Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

droga-paketi

Утврден Предлог-закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции

На вчерашната 156-та седница, Владата на Република Северна Македонија го утврди текстот на Предлог - законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции чија цел е спречување и сузбивање на злоупотребата на опојните дроги и психотропни супстанции, спречување на недозволено производство и промет на опојни дроги, психотропни супстанции и растенија од кои може да се добие опојна дрога, и супстанции кои можат да се употребат за производство на опојни дроги или психотропни супстанции и заштита на животот и здравјето на луѓето и контрола на опојните дроги и психотропните супстанции.Предлог – законот, меѓу другото, предвидува одгледувањето на канабис за медицински цели да биде дозволено само на правни лица кои имаат одобрение за одгледување на канабис донесено од Министерството за здравство, по претходно добиена согласност од Владата, како и дека секоја измена во сопственичката структура треба да биде одобрена од страна на Владата.Во текстот на предлогот за закон во оваа дејност се наведува дека компаниите кои ќе се стекнат со лиценца за производство на канабис во медицински цели, ќе бидат должни да уплатуваат средства во висина од 10% од вкупниот износ без пресметан ДДВ на излезната фактура за продажба на производи согласно овој закон, на соодветна сметка, кои се приход на Буџетот на Република Северна Македонија. За овие средства, како прилив во Буџетот на државата, Владата на Република Северна Македонија ќе донесува посебна програма за нивната намена и начинот на користење во која приоритет ќе имаат лековите за ретки болести и други приоритети во здравствената заштита.Дел од овие средства ќе бидат наменети и за одржливо финансирање на Агенцијата за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производи од канабис за медицински и научни цели, како самостоен орган на државната управа со својство на правно лице, која се предвидува да биде основана согласно овој предлог-закон.Утврдениот текст на предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции ќе биде ставен на јавна расправа.

Македонија | пред 6 години

spasovski

Спасовски до 21 октомври треба да формира работната група за ветинг во МВР

Владата вчера ја усвои информацијата и Предлог – планот за мерки, активности и динамика на спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи.-Владата го задолжи министерот за внатрешни работи, најдоцна до 21 октомври 2019 година, да ја формира работната група утврдена за спроведување на процесот на ветингот на вработените во Министерството за внатрешни работи и преку претседателот на Собранието на Република  Македонија да побара во работната група да земат учество најмногу тројца претставници од политичките партии во Собранието на Република Македонија, кои ќе бидат во улога на набљудувачи на процесот на ветинг во Министерството за внатрешни работи, соопшти владината прес-служба.Планот, како што се наведува во соопштението, го изработила Работната група, во која покрај претставници на Министерството, учествуваат и претставници на академската заедница, Македонскиот полициски синдикат, ОБСЕ, Амбасадата на САД, како и претставници од невладиниот сектор.

Македонија | пред 6 години

boki-2-3

Боки 13 бара укинување на притворот

Првоосомничениот во случајот "Рекет", Бојан Јовановски, со својот адвокат на Јавна седница во Апелациониот суд денеска ќе ги образложат аргументите со кои ќе побараат укинување на мерката притвор.Апелациските судии ќе одлучуваат по жалбата на Боки 13 откако претходно Кривичниот суд му го продолжи притворот за нови 30 дена.Јовановски е веќе трет месец во притвор како првоосомничен за "Рекет".

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

СДСМ: Новиот концепт за третман на отпадот во Скопје, реализиран од градската власт предводена од СДСМ го унапредува квалитетот на животната средина

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжува да работи одговорно, домаќински  и во интерес на граѓаните. Преку новиот концепт на третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во Скопје, преполните контејнери со отпад и непријатна миризба се веќе минато. Со набавката на новите 540 контејнери со капацитет од 3200 литри, што е за три пати поголем од досегашните, ќе се заменат  над 1800 од вкупно 4500 стари контејнери. Паралелно со тоа, градот набави 4 нови комунални возила за третман на овие контејнери, се вели во соопштението од СДСМ.Овие возила се опремени со технолошки најсовремен систем за странично собирање на отпадот што значително ќе го забрза и поевтини процесот на собирање комунален отпад во нашиот град.  Набавени се и 30 контејнери со капацитет од 2200 литри за селектирање на отпад. Град Скопје набави и 950 нови канти за џебен отпад што преставува зголемување за една половина од досегашните 1750 канти, од кои 100 канти се прилагодени  за отпадоци од домашни миленици.Овие канти заедно со новите 12 електрични машини за вакумско чистење и новите 10 електрични возила за чистење и миење на јавни површини го зголемуваат техничкиот потенцијал и  претставуваат можност заеднички да се грижиме за хигиената на јавниот простор во нашиот град.Возилата за миење и чистење се технолошки најсовремени машини на електричен погон кои воопшто не го загадуваат воздухот се наменети за одржување на хигиената на јавните простори, пред се шеталиштата, тротоарите и вело патеките.Граѓаните заслужуваат чиста и здрава животна средина, во таа насока се и вложувањата на  локалната и централната власт предводени од СДСМ кои во континуитет продолжуваат со инвестирање во човечки и технолошки ресурси за таа намена,се вели во соопштението од СДСМ.За нас зборот важи!

Скопје | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Доцнат платите во МВР и армијата, Книги за учениците нема, само Заев е среќен

Доцнат платите во МВР и армијата. Наши војници во Германија се пратени со скинати униформи. Полицијата дома кубури со опрема. Власта е инертна и не презема ништо. Хаос е во целата администрација, а вработените се соочени со неизвесност заради неспособноста и незаинтересираноста на Зоран Заев и неговите функционери. Докторите, војската и полициските службеници одат со стари и искинати униформи, се вели во сопштението од ВМРО ДПМНЕ.Книги за учениците нема, иако учебната година е почната уште пред еден месец. Власта троши на се, само за граѓаните не. Нема пари за соодветно зголемување на пензиите. Полицијата протестира и блокира, а земјоделците протестираат и го фрлаат својот род. Во Македонија владее хаос и незадоволство.Само Зоран Заев е среќен бидејќи неговото семејно богатство и богатството на неговите соработници континуирано расте. Македонија не може да продолжи да ги трпи неправдите. Потребни се предвремени парламентарни избори за пад на СДСМ. Доаѓа време за обнова на Македонија, се вели во сопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

atentat

24 години од атентатот на првиот македонски претседател, Киро Глигоров

Денес навршуваат 24 години од неуспешниот обид за атентат врз првиот македонски претседател Киро Глигоров.  Глигоров го преживеа атентатот, повреден беше неговиот телохранител Илчо Теовски, но загинаа неговиот возач Александар Спировски, како и пензионерот Ристо Хаџиманов, кој во 9 часот и 50 минути поминувал на улицата „Македонија“ пред хотелот “Бристол” во Скопје.И покрај ветувањата дека сторителот на атентатот ќе биде откриен и истиот изведен пред лицето на правдата, сепак тоа до ден денешен не се случи. Пред две години, Стојан Андов предизвика шок со својата последна книга, во која тврди дека организаторот на атентатот врз претседателот Киро Глигоров, е познат.Од книгата „До атентатот и по него“  од Стојан Андов,  може да се заклучи дека нарачателот на атентатот е познат.

Македонија | пред 6 години

dimovski

При селекцијата на вработувањата во АНБ елиминаторен фактор - Двојнотото државјанство

Во процесот на селекција на вработувањата во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) строго се почитувани критериумите утврдени во Деловникот за работа, што е едногласно усвоен. Во тие критериуми најнапред поаѓавме од квалитетот на кандидатите и согласно условите што се потребни за нивно селектирање за прием во АНБ, изјави денеска директорот Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), откако реферираше за завршениот процес на селекција на вработени од поранешната УБК, а кои се преземени во АНБ, пред надлежната собраниска Комисија за контрола и надзор над безбедносните служби, објави Фокус.мк.Како што појасни, откако е направена селекцијата, се разгледувале и евентуалните пречки согласно општите и посебните услови предвидени во член 67 од Законот за Агенцијата за национална безбедност.Двојното државјанство бил елиминаторен фактор односно критериум. Вработени кои се висококвалификувани, како што се познавачи на ретки јазици, ќе имаат приоритет при евентуални нови вработувања во АНБ, откако ќе ја завршат, како што најавиле некои од нив, по отпочнатата постапка за отпуст од друго државјанство.Текстот во целост на: Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

nevreme

(ВИДЕО) Силно невреме во Хрватска

Силно невреме ја зафати Хрватска, а поројниот дожд предизвика поплави во Загреб. Невремето е проследено со силен ветер, а во Нова Градишка на улиците паднале дрвја. За само два часа невремето од Италија се прошири на северниот Јадран и Горски котар, а самона морето кај Истра биле забележани 20.000 молњи.Пороен дожд има и во Задар и околината. Невремето ги зафатило и Истра, Кварнер и Ровињ, а во Водњан улиците се поплавени.Во Стариград и Пакленица наврнале скоро 50 литри дожд на квадратен метар, а во некои делови од земјата имало и бура. Обилни врнежи го зафатиле и Задар и околината. Посебно силна бура имало во Ровињ, а во Водњан улиците се поплавиле.Невреме во Хрватска се очекува  денеска , посебно на Јадранот.https://www.facebook.com/istramet/videos/917542195288043/https://www.facebook.com/istramet/videos/386293888708442/

Свет | пред 6 години

vreme

Од денеска дожд, пообилни во текот на ноќта

Метеорлозите за денеска најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Според најавата пообилни врнежи ќе има доцна попладне и во текот на ноќта кон петок (локално над 30л/м2) кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој кон крајот на денот ќе се промени во северенНајавата за утре е променливо облачно и свежо, претпладне со врнежи од дожд, кои на југоистокот ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Македонија | пред 6 години

nikoloski

Николоски за петок најави нова мега корупциска афера од 3 милиони евра

Во вечерашната ТВ дебата на Топ Тема, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски најави објавување на нова корпуциска афера поврзана со Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност.Од петок ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи серија прес конференции на кои ќе објави нова корупциска афера поврзана со Националната агенција за образовни програми и мобилност којашто и во оваа фаза на интерграција користи ЕУ пари. Ќе обзнинме како се трошеле европските пари. Делени се средства на блиски невладини организции на раководството на агенијата. Исти четири невладини ги добиле проектите и минатата и оваа година. Проневерени се околу 3 милиони евра, сомнителнен е тендерот за избор на ПР агенција. Владата треба да апелира тоа брзо да се испита, бидејќи се проневерени европски пари, рече Николоски.

Македонија | пред 6 години

lebarka

(ВИДЕО) Лебарки во „Градска“ болница

Читатели испратиле видео до редакцијата на Пресинг на кое се гледа како огромна лебарка се шета во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.Лебарката била забележана во холот на „Градската“ болница. Пациентите веднаш реагирале до надлежните да внимаваат на хигената во оваа здравствена установа.

Скопје | пред 6 години

policija-123

Со закана од малолетник одзел златно ланче

На 01.10.2019 околу 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус бр.63 на ЈСП Скопје, кој се движел од Транспортен центар кон бул.„Кузман Јосифовски Питу“, непознат сторител со закана му одзел златно ланче на 16-годишник од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

policija-123

Кавадарчанец нападнал полициски службеници

На 01.10.2019 околу 21.00 часот на ул.„Тиквешко востание“ во Кавадарци бил приведен  А.Ш.(30) од Кавадарци, затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

pretepa

Класен раководител нападнал малолетен ученик

На 01.10.2019 во 09.20 часот во СВР Скопје, А.К.(56) од Скопје пријавил дека на 30.09.2019 неговиот 13 - годишен син, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот класен раководител М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

voz

Малолетен авганистански државјанин тешко повреден од од струен удар на товарен воз

На 01.10.2019 во 11.20 часот било пријавено дека на железничкиот граничен премин Гевгелија, на товарен воз, од струен удар со тешки телесни повреди се здобил малолетен авганистански државјанин. Лицето било пренесено во Јавната здравствена установа Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

45 годишен маж се повредил во фирмата каде што работел

На 01.10.2019 во 09.15 часот во Полициската станица Кавадарци, од болницата во Кавадарци било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Д.К.(45). Според пријавеното, тој се здобил со повреди додека извршувал работни задачи во фирма во Кавадарци. Увид извршила екипа од Полициската станица Кавадарци во присуство на инженер по безбедност и заштита при работа. Се работи на расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Три лица нападнале 19 год момче во автобус на ЈСП

На 01.10.2019 во 20.00 часот во СВР Скопје, Х.А.(19) од с.Чајлане пријавил дека околу 19.45 часот во автобус број 56 на ЈСП, кој сообраќал на релација Скопје - с.Бојане, по претходна расправија бил физички нападнат од С.З., Х.Н. и М.Н., при што се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

pozarna

Пожар на последниот кат од зграда во Скопје

На 01.10.2019 во 17.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на последниот кат од зграда на бул.„Партизaнски oдреди“. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Жена од Горенци турнала од комбе старица од Мешеишта

На 01.10.2019 околу 19.00 часот во СВР Охрид, Д.В.(78) од селото Мешеишта пријавила дека била физички нападната од А.В.(31) од селото Горенци, општина Дебарца, во патничко комбе кое сообраќало на релацијата Охрид – Мешеишта. Д.В. била пренесена во болницата Св.Еразмо во Охрид, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. А.В. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Четири лица без одобрение исекле дрвна маса и нанеле штата од 117.000 денари

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Ј.Ф.(23), Д.С.(30), Д.Џ.(24) и Б.Б.(20), сите од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“. На 14.09.2019 на планината Плачковица, на местото викано „Кадико“, пријавените незаконски, без одобрение исекле дрвна маса, со што нанеле штета од 117.000 денари.

Македонија | пред 6 години

carina-sverc

Кривична за цариник од Охрид

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Г.М.(51) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, како царински службеник на граничниот премин „Блато“, на македонско-албанската граница, пропуштил разновидна прехранбена стока без декларација, сопственост на В.И. од Дебар и овозможил стоката да ја премине царинската линија со избегнување на царинска контрола и без наплата на увозни давачки. Со тоа, му овозможил на В.И. да се стекне со противправна имотна корист во износ од околу 468.000 денари. 

Македонија | пред 6 години

02102019_VRSM_sredba_Grankoviot-sindikat

Спасовски и Димковски се сретнаа со претставници на Гранковиот независен синдикат на полицијата, на шумската, затворската и судската полиција

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски се сретнаа со претставници на Гранковиот независен синдикат на полицијата, на шумската, затворската и судската полиција, со претседателот Гоце Делчев Тодев, со генералниот секретар на овој синдикат и претседателите на синдикалните организации.На средбата е разговарано за барањата на Гранковиот независен синдикат, при што е изразена определба од страна на Владата отворените прашања да се решат низ дијалог и соработка.Гранковиот независен синдикат ја поздрави отвореноста на Владата за разговор.На состанокот се разгледани барањата на Гранковиот независен синдикат на полицијата, на шумската, затворската и судската полиција околу разгледување на репрезентативноста на Независниот синдикат на полицијата, нивелирање на платите и овластувањата на сите полицајци во државава, за покачување на вредносниот бод за сите шумски полицајци и исплата на средствата за прекувремени работни часови, како и барањето за зголемување на платите во полицијата, шумската, затворската и судската полиција, при што е реафирмирана одлучноста на Владата за најавеното покачување на платите во јавниот сектор за 5 проценти оваа година и за постоечките заложби за натамошни покачувања согласно буџетските можности од наредната година.Договорено е соработката да продолжи на министерско ниво и низ разговори и разбирање, согласно Законот за работни односи и согласно постоечкиот колективен договор да бидат изнајдени соодветни решенија за посочените теми. 

Македонија | пред 6 години

dimovski

Димовски: Селекцијата на кандидатите за прием во АНБ се донесени со мнозинство

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски на денешниот брифинг со новинарите во медија центарот на Владата информираше за работата на комисијата за селекцијата на вработените во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) кои аплицираа на јавниот повик за прием во Агенцијата за национална безбедност (АНБ).„Во текот на денешниот ден, имав средба и реферирав пред надлежната Собраниска комисија за контрола и надзор на безбедносните служби и ги информирав за завршениот тест на селекција на вработени од поранешната Управаза безбедност и контраразузнавање кои беа преземени во Агенцијата за национална безбедност.Вопоглед на одредени прашања кои се појавија во јавноста, директорот Димовски рече дека не е загрижен и според него се работи за потврда дека она што се работело е добро сработено и како што подвлече ова е потврда декасме на вистинскиот пат, дека е направен напор за суштински, а не само формални промени.„Сакам да кажам дека времето на поединци и групи, кога одлучуваа што ќе се одлучува и како ќе се одвиваат одредени процеси во државата е поминато. Работевме во согласност со постојната законска регулатива, работевме врз основа на однапред утврден и едногласно утврден Деловник за работа и сите одлуки беа донесени едногласно освен една која што беше донесена со мнозинство“ додаде Димовски.Тој информираше и го објасни процесот на селекција на кандидатите, нагласувајќи дека се работи за важен процес поврзан со европската и евроатлантската иднина на нашата земја.„Секоја селекција е донесена со едногласна одлука и зад сите одлуки стојат записници“, истакна директорот Димовски.Димовски додаде дека работата е мониторирана од национални и меѓународни тела и тој мониторинг не остава простор за грешки, а процесот на „ветинг“ продолжува,истовремено изразувајќи убеденост дека целата постапка ќе ги даде најдобрите резултати.Директорот на АНБ на новинарско прашање одговори дека меѓу кандидатите немало лица против кои што се преземени мерки и против кои што се води постапка во надлежните обвинителски органи.

Македонија | пред 6 години

trajco

Димков: Покрај ОТА потребно е создавањето на Агенцијата за национална безбедност

Денес го разгледувавме извештајот на комисијата за селекција за премин на вработените од УБК во АНБ. Јас вчера дадов изјава во однос на тоа, затоа што чувствував обврска. И претходно имаше неколку изјави од медиуми од лица и така натаму каде што бев посочен и на некој начин и обвинет,  дали или како учествуваш што направи за време.Чувствував обврска дека треба да кажам, сведоци сме дека во Република Македонија безбедносниот систем се наруши подолго време, се утврди потребата дека треба да се направат реформи. Една од реформите покрај ОТА и другите реформи е и создавањето на Агенцијата за национална безбедност, истакна Трајчо Димков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.За жал морам да констатирам дека  во делот на ова не се испочитувани неколку законски норми. Јас ги кажав тогаш, стојам на она што го кажав вчера, а тоа се тестот за интегритет, полиграфско тестирање, мислењето од Антикорупциска за кое јас препорачувам да видете како треба  биде во однос на ова и понатамошното делување, меѓутоа во однос и на датумот на донесување на одлуката требаше да биде 20-ти, меѓутоа да бидам искрен беше еден тежок процес и многу краток период за да се реши целата работа.Меѓутоа факт е дека не се заврши во тој дел и субјективноста иако е субјективно мое мислење она што успеав да го видам се плашам дека во делот на оценките  имаше субјективност. Реагирав за време на процесот дека има одредени проблеми, сугерирав за одредени размислувања за лица кои што сметав дека можеби треба да влезат во  АНБ, затоа што се со долго искуство, долг стаж, биле началници. Сугерирав луѓе ве молам бидејќи не ги знам началниците од другата страна, ве молам имајте ги во предвид тие луѓе се со големо искуство, да не се направи штета или некоја лична можеби не толку партиска, туку лична кавга и за тоа да бидат слабо оценети.Имаше лица кои на некој начин беа школувани, имаа обуки и сертификати на високи рангирани служби за таа потреба и тука исто така укажував дека тие луѓе треба да се дадат.Дадов поддршка на крајот на процесот, тогаш кога се заврши, се со цел овој процес бидејќи беше краен рок тоа беше 30 и 31 ноќта кога работевме, беше страшно тешко со цел да можат тие луѓе на некој начин да влезат во службата. Меѓутоа за волја на вистината, бев поставен во оваа институција со обврските кои што ги имам јас морам и под притисокот да ја информирам јавноста  што  се е на преговор.Не навлегувам во личните квалификации за некоја личност ниту партиска, ниту било каква, сведоци сте за некои личности кои што се спомнуваа и влијанието нивно дали било или не било во целиот процес, меѓутоа ние  мораме да кажеме дејка дел од законските обврски не се испочитувани, истакна Трајчо Димков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Платите во јавниот сектор ќе се исплатат навремено и во рамки на законскиот рок, повисоки за 5 проценти, како што беше ветено

Септемвриската плата со ветеното покачување од пет проценти ќе се исплати во законски предвидениот рок. Зголемена плата за 5 проценти ќе добијат здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната и целиот јавен сектор. Зголемувањето на платите е предвидено со иницијалниот Буџет за 2019 година, а Законот кој го овозможува тоа по скратена постапка се очекува да помине во Собрание во текот на следниве денови, се вели во соопштението од СДСМ.Ова е трето зголемување на платите во здравството и второ во армијата и образование и детските градинки.Во насока на зголемување на платите е и мерката за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, за која со ребалансот на Буџетот за 2019 година се обезбедени 400 милиони денари.Целта на оваа мерка е да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор преку финансиска поддршка за работодавачите кои ќе извршат зголемување на платата на вработените до 100 евра.Зголемувањето на платите на администрацијата, како и мерката која е насочена за зголемување на платите во приватниот сектор ќе го подобри животниот стандард на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања