Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

sirak-ap_620x0

Министерот Едмонд Адеми на комеморативна церемонија за претседателот Жак Ширак

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, придружуван од aмбасадорката на Република Северна Македонија во Франција, Јадранка Чаушеска Димов, како претставници на Владата на Република Северна Македонија, ќе присуствуваат на комеморативната церемонија по повод смртта на поранешниот претседател на Франција, Жак Ширак, на 30 септември во Париз.Претседателот Жак Ширак беше голем пријател на нашата земја и поддржувач на нашата европска и евроатлантска иднина. Неговата заложба за интегриран Балкан беше важна политичка поддршка во тоа време.Како Претседател на Франција во 2005 година, ја афирмираше поддршката за доделување на кандидатски статус на нашата земја. 

Македонија | пред 6 години

dimitrov

Димитров очекува поддршка и од Франција за старт на преговoрите

Министерот за надворешни работи Никола Димитров очекува дека земјава и од Франција ќе добие зелено светло за отпочнување преговори со ЕУ. „Јас искрено не можам да верувам дека еден од големите лидери на Европа би направил таква стратешка грешка“, изјави Димитров.Но потоа, смета Димитров, топката ќе се префрла на внатрешен терен и ќе мора да се креира нова политика.Германскиот Бундестаг веќе даде зелено светло за почеток на преговори. 

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Раст на индустриското производство во август за 9.8 отсто, градиме силна и конкурентна економија

Клучните економски параметри покажуваат реално и вистинско придвижување на економијата, а се доказ за успешноста на развојните економски реформи на Владата предводена од СДСМ кои обезбедуваат повеќе пари за сите граѓани. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство за август 2019 година бележи раст од 9.8 отсто во однос на август минатата година, се вели во соопштението од СДСМ.Реалните економски политики на Владата предводена од СДСМ овозможија растот на индустриското производство да биде постојан и да биде најголем во последните седум години.Покрај растот на индустриското производство, раздвижена е целата економија.Минималната плата се зголеми, а со Ребалансот на буџетот за 2019 година, предвидени се 400 милиони денари за субвенционирање на трошоците за социјално осигурување за компаниите кои ќе ги зголемата платите на своите работници до 6.000 денари.Исто така со ребалансот обезбедени се и 200 милиони денари за активни политики и мерки за поддршка на вработувањето со цел да се намали невработеноста која благодарение на одговорното однесување на Владата предводена од СДСМ изнесува историски најниски 17.5 отсто.Ова се само дел од официјалните податоци кои ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ и заложбата за креирање и имплементирање на мерки кои овозможуваат економски раст, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани. Зборот важи, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалната банда на власт се плаши од вистината за нејзиното владеење, затоа кривично гонат новинари и медиуми

Зоран Заев е заглавен до гуша во криминал. Аболицираниот Заев е исплашен бидејќи корупцијата , расипништвото и неспособноста на неговата власт се главна тема во медиумите. Токму поради тоа се обидува по секоја цена да ги заплаши и замолчи.Криминалната банда на власт се плаши од вистината за нејзиното владеење и поради оваа причина врши притисоци и им се заканува на медиумите, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Затоа кривично гонат новинари и медиуми. Пратеникот на СДСМ и поранешен Генерален секретар, Александар Кирацовски лично го тужи директорот на „Прва Република“ за текст објавен на порталот „Република“ во кој се пренесува туѓ став.За жал ова не е изолиран случај па така откако Заев и речиси целиот државен врв најавија тужба за уредникот на порталот „Инфомакс“, Александар Митовски наредбата ја спроведе Јовевски и обвинителството.  Митовски заработи кривична пријава за наводно оддавање на службена тајна откако ја објави вистината за најголемата криминална афера во историјата на Македонија, аферата Рекет.На денот кога новинарите одржуваа протест против цензурата и притисоците врз медиумите полицијата влезе во уште една информативна редакција. Полицијата влезе во редакцијата на порталот „НетПрес“ поради објавен текст за аферата „Леонардо“ во која лично е вмешан еден од најблиските соработници на Зоран Заев, Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.Претходно новинари беа повикувани на службени разговори наместо криминалците од власта.ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува нападите врз медиумите, нападите врз слободата на говорот. Медиумските слободи и слободата на говор се едни од основните постулати на Европската Унија кон чие членство се стреми Република Македонија. Заев во обид да го заштити криминалот ја загрозува иднината на сите граѓани на Република Македонија. Попусти се притисоците и заканите вистината секогаш излегува на виделина. 

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Разбојништво на Бит Пазар, нападнат малолетник

На 27.09.2019 во 14,00 часот во Полициска станица Бит Пазар, М.Д.(52) од Скопје пријавил дека на бул. К. Ј. Питу едно лице извршило разбојништво врз неговиот 17 годишен син при што му биле одземени лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Скопје | пред 6 години

missing

Татко си ја бара малолетната ќерка која побегнала од дома

На 27.09.2019 во 18,30 часот во СВР Скопје, Е.Ш.(40) од Скопје пријавил дека истиот ден неговата малолетна ќерка М.Ш. од Скопје заминала од дома, а според пријавителот и претходно неколку пати се оддалечувала од домот. Според него таа е заедно со С.А. од с.Кадино. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

Македонија | пред 6 години

policija-1

Загина пешак на булевар „Србија“ во Скопје, бил прегазен од камион

На 28.09.2019 во 08,40 часот било пријавено дека на булеварот „Србија“ во Скопје, во близина на железничкиот мост, товарно моторно возило „МАН“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р.(40) од Велес, удрило во пешакот Ј.Љ.(61) од Скопје кој починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Скопје | пред 6 години

tepacka-222

Нападнат малолетник, му го украле часовникот

На 27.09.2019 во 13.00 часот во Полициска станица Центар, З.З.(44) од Скопје пријавил дека на 26.09.2019 околу 19,00 часот на ул.„Д.Чуповски“, три лица извршиле разбојништво врз неговиот 16 годишен син, при што му одземале. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

pretepan

Малолетници нападнати во училиште

На 27.09.2019 во 18,00 часот во Полициска станица Гостивар, Л.Ч.(48) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 14,50 часот во Гостивар, во средното  општинско училиште во Гостивар неговиот 17 годишен син и уште еден 17 годишен малолетник по претходна расправија биле физички нападнати од повеќе лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

metadon

Инцидент во Центарот за зависници во Битола

На 27.09.2019 во 15,00 часот во СВР Битола, Д.Х.(28) од Битола, вработен во Центарот за зависници од дрога во Битола, пријавил дека истиот ден околу 10,40 часот, додека бил на своето работно место дошла Ј.П. пациентка во центарот и барала поголемо количество на метадон од дозволеното по што физички го нападнала Д.Х..Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

kucinja-kuce

Во Центар во Скопје момче каснато од куче скитник

На 27.09.2019 во 12,00 часот во Полициската станица Центар Д.Д.(25) од Скопје пријавил дека на булеварот “Климент Охридски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница. 

Скопје | пред 6 години

granata-1

Во нива при изведување градежни работи пронашол граната од Втора светска војна

На 26.09.2019, С.М.(33) од Дебар, пријавил дека при изведување градежни работи во нива, негова сопственост лоцирана во селото Тараник, пронајдена е ескплозивна направа-граната од Втора светска војна. Од  овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување,преземени се безбедносни мерки за подигање на гранатата. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Чиста и здрава животна средина е влог за идните генерации - „Алкалоид“ донираше 20.000 евра за НВО „О2“

Милион и двесте илјади денари беа донирани на граѓанското здружени „О2 Иницијативата“, на денешниот донаторски хепенинг кој по деветти пат го организира Фондацијата „Трајче Мукаетов“ чиј основач е „Алкалоид“.„Ако нема здрав воздух нема ниту здравје“, порача генералниот директор на Алкалоид кој по 9 пат организира донаторски пикник. Со донираните средства компанијата допринесува за подигнување на свеста за најгорливиот проблем а со тоа и за подобрување на квалитетот на воздухот.Чиста и здрава животна средина е влог за идните генерации а токму тоа е целта на акциите кои ги спроведува граѓанското здружение порачаа од О2. 

Скопје | пред 6 години

70973592_376611679958230_4076810402204221440_n

Министерот Димковски на средба со концесионерите на ловиштата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска во ловиштето на планината Ниџе, имаше работна средба со повеќе концесионери на неколку ловишта во земјава. На средбата беа презентирани мерките на коишто работи министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за развој на оваа стопанска гранка, а концесионерите ги посочија нивните барања и предлози кои им се потребни за одржливост на ловиштата.Министерот Димковски посочи дека со новиот  Закон за ловство на коишто веќе работи работната група од МЗШВ ќе се овозможат создавање на услови за заштита на инвестициите на оваа стопанска гранка, којшто има потенцијал за развој. Во работната група е предвидено да се вклучат и концесионерите како и претставници на Ловечвечката федерација. Димковски потенцираше дека со новиот правилник за флексибилност подготвен од Агенцијата за храна и ветеринарство се овозможува под одредени  услови месото од дивечот да се пушта во промет.„Пуштањето на месото од дивечот во промет беше еден од  главните проблеми што ни го посочија концесионерите, , затоа посочивме дека токму новиот правилник за флексибилност на АХВ, овозможува под одредени услови да се пушта месото во промет. Податоците покажуваат дека околу 60 тони месо од дивеч се увезува, очекуваме дека за два до три месеци концесионерите ќе ги подготват нивните кланици и на тој начин  домашниот пазар ќе може да се снабдува со месо од дивеч од нашите ловишта. Оваа стопанска гранка има голем потенцијал за развој, ние како држава имаме услови, и затоа како ресорно министерство во следниот период ќе работиме на мерки за поддршка на ловството коешто е важно и за развој на ловниот туризам и воопшто за руралниот развој“, потенцираше министерот Димковски.При тоа, Димковски посочи дека се разгледува опцијата преку Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, да се овозможи финансиска поддршка за ловството, со што ќе се поттикне развојот бидејќи концесионерите вложуваат сериозни инвестиции во ловиштата.Инаку, концесионерите од ловиштата се вклучија и во спроведување на превентивните мерки што ги донесе Владата на Република Северна Македонија за спречување на појава и ширење на африканската свинска чума. Меѓу нив беше и мерката за почеток на ловната сезона порано од законскиот рок, при што досега се отстрелани околу 250 диви свињи, и резултатите се негативни. Исто така во спроведувањето на превентивните мерки се вклучија и домашните фармери кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки за на своите фарми, и досега околу 1.000 свињи од ваквите фарми  се однесени во кланици, и веќе се подготвува исплатата за финансиска поддршка за овие фармери. АХВ  за оваа цел подготви посебен правилник со повисоки цени за откуп на месото. Министерот Димковски посочи дека и во следниот период ќе продолжат средбите и консултациите со Ловечката федерација и со концесионерите на ловиштата. Во Република Северна Македонија има  256 ловишта и 69 концесионери.

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Тајната служба се полни со терористите од ОНА а масовно се отстрануваат Македонците - професионалци

Секојдневните информации дека  скоро половината од вработените во Управата за безбедност и контраразузнавање не ја поминале селекцијата да преминат во новоформирата Агенција за национална безбедност поради неисполнување на општите и посебни законски услови, е најперфидно замајување на јавноста, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Вистината е дека  процесот на селекција на кадри во новоформираната АНБ која ја наследи УБК е всушност само параван за полнење на тајната служба со партиски кадри на СДСМ и ДУИ кои во голем дел се всушност припадниците на терористичката ОНА, со цел, задоволување на потребата од фалсификуваниот попис од 2002 година со кој Албанците лажно беа прикажани дека се 25,17 отсто.Агенцијата за национална безбедност се полни со терористи од ОНА без вршење на задолжителни безбедносни проверки  а од тајната служба масовно се отстрануваат Македонци - професионалци со децениски работен стаж.Секојдневните силни написи за суштински реформи во Службата за државна безбедност се едно големо ништо оти во заднина македонската тајна полиција си останува она што беше – служба за гонење на т.н. внатрешни непријатели и политичките неистомисленици.Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа има готов концепт за вистинска реформа во Службата за државна безбедност со цел да се направи мала, ефикасна и високо оперативна служба за разузнавачка и контраразузнавачка заштита на државата, се вели во соопштението од Единствена Македонија. 

Македонија | пред 6 години

brod-8

(ВИДЕО) Пожар на грчки ферибот што пловел од Игуменица за Венеција

Евакуацијата на повеќе од 600 лица од тракет е во тек на грчкото пристаниште Игуменица, каде избувна пожар. На траектот имало 538 патници, 75 членови на екипажот и 293 возила, јавува АМНА. Пожар избувнал откако траектот пловел кон Венеција. Бродот веднаш се вратил на пристаништето каде започнала евакуацијата.Пожарот е ставен под контрола по активацијата на автоматските системи за гасење.

Свет | пред 6 години

evn-ptici-struen1

Загина работник на ЕВН во Тетовско

Вработен во електродистрибутивната компанија ЕВН загинал денеска околу 9 часот и 30 минути откако паднал од далновод во близина на тетовското село Џепчиште.Во СВР Тетово околу 9.30 часот вработен во ЕВН пријавил дека неговиот колега Д.С (43) вршејќи интервенција односно отстранување на дефект на далновод паднал и починал. Повикана е итна медицинска помош која констатирала смрт, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.Во тек е увид кој го започнаа да го вршат јавен обвинител и службите на СВР Тетово. /МИА

Македонија | пред 6 години

dejan

Павлески: Во 2019, преку Програмата за рамномерен регионален развој финансираме 117 проекти за изградба на локална инфраструктура

Владата, предводена од СДСМ целосно е посветена на воспоставување на рамнотежа во развојот на сите региони, градови и села, како предуслов за одржлив развој на државата и обезбедување на поквалитетен живот за сите граѓани. Минатата влада за поттикнување на рамномерниот регионален развој за 11 години владеење издвои само 17 милиони евра, а ние за само две години финансираме проекти на регионите, општините и селата во вредност од над 12 милиони евра, истакна Дејан Павлески, претседател на Комисија за локална самоуправа на СДСМ.Toa значи дека владата на СДСМ за само две години издвои три пати повеќе средства за поттикнување на рамномерниот регионален развој.Во 2019 година преку програмата за рамномерен регионален развој Министерството за локална самоуправа финсира 117 проекти за изградба на локална инфраструктура, како што се локални патишта, пешачки и велосипетски патеки, улично осветлување, уредување на јавни површини, водоводи и канализации, реконструкција на градски пазари, обезбедување на енергетска ефикасност на јавни објекти, инфраструктура за алтернативен туризам и останата инфраструктура од корист на граѓаните.Првата десетгодишна Стратегија за Рамномерен регионален развој беше донесена во 2009 година, но и покрај поразителните состојби со исклучително нерамномерната развиеност на регионите, на средината од спроведување на стратегијата, претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ го започна помпезниот проект Скопје 2014, каде се потрошија 800 милиони евра.Да завршеа тие 800 милиони евра во развојот на сите региони, сега состојбите ќе беа многу поинакви. Ќе имавме поразвиени градови и села на целата територија, со унапредена инфраструктура, а иселувањето немаше да зафати вака драматични размери.Токму поради тоа, во процесот на изработка на новата десетгодишна стратегија за рамномерен регионален развој приоритет ќе бидат граѓаните и нивните потреби, со целосна вклученост на сите чинители, а особено експертската јавност.Целта е да се дефинираат и да се зафатат што е можно повеќе финансиски средствата за регионален развој од министерствата и други јавни институции, а нивната распределба кон планските региони да биде избалансирана, праведна и транспарентна преку воспоставување на електронски систем за следење на планирањето и реализацијата.Така ќе може преку интегриран пристап да се планира порамномерен развој во сите сегменти на целата територија на државата.Со тоа, сакаме да обезбедиме квалитетни јавни услуги за сите граѓани, современи училишта, детски градинки, регионални и локални патишта, здрава вода за пиење, канализации, собирање и депонирање на отпад, отстранување на дивите депонии, заштита на животната средина, поттикнување на претприемништвото и нови вработувања на целата територија на државатаСо ова покажуваме дека СДСМ се грижи за граѓаните, истакна Дејан Павлески, претседател на Комисија за локална самоуправа на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Славески: Сведоци сме на тоа дека Владата на Заев предводена од СДСМ и ДУИ вети многу, не реализира речиси ништо

Денеска сме во Општина Петровец, на високо ниво од раководството на партијата ВМРО-ДПМНЕ и од Општинскиот Комитет тука на средби со граѓаните за завршната фаза за подготовка на програмата за следните предвремени парламентарни избори, што ја подготвува партијата ВМРО-ДПМНЕ.Традиција е партијата досегашните програми во изминатите 20 години да ги подготвувала во соработка со граѓаните. Секако собираме идеи кои подоцна ќе бидат разработени од нашите експертски тимови, од комисиите во една конзистентна програма која што ќе понуди одговор на горливите прашања во Република Македонија, кои што како што гледаме не се решаваат, истакна Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Сведоци сме на тоа дека Владата на Заев предводена од СДСМ и ДУИ вети многу, не реализира речиси ништо. Ја прогласија 2019 година сосема на крајот за економска, а не гледаме никаков напредок.Досега фокусот беше ставен единствено само на промена на името и договор со Бугарија. А, гледаме кои се да речеме резултатите од тоа, речиси и да не ги гледаме.Членството во НАТО и во ЕУ се уште изгледа како далечна перспектива и секако ние работиме нели тоа да се случи што побрзо, но свесни сме дека проблемите на граѓаните не се решаваат автоматски со евентуалното членство во НАТО. Еве погледнете го примерот на соседна Албанија, таа е членка на НАТО веќе повеќе години но има огромни проблеми, нели со кои што се соочуваат нивните граѓани.Значи само да заклучам, ние ги цениме идеите на граѓаните и ќе се потрудиме да најдеме решение за секој нивен проблем, истакна Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Арсовски: Република Македонија блеска само по скандалите на СДСМ, беска криминалот, блеска корупцијата ...

Република Македонија блеска само по скандалите на СДСМ. Блеска криминалот, блеска корупцијата и блеска испумпувањето на парите на граѓаните во фирмите на функционерите на СДСМ и власта.Скандал до скандал секој ден. Фирмата „Пауер АД“ во која до 7 август 2018 косопственици биле Заеви преку фирмата „Еленица“ која што иста е во нивна сопственост добила грант од Фондот за криминални иновации стотици илјади евра. Нормално, од Фондот молчат и не кажаа на нашето прашање, не одговорија колку точно пари добила фирмата и за каков проект. Молкот е потврден одговор дека се испумпани пари на граѓаните кај блиски луѓе на Зоран Заев.Сега фирмата со цел назив кој што беше нормално и скриен претходно „ПАУЕРАД ИНТ“ ДООЕЛ Струмица се води на име на Митко Христов кој до лани бил косопственик на Заеви и основач на истата фирма. А, како нејзин промотор се јавува синот на Митко Христов, Петар Христов, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Затоа, еве ние ќе и соопштиме на јавноста, фирмата „Пауер АД ИНТ“ од Струмица во која косопственици беа Заеви со „Еленица“ преку Фондот за криминални иновации земале 13.588.652 денари или во евра за да појасно им биде на граѓаните 220.465 евра. Замислете, проектот што чини 220.000 евра е „Иновативен начин на рекламирање, моделот предвидува заработка и за возачите и за оние кои што се рекламираат“.Што е тука симптоматично и зошто одговорност има и Зоран Заев и фамилијата Заеви?Фирмата е отворена на 9 февруари 2018 година.Повикот за аплицирање за грантот е објавен на 24 април 2018 година, после само два месеци откако е основана фирмата од Заеви и Митко Христов.Јавниот повик трае до 11 јуни 2018 година до полноќ. Тоа е оној рок кога може да аплицираат сите фирми за одредени проекти. Затоа им бил подготвен проектот и истава фирма „Пауер АД“, во која дотогаш биле и сопственици Заеви преку „Еленица“ го поднесуваат проектот за рекламирање на фирми преку автомобили.Заеви со „Еленица“ излегуваат од фирмата и му ја оставаат само на Митко Христов да биде сопственик на 7 август 2018 година, тоа е откако излезе скандалот со криминалните иновации, со испумпувањето на пари во ек на најголемиот скандал додека се случуваше „Еленица“ и Заеви излегуваат од сопственоста од фирмата на „Пауер АД“ која што добила 220.000 евра.Дополнително, прашуваме дали ќе поднесе одговорност Фондот за иновации и директорот Јован за овој случај и дали се води истрага за овој сомнително доделен грант?Заев лажеше јавно дека неговите фирми не конкурирале на повиците за субвенционирање. Еве гледаме доказ дека лажат. А нормално, кој лаже тој и краде.Смешно е дека се работи само за една изработена мобилна апликација, за која наредните денови ќе обзнаниме нови детали, и преку овој проект испумпани се над 220.000 евра пари од граѓаните, пари наменети и планирани за семејството Заеви.Дополнително, фирмата „Пауер АД“ и нејзиниот промотер Петар Христов, кој е син на сопственикот фино е на јавноста да и појасни околу потеклото на неговиот имот и дали можеби со парите од Фондот за криминални иновации си купил Порше Панамера, автомобил кој чини стотина илјади евра?Ова е начинот на работење на СДСМ. Помина и една година, и сеуште испливуваат фекалии од криминалните иновации и вистината излегува на виделина. Вистината е дека единствено тој грант, односно тој цел проект од 10 ипол милиони евра бил со намена да се испумпаат парите на граѓаните и да отидат во џебовите на функционерите на СДСМ.Впрочем, чудно би било преку Фондот за криминални иновации да се обидат да испумпаат и да украдат пари Анѓушев, Локвенец, Цветанка Ласкова и многу други функционери на СДСМ, а Зоран Заев во такво друштво ништо да не чепне од народните пари. Би било многу чудно, но се покажа дека и он имал намера да се офајди и можеби се офајдил.Со криминалци држава не бива. Еден ден мора да се сноси одговорност за се што се случува во државата, и за секој еден денар што е испумпан од парите на граѓаните односно од државната каса, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Стоилковски: Странски инвеститор, светски гигант е под притисок за рекет, ама Дончев и Филипче се уште се функционери!

Словенечката „Нова 24“ ТВ, потенцира дека реномираната шведска здравствена компанија која и покрај лагите на Ден Дончев и на Венко Филипче влезе во Македонија, сега е под постојан притисок за изнуда од страна на државата откако е влезена во македонската компанија „Диамед“. И двајцата и Дончев и Филипче се уште се функционери! Заев, Русковска, дали ова е потврда за месечните транши кои што завршувале кај благајник во струмичко?!Дали некој ќе одговори дали Заев, или пак можеби Русковска, дали е вистина дека шведската компанија е под притисок за рекет, како продолжение на случајот „Рекет 2“?Зоран Заев знаел за „Рекет 2“ на Дончев и на Филипче но не го пријавил кај Русковска, сега има кривична против Ден Дончев, против Филипче која што се прошири, и со кривична против Кичеец. Ама Заев се уште ги чува Ден Дончев и Венко Филипче на своите функции. Русковска која што го води случајот, се уште не побарала овие двајца функционери, високи функционери, како директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, и како министер за здравство во Владата на Република Македонија да бидат отстранети од своите позиции за може да има вистинска истрага за „Рекет 2“, притоа да не вршат притисок врз сведоци или пак да менуваат докази. Или пак можеби да побегнат, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Странски инвеститор, светски гигант е под притисок за рекет, ама Дончев и Филипче се уште се функционери!„Рекет 2“ се крие и октоподот на власт смета дека ќе помине неказнето и без голема помпа во јавноста. Според проширена Кривична пријава, Ден Дончев Директор на ФЗОМ добро се знаел и ги користел услугите на Кичеец. Преку него барал да биде сопрена продажбата на приватната компанија и да се сопре влез на светски здравствен гигант во Македонија, во спротивно Кичеец во име на Ден Дончев барал половина од парите од продажбата.Поранешната сопственичка на продадената „Диамед“, Вера Иванова, тврди дека еден ден пред продажбата на компанијата на Швеѓаните, имала средба по барање на Зоран Милески Кичеец, на која тој, во името на Ден Дончев, од неа побарал половина од парите од продажбата.Епа Ден Дончев, дали сега ќе свикаш прес и ќе тврдиш дека го знаеш Кичеец „Од телевизија ли“,„од Град ли“ и дека си немал контакти и соработка со него?Иванова која поднесе кривична пријава против Ден Дончев и Венко Филипче, а сега и против Кичеец, вели дека и било кажано дека ако веќе била продадена компанијата и нема враќање назад, да им отстапи половина од парите од продажбата, или цитирам „во спротивно ќе ми ги пуштат ОЈО и Финансиска полиција и ќе ми ги земат сите пари од продажбата. Јас одговорив дека не доаѓа предвид ниту една варијанта, а подоцна од медиумите дознав дека почнале истрага против мене“ – сведочи Вера Иванова.Словенечки медиум, чиј што новинар ја објавува приказната тврди за постоење докази дека Кичеец присуствувал на најмалку три состаноци во канцеларијата на Ден Дончев. Зоране Заев, Ден Дончев пуштил абер дека ако не добие пари ќе има истрага и ден потоа започнува истрага против компанијата која сега е продадена. Уште ли ќе го чуваш Ден Дончев, уште ли ќе го чуваш Венко Филипче до тебе?Словенечките медиуми, покрај претходно германските медиуми, претходно и италијанските медиуми пишуваат за министерско - обвинителската спрегата во октоподот на власт во Република Македонија, и смета дека е спорно токму тоа што предметот за „Рекет 2“ ѝ е доделен на Русковска, за која се вели во словенечките медиуми дека е „позната по контроверзните одлуки на штета на опозицијата и во корист на македонската влада. Благодарение на неа, членовите на македонската влада се практично недопирливи за судовите“ – пишуваат словенечки медиуми.„Рекет 2“ не смее да помине неказнето. „Рекет 2“ е огромен скандал кој што се проширува, е скандал кој што ги надминува границите на Република Македонија. „Рекет 2“ е огромен скандал кој што власта и октоподот се обидуваат да го прикријат, но за него ќе се одговара. Одговорност ќе има, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.   

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Попова: Шилегов да одговори, дали зад продажбата на градската куќа по багателна цена се кријат провизии и однапред се знае купувачот

Зад скандалот со продажбата на градската куќа од страна на Шилегов стои сомнеж за криминал, криминални интереси и провизии.  Неговите тврдења со кој тој ја штити криминалната бонбона бизнис се лажни, небулозни, плитки и површни. Ако Градската куќа  како што вели Шилегов е на несоодветен простор, тогаш зошто тој како градоначалник вложи 3 милиони евра за нејзино финализирање, инвестирајќи во проект кој за него е промашен, освен ако не сака да почасти некој купувач со ваков капитален објект за Скопје, истакна Ирена Попова, Советник во Советот на Град Скопје.Дали со ваквите критики тој свесно не сака да ја спушти цената за зградата која сега ја продава под нејзината реална вредност.  Дали обвинувањата на Шилегов дека Градската куќа е претесна, не е само поради фактот дека на последните две седници на советот далеку од очите на јавноста протурка 423 партиски вработувања, во Водовод, ЈСП, од кои 186 вработувања на партиски војници директно во администрацијата на Град Скопје?Крими Шилегов треба да одговори на неколку основни прашања: Зошто новата Градска куќа ја продава по цена далеку од нејзината вредност, и зошто новиот купувач го части со гратис комуналии, и бесплатно државно земјиште кои Градот Скопје ги обезбеди за оваа зграда?Дали однапред се знае кој ќе ја купи Градската куќа, и дали во прашање се провизии кои ќе легнат на нечија сметка за ваквиот бонбона бизнис?Дали е точно дека Шилегов таксал зграда стара неколку децении која се наоѓа пред Градскиот трговски центар, во замена на новата изградена Градска куќа?Две години крадоначалнил Шилегов, две години лаги, криминал и неработа, истакна Ирена Попова, Советник во Советот на Град Скопје. 

Македонија | пред 6 години

00

Колев: Нека започнеме реформа во администрација, но од врвот на пирамидата а не од чистачките

Соопштение до медиумите, став на претседателот на ГДУ, Петар КолевЗа промена на името на Македонија немаше потреба од консензус, власта си ја истурка работата сама, но за промена на изборниот модел, особено воведувањето на отворени листи и намалувањето на бројот на пратениците, министрите и советниците е тука треба консензус. Какво е ова политичко лицемерие?!Последниот збор го имаат ГРАЃАНИТЕ!Во следниот парламентарен состав, пратениците од ГРАЃАНСКО ДЕМОКРАТСКАТА УНИЈА -ГДУ, првите законски измени и амандмани кои ќе ги предложат ќе бидат во насока на намалување на бројот на пратеници, влада не поголема од 15 министри и ниту еден без ресор и намалување на бројот на советниците во општинските совети по модели на Словенија.Нека започнеме реформа во администрација, но од врвот на пирамидата а не од чистачките во институциите, се вели во соопштението од ГДУ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Над 170 казни за возачи во Скопjе, возеле брзо, под дејство на алкохол

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 27.09.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 12 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 46 останати прекршоци за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 21 прекршочен платен налог.Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 27/28.09.2019 во времето од 23,00 до 05,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 32 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се 13 останати прекршоци за кои се издадени седум мандатни платни налози и шест прекршочни платни налози.Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 27.09.2019 во времето од 13,00 до 18,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои не даваат првенство на минување на возила на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 11 возачи. Откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 12 прекршочни платни налози.На 27.09.2019 во времето од 14,00 до 24,00 часот санкционирани се и тројца возачи на мотори, а откриени се 34 останати прекршоци за кои се издадени 23 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.   

Скопје | пред 6 години

kucinja-skitnici

Двајца мажи каснати од кучиња скитници во Скопје

На 27.09.2019 во 08,30 часот во Полициската станица Кисела Вода М.М.(44) од Скопје пријавил дека на улицата “Наум Охридски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. На 27.09.2019 во 21,00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров И.Т.(41) од Скопје пријавил дека во с. Волково бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.  

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања