Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

gumi-2-1

Охридски нуркачи го чистат Вардар

50 автомобилски гуми фрлени во Вардар кои се наоѓаа под мостот ,,Гоце Делчев“ денеска беа извадени од членовите на нуркачкиот клуб од Охрид, ,,Акватек“.Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачите од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“, ја започнаа  акција за вадење на фрлените автомобилски гуми од коритото на Вардар.Акцијата  претставува дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести која трае до 27 септември.Нуркачите имаа полни раце работа. Фото ФБ/Ирена Ристиќhttps://www.facebook.com/maksegushi/posts/2685460694853898

Македонија | пред 6 години

pozar

Во пожар целосно изгоре куќа во Кичево, приведен сопственикот

Околу 22:30 часот, во куќа на улицата „Стојан Сандески“ во Кичево, сопственост на Е.Т.(51), се случил пожар во кој, целосно изгореле внатрешните простории, кровната конструкција и делови од покуќнината.Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, а по извршен увид, полициски службеници го лишиле од слобода сопственикот на куќата, информираат од СВР-Охрид. 

Македонија | пред 6 години

7-stefan-blok

Стеф Блок: Скопје и Тирана треба да се третираат одделно

Холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок изјави дека Скопје и Тирана треба да се третираат одделно кога станува збор за започнување преговори со ЕУ. – Проширувањето е повторно на агендата во октомври.– Проширувањето е повторно на агендата во октомври. Среќен сум што одговорив на прашањата што ми беа поставени, но нема да има изненадувања бидејќи ставот е ист како што разговаравме пред летото. Верувам дека Северна Македонија и Албанија треба да се оценуваат одделно, затоа што тие се две различни земји со различни проблеми и различна прогноза. И порано кажав дека нивото на напредок во Македонија е поголемо отколку во Албанија, изјавил министерот Блок на седница на Комисијата за европски прашања, пренесува тиранската телевизија Топ чанелСпоред него, Албанија е друг случај кога се споредува со Македонија.– Мислам дека Албанија ќе може да започне преговори веднаш штом ги исполни критериумите. Но, сеуште не е моментот, рекол Блок, пренесува Топ чанел.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Шутаров: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат само обнова на криминалниот режим

Поднесените кривични пријави против локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека опозициската партија останува заглавена во криминалната матрица. Се покажува дека ВМРО-ДПМНЕ е центарот на криминал, корупција и неспособност. Ништо не е сменето во белиот дворец зад мене, истакна Гордан Шутаров од СДММ.Од централно па се до локално ниво, ВМРО-ДПМНЕ е посветено на деструкција, лажни вести и одбрана на криминалот. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат само обнова на криминалниот режим кога се богатеа неколкумина, а граѓаните тонеа во сиромаштија. Таквите политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се поразени.Граѓаните нема да дозволат враќање во темното минато на криминал, неказнивост и изолација.Граѓаните, државата тргнаа по патот на напредок, развој и интеграција во ЕУ и НАТО, без разлика дали тоа им се допаѓа или не на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, истакна Гордан Шутаров од СДММ. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Соообраќајка пред Собранието, повредено едно лице

Едно лице е повредено во сообраќајка што се случи претпладне на крстосницата на ул. „11 Октомври“ и ул. „Филип Втори Македонски“ кај зградата на Собранието, што предизвика времен застој во сообраќајот.Од МВР за МИА изјавија дека во 10,15 часот претпладне дошло до судир помеѓу товарно моторно возило „ситроен јампер“ и патничко возило „опел“, двете со скопски регистерски ознаки. Со телесни повреди се здобил возачот на „опелот“ кому му е укажана помош во Градската болница „Св.Наум Охридски“.Во тек е увид на местото на настанот.

Скопје | пред 6 години

elvira-960x639

Кој избегал од судбината? - 33 годишна жена загина во сообраќајна несреќа, а претходно во два пожара изгубила три деца

Триесет и тригодишната Елвира Коломпар од Сента, која загина во сообраќајна несреќа веќе преживеала две трагедии кога три деца изгубила во два пожари.Имено, во ноември 2018 година, во пожар кој избувнал во трошната куќа во Сента, настрадала 8-годишната Емина, додека нејзините двајца браќа и сестра биле тешко повредени.Во сличен пожар кој се случил пред 13 години во барака во Сента, Елвира изгубила две деца.Кон средината на јануари 2006 година настрадале 3-годишната Анабела и 9-месечната Наталија.После минатогодишната трагедија, на Елвира и нејзините деца им бил доделен општински стан. Во ноќта меѓу саботата и неделата, неколку часа после сообраќајната несреќа во која загинала Елвира, нејзините деца биле сместени во хранителски семејства.Несреќната жена била на задното седиште од автомобилот од марката „фолксваген пасат“, со германски регистерски таблички, со кое управувал 52-годишниот Јожеф Ковач.Од се уште непотврдени причини, автомобилот удрил во сообраќаен знак, а потоа и во бетонски столб. Во возилото бил и 24-годишниот Миодраг Ј. Телата на настраданите се испратени на обдукција. Истрагата е во тек. 

Свет | пред 6 години

mig

Се урна воен авион во Словачка, пилотот навреме се катапултираше

Воен авион од советско производство Миг-29 од составот на словачките воздухопловни сили се урна за време на обука, на 100 километри источно од Братислава, соопшти Словачкото Министерството за одбрана. Министерството за одбрана на Словачка привремено ги сопре вежбовните полети на руските ловци од моделот „МиГ-29“, соопшти министерот Петер Гајдош.Инцидентот се случил во областа на градот Злате-Моревец во централнот дел од земјата, во саботата доцна вечерта се урна „МиГ-29“, при што пилотот успеал навремено да се катапултира. Според порвичните податоци, причина за несреќата можеби било недоволно количество гориво во леталото.„Нема да шпекулираме за причините (за падот на авионот), ќе чекаме на заклучоците на комисијата. Инциденреот го испитува врвот на регионалната полицијата на градот Нитра под надзор на обвинител. Сите тренинг летови на ‘МиГ-29’ се привремено се запрени. Верувам, дека барем привремено ќе стивнат гласовите на оние кој ја доведуваат во прашање потребата за набавка на новите ловци ‘F-16’. Безбедноста на нашите војници за мене е на прво место“, рече Гајдош чие обраќање беше директно пренесувано на мрежните телевизиски канали.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Ѓорѓиевски: Тоа што Заев го направи со СЈО, сега гледаме дека го прави и со Агенцијата за национална безбедност

СДСМ ја уништи идејата за реформи во безбедносниот сектор. Повеќе од јасно е дека на Зоран Заев не му треба професионална и ефикасна безбедносна служба, туку му треба политичка алатка која што ќе ја злоупотребува во пресметка со своите неистомисленици.  Тоа што Заев го направи со СЈО, сега гледаме дека го прави и со Агенцијата за национална безбедност. Наместо професионализација, стандарди и систем на кариера, критериумите што ги воспоставуваат за влез и распоредување во новоформираната Агенција се партиска книшка, роднинска поврзаност и по можност инволвираност во криминал за да може да бидат уценувани за извршување на партиски задачи, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Затоа прашуваме, дали има меѓу селектираните лица со криминални досиеја и лица кои биле предмет на опсервација на поранешната УБК? Дали има лица за кои биле поведувани дисциплински постапки поради тоа што несовесно ја вршеле работата на претходните позиции? Како овие лица ги минале проверките, а професионалци кои со години работеле во безбедносниот сектор се елиминирани? Дали ваквата кадровска политика се должи на тоа што Јовче Ременски беше меѓу првите преземени кадри во Агенцијата, а целиот процес го водат негови блиски соработници.Само да потсетиме, Јовче Ременски е сопруг на поранешната потпретседателка и пратеничка на СДСМ, Фросина Ременски, која беше почесен претседател и на криминалниот невладин сојуз на Боки 13, а Јовче Ременски присуствуваше на оснивачкото собрание. Патем, Јовче Ременски е партиски послушник на Заев кој јавно се закануваше со апсења, злоупотребувајќи ја службената позиција во УБК.Постојат сериозни сомневања дека комисиите кои го вршеле оценувањето правеле злоупотреби и прифаќале службени белешки со невистинита содржина, а не се земени во предвид последните полугодишни оценувања од 2019 година. При преземањето исто така не е спроведен тест на интегритет, ниту е извршено психолошко тестирање или писмено тестирање на кандидатите. Сите информации укажуваат дека е постапено е само за да се протнат партиски кандидати на СДСМ.Затоа, почитувани, стартот на работењето на новата Агенција за национална безбедност е целосно фијаско. Промашување до промашување. Затоа Агенцијата и после еден месец од помпезната прес конференција на директорот Виктор Димовски се уште не е во функција. Затоа собраниската Комисија за надзор на службите излегува со сериозен сомнеж за кршење на законите уште од самиот старт на оваа Агенција.Почитувани,Зоран Заев со својот однос кон институциите, го загрозува демократскиот капацитет на Македонија и напредокот во евроинтеграциите.Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара да се ревидира процесот на селекција на кандидатите за влез во Агенцијата за национална безбедност. Бараме да се формира нова комисија бидејќи постојната веќе го загуби кредибилитетот. Бараме да се ревидира начинот на вршење на безбедносни проверки и да се утврди како е спроведено сегашното оценување на кандидатите.Без соодветен одговор и без доверба во новоформираната институција, нема да добиеме Агенција која ќе служи за да се грижи за нашите граѓани и ќе биде почитуван партнер на безбедносните служби од нашите пријателски земји, туку ќе добиеме уште еден партиски апарат кој ќе произведува нови афери со огромен ризик по нашата држава, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Dimce

Арсовски: Фондот за криминални иновации на СДСМ им служи како приватна фирма единствено за испумпување пари

Фондот за криминални иновации на СДСМ им служи како приватна фирма единствено за испумпување пари.   Заеви и СДСМ преку Фондот за криминални иновации испумпаа над 10.5 милиони евра пари на граѓаните.  Фирмата „ПАУЕРАД ИНТ“ ДООЕЛ СТРУМИЦА блиска до Заеви добила грант од 220.000 евра, но она што е скандалозно е дека апликацијата за рекламирање на фирми преку автомобили, за која се доделени овие 220.000 евра, е замислете ни помалку ни повеќе, украдена и ископирана. И како идеја и како интерфејс самата апликација, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Апликацијата и идејата се ископирани и украдени од американска фирма која е оперативна и функционира од пред 2015 година. Тоа може да се види и на овие слики тука.  Затоа прашуваме, што е иновативно во оваа украдена идеја за да се доделат 220.000 евра? СДСМ е иновативна единствено во крадењето.Ова не е прв случај да додели Заев на негови блиски стотици илјади евра за украдена апликација. СДСМ и Заеви сеуште молчат за сопствеништвото на фирмата Еленица во периодот кога фирмата „ПауерАД“ аплицирала за грантот.Да потсетиме дека фирмата е отворена на 09 февруари 2018 година.  Повикот за аплицирање е објавен на 24 април истата година.  А, јавниот повик траел до 11 јуни 2018.   Заеви со „Еленица“ излегуваат од фирмата и му ја оставаат на актуелниот сопственик на 7 август 2018 кога во ек е најголемиот скандал со криминалните иновации.Одговорност мора да има за се ова што се случува, и одговорност верувајте дека ќе има, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.                                                                                   

Македонија | пред 6 години

solza-770x444

Грчева за Прес24: Бојкот не е опција за парламентарни избори

Иако беше предводник на движењата за Бојкот на Реферндумот и на Претстедателските избори, за парламентарните вели дека бојкот не е опција и најавува учество на нејзината партија. Грчева, која во Парламентот не го поддржа изборот на Катица Јанева за прв човек на СЈО, сега после аферата рекет вели дека се чувствува горда, објави Прес24.-Горда сум што единствено јас не гласав за Јанева, за што бев изложена на жестоки напади и хистерија. Среќна сум што се укина оваа пара институција која тонеше во непотизам, која селективно отвораше смешни предмети, а сериозните ги компромитираше, која делеше или укинуваше притвори од ракав. Или уште полошо, од интерес. Самите преговори кои течат сега помеѓу власта и опозицијата  за законот за ЈО, но и за името на обвинителот кој ќе застане на чело на одделението за организиран криминал, се јасен знак дека независно судство ниту има, ниту ќе го има во скоро време, вели Грчева.Таа не верува во независна истрага  за овој, случај, како што не очекува дека власта и опозицијата ќе направат вистински реформи во правосудството.-Повторно целта е главните актери да останат во сенка, а извршителите да ја понесат целата кривица. И додека ние тонеме во селски итроштини и бараме Луј Витон торба со пари, специјалната обвинителка од Романија, г-ѓата Ковеси стана главен европски обвинител. Нашата, стана трговец со прислушувани разговори и жител на Шутка. Дно, вели Солза Грчева, претседателка на „Глас за Македонија“ во интервју за Прес24.Текстот во целост на:Прес24

Македонија | пред 6 години

Meta-në-Kuvend-jpg-701x421

Мета не се плаши од мислењето на Венецијанската комисија

Албанскиот претседател Илир Мета е убеден дека со одложувањето на изборите на 30 јуни го бранел Уставот и политичкиот плурализам и оти воопшто не се плаши од мислењето на Венецијанската комисија.Ставот на Мета следува откако беше објавена информација дека мислењето на Венецијанската комисија е дека тој го прекршил Уставот со уредбата за одложување на локалните избори, иако официјално треба да биде објавено на 11 октомври.Во ексклузивно интервју за тиранската телевизија Ора њуз, тој самиот се симболизира со меѓународната награда „Златен лав“, што ја доби за годинава, и додава дека и покрај мислењето на Венецијанската комисија на 11 октомври, тој ќе остане на функцијата до 24 јули 2022 година.„Но, како може да се плаши од Венеција, златниот лав на Венеција, барем за оваа година? Затоа, бидете сигурни дека златниот лав во Венеција ќе продолжи да биде оваа година, како што го одржа ветувањето до 24 јули. Да, тоа е сигурна работа и никој до не се занимава со датумот 11-ти, тој дури и не постои, тој е за тие кои сакаат да ја продолжат и продлабочат кризата и кои сакаат да покријат многу други проблеми што ги мачат граѓаните. За претседателот Мета има само еден важен датум и тој е 18-ти, со цел Албанија да може да продолжи напред кон започнување на преговорите и да ги исполни сите оние обврски што се јасни и што не треба да се множат. Затоа, мојот повик гласи, да се фокусираат на решавањето на политичката криза и сите да земат пример од претседателот во однос на почитувањето на уставот и неговите принципи кои се свети за мене“-изјави Илир Мета, Претседател на Албанија.

Свет | пред 6 години

dimitrov

(ВИДЕО) Се формира ли нова партија со поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ? Попоски вели: Имам слушнато но не знам

Се формира ли нова партија со поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ? Одговара Никола Попоски во #10МИНУТИ„Имам слушнато но не знам. Најлегитимно е нив да ги прашате. неможам да одговарам во име на други лица кои не се тука. не би знаел да ви кажам дали е точно или не. 

Македонија | пред 6 години

kasami

(ВИДЕО) Касами за РСЕ: СЈО беше искористено само за промена на власта

„СЈО беше искористено само за промена на власта, без да даде конкретни резултати во искоренување на криминалот и корупцијата“ оценува Биљал Касами во неделното интервју за Радио Слободна Европа.Џафери не ги претставува Албанците, тој ја претставува ДУИ, вели Биљал Касами, претседател на Беса. Македонија ќе ја биде само тогаш кога граѓаните ќе се определат за една личност без разлика дали е Македонец или Албанец, вели тој.Би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ ако нејзиниот лидершип се расчисти од сите досиеја кои се отворени од Специјалното јавно обвинителство. Ова е ваша изјава пред изборите во 2016 година. Што се смени сега за да седнете на маса со актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ?Да се седне и да се разговара со опозициска партија за нас е природно, затоа што имаме многу работи за кои треба да разговараме. Останува нашата позиција дека би коалицирале со која било македонска политичка партија, која ќе ги сподели нашите програмски заложби.Видеото може да го погледнете на овој линк. 

Македонија | пред 6 години

Svetislav-Vasev

ВМРО ДПМНЕ: За 2/3 од годината власта е неспособна да реализира ниту една 1/3 од годишно предвидените капитални инвестиции

За 2/3 од годината власта е неспособна да реализира ниту една 1/3 од годишно предвидените капитални инвестиции. Власта е неспособна веќе трета година да работи и реализира проекти. Наместо патишта, имаме криминал, наместо железници, корупција, истакна Светислав Васев од ВМРО ДПМНЕ.28% реализирани капитални инвестиции за цели 8 месеци е одлика на неработа.Функционерите на власта не носат инвестиции, туку „Луј Витон“ торби полни со рекетирани милиони.Неспособноста и неработата на Заев и неговата влада резултира со кратење на над 50 милиони евра од ставката во буџетот капитални инвестиции. Нема нови градинки, училишта, болници и гасоводи, патишта, но има за партиски вработувања и полнење на јавната администрација.Нема нови 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта. Заев вети. Заев излажа.Клиничката болница во Штип трета година не можат да ја довршат.Клиничкиот центар во Скопје кој веќе требаше да биде во напредна фаза на реализација, е одложен.Три години не изградија ниту едно ново училиште, ниту една нова градинка.Три години Македонија стагнира. Три години економијата пропаѓа.Време е за промени, време е за обнова на Македонија,  истакна Светислав Васев од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

irena

ВМРО ДПМНЕ: Зошто Шилегов новиот купувач освен градска куќа по багателна цена ќе го части со гратис државно земјиште и нула денари комуналии?

Проблемот не е тоа што градската куќа е фрлена на страна, туку тоа што постои сомнеж дека Шилегов е фрлен на провизии и криминали.Шилегов кој инаку треба да биде Градоначалник на сите Скопјани со објаснувањето дека градската куќа била фрлена на страна и затоа ја продава, изврши поделба и навреда на граѓаните, делејќи ги на ониe кои се близу центарот и сите останати кои како што вели тој се фрлени на страна,истакна Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.Но која е вистината?Зградата зад мене е одалечена само стотина метри од Владата на Република Македонија, и 400 метри од плоштадот „Македонија“. Што значи дека проблемот не е далечината туку тоа што Шилегов е фрлен на сомнеж за провизии и криминал.Јавно прашуваме дали е точно дека новиот купувач на градската куќа однапред се знае?Времето ќе покаже дали се вистина тврдењата дека Шилегов има направено веќе бонбона бизнис со една компанија од странство?Дали е точно дека веќе во игра е зградата на поранешното ЕСМ, и дали се во прашање провизии?Зошто Шилегов новиот купувач освен градска куќа по багателна цена ќе го части со гратис државно земјиште и нула денари комуналии?И дали со тоа што Шилегов дополнително инвестираше 3 милиони евра за финализирање на градската куќа, за која сега вели дека е промашен проект, не го оштети буџетот со цел да оствари корист за новиот купувач?Наместо криење од јавноста, очекуваме одговори.Две години Шилегов.Две години лаги, криминал и неработа, истакна Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

Скопје | пред 6 години

20190928_143355

Охридското Езеро порибeно со јагули

АД ЕСМ изврши акција на порибување на Охридското Езеро со јагула.Акцијата е дел од општествена одговорност на ЕСМ како компанија која користи дел од водите на езерото за производство на електрична енергија преку хидроелектраните Глобочица и Шпилје, согласно водостопанската дозвола добиена уште во 60-тите години на минатиот век.Оттогаш па до денес АД ЕСМ како возврат за одржување и збогатување на живиот свет во езерото спроведува акции за порибување .Порибувањето беше извршено со подмладок на јагула од типот Европска јагула-Angulija Angulija. Во Охридското езеро беа пуштени вкупно 29 421 парче подмладок на јагула со вкупна тежина од 865кг., со што ќе се подобри фондот на живиот свет во езерото, како и самиот еко-систем на езерото.Јагулата е набавена согласно законските прописи, преку распишан тендер, во вредност од 7 милиони денари, при што се запазени сите процедури за да се обезбеди здрав и безбеден материјал за порибување на езерото.

Македонија | пред 6 години

joci-111

Јоци: Кежаровски ми се нафрли со пцовки, со навреди – класично улично и психопатско насилство

КОЈ ИМА ПРОБЛЕМ СО ГЛАВАТА, НЕКА СЕ ПРИЈАВИ НА ЛЕКУВАЊЕДа го појаснам вчерашниот насилен инцидент со Томислав Кежаровски, кој, го предизвика самиот тој, пред куќа на моја другарка, во Лисиче. Бесен на мене, невротичен, вон контрола.Тој не живее на таа улица, но додека бев во позиција да се паркирам во рикверц на единственото слободно место пред портата на другарка ми, тој се створи од нигде никаде, застана на прозорец од моја кола, кој беше полуотворен. И влезе во отворен и намерен конфликт со мене.Еве, не знам што бара човек пред туѓа порта, врз моја кола, баш во време пред да се паркирам !?СДСМ, вие да не знаете, пошто го шетавте по ваши митинзи, се сликавте со него ко со Боки и Катици ?И Катица ни се чинеше своевремено нормална на сите, па видовте што стана.Кежаровски ми се нафрли со пцовки, со навреди – класично улично и психопатско насилство.Не знам што мислеше човеков, кој очигледно е дека не размислува воопшто, бидејќи има попуштени нерви, но на тоа доби дека е ,,ѓубре ѓубросано…стока”, го отерав во мајчината најсочно на свет. Кога сфати дека планот му пропаѓа да ме заплаши, тој избега, се оддалечи, излегов од кола и почнав гласно да му викам да се врати за да си ги измери силите со мажи, кои, во тој момент почнаа да излегуваат од куќа.Како што реков и вчеравечер, се’ е снимено од безбедносни камери и снимките ќе ги видат тие што треба да ги видат.На нив се гледа дека овој лабилен човек со манијакално однесување, пред да пристигнам чека подалеку од куќата. Јас го одминувам со колата, барам место. Ја вртам колата назад, тој ме гледа од далеку, чекори кон мене, застанува со вклучен мобилен во рака, пред да се доближам. И ме чека пред куќа. Кога застанувам токму пред портата на другарка ми, го здогледувам од лево преку прозорец, по што тој се нафрла.Немам објаснување како знаел дека во тоа време ќе стасам, но имам две логични тези – во 19 ч.зборував со другарка ми и и’ кажав дека ќе дојдам некаде околу 21 ч. (Настанот се случи некаде околу 20.30). И втора теза – полициски пријателчиња да следеле ГПС и некој му дојавил за моето движење.Настанот следуваше 24 часа по моето објаснување на јавноста дека станува збор за нелуѓе, кои, не знаат да кажат ни ,,фала” на оние кои го извлекоа Кежаровски од затвор поради тешко кривично дело – обелоденување на име на заштитен сведок во случајот ,,Ореше”.По статусите, неговата жена јавно ми се закани дека ,,не знам со кого си имам работа”, а вчера пак дека ,,ќе зборувале со поинаков јазик”.СДСМ, порака до вас. Изолирајте го навреме овој човек, еве и овој ви формирал некаков Сојуз ко Боки. Да не речете утре, како и за Боки и Катица, не сте знаеле, ви се чинеле фини, а вие невини сте.Еве, јавно ви кажувам и предупредувам дека е непресметлив.Кежаровски беше и уште е никој и ништо.Силата која во моментов ја чувствува е токму поради вашата политичка моќ и дружба со високи функционери по митинзи. Вие му делегирате моќ да се чувствува битен и дека се’ му се може.Тој од жртва, на кој му помагавме, се претвори во уличен насилник. Иако јас не верувам дека луѓе се менуваат, напротив само се кријат и во одреден миг од нив излегува вистинската природа.За оние со попуштени нерви, сериозен проблем во главите, насилно однесување на јавна површина, си има институции, а тоа се психијатриски установи.Никому не се плашам. Особено не на ковчести слабаци.Мене дојде да ме тепа своевремено во редакција покоен Никола ,,Фиком” со двајца батки, една грамада од човек, па откако доби ,,по нос”, потоа сам си отиде.Томче ,пиќкава” за него е зрно грашоче. Напиша Јоци на својот Фејсбук профил.https://www.facebook.com/joci.jocik/posts/10219894437371255

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Две малолетни лица на мотор тешко повредени по судир со автомобил

На 29.09.2019 околу 02,00 часотбило пријавено дека на патотСтруга-Дебар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со  скопски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(39) од Струга и мотоцикл „Сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 17 годишен малолетник и каде сопатник бил уште еден 17 годишен малолетник и двајцата од с.Лабуништа,струшко. Во незгодата двајцата малолетници се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во болницата ,,Св.Еразмо-Охрид’’. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Струга.  

Македонија | пред 6 години

kucinja-kuce

Маж од Скопје и момче од Крива Паланка, каснати од кучиња скитници

На 28.09.2019 во 00,30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Ј.А.(37) од Скопје пријавил дека кај насипот на река Вардар во населбата Ѓорче Петров бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. На 28.09.2019 во 13,20 часот во Полициската станица Центар М.А.(20) од Крива Паланка пријавила дека на улица “Јужен булевар“ била касната од две кучиња скитници во пределот на двете нозе. 

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш-Струмица, повредени повеќе лица

На 28.09.2019 во 19,20 часот на магистралниот пат Радовиш-Струмица кај клучка Струмица К.М.(78) од Радовиш управувајќи патничко моторно возило “Мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки удрил во препрека на пат каде се изведувале градежни работи. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Р.М.(79), а со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка Л.К.(75)  по што биле пренесени во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Македонија | пред 6 години

heroin-111

Полицијата во домот на прилепчанец пронашла хероин, амфетамин и семки од растението канабис

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против И.А.(31) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.09.2019 во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин, амфетамин и семки од растението канабис.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведени две лица полицијата им пронашла марихуана и метален боксирач

На 28.09.2019 во 21,50 часот во СВР Тетово биле лишени од слобода С.И.(19) и 17 годишен малолетник и двајцата од Тетово, кај кои во кругот на Клиничка болница Тетово при преглед над истите од полициски службеници била пронајдена и одземена марихуана и метален боксирач. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

lisici

На Бит Пазар, приведен 23 годишен скопјенец, полицијата му пронашла бела прашкаста материја

На 28.09.2019 во 15,20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар, го лишиле од слобода А.Р.(23) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во Полициската станица Бит Пазар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

zaev-mickoski

Детектор: Заев и Мицкоски за можноста за предвремени избори

Не се потребни предвремени избори без разлика на јаловите, безаргументирани барања на опозицијата, вели премиерот Зоран Заев во интервју за Детектор. Според шефот на Владата, потребен е цел мандат за да може граѓаните да ги почувствуваат придобивките од евроатланските интеграции.„Не се потребни предвремени избори без разлика на јаловите, безаргументирани барања на опозицијата, според мене, да се потрудат да го спречат тоа што веќе се случува и ќе се заокружи во случувањата, а тоа е да се стави ред во правната држава, економијата да ги даде своите резултати, конечно нашата земја да истера еден цел мандат, да заокружи политики, да исполни ветувања политиката спрема граѓаните, да се направи убав пресек, па после тоа да се оди на избори. Навистина како политичка партија и политичка гарнитура донесовме сериозни храбри одлуки, искрено верувајќи дека тие одлуки на крајот на денот значат економски стандард, значат нормална земја. Веруваме дека после политичките големи одлуки се случуваат интеграциите кои што носат економија, кои што носат доверба на институциите, стабилизација на државата од секој можен аспект и на крајот благодет и економски стандард за граѓаните“ – вели премиерот во интервјуто за Детектор.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е свесен дека граѓаните се уморни од одржување на било какви избори но истовремено ,актуелната состојба во земјата наметнува тоа да се случи.Според него, март, идната година е добар датум за избориМислам дека веднаш после одлуката на Европскиот совет дали Македонија ќе ги отпочне или нема да ги отпочне преговорите со ЕУ, а јас се надевам дека ќе ги отпочнеме, можеме да формираме една техничка влада и веднаш потоа таму некаде март месец да одржиме едни предвремени парламентарни избори и да провериме дали тоа што опозицијата го говори е така или пак тоа што го говори премиерот дека блескаме е вистината.“ – вели Мицкоски за Детектор

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во една вечер скопската полиција казни 28 возачи под дејство на алкохол

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 28.09.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 20 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 45 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и 24 прекршочни платни налози.Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 28/29.09.2019 во времето од 23,00 до 05,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 28 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 26 останати прекршоци за кои се издадени седум мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.На 28.09.2019 во времето од 14,00 до 24,00 часот санкционирани се четири возачи на мотори, а откриени се и 33 останати прекршоци за кои се издадени 19 мандатни платни налози и 14 прекршочни платни налози.  

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања