Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

fakulteti

Студентите денеска на прв академски час

На факултетите при универзитетите во земјава денеска свечено ќе биде одбележан почетокот на новата академска 2019/2020 година.На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на факултетите со први академски часови ќе бидат пречекани новите академски граѓани. Ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски ќе присуствува на првите академски часови на студентите на Факултет за музичка уметност, и на Економскиот факултет, кои ќе се одржат соодветно во просториите на овие факултети, со што симболично ќе испрати порака до сите новозапишани студенти на факултетите при УКИМ.Прв академски час за новата генерација студенти на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола ќе се одржи на тамошниот Факултет за информатички и комуникациски технологии.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе присуствува на првиот академски час на Факултетот за безбедност во Идризово, кој е членка на Универзитетот во Битола.По повод започнувањето на новата студиска година, на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип првиот академски час ќе се одржи во Мултимедијалниот центар сместен на Економскиот факултет на кој ќе се обратат студенти и ректорот на Универзитетот Блажо Боев.Воедно, Ликовната академија при УГД ќе отвори студентска изложба во уметничката галерија „Безистен“ насловена „Уметноста и човекот“, на која со свои дела ќе се пртетставата 12 студенти.Новата студиска година ќе биде одбележана и на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) со обраќање на ректорот Абдулменаф Беџети и претседателот на Студентскиот парламент Арјон Фејзулаи.

Македонија | пред 6 години

30092019_PVRSM_Zaev_sredba_Cipras_3

(ФОТО) Во витрината во кабинетот на Заев, фотографија од мигот кога се постигна договорот со името

Заев во витрината во својот кабинет покрај  свој личен портрет, фотографии од своите деца Александра и Душко, чува и фотографија  со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, поранешниот Грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас и Никола Димитров овековечена откако беше постигнат договорот со името. Токму оваа фотографија привлече големо внимание кај гостинот Ципрас кој синоќа беше во кабинетот на Заев.Покрај фотографиите во витрината на Заев има и топки како и многу книги.

Македонија | пред 6 години

dzip-1

(ВИДЕО) Како се крадат и пренесуваат дрва во Охридско со џипови без таблици?

Натоварен џип со дрва за огрев снимен во Охридско. Без ознаки и регистарски таблички. Каде е шумската полиција?Крадењето дрва за огрев веќе подолг период е мошне доходовен  бизнис за одредени лица не само во Охридскиот регион туку и низ целата земја. Полицијата вели дека се справуваат со оваа појава, но очигледно овој бизнис сеуште царува поготово во  овој период пред почетокот на грејната сезона. Овие возила се толку многу раздвижени и забележливи во вечерните и ноќните саати, но се наметнува прашањето каде е шумската и сообраќајната полиција и зошто истите не се запираат?

Македонија | пред 6 години

30092019_PVRSM_Zaev_sredba_Cipras_1

Заев - Ципрас: Договорот од Преспа ја смени реалноста меѓу двете земји и создаде нова, позитивна динамика во регионот

Во срдечна и пријателска атмосфера вечерва се одржа средбата меѓу претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, кој е во нашата земја на покана на угледниот магазин „Економист“ како еден од главните говорници на Самитот за Западен Балкан – „Зајакнување на моментумот на европските интеграции“ што се одржува во Скопје.Двајцата соговорници на средбата разговараа за придобивките од Преспанскиот договор и нагласија дека договорот ја заслужува севкупната поддршка од двете земји.Решението постигнато со договорот потпишан во Преспа ја смени реалноста меѓу двете земји и создаде нова, позитивна динамика во односите меѓу земјите во регионот, заклучија премиерот Заев и поранешниот грчки премиер Ципрас.Низ разговорот беше констатирано дека од 17 јуни минатата година соработката меѓу двете земји се продлабочува, откако беше поставена на темелите на договорот за ново пријателство и стратешко партнерство.На средбата Заев и Ципрас констатираа поголем број придобивки како што е зголемената трговска размена за 20% за само една година, покренатите постапки за нови гранични премини меѓу двете земји, блиската соработка во сферата на одбраната како дел од заедничките политики што произлегуваат од НАТО, во делот на безбедносната контрола на небото над Северна Македонија (Аir Policing), како и зајакнувањето на соработката во повеќе други области.На средбата во кабинетот на премиерот Заев заеднички беше поздравено скорешното полноправно членство на нашата земја во НАТО, чија завршна фаза, ратификацијата на Протоколот за пристапување, започна токму во парламентот на Република Грција.Двајцата соговорници на средбата ја поздравија силната поддршка за отпочнување на преговорите меѓу нашата земја и ЕУ, за која оценија дека доаѓа не само како резултат на Преспанскиот договор и позитивните ефекти на решавањето на билатералниот спор меѓу Северна Македонија и Грција, туку и заради исполнувањето на домашните реформи.  

Македонија | пред 6 години

siluvanje

Обид за силување на 16 годишно девојче во Кочани

Обид за силување на шеснаесет годишно девојче. Според информациите, насилникот не успеал во намерата. Утрово во 04.30 часот во Полициската станица Кочани, 49 годишен жител на Кочани пријавил дека околу 02.00 часот на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани непознато лице се обидело да изврши обљуба врз неговата 16-годишна ќерка, но не успеало. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

ajkula

(ФОТО) Албанските рибари уловија ајкула од опасниот вид „дем“, тешка над 100 килограми

Албански рибари уловија ајкула од опасниот вид „дем“.Пленот кој „паднал“ во мрежите на рибарите од јужното градче Химара, околија Валона, долг е два метра а тежок над 100 килограми.Ова е втор случај на уловена ајкула од овој вид во водите на Јонско Море кај Химара. Претходно беше уловена ајкула со должина од четири метри и тешка околу 412 килограми, што е најголема уловена ајкула во земјата.Ајкула од овој вид беше уловена и од мрежите на албанските рибари од приморскиот град Валона на околу три милји од островот Сазан. Пленот беше долг три метри а тежок околу 100 килограми.Според биолозите, ајкулите од видот „дем“ се на второ место по опасност по белата ајкула.Во последно време се почести се случаите албанските рибари во своите мрежи меѓу пленот да најдат и ајкула.Тежината на уловените ајкули се движи од 100 до 400 килограми, а месото завршува во угостителските објекти.

Свет | пред 6 години

instagram

Девојка од Тетово креирала лажни профили на Инстаграм и Снепчет и злоупотребувала лични податоци

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.А.(20) од с.Гургурница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во текот на јуни 2016 пријавената, на социјалната мрежа „Instagram“ и апликацијата „Snapchat“, креирала лажни профили со лични податоци на име В.К.(31) од Тетово и на нив објавувала фотографии од В.К. со компромитирачка содржина.

Македонија | пред 6 години

134301833

Кривична пријава за две лица, имале огревни дрва, без соодветна документација

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р.(29) од с.Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на дрва и против Н.Ѓ.(46) од с.Теново поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „помагање“ во врска со „злоупотреба на лични податоци“. На 30.03..2019 во с.Челопек, тетовско, полициски службеници, при преглед во двор од куќа во сопственост на првопријавениот пронашле и одзеле огревни дрва, без соодветна документација. По преземени мерки било утврдено дека второпријавениот, како референт во Национални шуми - Подружница Лешница, Тетово, на првопријавениот му издал дозвола за сеча на дрва со податоци од друго лице.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

СВР Штип за неколку саати регистрираше 30 тина прекршоци

СВР Штип, во периодот од 22.00 часот на 28.09.2019 до 04.00 часот на 29.09.2019, спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола, кај 16 возачи било утврдено присуство на алкохол. Сите биле исклучени од сообраќај, на сите им биле одземени возачките дозволи и издадени им се мандатни платни налози. Санкционирани се и 30 останати прекршоци. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

СВР Тетово „ловеше“ пијани возачи

Во периодот од 22.00 часот на 28.09.2019 до 04.00 часот на 29.09.2019 на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат под дејство на алкохол. При контролата биле откриени 15 прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-6). Сите прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. Во акцијата, констатирани се и 29 други видови сообраќајни прекршоци. Изминатиот викенд, исто така, спроведена е и акциска контрола за првенство на минување, при што биле откриени 30 прекршоци (ТЕ-26 и ГВ-4 ). Утврдените прекршоци санкционирани се со соодветни поднесоци. 

Македонија | пред 6 години

sugareski

Сугарески: Се гради патот од Струга до Ќафасан, но се зависи од градежната сезона

Министерот за транспорт Горан Сугарески потврди дека патот од Струга до Ќафасан се гради, но кога ќе завршат градежните работи ќе зависи од градежната сезона која е на самиот крај пред зимата.„Најбитни е сега дека е почнато. За месец – два завршува градежната сезона и не сакам да шпекулирам со точен термин, треба да се види и точно во договорот, па ќе ве информирам. Многу зависи сега и од градежната сезона, знаете дека на крајот на ноември – декември завршуваа сезоната“, рече Горан Сугарески министер за транспорт и врски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Софија со услов за преговорите на Скопје со ЕУ

Пристапувањето на Македонија во НАТО и ЕУ е важен чекор во обезбедувањето на мирот и одржливиот развој на Источна Европа. Иднината на Македонија е во ЕУ и оваа шанса не треба да се изгуби, порача бугарскиот претседател, Румен Радев, по консултативната средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов, вицепремиерката и шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева, и министерот за одбрана, Красимир Каракачанов.„Посебно внимание треба да се посвети на наставните планови, текстовите во учебниците , натписите во музеите како и на позициите на јавните медиуми. Исто така е важно да се истакнат таканаречните црвени линии кои мора да обезбедат дека европската интеграција на Северна Македонија не е на штета на употребата на бугарската историја, јазик и идентите како монета“, рече Радев.Премиерот Бојко Борисов рече дека ако Бугарија ја запре Македонија за ЕУ, тоа би било преседан во историјата, бидејќи немале поблизок народ од македонскиот.„Нашата позиција од првиот ден до сега е јасна. Исклучите е важно да бидат примени во Европската унија, но многу е важно да разберат дека зависи од нас. Нема да може на наша сметка тоа да се случи прекројувајќи ја историјата. Затоа ние сме ги дале нашите права на Комисијата и ден порано ако се разберат добро ако не ќе чекаме да ги видиме нивните рекации. Нека бидат смели и нека имаат кураж, местото на Северна Македонија и на луѓето таму се во Европската Унија. Да не ја проиграат оваа шанса“, вели Борисов.

Македонија | пред 6 години

IMG_1288

Brass Brothers, повторно изненадува со нов cover на WAITING ALL NIGHT – RUDIMENTAL

Македонската музичка атракција Brass Brothers, повторно изненадува со нов cover, но овој пат имаат и вокална поддршка од нивната сограѓанка Елена Тодосиоска. Ако сакате вистинска забава која нема да ве остави рамнодушни, топло ви ги препорачуваме забавите на коишто настапуваат овие момци. Во прилог ви ја претставуваме нивната нова cover верзија на Waiting All Night – Rudimental. Уживајте!

Магазин | пред 6 години

30092019_PVRSM_Zaev_press_za_ukinuvanje_na_kvoti_za_lekovi-1

Заев Филипче ,Дончев и Рамадани: Од 1 октомври се укинуваат квотите за лекови и нив ќе ги има за сите граѓани во секое време

Укинување квотите за лекови во аптеките со што ќе се обезбеди редовен пристап до лекови на рецепт во текот на целиот месец и ќе се надмине проблемот со недостатокот на лекови, беше темата на прес-конференцијата на која за оваа мерка информираа претседателот на Владата на република Северна Македонија,Зоран Заев,заедно со министерот Венко Филипче и директорите на Фондот за здравство, Ден Дончев и Орхан Рамадани.Мерката ќе се применува од утре,  1 октомври.„Мерката е многу значајна заради тоа што дефинитивно отстранува една тешкотија со која живееја граѓаните. Јас верувам дека заедно со целиот пакет мерки што ги воспоставуваме во здравствените услуги се отворапроцес за обезбедување поквалитетно здравство за сите. Достапноста и навремениот пристап до лекови за граѓаните е многу значајна работа како дел од здравствениот системкако приоритет владата за сите граѓани од различни возрасти“, рече премиерот Заев.Тој посочи дека државата е во стабилна и ликвидна финансиска состојба и може да преземе еден вака храбар чекор, со кој, како што нагласи премиерот, се отстранува психолошката бариера од недостиг на лекови, која што досега постоеше, а паралелно со оваа мерка се зајакнуваат и контролните механизми за да се елиминираат злоупотребите.„Одредени индиции укажуваа дека се правени кривични дела со рецептите, што секако како појава ќе бидат предмет на внимание и ќе сепроцесираат преку надлежните органи“, подвлече премиерот.Премиерот Заев, нагласи дека ова е само една од мерките кои се преземаатза унапредување на здравствениот систем во Република Северна Македонија, на што се надоврза во своето обраќање и министерот за здравство, Венко Филипче, кој истакна дека со оваа мерка се решава едно прашање кое засегаше голем број граѓани.„Со оваа мерка, го решаваме деценискиот проблем со недостатокот на лекови и обезбедуваме квалитетни здравствени услуги и лекови согласно потребите на граѓаните. Пациентите се нашиот главен фокус во здравствениот систем. Во месец август почна првата фаза од укинувањето на квотите во аптеките во Охрид, Ресен, Струга, Дојран и Гевгелија и овој пилот проект се покажа успешен“, рече министерот Филипче, подвлекувајќи дека граѓаните нема повеќе да стравуваат дека може да останат без потребниот лек, нема да прават залихи и лековите ќе се користат рационално.„Укинувањето на аптекарските квоти за лекови и воспоставувањето на нов електронски систем за подигање, овозможува повеќекратен бенефит за сите граѓани, пациенти, аптекари, лекари и медицински работници. Новиот начина на препишување и подигање на лекови е општествена вредност во интерес на сите“, оцени директорот на ФЗО, Дончев.Тој заедно со директорот Рамадани ја објаснија процедурата на подигање на лекови на рецепт која ќе биде со лична карта на пациентите, потенцирајќи дека административната работа на Фондот ќе стане поефикасна и поевтина и ќе постои увид за евентуални недостатоци или застои во распределбата на лекови.„Со легитимирање при подигање на лекот, граѓаните даваат свој придонес и го остваруваат своето законско право на одговорно и рационално трошење на средствата што ги издвојуваат за своето здравствено осигурување. Притоа нагласувам, постарите лица, деца под 18 годишна возраст, како и лица кои не се во состојба сами да ги подигнат лековите, не треба да стравуваат дека ќе останат без лек. Предвидена е можноста, во нивно име, нивни блиски да може да го подигнат лекот“, информираше директорот на ФЗО, Рамадани. 

Македонија | пред 6 години

lekovi-apteki

Од 1 октомври 2019 година лекови на рецепт - секој ден во месецот

Од утре, 1 октомври 2019 година, осигурениците ќе подигнуваат лекови на рецепт во секој ден во месецот, во секоја аптека која има договор со Фондот.Oд оваа мерка бенефит ќе имаат сите, иосигурениците и здравствените работници, бидејќи повеќе нема да има потреба од создавање редици во аптеките, а граѓаните ќе немаат потреба да создаваат залихи од лекови во своите домови, затоа што аптеките од 1 октомври 2019 година повеќе немаат квоти за лекови на рецепт.Осигурениците, лекот ќе може да го добијат во која било аптека и во кое било време, без разлика дали е почеток или крај на месецот.Исто така, нема да има потреба да се создава метеж кај матичните лекари  за пропишување  рецепти во првите денови од месецот.  Односно, осигурениците ќе може да  се упатат кај својот матичен лекар тогаш кога ќе имаат потреба да им биде пропишан одреден лек.Осигурените лица може да подигнуваат лекови на товар на Фондот во аптека само со уреден и важечки рецепт за пропишан лек на товар на Фондот и документ за лична идентификација (лична карта или пасош) на увид.За лицата кои, од било која причина, се спречени, како и за малолетните деца, лековите во аптека може да ги подигнува друго лице, кое ќе приложи документ за лича идентификација.Доколку во некоја аптека се случи да го нема пропишаниот лек, во таков случај осигурените лица тоа  можат да го пријават  во Фондот за здравствено осигурување и во Агенција за лекови и медицински средства.

Македонија | пред 6 години

kisela-voda

Општина Кисела Вода објави оглас за материјална поддршка на спортски субјекти

Општина Кисела Вода денеска објави оглас за материјална поддршка на спортски клубови/здруженија и за спортски манифестации.За добивање на материјалната помош можат да аплицираат сите спортски субјекти кои со своите програми и активности придонесуваат за развој на спортот и физичката култура кај децата и младите на територијата на Општина Кисела Вода.Локалната самоуправа на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски втора година по ред на спортските субјекти кои успешно го развиваат спортот и кои одржуваат спортски манифестации во Кисела Вода им доделува материјална помош.Рокот за пријавување започна денес и трае до 4 октомври, до 16:30 часот. Пријавите со потребната документација се доставуваат лично или по пошта на адреса: Општина Кисела Вода, ул. „Петар Делјан“ бр. 17 или во архивата на Општината со назнака: Пријава за јавен оглас за материјална поддршка на спортски субјекти и манифестации - Комисија.Заинтересираните за аплицирање на огласот повеќе информации може да добијат на веб страната на Општина Кисела Вода, на следниот линк: http://www.kiselavoda.gov.mk/ .

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: Пред една година, над 660.000 граѓани гласаа за ЕУ и НАТО, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа и уште се против

Денеска се навршува една година од референдумот „За Европска Македонија“.  Над 660.000 граѓани излегоа не реферндумот а близу 610.000 гласаа За. Ниту една политичка опција, ниту една политичка програма досега не добила толку масовна и јасно изразена поддршка, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник. Пред една година, граѓаните јасно и недвосмислено порачаа дека се за ЕУ и НАТО, за напредок, сигурна иднина, преку прифаќање на Договорот од Преспа. Со својот мнозински глас, граѓаните упатија силна порака: сакаме иднина во НАТО и во Европската Унија.Пред една година, единствени против европската иднина, против ЕУ и НАТО беа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тие свесно избраа да не бидат дел од историската шанса. До денеска, една година подоцна, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште работат против интересите на граѓаните и против ЕУ и НАТО.Единстено бранат криминал на поранешниот режим, заглавени во минатото на нивниот почесен и вистински претседдател, Никола Груевски. Кочењето на реформите и напредокот не даде резултат. Една година подоцна нашата држава е светол пример во регионот и партнер на демократскиот свет.Членството во НАТО е извесно, Република Северна Македонија 30 земја членка на Алијансата. По спроведените реформи, со право очекуваме датум и почеток на преговорите со Европската Унија.Како одговорна партија, носител на промените, продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, државата и нивната иднина, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник. 

Македонија | пред 6 години

Dimsa-PRESS-3009-2

Арсовски: Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој за жал ја опустоши Република Македонија

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој за жал ја опустоши Република Македонија.  Зоран Заев од самиот почеток, откако дојде на власт, знаел што работи и какви дејанија врши Бојан Јовановски алијас Боки 13. Вчера, Зоран Заев во свое излагање призна неколку работи во однос на Боки 13 и и неговата телевизија 1ТВ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Практично Заев вчера призна дека во телевизијата 1ТВ имало скриено сопствеништво од страна на Боки 13, што всушност е забрането со закон во Република Македонија. Знаел и воопшто не покренал никаква иницијатива за да се преземе нешто од надлежните институции. Практично во целиот проект Зоран Заев бил соучесник од самиот почеток и негова поддршка, односно поддршка Бојан Јовановски односно Боки 13.Зоран Заев вчера изнесе и уште едно посериозно признание, а тоа е дека истата телевизија во која Боки 13 имал скриено сопствеништво била „провладин медиум”, потенцирам ја окарактеризира како „провладин медиум“ и практично целото време работела во корист на власта од самиот почеток па се до нејзиното затворање.Со самото тоа што за медиумот на рекетарот Боки 13, Зоран Заев призна дека бил „провладин медиум” значи дека во пресрет на референдумската кампања и кампањата за претседателските избори 1ТВ работела единствено во корист на Зоран Заев и СДСМ.Со ова Заев и власта комотно може да се заклучи дека се одговорни за следново дело: примање награда за противзаконито влијание, односно нематеријална награда, со што би се здобиле со повисок рејтинг и политичка корист за премиерот и за власта.Да потсетиме дека 1ТВ е вмешана во најголемиот случај „Рекет“ и дека не би можел скриениот сопственик Боки 13 да рекетира без да ја има поддршката од Зоран Заев и од СДСМ.Зоран Заев е човек за кој криминалот е секојдневие и навика. За Заев криминалот и прекршувањето на законите е нормална појава, нормална работа и практично дел од неговото секојдневие.Затоа одговорност за целиот криминал мора да има, и кога тогаш ќе има, веднаш штом се врати правната држава во Република Македонија, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Naum-PRESS-3009-2

Стоилковски:Заев ја потврди спрегата на октоподот, ја потврди спрегата на извршната и јавнообвинителската власт, потврди дека е запознаен со рекетирањето и случајот „Рекет 2“

Зоран Заев денеска одговори за случајот „Рекет 2“, и за на повиците Ден Дончев и Венко Филипче да бидат изземени од позициите заради поднесена кривична пријава против нив за рекетирање, злоупотреба на државни институции и обиди за преземање на домашна компанија. Зоран Заев со денешниот заеднички настап со Ден Дончев и Венко Филипче, потврди дека имале средби со Зоран Милески Кичеец, човекот со кој што се надополнува кривичната пријава за „Рекет 2“. Зоран Заев потврди дека знаел за „Рекет 2“ и дека е вистина наводот во Кривичната пријава за одвраќање на странскиот здравствен гигант да влезе во Македонија. Зоран Заев денеска откри дека речиси цела година однапред знае што ќе работи обвинителството и знае против кого и каков случај ќе отвора обвинителството. Зоран Заев ја потврди спрегата на октоподот, Зоран Заев ја потврди спрегата на извршната и јавнообвинителската власт, Зоран Заев потврди дека е запознаен со рекетирањето и случајот „Рекет 2“, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Октоподот на власт нема намера да има расчистување на високата корупција. Зоран Заев застана со Ден Дончев и Венко Филипче, што според сите критериуми е покажување на политичка заштита врз овие двајца среде отворен процес по поднесена кривична пријава!Наспроти лагите за борба против високата корупција, Зоран Заев со денешниот настап со Ден Дончев и Венко Филипче упати невербална порака дека треба случајот да се забошоти. Оттука Заев невербално порача дека двајцата нема да бидат тргнати од позициите каде што може да влијаат врз докази и сведоци. Заев невербално порача дека е против расчистување на дилемите имало или не исплаќани месечни транши кај благајник со брада во струмичко. Едноставно, Заев со денешната прес конференција со Дончев и Филипче упати невербален притисок врз правниот систем во Република Македонија.Има кривична пријава против Дончев, Филипче и Кичеец, во која стои дека тие спречуваат продажба на македонска приватна компанија, сакаат да имаат удел во продажбата, можеби сакаат да ја преземат компанијата, се споменуваат месечни транши, рекет до благајник со брада во струмичко, и никому ништо? Според кривичната пријава, била злоупотребени нивните институции каде што управуваат и УФР и била најавена истрага скоро цела година пред истрага и да се случи, а сега и Зоран Заев го потврдува тоа, и никому ништо? Зоран Заев потврдува дека точно знае дека капиталот од трговијата е замрзнат, иако и по година дена од истрагата дека нема никаков докажан криминал, што е класичен пример за притисок врз домашниот бизнис и одличен пример за бизнис амбиентот во Република Македонија!Се додека државната мафија, октоподот е на власт, Македонија нема да исполни едно круцијално прашање за евроинтеграциите, а тоа е борба против криминалот и корупцијата. А, токму тие се одлика на оваа власт. Со заштита на корупцијата и вмреженоста со правосудниот систем не се носат храбри, напротив се носат криминални одлуки. Сиот овој период на владеење на октоподот го отсликува криминал и корупција!„Рекет 2“ е продолжение на обидите на октоподот на власт да ја убијат борбата против високата корупција, „Рекет 2“ е продолжение на срамната истрага за „Рекет 1“, за забошотувањето на истрагата за „Леонардо“ и за сите коруптивни скандали на октоподот.Ова е неподносливо и неиздржливо за капацитетот на Македонија, потребни се итни избори, избори за обнова на Македонија и конечно понесување на одговорност за севкупната девастација на Република Македонија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Foto-4-2

Претседателот Пендаровски се сретна со претставници на Македонската банкарска асоцијација

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари средба со претставници на Македонската банкарска асоцијација. На средбата претставниците на Македонската банкарска асоцијација ја претставија работата на здружението, кое во себе обединува 15 банки и две штедилници и беа разменети мислења за актуелните состојби во банкарскиот систем во Северна Македонија. Претседателот Пендаровски посочи на потребата за зајакнување на правната сигурност, како еден од клучните предуслови за водење стабилен бизнис. Споредувајќи ја актуелната состојба во државата со состојбата од 2015 година, претседателот Пендаровски нагласи дека Северна Македонија од длабока политичка криза стигна до висока стабилизација и до период кога веќе говориме за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија за две до три недели и за полноправно членство во НАТО за неколку месеци. Претседателот Пендаровски рече дека во делот на правната држава, три децении наназад не можеме да се пофалиме со висок стандард во таа област. Направен е исчекор, но сеуште има многу работа, посочи Претседателот, осврнувајќи се на последниот случај „Рекет“. „Ова е тест во смисла дека не смее да се случи никакво евентуално вмешување на било кого од страна, дали од бизнис заедницата, дали од политичка страна, никакво вмешување за да се истера случајот до крај. И конечно да покажеме, после многу години независност, дека е возможно и кога се вмешани, по дефиниција по она што го знаеме до сега, високи интереси, големи пари, и луѓе кои биле на висока функција, како специјален јавен обвинител, што не е мала функција, да покажеме дека правосудниот систем во целина може да одреагира, да ја заврши постапката, според сите закони, како што треба, во сите инстанци. Инаку во спротивно не можете да ги убедите граѓаните дека има правна држава која важи за сите“, рече претседателот Пендаровски. Претседателот Пендаровски посочи на потребата од вклучување на Македонската банкарска асоцијација во пристапните преговори со Европската унија, како најдобри познавачи на состојбите од нивната област. Без луѓе од реалниот сектор, рече Претседателот, ќе добиеме лоши и неприменливи решенија. Претседателот Пендаровски порача дека нема да биде претседател кој ќе се затвори во кабинетот и кој ќе потпишува само укази, туку тој и неговиот Кабинет ќе бидат секогаш отворени за сугестии и предлози.

Македонија | пред 6 години

71186214_2328845587444096_2896319854711668736_n

Продолжува работниот процес за позелен Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и директорот на Јавното Претпријатие “Паркови и Зеленило“ Ардијан Муча секој ден се грижат за позелен Чаир. Оваа одлична соработка ја продолжуваат во главниот парк во населба Топанско Поле, каде извршија надзор над интензивниот работен процес кој се одвива за негово целосно уредување во вкупна површина од 10 000 м2.Општина Чаир ќе се погрижи новиот парк да поседува:- нови парковски клупи- корпи за отпадоци- патеки за движење на граѓаните- два агола со детски реквизити- ново улично осветлување и- фитнес зони на отворено.

Скопје | пред 6 години

pariz

Во Париз птрезентиран првиот извештај за исполнување на препораките од УНЕСКО

Првиот извештај за напредок по однос на препораките од последната сесија на Комитетот на светско и природно наследство, државната делегација во која е и градоначалникот Константин Георгиески, го презентира денеска во седиштето на УНЕСКО од Париз, Франција. На средбата со Мечтил Рослер, директор на Центарот за светско културно наследство при УНЕСКО и Изабел Анатоле- Габриел, шеф на Одделот за Европа и Северна Америка, градоначалникот Константин Георгиески, информира за чекорите кои се преземени во однос на имплементацијата на препораките и обврските преземени на сесијата на Комитетот што се одржа во Баку. Беа презентирани преземањата во однос на препораките кои се под ингеренции на државните институции, микроменаџментот на локално ниво и чекорите преземени од страна на општина Охрид.Претставниците на УНЕСКО изразија поддршка и задоволство за посветеноста и прогресот што е направен за реализирање на препораките од сесијата на Комитетот во Баку, со надеж дека процесот ќе продолжи со истиот интензитет.На средбата беше најавено дека во месец ноември, претставници на УНЕСКО ќе дојдат, за на терен да ја скенираат состојбата и да се уверат за постигнатиот напредок.Во рамки на состаноците и официјалните средби со високи претставници на оваа меѓународна органзација, беа презентирани актуелните состојби, преземените активости и мерки на локално и централно ниво, за да се исполнат 19-те препораки од последната реактивна мисија на УНЕСКО од 2017 година.Во текот на изминатите три месеци, општина Охрид покажа значителен напредок во делот на исполнување на препораките. Покрај Акцискиот план за постапување кој беше донесен на почетокот на месец август, Советот на општина Охрид ја усвои и Одлуката за времен прекин на донесувањето и спроведувањето на урбанистички планови и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти. Со оваа одлука веќе е исполнета препораката под реден број 6.Во однос на препораката под реден број 9, во месец јуни беше изготвен Регистар на бесправно изградени објекти, за кои во периодот од 2006-та година до мај 2019-та година, инспекциските служби имаат констатирано прекршувања на Законот за градење и имаат донесено некаков акт со кој се утврдува нелегална градба. Изработен е детелен попис на градбите, а во тек е изработка на оцена на влијание на бесправните градби врз културното и природното наследство.Во согласност со законските процедури, општина Охрид веќе ја започна акцијата за отстранување на бесправните градби, која се одвива по утврдена динамика. Во рамки на акцијата, ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки и акцијата за уривање ќе ги опфати сите физички или правни лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на општина Охрид. Во однос на превенцијата на понатамошни бесправни градби во Охрид, општината ги засили инспекциските контроли и го доекипираше општинскиот инспекторат, со уште двајца нови градежни инспектори.Во делот на препораката под реден број 18, во тек е изработка на Сообраќајна студија за Охрид, а веќе функцинира постојан режим на сообраќај со електронска евиденција на возилата во стариот дел на градот. Исто така значаен напредок има и во однос на препораката под реден бвој 19, врз основа на која се пристапи кон отстранување на неавтохтоните видови на растенија (палми) и рекламните паноа-билборди.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ООУ „Коле Неделковски“ со новата акустична училница се вклучи во проектот „Дишеме здраво, слушаме јасно, учиме успешно – со КНАУФ“

Денес во ООУ „Коле Неделковски” во Скопје беше претставенa донацијата која е дел од проектот „Дишеме здраво, слушаме јасно, учиме успешно - со КНАУФ”, кој има за цел да ја подобри акустиката во училниците во кои учениците го поминуваат поголемиот дел од наставата, како еден од клучните фактори во подобрувањето на успехот на учениците. Дел од кампањата беше изработка на акустични уличници во едно средно, четири основни училишта и една градинка во различни делови на државата.„По повод одбележувањето на 25 годишнината од постоењето на Кнауф во Македонија, а поаѓајќи од фактот дека добрата акустика е неопходна за разбирлив и јасенговор на наставникот, го започнавме овој проект со кој сакаме учениците,наставниците, родителите како и сите засегнати страни да ги увидат придобивките од следењето на настава во училница која е изработена по светски стандарди за акустика,со примена на плочите Кнауф Cleaneo. Кај нас, за жал, училниците не се акустички третирани поради што многу ученици често не успеваат да ги разберат предавањата и се откажуваат од следење на настава. Истовремено, во училниците без акустика имаме зголемена бучава која е напорна и за наставнците и за учениците. Со овој проект сакаме да ја подигнеме свеста, да ги поттикнеме и останатите компании и институции да се вклучат во заложбата за подобрување на условите во образовните институции и сите заедно да допринесеме за поквалитетно образование”, изјави Велимир Петровски,раководител на продажба во Кнауф Македонија.„Сакам да ја изразам мојата благодарност до КНАУФ Македонија, што овозможи и основното училиште „Коле Неделковски“, да биде дел од еден убав и корисен проект како „Дишеме здраво, слушаме јасно, учиме успешно – со КНАУФ“. Како градоначалник, на врвот на приоритетите ми е образованието на најмладите. Тоа е столбот врз кој почива нашата иднина и иднината на нашата држава. Нашата, мојата обврска, е училиштата во Центар на учениците да им овозможат настава по европски услови и тие да служат за пример и на другите училишта во земјата.Овој проект и оваа акустична училница нека бидат мотив плус за нас, возрасните да продолжиме да работиме секојдневно на подобрување на условите во основните училишта, а за децата, да имаат успешна и корисна настава”, изјави Саша Богдановиќ – градоначалник на Општина Центар.„Благодарност до градоначалникот г-дин. Саша Богдановиќ што ни овозможи да бидеме дел од овој проект и до регионалниот директор на Кнауф, г-дин. Тодор Деловски за донацијата во нашето училиште, а се со една цел да се обезбедат квалитетни услови во наставата.Во оваа училница се реализира наставата по музичко, хор и оркестар, како и изучување на странски јазици а придобивката од проектот се состои во тоа што звучната акустика е подобра, а звукот е полн и целосен”,изјави Светлана Масларевска – директор на OОУ Коле Неделковски.Освен одличната акустика,плочите Кнауф Cleaneo го прочистуваат воздухот во училниците. Благодарение на зеолитот, плочите Cleaneo ги разградуваат штетните материи и испарувањата во воздухот и придонесуваат за поздрав амбиент во училниците и поголема концентрација кај учениците.Проблемот со лоша акустика инаку е присутен не само во образовните институции, туку и во јавните објекти, деловните простории, хотелите, рестораните, болниците итн. Ова е еден мал чекор кон подобрувањето на условите за учење на нашите деца, но и будење на свеста за овој проблем кај стручната фела. Конечно, сите ние комуницираме преку звук.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Собраниска делегација на есенска сесија на ПССЕ

На есенската сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа која од 30 септември до 4 октомври 2019 година, ќе се одржи во Стразбур,Франција,  учествува Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во состав Бетиан Китев, шеф и Шпреса Хадри и Никола Попоски, членови.На оваа сесија, на пленарна седница пратениците ќе гласаат за резолуција по извештајот  за Пост моноторинг дијалогот на Советот на Европа  со Република Северна Македонија, кој опфаќа прашања врзани со развојот на демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите права во земјата.Според агендата на сесијата, претседателот на Француската Република, Емануел Макрон ќе има свое обраќање, а потоа и ќе одговора на прашања од пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа.Францускиот државен секретар за европски прашања, Амели де Моншалин ќе се обрати во својство на претседавач со Комитетот на министрите, а пред Собранието ќе се и обрати Марија Пејчиновиќ Буриќ, новоизбраниот генерален секретар на Советот на Европа.Теми за кои ќе дебатираат пратениците се заштитата на свиркачите, заедничките стандарди за институциите на народниот правобранител и заштитата на жртвите од тероризам, како и зачувувањето на еврејското културно наследство. Собранието ќе ги разгледува и извештаите за климатските бегалци и миграцијата на трудот во Источна Европа, како и извештајот за придонесот на Банката за развој на Советот на Европа за поинклузивно општество. Точка за која се бара итна расправа е повредата на демократските права и задушувањето  на мирните протести во Руската Федерација како позадина на изборите за градскиот совет во Москва.Како и вообичаено на почетокот на есенската сесија, на специјална церемонија ќе биде прогласен победникот на  наградата за човекови права „Вацлав Хавел“ за 2019 година - од тројцата кандидати кои влегоа во потесен избор. Наградата се доделува секоја година за особени залагања во одбрана на човековите права во Европа и пошироко и се состои од сума од 60.000 евра, трофеј и диплома.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Шилегов: Со новиот плочник пред ГТЦ, Скопје добива уште еден уреден јавен простор

Почна уредувањето на плочникот влезот на ГТЦ и градскиот плоштад, проект што градоначалникот Шилегов го најави и објасни на денешната прес конференција.- Ова е еден од најзапуштетните простори во централното градско подрачје, а во наредниот период ќе се одвиваат градежни активности што ќе значат целосно осовременување и целосен нов лик на овој простор. Тука е и местото каде што е родена Мајка Тереза која во 80-тите години го засадила дрвото во малото паркче, место што претходно беше продадено за да се изградат шпанските скали. Овде ќе ја покажеме различноста, со нов и модерен јавен простор што граѓаните го заслужуваат – изјави Шилегов.Град Скопје сериозно инвестира во нови јавни површни бидејќи тие се места што најмногу ги користат граѓаните.  Пред ГТЦ, освен плочки од три вида, на површина од речиси 5000 квадратни метри дополнително ќе бидат засадени 22 костени, ќе биде изведена патека за лицата со инвалидитет, а ќе биде поставена и соодветна урбана опрема со оптимален број клупи, корпи за отпадоци, осветлување и заштитни столбови.- Верувам дека граѓаните веќе препознаваат како чекор по чекор го менуваме изгледот на градот на начин што обезбедува сериозно повисоки стандарди за квалитет на урбаните јавни простори. Менувајќи го изгледот на централното градско подрачје на овој начин за 2-3 години сите заедно ќе уживаме во едно многу попријатно и поубаво Скопје со кое уште повеќе ќе се гордееме – нагласи Шилегов.По уредувањето, овој простор заедно со Зелениот покрив на ГТЦ ќе формираат една убава целина која ќе привлекува многу повеќе минувачи што несомнено ќе значи и повеќе потрошувачи за угостителските и за трговските објекти во центарот на главниот град.За реализацијата на овој проект од градскиот Буџет ќе се потрошат  околу 33,2 милиони денари со вклучен ДДВ.  

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања