против загадувањето на денешната прес-конференција зборуваа градоначалникот Петре Шилегов, Џеф Ли од невладината организација МДЦ-Ти.Нет и Мирослав Богдановски, раководителот на Секторот инспекторат на Град Скопје. На видеото од мојата лева страна можете да видите колку многу чад предизвикува само еден кубен метар запален отпад по берба на земјоделските производи. Можете ли да замислите колку чад ќе предизвикаат 600 кубни метри запален отпад? Кампањата на Град Скопје за бесплатно чистење на стрништата, поддржана од УНДП и МДЦ-Ти.Нет, се ближи кон крајот и со гордост можам да кажам дека до овој момент бележи одлични резултати. Во периодот од 20-ти август до денеска бесплатно подигање на отпадот од бербата од Град Скопје имаат побарано над 120 жители на нашиот град, при што подигнати се, а со тоа е спречено палењето на 600 кубни метри отпад – нагласи Шилегов. Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која почна кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи. Постигнатиот резултат во оваа кампања не охрабри кампањата да ја повториме и наредната година и да ја прошириме на повеќе нивоа. Очекуваме Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да се вклучи во делот на планирањето на периодите кога се врши бербата на различните земјоделски култури. Во таа насока очекуваме и Скопскиот плански регион масовно да се вклучи во кампањата. Сакам да упатам голема благодарност до жителите на Скопје кои покажаа висок степен на свест во однос на штетноста на оваа појава и ја искористија можноста да добијат бесплатно подигање на отпадот од бербата. Голема благодарност за поддршката и до УНДП и МДЦ Ти.Нет кои многу ни помогнаа, особено во делот на подигањето на јавната свест и едукацијата за штетните последици од палењето стрништа. Воедно им благодарам за логистичката поддршка и на вработените во јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“ кои вложија голем дел од својот човечки и технички потенцијал во реализацијата на оваа кампања – рече Шилегов. Тој додаде дека ова е една од оние кампањи кои најдобро покажуваат дека само со заеднички сили можеме да успееме во борбата за чиста и здрава животна средина во нашиот град. Шилегов изрази уверување дека наредната година оваа кампања ќе наиде на уште поголем одѕив кај граѓаните и на тој начин во голем дел ќе се намали аерозагадувањето и ќе се превенира евентуалното ширење на пожарите.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања