Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

ivor

Ивор Мицковски до Заев: Не е за фалење дека поранешен обвинител и скриен сопственик на телевизија се во притвор

Поранешниот прв човек на Центарот за комуникации во СДСМ Ивор Мицковски преку статус на Фејсбук му се обрати на премиерот Заев. Тој напиша:-Не е бе Зоки за фалење дека имаш бивш обвинител, скриен сопственик на телевизија, така да кажам провладин тип во притвор.Срамота е што дозволивте скриен сопственик и дубиозна телевизија да работи, што ставивте сомнителен обвинител да решава криминали, и што дозволивте провладини квазигазди со кои се дружите и од чии студиа не излагавте, да рекетираат.И секако, што се криете сите што сте политички инволвирани…, стои во неговиот пост на Фејсбук.https://www.facebook.com/ivor.mickovski/posts/10157856447906042

Македонија | пред 6 години

ava

Старлетата Ава Карабатиќ објави дека ќе се кандидира за претседател на Хрватска!

Старлетата, пејачка и манекенка Ава Карабатиќ од Сплит на својот профил на Инстаграм објави дека сака да биде претседателка на Хрватска.Откако таа ги најави своите планови врзани со политиката, во рекордно време собрала повеќе од 1.000 „лајкови“ на својот пост на Инстаграм. Таа добила поддршка од многу обожаватели кои напишале дека ќе гласаат за неа на претстојните претседателски избори.„Сепак одлучив. Ќе се кандидирам на претседателските избори. Толку пораки и поддршка добивам и ви благодарам за тоа“, напишала Ава. Таа смета дека е жена со став која знае да се избори за себе.

Свет | пред 6 години

Zaev-1

Заев за сведочењето на Верушевски: Модификацијата на „бомбите“ се однесува за „Рекет“ и Ел Чека

Премиерот, Зоран Заев, денеска го прокоментира сведочењето на поранешниот шеф на УБК, Зоран Верушевски, кој на рочиштето за „Таргет-Тврдина“ рече дека по неговото апсење „бомбите“ биле „страотно модифицирани и компромитирани“.-Во комункација сум со него, затоа реков дека на второто рочиште со очекуваните прашања ќе бидат појасни и неговите ставови. Мене ми е јасно, ми објасни, дел сум од тој период и апсолутно ми е јасно. Точно е дека материјалите се предадени на Верушевски како што велат Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, правно формално на СДСМ се предадени, но ги прима Верушевски. Јас сум тогаш претседател на СДСМ. Поради разочараноста дека некој го злоупотребил СЈО во случајот „Рекет“, дека се појавил Ел Чека, не знам што, тој го кажува делот со модицифираноста и компромитираноста на самите материјали. Да потенцирам ниту еден од обвинетите во предмети на СЈО не ја оспорува автентичноста на материјалите, дури и форензиката ја потврди автентичноста – рече Заев. 

Македонија | пред 6 години

IMG-8d30f03b1b51f8bc2176f1e832d598a5-V

Општина Кисела Вода спроведува есенска дератизација за уништување на глодачи

Општина Кисела Вода во соработка со Центарот за јавно здравје денеска од урбаната заедница 11 Октомври-бараки почна да спроведува есенска дератизација за уништување на глодачи на својата територија.Со дератизацијата која ќе се одвиваа во следните 15 дена во сите месни и урбани заедници во Кисела Вода ќе бидат опфатени 1960 шахти.Општината секоја година, на пролет и на есен врши дератизација.

Скопје | пред 6 години

vino3

Заврши „Skopje Wine Expo”- досега најголема посетеност на винскиот фестивал

Со настап на Александра Јанева и Марко Логаут ( Тоше Проески Трибјут), групата Ареа и Бијело Дугме Real Tribute, заврши винскиот фестивал „Skopje Wine Expo”.  Оваа година фестивалот забележа рекордна посетеност со над 50 000 посетители во текот на трите фестивалски денови.  На плоштадот „Мајка Тереза“, полн до последно место се пиеше македонско вино од 11 големи и мали семејни винарии, во комбинација со гурмански деликатеси. На фестивалот настапија и Тропико Бенд, Слаткаристика, Криско, Нокаут, Графа, Ефто Пупиноски и други.

Скопје | пред 6 години

zaev-cipras

Ципрас пристигнува во Скопје, попладнево ќе има средба со премиерот Заев

Поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас денеска пристигнува во Скопје, а во попладневните часови ќе има средба со премиерот Зоран Заев, соопштуваат од грчката опозициска партија, jави дописничката на МИА од Атина.Ципрас утре ќе учествува на Самитот на „Економист“,„Зајакнување на моментумот за европска интеграција“, посветен на Западен Балкан, а на посебна панел дискусија, заедно со Зоран Заев и Мартин Шулц ќе дебатираат за тоа „Кои се следните чекори за европска интеграција на Западен Балкан?“.Претседателот на СИРИЗА, синоќа се обрати на крајот од тридневниот фестивал „Спутиник“, организиран од подмладокот на партијата, а во неговиот говор се осврна и на Договорот од Преспа, за кој рече дека е горд.-Ние, пријателки и пријатели, ја вративме меѓународната слика на земјата. Се осмеливме да се отвориме кон нашите соседи, да спроведеме мултидимензионална надворешна политика на мир и соработка. Се осмеливме за Договорот од Преспа и горди сме, бидејќи затворивме голема рана за земјата, голема рана за Балканот, голема рана на нестабилност во нашиот регион, рече Ципрас.Поранешниот грчки премиер упати критики до актуелната влада дека како опозиција „на популистички, лицемерен и национално штетен начин го злоупотребила конкретното прашање“ за на товар на земјата да добијат гласови и додаде дека сега, преку ноќ го променија ставот па од „предавнички договор“, стана „договор што ќе го спроведеме и почитуваме“. МИА

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

АА: Константно маргинилизирање на албанците во државните институции

Албанците во македониа како и никогаш досега не биле во незавидна позиција кога е во прашање донесување на одлуки за нивната иднина,и присутноста на албанците во клучните државни институции,внатрепартиските скриени договори придонеле крајно разочарување на албанците,оваа се должи пред се на корумпираната политика,злоупотреба на службената должност со што се покажува крајна незаинтересираност за реализирање на колективните права на албанците, се вели во соопштението од Алијанса за Албаниците.Компромисот постигнат помеѓу Дуи и ССдсм(2000-Сдсм и 1000 Дуи или 2 со 1)за вработување по дражвни институции не кореспондира со застапеноста на албанците во државните институции.Тука може да се прави една проста пресметка со што Дуи ке ги систематизира сите административци кои и понатаму не се систематизирани,божем ке се водат како ново вработувае додека од друга страна Сдсм ке изврши нови вработувања кои дефакто ке ја намалат процентуалната застапеност на албанците во државните институции.​Ако во 2016 застапеноста на албанците беше 19,2%,во 2017 забележала пад од 19.1 0д кои 2018 е стигната на 19%,очекувано е дека и во 2019 ке има пад.Фигурираат и институции каде владее тотална дискриминација.Ова е во Агенција за филм.Мала застапеност на албанците има и во судство.Во Врховниот суд од 85 судии само 6 албанци се именувани,но нема ниту еден вработен во судската администрација во раководни или нераководни функции.Застапеноста на албанците тука е со 7.1%,со оправдување е дека нема соодветен кадар.​Мала застапеност на албанците е и во дрзавните акционерски друштва,АД за дистрибуција на електричната енергија и менаџирање со електро-енергетскиот систем МЕПСО.​Во многу финансиски институции застапеноста е под 10 посто од вработени албанци.Очигледно е крајна запоставеност на албанците во државни институции,  се вели во соопштението од Алијанса за Албаниците.

Македонија | пред 6 години

grijovski

Книгата на екс премиерот Никола Груевски издадена и на англиски јазик - д-р Груевски го бараат познати светски универзитети

Сопственикот на издавачката куќа „Ѓурѓа“, Никола Костески преку  социјалнаѕа мрежа Фејсбук соопшти дека книгата на поранешниот премиер Никола Груевски, сега е достапна и на англиски јазик.Во прилог ја пренесуваме објавата на Костески во целост :НАЈНОВО од ЃУРЃАNikola GRUEVSKIEXPERIENCES FOR THE FUTUREКнигата на д-р Никола Груевски, ИСКУСТВА ЗА ИДНИНАТА, која на македонски јазик беше промовирана на овогодишниот Саем на книгата, сега пред читателите е и изданието на англиски јазик. За изданието на англиски јазик голем интерес пројавија најголемите библиотеки во светот, како и најпознатите светски универзитети.Преводот е на нашата соработничка Катерина Талеска, а лекторирањето на текстот го изврши професорот Кевин Холанд. Рецензенти на книгата се проф. д-р Михаил Петковски и проф. д-р Живко Поповски.* * *ИЗВАДОКОД АВТОРСКИОТ ПРЕДГОВОРКнигата ,,Искуства за иднината“ е всушност мојот докторски труд на тема: ,,Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Ки­рил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.Овој докторски труд го одбранив пред петчлена комисија на профе­сори: проф. д-р Методија Несторовски како претседател на комисијата, ина­ку мој ментор во времето кога го подготвував и одбранив магистерски­от труд, проф.д-р Михаил Петковски, ментор на овој докторски труд и рецензент на книгата, проф. д-р Живко Атанасовски, кој е исто така рецен­зент на оваа книга, проф. д-р Љубе Трпески и проф. д-р Владимир Фи­липовски. На сите им благодарам за поддршката, професионалниот однос и за соработка­та.ПОЛИТИЧКИТЕ ОКОЛНОСТИВО ВРЕМЕТО НА ИЗДАВАЊЕ НА КНИГАТАНеизбежно е да потенцирам дека оваа книга се издава токму во вре­ме на сложени политички случувања во Македонија и кога веќе поло­вина го­дина имам статус на личност со доделен политички азил како поли­тичко про­гонето лице и се наоѓам во Република Унгарија.Издавањето на книгата не одеше според планот кој го имав во летото 2018 година.Издавањето беше планирано да се случи во јануари 2019 година, по довршување на одредени дополнувања во книгата поврзани со обезбедува­ње и внесување дополнителни податоци објавени по предавањето надоктор­скиот труд за одбрана, а заради поголема актуелност на книгата.Но, кампањата на политичкиот прогон кон мене кулминираше есента 2018, а нејзините креатори толку многу брзаа да ме затворат и отстранат, користејќи лажни клевети и неосновани политички мотивирани обвиненија, што му одредија на судот кој им беше потчинет, да не ми дозволи време пред извршување на незаслужената санкција, околу два месеци колку што побарав, за да ги завршам спомнатите дополнувања кои пла­нирав да ги вметнам и кои сега, пред нејзиното издавање, веќе ги вмет­нав во книгата.Впрочем, веројатно ќе го доловам можеби најголемиот дел од мотивот за политичкиот прогон против мене, ако само потенцирам дека докторскиот труд од кој произлегува оваа книга е завршен и одбранет пред струч­ната комисија во време кога сѐ уште мојата татковина во нејзиниот Устав се нарекуваше Република Македонија. Книгата која произлегува од докторскиот труд се објавува кога веќе тоа име, на еден брутален и недемократски начин, со валкани уцени и притисоци, политички мотивира­ни обвиненија, монтирани судски процеси и апсења, а сето ова со под­дршка на силна медиумска кампања, е променето во Република Северна Македонија, заедно со бројни други чекори поврзани со идентитетот на Македонците, историјата на македонскиот народ, а во тој контекст и образованието и културата.На крајот, врз основа на повеќе околности, кои подетално ќе бидат предмет на обработка во друга книга, произлезе и потребата да побарам политички азил во странство и сите тие историски збиднувања во Македонија го одложија издавањето на оваа книга.Можам само да се заблагодарам на институциите на Република Ун­гарија, кои по деталните интервјуа и проверки по моето доаѓање тука, како независни институции на суверена држава, проценија дека има доволно причини да добијам заштита преку доделување на политички азил во согласност со меѓународните конвенции и унгарското законодавство како земја членка на Европската унија и на НАТО.Без тоа, оваа книга, немаше да биде во Вашите раце.* * *Д-р Никола Груевски (1970) е роден во Скопје, Македонија. Дипломира (1994) на економскиот факултет при Универзитетот ,,Св.Климент Охридски" во Битола. Магистрира (2006) и докторира (2018) на економскиот факултет при универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј" во Скопје. Поминал голем број работни тренинзи и обуки, од кои позначајни се работниот тренинг во инвестициска куќа во лондонскиот Сити, берзанскиот тренинг во Франкфурт и обуката за менаџмент во Јокохама.Неговата богата професионална кариера започнува во банкарството и подоцна во берзанското работење, ја прави првата трансакција на македонската берза, потоа станува прв претседател на Брокерската асоцијација на Македонија, потпретседател на Евроатлантскиот совет на Р. Македонија, а од 1998 година продолжува со извршување на бројни високи функции како министер за трговија и министер за финансии во Владата на Република Македонија, гувернер на Македонија во Светската банка и во ЕБОР, претседател на Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија, советник на министерот за финансии на Република Србија во рамки на проект на УСАИД, a како пратеник во македонскиот парламент бил претседател на Комисијата за финансирање и буџет.Од мај 2003 до декември 2017 тој е претседател на партијата ВМРО-ДПМНЕ, а по неговото повлекување од оваа функција избран е за нејзин почесен претседател.Од август 2006 до јануари 2016 е претседател на Владата на Република Македонија.Од декември 2016 повторно е пратеник во македонскиот парламент. Во ноември 2018 врз основа на националната регулатива и меѓународните конвенции, Република Унгарија му доделува политички азил заради политички прогон во Република Македонија.Како министер и подоцна како премиер иницијатор и предводник е на голем број реформи од повеќе области.Во периодот додека е премиер, Македонија е земја со најниска вкупна даночна стапка во светот (The Global Competitiveness Report 2014–2015), лидер во Европа според бројот на новоотворени работни места по жител креирани од странски инвеститори (Ernst & Young, 2015), прворангирана во светот од аспект на создадени или новоотворени работни места (на милион жители) преку странски директни инвестиции (IBM Business Institute, 2016), неколку години помеѓу топ 10 реформатори во светот (World Bank, Doing business report 2008, 2012 и 2014), 10-та најдобра во светот и 5-та во Европа земја за лесно правење бизнис (World Bank Doing business report, 2016).Никола Груевски е човек кој има силна верба во Бога, а идеалот од којшто се раководи во текот на неговиот живот и работење е константна и исклучително посветена работа за доброто и просперитетот на својата земја.Никола Груевски е автор на книгата ,,Кон излезот-странските директни инвестиции, економскиот развој и вработеноста" (2007) и коавтор е на книгата ,,Македонската економија на крстопат" (1998).https://www.facebook.com/nkosteski/posts/10212119947113380

Македонија | пред 6 години

makedonec

(ФОТО) Македонец исчезна во Белград- му се губи секаква трага

Македонецот Лазо Павлев(42) исчезна во Белград на 25 септември, од кога му се губи секоја трага, пишува Блиц.Неговото исчезнување објавено е во регистерот на исчезнати лица, со објаснување дека Павлев престојувал во стан на Дорчол, кога контактот со нив последен пат е остварен на 25 септември околу полноќ.Сите околности на неговото исчезнување се непознати, а во апелот за помош во пронаоѓање, објавено е дека е висок 180 сантиметри, тежок 120 килограми, со кафени очи.

Македонија | пред 6 години

Zaev-1

(ЖИВО) Прес-конференција за реформата за укинување на квотите за лекови на територија на целата држава

Прес-конференција за реформата за укинување на квотите за лекови на територија на целата државаhttps://www.facebook.com/zaevzoran/videos/2359279924314265/

Македонија | пред 6 години

SILEGOV-1

Шилегов ја повика опозицијата да дебатираат со аргументи за Старата куќа!

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес конференција во врска со градежните активности пред ГТЦ, ја повика опозицијата со аргументи да дебатираат за ситуацијата со Градската куќа, објави Фокус.„За Градската куќа опозицијата немаше аргументи и затоа ја напушти седницата. Не да се кријат зад камера. И 10 души нека дојдат, нека викаат цело време, но да дојдат со аргументи, да дебатираме за таа работа. Зошто не го повикаа Мијалков – на местото на хотел „Мериот“ да ја имаме Градската куќа“, истакна Шилегов.извор: Фокус

Скопје | пред 6 години

durlovski-vo-sobranie111-162122

Дурловски: 30 септември е мојот датум за препорака

Синоќа, во пресрет на годишнината од референдум за Преспански договор, оперскиот пејач Игор Дурловски со пригодна порака на Фејсбук со која алудира на очекувањето на одлуката на Европски совет за датумот за преговори.„Беше гласен молк и единствениот светол ден во поновата македонска историја“, напиша Дурловски на ФБ.https://www.facebook.com/igor.durlovski/posts/2898355260183032

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

МВР со детали за убиството во Кочани

Убиство по крвава семејна драма во Кичево.Од полицијата информираат дека утрово во 05.20 часот Д.С.(30) од Кочани пријавил дека во семејниот дом на ул.”Климент Охридски” во Кочани неговиот татко В.С.(55) со остар предмет ја нападнал неговата мајка Н.С.(46).Според информациите во нападот Н.С., се здобила со повреди и била пренесена во болницата во Кочани.-Полициски службеници излегле на местото на настанот при што пронајдено е безживотното тело на В.С. со убодна рана во пределот на градите, велат од полицијата.Увид се врши од Јавен обвинител и екипа на ПС Кочани и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

gotvac

Сицилијански готвач уапсен поради канабис изјавил дека „само испробувал нови вкусови“

Сицилијанскиот готвач бил уапсен поради сомнеж дека продавал дрога откако полицијата пронашла канабис во неговиот дом, пренесуваат италијанските медиуми. Готвачот Кармело Кјарамонте поседувал марихуана и килограм индиска дрога, наведува полицијата.Во неговиот дом во Катанија е запленето вино со вкус на канабис, како и маслинки, кафе и туна во кои се откриени траги од марихуана.Кармело, наводно, на службениците за спроведување на законот им рекол дека „само испробувал нови вкусови“.Тој се опишал себеси како „консултант во областа на агро-храната во кујната на третиот милениум“, пишува италијанскиот весник „Ла Сицилија“.

Свет | пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

Од полноќ поевтинување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата, коишто ќе стапат во сила од ноќеска на полноќ. Согласно новиот ценовник, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.За потсетување малопродажната цена на бензините минатата недела се зголеми за два до 2,5 денари, додека на дизелот за 1,5 денар за литар.

Македонија | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Адвокатите на Катица Јанева вршат увид на доказите од ПИ-мерките

Адвокатите на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денеска ќе продолжат да вршат увид во доказите кои обвинителката Вилма Русковска ги има обезбедено против нивната клиентка во истрагаата „Рекет“. Според адвокатката Ирена Фрчковска денеска најверојатно ќе ги видат ПИ-Мерките кои биле употребени кон Јанева, откако претходно требаше да бидат декласифицирани.Како што веќе објави „Фокус“, освен осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, и Јанева била ставена под посебни истражни мерки, за потребите на истрагата за „Рекет“. Односно, обвинителството со судски налог ја следело или прислушувало Јанева, потврдија од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за „Фокус“.Текстот во целост на Фокус

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Маж каснат од куче скитник во Скопје

На 29.09.2019 во 11.40 часот во Полициската станица Бит Пазар, К.Т.(57) од Скопје пријавил дека на бул.„Гоце Делчев“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Сообраќајна несреќа на на локалниот пат за с.Долна Белица, струшко, повредени четири лица

На 29.09.2019 во 11.50 часот било пријавено дека на локалниот пат за с.Долна Белица, струшко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Џ.Ж.(77) од с.Велешта, струшко и патничко возило „мерцедес“, управувано од Х.Л.(21) од с.Октиси, струшко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Х.Л., а со телесни повреди се здобиле Џ.Ш. и две сопатнички од двете возила А.Л.(45) и И.Ж.(76),  кои биле пренесени во Медицинскиот центар во Струга и болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга.

Македонија | пред 6 години

pijani

Викендов СВР Скопје од сообраќај исклучи 105 возачи

Во текот на 27, 28 и 29.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 57 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 105 возачи, од кои: 63 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 33 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и девет возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 38 возила, од кои 37 биле нерегистрирани, а едно возило поради претовар. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, двајца поради неправило престигнување, 17 возачи затоа што не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, пет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се четири пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 220 мандатни платни налози, а 128 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен скопјенец кај кого полицијата пронашла марихуана

На 30.09.2019 во 00.45 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода Д.Н.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Приведени четири лица кај кои полицијата пронашла кокаин

На 29.09.2019 околу 21.50 часот полициски службеници на СВР Тетово во тетовското село Подбреѓе ги лишиле од слобода С.А.(21) од Мерово, Б.А.(24) од тетовското село Синичане и Е.А.(23) и Е.А.(28), двајцата од Тетово, поради тоа што при преглед кај нив бил пронајден кокаин. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

pajak-11

Отстранети 295 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје

Во текот на изминатата недела (23.09 - 29.09.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 295 возила од јавните површини.  Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 45 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 250  возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  477 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 45 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Скопје | пред 6 години

Erazmus

„Срничка“ и ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ добија грантови од Еразмус+

Детската градинка „Срничка“ и ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ добија грантови од програмата Еразмус+ што ќе се реализираат во периодот од 2019 до 2021 година.„Срничка“ е носител на два проекта. Првиот проект Еразмус+ КА229 е насловен „Градиме иднина“ и ќе се реализира во соработка со партнери од Србија, Бугарија, Италија и Португалија.Учесниците ќе бараат иновативни решенија, нови форми и методи на работа што развиваат позитивни исходи од учењето кај децата, како што се силно чувство за идентитет, самоуверени и вклучени деца и ефективни комуникатори.Вториот проект Еразмус+ КА101 е насловен „Најдобри практики на воспитувачи за инклузивна градинка“. Овој проект „Срничка“ ќе го реализира во соработка со партнери од Италија и Шпанија, а главната цел е да се обезбеди еднаков пристап и фер услови за рана поддршка на секое дете во неговиот развој.Исто така, и ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ почетокот на учебната година го одбележа со одобрени три гранта од програмата Еразмус+ насловени „Жив свет за среќни генерации“, „Не трошете, заштедете, Земјата е ваша“ и „Учиме преку игра“.  

Скопје | пред 6 години

hotel-2

Започна уривањето на хотелот дивоградба, сопственикот замоли полицијата да се повлече и да се спроведе решението

Започна уривањето на хотелот дивоградба  изграден на самиот брег на охридското езеро. Сопственикот на објектот крајно совесно и културно замолил да се повлечи полицијата и да се започне со уривањето на објектот спроведувајќи ги го решението за уривање кој го добил од општина Охрид.Инаку како што дознаваме, скоро сите угостители кои се сопственици на дивоградби или узурпирале државна земја, деновиве посетиле нотари и имаат подговтвени заверени изјави дека сами ќе си ги урнат објектите.Дали со ова ќе купуваат време или навистина сватиле дека времето на узурпации и експлоатации на народна земја и вода за лично богатење завршило останва да видиме. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

15-та „Бела ноќ“ на 15 локации во Скопје

Во сабота на 5-ти октомври, концерти, изложби, кино, театарски претстави, 3Д видео мапинг и уште многу други културни содржини ќе бидат дел од овогодинешната јубилејна 15-та „Бела ноќ“ во Скопје.На 15 локации, истовремено, уметници, музичари и сите кои се дел од „Бела ноќ“ на присутните ќе им понудат најразлична културно-уметничка содржина. Веќе 15 години, фестивалот ја доближува уметноста до граѓаните, со концептот кој одговара на урбаната заедница која се поистоветува со својот град.Како дел од овогодинешната програма, на платото пред Универзалната сала ќе се одржи концертот „50 години Скопски“, кој ќе започне во 20:00 часот. Овој настан ќе ја одбележи важноста на еден вака грандиозен фестивал на кој се родиле голем број музички имиња што оставиле огромни хитови, кои сеуште се актуелни. Во придружба на Биг бендот, скопјани ќе се потсетат на најголемите хитови од Скопскиот фестивал со настапите на Драган Мијалковски, Славе Димитров, Верица Ристовска, Лидија Кочовска, Сашо Гигов, Ѓоко Таневски, Сара Мејс и Ај Кју.Победниците на натпреварот во видео мапинг на Skopje Light Art District 2019, французите Џереми Ури и Милош Лисински, својата визуелна уметност ќе ја отсликаат на фасадата на катната гаража „26-ти јули“.Во МКЦ пак, како дел од 9-тото издание на фестивалот „НЕкултура“, посетителите ќе се забавуваат со прочуеното британско електронско дуо Paranoid London, но и со домашните Pluto’s Doubt, Sethstat, Barum Barum и останатите артисти и диџеи кои ќе бидат дел од фестивалот.Во МНТ од 22 часот ќе има премиера на претствата „КРУГ“, адаптирана според антологиското дело на Артур Шницлер (Reigen), а во режија на Наташа Поплавска. Претставата ја отвара вечната тема - потрагата за љубов, наспроти потребата за секс. Низ десет интимни сцени ќе влеземе во „креветите" на десет карактери кои како во ланец се врзуваат во еден затворен круг. Во главните улоги ќе ги видиме македонската актерка   Дејана Попоска која живее и работи во Париз и италијанскиот актер Јакопо Гaрфањоли. Претставата е забранета за помлади од 18 години, а ќе се одигра на англиски јазик со превод на македонски.Националната Опера и Балет ќе одбележи свој јубилеј, 70 години постоење со делата „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“.Многу други изложби, настани, претстави, концертни настапи во живо ќе се одржат низ Скопје – КИЦ, Театар Комедија, Музејот на македонската борба, Галерија 8 во Старата Чаршија, во паркот Ибни Пајко, Мала Станица, Градското кино Милениум како и во Музејот на современа уметност.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања