Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

Avstraliski_ambasador

Австралија поддржувач во исполнувањето на препораките од УНЕСКО

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, денес, одржа средба со делегација од австралиската амбасада предводена од заменик амбасадорот Лианг Зенг. Како дел одделегацијата на амбасадата беа и Билјана Бижиќ, координатор на програмата за директна помош и Зоран Костовски, почесен конзул.На средбата Георгиески и Зенг, разговараа за актуелната состојба со спроведувањето на препораките од УНЕСКО. Заменик амбасадорот изрази задоволство од сериозниот пристап наЛокалната самоуправа во спроведувањето на препораките и ја искажа својата лична поддршка и поддршката на неговата земја во понатамошната работа.Исто така, заменик амбасадорот повика на поголемо учество на повикот за доделување на грантови од страна на Австралиската амбасада. Дополнително градоначалникот Георгиески и заменик амбасадорот Зенг, разговараа и за унапредување на промоцијата на Охрид во Австралија со цел зголемување на бројот на туристи кои би го посетиле регионот.

Македонија | пред 6 години

mrsa

Бактерија МРСА откриена во градинка во Кисела Вода

Бактерија МРСА е откриена кај воспитувач и дете од градинката „Весели цветови“, клон Кокиче во општина Кисела Вода, но нема потреба од паника, изјави денеска за МИА д-р Билјана Даниловска од Центарот за јавно здравје Скопје.– Направивме епидемиолошки увид, дадовме препораки да се дезинфицира градинката. Бактеријата не е опасна за здрави деца, опасна е за пациенти кои биле на болничко лекување односно кај лица со намален имунитет. Опасна е и за новороденчињата – велат во Центарот.Во февруари годинава имаше четворица пациенти со МРСА во градинка „Снежана“ во Чаир и во осноното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел. 

Скопје | пред 6 години

tepacka-4

Со закани и физички напад барале да им препише движен и недвижен имот

На 03.10.2019 во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Ф.К.(21) од Скопје пријавил дека бил физички нападнат од Е.А., М.И., двајцата од Скопје. Според пријавеното, тие барале од него да им препише движен и недвижен имот, а кога отишле пред нотарска канцеларија, лицата побегнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

tepa-zena

43 годишна жена пријавила дека во семејниот дом била нападната од сопругот

На 03.102019 во 14.00 часот, 43-годишна жена од Скопје пријавила дека на 24.09.2019 и на 02.10.2019 во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг И.С.(45) од Скопје.  Според пријавеното, тој подолг период ѝ се заканувал и физички ја малтретирал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

bezdomnici

Бездомно лице сместено во дом за бездомни, се заканувала на тројца вработени

На 03.10.2019 околу 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дом кадешто се сместени бездомни лица на ул.„Перо Наков“, С.Т.(60) од Скопје – сместена во објектот како лице бездомник, влегла во административната просторијата во која биле тројца вработени, се однесувала агресивно и им се заканила дека ќе ги запали. Според пријавеното, тие успеале да ја спречат и ја изнеле надвор од канцеларијата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Скопје | пред 6 години

izjava-zaev.Still271

(ВИДЕО) Помпео за малку не падна на плочникот во вилата „Билјана“

Малку фалеше за многу да се обрукаме !

пред 6 години

migranti_kola

Во камион на магистралниот пат Штип – Радовиш, пронајдени 43 мигранти

На 03.10.2019 часот во 10.50 часот на магистралниот пат Штип – Радовиш, во с.Лакавица, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало. Набргу потоа возилото сопрело и при негова проверка биле пронајдени 43 мигранти, на возраст од 16 до 25 години, од Бангладеш, Пакистан и Авганистан. Лицата се предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кумановец се повредил на работно место – пренесен во болница

На 03.10.2019 во СВР Куманово, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Ургентен центар Куманово однеле едно лице кое се повредило при работа во фабрика во Куманово. По преземени мерки било утврдено дека станува збор за А.Н.(34) од Куманово. По овластување на Јавен обвинител, увид извршиле екипа од СВР Куманово и Инспектор за безбедност и здравје при работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Сообраќајна несреќа на автопатот „Пријателство“две лица тешко повредени

На 04.10.2019 во 00.05 часот на автопатот „Пријателство“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(60) од Скопје и патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(39) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Б.С. и сопатникот од истото возило С.П.(31). Б.С. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а С.П. во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. С.Д. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

(НАЈНОВА ВЕСТ) Со автоматско оружје се пукало сред Скопје

Попладнево вооружена престрелка на улицата Ордан Чопела. Неофицијално две групи пукале со автоматско оружје.Во престрелката едно лице е повредено и според информациите префрлено е во Градската болница. Подоцна повеќе детали за вооружениот инцидент.

Скопје | пред 6 години

pistol_001

Пукање во Гази Баба, неофицијално едно лице повредено

Попладнево вооружена пресметка во Гази Баба. Неофицијално едно лице е повредено.Наскоро повеќе...

Скопје | пред 6 години

04102019_PVRSM_Zaev_Pompeo_Sredba-1

Заев - Помпео: Силна и континуирана е американската поддршка за полноправно членство во НАТО и за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Мајкл Р. Помпео, во рамките на неговата еднодневна официјална посета на нашата земја имаа тет-а-тет средба, откако претходно државниот секретар на САД се сретна со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.Веднаш потоа се одржа и билатерална средба кога на премиерот Зоран Заев му се придружија и заменик претседателката во Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.На оваа средба доминантна тема беше проекцијата за развој на соработката меѓу двете земји стратешки партнери, со посебен акцент на потенцијалот за натамошно унапредување на економските односи и за привлекување нови американски инвестиции во земјава.Посебно внимание за време на разговорот беше посветено на успешната соработка и партнерство во доменот на одбраната, особено меѓу АРМ со Националната Гарда на Вермонт, како и во рамките на воените мисии ISAF и „Одлучна поддршка“ во Авганистан.На средбата меѓу владината делегација и државниот секретар на САД и неговата придружба, беше нагласено дека останува силната и континуирана американска поддршка за финализирањето на постапката за полноправно членство во НАТО и за напредокот на Република Северна Македонија во процесот за членство во ЕУ.Во разговорот на билатералната средба се разговараше и за прашањата кои се однесуваат на стабилизација и просперитет на регионот со Вашингтон како главен промотор на политиката на проширување на Алијансата со државите од Јадранската Повелба.

Македонија | пред 6 години

Foto-3-1

Пендаровски-Помпео: Продлабочување на стратешкото партнерство со САД

Денеска во „Вила Билјана“, во Охрид, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски го прими Мајк Помпео, државен секретар на Соединетите Американски Држави. Претседателот Пендаровски рече дека посетата на државниот секретар на САД, Помпео, во исклучително важен период за нашата земја, е потврда за пријателството меѓу САД и Северна Македонија, засновано на заедничките вредности за мир, слобода и демократија. „САД е нашиот стратешки партнер уште од нашата независност, а американската поддршка беше клучна во одбранбените реформи и трансформацијата на нашата Армија, со цел исполнување на критериумите за членство во НАТО. Преку програмите за развој, САД ни помогнаа во зајакнувањето на институциите, владеењето на правото, реформите на судството, зајакнувањето на граѓанскиот сектор и медиумите, како и поддршка на поволна бизнис клима за трговска размена меѓу двете земји“, истакна Претседателот. Претседателот Пендаровски се заблагодари за постојаната поддршка од САД и во периодите кога земјата ги решаваше тешките прашања за внатрешната стабилност, како и постигнувањето на компромис за деценискиот спор за прашањето за името, во духот на добрососедството и регионалната соработка. „Северна Македонија ќе продолжи со тесната соработка со САД. Сметам дека е неопходна зголемена американска поддршка во претстојниот период, во кој Северна Македонија треба да стане 30-та членка на НАТО и да ги започне пристапните преговори за членство во Европската унија“, рече претседателот Пендаровски. Секретарот Помпео се заблагодари за топлото добредојде во Северна Македонија која ја посетува во рамки на посетата на Италија, Црна Гора и Грција. Тој потврди дека американската поддршка во продлабочувањето на пријателството меѓу двете земји ќе продолжи и во иднина, што е значајно не само за Република Северна Македонија туку и за стабилноста и безбедноста на целиот регион.  

Македонија | пред 6 години

oliver-2

Спасовски оствари средба со новиот амбасадор на Народна Република Кина, Н.Е. Џанг Ѕуо

Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Северна Македонија, Н.Е. Џанг Ѕуо.Министерот Спасовски, упатувајќи му честитки за функцијата, со желба за успешна дипломатска мисија во земјава, нагласи дека Амбасадата на НР Кина има континуирана активна улога во унапредувањето на дипломатските односи и пријателството меѓу двете земји.На средбата двете страни изразија задоволство од одличната соработка која со години се негува, при што стана збор и за огромниот придонес кој го даваат двете земји во насока на подобрување на глобалната безбедност.Поздравувајќи ја билатералната соработка во бројни општествено-економски сегменти, Спасовски и Ѕуо изразија надеж дека со засилено темпо ќе продолжи и трговската, односно севкупната економска соработка, особено кооперативноста во рамките на Процесот за соработка на 17 држави од Централна и Источна Европа и НР Кина. Воедно, беа посочени и придобивките одотворањето на Северна Македонија како нова и атрактивна дестинација за кинеските туристи, кои во сè поголем број ја посетуваат државата, но беа разгледани и можностите за зголемување на инвестициските активности на кинески компании во нашата земја.Двајцата соговорници изразија желба за продолжување на динамиката и растечкиот тренд во развојот на севкупните односи меѓу двете земји, како и проширување на сферите на меѓусебна соработка меѓу Северна Македонија и Народна Република Кина.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Утре големо ракометно дерби во Кисела Вода

Љубителите на ракометот утре во Кисела Вода, во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ ќе имаат можност бесплатно да проследат три ракометни натпревари.На првиот натпревар, со почеток во 11:30 часот ќе играат младите пионерки на РК „КЛ7“ и РК „Драчево“. По овој натпревар, во рамки на првата ракометна лига ќе следува големо дерби. Од 13:35 часот силите на теренот ќе ги одмерат сениорите на непоразените екипи во лигата, РК „КЛ7“ од Кисела Вода и РК „Аеродром“. Ракометарите на „КЛ7“ за прв пат ќе се натпреваруваат на домашен терен. По дербито, од 15:30 часот ќе играат пионерите на „КЛ7“ и РК „Рисови“.Покрај ова, информираме дека денеска е последниот ден за аплицирање за доделување на материјална поддршка на спортски субјекти. Од почетокот на мандатот на градоначалникот Филип Темелковски, Општина Кисела Вода со цел да привлече повеќе млади на спортските терени, а и да го подобри работењето на спортските клубови/здруженија доделува материјална помош. 

Скопје | пред 6 години

pompeo-1

(ЖИВО) Прес конференција Заев - Помпео

Заедничка изјава со државниот секретар на САД, Мајкл Помпео, за време на неговата официјлна посета на Северна Македонија.https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/420394515276262/?notif_id=1570196190387962&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

redzepi

Апелација пресуди во корист на Сулејман Реџепи

Скопскиот апелациски суд ја уважи жалбата на Сулејман Реџепи и го укина решението на основниот граѓански суд, според кое Скендер Бузаку беше утврден за поглавар на Исламската верска заедница.Според сознанија на Фокус, Апелација го вратила предметот на повторно одлучување поради неколку пропусти при носењето на првостепената одлука, при што се наведува дека Бузаку при изборот имал една година помалку од потребните 40 години, додека како проблематичен момент се нотира и незапазениот рок на поднесување на документацијата за изборот на новиот поглавар до судот.Текстот во целост на: Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

zname

11 Октомври неработен за сите граѓани

Денот на народното востание на Република Северна Македонија 11 Октомври (петок) е неработен ден за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.Од Министерството на граѓаните им го честитаат Денот на народното востание.

Македонија | пред 6 години

ljube-boskoski

Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски - не е виновен за случајот „Ровер“

Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда за случајот „Ровер” кој се однесува на убиството на Маријан Тушевски и Киро Камев во 2001 година, кога тој беше министер за внатрешни работи. Тој со првата пресуда беше осуден на 10 години и 6 месеци.Основниот суд Скопје 1 во ноември 2014 година во повторена постапка донесе пресуда со која повторно ги прогласи сите десетмина обвинети за виновни.Поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, тогаш беше осуден за помагање убиство и доби 10,5 години затвор, Зоран Трајковски доби 8,5 години затвор, Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ добија по 7 години затвор, а на Гоце Митревски и Никола Негриевски им беа изречени затворски казни од 6 години затвор.Првите тројца обвинети, пак, кои според Обвинителството се директните извршители на убиството, во отсуство беа осудени на доживотна казна затвор. Четвртообвинетиот Вук Вукичевиќ, исто така странски државјанин, кому му се судеше во отсуство, за помагање доби 15 години.

Македонија | пред 6 години

katitsa-janeva

Нова жалба од Катица Јанева

Во Апелациониот суд стигна нова жалба од адвокатите на екс специјалната обвинителка Катица Јанева по одлуката на Кривичниот суд да и се одбие  гаранцијата која ја понуди Јанева за  укинување на притворот или за замена со куќен.Јанева преку својата двокатка Ирена Фрчковска  достави предлог до Кривичниот суд за укинување на притворот, за што како гаранција ги понуди двата стана на синот и ќерката и уште еден стан на член на потесното семејство, но Кривичниот суд го одби барањето, објави Нова ТВ.„По разгледување и ценење на предлогот и мислењето од надлежното обвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со кое предлогот за укинување на мерката притвор со определена гаранција се отфрла како недозволен, а предлогот за определување мерки за претпазливост се одбива како неоснован“ соопштија од Кривичниот.Текстот во целост на:Нова ТВ

Македонија | пред 6 години

MAD_5531

Шилегов: Новиот ГУП ќе го развива северниот дел на Скопје

Во пресрет на почнувањето на процесот за подготовка на новиот Генерален урбанистички план на град Скопје градоначалникот Петре Шилегов и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска имаа работна средба на која разговараа за начинот на кој Министерството за транспорт и врски, како ресорно министерство, може да се вклучи и да ја поддржи неговата изработка. Генералниот урбанистички план на Скопје е стратешки развоен план со општи елементи на просторниот развој во текот на една деценија. Се донесува во услови на творечки процес на планирање и со учество на сите субјекти и институции на територијата на опфатот. Планот ги дефинира основните наменски употреби на површините, ги претставува главните насоки на развојот и ја регулира примарната инфраструктура. Имајќи предвид дека станува збор за еден сложен и сеопфатен процес во подготовката на новиот ГУП 2022-2032 година повеќе од потребна е поддршка не само од министерството, туку и од поширок круг на стручни лица од различни области, невладиниот сектор, академската заедница, како и од граѓаните, директно или преку единиците на локалната самоуправа. Претходниот ГУП на град Скопје е усвоен во 2012 година. Од тогаш до денес се извршени многу парцијални измени во просторот, што главно се однесуваа на измени на програмите и локациите за одредени содржини. Од позиција на градоначалник моите заложби се однесуваат на рационално, контролирано и флексибилно ширење на Скопје во насока на обезбедување одржлив развој; визионерско планирање на сообраќајната инфраструктура, како основен елемент во просторната комуникација; соодветно планирање на комуналната инфраструктура, посебно од аспект на инфраструктурата за прифаќање, селектирање, рециклирање и депонирање на цврст и друг отпад; како и реконструкција на изградените простори и блокови во простори со повисок комунален и амбиентален стандард. Во мојата визија Скопје го гледам како зелен град со многу внимателно распоредени зелени површини, повеќе функционални јавни простори, сообраќај планиран на начин што ќе обезбеди одржлива урбана мобилност и комунална инфраструктура која ќе биде целосно во функција на обезбедувањето чиста и здрава животна средина – рече градоначалникот Шилегов, по работната средба. Шилегов изрази уверување дека Скопје ќе се развива и шири на начин што ќе се релаксира притисокот од претераната урбанизација на јужниот дел од градот, на сметка на рационалното користење на неискористените слободни површини во северниот дел на градот. Во текот на изработката на новиот ГУП верувам дека ќе бидат разгледани можностите за отстранување на некои недостатоци од постојната планска документација. За пример ја земам таканаречената јужна обиколница која според моето мислење, но и според мислењето на стручната јавност, е спротивна на принципите за заштита на животната средина имајќи предвид дека за нејзиното пробивање е потребно да се уништи добар дел од Водно. Сакам да нагласам дека до 2022 година истекува важноста на постојниот ГУП. Имаме доволно време да ги вклучиме сите засегнати страни во изработката на новиот ГУП на начин што ќе обезбеди гаранција дека се сериозно лимитирани можностите за пропусти при носењето на деталните урбанистички планови и другата планска документација од понизок ранг. Оттука верувам и дека ќе се отворат можности со новиот ГУП да обезбедиме и услови да се продолжи со деталното планирање на градот на начин што сериозно ќе го унапредува квалитетот на живот на нашите сограѓани – нагласи Шилегов.

Скопје | пред 6 години

germanka

Германка ја чувала својата ќерка во кутија за кучиња и ѝ ставала електрично ремче околу вратот

Болничарката Андреа К. која има 44 години, судот во Хановер ја осуди на затворска казна од две и пол години, поради обвинение дека цела година физички и психички ја малтретирала својата 9 годишна ќерка.Судот ја прифати валидноста на доказите дека Андреа К. употребила насилни методи за воспитување на својата ќерка, која сега има 9 години. Така, откриено е дека во три наврати го чувала девојчето заклучено во кутија за пренос за кучиња, му ставала електричен ремен околу вратот и го изложувала на струјни удари, а исто така девојчето го носела во шума, каде што го терала на чорапи да трча по автомобилот, објави германски „Билд“.Државниот правобранител побара казна затвор од пет години, а судијата Штефан Локе ја коментира одлуката на покраинскиот суд да изрече помала казна од две и пол години затвор: „Долго размислувавме каква одлука да донесеме за овој случај, но да се одреди соодветна казна за родител што го злоупотребува своето дете е речиси невозможно“.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Член на „Пинк Пантер“ во Сараево осуден на осум години затвор

Членот на меѓународната криминална група „Пинк Пантер“, Милосав Вешковиќ (41) е осуден на осум години затвор во Босна и Херцеговина, откако судот го прогласи за виновен за организиран криминал.Покрај неговата затворска казна, Вешковиќ, заедно со уште двајца осудени, мора да ѝ плати отштета на повредената Меѓународна банка Павловиќ во износ од речиси 900.000 евра, пренесува Klix.ba.Како што објавија регионалните медиуми претходно, Вешковиќ склучил договор со Обвинителството на Босна и Херцеговина, во кој признал дека е виновен за грабеж извршен на територијата на таа земја во замена за казна од осум години затвор.

Свет | пред 6 години

pompeo

Помпео вечерва во Атина ќе се зајакнува стратегиската соработка со Грција

На својата мини-балканска турнеја американскиот државен секретар Мајк Помпео вечерва ќе престојува и во главниот град на Грција. Тој во Атина ќе се сретне со премиерот Киријакос Мицотакис и со шефот на дипломатијата, Никос Дендијас.Грчките медиуми објавија дека во фокусот на разговорите ќе биде стратегиската соработка меѓу САД и Грција.

Свет | пред 6 години

boki-2-3

Боки 13 останува во притвор, одлучи Апелацискиот суд

Апелација не го прифати барањето на адвокатите на Боки 13  за укинување на мерката притвор, поради опасност од бегство.По вчерашната јавна седница на која се разгледуваше барањето за укинување на притворот Апелација одлучи иако отпадна влијанието врз сведоци, поради опасност од бегство Јовановски да остане во притвор.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања