Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

policaec

(ВИДЕО) Полицаец убил четворица колеги во Париз со нож

Маж вооружен со нож убил четири луѓе во седиштетот на полицијата во Париз, потврди француското министерство за внатрешни работи. Напаѓачот, чиј идентитет засега не се открива, бил вработен во полициската станица каде го извршил убиството.Напаѓачот  е убиен од страна на полицијата. Се работи за административен службеник вработен во истата полициска станица.Во тек е  истрага за нападот. 

Свет | пред 6 години

pratenici-1

Пратениците изгласаа покачување на платите во јавната администрација

Со 82 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа законот за покачување на платите во јавниот сектор за 4 проценти кое важи од септември што беше ветено лани. Претходно на расправата пратениците од ВМРО ДПМНЕ предложија наместо за 5 покачувањето да биде 10 отсто за да се надомести  неправдатата кон вработените. Од СДСМ пак  вратија  дека токму во времето на ВМРО - ДПМНЕ не се исполнувале ветувањата за покачување на платите.За септемрви повисоки плати ќе добијат 138 илјади работници, за што во слендите три месеци од буџетото ќе бидат потрошени 10 милиони евра. 

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still268

Апелацијата одлучува за притворот на Боки 13

Апелацискиот суд одлучува по барањето на Бојан Јовановски – Боки 13 за укинување на мерката притвор. Обвинетиот во предметот „Рекет“ денеска беше донесен во судот и побара пред медиумите да го образложи своето барање за да излезе од притвор.Адвокатот од Јованоски Сашо Дуковски изјави дека истрагата е завршена и Боки 13 нема можност да ја попречува постапката, ниту пак да влијае врз сведоци. Од Вишото јавно обвинителство пак бараат обвинетиот во предметот „Рекет“ да остане во притвор.– Судот треба да го одбие предлогот на осомничениот. Постои опасноста од повторување на делото и опасноста од бегство – посочуваат од обвинителството.Инаку прво осомничениеот во аферата „Рекет“ Бојан Јовановски до сега во притворот  „Шутка“ е 81 ден.

Македонија | пред 6 години

03102019_PVRSM-Zaev_sednica_pratenicki-prasanja_2

Заев: Во предвечерието сме на историска одлука за почеток на преговорите со ЕУ, очекувам и Бугарија и Грција да се борат за тоа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, одговара на пратенички прашања на седницата за пратенички прашања, во Собранието на Република Северна Македонија.Премиерот Заев соопшти очекување за позитивна одлука од Советот на ЕУ во октомври, кога нашата држава очекува одлука за датум за почеток на преговорите со ЕУ и дека и Република Бугарија и Република Грција ќе се заложат тоа да се случи.„Договорите со Бугарија и со Грција ги гарантираат идентитетските прашања. Во предвечерието сме на историска одука за почеток на преговорите со ЕУ. Тече процесот на НАТО. Работиме реално, не само да нема некакви блокади од соседите, туку очекувам од двете страни да бидат “адвокати“ и да се борат да добиеме позитивна одлука за почеток на преговорите“, рече премиерот Заев во врска со пратеничкото прашање, поврзано со работата на заедничките комисии за историски и образовни прашања на Република Северна Македонија и Република Бугарија, околу Гоце Делчев.„Верувам дека до крај ќе ги постигаме решенијата, низ комисиите, на внимателен начин, низ досегашните факти, но ќе ги оставиме вратите отворени за идните генерации да допроучуваат и доутврдуваат. Верувам ќе се изнајде решение за тоа прашање“, додаде премиерот Заев.Тој ги информираше пратениците и за разговорот во Њујорк со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис.„Обврската за спроведување на Договорот останува, зборувавме за иднината, продолжуваме и со Грција да градиме пријателство и тоа да донесе и економски придобивки“, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев посочи дека комисиите за спроведување на договорите со Бугарија и со Грција немаат за цел да ја воспостават историската вистина, бидејќи историјата е жива материја, туку ако е нешто документирано и историски прифатено од двете страни, низ тоа да се гради пријателство, а не нешто што `не разединува. Комисиите, како што рече премиерот Заев, со договорите, имаат за цел да ги утврдат досегашните факти, а не апсолутни вистини, и да градат пријателства, „и тоа треба да го правиме“.Премиерот Заев најави средба со Комисијата од нашата држава која разговара со бугарската комисија, да се види дали е можно скорешно решение, а рече дека по Европскиот совет ќе се поттикнат комисиите на решенија согласно договорите со двата соседа.„Наш интерес е членство во ЕУ и НАТО, тоа носи економски придобивки. Ако некој тргне кон блокада, план Б е да го вратиме план А. После меѓу владината конференција договорите ќе продолжат да се спроведуваат. Важно е дека нема двојбеност за идентитетите, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов зборуваше во Скопје за македонски народ, тоа е нешто низ што гледаме пријателство. Низ внимателен аспект на разговорите, се обидуваме да ги разбереме и нив. Договорот се постигнува ако двете страни можат да го бранат дома, само така има пракса. Да го сочуваме достоинството, да бидеме модерни европски држави, со модерни европски народи, каде разноликоста блеска, но и меѓусебната почит, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, укажа на значењето на договорите на нашата држава со Бугарија и со Грција како обезбедување иднина.„Да ги задржиме младите тука, тоа не' водеше да носиме одлуки“, рече меѓу другото премиерот Заев во одговор на пратеничко прашање, на седницата во Парламентот.

Македонија | пред 6 години

zatvor

Приведени две лица осудени на казна затвор

На 02.10.2019 околу 13.00 часот на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар бил приведен Е.А.(35) од Гостивар, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“. Е.А. бил предаден во Казнено-поправната установа „Тетово“ за издржување на казната. На 02.10.2019 околу 09.45 часот полициски службеници на СВР Тетово во тетовското село Горна Лешница запреле патничко возилото „цитроен ксара“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.И.(21) од селото, кој превезувал огревни дрва без потребните документи. И.И. бил приведен, а возилото и дрвата биле предадени на Шумска полиција. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен содветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

buzaku

Бузаку за Фокус: Утре ќе ја објавиме првата афера за Реџепи

Скендер Бузаку, кој се прогласи за нов поглавар на Исламската верска заедница по судската одлука што ја донесе граѓанскиот суд во април, најавува дека утре ќе ја објави првата афера за Сулејман Реџепи доколку во меѓувреме не се повлече од ИВЗ.-Ако Реџепи не се повлече, од утре почнуваме да ги објавуваме доказите со кои располагаме за криминалните активности во кој е вклучен – вели Бузаку во изјава за Фокус.

Македонија | пред 6 години

policija-123

Кривична за ексдиректорка која самоволно си ја продолжила функцијата, а со тоа си овозможила и повисоки примања

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против С.П.Р.(65) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.Пријавената, во својство на директор на детска градинка „Мајски цвет“ во општина Карпош, чиј мандат истекувал на 16.01.2014, со цел да си овозможи продолжувањето на извршувањето на функцијата директор, на 11.12.2013, самоволно и без основ, односно без одлука од Управниот одбор, извршила сторнирање на претходно објавениот оглас за избор на нов директор на установата, преку доставување на писмени барања, потпишани од неа, до дневните весници каде што претходно бил објавен огласот.На тој начин, продолжувајќи со извршување на функцијата, таа си овозможила остварување повисоки примања во периодот од 16.01.2014 до 07.08.2018. Во наведениот период таа се стекнала со противправна имотна корист од 990.977 денари. 

Скопје | пред 6 години

nikoloski

Николоски: Екипирани се комисиите, одржани се над 500 маалски и урбани средби, сите капацитети ги ставаме во интерес на граѓаните

Одговори на новинарски прашања, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМП1: Денеска од страна на МВР, јас и редакцијата на Инфомакс сме прогласени за безбедносен ризик, минатата недела добивме кривична пријава дека сме решиле да објавиме вистина, не ме поканувате на вашите партиски пресови, исто се случува и во Владата, кога ве критикуваме и ве прашуваме да ни одговорите ни враќате со цензура, од сега ќе почнеме да ве фалиме, и ве прашуваме дали СДСМ има стратегија за заштита на белите мечки?Државата е на прав пат, и да се вратиме назад во мракот 11 години во коишто се тепаа студенти, новинарки, се вршеше упади во телевизии, медиуми, се вршеше невидена тортура и никој не смееше да зборува јавно и да си го каже својот глас. Денес, после само две години оваа наша Република Северна Македонија е на многу вистинскиот пат, денес, СДСМ се грижи за граѓаните, води одговорни, а не популистички политики, ги решава најтешките проблеми коишто се наследени од минатото и води грижа за секој денар собран од граѓаните. Водиме вистински, одмерени политики коишто се во функција на сите граѓани и притоа целосно поддржуваме секаков начин на слобода и на изразување, и на слобода на говор.П2: Овој ребрендинг што го правите, истото се случува и во опозицијата, се отвора ли со тоа простор за одржување на предвремени парламентарни избори пред октомври следната година, и дали се ова оди во насока на тоа?СДСМ е подготвен во секое време за избори и ова не е изборна кампања. За мене ова темпо на работа на партијата коешто се поклопува со активностите којшто ги преземам од првиот ден како генерален секретар којшто професионално е ангажиран тука, сметам дека тоа се редовни активности на сериозна и одговорна политичка партија којашто работи во функција и во интерес на сите. Ние целосно ќе бидеме посветени како и во периодот на летото одржавме 560 маалски и урбани средби, тоа, сега гледаме почнува во рамките на опозицијата. Ние многу пред тоа започнавме и продолжуваме со редовен контакт на нашите функционери со граѓаните, тоа е согласно со етичкиот кодекс на партијата, согласно со новиот систем на работа. Ние направивме пресек на сето она што го имаме исполнето, реализирано од нашата изборна кампања од изборните кампањи на нашите тогаш кандидати за градоначалници, односно на целокупниот капацитет на одговорноста којашто ја имаме и затоа сметаме дека секојдневно треба да бидеме во контакт со граѓаните, да ги информираме за сето она што е реализирано, да ги слушнеме идеите, предлозите и сугестиите. СДСМ во текот на летото ги екипираше сите партиски комисии со 160 стручни лица кои ќе бидат дел од оваа кампања на прав пат, кои ќе бидат поделени по различи области, во различни потсектори и коишто ќе треба да ги апсорбираат сите предлози и идеи, и коментари од граѓаните коишто ќе бидат вградени во новата програма којашто треба да следи, но и коiшто може да се имплементираат до крајот на мандатот. Како што кажав интензитетот на активности на партијата ќе биде силен, ќе бидеме брзи во тој правец, поставивме еден систем на делување во којшто ги мобилизираме сите наши капацитети, сите функционери се со цел да одговориме на потребите на граѓаните. Сметам дека заокружуваме еден сериозен процес, интегративен како што кажав, земјата беше изолирана пред само две години, денеска е најсветлиот пример, за којшто не само ние, туку зборуваат сите светски лидери, и тоа ни го кажуваат и тука и надвор. Жалам што постојани се обидите на опозицијата да не кочи за во НАТО и ЕУ, да ги кочи растот на платите и сето она што е добро за граѓаните, затоа воопшто нема ниту да ги коментирам, туку ќе бидам целосно фокусиран на системот на СДСМ коишто е систем пред се за исполнување на потребите на граѓаните. Партијата ќе биде спремна во било кој момент за избори во којшто знам дека ќе ја донесе најсилната победа, и во тоа сме убедени. Но, оставаме можност понатаму пред се наша цел е придобивките и бенефитите од членството во НАТО, од интегративните процеси, од сите мерки и политики граѓаните да ги видат во реалниот живот и убедени сме дека тоа ќе се случи и затоа сметаме дека најдобриот тајминг е октомври 2020 година, бидејќи го имаме Законот за попис којшто има свој останати импликации во овој дел за 2020 година, отворено е прашањето за изборниот модел, така ние како најголема политичка структура и најголема коалиција како и досега, во наредниот период многу поинтензивно ќе бидеме со граѓаните без оглед дали следат или не следат брзи или редовни парламентарни избори.П3: Што значи дека не се исклучува можноста и на пролет да има избори?Ние сме целосно подготвени и овој систем на функционирање ќе биде целосно подготвен да одговори на сите потреби на граѓаните, затоа сум сигурен дека во било кој еден момент да има избори, ние сме целосно подготвени, но пред се е интересот на целата земја и интересот на граѓаните во тој поглед.П4: Со оглед дека не одговоривте за белите мечки и исто така кажавте лажни вести ме интересира дали на правиот пат има вселенска програма?Поради тоа што си земате за право да обвинувате и да етикетирате со тоа кој лиферува лажни вести, си земам за право да не ви одговарам на прашањето и на било кое наредно прашање од ваша страна.

Македонија | пред 6 години

Mickoski-1

Мицкоски: Откако европскиот совет се произнесе за датум за преговори за земјва, да формираме техничка влада,  да ги подготвиме институциите за  одржување на избори 

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната прес конференција одговраше на новинарски прашања. Во продолжение прашањата и одговорите во целост:Прашање: Дали мислите дека премиерот ќе го прифати вашето барање за предвремени парламентарни избори и дали ќе предложите измени во изборниот законик во врска со изборите?        Христијан Мицкоски,: Дали ќе го прифати го прифати претпоставувам ќе треба Зоран Заев да ви одговори  но јас мислам дека би било мудро од негова страна и добро за државата и за иднината на државата да го прифати барањето за одржување на  предвремени парламентарни избори а еве јас го понудив како термин месецот Март следната година веднаш после средината на Октомври кога очекуваме од страна на Европскиот совет да се произнесе дали Македонија ќе добие датум да отпочнување на преговори , дали нема да добие , дали тоа ќе биде некое условено меѓу решение во целата оваа ситуација . Веднаш потоа да формираме техничка влада,  да ги подготвиме институциите за  одржување на предвремени парламентарни избори  бидејќи само тоа е начинот како можеме да провериме дали навистина  блескаме или блеска криминалот, корупцијата ,рекетот и октоподот во оваа држава. Јас сум убеден , дека граѓаните  се мудри и граѓаните знаат да изберат дали ова кое што денеска е секојдневие и политики на Заоран Заев и СДСМ или нешто ново што ВМРО ДПМНЕ во периодот што следува ќе го понуди и од кадровски но и од аспект на нови револуционерни политики кои што ќе обезбедат навистина модерна и просперитетна иднина за Република Македонија.За изборниот законик се уште нема никакви состаноци на ниво на меѓу партиски комисии. Од она кое што беше последно лиферувано како информација во јавноста е дека се зборува исклучиво за пораките на ОБСЕ и ОДХР  кои што немаат никаква врска со изборниот модел кој што го слушаме и е тема денеска во јавноста за која што зборуваат и луѓето од СДСМ  но и претставниците на помалите политички партии.            Прашање: Министерката беше јасна вчера на прес конференцијата рече дека ќе предложат отворени листи или една изборна единица. Дали тоа е прифатливо за вас?          Христијан Мицкоски,: Искуството вели дека не секогаш кога официјалните лица на СДСМ даваат изјави ја говорат вистината. Претпоставувам и дека таа нејзина изјава е во насока да се задржи правилото кое што денеска стана секојдневие во Република Македонија, а тоа е да не ја говорат вистината. Претпоставувам дека и оваа нејзина изјава е дел од тој фолклор. Инаку, што се однесува до кој став и каков изборен модел е прифатлив за ВМРО-ДПМНЕ, па поголеми отворени листи од 120 изборни единици, мнозински изборен модел не постои. Еве да излеземе да го прифатиме 120 изборни единици изборен модел и да идеме на предвремени парламентарни избори. Ако навистина сакаат да граѓаните да го дадат својот глас онака како што треба и тој глас да биде вреднуван, да имаме демократски капацитет, да имаме навистина демократски избори, еве предлагаме 120 изборни единици и оној кој што во првиот круг ќе освои најмногу гласови тој ќе биде претставник на граѓаните во рамките на парламентот.            Прашање: Во таа насока значи дека за вас е неприфатлив оној предлог што и денеска го лиферуваше премиерот за една изборна единица. Тие велат дека се подготвени за тоа.            Христијан Мицкоски,: Во таа насока е прифатливо секое она решение кое што ќе го зголеми демократскиот капацитет и квалитет, но и кој што ќе понуди да гласот на граѓаните кои што ги бираат своите претставници во парламентот на РМ, да биде посилен и погласен и да биде навистина тој глас кој што треба да ги застапува интересите на граѓаните кои што ги бираат тие народни претставници. Затоа велам, ако сакаме да го максимизираме влијанието на граѓанинот ајде еве да избереме еден мнозински концепт каде што тој што во првиот круг ќе има најголем број на гласови тој да биде претставник на тие граѓани кои што го бираат во таа изборна единица.            Прашање: Господине Мицкоски речиси во сите ваши говори и прес конференции зборувате за криминалот на оваа власт и за октоподот. Дали имате докази за тој криминал и што ќе правите доколку ги имате?            Христијан Мицкоски,: Голем е бројот на граѓани од различен профил во Република Македонија кои што доаѓаат и кај нас презентираат докази. Заеднички именител и на вашето прашање, но и на сите тие граѓани кои што доаѓаат и презентираат докази, е дека и вие и јас се сложуваме дека има многу криминал. Дека навистина има многу криминал во Република Македонија. Дали тој криминал треба да биде дополнително разочарување кај граѓаните и дали дополнително треба граѓаните да се разочаруваат од криминалот, неисполнетите ветувања и нереализираните очекувања, е веќе социолошко прашање на кое што ќе треба да дебатираме и да зборуваме на начинот на кој што тој криминал треба да биде презентиран. За мене, мислам дека треба да постои една траекторија, а тоа е да се пријави онаму каде што му е местото, во едно независно обвинителство, а потоа доколку се докаже тој криминал или сомневањата да се отпочне една судска  постапка низ еден фер и транспарентен судски процес, да се дојде до едно конечно решение. Дали ќе имаме пресуда или ќе имаме ослободителна пресуда. Така што, навистина жалам што живееме во едно општество каде што луѓето се оптоварени со буквално и на секој чекор се среќаваат со злоупотреба, корупција и криминал и практично тој заеднички именител што денеска е кохезивна тема за сите граѓани во РМ, без разлика на политичката, верската или етничката припадност. Сите знаат дека постои криминал, дека тој криминал се случува од најниско до највисоко ниво и ние сега треба тој криминал да седиме и да го трпиме. Токму таа е една од тие причини, да се надоврзам на претходното прашање, што мислиме дека е императив да се случуваат предвремени парламентарни избори, во кои што ќе го понудиме нашиот концепт за правда и правдина, односно закони и почитување устав без исклучок, наспроти концептот каде што имаме многу криминал, многу корупција, октопод и рекет политичари.            Прашање: Што ќе биде со законот за јавно обвинителство , Заев изрази подготвеност повторно да има уште една лидерска средба можно ли е воопшто ваков закон да биде донесен?          Христијан Мицкоски,: Повторно сега доаѓаме до она што претходно го кажав а тоа е дека  не секогаш штоп тоа го говорат тоа и го мислат и не секогаш тоа што  го говорат се случува . Најпрво викавме ќе имаме лидерска средба па потоа имаа определени брифинзи дека таа ќе се случи во Понеделник еве денеска сме Четврток , таа не се случи па потоа се смени текстот на изјавата дека ако имаме приближување на ставовите тогаш практично ќе имаме и лидерска средба и така натаму . Но каква е вистината барем онаа вистина која што јас мислам дека во случајот е вистина имаме еден концепт кој што ние го нудиме а тоа  е концепт на безусловно почитување на законите и уставот и имаме еден концепт каде што  имаме правно насилие со една цел политички прогон на опозицијата и на тој начин мотивирање на членовите на СДСМ во рамките на нивната структура без разлика што на тој начин се прекршени законите злоупотребени институциите без разлика што ние имаме класично правно насилие што денеска ни се случува во Македонија тие се подготвени да го стават партискиот интерес над сите над државниот а државниот е почитување на законите и уставот. Јас не верувам дека постои искрена желба од страна на СДСМ да се постигне договор поготово не сега неколку месеци пред парламентарни избори бидејќи тие на овој начин пред нивните симпатизери имаат една реторика која што велат еве ги префрливме предметите од таму ќе видат сега овие од ВМРО наши се обвинителите наши се судиите ќе ги притиснеме и ќе ги однесеме таму каде што им е местото . Затоа што ако сакаат да има компромис тогаш тие би требало да прават отстапки  и на тој начин да имаат определена политичка штета. Кога станува збор за СДСМ и кога беа опозиција, но и сега кога се власт партискиот интерес е над се, наспроти државниот интерес. Ние до ден денеска, македонската јавност ниту вие како новинари, ниту фелата, ниту било кој не го виде писмото од Катица Јанева, до ден денеска македонската јавноста било кој што се занимава со оваа тема не го виде нотарот кој што го потврди потписот на Катица Јанева, не го виде судијата кој што го одобри текстот на тоа писмо. Денеска ние имаме јавен обвинител, државен јавен обвинител кој што издава одобренија, согласности за застапување на предмети на лица кои што немаат засновано работен однос во обвинителството. Прашајте ги еве вие сте новинари ве охрабрувам и ве замолувам прашајте ги помошниците поранешни на притвореничката Јанева, а денеска обвинители кои што немаат засновано работен однос во обвинителството каде работат? Лица кои што немаат  засновано работен однос, денеска прават класичен политички прогон врз политички неистомисленици. Ќе ве потсетам тие лица ја држат во заложништво ВМРО-ДПМНЕ. Го имаат замрзнато имотот на ВМРО-ДПМНЕ.Тој имот, тоа замрзнување на тој имот предизвикува потешкотии во функционирањето на партијата. Но ние имаме мотив, имаме чест и ќе останеме достоинствени во оваа битка и ќе ги поразиме жестоко на следните парламентарни избори. Еве нека биде ова уште една фрлена ракавица за Зоран Заев да почекаме средината на октомври нека заврши да видиме која ќе биде одлуката на Европскиот совет, сите работиме во насока таа да биде позитивна, еве после тоа ќе имаат успех како што тие велат, веднаш да формираме техничка влада и да одиме на предвремени парламентарни избори. Токму тоа ќе биде основен тест да видиме  дали ова правно насилие, криминал, рекет-октопод Влада која што вели дека блеска ќе го добие гласот на народот или ќе има нова прогресивна политика со идеи и визија како Македонија да се развива во иднина. Не постои друг начин, друг начин е само продолжување на агонијата и повторно ќе се соочиме на прес конференција овде заедно со вас и повторно ќе се согласиме дека постои криминал само прашањето е дали имаме докази, дали тие докази јавно ќе бидат објавени, дали ќе имаме судски процеси. Не оди вака, државата ни се празни, луѓето се разочарани, луѓето се навистина тажни и несреќни, ние сме тие кои што сакаме само да покажеме и да добие шанса дека не се сите исти како што тоа сака да го прикаже Зоран Заев и малкумината обожаватели околу него. Напротив има голема разлика, виновникот за оваа неправда кон нашата држава и неправдите кон нашите граѓани има име и презиме и политичка припадност, тоа се СДСМ и Зоран Заев.                         

Македонија | пред 6 години

FullSizeRender-03-10-19-12-57

Божиновски: Зарем УНЕСКО треба да Ви каже за дивоградбите за кои се правите дека не ги гледате?

Владата на Зоран Заев и локалната власт на градоначалникот Константин Георгиески не се посветени на зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО. Господине Георгиески Вие можете во Баку или во Париз да идеализирате, но за земја која целта и е Европската Унија мора да започне да се почитува владеењето на правото и законот, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО -ДПМНЕ ОК Охрид.Владее законот или урбаната мафија која ја поддржувате?Зарем УНЕСКО треба да Ви каже за дивоградбите за кои се правите дека не ги гледате?Дозволивте пред очи да Ви изградат дивоградби и свесно го пренесувате вниманието на терасите на крајрбрежјето додека низ целиот град граѓаните ги гледаат дивоградбите.Кој е тој значителен напредок во делот на исполнување на препораките?На граѓаните веќе им е јасно дека одлуката за мораториум на градба не се почитува, а регистарот на дивоградби сѐ уште не го виделе.Зошто Студиите за влијание на дивоградбите врз исклучителните универзални вредности на светското наследство се планираат дури во 2021 година кога власта имаше обврска да ја спроведе оваа мерка до декември 2018?Престанете со екскурзиите, наместо да гостувате по емисии и да раскажувате приказни кој што Ви рекол, започнете со спроведување на препораките од УНЕСКО, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО -ДПМНЕ ОК Охрид,

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still267

Боки криви на едната нога, одвај стоеше на нозе и имаше пречки во изразувањето

Боки едвај стоеше на нозе во судницата додека образлагаше зошто треба да се брани од куќен притвор.За цело време на неговиот исказ Бојан Јованоски стоеше потпрен на стол, имаше потешкотии во зборувањето и тешко се изразуваше, но успеа да ги образложи аргументите.Кога влегуваше во судницата, Јованоски кривеше со едната нога.Адвокатот  на Боки 13 – Сашо Дуковски,  како еден од аргументите ја наведе здравствената состојба на Јованоски. Бранителот посочи дека имал две неуспешни операции, имало лекарска грешка при врзувањето на тенкото црево со желудникот. И Боки 13 во неговото обраќање пред судот најмногј се осврна токму на здравствената состојба.– Покрај ова што го наведов за двете неуспешни операции со лекарска грешка е утврдено дека нерв од желудникот ми е пресечен, утврдено е и дека имам некаков проблем со белите дробови. Имам и 4 дијагнози утврдени кои се однесуваат на кичмениот дел. По многу од укажаните упатствија на лекарот за примање терапија, условите каде се наоѓам не го дозволуваат тоа. Она со што сакам да ве запознаам е дека тоа што немам физички проблем и што можеби изгледам добро не ја отсликува мојата здравствена состојба која е живогнозсгрозувачка. Јас во оваа постапка треба да бидам жив и здрав, а не мртов – рече Боки 13.

Македонија | пред 6 години

kombo-durlovski-kedev-siljanovska-696x263

Мицкоски промовира тим на советници во кои се Кедев, Дурлоски и Сиљансока

МИЦКОСКИ СО ПРОМОВИРАЊЕТО НА НОВИОТ ТИМ НАЈАВИ ВЛАДА ВО СЕНКАЛидрот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги објави денеска имињата на неговите нови соработници, тимот е составен од експерти и професори кои ќе му помагаат на Мицкоски во креирањето политики. Меѓу нив се шеснаесетина експерти кои ќе делуваат како стратешки соработници за одредена област.На Фејсбук Мицкоски тимот го карактеризира како тим на луѓе со врвни биографии1. Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова - стратешки соработник за прашања од областа на правото и политичкиот систем2. Проф. Д-р. Сашко Кедев - стратешки соработник за прашања од областа на медицината и здравствените политики3. Проф. Д-р. Владимир Дукоски - стратешки соработник за технолошки развој и образовни политики4. Проф. Д-р. Хозе Тараско - стратешки соработник за прашања од областа на економија5. Игор Дурловски - стратешки соработник за прашања од областа на културата6. Влатко Гигов - стратешки соработник за нови производи и социјални медиуми7. Јанко Баждавела - стратешки соработник за напредни технологии и аналитика8. Борко Ристовски - стратешки соработник за прашања од областа на спортот9. Сања Божиновска - стратешки соработник за прашања од областа на енергетиката10. Акан Махмут - стратешки соработник од областа на туризмот11. Проф. Д-р. Лазар Јовевски - стратешки соработник од областа на трудовото право12. Проф. Д-р. Зоран Марков - стратешки соработник од областа на машинската индустрија13. Проф. Д-р.Гоце Наумовски - стратешки соработник од областа на интелектуалната сопственост14. Проф. Д-р. Гоце Андревски - стратешки соработник за прашања од областа на бизнисот и организациските стратегии15. Проф. Д-р. Александар Климовски - стратешки соработник за прашања од областа на корпоративното право16.Коста Митровски - стратешки соработник за прашања од областа на банкарската политика

Македонија | пред 6 години

71911045_401795537185853_4347191538518851584_n

„Лајм“: Еве што содржат „бомбите“ на Бузаку за Сулејман Реџепи – тема е стриптиз во Охрид

Во истекот на временскиот рок, поставен во форма на ултиматум, од страната на Скендер Бузаку, останаа уште околу 20 часа, а во меѓувреме весникот „Лајм“ објави детали од „бомбите“, повикувајќи се на свои извори.Според изворите на „Лајм“, „бомбите“ се наменети за хотелите во Охрид кои се наоѓат во вакаф (локација) на ИВЗ, а во кои се игра и стриптиз.Другиот дел на „бомбите“, е во врска со имотот на ИВЗ, кој буквално и свесно е „подарен на државата“, а одговорните на ИВЗ не пуштија жалба на одлуката на судот.„Со само една жалба во вториот степен, ИВЗ можеше да ги врати имотите, оти одлуките на судот од првиот степен биле неосновани. Меѓутоа, се чини дека сето ова е направено во договор се челниците на ИВЗ и државата”, велат изворите на весник „Лајм“.Истите извори најавуват дека се очекуват и документи со несакана содржина, и во врска со организирањето на одењето на аџилак, за дистрибуирање на хуманитарна помош итн.Превирањата во ИВЗ настанаа откако во април Бузаку се прогласи за нов поглавар, но сепак Ријасетот застана зад Реџепи.Реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи останува поглавар на Исламската верска заедници, порача Ријасетот кон крајот на април и потенцира дека е единствено тело кое го назначува поглаварот на ИВЗ и дека судската одлука за негова смена и целиот случај се скандалозни, зад кои стои политиката.Ријасетот на Исламската верска заедница кон крајот на април одржа седница во Кондово, по чие завршување актуелниот поглавар на ИВЗ реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи изјави дека Исламската заедница е силно огорчена од овој скандал.-Ваков скандал не паметам во исламската заедница. Ова е незапамтено и нема да се заборави, рече тогаш изјави реисот Реџепи по завршување на седницата на Ријасетот во Кондово.Седницата следуваше откако Бузаку повикувајќи се на судското решение најави дека од утре тој е новиот поглавар на ИВЗ.-Ќе раководам со ИВЗ согласно судско решение, рече Бузаку кој крајот на април, дополнувајќи дека побарал финансиската полиција да направи увид во досегашното работење на поглавараот Сулејман Реџепи.

Македонија | пред 6 години

0000traktor

Тракторист, тешко повреден во Беровско

На 02.10.2019 во 13.45 часот на излезот на Берово, на место викано „Клепало“, З.П.(46) од Будинарци, беровско, управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел. Во незгодата, З.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош. Увид бил извршен.

Македонија | пред 6 години

DSC05938

Волонтери на Црвен крст како водичи за полесно снаоѓање на пациентите во Комплексот клиники во Скопје

Петнаесет волонтери ќе помагаат за полесно снаоѓање на пациентите во  Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје. Проектот се спроведува во соработка со Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Црвениот Крст на Град Скопје.Волонтерите се лоцирани на на седум најфреквентни локации во комплексот клиники, во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден.-Истражувањата што ги правевме по клиниките покажаа дека пациентите имаат проблем со снаоѓањето во комплексот. На овој начин ќе им се овозможи полесно да ги најдат одделите, и секако докторите. Ова е само почеток на проект што ќе овозможи побрза реакција кај докторите и медицинскиот персонал во однос на грижата за пациенти. Во интерес на сите е пациентите да добијат брза и квалитетна услуга. Оваа форма на помош функционира и на други клиники во Европа и од тамошната јавност е препознаена како добра практика, изјави министерот за здравство Венко Филипче.Волонтерите имаат униформа на Црвениот крст за полесно препознавање, а на Клиниките за онкологија, гинекологија, инфективна, кардиологија, за детски болести, хируршки и интерни клиники имаат свои информативни места каде граѓаните може да се обратат за помош.Подготвени се брошури и флаери на кои има основни информации за нивниот ангажман, но и мапа на која се одбележани сите клиники, кои се наоѓаат во рамки на Клиничкиот центар.Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, изјави дека станува збор за неверојатно хуман ангажман на волонтерите од Црвен крст, кои ќе им помагаат на пациентите во полесно снаоѓање низ Клиничкиот кампус.Од Министерството за здравство и Црвениот крст очекуваат добар прием кај сите потенцијални корисници на услугите и овој проект го сметаат за позитивен чекор кон волонтерските сервиси на задоволство кај граѓаните, кои имаат потреба од овие услуги. Во проектот ќе бидат вклучени волонтери, кои претходно работеле во рамки на овие здравствени институции, но и млади кои работеле на проекти во здравствените институции.Според Сузана Тунева-Пауновска, секретар на Црвен Крст на Град Скопје, овој проект е показател дека желба за промени има и дека сите заеднички имаме цел да помогнеме таму каде помош е потребна.-Ангажирани се 15 волонтери кои поминаа претходна обука за основите на првата помош, комуникација и техники за комуницирање, како и психолошка поддршка. Отпечатени се флаери со мапа на која се универзитетските клиники. Реализирани се и теренски посети на клиниките и директен контакт со одговорни лица од Министерството за здравство на Република Северна Македонија и главните сестри на Универзитетските клиники. Веќе се поставени инфо-пултови на неколку клиники, каде сите заинтересирани лица може да се обратат до волонтерите на Црвен крст. Ангажирани се и волонтери од трето доба, тие се мотивирани да им помогнат на сите кои ќе побараат помош од нив. Како Црвен крст ние ги охрабруваме сите постари лица, кои се чувствуваат витални да се приклучат кон овој или слични проекти на Црвениот Крст, изјави Пауновска.Во текот на обуките, волонтерите добија знаења и вештини за тоа како да го олеснат пристапот на сите лица, кои имаат потреба од помош и поддршка во наоѓање на универзитетските клиники (физичко лоцирање), административни процедури за пациенти, како и водење на сите тие кои имаат потреба од дополнителна помош во интерните одделенија (шалтери, соби за преглед, термини за прием, одговорен лекар итн). Во рамки на проектот се изработени и брошури за прва психолошка помош на македонски, албански и ромски јазик.Со сите овие активности, презентираме еден начин за поддршка и подобрување на моделот на здравствена заштита во Република Северна Македонија со кој се олеснува пристапот до болничките услуги.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

„Бубамарите“ учат како да се грижат за животната средина

Децата од градинката „Буба Мара“ низ активни игри учат како да се грижат за животната средина и за значењето на сончевата енергија и за нејзиното правилно искористување.             Целта е преку редовни активности кај нив уште од најрана возраст да се развие еколошката свест и преку практични примери да се разбуди грижата за животните и растенијата.             Освен еколошката свест, кај децата преку овие активности се поттикнуваат и истрајноста, спортскиот дух, самодовербата и тимската работа.

Скопје | пред 6 години

kremiranje

Приватна фирма ќе отвори прв крематориум во Грција

Во следните седмици, според грчките медиуми, се очекува да започне со работа првиот крематориум во Грција во сопственост на приватна фирма, а ќе биде отворен во областа Рицона во близина на островот Евија, jави дописничката на МИА од Атина.Приватната компанија, потребните дозволи за работа ги добила пред една година, кога и започнале подготовките за изградба на објектот и поставување на опремата.Кремирањето, според истите информации се очекува да чини 600 евра, а процените се дека годишно, би имало околу 10 илјади кремирања.Иако во последните години се спомнуваше дека општина Атина ќе го отвори првиот крематориум, а веќе е одреден просторот, одредени компании во тој дел судски го блокирале процесот, па така, Грците и понатаму за кремирање заминуваа во странство, што според грчкото друштво за кремирање чини околу 2500 евра.Најблискиот крематориум за Грците е во Софија.Според грчките медиуми, процените се дека во изминатите години, на годишно ниво имало над 4000 случаи на кремирања на лица од Грција во бугарската престолнина.МИА

Свет | пред 6 години

nina-angelovska

Ангеловска: Платата за септември за администрацијата ќе се исплати навреме и истата ќе биде зголемена за 5 отсто

Администрацијата ќе ја добие платата за септември во законскиот рок и истата ќе биде зголемена за пет отсто , потврди денеска министерката за финанси, Нина Ангеловска.Таа, нагласи, дека денеска на итна собраниска седница ќе биде донесен законот по скратена постапка и додаде дека доцнењето на Законот е заради административно технички процедури.„Во законскиот рок не само што администрацијата ќе ги добие платите навремено, туку ќе ги добие со пет отсто покачување од овој месец. Законскиот рок е до 15 октомври да бидат исплатени платите, но нема да чекаме да истече законскиот рок. Се очекува денеска по скратена постапка да помине законот и доколку институциите брзо реагираат со поднесување на платите вработените ќе си ги добијат навреме со зголемување“, истакна Ангеловска. 

Македонија | пред 6 години

boki-2-3

Боки 13 бара да му се укине притворот, вели: „Јас сум во животно загрозувачка состојба“

Денеска во Апелацискиот суд првоосомничениот за аферата „Рекет“, Бојан Јовановски дава исказ пред судија. Боки 13 заедно со својот адвокат на јавна седница ги образложи причините поради кои треба да излезе од Шутка.Адвокатот  на Боки 13 - Сашо Дуковски,  како еден од аргументите ја наведе здравствената состојба на Јованоски. Бранителот посочи дека имал две неуспешни операции, имало лекарска грешка при врзувањето на тенкото црево со желудникот. И Боки 13 во неговото обраќање пред судот најмногј се осврна токму на здравствената состојба.– Покрај ова што го наведов за двете неуспешни операции со лекарска грешка е утврдено дека нерв од желудникот ми е пресечен, утврдено е и дека имам некаков проблем со белите дробови. Имам и 4 дијагнози утврдени кои се однесуваат на кичмениот дел. По многу од укажаните упатствија на лекарот за примање терапија, условите каде се наоѓам не го дозволуваат тоа. Она со што сакам да ве запознаам е дека тоа што немам физички проблем и што можеби изгледам добро не ја отсликува мојата здравствена состојба која е живогнозсгрозувачка. Јас во оваа постапка треба да бидам жив и здрав, а не мртов – рече Боки 13.

Македонија | пред 6 години

krazba

Поднесено обвинение против осомничен сторител на неколку кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен предлог против едно лице на кое му се става на товар едно продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 27 и 28 септември, извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, притоа искористувајќи исти прилики и слични околности. Тој најпрвин, од подрумска просторија во една куќа на улицата „Карл Хрон“ во Скопје одзел алати и други предмети во вкупна вредност од 24.530 денари. Потоа обвинетиот 22-годишен скопјанец од подрум во куќа на улица „Маџари“ украл моторна пила за сечење дрва вредна 30.000 денари, а од гаража на улицата „Перо Наков“ одзел моторна пила и бакарни шини во вкупна вредност од 34.000 денари.Ценејќи дека и натаму постои опасност од бегство на обвинетиот, а особено имајќи го предвид фактот дека се работи за лице кое претходно е осудувано за кривични дела, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор, со цел да се овозможи непречено водење на кривичната постапка.

Скопје | пред 6 години

kamion-gubre

(ФОТО) Камион истура градежен шут во Охридското Езеро

Не запира самоволието на граѓаните, а инспекторатот “„не гледа“.  Камион истура градежен шут во Езерото и тоа во периот кога е актуелно дека нема напредок во решавањето на проблемите во животната средина и дека заштитеното охридско подрачје е под континуирани закани од  градежни потфати. УНЕСКО бара да се процени влијанието на нелегалните градби во заштитеното охридско подрачје, да се прогласи мораториум на градбите и да се отстранат оние што преставуваат опасност.фото ФБ Кристија Јандриоски

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

За Украина нема да ви треба виза доколку престојувате деведесет дена

На оваа седница Владата го разгледа и утврди  Предлог - законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Кабинетот на министри на Украина за условите за заемни патувања на државјаните, кој предвидува олеснување на  патувањето на државјаните од Северна Македонија и од Украина без обврска за поседување виза, под услов должината на нивниот престој да не надминува деведесет дена во текот на секој период од сто и осумдесет дена.

Македонија | пред 6 години

makedosnki-vojnik

Изменетиот и дополнет закон за одбрана треба да биде доставен до Собранието

На вчерашната седница министрите во Владата го разгледаа и утврдија новиот текст на Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана, и донесоа одлука тој да биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија на усвојување.Законот за одбрана се менува и дополнува со цел да се усогласи законодавството од областа на одбраната со обврските и правилата во НАТО, особено во сегментот на применливоста на членот 5 од Северноатлантскиот договор. Овој член ја уредува надлежноста на Владата за одлучување за влегување и излегување на вооружени сили на странски држави, внатре и надвор од територијата на Републиката, поминување или престој во врска со учество на вежби, обука, хуманитарни операции, меѓународни операции, НАТО мисии и операции и во примената на правото на индивидуална или колективна самоодбрана, операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност, како и во команди, штабови и воени единици на меѓународни организации на територијата на Републиката.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Преговори па договор за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Македонија и Грција

На вчерашната седница Владата на Република Северна Македонија го разгледа и усвои Предлогот за поведување постапка за водење на преговори за склучување на Договор меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за реализација на Проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу двете држави, и го овласти министерот за економија м-р Крешник Бектеши, како шеф на делегацијата од Република Северна Македонија да го парафира текстот на Договорот по постигнувањето согласност на преговорите.

Македонија | пред 6 години

IMG_8756

Владата даде зелено светло за изградба на ново основно училиште во Гази Баба

На седница, Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата за потребата од изградба на ново основно училиште во Гази Баба во Идризово, донесе одлука со која ѝ се укажува на Општина Гази Баба да ги преземе сите активности и да достави барање до Министерството за образование и наука за изградба на ново основно училиште во Општина Гази Баба во Идризово за соодветната парцела согласно потребите за бројот на ученици, елаборат за енергетска ефикасност, геодетски елаборат со нумерички податоци за градежната парцела и позитивен извештај за основниот проект.Во врска со оваа информација Владата го задолжи Министерството за образование и наука да започне со постапка за изградба на ново основно училиште во Општина Гази Баба во Идризово.До изградбата на новото училиште, Владата на Република Северна Македонија заклучи да ѝ препорача на Општина Гази Баба да се води од законските одредби за основното образование и од принципите што произлегуваат од концептот едно општество за сите, како и од заложбите за интегрирано образование, во договор со родителите на учениците да ги обезбеди сите услови што ќе бидат потребни децата да учат таму каде што ќе одлучат родителите.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања