Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

brza-pomos

Двајца повредени во сообраќајна несреќа во Трнодол

На 03.10.2019 во 08.00 часот на улица „Трнодол“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолкваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Ф., и патничко возило „ланд ровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Р.Ф. од возилото „голф“, а другиот сопатник од истото возило, М.Ф.. се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

Македонија | пред 6 години

krazbi

Приведен Тетовец осуден на казна затвор поради тешки кражби

На 03.10.2019 околу 12.20 часот на ул.„Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Џ.Б.(19) од тетовското село Отушиште, осуден на казна затвор за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“. Џ.Б. бил предаден во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

На Табановце во багажот во Грк пронајдени семки од непознато растение

На 03.10.2019 во 16.45 часот на Граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен Т.В.(32) од Р.Грција, поради тоа што при преглед на багажот биле пронајдени семки од непознато растение. За настанот бил известен Јавен обвинител, а Т.В. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведен скопјанец - серискиот број на автомобилот му бил фалсификуван

На 03.10.2019 во 12.50 часот на Граничен премин „Деве Баир“ од слобода бил лишен Ќ.С.(58) од с.Студеничани, скопско, поради тоа што било констатирано дека серискиот број на патничкото моторно возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, кое го упрaвувал Ќ.С. бил фалсификуван. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Од улица приведен скопјанец, кај него полицијата пронашла марихуана

На 04.10.2019 во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на улица „Ѓорче Петров“ го привеле С.Ш.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

Levica-logo

Левица: Министерот за образование Адеми повторно фатен во големо „владино прикривање”

По избивањето на скандалот со сомнителниот докторат на советникот во Kабинетот на претседателот Пендаровски – доц. д-р Александар Спасов од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ – Скопје, Политичката партија Левица јавно го повикува Министерот за образование и наука – Арбер Адеми, кој и самиот е избран за доцент спротивно на законот, да ѝ објасни на македонската јавност зошто, и после измината една година од официјалното Известување Ип1 бр. 09-1626 (од 16.11.2018) на Државниот просветен инспекторат:(1) не ја довршил започнатата постапка за одземање на докторатот и на стекнатото наставно-научно звање и свесно не донел решение одземање на дипломата на инволвираните лица во скандалот;(2) не поднел кривична пријава против одговорното лице во високообразованата установа, односо не презел чекори за правно гонење на тогашниот декан проф. д-р Борче Давитковски – со што постапил спротивно на чл. 205 од Законот за високо образование (2018) и извршил груба злоупотреба на службената положба и овластување.Воедно, го повикуваме инволвираното лице од Кабинетот на Претседателот, кој воедно е и син на еден проминентен професор-социјалдемократ и важи за дел од т.н. академско крило на владејачката СДСМ, да поднесене неотповиклива оставка на функцијата – Надворешен научен соработник за надворешна и внатрешна политика, со цел да овозможи независно окончување на постапката, без сомнеж за можни партиски влијанија и политички притисоци во текот на процесот, се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

„50 години Скопски“ – музичка ретроспектива на хитовите од Скопскиот фестивал

В сабота, на 5-ти октомври, со почеток во 20:00 часот, на платото пред Универзалната сала, ќе се одржи еден од централните настани на овогодинешната Бела ноќ - „50 години Скопски“.Драган Мијалковски, Славе Димитров,  Верица Ристевска, Лидија Кочовска, Сашо Гигов – Гиш, Ѓоко Танески, Сара Мејс и Ај-Кју, во придружба на Биг бендот со настапи во живо ќе не потсетат на прекрасните изведби на најголемите хитови од фестивалот низ годините.„50 години Скопски“ ќе оддаде чест на музичките великани, композитори и изведувачи, за прв пат собирајќи ги на едно место и здружувајќи ги сите генерации на музички ѕвезди, од самите почетоци па се до последното издание на фестивалот, во 2015-тата.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен камионџија – им нудел поткуп на полицајци

Четириесет и петгодишниот Ф.М.(45) од с.Долно Тапеши, струшко, вчера бил приведен од битолската полиција откако се обидел да поткупи полициски службеници.Управувајќи товарно возило со струшки регистарски таблички, тој бил сопрен од полициски службеници од СВР Битола, поради сторен сообраќаен прекршок, за што се обидел да им даде поткуп.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

Cistenje-divi-deponii-Kisela-Voda-02.05-3

ВМРО ДПМНЕ: Скопје се дави во смет и депонии, а Шилегов нема решение и печали на грбот на скопјани

Скопје се дави во смет и депонии, а Шилегов нема решение и печали на грбот на скопјани. Скопје продолжува да биде најзагаден град во Светот, без градска депонија кока ќе ги исполнува европските и светски стандарди, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.Откако два дена Шилегов се фалеше со прескапо платената опрема за собирање смет, никаде го нема да одговори зошто го оштети буџетот на Скопје за 16 милиони денари пари кои можеше да ги заштеди и инвестира за доброто на скопјани.Вредноста  на набавката е 1.5 милиони евра или околу 90 милиони денари од буџетот на Градот Скопје. На истата набавка мора да се плати ДДВ во вредност од 18% или околу 16 милиони денари.Ако парите преку Советот на Град Скопје се префрлеа на Јавното Комунално Претпријатие и тоа со сопствени средства ја набавеше опремата за набавка на сметот, ќе се заштедеа парите од ДДВ бидејќи тоа е основна дејност на претпријатието. Со заштедените средства ќе можеше да се инвестира во нова опрема. Од друга страна на депонијата Дрисла се гледа како на мегдан за правење на бизнис интереси на луѓето од власта и оние блиски до Зоран Заев. Додека Шилегов не мрда со малиот прср Скопјани се гушат во сметот и депониите за кои Шилегов нема решение.2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминали и неработа, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје | пред 6 години

monstrum

Роднините на убиените во “Монструм“ бараат да се сретнат со министерката за правда

Денеска ново рочиште за судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро кое се случи  на 12 април 2012 година, во предметот „Монструм“ на СЈО, денеска во Кривичниот суд. Се очекува да бидат изнесени како докази 133 илјади СМС-пораки и други транскрипти, предложени како дополнителни докази од Обвинителството.Случајот се наоѓа во доказна постапка, процесот го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.Во петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.За убиството се обвинети Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Тие претходно беа осудени на доживотен затвор но со одлука на Врховниот суд во декември 2017 година, беа укинати пресудите и ги ослободи од притвор осудените.

Македонија | пред 6 години

04102019_VRSM_157ta_sednica_doneseni-odluki_4

Владата го утврди дополнителниот ребаланс на буџетот за 2019

На вчерашната редовна 157 седница, Владата на Република Северна Македонија го утврди дополнетиот Предлог за Изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година, откако текстот на предлогот за ребаланс на буџетот ја помина постапката на комисиска расправа во Собранието на Република Северна Македонија во комисиите за финансирање и буџет и Законодавно-Правната комисија.Новиот дополнет Предлог за Изменување и дополнување на Буџетот за 2019 година, кој ќе биде пуштен на усвојување на пленарна седница на Собранието, главно опфаќа реалокација помеѓу веќе утврдените ставки во рамки на почетните проекции.Со прифатените измени на седницата на Владата на РСМ, се обезбедуваат средства за непречено функционирање на ново формираната Агенција за национална безбедност во износ од 99 милиони денари, обезбедување на дополнителни средства во износ од 560 милиони денари (а во првата половина на годината со реалокации се обезбедени уште 355 милиони денари) како директна поддршка во земјоделството и справување со болеста Африканска чума кај свињите, средства за Колекторски систем за заштита на Охридското езеро, како поддршка на напорите на централната и локалната власт за исполнување на препораките од УНЕСКО.Измените во Буџетот за 2019 година, меѓу другото, обезбедуваат дополнителни средства во износ од 244 милиони денари за правосудниот систем, односно судството и обвинителството, со цел јакнење на финансиската состојба и решавање на прашањето поврзано со исплатата на надоместоците на вработените во овој ресор. Предвидени се и средства за поврат на дел од данокот на додадена вредност кон физичките лица во износ од 300 милиони денари со што ќе се обезбеди дополнителен приход во секое семејство, ќе ја засили куповната моќ и позитивно ќе влијае врз зголемување на потрошувачката и на наплатата на ДДВ, и ќе влијае на намалување на даночната евазија и сивата економија.Со ребалансот на буџетот се обезбедува мерката субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата во износ од 400 милиони денари, која има за цел да стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор преку финансиска поддршка за работодавачите кои ќе извршат зголемување на платата на вработените до 100 евра. Исто така, предвидени се дополнителни средства за набавка на лекови за ретки болести и инсулин во износ од 193 милиони денари, како и алоцирање на дополнителни средства во износ од 660 милиони денари во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања. Предвиден е поголем трансфер од Буџетот на Фондот за пензиско и здравствено осигурување од 815 милиони денари кон пензиските друштва од вториот пензиски столб, согласно месечните исплати за бројот на осигуреници, што во суштина го потврдува и трендот за зголемување на вработеноста.

Македонија | пред 6 години

mickoski

Професорот Мицкоски vs политичарот Мицкоски

Професорот Христијан Мицкоски до крајот на годината ќе биде избран за редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. По активното влегување во политиката и изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во декември 2017 година, тој остана активен и во науката и во професурата.Во периодот кога партијата започна со кампањата „Обнова за Македонија“, се објавија два труда на Мицкоски во меѓународни списанија, кои се со релевантен фактор на влијание и се користат од научната фела на машинството, вештачката интелегенција и современото моделирање, објави независен.мк.Mицкоски има докторирано интелегентно управување на роботите, докажувајќи дека во пракса вештачка интелегенција во смисла каква се подразбира, не постои во машинството, бидејќи луѓето и машините не може да постигнат сингуларитет со цел да го изедначат начинот на размислување. Професорот на Машинскиот факултет докажува дека највеќе што е постигнато е вештачкото резонирање, каде човекот дава команда, и по пренесените наредби во управувањето машината извршува определени задачи.„Независен весник“ пишуваше дека политичарот Христијан Мицкоски речиси целосно се разликува од професорот на Машинскиот факултет, Христијан Мицкоски. Неговите студенти велат дека тој практикува интерактивна настава,објави независен.мк.Текстот во целост на: независен.мк.

Македонија | пред 6 години

administracija

Фајнанс тинк: Имаме неквалитетна јавна администрација

Институтот за економски анализи Фајнанс тинк (Finance think) го објави инфографикот на тема Јавна администрација: големина и продуктивност. Оваа нивна анализа покажа дека имаме администрација која не е квалитетна, а една од главните причини за тоа е вработувањето и напредувањето без почитување на принципот на квалификации, компетенции и заслуги.  Според оваа анализа, во четири сектори има најголема концентрација на административци: јавна управа и одбрана, образование, здравство и социјала и уметност забава и рекреација.Бројот на вработени, како што покажува анализата, од 2011 до 2018 година е во постојан пораст. Споредено со 2011, во 2018 година вработувањата во јавниот сектор од овие дејности се зголемиле за 17,2 отсто, речиси исто колку што пораснала и вкупната вработеност во економијата за истиот период (17,6 отсто). 

Македонија | пред 6 години

Sulejman-Rexhepi

Невладините бараат извинување од Сулејман Реџепи

Мрежата за заштита од дискриминација и Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата бараат извинуање од поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, поради изјавата која ја даде на новинарско прашање околу ултиматумот кој му го поставил Скендер Бузаку за оставка од позицијата. Тој во одговорот рече дека во Исламската верска заедница нема место за „гејови“ и дека тие треба да бидат надвор од неа.Реакцијата ја пренесуваме во целост.„Упатуваме остра осуда кон изјавата на Сулејман Реџепи и особена загриженост што истата ја искажува поглавар на верска заедница кој повикува на исклучување на геј-луѓето, а особено што поддржува исклучување од верска заедница. Со оваа изјава се нарушува остварувањето на слобода на религија и вероисповест како основно човеково право, изречно гарантирано во членот 19 од Уставот на Република Северна Македонија. Го потсетуваме г. Реџепи дека како поглавар на верска заедница, треба да знае дека секој, па и ЛГБТИ луѓето и другите категории луѓе што не му се допаѓаат на него, има право слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, да ја практикува својата вера. Со оглед на тоа што изјавата е јавно искажана, таа носи штетни последици за геј-луѓето кои и онака се наоѓаат на маргините во нашето општество и секојдневно се соочуваат со исклучувања во речиси сите аспекти на живеењето. Верското убедување на Сулејман Реџепи не го ослободува од обврските што тој како граѓанин ги има според Уставот, од законите и од другите прописи, што подразбира дека треба да ги почитува основните права и на геј-луѓето, помеѓу кои и заштитата од дискриминација и вознемирување врз основа на сексуална оринетација и родов идентитет.Исламската верска заедница, но и други верски заедници, интензивно се застапуваат против правата на ЛГБТИ луѓето, шират говор на омраза, демонизирање и стигматизирање на сексуалните и родовите малцинства. Затоа, јавно ги повикуваме верските заедници да го преиспитаат своето делување и ставови во однос на ЛГБТИ луѓето. Иако во повеќето религии може да се најдат текстови и вредности кои повикуваат на еднаквост и емпатија, поглаварите на тукашните верски заедници одбираат да ја толкуваат религијата како барање за прекршување на правата на ЛГБТИ луѓето. Ова однесување нема никаква врска со нивната слобода на вероисповест, туку претставува злоупотреба на религијата за одржување на статус кво, одржување и проширување на нивната моќ на сметка на маргинализираните групи. Ова се нарекува религиски фундаментализам и за него нема простор во демократско општество.Го повикуваме поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, јавно да им се извини на геј-луѓето и во иднина да се воздржи од вознемирување по која било дискриминаторска основа.Ја повикуваме и Исламската верска заедница, преку своите органи на надзор, да поведе постапка за утврдување на одговорност на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, за сторената дискриминација по основ на сексуална ориентација“, стои во соопштението.

Македонија | пред 6 години

loto

Зоран од Кичево на Лото 7 доби околу 200.000 евра

Зоран Митаноски од Кичево е новиот добитник на премија од играта на среќа Лото 7. Добивката од 44-тото коло на Лото 7 изнесува околу 200.000 евра, соопшти Државна лотарија. Тој е добитник на втората седмица на Лото 7 и 23-та од почеток на приредување на лото игрите од страна на Државна Лотарија.

Македонија | пред 6 години

zatvor-grcija

САД и доделија на Албанија 920.000 долари за реформирање на затворскиот систем

Според тиранската телевизија Топ чанел, Албанија се подготвува да го стави во функција режимот 41 бис, во два затвора, оној во Пеќин и 313 во Тирана, каде ќе бидат сместени најопасните криминалци.-Подобрениот затворски систем е од суштинско значење за континуираните напори на Албанија за зајакнување на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал. На 1 октомври, Соединетите држави издвоија дополнителни 920.000 американски долари за поддршка на програмите за спроведување на законот во Албанија, зголемувајќи ја вкупната американска поддршка на 5,1 милиони американски долари,стои во соопштението објавено на официјална страница на Фејсбук на американската амбасадата во Тирана.Генералниот директор на затворите, Агим Исмаили, за телевизијата изјавил дека покрај засилените безбедносни услови,акцискиот план предвидува и дополнителна обука за полицајците кои ќе ги чуваат затворениците 41бис.

Свет | пред 6 години

brza-pomos

Брутално нападнатото малолетно момче во Карпош, состојбата му е критична

Нападнатото момче во скопски Карпош имало 19 години. Слободен печат објави дека се работи за 19-годишниот Ф.В. кој брутално бил нападнат.– Околу 17.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Шекспирова“ во Скопје, Ф.В. бил физички нападнат од страна на едно лице со тврд предмет. Ф.В. е пренесен во Ургентиот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид направи екипа од СВР Скопје, велат од МВР за порталот.Инцидентот се случил во близина на Машинскиот факултетот во Скопје, во близина на основното училиште „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош.-  Пациентот е во тешка здравствена состојба со сериозни повреди на глава и е однесен во ургентниот центар, велат од Брзата помош за Слободен печат.

Скопје | пред 6 години

katastar

Платите во катастар зголемени до 30 отсто

Правилник за зголемување на основната плата и зголемувањето на додатоците на основната плата стапува во сила во Агенцијата за катастар на недвижности и сите вработени во оваа институција заклучно со септември ќе добијат зголемување на примањата од 15, 20 па и 30 отсто, од кои последната ставка за работниците од ИТ-секторот. Вака претходно одлучи управата на „Катастарот“, објави Фактор.мк.Оваа државна институција, бидејќи станува збор за агенција, се финансира самостојно од наплата на услугите и делумно од основниот буџет, но за зголемувањето на приходите на вработените одлучува сама.Парите се обезбедени од сопствениот буџет, а од таму велат дека тоа не е на сметка на странките кои плаќаат за услуги во случај кога оваа агенција најчесто се поставува како монопол. Од кабинетот на директорот Борис Тунџев одговараат дека зголемувањата на платите за вработените во сите сектори, одделенија и подружници е од самофинансирачкиот буџет и дека тоа не се должи на некакво поскапување или зголемување на наплатата на услугите.Вкупниот број на вработени во Агенцијата за катастар изнесува 837 сужбеници на крајот од 2018. Според финансискиот план на оваа агенција, за 2019 планирано е да се потрошат 5,6 милиони евра, објави Фактор.мк.Текстот во целост на: Фактор.мк

Македонија | пред 6 години

zname

(ФОТО) Знамето на Црна Гора наопаку, кабинетот на Пендаровски се извини до Ѓукановиќ

Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски се извини поради превидот за време на официјалната посета на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во Скопје, пишува Пораталаналитика.Имено, за време на средбата на претседателИте, црногорското знаме било свртено напопаку.Извршен е ненамарен превид за време на поставувањето на црногорското знаме на тет-а-тет состанокот двата претседатели – стои во писмото на извинување. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Дожд и значителен пад на температурата

Времето во Република Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни претпладне во јужните и источните делови каде што попладне ќе завршуваат.Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, за скоро 10 тина степени. Синоптичарите за следниве денови најавуваат доста посвежо време со силен северен ветер.Максималните дневни температури ќе се движат до 20 степени. Пороен дожд и северен ветер денеска и во Скопје и максимална температура до16 степени.Врнежите ќе продолжат и следната недела.

Македонија | пред 6 години

20190911_150839

(ВИДЕО) Патот кој води до кичевско Крушино опасен за минувачите

Свлечишта со земја која со себе носи и дрва со се корени и одрони со карпи тешки и по неколку тона се сликата околу асфалтниот пат кој води од градот до селото Крушино, до „Мотел Крушино“ како и до спортските терени во шумата над Кичево.Ова е единственото место за прошетки во природа на Кичевчани каде секојдневно се шетаат или рекреираат во природа, а од ден на ден патот кој води во таа природа станува се понебезбеден па дури и опасен.„Распаѓањето“ на патот почнало со стартот на градењето на автопатот од Кичево за Охрид, а продолжило со одолговлекувањето на градбата.Неизвесно е дали институциите ќе преземат нешто пред довршувањето на градбата на автопатот ( за која е неизвесно кога ќе се случи бидејќи постојано се одолговлекува ) или ќе се преземе нешто пред тоа бидејќи овој пат од ден на ден е се потесен и можно е со првите есенски дождови да стане и непрооден.ВИДЕО

Македонија | пред 6 години

germanija

(ВИДЕО) Албанци убиле србин на паркинг, уште еден е тешко ранет

39-годишен Србин е убиен на паркинг во Германија, а другиот е тешко повреден на друго место во истиот град. После пукањето во баварскиот град Абенсберг полицијата уапси двајца осомничени Албанци.Според информациите на БИЛД, дајцата осомничени во областа Абенсберг биле фатени во околу 19:30 часот, скоро цел час и половина после дојавата во полиција за пукањето.  Полицијата била распореена на многу места, а хеликоптер кружел над градот.

Свет | пред 6 години

zebra-3

Зебра побегна од циркус во Германија и направи хаос на германски автопат

Две зебри зебри избегале од циркус во Германија. Едната од нив предизвика и сообраќајна незгода на автопат мораше да биде убиена, соопшти полицијата, а другата била безбедно фатена. Бегството на зебрите ја кренало полицијата на нозе.Зебрата била бркана до околната ледина, бил повикан и нејзиниот тренер од зоолошката градина за да ја фати, но безуспешно. На крајот била повикана Единицата за итни случаи за спасување животни по што зебрата била застрелана.Неколкумина го коментираа твитот на полицијата прашувајќи зошто зебрата не била успиена наместо да биде убиена.„Точните околности за пукањето сè уште се испитуваат“, се вели во соопштението за полицијата.

Свет | пред 6 години

telefon-1

Загина момче, заспало додека играло на мобилен приклучен во струја

25- годишен гејмер загина од електричен удар додека спиел покрај својот мобилен телефон кој се полни. Младиот гејмер заспал играјќи на својот мобилен. Састра Мо-ин од Тајланд е најден мртов , а неговата тетка изјавила дека го нашла како лежи во креветот со раката до продолжниот кабел на кој ги полнел мобилниот и другите уреди за гејмање. Таа тврди дека веднаш ја исклучила струјата и повикала полиција.„Мојот внук минуваше многу време во кревет играјќи игри со уреди за полнење покрај креветот. Го видов многу пати како спие додека уредите сè уште беа вклучени“, рече таа.Полицијата брзо пристигнала во куќата, но младичот веќе бил мртов. Причината за смртта е „електричен шок предизвикан од мобилен телефон“.

Магазин | пред 6 години

tepacka1

Врсничко насилство во Скопје - 14- годишно девојче нападнато од група девојчиња

Во СВР Скопје, вчера во 21 часот, К.О. (45) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот на улица „Цветан Димов“ неговата 14-годишна ќерка била физички нападната од група девојчиња на возраст од околу 14 години.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања