Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

ohrid-12

Три заштитни зони и контролирана урбанизација утврдени во Нацрт Планот за управувањето со природното и културното наследство во охридскиот регион

Министерот без ресор, задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, и воедно претседател на Националната Комисија за УНЕСКО, заедно со градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски, државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска и Зоран Павлов од Управата за заштита на културното наследство, денеска одржаа заеднички брифинг за новинарите на кој ги презентираа активностите и напредокот во спроведувањето на препораките од УНЕСКО за охридскиот регион.Министерот Адеми потенцираше дека Владата сериозно го интензивира процесот на имплементација за препораките на УНЕСКО и дека тие се спроведуваат согласно предвидената временска рамка.“Се интензивираат комуникациите со УНЕСКО, на политичко и експертско ниво, нешто што недостасувало долги години наназад. Нацрт Планот за управувањето со природното и културното наследство во охридскиот регион, како и студијата за проценка на влијанието на истиот, се финализираат. Во транспарентен процес Планот ќе биде доставен на увид на јавноста на интернет страниците на Министерство за култура, на Министерството за животна средина и просторно планирање, и на општините Охрид и Струга, во траење од 60 дена”, информираше Адеми на брифингот со новинарите.Министерот Адеми истакна дека во Буџетот на Република Северна Македонија, се издвоени 50 милиони денари за ЈП Колекторски систем за оваа фискална година, како и дополнителни 88 милиони за финансирање на долговите на ЈП Проаква, која досега управуваше со колекторот.Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска на брифингот информираше за активностите поврзани со формирањето на меѓуресорскиот Совет за заедничко управување со природното културно наследство  во охридскиот регион.Дополнително Петровска акцентот на брифингот за медиумите го стави врз Нацрт планот за заштита на природното и културното наследство на охридскиот регион, кој што е усогласен со општините Охрид и Струга, и кој утврдува воведување на три заштитни зони и на воспоставување контролирана урбанизација, веднаш по донесувањето на Законот за урбанистичко планирање кој веќе е во постапка во Собранието на Република Северна Македонија. 

Македонија | пред 6 години

71497831_411972042794316_4681429226388193280_n

Георгиевски: Усеини ми бараше локација за базата, му кажав дека не сум агенција за недвижнини

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски во интервју за „А1он“ вели дека нема место за калкулации и сите дивоизградени објекти ќе бидат отстранети. Тој рече дека сите мора да сфатат дека времето на урбанистички хаос полека завршува.Георгиевски во интервјуто кажа дека поднел и кривична пријава против советникот во општината од ДУИ, Нефи Усеини, за дивоизградената пицерија кај Чинарот.Целосно интервјуто А1он ќе го објави утре во 12 часот. 

Македонија | пред 6 години

Kolinda-Grabar

„Затоа што верувам во Хрватска“ - актуелната хрватска претседателка ја објави кандидатурата за втор мандат

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ денеска ја официјализираше својата кандидатура за втор претседателски мандат, а кампањата ќе ја води под слоганот „Затоа што верувам во Хрватска“.Грабар Китаровиќ има целосна поддршка од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), нејзината матична партија, потврди повеќе пати и премиерот Андреј Пленковиќ.Најочекуваниот датум за одржување на првиот изборен круг е недела 22 декември, додека вториот круг ќе се одржи четиринаесет дена подоцна на 5 јануари следната година.

Свет | пред 6 години

carsija

Милион евра за уредување на Старата скопска чаршија

Општина Чаир и Министерство за економија ќе го финансираат проектот за уредување на излозите и рекламите со кој ќе бидат опфатени 97 дуќани во Старата скопска чаршија. Ова денес го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши кој присуствуваше на потпишувањето на договорот со  градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.„За проектот кој ќе значи уредување и разубавување на скопската Чаршија која е еден од најзначајните историски споменици во Скопје, но и во државата, 9, 7 милиони денари одвои Министерство за економија, додека пак Општина Чаир обезбеди уште 2 милиона денари“, информираше министерот Бектеши. Со ова планираме да ја направиме попривлечна за странските и за домашните туристи.Уредувањето на излозите треба да се реализира до крајот на годинава додека пак комплетното уредување на Чаршијата, со партерното уредување и замена на камените плочници би требало да заврши до крајот на следната година, информираше Бектеши. 

Скопје | пред 6 години

nikola-kojo-642x336

Никола Којо доживеал несреќа при снимање филм - паднал на глава па итно бил пренесен во болница

Српскиот актер Никола Којо заврши во болница во Загреб, откако во тек на снимање на филм се лизнал и паднал на трупец. При снимањето на кадри со трчање низ шума, Никола Којо се лизнал и со лицето удрил во пресечен трупец. Веднаш бил превезен во болница, каде што му е направена снимка на главата.Којо изјавил дека се чувствува добро.

Магазин | пред 6 години

urivanje-2

Сугарески од Охрид: Рушењето на дивоградби во Охрид се врши според план, за Струга најпрво треба изготвување регистар

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека се работи според препораките на УНЕСКО за уривање на дивоградбите, оценувајќи дека е манипулација тврдењето дека до февруари треба да бидат урнати сите дивоградби.– Препораките на УНЕСКО треба да се спроведат, но не треба да се прави фама дека се што побарале од УНЕСКО оти сите дивоградби треба да бидат урнати до февруари. Тоа е класична манипулација, но факт е дека со јасна динамика и зацртан план Општина Охрид веќе постапува во делот на дивоградбите, изјави Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Охрид, каде учествуваше на 18. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори.Според него, градежните инспектори ќе го кажат крајниот збор за дивоградбите во Струга, каде не е почнато уривање.-Што се однесува на Струга, таму не е отпочнато уривање на дивоградби. Има одредени тврдења дека таму нема дивоградби, меѓутоа има градежни инспектори и на локално и на државно ниво кои тоа треба да го утврдат, истакна министерот за транспорт и врски.

Македонија | пред 6 години

deca-filter

Средношколци измислија филтер за прочистување на воздух кој се става на оџак, од фондот за иновации не им ја препознале иновацијата

Тројца ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ измислија филтер, кој се става на оџак на куќа и притоа не дозволува штетните ПМ-10 честички да завршат во воздухот. Теофилија Стоилковска, Марко Дураков и Мартин Стеванов сметаат дека нивниот изум, чии делови ги набавиле од странство со сопствени средства, ако биде ставен на скопските оџаци, тогаш загадувањето на воздухот во Скопје ќе биде намалено за третина. Тројцата средношколци тргнале од фактот дека на фабричките оџаци се ставаат филтри, па зошто да не се стави и на оџаците на домовите за да не ги пушта во воздухот штетните честички. Филтерот работи на тој принцип што најпрво адаптер се поврзува на градска мрежа, објави fakulteti.mk.Адаптерот го снижува напонот за да го приспособи на вториот трансформатор, кој го претвора во високо напонски за да може од него, кога ќе се поврзе на цевките, да се формира електростатско поле меѓу нив. И, всушност, кога чадот поминува низ цевката тука се лепат честичките во зависност од полначот што го имаат. Филтерот се инсталира над оџакот, а штетните честички се лепат на ѕидовите на цевките.При изработката на филтерот многу им помогнал професорот по физика, Цветко Неделковски кој смета дека на изумот му е потребно доусовршување. Смета дека треба да се додаде систем кој би ги тресел честичките во посебен сад, слично како што се прави со пепелта.– Ние имаме идеја да направиме пилот-проект на десетина куќи, па да го видиме ефектот – вели Неделковски.Со оваа иновација која ги чини скромни 100 евра, се претставиле на Предизвик за млади истражувачи, организиран од Фондот за иновации и технолошки развој, но велат дека не им ја препознале иновацијата, па сега се надеваат дека некој претприемач или Град Скопје ќе ја забележи.Имаат слична идеја за ставање филтер и на автомобилите, но ќе ја реализираат во следниот период.Извор и Фото: fakulteti.mk 

Македонија | пред 6 години

pompeo

(ВИДЕО)Новинарка му подари на Помпео парче пармезан и го замоли да му го предаде на Трамп

Американскиот државен секретар ја започна европската турнеја, додека во САД зоврива кризата со барањето за отповикување на претседателот Доналд Трамп во која и тој е актер. Во Италија се случи една непријатност. Поточно, италијанска новинарка му подари парче пармезан на Помпео, барајќи од него да му го однесе на претседателот Доналд Трамп.„Имам подарок за вас - италијански подарок. Премиерот знае за што зборувам. Ова е пармезан Реџиано и ова е она што го правиме најдобро во Италија", рече Аличе Мартинели, додека Помпео љубезно го прими автентичното италијанско сирење, пренесе Вашингтон пост.Сепак, на Конте не му се допадна целата ситуација.„Може ли да побарам од дамата да се повлече, ве молам?", рече Конте.„Би ви била благодарна доколку и вие помогнете“, му одговори новинарката на Конте.„Не грижете се, ја работам јас својата работа“, рече Конте.„Однесете му го на господин Трамп, ве молам, и кажете дека го правиме сесрдно, ве молам“, му рече таа на Помпео, додека припадници на безбедносните служби интервенираа за да ја испратат од сцената.

Свет | пред 6 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

10 милиони евра грант од Еиб за Северна Македонија

Забрзувањето на европските интеграции носи позитивни економски резултати. Вчера на самитот на Економист во Скопје, регионалниот директор на ЕИБ Матео Ривелини најави дека се доделува грант од 10 милиони евра на Република Северна Македонија за пречистителна станица во Скопје.Парите кои се наменети за пречистителната станица доаѓаат во време кога земјава ја очекува одлуката за старт на преговори за влез во Европска унија, што се толкува како потврда за реформскиот процес во економскиот сектор.Вицепремиерот Кочо Анѓушев на панелот на Економист, ја посочи недвосмислената заложба дека Владата нема да отстапи од патот на реформите и владеење на правото како гаранција за сигурност на стопанството и инвестиците.“Стремежот на секоја Влада е раст и развој на економијата, а тоа е возможно само доколку се обезбеди стабилноста на државата и владеење на правото преку кое се обезбедува сигурност во направените инвестиции. Со веќе извесното полноправно членство во НАТО и очекуваната препорака за започнување на преговори за членство во ЕУ, се обезбедува потполна политичка стабилност на Северна Македонија, која ќе се рефлектира со дополнителни позитивни резултати во економијата и повисок животен стандардна граѓаните.” изјави Анѓушев кој посочи дека токму за да може инвеститорите да чувствуваат сигурност во нивните инвестиции, Владата го донесе Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со што е овозможено транспарентна и еднаква поддршка на домашните и странските инвеститори.

Македонија | пред 6 години

protest-1

Независниот синдикат на полицијата протестира, бараат враќање на честа и угледот и повисоки плати

Со апел да се врати достоинството на полицијата, да не се омаловажуваат полициските службеници и да не се нарушува честа и угледот на овие лица, Независниот полициски синдикат денес излезе на мирен протест. Протестот се одржа под мотото „Враќање на достоинството на полицијата“.Поради протестот блокирани се повеќе сообраќајници во Скопје и низ другите градови во земјава.Од Независниот синдикат велат дека преку протестот сакаат да ги алармираат надлежните за лошите услови за работа на полицајците и на затворската полиција.Дел од барањата се повисока плата за 25 отсто, колективен договор во Шумска и Затворската полиција. Претседателот на синдикатот Гоце Делчев рече дека полицијата нема земено плата, и постави ултиматум до министерот Оливер Спасовски од 15 дена за исполнување на барањата на синдикатот.

Македонија | пред 6 години

Naum-PRESS-0210-2

Стоилковски: Десетина и повеќе денови „Рекет 2“ ја тресе македонската јавност, а Ден Дончев и Венко Филипче се уште се на функции и се уште раководат

Десетина и повеќе денови „Рекет 2“ ја тресе македонската јавност, а Ден Дончев и Венко Филипче се уште се на функции и се уште раководат со Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија и со Министерството за здравство, иако против нив има кривична пријава која што се надополни и со лице од „Рекет 1“- човекот со чантата „Луј Витон“ - Зоран Милески Кичеец. Наводите од кривичната пријава се потврдени од Зоран Заев, а тие се уште раководат со институции каде што можат да влијаат врз докази и сведоци. Уште повеќе може да го повторат делото. Невозможна е истрага и вистинско расчистување на „Рекет 2“, додека Дончев и Филипче се функционери. Потребни се оставки и кредибилна истрага, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Рекет 2“ е скандал од високата корупција кој што го открива сето делување на октоподот на власт. Премиер, министер и директор на здравствен фонд признаваат дека вршеле притисок врз домашна компанија, злоупотребиле позиции и овластувања за одвраќање на светски здравствен гигант, шведската компанија да не инвестира во Македонија, да не влезе во Македонија и да не ги подобри условите и услугите за пациентите. Уште повеќе, премиерот признава средби со Кичеец, човек кој што се појавува и во „Рекет 1“ и сега во „Рекет 2“.Првично беше негирано учеството на Кичеец во „Рекет 2“, како што велеше Дончев, го знаел од ТВ.Зад „Рекет 2“ стои кривична пријава и јавни сведочења, стојат лукративни цели, наголемо се зборува за месечни транши кај благајник со брада во Струмица, се зборува за преземање на домашна компанија, се зборува за уцени преку злоупотреба на ЈО и УФР.„Рекет 2“ е огромен скандал кој што зад себе крие огромни прашања, за кои што се уште нема институционални одговори:Дали и за колкави рекетирани суми се работи во „Рекет 2“? Дали биле исплаќани месечни транши рекет кај благајник со брада од Струмица кој што се споменува во јавноста? Кој е и чиј е тој благајник со брада? Дали одвраќањето на шведската компанија зад тоа стои намера за преземање на домашната компанија? Дали улогата на Кичеец повторно била да ги пренесува парите, рекетот до благајникот со брада, или овој пат има и улога да пренесува уцени? Зошто и по цела година од истрагата нема резултат за криминогени дејствија, според кажаното од Заев, Дончев и Филипче, а парите на домашниот бизнисмен се уште се замрзнати? Колкава е улогата на Управата за финансиско разузнавање, преку која што е замрзнат имотот од продажбата? Дали зад замрзнувањето на имотот стои уцена за добивање на дел од колачот од продажбата?Се отвораат и други прашања. Доколку Заев, Филипче и Дончев се сомневале во „Диамед“ зошто ФЗОМ испратил авансно три милиони евра, а Фондот им доцни на матичните доктори и по 90 дена со исплата? Зошто стеријализацијата оди кај фирма која што има истраги, а има и судски процес во соседна Албанија и во Италија? А, нема предупредување од Дончев до министерот за здравство Венко Филипче? Тендерот за хемиски реагенси е доделен на фирма регистрирана месец дена пред да го добие тендерот за реагенси, ама Дончев не реагира. Не се реагира кога се даваат пари од државата на сомнителни фирми. Ден Дончев, Венко Филипче и Зоран Заев очигледно биле посветени само и само за продажбата на „Диамед“.Овие прашања заслужуваат одговор. Но со октоподот на власт, со веќе признатата спрега на власта со јавното обвинителство, со дојавите од обвинителството до Зоран Заев за нивните дејствија, одговори на овие прашања се невозможни. Потребни се оставки, потребно е вистинско расчистување со високата корупција и рекетирања на бизнисот. Но, се додека октоподот е на власт, јавноста ќе биде скандализирана со нови и нови рекетарски, криминогени, коруптивни скандали без вистинска завршница. Потребни се итни избори, и веднаш потоа обнова на Македонија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

Foto-4

Пендаровски: Особено ја цениме јасната и недвосмислена поддршка од Црна Гора во остварувањето на нашите врвни стратешки цели

На денешната зедничка прес-конференција со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во вила „Водно“ претседателот Стево Пендаровски меѓу другото истакна:„ На денешните средби констатиравме дека односите меѓу Северна Македонија и Црна Гора продолжуваат да се развиваат во духот на пријателството и соработката, без отворени спорни прашања. Со мојот пријател Мило се согласивме дека двете земји негуваат одлични политички односи и споделуваат исти надворешно-политички приоритети и цели.  Разговараме и за регионалната соработка, којашто колку што содржи предизвици, нуди и шанса и надеж за натамошно подобрување на односите меѓу нашите две држави. Како две земји кои се активно вклучени во регионалните односи, во насока на подобрување на стабилноста, пријателството и меѓусебното разбирање, ги разгледавме и другите прашања од регионот во контекст на евро-атлантските интеграции.  Нашите две држави ги поврзува заедничкото минато, но уште повеќе заедничката иднина – водењето на нашите држави на патот кон мирот и просперитетот кон обединета Европа“, истакна Пендаровски.Претседателот додаде:  „Можам слободно за заклучам дека Северна Македонија и Црна Гора се цврсто определени за целосно европско и евроатлантско интегрирање, за исполнување на агендата на Берлинскиот процес и на другите формати на регионална соработка. Интеграциите, стабилноста, добрите односи меѓу двете држави на различни нивоа, ги гледаме како неопходни услови и за економскиот развој на нашите држави и за подобрувањето на животниот стандард на нашите граѓани. Во интерес на граѓаните треба да вложиме напори за унапредување на меѓусебната економска соработка, каде што постои многу поголем потенцијал за далеку подобар резултат од досегашниот“, рече претседателот Пендаровски.    

Македонија | пред 6 години

stevo-pendarovski

Пендаровски: Нема никаква официјална најава дека Бугарија сега ќе не’ блокира, кога чекаме да добиеме датум за преговори

Нема најави од бугарскиот државен врв дека ќе го блокираат доделувањето датум за отпочнување преговори со ЕУ, изјави претседателот Стево Пендаровски, одговорајќи на новинарско прашање на денешната зедничка прес-конференција со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во вила „Водно“.– Нема никаква најава ниту од релевантен фактор од соседна Бугарија, дали е тоа претседател, дали е Владата, надлежните министри, дека Бугарија сега ќе не блокира во средината на овој месец кога чекаме да добиеме датум за преговори, кога ја очекуваме европската одлука на 15 или на 17 октомври. Како понатаму, не само Бугарија, туку можеби и Грција низ понатамошната имплементација на Преспанскиот договор, ќе се однесува  во текот на преговорите кои траат со години, во тој долг процес, ќе видиме. Допрва ќе прочитаме и чуеме тоа што го најавуваат како преговарачка рамка за ова прашање, но повторувам тоа е за понатамошниот период кога ќе почнеме да преговараме, се надеваме од почетокот на 2020 година, рече претседателот Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ОО СДСМ Аеродром: Се грижиме за здрава животна средина

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжува да работи одговорно и во интерес на граѓаните,Град Скопје целосно го менува својот лик. Со новиот концепт на третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во Скопје глетките на отворени и преполни контејнери со отпад, кои околу себе шират непријатна миризба се веќе минато, истакна Љубица Јанчева, претседателка на Совет на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром.За таа цел, набавени се нови контејнери коишто се највисокиот технолошки стандард применет во Европа. Со 540 нови контејнери со капацитет од 3200 литри со ќе бидат заменети над 1800 од вкупно 4500 досегашни стари контејнери.Новите контејнери се речиси со 3 пати поголем капацитет од досегашните, опремени со механизам за автоматско затварање на капакот и упатства за правилно користење.Истовремено, во соработка со Пакомак набавени се и 30 контејнери со капацитет од 2200 литри за селектирање на отпад.Со оглед на тоа што станува збор за сосема нов систем, градот набави 4 нови комунални возила за третман на овие контејнери. Овие возила се опремени со технолошки најсовремен систем за странично собирање на отпадот што значително ќе го забрза и поевтини процесот на собирање комунален отпад во нашиот град.Град Скопје набави и 950 нови канти за џебен отпад што преставува зголемување за една половина од досегашните 1750 канти. 850 од нив се направени од еластичен материјал и дополнително се заштитени од непрописно полнење со кеси полни со комунален отпад и од растурање на ѓубрето од уличните животни. Останатите 100 канти се прилагодени и за отпадоци од домашните миленици.Овие канти заедно со новите 12 електрични машини за вакуумско чистење и новите 10 електрични возила за чистење и миење на јавни површини освен што го зголемуваат техничкиот потенцијал, дополнително претставуваат можност за граѓаните заеднички да се грижиме за хигиената на јавниот простор во нашиот град.Возилата за миење и чистење се наменети за одржување на хигиената на јавните простори, пред се шеталиштата, тротоарите и вело патеките. Се работи за технолошки најсовремени машини на електричен погон заради што воопшто нема да го загадуваат воздухот во Скопје.Градот Скопје ќе продолжи со инвестирање во техничките и човечки ресурси за одржување на хигиената, ќе продолжи и со кампањите за правилно постапување со отпадот и ќе го засили инспекцискиот надзор.Граѓаните заслужуваат чиста и здрава животна средина, а локалната и централната власт под водство на СДСМ и коалицијата секојдневно работат на остварување на таа цел. Дадовме збор и зборот важи, истакна Љубица Јанчева, претседателка на Совет на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром.

Скопје | пред 6 години

02102019_PVRSM_Zaev_sredba_so_min_za_nadvoreshni_raboti_na_Finska_2

Земјата претседавач со Советот на ЕУ израсува силна поддршка за проширувањето на ЕУ и за позитивна одлука во октомври

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од вице премиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, имаше средба со Пека Хависто, министер за надворешни работи на Финска.На средбата се пренесени поздрави од финскиот премиер Анти Рине до премиерот Заев, изразена е силна поддршка за проширувањето на ЕУ, како и силна поддршка од Финска, којашто претседава со Советот на ЕУ, за позитивна одлука во октомври на Самитот на ЕУ, од којшто Република Северна Македонија очекува датум за почеток на преговорите со Европската унија.На состанокот е констатиран прогрес во областа на владеењето на правото во нашата земја и е изразена поддршка тој процес да продолжи.Исто така соопштено е дека Финска има големо почитување кон Договорот во Преспа, како решение на билатерално прашање постигнато на мирен начин.Премиерот Заев се заблагодари за пријателството и искрената поддршка од Финска на Република Северна Македонија и на евроинтеграциските процеси, посебно во периодот на очекуваната важна одлука за нашата држава.-Денешната средба е историска бидејќи се случува во моменти кога Финска претседава со Советот на ЕУ, а Република Северна Македонија, за 15-тина дена, очекува од Советот на ЕУ силна и јасна позитивна одлука за почеток на преговорите со Европската унија. Ги направивме важните реформи низ консензус со опозицијата, ги решивме билатералните прашања со соседите преку редок пример на договор и политики на дијалог и решенија, цврсто сме определени кон почитувањето на европските вредности. Придонесуваме во развојот на регионалната соработка којашто резултира со развој на трговијата, бележиме раст на економијата, нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати. Испорачавме резултати и сметаме дека како земја заслужуваме ЕУ да возврати со позитивна одлука којашто ќе биде мотивација да продолжат позитивните промени дома, а тоа ќе биде и добра порака за евроинтеграциските перспективи на регионот, рече премиерот Заев.Премиерот Заев посочи дека нашата држава е определена и кон примена на добрите европски практики во конкретни области што се применливи во земјава и во таа насока соопшти за определеноста за примена на успешните фински искуства во образованието, како и успешните практики од нордиските земји во областа на иновациите, дигитализацијата, новите технологии.На средбата заеднички е констатирано дека се значајни и ќе продолжат твининг програмите со Финска поддржани од ЕУ во нашата држава.Исто така, нагласено е дека Финска не е земја членка на НАТО, но тесно соработува со Алијансата и со земјите членки и се очекува, полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, да придонесе во безбедноста и стабилноста на државава, но и да отвори можности на зајакнување на соработката на овој план помеѓу двете држави. 

Македонија | пред 6 години

sad-iran

Штом не е твое треба да се врати - САД му вратија на Иран уште 1.800 древни артефакти

Иранската Влада соопшти дека точно 1.783 антички артефакти пристигнале во земјата како дел од враќањето на илјадниците антиквитети позајмени пред осумдесетина години од страна на Универзитетот во Чикаго.Предметите беа вратени во Иран од двајца професори од Универзитетот.Ова е четврта група предмети вратени во Иран од 2004 година досега, а остануваат уште околу 17.000 наоди.Инаку, Иран и САД, официјално, немаат дипломатски односи од 1979 година.

Свет | пред 6 години

uragan

(ВИДЕО) Моќниот ураган Лоренцо доаѓа во Европа

Ураганот Лоренцо денеска стигна Азорските острови каде донесе обилен дожд, силен ветер и големи бранови. Според првичните извештаи, ураганот веќе направил мала материјална штета.  Но прогнозите се дека ќе има бранови со височина до 20 метри и урагански налет на ветрови со брзина до 200 километри на час. Локалните власти веќе упатија црвено предупредување до населението.Американскиот национален центар за урагани во Мајами, издал предупредување за ураганот и предупредува за тропско невреме за преостанатите два денови. На островите живеат околу 250.000 луѓе.

Свет | пред 6 години

ubistvo-belgrad

Хорор во Белград: Кик-боксер ја прободел мајка си во гради, па и го пресекол вратот

Страшно убиство се случило вчера вечер во белградската населба Калуѓерица, 20-годишниот Павле.Т со нож во изнајмениот стан ја заклал мајка си. Неколку пати ја избодел со нож во градите, а потоа и го пресекол и вратот.Итната помош пристигнала на местото на злосторството и се обиделе да ја реанимираат, но на жената и немало спас, па можеле само да констатирата смрт.После убиството момчето побегнало, но е уапсено 10 минути подоцна.Полицијата го нашла и ножот со кој што е убиена жената.После апсењето момчето зборувало неповрзано, а засега одреден му е притвор.  

Свет | пред 6 години

sudski-sovet2

Десетина судови добија претседатели

Судскиот совет денеска конечно избра претседатели на десетина судови со кои раководеа в.д. претседатели.  Миле Димовски, судија – кривичар, е избран за нов претседател на Основниот суд во Битола, за кого гласаа 13 од вкупно 14 членови на Судскиот совет. Противкандидат на Димовски беше досегашниот  претседател на Судот во Битола Дејан Крстанов кој не доби поддршка за нов мандат, објави Novatv.mkПретседателот на Советот Киро Здравев рече дека Димовски има подолго судиско искуство, за разлика од Крстанов кој е со судиски стаж од 7 години и 15 дена. Против изборот на Димовски гласаше единствено членот на Советот Жарко Караџоски кој  рече дека гласал против, не затоа што Димовски не е добар судија, туку  затоа што Советот не го поддржал Крстанов во чиј мандат Судот во Битола покажал одлични резултати.За нов претседател на Судот во Велес е избрана Лидија Димова која има 33 години, 3 месеци и 3 дена судиски стаж, за која гласаа сите членови на Советот и за која рекоа дека ,,мора да добие признание за својата досегашна работа“. За Александар Шопов, досегашниот претседател на Судот во Велес кој исто така беше кандидат, беше речено дека е млад и има време да се докаже.Текстот во целост на: Novatv.mk     

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Скопјанец обвинет за разбојништво во спортска обложувалница

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 27-годишен жител на Скопје, на 10 септември, со службено возило на фирмата во која работел како дистрибутер, дошол до спортска обложувалница на ул. „Благоја Стефковски“. Го паркирал возилото во непосредна близина на обложувалницата, со нож во раката влегол внатре и се заканил на еден вработен и на уште едно лице кое во тој момент се наоѓало во објектот. Притоа одзел 21.760 денари од касите на уплатно-исплатното место, 138.020 денари кои се наоѓале во ВЛТ апаратите, како и 24 исплатени тикети со вкупна сума од 55.283 денари. Откако го извршил разбојништвото, со возилото го напуштил местото и се упатил во правец на населбата Хиподром.Со Решение на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје на обвинетиот му беше определена мерка куќен притвор, а јавниот обвинител заедно со обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на оваа мерка.

Скопје | пред 6 години

Foto-1-1

Претседателот Пендаровски домаќин на црногорскиот колега Ѓукановиќ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој престојува во официјална дводневна посета на нашата земја. Посетата на црногорскиот претседател е воедно и прва официјална посета на странски претседател на Северна Македонија во мандатот на претседателот Пендаровски. Во фокусот на разговорите на двајцата претседатели се пријателските односи меѓу Северна Македонија и Црна Гора, кои споделуваат заедничко минато и се стремат кон заедничка иднина преку интегрирањето во евро-атлантските институции. Покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателот Ѓукановиќ, предвиден е и пленарен состанок меѓу македонската и црногорската официјална делегација, како и прес конференција на двајцата претседатели.

Македонија | пред 6 години

Civil

ЦИВИЛ: На насилството да одговориме со активно учество во промовирање на мирот, слободата и толеранцијата

Биди промената што сакаш да ја видиш во светот, ненасилството е „посилно од најмоќните оружја за уништување осмислени од генијалноста на човекот“, гради култура на мирот, толеранцијата, разбирањето и ненасилството, се дел од пораките што секоја година ги упатуваме по повод Меѓународниот ден на ненасилството, 2 октомври, воедно и роденденот на Махатма Ганди.Овој ден е воспоставен во 2007 година, според резолуцијата на Обединетите нации A/RES/61/271. Според резолуцијата, Меѓународниот ден на ненасилството е можност „да се прошири пораката за ненасилство, вклучително преку едукација и јакнење на јавната свест“.Република Северна Македонија, како земја-членка на ОН е обврзана целосно да ја почитува оваа резолуција, промовирајќи го принципот на ненасилство. Сепак, во екот на значајни политички привирања и општествени промени, тензични политики и разгорување на гневот по различни основи, граѓанките и граѓаните во Северна Македонија, како секогаш да се на работ од приминување на границата од ненасилни и мирни решенија, кон конфликтно и насилно продлабочување на проблемите.ЦИВИЛ од своето основање во 1999 година ги следи принципите на ненасилство и заложба за човекови права и слободи. Како организација што се залага за свет во кој сите луѓе живеат во мирно и демократско општество, се бори за надминување на култот кон оружјето, го промовира начелото на потполна слобода на изразување и медиуми слободни и независни од влијанието на центрите на моќта, независни институции целосно посветени на интересите на граѓанките и граѓаните, на Меѓународниот ден на ненасилство им порачува на граѓанките и граѓаните, како индивидуалци, но и како општество, наспроти сите предизвици да одговориме со активно учество во одржување на мирот, промовирање на слободата и приклонување кон процесите на помирување.Денот на ненасилството треба да биде потсетник дека јакнењето на свеста и едукацијата за ненасилни политики, толеранција, почитување и разбирање како еден од факторите што треба да придонесат кон донстоинствен живот за сите.ЦИВИЛ – Тим за комуникации

Македонија | пред 6 години

04

Спасовски: Заштитата на критичната инфраструктура приоритет за динамично интегрирање во евро-атлантските структури

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше обраќање на конференцијата „Критична инфраструктура - Концепт и безбедносни предизвици“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт. Министерот Спасовски, осврнувајќи се на темата на конференцијата, ја нагласи поврзаноста на критичната инфраструктура со безбедноста, како нејзин делокруг на работа.„Ако ја земеме предвид општата дефиниција за критична инфраструктура, без оглед што таа во различни држави различно може да биде систематизирана, под критична инфраструктура се подразбира сè она што е од витално значење за функционирањето и опстанокот на една заедница или општество. Следствено на тоа, а во контекст на нашите општествени приоритети за динамично интегрирање во евроатлантските структури, јасно е зошто започнавме еден процес на законско и институционално регулирање на овој сегмент од безбедноста. Тоа подразбира проценка, анализирање, дефинирање и заштита на критичната инфраструктура“, истакна министерот Спасовски во своето обраќање.Според него, кон ова прашање кое е од примарно значење мора да се пристапи стручно, професионално и стратешки долгорочно, затоа што овој сегмент е основата на функционирање на државата, системот и нејзините институции, колку поради веќе стандардизираните и нормирани западноевропски модели на заштита на критичната инфраструктура, толку и поради постоечките регионални и меѓународни безбедносни трендови.„Притоа, како земја кандидат за членка во ЕУ и земја скорешен иден полноправен член на НАТО алијансата, ние веќе имаме одредени законски репери како, на кој начин и во каква мерка треба да се одвива институционалната заштита на критичната инфраструктура. Имено, тука пред сè мислам на хармонизирање на националното законодавство со европските норми во сегментот на критичната инфраструктура, секако почитувајќи ги притоа нашите автономни политики и нашите принципи за безбедносна политика, како неделив сегмент од остварувањето на националните интереси на Република Северна Македонија“, рече Спасовски.Министерот за внатрешни работи, поздравувајќи ја организацијата на конференцијата посветена на критичната инфратструктура, која привлече импозантен меѓународен академски состав, го изрази своето уверување дека од неа ќе произлеат предлози и идеи, кои преку соработка на државните институции со академската и експертската јавност, ќе резултираат со изработување на стратешка рамка и регулатива со која ќе се даде законскиот основ за заштитата на критичната инфраструктура. 

Македонија | пред 6 години

image-0-02-04-99864c31c5e2f5a68ee26eba730fc30cd04917d2df499632d2e795511d5f7fbf-V

Ќе се гради нова градинка во населба Драчево

Министерството за труд и социјална политика објави оглас за избор на градежна компанија која ќе пристапи кон изградба на нова детска градинка во нас. Драчево. Имено, Oпштина Кисела Вода кон крајот на минатата година изработи основен проект за изградба на нова градинка во нас. Драчево, по што аплицираше и доби грант од МТСП за зголемување на капацитетите на јавните детски градинки на нејзината територија.Имајќи го во предвид фактот дека сегашниот капацитет на објектите за згрижување на најмладата популација во нас. Драчево не ги задоволуваат барањата и потребите, односно листите за чекање за упис на деца се предолги, од суштинска важност се наметна потребата за изградба на нова детска градинка во најголемата населба во општина Кисела Вода.Согласно изработениот проект, новата градинка ќе се простира на површина од 600 квадратни метри, со поделена катност од подрум, приземје и еден кат. Во подрумот е предвидена просторија за горилник и остава за огревен материјал. На приземјето ќе се наоѓа главниот влез на градинката, како и 4 занимални. На првиот кат се планира да бидат сместени јаслите како и придружни простории.Вкупниот капацитет на градинката за згрижување на деца е вкупно 125, од кои 95 деца на возраст од 2 до 6 години и 30 деца до 2 годишна возраст.Објектот ќе ги задоволи сите параметри за енергетска ефикасност, а во функција ќе биде и млечна кујна, санитарни простории, како и соодветен паркинг простор.Општина Кисела Вода обезбеди правосилно одобрение за градење, а почетокот на изградбата на објектот се планира по завршување на тендерските процедури.Целокупниот проект е финансиран преку кредит од Светската Банка за спроведување на Проектот за подобрување на социјалните услуги.

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Машина за месо ѝ откина прсти на вработена во „Рамстор“

Вработена во маркетот „Рамстор“ во трговскиот центар „Капитол“ во скопската населба Аеродром, вечера тешко ја повредила раката чистејќи ја машината за мелење месо, објави Плусинфо.Веднаш била повикана екипата на Итната медицинска помош, но и екипа на Противпожарната бригада.Нашата лекарска екипа веднаш интервенираше, откако бевме повикани поради тоа што на вработена при чистење на машината за мелење месо и биле отсечени прстите на едната рака. Откако и беше укажана помош на лице место, таа е пренесена во Ургентниот центар при скопските клиники, каде најверојатно ќе и бидат ампутирани повредените прсти, велат од Итна медиинска помош.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања