Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

pari-evropski

Со европски методи ќе се проверува квалитетот на воздухот во Охрид - пред општина Охрид поставен првиот сензор

Во организација на општина Охрид. Делегацијата на Европската унија, Министерството за локална самоупрва и Државниот инспекторат за животна средина, денеска во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа манифестацијата „ Европски ден за соработка“. Централниот дел на манифестацијата беше посветен на  Програмата „Интерег Балкан-Медитеран“ .-Општина Охрид контрибуира со своите ресурси во неколку европски проекти, посебно во рамките на оваа програма, а се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме со нашите активности да дадеме силен придонес на промовирање на европските вредности, пред се во областите едукација на младата популација, културното и природното наследство и животната средина.Европскиот ден на соработката ги посочува достигнувањата постигнати преку територијалната соработка на илјадници луѓе секоја година. На овој начин се зголемува видливоста и се подигнува јавната свест за Интерег Ипа прекуграничната соработка, транснационалните и интернационалната соработка и нивните проекти.Иднината е кај најмладите и на сегашните и идните генерации треба да им обезбедиме здрава животна средина, а овој проект токму е фокусиран на следењето на квалитетот на воздухот во Охрид преку нови иновативни методи, а ќе биде и од особено значење за планирањето на идните активности и мерки во оваа област- рече заменик градоначалникот Ристо Николески.Пред зградата на општина Охрид е поставен првиот сензор за следење на еколошките параметри на воздухот, како дел од активностите на пилот проектот „ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух–„AIRTHINGS“, кој е дел од програмата „ Интерег Балкан Медитеран“ на Европската унија.Проектот „„AIRTHINGS“ предвидува поставувањето на 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошки параметри на подречјето на општина Охрид, како и поставување/инсталирање на 15 филтри за домаќинства кои користат цврст енергенс за затоплување на своите домови.-„ Интерег Балкан- Медитеран“ програмата е само дел од бројните фондови кои се поддржани од Европската унија, кои треба да се реализираат, бидејќи тие се знак за нивната поддршка на нашиот пат кон евроатланските интеграции- рече заменик- министерот за локална самоуправа Дејан Павлески. Претставникот на Државниот инспекторат Дарко Блинков, додаде дека постојано се зголемува бројот на трансграничните проекти и дека радува фактот што има многу проекти што се поврзани со заштитата на животната средина.На манифестацијата „ Европски ден за соработка“ учениците од училиштето „ Братство- Единство“ од различните етникуми кои беа дел од овој настан преку интерактивна игра сплотени испратија пораки на обединување на различните религии, народи и држави, промовирајќи ги европските вредности на соживот, почитување на културата и заштита на животната средина.Денот на европска соработка се одбележува секоја година во земјите што имплементираат програми за територијална соработка, финансирани од Европската унија, со цел да се афирмираат придобивките од соработката меѓу земјите и регионите и од реализацијата на голем број заеднички проекти. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Шилегов: Нов концепт за третман на отпадот во Скопје

Градот Скопје денеска промовираше нова опрема и нов концепт за третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во Скопје.Од денеска почнуваме целосно да го менуваме ликот на нашиот град. Дел по дел, чекор по чекор во Скопје ќе престанеме да ги гледаме глетките на незатворени и преполни контејнери со отпад, кои околу себе шират непријатна миризба и остават впечаток на нечист град. Денеска, го претставуваме целосно новиот концепт за третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во Скопје. За таа цел, градот набави нови контејнери коишто се највисокиот технолошки стандард, познат и применет во Европа. Станува збор за 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри со коишто ќе бидат заменети над 1.800 од вкупно 4.500 досегашни стари контејнери. Потоа, имаме и 30 контејнери за селектирање на отпад од 2.200 литри. Со оглед на тоа, што станува збор за сосема нов систем, градот набави четири нови комунални возила за третман на овие контејнери – рече градоначалникот Шилегов.Новите 540 статични контејнери за комунален отпад се речиси со трипати поголем капацитет од досегашните, опремени се со механизам за автоматско затворање на капакот, педала за ножно отворање, рачка за отворање приспособена за користење за лицата со посебни потреби и упатства за правилно користење. Во исто време, во соработка со досегашниот партнер на градот „Пакомак“ набавени се и 30 контејнери со капацитет од 2.200 литри за селектирање отпад, што е двојно повеќе од досегашните контејнери.Со новите контејнери во текот на оваа година ќе замениме дури една третина од постојните контејнери, но тука не застануваме, бидејќи е во план да се набават дополнителни контејнери со кои ќе бидат заменети и преостанатите. Четирите нови комунални возила се опремени со технолошки најсовремен систем за странично собирање на отпадот и со нив празнењето на контејнерите го врши шоферот од самото возило, а тоа значително ќе го забрза, но и ќе го поевтини процесот на собирање комунален отпад во нашиот град – додаде Шилегов.Денеска беа промовирани и новите 950 корпи за џебен отпад што претставува зголемување за една половина од досегашните 1.750 корпи, како и новите 12 електрични машини за вакуумско чистење и 10-те електрични возила за чистење и миење на јавните површини.Од 950 корпи за џебен отпад, 850 се направени од еластичен материјал, дополнително се заштитени од непрописно полнење со ќеси полни со комунален отпад и не овозможуваат ѓубрето да го растураат животни. Преостанатите 100 корпи се приспособени за отпадоци од домашните миленици. Вакуумските машини за хигиена на јавните простори и зелени површни работат на сосема обратен принцип од досегашните, со којшто вработените ги дуваа лисјата и креваа дополнителна прашина. Возилата за миење и чистење се наменети за одржување на хигиената на јавните простори, пред се шеталиштата, тротоарите и велопатеките.Напоменувам дека и едните и другите се технолошки најсовремени машини коишто се на електричен погон и воопшто нема да го загадуваат воздухот во нашиот град. Во Скопје конечно се создаваат услови видливо да се подобри состојбата со хигиената на јавните површни. Во овој процес треба да учествуваме сите заедно - ние како институции, но и граѓаните како луѓе што го сакаат својот град, чист и убав. Градот Скопје нема да престане да инвестира во технички и човечки ресурси за одржување на хигиената, ќе продолжиме со кампања за правилно постапување со отпадот, но и ќе го засилиме инспекцискиот надзор што ќе значи повеќе казни за несовесните граѓани. Почитувани, почнуваме процес којшто зависи од сите нас. Очекувам дека институциите на централната власт ќе ги сменат законите и националните политики, но и ќе ја интензивираат нивната функционалност со цел да се забрзаат процесите за заштита на животната средина. Ги повикувам сите општини во Градот Скопје, но и општините од скопски плански регион, да инвестираат во хигената на територијата на своите општини и општински улици. А полицијата да почне да ги гони сторителите и оние што ги палат депониите во нашиот град – повика градоначалникот Шилегов.Тој нагласи дека само со вакви здружени напори на институциите, граѓаните и преостанатите општествени чинители, Скопје може да стане град каков што сонуваме.Ве замолувам и вас медиумите заедно да почнеме да креираме нова свест и општествена одговорност за животна средина, затоа што таа е наша заедничка. Секој во рамките на својата општествена одговорност конечно да го заземе вистинското место и да го даде својот придонес за почисто и поубаво Скопје – рече Шилегов 

Скопје | пред 6 години

ovci

Стадо овци нападнато од волци, усмртени 15 тина - случајот пријавен во СВР Тетово

Волк усмртил 40 овци, петнаесетина повредил, а четриесетина побегнале од стадото на жител од тетовското село Вејце.  Овчарот случајот го пријавил во Секторот за внатрешни работи во Тетово.-Во СВР Тетово, Џ.Џ.(52) од тетовското село Вејце пријавил дека во периодот помеѓу 28 и 29 септември во атарот на селото Бозовце дивеч, најверојатно волци, му усмртиле 40 овци. Од останатите, 15 биле повредени, а 40 избегале и воопшто не се вратиле во неговото стадо. Извршен бил увид, соопштија денес од тетовската полиција.

Македонија | пред 6 години

2

Претседателот Џафери се сретна со Кристин Форсгрен Бенгтсон, амбасадор на Кралството Шведска во земја

 Денес во Собранието на Република Северна Македонија се одржа прва средба на претседателот на Собранието Талат Џафери, со новоименуваната амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон.Претседателот Џафери и посака топло добредојде во Република Северна Македонија, со желби за успешен амбасадорски мандат и подвлече дека, со Амбасадата на Кралството Шведска во Скопје, континуирано имаме многу блиска и конструктивна соработка. Тоа е одраз и на фактот што нашите две држави историски негуваат отворени, блиски и пријателски односи, базирани на меѓусебна поддршка и разбирање. Особен акцент е ставен и на блиската и континуирана соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Парламентот на Кралството Шведска, со взаемни посети и размена на искуства од парламентарните практики.Претседателот ја реафирмираше благодарноста за силната поддршка на Кралството Шведска на евроатланската интеграција на Република Северна Македонија, особено ценејќи го фактот што Шведска е силен поборник на политиката на проширување, имајќи предвид дека не сите земји членки на ЕУ го делат истиот ентузијазам и ја поздрави ревизијата на Стратегијата на Шведската влада за развојна соработка со источна Европа, Западен Балкан и Турција 2014-2020, со обнова на билатералната компонента во соработката меѓу Кралството Шведска и Република Северна Македонија. Од особено значење е и Декларацијата за соработка меѓу Република Северна Македонија и Кралството Шведска, со која се реафирмира поддршката за нашите стратегиски приоритети и се дефинираат конкретни области од заемен интерес, на билатерален и на мултилатерален план.  Тој исто така подвлече дека, шведската поддршка на интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО е високо ценета, имајќи ја предвид шведската неутралност во воените сојузи. Претседателот Џафери ја информираше амбасадорката и за финализирањето на членството на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата, при што очекувањата се на почетокот на следната година да станеме 30-та полноправна земја-членка, имајќи во вид дека се останати вкупно 6 земји-членки чии парламенти треба да го ратификуваат Пристапниот протокол, по што ќе следи и официјализирањето на полноправното членство и ратификацијата на основните НАТО протоколи во нашето Собрание. Двајцата соговорници во овој контекст споделија видувања дека, членството во Алијансата дополнително ќе ја зајакне регионалната стабилност и безбедност, но и ќе значи голема економска придобивка за самата држава, како што тоа се покажало и досега кај сите ново примени земји-членки.Амбасадорката Бенгтсон го истакна задоволството што ја претставува својата земја во Република Северна Македонија и изрази уверување дека, во нејзиниот мандат очекува да даде голем придонес во нашето интегрирање во Европската унија. Кралството Шведска силно ја поддржува европската интеграција на Западен Балкан и тоа веќе еднаш го покажа во рамките на претседавањето со Советот на Унијата во 2001 година, како и во подготовката на Охридскиот рамковен договор. Позицијата на шведската Влада во однос на актуелните предизвици кон европското проширување е дека, Европската унија треба да покаже категорична поддршка на овој процес, бидејќи кохезијата во целата Унија не е можна без регионот на Западен Балкан.Во однос на билатералната соработка, Кралството Шведска подготвува нова Развојна стратегија за периодот 2021-2028, што ќе опфати дел посветен особено на Република Северна Македонија, со силно нагласени приоритети за нејзината европска агенда. И понатаму приоритетите ќе бидат демократијата и владеењето на правото, животната средина, безбедноста и пазарната економија, но ќе се работи врз значително повисок степен на интеграција, поради очекуваното отворање на пристапните преговори.

Македонија | пред 6 години

perica-spasovski

ГДУ Куманово: Не застануваме додека не откриеме се за незаконитото работење во дивите сепарации, кои буквално ја уништија природата

Се навршија 40 дена од денот на трагичната смрт на младиот Кристијан во водите на реката Пчиња, во селото Шупли Камен, во Куманово. Неговата смрт покрена лавина за незаконитото работење во дивите сепарации, кои буквално ја уништија природата. Наместо уредување на животната средина, станаа места на гола експлоатација и на  општа опасност за движење на луѓе и добиток, истакна Перица Спасовски од ГДУ.Месец и половина, а државните институции уште си молчат или пак само попатно зазборуваат некои прекршочни пријави за пропусти во работењето. Поминуваат инспекции, но и самите се губат во поведените постапки. Бараат документи што не им се доставуваат, бараат соработка за утврдување на факти и докази што спротивната страна им ја одбива. И status quo.Другари доста бевте фини едни со други. Знам дека чавка на чавка очи не колве, ама вие претеравте. Да се немало осет за ништо. Има ситуации кога можете така да си терате. Ама овде ѓаволот ја однесе шегата. Вашиот криминал однесе млад детски живот.Граѓанско Демократска Унија- Куманово е навистина заинтересирана за целиот настан. Будно го пратиме и сакаме да има правна разрешница. Немојте да и ги замајувате очите на јавноста со соопштенија дека сте утврдиле одговорност за сторени неправилности и дека прекршочно ќе ги казните. Со тоа наводно правдата ќе биде задоволена.Верувајте не ве оставаме на мира се додека не се поднесат кривични пријави и за правните лица и за нивните одговорни лица. Треба да одговараат и нивните јатаци во Владата, ама ајде барем директните виновници нека го осетат мечот на правдата.Кривична одговорност за злосторничко здружување, за убиство од небрежност, загадување на животната средина и природата и предизвикување општа опасност, се само дел од кривичните дела кои мора да се стават на товар на оваа криминална структура. А кој е кој меѓу нив-повелете пред судот па објаснете.Па сега зборот е збор-ајде на работа-кривични пријави и кривични постапки со ефективни казни затвор за да не уверите дека правилно функционира системот и дека никој не е над законите. Или можеби сѐ уште сме далеку од ова и треба уште да раснеме за да дојдеме на тоа ниво?Месец и половина, а државните институции уште си молчат или пак само попатно зазборуваат некои прекршочни пријави за пропусти во работењето. Поминуваат инспекции, но и самите се губат во поведените постапки. Бараат документи што не им се доставуваат, бараат соработка за утврдување на факти и докази што спротивната страна им ја одбива. И status quo.Другари доста бевте фини едни со други. Знам дека чавка на чавка очи не колве, ама вие претеравте. Да се немало осет за ништо. Има ситуации кога можете така да си терате. Ама овде ѓаволот ја однесе шегата. Вашиот криминал однесе млад детски живот.Граѓанско Демократска Унија- Куманово е навистина заинтересирана за целиот настан. Будно го пратиме и сакаме да има правна разрешница. Немојте да и ги замајувате очите на јавноста со соопштенија дека сте утврдиле одговорност за сторени неправилности и дека прекршочно ќе ги казните. Со тоа наводно правдата ќе биде задоволена.Верувајте не ве оставаме на мира се додека не се поднесат кривични пријави и за правните лица и за нивните одговорни лица. Треба да одговараат и нивните јатаци во Владата, ама ајде барем директните виновници нека го осетат мечот на правдата.Кривична одговорност за злосторничко здружување, за убиство од небрежност, загадување на животната средина и природата и предизвикување општа опасност, се само дел од кривичните дела кои мора да се стават на товар на оваа криминална структура. А кој е кој меѓу нив-повелете пред судот па објаснете.Па сега зборот е збор-ајде на работа-кривични пријави и кривични постапки со ефективни казни затвор за да не уверите дека правилно функционира системот и дека никој не е над законите. Или можеби сѐ уште сме далеку од ова и треба уште да раснеме за да дојдеме на тоа ниво, истакна Перица Спасовски од ГДУ.

Македонија | пред 6 години

01102019_PVRSM-Zaev_-konferencija_Ekonomist_2-1

Заев: Ерата на манипулативни националистички реторики е минато, сите заедно грабиме кон посветла иднина

Говорниците на воведната сесија на Самитот на Западен Балкан - “Зацврстување на моментумот за Европска интеграција”, во организација на магазинот „Економист“ во Скопје, беа едногласни дека европската перспектива на регионот треба да биде потврдена на октомвриската сесија на Европскиот Совет со определување на датум за старт на преговори за Северна Македонија и за Албанија.Оваа заедничка констатација на самитот, како што во својот поздравен говор, а потоа и во дискусијата, ја издвои Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, ја споделуваат луѓе кои своите животи ги посветиле да решаваат проблеми, да охрабруваат демократија и консензус во ЕУ парламентот, или луѓе кои поминале часови и часови со земји како Република Северна Македонија да ја зацврстат нивната порака, да им помогнат и поучат како да ја користат дипломатијата како алатка за да го подобрат животот на своите граѓани.Во таа насока, премиерот Заев потсети со стапувањето на сила на Договорот од Преспа, се реши 27 годишниот спор со Грција кој имаше сериозни негативни импликации во односите меѓу двете земји, но и во регионот.„Денес ги собираме плодовите од решениот спор. Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Сега имаме исклучително добри односи со Грција, и сериозно подобрена билатералната соработка. Со тоа придонесовме да зајакне регионална стабилност и да се поттикне развојот на Западен Балкан. Веруваме дека Договорот од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот“, истакна премиерот Заев.Тој додаде дека Договорот од Преспа изврши влијание и во односите меѓу земјите во регионот за кој рече дека повеќе нема да биде заглавен во конфликти и застанат во безидејна иднина. „Ерата на манипулативни националистички реторики е минато. Сите заедно грабиме кон посветла иднина. Берлинскиот процес ја постигна целта да го зголеми интересот за Западен Балкан и да не стави на мапата на соработка на земјите-членки на ЕУ. Овој регион станува пример дека со заедништво и со инвентивни решенија, во време на глобални кризи, можеме да ги претвориме кризите во можности“, нагласи премиерот Заев на Самитот на Западен Балкан - “Зацврстување на моментумот за Европска интеграција”.Премиерот Заев потенцираше дека добивање на датум за отворање на преговорите за влез на Северна Македонија ќе биде препознавање на конкретниот прогрес што го направи земјата во изминатиот двеиполгодишен период, и дека, воедно, тоа ќе биде и биде и потврда за кредибилитетот и посветеноста на ЕУ кон својата агенда за проширување.Договорот од Преспа е победа на дипломатијата и победа врз националистичките и регресивни сили во Грција и Северна Македонија, и силен сигнал за прогресивните сили во другите земји на Западен Балкан, рече меѓу другото поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас. Тој додаде дека за време на постигнувањето на договорот меѓу двете земји, еднакво важни процеси се одвиваа и во регионот, кога во периодот на бугарското претседавање со ЕУ, интеграцијата на Западен Балкан беше ставена повторно високо на агендата.Ципрас поентираше дека ЕУ треба да определи датум за преговори за Северна Македонија, како израз на признание за договорот меѓу двете земји, како признание за реформите во Северна Македонија, и како остварување на амбицијата на ЕУ за мирен и стабилен Западен Балкан како регион во срцето на Европа.Во таа насока беше и обраќањето на поранешниот помошник државен секретар на Стејт Департментот на САД Вес Мичел, кој нагласи дека евро-атлантската перспектива на Западен Балкан е од исклучителна важност од геополитички аспект и дека сите политички сили кои се спротивставуваат на овие определби всушност ја доведуваат во прашање иднината на секоја од земјите на Западен Балкан и на регионот во целина.Поранешниот Претседател на Европскиот Парламент и поранешен претседател на социјалдемократската партија на Германија Мартин Шулц, ја издвои како исклучително значајна улогата што премиерите Заев и Ципрас ја имаа во остварувањето на договорот од Преспа и во решавањето на прашањето кое ги блокираше односите меѓу двете земји, и сериозно влијаеше и врз состојбата во регионот.Токму решавањето на овој спор, но и прифаќањето на Западен Балкан како регион кој мора да биде интегриран во ЕУ, се аргументи за датум за старт на преговорите со ЕУ за Северна Македонија, како и за Албанија, истакна за време на дискусијата на Самитот на Западен Балкан - “Зацврстување на моментумот за Европска интеграција”.Тој додаде дека во Брисел треба да се врати на изворните идеи и принципи на основачите на ЕУ, и да прифатат дека интеграцијата на Западен Балкан треба да се поттикне и поддржи колку што е можно поскоро.Самитот на Западен Балкан - “Зацврстување на моментумот за Европска интеграција” со присуство на голем број лидери од нашата земја, регионот, Европа и светот, продолжува со дебата за следните чекори во интеграцијата за земјите од регионот во ЕУ.

Македонија | пред 6 години

TrueStories

Huawei покренува нова кампања „Вистински приказни“

 Huawei ја започна кампањата Вистински Приказни која покажува како заедничкото работење на постигнување технолошки напредок може да го направи светот многу подобро место за живеење. True Stories раскажува за неколку неодамнешните проекти на Huawei преку кои компанијата го направила светот малку подобар со помош на технолошки иновации.„Во Huawei секогаш сакавме да користиме технологија за да градиме мостови, а не sидови“, рече Волтер Џи, извршен директор на Huawei Consumer Business Group за Западна Европа. „Ние веруваме дека сите ние, без разлика кои сме или од каде потекнуваме, мора да користиме технологија за да го направиме светот подобро место. Во последните неколку години се посветивме целосно на остварување на овој сон, користејќи ги не само нашите софистицирани технологии за мрежно поврзување, туку и нашите паметни телефони “, рече Џи.На почетокот на кампањата ќе има емотивен филм во кој ќе бидат прикажани 6 проекти на Huawei ширум светот, како и друга приказна која ги охрабрува луѓето да ги прифатат технолошките иновации и да го подобрат нивниот квалитет на живот на глобално ниво. Социјалните проекти на Huawei откриваат како компанијата ја користи технологијата за да го направи светот подобро место - од борба против слепило на децата до инспирација на глувите деца да читаат.Некои од проектите за кои Huawei ќе зборува за време на кампањата се:StorySign – Помош на глувите деца да научат да читаат StorySign е прва платформа во светот за учење на глуви деца, креирана од научници на Huawei во 2018 година во партнерство со Европската унија за глуви, Британското здружение на глуви, Penguin Books и Aardman Animations. StorySign е бесплатна апликација за мобилна телефонија која има за цел да помогне на 32 милиони глуви деца ширум светот да научат да читаат со употреба на вештачка интелигенција и проширена реалност со анализа на текстот на претходно избрани книги и нивно прилагодување на јазикот на глувонемите.Апликацијата StorySign стана толку популарна што нови книги дополнително се додадени во портфолиото на апликацијата и се прилагодени на секој од 13-те глуви јазици во Западна Европа и Австралија. Новите наслови вклучуваат омилени книги за деца како „Храбриот Макс“, „Во твојата книга има змеј“ и „Се за Спот“.Годинава StorySign донесе 7 награди на Huawei на Cannes Lions Festival of Creativity 2019, од кои 4 беа златни. Huawei беше кинески бренд со најмногу награди на годинашново издание на фестивалот.Заштита на тропшските дождовни шуми со помош на AIРаботејќи со невладината организација Rainforest Connect, истражувачкиот тим на Huawei разви уникатна технологија „слушање“ која им помага на властите да детектираат и спречуваат нелегално сечење на тропските шуми во Јужна Америка, како и да штитат некои од најзагрозените животински видови, како мајмунот пајак.Бидејќи звуците на дождовните шуми се премногу сложени за човечкото уво, Huawei и Rainforest Connect ги користеа софистицираните смартфони на Huawei за да ги снимаат континуирано две години и да ги испраќаат снимките на специјален „облак“. Користејќи ја софтверската моќ на Huawei и софистицираното AI, звуците можат да се анализираат во реално време, дозволувајќи му на системот веднаш да ги алармира ренџерите за атипични сомнителни звуци како што се камиони и пили, овозможувајќи им навремено да реагираат.Помош на слепите за да ги почувствуваат емоциитеВо специјално партнерство со полското здружение на слепи, Huawei ја создаде апликацијата Facing Emotions, која им помага на лицата со оштетен вид да ги „гледаат“ емоциите на другите преку посебни сигнали. Користејќи го моќниот AI систем на Huawei Mate 20 Pro, апликацијата го анализира лицето на соговорникот, потоа ги обработува информациите во реално време и ја репродуцира откриената емоција во форма на специјален звучен сигнал. Од својата официјална премиера, апликацијата е преземена над 1000 пати во 22 земји.Ruralstar – Обезбедување подобро образование за деца од оддалечени рурални областиОд поставувањето на целта на ООН во 2015 година да се направат до 2030 година значителни подобрувања во 17 јавни сфери, тоа е во целост во согласност со верувањето на Huawei дека еден од најважните чекори кон подобра, посреќна и поодржлива иднината е да обезбедиме подобро образование за сите на нашата планета. Проектот RuralStar е дизајниран да опслужува 10 милиони нигериски деца на возраст меѓу 5 и 14 години кои немаат пристап до училиште. RuralStar е технологија која обезбедува мобилна поврзаност преку ќелии со мала потрошувачка и поедноставена сигнална кутија што се напојува со соларни панели. Ова обезбедува мобилна поврзаност со оддалечените училишта и заедници.Track AI или како да дијагностицирате рани знаци на оштетување на видот кај децатаHuawei користи вештачка интелигенција за подобрување на животот на 19 милиони деца ширум светот кои, според Светската здравствена организација, страдаат од оштетување на видот. Многу од овие деца остануваат недијагностицирани долго време, што има сериозни последици за нивниот вид и развој како целина.Работејќи со DIVE Medical, тимот на Huawei создаде Track AI, иновативен и лесен за употреба софтвер кој го анализира видот на децата, со што се открива можноста за оштетување на видот. Досега, Track AI им помогна на околу 19 милиони деца ширум светот.

пред 6 години

Нема фотографија

Бачев до Вес Мичел: Злонамерно влијание во Македонија има од НАТО и ЕУ, а не од Русија и Кина

-„ Слушнав нешто од поранешниот помошник државен секретар на САД Вес Мичел денеска во Скопје во рамките на самитот на „Економист„ за некакво штетно влјание на Русија и Кина во Македонија и дека слаб и дестабилизирачки Балкна била главната цел на Кина и Русија. Со жалење морам да констатирам дека Вес Мичел ги испомешал работите, бидејќи зборува за погрешна адреса оти злонамерното влијание во Македонија доаѓа од НАТО и ЕУ, а не од Русија и Кина.Русија и Кина не го доведуваат во прашање територијалниот интегритет, суверенитет и унитарноста на Македонија, името и идентитетот на македонскиот народ, а рускиот претседател Путин на отворена сцена изјави дека писменоста доаѓа од Македонија. НАТО и ЕУ во спрега со марионетската власт во Скопје, насилно, со уцени и закани бришат се што е македонско со промена името, идентитетот историјата и традицијата на македонскиот народ, нешто, што е недозволиво и забрането со меѓународното право. Замислете која дрскост од Вес Мичел, среде Скопје збрува за некаква нова Македонија и нов Балкан на 21 век, а токму тој и НАТО и ЕУ не ги почитуваат современите цивилизаторски вредности во однос на македонскиот народ и македонската држава оти бришат цел еден народ од светската мапа на нации. Оставам на секој нормален човек да изгради сопствено лично убедување, кој има злонамерно и дестабилизирачко влијание во Македонија - НАТО и ЕУ или Русија и Кина“ - потенцираше Бачев во реакцијата на денешната изјава на Вес Мичел .                                                                          

Македонија | пред 6 години

Naum-PRESS-0110-2

Стоилковски: Заев со месеци однапред знае што ќе работи и што би можело да работи ЈО-от систем во Република Македонија

Македонија сведочи на директно признавање дека спротивно на сите законитости, Зоран Заев со месеци однапред знае што ќе работи и што би можело да работи ЈО-от систем во Република Македонија. Ова покажува дека не само што се во спрега, туку Зоран Заев од позиција на премиер директно управува со ЈО, со републички обвинител Јовески, и со обвинителката Русковска, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Заев без никакви стеги изјави дека знаел дека се води истрага, владата знаела бидејќи ОЈО ја известило. По вакво признание, по ваква наметната нормалност, невозможна е борбата со високата корупција. По ваквата изјава јасна е сликата за октоподот на државната мафија. По ваквата изјава невозможна е верба во правниот систем на Република Македонија.Зоран Заев ја потврди спрегата на октоподот, Зоран Заев ја потврди спрегата на извршната и јавнообвинителската власт. Високата корупција подразбира корупција во која се вклучени избрани и именувани функционери. Според Заев, Јовески и Русковска го информираат Заев дури и пред да се започнат истраги. Сега се јасни пораките „Многу си го обрал друже“ или пак изјавата на Заев дека „блокирал одредени истражни дејствија за двајца функционери“, односно ги спасил од соочување со правото. Признанието на Заев вчера всушност значи дека тој знае за сите постапки на обвинителството, ги спречува или ги форсира во зависност од потребите на октоподот на државната мафија.Зоран Заев вчера призна дека наводите во кривичната пријава против Ден Дончев и Венко Филипче се вистинити, Зоран Заев вчера призна дека се познавал и имал состаноци со Зоран Милески Кичеец, Зоран Заев вчера се обиде да го оправда „Рекет 2“, да ги заштити Ден Дончев и Венко Филипче, и тие да останат на своите позиции.По признанијата на Заев излишни се одговорите, дали и кого се’ штити Заев за „Леонардо“, за „Тополки“, за „Рекет 1“, за „Рекет 2“, за крвави тендери, за сите скандали од високата корупција, за сите рекети, за сите месечни транши до благајник со брада во Струмица?Октоподот на власт со Зоран Заев, наспроти сите партиски декларации, нема намера да расчисти со високата корупција. Зоран Заев вчера застана со Ден Дончев и со Венко Филипче, покажа политичка заштита врз двајцата среде отворен процес по поднесена кривична пријава. Можеби прашање на ден е кога Заев би признал дека истрагата за „Рекет 1“ ја сопрел кај Катица, Кичеец и Боки Тредичи.Признанието на Заев е продолжение на октоподот да се сопре борбата против високата корупција и да се сопрат информациите за високата корупција и вмешаноста на октоподот во нив. Признанието на Заев за „Рекет 2“ се надоврзува на срамната истрага за „Рекет 1“, за забошотувањето на истрагите за „Леонардо“ и за сите други коруптивни скандали на октоподот на власта. Ваквата состојба е неподнослива, државата не може да функционира без спроведување на правото, да функционира како картел на октоподот на власт. Потребни се итни избори, избори за обнова на Македонија и конечно понесување на одговорност за севкупната девастација на Република Македонија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Foto-10

Пендаровски во посета на општина Кочани

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“, денеска ја посети општина Кочани. 150 хектари шума, од кои 30 до 40 години стари борови и многу пчелни семејства беа уништени во трите последователни подметнати пожари во Кочани во август. „Шумите се наше богатство кое мора заеднички да го чуваме“, рече претседателот Пендаровски, кој денеска заедно со градоначалникот Николчо Илијев, со припадници на Армијата, пожарникари и локалната самоуправа симболично засади 30-тина садници. Во Кочани претседателот Пендаровски го посети Земјоделскиот институт – оддел за ориз. Некогаш водечки институт со 30 вработени, денес има само тројца вработени, кои ја посочија потребата за нормализирање на работата на институтот, преку обезбедување на финансиски средства, како и од нови вработувања и инвестирање во млад кадар. Претседателот Пендаровски ја посети компанијата „Екстра-Фунги“, која се занимава со откуп и преработка на печурки. Пред претседателот Пендаровски беше претставена работата на компанијата, која функционира од 1988 година и постојано бележи раст и успеси. Тоа за помалите градови, според Претседателот е важно бидејќи се создаваат можности за нови вработувања и подобрување на животниот стандард на локалното население. Претставниците на компанијата го потенцираа проблемот со недостиг на сезонска работна сила. Проектот „Лице в лице со Претседателот“ е инициран во изборната програма на претседателот Пендаровски. Целта е преку посети на населените места во Северна Македонија, претседателот Пендаровски да се сретне со што е можно повеќе граѓани, и одблиску да ги слушне проблемите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и идеи за нивно надминување.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Почина оперската легенда Џеси Норман - Охридско лето изразува вечна благодарност и почит кон Норман

Оперската легенда и една од најпознатите сопранистки на 20. век Американката Џеси Норман почина на 74 години. Нејзиното семејство соопшти дека Норман починала во болница во Њујорк, поради сепса и откажување на повеќе органи, компликации кои беа поврзани со повредата на ‘рбетниот столб во 2015.Норман пееше на втората ингурација за американските претседатели Роналд Реган и Бил Клинтон, на отварањето на Летните олимписки игри во 1996 година, како и на Меморијалот за жртвите од нападите на 11 септември, во 2002 година.Има освоено четири Греми награди, Греми за животно дело, како и признание од центарот „Кенеди“.Оперската дива во 2008 го отвори најголемиот македонски фестивал Охридско лето. Концертот беше насловен „Од Америка со љубов“ со дела од Бернштајн, Гершвин, Вилјамс, Њутн, Кер, а ја придружуваа музичари од Филхармонијата и од Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ).Фестивалот „Охридско лето“ жали за големата загуба. Од таму велат дека Норман која ќе остане запишана во фестивалската историја како една од најголемите ѕвезди кои настапиле на сцената од „Охридско лето“.„Големите личности секогаш имале посебно место на сцената на „Охридско лето“. Вечно ќе и бидеме благодарни на најголемата светска ѕвезда во музичката уметност која на 48-то „Охридско лето“ одржа концет за паметење. Нејзиниот раскошен глас остави печат на величина на уметник што го вивна фестивалот далеку на врвот меѓу најдобрите, ги помести границите на врвната уметност која може да се доживее на нашата сцена, ги урна рекордите на посетеност…. Таа ѕвездена ноќ насловена „ Од Америка со љубов“ ќе остане засекогаш во фестивалската историја на „Охридско лето“ како еден од највеличенствените и најексклузивните настани на Античкиот театар“, велат од Фестивалот „Охридско лето“ 

Магазин | пред 6 години

katitsa-janeva

Катица Јанева останува во притвор, поради опасност од бегство

Апелациониот суд не ја прифати жалбата на екс шефицата на СЈО со која бараше укинување на притворот. Судот добил информација од обвинителството дека истрагата е завршена, но апелациските судии процениле дека се уште постои можност за бегство, па затоа донеле одлука таа да остане во Шутка.Жалбата пред повисокиот суд следуваше откако претходно кривичен ја одби гаранцијата од движен и недвижен имот кој Јанева го понуди како гаранција за да и биде одредено поблага мерка. Во одлуката, апелација наведува дека со завршување на истрагата, поранешната специјална обвинителка не може да влијае врз истрагата за предметот и сведоците па затоа точката два од решението е преиначено, но останува во притвор според првата точка односно опасност од бегство.Катица Јанева е во притвор од 21 август како осомничена во случајот „Рекет“.   

Македонија | пред 6 години

buzaku

Бузаку на Реџепи му даде 72 часа да го напушти седиштето на ИВЗ

Скендер Бузаку на поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи му даде рок од 72 часа да ја напушти ИВЗ, во спротивно рече дека ќе објави докази за криминалното работење на Реџепи.Бузаку им порача на сите оџи, муфтии, верници кои биле избркани некогаш од ИВЗ ќе ги врати на работа, а пак оние кои сега работат за Реџепи да не се плашат оти нема да бидат избркани туку унапредени.Бузаку нагласи дека не може да влезе во ИВЗ бидејќи полицијата го чува објектот. Тој симболично за ултиматумот остави часовник пред портата на ИВЗ. 

Македонија | пред 6 години

urivanje-2

Фронт 21/42: На четири месеци до крајниот рок за исполнување на препораките, нашата земја не е ни блиску до суштинско посветување на нивно исполнување

Деновиве во јавноста е актуелно рушењето на дивоизградените платформи во самото езеро на неколку угостителски објекти на брегот од Охридското езеро. Сакаме да појасниме: ова нема никаква врска со препораката бр. 9 од УНЕСКО за справување со дивоградбите во регионот, туку е еден скромен почеток на основно владеење на правото во областа на урбанизмот во општината, велат од невладината „Фронт 21/42“.Ова е делумно рефлектирано во изјавата на Градоначалникот на Охрид по повод уривањето на платформите – и самиот потврдува дека ова е поместување од мртва точка, иако ние не го гледаме како значајно, но секако се согласуваме дека „конечно во Охридскиот регион мора да започне да се почитува правото и законот“. Секако го поздравуваме и гледаме како позитивен чекор секој пример на почитување на домашните закони од страна на властите (и локални и централни), истовремено сметаме дека земја која се смета за спремна да започне преговори за членство во Европската унија треба да има (и практикува) многу (многу!) повисоки критериуми во областа на основното владеење на правото.Во однос на исполнувањето на препораката од УНЕСКО, кое не е започнато (барем според јавно достапните информации) има повеќе елементи кои сериозно не загрижуваат и повторно упатуваат на заклучокот дека ни по сесијата на Комитетот за светско наследство во Баку нема значајна промена во намерата на нашите власти да прикажат (и пред УНЕСКО и пред домашната јавност) посветеност кон зачувување на нашето најголемо природно и културно богатство, наместо навистина да се посветат на истото:• Во Акциониот план на општините Охрид и Струга, Студиите за влијание на евидентираните дивоградби врз исклучителните универзални вредности на светското наследство се планираат дури во 2021 година! Нема никакви пречки овие постапки да започнат уште веднаш – актуелната власт имаше обврска да ја спроведе оваа мерка до декември 2018! Нема ниту една логична причина зошто клучната постапка во справувањето со дивоградбите се одлага на толку долг временски период. Се прашуваме дали некому му е потребен толку долг период за „кроење“ на Инвентарот на дивоградби кои ќе бидат предмет на овие Студии… Со оглед на фактот дека овие Студии ќе определат кои дивоградби ги нарушуваат вредностите и треба да се рушат (се разбира, доколку бидат стручно и независно изработени) – рушењето на дивоградбите од препораката на УНЕСКО можеме најрано да го очекуваме кон крајот на 2021/почетокот на 2022.• Инвентарот е уште една причина за загриженост: во јавноста упорно се споменува бројка од „1076 дивоградби, од кои околу 400 во заштитениот појас“, се прашуваме кој дел од светското наследство нашите власти го сметаат за „незаштитен појас“ и врз основа на што? Границите на заштитениот појас/подрачје се јасно дефинирани во Законот за Охридскиот регион (и досието во УНЕСКО) и истите ги вклучуваат целосно општините Охрид и Струга и делумно општината Дебарца – ова се единствените граници кои го дефинираат заштитеното подрачје, нема други. Клучното прашање кое не мачи во врска со Инвентарот е дали во овие 1076 евидентирани дивоградби се наоѓаат дивоградбите кои актуелната власт ги легализира од 2017, со речиси три години свесно прекршување на итната мерка побарана од УНЕСКО („најдоцна до февруари 2018 државата итно да ја стопира легализацијата на дивоградби на територијата на доброто“). Во изјавата на Градоначалникот на Охрид препознаваме одговор на ова прашање кој не влева надеж дека навистина „значајно ќе се мрднеме од мртва точка“. Имено Георгиески јасно потенцира дека не можат да постапуваат не само за нелегалните градби кои оваа власт ги легализираше игнорирајќи го УНЕСКО, туку и за оние за кои се поднесени барања за легализација. За да ја спроведе оваа препорака навистина ќе му треба суштинска поддршка од централната власт, но тешко дека ќе ја добие од истите кои неколку месеци по добивањето на оригиналната препорака, наместо да го стопираат легализирањето го продолжија Законот за легализација. Клопчето во кое сите власти од осамостојувањето на Македонија до денес го заплеткаа највредното во државава е толку заплеткано, што само државник со многу поинакво размислување и пристап од сите до сега, ќе успее да го отплетка.• И додека Охрид и Струга имаат барем напишана определба да ја спроведат оваа препорака во 2021-2022, Општина Дебарца нема ниту план, ниту намера да запре со легализациите на дивоградбите – од јули (кога се одржа сесијата на Комитетот во Баку) до денес општината легализира нови 25 дивоградби (можеби и повеќе, ова е од јавно достапните информации).Да сумираме: на четири месеци до крајниот рок за исполнување на препораките, нашата земја не е ни блиску до суштинско посветување на нивно исполнување – во клучниот Закон за Охридскиот регион (за кој нашата делегација во Баку флагрантно излажа дека е усвоен) Владата прво измени дел од најважните членови (и тоа набргу по Баку и официјалната пофалба за земјава во последната Одлука токму за „усвојувањето на новиот Закон), па по острите реакции го повлече од собраниска процедура и од тогаш нема ни глас за истиот; одлуките за воведување мораториум на Охрид и Струга се внимателно скроени да дозволат продолжување на урбаната и крајбрежната трансформација, со делумно регулирање до 01.02.2019 – што, исто како и актуелното рушење, нема врска со препораката на УНЕСКО; Стратешката оцена на влијанието врз животната средина за Планот за управување со регионот (за која исто така флагрантно излажаа во Баку дека се во тек консултациите со јавноста) ја нема ни на повидок; како стојат работите можеби ќе имаме План за управување со регионот пред да имаме нов Закон за управување со регионот, кој го дефинира Планот… се е наопаку и кристално јасно го покажува нивото на свеста на нашите авторитети за најголемото природно и културно богатство кое го имаме и чија заштита му ја должиме на светот и сите генерации после нас.Вчера, во седиштето на УНЕСКО во Париз, наша делегација презентираше извештај за „напредокот“ во исполнувањето на препораките. Можеби повторно успеа да покаже колку е „сериозно посветена за разлика од претходната власт“. Вистинската состојба останува тажна, многу тажна.извор: „Фронт 21/42“

Македонија | пред 6 години

Jovan-Jauleski

Јаулески:Студентите и професорите се соочуваат со неефикасен Закон за високо образование и со нефункционално студентско организирање

Првиот академски час за студентите и професорите започна со многу проблеми.Студентите и професорите се соочуваат со неефикасен Закон за високо образование и со нефункционално студентско организирање. Една година откако власта го изгласа Законот за високо образование, тој е само празно слово на хартија. Студентите не можат да делегираат свои претставници во телата на факултетите и универизтетите, студентското организирање е буквално уништено, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Претставниците од власта кои навидум декларативно се бореа за посилна студентска организација ја угушија и онаа која што постоеше и се сместија во удобните владините фотелји.Студентите и оваа година немаат подобри услови за студирање, нема повисоки стипендии, нема подобри услови во студентските домови, а за изградба на ветениот студентски град  не станува ниту збор.Не работи ниту Одборот за акредитација и евалуација, кој треба да го мери квалитетот на образованието.Затоа нашите универзитети и образованието тонат.И додека образованието се соочува со еден тон проблеми, власта наместо да се насочи кон развој на истото со ребалансот на буџетот кратеше средства од ставката за образование.Власта која нанесе огромна штета врз образованието наскоро ќе си замине.Доаѓа време за обнова на Македонија.Нека им е среќен и успешен почетокот на студентската година на сите студенти и професори.Секогаш да се борат за подобро и поквалитетно високо образование. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде нивен сојузник, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Nina-Angelovska-Grouper.the-hundert.com_

Aнтикорупционерите го објавија имотниот лист на министерката за финансии - Ангеловска пријавила личен имот и депозити од 300.000 евра

Државната комисија за спречување на корупција го објави Анкетниот лист на министерката за финансии, Нина Ангеловска. Ангеловска (30) која е првата жена министер за финансии на Македонија, пријавила лични депозити од 300 илјади евра во две банки.Таа во „Еуростандард“ има скоро 200.000 евра денарски депозит од 2014 и 51 илјада евра девизен депозит во истата банка од 2017. Во УНИ банка има девизен депозит од 33 илјади евра од 2015. Има и други помали девизни и денарски сметки.Министерката пријавила и недвижнини – деловен простор од 16 метри квадратни, односно еден од 5 и другиот од 11. Двата заедно вредат околу 4 милиони денари. Ангеловска исто така пријавила акции од 1,6 милиони денари стекнати во 2012.Кога станува збор за нејзините примања како министерка за финансии, податоците на новите функционери сѐ уште не се ажурирани од владата, па така стои платата на нејзиниот претходник Драган Тевдовски во висина од 70 илјади денари.  

Македонија | пред 6 години

jana

Судот пресуди за „Втора шанса“ за Јана, но фондот ќе се жали на пресудата

33-годишната Јана Арсовска од Охрид веќе петта година се бори со редок вид на рак. Во 2015 година, на Јана ѝ била дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.Но Јане не води битка само болетста, туку и со институциите, поради што во една прилика ќе рече: Не знам кој е поопасен канцер, тој што го имам или тој во институциите.Имено најновата вест е дека судот пресуди за „Втора шанса“ за Јана, но фондот ќе се жали на пресудата  - Истиот фонд кој досега два пати ја одби за продолжување на лекување со погрешни/лажни  заклучоци на комисиите!На фејсбук страната „Направи добрина: Донирај НАДЕЖ за ЈАНА“ пишува:Да се потсетиме на историјата на битката со институционалниот канцер.-декември 2018 конзилиумот од Германија бара ИТНО продолжување на лекувањето на Јана со имунотерапија-февруари 2019 првостепена комисија од ФЗО ЈА ОДБИВА тврдејќи дека терапијата не била базирана на докази (!)-март 2019 второстепена комисија од ФЗО ЈА ОДБИВА тврдејќи дека Јана била дел од медицинска студија (!!)- - - - - - - - - - - - - -! *Еве го доказот дека имуното не е „бабина деветина“ туку дека една Велика Британија лечи неуробластом со имуно: https://www.nice.org.uk/guidance/ta538!! **Доказ дека Јана не е дел од медицинска студија е здравиот разум - ако беше, лекувањето ќе беше бесплатно и немаше 9 месеци да биде без терапија и со секој ден ризикот за нејзиниот живот да е се поголем- - - - - - - - - - - - - --сите докази дека одлуките на комисиите на ФЗО се погрешни им се доставени во текот на летото 2019-ФЗО врати писмо по доставените докази во кое стои „не може да одлучуваме повторно, додека предметот е на суд“-септември 2019, Управен суд (по 5 месеци!) одлучува дека предметот за Јана треба да се врати назад во ФЗО на повторно одлучување-ФЗО НЕ ЗЕМА ДА ОДЛУЧУВА ИМАЈЌИ ПРЕДВИД ДЕКА ПОГРЕШИЛ ПРЕТХОДНИОТ ПАТ, ТУКУ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СЕ ЖАЛИ НА ОВАА ОДЛУКА НА СУДОТ! Иако службите таму знаат дека има големи пропусти во носењето одлуки од кои директно зависи животот на Јана. Иако знаат дека постапката на суд ќе одземе 2-3 месеци и на крај пак ќе загубат... иако знаат - вложуваат жалба.Не знаеме дали било каде во светот има Фонд за здравствено осигурување кој вложува ЖАЛБА кога судот наредува на тешко и ретко болен пациент да му се даде втора шанса, врз база на документи и докази, комисиите да проверат дали добро одлучиле, пишува на ФБ на профилот „Направи добрина: Донирај НАДЕЖ за ЈАНА“.  

пред 6 години

01102019_PVRSM-Zaev_-konferencija_Ekonomist_2-1

Заев: Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во ОН, имаме исклучително добри односи со Грција, и сериозно подобрена билатералната соработка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев одржа поздравен говор на конференцијата Самит на Западен Балкан - “Зацврстување на моментумот за Европска интеграција”, во организација на угледниот магазин „Економист“.Премиерот Заев, на конференцијата на која учествуваат голем број гости од земјата, регионот и светот, говореше на темата „Стабилност и раст во Југоисточна Европа – дали сме на вистинскиот пат?“.„Денес стојам пред вас среќен што ги гледам сите овие лица во исчекување на добри вести! И денес сакам да зборувам токму за важноста на добрите вести.Очекување на добра вест нè држи во состојба на исчекување, доза на страв и воедно надеж.  Помислете колку е убав моментот кога ќе чуете добра вест. Како мало дете кога ќе слушне дека ќе оди на одмор со мама и тато. Кога студент ќе добие добри вести за испит. Кога брачен пар дознава дека очекува дете. Добрите вести се нова енергија и нов живот. Во мандатот на оваа Влада имав чест да објавам повеќе добри вести. Една од најдобрите беше решавањето на спорот помеѓу Република Северна Македонија и Грција. Секогаш ќе се сеќавам на 17 јуни во Преспа кога заедно со Алексис Ципрас кренавме раце како вистински партнери и пријатели кои им соопштуваат добри вести на своите држави. Оваа година во февруари стапи на сила Договорот од Преспа, со што се реши 27 годишниот спор што го имавме со Грција. Билатералниот спор имаше сериозни негативни импликации, регионални и мултилатерални, и за жал стана познат во целиот свет како тежок нерешлив проблем. Денес ги собираме плодовите од решениот спор. Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Сега имаме исклучително добри односи со Грција, и сериозно подобрена билатералната соработка. Со тоа придонесовме да зајакне регионалната стабилност и да се поттикне развојот на Западен Балкан. Веруваме дека Договорот од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот. Тоа е корисен пример за многу други отворени прашања. Секој проблем е различен и специфичен, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање. Како лидери на своите земји им должиме на граѓаните да ги решаваме проблемите, да го одржуваме мирот, и да создадеме услови за развој и подобар живот за сите“, истакна Заев..„Ние ја прогласивме 2019 за година на економијата за Република Северна Македонија, и истото ќе продолжи во 2020 година. Уште во 2018 година видовме економски напредок, затоа што го достигнавме највисокото ниво на странски директни инвестиции во изминатите десет години – 624 милиони евра. Индустриското производство во државата се зголеми за 8% откако оваа Влада стапи на власт, и продолжува да расте. Успеавме да ја намалиме невработеноста и таа во моментов е на историски на 17.5% со индикација дека ќе оди надолу. Растот на бруто-домашниот производ во првата половина од годината е 3,6% и очекуваме негово зголемување годинава. Ова е Влада која се грижи за сограѓаните во незавидна положба, за ранливите и за оние на кои им е потребен ветар во грб и подадена рака. Се зголемија социјалните трансфери и се подобрува целокупниот систем на социјална грижа за секој да има шанса за напредок. Оваа Влада исто така го гледа приватниот сектор за свој партнер. Бизнисот и приватниот сектор во оваа држава се малите и средни претпријатија, семејни бизниси, претприемачи кои низ овој долгогодишен и макотрпен транзициски процес за државата изградија брендови и продукти со кои се гордееме“, додаде премиерот.  

Македонија | пред 6 години

lisici

Притвор за лицето кое нападна полицаец во Слупчане

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 32-годишен жител на сeло Слупчане,  Липково, поради основано сомнение дека  извршил кривично дело  – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста   од член  383 став 2 во врска со став 1  од Кривичниот Законик.Осомничениот на 29.09.2019 година со употреба на опасно орудие  нападнал службено лице-полицаец и при тоа телесно го повредил. Полицаецот бил во состав на мото патрола, упатена да го пронајде и приведе осомничениот во полициска станица. Во моментот кога службените лица го пронашле и презеле дејствија за приведување, осомничениот го нападнал полицискиот службеник  со метална шипка и му нанел повреда во пределот на стомакот.Во насока на обезбедување услови за непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот обвинител достави предлог до Основниот суд Куманово за определување на мерка притвор за осомничениот. Судот по спроведена постапка донесе Решение со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од  8  дена.

Македонија | пред 6 години

brodovi-tajvan

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Во Тајван се урна мост врз бродови - има исчезнати

Висок мост преку залив во пристаниште во североисточен Рајван денеска се урна врз неколку чамци, при што се повредени повеќе луѓе.Досега десет лица се извлечени од водите и се пренесени во болниците, а нуркачите го пребаруваат морето во потрага по луѓето од рибарските бротчиња, соопштија два владини функционери од Суао во покраината Јилан.Најмалку шест лица со бродови и натаму се сметаат за исчезнати.„Мостот се урнал околу 9,30 часот (по локално време), кога на него била цистерна која се запалила. Стравуваме дека некои рибари може да се заробени во бродовите“, изјавил Шин И-чун, градски функционер.Властите ја вклучиле и војската во спасувачките напори и восоставија кризен центар кој управува со операцијата. Причината за уривањето на мостот изграден пред 21 година засега не е позната.https://twitter.com/TaiwanNews886/status/1178924675474190337?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1178924675474190337&ref_url=https%3A%2F%2Fpress24.mk%2Fvideo-se-srushi-ogromen-most-vo-tajvan-beton-i-cisterna-so-nafta-padnaa-vrz-ribarski-brodovi-pa

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Заев позитивно одговорил околу промена на изборниот модел од шест во една изборна единица

Синоќа во 18:30 часот се одржа закажаната средба на Иницијативата за една изборна единица со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој одговори позитивно на нивното писмено барање за разговор околу промена на изборниот модел од шест во една изборна единица.На средбата беа присутни речиси сите пратеници од Иницијативата, а од страна на СДСМ беа присутни и заменик-претседателката Радмила Шеќеринска и членот на највисокото раководство Рената Дескоска.По изнесените аргументи за потребата од промена на изборниот модел, претставниците на СДСМ ја искажаа својата силна поддршка за реформи во изборниот систем, како и за една изборна единица и отворени листи, што беше нивна заложба и пред последните парламентарни избори. Сметаат дека е добро што со оваа иницијатива се отвори јавна дебата и се надеваат дека ќе се обезбеди широк консензус во општеството.

Македонија | пред 6 години

ademi-i-kosta

(ВИДЕО) Адеми и Георгиевски од Париз: Со прогрес извештајот за унеско во февруари очекуваме дополнителна подршка

Министерот Едмонд Адеми, во својство на претседател на Националната Комисија за УНЕСКО, заедно со градоначалникот на Охрид д-р Константин Георгиевски,  вчера 30 септември во Париз, Франција, оствари работни средби со УНЕСКО за прогресот во зачувување на природното и културното наследство во Охридскиот регион.На средбите со директорката на Центарот за културно наследство, Метчилд Рослер, и со неколку амбасадори на земји-членки на Комитетот за светско наследство беше презентиран и поздравен напредокот остварен по одлуката во Баку во јули.Во август, во координација помеѓу централната и локалната власт, во Охрид и Струга се донесоа одлуки за мораториум на градба и легализација на бесправно изградени објекти. Планот за управување со наследството е финализиран. Истиот наскоро ќе биде отворен за јавна дебата, а ќе биде испратен на увид и до УНЕСКО.Дека Владата е целосно посветена на исполнување на препораките, говори и фактот што Владата во ребалансот на буџетот одвои 50 милиони за санација на колекторскиот систем, со план за дополнителни средства за 2020.Во делот на соработката со Албанија, како една од препораките, неодамна на средбите во Тирана беше дефинирано и формирање на заедничка комисија за управување со Охридскиот регион.До испораката на прогрес извештајот во февруари 2020, УНЕСКО очекува значаен прогрес во исполнување на препораките. Северна Македонија останува посветена за зачувување на статусот на Светско наследство за Охридскиот регион, и подобрување на квалитетот на живот и економскиот раст за жителите на регионот, како и за сите граѓани на нашата земја.

Македонија | пред 6 години

santa

Санта мраз од 315 милијарди тони се одвоила од Антарктик

Санта мраз со површина од 1,6 квадратни километри и тежина од 315 милијарди тони се одвои од големата ледена плоча Ејмери на Антарктикот. Сепак, тоа не е страшна вест, затоа што не е поврзана со глобалното затоплување, велат научниците.Научниците сега имаат задача да го следат движењето на леденикот , што може да претставува опасност во океанските води.Амери е третиот по големина леденик на Антарктикот и е клучен дренажен канал за истокот на континентот.Леденикот всушност е лебдечко продолжение на голем број глечери што излегуваат од земјата во морето. Научниците знаеле дека овој настан доаѓа. 

Свет | пред 6 години

ranitidin

Итно од пазарот се повлекува лекот „Ранитидин”, содржел нечистотија што може да биде штетна за здравјето

На барање на Европската Комисија, Европската агенција за лекови (ЕМА) почнува со преоценување на лековите што содржат ранитидин . Проверката почнува зашто во некои лекови што ја содржат активната супстанца ранитидин, е најден загадувач наречен Н-нитрозодиметиламин (НДМА) , објави на својата страница ХАЛМЕД , агенцијата за заштита на здравјето. Оваа материја може да предизвика рак.„Европската агенција за лекови, во тесна соработка со националните агенции за лекови, ќе ги провери сите готови лекови што содржат активна супстанција ранитидин хидрохлорид од различни производители. Контролата е почната на 12 септември…Наодот ќе го почитува и Хемофарм, кој работи во согласност со европските принципи“, се вели во соопштението од српската компанија за лекови.Инаку лековите со ранитидин се  широко распространети кај пациенти со состојби како што се ждригање и гастричен улкус за да се намали формирањето на желудочна киселина. Во земјите на ЕУ се достапни и како лекови без рецепт.

Македонија | пред 6 години

27-28-sednica-na-sovet-2019-2

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов излажа дека испратил барање за учество во работна група, криминалот со продажбата на градската куќа не може да се сокрие

Шилегов ја излажа уште еднаш јавноста. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема добиено барање за назначување на преставник кој ќе го мониторира скандалозниот процес на продажба на градската куќа. Ниту писмено, ниту усно барање е пристигнато до Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, ниту пак е формирана работна група во која учествува опозицијата, што укажува дека Шилегов преку инстант лаги купува време, а во реалноста спроведува криминална распродажба на градската куќа, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.Што се однесува до аргументите, еве неколку аргументи на кои Шилегов сеуште нема одговор:ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ не продава и урива туку гради. Бидејќи Шилегов изрази интерес за простории на Градот Скопје во стогиот центар на градот, такви претходното раководство на Градот обезбеди во Офицерскиот дом на плоштадот Македонија, а чија градба е стопирана откако СДСМ е на власт.Што се однесува до навредите за некакво кукавичко однесување, Шилегов треба да знае дека нема поголем кукавичлук од тоа прво да лажете дека нема да се продава градската куќа, потоа да ставите како итна точка продажба на градската куќа за да на крај лажете за барање за учество во работни групи кој треба да прават надзор на продажбата.Шилегов бидејќи во јавноста глуми неинформиран, еве ние да го информираме, но и во исто време да го прашаме: дали е спремен да понесе одговорност доколку Градската куќа се продаде, а за возрат се добие неколку децении старата зграда на поранешното ЕСМ? Дали е спремен и кривично да одговара што новиот сопственик на новата градска куќа ќе го части со нула комуналии и бесплатно државно земјиште каде се наоѓа таа зграда? И дали Шилегов е спремен со својот имот да ја надомести разликата во сумата од инвестираното во новата зграда и пониската цена по која таа веројатно ќе се продаде.Овде мириса на тежок криминал и ова е прва продажба на државен имот каде на формална аукција однапред се знае идниот купувач. 2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања