Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

sjo

Предметите на СЈО неможе да застарат, освен за делото на Груевски во предметот „Траекторија“

Освен за делото на Груевски во предметот „Траекторија“, за кое во октомври настапува апсолутна застареност, сите други предмети се далеку од застарување, велат поранешните обвинители на СЈО, пишува Дојче веле.До 10-ти октомври настапува апсолутна застареност на делото за кое кривично се гони азилантот Никола Груевски – „примање награда за противзаконито влијание“ во случајот „Траекторија“, а делата за другите обвинети во тој предмет застаруваат во 2023. Обвинението за „Траекторија“ беше поднесено на 30 јуни 2017, одобрено беше на 1-ви ноември, а воведните зборови обвинителката ги даде дури на 1 први март 2018 година. Практично судењето почна дури по 9 месеци, со бројни доцнења и блокади.Деновиве одново започна процесот за предметот „Трезор“ (за набавката на опрема за прислушување преку компанијата „Финзи“) во кој е обвинет Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК. Причина за новиот почеток е тоа што во меѓувреме истекоа максимално дозволените 90 дена од едно до друго рочиште. За истекувањето на тој рок помогна лично Мијалков кој не се појави на последното рочиште, поради здравствени проблеми.

Македонија | пред 6 години

pozarna

Пожар проголта куќа во селото Ваксинце

Семејна куќа во липковското село Ваксинце вчера изгоре во пожар.Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во пожарот бил опожарен еден кат и кровната конструкција, а петмина пожарникари се бореле со огнот четири часа, пренесе Кумановскимуабети.Причината за избувнување на пожарот засега не е позната.

Македонија | пред 6 години

moj-ddv

СДСМ: За три месеци, над 3 милиони евра кај граѓаните преку мерката Мој ДДВ, концептот парите кај граѓаните дава резултати

Концептот Парите кај граѓаните како еден од столбовите на Програмата на СДСМ, дава реални и видливи резултати. Како дел од сетот мерки преку кои парите се враќаат кај граѓаните, проектот МојДДВ, покажува дека  досегашната реализацијата ги исполнува целите за кои е наменета, се вели во соопштението од СДСМ.Ги враќа парите кај граѓаните и ја намалува сивата економија.Само во првиот квартал од реализацијата на проектот повратот на ДДВ изнесува над 3 милиони евра, а апликацијата „Мој ДДВ“  има над 170.000 регистрирани корисници.Со оваа мерка за првпат државата ќе враќа пари директно кај граѓаните, а средствата од повратот остварен во јули, август и септември ќе бидат исплатени до крајот на декември оваа година.По исплатата во декември, на секои три месеци ќе следува нова тромесечна исплата.СДСМ продолжува посветено да работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните, преку реализација на мерки и реформи преку кои парите се враќаат директно кај граѓаните.За нас зборот важи, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

27-28-sednica-na-sovet-2019-2

ВМРО ДПМНЕ бара Шилегов Градската куќа која ја продава да ја отвори за јавноста и да имаат можност граѓаните и медиумите да се уверат во просторниот капацитет

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје бара Шилегов Градската куќа која ја продава да ја отвори за јавноста и да имаат можност граѓаните на Скопје и медиумите да се уверат во просторниот капацитет на зградата. Ваквата криминална продажба мора да се стопира, се вели во соопштението Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.Се друго е само немо покритие на криминалот на власта.Шилегов 6 дена молчи да одговори на прашањата поврзани со криминалната продажба на градската куќа.Следува прва електронска продажба на објект во историјата на државата за кој однапред се знае купувачот за зградата.Шилегов нема ниту една оправдана причина за продажба на градската куќа освен за свој личен бенефит и интерес.Шилегов свесно влегува во зделка каде ќе бидат оштетени граѓаните на Скопје. Тој оваа зграда ќе ја продава по поевтина цена од она што е инвестирано одејќи во свесна загуба само со цел да ги оправда процентите и провизиите.Бонбона бизнисот на Шилегов нема одговор на тоа зошто ќе биде почастен новиот купувач со бесплатно државно земјиште и бесплатни комуналии. И која е причината за продажба на нова градска куќа за неколку децении стара зграда на поранешното ЕСМ.2 години Крадоначалник Шилегов, 2 годино лаги, криминал, неработа, се вели во соопштението Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 6 години

gradska-kuka

(ВИДЕО) Кој сака да ја купи Градската куќа?

Градската куќа на продажба бизнисмените први кои пројавија интерес. Сопственикот на зградата „Макотекс “ и на компанијата „Макоил“, Мите Јовановски меѓу првите кои пројавија интерес за барокната зграда. Јовановски за ТВ 24 вели дека до сега не постоела понуда на маса за зградата „Макотекс “ од страна на градоначалникот Петре Шилегов за евентуална компензација со Градската куќа, но вели не е исклучена секоја варијанта. Иако во јавноста се шпекулира дека зградата „ Макотекс“ ќе треба да се компензира со Градската куќа, сопственикот такво нешто негира но е подготвен да ја отспаи зградата за добра понуда, објави ТВ 24.Текстот во целот на: ТВ 24

Скопје | пред 6 години

protest-1

Независниот полициски синдикат денеска го одржува најавениот централен протест

Граѓанскиот Независен полициски синдикат денеска одржува централен протест низ цела Македонија. Со протестот сакаат да ги алармираат надлежните за како што наведуваат лошите услови за работа на полицајците и на затворската полиција. На централниот протест независниот полициски синдикат ќе биде поддржан од претставници На Словенија , Србија, Романија и на  Бугарија.Барањата од синдикатот ќе ги соопштат на прес конференција на која ќе се обрати претседателот Гоце Делчев Тодев. За време на протестот кој почнува утрово а ќе трае до попладне ќе бидат блокирани повеќе сообраќајници во Скопје и низ земјава.

Македонија | пред 6 години

droga-grcija

Разбиена меѓународна мрежа на трговија со дрога - Грчката полиција заплени 1,7 тони дрога од Албанија

За шверц и трговија на дрога од Албанија кон Турција и обратно, по морски пат, со глисери, грчката полиција и грчката крајбрежна служба уапси четири лица и заплени 1 172 килограми суров канабис, јави дописничката на МИА од Атина.Во неколкудневната акција спроведена во различни делови на Грција, полицијата и крајбрежната служба разбија меѓународна криминална група, а дрогата ја откриле скриена во пештера на малиот остров „Пипери”, што е дел од Спорадските Острови.Како што соопшти Спиридон Евангелиди, директорот на секторот за борба со дрога од крајбрежната служба на Грција, на 25 септември 2019 во морска акција во која биле вклучени 10 патролни бродови, еден хеликоптер и еден авион на крајбрежната служба, и две воздушни средства на Фронтекс, во југоисточниот дел на Егејското Море биле уапсени три лица кои се превезувале со глисер.Четири дена подоцна, на 29 септември 2019 бил откриен уште еден глисер и усапсено уште едно лице, а вчера, во пештерата на малото островче била пронајдена и дрогата.Според портпаролот на грчката полиција, Теодорос Хронопулос, криминалната мрежа од Албанија кон Турција, по морски пат, преку Грција пренесувала суров канабис, а од Турција кон Албанија, на ист начин, хероин. За транспортот на дрогата одбирале денови со лоши временски услови, со дожд и силен ветер.Четворицата уапсени се странски државјани на возраст од 25 до 42 години, а се бараат уште две лица под сомнение дека биле нивни соработници.извор: МИА

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ нема капацитет да ги запре негативните политики, ниту кредибилитет повторно да бара поддршка, да лаже и да ветува

СДСМ пропаѓа. Се послабиот рејтинг е јасен показател дека расипништвото, корумпираноста и неспособноста на Заев се прочитани. На граѓаните им е преку глава од лошите политики, стагнацијата во економијата, руинираното здравство, закржлавеното образование, запуштеното земјоделство, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Граѓаните му веруваат на ВМРО, како единствена алтернатива која ќе ја извлече државата од апатијата во која не внесе Зоран Заев.Рапидното задолжување мора веднаш да запре. Недозволиво е Македонија да има над 5.3 милијарди евра јавен долг, а во исто време да бележиме пад на инвестициите и катастрофална реализација на капиталните инвестиции.28% капитални инвестиции за 2/3 од годината е одлика на неработа, безидејност и некадарност.Немањето на откуп за земјоделските производи, ниските  цени и лошата земјоделска политика резултираа со буништа полни со земјоделски производи, земјоделци во тага и изнемоштеност.СДСМ нема капацитет да ги запре негативните политики, ниту кредибилитет повторно да бара поддршка, да лаже и да ветува. Единствен начин државата да се исправи  на вистинскиот пат е пад на Зоран Заев и СДСМ.СДСМ паѓа и назад нема. Доаѓа време за обнова на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

moj-ddv

Заврши првото тримесечје „Мој ДДВ“: Првата исплата на пари кај граѓаните до крајот на декември

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека вчера завршило првото тримесечје од реализацијата на мерката поврат на 15% од пресметаниот ДДВ, а граѓаните преку апликацијата „Мој ДДВ“ и преку посебните киосци скенирале 22,67 милиони фискални сметки и треба да им се исплатат вкупно три милиони и 28.000 евра.Во периодот од 1 јули до вчера регистрирани се 170.378 корисници на апликацијата МојДДВ, кои може да очекуваат парите да им бидат исплатени на трансакциските сметки до крајот на декември годинава.Потоа во текот на февруари 2020 година ќе се исплаќаат собраните суми од ДДВ во периодот од денеска до крајот на годината, а во април следната година ќе се исплаќаат сумите за првите три месеци од 2020 година.Износот на сумата која ќе ја добиете доколку скенирате сметки може да го видите на  веб апликацијата МојДДВ https://mojddv.ujp.gov.mk/ 

Македонија | пред 6 години

paridenari1

До крајот од годинава треба да добиете најмалку 9.610 денари како К-15

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15. Регресот за годишен одмор годинава ќе биде во износ од минимални 9.610 денари.Инаку пресметката се прави според 40 отсто од износот на просечната нето плата исплатена во последното тромесечје поточно 40 отсто од износот на просечната бруто плата во тримесечниот период.За да се добие К-15 треба да се исполнува условот вработениот да бил на служба во фирмата најмалку шест месеци во календарската година за која ја добива исплатата..Право на К-15 има секој вработен еднаш во годината. Сите работодавци кои нема да исплатат К-15 или ќе ги побараат парите назад, се соочуваат со казни во висина до четири илјади евра, односно 246 илјади денари.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Од денеска почнува аудиоснимањето на судските расправи

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе биде промовирана техничката опрема за аудиоснимање на судските расправи, донација од Амбасадата на САД во Скопје. По тој повод Судот ќе го посети делегација на Амбасадата на САД во Скопје предводена од амбасадорката Кејт Мари Брнс.Од Судот информираат дека со новата опрема денеска ќе биде аудиоснимена главна расправа на предметот со К. бр.1500/19.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Времето денеска претежно сончево и топло, од утре во најава дожд

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Скопје ќе се движи од 13 до 30 степени. Утре се очекуваат температури до 28 степени, а попладнето и дожд, некаде и пороен – до 30 литри на квадратен метар.

Македонија | пред 6 години

Foto-1

Пендаровски - Хависто: Очекуваме одлука за почеток на преговорите за време на финското претседавање со ЕУ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Финска, Пека Хависто.На средбата соговорниците разговараа за билатералните односи меѓу двете држави за кои претседателот Пендаровски оцени дека се пријателски и партнерски.Претседателот Пендаровски изрази увереност дека за време на актуелното финското претседавање со Советот на ЕУ, ќе биде препознаен напредокот на Северна Македонија и ќе биде вреднуван и потврден со позитивна одлука за почеток на пристапните преговори со ЕУ.Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени конструктивната, јасна и безрезервна поддршка на Република Финска на нашиот пат кон полноправно членство во Европската унија, нагласувајќи дека евро-атлантската перспектива е гаранција за просперитетот, стабилноста и благостојбата на регионот.

Македонија | пред 6 години

gjorcev-2

Ѓорчев на годишната конференција на Конзервативната партија на Велика Британија

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и меѓународен секретар на партијата, Влатко Ѓорчев присуствува на Конференцијата на Конзервативната партија на Велика Британија во Манчестер како дел од програмата на Вестминстерската фондација за демократија (ВФД).Ѓорчев при посетата оствари повеќе билатерални средби со челници на Конзервативната партија и британски пратеници.Ѓорчев се сретна со д-р. Џон Хејвард, директор на форумот за политика на Конзервативната партија.  Д-р. Хејвард во наредниот период ќе ја посети Македонија во рамките на програмата на Вестминстерската фондација за демократија (ВФД) и ќе одржи предавање во делот на неговата експертиза за политички програми.Воедно, Ѓорчев оствари средба со пратеникоТ Алек Едвард Шелбрук, член на Британскиот парламент од 2010 година. Ѓорчев истакна:„Со Алек се познаваме и соработуваме долги години. Тој е потпретседател на меѓународниот директорат на Конзервативците.  Го информирав за актуелните состојби во Македонија.  Двајцата ја поддржуваме слободната трговија и економските слободи, како начин за економски просперитет и напредок на државите. Македонија и Велика Британија имаат одлична политичка и економска соработка, а ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија се сестрински партии во рамките на глобалната организација на десниот центар ИДУ”.Ѓорчев оствари повеќе непротоколарни средби со други политичари, кои ги запозна за состојбите во Македонија, но и за се зголемената поддршка на граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на претстојните избори следната година во Македонија.На Конференцијата  ќе се обрати Борис Џонсон, премиер на Обединетото Кралство  на Велика Британија и Северна Ирска, како и обраќања на повеќе клучни министри од британската влада.

Македонија | пред 6 години

Sredba-2

Мицкоски го информираше холандскиот амбасадор за низата на корупциски скандали во кои се инволвирани претставници од власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Дирк Јан Коп.На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, но и за стратешките и реформски процеси кои се од големо значење за иднината на Република Македонија.Мицкоски го информираше холандскиот амбасадор за низата на корупциски скандали во кои се инволвирани претставници од власта, но и СДСМ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека е потребна брза и ефикасна разрешница на случајот Рекет 1 и  Рекет 2 во која сите инволвирани ќе одговараат за стореното.Соговорниците се согласија дека владеењето на правото е клучно за иднината на Република Македонија пред се поради остварување на стратешкиот интерес на државата за добивање на датум за преговори со Европската Унија и нашето членство во Унијата.Мицкоски истакна дека од огромно значење е помошта и поддршката на Кралството Холандија за Македонија во сферата на реформи во правосудството, јавната администрација и владеењето на правото, но дека е потребна власт која сериозно ќе се зафати реформите за остварување на  стратешка определба  на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија за членство во Европската Унија.

Македонија | пред 6 години

mezzo

Охрид наскоро добива нов и ексклузивен хотел Mozzafiato

Охрид наскоро ќе добие нов и репрезентативен угостителски објект, откако досегашниот хотел Mr I наскоро ќе стане Mozzafiato.Дознаваме дека зад објектот застанува комплетно нова екипа поддржана од сериозни локални компании. Се најавува комплетно освежување на сместувачките капацитети, ресторанот, кујната со ново и богато мени по екстра поволни цени, но и забави прикладни на објект од ваков калибар.Mozzafiato во превод значи глетка која ве остава без здив.

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Го превезил, а потоа го нападнал и му ги зел парите

СВР Штип поднесе известување против Г.В.(16) и И.Џ.(32), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 19.08.2019 во близина на село Лесковица, второпријавениот го превезувал Ѓ.Ф.(65) со возило и во моментот кога му наплаќал за услугата првопријавениот физички го нападнал, при што му одзел пари.

Македонија | пред 6 години

missing

14 годишна девојка избегала од дома, ја бара полицијата

На 30.09.2019 во 12 часот во СВР Куманово, Ш.Ш.(46) од с.Оризари, општина Липково,, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината 14-годишна ќерка. Таа и претходно во неколку наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 6 години

pozar-pak

Пожар во струшкото село Делогожда

На 30.09.2019 околу 02.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на К.Д.(36) во струшкото село Делогожда. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга. Увид бил извршен.

Македонија | пред 6 години

krazbi

Украден алат од ЈП „Улици и патишта“

На 30.09.2019 во 11.00 часот во СВР Скопје, Р.Ј.(37) од Скопје пријавил дека во објект на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ на ул.„Венјамин Мачуковски“ непознат сторител извршил кражба и одзел разновиден на алат за работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Со автомобил удрил во коњ кој се движел по коловозот, меѓу повредените и дете

На 30.09.2019 во 19.30 часот било пријавено дека на место викано „Студена чешма“, атар на с.Ветрен, делчевско, З.П.(38) од Делчево, додека управувал патничко возило „фолксваген голф“, со бугарски национални ознаки, удрил во коњ кој се движел по коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.П.(31) и четиригодишно дете сопатник. Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Делчево.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведени турски државјани - неовластено се движеле во кругот на Министерството за одбрана

На 30.09.2019 во 23.50 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека од страна на АРМ биле задржани двајца странски државјани, кои неовластено се движеле во кругот на Министерството за одбрана. Лицата биле приведени во Полициската станица Центар и било утврдено дека станува збор за Б. А.(19) и Т.Е.Ш.(20), двајцата од Република Турција. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Полицијата фати крадец кој оперирал низ Тетово и Гостивар

На 30.09.2019 околу 17.00 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле  Џ.Б.(19) од с.Отушиште, тетовско, поради сомнение дека сторил неколку тешки кражби и кражби минатата и оваа недела во Тетово и Гостивар. Џ.Б. бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Приведени две лица,полицијата кај нив пронашла марихуана

На 01.10.2019 околу 01.00 часот во тетовското село Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.С.(26) од Голема Речица и В.Р.(18) и 17-годишник, двајцата од тетовска Мала Речица, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот , против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Два дена во Скопје посебен режим на сообраќај, еве зошто...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре и задутре (02 и 03.10.) во посета на нашата држава ќе престојува државна делегација на Република Црна Гора.Поради тоа, во наредните два дена на дел од сообраќајниците во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните за разбирање и за почитување на упатствата на полициските службеници задолжени за безбедноста на делегацијата  

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања