Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

katica-janeva

Катица Јанева сеуште не одлучила дали да даде исказ пред Рускоска

Неизвесно е дали Катица Јанева ќе даде исказ пред Вилма Рускоска за „Рекет“. Адвокатите се уште не добиле прецизни инструкции од поранешната шефица на СЈО како да ја подготвуваат одбраната.Одат во посета кај Јанева во Шутка и ја запознаваат со доказите кои обвинителството за организиран криминал ги обезбедило против неа. За сега, Јанева не размислувала за спогодба со обвинителството. 

Македонија | пред 6 години

Foto-3-1

(ФОТО) Е па Мајк, се ова е довоградба!

Државниот секретар МајклР. Помпео и неговата придружба, дојдоа остварија средби со државниот врв и си заминаа од Охрид. По изјавите дека не подржува за членство во НАТО, но и предупредувањето да се чуваме од влијанието од Русија и Кина, некои воодушевени, некои разочарани, а имаше и такви кои се пошегуваа.Ви пренесуваме Твитер статус кој го покажува токму тоа.

Македонија | пред 6 години

mickoski-3

Мицкоски: Зоран Заев е давеник кој се обидува да се фати за сламка, тој не сака да има предвремени парламентарни избори зошто знае дека ќе доживее дебакл

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во интервју за радио емисијата Македонски корени од Сиднеј одговарајќи на новинарски прашања рече:Прашање: Г-динот Заев со лаги успеа да ја придобие целата меѓународна поддршка а вас од  ВМРО ДПМНЕ да ве втурна во живата песок која песок преку Заев ја постави режисерот на ова црно сценарио за уништување на Македонија. Сега вие од ВМРО-ДПМНЕ, се обидувате како Феникс да се вратите во живот.   Ваш коментар. Зошто ВМРO-ДПМНЕ дозволи да се дојде до сето ова и  дали има излез и кој е излезот г. Мицкоски? Одговор на Христијан Мицкоски: Повторно не би се враќал на некој минати времиња бидејќи тогаш не сум бил во можност да водам политика и да одлучувам за начин на кој би се водел. Би се задржал  не периодот во кој сум избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во кој период мислам дека изградиме стабилни и цврсти односи со меѓународната заедница кои се базирани на меѓусебно почитување и принципи и во рамките на тие односи планираме да ја градиме иднината на нашите релации со меѓународната заедница. Мислам дека претставниците на меѓународната заедница се апсолутно свесни за карактерот на Зоран Заев дека тој пред нив има едно лице на човек кој што е покорен со раката на срцето а со главата наведната настрана, а позади завесата кога ќе дојде тука во Македонија практично главната интенција е нешто друго. Ќе ве потсетам паралелно со процесот на потпишување на преспанскиот договор водењето на сите тие антинационални и антинародни политики Зоран Заев го менуваше законот за јавни набавки во Република Македонија, а со цел да можат да врват тендерите во четири очи. Денеска кога ќе ги погледате сите државни компании кои што имаат потпишано тендери со постапка на преговарање ќе го забележите факторот кој е во околина на семејството Заеви или на компаниит кои што се некако поврзани со семејството на Заев. Дали тоа станува збор за инфраструктурниот проект кој што е на релација Штип Радовиш Струмица или пак машините кои вршат ископ во рамките на РЕК Битола заштитна марка на сите тие се фирми сопственост или некако се поврзани со семејството Заеви. Со други зборови додека водеа анационални и антинародни политики крадеа. Ете тоа е вистината и сето ова повеќе им е јасно на меѓународната заедница и се повеќе вистината излегува на виделина. Прашање: Изминативе месеци вие од ВМРО-ДПМЕН остро го критикувавте законот за јавно обвинителство предложен од владата на Заев а подготвивте и ваш предлог закон за Јавно Обвинителство. Пред некој ден имавте лидерска средба со Заев заедно со тимовите кои преговараат за законот за Јавното обвинителство. Во јавноста излегоа неколку информации за таа средба. Го слушнавме г-динот Заев во негов стил како онаа со големиот арамија кој за да се извлече од проблемот извикал: држете го арамијата.  Г. Мицковски имам неколку прашања Што е тоа што за вас не беше прифатливо во предложениот закон на владата на Заев, и што не е прифатливо во новиот предлог на Заев на последната  лидерска средба? Каков предлог вие ставивте на маса и дали е различен од оној со кој вашиот тим разговара со тимот од владата на Заев? Зошто не го искористивте овој момент за да го условите Заев, и како прва точка да се најде датумот за предвремени  избори бидејќи вашиот став  беше дека нема да одите на лидерска средба ако на неа не се најде точка за предвремени парламентарни избори? Зошто е потребен нов закон и зошто само двајца лидери да предлагаат нов закон а не  другите лидери на политички партии? И што толку сте запнале Вие да предложите обвинител на новото јавно обвинителство зарем не е поарно да се изборите државниот обвинител да доаѓа по предлог на опозицијата, вака испаѓа дека сами се фаќате на замката која ви ја поставува г. Заев и оние од чадорот кои го креираа ова црно сценарио? Одговор на Христијан Мицкоски: Генерално принципот на СДСМ е сето она кое до сега се случувало да не важи да не се случувало еве веќе трета година поред. Од сега па натаму да бараме правда и од сега па натаму да се почитуваат законите и уставот се што порано било спротивно на законите и уставот тоа не важи. Нашиот принцип е почитување на законите и уставот и правда апсолутно за секого. Основна разлика е што за нас е дека не постои принцип на неказнивост, односно мора да има правда за секого и мора да има одговорност на секој оној кој ги прекршил законите и го прекршил уставот без разлика од која политичка партија доаѓа дали доаѓа од СДСМ дали доаѓа од ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ или некоја друга политичка партија или пак е политички неопределен а второ да има основано сомневање за сторено кривично дело согласно применливото право на Република Македонија. За нас принципот на неказнивост не треба да постои односно секој мора да одговара доколку постои индиции за сторен криминал. Додека пак кај СДСМ принципот е од сега па натаму ќе ги тераме случаите. До сега што било било, од сега па натаму.Втората точка каде што имаме суштинско разидување со СДСМ е во делот на обвинителите помошници на притвореничката Јанева гледаме дека тие изминативе години  имале сериозно големи привилегии земале илијадници евра личен доход во држава во која што половина милион граѓани се сиромашни и десетици илјади наши сограѓани живеат со помалку од еден долар на ден. Така што сето она што Зоран Заев го финансирал, валоризирал во тие луѓе, а го плаќале граѓаните на Република Македонија сега сака да го валоризира повторно користејќи ги сите тие за политички прогон за политички неистомисленици во случајов тоа е ВМРО-ДПМНЕ така што со закон ние не можеме да прецизираме кој обвинители ќе бидат дел од тоа обвинителство кој нема да бидат имаме закон како се бира и како се именуваат обвинители само треба да се почитува тој закон. Околу дилемата дали јас сум бил на лидерска средба и дали постоела точката датум за преговори јас и тогаш кога требаше да се одржи таа лидерска средба во клубот на пратеници реков дека без точка за предвремени парламентарни избори лидерска средба не прифаќам во случајов точката за предвремени претседателски избори е ставена на маса, и тука нема никаква дилема гледаме дека Зоран Заев е уплашен а се повеќе ќе биде уплашен како доаѓаат јавните мерења односно податоците на мерењето на јавното мислење и дека се повеќе ќе бега и ќе бега од предвремени парламентарни избори бидејќи гледа дека уште неколку месеци практично ќе трае неговата политичка кариера. Истовремено ние сме апсолутно свесни дека за да има предвремени парламентарни избори потребни се мнозинство гласови во рамките на собранието односно ние како ВМРО-ДПМЕН во овој момент таква бројака немаме и не би сакале да ги злоупотребуваме чувствата на граѓаните да манипулираме со чувствата на граѓаните да ги подгреваме очекувањата за да дојдат големи разочарувања нашиот однос со граѓаните е честит. ВМРО-ДПМНЕ е подготвен за предвремени избори веднаш но истовремено е свесен дека за да тоа се случи потребни се мнозинство гласови во рамките на парламентот со кои ќе се распушти парламентот. За жал во моментот ВМРО ДПМНЕ таква бројка нема. И ние ќе продолжиме да разговараме и да ги користиме сите демократски алатки кои ни стојат на располагање да предизвикаме едни такви предвремени парламентарни избори. Нормално за стратегијата не би сакал повеќе да откривам. Поставивте прашање поврзано со изборот на Државниот јавниот обвинител или обвинителот на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција за нас во моментов не е битно персоналното решение и позицијата битен е принципот. И токму во рамките на тој принцип и во рамките на процесите за кои ние се залагаме добро е опозицијата да може да предложи, без разлика сега сме ние опозиција утре ние ќе бидеме во влада друг ќе биде опозиција. Без разлика на името без разлика на местото кај што ќе биде битно е да биде одговорно и да лицето кое ќе биде избрано на тоа место да биде навистина лице од фелата. Ние навистина немаме намера да предложуваме лица кои се заштитници на политичките елити напротив ќе предложиме лица за кои мора да објективно да кажеме дека за сега немаме разгледано било какви имиња но имаме направено профил каков треба да биде предлогот кој ќе го даде ВМРО-ДПМНЕ и каков треба да биде предлогот кој во иднина ќе го дава опозицијата на лице кое ќе раководи со едно од обвинителствата. Повторно ќе кажам не е битно кое обвинителство битно е тоа лице да биде независно да биде стручно да биде честито и без компромисен заштитник на правото и уставот во Република Македонија и законите. Прашање: Парламентарните избори ќе се случат било тоа да се редовни или вонредни за што вашата партија се пожестоко притиска. Имајќи предвид дека за распуштање на собранието треба 61 пратеник а вие тоа го немате.  Дали планирате подрастични чекори вклучувајќи го и чекорот со повлекување на пратениците од собранието и од собраниските комисии како и кој би бил можниот датум за предвремени парламентарни избори?    Подготвени ли сте за да го зададете тој завршен удар за да ја симнете оваа нај ненародна власт од постоењето на Македонија, бидејќи поголем дел од медиумите создаваат слика пред медиумската и македонската јавност дека ВМРО-ДПМНЕ е ослабено  и ја нема повеќе поддршката од  гласачкото тело?     Какви резултати очекувате бидејќи г-динот Заев во една прилика порача дека ќе ве згазел и додаде дека ќе останел на власт уште 9 години и 2 месеци значи овој мандат и уште два други жално но вистинито е се што рекол во изминатите години почнувајќи од протестите на шарените и формирањето на пржинската влада му се остварува. Очигледно е дека го знае напамет сценариото од точка до запирка.Одговор на Христијан Мицкоски: Се што кажавме во минатото се потврдува. Мислам дека во овој момент Зоран Заев е давеник кој се обидува да се фати за сламка и се обидува со еден воинствен речник од типот газам и слично да ја мобилизира онаа структура на подржувачи во рамките на СДСМ бидејќи според нашите информации постои сериозна раслоеност во рамките на самата СДСМ токму тоа е една од причините зошто Зоран Заев не сака да има предвремени парламентарни избори зошто знае дека ќе доживее дебакал. Инаку нелогично е човек кој е толку сигурен дека блеска дека ќе згази на избори и така натаму да не ги организира тие избори да си добие нови четири години но јас ќе ви кажам тука не станува збор за логика туку станува збор за страв знае дека ги губи знае дека ќе доживее дебакл и знае дека после дебаклот следи одговорноста за сето ова кое го направи во Република Македонија на било кој план следи одговорност за сите досегашни политики но и следи одговорност и за криминалот кој се случуваше еве веќе трета година поред. Така што навистина не би можел да се сложам со вас дека ВМРО-ДПМНЕ е ослабено бидејќи реалноста е сосема поинаква јавното мерење на јавното мислење оди во насока на тоа дека поддршката на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува, а поддршката на СДСМ опаѓа. Последната анкета која е објавена во текот на вчерашниот ден е јасно недвосмислено покажува огромна поддршка на ВМРО ДПМНЕ споредено со СДСМ. Таа поддршка, сме кажале во минатото доколку сега има парламентарни избори ќе биде изразена најмалку со 100.000 гласа разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Така што ВМРО-ДПМЕН е силна, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е најголемата политичка партија во Република Македонија обединети ВМРО-ДПМНЕ е на нозе, се разбира постојат одредени политички егзибиционисти и маргиналци кои одлучија да му слугуваат на Зоран Заев и се обидуваат да создадат еден вид немир во рамките на десницата за кои што јас веќе зборував кои се уште се претставуват како членови на ВМРО-ДПМНЕ, а во суштина се ништо повеќе од чираци и слуги на Зоран Заев и кои што се обидуват да кажат дека ВМРО-ДПМНЕ било слабо или слично но нивната улога би ја ставил во групата на статистичка грешка на статистичката грешка така што би сакал да го сумирам мојот одговор во насока на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ победува ВМРО-ДПМНЕ ја формира идната влада еве држетеме за збор доколку ова не биде така. Прашање: СДСМ но пред се владата, очигледно користи не демократски средства за исполнување на наводни демократски цели. Кога на другата страна имате таков играч како г-динот Заев,  Зошто не делувате поостро онака како што поголемиот број на граѓани тоа го бараат од вас.Одговор на Христијан Мицкоски: Видете токму тоа е основната работа помеѓу Зоран Заев и мене , никогаш во животот  нема да влезам во авантура со неизвесен крај ама буквално никогаш во животот  нема да влезам во авантура со неизвесен крак. Она кое што практично ние како политичка партија и јас како политичар е бескомпромисна борба до последната капка пот и крв  до последниот здив  е со користење на демократски алатки, демократски алатки кои што се секогаш во насока на тоа да се почитуваат законот и уставот. Недемократските средства како што вие велите се одлика на апсолутисти на деспоти и кога тогаш доаѓа кракот на таквата политика но после крајот следи одговорноста.  Јас никогаш нема да влезам во битка која ќе биде со неизвесен крај. Влегов во битка но влегов  во битка во која заедно ќе се избориме за голема победа на ВМРО ДПМНЕ. Месеци не делат до таква победа и потоа доаѓа периодот на одговорност. Инаку анкетите кои што практично во моментот покажуваат водство можеби  на господинот Заев во однос на мене од 2 % е практично ако направите анализа минатата година  предноста беше 24 % во однос  на 2, 9 % а оваа година  разликата е 14 наспроти 12 што значи дека мојот рејтинг е пораснат  од 2, 9 на 12, 1 а рејтингот на господинот Заев е од 24 % паднат на 14 %. Но има тука уште еден дел кој што треба да се реализира а тоа дека втор политичар од СДСМ не постои а се уште се појавуваат политичари кој што биле дел од минатото во ВМРО ДПМНЕ кој што имаат рејтинзи кој што се наоѓаат на тие рејтинг листи тоа е добро тоа само ја потврдува разликата која што помеѓу политиките партии  е јасна и тоа се пресликува и во персоналните рејтинзи на политичарите така што да сумираме недемократски алатки никогаш нема да применувам ќе го победиме со демократски алатки и потоа на исти начин пред правосудството сите тие што се користеле со недемократски алатки  и ги прекршиле законите и уставот ќе сносат одговорност Прашање: Владата на Заев го најави пописот за следната година а кој попис по сите информации кои ги добиваме е нарачан попис со цел да се прикажат албанците дека се 30 проценти, вие од ВМРОДПМНЕ се спротивставувате пописот да биди во Април до година и таков каков што се планира, и барате пописот да биди  во 2021.  Која е причината за тоа ваше барање, Со што не се согласувате од она што содржи нивниот предлог закон за тој попис. И Доколку власта одлучи сепак да го спроведе без да ве вклучи и вас како опозициона партија каков ќе биди вашиот одговор?Одговор на Христијан Мицкоски: Едноставно ние бараме почитување на препораките на ЕУРОСТАТ, основната препорака на ЕУРО СТАТ е јасна се прави попис во првата година на почетокот на декада а не  во последната година од декадата така што 2020 практично е крајната година од декадата 2021 е првата година од декадата. Понатаму има јасни насоки како треба да се направи попис  и кои се дотребниците кој што треба да ги содржи еден пописен документ тоа во овој предлог закон кој што го постави владата го нема ние имаме принципиелни 28 забелешки кои што на ниво на работни групи ги доставивме до владата сите се во корелација со директивите на ЕУРОСТАТ и доколку истите тие не бидат прифатени ние ќе го повикаме населението на непопишување. Прашање: Вие неколку пати односно многу често знаете да речете дека сте конструктивни и му помагате или се обидувате да и помогнете на оваа влада да го добие датумот за почеток на пристапните преговори. На социјалните мрежи ве обвинуваат за преголема конструктивност. Обвинувањата одат дотаму дека вие всушност ги исполнувате желбите на бирократите од Брисел, поточно на високите претставници на Европската Унија. Каков одговор имате за ваквите обвинувања?  Дали се уште останувате на  подадената рака, после се она што се случи во последниве неколку месеци?Одговор на Христијан Мицкоски: Па мислам дека во досегашниот тек на интервјуто добивте впечаток дека не само што не ја подржуваме туку напротив силно се спротивставуваме на ненационалните ненародните и криминалните политики на овој криминален октопод кој што е инсталиран во владата на Република Македонија така што навистина не можам да ја разберам суштината дека ние ја подржуваме владата напротив единствен кој што сега се бори против оваа влада и кој што му пркоси на сето ова денешно криминално секојдневие во Република Македонија њ ВМРО ДПМНЕ. Секој кој што сака да се бори против Зоран Заев и оваа влада е добредојден и ние тоа сме го кажале многу пати во минатото но кога станува збор за отпочнување преговори со Европската Унија тоа не е политичко прашање тоа е прашање кое што е од интерес на сите граѓани во Република Македонија и Република Македонија  , ќе ве потсетам тој процес е започнат уште кон крајот на минатиот век односно кон крајот на минатиот милениум кога е потпишан договорот за асоцијација и стабилизација во Загреб , потоа во 2005 година некоја друга влада стана Македонија земја кандидат па некоја друга влада  во 2008- 2009 добиваше позитивни извештаи од Европската Комисија за отпочнување на преговори а ова што денеска се случува е практично покрај целокупната жртва на македонските граѓани и на македонската држава еден заслужен датум кој што треба сите ние да го потпомогнеме . Ова е граѓанска  обврска на сите нас не зборуваме за политичка обврска секој од нас кој што има некакво влијание во рамките на тие структури кои што одлучуваат во Брисел треба да помогне и треба да направиме се што е во наша моќ Македонија да добие датум за преговори.  И тоа не е поддршка тоа е напротив  тоа е поддршка за вековната аспирација на македонските граѓани а тоа е Европската Унија и НАТО алијансата и тука не треба никој да има дилема нити пак некој има дилема  а инаку, жестоко се спротивставуваме и ќе продолжиме жестоко да се спротивставуваме се разбира користејќи ги сите демократски алатки    против оваа анационална , ненародна криминална власт на Република Македонија. Прашање: Вие и вашата партија сте со став дека преспанскиот договор е штетен односно уништувачки за Македонија. Заев потпомогнат од недворешниот фактор успеа да обезбеди двотретинско мнозинство а начинот на кој што дојде до тоа, помалку или повеќе на сите им е познат. Го смена уставот и историското име  на Македонија. Вие велите дека кога ќе дојдете на власт ќе направите се за да ја исправите неправдата која и се нанесе на Македонија.Одговор на Христијан Мицкоски: Токму така ние имаме принципиелен , честит и искрен став со граѓаните за да се случи чекор назад а поврзан со уставните измени потребни се да бидат исполнети 2 критериуми за некои одредници а за некои само еден потребни се    осумдесетина пратеника но и за некои одредници за да се вратат чекор назад уставните измени и бадинтерово мнозинство . Ние можеме позади тастатурата да седнеме и да пишуваме секакви пароли колку е значаен овој процес кои се предавници кои не се предавници и т.н. но ние имаме обврска ние имаме одговорност пред македонските граѓани во Македонија но и дијаспората и ние мораме како политичари да бидеме слуги на народот и секогаш безусловно да ја зборуваме вистината. Јас не сум политичар кој што зборува она што другите сакаат да слушнат. Јас ја зборувам вистината и порано или покасно вистината излегува на виделина. Така што единствен начин  покрај чистотата и честитоста што ја задржа ВМРО ДПМНЕ нелегитимирајќи го Преспанскиот договор е да се победи на парламентарни избори да се стави Македонија на брза трака да биде дел од европското семејство на народи и тогаш да ги разгледаме можностите кои што ни стојат на располагање. Многу едноставно но потребна е многу работа , потребно е многу одрекување потребно е навистина помош и од дијаспората но и од граѓаните на Република Македонија во рамките на самата Република Македонија. 80 пратеника и бадинтерово мнозинство е она кое што законски и уставно за одредени одредници од Уставот се  неопходни за да се случат. Да тоа можеби не е во насока на тоа што некој очекува да го слушне но јас не можам да зборувам лаги да ги подгревам очекувањата на луѓето а потоа да следат големи разочарувања.  Поддржете не за да можеме да ги победиме најпрво да ги спроведеме реформите и во рамките на европското семејство  да ја исправиме оваа неправда која што ја нанесоа овие политичари. Прашање:  Македонија никогаш досега не са наоѓала во потешка ситуација од  денешнава. Во сета нејзина историја до 44та 45та се борела за својата држава а сега после онаа одлука на  Заев  и  неговата  влада  со  која  одлука  го    променија уставот и името на државата. За прв пат доведени сме да се бориме да ја браниме поточно да ја вратиме државата во оној облик во која беше создадена. Ќе успеете ли во тоа г-дине Мицкоски? 16.  Има  еден  природен  поим  феномен  а  тоа  е  она  со гуштерите, вероватно и на вас ви е познат.  Дел  од  нашите  политичари  го  прават  обратното. Откинуваат  дел  од  историјата  и  им  ја  поклонуваат  на соседите односно испорачуваат како на тацна како што во една прилика рече председателот Пендаровски.  Г-дине  Мицкоски  До  кога    политичарите  во Македонија ќе се бават со квази политика или политика на самоуништување.  До  кога  ќе  откинуваме  дел  од  нашата  историја  и корени и ќе им го даваме на соседите.  Колку долго ние  македонците треба да чекаме дека  сите оние кои се занимаваат со политика и кои сакаат да бидат бедемот на одбраната на Македонија добро да го проучат природниот феномен со гуштерите?Одговор на Христијан Мицкоски: Токму тоа беше и мојата основна водилка, основен мотив, за да се пријавам на тогашниот јавен повик за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што со својот пример и начин на функционирање и како човек и како политичар, сакам да го заслужам и сопственото место во историјата но и нешто историски да направам за својот народ и својата држава. Да ве потсетам дека како најдобар студент во генерација јас се пријавив доброволец за да го служам воениот рок тогаш. Бев во странство и таму го стекнав своето знаење на универзитетите во Западна Европа и повторно се вратив во Република Македонија и тука ја создадов мојата фамилија. Во партијата волонтирам еве практично втора година по ред бидејќи и паралелно предавам на Машинскиот факултет во Скопје при Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Така да, во принцип никогаш нема да дозволам лукративноста и нивните материјални вредности да ми бидат на прво место. Напротив, патриотскиот дух, домољубието и татковината се оние темели што за мене беа водечки кога прифатив да се кандидирам на тој конкурс. Еве веќе две години тие се мотивите кои што ме мотивираат мене на дневна основа да го работам ова што го работам. Мораме да докажеме пред нашите граѓани кои денес се толку разочарани, толку депримирани до сите политичари бидејќи се чувствуваат излажани, а потоа и украдени од страна на политичарите кои ја добивале нивната доверба. Мораме нешто да смениме, мораме да го вратиме оптимизмот и духот на сметките на нашите граѓани. А тоа едноставно можеме доколку сме искрени и доколку сме чесни и честити во работата во владеењето. Јас мислам дека тоа го можам. Имам план, имам стратегија, имам тим на луѓе кои што тоа ќе го спроведат и се надевам дека за година од сега, сите граѓани на Република Македонија без разлика дали се од Република Македонија или се дел од македонската дијаспора ќе бидат горди што се македонци и ќе бидат горди на својата татковина Република Македонија. Потребна ни е шанса и ние никогаш не се срамиме да молиме да ја добиеме таа шанса. Прашање: Г-дине Мицкоски неколку прашања поврзано со избори било да се парламентарни редовни или предвремени а кои прашања ги поставуваме и ќе ги поставуваме на сите лидери на македонските политички партии, кои гостуваат и ќе гостуваат на Македонски Корени.  -Која е причината што изостануваат средби или пак во најмала рака иницијативи за средби со лидерите на македонските политички партии кои се уште не се дел од власта или опозицијата  а претендираат да бидат и прокламираат дека ќе се борат за враќање на Македонија на прав пат и ќе го повратат сето ова што владата на гдинот Заев го продаде на соседите како на тацна. Дали е можмо да се дојде до договор и како да се стигне до посакуваните 62 пратеници, односно до 82 пратеника потребни за вротретинско мнозинство, како до обезбедување бадентер и како ќе се врати македонската државност?Одговор на Христијан Мицкоски: Секој оној добронамерник, секој оној кој што сака вистински да се бори против оваа ненародна, анационална, арамиска влада е добродојден. Без разлика дали станува збор за невладина организација, здружение на граѓани, политички партии. Без разлика на нивниот етнички состав, без разлика на нивниот верски состав е добредојден. Нашаатаа врата овдека е отворена и ние буквално тоа сме го повториле многу пати во минатото и јас лично десетици пати сум го повторил. И еве ја користам оваа прилика и во вашата емисија истото тоа да го повторам. Сите оние кои што сакаат да застанат на патот на овие политики кои што ја водат Македонија, обавезно се добредојдени, подготвени сме да седнеме и да се договориме за понатамошното функционирање. Но се разбира врз основа на реалноста а не врз основа на реторика која што само ќе им обезбеди привилегија а потоа, веднаш потоа дојдат оние големи разочарувања и напуштања на тие концепти. Сите оние честити поединци, политичари, невладини организации, здруженија на граѓани кои што сакаат да застанат рамо до рамо со нас во битката против оваа погрешна власт се добредојдени. Прашање: Кој од следниве изборни модели е поприфатливи за Вас од ВМРО-ДПМНЕ:  Мнозински изборен модел со 120 изборни единици и отворени листи.   Една изборна единица или  сегашниов модел со 6 изборни единици, и Дали би поддржале закон со кој би се предвидело секој пратеник кој ќе ги изневери своите гласачи да биди отповикан и на неговото место да се распиши предвремен избор а не да му се дозволи да се префрлуваат од една во друга партија.Одговор на Христијан Мицкоски: Апсолутно го разбирам вашето прашање и тоа често пати на средбите со граѓаните го добивам како прашање и во Македонија. Дали оние пратеници кои што ги изневериле очекувањата на гласачите да може да се отповика мандатот на пратеникот. Но во овој момент тоа практично е невозможно бидејќи е потребна промена на Уставот, а за таква промена во моментов нема расположение помеѓу самите политички чинители. Што се однесува до промената на изборниот модел, секој изборен модел кој што ќе гарантира поголем квалитет на гласот на граѓанинот во Република Македонија ние ќе го поддржиме. Но ова кое што го предлагаат апсолитно не е во таа насока. Сосема спротивно е на ова што јас го говорам. Така што секое она решение кое што е во насока на подобрување на квалитетот на гласот на граѓанинот е добредојдено и ќе биде поддржано од ВМРО-ДПМНЕ. Таков на пример модел е принципот на англискиот изборен модел, кој прв освои повеќе гласови тој да биде пратеник во рамките на 120, да речеме, изборни единици во Република Македонија.  

Македонија | пред 6 години

nikoloski

Николоски: Фолксваген воопшто не ја разгледувал Македонија во финалната фаза за инвестиција, Заев повторно излажа!

Затоа што корупцијата цвета, а економијата тоне Фолксваген воопшто не ја разгледувал Македонија во финалната фаза за инвестиција, Заев повторно излажа!, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Тој на својот ФБ профил напиша:-Деновиве Фолксваген официјално објави дека својата нова голема инвестиција ќе ја отворат во Турција. Таму вложуваат фантастични една милијарда и четиристотини милиони долари отвараат над пет илјади директни работни места и уште двојно повеќе индиректни, ќе произведуваат над триста илјади коли годишно главно Пасат и Шкода Суперб. Она што е особено интрересно е што во информацијата на Фолксваген дадена за престижниот Блумберг велат дека во финална фаза биле земени во предвид покрај Турција и Бугарија, Србија, Романија и Северна Африка. Со ова Фолксваген потврдува дека Македонија никогаш не влегла во финална фаза за избор, а да не зборуваме фабриката да се гради во Македонија! Така за жал лажеше Зоран Заев кој во јануари месец зборуваше дека само што не се донела одлуката па дури и го злоупотребуваше името на Канцеларката Меркел и советникот за надворешна политика Хекер. Но на лагата и се кратки нозете, пишува Николоски на ФЕјсбук и додава:„И да бидеме начисто Фолксваген воопшто не ја зел во предвид Македонија затоа што слушааат и знаат дека корупоцијата цвета, дека фирми се рекетираат, дека им се нудат ” стратешки партнери” кои би зеле пола од фирмата за без пари, знае Фолксваген дека тоне во криминал и корупција цела Влада и затоа не ни сака да размислува, а камо ли да инвестира во Македонија! Затоа оваа Влада треба да си замине час поскоро, ден поскоро и да дојде нова која ќе ја обнови Македонија, со тим на способни и компетентни луѓе кои ќе ги донесат големите светски корпорации во Македонија, а ќе ги покренат и домашните фирми, тим на способни луѓе со цел да го зачуваме народот да остане во Македонија, а не секојдневно да ја напушта државата! Деновите се одбројани, доаѓа обновата на Македонија!“.https://www.facebook.com/NikoloskiA/posts/1348283828669670

Македонија | пред 6 години

angusev-22

Анѓушев: Да се пролонгира воведувањето данок за капитални добивки

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека каматите на штедните влогови треба да се даночат, а оданочувањето на дивидендите од акциите да се пролонгира за неопределено време, бидејќи како што вели тој, берзата е се уште млада. Тој вели дека македонската берза е млада и треба да се остави простор таа да се развива.  Но што точно ќе биде предмет на оданочување допрва ќе се разглеудва.„Тој данок мислам дека треба да се пролонгира за да се стимулира работата на берзите, зашто нашата берза е млада берза и допрва треба да се развива и сите држави кои биле во тој сегмент на развој го направиле тоа за да ги развијат берзите и берзанското работење и да ги охрабрат компаниите кои се друштва со ограничена одговорност да се трансформираат во акционерски друштва бидејќи тоа е еден од начините да дојде свеж капитал во тие фирми“, рече Анѓушев.Од ВМРО-ДПМНЕ  сметаат дека  дека не треба да се правата турбуленции во даночната политика. Тие сметаат дека дека власта премногу си игри со даночните политики и не им дава никаква сигурност на граѓаните.За можното одложување на оваа мерка веќе реагираше довчерашниот советник во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ, кој беше дел од тимот на ексминистерот Драган Тевдовски. Според него, со ова Владата испраќа јасна порака дека работи во интерес на богатите. 

Македонија | пред 6 години

protesti

(ВИДЕО) Во Македонија бисери за Помпео, во Грција протести и пароли: „Помпео оди си дома!"

Илјадници демонстранти пред грчкиот парламент извикуваа „Помпео оди си дома!", додека центарот на Атина е затворен за сообраќај, со силно полициско присуство.„Грција може да игра важна стратешка улога во регионот и може да биде столб на стабилноста“, рече Помпео, кој се состана со премиерот Киријакос Мицотакис.Грчкиот премиер зборуваше за напнатата ситуација во источниот Медитеран, каде Кипар, островска членка на ЕУ, ја обвинува Турција за спроведување нелегални операции за дупчење во морето во потрага по природен гас.Како што продолжува притисокот на Турција во источен Медитеран, за посетата на Помпео е да ја зајакне соработката со Грција, традиционален и историски сојузник на САД во регионот и членка на НАТО.Ќе бидат потпишани повеќе договори за „унапредување на соработката во одбраната“ меѓу двете земји, соопштија американски и грчки извори.https://twitter.com/IKaragiorgas/status/1180431525319512064?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1180431525319512064&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fprechek-vo-atina-pompeo-odi-si-doma-foto-video 

Свет | пред 6 години

nesreka

(ВИДЕО) Десет загинати во сообраќајка во Романија

Десет лица загинаа, а седум се повредени во сообраќајна несреќа во Романија, потврдија службите за итни случаи на „Еуроњуз“. Несреќата се случила во раните утрински часови кога минибус и камион се судриле на пат во источна Романија, јави новинската агенција АФП, цитирајќи ја романската полиција.Во несреќата загинаа деветмина од 16 патници во минибусот, како и возачот на камионот, соопштија службите за итни случаи во Иаломиша.Локалната полиција отвори истрага за причината за судирот.Светските агенции јавуваат дека причина за несреќата најверојатно е лошата патна инфраструктура во Романија.

Свет | пред 6 години

slaveski

Славески: Ние сакаме да го достигнеме периодот кога Македонија беше побезбедна и економијата беше на прво место

Ние со тимот од политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја продолжуваме акцијата, турнејата како што кажа нашиот претседател за Обнова на Македонија, за Република Македонија да тргне по вистинскиот пат не по правиот пат, тоа е србизам.Знаеме дека состојбите во Македонија не се добри и за жал од ден на ден се вложуваат. Владата на СДСМ ја прогласи 2019 година откако две третини од годината поминаа наводно за економска година, настојуваат да не убедат дека била најдобрата во последните 15 години а тоа не треба да биде човек кој знае колку образован за да виде дека тоа не е така, дека ние сме имале години со подобар животен стандард и со подобар економски раст во Република Македонија, истакна Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Ние сакаме да го достигнеме тој период кога Република Македонија беше побезбедна, кога економијата беше на прво место и кога се постигнуваше висок економски раст.Ние сме загрижени за безбедноста на граѓаните. Внимавајте во период кога ние сме во Тетово, во период кога имаме релативно стабилни меѓунационални односи, не е разбирливо како луѓето не се чувствуваат безбедни по улиците, по домовите, по кафеаните, по болниците, полицајци се напаѓаат и вакво нешто не сме имале и малку е чудно како владата не е  способна да воспостави нормално живеење или да постигне нормално живеење на граѓаните.Тука сме да собереме мислења, идеи, предлози од граѓаните како што тоа го правиме секогаш во минатото, ние имаме подлога, имаме визија како на економски план, затоа што економските прашања и прашањата на вработувањето, животниот стандард  се она што најмногу ги засега граѓаните да понудиме една програма која што ќе ја поттикне економијата кон побрз раст, а тука ни се неопходни корекциите и предлозите од македонските граѓани и затоа како што гледате ја крстосуваме Република Македонија и денес тоа го правиме во Тетово.Без разлика што ќе биде одлуката на 15, 17 овој месец на Европскиот совет затоа што е многу неизвесно дали Република Македонија ќе добие датум, каков датум, чист со услови и така натаму, сакам овдека да истакнам дека ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период на секој можен начин придонесувала без разлика дали е на власт или во опозиција за остварување на Евроатлантските интеграции на Република Македонија.Доколку ја добиеме довербата на граѓаните, на идните парламентарни предвремени избори верувајте ние ќе создадеме тим кој што до тој степен ќе го забрза процесот доколку добиеме датум за преговори, што ќе го скратиме не за месец, туку за години на приближување на Република Македонија кон стандардите на Европската унија, она што го заслужуваат македонските граѓани, истакна Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.           Прашање, новинар: Дали бевте и во другите градови и кои се предлозите?            Одговор: Да веќе јас предводев ти м во општина Петровец минатата сабота, во викендите одиме во населени места, во текот на работните денови исто така претседателот беше во Битола и во Ресен. Најмногу граѓаните ги засегаат прашањата околу вработеноста, работните услови, животниот стандард, растот на економијата  и прашања кои што се од безбедносен карактер. Јас намерно не спомнав она што можеби е во првите приоритети, а тоа е воспоставување на вистинска правна држава, владеење на правото за што ќе се бориме.

Македонија | пред 6 години

GAL_4533

Димковски: Нашата земја станува препознатлива по производството на квалитетно вино

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на „Светскиот ден на вранецот“, меѓународен настан којшто за прв пат се одржува во Република Северна Македонија.Во РСМ има над 28 илјади хектари под лозови насади од винско грозје, од кои околу  11.000 хектари се под сортата вранец. Министерот Димковски во своето обраќање посочи дека Република Северна Македонија има поволни услови за производство на квалитетно грозје и вино, а сортата вранец е најзастапена, што ја прави нашата земја најголем производител на оваа сорта во регионот.„Лозарството и винарството се наши стратешки гранки и затоа како Влада изминатите две години посветуваме сериозно внимание на развојот и на примарното лозарство и на винската индустрија. Вкупното производство на вино се движи од 115 до 125 милиони литри, од кои приближно 80 милиони литри завршуваат на пазарите надвор од РСМ, од што годишниот девизен прилив изнесува околу 50 милиони евра. Радува фактот што виното во шише постепено го зазема местото на наливното вино во рамки на вкупниот извоз. Конкретно, додека во периодот 2000-2010 година односот на вино во шише / наливно, беше 10% флаширано остатокот наливно.Во последните неколку години оваа разлика е променета на сметка на вино во шише, и сега изнесува приближно 30% од виното што се извезува е во шишиња, изјави министерот Димковски.При тоа, Димковски посочи дека македонското вино освен на традиционалните пазари за извоз како  ЕУ – Германија, Хрватска и Словенија и земјите од соседството  како Србија, Босна и Херцеговина,  нашето вино е се позастапено на пазарот на САД, Канада, Кина, Русија и Јапонија. Изминатите две години МЗШВ континуирано работи на мерки кои придонесуваат за развој на лозарството и винарството. Преку мерките од Програмата за директни плаќања 2019, 20 отсто повисоки субвенции за одржување на лозови насади добиваат  лозарите со развоен потенцијал, 30 отство од трошоците за гориво за земјоделската механизација ги покрива државата. Во делот на винската индустрија, е зголемена поддршката за промоција на македонските вина на меѓународните саеми од половина на еден милион евра, а мерките од  ИПАРД 2 програмата овозможуваат кофинансирање на трошоците за  инвестиции за изградба или реконструкција на винарници, како и за набавка на опрема. Во завршна фаза на носење се измените на Законот за вино, со коишто се олеснуваат условите за производство во малите семејни винарии, ќе се воведат нови вински производи, што ќе придонесе и за поголеми приходи за винарските визби и за лозарите, поголем извоз на вино и девизен прилив.Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, СибилeСутерТехада, посочи дека Швајцарија преку својата „Програма за вработливоста на пазарите“ и помага на македонската винска индустрија да го зачува идентитетот на вината од РСМ, зголемувањето на сортите, квалитетот и извозот, а се проценува дека околу 20.000 домаќинства ќе имаат корист во зголемување на нивните приходи од пристапот кон меѓународниот пазар.Претседателот на здружението „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски, посочи дека вранецот е регионална конекција и е нитка која како држава не обединува со другите странски земји.Во рамки на денешната конференција се одржаа презентации и панел дискусии посветени на развојот на винската индустрија. На конференцијата којашто е во организација на здружението „Вина од Македонија “, присуствуваа амбасадори и претставници од дипломатскиот кор во РСМ, домашни и странски експерти од винската индустрија.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заев од трибината во Штип: Иднината на земјата ја обезбедивме, одиме храбро по прав пат, работиме со љубов

Конечно имаме право, ги имаме сите причини да добиеме одлука за почеток на прегоговите со ЕУ, да ги отвориме и поглавјата и фондовите, да ги поддржиме компаниите но и младите. Затоа тргнавме со ваква политика, затоа ги решававме односите со соседите, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Штип.Претседарелот Заев истакана дека сега се отворени перспективи за сите нас, за нашите деца, за татковината, за граѓаните.- Никој повеќе не не негира како земја, признаени сме од целиот свет. Во седиштето на Европската унија говорев на македонски јазик, признаен од цел свет. Личната карта си ја обезбедивме. Конечно си имаме имотен лист, си имаме држава, која нашите дедовци се бореле, и тоа по мирен пат. Одиме храбро, работиме од љубов, си ја сакаме татковината.Возот тргна на шините, тој на прав пат. Нема излегување од шините, одиме напред, на прав пат! порача Заев.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Стефан Андоновски :Националната агенција со сомнителните набавки со парите од ЕУ ја става во ризик европската перспектива на Македонија

По се изгледа на СДСМ им се малку парите на граѓаните кои си ги делат преку тендери, концесии, лиценци и грантови, па мора да посегнат и по парите кои пристигнуваат од Европските фондови во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.Вчера го отворивме скандалот со злоупотребата на средства на агенцијата и сомнителното фаворизирање на исти невладини организации за кои нема објаснување од страна на Националната агенција, а денеска ќе посочиме на кој начин истата таа агенција, предводена од директорката Лидија Димова, распишувала и доделувала тендери вредни стотина илјади евра, истакна Стефан Андоновски од ВМРО ДПМНЕ.Граѓаните на Република Македонија, но и нашите европските партнери заслужуваат одговори за трошењето на нивните пари.Почитувани,Примарната дејност на Националната агенција е да распределува средства за образовни институции и невладини организации, но сепак таа решава дека треба да потроши 6 милиони денари на себепромоција.На 04.10.2018 на сајтот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и нивната Фејсбук страница, беше објавен повик за набавка за услуги од PR агенција во вредност од 100,000 Евра. Набавката беше реализирана исклучително сомнително, со заобиколување на системот и Законот за јавни набавки, затоа што Законот за јавни набавки во член 99 и 198 дозволуваат набавка која што ќе оди по скратена постапка во случај на итност односно немање доволно време да се спроведат бараните процедури. Токму со овој изговор Националната агенција го правда начинот на кој е склучен договорот со PR агенцијата, односно се правда фактот што објавата за набавката е само на сајтот.Целата скандалозна процедура започнува со набавка за услуги од PR агенција преку веб системот за јавни набавки и тоа за 50,000 евра. Истата пропаѓа затоа што добитникот наводно не доставил банкарска гаранција. Тоа значи дека компанијата ги исполнува сите услови но не доставува гаранција и повикот е поништен. Само еден месец подоцна Агенцијата го објавува целосно истиот тендер но овој пат не се пријавува никој. Овде веќе е очигледно дека оваа објава е за да се испочитува законот само про-форма. Оваа објава пропаѓа затоа што никој не се пријавил. Потоа агенцијата објавува набавка за истата работа, но овој пат само на нивниот сајт! Покрај тоа што не е објавена набавката преку системот за јавни набавки, интересно е што износот е дуплиран односно сега вредноста е 100,000 евра. Се поставува прашањето, доколку клучниот елемент на набавката е дупло зголемен и доколку активностите односно бараните услуги се променети дали во овој случај не се работи практично за нова набавка?Дополнително, фрапантно е што во овој оглас не се бара банкарска гаранција како претходно иако средствата се двојно повисоки. Исто така огласот се објавува на веб страницата на Националната агенција со рок од 5 дена од кои 3 дена се петок, сабота и недела! Замислете некој треба да аплицира од четврток до вторник.Затоа прашуваме:Зошто Националната агенција за европски образовни програми ги менува сумите од 50 на 100.000 ЕВРА, а не отпочнува нова постапка преку системот за јавни набавки?Зошто во огласот објавен само на страната на Националната агенција  не се бара ниту банкарска гаранција, кога за помала сума се барало ваков тип на осигурување?Кои лица се вклучени во изборот на оваа компанија и дали критериумите за оценување на пристигнатите апликации на огласот објавен на Националната агенција се во согласност со Законот за Јавни набавки на Р. Македонија?Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја става во ризик целосната Европска перспектива на Република Македонија со вакви сомнителни набавки каде се директно инволвирани пари на Европската Унија.Одговорност бараме и мора да има, истакна Стефан Андоновски од ВМРО ДПМНЕ.            Прашање од новинар: Вчера Димова реагираше на вашата прес конференција особено во овој дел рече дека тоа не се пари потрошени за себе промоција туку за промоција на програмата, дека тоа е обврска од ЕУ за да ја промовира програмата, исто така ве обвини дека не разбирате ништо, така се изрази дека вашите обвинувања се Монти Пајтон.            Одговор на Стефан Андоновски: Вашето прашање ќе го поделам на два дела. Ќе ви одговорам прво на вториот дел, што се однесува дали ние разбираме или не разбираме затоа вчера на прес конференцијата ги објавивме праксите, добрите практики на соседните држави и државите од ЕУ и затоа прашавме зашто нашата Национална агенција не се држи до тие добри практики. Ние не рековме ВМРО-ДПМНЕ какви практики има, туку кажавме какви практики има националната агенција на Бугарија, на Португалија, на Летонија. Тие практично се сретнаа со нив и можеа да ги прашаат кои се добрите практики за транспарентност, но очигледно тоа не сакале.Што се однесува до првиот дел од вашето прашање во даденава ситуација ние ја проблематизираме постапката за оваа јавна набавка. Дали и колку пари треба да се потрошат на себе промоција треба да испитаат соодветните институции во државата и европската комисија до кои ние ќе ги доставиме сите овие наводи, но во овој случај е многу попроблематичен процесот зошто прво започнува со набавка од 50.000 евра во која што бара банкарска гаранција, а потоа оди на набавка практично во четири очи за 100.000 евра без банкарска гаранција без објавување на Системот за јавни набавки             Прашање на новинар: Имате ли докази дека има некаква поврзаност на таа агенција со СДСМ.            Одговор на Стефан Андоновски Ги имаме наводите која агенција го добила тендерот и би сакале овие наводи да ги испита јавното обвинителство и надлежните институции во Република Македонија. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ откако ја продаде македонската историја, култура и традиција, сега го уништува и непроценливото културно наследство

СДСМ откако ја продаде македонската историја, култура и традиција, сега го уништува и остава да пропадне непроценливото културно наследство на Република Македонија.Музејот на Македонија, кој треба да е симбол на историскиот и културниот идентитет на државата е пред распаѓање и се наоѓа во катастрофално лоша состојба, со срушени тавани, мувлосани простории и загрозени артефакти, истакна Владимир Атанасов од ВМРО ДПМНЕ.СДСМ иако ветуваше поправање на сите штети, санирање и реновирање, но и сите објекти кои се од важно културно и историско значење, сега гледаме дека имаме само низа од празни ветувања. Власта цели три години со прст нема мрднато ниту за заштитата на културното наследство на државата, а уште помалку за Музејот на Македонија.СДСМ ветуваа санација на Галеријата на икони, а сега гледаме дека изложбениот простор кој наликува на магацински простор е затворен, наместо да е реновирана просторија каде ќе бидат изложени предметите кои се прогласени за културно наследство од особено значење.Иконите наместо да бидат заштитени и изложени за да може да ги видат посетителите, тие се оставени без никаква заштита да скапуваат.Слична е состојбата и во етнолошката поставка каде наместо да биде изложено најголемото богатство на Република Македонија таа стои празна и руинирана. Вода тече од сите страни, додека пак изложбените витрини се уништени и мувлосани.Воедно, иако беше ветено се уште не е саниран кровот и нема никаква заштита од прокиснување и поплави, па затоа при најмал дожд депоата на музејот се поплавуваат и со тоа постои опасност од огромна штета на предметите кои се од непроценлива важност за историјата, културата и традицијата на Република Македонија.Дополнително нема основни услови за работа ниту за вработените во Музејот, и тие наместо во соодветни простории, работат во распаднати простории.СДСМ единствено што направи во музејот е тоа што се погрижи да вработи најмалку 15 партиски војници кои наместо за потребите на музејот се вработени за партиски потреби.Културното наследство е темелна вредност на Република Македонија, но не и за СДСМ. Заради негрижата на СДСМ културното наследство на Македонија оди во заборав.За ваквата негрижа и запоставување на културното наследство одговорност мора да има и ќе има. СДСМ очигледно се незаинтересирани и неспособни па затоа време е за избори по кои ќе почне Обнова на Македонија, истакна Владимир Атанасов од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ѓорѓиевски: Агенцијата за национална безбедност се претвора во Агенција за партиска безбедност

Агенцијата за национална безбедност се претвора во Агенција за партиска безбедност. Уште од самиот старт нарушен е кредибилитетот и целосно париски е контаминирана.Во оваа агенција под крајно сомнителни околности и без јасни критериуми се врши селекција на партиски подобни кадри, а како еклатантен пример за тоа е вработувањето на Јовче Ременски, сопругот на Фросина Ременски кој јавноста го поврзува и со Боки 13. Во оваа агенција е вработен и Ѕвонко Костовски, кој лично призна вина и беше осуден за криминал на затворска казна, но не е во затвор бидејќи е единствениот за кого не се повлече аболицијата од Претседателот Иванов, Истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Малку им беше партизацијата, па згора на тоа во Агенцијата за национална безбедност се ангажираат кадри кои се класичен пример за непотизам и судир на интереси. Селекција ја поминале брачни парови, чичко и внука, мајка и ќерка, мајка и син, брат и сестра и уште многу други сомнителни случаи.Согласно член 2 став 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси под судир на интереси се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности. Дополнително службените лица кои биле дел од процесот на селекција имаат приватен интерес што би можело да се доведе во судир со нивната службена должност во иднина, по што согласно член 72 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, секое службено лице во своето работење е должно да внимава на потенцијален судир на интереси и да преземе мерки за негово одбегнување.Ова не се само забелешки на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на јавноста, па дури и на ДКСК. Но тоа очигледно на Виктор Димовски и на власта не им значи ништо. Тие и покрај јавните заложби за професионализација, на дело спроведуваат партизирање и полнење на институцијата со кадри компромитирана заради непотизам и судир на интереси.За жал и покрај консензусот за носење на нов закон за АНБ и реформирање во безбедносниот сектор, власта уште од самиот старт почна да го прекршува законот. Не се обезбедија јасни и објективни критериуми и наместо тоа комисијата за селекција субјективно одлучуваше без да спроведе тест за интегритет и полиграфско тестирање. Тоа говори дека целата селекција била само фарса во која политички неподобните кадри биле исфрлани, а избирани биле партиски подобни лица или ќерки, внуки, синови, снаи и други роднински врзани лица.ВМРО-ДПМНЕ смета дека ако постои вистинска искреност кај власта, селекцијата на кадри треба да биде проверена или повторена. Неопходно е да се формира нова комисија, бидејќи постојната веќе го загуби кредибилитетот, но и да се ревидира начинот на вршење на безбедносни проверки за да се утврди како е спроведено сегашното оценување на сите кандидати.Само на таков начин можеме да изградиме европска безбедносна агенција која ќе биде соодветен партнер на европските, а не Агенција која ќе биде партнер на Заев и неговата погубна политика, Истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски за Фактор: Можното формирање на нови партии е нарачка на Заев

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во вестите на Алфа ТВ тврди дека новите десничарски партии кои би се формирале а во нив би фигурирале личности како Митко Јанчев, Никола Тодоров и Петар Богојески се по нарачка на СДСМ и премиерот Зоран Заев.Во ексклузивно интервју за Фактор, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска вели дека не сака да го погази или да го збуни членството, но смета дека ако партијата не се вразуми и не ја смени политиката и реториката, се остава простор да се формира нова партија, во која и тој би учествувал.„ВМРО-ДПМНЕ е обединета. Последните резултати од претседателските избори тоа го покажуваат, но истовремено легитимна е желбата на власта, на СДСМ и на Зоран Заев да прават еден вид проблеми во рамките на опозицијата и тоа е една легитимна постапка. Така што сетоа она што би значео атомизирање и тоа било какво па дури и во рамките на некои незначителни процеси во случајов му одговара само на СДСМ и ЗОран Заев.Текстот во целост на: фактор.мк

Македонија | пред 6 години

kon

СДК.мк: Искасапил коњ, го фрлил во канализација, ја заглавил пречистетелната станица

Остатоци од искасапен коњ деновиве се фрлени во системот за фекална канализација на Струмица, што предизвикало краток застој на работата на Станицата за прочистување на отпадните води. Остатоците заглавиле на влезната решетка на станицата, што предизвикало и материјална штета. Веста ја потврдија од струмички Комуналец и информираа дека дефектот се санира, објави sdk.mk.„Беа заглавени остатоци од коњ, што предизвика оштетувања на грубата влезна решетка која работи на електромотори. Беа заглавени коски, главата од животното, внатрешните органи. Пречистителната станица за отпадни води, и покрај сите проблеми, нормално ја извршува својата функција. Целиот настан е пријавен кај комуналниот инспектор на општината. Изненадени сме од ваквата непромислена постапка и апелираме до граѓаните за совесно и одговорно однесување кон канализациската мрежа“, изјави Митко Зимбаков, раководителот на станицата при струмички Комуналец, додавајќи дека на истата решетка пред неколку месец биле заглавени две мртви кучиња.Текстот во целост на: sdk.mk

Македонија | пред 6 години

Zaev-1

(ЖИВО) Заев од граѓанска трибина во Штип: Цврсто ја поставивме татковината на прав пат!

-Цврсто решивме државата да ја ставиме на прав пат. И успеавме, еве сме на прав пат.  Доволно беа 30 години тапкање во место, конечно дочекавме да станеме модерна држава идна членка на ЕУ и НАТО во која има напредок, квалитетно здравство и образование, неселективно владеење на правото, во која парите завршуваат кај граѓаните, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на првата граѓанска трибина „На прав пат“ во Штип.Сега е време за просперитет за државата и граѓаните на повидок се исполнување на стратешките цели на нашата земја. Сработивме се што се бараше од нас. Имаме заслужено право да го чекаме 17 октомври и да добиеме преговори со ЕУ, додаде Заев. 

Македонија | пред 6 години

lisici

Турски државјанин приведен за криумчарење на двајца Авганистанци

Регионалниот центар за гранични работи поднесе кривична пријава против Ј.М.С.(43) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со луѓе“ по член 417 од Кривичниот законик. На 04.10.2019 во 02.40 часот во близина на наплатната рампа кај с.Смоквица, полициски службеници го запреле патничкото возило „мерцедес“, со германски национални ознаки, што го управувал пријавениот. При преглед во возилото биле пронајдени две лица без документи, а според нивните наводи станува збор за А.Х.(25) и В.Н.(25), двајцата од Авганистан.  Пријавениот и мигрантите биле приведени и задржани во Полициската станица Гевгелија.    

Македонија | пред 6 години

moneti

Приведен Скопјанец кој се обидел да изнесе од земјава стари монети, метални делови од накит и други стари предмети

На 04.10.2019 околу 13.00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода К.Б.(29) од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и „Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. При контрола на патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал К.Б., биле пронајдени и одземени стари монети, стари метални делови од накит и други стари предмети.  По расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

pistol_001

МВР за вчерашната престрелка во Скопје

На 04.10.2019 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреда од пиштол бил донесен А.Б.(27) од Скопје.  Околу 15.30 часот на ул.„Бајрам Шабани“ во настанот учествувале неколку лица, а со повреди се здобл А.Б.. Подоцна, во близина на местото, било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.В.(28) од с.Света Петка, кое имало оштетувања од огнено оружје. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Бачев до Помпео: Извини Мајк, морално е, Македонија не ја водат руски ботови и кинеско влијание туку вашите измеќари во Македонија

-„ Слушнав дека државниот секретар на САД Мајк Помпео во рамките на неговата посета на Македонија изјави дека македонските граѓани треба да се борат против лошите влијанија и да ја водат државата, а не руските ботови и кинеското влијание. Со жалење морам да констатирам дека сум силно изненаден од непознавањето на состојбите од Мајк Помпео кој зборува за погрешна адреса на влијание. За кои руски ботови и кинеско влијание зборува Помпео кога Македонија е заложник на погубното влијание на НАТО и нивните измеќари во земјата - инсталирани, купени и контролирани да служат верно во геноцидниот проект на НАТО за бришење на се што е македонско.Сочуствувам со непријатната ситуација во која е Помпео, бидејќи не може да ја прифати реалноста дека македонскиот народ не сака во НАТО, не сака да се самоукине и да биде избришан од светската мапа на нации што јасно го потврди на референдумот лани на 30 септември.Мајк, извини, ама морално е, прифатете ја реалноста дека Македонија не ја водат руски ботови и кинеско влијание туку вашите измеќари во Македонија. Но, те уверувам дека на крај оваа битка ќе ја добие македонскиот народ, влогот е голем, ова е света борба за сите нас за опстанок на цел еден народ и затоа оваа битка ќе ја добиеме поради нескршливиот аргумент: македонскиот народ не сака промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.Патем, почитувај го барем твојот претседател Доналд Трамп кој на отворена сцена во Обединетите нации порача дека иднината не им припаѓа на странските измеќари кои се инсталирани да владеат во Македонија, туку на патриотите кои си ги сакаат своите суверени и национални држави “ - потенцираше Бачев во реакцијата на изјавата на Мајк Помпео .

Македонија | пред 6 години

05102019_PVRSM_Poseta_Opshtina_Lozovo_4

Заев во Општина Лозово: Многу е важен фокусот на локалните политики за поголем придонес за поубаво секојдневие за граѓаните од локалните средини

За неполни две години Општина Лозово доби нова зграда, на простор од 420 м2 со 16 канцеларии, сите опремени со канцелариска опрема и нова компјутерска технологија. Сето тоа им е ставено во функција на општинската администрација со единствена цел – на најдобар можен начин да бидат исполнети потребите на граѓаните, рече, меѓу другото, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на настанот во општината со која се одбележа пуштањето во употреба на новата општинска зграда.„Во општините, во населените места, во месните заедници, се одвива животот, секојдневниот живот на нашите граѓани. Затоа е многу важно да се фокусираме на локалните политики, на најпрактичните решенија кои ќе придонесат да им го направиме секојдневието на граѓаните од локалните средини поубаво и поквалитетно за живот. Да им овозможиме сѐ што е неопходно за пристојна живеачка, во средина која  ги исполнува сите нивни барања“, истакна премиерот Заев.Тој потенцираше дека градоначалникот Ацо Велковски, со поддршка на Советот, успеа, покрај враќањето на долговите, со домаќинско и транспарентно работење, да ја стави општината на здрави нозе и финансиски. Општината Лозово веќе е не задолжена и  тоа ја става во кондиција финансиските средства што ги добива од граѓаните повторно да им се враќаат во проекти од интерес на сите жители на општината.Во новата општинска зграда, покрај општинската администрација за краток временски период ќе бидат во функција и канцелариите на администрација на Јавното претпријатие за комунални дејност, како и на подрачните канцеларии на Агенцијата за вработување, на Министерството за труд и социјална политика и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.„Тоа е придонес повеќе за исполнување на дел од најважните прашања за граѓаните на општината како што се вработувањето, решавањето на социјалните прашања, и прашањата поврзани со земјоделството како најразвиена дејност во оваа наша македонска општина“, нагласи премерот Заев и упатувајќи честитки порача дека сега е најважно од добрите услови за работа да произлегуваат мерки и решенија во полза на граѓаните кои секогаш треба да бидат во центарот на вниманието.

Македонија | пред 6 години

son

(ФОТО) Во Дојран уловен сом тежок 50 кг

Во Дојран  пред неколку денови бил уловен сом од над 50 килограми. На Фејсбук групата Корморани се објавени фотографии од овој подвиг на младите рибари од Струмица.Спортските риболовци Никола Полизовски и Александар Христоманов од Струмица фатиле сом во Дојранското Езеро кој тежел  50 кг. Рибата, како што опиша Никола Полизовски на социјалната мрежа Фејсбук, ја фатиле со техника на зуење, со мамка за жива риба.Инаку ова е најголемата риба фатена од ваков вид уловена во земјава.

Македонија | пред 6 години

Galerija-na-ikoni-Ohrid

Државниот секретар МајклР. Помпео воодушевен од Галеријата на икони во Охрид

Државниот секретар МајклР. Помпео и неговата придружба, во која беа помошникот државен секретар Филип Рикер, амбасадорката на САД во Северна Македонија Кејт Мари Брнз и советниците Мери Кисел и Рики Вадел, како дел од програмата од посетата на нашата земја ја посетија црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид.  Но, пред да ја посети црквата, државниот секретар на САД со сопругата Сузан  и придружбата ја посетија Галеријата на икони на завод и Музеј - Охрид  и беа воодушевени од убавината и важноста на иконите од охридската збирка. Објектот на Галеријата на икони-Охрид се наоѓа во амбиенталната целина на црковниот комплекс "Св. Климент" (Св. Богородица Перивлепта), наспроти главниот влез од црквата.Галеријата ни малку не заостанува зад убавината и значењето на Перивлепта. Гостите таму се задржаа околу половина час, пројавувајќи огромен интерес за иконите. Тие беа видно воодушевени од нивната убавина. Меѓу другото на големите гости од САД им беа презентирани и ракописи од IX и X век.Инаку  Галерија на икони е сместена во некогашното училиште кај црквата Св. Богородица перивлепта.  Во дворот на црквата во 1841 година било изградено ново училиште за вишите класови по нацрти на Константин Робев, а во 1845-1850 уште едно класно училиште пред црковната врата на митрополијата, на местото од урнати редови на манастирски ќелии. Ова, второто изградено училиште е всушност објектот во кој денеска е сместена нашата Галерија на икони. Со децении, во турско време (до 1912 година) и натака, во времињата на разни општествено-политички доминации на овие простори, овој објект и целиот комплекс "Св. Климент" служел за разни намени, главно за потребите на Охриѓани и, особено, на Охридските првенци во остварување на сопствените идеали.Со изградбата на новото осумгодишно училиште "Св. Климент Охридски" на Дебој, објектот "забавачница" е предаден на користење на Заводот и Музеј-Охрид.Во периодот помеѓу 1981 и 1983 година, објектот што се наоѓа во дворот на црквата, наспроти нејзиниот влез, бил реконструиран и ревитализиран во современа Галерија на икони, каде сега се презентирани највредните примероци од Охридската збирка кои, инаку, за прв пат биле изложени во надворешната припрата на црквата Св. Богородица Перивлепта во 1961 година по повод XII Византолошки конгрес што се одржал во Охрид.Во 2000 година, по повод големиот јубилеј на христијанството, Галеријата на икони во Охрид беше преадаптирана, при што беше направена нова концепција на збирката и беа осовременети просторните, безбедносните и микроклиматските услови.

Македонија | пред 6 години

g.g.stefan-1024x576

Одбележување на 20-годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан за Архиепископ на МПЦ-ОА

По повод 20-годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан за Архиепископ на Македонската православна црква и 33-годишнината од хиротонијата за епископ, Скопската православна епархија викендов организира низа манифестации.Денеска во црквата „Раѓање на свети Јован Крстител" – Бутел ќе се одржи вечерна богослужба и осветување на новата крстилница на црквата, а во МАНУ ќе бидат промовирани првите два тома од делото „Слова за Словото" на Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, чии промотори ќе бидат академик Витомир Митевски и професор Ѓоко Ѓорѓевски.Утре, пак, ќе има света литургија и осветување на црквата „Раѓање на свети Јован Крстител" во Бутел, соопшти Скопската православна епархија. 

Македонија | пред 6 години

IMG_5475

ФИТР „Петок за млади“ - „Забрзан курс“ за аплицирање на меѓународен хакатон на НАСА

Предизвици поврзани со вселенски истражувања, како да се аплицира на меѓународен НАСА хакатон и како да се направи интерактивна видео игрица - со овие теми започна новиот серијал настани „Петок за млади @ФИТР“ кој втора година по ред предвидува активности за поттикнување на креативните вештини и иновативноста кај младите.Над 70 средношколци има можност да ги слушнат деталите за предизвиците поврзани со вселенски истражувања и подобрување на животот на Земјата, начинот на аплицирање како и дел од искуствата на претходни учесници во пресрет на меѓународниот хакатон на НАСА – “NASA Space Apps Challenge“ што ќе се одржи од 18ти до 20ти октомври во Скопје, во организација на Њуменс бизнис акцелератор.Учесниците на NASA Space Apps Challenge 2019 ќе имаат можност да бидат менторирани и оценувани од страна на претставници на вселенските агенции и експерти од корпорации во конкретната област. Трите победнички тима на NASA Space Apps Challenge пак се пласираат за директно учество во натпреварот за стартап компании кој ќе се одржи во рамките на Space Tech Convention 2019, каде што добиваат можност да ги убедат меѓународни инвеститори да ги поддржат нивните идеи. Уште повеќе, тимот кој ќе се пласира на прво место на локацијата во Скопје добива награда - патување во Kennedy Space Center во Флорида и ќе има можност да присуствува на лансирање на ракета.Патот од идејата за развивање 3D интерактивна игра во која играчот е соочен со географски проблеми, гејмификацијата како начин да се решат предизвиците од хакатонот и менаџирањето на успешен стартап им го претстави Кристијан Трајковски, еден од менаџерите на компанијата Dark-1 - една од стартап компаниите кои добија финансиска поддршка од ФИТР. Трајковски кој исто така учествувал на предизвиците на НАСА споделувајќи го своето искустви посочи дека е најважно игрите да имаат едукативен карактер и ги поттикна младите кои љубопитно го следеа секој негов збор да преземат конкретни иницијативи.„Доколку имате супер идеа и верувате во неа, пробајте. Со помош на постарите направете бизнис план и обидете се. Има институции, како ФИТР кои ќе ви помогнат таа да стане успешна реалност.“, вели Трајковски.Средношколците, поделени во групи имаа можност и практично да испробаат со какви задачи би се соочиле на НАСА хакатонот. Како што велат, за голем дел од нив ова би било тежок предизвик кој вреди да се проба.Инаку, иницијативата „Петок за млади @ФИТР“ е дел од активностите на Фондот насочени кон поттикнување на критичкото и креативното размислување, и развој на иновативноста и претприемништвото кај младите. ФИТР неодамна ја презентираше и предлог програмата „Фонд за млади умови“ која треба да ги опфати сите постоечки иницијативи и да креира системско решение со кое државата во иднина ќе вложува во развивање и поддршка на таленти кај младите.Во изминатите 18 месеци ФИТР вложи околу 15 милиони денари во три различни програми наменети за поддршка на младите, во кои учествуваат над 500 основци и средношколци, додека 54 основни и средни училишта реализират проекти за истражување.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања