Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

Нема фотографија

Убиство во Кочани, сопруга до смрт го избодела мажот

Семејна драма утрово завршила трагично во Кочани. Според неофицијалните информации кои ги доби Сител, по расправијата која настанала помеѓу сопружници, жената до смрт го избодела нејзиниот сопруг во дворот од семејната куќа.Со тешки телесни повреди и голем број исекотини се здобила и сопругата која со возило на итната медицинска помош од Кочани била пренесена во штипската клиничка болница.Сител побара информација од СВР Штип од каде не информираа дека се во тек проверките и јавноста ќе ја информираат веднаш откако ќе имаат информации за случајот.извор: Сител

Македонија | пред 6 години

semejstvo

(ФОТО) Три члено семејство живее под мост, граѓаните преку социјалните мрежи бараат средства за да им помогнат

На социјалните мрежи се шири пост во ко се бара помош за три  члено семејство кое живее под мост во Аеродром. Синот собирајќи пластични шишиња ги издржува родителите. Мајката поради удар на мозокот е нема, а таткото се грижи за неа.Барале помош од државата, но не ја добиле од ниту една институција.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2571378112918728&set=a.260618130661416&type=3&theater

Скопје | пред 6 години

sofija

(ФОТО) Две годишната Софија не ја примаат во градинка, со изгледот ги „плашела“ децата

Двегодишната Софија Захарова е родена со деформиран череп. На нејзините родители им било кажано дека таа би требало да направи операција пред да аплицираат за  прием во градинка, откако била одбиена.Операции за девојчето биле одложени, а експертите предупредуваат дека ако таа не започне да се дружи со деца, ќе има влијание врз нејзиниот развој.-Колку порано почне да се дружи со други, полесно ќе биде ѝ да се справи со нејзината состојба. Колку повеќе време поминува со други лица, толку полесно ќе го прифати своето, вели психологот Екатерина Белан.

Свет | пред 6 години

hotel-rusi

Денес ќе се урива хотел дивоградба на самиот брег на Охридското Езеро

Хотел дивоградба кој е изграден на самиот брег на охридското езеро, ( непосредно до дивоизградената бетонска база на советникот Нефи Усеини ) добил решение за уривање и ќе почне да се урива денес.Како што дознаваме , решението на сопственикот на хотелот му било врачено лично од градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Останува да видиме дали и тој ќе се повика на законското право да го урне објектот сам.УГОСТИТЕЛИТЕ КАЈ НОТАРИТЕКако што дознаваме, скоро сите угостители кои се сопственици на дивоградби или узурпирале државна земја, деновиве посетиле нотари и имаат подговтвени заверени изјави дека сами ќе си ги урнат објектите.Дали со ова ќе купуваат време или навистина сватиле дека времето на узурпации и експлоатации на народна земја и вода за лично богатење завршило останва да видиме.

Македонија | пред 6 години

5-Vonredna-sednica-na-Sovetot-na-Grad-Skopje-3

ВМРО ДПМНЕ: Шилегов да не се крие и да одговори за најновиот скандал со бонбона бизнисот за продажба на градската куќа

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје го повикува Шилегов да не се крие и да одговори за најновиот скандал со бонбона бизнисот за продажба на градската куќа. Тоа што Крадоначалникот Шилегов 5 дена молчи за новата бонбона бизнис зад која стои раскрчмувањето на новата градска куќа и имотот на скопјани е показател дека е во прашање сомнеж за корупција и криминал.Како на филмска лента ни се случува грабеж на скопјани зад кој стојат лични лукративни интереси. Шилегов треба да одговори дали новата градска куќа ја продава за да ја земе неколку децении старата зграда на некогашното ЕСМ?Дали ако и ова се утврди за точно, Шилегов е подготвен да сноси политичка одговорност?Да каже зошто ја лажеше јавноста дека нема да ја продава градската куќа и врши итна продажба?Зошто Шилегов не објасни што вистински стои зад неговата одлука новиот купувач да го части освен со градска куќа по багателна цена, туку и со бесплатно земјиште и нула комуналии кон државата.Дали фактот што однапред се знае кој ќе ја купи зградата и која зделка ќе ја направи Шилегов не говори дека во прашање е криминал?Како што лажеше дека нема да ја продава новата градска куќа, сега лаже дека вистинските причини за продажбата се просторните услови. Во позадина стојат провизии, сомнежи за криминал и оштетување на граѓаните. 2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Скопје | пред 6 години

protest-1

(ВИДЕО) Протест на членовите на шумската, редовна, затворска полиција, денешниот е подршка за генералниот кој ќе се одржи пред Владата

Членови на независниот синдикат на полицијата, шумска полиција, редовна, судска, затворска полиција. Како што велат денешниот  протест е подршка на генералниот протест кој ќе се одржи во Скопје пред Владата, каде што во помасовна форма со голема европска подршка ќе ги доставиме нашите барања до владата.„Бараме обично потпишување на колективен договор, кој нашата служба и по 20 години постоење не го има потпишано. Со тој договор ќе се средат сите работнички права кои ги немаме 20 години, а ги остваруваме со тужби и ги наплаќаме после со многу поголема сума.  На генералниот протест на 2 ри октомври ќе присуствуваат и бугарскиот синдикат , словенечкиот, српскиот и  уште неколку други“, истакна Ацо Танески.Во продолжение изјавата на Танески...

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Поради банкротот на „Томас Кук“ Грција изгуби милијарди

Туризмот во Грција претрпе удар од половина милијарда евра како резултат на банкротот на големата британска туристичка групација „Томас Кук“, изјави денеска министерот за туризам Харис Теохарис. Министерот најави помош од Владата за туристичките компании и за вработените.Владата веќе воведе мерки за зачувување на работните места на оние што би можеле да ги загубат поради банкротот на агенцијата.Исто така, се разгледуваат и можностите за воведување даночни олеснувања за компаниите што соработувале со „Томас Кук“ во однос на оданочувањето на приходите за 2019. – Владата и Министерството за туризам уште од првиот момент побрзаа да се справат со последиците од непријатната разврска со банкротот на „Томас Кук“, како за заглавените туристи, така и за засегнатите работници и бизниси, соопштуваат од Министерството за туризам на Грција.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Поразот за СДСМ на следните избори е се поочигледен., анкетите покажуваат дека паѓа довербата во  Заев и неговата Влада

Паниката на СДСМ секојдневно расте.Политичката кариера на Зоран Заев е завршена. Поразот за СДСМ на следните избори е се поочигледен. Анкетите покажуваат дека паѓа довербата во  Заев и неговата Влада.Веќе е јасно дека идната Влада на Република Македонија ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ. Поради оваа причина Заев се плаши од предвремени парламентарни избори.Граѓаните на Република Македонија нема да ги заборават криминалиите на оваа власт, нема да го заборават рекетот, политичкиот прогон и уназадувањето на државата на секое поле. Истрагата за Рекет претставува класичен пример како не треба да функционира една држава.Граѓаните кога и да се случат изборите ќе го казнат Заев и СДСМ. Европската иднина на Република Македонија е загрозена поради криминалната влада на Заев.Со премиер како Зоран Заев напредок во нашата земја нема да има, освен стагнација. Време е да се стави крај на криминалното владеење на СДСМ и Заев. Време е да започне обнова на Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: За две години изградени над 400 километри водовод и канализација, грижата за граѓаните продолжува

Како одговорна политичка партија со домаќинско работење ги исполнуваме ветувањата дадени пред граѓаните. Ги решаваме децениските проблеми на граѓаните и одговораме посветено на нивните потреби. Наместо на стиропор, лажен барок и споменици , инвестираме во надземна инфраструктура и обезбедување на сигурни и безбедни улици и патишта, како и во подземна инфраструктура, во водоводни и канализациски мрежи, се вели во соопштението од СДСМ.Низ територијата на целата држава, изградивме над  400 километри водоводни и канализациски мержи, од кои само преку владини програми околу 250 километри, а останатите со средства на локалните самоуправи.Досега, пуштени се во употреба пречистителни станици за отпадни води во Гевгелија, Радовиш, Струмица, Кичево, Прилеп и Кочани, а планирани се пречистителни станици во уште 4 општини.Изградивме нови бунари за водоснабудвање во с. Драгобраште, с. Борино, с. Горно Агларци, како и за прв пат се воспоставени вододни мрежи во населбите Волково, Стопански Двор и Кисела Јабука во Скопје и населбата Балканска во Штип.Продолжуваме со грижата за граѓаните. Решаваме  децениски, суштински, егзистенцијални проблеми на граѓаните, со донесување на чиста и квалитетна вода за пиење, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

vreme

Почетокот на неделава сончево и топло, крајот облачно и дожд

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер претежно со западен правец.  Утринските температури ќе се движат од 5 до 13 степени, а дневните ќе достигнат од 25 до 31  степен Целзиусов.И во Скопје и околината слично време, сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер. За утре метеоролозите најавуваат сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец.Според најавите, топлото и ведро време ќе се задржи до средината на неделава, односно до четврток кога ќе се зголемат условите за локален дожд.

Македонија | пред 6 години

vera-nadez-ljubov

Денеска ги славиме Верата, Надежта и Љубовта

На овој ден се празнува споменот на познатата Римјанка Софија која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.Именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но одлучно ја исповедаа верата во Господ Христос и одбија да ѝ принесат идолски жртви на Артемида. Пред страдањето мајката ги крепеше ќерките со совети да истраат докрај. „Вашиот небесен љубител Исус Христос е вечно здравје, неискажлива убавина и живот бесмртен. И кога вашите тела ќе бидат убиени во маки, Он ќе ве облече во нераспадливост и раните на вашите тела ќе светнат на небото како ѕвезди.“ Мачителот ги мачеше со лути маки сите една по една: најпрво Вера, па Надеж, па Љубов. Ги тепаа, ги сечеа, ги фрлаа во оган и во врела смола и најпосле една по една ги убија со меч. Софија ги зеде мртвите тела на своите ќерки, ги однесе надвор од градот и таму чесно ги погреба. Остана на нивниот гроб три дена и три ноќи молејќи Го Бога и така Му го предаде својот дух итајќи во рајските населби, каде што ја чекаа душите на нејзините блажени ќерки.

Македонија | пред 6 години

Zaev-1

Заев во интервју за „Детектор“: Државата заздравува,а од неселективната примена на правдата граѓаните очекуваат одлуки и расчистување на случаите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев,во интервју за ТВ магазинот „Детектор“ потврди дека не се потребни предвремени избори, оценувајќи ги барањата на опозицијата како неаргументирани со цел да се спречи исполнувањето на политиките на Владата, а тоа е да се стави ред во правната држава, да се врати довербата во институциите и економијата да ги даде своите резултати со обезбедување подобар стандард на граѓаните.„Потребно е конечно нашата земја да истрае еден цел мандат, да заокружи политики, да исполни ветувања, политиката кон граѓаните, да се направи убав пресек, па потоа дасе оди на избори. Навистина како политичка партија и политичка гарнитура, донесовме сериозни храбри одлуки, искрено верувајќи дека тие одлуки на крајот на денот значат економски стандард“, рече премиерот Заев.Во врска со  случајот „Рекет“, премиерот Заев оценува дека по заокружувањето на истрагата преку обвинителниот акт, целиот случај ќе остави впечаток на доверба кон институциите и политичарите.„Заради тоа што, навистина претставува случај каде што недвојбено без резерва на било кој, се става силен печат на независноста на правосудниот систем во овој случај на Јавното обвинителство, растоварен од било какви притисоци да истера истрага за вака висока корупција“, вели во интервјуто премиерот додавајќи дека самиот факт што има обвинител во притвор и сопственик на медиум, претставува сериозна порака дека институциите не прават разлика, и сите за кои постојат индиции за инволвираност во одредени кривични дела треба да одговараат.„За мене тоа е многу значајно заради тоа што веднаш, дури и како правна држава, тоа значи економија. Тоа значи инвестиции, тоа значи повисоки плати, тоа значи економски стандард, сето тоа е поврзано во севкупниот амбиент на создавањето на поволна клима за живеење во нашата земја“, посочи премиерот.Коментирајќи ја состојбата во државата, премиерот Заев изрази задоволство, од како што рече „заздравувањето“ на земјата, кога од заробена држава, од држава во која не постоеше правда, со контролирано правосудство, сега постои јасно ослободување на државата, слобода на говорот, слобода на живеењето и јакнење на правната држава.„Секако тоа е процес, се случува дури и во европски земји денеска. Во Полска, Унгарија и многу други земји таа е општа дебата, но јас сум задоволен со интензитетот на така да го кажам унапредувањето на севкупните услови во Република Северна Македонија.Единствено не сум задоволен со интензитетот на правната држава. Таа мора да биде побрза, враќањето на довербата во правната држава и правдата сеопшто. А, судиите и обвинителите мора да се одважат и да носат исклучиво одлуки согласно закон и по сопствено убедување и побрзо. Затоа што, тоа доцни, доцни, се одложува, а граѓаните се нетрпеливи. Како за случаите за СЈО, така и за „Рекет“, така и за било кои други случаи. Вредно е час поскоро, ден поскоро се носат одлуките за да може граѓаните да ги добијат сите вистини кои што ги очекуваат“, изјави премиерот Заев во интервјуто за „Детектор“.Премиерот Заев повтори дека двете стратешки цели на државата се датумот за почеток на преговори со Европската Унија и членството во НАТО и дека резултатите од овие цели обезбедуваат безбедна, стабилна, суверена и целовита земја, каде што дополнително преку европските фондови и преговори, ќе се јакнат институционалните капацитети кои го осовременуваат и подобруваат севкупниот живот на граѓаните.„Тоа е нешто зад кое што сите стоиме, над 80 проценти во државата, сите политички субјекти, сите претставници во Парламентот. Јас верувам дека и Европската Унија и НАТО и правната држава и економските резултати со заокружен мандат, ќе донесат позитивен резултат за оваа владејачка гарнитура која што имаше храброст, за разлика од сите други претходни, да донесе храбри одлуки за сите граѓани на земјата“, истакна премиерот Заев во интервју за ТВ магазинот „Детектор“, нагласувајќи дека за политичарите најважната одлука ја имаат граѓаните, кои ја оценуваат нивната работа и резултатите на избори.

Македонија | пред 6 години

20190925_151209

Детектор анкета: На кои институции и политичари граѓаните им веруваат?

Една петтина од граѓаните ќе и дадат поддршка на опозицијата доколку идната недела се одржат предвремени парламентарни избори, покажува најновата анкета која за потребите на емисијата Детектор на Сител ТВ ја изработи Институтот за политички истражувања Скопје.Според неа, на идните предвремени парламентарни избори 21,1% од граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а поддршка за владејачката СДСМ ќе дадат 18,1% од анкетираните граѓани.Во албанскиот политички блок најголема поддршка ужива ДУИ. Според анкетата на ИПИС, за „интегративците“ ќе гласаат 4,5%. Според рејтингот, следна е партијата на Зијадин Села. За Алијанса за Албанците поддршка дале 2,8% од анкетираните граѓани. Алтернатива на Африм Гаши има поддршка од 0,8% додека за БЕСА на Билал Касами се изјасниле дека ќе гласаат 0,7% од анкетираните граѓани.26,1% велат дека нема да гласаат за ниту една партија, 14,7% не сакаат да кажат за кого ќе го дадат својот глас, додека 9,7% велат дека се уште не знаат.Повеќе од половина граѓани или 50,9% велат дека ќе излезат на гласање доколку следната недела се организираат предвремени парламентарни избори, 24,7% се изјасниле дека ќе апстинираат додека 24,3% се уште немаат донесено одлука.Меѓу политичарите најголема доверба има премиерот Зоран Заев. Во него најмногу веруваат 14,5% од анкетираните граѓани. Следен е опозицискиот лидер Мицкоски во кого доверба имаат 12,1% од анкетираните.Рејтингот на Али Ахмети е 4,4% а на Зијадин Села 3%. Следи Никола Груевски во кого довербата е 2,1%. Рејтингот Африм Гаши меѓу гласачите изнесува 0.7%, а тука некаде е и Билал Касами за кого се изјасниле 0,6% од анкетираните.Довербата воШеќеринска е 0,2% а во Мендух Тачи 0,1%, додека 1,6% од анкетираните се определиле за друг политичар.44,2% од граѓаните велат дека немаат доверба во ниту еден политичар а без одговор останале 14,2%.Меѓу институциите најниска доверба има СЈО. На скалата од 1 до 5, средната оценка која на СЈО му ја дале граѓаните изнесува 1,68. Без малку 57% од анкетираните довербата во СЈО ја оцениле со најниска оценка, единица.Под средна оценка двојка се и судството и јавното обвинителство. Средната оценка на довербата на граѓаните во судството изнесува 1,74 а во Јавното обвинителство 1,81.Довербата во парламентот е оценета со средна оценка 2,25, во Владата 2,33 а во опозицијата 2,4.Претседателот и медиумите се единствените институции, дел од оваа анкета кои имаат средна оценка која со училишен речник би можела да се нарече добар 3. Довербата во институцијата Претседател доби оценка 2,63 од граѓаните. На врвот се медиумите кои граѓаните ги оцениле со оценка 2,76.За 48% од анкетираните граѓани случајот „Рекет“ нема да има влијание врз нивната одлука за кого ќе гласаат. 41,4% од граѓаните пак изјавиле дека при одлуката кому да му ја дадат довербата на следните избори влијание ќе има токму овој случај.Скоро половина од граѓаните, или 49,7% велат дека врз нивната одлука за кого ќе гласаат нема да влијае ниту епилогот околу датумот за старт на преговорите со Европската Унија, додека 37,2% анкетирани рекле дека напредокот на интегративниот процес ќе им влијае кога ќе одлучуваат за кого да гласаат.Анкетата за потребите на емисијата Детектор ја спроведе Институтот за Политички истражувања Скопје во периодот од 14 до 17 септември, годинава, врз репрезентативен примерок од 1109 испитаници со маргина на грешка на примерокот од плус – минус 3%.

Македонија | пред 6 години

policija-22

Разбојништва во Скопје, одземен велосипед и пари

На 28.09.2019 во 10,20 часот во Полициска станица Центар, М.Р.(27) од Скопје пријавил дека во деловен објект на ул.„Васил Главинов“ едно лице физички го нападнало и му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 28.09.2019 околу 18,30 часот во СВР Скопје, Б.Ѓ.(73) од Скопје пријавил дека на ул.„Руѓер Бошковиќ“ му била извршена разбојничка кражба при што му бил одземен велосипед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Скопје | пред 6 години

policija-1

Беровец дивеел во кафеана – се заканувал со нож и сакал да предизвика пожар

На 29.09.2019 околу 00,20 часот во Полициска канцеларија Пехчево бил приведен Б.К.(39) од Берово поради предизвикување општа опасност. Тој пред угостителскиот објект во Пехчево со нож се заканувал кон присутните и истурил течност по инвентарот со намера да предизвика пожар, но бил спречен од полициски службеници. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Берово.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

tepacka2

Пијани скопјани се истепале во близина на угостителски објект

На 29.09.2019 околу 03,50 часот во Полициска станица Аеродром било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул.Анастас Митрев, дошло до физичка пресметка помеѓу К.Д.(28), Ф.С(32) и М.З.(34) од една страна и К.А.(30), Н.А(24), А.Д.(38), С.Т.(23) и Н.Ф.(27) од друга страна, сите од Скопје, кои  биле под дејство на алкохол. Причина за физичката пресметка била претходна расправија. Ф.С. бил пренесен во Комплексот клиники,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош. Се превземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

policija-123

Возач предизвикал сообраќајка откако полицајци му дале знак за запирање

На 28.09.2019 во 20,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот с.Бродец-с.Танушевци товарно моторно возило удрило во службено патничко моторно возило „дачиа дастер“ откако полициски службеници му дале знак за запирање и потоа се одалечило од местото на настанот.При обидот да го стигнат полициските службеници биле попречени од патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(29) од с.Гошинце кој бил лишен од слобода. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен скопјанец кој физички нападнал полициски службеници

На 28.09.2019 во 15,00 часот во Полициска станица Центар од слобода бил лишен С.К.(24) од Скопје кој истиот ден околу 12,05 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“ физички нападнал полициски службеници. Кај него подоцна бил пронајден и нож. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

pretepan

Во угостителски објект во Дојран, нападнат малолетник

На 28.09.2019 во 23,40 часот во СВР Струмица, Т.А.(50) од Нов Дојран пријавил дека истиот ден околу 20,00 часот во угостителски објект бил физички нападнат неговиот 17 годишен син од С.С. од Дојран.Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

mrezi

Полицијата на околу 1000 метри од брегот на Охридското езеро пронашле две рибарски мрежи со улов од риба

На 28/29.09.2019 во периодот од 21,00 до 02,00 часот при вршење на редовни работни задачи, полициски службеници од СВР Охрид на околу 1000 метри од брегот на Охридското езеро, пронашле и одземале две рибарски мрежи со улов од риба.Се превземаат мерки за расчитување на случајот.

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Го претепал брат му во семејната куќа во велешко

На 28.09.2019 околу 06,30 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Горно Оризари, велешко во нивната семејна куќа, по претходна расправија Ј.Х.(30) физички го нападнал својот брат М.Х.(23) нанесувајќи му тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_3-1

Дали екс специјалната обвинителка Катица Јанева ќе излезе од Шутка и ќе замине во домашен притвор?

Дали екс специјалната обвинителка Катица Јанева ќе излезе од Шутка и ќе замине во домашен притвор?Одговорот на прашањето најверојатно ќе биде познат утре за кога според најавите Вишото јавно обвинителство ќе даде мислење на надополнетата жалба на нејзиниот адвокатски тим кој смета дека со завршената истрага отпаѓа можноста за влијание врз доказите па очекуваат судот да и го укине притворот и да и определи поблага мерка, објави Канал 5.-Ја надополнивме  жалбата со известувањето за завршена истрага со што сметаме дека отпаѓа точката за влијание врз докзаите па оттаму очекуваме поблага мерка. Понатаму стратегијата за одбрана ќе ја подготвиме во договор со клиентот. А од утре ќе продолжиме да вршиме увид во доказите на Обвинителството меѓу кои се и оние прибавени со ПИ мерки, вели Дељо Кадиев – Адвокат.Текстот во целост на: Канал 5

Македонија | пред 6 години

mitko

(ВИДЕО) Митко Јанчев учествуваше на рели трка

Ридско-брзински автомобилистички натпревар се реализира во Кавадарци, по осум години пауза. Авто мото клубот Скопје е организатор на натпреварот, во соработка со Автомобилистичката федерација, кавадаречката општина и неколку фирми.  На оваа трка учествува  и кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев.https://www.facebook.com/MitkoJanchev/videos/1363767753780821/

Магазин | пред 6 години

luksuzni-avtomobili

25 луксузни возила одат на аукција, одземени се од претседателски син

Аукциска куќа во Швајцарија се подготвува да продаде 25 луксузни возила, меѓу кои Ферари, Ролс Ројс и Ламборџини, кои властите во Женева ги запленија од синот на претседателот на Екваторијална Гвинеја во истрагата за перење пари.Аукцијата е организирана откако обвинителството во Женева во февруари објави дека го затвора случајот против Теодор Нгуема Обианг, син на повеќедеценискиот претседател Теодор Обианг, и уште две други лица, по спроведената истрага за перење пари и лошо управување со јавните средства.На аукцијата се нашле 7 Ферари модели, 3 Ламборџини, 5 Бентли, еден Масерати модел и еден Мекларен. Највредниот примерок е модел на Ламборџини кој се проценува на повеќе од 5 милиони евра, а по него на листата е хибридниот автомобил на Ферари чија цена би можела да достигне до 2 и пол милиони евра.Вкупната вредност која се очекува да се достигне на аукцијата во еден голф клуб е околу 18 милиони евра, со тоа што на неа нема да има т.н. “резервирани цени” под кои автомобилите нема да се продаваат. Тие ќе се продадат за онолку колку што ќе понудат купувачите.

Свет | пред 6 години

BISTA-1

Искршена и турната на земја бистата на македонскиот револуционер Никола Вапцаров

Случајни минувачи во паркот,  забележале дека постаментите и бистите на борците и револуционерни поети Коле Неделковски и Никола Вапцаров се искршени и турнати на земја.Оваа биста и уште на 5 други македонски револуционери и преродбеници, Орце Николов, Цветан Димов, Кочо Рацин, Коле Неделковски и Крсте Петков Мисирков, беа поставени во 2013 година.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања